Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

izbori-02

Отфрлена кривична пријава за изборни нерегуларности

Основното јавно обвинителство Тетово донесе решение со кое ја отфрли кривичната пријава поднесена од политичката партија ВМРО ДПМНЕ за сторени изборни нерегуларности против повеќе претседатели, заменици  претседатели  и  членови на Избирачките одбори  во општините Желино и Боговиње, против непознати лица кои помагале со потикнување, помагање и соизвршителство, како и против полициски службеници кои ја вршеле својата службена должност на обезбедување на избирачките места за време на гласачкиот процес за референдумот на 30.09.2018 година. Според наводите од пријавата, пријавените се товареа дека ги сториле кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „несовесно работење во службата“ , „злоупотреба на избирачко право“, „ изборна измама“, „ фалсификување или уништување деловни книги“ и „повреда на тајноста на гласањето“.Јавниот обвинител кој постапуваше во предметот презеде дејствија за проверка на наводите во пријавата, при што ги сослуша пријавените лица и ја прибави целокупната документација од надлежните органи, меѓу кои Министерството за внатрешни работи и Државната изборна комисија. По преземање на дејствија за прибирање на материјални и вербални докази во предметот, надлежен јавен обвинител утврди дека записниците на избирачките одбори од спроведеното гласање на државниот референдум се уредно пополнети и потпишани од претседателите и членовите на одборите без притоа да биде  наведено дека имало какви било нерегуларности и неправилности  во гласањето. Наведеното во записниците е потврдено со изјави дадени од сите осомничени. Нерегуларности не биле констатирани ниту од други лица кои биле ангажирани за следење на изборите, како што се набљудувачите од МОСТ. Во дадените изјави, полициските службеници кои на изборниот ден ги обезбедувале избирачките места истакнале дека на денот на изборите немало ситуација од која би произлегла потреба да реагираат во поглед на преземање на службени дејствија за пријавување и отстранување неправилности.По анализа во предметот, надлежниот јавен обвинител утврди дека нема каков било материјален или вербален доказ за потврда на наводите од поднесената пријава, по што одлучи истата да ја отфрли од причини што во дејствијата на пријавените лица не се содржани елементите на кривичните дела кои им се ставаат на товар ниту пак во нивните дејствија се содржани елементите на некое друго кривично дело за кое се гони по службена должност.​фото: Архива

Македонија | пред 6 години

2222222

ВИДЕО: „БДМ“ освојуваат со модерно и електронско парче музика кое ќе се промовира и во Белград

Feel e четвртиот сингл на македонското продуцентско трио, BDM, овојпат во соработка со пејачката Валери. И овој пат песната е на англиски јазик, а  е снимена во студиото на Paragon Record Label. Ова е прва соработка на Валери со BDM. Момците од продуцентското трио, во состав Дуле и Бранко Вељановски и Мартин Делимитов, се автори на музиката, а за мелодиската линија и пеењето беа ангажирани повеќе пејачки меѓу кои Тамара Тодевска, Јова и самата Валери. Текстот го напиша Валери, заедно со BDM.„И во Feel сакавме да го задржиме препознатливиот електронски звук што го промовиравме и досега. Ова е модерна, амбиентална песна, отпеана на англиски јазик, бидејќи дистрибуцијата ја работи во целост Paragon Record Label, а тоа ни овозможува да бидеме чуени и присутни на сите музички онлајн платформи. Валери подолго време е дел од тимот на Paragon Record Label, така што ова беше вистинскиот момент за заедничка соработка“, велат од BDM.За песната е снимено и видео во режија на Горан Симјаноски. Главната улога во видеото ја има танчерката и кореографка Јана JP Петровска.„Деталите секогаш биле нешто на што особено сме внимавале, па шарените патики на Сатја и Swithadot вторпат се дел од наше видео, а ќе бидат и заштитен дел и од секој следен спот издаден од артистите на Paragon Record Label“, додаваат тие.Момците од BDM на 10 март ќе настапат во Белград, на SAE Live, каде што Feel ќе ја има својата официјална промоција во живо. Настапот во СКЦ во Белград ќе биде почетокот на нивните настапи во живо. Од BDM најавуваат дека во 2020 година ќе го промовираат својот прв албум, State Of Mind, прво пред македонската публика, потоа и на меѓународни настани и фестивали.

Магазин | пред 6 години

Bojan-Reket

Радуловиќ: На Боки 13 му дадов пари за да ни купи скапи лекарства, а му помагав и телевизијата

Српскиот продуцент и композитор Александар Фута Радуловиќ, сопруг на Марина Туцаковиќ, денеска сведочеше на судењето за случајот “Рекет”.  Тој е на предлог на одбраната односно предложен од адвокатот на Боки 13.Радуловиќ кажа дека на Бојан му дал пари за да им донесе лекарства од Милано.-На вечерата во мојот дом беше моето семејство и Бојан со неговата мајка Јасмина, нејзината кума и возачот Тони. Тогаш зборувавме за скапите лекарства кои и беа потребни на мојата сопруга од странство, и гардероба, за што имаа исти интерес со Бојан. Таа поради болеста ослаби многу и мораше да набави нова гардероба, а бидејќи по тоа прашање се сродни души, требаше да ја купи Бојан. Тој требаше да оди во Милано и требаше да ја направи набавката, рече Радуловиќ.Сведокот во продолжение на својот исказ потенцираше дека со Бојан Јовановски не е скаран, туку дека се добри пријатели со него и неговото семејство.Радуловиќ рече дека во изминатите две години му давал пари на Бојан Јовановски и бил дел од финансоерите на 1ТВ. фото: Архива

Македонија | пред 6 години

mkd-329127

Пукале и ограбиле бензинска во Бутел

Двајца разбојници пукале во воздух при грабеж на бензинска пумпа во Бутел дознава 24 инфо.Разбојништвото се случило по 23 часот на улицата Александар Урдаревски во пумпа на Макпетрол.Според очевидци, арамиите со пиштоли им се заканиле на вработените по што испукале курѓум во воздух, ги зеле парите и избегале со автомобил.Ова е втор грабеж вечерва откако претходно во Драчево беше огрбена обложувачница.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

pavle

Богоевски: Целосното укинување на патните трошоци за пратениците е мошне благородна и нужна идеја, иако можеби малку непрактична

ФБ статус на Павле Богоевски:-Целосното укинување на патните трошоци за пратениците е мошне благородна и нужна идеја, иако можеби малку непрактична.Но, вистинските непотребни трошоци не се само кај пратениците. Треба да се направи темелна анализа на оправданоста за сите привилегии на јавните функционери.Ако земеме предвид дека законодавната е посебен столб на власта, подеднакво важен како извршната и судската и дека сегашните патни трошоци на пратениците се дефинитивно превисоки и неоправдани - тогаш дали секое јавно државно или локално претпријатие треба да има и заменици директори со голем помошен персонал и којзнае колку службени возила?Особено ако знаеме дека во државава има многу повеќе директори, заменици, раководители и сл. од што има пратеници.Да, не е во ред пратеници да наплаќаат илјадници евра за патни трошоци. Но дефинитивно и не е во ред да имаме три секретарки и пет коли по глава на директор!Ако овие трошоци се помалку видливи од оние на пратениците, не значи дека не треба да бидат адресирани.п.с. Основната претпоставка за силно Собрание е пратеници кои ги имаат потребните услови за да можат слободно, независно и ефикасно да ја вршат својата функција. Тврдам дека сегашните услови не го овозможуваат тоа, напиша на својот ФБ профил Павле Богоевски.https://www.facebook.com/PavleBogoevski/posts/10220505148121774

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Обвинение за убиство во обид, го удрил со тупаница во задниот дел на главата, па продолжил да го мава со дрвен стол 

Основното јавно обвинителство во Велес  поднесе Обвинителен акт против лице на 60-годишна возраст од Богданци за кривично дело Убиство од член 123 став 1 во врска со член  19 (во обид) од Кривичниот законик.Обвинетиот на 11.10.2019 година околу 20.30 часот, под дејство на алкохол од 2,97 прoмили во крвта, во дворот од својата куќа во Богданци со умисла се обидел да го лиши од живот оштетениот со кој заедно дента консумиралe алкохол.  Обвинетиот го удрил оштетениот со тупаница во задниот дел на главата, па откако го турнал на земја, подигнал  дрвен стол  и неколкупати го удрил оштетениот во пределот на главата. Од ударите му нанесол тешка телесна повреда со конкретна опасност по животот.Обвинителството со поднесување на обвинението во Основниот суд Велес достави и предлог за продолжување на определената мерка притвор на обвинетото лице,  бидејќи се уште постојат основите поради кои истиот е определен.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

matka-1

Гардијан: Кањонот „Матка“ меѓу десетте најубави европски кањони

Кањон Матка e кањон на реката Треска, десна притока на Вардар, зафаќа површина од околу 5.000 хектари и се наоѓа на 17 километри југозападно од Скопје. Според морфогенетските карактеристики претставува клисура-пробојница. На овој простор посебно внимание заслужуваат карстните форми.  Тоа се десетте пештери со должина од 20 до 176 метри и двата пропасти со длабочина до 35 метри.По долината на реката Треска има таинствен свет со прекрасни пештери, високи карпи, големо богатство на дабови и букови шуми, белоглави орли и ретки животински видови. На локалитетот Матка се откриени два нови видови на вистински пајаци и пет лажни скорпии. Во кањон Матка се регистрирани 119 видови дневни и 140 видови ноќни пеперутки. Значајно е да се напомене и тоа дека во кањонот Матка се среќаваат 77 видови на балкански ендемични мали пеперутки, а уште 18 други видови се нови за науката.Во Матка има десетина пештери со должина од 20 до 177 метри и две провалии со длабочина до 35 метри, а најпознати се пештерите Врело, Кршена и Убава кои имаат слична должина. Пештерите се полни со сталагмити, столбови и сталактити. Кањонот на реката Треска е најважниот искачувачки центар во северниот дел на Македонија и главните искачувања започнуваат на пролет кога доаѓаат посетители од цела Европа. Сезоната продолжува во текот на летото и есента до ноември, кањонот на реката Треска е отворен и за кајакарство.Кањонот Матка се најде во репортажата на британски „Гардијан“ меѓу десетте најубави европски кањони.фото: macedonia-timeless.com

Скопје | пред 6 години

vucic

Србија ја крева подготвеност за евентуален нов бран мигранти, ако треба ќе се затвори границата со Македонија

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа издал наредба до српските безбедносни служби да ја подигнат својата подготвеност за евентуален нов бран мигранти.Како што пренесува агенцијата БИА, доколку мигрантите евентуално успеат да ја поминат грчко-македонската граница, тогаш Србија целосно ќе ја затвори границата со Македонија и нема да дозволи влез за ниту еден бегалец.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

divogradbi

Продолжи акцијата за уривање дивоградби во Охрид

Далеку од очите на јавноста и без официјални информации за јавноста деновиве во Охрид продолжи уривањето на дивоизградени објекти.Општина Охрид за „Скопје 1“ потврдува дека се спровела оваа акцијата на улицата „Марко Нестороски“ врз објект каде се уриваше дивоизграден потпокрив и потпорни ѕидови.Претходно беше најавено уривање на дивопоставените плажи, но таа акција беше одложена по што беше најавено дека привремено ќе прекинат сите активности за уривање дивоградби.Во Охрид на сила е мораториум за градба, а урбанистичките планови не се носеа со децении, па тоа ги принуди граѓаните да градат дивоградби за да продолжат нормално со животот и да ги задоволат потребите од простор.фото: Скопје 1

Македонија | пред 6 години

petar

(ФОТО) Богојески го стави во мирување членството во ВМРО ДПМНЕ,вели сакам да бидам граѓански, независен кандидат за пратеник

ФБ статус на Петар Богојески:Заклучно со 29.02.2020 година, го ставам во мирување моето членство во ВМРО ДПМНЕ, поради намерата да бидам граѓански, независен кандидат за пратеник.Никогаш нема да прифатам членство и идентитет во друга политичка партија, а моето повторно активирање во ВМРО ДПМНЕ е условено од развојот на настаните внатре во партијата, нејзината демократизација, модернизација и европеизација, без разлика дали е на власт или во опозиција.Најголем срам за еден реформатор е да постане реставратор на она што се борел да го реформира! Јас не сум и не можам да бидам тоа! Јас не можам да поткрепам обнова на минатото, на она кое целосно ја разобличи партијата! Јас останувам убеден дека ВМРО ДПМНЕ треба длабоко, длабоко да се реформира, ако сака воопшто да продолжи да се нарекува ВМРО!Изминативе 25 години (од мои 15 до 40 години) бев активен член на партијата. Имам и добри и лоши спомени… премногу емоции… победи и порази… стекнати и изгубени пријателства… но горд на мојата посветеност на партискиот активизам!Причината да станам дел од ВМРО ДПМНЕ беше мојата искрена љубов кон македонската Кауза, убеден во Идејата, со желба да го продолжам Делото на Организацијата! Во далечната 1995 година, јас потпишав пристапница во една понаква ВМРО ДПМНЕ… поинаква изјава… поинаков Статут… поинакви цели и вредности… други искрени луѓе, вљубеници во Македонија! Денес не остана скоро ништо од тоа дамнешно ВМРО ДПМНЕ, во кое се заљубив на млади години. Не остана ништо од тој национален романтизам, тоа народно будење, таа борба за слобода и човечки правдини!Денешнава “Обнова на бандитизмот”, простете не е моја!Јас робувам на идејата и убедувањата, на вредностите и принципите, но никако на “партиските султани”! Јас сум убеден републиканец и роб на слободата! На база на истата Кауза и истите вредности, во кои верувам цел живот, се посветувам на промоција на нешто што го нарековме Македонски концепт, нешто што почива на Идејата и има амбиција да го продолжи делото на Организацијата.На сите мои пријатели и партиски другари, секако и на неистомисленици, Ви посакувам се најдобро, многу среќа и успех, здравје и љубов кон Македонија!Да живее ВМРО и Македонија!фото: ФБ

Македонија | пред 6 години

Posti

Пост од желба или мода? За сите оние кои не јадат месо и мрсно, но ги јадат сите околу себе

Во тек се Велигденските пости. Првата недела голем број верници постаат, но дали сите знаат што всушност значи постот. Дали со тоа што не конзумираат храна од животинско потекло и млечни производи можат да си ја исчистат душата?  За сите оние кои што постат, но и за сите останати ви ја пренесуваме приказната на старецот Гаврил Грузијски, истата ќе ви помогне да сфатите што постот всушност значи, пишува порталот Покајание.Ја пренесувам приказната во целост:Го прашав старецот Гаврил како да постам. Кога тоа го прашав ме погледна, молчеше некое време, а тогаш ме тргна на страна никој да не слуша. Ми го раскажа цел мој живот, сите мои гревови кои ги имам направено од детство, како да бил покрај мене.Бев многу потресен. Запрепастен. Почнав да плачам. Кога се смирив повторно седнав, старецот ме смируваше.Тогаш донесе некое послужување и рече: “Ајде земи, послужи се.” Вознемирен реков: “Оче, не можам сега ништо да јадам.”Старецот Гаврил тогаш рече: “Ете дете мое, тоа е пост. Кога ќе ги видиш сите гревови, па од болка не можеш да јадеш.”Модерните верници заборавија, а многу веројатно не ни слушнале за зборовите и толкувањата на владиката Николај Велимирович кој рече дека постот се состои од воздржување од мрсна храна, лоши мисли, лоши дела, како и множење на молитвата, воздигнување на христијанските вредности бидејќи постот не е само телесен туку и духовен.Постот е владеење со себе. Не станува збор само за храната, за време на постот треба да имаме различно однесување. Ако се пости само со храна, тогаш станува збор за обична диета.За христијаните душата е поважна од телото, а со храна се пости за да организмот полесно да се прочисти следствено на духовниот пост. Битно е да запаметиме три работи доколку сакаме да бидеме вистински христијанин.За духовниот пост битно е каењето, молитвата и добрите дела, а за телесен пост избегнување месо, млеко и јајца.фото: Архива

Магазин | пред 6 години

Studencisko_blato_05032020002

Изготвена студија за валоризација на просторот на студенчишко блато

Општина Охрид изготви „Студија за валоризација на просторот на Студенчишко блато заради негово прогласување за заштитено подрачје“.Изготвувањето на студијата е дел од Програмата за заштита на животната средина и природата за 2019 година, а за нејзино изготвување беше задолжено Друштвото за еколошки консалтинг „Деконс Ема“ од Скопје.Во рамки на подготовката на студијата беа ангажирани експерти од Институтот за билогија на Природно-математичкиот факултет од Скопје, Хидробиолошкиот институт од Охрид како и претставници на други институции.Во студијата е потенцирано големото значење на биолошката разновидност која ја поседува Студенчишкото блато во целокупниот еко систем на Охридскиот регион. Исто така посочени се и актуелните закани за блатото, како и сите препораки за негова соодветна заштита. фото: Општина Охрид

Македонија | пред 6 години

hotel-karantin

Тестовите на корона вирус на двајцата странци се негативни

Министерството за здравство информира дека се негативни тестовите на двајцата странци, едниот државјанин на Сингапур, другиот на Австралија, кои од 28 февруари престојуваат во Скопје.Денеска по пријава на хотелот, епидемиолозите од Центарот за јавно здравје – Скопје од пациентите земаа брисеви за тестирање во нивната хотелска соба, каде тие останаа до добивањето на резултатите. Тие денеска ќе бидат упатени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби за третман соодветен на дијагнозата.Во текот на денешниот ден беше направен и контролен тест на единствената заболена пациентка од корона вирус и нејзината ќерка, со која таа е во контакт и двете во изолација на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.Тестот на пациентката е негативен на корона вирус, што значи дека опаѓа нејзината инфективност, но согласно процедурата, истиот ќе биде повторен по 48 часа. На корона е негативна и нејзината ќерка.На денешната прес-конференција, Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, информираше дека утрово на редовниот состанок со Комисијата за заразни болести и формираниот комитет за следење и информирање за состојбата со корона вирусот било предложено Владата да ја продолжи препораката за неодржување на јавни масовни собири и спортски натпревари без публика, до 13 март. Препораката ќе биде ставена на дневен ред на утрешната седница на Владата.На барање на Министерството за здравство во соработка со мобилните оператори, сите патници од странство, при влез во нашата држава, ќе добиваат СМС порака со препорака да се јават на телефонскиот број на Институтот за јавно здравје  доколку имаат симптоми на вирусот, независно на кој од четирите оператори ќе се поврзат (Т-Мобиле, А1, Лајка Мобајл и Телекабел).фото: Архива

Скопје | пред 6 години

grubi

Груби: Училиштето кое до вчера ги бркаше Албанците, денес е 100 отсто албанско

Артан Груби, шеф на кабинетот на лидерот на партијата Али Ахмети, во својот пост на Фејсбук за преименувањето на училиштето „Никола Вапцаров“ во „Имри Елези“, напиша:„Мајка ми, учителка, беше дел од училиштето уште од првиот ден од основањето, заедно со тетка ми, сопругот на тетка ми, кој веќе е починат и беше првиот од албанските учители што го избркаа заедно со многу други.Колку ѓаволски креативни причини се измислуваа за да ги избркаат од работа, од употребата на албанскиот јазик, до цртање на орелот на таблата, подигнување на два прста, заговори и друго.Мајка ми се пензионираше во истото училиште каде ги виде и ги доживеа сите предизвици на системот заедно со другите наставници, но сите тие не запреа и израснаа многу здрави генерации.Ардијан, мојот постар брат, Ветон, мојот помал брат, јас, мојата ќерка Хера до вчера, мојата втора ќерка Јуна од годинава, ние сите сме дел од генерациите на тоа училиште со многумина од моето семејство и пријатели.Тоа училиште чиј директор до вчера беше Трајко, денес ја има Мерита, до вчера ги бркаше Албанците, денес е 100 отсто албанско, вчера се викаше „Никола Вапцаров“, денес се вика „Имри Елези“, име на ученик на ова училиште, паднат борец!Каков е овој живот, на крајот, народот, правдата, секогаш издвојува победа!“, напиша Груби.https://www.facebook.com/GrubiArtan/posts/10219606165618642

Македонија | пред 6 години

siluvanje

Свекор обљубил 19-годишна снаа

На 4.3.2020 во 15:00 часот во Одделението за внатрешни работи Прилеп, 19-годишна девојка од радовишко село пријавила дека во периодот од 26.2. до 2.3.2020 година во семејната куќа во прилепско село нејзиниот свекор (очув на нејзиниот сопруг), Т.Б.(67) извршил обљуба врз неа.Т.Б бил лишен од слобода и задржан во Одделението за внатрешни работи Прилеп за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

DSC_0283

Донација од Сојузна Република Германија за Министерството за внатрешни работи

„Соработката помеѓу двете министерства е на високо професионално и пријателско ниво, веќе долги години наназад. Воедно, што е особено важно, искрено верувам дека има и тоа како широк простор тоа наше партнерство уште повеќе да го интензивираме и продлабочиме не само во поглед на заедничката борба против сите видови на криминал, туку и во сите други сегменти во коишто споделуваме заеднички интереси и вредности, а се разбира, пред се во интерес на граѓаните на двете земји“.Ова, меѓу другото, денеска во Министерството за внатрешни работи го истакна министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, а по повод примопредавањето на новата донација на возила од страна на германското министерство за внатрешни работи наменета, пред се, за потребите на граничната полиција.Министерот Чулев потенцираше дека поддршката што Сојузна Република Германија ја дава на нашата земја, односно на Министерството за внатрешни работи во делот на граничнaтa контрола и безбедност има за цел унапредување на работењето при извршувањето на граничните работи и вршењето надзор и контрола, но и унапредување на безбедноста на државната граница. „Се разбира, тоа за нас е од големо значење и бездруго ќе придонесе за зајакнување на веќе одличните односи помеѓу двете земји“, нагласи министерот Чулев.Инаку согласно договорот за донација станува збор за дваесет возила од марката „Дачија“ и „Рено“, чија што вредност е 287.557 евра, кои што ќе им бидат предадени на користење на полициските службеници од граничната полиција.фото: МВР    

Македонија | пред 6 години

Pomen-Manaki-1

(ФОТО) Одбележани 56 години од смртта на Милтон Манаки

На Власшките гробишта во Битола, денес му беше оддадена почит на еден од браќата - првите сниматели на Балканот, Милтон Манаки, кој почина на денешен ден пред 56 години.Свежо цвеќе на гробот на Милтон Манаки положија градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, претставници на Советот на Општина Битола, претставници на Кинотека на Македонија, на Комуната на Власите во Битола, Архивот на РСМ, Фестивалот Камера 300, Центарот за култура и претставници на дипломатскиот кор.„Нема ништо позначајно од ваквото одбележување, давање почит и сеќавање на браќата Манаки, на оние кои што оставија толку голем белег и траг со своето постоење и работење и кои што ни овозможија како град да се промовираме на интернационално ниво. Во оваа прилика сакам да искажам голема благодарност на нивното дело, меѓутоа и обврска за нас како град да го чествуваме овој ден и обврска да го продолжиме нивното дело со респект и почит“, рече градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска.„Тука сме да му оддадеме почит на еден од првите сниматели на Балканот, на нивното заедничко дело со неговиот брат. Затоа достојно им оддаваме почит секоја година“, рече Стефче Хаџиантоновски, претседател на Комуната на Власите „Браќа Манаки“.Денешниот ден е спомен на уште еден голем настан, 41 година од раѓањето на идејата за почеток на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки”. фото: Општина Битола 

Македонија | пред 6 години

foker-100

На денешен ден се случи правата авионска несреќа во Македонија - се урна авионот Fokker 100 на Palair Macedonian Airlinesсе

На денешен ден, на 5-ти март 1993 година се урна авионот Fokker 100 на Palair Macedonian Airlinesсе, лет број 301, веднаш по полетувањето од скопскиот аеродром со крајна дестинација Цирих, пренесе Кајгана.Во авионот Fokker 100 имало 92 патника и 5 члена на екипажот од кои загинале 83, а 14 биле повредени. Пилот бил искусен 49-годишен Холанѓанец со 11.200 часови лет, додека копилотот бил 34-годишен Македонец со 5.580 часови лет кој претходно бил пилот во Jat Airways. Повеќето патници биле од Косово кои работеле во Швајцарија.Веднаш по полетувањето во 11.11 часот авионот не успеал да ја достигне потребната висина, а причината била мраз на крилата. Временските услови биле со 900 метри видливост, но паѓало снег. Истрагата покажала дека причината за падот биле пропусти во процедурата за одмрзнување на мразот на крилата. За мраз биле проверени само почетните делови на крилата каде бил востановен снег кој не претставувал опасност бидејќи веќе се топел.Ниту пилотите, ниту лицата задолжени за одмрзнување не знаеле дека горивото сместено во крилата било со многу ниска температура и допринело стопениот снег да се претвори во мраз додека авионот чекал дозвола за полетување.Извор: Кајганафото: Bureau of Aircraft Accidents 

Македонија | пред 6 години

hotel-karantin

(ВИДЕО) Хотел во центарот на Скопје во карантин, се тестира турист за коронавирус

Двајца странски државјани сместени во хотел во центарот на Скопје, се испитува дали имаат коронавирус, откако пријавиле дека два дена имаат симптоми слични на настинка, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.Како што информираше министерот за здравство Венко Филипче едниот од двајцата е жител на Австралија, а другиот е од Сингапур. И двајцата допатувале во земјава на 28 февруари, со лет преку Келн, Германија, а изминатите три дена пројавиле симптоми на настинка.За нивната состојба тие информирале преку телефонска линија од хотелот, по што веднаш се испратени епидемиолози кои што со нив разговарале и направиле акета каде изминативе денови се движеле и со кого контактирале.фото: ТВ 21

Скопје | пред 6 години

04032020_MZ_Filipche_pres-konferencija-1

Филипче: Препорака до Владата неодржувањето на јавни масовни собири и спортски натпревари да продолжи до 13 март

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, на прес-конференција информираше дека утрово на редовниот состанок со Комисијата за заразни болести и формираниот комитет за следење и информирање за состојбата со корона вирусот било предложено Владата да ја продолжи препораката за неодржување на јавни масовни собири и спортски натпревари без публика, до 13 март.„Препораката да не се одржуваат масовни собири, како и големи спортски натпревари, на коишто очекуваме луѓе од странство, да се одржуваат без публика и да се продолжи уште една недела, до 13-ти март - следниот петок. Оваа мерка доаѓа како резултат на тоа што бројот на лица во Европа континуирано се зголемува“, информираше министерот Филипче.Тој истакна дека нема нови тестирани пациенти на корона вирус на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Здравствената состојба на единствената пациентка со корона вирус е добра.Министерот Филипче соопшти дека екипа на епидемиолози прават разговор со двајца странци сместени во хотел во центарот на Скопје, кои во изминатите 3 дена имаат симптоми на настинка. Во државата стигнале на 28 февруари со авионот на „Wizz Air“ од Келн. Едниот е државјанин на Австралија, а другиот на Сингапур. Со епидемиолозите разговараат за контактите што ги имале и за 3 до 4 часа ќе бидат готови и нивните резултати од тестирањето на корона. Тие засега остануваат изолирани во хотелската соба каде што двајцата биле сместени.„Имавме разговор со мобилните оператори со цел да воведеме уште една мерка на контрола. Мобилните оператори излегоа во пресрет и чекаме да се изработи техничко решение со кое сите странци кои влегуваат во нашата земја со посебна порака ќе бидат известени за тоа што треба да преземат и каде да се јават доколку им се јават симптоми на болеста. Идентични податоци од флаерот којшто го добиваат на некои од граничните премини или на аеродромите во текстуална порака ќе им стигне веднаш откога ќе се вклучат на било која од нашите мрежи. Мобилните оператори најавија дека оваа можност ќе биде во функција уште денеска, за што им благодарам“, потенцираше министерот Филипче.Околу 4250 лица се заболени од корона вирус во регионот Европа, скоро 1000 повеќе од вчерашниот ден. Во нашиот регион, има нови пациенти со корона вирус, еден во Словенија и двајца во Република Србија.„Синоќа разговарав и со нашиот конзул во Италија. Италија ги затвори сите училишта и универзитети до 15 март, а во Северна Италија остануваат во сила донесените мерки. Конзулот има најава дека има наши државјани коишто се на работа таму и поради овие мерки, бидејќи голем дел од нив не можат да одат на работа, некои веќе сакаат да се вратат во нашата земја. Тој работи на тоа да има интензивна комуникација со нив за да евентуално поголемите организирани групи на наши граѓани кои би доаѓале во Италија се најават претходно, со цел да имаме подобар увид на влезот на патници“, истакна министерот Филипче.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

sovetnik-kuce

(ВИДЕО) Советник на Македонски Брод насилно шутира куче!

Нова снимка на која се гледа како возрасен маж брутално шутира куче пред локал повторно ги вознемири корисниците на социјалните медиуми. Снимката е направена пред локал, а се претпоставува дека лицето на видеото е Бране Јовановски, независен советник во општина Македонски Брод, кој е идентификуван од страна на сограѓани.Советникот во изјава за А1.он демантира дека го малтретирал кучето, а на прашањето зошто го направил тоа, одговорил „Море што ме малтретираш човек, што е проблемот? Абе пијан човек, куче на улица ко куче на улица, што има да се расправам со тебе јас? Ај остај ме да спијам, не сум арен, остај ме ајде“.https://www.facebook.com/ivana.italy/videos/10213858821779440/фото: ФБ 

Македонија | пред 6 години

Kina-korona-virus

Филипче: Австралиец и Сингапурец со симптоми на коронавирус и во хотелска изолација

Тестови од двајца странски државјани кои на 28 февруари дошле во земјава, едниот од Австралија, другиот од Сингапур во моментов се тестираат на Инфективната клиника во Скопје, изјави министерот за здравство Венко Филипче.Министерот кажа дека здравствените власти биле информирани од страна на хотелот во Скопје, каде што се сместени туристите.Филипче појасни дека туристите дошле со авион на „Визер“ од Келн во Скопје.Резултатите од испитувањата ќе бидат познати за неколку часа,фото: Архива

Македонија | пред 6 години

milososki-antonijo

Истрагата за “Моќник”, каде еден од осомничените е Антонио Милошоски е завршена

Истрагата за случајот “Моќник”, во кој еден од осомничените е пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, е завршена, дознава “Фокус” од извори во Обвинителството. Ова значи дека наскоро ќе биде поднесен и обвинителен акт, кој доколку биде позитивно оценет, ќе следува и судски процес.Истрагата за овој случај ја отвори СЈО, а од неодамна републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески ја овласти обвинителката Фатиме Фетаи да го доврши предметот. Засега е непознато дали обвинение ќе биде поднесено за сите 13 лица кои на стартот беа осомничени, а меѓу кои беа и пратеникот Милошоски и неговиот татко.Според информациите кои СЈО ги објавуаше јавно, под влијание на Милошоски, кој го опишуваа како моќен пратеник, багателно се распродавал имотот на државата и општински имот, на негови блиски луѓе, а преку измама на советниците во општината, објави Фокус.мк.Текстот во целост на: Фокус.мк 

Македонија | пред 6 години

pavle

Богоевски: Се' уште, Антонио и криминалците слични нему се значаен дел од политичкиот живот

ФБ статус на Павле Богоевски:Нека трепка:"Иако градоначалникот не поднел тужба, сепак кај Милошоски предизвикал гнев и, според СЈО, ја искористил својата политичка моќ, па од име на претседател на Комисијата за надворешна политика поднесувал барања за секаков вид инспекциски и полициски контроли врз „Пуцко петрол“.Но, тоа не било сѐ. Сметајќи дека еден судија од Основниот суд во Кичево е близок со градоначалникот на Пласница и го штити, го поттикнал претседателот на Комисијата за лустрација Томе Аџиев, кој исто така е осомничен во предметот, да го лустрира судијата, за да му престане функцијата. За ова СЈО како доказ поседува телефонски разговор меѓу Милошоски и Аџиев.Аџиев постапил по барањето на пратеникот и заедно со членовите на комисијата го прогласиле судијата за кодош, односно донеле нарачана одлука за лустрација на судијата Драги Билески.Како резултат на оваа одлука Судскиот совет подоцна го разреши сега починатиот судијата Билески."Со вакви ѕверови си имаме работа. Уништуваат кариери, фамилии и животи, само поради комплексите кои толку упорно и насилно се обидуваат да ги сокријат.Се' уште, антонио и криминалците слични нему се значаен дел од политичкиот живот. Дали некој нормален може да верува дека зад критиките на вмро кон Зак за Јавно обвинителство и зад целата нивна преговарачка тактика се крие било што друго освен желбата за спас од прогон? Не.Овие луѓе припаѓаат во затвор, не на преговарачка маса.https://www.facebook.com/PavleBogoevski/posts/10220496458424537фото:  FB

Македонија | пред 6 години

aerodrom-1-219117

Косовски државјанин на аеродромот во Скопје сакал да помине со фалсификуван пасош

На 04.03.2020 во 11.40 часот на Граничниот премин „Меѓународен aеродром Скопје“, поради основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“, од слобода бил лишен X.J.(41) од Косово. За патување тој приложил македонска патна исправа на име на лице одс.Арачиново, скопско. Додека, при личен преглед и преглед на неговиот багаж била пронајдена косовската патна исправа. Х.Ј. бил предаден на инспектор од Регионалниот центар за гранични работи Север за понатамошна постапка.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања