Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

zemjotres-1

Земјотрес почувствуван во Струмица и Валандово

Земјотрес со локална Рихтерова магнитуда ML=2.6 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, утрово во 7:26 часот е почувствуван од населението во Струмица, Валандово и околината.  Епицентар се наоѓал на 120 км југоисточно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Струмица.„Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML=2.6, а беше почувствуван од населението во Струмица, Валандово и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала“ се вели во соопштението.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

DHL

(ФОТО)Фиат се заби во возило на ДХЛ – на местото на настанот и дваесетина специјалци

Фиат се заби во возило на ДХЛ – сообраќајката ја обезбедуваат околу 20 специјалци. Незгодата се случила утрово на улицата „Скупи“, во близина на болницата Систина. Улицата е блокирана за сообраќај, објави република.мк.Според едната верзија на очевидци од местото на настанот, постојат сомнежи дека се работи за грабеж, а според другата специјалците случајно се нашле на местото на настанот. Засегаа немаме потврдена информација.фото: Република.мк

Скопје | пред 6 години

rodenden-vucik

(ВИДЕО) Косовска Митровица му го честитаа роденденот на Вучиќ, еве како...

Граѓаните на Косовска Митровица му го честитаа 50-от роденден на српскиот претседател Александар Вучиќ на необичен начин, пренесе порталот „Косово онлајн“. Тие синоќа, со факели го испалија бројот 50 и видеото го објавија на Јутјуб.foto: ALO

Магазин | пред 6 години

kasami

Касами оствари средба со амбасадорот Рикер

Лидерот на Движењето Беса, Биљал Касами, оствари работна средба со помошниот државен секретар за Европа и Евроазија, амбасадорот Филип Рикер. За својата средба во Стејт департментот Касами објави на својот официјален Фејсбук профил.Касами за оваа средба објави на својот официјален Фејсбук профил.“Се сретнавме со амб.Рикер тука во Стејт департментот, со него имавме еден мошне плоден разговор за развојот на настаните во Македонија, го информиравме поитуваниот амбасадор за последните случувања , за колаицијата помеѓу движењето БЕСА и СДСМ, една победничка коалиција. Имаше позитивна оценка од амбасадорот Рикер и сите дипломати тука во САД за оваа коалиција, која е коалиција за европската иднина на Македонија” напиша Биљал Касами за неговата посета на Вашингтон.фото: ФБ 

Македонија | пред 6 години

kuce

МВР го пронајде момчето кое насилно шутираше куче во Куманово

Момчето кое насилно шутираше мирно куче на игралиште во Куманово е идентификувано, потврдија од МВР за „Слободен печат“.Станува збор за малолетно момче од општина Старо Негоричане, кое денеска било повикано на разговор во полициска станица. На прашањето дали и соучесникот бил повикан, бидејќи на видеото се слуша како снимателот со иронични коментари и смеа продолжува снима како ништо погрешно не се случило, од МВР велат дека засега само момчето кое го шутираше кучето е сторителот, но дека постапката е во тек.Текстот во целост на: „Слободен печат“.

Македонија | пред 6 години

zapalen-bilbord

Запалени билборди на кои Заев е со торба „Луј Витон“

Билборди на кои се наоѓа ликот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев и торбата „Луј Витон“ се запалени на повеќе локации.  За претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, поставените билборди не се оцрнување на кампањата, туку отсликување на реалната состојба во државата.„Јас не знам, ако вистината го боли тогаш еве нека се разбере тоа како оцрнување“, рече Мицкоски.Полицијата фати лица кои ги палат овие билборди, кажа Мицкоски.Инаку во билтенот на МВР за ноќеска има информации за опожарени билборди на две локации во централното подрачје на Скопје.Ноќеска во 2.20 часот во Бригадата за противпожарна заштита во Скопје било пријавено дека на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ е опожарен билборд. Пожарникарите веднаш излегле на терен и го изгаснале пожарот. Во 1.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Васил Ѓоргов“ е опожарен билборд. До билбордот е пронајдено шише во кое имало непозната течност.

Македонија | пред 6 години

mobilen-telefon

Се работи на отстранување на проблемите во мрежата на мобилниот оператор „А1 Македонија“

Мобилниот оператор „A1 Македонија“ преку кратко соопштение ја известува јавноста дека денеска се случил неочекуван технички проблем во мрежата, поради што кај дел од корисниците настанале потешкотии при воспоставување  повици и испраќање СМС-пораки.„По брзата интервенција на професионалните екипи, потешкотиите со воспоставување повици се надминати, а во моментов се работи на надминување на проблемот со испраќање на СМС-пораки“, информираат од мобилниот оператор.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Николовски: Со револуционерниот проект Родов - Имот опфаќаме 90 илјади семејства

Единствена Македонија на денешната прес конференција го претстави проектот насловен како „Родов - Имот„ со кој се опфаќаат 90.000 семејства.На прес конференцијата Синиша Николовски од Центарот за комуникации на Единствена Македонија истакна:Повод за денешната прес конференција е промовирање на проектот на Единствена Македонија насловен како „Родов - Имот“.Веднаш да кажам дека суштината на проектот е следнава:На секое семејство во Република Македонија кое ќе пројави интерес, му се доделува еден хектар земја во трајна сопственост со право на наследство од идните генерации.Значи, на територијата на државата се оформуваат населби по принципот хектар - земја. На простор од еден хектар или 10.000 м2 може да се оформи независен и самоодржлив жив организам.Територијата на Македонија е 2,5 милиони хектари. За да ја заштитиме и подобро да ја управуваме нашата територија ќе одвоиме 100 илјади хектари земја и ќе ги поделиме на 90 илјади семејства.Идејата е да се создадат населби од нов тип кои ќе бидат спој на најдоброто од градот и од селото. Населбите може да бидат со големина од 100 хектари на кои ќе се населуваат по 90 семејства. На слободните површини помеѓу хектарите ќе се изградат училишта, болници, трговски центри и останати градби од јавен карактер. На родовите имоти ќе се изградат работилници од најразличен вид. Државата ќе го субвенционира секој хектар со изградба на куќа, поставување на соларни панели, довод на вода, засадување на растенија и започнување на сопствен мал бизнис.На Родовиот Имот човекот ќе ужива, ќе твори, со што ќе ја оствари смислата на своето постоење. Секој човек со помош на родовиот имот може да обезбеди богат живот за себе и за своите потомци.  На секое семејство ќе му биде дадена можноста самостојно да си го обезбеди безгрижното живеење.Секое семејствто пред добивањето на родовиот имот ќе даде свечена изјава, цитирам: “Јас создавам родова населба, во која се собираат членовите на мојот род, оние кои живееле во минатото и тие што ќе живеат во иднината. Јас ќе ја чувам и ќе ја облагородам оваа земја и моите поколенија македонци ќе живеат тука вечно“ -завршен цитат.Со проектот „Родов - Имот“ 90 илјади семејства ќе бидат трајно згрижени и ќе им бидат обезбедени сите неопходни услови за живот и просперитет, имотите ќе бидат доделени во трајна сопственост со право во наследство.90 илјади семејства ќе станат стожер на македонската држава и ќе го чуваат македонското име, идентитетот и македонската земја засекогаш.Исто така, ќе дојде до значително подобрување на еколошката состојба. На родовиот имот можат да се посадат дрвја од различен вид. Со ова, за многу краток период на родовите имоти ќе бидат засадени милиони дрвца, а ќе се растеретат и големите загадени градови.Ќе се подобри и менталната состојба на народот и промена на свеста. Човештвото со илјадници години се бори со корупција, криминал и сиромаштија. Замислете го семејството кое живее на својот Родов - Имот. Тие имаат свое неоттуѓиво пространство кое во секој миг може да ги задоволи потребите на семејството, стабилна, чиста и мирна животна средина. Страшните казни и закони се покажаа како неефективни во спречување на криминалот. Кај семејството кое ја има својата економска независност ќе се појават други приоритети.Родовиот имот ќе доведе до подобрување на здравствената и демографската состојба, подобрување на економијата, спортот и културата. Намалување на невработеноста.За да се спроведе проектот Родов - Имот ќе  биде потребно да се изврши попис на населението и ревизија на имотот на приватното и државното земјиште. 100 илјади хектари земја можат да се спремат за период од 5 години.Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа силно верува дека овој револуционерен проект ќе биде од немерлива корист за народот и државата. Ги најавуваме и следните проекти на Единствена Македонија во периодот што следува, истакна Синиша Николовски од Центарот за комуникации на Единствена Македонија. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Притвор за полов напад врз дете во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 19 – годишен тетовец, за сторено  кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот влегол во зграда, се качил на првиот кат и од прозорецот во ходникот го повикал детето.  Откако детето на возраст од 12 години му се приближило, осомничениот го извршил делото кое му се става на товар.Јавниот обвинител оцени дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство на осомничениот, страв дека ќе ги сокрие трагите од кривичното дело или ќе го повтори делото, па во насока на обезбедување непречено водење на кривичната постапка до Основниот суд Тетово достави Предлог за определување мерка притвор. Предлогот на обвинителството беше прифатен, па со Решение на судијата на претходна постапка, на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.​фото: Архива

Македонија | пред 6 години

taravari

Таравари: „Промените на имињата на училиштата и нивното оспорување се политички игри за манипулација“

На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, одговори на прашањето на новинарите околу прашањето за промената на имињата на училиштата. Таравари истакна дека промената на имињата требало да се направи порано, со оглед дека ДУИ ја имала оваа можност 18 години.„Не ги смени имињата на училиштата 18 години, имајќи ја целата власт во нивни раце, како локалната, централната, и сите  други инструменти не успеа да ги смени имињата на училиштата. И сега еден месец пред изборите, имињата се менуваат. Аплаудирам на овој потег, иако требаше да се направи многу порано, не сега “, рече генералниот секретар Арбен Таравари.Покрај тоа, Таравари додаде дека оспорувањето на владејачкиот партнер на ДУИ е неправилно наспроти албанското население, нарекувајќи ги нивните активности политички игри за манипулација.Арбен Таравари исто така истакна дека покрај менувањето на имињата, ДУИ требало да се занимава и со училишната инфраструктура, хигиена и условите, така што албанските училишта не би завршиле во мизерни услови.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

mitovski1-1

Уредникот на Инфомакс осуден на 6 месеци затвop условно

Главниот и одговорен уредник на Инфомакс, Александар Митовски кој беше обвинет за оддавање службена тајна при објавувањето на исказите на сведокот Орце Камчев, добие осудителна пресуда од 6 месеци затвор условно доколку во наредните две години Митовски не го повтори делото.- Ова е срамота, срамен ден за Македонија, за слободата на говоро, за слободата на медиумите и човековите права, истакна меѓу другото Митовски.фото: Инфомакс

Македонија | пред 6 години

mickoski-1

Мицкоски најави пакет мерки за квалитетно образование и силна култура

Дневните препукувања, префрлањето на вина, креирањето на поделби и конфликти нема да ја однесе Македонија кон посветла иднина. Тоа е стратегијата на власта за да ја зголеми апатијата и да прикаже дека сите се исти, во ситуација кога не сме сите исти.  Токму овие работи надополнети со криминал кој не се казнува, неправди и отсуство на волја за суштински реформи се работите кои не влечат надолу. Препукувањата и кусогледите памфлети надополнети со ниски страсти и повторени лаги не се начинот на кој што една земја може да води политика, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.Во продолжение прес конференцијатра на Мицкоски во целост:Овие три години доживеавме стагнација во секое поле. Иновативноста, вложувањата во образованието, културата и сегментите кои би требале да се моторот на прогресивноста во една земја се запоставени. Имаме култура која стана предмет на политичка трговија, програми и пари кои се делат, не по квалитет туку по бизнис и политички мотиви, образование кое не е во фокусот на владата, и од кое започнува да се прави политика. А, губат младите и идните генерации, но најважно од се губи државата.Потребно е вртење на нова страница и воспоставување на концепт на обнова која ќе донесе коренити реформи, квалитет и мотивација во образованието и културата.Денес ќе промовирам мерки кои ќе ги реализираме во областа на образованието и културата.Затоа како прво се обврзуваме на обнова која ќе опфати изградба на нови 20 и реконструкција на најмалку 50 училишта во Република Македонија. Повеќе училишта за подобри услови и поквалитетно образование. Новите 20 училишта и реконструкцијата на минимум 50 постојни ширум државата ќе значи пристојни услови за работа и инвестирање во идните генерации. Голем дел од постојните училишта функционираат во супстандардни услови и тоа мора најскоро да се промени веднаш по формирањето на новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ.Се обврзуваме на обнова која ќе донесе поголеми примања за Универзитескиот наставен кадар. И тоа воспоставување на методологија со која ќе обезбеди и ќе ги зголеми примањата на наставно образовниот кадар на универзитетите. И тоа до 100.000 денари за редовните универзитетски професори, до 80.000 денари за вонредните професори, до 60.000 денари за доцентите и до 45 илјади плата за асисистентите на факултетите. Ова значи 2.5 пати повеќе од тоа што денеска го обезбедува државата.Ќе повторам, ќе дефинираме методологија според која редовните професори на универзитетите ќе имаат можност да дојдат до месечни примања од 100.000 денари загарантирани од државата. Вонредните 80.000, доцентите 60.000 и асистентите 45.000 денари.Квалитетното високо образование подразбира инвестирање во подобри услови за работа, средства и други лабораториски ресурси, но и мотивиран кадар. Токму со оваа мерка ќе се стимулира квалитетот и мотивацијата на универзитетскиот наставен кадар. Да не ни се случува асистенти и доценти од универзитетите да напуштаат наставно образовен процес и да бараат подобра иднина поради тоа што примањата се 20-25.000 или нешто помалку од тоа.Се обврзуваме на обнова која ќе значи поголеми плати за професорите во основното и средното образование. Тоа подразбира доследно почитување на Колективниот договор. Доследно почитување на Колективниот договор и повисоки плати на наставно образовниот кадар во основното и средното образование.Се обврзуваме на обнова која ќе опфати средно стручно образование во функција на стопанството, односно дуално средно образование. Ќе пристапиме кон проширување на дуалниот систем на стручното образование по принципот учење преку работа на реално работно место, кој ќе развие и стручни компетенции и вештини за адаптирање во работниот однос. Ваквата реформа ќе овозможи брзо вработување на стручниот кадар во компаниите во Македонија, со соодветно вреднување на трудот на работниците и се разбира ќе го намали иселувањето на млади луѓе од наша земја.Ова е многу важно затоа што на сите состаноци до сега со стопанските комори без разлика на која Стопанска Комора станува збор ова ни беше еден од основните теми на разговор. А, тоа е како да се обезбеди квалитетен повисок образован но и пониско образован кадар.Се обврзуваме на обнова која ќе овозможи најмалку еден Универзитет во првите 1.000 според Шангајската листа за квалитет. Денес нема Универзитет од Македонија кој е меѓу 1.000 најдобри во светот.  Македонија не постои на мапата за квалитет во високото образование. Ние тоа ќе го овозможиме со најмалку еден универзитет кој според својот квалитет ќе се рангира на Шангајската листа. Да бидеме извозник на наука, да бидеме извозник на знаење. Да се обидеме во нашата држава, во Македонија, на нашите универзитети да донесеме студенти покрај тие кои што се тука дома, Македонија, да донесеме студенти и од надвор. Луѓе кои што ќе го стекнуваат своето образование овде во Македонија.Се обврзуваме на обнова која ќе донесе зголемување на инвестициите во образованието од 3.7% на 5% од БДП што ќе значи повеќе пари во образованието. Со оглед дека состојбата на образованието е незадоволителна, неопходно е за оваа област, која е темел и столб на нашата иднина да се одвојат повеќе средства од буџетот. Покачувањата на стапката од 3.7% на 5% ќе овозможи спроведување на неопходните вистински, не само декларативни реформи во образованието.          Се обврзуваме на обнова која ќе донесе намалување на ДДВ од 18 на 5% во културата. Ова ќе значи повеќе заштеда за граѓаните и повеќе достапна култура. Ова ќе се однесува за уметнички дела, за организирање на културни настани - продажба на билети, за изнајмување на простор, за организирање на културни настани во институциите од културата, а ќе придонесе и за стимулација на самоодржливоста на институциите.Ќе повторам намалување на данокот на додадена вредност во културата од 18 на 5%.Се обврзуваме на обнова која ќе опфати изградба на нови театри во Прилеп, Охрид и Скопје. Конечно Прилеп и Охрид ќе добијат комплетно нови театарски згради, а Скопје уште една нова современа зграда за театар.Се обврзуваме на обнова која ќе опфати реконструкција на зградата Музеј на Македонија согласно современите архитектонски стандарди. Повторувам согласно современите архитектонски стандарди.Се обврзуваме на обнова која ќе значи капитален проект за Дигитализација на културното и уметничкото наследство, а воедно истото да го сочуваме од заборавот на времето кое ќе стане подостапно за јавноста.Се обврзуваме на обнова која ќе опфати Инвестиција во македонски брендови и креативни индустрии. Ова значи финасирање и системска поддршка за развојот на креативните индустрии во културата како економски ресурс за креирање нови работни места,  приходи и одржлив развој.Се обврзуваме на обнова која ќе овозможи Делегиран буџет за културните установи. Ова подразбира сигурност во финансирањето на проекти во културата, но и мотивација за награда за најуспешните.Се обврзуваме на обнова која ќе значи Унапредување на македонскиот јазик како наше идентитетско обележје. Ова опфаќа сет мерки како  изработка на Корпус на македонскиот јазик, Академска граматика и Етимолошки речник, поддршка на изданијата за Правописот на македонскиот јазик.Се обврзуваме на обнова која ќе овозможи стимулирање на бизнис секторот да инвестира во културата. За таа цел ќе направиме измени во постојниот закон со кој ќе се овозможи повеќе инвестиции на стопанството во сферата на културата, олеснувања кои ќе овозможат поттикнување на бизнисот да насочува повеќе средства во развојни проекти во културата, истакна Мицкоски. 

Македонија | пред 6 години

04032020_MZ_Filipche_pres-konferencija-1

Филипче: Патниците со авионите на „Wizz Air“ од Милано и Венеција ќе пополнуваат здравствен локатор/карта за контрола и следливост

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција информираше за најновата состојба со корона вирусот во земјава. Тој истакна нема нови пациенти тестирани на корона вирус. Единствената пациентка е во добра здравствена состојба и најави дека се воведува уште еден чекор плус за подигнување на контролата на уште повисоко ниво од заштита од овој вирус.„Во изминатото деноноќие немаше нови пациенти кои се тестирани за корона вирусот. Единствената пациентка којашто е хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е добра. Нејзината здравствена состојба секој ден се повеќе се подобрува. Се одлучивме за уште еден чекор, за подигнување на контролата на уште повисоко ниво. А тоа значи дека на патниците со авионите на „Wizz Air“ од Милано и Венеција на скопскиот и охридскиот аеродром ќе треба да пополнат здравствен локатор, карта. Ова ќе овозможи добра контрола и следливост на патниците. Тие ќе остават податоци за тоа на која адреса престојуваат и доколку во некое сценарио се јави некој патник, после одреден број денови со симптоми многу лесно е да ги најдеме сопатниците, особено сопатниците коишто седат согласно препораките и алгоритмите неколку реда зад и пред тој патник во авионот“, потенцираше министерот Филипче.„Набавката на заштитни материјали е во тек, ќе се спроведе евалуација на понудите, додека дезинфекционите средства после потпишувањето на договорот пред два дена, веќе денеска ќе започне да се дистрибуираат во училиштата ширум државата. Утрово разговарав со регионалниот директор за Европа на СЗО, Ханс Клуге, во европскиот регион досега се регистрирани вкупно 3.365 пациенти заболени од корона вирус“, информираше министерот Филипче.Нови земји во коишто е проширен вирусот се Андора, Латвија и Португалија. Во Србија, Косово и Албанија нема регистрирани пациенти. Утрово, грчкиот министер за здравство го информираше министерот Филипче дека има уште еден пациент заболен од корона вирус во Грција. Сега се вкупно 8, од кои 4 се во Солун, 4 во Атина.Министерот Филипче информираше дека вчера со претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски, одржаа состанок со координативното тело за прибирање и размена на информации во врска со корона вирусот. На тој состанок учествувале и претставници на сите институции на кој се дискутирало за настапот, координираноста на институциите. Сите институции се на ниво на задачата и во целост се придржуваат до утврдените протоколи.„Во однос на препораката за неодржување на масовни јавни собири, таа важи до 6-ти март. Ние имаме секојдневно состанок на нашата група. Ќе ги евалуираме сите работи, сите податоци. Веројатно во текот на утрешниот ден попладнето, или рано наутро во петок, ќе излеземе со нова препорака, согласно најновите информации со состојбата не само кај нас, туку и во земјите од регионот. Уште еднаш упатувам апел до граѓаните, да се придржуваат до мерките за заштита и превенција од корона вирусот. Апелирам повторно доколку не е нешто итно и неодложно да не се патува во ризичните региони заради тоа што тоа е најважна мерка со којашто се грижиме за здравјето на нас самите, на нашите блиски и генерално на сите граѓани во државата“, рече министерот Филипче.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

Bojan-Reket

Боки 13 повторно побара од притвор да биде во домашен притвор - немало кој да му носи храна

Бојан Јовановски кој е првообвинет во „Рекет“на крајот од денешното судското рочиште побара од судот да донесе, како што рече „хумана и праведна одлука“ и да му ја замени мерката притвор која ја издржува во затворот во Шуто Оризари со домашен притвор поради неговата здравствена состојба.Јовановски уште еднаш појасна дека потради препораките на лекарите  тој треба да се придржува до диететски режим во исхраната, па поради тоа како што кажа  за неколку дена ќе нема кој да му носи храна во затворот . Јовановски  кажа дека неговиот татко ќе оди на операција, а мајка му секој ден била на работа.Апелацискиот суд претходно ја отфрли жалбата на Јовановски и неговата гаранција од 143.000 евра која ја понуди за да излезе од притвор.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Bojan-Reket

Возачот на Боки 13 кажа дека дека два пати Јовановски го носел кај бизнисменот Орце Камчев

Возач на обвинетиот во “Рекет”, Стојан Арсовски,  денеска  даде исказ во судот  во случајот „Рекет“, предложен од одбраната. Тој кажа дека два пати Јовановски го носел кај бизнисменот Орце Камчев. Неговиот впечаток е дека Камчев бил многу љубезен со Јовановски.На прашањето на Јовановски дали некогаш добил подарок од Камчев, возачот рече дека еднаш му дал држач за слики.Арсовски кажа дека Јовановски го носел во многу институции - УЈП, Министерството за внатрешни работи и Владата. Додаде дека го возел Јовановски во Белград, Милано и на многу други места. Кажа дека во Милано во една прилика седеле со познатата текстописка, Марија Туцаковиќ и нејзиниот сопруг и тогаш сопругот му дал плико со пари.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

remenski-ojo

Ременски: Горан Николовски живее во куќа на адвокатот на Орце Камчев

Пратеничката Фросина Ременски утринава беше во Државната комисија за спречување на корупција, за да како што кажа се информира до каде е постапувањето по пријавите која таа ги поднела.Според Ременски треба да се истражи имотот на кој што живее поранешниот директор на УБК, Горан Николовски.-Антикорупциска констатира дека Николовски живее на тој имот, односно во куќа на адвокатот на Орце Камчев. Треба да се истражат можностите и релација со актуелни предмети, за тоа дали како директор на УБК влијаел и овозможил некакви материјални добра на својот поранешен шеф, како и тоа дали тоа што живее во куќата на адвокатот на Камчев била причина поради која не презел активности кои требало да ги превземе, истакна Ременски.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

Bojan-Reket

Адвокатот на Јовановски: „Го прогласувам сведокот за непријателски“

Хирургот Тони Јосифовски кој го оперирал два пати обвинетиот за рекетирање Бојан Јовановски, како сведок предложен од него, одговори дека во 2016 и 2018 година два пати се сретнал со пациентот пред да се оперира, објави сдк.мк.Пред да почне хирургот да сведочи, на прашање на судија Васка Николовска – Масевска, Јовановски, како негов поранешен пациент, даде дозвола да зборува за неговата здравствена состојба на судењето за „Рекет“.„Дали познавате некое друго лице во судницава?“, беше прашан сведокот.„Да, госпоѓата Катица Јанева“, одговори тој.„Дали со неа зборувавте само за операција на желудникот?“, праша одбраната.„Да, само за тоа разговаравме“, кажа сведокот.„Го прогласувам сведокот за непријателски“, рече адвокатот на Јовановски.Со овој сведок Јовановски и одбраната сакаат да докажат дека сведокот и пријавител во „Рекет“ Орце Камчев нудел скапи услуги од неговата болница за да стигне до тогашната специјална обвинителка Катица Јанева , објави сдк.мк.Текстот во целост на СДК.МК

Македонија | пред 6 години

02_03_2020_Zaev

Заев се премисли: Менувањето на имињата на училиштата во Чаир е законски

После вчерашната изјава дека промената на имињата на училиштата е спротивно од Законот, денеска на својот профил на Фејсбук  екс премиерот Зоран Заев напиша дека после темелна анализа и консултација со правни тимови, констатирано е дека немало потреба од Бадентер и дека промената е согласно законот.„Вчера и денеска ги проверивме сите аспекти од постапката на носење на имињата на основните училишта во Чаир. После темелна анализа, правни тимови констатираа и ме информираа дека промената на имињата е согласно членот 26 од Законот за основно образование. Откако училишниот одбор донел одлука за измена на Статутот на училиштето со што се променува името на училиштето и се додава уставното име на државата, истата била потврдена и од страна на Советот на Општина Чаир. Баденетерово мнозинство не било неопходно.Одговорноста пред граѓаните подразбира и темелна проверка на фактите и спречување на какви било обиди за политичко поентирање врз база на меѓуетничките односи во нашата земја.Одговорно е да се водиме од словото на законот, нема и не смее да има простор за ширење национализам и поделби.СДСМ е партија предводник на концептот едно општество за сите која се води исклучиво од словото на законот.“, напиша Заев на ФБ.фото: ФБ

Македонија | пред 6 години

Katica-Janeva-Reket-Boki-13-skopje1mk

„Рекет“ продолжува со нови сведоци на одбраната

Двајца нови сведоци предложени од Боки 13 денеска треба да се сослушаат на рочиштетот за случајот „Рекет“.Одбраната на Јовановски има девет сведоци, а поранешната шефица на СЈО Катица Јанева предложила 13 сведоци, меѓу кои се има обвинители што работеа во СЈО.Одбраната вчера ги повлече од листата на сведоци бизнисменот и поранешен градоначалник на општина Центар, Владимир Тодоровиќ, синот на осомничениот бизнисмен во „Империја“, Цветан Панделевски, Дејан, и сопругот на пратеничката Фросина Ременски, Јовче.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

tasna

Две лица со остар предмет го исекле на прстите на десната рака и му претурале по ранецот

На 03.03.2020 во 00.47 часот во Полициската станица Аеродром, С.Б.(30) од Куманово пријавил дека во 00.40 часот на ул.„23-ти Октомври“ во Скопје, две лица со остар предмет го исекле на прстите на десната рака и му претурале по ранецот, а откако не пронашле ништо заминале.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

27-april

(ВИДЕО) Сведоштва на нападнатите во Собранието на 27 април

Долги часови насилство, борба да се преживее и опстане. Сведочења на тие што беа нападнати во Собранието на 27 април, за што размислувале при соочувањето со маскираните и вооружени напаѓачи.ТВ Канал Вис во четири продолженија ја пренесува атмосферата и детали лично од сите кои беа жртви на насилството, „27 април во прво лице“.– Сето тоа траеше многу време, самиот факт на многу насилство. Во ликовите кои влегоа се гледаше многу жед за крв, а во ликовите на останатите жед за живот.– Го прашав Оливер дали ќе излеземе живи од овде.Рече: Не.. – Навистина сметав во тој момент дека ни тешко можеме да се извлечеме од таа просторија, сфатив дека ќе биде тешко.– Над триесетина влегоа со качулки на главите, Сашо Тасевски изреагира да застанат и предупреди, го извади пиштолот… пукаше во вис како предупредување, се дел од сведочењата во видеото.Авторите од ТВ Канал Вис велат дека и покрај обидите, не успеале да ја добијат и верзијата на втората страна, односно дел од оние што упаднаа во Собранието.видео: ТВ Канал Вис

Македонија | пред 6 години

vreme-1

Денеска и утре облачно со врнежи од дожд и локална појава на грмежи

До крајот на денов во нашата држава ќе имаме претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, локално и тоа особено во источната половина врнежите ќе бидат  поинтензивни каде ќе има услови и за локална појава на грмежи. Во источните делови на места ќе бидат пообилни (20 до 30 л/м2), локално во и форма на невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Температурата ќе достигне од 11 до 17 степени. Во Скопје, облачно со повремен дожд и со умерен до засилен ветер од северен правец.За утре метеоролозите најавуваат променливо облачно со повремени врнежи од дожд,, на места ќе бидат пообилни локално во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер.фото: УХМР

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Ќе се утврдува реалната состојба со водите во земјата

На оваа своја седница Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата на Министерството за животна средина и просторно планирање за потребата од мониторинг на водите во земјата и го задолжи ова и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, заедно со Управата за хидрометеоролошки работи, со АД Водостопанство, како и со сите останати надлежни институции, да формираат работна група за утврдување на реалната состојба со водите.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

termalna-kamera

Министертвото за здравство ќе набави две термални камери

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информација за потребата за набавка на две термални камери, опрема за ЈЗУ Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, и лична заштитна опрема за Министерството за здравство и останатите институции вклучени во активностите во врска со Корона Вирусот COVID-19, и го задолжи Министерството за здравство да ја спроведе набавката.На денешната седница на предлог на Министерот за здравство Владата на Република Северна Македонија го задолжи Министерството за образование и наука да изготви план за дистрибуција на алкохолен дезинфициенс со широк спектар на микробиоцидно дејство до основните и средните училишта.фото: Daily.mk 

Македонија | пред 6 години

03032020_13ta-sednica-Vlada-4

Влада: Системот за справување со мигрантската криза е подготвен

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 13-та седница ги разгледа извештајот на Управувачкиот комитет за координација и справување во системот за управување со кризи за состојбата со мигрантската криза во Република Северна Македонија.Владата донесе повеќе заклучоци кои тргнуваат од фактот дека Северна Македонија веќе има воспоставен систем за управување со мигрантската криза кој е подготвен и функционален за да одговори на предизвиците како транзитна земја, и дека дел од тој систем е постојаната комуникација со партнерите на нашата земја во НАТО и ЕУ, како и со сите земји во регионот.Во таа насока е и заклучокот на Владата да се побара од земјите со кои Северна Македонија непосредно соработува со нивните полициски припадници на нашата јужна граница, да се зголеми бројот на полициски службеници, кои со зголемениот број на припадници од Министерството за внатрешни работи и на Армијата ќе ги споделат оперативните ангажмани во случај на раст на бројот на мигранти.Владата заклучи да побара и да ја прифати веќе понудената техничка помош од Интернационалната организација за миграции (ИОМ), од УНДП, УНХЦР, како и од Европската Комисија и другите интервентни фондови како за Министерството за внатрешни работи така и за Министерството за одбрана, вклучително и обезбедувањето на резерви со храна, вода и друг потрошен материјал.фото: Влада 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања