Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

vakcini-novi

ОЈО „крева раце“ од исправноста на МРП вакцините

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Резолуција дека нема место за јавно–обвинителска интервенција во предметот оформен по допрен глас во врска со увозот, дистрибуцијата и употребата на МРП вакцината во периодот од крајот на 2018 до почетокот на 2019 година, бидејќи овој настан не ги исполнува елементите на кривичното дело.Во предметот се испитуваа евентуални неправилности околу увозот, рокот на употреба и евентуално предизвикани штетни последици од вакцините. Дополнително за истиот настан кривична пријава поднесе и Здружението на граѓани за заштита на човековите права „Здравје со игла не влегува“ од Кичево.По оформувањето на кривичниот предмет, надлежниот јавен обвинител издаде наредба – да се извршат проверки во правното лице „Македонија лек“, увозник и дистрибутер на вакцината МРП, во смисла кога бил направен увозот на оваа вакцина, која количина била увезена, од кого и од каде била истата увезена, до кога бил рокот на употреба на увезените вакцини, дали етикетите на пакувањата од вакцините биле дополнително залепени, а доколку било така, од кои лица биле залепени и кои биле причините за тоа или пак вакцините биле доставени со залепени етикети, како и на други околности за набавка и дистрибуција на предметните вакцини.Проверки беа направени и во Агенција за лекови и медицински помагала – МАЛМЕД, во поглед на извршениот увоз и дистрибуција на вакцината МРП. Притоа се испитуваше дали оваа Агенција извршила контрола врз увозот, дистрибуцијата и употребата на предметните вакцини, доколку бил извршен таков надзор, што било констатирано, дали биле констатирани евентуални неправилности во однос на „рокот на важност“ на вакцините, дали било констатирано кога се залепени етикетите на вакцините, а доколку евентуално биле дополнително залепени, кој го направил тоа и од кои причини, дали е дозволено евентуално такво дејствие од страна на увозникот на лекот, дали овие вакцини биле употребени, дали имало констатирано штетни последици од вакцините кај одделни пациенти, дали вакцини со евентуално дополнително залепени етикети може да бидат пуштени во промет, дали овие вакцини биле пуштени во употреба во Здравствените домови во Република Македонија, како и други релевантни околности.Едновремено, со Наредбата беше побарано да се извршат проверки и во Министерството за здравство како ресорно министерство, како и да се обезбеди релевантната писмена документација, која што се однесува на увозот, дистрибуцијата и употребата како и евентуалната замена на етикетите со рок на важност на вакцините, а документацијата за извршен надзор и евентуално констатирани неправилности и евентуални штетени последици од нив врз здравјето на пациентите да се обезбеди во оригинал или заверен препис за да може да се употреби како доказ во кривичната постапка.Дополнително надлежен јавен обвинител нареди да се обезбедат како материјален доказ и предметните вакцини и да се чуваат под соодветни услови, за да не дојде до нивно контаминирање, а заради целите на кривичната постапка.Основното јавно обвинителство Скопје се обрати и до Центарот за испитување и контрола на лекови со барање за податоци дали лекот е штетен по здравјето на луѓето и дали истиот може да биде употребуван кај пациентите односно пуштен во промет со лекови. На ваквото барање беше одговорено дека Центарот за испитување и контрола на лекови може да врши проценка на податоците само контактно надворешно во споредбена анализа со одобрениот примерок и дека овој Центар нема техничка можност за да спроведе лабораториско испитување на примерокот со цел утврдување на квалитетот.Со цел да се спроведе потребната лабораториска анализа, Основното јавно обвинителство Скопје преку Агенцијата за лекови и медицински помагала и Центарот за испитување и контрола на лекови, предметните вакцини кои беа обезбедени како доказ како и целокупната материјална документација потребна за изработка на вештачењето ја проследи до Paul Enrlich-Институтот од Ланген, Германија.Постапувајќи по Наредбата за вештачење на ОЈО Скопје, Центарот за испитување на лекови достави Извештај за проценка на пакување од 25.09.2019 година во кој е наведено дека  лекот Priorix  од производител GlaxoSmithKline Biologicals S.A-Ринсенсарт, Белгија со рок на употреба 05/2019, примен  од Македонија Лек ДОО Скопје на 3.04.2018 година содржи неточни податоци на дополнителната налепница на македонски јазик, залепена на надворешното пакување, меѓутоа од наведеното несовпаѓање не може да се констатира дали конкретниот лек е штетен.Дополнително, со добиените резултати од испитувањето од Paul Ehrlich Институтот од Ланген, Германија се потврдува фармацевтскиот квалитет на лекот и констатирано е дека испитуваниот примерок на препаратот Priorix прашок и вехикулум за раствор за инјектирање во однос на испитаните параметри одговарал на барањата на спецификација на квалитет  на производителот.Со оглед на тоа што по извршената стручна проценка и добиените резултати беше констатирано само надворешно несовпаѓање на податоците на налепницата кое не влијаело на квалитетот на лекот, надлежниот јавен обвинител одлучи дека пријавениот настан не ги исполнува елементите на кривичното дело – Про­из­водс­тво и пу­шта­ње во про­мет штет­ни средс­тва за ле­ку­ва­ње од член 212 од Кривичниот законик, ниту на кое било друго кривично дело за кое гонењето се презема по службена должност.Основното јавно обвинителство Скопје го извести Министерството за внатрешни работи и Здружението на граѓани за заштита на човековите права „Здравје со игла не влегува“ дека нема да преземе понатамошно кривично гонење за овој настан.фото: Архива

пред 6 години

strumica

Откажан карневалот во Струмица

Годинашното издание на меѓународниот Струмички карневал заврши синоќа со одржување на концертот под маски, а останатите содржини што требаше да се одржуваат до 4 март се откажани, потврди за МИА претседателот на Организациониот одбор, Александар Цицимов.– Јас го откажав учеството на сите групи кои требаше да дојдат на карневалот. Цела ноќ не сум спиел и некои групи буквално ги враќав од границите. Планирам во текот на денот да одржиме прес-конференција со градоначалникот Коста Јаневски на која ќе соопштиме повеќе детали, рече Цицимов.Дополнитено ќе се утврдат термини во кои ќе се одржат главните манифестации на Струмичкиот карневал.На интернационалната карневалска вечер, што беше закажана за утре, требаше да учествуваат 46 карневалски групи од земјава и странство со над 1.200 учесници.фото: Telegraf 

Македонија | пред 6 години

bitola

Двајца Бугари кои работат во Македонија во домашна изолација 14 дена поради корона вирусот

Двајца бугарски државјани кои работат во Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ се ставени во домашна изолација во Битола, потврдија од Центарот за јавно здравје, пренесува „САКАМДАКАЖАМ“. Работниците немаат симптоми на коронавирус, но се под здравствен надзор затоа што претходно биле во Италија. Тие вечера допатувале во Битола и се јавиле на проверка во Центарот за јавно здравје.„Разговарано е со фирмата каде работат дека не треба да одат на работа и дека според препораките ќе бидат во домашна изолација, односно под здравствен надзор 14 дена“, истакна меѓу другото  директоката Елизабета Крстевска од Центарот за јавно здравје за СДК.МК.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

Bojan-Reket

Ново рочиште за „Рекет“, ќе сведочи Тодоровиќ како сведoк на одбраната

Во Кривичниот суд треба да продолжи судењето за случајот „Рекет“ откако вчерашното рочиште беше одложено за денеска поради отсуство на поранешниот градоначалник на Општина Центар и бизнисмен Владимир Тодоровиќ кој треба да сведочи на предлог на одбраната на првообвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13. Тодоровиќ е еден од 12-те предложени сведоци од обвинетиот Бојан Јовановски.Како сведок треба да се појави Лидија Јаневска, која за вчерашното рочиште немала уредна достава на покана.Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Васка Николовска-Масевска, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.Судијката информираше дека Судот го одбива барањето на обвинетиот Бојан Јовановски за укинување на мерката притвор.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

28-Homocystinuria

Ги запознаваме ретките болести: Хомоцистинурија

Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 или 29 дена ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести во Република Македонија.Секој ден ќе Ве запознаваме со по една ретка болест и ќе се обидеме да добиеме одговори на многу отворени прашања, а ќе се слушне и за предизвиците и проблемите со кои се соочуваат овие лица и нивните семејства. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков лек? Колку и дали воошто се пристапни и достапни лековите?…ХомоцистинуријаМКБ E 72.11HomocystinuriaХомоцистинурија е група на наследни автосомно рецесивни болести која води до абнормално наталожување на хомоцистеинот и неговите метаболити во крвта и урината. Генетските пореметувања резултираат со абнормалности во ензимите кои се инволвирани во одредени процеси на хомоцистеинот. Пореметувањето во еден од тие процеси е поради дефицит на цистатионин б-синтаза која со својот ко-фактор витамин Б6 (пиридоксин) го конвертира хомоцистеинот во цистатионин.ИнциденцаЗастапеност на мутациите кои предизвикуваат хомоцистинурија, одредена во Норвешка изнесува 1 случај на 6.400 живородени деца. Програмите за скрининг исто така откриваат повеќе случаи на пореметување во реметилацијата: Во САД фрекфенцијата на хомоцистинурија заради нарушување на cbl-C е 1 случај во 100.000 живородени.Клиничка сликаОва нарушување има различни штетни ефекти на многу органи и органски системи Недијагностицираните и/или нетретираните паценти имаат многу лош исход со тешки, сериозни нарушувања. Додека нарушувањата на ензимите се присутни при раѓање, симптомите и знаците можат да се развијат подоцна во неонатлана возраст, период на детство дури и кај возрасни. Можат да се јават остеопороза, васкуларни нарушувања, марфаноиден фенотип, пореметувања на очите, когнитивен застој, други невролошки пореметувања. Фактот дека повеќето од симптомите и знаците се неспецифични, може да доведе до касно доцно дијагностицирање.Клиничките знаци на пореметување на реметилацијате се главно невролошки и/или психијатриски и обично се развиваат во првите недели или месеци од животот, загрозувајќи го понатамошното опстанување на пациентот.Кога да се посомневаме за Хомоцистинурија:Кај фетуси т.е. интраутерино ако имаат:– Интраутерин застој на раст– Лесни дизморфични карактеристики– Конгенитална срцева болест– Фетална дилатирана кардиомиопатијаКај новороденчиња со:– панцитопенија,– мегалобластна анемија и– невролошки симптоми (нистагмус, хидроцефалус, напади, задоцнување во развојот)Кај деца:– тромноемболизам,– марфаноидни карактеристики и– невролошки симптими (церебеларна атаксија, спастична тетрапареза, мозочен удар, нистагмус, напади, периферна невропатија).Рана идентификација и навремен третман се клучни за да се обезбеди најдобар можен исход. Ако има сомнеж за хомоцистеинурија, пациентот треба веднаш да биде испратен во центар за терцијарна нега каде има соодветни стручни лица со познавање на метаболните пореметувања.ДијагнозаАко пациентите имаат системски знаци и симптоми, веднаш треба да се направат дополнителни испитувања, како биохемиски тестови (плазма амино киселини: тотален хомоцистеин, метионин, уринарна органска киселина: метилмалонична киселина). Првичните биохемиски тестови треба да бидат проследени со потврдни тестови како директни ензимски анализи, молекуларна дијагноза на генски мутации и комплементарна анализа. Исто така, треба да се направат испитувања на браќата и сестрите на лица со хомоцистинурија.ТретманХомоцистинурија е состојба која се лекува. Раното дијагностицирање, третман и диетална рестрикција се од голема веројатност дека ќе ја забават прогресијата на хомоцистинуријата како и исчезнување на некои од карактеристиките т.е симптомите.Целта на терапијата е да се редуцира акумулацијата на хомоцистеинот и, за нарушувањето на реметилацијата, да се прескокне тој дефект на реметилација и со тоа да се одржат нормални концентрации на метионин и фолати.1. Диета со ограничен внес на метионин и цистин како суплемент (метионин може да се најде во јајца, месо, риба, семе од сусам, бразилски ореви и други растителни семиња и житни зрна).2. Витамински суплементи (Витамин Б6, Б9, Б12)3. Цистадан е единствениот бетаин (модифицирана амино кислеина која содржи глицин) кој е одобрен за третман на хомоцистинурија. Докажано е дека дополнително ја намалува концентрацијата на хомоцистеин кога се приклучува кон терапијата со витамини и/или диетата со ограничен внес на метионин.Кампањата „Ги запознаваме ретките болести 2020“, која ја реализираат активистот Гордана Лолеска, охридското Супер радио и Здружението „Живот со предизвици“ ќе се прикажува на 40 национални, регионални и локални медиуми ширум државата. Оваа година, покрај стандардните дијагнози изработени на македонски јазик, проектот доби и албанска верзија и верзија на знаковен јазик, со оглед на тоа што околу 400 ретки дијагнози вклучуваат помала или поголема загуба на слухот. Проектот ги надмина и локалните граници и ќе се емитува на бројни медиуми во Албанија и Косово. Новина оваа година е и тоа што емисиите се изработени и на знаковен јазик.Првиот ден на ретки болести беше одбележан во 2008 година, точно на 29-ти февруари, „редок“ датум кој се случува само еднаш на секои четири години. Од тогаш, Денот на ретки болести се одржува секоја година на последниот ден од февруари, месец познат по тоа што има „редок“ број на денови. Денот на ретките болести е меѓународна кампања за подигнување на свеста за ретките болести. Од почетокот во 2008-ма година, илјадници настани се организираат низ целиот свет и опфаќаат милиони луѓе. Кампањата започна како европски настан и со текот на времето стана глобален феномен, со учество на над 90 земји од целиот свет во 2018-та година. Република Македонија за прв пат се вклучи во одбележување на овиј редок ден во 2013-та година.Кампањата за Денот на Ретки Болести е за пошироката јавност, за релевантните институции и секој е добредојден да се придружи: пациенти и семејства, организации на пациенти, медицински професионалци, истражувачи, фармацевтска индустрија, јавни здравствени институции – колку повеќе не има, толку подобро. Денот на ретките болести е можност за учесниците да бидат дел од глобалниот повик кон креаторите на политики, истражувачите, компаниите и здравствените професионалци повеќе и поефикасно да ги вклучат пациентите во истражувањата за ретки болести.Вклучете се!

Македонија | пред 6 години

nesreka

(ВИДЕО) Стравична сообраќајка во Загреб, со Ауди однесе цела трамвајска станица

Страшна сообраќајна несреќа се случила во Загреб вечерта од недела кон понеделник, пренесуваат хрватските медиуми.  Медиумите објавија и видео снимка од несреќата од надзорните камери во близина.Според информациите од загрепската полицијата, со автомобилот „ауди а6“ управувал 31-годишник.Во еден момент со предните тркала на автомобилот возачот налетал на рабниците од островот за насочување на сообраќајот по што покосил два столба за пешачки семафори. Возилото продолжило да се движи со огромна брзина кон трамвајската станица, каде налетало на ограда и натрешница. Од силниот удар постојката е целосно демолирана.Возачот е тешко повреден во незгодата и му била пружена лекарска помош во Клиниката за трауматологија.фото:  Večernji.hr 

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Зеќири: Коалицијата на СДСМ со БЕСА е историско момент, покажуваме нови вредности во политиката

„Не само јас, туку и сите во партијата (СДСМ) и граѓаните се горди што дојдовме до овој момент да коалицираме пред избори. До 2016-та можеше само да се сонува вакво нешто. Другите не веруваа ниту во тоа дека почнаа албански гласови да одат за македонска партија, но се случи. Ова е историски момент кога две партии од различна етничка заедница ќе настапат заеднички на избори. Многу почесно е вака да се постапува, предизборно. Покажуваме нови вредности. И покажуваме дека луѓето полека се ослободуваат и го тргаме оној национализам што беше присутен“ – изјави потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зеќири на телевизија Телма.Зборувајќи за очекувањата од изборните резултати Зеќири изрази увереност дека коалицијата на СДСМ ќе победи.„ Ако ја прифатат граѓаните нашата програма ќе победиме. А потоа ќе преговараме со партиите со кои ќе можеме и за кои ќе налага ситуацијата. Ова до сега е принципиелно направено, без уцени. Сфативме дека граѓаните ни се приоритет. Колку повеќе правиме за граѓаните толку стануваме поблиски со нив.“ – оцени Зеќири.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

tepacka-222

Се степале ученик и наставник во Скопје

Наставник и 15-годишен ученик се степале во училиште  во скопската населба Ченто.Случајот во полиција го пријавил Х.Ф.(43) од Скопје. Тој пријавил дека во 16.20 часот во училиште на улицата Фуштанска во Скопје по претходна расправија дошло до физичка пресметка помеѓу неговиот 15-годишен син и Н.М. наставник во училиштето.фото: Архива 

Скопје | пред 6 години

bujar-osmani-696x396

Османи: Сојузот на Беса и СДСМ е на штета на албанските интереси

Бујар Османи, портпарол на ДУИ и вицепремиер во владата оценува дека коалицијата на СДСМ и Беса значи дефакторизирање на важноста на албанските гласови.-Овој сојуз или ова „топење“ на Беса во СДСМ е на штета на албанските интереси, бидејќи се дефакторизира важноста на албанските гласови. Со тој сојуз се дефакторизира важноста на албанските гласови, но пред се, улогата на Охридскиот договор и бадентеровиот механизам за заштитата на албанските интереси, оценува Османи.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Вархеји: Преговорите со Северна Македонија и Албанија можат да се отворат за неколку недели

Европската Унија може да отвори преговори со Северна Македонија и Албанија за неколку недели, бидејќи двете држави направија напредок во нивните подготовки за членство, изјави денеска во Прага еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. Вархеји рече дека извештајот на Европската комисија за двете земји, што треба да биде објавен наредната седмица, е охрабрувачки.– Има сериозен напредок во двете земји. Многу сум охрабрен од фактот што двете земји одлучија да ги забрзаат нивните подготовки, рече Вархеји по средбата на шефовите на дипломатиите од земјите од Вишеградската група (V4) и од земјите од Западен Балкан (WB6) во Прага.Истакна дека со извештајот се надева дека ќе ги убеди земјите-членки дека двете земји се подготвени, и самите земји-членки треба да бидат подготвени да отворат преговори со Северна Македонија и Албанија.фото: DW

Македонија | пред 6 години

tv-kanali

Од понеделник на полноќ ќе гледаме само МТВ1, МТВ2 и собраниски канал - дали започнува медиумски мрак во земјава?МРАК ВО МАКЕДОНИЈА

Здружението на информатичко-комуникациските технологии, кое ги обединува сите оператори, денеска донесе заклучок да го прекине реемитувањето на сите домашни и странски ТВ канали на 2 март, вечерта на полноќ.Исклучок ќе бидат каналите на јавниот сервис: МТВ1, МТВ2 и собранискиот канал.– Како општествено одговорни компании и имајќи ја предвид сериозноста на ова прашање, операторите по средбите со државниот врв се согласија да го одложат датумот за прекин за 2 март 2020 година на полноќ, за да остават простор за изнаоѓање законско решение во интерес на граѓаните, соопшти попладнево Здружението.Најавуваат дека заклучокот за прекин на реемитувањето на телевизиските канали ќе биде во сила сѐ додека надлежните институции не изнајдат прифатливо решение со кое ќе се стават вон правна сила, како што велат, спорните законски одредби кои го оневозможуваат нормалното работење на целата индустрија. Како резултат на неспроведливоста на Законот, а со цел корисниците на ТВ услугите да не бидат оштетени, операторите нема да наплаќаат за ТВ услуги за периодот додека трае прекинот.Според соопштението, операторите се заинтересирани и подготвени, како и до сега, да го вложат целиот свој капацитет и знаење, во изнаоѓање на прифатливо решение во најкраток рок, со што би се избегнале натамошни штети за целата јавност.Ваквиот заклучок на членките на Здружението на ИКТ, стои во соопштението, е последица на последните измени на Законот за аудио и аудиовизуелни и медиумски услуги (ЗААВМУ), што Собранието на РСМ ги донесе на 16 месецов, на денот на распуштањето, по скратена и нетранспарентна постапка и без претходна јавна расправа.– Имено, законските измени на операторите им наметнуваат обврска да гарантираат за авторските права на програми кои тие не ги произведуваат, туку само ги реемитуваат и за тоа да сносат материјална и кривична одговорност за туѓи дејствија. Поради тоа, ваквата законска обврска за операторите претставува состојба на виша сила и е неприменлива затоа што операторите кои реемитуваат програма не можат да имаат ниту контрола, ниту одговорност за тоа дали се регулирани авторските права за сите поединечни програми што ги создаваат и емитуваат телевизиите. Операторите се принудени да го прекинат реемитувањето на програмските содржини за да избегнат прекршување на Законот поради активности кои не се под нивно влијание, стои во соопштението.На 21 месецов повеќе оператори поднесоа заедничка Иницијатива до Уставниот суд за поништување на според нив спорните одредби како неуставни и побараа донесување времена мерка со која веднаш ќе се одложи примената на усвоените законски измени, поради нивна неуставност.Во изминатите неколку денови Здружението на ИКТ ги информирало и претседателот на државата, претседателот на Собранието, претседателот на Владата, ресорните министри во Владата, АЕК, АВМУ, дипломатскиот кор, Делегацијата на ЕУ во земјава, Европската комисија, странските и домашните радиодифузери и домашната и меѓународната јавност, а беа одржани и средби во Владата и Собранието, со цел, како што велат, да се изнајде решение за ваквата ситуација, согласно регулативата. Здружението  притоа потенцирало дека законски измени се спротивни на ЕУ-директивите и на сите основни принципи на радиодифузната дејност и медиумската политика утврдени од страна на ЕУ, за што, како што тврдат,  имаат добиено и писмено мислење од страна на Делегацијата на ЕУ во земјава.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Кривична за 20-годишен скопјанец кој сакал да стане дел од терористичка организација во Сирија

Сектор за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при ОСОСК на МВР, вчера ( 26.02.) до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против лицето А.Б. (20) од Скопје, за сторени кривично дело “учество во странска војска, полиција паравоени или параполициски формации“ предвидено и казниво по член 322 а, став 3 вв став 9 од Кривичниот законик.Имено, пријавениот со намера да замине за Сирија за да учествува во странска војска “Џабхат ал Нусра“ (прогласена за терористичка организација од страна на ООН во 2013 година), преку интернет апликации за комуникација остварил контакти со две лица државјани на РСМ, од кои едниот се наоѓал во Сирија а другиот повратник од Сирија. Притоа, од страна на лицата му била дадена гаранција (теские) за приклучување во наведената терористичка организација и договориле дека ќе го информираат за времето на тргнување и начинот на неговото пристигнување во Сирија.На 01.11.2019 година пријавениот со автобус ја напуштил територијата на Р.Северна Македонија преку граничниот премин “Богородица“, додека на 02.11.2019 година остварил влез во Р.Турција, од каде по создадени услови требало илегално да ја премине турско-сириската граница и да биде прифатен од страна на две непознати лица.На 06.11.2019 година при обид илегално да ја премине турско-сириската граница, А.Б. бил уапсен од страна на турските безбедносни органи, лишен од слобода и сместен во Центар за отстранување во Хатај, Р.Турција во близина на границата со Сирија, така што кривичното дело останало во обид.При неговото лишување од слобода, тој бил без документи за идентификација, лажно се претставил и кажал дека имал намера да патува  во Алепо, Сирија.По оставрена меѓународна полициска соработка и во соработка со Амбасада на Република Северна Македонија во Анкара утврден е неговиот идентитет, издаден е патен лист и А.Б  е депортиран на граничниот премин Меѓународен аеродром „Скопје“, каде е превземен и приведен во ПС за ОН Кисела Вода.Вчера по издадена наредба од Судија за претходна постапка извршен е претрес во домот на А.Б., при што се пронајдени и одземени девет мобилни телефони, една СИМ картичка, две УСБ-а и еден преносен компјутер.фото: Архива  

Скопје | пред 6 години

pet1

Македонец кој студира во Милано: Мене Милано буквално ме избрка- ги испразнија маркетите, почнаа да ги носат маски без филтри

Статус на Петар Трајчевски од Скопје, кој студира во Милано, Италија: ,,Како студент во Милано, на факултет за политички науки и меѓународни односи, решив дека сакам да го споделам мојот став околу фамозниот вирус Корона.Луѓето ги поделив јас на 3 групи:– Преинформирани -думстери спремни да се изолираат дома со кила зејтин и паста– Исплашени- посебно присутни помеѓу постарата популацијаРеални- тие што ги мислите за луди што не се замараат и не ствараат паникиВо регионот Ломбардија има 200+ случаи од над 10 милиони население. Преземени се драстични мерки бидејки Италија е влез на европските граници и шенген зоната. Затоа власта мора да реагира ригорозно, но тоа не значи дека треба и луѓето да го прават истото.Мене Милано буквално ме избрка- ги испразнија маркетите, почнаа да ги носат најпростите маски без никакви филтри ни заштита бидејки се исплашени или се кул за инста стори, факултетот ми е суспендиран итн..Мора малку подлабоко да гледате на нештата. Има зошто баш оваа болест стана толку популарна одеднаш и толку многу ексесивни мерки се превземени низ цел свет. Дали навистина сме во здраствена криза или пак политичко-економска движење?За крај ви спремив дел од изјавата на најпознатиот Италјански психолог Рафаеле Морели:,,Нашиот мозок е поврзан со хормоните, со влијанијата, чувствата, со имунолошкиот систем. Негативниот психички циклус во кој влеговме има огромно влијание врз „античкиот мозок“, со еден збор влијае и на нашата имунолошка одбрана “. доколку продолжиме со овој ритам на негативноста влегуваме во спирала, со многу висок степен на потешкотии при излегување.До сега создадовме мачен пат. Стануваме наутро, вклучуваме ТВ и од тој момент стануваме цел на низа бесконечни премини кои не прават ништо друго освен што нè прават тажни.Тоа е една вртелешка што нема никогаш не нè напушти. Од ТВ преминуваме на компјутер, од компјутер на телефон, од телефон на социјалните мрежи, од социјалните мрежи на ТВ. Нема повеќе ограничувања на количината на негативност која паѓа врз нас.Нема повеќе пауза ниту помеѓу една лоша вест и следната. Бројот на заразени, оној на мртвите, слики од напади на супермаркети. Заробени сме во стапица од која не разбираме како да излеземе “.Запрашајте се самите на кого навистина му помагате кога купувате маски брашно и триста други глупости. Не е ова ,,Д вок инг дед,,, ниту Кина. Не ја играјте играта во која сме губитници уште од самиот почеток.”извор: galama.website

Македонија | пред 6 години

filipce1

Познати резултатите на последниот со симтоми на коронавирус

Министерството за здравство информира дека резултатите на лицето пристигнато од Италија, кое се тестираше во изминативе неколку часа на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се негативни на корона вирус.Ова е последното лице за кое се чекаа резултатите и во овој момент нема други лица кои се тестираат на корона вирус.

Македонија | пред 6 години

DSC_0067

МВР: Жената со коронавирус не е влезена пред неколку дена туку вчера изутрината

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира дезинформациите објавени од порталот Вечер дека жената кај која е утврдено присуство на корона вирус пред неколку дена била дојдена од Италија.“МВР ја информира јавноста дека жената влегла во Република Северна Македонија вчера (26.2.2020) во 02.33 часот на Граничниот премин Табановце, а остварен е контакт и со граничните полиции на Србија и Хрватска, од каде е потврдена рутата и тајмингот на движење”, велат оттаму. МВР апелира до медиумите да не пласираат дезинформации кои создаваат вознемиреност кај граѓаните.“Ги повикуваме и новинарските здруженија да преземат соодветни активности за да се спречат ваквите злоупотреби кои како крајна цел имаат создавање на паника меѓу граѓаните”, додаваат од МВР. 

Македонија | пред 6 години

korona-virus-1111

Сведоштво на соседи за Курир: Жената со корона не пристигнала вчера, туку пред неколку дена

Жената на која вчера и беше дијагностициран корон вирус не влегла во Македонија вчера во утринските часови како што соопштија надлежните, туку пред неколку дена. за ова сведочат соседи на жената која живее на Кале. Велат дека неколку дена претходно ја гледале сосетката, пишува Курир.мк.-Таа беше вратена од Италија, но пред неколку ден, велат очедивидци од соседството во населбата на Кале.Во текот на вчерашниот ден надлежните дадоа различни информации за жената за која беше утврдено дека има короа вирус.Повеќе прочитајте на Курир.мк

Македонија | пред 6 години

filipce-venko

Филипче: Ново лице се испитува дали има коронавирус, резултатите наскоро

Се чекаат тестови на уште едно лице кое дошло од Рим. Сам се пријавил за испитувања бидејќи имал симтоми на грип. На Клиниката за инфективни болести нема други кои се јавиле со симтоми на коронавирус. Ова го соопшти министерот за здравство Венко Филипче.Заштитни средства од коронавирусот има во доволен број, посочи Филипче."Ние не се снабдуваме од аптеките како институција, во таа смисла резервите во министерството се доволни", рече Филипче.Во карантин се 12 лица кои патувале со заразената од коронавирус бидејќи останатите 8 патници имале контакт со уште четворица други.

Македонија | пред 6 години

7F29D66E5AF84AB8168D34F1B4EB8553

Затвореници ги палеле ќелиите на затворот во Куманово

Некои од затворениците кои издржуваат казни во затворот Куманово, започнаа голем револт денес, бидејќи нивните барања до сега веќе 10 дена беа игнорирани од властите.Извори на Лајм велат дека затворениците, главно од Албанија, ги запалиле своите ќелии на третиот кат, а нивниот револт сè уште продолжува.-На затворениците од Албанија, кои беа пренесени во затворот Куманово пред неколку дена, не им е дозволено да излегуваат во текот на денот и тоа е причината што кај нив е создаден револт, што денес се манифестира насилно. Сè уште нема официјална потврда од полицијата и дирекцијата на затворот. Засега не се знае дали има повредени лица за време на немирите, пишува ЛАЈМ.

Македонија | пред 6 години

mickoski

Мицкоски вели предизборно мали се шансите за коалиција со албанска партија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања денеска кажа дека предизборно се мали шансите за колицирање со политичка партија од албанскиот блок, но, вели постизборно подготвени се да разговараат.„Во моментов, предизборно, мали се шансите да има таква партија. Ќе почекаме да се случи најголемата победа во независна Македонија, а потоа, се разбира доколку на политичка и проектна основа имаме какво било совпаѓање со кој било политички субјект, тука сме, подготвени сме да разговараме и да создадеме една коалиција“, рече Мицкоски.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

SILEGOV-1

Сите екскурзии на средношколците од Скопје за Италија ќе се одложат на неопределено време

Градот Скопје во рамките на своите надлежности е целосно подготвен да ги преземе сите неопходни мерки за да се спречи ширење на вирусот Ковид 19. Во таа насока, уште пред една недела се преземени превентивни мерки за заштита на здравјето на средношколците и спречување на ширењето на корона вирусот во средните училишта, рече на денешната прес-конференција градоначалникот Шилегов. Во 23 средни училишта на Град Скопје учат околу 21.600 ученици и заштитата на нивното здравје претставува сериозна обврска и одговорност за нас како надлежна институција и за директорите кои раководат со училиштата. Согласно со задолженијата добиени од Владата на Република Северна Македонија сите училишта своите планирани патувања и екскурзии во Република Италија ќе ги откажат или одложат на неопределено време. До крајот на оваа недела ќе биде одржан и едукативен час за превенција од вирусот согласно со препораките на Светската здравствена организација и Владата на РСМ – најави Шилегов. Тој нагласи дека денеска до директорите на средните училишта издал наредба раководните органи во училиштата внимателно да ги следат и целосно да се придржуваат на препораките за превенција и справување со корона вирусот кои ги даваат надлежните институции. Понатаму, училишните раководства веднаш да ги откажат и одложат патувањата и училишните екскурзии во другите земји каде што е регистрирано поголемо присуство на корона вирусот. За сите преостанати патувања и екскурзии да прават дополнителни безбедносни проценки. Училишните раководства веднаш да почнат со организација и реализација на едукативни часови, работилници и дистрибуција на материјали за соодветно информирање, превенција и справување со корона вирусот. Во оваа насока укажуваме дека Градот Скопје ќе ја обезбеди потребната логистичка поддршка и координација со релевантните здравствени институции. Училишните раководства се задолжуваат да ги стават на користење средствата што ги обезбеди Градот, да одржуваат највисоко ниво на хигиена, применувајќи ги сите санитарни-хигиенски средства и активности кои им се на располагање. Во врска со оваа обврска, сакам уште еднаш да  укажам дека Градот Скопје има обезбедено доволни количини на антибактериски сапуни за училиштата. Во изминатиот период во јавноста се шират разни гласини во врска со овој вирус. Апелирам да не се крева паника, апелирам на трезвено однесување и на институциите и на граѓаните. Нема простор за паника. Градот Скопје како основач и надлежна институција за средните училишта, непрекинато и одблизу ја следи состојбата во училиштата и ќе ги преземе сите неопходни мерки за заштита на здравјето на сите членови на училишните заедници – нагласи Шилегов.

Скопје | пред 6 години

87479811_3170215069869736_3020168848759324672_n

(ФОТО) Екипите на Градот со голем број интервенции по невремето кое го зафати Скопје

Екипите на Градот Скопје, составени од јавните градски претпријатија и Противпожарната бригада на Скопје, во соработка со Центарот за управување со кризи, интервенираа на поголем број локации за отстранување на штетите и препреките предизвикани од невремето и силниот ветар што синоќа дуваше во Скопје и достигна брзина од над 100 километри на час.На терен се евидентирани поголем број паднати дрвја, оштетени фасади и конструкции на покриви на поголем број објекти, оштетени билборди и возила.До 12 часот до јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ пристигнати се вкупно 72 пријави за паднати дрвја. Екипите од секторот „Дрвореди“ од претпријатието досега интервенираа на 42 локации во сите општини во Скопје, а активностите ќе продолжат до целосното расчистување на теренот.Големото невреме предизвика поголемо оштетување и на конструкцијата на покривот  на СУГС „Марија Кири-Склодовска“, каде што  денеска не се одржува настава и екипи на ЈП „Улици и патишта“ и Противпожарната бригада работат на расчистување на теренот. Оштетување е предизвикано и на објектот на СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“.Согласно со најавите од УХМР и можноста за повторни врнежи на дожд и засилен ветар во текот на денешниот ден, апелираме до граѓаните да го избегнуваат движење по патеки покриени со дрвја, како и да избегнуваат да ги паркираат возилата во близина на дрвја.Екипите на Град Скопје ја следат состојбата на терен и истите се подготвени да интервенираат за санација на штетите предизвикани од евентуално невреме. фото: Град Скопје

Скопје | пред 6 години

IMG_7450

СЗО Европа Ханс Клуге: Северна Македонија ги спроведува препораките на СЗО, нема потреба за паника

„Здравствените власти и Владата во државата ги спроведуваат препораките од Светската здравствена организација (СЗО), дури и пред да се јави вчерашниот прв случај со корона беше формиран мултисекторски комитет за итни ситуации под директно раководство на премиерот. Заедно со помош на СЗО беше направена проценка на капацитетите, не само на човечките ресурси, туку и на инфраструктура. Секој ден се комуницира со граѓаните и тоа двапати дневно, постојат установи кои се на располагање и се подготвено за евентуален прием на пациенти. Исто така во делот на превентивата вклучени се и 10-те регионални центри за јавно здравје“, истакна д-р Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа на денешноит Втор национален форум за здравје.Тој порача дека нема потреба за тревога и за паника. Се работи за нов вирус и да не се заборави дека во различни делови на европскиот дел на СЗО секоја година од сезонски грип умираат меѓу 60 илјади и 65 илјади лица.Граѓаните ги советува да ги почитуваат мерките за заштита од заразни болести. Инаку, на светско ниво има 81.104 случаи со коронавирус, во 46 држави, од кои 20 земји се во рамки на Европскиот регион  на СЗО во кој вкупно има 53 земји. Во последните 24 часа има уште седум дополнителни земји каде што се јавија нови случаи, од кои 97 проценти од сите случаи се во Кина.фото: Министерство за здравство

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Двајца обвинети за злоупотреби и измами со уплатите на данок во Град Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица, од кои едниот се товари за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, а вториот за продолжено кривично дело – Компјутерска измама од член 251-б став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Првиот обвинет, на возраст од 26 години, ја искористил својата службена положба како службено лице – помлад референт за архивирање на документација во Одделот за присилна наплата, прием, издавање, заверка на документи за даноци, такси и надоместоци на Град Скопје. Преку работното место тој имал контакт со граѓани кои поднесувале даночни пријави за данок на промет, данок на имот и данок на наследство, па им нудел услуга – да изврши плаќање на износот на данокот во нивно име за да не чекаат на шалтерите во банките каде се врши уплатата. Тој притоа барал износот на данокот според Решението за плаќање данок да му го дадат во готово нему, но наместо да го уплати целосниот износ на даночната обврска, вршел уплата на минимален износ, а останатиот дел од парите ги присвојувал со вториот обвинет.Вториот обвинет, на возраст од 38 години, како вработен во Одделението за присилна наплата, прием, издавање, заверка на документи за даноци, такси и други надоместоци  на работно место – Соработник за присилна наплата, стручни работи за прием, издавање и заверка на документи за даноци и такси имал овластување да пристапува до компјутерскиот систем на Град Скопје во кој се евидентираат уплатите од граѓаните по основ на данок. Со намера за себе и за друг да прибави противправна имотна корист, тој преку неговиот компјутер, користејќи ја сопствената лозинка, електронски ги менувал податоците за извршените уплати за данок и прикажувал дека износот на даночниот долг е целосно подмирен. Со ова тој ги доведувал во заблуда лицата задолжени за контрола на извршените уплати по различен даночен основ. По заверка на договорите од нивна страна, вториот обвинет повторно пристапувал во компјутерскиот систем и ги враќал податоците во претходната состојба на даночниот долг.На овој начин, двајцата обвинети во периодот на 2018 и 2019 година, преку уплатите од 20 даночни обврзници, го оштетиле Буџетот на Град Скопје како и буџетите на општините Бутел, Чаир, Ѓорче Петров, Центар и Гази Баба, за вкупен износ од 3.410.366 денари.За двајцата обвинети на сила се претходно определени мерки на претпазливост – обврска да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патните или други исправи за преминување на државната граница, како и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

Foto-2-4

Сопругата на Претседателот се обрати на Вториот национален форум за здравје

Сопругата на Претседалот на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на Вториот национален форум за здравје насловен „Здрави мајки, здрави новороденчиња: Северна Македонија одговара на предизвиците“, којшто е во организација на Министерството за здравство, а е поддржан од Светската здравствена организација.Во своето обраќање, Ѓоргиевска посочи дека во модерната медицина се применува грижа која е центрирана на личност којашто може да оживее преку новата визија на мрежата за примарна здравствена заштита. Таа истакна дека  со подобрување на здравјето на луѓето во заедницата може да се придонесе истото да стане реалност без разлика на возраста и социјалниот и економскиот статус на луѓето.„Зајакнувањето на здравствениот систем претставува динамичен процес на сите нивоа. Сепак, сметам дека е неопходно да се даде посебен импулс  во посветувањето на вистинското место на примарната здравствена заштита. Имено, таа би требало да претставува главен столб за унапредувањето на целокупниот здравствен систем, бидејќи одговара на најважните и превалентни потреби на граѓаните и заедницата.Верувам, сите ќе се согласиме дека нема подобра можност отколку секој член на семејството да добие здравствена услуга од здравствени работници со кои живее во истата средина и ги дели истите заложби и вредности. Примарната здравствена заштита е така поставена да може да ги разбере потребите и спецификите на секоја заедница, нивната традиција и практиките.Треба да запаметиме, да бидеме свесни дека нема здравје без сестрите, болничарите, докторите и другите здравствени работници. Човечкиот потенцијал во примарната здравствена заштита е бесценет и треба да му се оддаде должното признание, да се инвестира во него, да му се обезбеди адекватна работна средина и почит која ја заслужува“, истакна во дел од своето обраќање Елизабета Ѓоргиевска.фото: Кабинет на Претседател

Македонија | пред 6 години

49735114_2047943678615395_132263638139404288_n

Силен ветер, дожд, снег ... какво време ќе имаме утре?

Денеска во земјава преовладува променливо облачно време со повремени  врнежи од дожд, а  на планините од снег. Дува  умерен до засилен ветер во западните делови од западен, а долж Повардарието од северозападен правец, повремено со брзина од 50 до 70 км/час.За утре метеоролозите најавуваат претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови каде на планините снежната покривка ќе се зголеми.Поради силниот ветер на планините ќе има појава на снежни наноси.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања