Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

tv-kanali

Одложен прекинот за реемитување на домашни и странски ТВ канали

Премиерот Оливер Спасовски, придружуван од министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, се сретна со претставници на сите оператори обединети во Здружението на информатичко-комуникациски технологии, при што е постигната согласност да се одложи најавениот прекин на реемитување на домашните и странските телевизиски канали.Како што наведуваат во соопштението од владината прес служба, ова е постигнато со оглед на можностите што се гледаат за скорешно изнаоѓање решение.– На средбата е разговарано за сите аспекти на и што произлегуваат од измените на Зaкoнoт за аудио и аудивизулени и медиумски услуги, стои во соопштението.Констатирано е дека постојат можности да се дојде до заедничко решение во скоро време, како и свесност од сите страни за решавање на прашањето, согласно интересот на државата и на граѓаните. Прекинoт на реемитувањето на сите домашни и странски ТВ канали беше најавен за 2 март на полноќ, со исклучок на каналите на јавниот сервис МТВ1, МТВ2 и собранискиот канал.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

b0e64fd0d4bb388d91f7ae215ced368c_w790

За една недела отстранети 227 непрописно паркирани возила

Во текот на изминатата недела (21.02 - 27.02.2020 година) со специјалните возила пајак се подигнати 227 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 40 се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 187 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин,  тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно  387 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 40 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

most

(ВИДЕО) Китанов: Општина Петровец добива нов мост долг 133 метри со две коловозни ленти

Денес се наоѓаме на изградбата на еден сосема нов мост. Мостот на река Пчиња, општина Петровец. Постоечкиот, стариот мост е стар 50 години, граден од времето на ЈНА. Тој го отслужил своето и веќе неможе нити да се санира, нити да се реставрира, бидејќи толку му бил изгледа и векот, истакна Зоран Китанов,член на ЦО на СДСМ и директор на ЈП Државни патишта.Но ние се зафативме со работа и уште во октомври 2018 година отпочнавме со изградба на овој нов мост. Новиот мост ќе биде долг 133 метри, ќе биде широк 8,5 метри со два коловоза и  со два тротоара каде што ќе можат граѓаните безбедно да комуницираат од едната страна на другата страна на реката.Малку е да кажам во каква состојба беше стариот мост, веќе меѓуградските автобуси не сакаа да возат на оваа делница. Ние го слушнавме апелот на граѓаните, веднаш реагиравме и еве го полека му се гледа крајот на новиот мост којшто ќе биде безбеден, којшто ќе биде функционален и кој ќе биде за овие граѓани коишто живеат во овие населени места.Верувам дека се задоволни од целото тоа. Мислам дека ако ги споредиме стариот и новиот, ќе видиме дека навистина има разлика. Нека им е со среќа на идните генерации, овој мост да го останат, многу години да го користат за убавото на сите нас, истакна Зоран Китанов,член на ЦО на СДСМ и директор на ЈП Државни патишта.видео: СДСМ

Македонија | пред 6 години

89108949_1864263447040670_1710965123612409856_o

Ги запознаваме ретките болести: Хиперамонемија

Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 или 29 дена ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести во Република Македонија.Секој ден ќе Ве запознаваме со по една ретка болест и ќе се обидеме да добиеме одговори на многу отворени прашања, а ќе се слушне и за предизвиците и проблемите со кои се соочуваат овие лица и нивните семејства. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков лек? Колку и дали воошто се пристапни и достапни лековите?…ХиперамонемијаMKB E 72.20HyperammonemiaХиперамонемијата е состојба на метаболизмот која настанува како последица на нарушување на циклусот на уреа и се карактеризира со прекумерно количество на амонијак во крвта. Таа претставува живото-загрижувачка состојба и се јавува кај пациенти од сите возрасти. Хиперамонемијата може да се развие веднаш по раѓањето (ран почеток), во тек на детсвото, адолесценцијата или кај возрасни (доцен почеток), и може да биде наследна или стекната. Наследните форми се заради вродена грешка на метаболизмот и можат да бидат поделени на примарни хиперамонемии карактеризирани со редуцирана активност на циклусот на уреа и секундарни хиперамонемии предизвикани од редуцирана активност на ензимите кои не се дел од циклусот на уреа.Органските ацидемии се разновидна група на нарушувања кои се карактеризираат со екскреција на не-амино органски киселни во урината поради дисфункција на специфичен чекор во катаболизмот на амино киселините, обично како резултат на дефицит на ензимска активност во тој чекор.Органските ацидемии предизвикуваат секундарна хиперамонемија и се вродени грешки на метаболизмот кои се главно автосомни и рецесивни.ИнциденцијаПореметувањата на циклусот на уреа се ретки, со вкупна инциденција од 1:3.000 новородени. Во Европа, вкупната фрекфенција на органска ацидемија изнесува помеѓу 1:29.000-1:65.000. Како и кај сите нарушувања на циклусот на уреа, точната преваленција на пропионска ацидемија може да биде повисока од онаа која што е пријавена затоа што многу новородени смртни случаи може да бидат предизвикани од нерегистрирани ацидопатии и исто така затоа што може да постојат благи форми на болеста. Пресметаната инциденција ка пропионска ацидемија кај Западната популација се движи од 1:50.000 до 1:500.000 живородени, а вкупната инциденција се верува дека се движи ~ 1:100.000 до 150.000. Пресметаната инциденцијаа на метилмалонична ацидемија кај западната популација се движи од 1:48.000 до 1:61.000 живородени, а инциденцијата на Изовалерична ацидемија се движи од 1:62.500 живородени во делови од Германија до 1:250.000 во САД.ПатофизиологијаЗголемените нивоа на амонијак се манифестираат преку различни знаци и симптоми, пред се’ абнормалности на централниот нервен систем. Мозокот е главен орган кој е зафатен, при што предизвикува метаболна и невротрансмитерска дисфункција што доведува до сериозна токсичност на мозокот. Амонијакот влегува во мозочните клетки преку дифузија и за да се елиминира потребна е глутамин синтетаза. Зголемените нивоа на амонијак водат до зголемени нивоа на глутамин што пак води до зголемена пропустливост на мембраната, отекување на астроцитите и зголемен интракранијален притисок.Амонијакот (NH3) е важен извор на азот и клучен во синтезата на амино киселините. Сепак, доколку е присутен во високи концентрации, истиот е токсичен. Можни симптоми вклучуваат хронично гадење, повраќање, атаксија, конфузија и раздразливост а во акутни случаи може да доведе до кома.Клиничките знаци и симптоми на хиперамонемија се неспецифични но повеќето се невролошки. Така хиперамонемијата треба да се земе во предвид и да се испита што е можно побргукај новородени со клинички дистрес со суспектна сепса, и кај сите пациенти со необјаснето губење на свеста или енцефалопатија, бидејќи секој доцен почеток на третманот може да има тешки последици кај пациентот.Кај пациентите обично се јавува дехидрација, летаргија, тахипнеа и хипотонија. За дефинитивно поставување на дијагноза потребно е да се направат лабораториски тестови и имиџинг снимања. При прегледот повремено се откриваат необични карактеристики како што е мирис на „испотени нозе“ кај изовалеричната ацидемија.ТретманЗа да се подобри прогнозата на акутната хиперамонемија, неопходно е навремено вклучување на соодветни стратегии за справување со истата, а примарната цел на терапијата е да се корегираат биохемиските пореметувања. Прв чеков во справувањето се состои од прекин на внес на протеини и во исто време внес на не-протеински калории интравенски, орално или на двата начини доколку тоа е возможно. Давањето на поспецифична терапија зависи од етиологијата на ова нарушување.ПревенцијаХиперамонемијата како наследна генетска состојба не може да се превенира. Сепак, последиците на пореметување на ензимот можат да бидат модифицирани со рана идентификација т.е. рана дијагноза (антенатална, постнатална) и соодветен третман. Родителите треба да бидат едуцирани за симптомитe на хиперамонемија (како летаргија, повраќање, промени во однесувањето) како и за важноста на брзиот третман и за можни причини на метаболна дисфункција (инфекции). Ограничувањето на физичката активност кај деца со наследни хиперамонемични пореметувања не е неопходно, но внесот на калории треба да биде доволен за да се избегне распаѓањето на протеините.Кампањата „Ги запознаваме ретките болести 2020“, која ја реализираат активистот Гордана Лолеска, охридското Супер радио и Здружението „Живот со предизвици“ ќе се прикажува на 40 национални, регионални и локални медиуми ширум државата. Оваа година, покрај стандардните дијагнози изработени на македонски јазик, проектот доби и албанска верзија и верзија на знаковен јазик, со оглед на тоа што околу 400 ретки дијагнози вклучуваат помала или поголема загуба на слухот. Проектот ги надмина и локалните граници и ќе се емитува на бројни медиуми во Албанија и Косово. Новина оваа година е и тоа што емисиите се изработени и на знаковен јазик.Првиот ден на ретки болести беше одбележан во 2008 година, точно на 29-ти февруари, „редок“ датум кој се случува само еднаш на секои четири години. Од тогаш, Денот на ретки болести се одржува секоја година на последниот ден од февруари, месец познат по тоа што има „редок“ број на денови. Денот на ретките болести е меѓународна кампања за подигнување на свеста за ретките болести. Од почетокот во 2008-ма година, илјадници настани се организираат низ целиот свет и опфаќаат милиони луѓе. Кампањата започна како европски настан и со текот на времето стана глобален феномен, со учество на над 90 земји од целиот свет во 2018-та година. Република Македонија за прв пат се вклучи во одбележување на овиј редок ден во 2013-та година.Кампањата за Денот на Ретки Болести е за пошироката јавност, за релевантните институции и секој е добредојден да се придружи: пациенти и семејства, организации на пациенти, медицински професионалци, истражувачи, фармацевтска индустрија, јавни здравствени институции – колку повеќе не има, толку подобро. Денот на ретките болести е можност за учесниците да бидат дел од глобалниот повик кон креаторите на политики, истражувачите, компаниите и здравствените професионалци повеќе и поефикасно да ги вклучат пациентите во истражувањата за ретки болести.Вклучете се!

Македонија | пред 6 години

koronavirus

Маж и жена преку прозорец избегале од штипската болница, се чекаат резултатите

Маж и жена вчера избегале од Инфективното одделение од штипската болница откако искршиле еден од прозорците на болничката соба. Тие синоќа се пронајдени и се ставени во домашна изолација, информираа од Министерството за здравство.Имано вчера во 14.30 часот, две лица во Штип со возило на итната медицинска помош биле донесени на Инфективното одделние во штипската болница. Од нив, едното лице било со сомнителни симптоми на болест. Согласно редовната постапка, лице со симптоми и лице-непосреден контакт, спроведен им е епидемиолошки прашалник и започнало тестирањето на корона вирус, а тие биле сместени во просторија за изолација. Неколку часа подоцна избегале од болницата.По ова веднаш, интервенираше МВР – Штип. Лицата се најдени во својот дом во едно село во близина на Виница и ставени во изолација, до добивање на нивните лабораториски резултати. Лицата според првичните сознанија не биле во контакт со други лица, туку директно заминале дома.Инаку станува збор за еден македонски државјанин и државјанка на Република Хрватска кои на 26 февруари влегле во Република Северна Македонија на граничниот премин Табановце. Министерството за здравство будно ја следи состјбата и продолжува редовно да ја информира јавноста.Повеќе детали и резултати од тестирањето на утринскиот брифинг.фото: Архива   

Македонија | пред 6 години

Tabli-dvojazicnost

Коалицијата “Мкомитет“ на 1 ви март ќе спроведе “Македонскиот марш против наметнатата двојазичост“

Ве повикуваме со ваше присуство да го поддржите Македонскиот марш против наметнатата двојазичост“, организиран од страна на коалицијата “Мкомитет“, се вели во повикот за поддршка на “Македонскиот марш против наметнатата двојазичост“. Организаторот на повикот во соопштението испратено до медиумите уште  пишува:И покрај препораките на Венецијанската комисија и утврдувањето на експертите дека законот за двојазичност во Република Македонија ги зголемува јазичните бариери наместо да ги намали и фактот дека се работи за политички ПРОТИВУСТАВЕН договор на политичките елити во функција на владеење на истите, истиот секојдневно на сила му се наметнува на македонскиот народ. Сите вие кои што сте свесни дека овој закон е ПРОТИВУСТАВЕН и против сите стандарди на меѓународното право и води кон уништување на македонскиот народ и македонската нација, ве повикуваме да го искажете својот револт и да ни се придружите на овој марш. Маршот ќе се одржи на 1ви Март 2020 година од 18:30 часот, а местото на збир е Ману – Македонската Академија на Науки и Уметности во Скопје, се вели во повикот од МАКЕДОНСКИ НЕЗАВИСНИ ЛИСТИ ЕРА ТРЕТ.фото: Kurir.mk 

Македонија | пред 6 години

zaev-mickoski

Мицкоски до Заев: Вие ќе останете запаметен како човек кој што го предаде идеалот на сопствената нација

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во дуелот на Телевизијата Канал 5 посочи дека Зоран Заев ќе остане запаметен како човек кој што го предаде идеалот на сопствената нација, на сопствениот народ и на сопствената држава.Моја должност како лидер на опозицијата, како граѓанин на ова држава е да навлезам во секој договор кој што може утре-задутре и јас да бидам тој кој што ќе има импликации позитивни или негативни. Јас сум должен да ви кажам и да ви укажам на предавството како што тогаш ве гледав во клубот на пратеници и ви велев: „Зоране немој Илинденска затоа што ова е првиот чекор кон нешто многу полошо, ќе прифатиш еднаш промена на Устав и потоа нема крај, нема назад. Што ме убедувавте? Не, ова е тоа, ако ова не биде, друго не прифаќам,  истакна Мицкоски во своето гостување.Претседателот Мицкоски му посочи на Зоран Заев дека ЕУ пакт со криминалци тие пакт не прават, пакт со „Луј Витон“ торби тие не прават.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

zaev-mickoski

Мицкоски до Заев: Вие сте единствениот аболициран криминалец во Република Македонија

Одредени обвинители и судии се први соработници на Зоран Заев и тоа јасно се докажа во аудио материјалите кои пред неколку дена излегоа во јавноста. Зоран Заев е човекот кој напразно пробува да користи празни флоскули од типот на некаков режим, поради тоа што тој самиот користи најголеми привилегии и придобивки од периодот на владеење на минатата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во текот на дуелот со првиот човек на СДСМ, Зоран Заев на Канал 5 телевизија.Единствен аболициран криминалец во оваа држава е Зоран Заев. Иако попусто сакате да им го закачите тој епитет на луѓе од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, сепак треба да сте свесни дека единствен аболициран криминалец сте Вие г-дине Заев”, истакна претседателот Мицкоски.Мицкоски го запраша Заев против кого протестираше?Против таткото на Бојан Маричиќ, против сопругата на Бојан Маричиќ? Вашиот советник што е шеф на Кабинет на министерката? Против кого протестиравте Вие? Виш Јавен обвинител е таткото на Вашиот советник, порано бил и дел од Републичкиот совет на обвинители, образложи Мицкоски на Заев.Мицкоски додаде дека тој се уште го чека ветувањето на  Зоран Заев кое што го дал за поставување на бројчаникот на Триумфална капија, додавајќи дека нема ниту едно евро испишано бидејќи парите завршиле во џебовите на високи партиски функционери од СДСМ.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

e6d47667d956a12d62fbe9a45b490ab0_w768

Судот во Стразбург пресуди во корист на исклучените од парно

Исклучените граѓани од системот за парно греење се во право - вака пресуди судот во Стразбур. Оштетените сега може да ја тужат државата и да си бараат оштета бидејќи незаконски биле принудени да плаќаат за услуга што всушност не ја добивале.“За жал, правдата не ја најдовме во нашите судови. Бевме приморани да ја бараме таа правда надвор од државата, односно во Стразбур. Дел од овие граѓани треба од буџетот на Република Македонија да бидат обештетени во износ и до 3.000 евра. Еве, најавуваме дека од наредниот петок, секој петок од 11 часот нема да се собираме повеќе во Регулаторна, ќе се собираме пред Основен граѓански суд 2 и пред Апелација. Таму нека дојдат сите загрозени лица и ќе им помогнеме во тие процеси”, вели Марјан Ненов од “Но пасаран”.Од Регулаторната комисија не се согласуваат со ваквите обвинувања од страна на здружението „Но пасаран“.– РКЕ во април и во јули ги допрезицираше новите правила за снабдување со топлинска енергија. Со тие правила, исклучените потрошувачи немаат веќе обврска да го плаќаат фиксниот надоместок и тоа е нотирано во одлуката на Стразбур. Во мај и во јуни некои граѓани кои не сакаа да одат во БЕГ, беа примени во РКЕ и имаме примено над 2.000 барања за ослободување на плаќање на фиксниот надомест. Значи се што можеше да направи РКЕ, направи со цел да го задржиме концептот на централно греење. Дури дадовме и иницијатива до Владата за намалување на ДДВ за топлинска енергија од 18 на пет проценти со цел да не бидат обесправени и потрошувачите кои останаа приклучени на системот. Не ги разбирам причините за нивното незадоволство од РКЕ – изјави претседателот на Комисијата Марко Бислимоски.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Заев до Мицкоски: Никако не можете да се одлепите од Груевски, вие сте негов извршител

На вечерашното телевизиско соочување на Канал 5 телевизија, претседателот на СДСМ, Зоран Заев го повика Христијан Мицкоски да се огради од Никола Груевски но Мицкоски одбегна да го направи тоа.- Како што го гледам ова сега, ВМРО-ДПМНЕ не може да направи разлика меѓу извршна, законодавна и судска власт. Не можете да се одлепите од матрицата на Никола Груевски, цело време зборувате исто како него. Тоа е тоа што го гледа и јавноста, извршител сте на Груевски или еден инструмент со кој диригира Греувски, истакна претседателот Зоран Заев во вечерашното ТВ соочување во емисијата „Само вистина“ обраќајќи се кон Христијан Мицкоски.Еднаш, треба да се оградите од Груевски, еве ви прилика, јавно пред камерите, директно оградете се од Груевски, кажете јас се оградувам од Груевски и да расчистиме со таа работа, порача претседателот Заев. фото: Архива

Македонија | пред 6 години

zaev-mickoski

Мицкоски до Заев: Ве гледам во очи, ќе одговарате за криминалот

Вие барате амнестија, но тоа нема да се случи. Ќе одговараат сите оние кои се огрешиле пред законот. Барате амнестија за вас и вашите соработници после 12-ти април. А јас ве гледам директно во очи, за сите вклучително и јас, ако се огрешиле пред законот кои што барале евро за евро, кои што интервенирале кај судии, кои злоупотребиле моќ да одговараат за кои што постојат докази да бидат изведени до крај. До крај господине Заев, но овој закон тоа не го одобрува тие како за вас и оние околу вас. Ќе одговарате господине Заев. Ќе одговарате, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на дуелот со првиот човек на СДСМ, Зоран Заев, на емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.Претседателот Мицкоски додаде дека треба да се зборува за реформите во судството затоа што без квалитетни реформи во судството, без квалитетни обвиненија, без квалитетни пресуди не може да се оправдаат постоењата во политиката.Јас можам да зборувам за она на што сум сведок. И се чудам на конфузната изјава на Заев кога вели дека не се согласува дека имале три години. Па тој лично го водеше телото за реформи. Многу е доблесно да кажете дека сте погрешиле, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Мицкоски истакна дека има многу случаи каде што и нелегално стекнати материјали поради јавен интерес и основано сомнение за криминал се земаат како докази. „Да ги читам став 2 и став 3? Знаете што е дефиниција за заробена држава, кога се прави закон за определена група на луѓе. Законот вика исклучок од овој член се предметите од јавното обвинителство поранешното СЈО кои што се поднесени до 30 јуни, а се што е после 30 јуни може да с користат само како индиции и да нив не може да се заснова обвинителен акт.Претседателот Мицкоски укажа дека дополнително јавноста го слушна Заев како се јавува и збори на телефон кој што да прави во судството.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Заев: Судите и обвинителствата се независни институции, власат не се меша во нивната работа

Со маршот за правда упативме порака дека ја завршивме работата до крај, дека извршната и парламентарната власт ја завршија работата, а сега народот по донесување на законот за јавно обвинителство  очекува практична примена на законите,  истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев на дуелот со првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.Претседателот Заев додаде дека се упати порака до судството дека нема да се дозволи да се застарат предмети, да се враќаат повотрно од почеток, да се чуваат во фиока.Судите и обвинителствата се независни институции, власат не треба да се меша, како што тое беше до  2017, па ние се боревме против тоа, судовите треба да судат врз основа на докази  па и да донесуваат ослободителни пресуди, порача Заев.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

zaev-mickoski

(ЖИВО) „Само Вистина“ со Зоран Заев и Христијан Мицкоски - Дуел за вистината!

Вечерва во „Само вистина“ на Канал 5, во живо се соочуваат претседателот на СДСМ Зоран Заев и претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/videos/276950869937304/

Македонија | пред 6 години

filipce-venko

Филипче: Во изолација е возачот на комбето со кој се возела заразената од коронавирус

Негативен е резултатот за коронавирус на лицето кое на 22 февруари се вратило од Италија во Струмица, а во болничка изолација е возачот на комбето со кое допатува и пациентката на која завчера во Скопје и беше потврден коронавирус.„Возачот немал никакви контакти, дури ни со членови на семејството. Беше изолиран. Сега после неговото јавување и укажување дека има симптоми е транспортиран во оддел на соодветен начин во делот за изолација во болницата во Струмица“, изјави мининстерот за здравство, Венко Филипче.Жената пак кај која беше потврден вирусот Корона е во стабилна состојба. А, пациентот за кого утровото соопшти Филипче дека е тестиран нема корона вирус.Министерот за здравство д-р Филипче нагласи дека ситуацијата е под контрола и дека доколку се покаже за потребно воспоставениот систем за мониторирање и заштита е подготвен веднаш да ги преземе соодветните дополнителни мерки за изолација и запирање на ширењето на вирусот.Министерот Филипче информираше дека Владата ја следи состојбата со залихите на заштитните средства и лекови во аптеките и доколку утврди неосновано покачување на цените ќе преземе соодветни мерки.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

gjoko-1

Танаскоски: Се очекува намалување на е-пратките од Кина, поради успорената испорака од нивна страна

Во Охрид, се одржува петтиот неформален регионален состанок на директорите на Царинските управи од Западен Балкан. Главната цел на состанокот е подготовка на заеднички пристап на царинските служби од регионот со цел унапредување на економската соработка во Западен Балкан, справување со проблемите со кои се соочува Западен Балкан, преку прифаќање на идејата за создавање на регионална економска област и ЕУ фондови за поддршка на инфраструктурата во овие земји, во контекст на Берлинскиот процес и Самитот во Трст што се одржа во јули 2017 година.По денешната средба новинарите го искористија присуството на директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски и за други прашања. Поради актуелноста на корона вирусот кој потенува од Кина, директорот во изјава за Алсат изјави дека деновиве пристигнуваат пратки од Кина кои биле испратени уште пред два до три месеци. Очекувањата се дека во наредниот период подрастично ќе се намали бројот на пратки кои претежно кај нас се нарачуваат преку интернет.„Дека има одредени намалување на бројот на пратки кои доаѓат секако дека има. Тоа не е резултат на тоа што корона вирусот е присутен на Балканот или не е, туку затоа што самиот тој избувна во Кина, а најголем дел од е-пратките доаѓаат од Кина и сигурно тоа е последица на едноставно успорената испорака од нивна страна до купувачите“, рече Ѓоко Танаскоски- директор на Царинска управа на Македонија.фото: Царинска управа

Македонија | пред 6 години

jorgo

(ВИДЕО) Огненовски: Што направи ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски кога го менуваа името - им дадоа 8 пратеници

Продуцент , сценарист кој 33 години живеел во Холивуд се враќа во родната Македонија. Јорго Огненовски човек кој 26 години работел во филмската индустрија и кој професионално се издигнал највисоко.  Имал две компании во Холивуд, а во бивша Југославија бил врвен и наградуван каратист, неколку пати државен првак ,трет во Европа  и петти во светот и повеќе кратен првак на бивша Југославија . Битолчанец по потекло. Сега Огненовски се она што научил сака да примени во политиката, во родната земја. Тој е претседател на  политичката партија „Демократи“, и сака доколку народот му ја даде поддршката да воведи ред во државава.Огненовски открива дел од плановите на „Демократи“ ,Вели во моментов во земјава има криминални политички мотивирани вработувања, наместо квалитетот да оди напред, затоа Македонија оди надолу.„Ние имаме одлични идеи. Сега владее меѓу политичка и меѓуетничка криза во земјава.Имаме политички богаташи, „криминалци“ и профитери . СДСМ, ВМРО ДМНЕ, и ДУИ 28 години се на власт и државата ја уништија на секое поле . Нема правда, нема право, владее катастрофална ситуација во судството , се кријат документи да застарат делата, јавното обвинителство е инфицирано со криминал, мал дел од народот кој е близок со Власта има бенефиции, сите други се поттурнати, децата ни се протерани, поради што има масовно иселување, вели претседателот на „Демократи“.„Ние нудиме да се уништи политичиот криминал, стопанскиот криминал, митото и корупцијата. Предлагаме да се воведе политички ситем една изборна единица со отворени листи. Предлагаме медиумите да бидат финансирани од буџетот на државата за време на кампања, за да неможе да се влијае на нив. Ако не можеме да понудиме 600, 700 евра минимална плата, ние не можеме да ги задржиме младите. Стручњаците, економисти доктори треба да земаат многу повеќе... Незамисливо е Македнија која е толку мала држава, а да има  120 пратеници. Ние сме сиромашна земја , покрај тоа што сакаме да ги намалиме пратениците од 120 на 2 7 , 29, ние сакаме да го укимене имунитетот затоа што пратеникот треба да биде пример во државата, вели Огненовски.Тој е  категоричен дека во државава владее хаос и народот се манипулира. Вели:Го вадат народот на улица и велат се бориме за правда. Па која правда кога сте биле на Власт?„Ние сакаме во Македонија да завладее вистинска слобода, правда и демократија, не сакаме само декларативно. Ние сакаме реформи во судството . Ние сакаме да го испитаме потеклото на имотот на пратениците и политичарите. Секој кој го стекнал имотот со криминал ќе му биде конфискувано и кривично ќе одговара“, вели Огненовски.„Сите овие да беа монструми немаше до олку да ја уништат Македонија. Ние сме во модерно ропство. Нема друг избор или да менуваме се од корен и да дојдат чесни и квалитетни луѓе со животно и работно искуство да направиме држава или да пропаѓаме во црна дупка од која нема враќање назад, вели Огненовски.Претседателот на „Демократи“ го открива и нивниот став во врска со промената на државното име.„Ние сме против промена на државното име . Зошто една држава да си го смени името? Затоа што Грција го побарала тоа? Или една Бугарија?  Сега ни ја менуваат и историјата. Ние како демократи сме против промената на историјата. Нас не ни се криви како што велат големите и мали сили, туку нашите политичари. За да одиме напред предлагаме референдум за сите битни прашања и истиот да биде обврзувачки а не консултатитевен“, сметаат „Демократите“.„Што направи ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски кога го менуваа името. Им  дадоа 8 пратеници. Мекедонија можеа биде во првите 10 држави по глава на жител. Може да имаме светска економија, здравство, образование, култура спорт, социјала.. Ние сме во таков хаос што како народ мора да размислиме кого ќе поддржиме...“, вели Огненовски.Граѓаните може да соберат храброст, Македонија може да ја спасиме од ова лудило во кое се наоѓаме и ќе имаме подробра иднина за сите граѓани на Македонија, вели претседателот на политичката партија „Демократи“.Разговорот со претседателот на „Демократи“ Јорго Огненовски во целост во продолжение... 

Македонија | пред 6 години

Ljubisa-Arsic

Тужба за новинарот Арсиќ од полициски функционер на ВМРО ДПМНЕ

Мал и скромен јубилеј. Ми стигна 10-тата тужба како новинар. Од еден полициски функционер поставен од техничкиот министер. Два месеца како се наместија со цел да спроведат мирни и фер избори.Напишав текст дека неговото поставување на висока позиција, значајна за редот на изборите, не е во ред, затоа што тој е вмешан во изборни нерегуларности од претходно, кога МВР беше ВМРО. И ете, погоден е што сум напишал дека партијата му е поважна од државата. А на кој од нив не му е?Инаку, во претходните девет процеси имам мало водство од 8:1. Поразот во пределот на независното судство ми го нанесе Сашо, непобедливиот во тоа време.Како куриозитет од тоа судење останува легендарната негова изјава дадена после две години од мојот објавен прилог на Тв Канал 5, дека се уште ми се плаши од гласот кога ќе ме чуе на вести. Судијката го испрати на невропсхијатар. Го прогласија за здрав и добар.ФБ статус на Љубиша Арсиќ

пред 6 години

conspirators

ИРЛ: Мрсно платената орбанова пропагандна машина под истрага за перење пари

Рекламите за маслиново масло , како и други реклами кои постојано се емитуваат на Алфа веќе се предмет на истражувања и во унгарските медиуми. Документите на партнерите покажуваат за прв пат како огромните суми за реклами се префрлале во Македонија во про-орбановите медиуми за реклами на фирми од Унгарија кои ниту имаат вработени ниту имаат приходи.Пишуваат: Сашка Цветковска од ИРл, Бланка Золди од Директ 36 Унгарија и Анушка Делиќ од Остро Словенија, членки на Меѓународниот проект за известување за организиран криминал и корупција со чијашто уредничка поддршка е направено ова истражување.Ова е е компанијата Оливери во Будимпешта, Унгарија којашто постојано се рекламира на телевизијата Алфа и други онлајн медиуми за што се платиле повеќе од три милиони евра за 21 месец. Тие продаваат далматинско веб масло кое што доколку го нарачате во Македонија може да ве чини и повеќе од 30 евра со услугите за транспорт. Фотографијата ја направи Бланка Золди од Директ36. Иако тимот дојде во работно време, во малата барака на периферијатата на Будимпешта немаше никој.Влијателни навивачи на унгарскиот премиер Виктор Орбан испумпале повеќе од 3.2 милиони евра во Северна Македонија преку нивната мрежа од медиуми во регионот. Тоа се правело преку сомнителни транскации за маркетинг услуги кои се предмет на истрага на македонските и словенечките институции.Парите биле трансферирани во две медиумски компании во Македонија кои што му припаѓат на Петар Шац, унгарски медиумски директор. Во Македонија стигаат преку фирма на Шац која што тој ја поседува во Словенија. Телевизиски и веб реклами се предмет на договорот меѓу словенечката компанија и македонските фирми на унгарскиот државјанин. Една од рекламите нуди маслиново масло, додека другата е веб сајт којшто продава разни ситници, меѓу кои што и магнети за фрижидер. Двете компании кои што се предмет на реклама се унгарски. Се чини дека ниту една од нив не продала ништо во Македонија, што ја доведува во прашање целта на трансакциите.Македонската финасиска полиција го истражува овој случај, според документите до кои што дојде Меѓународниот проект за известување за организиран криминал и корупција. Сомнежите се дека парите доаѓаат од сторени дело “перење пари”, а се отвара и можност истите да се “исцедени” од унгарските државни фондови преку нивниот концепт на државно финансирање на медиуми.Целата истражувачка сторија на ИРЛ со клик Т У К А . 

Македонија | пред 6 години

28022020_VRSM_12_Sednica_na_Vlada1

Влада: Oткажување на сите поголеми јавни собири до 6 март како мерка превенција на ширење на корона вирусот

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ја разгледа Информација во врска со следни чекори и одлуки кои се однесуваат на превенција на ширење на корона вирусот.Министрите во Владата на седницата констатираа дека сите мерки што ги презеде Министерството за здравство, насоките на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, како и постојаниот мониторинг од кои произлегуваат секојдневните мерки и препораки на Кризниот штаб, на Комисијата за заразни болести, како и на Институтот за јавно здравје ги постигнаа очекуваните резултати, дека ситуацијата со превенцијата и контролата за да се спречи непосакуваното ширење на корона вирусот, се остваруваат целосно.Во насока на натамошна соодветна превенција, Владата го прифати предлогот на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, одржана на 27 февруари 2020 година, формиран врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести во Министерството за здравство, и донесе заклучок да им се препорача на организаторите да ги откажат сите јавни собири до 6 март 2020 година.Препораката на Владата се однесува на поголемите јавни собири кои се планирани во овој период, како што се Струмичкиот карневал, Карневалот „Прочка“ во Прилеп“ и сите слични.Владата им препорачува на организаторите на спортските настани, натпреварите во утврдениот период до 6 март да се играат без публика.Истата препорака на Влада се однесува и на сите други поголеми забавни и културно-уметнички манифестации.Владата на Северна Македонија на денешната седница препорача сите организатори на други јавни настани своите одлуки да ги донесуваат врз основа на консултација и мислење на Комисијата за заразни болести.Владата ја задолжи Комисијата за заразни болести да продолжи да ги известува Владата, Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, и Кризниот штаб, за епидемиoлошката состојба со корона вирусот, за да се планираат идните чекори во превенцијата и справувањето со ситуацијата.На оваа своја седница Владата ги задолжи Пазарната инспекција и Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Македонија (МАЛМЕД) да направи увид и контрола на залихите на заштитните средства за заштита од пренесувањето на вирусот во аптеките и доколку утврди неосновано покачување на цените да преземе мерки соодветно за законските прописи и овластувања.Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи до наредната седница да достави информација како се спроведуваат мерките што ги одреди Кризниот штаб.Како еден од заклучоците на оваа седница е и одлуката да се воспостави соработка со „Црвен Крст“ на Република Северна Македонија и да се повикаат нивните волонтери да асистираат на граничните премини во анкетите на лицата што влегуваат во земјата во соработка со припадниците на граничната полиција.На денешната седница Владата ја разгледа информацијата за последиците од невремето со силниот ветер на 26 февруари и донесе заклучок да ги повика Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство да покренат постапки за одговорноста за рушењето на фасадите и другите делови од јавните објекти, врз основа на увидот на стручните служби што го направија на оштетувањата на зградите на МЕПСО, на Владата на Северна Македонија, како и на другите објекти.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

28_02_2020_Zaev

Заев: 100.000 нови работни места, 36.000 денари просечна и 18.000 минимална плата до крајот на мандатот во 2024

За помалку од три години, преку одговорни и успешни економски политики успеавме да ја извадиме државата од финансискиот колапс во кој беше заглавена. Во време кога се обезбедуваше слободата во општеството и кога се решаваа клучните стратешки прашања за државата, ја кренавме економијата и ја поставивме на стабилни и реални основи.Денес, со гордост можеме да кажеме дека направивме сериозен исчекор на економски план, потврден преку официјални податоци, истакна претседателот на СДСМ, Зоран Заев.Платите растат во сите сектори, имаме рекордно високи странски инвестиции, невработеноста е на историски минимум од 17.1 отсто, животниот стандард расте.Но нема да застанеме тука. Политиките што ги спроведуваме во економијата, отвораат простор за уште поголем раст. Ние знаеме и можеме уште повеќе и уште подобро.Сега следуваат четири години мандат за најголемиот скок на нашата, македонската економија.Следува рекордно намалување на невработеноста и рекорден раст на платите. Создаваме мерки и политики со кои Северна Македонија станува земја со ниска невработеност, држава во која платите растат брзо во сите сектори.Во новиот мандат уште повеќе ги поддржуваме домашните фирми, а со членството во НАТО носиме рекорден број странски инвестиции.Затоа во новата програма имаме предвидено суштински и реални мерки и политики.До крајот на мандатот, до 2024 година, ќе отвориме 100.000 нови работни места. Ако можевме за 2,5 години да отвориме 60.000 конкретни, јасно видливи работни места главно во реалниот сектор, знаеме и можеме за полн мандат од 4 години да отвориме 100.000 нови работни места.Поддршката за домашни и странски инвестиции ја зголемуваме и ја проектираме во износ од 300 милиони евра до крајот на мандатот. На ова додаваме уште 300 милиони евра европски средства за развој на домашната економија. Тоа се вкупно 600 милиони евра за развој на бизнисот, за фирмите, за нови работни места, за иновации, за стартапи, за младите, за работа тука дома, во нашата татковина.Невработеноста ќе ја донесеме под 8%, односно под 20% кај младите. Денес стапаката на невработеност изнесува 17,1 кај општата популација и 35 отсто кај младите и е сериозно намалена во споредба со 2017 година.За само две и пол години, минималната плата ја покачивме за 60 отсто или за 5.500 денари, а просечната за над 4.000 денари. Покажавме дека платите можат да растат во сите сектори. За само две и пол години просечната плата ја зголемивме на 450 евра.Затоа, во новиот мандат растот на платите продолжува и тој ќе биде и побрз и посилен. Просечната плата ќе порасне на 36.000 денари. Минималната на 18.000 денари.600 евра просечна, 300 евра мининална плата.Вложувањето во човековиот капитал е вистинскиот, правиот пат.Затоа, платите на вработените во образованието и здравството  ќе пораснат за 20 отсто.Продолжува и субвенционирањето на придонесите за сите компании кои ќе ги зголемат платите од 600 до 6000 денари по вработен.Ги унапредуваме условите за работа во ИТ индустријата која е генератор на илјадници добро платени работни места.До 2023 година персоналниот данок во ИТ индустријата го намалуваме до 0%.Заедно со мерките на повраток на персоналниот данок, директно во самата индустрија, за конечно сите во ИТ индустријата да плаќаат 0% данок.Ќе развиеме и еден нов модел на номади и слични меѓународно признати механизми, за развој на оваа важна индустриска гранка.За оние кои сакаат да се обучуваат, доообучуваат или преквалификуваат, обезбедуваме целосен поврат на персоналниот данок за обука, дообука и преквалификација.Покрај младинскиот додаток на плата од 3.000 денари, уште повеќе инвестираме во младите и во намалувањето на младинската невработеност.Развиваме целосно нови стратегии преку грантови или неповратни средства од 5.000 – 15.000 евра за млади и жени за отворарање на сопствени бизниси, каде државата го презема поголемиот дел од ризикот при евентуален неуспех.Обезбедуваме поврат на персонален данок за сите нововработени до 29 години во првите две години. Парите ќе одат директно на сметка кај младите.Ова е дел од економската понуда во новата Програма на СДСМ со која настапуваме пред граѓаните.Имавме можност во скратениот мандат од две и пол години да покажеме дека ние нашите ветувања ги остваруваме. Дека нашите мерки се реални, остварливи и одржливи.Покажавме дека ако се работи чесно и одговорно има пари за се во државата. И за поголеми плати и пензии, поголема социјална помош, за повисоки субвенции за земјоделците.Сега, со чесна и одговорна понуда бараме од граѓаните мандат од четири години за да покажеме дека невработеноста може уште многу да се намалува, дека платите и пензиите можат уште повеќе да растат, дека има пари и за поддршка на компаниите, на земјоделците, на ранливите категории граѓани.Убедени сме дека граѓаните ќе ја препознаат нашата чесна понуда наспроти лажните ветувања и ќе дадат поддршка на концептот на СДСМ што носи повеќе пари кај секој граѓанин, кај секое семејство.Убедени сме дека ќе застанат зад нас и заедно ќе продолжиме по вистинскиот пат, пат кон економски раст и развој и силна економија.Со ваквиот раст на економијата, гарантираме нови 100.000 работни места и голем раст на сите плати.Продолжуваме со работа, уште повеќе, и уште подобро, и носиме голема победа за сите граѓани на 12 април, истакна претседателот на СДСМ, Зоран Заев.фото и видео: СДСМ

Македонија | пред 6 години

KIRIL_PRLICEV_28022020-1

(ФОТО) Свеченост по повод 145 години од раѓањето на Кирил Прличев

Во Прличевата одаја во градската  библиотека, денеска свечено беше одбележана 145 годишнината од раѓањето на Кирил Прличев. На свеченоста се обрати претседателката на Советот на општина Охрид Живка Ангелоска, а за ликот и делото на синот на Григор Прличев историски час одржа професорот по историја Климент Спасески.-Се собравме денес овде во Прличевата одаја, да му оддадеме должна почит и да ја одбележиме 145 годишнината од раѓањето на Кирил Прличев, синот на  великиот Григор Прличев. Почестени сме што денес меѓу нас е внукот на Кирил Прличев и заеднички можеме да ја изразиме нашата благодарност за делото на  неговиот дедо и прадедо кои имаат особит белег во историјата на Охрид.Кирил Прличев бил голем македонски патриот,македонски револуционер, публицист, журналист, идеолог и интелекуалец кој не се колебал јавно да ги соопштува и да ги брани своите ставови. Бил образован, се интересирал за книжевноста, говорел и пишувал на неколку јазици и вешто знаел сето тоа да го спои во неговото учество во речиси сите етапи на македонската револуционерна борба.Делото на Кирил Прличев сеуште докрај не е истражено, но како што велат познавачите, тоа е голем предизвик за младите научници. Доколку со чесен и методолошки фундиран начин  се пристапи во проучувањето на делото на Кирил, тогаш ќе се потврдат многу претпоставки за конкретниот придонес на Григор Прличев и неговото семејство не само во книжевноста, просветителската и револуционернта дејност, туку и во вкупните процеси на Македонската преродба.Само големите луѓе можат да го препознаат најважното и реалното во народните преданија. Слушајќи ги преданијата кои му ги раскажувал неговиот татко Григор Прличев, Кирил заедно со професорот Димче Коцо во 1943 година ќе трагаат по темелите на црквата и гробот на Св. Климент Охридски на Плаошник.Во животната приказна на Кирил Прличев има многу засега непознати делови, но едно е сигурно дека во неа има многу симболика. Вечно почиваат заедно со неговиот татко Григор  во гробот што се наоѓа кај црквата Св. Богородица- Перивлепта, светилиштето во кое до возобновувањето на црквата на Плаошник беа сместени моштите на Св. Климент Охридски.Да завршиме со уште една симболика. Ако „Охридскиот Хомер“  ни ги остави во наследство нескршливиот слободарски дух, витешката борба и етичките приципи, тогаш ние како генерација, треба да ги употребиме како клуч за отворање на вратите на иднината –рече Живка Ангелоска, претседател на Советот на општина Охрид.Внукот Кирил Прличев, кој го носи името на својот дедо, се заблагодари за организирањето на свеченоста, а на претставник на охридскиот Завод и Музеј му подари портрет на Кирил Прличев. Претседателката на Советот на општина Охрид Живка Ангелоска, на Кирил Прличев му врачи примерок од книгата „ Антологија на ловорот“  која неодамна ја публикува Локалната самоуправа. Во културно-уметничката програма  настапи Ѕвездана Дуцкиновиќ од ОМУ „ Методи Патче“ .фото: Општина Охрид

Македонија | пред 6 години

zaev-kasami

Заев: СДСМ и Беса ќе победат во шестата изборна единица

Коалицијата меѓу СДСМ и Беса, ќе биде победник во шестата изборна единица, изјави лидерот СДСМ Зоран Заев на денешната прес конференција.„Коалицијата СДСМ – Беса и другите партии ќе биде победник на овие избори, не ДУИ.„Јас би му порачал на нашиот сегашен коалициски партнер да не си го лаже паметот, коалицијата СДСМ-Беса и другите партии ќе биде победник на овие избори, не ДУИ. И тоа во 6. изборна единица каде што најмногу се мерат влијанието на втората етничка заедница по големина во државата, на албанската“, истакна Заев на прес-конференцијата на која промовираше мерки од економската програма за изборите.На прашање како овој потег ќе влијае врз гласачите од македонската етничка заедница, Заев рече дека е уверен оти Македонците се уште повеќе мотивирани да гласаат за победникот кој се дистанцирал од етнички предрасуди и изградил единство.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Foto-2-5

Пендаровски-Клуге: Граѓаните да се информираат од релевантни извори, да не се дозволи создавање епидемија на лажни вести

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими Ханс Клуге, регионален директор на Светската здравствена организација за Европа.На средбата се разговараше за актуелната состојба со коронавирусот во нашата држава, како и за најновите информации за ситуацијата со овој вирус во светски рамки.На средбата, директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге оцени дека нашата држава има добри капацитети и дека презема вистински чекори во подготвеноста за справувањето со коронавирусот. Тој посочи дека нема место за паника и дека е значајно граѓаните да се информираат од релевантни извори, за да не се дозволи создавање епидемија на лажни вести, со што се согласи претседателот Пендаровски.На средбата се разговараше и за состојбата со аерозагадувањето во нашата држава, при што претседателот Пендаровски рече дека негова заложба е овој проблем да се стави високо на агендите, посочувајќи го примерот со седницата на Советот за безбедност на која во присуство и на невладини организации се разговараше за аерозагадувањето како безбедносен ризик во државата.Ханс Клуге, регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа престојува во посета на нашата држава по повод одржувањето на вториот национален форум за здравје насловен „Здрави мајки, здрави новороденчиња: Северна Македонија одговара на предизвиците“, којшто е во организација на Министерството за здравство и поддржан од Светската здравствена организација.фото и видео: Кабинет на претседател

Македонија | пред 6 години

37

Јанкуловски: Одблокирани 5 милиони американски долари на Фондацијата Атанас Близнакоф, 31 студент добиваат стипендија од 1000 евра

На 31 редовни студенти од прв циклус студии на Универзитетот Св. Кирил и Методиј кои покажуваат висо­ки резултати во студирањето, а кои се со послаба материјално-финансиска состојба, ректорот на Универзитетот Никола Јанкуловски денеска им додели договори за стипендии во висина од по 1000 евра годишно, средства кои се обезбедуваат од Фондацијата „Атанас Близнакоф“, еден од нашите најголеми донатори од дијаспората.Стипендиите од Фондацијата којашто Близнакоф ја формирал во 1976 година, се со цел да им помага на младите талентирани студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ кои покажуваат врвни резултати во студирањето и потекнуваат од социјално загрозени семејства. Од оваа година средствата се исплаќаат и од дивидендите и каматите од ослободените средства кои се наоѓаат на сметката којашто донаторот ја има во банка во Илиноис, Соединетите Американски Држави, каде во 2018 година се формираше сестринска фондација со што се ослободија 5 милиони американски долари кои со децении беа блокирани во САД.„Ми претставува особено задоволство што успеавме да ги ослободиме средствата кои нашиот голем донатор Атанас Близнаков ги имаше на сметката во Илиноис, со што се овозможи од оваа година, а и во иднина, бројот на стипендии за нашите студенти кои покажуваат одличен успех во студирањето, а имаат материјално-финансиски проблеми, да биде поголем. На оваа сметка од смртта на Близнаков во 1998 година стоеја блокирани 5 милиони американски долари коишто успеавме да ги одблокираме, така што сега и тие се дел од Фондацијата. Благодарение на ова од годинава се зголеми бројот на студентите кои ќе добијат стипендија, а се зголеми и висината на месечниот надомест кој стипендистите ќе го добиваат во текот на 10 месеци од учебната година, кој сега изнесува 6.000 денари месечно. Сакам да нагласам дека стипендиите од Фондацијата се обезбедуваат исклучиво од камати, а сега и од дивиденди, додека главнината на средствата не се троши. Искрено се надевам дека во иднина ќе бидеме во можност уште повеќе млади да ја добијат за нив толку потребната финансиска помош, што беше и заложба и волја на нашиот голем донатор и хуманист Атанас Близнаков”, изјави проф. д-р Никола Јанкуловски, ректор на Универзитетот Кирил и Методиј.фото: Element PR and Corporate Communication

Македонија | пред 6 години

lisici

Притвор за скопјанец поради „учество во странска војска, полиција паравоени или параполициски формации“

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации од член 322-а ст.3 вв ст.9 од Кривичниот законик.На почеток на месец ноември минатата година, осомничениот, со намера да учествува и да се обучува од страна на странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации во Сирија, ја напуштил територијата на нашата држава со автобус и заминал за Р.Турција. Во текот на патувањето остварувал контакти со македонски државјани, истакнати приврзаници на радикален ислам, кои се наоѓале во кризните подрачја на Сирија и кои му помогнале со контакти со лица од Р.Турција што ќе му овозможат префрлање во Сирија. При обид во воено забранетата зона илегално да ја премине границата на Р.Турција и да влезе на сиријска територија бил спречен и фатен од страна на турските власти. При легитимирање дал лажен идентитет на државјанин на Р. Италија.По пат на меѓународна соработка со Р.Турција, осомничениот е екстрадиран во РСМакедонија и изведен пред судија на претходна постапка. Поради постоење на основите предвидени во член 165 ст.1, 2 и 3 од Законот за кривична постапка по предлог на надлежен обвинител на осомниченото лице му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања