Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

hero-15-920x425

(ВИДЕО) Се насетува ли победникот на Евровизија уште неодржана?

Иако се уште не се познати натпреварувачите на сите земји кои учествуваат на Евровизија, обложувањата се веќе отворени и започна нагодувањето за победникот на 65-от по ред музички натпревар.Според веб-страницата „Еurosvisionworld“, која ги собира сите квоти од обложувалниците,веќе има понуда кој ќе победни на Евровизија.Победува Литванија!Актуелен фаворит за победникот на Евровизија е Литванија, земја која никогаш не постигнала значаен резултат на ова натпреварување.Литванија во Ротердам оваа година ќе ја претставува групата „The Roop“ од Вилнус, а ќе ја изведе песната „On Fire“, која веќе има повеќе од два милиони прегледи на официјалниот канал Евровизија.Преслушајте: 

Магазин | пред 6 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Жителите на Гази Баба снимија како се истура смет на дива депонија

Жителите на Гази Баба мака мачат со дивите дeпонии. Велат дека состојбата станува неподнослива. Тие одлучија да се спротистават со проблемот на создавање на диви депонии.Снимија како се истура смет во нивната општина. Видеото го објави советникот во општина Гази Баба од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Бојковскиhttps://www.facebook.com/toni.bojkovski.7/videos/2644673288992172/ видео: ФБ Тони Бојковски 

Скопје | пред 6 години

Katica-Janeva-Reket-Boki-13-skopje1mk

Варошлија како сведок во „Рекет“: Одморот беше планиран од пролетта и секој сам си го плати

Модниот стилист и ексвработен во 1ТВ, Сергеј Варошлија, сопственичката на оптика Марија Јанковска и сопственикот на галерија Алекс Кртов, денеска сведочеа на судењето за случајот „Рекет“, за тоа од каде и како се познаваат со обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 и за неговиот стил на живот.Варошлија во сведочењето напомена дека никогаш не ја видел поранешната специјална јавна обвинителка, а сега второобвинета во случајот „Рекет“, Катица Јанева во домот на Јовановски.За денот на апсењето, Варошлија кажа дека тој, новинарката Анета Кочишки и водителката Лила Филиповска требало да одат на одмор. Според него, одморот бил планиран од пролетта, што значи дека Јовановски не планирал да бега. Утрото, тие отишле во домот на Јовановски. Кога стигнале на граница, на пасошка контрола, Јовановски го тргнале на страна, а на нас ни кажаа дека можеме да си одиме, а тој да остане таму.„Правеа претрес. Беа одземени мои работи, чевли, чанти. Мислеа дека се што е брендирано е на Бојан. Одморот секој сам си го плати“, раскажа Варошлија.На денешното рочиште прва сведочеше Марија Јанковска, која е сопственичка на оптика и имала соработка, односно се познавала и патувала со обвинетиот. Таа кажа дека се познавала со него и тоа многу и помогнало бидејќи познанставата на Јовановски и носеле нови клиенти. Таа пред судот кажа дека со Јованвоски била и пет дена на одмор во Грција, но се сама си платила.Инаку денеска првообвинетиот во „Рекет“, Бојан Јовановски преку неговиот адвокат Сашо Дуковски, побарал Јовче Ременски, да не сведочи во случајот. Но, предлогот за утре да сведочи Фросина Ременски, останува и таа треба да се појави во Кривичниот суд.Дуковски како бранител на Јовановски побарал од листата на сведоци да се повлечат и бизнисмените Владимир Тодоровиќ и Дејан Панделевски.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Foto-4

Пендаровски ги посети припадниците на Армијата и Транзитниот центар на јужната граница на државата

Претседателот на Република Северна Македонија и врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски денеска изврши обиколка на позициите на Армијата стационирани на јужната граница на државата.Во караулата „Гоце Делчев“ на граничниот премин „Богородица“ претседателот Пендаровски поразговара со војниците за нивните обврски во пограничниот дел на државата, начинот и периодот на нивна ротација.Исто така, командантот на бригадата го информираше претседателот Пендаровски за работата на припадниците на Армијата во караулата „Гоце Делчев", но и во останатите караули во пограничните градови на јужната граница на земјата.Во изјавата за медиумите, претседателот Пендаровски потенцираше дека во моментов не е регистриран поголем број на илегални мигранти, освен вообичаените за овој период од годината и додаде дека не се очекува поголем бран на мигранти коишто од соседна Грција би влегле во Северна Македонија. Но, и да се случи тоа, како што рече претседателот Пендаровски, сите надлежни институции се подготвени.„Државните органи на дневна основа следат што се случува тука, имаме и на дневна основа размена со партнерските служби, практично на дневна основа има и состаноци на управувачкиот комитет во Центарот за управување со кризи каде што секоја надлежна институција има свој претставник, вклучително и Кабинетот на Претседателот. Од неодамна е, според закон, активиран и новиот орган за координација на службите кои исто така имаат дневни проценки, дневни анализи. Од пред два дена, можам да ви кажам дека и армискиот контингент тука го зголемивме, не можам да зборувам за бројки бидејќи тоа се класифицирани информации, меѓутоа го зголемивме. Не во очекување на некој голем бегалски бран, меѓутоа  во очекување на тоа што евентуално може да се случи, да не не фати неподготвени. Знам дека истото се случува и со единиците на вработените од МВР", истакна претседателот Пендаровски.Истовремено, како што додаде претседателот Пендаровски, притисокот од мигранти сега е на турко-грчката граница и дека бранот на бегалци наликува на оној во 2015 и 2016 година.„Ние сме дел од еден поширок, да го наречам, низ на држави кои морааат да бидат подготвени, па макар и како транзитна зона што се вели, меѓутоа јасно е дека искуството од 2015 и 2016 година е огромно и вредно во таа насока. И да има евентуален прилив, ве уверувам дека сите надлежни органи се тука и се будни, анализираат и разменуваат информации, така што практично не можам да видам ситуација во која ќе бидеме изненадени. Ако можевме со највисоки оценки да го завршиме менаџментот на кризата 2015/16-та со тој транзит од над еден милион и триста илјади луѓе преку нашата територија, сега не дај боже да дојде таква ситуација, меѓутоа ние сме подготвени и повторувам тоа не можеме да го направиме сами, освен со одлична соработка со партнерските држави во рамки НАТО Алијансата, и се разбира со нашиот сосед Грција", заклучи претседателот Пендаровски.Претседателот Пендаровски на јужната граница го посети и Транзитниот центар Винојуг - Гевгелија кадешто се врши регистрација на мигрантите коишто во Северна Македонија влегуваат од Грција. Одговорните лица во Транзитниот центар го информираа претседателот Пендаровски дека центарот е целосно подготвен за прифаќање и привремен престој на мигранти. Во моментов во центарот престојува само едно семејство од Авганистан. Според одговорните лица, Транзитниот центар истовремено има и хуманитарен карактер, односно згрижува луѓе со социјално загрозен статус. Во центарот во континуитет се присутни претставници на Црвениот Крст, УНХЦР и доктори коишто им пружаат неопходна помош и поддршка на лицата коишто се привремено сместени тука.На јужната граница, односно на граничниот премин помеѓу Северна Македонија и Грција претседателот Пендаровски ја посети и точката 59. Во последниот мигрантски бран во 2015 и 2016 година на ова место покрај железничката пруга, беше најголемиот наплив на бегалци.фото: Кабинет на Претседател

Македонија | пред 6 години

165793-les-huguenots-prege-c-magali-dougados-08

Ана Дурловски триумфираше на женевската сцена

Огромна е честа да се биде Македонец кога ќе се прочитаат критиките што женевските медиуми ги испишаа за настапот на македонската оперска дива Ана Дурловски. Уште поголемо би било задоволството да можевме сите да ја слушнеме нејзината изведба на Marguerite de Valois во операта "Хугените" („Les Huguenots“)  на германскиот композитор Giacomо Meyerbeer. Таа привилегија ја имаа само околу 1000 посетители на Grand Theatre de Geneve, бидејќи швајцарските власти превентивно, поади опасноста од корона вирусот, забранија собири на повеќе од 1000 луѓе. Критичарите во суперлативи ја опишаа нејзината интерпретација. Велат “Ни металниот призвук во гласот, ни нерафинираниот француски нагласок не ја намалија вредноста на нејзината цврста и сигурна песна. Нејзината драматична интерпретација беше беспрекорна, поготово кога великодушно се вдаде во одигрувањето на забавната сцена на заведување на Раул,толкуван од Американецот John Osborn.”Свесни дека денес операта "Хугените"  (“Протестанти”) не е возможно да се претстави во оригиналниот облик, режисерите Jossi Vieler и Sergio Morabito одлучиле љубовната приказна помеѓу протестанти и католици, толку испреплетена со историскиот контекст на Meierbeer-овата опера да ја освежат со сместување на дејствието во филмско студио во златното време на Холивуд. Да отидат толку далеку што со многу хумор кој ќе ги олесни трагичните историски моменти во кои се збива дејствието ќе го опуштаат гледачот. За финалето испланирале бурлеска меѓу кралицата Marguerite de Valois (Ана Дурловски) и Raoul Huguenot, што од сите беше опишано како сјаен сценски момент.За крај, главниот збор повторно го даваме на швајцарсите критичари. Тие велат дека John Osborn, Rachel Villis-Sørensen и Ана Дурловски триумфираа во своите главни улоги, под визионерската музичка режија на Marc Minkovski.фото: Музика музика

Магазин | пред 6 години

Benzinski-pumpi-9

Бензините поевтинуваат за 3 денари, дизелот за 2,5 денари

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 5,56 проценти. Mалопродажните цени на бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ се намалуваат за три денари за литар. Новата цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 64 денари, а на „еуросупер БС-98“ 66 денари за литар.Малопродажните цени на дизелот и на екстра-лесното масло се намалуваат за 2,5 денари, па така дизелот ќе се продава за 56 денари, а екстра-лесното масло за 45 денари за литар.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

ucilista-2

Училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Никола Вапцаров“ станаа „Исмаил Ќемали“ и „Имри Елези“

Променети имињата на две основни училишта во скопски Чаир.  Министерот за образование Арбер Адеми на фејсбук  напиша дека прашањето со имињата на училиштата е затворено. Адеми ги објави документите на Централниот регистар. На нив се гледа дека основното училиште „Никола Вапцаров“ се преименува во „Имри Елези“, додека „Рајко Жинзифов“ го носи името „Исмаил Ќемали“.Советот на Општина Чаир гласаше за промена на овие имиња уште во 2012, беа поставени и нови табли, но административно во документите се уште стоеја старите називи.https://www.facebook.com/arberademi.1/photos/pcb.2614519565458384/2614552792121728/?type=3&theaterфото: ФБ Арбер Адемиhttps://www.facebook.com/arberademi.1/photos/pcb.2614519565458384/2614552792121728/?type=3&theaterфото: ФБ

Македонија | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Извештајот на Европската Комисија ги потврди успешните европски политики на СДСМ

Позитивниот Извештај на Европската Комисија за Република Северна Македонија преставува потврда на успешните евроинтегративни политики на СДСМ и претседателот Зоран Заев и на резултатите кои ги постигнавме во скратениот мандат од две и пол години, се вели во соопштението од СДСМ.Реформите кои ги презедовме се препознаени од нашите европски сојузници, а нивните позитивни оценки, како и препорката за почеток на преговори со Европската Унија, се своевидна потврда дека држвата е на правиот пат, но преставува и мотив да продолжиме напред.Во однос на судството, Извештајот на ЕК нотира засилено темпо на имплементацијата на реформите. Во прилог на тоа оди и новиот Закон за Јавно обвинителство кој за Комисијата е гаранција дека ќе се обезбеди одговорност за кршењето закони и дека предметите на СЈО целосно ќе се затворат со правосилна пресуда.Европската Комисија нотира позитивни реформи и во Секторот за безбедност и разузнавање каде што се споменува новиот закон, но и активирањето на Оперативно – техничка агенција (ОТА) и Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Во Извештајот се заклучува дека постои засилен надзорен капацитет во службите, но и на парламентот кон безбедносниот сектор.Извештајот на ЕК посветува внимание и на реформите во јавната администрација каде се потенцираат владините активности за поефикасна транспарентност и отчетност, но и напорите за дигиталзиација и поедноставување на пристапот на граѓаните кон институциите.Очекуваме дека по постигнатите реформски резултати, Европската Унија ќе биде доследна на ветеното и ќе го исполни својот дел од обврската и дека Северна Македонија наскоро ќе започне преговори со Унијата.Она што го чекаа македонските граѓани 15 години, ние успеавме да го реализираме во две и пол годишниот мандат.Затоа и по 12-ти април продолжуваме заедно со граѓаните по патот на реформите и интеграцијата, пат кој обезбедува подобра еза сите, се вели во соопштението од СДСМ.фото: СДСМ

Македонија | пред 6 години

evar-zadolzuvanje

Денеска ново задолжување од 131,6 милиони евра

Денеска Зоран Заев ќе ги задолжи граѓаните за 131,6 милиони евра. Тоа е задолжување од неверојатни 280 евра за секое четиричлено семејство. Политиките на владата на СДСМ и Заев ја руинираат македонската економија и ја водат кон банкрот, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Штетата која што ја прави СДСМ со секој изминат ден се потешко ќе биде да се надомести.Единственото економско блескање кое што го најавуваше Заев се енормите износи на нови задолжувања. Во државата цветаат само личните бизниси на фамилијата Заеви. Забрзаното задолжување е само показател дека Зоран Заев го интересира само како да ги присвои парите на граѓаните преку неразумно трошење и сомнителни тендери.Историското рекордно ниско ниво на капитални ивестиции во јануари од 1.67 отсто говори дека СДСМ не знае каде тера. Со скапа пропаганда ги лаже граѓаните дека реализираат инвестии, а бројките говорат дека СДСМ ништо не изградиле.Ги нема помпезно најавуваните патишта,автопати, болниците, училиштата, проектите за младите, амбулантните возила. Заев се утепа од лажење, а од инвестиции останаа само семејните богатења и зголемување на капиталот на неговите функционери.Зоран Заев се богато, задолжувањата се зголемуваат а граѓаните осиромашуваат. Јавниот долг не само што е висок, туку ги надмина енормните 50% заканувајќи се со тотално банкротирање на државата. За еден месец владата на Заев потрошила 1.3 милијарда денари за привремени вработувања, а за неполни три години трошоците за привремените вработувања се зголемени за огромни 71%.Расипничкиот однос на Заев и СДСМ резултира со беда и банкрот. На ова поигрување сл државата, ќе му дојде крај на 12-ти април, кога ќе дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт и ќе започне обновата на економијата во Република Македонија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

vreme

Денеска дожд, ветер и грмежи

Времето денес ќе биде променливо облачно со засилен ветер претежно од југоисточен правец, особено во источните делови.Попладне и кон крајот на денот од запад ќе започнат врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират и локално ќе бидат поинтензивни, проследени со силен ветер.За утре метеоролозите најавуваат облачно време со врнежи од дожд кои на места ќе бидат пообилни, проследени со засилен јужен ветер и локална појава на грмежи.фото: УХМР 

Македонија | пред 6 години

Bojan-Reket

Продолжува судењето за „Рекет“, искази ќе дадат Сергеј Варошлија и Владимир Тодоровиќ

Денеска во Кривичниот суд треба да продолжи судењето за случајот „Рекет“ во кој обвинети се Бојан Јовановски – Боки 13 и Катица Јанева.  На денешното рочиште предвидено е да сведочат неколку сведоци предложени од обвинетиот Бојан Јовановски. Треба да си слушнеме исказите на сведоците Сергеј Варошлија, како и ексградоначалникот на Центар и бизнисмен Владимир Тодоровиќ.Тодоровиќ  требаше да сведочи минатата недела, но испратил известување дека е на службен пат. Покрај ексградоначалникот  минатата недела требаше да сведочи и Дејан Панделески, син на осомничениот бизнисмен во „Империја“, Цветан Панделески, но ни тој не се појави, па и неговото сведочење беше поместено за оваа недела.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

duel

Богојески вели не постои никаква можност за соработка со ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, а Апасиев смета дека предизборните коалиции се штетни

Вечерва во „Само вистина“ гости беа Димитар Апасиев и Петар Богојески. Богојески говореше за промоцијата на манифестот на „Македонски концепт“.„Дилемата дали да биде манифест или граѓански убедувања беше голема но, сапак преовладува манифест. Во суштина ние направивме промоција на платформата или каузата на „Македонски концепт“ без која не можеме да одиме напред, ниту да разговараме со било која политичка партија, граѓанин, организација поточно сите оние кои се посдготвени да разговараат за тиа принципи, вредости , сите наши идеи и убедувања. Овие денови вршиме и персонална презентација, со намера луѓето да се мобилизираат и да се вклучат за понатамошна промоција“, истакна Богојески.Тој додаде:„Ние сме прва и единствена опција, а мафијата за нас не е опција“, категоричен е Богојески.На прашањето што ако се случи покана од двете најголеми политички партии да го поканат „Македонскиот концепт“ да им се прикличи, Богојески рече:„Мислам дека двете најголеми политички партии ќе имаат проблем да го прифатат нашиот антикорупциски пакет на проекти и законски решенија , па поради тоа не постои никаква можност за соработка со овие две политички партии“, рече Богојески.На прашањето дали сеуште е член на ВМРО ДПМНЕ Богојески кажа:„Ме затекнувате во еден историски момент, планирам во текот на утрешниот ден, да го посетам мојот матичен комитет Карпош и да поднесам барање за замрзнување на моето членство во ВМРО ДПМНЕ, бидејќи не е споив мојот граѓански активизам , со она што денес е ВМРО ДПМНЕ бидејќи кога јас се зачленив во партијата на 25.05 1995 год , јас потпишав друга пристапница, друга книшка други верувања, други убедувања, друга изјава , од она што денес се претвори мојата партија. Но, не е проблемот во партијата, туку во така наречената обнова, обнова на бандитизмот, обновата на Груевизмот , обновата на минатото, кои за мене се неприфатливи. Неможам јас како реформатор, да се претворам во реставратор на минатото и Груевизмот“, истакна Богојески.Апасиев кажа дека Левица се пререгистрира и сега партијата е во период на предизборна кампања. Ова ни се трети избори во кои учествуваме , рече тој и додаде:„Не ни е стилот да кукаме, условите се сурови за малите партии, освен за пајтон партиите кои се со големите партии и тука се гледа лицемерието на Европската унија. Имено изборниот законик да го промените на последната седница пред распуштањето е непоимливо во Европа . Препораките на Венециенската комисија се една година пред избори да не се менува законот. Грујо да беше ќе имаше пиштење и вриштење од меѓународната, меѓутоа Заев со неговиот измејќарски менталитет се му е простено, се поминува“, истакна Апасиев.Апасиев е категоричен дека предизборните коалиции се штетни и истите треба да се забранат, затоа што како што кажа треба да се види кој колку тежи. А за после изборно Апасиев вели дека ќе видат како ќе поминат, по што ќе постават услови.„Првиот услов за тој кој ќе не викне да прави Влада е да отпочнеме правна процедура за правно поништување на Преспанскиот договор кој е историски штетен на ниво на Букурешкиот договор. Ова ќе ни биде првиот услов за правење коалиција“, вели Апасиев.Апасиев го нападна Богојески дека за време на владеењето на Груевски сменал неколку државни работни позиции, на што Богојески му рече:„ Си дадов  отказ од Царина за да не бидам дел од мафијата, рече Богојески. А ти зошто не и соопштиш на јавноста зошто прифати да бидеш измеќар на Најгрујовиот кадар, заради кој не те примија на правниот факултет во Скопје?Многу подобро е да напуштиш работно место во царина, зошто не сакаш да бидеш дел од мафијата, јас дадов отказ од царина, но како тебе не бев соработник на Катица Јанева и не работев на „Рекет“ и не земав пари од Катица Јанева, истакна Богојески.

Македонија | пред 6 години

ivanov

(ВИДЕО) Поранешниот претседател Иванов заигра на „Едно име имаме“

Екс претседателот Ѓорге Иванов престојува во посета на Австралија.  Додека држеше говор на донаторската вечера организирана од страна на Македонска Добротворна Организација, се вклучија алармите.За време на неговото обраќање пред присутните во ,,Plenty ranges Arts and Convention Centre” се вклучија безбедносните аларми, по што Иванов неколку секунди стоеше без збор, а потоа праша – Да не ме предупредува да прекинам со говорот?https://www.facebook.com/www.shilomagazine.com.au/videos/219762262497550/Сите присутни од салата набргу биле евакуирани и пристигнале противпожарните екипи.Шило Магазин објави видео на кое се гледа како екс претседателот ужива на прослава со нашите во Австралија. Иванов игра на патриотски песни ...   

Магазин | пред 6 години

Pozar

(ВИДЕО) Гори шума на Водно

Попладнево на планината Водно од левата страна на Сопиште избувна голем пожар, објави Dosie.mk.Порталот пишува дека иако чадело подолго време и мештаните се обидувале да го изгасат сепак вечерта поради силниот ветер пожарот се прошири. Интервенираат три потивпожарни возила и неколкумина пожарникари. https://www.facebook.com/dosie.mk/videos/635405963939759/?v=635405963939759фото и видео: Досие.мк

Скопје | пред 6 години

Dimce-Arsovski

Арсовски: Заев лаже и манипулира за социјалните проекти

Зоран Заев и СДСМ во очај ветуваат се и сешто и лаже. Денеска Заев во својата бледа и паушална прес конференција без сериозни планови и аргументи, со бројки исфрлени од ракав, по 1001 пат ги лаже граѓаните во однос на ветување проекти во предизборието, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Ако земеме во предвид дека Зоран Заев ветуваше просечна плата од 500 евра, плата за докторите од 100.000 денари, плата за медицинските лица 50.000 денари, минимална плата од 16.000 денари, јасно е според ова што не е остварено овој период, јасно е дека Зоран Заев се што вети денеска во делот на социјални проекти, нема да реализира апсолутно ништо и сето она што го говореше денеска се само лажни ветувања, како и се останато од паушални зборови исфрлени од ракав.Денеска Зоран Заев ветува изградба на 777 социјални станови, бројка која што како што реков сигурно ја извадиле од ракав во знак на очај, еве јавно го прашуваме Зоран Заев која беше причината што до сега беа изградени барем половина од овие 777 социјални станови. Наспроти тоа, не се завршени ни оние коишто беа започнати од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ.Дополнително, Заев ветува 3 старечки домови, а сите знаеме кој беше проектот на СДСМ во однос на старечките домови со Меѓународниот Сојуз на веќе обвинетиот Бојан Јовановски - Боки 13, кој е дел од најголемиот случај на Рекет во историјата на Република Македонија. Сега, Зоран Заев и СДСМ повторно ветуваат старечки домови, откако проектите на неговите градоначалници заедно со Меѓународниот Сојуз паднаа во вода, исто како што Боки 13 падна во притвор. Најверојатно сега нашле нов партнер за реализација на истиот проект којшто не успеа.Заев зборува за правата на работниците, кои патем дури и во неговите фирми се пријавени на минимална плата, тоа е неколку пати објавено од страна на медиумите, а законите за работничките права беа донесени на шверцерски начин како и се останато, без согласност на Економско-социјалниот совет, кој е легитимно тело за заштита на работничките права и ги отфрли исто така мислењата на синдикатите. Затоа, нема компанија која е задоволна од законите на Заев или пак вработени кои успеваат да ги користат своите права и бенефиции што им следуваат.Дополнително, Заев и СДСМ го ограничија правото за надоместок за студирање на децата без родители со нови законски измени, односно за децата кои имаат до 26 години, а претходно со мерката донесена од страна на ВМРО-ДПМНЕ, неограничена беше бројката на години кога би можеле да запишат факултет и да студираат децата без родители. Замислете, деца кои имале навистина тешко детство, станале полнолетни, се вработиле веднаш после 18-та година, за да може да преживеат и да работат на својата иднина, односно да градат семејство. И кога конечно после осум или девет години од нивното полнолетство ќе застанат на нозе, ќе можат да студираат, Зоран Заев наместо тие да студираат им го укина правото и ги остава повторно да се мачат и понатаму.Со еден збор со законска измена човечки судбини патат заради Зоран Заев.Лага е дека СДСМ обезбедува помош и поддршка за повозрасните. Заев удри и по пензионерите кои имаат инвалидни недостатоци или заболувања, практично го ограничи додатокот за мобилност на лица до 65 години, односно лицата над 65 години нема да можат да го користат правото на додаток за мобилност, затоа што според Заев и СДСМ, тие повеќе не се важни за општеството и ги оставаат на цедило им го скратуваат единственото право за додаток за мобилност.Срамота е да се обврзуваат дека ќе инсталираат рампи за инвалиди по институции по 21 век, ако имаме во предвид дека нема директор или функционер на СДСМ од било која институција,што е на раководна позиција, којшто што не е вмешан во било каков криминален тендер. Само за цвеќиња и лубриканти беа потрошени од страна на владата повеќе од 1.5 милиони евра, пари со коишто можеа да се изградат по три рампи во секоја државна институција. Ова е повеќе од лицемерно ветување.Заев и СДСМ го укинаа и додатокот за трето дете што беше директна поддршка за многудетните семејства.Заев вели дека едно четиричлено семејство во кое има едно лице работно неспособно, а другите се над 18 години, три лица, ќе земаат 11.700 денари или вели 300% повисок надоместок. Почитувани, ова е небулоза, лаже и парите кај овие семејства кои треба да ги земаат ќе се намалат, а не како што вели Заев ќе се зголемат.Проста симулација. Истото ова семејство каде едно лице не е способно за работа, а останатите три лица се способни за работа, по се што воведе владата на ВМРО-ДПМНЕ ова семејство добиваше вкупно 29.581 денари.Социјална помош, постојана парична помош, електрична енергија за 12 месеци, право на мобилност, право на туѓа нега, здравствена заштита, користење на топол оброк или сите овие мерки во вредност од 29.581 денари. Сега, со новата мерка на Заев ќе земаат за три пати помалку, односно 11.700 денари, односно наместо да ги зголемат за 300% приходите на овие семејства ги намалуваат за 300%. Толку од социјалната политика на Зоран Заев.Зоран Заев е политичар во заминување. Не му е проблем ништо да вети и да излаже само за да добие некој глас повеќе. Граѓаните повеќе не му веруваат.Затоа, Зоран Заев и СДСМ својата казна ќе ја добијат на 12-ти април и веднаш потоа следува Обнова на Македонија, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.фото и видео: ВМРО ДПМНЕ 

Македонија | пред 6 години

tepa-zena

Сопружници се степале и демолирале изнајмена викендица во Маврово

Сопружници од Скопје викендов се испотепале и искршиле викендичка во Маврово. Според полицијата тие направиле штета на инвентар и си нанеле повреди во викендичката што ја изнајмиле.Според СВР Тетово, вчера било пријавено дека во викендица во Маврово, во која престојувале, двајца сопружници од Скопје на возраст од 25 и 34 години ја оштетиле внатрешноста на објектот. По увидот било утврдено дека тие претходно меѓусебно физички се пресметувале и си нанеле повеќе телесни повреди.Двете лица се лишени од слобода и задржани се во Полициското одделение Маврово за расчистување и документирање на случајот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

02_03_2020_Zaev

Заев: Извештајот на Европската Комисија потврди дека нашите успешни политики се препознаени, сега на ред е ЕУ

„Денеска на израдува денот со соопштувањето на извештајот. За мене тоа е потврда дека нашиот народ, Парламентот, Владата ги завршила своите обврски. Тоа што зависи од нас е завршено“, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање во однос на извештајот на Европската Комисија за Република Северна Македонија.Претседателот Заев истакна дека позитивниот извештај на Европската Комисија дополнително потврдува дека успешните политики се препознаени и дека државата продолжува на европски пат.„Самиот извештај потврдува дека испративме сериозна порака за продолжување на европскиот пат, преку Законот за јавно обвинителство и останатите  реформи процесуирани преку законите, како што се реформите во јавната администрација, екипираноста на безбедносните служби и тоа Агенцијата за национална безбедност, Оперативно - техничката агенција, Законот за промена на Агенцијата за разузнавање.Сериозното работење на Комисијата за антикорупција и борба против корупцијата и криминалот продолжува со посветено темпо.Сето ова како извештај денеска е верификувано од страна на Европската Комисија и ќе биде проследено до земјите членки од каде очекуваме Европскиот Совет да носи позитивни одлуки“, одговори претседателот Заев и ја искористи приликата да испрати порака до европските граѓани и до нивните лидери, како и до Европската Комисија да го исполнат своето ветување.„Време е да го исполнат своето ветување. Продолжуваме и покрај историската грешка што беше направена со Република Северна Македонија на октомврискиот самит на Европскиот Совет.Ние не очекуваме веднаш членство, ние очекуваме после 15 години одлука за добивање на датум за почеток на преговорите, отворање на пред пристапните фондови, поглавјата по кластери и на фер начин преку вистински реформи, трансформации и подигнување на економскиот стандард кај нашиот народ.Не би си дозволил да коментирам кога очекуваме одлука. Тоа што го вети Европскиот Совет беше не подоцна од Мај, пред Европскиот Самит за Западен Балкан кој што ќе се одржи во Загреб на 7-8 мај. Ние ќе чекаме кога ќе бидат готови да ја донесат одлуката, а се надевам ќе го израдуваат нашиот народ час поскоро, но до тогаш ние продолжуваме да работиме“, заокружи претседателот Заев.фото и видео: СДСМ

Македонија | пред 6 години

ramstor

(ФОТО) Пешак прегазен во близина на „Рамстор“

На Фејсбук групата „Ѕид на сообраќајниот срам“ е објавена фотографија во чиј опис е наведено дека пешак бил прегазен од автомобил на пешачкиот премин кај трговскиот центар Рамстор во Скопје.Засега нема информации за идентитетот на прегазениот, ниту за неговата здравствена состојба. фото: Ѕид на сообраќајниот срам

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Според најновиот извештај на ЕК - Македонија треба да ги започне преговорите

Најновиот извештај на Европската комисија повторно со позитивна оценка за реформите во правосудството. Во него е наведено дека државата испорача опипливи резултати со посебен фокус на судските реформи и проактивни истраги, кривично гонење и правосилни пресуди за случаи за корупција и организиран криминал, вклучувајќи случаи на високо ниво, соопштија од Министерството за правда.„Во извештајот е нотирано дека постои значителен напредок остварен при зајакнувањето на независноста на судството. За својата констатација извештајот се повикува на Венецијанската комисија: ‘властите беа конзистентни во своите напори да ги усогласат законите кои се однесуваат на правосудниот систем во согласност со меѓународните стандарди и најдобрите практики’“, велат од Министерството.„Судскиот совет игра поголема проактивна улога и во заштитата на независноста на судиите, но и во примената на подобрените правила за дисциплинска одговорност. Oд јули 2019 година, разрешени се шест судии, вклучувајќи го претседателот и двајцата судии од Врховниот суд, како и тројца други судии (вклучувајќи го поранешниот претседател на Кривичниот суд во Скопје). Одземен е имунитетот на судија од Управниот суд во 2019 година, како и за еден од членовите на Судскиот совет осомничен за измама во декември 2019 година“, стои во извештајот.Европската комисија, додаваат од Министерството за правда, цени дека државата остварила успех донесувајќи го новиот Закон за јавното обвинителство, а главната цел на новиот закон, според Комисијата е да „обезбеди одговорност за сторените прекршувања на законите и целосно затворање, до правосилна судска пресуда, на случаите кои ги отпочна СЈО“.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

viber_image_2020-03-02_13-23-19

“Македонски Независни Листи”, започнаа со собирање потписи - Вашиот потпис би значел поддршка за светла суверена Македонија

Кандидатите за пратеници од “Македонски Независни Листи”, започнаа со собирање потписи за да добијат право за настап на престојните парламентарни избори. Во соопштението кое го испратија до медиумите се вели:-Ве покануваме, со вашиот потпис да изразите поддршка за носителот на листата во изборна единица бр.5 Горан Тасковски, Aмбасадор на Република Македонија во Турција во периодот од 2011 до 2015 година, како и за нашата охриѓанка, втора на листата, Наташа Спасеска Цветкоска.Со вашиот потпис бидете дел од новиот пат во Македонската историја, Новата ера - Ера трета. Македонските независни листи се Македонскиот народ. Вашиот потпис би значел поддршка за светла суверена Македонија, земја на економска благосостојба, земја на среќни луѓе. Вашиот потпис може да го дадете секој ден од 09 до 19 часот, најдоцна  до петок 6-ти Март, во одделението на државна изборна комисија во зградата на општина Охрид.Бог нека ве благослови вас и Македонија, се вели во соопштението од Македонска незавсина листа - Ера третa фото: Македонска незавсина листа - Ера третa 

Македонија | пред 6 години

tabanovce

Подготвени сме за справување со евентуален бран мигранти, сите надлежни институции ги активираат своите оперативни планови

Управувачки комитет за координација и управување во системот за управување со кризи денеска одржа состанок посветен на најновите состојби со справување со евентуален нов бран мигранти.На состанокот на Управувачкиот комитет, со кој претседаваше министерката за одбрана Радмила Шекеринска, и на кој учествуваа заменичката претседателка во Владата задолжена за економски прашања и координација со економските ресори Мила Царовска, министерот за надворешни работи Никола Димитров, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, дополнителната заменичка министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска, министерот за здравство д-р Венко Филипче, дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ, директорот на Центарот за управување со кризи Агрон Буџаку, претставници на канцеларијата на Претседателот на Република Северна Македонија и на Армијата на Република Северна Македонија беше истакнато дека Владата со соодветно внимание ја следи ситуацијата и е во постојана комуникација со партнерите на нашата земја од НАТО и ЕУ.Република Северна Македонија воспостави систем од претходната бегалска криза и тој систем е подготвен и функционален да одговори на предизвиците со кои би се соочиле како транзитна земја.Во 2019 година беше продолжена кризната состојба на јужната граница, и согласно оваа одлука, сите институции кои имаат обврски во услови на зголемен притисок на нашите граници го засилуваат своето присуство и ангажман. Уште во текот на денешниот ден, зголемен е бројот на припадници на полицијата и на Армијата распоредени на јужната граница и потврдени се оперативните планови за дополнителен ангажман во случај на понатамошен раст на бројот на мигранти.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

korona-1

Двајца доктори од Македонија во карантин, лице кое им држело предавања е позитивно на коронавирус

Двајца доктори кои биле на предавање ќе се проверуваат дали се позитивни на коронавирус, откако кај еден од предавачите бил откриен коронавирусот, истакна министерот за здравство, Венко Филипче. Тој посочи дека е мала веројатноста тие да се носители, но сепак ќе бидат во карантин.„Во државата викендов се стигнати десетина автобуси и авиони. Сите патници се испрашани, немаме податок дека некој е заболен или дека некој од испрашаните бил во контакт со заболени лица. Бевме известени од СЗО дека двајца наши колеги, а кај еден од предавачите било потврдено дека е заболен од коронавирус. Докторите дошле во земјава во саботата доцна навечер, немале контакт со други луѓе освен семејствата. Ќе бидат тестирани, а ќе бидат и во карантин. Со оглед на тоа што велат дека со тој предавач немале контакти, со оглед на малата експоненција, сметаме дека е исклучително мал ризикот да бидат носители или преносители“, рече Филипче.Тој извести дека единствената заболена пациентка е добро, односно дека веќе трет ден нема температура, што значи дека се стабилизира состојбата и дека пациентката е во рана фаза на опоравок.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

carina-droga-2

Приведен албански државјанин поради пронајдените 45 килограми марихуана во близина на ГП „Ќафасан“

Одделот за криминалистичка полиција – Единица за недозволена трговија со дрога во соработка со Регионалниот центар за гранични работи Запад поднесе кривична пријава против Е.Ј.(30) од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.По преземени мерки, Одделот за криминалистичка полиција – Единица за недозволена трговија со дрога во соработка со РЦ Запад обезбеди материјални докази и констатираше дека пријавениот е инволвиран во случајот на пронајдени 45 килограми марихуана во две торби во близина на Граничниот премин „Ќафасан“ на 11.11.2018 година.На 26.02.2020 на Граничниот премин „Свети Наум“, Е.Ј. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица. Од страна на судија на претходна постапка при Основен суд Струга на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

02032020_VRSM_potpisuvanje_memorandum_za_sorabotka_so_site_opstini_i_grad_Skopje-2

(ВИДЕО) 70 милиони евра за за „Изградба и рехабилитација на локални патишта

Седумдесет милиони евра ќе им бидат распределени на сите 80 општини за изградба и санација на локални патишта и улици, како и на друга патна инфраструктура во единиците на локалната самоуправа. Со оваа директна помош Владата ќе овозможи сите општини да се стекнат со можност да добијат од 500.000 до 2 милиони евра, во зависност од проектот со кој ќе аплицираат.Ова беше денеска истакнато на свечената церемонија на потпишување на меморандумот за соработка со сите општини и Град Скопје, на која покрај градоначалниците и претставниците на општините и на Град Скопје, и извршната директорка на ЗЕЛС, Душица Перишиќ, присуствуваа и носителите на проектот, министерот за транспорт и врски Горан, Сугарески, министерката за финансии, Нина Ангеловска, како и претседателот на Владата, Оливер Спасовски и заменичката претседателка во Владата задолжена за економските ресори, Мила Царовска.Во своето обраќање премиерот Спасовски истакна дека со овој настан се отпочнува процес за една голема сезона на изградба и ревитализација на локалната патна инфраструктура ширум нашата земја.„Оваа Влада покажа цврсто определеност да овозможи рамномерен регионален развој и еднакви можности за квалитетен живот за сите наши граѓани, без разлика дали живеат во град, село или мало населено место. Токму затоа го покренавме овој проект за „Изградба и рехабилитација на локални патишта”, а за неговата оправданост и неопходност говори и самиот факт, дека Светска банка ни одобри заем во висина од 70 милиони евра. Во изминатите две и пол години Владата покажа дека се грижи за граѓаните, а прикажа и цврста определеност да ја поддржи локалната заедница“, нагласи премиерот Спасовски.Во обраќањето претседателот на Владата Спасовски наведе дека Република Северна Македонија е географски мало подрачје и дека инфраструктура е предуслов граѓаните брзо да комуницираат и соработуваат меѓу себе.„Времињата на стиропор фасадите и бесмислените објекти се зад нас. Владата направи пресврт во приоритетите и преку овој проект се овозможува зголемена мобилност на граѓаните со реконструкција на постоечките и изградба на нови локални патишта, се подобрува безбедноста на патиштата преку санирање на црни точки, поставување хоризонтална и вертикална сигнализација, осветлување и т.н. Исто така овој проект во својата реализација предвидува поширока општествена одговорност како што се обуки за жени превозници, преквалификација на лица за работни активности поврзани со транспорт и друго“, подвлече премиерот Спасовски.Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска истакна дека во изминатиот период, Владата покажа волја и посветеност за рамномерен регионален развој во државата, со што се обезбедуваат подобри услови за живот за сите граѓани во Република Северна Македонија.„Покажавме дека како Влада градиме по план, со што допринесуваме за подобра поврзаност на сите населени места меѓу себе, но и поврзаност со клучните коридори кои се врската на земјата со странство. Квалитетната инфраструктура е многу значајна за економски раст и развој, и е едно од клучните барања како на бизнисот, така и на граѓаните. Еден од овие процеси е градењето на нова и санација на постојната инфраструктура, особено во деловите од земјата коишто со години беа заборавени и запоставени. Сигурна сум дека овој проект ќе биде успешна приказна со кој ќе се подобри квалитетот на животот на сите граѓани“, подвлече вицепремиерката Царовска.Министер за транспорт и врски, Горан Сугарески информираше дека со проектот е предвидена изградба и санација на локални патишта и улици во општините со вкупна должина од околу 450 километри.„Висината на распределените средства е различна за секоја општина и е утврдена согласно методологија воспоставена заедно со Светска банка. Како критериуми земени се бројот на население, бројот на населени места во општината, површина на општината и бројот на регистрирани моторни возила во општината. Според вака утврдената методологија, на секоја општина на располагање и стојат од 500 илјади евра до 2 милиони евра и тоа зависно од висината на спомнатите критериум“, наведе министерот Сугарески.Тој информираше дека со проектот посебен акцент ќе се стави на зајакнување на капацитетите на општинската администрација, но и на општествената одговорност преку времено вработување, учество во обуки и преквалификација на жени.Секој денар вложен во инфраструктурата, се враќа четирикратно во економијата, истакна министерката за финансии, Ангеловска и посочи дека подобри патишта значат раст на транспортот, на трговијата, на туризмот, но пред сѐ, значат подобри услуги за граѓаните во земјава.„Преку Проектот за подобрување на општинските услуги кој Министерството за финансии го спроведува со поддршка на Светска банка, обезбедуваме проектна документација за општините за изградба по 3 километри локални патишта. Проектната документација е финансирана со грант средства преку МСИП во износ од 1,1 милион евра и со овој грант ќе се обезбеди проектна документација за 78 општини, односно сите општини кои имаат побарано. Досега е изготвена проектна документација за повеќе од половина од општините, односно за 45 општини, додека до крајот на март на сите општини ќе им биде предадена проектната документација“, рече Ангеловска.

Македонија | пред 6 години

Cvetan-izjava

Трипуновски: Половина година граѓаните јаделе непроверена храна, ЈО да отвори случај

Зоран Заев, Зоран Атанасов и СДСМ скоро половина година го загрозувале здравјето на граѓаните, бидејќи АХВ не вршела никакви проверки за безбедноста на храната. Скоро половина година граѓаните конзумирале храна која можеби била целосно небезбедна за нивното здравје, истакна Цветан Трипуновски, дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.Во перидот од 05.06.2019 до 11.11.2019 година, односно повеќе од 5 месеци не се спроведувал мониторинг согласно Законот за безбедност на храната од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство. Ова се документите кои што го докажуваат пропустот.Скоро половина година АХВ во наведениот период немала склучено договор со Факултетот за ветеринарна медицина, за лабораториски услуги за ветеринарно јавно здравје за следниве мониторинг програми :Мониторинг на присуство на резидуи и недозволени супстанции кај живи животни, производи и суровини од животинско потекло;Мониторинг на микробилошки критериуми, безбедноста и хигиенската исправност на храната од животинско потекло, мониторинг на критериумите за сурово млеко кај молзните грла и мониторинг на антимикробна активност;Мониторинг на квалитет на храна од животинско потекло, безбедноста на храната за животни и на безбедноста на нуспроизводи од животинско потекло.Во овој период од скоро половина година никој во државата не знаел каква храна јадат граѓаните. Дали јадат месо со антибиотици и тешки метали, млеко со афлатоксини, антибиотици и лош квалитет, јајца третирани со органофосфорни соединенија или имало можно присуство на ГМО храна и биолошки контаминирана храна.Ова е катастрофална негрижа за безбедноста на храната и здравјето на граѓаните.Зоран Заев и Зоран Атанасов мора да одговараат за ваквата негрижа кон граѓаните и нивното здравје. Го повикувам ЈО по допрен глас да отвори истрага и да утврди дали во наведениот период имало штета по здравјето на граѓаните.Ваквата неодговорност и негрижа ќе бидат казнети на 12 април. СДСМ никогаш повеќе, истакна Цветан Трипуновски, дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.фото: Архива

пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања