Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

NP-Mavrovo

(ФОТО) Вработените од НП Маврово им помагаат на заглавените возила поради врнежите од снег

Вработените од НП Маврово на помош на заглавените возила поради врнежите од снегhttps://www.facebook.com/mavrovo/photos/pcb.2786540778131502/2786540038131576/?type=3&theaterИнаку  од 17:00 часот е воведена забрана за движење за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар. Врнежи од снег се бележат во Маврово, Попова Шапка и на планинскиот превој Стража. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по влажни коловози, соопшти АМСМ.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчевфото: ФБ НП Маврово 

Македонија | пред 6 години

koronavirus

Возачот на автобусот е негативен на корона вирус, но останува во изолација

Министерството за здравство информира дека шоферот на автобусот со кој допатуваа двајцата ново-заболени пациенти е негативен на корона вирус. Тој денеска со нова тура патници од Италија беше пречекан на граничниот премин Табановце. Автобусот беше тргнат на страна, а до добивањето на резултатите од тестот, тој и патниците беа во неколку-часовна изолација во објект на Царинската управа на граничниот премин.До истекот на 14-иот ден од периодот на инкубација, пресметано од последниот ден на контакт со заболените (27 февруари), шоферот, со решение на ДСЗИ, останува во домашна изолација, под здравствен надзор на епидемиолозите.Патниците кои денеска пристигнаа со него, по прегледот од епидемиолозите на граничниот премин при кој кај ниту еден не е индицирана болест, се пуштени дома. Тие немале контакт со позитивен пациент, но дадени им се препораки, доколку почувствуваат некои симптоми, да не одат по здравствени институции, туку веднаш да се јават во центрите за јавно здравје.По денеска одржаната прес-конференција, според последната информација добиена од МВР, вкупниот број на патници во автобусот со кој на 27 февруари пристигнале заболените пациенти е 28. Оваа бројка ги вклучува шоферот-сега веќе тестиран и негативен, двајцата заболени пациенти и тројца патници кои ја напуштиле земјата. Сите 22 останати се идентификувани и контактирани. Со решение на ДСЗИ за здравствен надзор со полициска придружба сите остануваат во домашна изолација, а за непостапување по решението следат правни консеквенци.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

ohrid-lugje-carsija-guzva-turisti

Дали и колку илјади ноќевања се откажани во Охрид поради коронавирусот?

Околу 10.000 ноќевања на гости од Кина, Јужна Кореја, Јапонија, но и Турција се откажани за март и април поради ширењето на корона вирусот низ светот. Исто така и 99% од сите тури со гости од азискиот пазар, кој беше најбрзорастечки на глобално ниво, за наредите месеци се откажани. Лоша е состојбата и со резервациите за летово од Холандија и Полска. Сè е ставено на чекање.Како што тече и доаѓа времето за почетокот на сезоната, општо луѓето ќе имаат страв од патување. Со тоа ќе осетиме пад на бројот на гости во сезоната – изјави Крсте Блажески-претседател на ХОТАМ.Една епидемија може целосно да ги анулира сите можни емотивни карактеристики на туризмот, а со тоа и на охридскиот туризам. Точно оваа појава сега на епидемија рапидно ќе се одрази врз туризмот и во вакви средини, каде Кинезите доаѓаа во една комбинирана тура низ Балканот… – рече Науме Мариноски-професор на факултет за туризам.Во една ваква ситуација, од туристичкиот сектор велат дека државата треба да бара алтернативни пазари и оти поголемо внимание месециве треба да им се посвети на домашните туристи.Од друга страна јас очекувам зголемување на домашните гости во овие региони на Охрид и Струга. Препораките да не се патува надвор од своите држави, тоа е што ќе го намали бројот на гостите. Мислам дека ќе има зголемување на домашни гости баш поради овие причини – нагласи Крсте Блажески-претседател на ХОТАМ.За жал, туризмот е дејност која многу често е изложена на разни надворешни влијанија, потсетуваат од Факултетот за туризам. Изминативе денови беа откажани и групи со 900 туристи од Грција, па од планираните 90 автобуси, пристигнале само неколку.ИЗВОР:АЛСАТМ

Македонија | пред 6 години

Makedonski-pasos

Чулев - Новите пасоши ќе бидат обезбедени за седум до 10 дена

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, од Тетово најави дека за најмалку една недела би требало да бидат испорачани пасошите.– Во постојана комуникација сме и вршиме притисок до германската фирма Веридос која ги обезбедува пасошите. Од нив имаме одредено ветување дека пасошите би требало да стигнат од седум до 10 дена, согласно договорот, што значи пред 24 март – рече Чулев.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

A6F92513-64B1-4A57-ADB1-EE6060C34CF9

ВИДЕО: ТВ24 улови како авганистански мигранти дојдоа на македонска територија по полноќ

Одејќи пеш по железничката пруга, десетина мигранти синоќа околу полноќ стигнаа во Велес. Сакале тивко, далеку од очите на жителите на градот да го поминат и да продолжат кон северната граница. Ги забележала хуманитарката Ленче Здравкин која живее веднаш до пругата и ги повикала во нејзиниот двор. Изнемоштени, нечисти, гладни, жедни и повредени, внимателно ја прескокнаа оградата и ја прифатија нејзината понуда.Пред повеќе години овие луѓе тргнале од своите родни земји Авганистан и Пакистан во непознато. Стигнале во Турција и оттаму не можеле да продолжат. Се вработиле во локална фабрика, каде што и се запознале меѓусебе.Откако минатата недела Турција ја отвори границата за мигрантите, тие се едни од ретките кои имале среќа илегално да влезат во Грција, во обид да дојдат до земјите од западна Европа. Овие луѓе во Македонија влегле пред една недела, на диви премини. По дожд и сонце, студ и ветер, пеш, километар по километар го совладувале патот. Целта им е Франција, а до неа планираат да пешачат низ Србија, Босна, па по воден пат до Италија. Велат дека на турско-грчката граница има многу бегалци, но грчките полицајци не дозволуваат никој да премине.ТВ24 ЕКСКЛУЗИВНО: МИГРАНТИ ОД АВГАНИСТАН ПО ПОЛОНОЌ ДОЈДОА НА МАКЕДОНСКА ТЕРИТОРИЈАnull

Македонија | пред 6 години

atidze-1

Атиџе: Во овие години не сакам да се мажам, не сакам само да бидам нечија слугинка

Хероината на  „Медена земја“, Атиџе Муратова по Холивуд се врати на секојдневниот живот во селото Дорфулија. Сега се подготвува за прв пат во нејзиниот живот во ресторан да го прослави Денот на жената, заедно со внуката и со снаата, објави ммс.мк.-Тоа е ден кога жените и мајките треба да се радуваат.  Јас досега не сум го славела „8 Март“, сега прв пат ќе одам во ресторан. Понекогаш сум добивала подароци. Блиските ќе ми донесат цвеке и убаво е чувството. А јас не сум имала можност на мајка ми да и купувам подароци. Само еднаш и купив црвено цвеќе и таа многу се израдува,вели Атиџе.Кога станува збор за љубовта и за мажењето Атиџе вели дека за неа веќе е доцна за брак.-Кога бев млада бев напредна и убава. Уште на 14 години ме бараа момчиња. Дојде едно момче тогаш да ме бара за жена, но не ме дадоа моите бидејќи бев многу мала.  Потоа пораснав, имав додворувачи, но се грижев за родителите. Потоа ме касна кучето, ме унакажи. Ми го упропасти животот и немав многу додворувачи. Јас  со години имав сериозни проблеми со здравјето и не можев да мислам за љубов и за мажење.  А сега веќе во овие години и не сакам да се мажам. Искрено не сакам да се мажам само да бидам нечија слугинка.Текстот во целост на: ММС.МКфото: Архива

Магазин | пред 6 години

Fotografija

Бачев кажа под кои услови е можна коалиција со ВМРО ДПМНЕ

Единствена Македонија на денешната прес конференција,  го обелодени повратниот одговор на ВМРО-ДПМНЕ по повод јавниот повик на Единствена Македонија до ВМРО-ДПМНЕ за коалиција под пет услови.Во продолжение прес конференцијата на ЈанкоБбачев во целост:„Како што е познато во јавноста, Централниот комитет на Единствена Македонија на седницата од 29 февруари упати јавен повик за коалициски настап со ВМРО-ДПМНЕ под следните услови: поништување на договорот со Грција за промена на името; поништување на договорот со Бугарија со кој се бришат Македонците во Пиринска Македонија; поништување на фалсификуваниот попис во 2002 со кој Албанците беа лажно прикажани дека се 25,17 отсто и спроведување на попис кој реално ќе ја прикаже бројноста на населението во Република Македонија; поништување на двојазичноста, односно, службен јазик македонскиот јазик и кирилското писмо, доколку коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и Единствена Македонија освои 61 пратеник, формирање влада без учество на албанска партија.Веднаш да кажам дека повратниот договор на ВМРО-ДПМНЕ е оти овие услови се неприфатливи. За ВМРО-ДПМНЕ договорите со Грција и Бугарија со кои се бришат Македонците од светската мапа на нации е завршена работа и мора да се помириме со тоа. Јазичната федерализација со двојазичноста, исто така е прифатилива за ВМРО-ДПМНЕ. Исто така за ВМРО-ДПМНЕ мора да има коалиција со албанска партија и доколку освојат сто пратеници. Значу, за ВМРО-ДПМНЕ бришењето на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ е завршена работа и нема да ги поништуваат договорите.ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија има легитимно право да си гради свои политики. Но, ние длабоко жалиме што ВМРО-ДПМНЕ одбра да го прифати бришењето на се што е македонско.  ВМРО-ДПМНЕ одбра да оди против својот народ кој на реферндумот на 30 септември 2018 кажа дека не сака членство во НАТО, ЕУ и промена на името.Ние длабоко верувавме дека ВМРО-ДПМНЕ ќе застане на чело на еден широк национален фронт за одбрана на Македонија и Македонците. Но, ВМРО-ДПМНЕ одлучи да биде на страната на неријателите на македонското дело кои не бришат како Македонци.Сега останува само Единствена Македонија како автентична национална и патриотска партија која секогаш е на првата линија во одбрана на националните и државните интереси да ја бие битката за Република Македонија. Ветуваме и даваме збор дека новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ќе ги поништи антимакедонските договори со кои се брише се што е македонско.Затоа, Единствена Македонија повикува на национален Сојуз за Македонија од партии и здруженија кој заедно ќе настапи на изборите на 12 април. За таа цел, Единствена Македонија е подготвена за соработка со партии, здруженија и поединци од земјата и странство доколку е прифатлива оваа Платформа која е нашиот план и визија за спас на Македонија а секое отстапување од неа да се смета за национално предавство.Не е потребно обединување околу лидери, партии и поединци, туку сега, ни е потребно обединување врз основа на Платформа со јасни определби. Целата држава е во заложништво и можеме да ја ослободиме само доколку делуваме, токму сега, единствени и сплотени во одбрана на Татковината.Прва задача на новата легална власт на Единствена Макеоднија која доаѓа е поништување на антимакедонските договори. Тоа што Заев вели дека договорите се непроменливи, заборавете го. Лаже. Договорите се ништовни, но, за да ги поништиме има само еден услов - народот да не згреши на изборите. Ние го правиме долгоочекуваниот чекор. На потег е народот.Најавувам дека од денеска Единствена Македонија започнува со преговори со субјекти кои се на линијата за одбрана на Македонија и Македонците за заеднички настап на изборите на 12 април кои имаат историско значење - или  ќе се зацементира бришењето на се што е македонско, или, на изборите ќе победат националните и патриотските сили кои ќе ја вратат државата на изворните илинденски и асномски принципи.Единствена Македонија ја бара првата шанса на изборите. Тоа може да биде последната шанса за МакедонијаДа живее Република МакедонијаДа живее македонскиот народДа живеат државјаните на Република Македонија“, истакна Бачев.

Македонија | пред 6 години

siluvac

(ВИДЕО) Нетпрес објави видео како полиција уапси силувач кој се криел една година во планина

Скопските полицајци, изминатава ноќ, упасиле осомничен за силување кој околу една година бил во бегство. По осомничениот била распишана потерница.Според првични неофицијални информации од полицијата, уапсениот скопјанец е осомничен за силување на член на неговото потесно семејството, односно за инцест.Полицајците го лоцирале осомничениот силувач дека се крие во планина меѓу скопските села Паничари и Букович. Тој во шумата направил импровизирано живеалиште, каде престојувал во изминатава една година.Видео извор повеќе детали на : netpress.mk

Македонија | пред 6 години

Antonio-Milososki

Поранешните вработени: Семејството Милошоски кичевското здружение на возачи ни го презеде на мафијашки начин!

По објавување на аудио-снимките од кои произлелегува дека пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошовски се распрашувал кај експретседателот на Врховниот суд за судска пресуда поврзана со неговиот татко Милош Милошоски, реагираат поранешни вработени во кичевското здружение на возачи, кои, како што обвинуваат, биле исфрлени од здружението веднаш откако било преземено од семејството Милошоски, со цел, според нив, да го приватизираат и да дојдат до значителни финансиски средства, објави Фокус.мк.Еден од нив е Зоре Којчески, кој за Фокус изјави дека дека Милош Милошоски го презел здружението на мафијашки начин и потоа незаконски избркал голем број на вработени, меѓутоа, како што истакнува, ниту една судска постапка не завршила во нивна полза поради влијанието на неговиот син Антонио Милошоски. Според него, вчерашните “бомби“ на кои се слуша дека Милошоски се договара за пресуда со Вангеловски е доволна основа надлежните институции да оформат кривичен предмет за Милошоски и неговиот татко Милош.Слична судбина имал и Спасе Србиноски, кој потсетува дека семејството Милошоски во 2007 година, една година откако ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт, направило преврат во кичевското здружение на возачи на, како што вели, мафијашки начин.Текстот во целост на: Фокус.мк

Македонија | пред 6 години

Arsovski-Dimce

Арсовски: СЈО беше формирано за да ги испита индициите од „бомбите“ и да ги преточи во судски процеси, доколу има докази за криминал

Потпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Димче Арсовски ги повика Јовески и Русковска да испитаат дали Заев или некој во СДСМ поседува уште снимки од периодот 2008-2015 година„Најверојатно, тој или некој негов близок во редовите на СДСМ уште ги поседува снимките, што тие ги најавија како бомби, а се виде дека биле петарди. Имаше вчера и пратеникот Милошоски барање до Зоран Заев за јавно соочување, да ги соочат двајцата сите оние материјали што ги поседуваат во однос на снимени разговори итн. од укажувачи, јавно да ги соочат пред медиумите и граѓаните сами проценат што и како има во нив. За се останато подетални би ве упатил да се повикате на вчерашното излагање на пратеникот Милoшоски“, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.На прашање да ја коментира содржината на снимките на кои се слуша гласот на Милошоски, Арсовски рече дека СЈО беше формирано за да ги испита индициите од тие „бомби“ и да ги преточи во судски процеси, доколу има докази за криминал.Тој побара да интервенира Обвинителство, со оглед на тоа што, како што рече, Заев се уште поседува „бомби“.„Би го повикал уште еднаш Љубомир Јовевски, кој е негов привезок, и Вилма Русковска, која работи под негова команда, уште веднаш да почнат случаи и да истражат дали се предадени сите ‘бомби’, колку не се предадени и каде и кој ги поседува во редовите на СДСМ или од околината на Зоран Заев“изјави Арсовски.фото: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

spasovski-1

Спасовски за снимките со Милошоски: Знам дека се објавени некакви материјачи, не ги слушнав

Премиерот Оливер Спасовски вели дека не ги слушнал „бомбите“ што вчера беа објавени на јутјуб, а се однесуваат на комуникација на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, со експретседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, и со други судии, за случај поврзан со неговиот татко и со Здружението на возачи – Кичево.Спасовски вели дека сите снимки што ги имале во СДСМ ги предале на СЈО и ги повика институциите да истражат од каде се аудио-материјалите што се објавуваат во јавноста.„Јас не ги слушнав и не знам за што се работи. Само знам дека се објавени некакви материјали. Повикувам институциите да истражат, да видат кои материјали се, какви се, од каде се објавени и да преземат соодветни мерки. За оваа работа потребна е нулта толеранција. Институциите треба да работат ефикасно и да ги откријат тие кои ова го прават и врз основа на тоа да преземат соодветни санкции“, изјави денеска Спасовски.

Македонија | пред 6 години

DSC_0067

Чулев не гледа причина зошто да нема публика на натпреварот неѓу Македонија-Косово, што значи тоа?

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев оценува дека натпреварот на нашата фудбалска репрезентација со косовската  иако е од голем безбедносен ризик може да се игра со публика. Дали натпреварот ќе се игра без публика поради потенцијална опасност од корона вирусот тој вели дека ќе одлучи Управувачкиот комитет предводен од министерот за здравство.-Не гледам причина да биде фудбалскиот дуел без публика. Во постојан контакт сме со навивачките групи, разговараме превентивно. Направиме план на ниво на МВР кој е план за Европско првенство 2020 и презамеме мерки и активности натпреварот да биде одржан во најдбри услови од безбедносна гледна точка, рече Чулев.Одлуката да се игра без публика поради можна опасност од коронавирусот, потенцира,  не ја носи Министерството за внатрешни работи, туку Владата.-Тоа е во надлежност на Управувачкиот комитет и водечка улога има Министерството за здравство. Согласно со препораките на министерот за здравство таква одлука ќе донесе и Управувачкиот комитет односно ќе предложи одлука на Владата. Во моментов немаме никакви индикаци дека е потребно одложување на фудбалскиот натпревар Македонија –Косово, рече Чулев.При денешната посета на СВР Тетово, министерот Чулев истакна дека овој Сектор има реализација од 47 проценти на откривање дела од непознат сторител што претставува меѓу највисоките во државата. Вети дека ќе се преземат мерки за подобри просторни услови за вработените во СВР Тетово.

Македонија | пред 6 години

04032020_MZ_Filipche_pres-konferencija-1

Сопружниците со коронавирус контактирале со девет лица, се проверува и матичниот лекар

Двајцата пацинетите кои вчера беа дијагностицирани со коронавирус беа префлерени на Инфективната клиника во Скопје, се со стабилна состојба, со лесна форма на болеста но поради возраста се во ризичната група.Пронајдени се уште девет лица исто во околината на нивното мето на живеење кои биле во контакт, на сите нив им е дадена донашна изолација од страна на епидемиолозите, рече Филипче и појани дека сите патници се идентификувани. Под контрила е и матичнот лекар каде што бил парот од Дебар.  – Лекарите имаат заштита, а втората линија на пренос е реткост, но епидемиолозите и тоа го проверуваат. Истото важи за сите лекари кои биле во контакт. За матилчниот лекар, проверката е веројатно во тек, рече Филипче и апелираше тие што имаат симптоми да не се јавуваат на матичен лекар, туку да се јават и ќе добијат услуга во домашни услови.Точниот број на патници е 28, иако првично рековме се 40, а еден е државјанин на Албанија, еден е возачот и двајца се заразените од Дебар. Близу 34 луѓе ќе имаат домашна изолацијаЕден од патниците е жител на Албанија, возачот во изминативе неколку денови повторно заминал на тура за Италија, се очекува денеска да стигне, пред половина час пристигна на Табановце. Автобусот ќе биде ставен на страна, патниците во посебна просторија на Царинската управа, додека возачот ќе биде тестиран и што понатаму ќе се направи со оваа тура, ќе зависи од тестот на крвта на возачот, рече Филипче.Целосно спремен и објектот и за излоација во Демир Капија, тоа е објект како дополнител капациѕтет на одделенија во Велес и Гостиват, тоа е нов објект и е излонирам, сметаме дека е добри места за изолација со цел да се олесни надзорот, рече тој.

Македонија | пред 6 години

noz-ubistvo-napad

Приведен скопјанец кој нападнал полицајци со нож

Четириесет и едногодишен маж од Скопје, со иницијали Ф.Х. вчера бил приведен поради тоа што физички нападнал и со нож се обидел да повреди полициски службеници кои вршеле службени дејствија.Како што информираат од полицијата, настанот се случил на улицата Пелагонија.„Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

zeni-1

Најголемиот дел од жените работат за плата од 16.000 до 20.000 денари

Плата од 12.000 до 20.000 е прифатлива за повеќе од половина жени во земјава. Податоците на Државниот завод за статистика објавени по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, покажуваат дека за најголемиот дел од жените 34,7 проценти прифатлива плата е од 16.000 до 20.000 денари, за 32,3 осто од 12.001 до 16.000 денари, за 21,7 отсто е од 20.000 до 30.000 денари. За плата до 8.000 денари би работеле само еден отсто, за плата од 30.000 до 40.000 денари 1,7 отсто и 0,3 отсто од жените би прифатиле работа за месечна плата која изнесува над 40.000 денари, објави слободен печат.мк.Според возраста, вработени жени од 15 до 19 години се 1379, од 20 до 24 години 14652, од 25 до 29 години 33806, од 30 до 34 години 44162, од 35 до 39 се 47890, од 40 до 44 години се вработени 45733, од 45 до 49 години 36739, од 50 до 54 години 34189, од 55 до 59 се 26579, од 60 до 64 години 11718 и над 65 години се вработени 3701 жена во земјава.фото: countingwomenswork.org 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Дожд до утре попладне

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои во попладневните и вечерните часови на места ќе бидат пообилни и поројни.До утре претпладне се очекува локално да наврнат и над 25 л/м2 воден талог, а најобилни врнежи се очекуваат во западните и северните делови. Локално ќе има појава на нестабилна облачност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и повремено силен ветер (над 80 км/час).Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

b0e64fd0d4bb388d91f7ae215ced368c_w790

За една недела отстранети 194 непрописно паркирани возила од јавните површини

Во текот на изминатата недела (28.02 - 05.03.2020 година) со специјалните возила пајак се подигнати 194 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 29 се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 165 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин,  тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно  311 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 29 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

tepacka-zeni

Жени се тепале за паркинг кај „Рамстор“, едната имала нож во автомобилот

На 05.03.2020 во 18.00 часот во СВР Скопје, М.М. (35) од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот во близина на угостителски објект на улица Кирил и Методиј, поради недоразбирање во сообраќајот, била физичи нападната од Б.П. (30) од Скопје.Воедно, при преглед на патничкото моторно возило „голф 5“ со скопски регситарски ознаки, кое го управувала пријавителката, полициски службеници пронашле и одзеле нож.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

milososki

Пукаат бомби -Милошоски се јавувал во Врховен суд, тој пак го повика Заев да ги соочат бомбите на ТВ дуел

Пет прислушувани разговори се објавени денеска на Јутјуб, на кои се слуша гласот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, како меѓудругото разговара со поранешниот претседател на Врховен суд, Јово Вангеловски, во врска со предметот со Здружението на возачи-Кичево, со кој се поврзан неговиот татко.На една од снимките, објавени на Јутјуб каналот на ГолиТру, Милошоски му вели на Вангеловски дека од татко му добил информација за одлука на Врховен суд, која не е баш поволна. Предметот, според снимката, бил кај судијата Николчо Николовски, чиј број, според она што се слуша, Милошоски го добива од Вангеловски.Пратеникот го повика лидерот на СДСМ, да ги соочат бомбите.-Лицето ЗЗ нека повели со сите бомби што ги има за мене и јас сите што ги имам и ќе ги имам за него, да седнеме на ТВ дуел, било каде. Да ги соочиме аргументите , па потоа јавноста ќе пресуди и а и обвинителството ќе може да си реагира по допрен глас, изјави вечерва Милошоски во телефонско вклучување во емисијата „Заспиј ако можеш“.На прашањето дали пратеникот поседува уште бомби за Заев, Милошоски нагласи „дека се повеќе луѓе се охрабруваат и се обраќаат за да помогнат во нивната борба“.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

filipce-venko

Состојбата на двајцата пациенти со корона вирус е стабилна

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција информираше дека двајцата нови дијагностицирани пациенти позитивни на корона вирус се сопружници од село во близина на Дебар коишто во нашата земја стигнале од Бреша, Северна Италија на 27 февруари. Нивната состојба е стабилна, имаат лесна клиничка слика, лесна форма на горно респираторна инфекција, односно на грип.Вечерва, пациентите ќе бидат пренесени со специјалниот транспорт на Здравствен дом Скопје на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби каде што дежурната екипа е спремна да ги пречека.„По влезот во државата, од автобусот се симнувале патници во Куманово, Скопје и Дебар. Двајцата сопружници немале никакви симптоми и за првпат со сосем лесни симптоми се јавиле на 2 март на матичниот лекар којшто не препознал индикации да се направи тестот за корона вирусот и ги пратил на домашно лекување. Денеска се јавиле во болницата во Дебар каде што доаѓа инфектолог од Гостивар, и била поставена индикацијата согласно симптомите коишто се развиле во текот на вчерашниот ден. Земени се брисеви и денеска беа направени тестовите. За време на престојот дома, двајцата пациенти укажуваат дека имале контакт само со братот на жената. Денеска веќе во попладневниве часови се прави интервју од страна на епидемиолозите за да се оцени дали е потребно да биде ставен во изолација и тој човек или и членовите на неговото семејство“, потенцираше министерот Филипче.Преку Министерството за внатрешни работи веќе се најдени имињата, матичните броеви на сите патници во автобусот којшто влегол на 27 февруари.„Во овој момент се прави идентификација, се утврдуваат местата на живеење на патниците и веќе од вечерва и во текот на утрешниот ден епидемиолозите, со асистенција на припадници на Министерството за внатрешни работи ќе направат со нив интервјуа и согласно податоците коишто ќе ги дадат, согласно нивната здравствена состојба, анализа на контактите коишто тие ги имале, ќе бидат преземени соодветни мерки. За сето тоа подетално ќе ве информираме во текот на утрешниот ден откако сите контакти, податоци и интервјуа ќе бидат завршени. Вечерва пациентите ќе бидат пренесени со специјалниот транспорт на Здравствен дом Скопје на Клиниката за инфективни и фебрилни болести каде што дежурната екипа е подготвена да ги пречека“, истакна министерот Филипче.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

filipce-venko

Пациентите со коронавирус дошле пред осум дена со автобус во Македонија, се бараат другите патници

Министерот за здравство, Венко Филипче кажа дека сопружниците кои имаат коронавирус имаат 62 и 68 годишна возраст. Тие во Македонија влегле на 27 минатиот месец. Тие се јавиле на 2 март со лесни симптоми кај матичниот лекар, кој ги пратил на домашно лекување, бидејќи не сфатил дека станува збор за коронавирус.„Земени се брисеви, направени се тестовите. За време на престојот дома, тие кажуваат дека имале контакт со братот на жената. Во попладневниве часови од епидемиолозите се прави разговори со роднината, за да се види дали само тој ќе биде во изолација или и неговото семејство. Се прави идентификација на лицата кои се превзеувале со истиот автобус со кои дошле сопружниците“, вели Филипче.Двајцата сопружници од Дебар имаат лесна клиничка слика.

Македонија | пред 6 години

korona-virus-1111

Два нови случаи на коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека денеска во попладневните часови, на коронавирус се тестирани двајца нови пациенти и нивните резултати се позитивни на вирусот.Според информацијата која ја имаме во моментов, станува збор за сопружници од Дебар, кои пред неколку дена се вратиле од Италија.Министерството за здравство ги собира деталите за пациентите. Со дополнителните информации, Венко Филипче ќе одржи прес конференција во 19:30 часот во Владата на Република Северна Македонија.

Македонија | пред 6 години

0603202_Nikolovski-Hodza-4

Николовски- Хоџа: Граѓаните ги препознаваат политиките што водат напред, затоа коалицијата СДСМ-БЕСА победува на 12 април

Интегрални обраќања на генералните секретари на СДСМ и Движењето БЕСА. Истите ви ги пренесуваме во целост:Љупчо Николовски:Повод за денешната работна средба е операционализација на нашата коалициска соработка согласно потпишаниот договор, а во фокус на програмската понуда за претстојните парламентарни избори.Првата предизборната коалиција меѓу македонска и албанска политичка партија е логично продолжување на сите досегашни политики и заложби за напуштање на концептот на поделби по етничките кампуси за сметка на создавање цврсти темели на новата политичка платформа на СДСМ за градење „едно општество за сите“.Заедно сме посветени на рамноправен развој во сите сфери и области, и низ целата држава без оглед на етничката, верската или каква било друга припадност.Борбата против високата корупција, борбата против криминалот на сите нивоа на власт и обезбедување на клучни темелни реформи во судството ќе продолжи уште позасилено.Се обврзуваме на давање еднаква можност на секој професионалец во нашата земјата и негово вклучување во сите владини механизми за создавање подобри услови за сите граѓани на земјата со цел да ја градат својата иднина овде во нашата земја.Интеграцијата во Европската унија останува единствената опција. Нема друга алтернатива за нашата земја, затоа целиот професионален и кадровски потенцијал на двата политички субјекти го ставаме во служба на европската агенда на Северна Македонија.Тоа е реализација на врвниот интерес на огромното мнозинство на граѓани без оглед од кои етнички заедници доаѓаат или припаѓаат.Убедени сме дека оваа храброст, оваа визија на Движењето БЕСА ќе биде наградено од гласачите заради храброста и вербата во вистинско граѓанско обединување, нешто што за прв пат се случува во историјата.Со заокружена програмска и кадровска понуда која ќе биде рефлексија на мултиетничкото општество, ќе промовираме модел на разбирање на различностите, на различните потреби, но и соработка врз принципите и вредностите на меѓусебната почит.Живееме во заедничка куќа во која сите граѓани, без разлика на етничка, верска или политичка припадност се исти и за нас се важни. Со ова ставаме цврсти темели токму на таа заедничката куќа.Со чесна и одговорна понуда победничката коалиција СДСМ-БЕСА претендира да освои најмногу мандати во 6-та изборна единица која е генерално мерило за легитимитетот пренесен од гласачите Албанци.Но за очекување е дека оваа коалиција ќе победи во сите останати 5 изборни единици. Со тоа ќе забележи убедлива победа на изборите на 12 април, со што реформите, напредокот и интеграцијата засилено ќе продолжат, а обновата на режимот, на криминалот и изолацијата ќе бидат повторно и силно поразени.Граѓаните ги препознаваат овие политики. Политиките особено што носат интеграција во НАТО и ЕУ, политиките што носат повеќе инвестиции, што носат повисоки плати, што отвораат нови работни места, што го отвораат пазарот пазар и во НАТО од 4 милијарди евра годишно и отвораат фондови од 2 милијарди евра што доаѓаат од ЕУ уште од оваа година.Затоа на 12 април ќе победат граѓаните, ќе победи Коалицијата СДСМ-БЕСА, ќе победи концептот Едно општество за сите.Арјанит Хоџа:Задоволни сме како досега напредува соработката во коалицијата.Со секое наше ново среќавање сме уште посигурни дека ова е победничка коалиција и ќе даде нов квалитет во односите меѓу поголемите заедници Македонците и Албанците како и другите етнички заедници во нашето општество.И во програмска и во кадровска смисла оваа коалиција пред граѓаните излегува со понуда која е во интерес на сите граѓани.Затоа, ја користам оваа прилика да ги повикаме сите, посебно Албанците заради БЕСА, масовно да ја поддржат нашата мултиетничка коалиција.Нивниот глас ќе има двојна вредност на 12 април. Гласаат за победниците и ова е коалицијата на иднината. Во нашето коалиција нема големи и мали. Ние сме рамноправни партнери кои меѓусебно се почитуваат и си ги уважуваат разликите.Ќе обезбедиме подобар живот. Албанците уште од сега знаат дека ова е владина коалиција која ќе добие чист мандат да ја спроведе својата програма.Веќе нема неизвесност, веќе нема тајни. Нема ловење во матно. Се е чист однапред поставено и на виделина.Никогаш порано, правата на Албанците не биле позаштитени и со поголеми гаранции и тоа секому му е јасно.Поставуваме нови стандарди во политичкиот плурализам, го унапредуваме нивото на демократија во нашето општество.Затоа оваа коалиција е најголема и победничка, затоа на 12 април граѓаните ќе потврдат дека ние сме на вистински пат.фото и видео: СДСМ

Македонија | пред 6 години

darko-poposki

Попоски: Добронамерно им сугерираме на сите учесници во изборниот процес, да се воздржат од непримерни квалификации и неодмерени „ветувања“

Видовме билборди кои беа запалени. Видовме и расфрлани флаери по влезовите на зградите. И во едниот и во другиот случај, заеднички именител на содржината која „предизборно“ ни се нуди е - Кои се поголеми крадци? Тоа е сѐ засега. Тоа го нарекуваат „натпревар на идеи, истакна портпаролот на ГДУ- Дарко Попоски.За влијанието кај јавноста можеби и не сме сигурни, но, еве, барем нас во Граѓанско Демократската Унија не уверија - Да, ви веруваме дека сте крадци, разликите лежат во нијансите! Ова треба да биде начинот на комуникација до денот на изборите?Добронамерно им сугерираме на сите учесници во изборниот процес, да се воздржат од непримерни квалификации и неодмерени „ветувања“. Јавноста заслужува многу повеќе од досега покажаното поведение од сите нас како политички субјекти.Сите кандидати за пратеници се натпреваруваат да бидат идни членови на Законодавниот дом на Република Македонија. Довербата кај јавноста се  гради и сега, независно од изборниот резултат, таа доверба влијае во општата оценка на сите учесници дека одговорно и посветено ќе работат вонајдобар интерес за земјата и нејзините граѓани.Почитувани, да покажеме дека ја заслужуваме таа доверба, истакна портпаролот на ГДУ- Дарко Попоски.

Македонија | пред 6 години

siluvanje

Очув две години вршел обљуба врз малолетничка

На 06.03.2020 околу 05.00 во шума помеѓу скопските села Паничари и Буковиќ, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Т.(48) од Сарај, скопско, кој се барал по распис од СВР Куманово поради сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое ненаполнило 14 години“. На 26.09.2019 во СВР Куманово било пријавено дека Ф.Т. извршил обљуба врз 14 –годишно девојче од село од општина Липково, на кое и бил очув. Подоцна, во разговор со полициски службеници девојчето изјавило дека нејзиниот очув и претходно(уште кога имала 12 години), во повеќе наврати извршил обљуба врз неа. Ф.Т. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.фото:Архива

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања