Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

uploads_thumbs_resize_800x420_418769

Мисајловски: Секаде во светот цената на нафтата паѓа, само во Македонија расте за личен профит на поединци

Ова е начин како Владата на Заев ќе зема од парите на граѓаните за да ја покрива финансиската дупка која ја направи владата. Значи владата на Заев ќе се задолжува земајќи пари од граѓаните.На светските берзи цената на нафтата падна скоро за 3 пати од почетокот на годината до денес. Имено на почетокот на годината нафтата се тргуваше за 60 долари за барел, а сега истата оди и по цена од 20 долари за барел. И додека светските цени вртоглаво паднаа во Македонија не само што не паѓа цената на горивата, туку истата и се покачува.Влијателниот Њујорк Тајмс објави дека моментално на светската берза нафтата за јуни се тргува и по 22 долари за барел. Што значи дека на светско ниво цената на нафтата подолг период ќе остане ниска.Ниската цена на нафтата на светските берзи власта на СДСМ ја користи за овозможување на високи профити на поединци на штета на сиромашниот народ.Оштетени се сите домаќинства кои имаат возило или се греат на екстра лесно масло; фирмите, кои користат погонски горива и чија дејност е поврзана со транспортот; како и земјоделците кои во наредниот период треба да произведат храна за да ја прехранат нацијатаВладата ќе прибира пари од народот за да има пари за СЈО, за да има за времени вработувања на партиски кадри. Ние како партија не се согласуваме и апелираме да не се злоупотребува кризата за лукративни цели на власта.Со ваквата одлука се ризикува ценовен шок и растење на цените на други производи поврзани со цената на чинење на нафтата. Ова не е одлука за помош на стопанството туку враќање на времињата на транзицијатаВладо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Се предлагаат измени за полицискиот час, во викенд од 13:00 до 5:00, а преку недела од 19:00 до 5:00

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека постои план за олабавување на рестриктивните мерки. Според министерот анализите покажале дека се создадени услови за благо ублажување на рестрикциите за движење на сметка на мерките за лична заштита.Согласно тоа се предлагаат измени на полицискиот час, кој треба да важи секој ден од 19 часот, место од 16 часот како досега. За возрасните да се продолжи времето за излегување од 8 до 12 место од 10 до 12, а полицискиот час во викендот да почне во сабота во 13 часот и да трае до понеделник наутро, во 5 часот…Се воведуваат паралелно нови мерки за лична заштита – маски во затворени објекти, а  на отворено ако не може да се одржи дистанцата од два метри, односно таа ќе стане задолжителна во самопослуги, банки, аптеки…Сите други мерки за носење на заштитна опрема, дистанца од два метри, да не се собираат повеќе од двајца во група остануваат на сила, истакна Филипче.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

5

Трите денари од повисоката акциза за нафтените деривати одат директно во буџетот за справување со коронавирусот

Владата на Република Северна Македонија донесе Уредба со законска сила за дополнување на уредбата со законска сила за примена на законот за акцизите за време на вонредна состојба.Со оваа Уредба се пропишува износот на акцизата за безоловен бензин со содржина на олово до 0,013 грама на литар, за гасно масло како погонско гориво, односно дизел горивото, за гасното масло како гориво за греење.Уредбата е донесена за да се ублажуваат економските последици од зголемените трошоци за справување со коронавирусот КОВИД-19 и обезбедување средства за редовно сервисирање на буџетските потреби, а имајќи ја предвид вонредната состојба во државата и забраните и ограничувањата за движење на населението, економските состојби во државата и намалената потрошувачка на горива во периодот на вонредната состојба, како и драстично намалената малопродажна цена на горивата на пазарот.За Уредбата денеска во Владата се одржа прес-конференција, а деталите од оваа уредба ги соопшти портпаролот на Владата, Муамет Хоџа. Обраќањето на Хоџа ви го пренесуваме во целост:Владата на Република Северна Македонија донесе Уредба со законска сила за дополнување на уредбата со законска сила за примена на законот за акцизите за време на вонредна состојба.Со оваа Уредба се пропишува износот на акцизата за безоловен бензин со содржина на олово до 0,013 грама на литар, за гасно масло како погонско гориво, односно дизел горивото, за гасното масло како гориво за греење, како и роковите за попис на затечени залихи на енергенти, подготовка на записник и поднесување на записникот до надлежниот царински орган од страна на увозникот, трговецот на големо и трговецот на мало на енергенти и за плаќањето на разликата на акцизата при зголемување на акцизата на енергенсите.Уредбата е донесена за да се ублажуваат економските последици од зголемените трошоци за справување со коронавирусот КОВИД-19 и обезбедување средства за редовно сервисирање на буџетските потреби, а имајќи ја предвид вонредната состојба во државата и забраните и ограничувањата за движење на населението, економските состојби во државата и намалената потрошувачка на горива во периодот на вонредната состојба, како и драстично намалената малопродажна цена на горивата на пазарот.Воедно, зголемувањето на износот на акцизата нема да предизвика дополнителни финансиски импликации за правните субјекти и населението, со оглед на фактот дека значителниот пад на цената на нафтата на светските берзи во овој период предизвикува значително намалување и на малопродажните цени на горивата во нашата земја.Напоменувам дека предложениот механизам овозможува и постепено враќање на постојните износи на акцизи во услови на нормализирање на цените на пазарот, што се очекува тогаш кога ќе заврши состојбата предизвикана од здравствено-економската криза заради коронавирусот.Согласно оваа уредба цената на акцизата на нафтените деривати опфатени со неа се зголемува за 3 денари.Имајќи предвид дека имаме пад на цената на нафтата од околу 20 денари во период од 8 јануари до 6 април оваа година, имаме услови за преземање на ваква мерка, односно зголемување на акцизата за нафтените деривати како анти-кризна мерка во борба против КОВИД-19.Потенцирам дека сите средства од зголемувањето на акцизата на нафтата ќе одат во Буџетот на Северна Македонија во Фондот за справување со коронавирусот за поддршка и финансирање на мерки за поддршка на стопанството и социјалните мерки за поддршка на граѓаните.Промената на цената на акцизата е незначителна во споредба со падот на цената на нафтата од јануари до сега.Со падот на цената на нафтата од околу 20 денари од почетокот на годината до сега, промената на цената на акцизата е незначителна во споредба со ова големо намалување.Тврдењата дека зголемувањето на акцизата ќе се одрази негативно на цените и дека ќе трпи транспортната, или другите дејности врзани за нафтените енергенси, се финансиски неоправдани и неосновани.Во услови кога цената на нафтата е падната за 20 денари, зголемување на акцизата од 3 денари во услови на криза е оправдано и истото нема да се одрази на цените на транспортните услуги.Напротив транспортните компании на почетокот на годината кога ги креирале своите финансиски планови не предвиделе ваков пад на нафтата, согласно тоа истите веќе остваруваат заштеди по основ на цените на нафтата кои ги плаќаат.Од почетокот на годината, цената на нафтата е падната за околу 20 денари по литар  Намалување од почетокот на годината 08.01.202006.04.2020 ЕУРОСУПЕР БС – 9568 ден48 ден-       20 денЕУРОСУПЕР БС – 9870 ден50 ден-       20 денЕУРОДИЗЕЛ БС62.5 ден45 ден-       17.5 денЕЛ-151.5 ден33.5 ден-       18 ден Табела за покачување на акцизата  АКЦИЗАМоментално+      3 денариЕУРОСУПЕР БС - 9521.6924.69ЕУРОСУПЕР БС - 9821.6924.69ЕУРОДИЗЕЛ БС15.1218.12ЕЛ-16.149.14 Што покачувањето на акцизата на нафтата за +3 денари значи за буџетот?Во 2019 година во буџетот на Северна Македонија биле наплатени 240 милиони евра по основ на акциза од дизел, безоловен и екстра лесно. Во 2020 планот за акцизите по овој основ беа за околу +15 милиони евра споредено со 2019. Со намалениот пад на потрошувачката, проектираните помали приходи по основ на акциза, за оваа година, изнесуваат околу 45 милиони евра.Според проектираните сценарија по кризата на годишно ниво падот на приходот по основ акциза од нафтени деривати при драстично намалено ниво на потрошувачка би изнесувал 12% споредено со 2019 година или 30 милиони евра ако остане моменталната цена на акцизата.Веќе споменавме дека сите средства од зголемувањето на акцизата на нафтата ќе одат во буџетот на Северна Македонија за справување со коронавирусот.Доколку цените на акцизите се зголемат за 3 денари до септември, при истото драстично намалено ниво на потрошувачка ќе се покријат 18 милиони евра т.е. намалувањето ќе биде 12 милиони евра. Или, во буџетот по основ на акциза за нафтени деривати ќе има 228 милиони евра, односно 12 милиони или -7,5% помалку споредено со 2019.Ако цените на акцизите се зголемат за 3 денари до декември, ќе се покријат 31 милиони евра, или 241 милион евра т.е. на годишно ниво ќе има плус 1 милион евра споредено до 2019 година, но секако се уште помалку за околу 14 милиони евра споредено со планот за 2020 или проектирани 255 милиони евра по основ на акциза за нафта.За оваа мерка да биде ДОБРО и ПРАВИЧНО решение зголемувањето на акцизата за +3 денари, ќе важи како анти-кризна мерка доколку не се промени/зголеми цената на нафтата, односно:Ако малопродажната цена се зголеми за 10 денари, акцизата ќе се намали за - 1 денар, така ќе остане покачена за +2 денариАко малопродажната цена се зголеми за 20 денари, акцизата ќе се намали за - 3 денари, или ќе се врати на цената која ја имаме во моментов пред воведување на оваа анти-кризна меркаСакам да ја информирам јавноста и граѓаните со уште некои информации кои одат во прилог на оправданоста на зголемувањето на акцизата на нафтените деривати како анти-кризна мерка.Најниската цена на акцизата за нафтени деривати во ЕУ е утврдена на 0.33 евра по литар.Северна Македонија има најниска цена на акцизата во споредба со висината на акцизата со другите земји спрема поставениот минимум во ЕУ.Табелата тоа многу јасно го прикажува:Ако го земеме ЕУРОДИЗЕЛ БС на пример: Цената на акцизата за ова гориво во нашата земја изнесува 15,12 денари, за разлика од Романија каде што таа е 21,05 денари, потоа во Црна Гора каде што изнесува 27,08 денари, или во Бугарија каде што изнесува 20,33 денари.ДржаваЦена на акциза за ЕУРОДИЗЕЛ БССеверна Македонија15.12 денариРоманија21.05 денариПолска20.73 денариУнгарија20.74 денариЦрна Гора27.08 денариЧешка Република26.18 денариБугарија20.33 денариХрватска25.41 денариСловенија28.86 денариАвстрија26.15 денариГерманија29.89 денариБиХ17.27 денариКосово22.15 денариГрција25.23 денариСрбија29.58 денариАлбанија17.85 денариИталија37.99 денари Понатаму, Северна Македонија има најниска цена на нафта во регионот.Тоа е јасно видливо и од табелата каде што е прикажана споредбата на цена со земјите од регионот.Цените на ЕУРОСУПЕР 95 и ЕУРОДИЗЕЛ БС во нашата земја изнесуваат 48 и 45 денари, додека во Бугарија се со цена од 58 и 61 денар, а во Србија со цена од 73 денари за двата вида гориво.Во Косово, Албанија и Грција цените се уште повисоки во однос на цените во нашата земја.      ДржаваЕУРОСУПЕР БС - 95ЕУРОДИЗЕЛ БССеверна Македонија48 денари45 денариБугарија58 денари61 денариСрбија73 денари73 денариКосово74 денари73 денариАлбанија82 денари78 денариГрција86 денари82 денариПочитувани,Покачувањето на акцизата на нафтата за +3 денари е директна инјекција за државниот буџет за справување со кризата предизвикана од коронавирусот.На крај сакам да повторам уште еднаш,Сите средства од зголемувањето на акцизата на нафтата ќе одат во Буџетот на Северна Македонија во Фондот за справување со коронавирусот за поддршка и финансирање на мерки за поддршка на стопанството и социјалните мерки за поддршка на граѓаните.Тоа се средства и за нашиот здравствен систем кој и до сега успешно се справува со последиците од КОВИД-19, кои заедно со сите нас учествуваат во создавањето услови за стабилизирање на животот и постепено нормализирање под изменети услови.

Македонија | пред 6 години

Filipce-3

Филипче: Мајката и синот од Велес починале во март, а не во јануари

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција потврди дека пристигнат е извештајот за мајката и синот кои беа пронајдени починати во својот дом во Велес.– Според информациите од Судска медицина, констатирано е дека смртта на мајката и синот од Велес е настаната 3 до 5 недели, поточно во текот на март, а не во јануари, како што иницијално тоа што беше објавено, па поради тоа нема посебен интерес да се направат дополнителни испитувања поврзани со ковид-19 – рече Филипче.Тој додаде дека останува сега Институтот за судска медицина да ја потврди точната причина за настанувањето на смртта кај двете лица.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

venko-1

7 нови случаи позитивни на Корона вирусот, 24 излекувани пациенти кои се лекуваа во домашни услови

Регистрирани се 24 излекувани пациенти кои се лекуваа во домашни услови.Потврдени се 7 нови случаи на ковид 19 и со ова вкупната бројка на дијагностицирани случаи во нашата земја е 1231.Во ГОБ „8 сетпември“ почина пациент од Лабуништа на 70 годишна возраст. Во тешка состојба, пациентот бил хоспитализиран на 8 април и веднаш приклучен на респираторна машина.Во изминатите 24 часа потврдени се 7 нови случаи на ковид-19. По градови:- Куманово - 2- Тетово - 3- Кочани - 2Бидејќи во вчерашниот извештај на ИЈЗ е двојно евидентиран еден контролен тест на пациент од Кочани, денеска е направена исправка со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1231.Во изминатото деноноќие направени се 207 теста.Досега во земјата се направени вкупно 12340 тестирања на ковид -19.https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/a.1822571701383188/2368580680115618/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

Capture-3

Веб страница на нафтена компанија од Арабија злоупотребена во лажната покана од Несторовска

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР постапува по случајот на констатирана злоупотреба со лажно претставување, со што во име на државниот секретар Магдалена Несторовска се упатени лажни покани за наводна тековна истрага до повеќе правни и физички лица во државата и надвор неа.Пораката содржи линк кон веб-страница од каде потенцијално би се превзел малициозен софтвер.Пораката е лажно потпишана од име на државниот секретар Магдалена Нестроовска со интегриран скениран потпис во пораката. Во самата  порака е интегрирана слика со амблем на полицијата. Во долниот дел на пораката е интегрирана слика која лажно прикажува скенирани документи во врска со наводна  истрага.Сликата е линк кон веб-страница од која потенцијално би можел да се преземе малициозен софтвер https://eeae.sa/pdf.iso. Овој линк во моментот не е активен. Меѓутоа по направените проверки на веб страната https://eeae.sa  утврдено е дека таа е во сопственост на Energy Environment Advisory Enterprise, правен субјект со седиште во Бахреин кој нуди сервисни услуги на нафтени полиња во Саудиска Арабија.Слабите заштитни мерки на самата веб страна се искористени и пронајден е начин преку кој може сторителот да шири малициозен софтвер без знаење на горенаведениот правен субјект.Исто така, извршена е проверка на е-маил адресата и направена е анализа на хедерот на пораката  преку која се испраќаат лажните информации kala.tibor@famasz.hu и утврдено е дека истата припаѓа на унгарскиот правен субјект FAMASZ.По извршените проверки на веб страната од унгарскиот правен субјект www.famasz.hu утврдено е дека истата е хостирана во Словачка и поради тоа преку Секторот за меѓународна полициска соработка побарани се информации за сопственост кои се однесуваат на горенаведената е-маил адреса.Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика апелира граѓаните и правните субјекти да не отвараат прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи, да не наседнуваат на измами од ваков тип и правните субјекти да превземат соодветни мерки за заштита на нивните компјутерски системи од потенцијален малициозен софтвер согласно нивните интерни процедури за сајбер безбедност.фото: МВР 

Македонија | пред 6 години

Foto-7

Телефонски разговор на претседателот Пендаровски со Мирослав Лајчак

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска оствари телефонски разговор со Мирослав Лајчак, специјален претставник на Европската Унија за дијалогот Белград – Приштина и други прашања за Западен Балкан.Во разговорот двајцата соговорници разменија мислења и информации поврзани со актуелните политички состојби во регионот, значењето на регионалната соработка, процесот на проширување на Европската Унија, како и за помошта која Унијата и земјите-членки им ја укажуваат на земјите во регионот во борбата со пандемијата на КОВИД-19.Претседателот Пендаровски констатираше дека со назначувањето на специјалниот претставник, Европската Унија, по одлуката за отворање на преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија испраќа дополнителен позитивен сигнал дека Регионот е меѓу приоритетите на Унијата. Претседателот Пендаровски изрази поддршка за мисијата на специјалниот претставник Лајчак и истакна дека придонесот на Европската Унија е повеќе од потребен со цел изнаоѓање прифатливо решение во рамки на дијалогот Белград - Приштина.На крајот, честитајќи му го неодамнешното назначување на одговорната позиција, претседателот Пендаровски на специјалниот претставник Лајчак му посака успех во работата.фото: Кабинет на претседател

Македонија | пред 6 години

bujar-osmani-696x396

Османи: Кризниот штаб на Владата дискутираше полицискиот час да трае од 19 дo 05 часот

Централниот кризен штаб формиран за мерките против вирусот ковид-19, денеска дискутираше за измена на времетрањето на полицискиот час од 19.00 до 05.00 часот, објави на својот Фејсбук профил вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи.По појава на коронавирусот во земјава, првично полицискиот час почна да се применува од 21.00 до 05.00 часот неколку дена, а потоа полицискиот час беше продолжен од 16.00 до 05.00 часот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

skopje-5

25 лица обвинети за непочитување на здравствените прописи во Скопје​

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе 20 предлози за издавање казнени налози со кои се опфатени вкупно 25 лица обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.Двајца од обвинетите не ја почитувале наредбата за задолжителна самоизолација. Останатите, пак, биле затекнати во прекршување на полицискиот час, односно во одделни кривично-правни настани постапиле спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија.Надлежните јавни обвинители на Основниот кривичен суд Скопје му предложија за сите обвинети да изрече парични казни од по 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Maz-i-kuce

Приведеното момче со миленик раскажува што се случило

По снимката која се рашири на социјалните мрежи на која се гледа дека поголема група полицајци апсат момче со куче Поради тоа што било подалеку од домот за време на полициски час , Досие.мк ја објави и изјавата од приведеното момче. Изјавата која ја објави ДОСИЕ.МК ви ја пренесуваме во целост.-Бев од изутрина кај моето другаре уште кога беше терминот за шетање на миленик од 08:00 до 08:30, се задржав кај него до 14:50 часот, а следен термин е во 15 часот за шетање на миленик. Кога излегов од неговиот дом а јас живеаам на 600 метри од него на половина пат од мојот дом ме сопре полиција, ме праша каде одам, му кажав дека си одам дома со мојот миленик и бев да го прошетам, ме прашаа дали знаеш дека не смееш да бидеш одалечен од својот дом повеќе од 100 метра? им одговорив да јасни ми се мерките и дека не живеам на 5 километри туку живеам во близина, и си одам дома сега и нема да ми се повтори.Полицијата почнаа да ме испрашува зошто лажам, им кажав дека не лажам, тогаш еден од полицијата ми кажа дека ќе мора да бидам приведен и во станица да дадам изјава, јас и на тоа не се спротиставив и заедно со моето милениче влеговме во комбе. Искрено не сакав ова да дојде до интернет зошто јас не ја ни ставив таа снимка, но кога ги прашав во станица што ќе биде со ова и дали ќе бидам казнет, тие ми кажаа дека јавен обвинител треба да ја одреди казната, но не ми дадоа никаков документ па што ќе биде во иднина не знам, пишува Досие.мк.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Pusaci

Филипче: Пушачите имаат поголем ризик од инфекција со КОВИД - 19

При пушење цигара прстите се во контакт со усните, што ја зголемува можноста за пренесување на вируси од рака на уста. Ова ги прави пушачите поранливи на COVID -19 и затоа треба да бидат особено внимателни.Пушачите исто така може да имаат веќе заболувања на белите дробови или намален капацитет на белите дробови што во голема мерка може да го зголеми ризикот од сериозни заболувања.Состојби што ги зголемуваат потребите за кислород или ја намалуваат способноста на телото правилно да го користи, ги става пациентите со поголем ризик од сериозни белодробни заболувања како што е пневмонијата.https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/a.1819648248342200/2368516373455382/?type=3&theaterфото: ФБ Венко Филипче

Македонија | пред 6 години

tepacka

Тепачка во Арачиново за време на полицискиот час - интервенирала полицијата

На 20.04.2020 во 11.30 часот било пријавено дека во с.Арачиново, во заеднички двор, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Е.Б.(65) и Ш.Б.(37), од една страна, и Д.Б.(52) и М.Б.(36), од друга страна, сите од с.Арачиново. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

skopje-2

Како помина последниот ден од полицискиот час, колку лица се приведени?

Во текот на изминатото деноноќие  според статистиката на МВР за периодот (20/21.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека  на ниво на целата држава 117 лицa не ја почитувале забраната за движење, при што приведени/лишени од слобода се 89 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.Исто така според статистичките податоци  за изминатото деноноќие на на 135 лица им се издадени решенија за изолација, а 53 лица потпишале изјави за самоизолација.Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, а три лица не ја почитувале мерката за изолација.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Денес ќе биде облачно и постудено со врнежи од дожд

Времето деенска ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат пообилни, на места (над 25 л/м2). Локално врнежите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер (над 70 км/час). Во текот на денот ќе дува засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната од 9 до 13 степени.Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои повремено ќе имаат пообилен карактер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 12 степени.Во среда и четврток времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.Стабилизирање на времето се очекува во петок и за време на викендот.

Македонија | пред 6 години

Maz-i-kuce

„Анима мунди“: Бараме итно идентификување на службените лица и казнување, поради изживување врз тинејџер и неговиот миленик

Здружението за заштита на животни „Анима мунди“ реагира на приведувањето на момчето кое вчера, за време на полицискиот час, излегло да го прошета кучето.-Ние во ова гледаме демонстрирање сила и изживување врз тинејџер и неговиот миленик за што бараме итно идентификување на службените лица и нивно казнување. Во време кога луѓе по улици протестираат или ора играат и поминуваат неказнето, вака ли изгледа професионалноста на нашата полиција и сразмерната примена на мерки согласно полициските ингеренции во време на вонредна состојба, наведува „Анима мунди“ во реакцијата.Инаку настанот се случи вчера. За време на забраната за движење беше приведено момче со својот миленик.  И министерот Чулев и заменк министерката Петровска најавија дека случајот ќе се испита од внатрешна контрола.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Maz-i-kuce

Петровска: Ако казнуваме за неспроведување на мерките, како тоа ние први да ги прекршуваме?

Tехничката заменик-министерка во Минситерството за внатрешни работи, Славјанка Петровска вели дека не се согласува со начинот на кои постапиле полицајците кои со три возила, во униформа и цивилна облека, апсеа момче кое шетало миленик дваесетина минути пред дозволениот термин. Таа бара и санкција за полицајците бидејќи немале заштитна опрема за спречување на ширењето на коронавирусот.„Во врска со објавеното видео на кое е прикажано приведување на момче со домашно милениче заради прекршување на полицискиот час, го искажувам своето несогласување со начинот на кој постапиле полициските службеници. Воедно очекувам и соодветна санкција за нивното непочитување на мерките и неносење на заштитни маски и ракавици. Ако казнуваме за неспроведување на мерките, како тоа ние први да ги прекршуваме?“, вели Петровска.Од МВР пак велат дека Одделот за внатрешна контрола ќе испитува дали полициските службеници кои со две возила и едно полициско комбе приведоа момче кое шета миленик, постапиле согласно законските норми. Претходно, полицајци во цивилна облека, неколку во униформа, два полициски автомобили и едно полициско комбе интервенирале за приведување на момче кое шетало миленик во Скопје. Неофицијано, станува збор за случка во скопска Кисела Вода. Од снимката објавена на социјалната мрежа „Фејсбук“ може да се види дека станува збор за момче, кое со својот миленик, со комбе на полицијата е однесено во станица.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Maz-i-kuce

Чулев: Одделот за внатрешна контрола ја утврдува законитоста на постапувањето на полициските службеници

Минситерот за внатрешни работи наќе Чулев се огласи во врска со видеото кое се споделува на социјалните мрежи, а на кое се гледа како полициски службеници приведуваат момче и миленик. Министерот на ФБ напиша:-Во текот на денешниот ден на социјалната мрежа “Facebook” се споделува видео на кое се забележуваат неколку полициски службеници кои преземаат мерки за лишување од слобода на лице кое е затекнато надвор од својот дом со својот миленик за време на ограничувањето на движењето на граѓаните.🗣Во таа насока би сакал да ја информирам јавноста дека од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди конкретниот случај е евидентиран и се преземаат мерки за утврдување на законитоста на постапувањето на полициските службеници, a за исходот од проверките во текот на утрешниот ден дополнително ќе биде известена јавноста.☝️ Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди и во иднина ќе презема мерки за соодветно расчистување на сите случаи во кои постои сомневање дека постапувањето на полициските службеници е спротивно на законот.

Македонија | пред 6 години

Maz-i-kuce

(ВИДЕО) Полицијата приведе дете со кученце, го прекршија ли полицискиот час?

На социјалните мрежи се споделува видео на кое се гледа како полициски службеници прават записник и приведуваат маж и кученце. На видеото се гледа и тоа како мажот во раце го зема кученцето влегува во полициското комбе.Прашање кое се наметнува е дали мажот излегол да го прошета кучето вон термините одредени од Владата?Само да потсетиме дека сопствениците на домашни меленици имаат право да ги шетаат своите миленици три пати во текот на денот за време на забраната за движење и тоа од 8 до 8:30. од 15 до 15:30 и од 20:00 до 20:30.https://www.facebook.com/nesso.anggel/videos/3666012216747239/фото: ФБ

Македонија | пред 6 години

kompjuter

Спам мејлот во име на МВР е унгарски

Адресата на спам мејлот преку кој e пуштен фалсификуван допис во име на Полицијата на Северна Македонија, а со потпис на државниот секретар на МВР, Магдалена Несторовска, доаѓа од Унгарија.Државниот секретар на МВР, Магдалена Несторовска утрово преку соцојлната мрежа Фејсбук информираше дека преку мејл се пушта фалсификуван допис, на кој стои нејзиното име, со цел да се предизвика вознемиреноста кај граѓаните.„Ве известувам дека преку електронската пошта циркулира, фалсификуван допис. Истиот не е ниту испратен, ниту потпишан од мене, како Државен секретар на МВР. Се работи за груб фалсифкат со цел да предизвика вознемиреност кај граѓаните !“, напиша Несторовска.Исто така апел стигна и од МВР. Тие предупредија граѓаните да не наседнуваат на вакви измами.„Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами, а Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР веќе презема соодветни мерки и активности за законско санкционирање на сторителот. Министерството за внатрешни работи не користи електронска пошта за испраќање на покани до граѓани во врска со спроведување на истраги, туку тие покани се испраќаат во хартиена форма, со соодветна процедура“, се вели во соопштението од МВР.Од МВР апелираат граѓаните воопшто да не ги отварат овие електронски пораки.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Podgorica

(ВИДЕО) Карантинска изведба на „Македонско девојче“ во Подгорица

Во ова време кога мора да бидат во своите домови, дел од граѓаните на Подгорица од своите тераси и прозорци  на многу убав начин ги поздравија до пријателите во Македонија. Имено на социјалните мрежи се објави снимка на која се слуша како граѓаните од цел кварт во Подгорица ја пејат песната „Македонско девојче“.Слушнете како звучи македонска песна испејана од жителите на Подгорица.https://www.facebook.com/srbi.izmakedonije/videos/2813099478727884/ фото: ФБ

Магазин | пред 6 години

gene-deitch-830x0-830x0

Почина еден од креаторите на „Том и Џери“

Режисерот на цртаните филмови „Том и Џери“ и „Попај морнарот“  - Џин Дич почина на 95-годишна возраст во неговиот стан во четвртокот вечерта. Тажната вест ја потврди неговиот чешки издавач Петр Химл, кој изјави дека неговата смрт е ненадејна.Дејч работел и на такви анимирани филмови како „Хобит“, „Алиса во Париз“, „Силвестер и волшебниот кристал“ и „Блуфонци“.Тој во Чешка живеел од 1959 година откако таму се оженил, и практично работел на американски анимирани филмови наоѓајќи се зад „железната завеса“, кога земјата беше позната како Чехословачка.Дејч во 2003 година добил награда „Ени“ за живетон влог во уметноста на анимираните филмови.фото: Telegraf 

Магазин | пред 6 години

korona-1

Центарот за јавно здравје во Велес и пунктот за брисеви работат непречено

Центарот за јавно здравје во Велес продолжува со нормална работа. Откако во дел од медиумите излегоа информации за наводно затворање на пунктот за земање брисеви и Центарот за јавно здравје во Велес, Министерството за здравство информира дека истиот продолжува со работа како и досега. Направена е ротација на кадри од другите одделенија, вклучително и лаборанти кои ќе ја покријат работата на пунктот за земање брисеви.Во текот на утрешниот ден, ќе бидат направени епидемилиолошки анкети на вработените во ЦЈЗ Велес по што точно ќе се знае дали и колку од вработените ќе бидат во изолација. Дополнително, инспектори од Скопје и епдемиолози, ќе направат вонреден инспекциски надзор врз работата на велешкиот центар за јавно здравје за да се утврди дали се почитувани пртоколите или има некакви неправилности во постапувањето.Во текот на денешниот ден се прават и ќе бидат завршени епидемиолоши анкети и на сите вработени од маркетот во Велес каде беа регистрирани лица позитивни на коронавирусот.По добивањето на наодите, ДСЗИ доколку утвдри потреба ќе издаде решение за самоизолација, а согласно тоа колкав број на вработени ќе одат во изолација, ќе се донесе одлука дали маркетот ќе продолжи да работи или пак ќе биде затворен на одреден период.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

oro

(ВИДЕО) Гевгеличани за Велигден се фатија на оро средe полициски час

По Велигденското оро во Гевгелија, лавина реакции на социјалните мрежи. Граѓаните се гневни затоа што додека едни почитувајќи ги мерките седат во своите домови 85 часа, други се забавуваат по улици и тоа без да ги почитуваат мерките за превенција од ширење на корона вирусот.На снимката која се препраќаше синоќа по социјалните мрежи се гледа како дваесетина жители на Гевгелија играат оро на улица за време на тридневниот полициски час.Уште синоќа е приведено едно лице, додека се врши препознавање на останатите прекршители. На видеото на крајот и се слуша дека еден од гевгеличани кажува дека „полицијата нема да доаѓа, џабе им е. Не им е дозволено“.https://twitter.com/mapkoman/status/1251918770555232260?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1251918770555232260&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Fvideo-kakvi-merki-kakva-korona-vo-gevgeli-a-oro-za-veligden%2F

Македонија | пред 6 години

200

Филипче: Добрите вести се предвесник дека овој тежок период има крај

„Добрите вести се предвесник дека овој тежок период има крај и заедно ќе успееме да надминеме. Се радувам за сите оздравени пациенти, за нивните семејства и најблиски. Се надевам дека сѐ почесто ќе слушаме добри вести. Благодарност до целиот медицински персонал кој даде сѐ од себе да им помогне, како и до пациентите и нивните семејства за соработката, дисциплината и трпеливоста“, напиша на својот Фб профил министерот за здравство Венко Филипче.https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/a.1819648248342200/2367782916862061/?type=3&theaterПретходно надлежните информираа дека со денешните оздравени 21 лице, досега имаме оздравени вкупно 200 пациенти.Од денешните оздравени 16 се од Скопје, 3 од Куманово и 2 од Штип, сите се лекуваа во домашни услови.фото: ФБ Венко Филипче

Македонија | пред 6 години

iveqgpr0mxohbhtipzy0

Кривична за Бранко Тричковски поради закани упатени кон Мицкоски

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до Oсновното јавно обвинителство–Скопје поднесе кривична пријава против Б.Т.(68) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “загрозување на сигурноста“ предвидено и казниво по чл.144 ст.4 и „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ предвидено и казниво по чл.394-г од КЗ. Имено пријавениот преку социјалната мрежа Фејсбук на 13.04.2020 објавил статус со навредлива и заканувачка содржина кон претседател наполитичка партија.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања