Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

Martinki

Партијата на Љубе Бошкоски се огласи за носењето мартинки

Традиционализам е почитување на обичаите на нашиот народ. Март е месец  кога во нашата земја се носат мартинки. Носењето мартинки во нашите краишта е спомнато дури и во Зборникот на Браќата Миладинови. Мартинките се носат до појавата на првото процветано дрво или на првиот виден штрк, но и до здогледување на првата ластовица, се вели во соопштението од обединети за Македонија.Тажен е фактот што мартинките се помалку и помалку се носат низ младите, а можат да бидат најголем симбол на внимание и љубов, подарени на луѓето кои ни значат.Охрабруваме да ја заживееме традицијата со носење мартинки, бидејќи со години се носи на овие простори. Подарете мартинка – со тоа ќе подарете внимание и љубов.фото: Обединети за Македонија

Македонија | пред 6 години

Ministerstvo-za-zdravstvo-tabla

Министерството за здравство: Еве што се излажал Стоилковски и за што треба да се извини...

На денешната прес-конференција Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ изнесе низа лаги, клевети и неточни информации за министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, се вели во демантот од Министерството за здравство. Во продолжение на истиот пишува:Еве што се излажал Стоилковски и за што треба да се извини:Прво, родителите на сопругата на министерот Филипче не располагаат со земјиште од 13 илјади квадратни метри, туку со околу 5000 квадратни метри, од кои најголемиот дел се земјоделство земјиште. Семејството гради само семејна куќа, на плац од 600 квадрати. Земјиштето е купено во 2015 година кога Венко Филипче не беше на функција министер за здравство.Второ, компанијата која наводно се поврзува со министерот Филипче апсолутно не е на ниеден начин поврзана со него, ниту пак тој доделувал тендери за истата во висина од 7 милиони евра како што обвинува Стоилковски.Трето, фирмата „Синерџи“ во Министерството за здравство има аплицирано на само една јавна набавка, којашто е во висина од 35 милиони денари, добиена во регуларна тендерска процедура.Четврто и најсмешно, сопругата на министерот воопшто не се вика Маја како што наведува Стоилковски, што уште еднаш се докажа какви неточни, несериозни и лажни информации пласира Стоилкоски за дневно политички поени.Оваа срамна прес-конференција со лажни обвинувања се должат на успешната работа на министерот и желбата на ВМРО-ДПМНЕ да ја дискредитира таа работа по секоја цена.Уште пострашно е што во период кога министерот и медицинскиот персонал е посветен на справување со корона вирусот, Стоилковски и ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат преку лаги да ја дефокусираат јавноста, се вели во демантот од министертвото за здравство по прес конференцијата на портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Наум Стоилковски.фото: Архива  

Македонија | пред 6 години

debarsko1

(ФОТО) Heмa вода во Дебарското езеро, ХЕ „Шпиље“ нe може да произведува струја

По алармантната состојба со Преспанското езеро, и вештачките акумулации во земјава ја губат водата. Дебарско Езеро или Шпиље — вештачко езеро во западниот дел од Македонија, има површина од 13,2 км², 92 м длабочина и надморска височина од 580 м. Се користи како акумулација за ХЕ „Шпиље“, објави Инфомакс.мк.Каде истекува водата, засега нема одговори иако постојат индиции дека се трошат на зголемување на потенцијалот на реката Црн Дрим, која потоа полни неколку приватни хидроцентрали на албанска страна.Текстот во целост на : Инфомакс.мк

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ЦК Единствена Македонија: Го повикуваме ВМРО-ДПМНЕ на коалиција - ова се условите

Централниот комитет на Единствена Македонија како највисоко одлучувачки орган на партијата помеѓу два конгреса на синоќешната седница расправаше за настапот на партијата на изборите на 12 април. На седницата беа донесени следните одлуки:Единствена Македонија го повикува ВМРО-ДПМНЕ на заеднички коалициски настап на изборите на 12 април под следните услови: Поништување на договорот со Грција за промена на името; Поништување на договорот со Бугарија со кој се бришат Македонците во Пиринска Македонија; Поништување на фалсификуваниот попис во 2002 со кој Албанците беа лажно прикажани дека се 25,17 отсто и спроведување на попис кој реално ќе ја прикаже бројноста на населението во Република Македонија; Поништување на двојазичноста, односно, службен јазик македонскиот јазик и кирилското писмо, Доколку коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и Единствена Македонија освои 61 пратеник, формирање влада без учество на албанска партија.Единствена Македонија го следи решителното барање на народот за сплотеност и единство и силно верува дека овие определби се достижни и остварливи и дека коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и Единствена Македонија на изборите ќе однесе убедлива победа со повеќе од 61 пратеник што дава можност согласно Уставот за формирање самостојна македонска влада која ќе ги поништи антимакедонските договори кои се спротивни на меѓународното право. Оваа коалиција може да го обезбеди опстанокот и просперитетот на народот и државата. На потег е ВМРО-ДПМНЕ.  Татковината повикува!Оставаме ВМРО-ДПМНЕ да се произнесе за предлогот во наредните 48 часа а во спротивнои Централниот комитет го овластува Извршниот комитет да донесе конечна одлука за настапот на партијата на изборите на 12 април: самостоен настап или формирање на патриотски блок на здруженија и партии.Централниот комитет изрази задоволство, прво, Платформата на Единствена Македонија „Битка за Македонија„ отпечатена во 100.000 примероци веќе е поделена во преку 70.000 примероци, второ, при крај сме со целосното спроведување на одлуката за генерален реизбор во 42 општински комитети на партијата, трето, досега се отворени 22 општински штабови и до почетокот на изборната кампања тој број ќе се зголеми на триесет канцеларии низ Македонија, четврто, бројните анкети по социјалните мрежи потврдуваат дека Единстевна Македонија е најсилната партија со ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и последната надеж за Македонија, македонскиот народ и државјаните на Република Македонија.фото: Единствена Македонија

Македонија | пред 6 години

solza

Грчева: Мила Царовска со нејзината стратегија за мигранти, нека се спреми за огромен наплив во наредните недели

ФБ статус на претседателката на политичката партија „Глас за Македонија“, Солза Грчева. Грчева на ФБ напиша:Мила Царовска со нејзината стратегија за мигранти, нека се спреми за огромен наплив во наредните недели. Ќе ги вдомела и вработела. Тешко нам и тешко на мигрантите. Тие со нас не знаат што да прават, не пак со мигрантите. Сите овие неспособни лажговци се да ги лансираш на некоја најдалечна планета и око да не ти трепне, напиша Грчева на ФБ.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

nesreka-2

(ФОТО) Тракторист загина во сообраќајка на патот Кичево-Гостивар

Малку по  9,30 часот во неделата наутро на патот Кичево – Гостивар, кај селото Трапчин дол се случила тешка сообраќајка меѓу трактор и автомобил „ауди“, во која животот го загуби трактористот, додека возачот на возилот е хоспитализиран со тешки повтреди.Сообраќајот најпрво беше во прекин во двата правци, а сега е целосно нормализиран, изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.МВР изврши увид, и подетални информации се очекуваат во текот на денот.фото: Скопје 1

Македонија | пред 6 години

Naum-Stoilkovski-01-03-2020

(ВИДЕО) Стоилковски: Филипче со газдата на фирмата која добива милионски тендери од министерството се стекнале со земја од над 13 илјади м2 среде Водно

Во 90тите години, на почетокот на македонската независна држава, на падините на Водно во близина на скопското селото Нерези изникнаа огромни хациенди - дивоградби во сопственост на олигарсите на СДСМ. Народот ги нарече ШПАНСКО СЕЛО! Дали 25 години подоцна, денес историјата се повторува? Дали сме сведоци на нова огромна афера Шпанско село 2, во режија на министерот Венко Филипче и Мафијата во бели мантили?Ако до вчера Филипче не одговараше за во народот познатиот објект „Касарната на Филипче“, денеска јавно го прашувам дали знае чии се над 13,500 квадратни метри градежно земјиште, вклучително и земјиштето каде се гради популарната Касарна, истакна Наум Стоилковски - Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Веќе информиравме за заедничката градба на КАСАРНАТА во Нерези на тештата, бабата на Филипче и на Горан Филипов, сопственик на фирмата Синерџи. Синерџи на Филипов е компанијата која што од именувањето на Филипче за министер до денес, има добиено тендери од Министерството за здравство и институциите под негова надлежност, тешки околу 7 милиони евра!Но, почитувани тоа не е се’! Според јавно достапните податоци, објавени од Катастарот, Венко Филипче преку неговата Сопруга Маја, нејзината мајка Катерина Савеска, таткото Јордан Савески и братот Александар Савески, сите тие заедно со Горан Филипов, сопственикот на фирмата Синерџи се сопственици односно сосопственици на вкупно 11 катастарски парцели, со вкупна површина од 13.506 м2.-Семејството Савески на сопругата на Филипче е сопственик односно сосопственик на 7 катастарски парцели со вкупна површина од 6.164 м2.-Горан Филипов е сопственик односно сосопственост на 8 катастарски парцели со вкупна површина од 7.342 м2.Согласно важечкиот урбанистички план, кој што дополнително е развиен со  Архитектонско Урбанистички План,  финансиран од Инвеститорите за споменатите локации е предвидена намена А4. А4 означува времено сместување со катност П + 1 + Пк и со вкупно развиена површина е 324 м2 или 108 м2 по кат.Согласно ПРАВИЛНИК ЗА СТАНДАРДИ И НОРМАТИВИ ЗА УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ, под времено сместување се подразбира градби на хотели, мотели, викендици, старски домови и други објекти за времено сместување.Ова пак е  дијаметрално спротивно со истакната табла пред објектот Касарна која што се гради и на која што стои дека се гради семејна куќа. За семејна куќа се издава А1!Фактичката положба и издадените одобренија укажуваат дека се градат 2 објекти со намена Времено сместување.Почитувани, Спрегата меѓу Филипче и Филипов е многу поголема и трае многу подолго отколку што вели Филипче. Се работи за добро познати семејно поврзани лица, кои што долги години споделуваат и заеднички имоти, влегуваат во заеднички инвестиции, а Филипче му одобрува тендери од 7 мил евра!Оттука прашуваме, што тоа планирал Филипче да изгради и на какви бизнис зделки размислувал наместо да изгради на пример една болница или Клиничкиот центар?Дали тендерите доделени на семејно врзан партнер не создаваат конфликт на интереси?Дали градежната намена од А4 која што опфаќа и старечки домови не било и тема на состанокот на Филипче со Боки 13?Како со чесна плата се стига до 13.500 м2 на Водно?Дали можеби освен Филипче и семејството на неговата сопруга има уште некој друг близок до Филипче со имот во непосредна близина?Ќе изникне ли Шпанско село 2 на падините на Водно, пред очите на институциите додека Филипче го заврши министерскиот мандат?Ова се само дел од прашањата за кои што Филипче но и институциите мора да одговорат, истакна Наум Стоилковски - Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.фото и видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

(ФОТО) Тешка сообраќајка кај Трапчин дол, неофицијално настрада тракторист

Претпладнево се случи тешка сообраќајка на патото Кичево-Гостивар-Тетово-Скопје.Неофицијално кај местото викано „Трапчин“ настрада тракторист.Поради сообраќајката сообраќајот беше во застој. Се форимира колона на возила кои сообраќаа кон Охрид.фото: Скопје 1

Македонија | пред 6 години

zaev

Заев: Ве повикувам сите да си пружиме рака за помирување како одлика на чесни луѓе

На денешниот празник Прочка ве повикувам сите да си пружиме рака за помирување како одлика на чесни луѓе.Простувањето и помирувањето се одлики на големи народи. Нека ни е честит празникот, истакна во својата видео порака објавена на социјлната мрежа Фејсбук претседателот на СДСМ, Зоран Заев.https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/444982399559487/фото и видео: ФБ

Македонија | пред 6 години

soobrakajka111

МВР со детали за сообраќајката кај Ѓорче Петров - Повредени пет млади лица

На 29.02.2020 во 20,20 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.“Ѓорче Петров“ и ул.“Мајски манифест“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило “југо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ш.(22) од Скопје, и патничко моторно возило “БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(22) од Скопје, а настрадале и пешаци.При незгодата со повреди се здобиле двајцата возачи, како и пешаците Б.Т.(19) и уште две лица на возраст од 16 и 17 години сите од Скопје по што биле пренесени во болницата Аџибадем Систина и Градската општа болница “8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Спасовски повика на внатрешно и меѓусебно помирување, љубов и почитување

Денеска е празникот Велики поклади – Прочка. Празникот на искрената и пожртвувана љубов кон ближните. Празничен ден кога бараме прошка и кога со тој голем дар ги отпочнуваме деновите на големиот велигденски пост, како подготовка за најголемиот православен христијански празник, истакна во своето обраќање премиерот Олиовер Спасовски.Пораката што ја праќа денешниот празничен ден го одредува патот на нашето внатрешно и меѓусебно помирување и ни помага во градењето на заедница на граѓани исполнети со љубов кон другиот и со меѓусебно почитување. Тоа е концепт што носи добро за сите.Ви го честитам денешниот празник и ви посакувам добро здравје, духовно помирување и обединување околу вистинските вредности на мир, пријателство и меѓусебно почитување што ги носи овој ден.Овој празник повикува и на тоа да ги оставиме зад нас делбите и конфликтите.Нѐ повикува да се подготвиме за уште посилно да продолжиме да градиме интегрирано општество во кое различностите се богатство за стабилна и просперитетна држава за сите нејзини граѓани.Пред нас е време на лична и општествена одговорност. Да почитуваме за да бидеме почитувани, да простуваме и да ни биде простено.На сите граѓани што денеска го празнуваат и му се радуваат на овој ден им посакувам среќен празник – Прочка.Имајте убав и спокоен празничен ден, а деновите пред вас до Велигден, нека ви поминат во радоста на простувањето“, истакна во своето обраќање премиерот Олиовер Спасовски.Фото: Архива

Македонија | пред 6 години

koronavirus

Нема нов случај на заболен од корона вирус во нашата држава

Во изминатото деноноќие не се тестирани нови пациенти од корона вирус и до овој момент нема нов случај на заболен од овој вирус во Република Северна Македонија.Единствената пациентка позитивна на вирусот „Ковид 19“ е во добра здравствена состојба. Таа се лекува во одделот за изолација, под постојан мониторинг на стручниот лекарски тим според сите здравствени протоколи на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.Останатите патници кои биле во комбето со единствената пациентка позитивна на корона вирус и лицата со кои тие оствариле непосреден контакт остануваат во домашна изолација.Во моментов нема македонски државјани заразени од овој вирус, ниту пак македонски државјани кои се под карантин во Италија.Северна Македонија ги спроведува препораките на Светската здравствена организација за заштита од корона вирус.Нема простор за паника, апелираме до граѓаните да ги применуваат мерките за хигиена, како што се избегнување близок контакт со лица кои имаат респираторни симптоми, кашлање, кивање, почесто миење раце со сапун и топла вода, да се стави маска доколку во близина има лице со симптоми на респораторно заболување.Во однос на состојбата со корона вирусот, апелираме до граѓаните да се информираат само од официјалните информации на релевантните институции.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

soobrakajka111

Девојките што вчера беа повредени во сообраќајка се ракометарки на ЖРК Вардар

Порталот Ракомет24  објави дека двете девојки што вчера беа удрени на автобуска постројка се ракометарки на првиот тим на ЖРК Вардар.Девојките со возило на брза помош беа пренесени в болница. Тие се хоспитализирани без посериозни физички повреди и се очекува во текот на денов да бидат пуштени на домашно лекување.Инаки две девојки беа повредени синоќа во скопската населба Ѓорче Петров, откако во нив удрил џип додека тие чекале на автобуска постројка.Според очевидци на настанот, џипот кој се движел од правец на Ѓорче Петров кон Центар сакајќи да избегне возило марка „југо“ што му го пресекло патот и влегло во неговата лентата, изгубил контрола и удрил директно во девојките.Возачите на возилата не се повредени.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Rascistuvanje-odroni-Veles-2-1

(ВИДЕО) Китанов: Свлечиштето на патниот правец Велес – Градско се санира

Во општина Велес на патниот правец од Велес спрема Градско се појави ова свлечиште и одрони на карпи. Тоа нешто е многу непредвидливо и секогаш претставува закана за безбедноста на учесниците во сообраќајот. 2018 година беше санирано привремено за да може да се оспособи сообраќајот, во меѓувреме проектна задача на Градежен факултет се заврши, се проектираше целата оваа санација за да биде направенa, и еве изведувачот е воведен во работа за да може да се направи целиот овој појас да биде безбеден за сите учесници во сообраќајот. Ќе се одвива во 3 фази, истакна Зоран Китанов, член на ЦО на СДСМ.На почетокот ќе се изврши ископ на веќе уништениот пат, негово стабилизирање со санирање на уништениот ѕид со поставување на нов бетонски ѕид, за подоцна да се изврши насипување и поставување на нова еластична ограда за комплетирање на градежната работа на овој дел од проектот.Во втората фаза ќе се започне со кавење на карпите се со цел да се осртат оштетените, испуканите карпи, за подоцна да се започне со поставување на анкери врз кои ќе се врши торкетирање, поставување на заштитна мрежа и поставување на габиони за трајно стабилизирање на карпата. Како последна и трета фаза од проектот ќе се изврши целосно отстранување на веќе оштетениот и испукан асфалт со поставување на нов асфалтен слој, а во меѓувреме за информација на граѓаните тече тендерот за целосна рехабилитација на патниот правец од Велес до после Градско.Значи очекуваме за некој 4 до 5 месеци комплетно да биде овој дел саниран, како во делот на одронот така и во патниот правец спрема Велес-Градско, истакна Зоран Китанов, член на ЦО на СДСМ.фото и видео: СДСМ

Македонија | пред 6 години

procka-1

Денеска е Прочка, празник за меѓусебно простување помеѓу верниците 

Денеска е Прочка. Овој ден претставува голем празник за македонскиот народ и со него се поврзани голем број обичаи и верувања. Прочка е ден во православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на Велигденскиот пост. Датата на Прочка се менува во зависност од датата на Велигден, и секогаш е точно на 7 недели пред Велигден. Од верски аспект, Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните, кој треба да го следи примерот на Господ Исус Христос за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето. Прошка бара помладиот од постариот со зборовите „Прости ми “, а постариот одговара „Простено да ти е од мене и од Бога“.Неделата пред Прочка се нарекува бела или сирна недела, кога не се јаде месо, туку се јадат млечни продукти или сукани пити. Прочка во семејството се одбележува со богат ручек кој завршува со амкање јајца. Варено јајце се врзува на конец и над трпезата се завртува над главите на децата.Амкањето е интересен обичај кој особено на децата им причинувал голема радост. Се изведувал на тој начин што едно варено бело јајце се прободувало со игла, потоа низ него се провирал конец кој се врзувал за урката, за таванот или за синџирот од огништето. Најстариот човек во куќата, најчесто домаќинката го држела конецот и сите почнувајќи од постарите амкале, обидувајќи се да го лапнат јајцето, но без при тоа да се послужат со рацете.  Ако некој го лапнел јајцето, му го давале да го изеде, а амкањето продолжувало со друго. Детето што ќе успее го гризне јајцето се прогласува за најсреќно во следната година и добива награда.Со Прочка  завршуваат зимските и почнуваат пролетните празници.  

Македонија | пред 6 години

petar-1

(ВИДЕО) Богоjески: Ние нема да прифатиме да бидеме некава трета политичка опција, токму ние ќе одлучиме кој ќе биде премиер на Македонија

„Започнавме да работиме на реализација на една многу искрена идеја, втемелена на граѓански активизам. Успеавме да мобилизираме низа активности со кои посветено работевме и сеуште работиме во насоката на промоција на македонскиот концепт. Во изминативе неколку недели ја реализиравме кампањата „Приклучи се направи промена“, под мотото „За нормална држава“.Во оваа мисија не сме сами, поддршка добивме и сеуште добиваме од сите страни на државата, голем број наши сограѓани чија желба за нормален живот и подобро утре е посилна од било кога до сега. Таа поддршка за нас е значаен потик предизвик. Но и одговорност да направиме голем чекор напред чекор кон нормална држава и иднина на нашата земја. Токму затоа охрабрени и поддржани од илјадници наши сограѓани кои ни дадоа зелено светло да продолжиме, денес сме тука собрани за да потврдиме: Пораката е примена, а ние сме подготвени за да го направиме тој чекор напред, беше кажано вечерва на промоцијата на прогармата на политичката платформа „Македонски концепт“.Пред присутните се обрати промоторот на оваа платформа Петар Богоjески. Тој во дел од своето обраќање истакна:Сакам нешто лично да кажам за да расчитиме некои дилеми , ако воопшто кај некого или некаде постојат :Често слушам ене го бунтовникот, реформаторот, одметникот.Точно, бунтовник, но за што?  – За нормална државаРеформатор, но на што? – На заробената држава.Одметник, но од што? – Од бандитите …Ова е точно и се гордеам со тие епитети.Реформатор, а не реставратор. Да, јас сум реформатор и ние сите заедно тука сме реформатори кои се бориме оваа наша Македонија да стане нормална држава. Ние не сме реставратори на истрошени, непродуктивни криминални системи и естаблишменти.Ние ја превземаме улогата на реформатори. Но тоа е тајната на Македонки концепт. Зошто е победнички концепт?Богоевски обраќајќи се пред присутните во продолжение истакна:„Месеци промовираме „Чекор НАПРЕД“, сите се прашувате што е тој чекор или кој е тој чекор. Тоа е нашата конечна одлука, односно одлука да ви соопштиме дека ние сме подготвени да одиме на избори. Таа подготовка значи дека сме подготвени со листи на врвни професионалци, универзитетски професори , стопанственици, граѓански активисти и граѓани кои серизоно стојат да одлуката да направат се што можат за нормална Македонија Во овој момент сведоци сме на исклучително валкани игри на политичката сцена во земјава, на политички пазар, јас би го нарекол непринципиелен шопинг и коалиции на партии кои немаат ништо заедничко по својата идеолошка определба. Ние сме строго одлучни дека единствено може да излезиме пред граѓаните на држава само со сродни и јасно определени граѓани кои знаат да препознаат, кои знаат да се изборат за нормална држава и кои знаат да застанат зад вистински вредности кои 30 години ги нема во нашата татковина. Таа наша одлука секако е усвоена доколку општеството е подготвено за нова етапа од политичкиот живот во земјава доколку граѓани, организации и политички партии се подготвени зад вредностите за кои се залагаме, тогаш заедно одиме на избори каде ќе покажеме и докажеме дека сме уникатна понуда различна од досегашните.Што нудиме:Нудиме нови лица, нова генерација кои со посветенот, стручност и издржана идеја ќе докажеме дека заеднички можеме да создадеме држава во која граѓаните се секогаш на прво место, и која е економски и полички стабилна. Нови идеи, нови прокти кои ги решаваат проблемите и кои ќе пркосат на личните интереси. Проекти чија реализација ќе значи ефективно и ефикасно решение,а  не политичка импровизација или манипулација.Зошто таа одлука во услови кога институциите со децении потфрлаат, кога не успеаја да се справат со мафијата, останува тоа да го направиме ние граѓаните.  Да се самоорганизираме , за да ја спасиме државата. Да се избориме и конечно да воспоставиме вистинска Република. Тоа е Македонски концепт , форма на граѓански активизам, за справување со бандитите, за спас на државата и за вистинска република.Имаме идеја во која веруваме , идеја во која сме убедени, идеја како до нормален живот, како до нормална држава , како до нормално општество или како до фер општество. Таа идеја е наша водилка во оваа борба за нормална држава. Дел од таа идеја преточивме во нешто што го нарековме „граѓански манифест“.Ако Макеодонските илинденци си имаа свои манифести низ кои ја изразија желбата за слобода и државност , ние денес преку наш манифест , ја изразуваме нашата одлучност – да се избориме за нормална држава, фер општество, европеизација, нова генерација одговорно управување, слободен човек, законитост , правдина, политички дијалог, еконоски развој и претприемништво, образование и култура и здрава нација. Тоа се постулатите на кои се потпира нашата програма и се она што сме во намера да го промовираме во наредниот период.Само компатибилни на оваа идеја граѓани, организации и политички партии кои се подговени на бескомпромисна борба за реализација на тоа можат да бидат дел од екипата со која треба да ја промениме државата.Затоа што единстевната призма низ која гледам е онаа која констатира квалитет на животот, кој сите ние тука го живееме. Затоа ни е потребна оваа граѓанска будност  – само будни граѓани одлучуваат самостојно за својата иднина. Само будни граѓани не дозволуваат да бидат манипулирани од истите бандити повеќе децении. Доста беа манипулации.Некој ќе каже етикетирање со политичка позадина. Сите ние веќе неколку генерации сме заложници на етикетирање, тоа е наш национален спорт. Заробеници сме на пизми, тоа ни е историско наследство, притвореници сме на анахроно поведение , тоа ни е тековна судбина. А јас ќе речам доста со етикети, да прекинеме со пизми , да завршиме со анахрно однесување. Пред вас стои само еден граѓанин на Републиката, но во име на илјадници кои одбиваат да бидат заложници, заробеници, притвореници на сите оние кои сме обединети во Македонски концепт, подготвени да направиме чекор напред, ненормалното да го подобриме – поправиме во нормално.Јас сум по природа победник, затоа што секогаш сум креирал победнички концепти.Таков е и ќе биде токму овој Македонки концепт. Тој е осуден на успех, а еве и зошто.Затоа што сите нации низ светот си имаат свои концепти за иднината. Редно е и ние да си имаме наш македонски концепт, за нашата иднина. Сами да си ја кроиме судбината. Сите ние сплотени во Македонски концепт единствено сме мотивирани од личните ставови и желби. Да ги вложиме сите сопствени и професионални и човечки капацитети во насока оваа наша Македонија да ја направиме нормална држава која има сигурна иднина и која на секој граѓанин ќе настојува да му обезбеди достоинствен живот.Ние нема да прифатиме да бидеме некава трета политичка опција. Токму ние ќе одлучиме кој ќе биде премиер на Р Македонија. Нашата заложба, намера и посветеност е да бидеме прва и еденствена опција, бидејќи мафијата од другата страна не е опција.  Нашата цел е да создадеме нормална држава со модерно образование, чиста околина, богати граѓани , спортски достигнувања, достојни за почит и углед како дома така и во светот.Никој нема ексклузивно право врз Македонија. Македонија е на сите нас заедно и сите заедно гордо ќе го носиме знамето да државниот патриотизам. Македонци сме сите ние кои живееме во Македонија. Нашата цел е да направиме промена на овие избори.  За нормална држава ние сме подготвени за избори.Во продолжение видео обраќањето на Петар Богоjески.видео: Скопје 1

Македонија | пред 6 години

soobrakajka111

(ФОТО) Џип удpи во дeвојчиња додека чекале автобус на автобуска постојка

Сообраќајна незгода во скопската населба Ѓорче Петров. Во истата  учествувале две возила, БМВ и југо. Двете возила се оштетени. Едното возило излетало на тротоарот при што ја оштетила автобуската постојка. Во несреќата се повредени две девојки. Полицијата врши увид.За несреќата објава има и на социјалните мрежи.  Во статус на ФБ пишува:Пред нецел час....Ѓорче.Се забил некој тип со џип во автобуска постојка. На автобуската стоеле 2 млади девојки, и жена ми која тргна да се сретне со другарка на пијачка. Жена ми го избегнала џипот за неколку сантиметри.За жал девојките не, ги собрал.Двете повредени лежеле на тротоар, едната потешко.Жена ми им помагала и ја држела во раце потешко повредената додека не се појавила брзата помош.Девојките се во болница, жена ми дома...со трауми.Сакам да кажам, кој и да си ти горе ангелот кој ја чуваше жена ми, свртисе те молам накај девојките, и дај им сила да закрепнат и да се вратат дома кај најмилите. фото: Инфомакс

Скопје | пред 6 години

elena

Д-р Зафировиќ: Навистина повеќе немаме друг избор, освен да создадеме нормална држава

Политичката платформа  „Македонски концепт“ вечерва ја промовираше својата програма. Дел од овој концепт е и Д-р Елена Зафировиќ. Таа на самиот почеток кажа дека се обраќа како граѓанин, а не како политичар  и додаде дека е среќна што има можност да ги искаже сопствените ставови за ова што ни се случува, како и личната борба за преживување секојдневно.„Да бидам искрена до пред десетина дена немав намера воопшто да гласам на овие избори ниту на било кои други, меѓутоа македонски концепт со својата платформа каде обичниот граѓанин има прилика и можност да ги искаже сопствените мислења и да ги истакне проблемите со кои секојдневно се соочува го привлече моето внимание и ме охрабри да ја надминам пасивноста и да се приклучам кон оваа граѓанска иницијатива чии концепт и платфома според мое лично убедување се искрени и граѓански“, истакна Зафировиќ .„Македонски концепт е единствен по своето убедување и единствената опција која промовира и ќе продолжи да промовира проекти зад кои стојат докажани професионалци со својот личен и професиопнален интегритет и кредибилитет. Тоа е клучната гаранција за граѓаните дека нашите проекти ќе се остварат.Знам дека е тешко да се поверува во било што во денешно време кога постојано сме опкружени со лаги и манипулации, но ако сакаме да имаме држава лагите, манипулациите и политичките пазари ќе мора да престанат. Навистина повеќе немаме друг избор, освен да создадеме една нормална држава“, истакна Зафировиќ .Таа во продолжение додаде:„ Јас сум по професија лекар, хирург си ја сакам својата работа, работењето со пациенти ме исполнува и ме прави среќна и сите жртви кои што морав да ги поднесам како жена во професијата, вредеа и сеуште вредат. Меѓутоа сеуште е поразително и демотивирачки чувството дека системот во кој што работите и делувате ги минимализира сите ваши лични напори, вашиот професиоонализам  и се она што го правите со искрена желба и посветеност. Она што најмногу ми смета со едне збор кажано е аматеризмот, кој е присутен во сите сфери на нашето општество.Тајната на успехот на развиени држави не е во тоа дека тие имаат совршени луѓе, туку во системот кој функционира сам по себе истиот е назависен од политиката. Тој систем е она што ние треба да го имаме, односно она што треба да го создадеме.Патот кој треба да се помине е тежок и исполнет со огромен број на предизвици и после повеќе од 30 години мислам дека сите сме уморни, меѓутоа нашиот концепт за професионаонализам во секој предложен проект ќе значи реална платформа за промени во секоја сфера на живеењето. Време е да се даде шанса на нови луѓе, докажани професионалци“, истакна пред присутните на промоцијата на платформата на „Македонски концепт“ , Д-р Елена Зафировиќ .

Македонија | пред 6 години

tabanovce

(ВИДЕО) Кај Табановце забележани групи мигранти

Во близина на граничниот премин Табановце се забележани нелегални мигранти, евентуално први од најновиот бран кој почна да го чувствува Грција. Од видеото кое го доби Алсат се гледа како можеби почнува нов мигрантски бран како резултат на одлуката на турската влада да ги отвори границите за сириските бегалци. Сепак, од МВР не даваат детали за ситуацијата, објави Алсат.„Во врска со прашањето за илегалната миграција, ве известуваме дека ситуацијата на државните граници е непроменета. Што се однесува до настаните во регионот, тие постојано се следат“-велат од МВР.Текстот во целост на: Алсат

Македонија | пред 6 години

Romanovtse-tragedija-1536x864

Шеста жртва од експлозијата во Романовце, почина 63-годишна жена

– Почина 63-годишна жена која беше меѓу повредените во експлозијата на плинска боца што се случи минатиот викенд во кумановското село Романовце, потврди за МИА директорот на Клиниката за ТОАРИЛУЦ, д-р Илир Хасани.Ова е шеста жртва од експлозијата. На самото место на несреќата што се случи на 23 февруари загинаа три деца на осум, девет и 11 години, подоцна во болница почина и 58-годишен маж, а пред три дена на здобиените повреди им подлегна и 36-годишна жена. фото: Архива

Македонија | пред 6 години

soobrakajna-nesreka

(ФОТО) Автомобил удри во заштитна бетонска ограда во Охрид

Предмалку автомобил BMW од засега непознати причини удри во заштитната бетонска ограда на булеварот Туристичка пред излезот на Охрид.До овој момент нема информации дали има повредени.фото: Скопје 1 

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still328

(ВИДЕО) Мицкоски: Се забавував на дуелот со Заев

Одговарајќи на новинарско прашање околу оценка за синоќешниот дуел со лидерот на СДСМ, првиот човек на ВМРО ДПМНЕ одговори дека додека бил на дуелот се забавувал со господинот Заев.

Слајдер | пред 6 години

policija-123

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, ОВР Кичево поднесе кривична пријава  против З.Г.(49) од Кавадарци, генерален директор на Јавното претпријатие за стопанисување со шуми во државна сопственост„Национални шуми“ – Скопје и З.К.(61) од Кичево, раководител на Шумското стопанство „Лопушник“ – Кичево. Во пријавата,  опфатени се и шумочуварите Ж.В.(59)  од кичевското село Свиљиште, Ѓ.Т.(59) од Кичево и В.М од селото Другово, референт за превоз во „Лопушник“, за сторени казнено дело   „несовесно работење во службата“. Со извршувањето на казнените дела, се  овозможила  бесправна сеча на 2.293,51 метри просторни дрвна маса сопственост на ЈП ,,Македонски шуми“ со што му предизвикале материјална штета  во вкупен износ од 20.552.350 денари. На 25.06.2019 година, пријавениот генерален директор на ЈП „Национални шуми“, го овластил второпријавениот да склучи купопродажен договор за огревно дрво  кои не се предвидени за сеча. Тој, свесно приложил друг записник за пресметани средства за проширена репродукција, со кој на правното лице  „Коста-Комерц“- Кичево,му овозможил заради препродажба да купи дрвни сортименти во вкупна вредност од 116.230,00 денари. Второпријавениот, на останатите пријавени им наложил да вршат шумочуварска служба во други региони без претходно да формира комисија за примопредавање на шумочуварските реони. Трето и четврто пријавените, во периодот од 02.07.2019 до 14.08.2019, со пропуштање на должен надзор, несовесно постапиле во вршење на своите овластувања и должности на одговорни лица-шумочувари во ШСЕ “Љубен-Србјани“ во ЈП „Национални Шуми“ – ПШС “Лопушник“- Кичево. фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

(ФОТО) Кирков : Катастрофални услови во зоолошката градина во Битола

Власта се однесува нехумано со животните. Спротивно на Законот за заштита и благосостојба на животните, животни се измачуваат и живеат во нехумани услови во државни установи. Овие слики кои ги гледате зад мене се направени пред само неколку дена во зоолошката градина во Битола, од нив може да се види дека животните се сместени во нехумани услови, истакна Стефан Кирков на денешната прес конференција во ВМРО ДПМНЕ.Дел од животните подлежат на тортура, тоа можеме да го видиме од фотографиите, од кои се гледа дека дел од нив се гладни, ранети, без едно око или со оштетено крзно речиси без никаква нега.Лошите услови се фактичка состојба подолг период наназад. Три години апсолутно ништо не е направено во оваа институција Зоолошка градина Битола.Ситуацијата е дотолку катастрофална затоа што битолската зоолошка градина е полна со животни од скопската зоолошка градина, кои откако ќе бидат испратени таму подлежат на тортура и измачување.За измачувањето на животните од скопската зоолошка градина треба да понесе и директорот Ѓорѓи Галетановски, кој свесно дозволува престој на животните од скопската зоолошка градина во Битола, а притоа знаејќи ги условите во кои се наоѓа битолската зоолошка градина.Условите во ЗОО Битола се под сите стандарди. Оваа зоолошка градина не смее да продолжи со работа. Власта веднаш да ја затвори и да не се дозволи понатамошна тортура на животните.Ги повикуваме сите друштва за заштита на животни заедно со нас да покренеме меѓународно внимание за ова установа и да иницираме веднаш оваа установа да се затвори а животните да се дислоцираат низ европските зоолошки градини каде ќе имаат пристоен живот. Ние ќе испратиме и повик до ОАЗА тоа е светската организација за зоолошки и аквариуми, нивни претставници да дојдат дирекно во Битола за утврдување на состојбата и ќе побараме истата да се затвори но да има и одговорност. Одговорност мора да има, истакна Стефан Кирков.    фото и видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

0

Граѓанско Демократската Унија и Движењето на Слободни Граѓани ја објавија својата коалиција

Денеска во хотел „Хилтон“, Граѓанско Демократската Унија заедно со Движењето на Слободни Граѓани ја објави својата коалиција за претстојните парламентарни избори.“Ние од Граѓанско Демократската Унија и Движењето на Слободни Граѓани, активисти и приврзаници, се здруживме да го предизвикаме овој корумпиран политички систем за да и ставиме крај на оваа „партиска диктатура“ која не ограничува, осиромашува, која не гуши и иселува од земјава , која секојдневно не обезвреднува и понижува“, се вели во соопштението од Граѓанско Демократска Унија- ГДУ, Движење на слободни граѓани.Тие во продолжение на истото додаваат:Се обединивме затоа што сакаме Македонија  да биде правна држава.Затоа што властите секојдневно ги газат граѓанските права и слободи.Затоа што партиските бирократии глумат јавна администрација.Затоа што политичкиот систем во Македонија е корумпиран.Затоа што не сакаме Македонија да биде изолирана.Затоа што профитот на неколкумина е поважен од животот на многумина.Затоа што новинарите се слободни да го напишат она што им е наредено.Затоа што судските постапки траат подолго од животот на граѓаните.Затоа што образованието е во рацете на партиските јуришници.Затоа што јавниот здравствен систем е опасен по живот.Затоа што корумпираноста е доблест, а чесноста – срам.Затоа што криминалот се исплатува.Затоа што...Затоа... стои во заедничкото соопштение.фото:ГДУ   

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања