Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

filipce-venko

(ВИДЕО) Најдени се сите лица кои патувале со заболената од коронавирус, но не и оние со кои тие комуницирале

Идентификувани се лицата кои се превезувале со пацинетката која има коронавирус и веќе вечерва тие ќе бидат ставени во домашна изолација, односно ќе бидат под полициски надзор. Но, сеуште не се знае со кого останатите лица кои биле во комбето со пациентката која е заболена од коронавирус, комуницирале во текот на денот. Дел од нив се во Скопје, а дел во Струмица.„Заболената пацинетка е добра. Се наоѓа во добра општа состојба. Има лесна форма на болеста, зафаќање само на едното белодробно крило. Идентификувани се сите патници кои биле со неа. 8 патници и 1 возач. Тие се идентификувани на едно место во Скопје и три места во Струмица. Екипи на епидемиолози се на терен за да се направи соодветната анкета за да се дознаат податоци со кои се лица овие патници комуницирале во текот на денот. Најпрво, вечерва, сите ќе останат домашна изолација под полициски надзор. Дополнително ќе се утврди дали ќе останат во домашна изолација или пак, ќе бидат испратени во изолираните клиники“, вели Филипче.Пацинетката заболена од коронавирус не кажала точни податоци на граничниот премин Табановце, каде била прашувана за здравствената состојба.„Со сите е контактирано телефонски, знаеме каде се наоѓаат останатите лица. Тест нема да им се направи, бидејќи тој може да биде лажно негативен. Затоа е овој период на инкубација, односно надзор. Ќе се прати состојбата, па доколку имаат симтоми ќе се направат тестови. Најмалку 14 дена ќе бидат во изолација“, додава Филипче.

Македонија | пред 6 години

filipce

(ВО ЖИВО) Прес-конференција на министерот Филипче

Прес-конференција на министерот Филипчеhttps://www.facebook.com/VladaMK/videos/196605754896474/?v=196605754896474&notif_id=1582732172277804&notif_t=live_video

Македонија | пред 6 години

Romanovtse-tragedija-1536x864

Почина и една од жените повредени во Романовце

54-годишна жена е петта жртва во несреќата што се случи на 23 февруари, кога во семеен дом во кумановското село Романовце експлодираше плинска боца. Повредената жена починала на скопските клиники, како последица од тешките изгореници здобиени во експлозијата.Од експлозијатана плинската боца претходно загинаа три деца на возраст, од осум, девет и единаесет години и 58-годишен маж.Во Куманово вчера беше Ден на жалост поради несреќата која се случи во Романовце.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

kam-brasno

(ФОТО) Хистеријата почна: Гужви во маркети и аптеки, се купува брашно, леб, маски, медицински алхохол

Откако денеска министерот за здравство Венко Филпче потврди дека во Македонија е регистриран првиот случај на коронавирусот, во маркетите може да се забележи зголемен број на купувачи.Купувачите попладнево ги празнат рафтовите во маркетите. Се купуваат поголеми количини на брашно, масло,  средства за хигиена, конзерви ...Министерството за здравство вчера објави телефонски броеви на кои сите можат да добијат подетални информации за коронавирусот, но и да повикаат медицински лица доколку не се чувствуваат добро.

Македонија | пред 6 години

Screenshot_10

ДЕТАЛИ: Која е, каде се движела, каква и е состојбата и кога е примена жената заболена од коронавирус, кажаа Филипче и Караџовски

Жена родена во 1970 година, која еден месец престојувала во Италија и таму била болна во последниве две недели е првата заболена од коронавирусот во земјава. Таа еден месец прстојувала во Италија. Во Македониаја пристигнала ноќеска во 2 часот.Министерот за здравство Венко Филипче информира дека пациентката била хоспитализирана денеска околу 15 часот, сместена е на Инфективната клиника и е во изолација. Претходно, во Италија била болна 2 недели, но не била тестирана на коронавирусот. Доктор Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје рече дека заболената била донесена со приватно возило, од наплатната рампа Табановце, директно во Инфективната клиника. Тој соопшти дека заболената е изолирана во посебна соба.„Екипата која беше од наша страна испратена, од ИЈЗ, да земе анкета, се задржа помалку од два часа. Беа опремени комплетно за заштита од коронавирусот. Лицата кои ги примаат овие болни влегуваат од посебен влез, се сместуваат по посебни патеки на движење. На Инфективна клиника не може кој како да шета. Лицето било спроведено согласно сите протоколи во комплетна заштита опрема. Во моментов е на интензивна нега и е под будно следење на докторите. Не можеме да го сместиме во било која соба, туку во изолација од останатите болни на клиниката“, рече Караџовски.Караџовски кратко прокоментира дека жената заболена од коронавирус е свесна и тоа е доволно да го знае јавноста.„Во моментов жената е свесна, ориентирана и дише сопствено. За вас тоа е доволно, а лекарите си ја спроведуваат својата активност“, кажа Караџовски.Траекторијата на дивижење на жената била од Табановце до Инфективна клиника, а детали ќе се знаат во 8 часот кога на прес-конференција ќе излезе повторно министерот Филипче.„Јас знам дека лицата се внесени од Табановце, па од таму, со приватно возило, дошле на Инфективната клиника. Во Италија било проценето дека имала симптоми, дали е тестирано е друго. Ние ги тестираме сите кои имаат симптоми. Во моментов, ве молам да не се шири дефетизам“, вели Караџовски.

Македонија | пред 6 години

012

Чулев, Петровска и репрезентативниот полициски синдикат одржаа средба со претставниците на Одделот за специјални полициски операции

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев заедно со дополнителниот заменик на министер Славјанка Петровска  и  директорот на Бирото за јавна Безбедност Сашо Тасевски  денеска во полицискиот центар ,,Ѓорче Петров,, имаа работна средба  со раководните структури  на сите организациони единици во рамките на Одделот за специјални полициски операции на кој присуствуваа и претставниците на репрезентативниот полициски синдикат, а посветен на тековното работење на Единиците во рамки на Одделот и начините за што поефикасно функционирање во претстојниот предизборен период.Денешниов состанок имаше за цел да покаже единство на највисокото раководството на МВР  во делот на донесување одлуки од значење на службата и да ги охрабри припадниците на службите дека единствено преку доследно почитување на законските надлежности и  професионалните стандарди во секојдневното работење  полицијата и полициските службеници  можат  да ја градат и оправдаат својата позиција, доверба и кредибилитет меѓу граѓаните.фото: МВР 

Македонија | пред 6 години

spasovski-1

Спасовски за пациентот со коронавирус: Нема причина за паника, придржувајте се до препораките!

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски порача свеста на граѓаните да биде на високо ниво, односно, да се почитуваат препораките кои се даваат, но и да бидат општество одговорно, односно да пласираат информации кои можат да создаваат проблеми во целиот период.„Ве уверувам дека нема причина за било каква паника, бидејќи воспоставена е контрола, системите се целосно подготвени. Сите мерки кои се превземени до сега, се врз основа на сите протоколи кои требале да бидат превземени. Прв пат имаме случај на заболен од коронавирус, преминуваме во справување со состојбата. Апелирам граѓаните целосно да се придржуваат до препораките на Минситерството за здравство. Институциите имаат стручни кадри, опрема и капацитети, па согласно со сите стандарди се одвиваат сите постапки. Добро е што на целиот ризик му пристапивме со време, па воспоставивме систме за рана детекција. Сите постапки, дури и превентивните, ќе ги превземеме со протоколите“, рече Спасовски.

Македонија | пред 6 години

doktor

Доктор Караџовски: Едно заболено лице од коронавирус не е ризик за населението, ништо не нè изненадило

Докторот Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје соопшти дека лицето заболено од коронавирус е 1970 година, односно има 50 години и подолг временски период престојувала во Италија.„Спремни сме за половина час да мобилизираме екипа, која ќе реагира веднаш. Важно е дека населението може да биде мирно, ние владееме со состојбата, ништо не не изненадило. Важно е дека алгоритмот предивидува лицето кое е позитивно на коронавирус веднаш се носи на Инфективната клиника. Едно позитивно лице во нашата држава не преставува ризик за останатото население. Медицинските служби во секој момент се спремни да одговорат на секоја потреба“, посочи Караџовски.Тој смета дека нема потреба од паника и објасни како се постапува при регистирање на ваков случај.Погледнете го остатотокот од неговиот говор:

Македонија | пред 6 години

filipce

Филипче за првиот пациент со коронавирус: Две недели била болна, кога стигнала во Скопје веднаш дошла на Клиника

„Резултатите стигнаа за пациентката која утрово околу 3 часот беше хоситализирана на Клиниката за инфективни болести. Резултатите за коронавирус се позитивни. Пациентката е сместена на Инфективната клиника во одделот за излоација, се третира соодведтно. Таа кажа дека еден месец била во Италија кај свои роднини, две недели е болна, а по пристигнувањето во Скопје, веднаш се упатила во Клиниката за инфективни болести. Во моментот кога била траспортирана, не преставувала опасност. Се прави проверка на сите патници кои биле транспортирани во комбето со неа. Тие ќе бидат ставени во 14-дневна изолација“, посочи Филипче.

Македонија | пред 6 години

filipce1

ВО ЖИВО: Филипче за првиот случај со коронавирус во Македонија

Потврден е првиот случај на коронавирус во Македонија. Станува збор за патник кој доаѓал од Италија за Македонија и пронјавил симптоми на смртоносниот вирус. Лабораторските испитувања го потврдиле тоа. Македонскиот државјанин сам се јавил на Инфективната клиника во Скопје. Испитувањата за овој пацинет се чекаа, а претходно, беше соопштено дека други два пациенти кои исто така патувале од Италија, немаат вакво заболување.https://www.facebook.com/makfax/videos/508405030071807/

Македонија | пред 6 години

sini-viroj

(ФОТО и ВИДЕО) Што крие Белчишкото Блато?

Нуркачкиот центар „Акватек“ од Охрид и Здружението за екологија и туризам „Екотуризам 2016“ изведоа подводни активности за разоткривање на тајните на Белчишкото Блато.– Најголемото блатно езерце „Сино Дувло“ крие многу природни особености кои допрва треба детално да се проучат. Со нуркањето е утврдено присуство на бројни подводни карстни извори кои го хранат со вода, речиси исти како Светинаумските извори од езерцето формирано од истекот на Црн Дрим. Богатството со вода е надополнето со рибна фауна, а од снимките се препознаваат јата кленови.Низ шуплините од камењата има мали рипчиња – писи и голема концентрација на мали ракчиња. Измерена е длабочина од околу 4 метри, а вишокот вода се прелева во евловата шума која доминира во блатото и е најголема по површина во нашата држава, велат реализаторите на проектот.Со жалење констатираат дека како и во Охридското Езеро и во „Сино Дувло“ пронашле дел човечката неодговорност, па на површина извадиле една метална рамка од велосипед, која ќе најде место како сувенир во нивната колекција.https://www.facebook.com/AkvatekOhrid/photos/a.2644690905629103/2644658168965710/?type=3&theaterфото:Нуркачкиот центар „Акватек“ 

Македонија | пред 6 години

korona-virus-1111

НАЈНОВА ВЕСТ: Коронавирус и во Македонија, потврден прв случај

Неофицијално потврден е првиот случај на коронавирус во Македонија. Станува збор за патник кој доаѓал од Италија за Македонија и пронјавил симптоми на смртоносниот вирус. Лабораторските испитувања го потврдиле тоа. Македонскиот државјанин сам се јавил на Инфективната клиника во Скопје. Испитувањата за овој пацинет се чекаа, а претходно, беше соопштено дека други два пациенти кои исто така патувале од Италија, немаат вакво заболување.Денес треба да пристигне уште еден авион од Италија. Како што посочи министерот, денеска почнува набавката на дезинфекциски средства за училиштата, како и дополнувањето на резервите на опрема што е заштитна опрема за медицинскиот персонал. Филипче нагласи дека попладнево ќе биде донесена одлука дали ќе има изолација за сите патници од ризичните региони.Информацијата не е потврдена од Министерството за здравство, а прес-конференција најавија за во 16:30 часот, односно за половина час.

Македонија | пред 6 години

IMG-f4696359e1a58cdd8af791824de46642-V

Промовирана „Македонска независна листа“ , програма која нуди решенија засновани врз иновации за раст и излегување од сите кризи

Денеска во Охрид беше промовирана новата суверенистичка платформа „Македонска независна листа“, која со свои листи на пратеници ќе излезе на претстојните предвремени парламентарни избори закажани за 12-ти април.Оваа платформа  обединува македонски движења, партии, независни граѓански здруженија, компании и земјоделски стопанства, како и голем дел од македонската дијаспора.Денеска го отвораме новиот пат во Македонската историја, новата Ера – Ера Трета, Патот на Сонцето. Овој пат симболично го почнуваме од Охрид, градот со седум милениумска историја, градот на Македонската писменост, градот под Самоиловата Крепост, градот на Прличев и Узунов, градот каде што секое камче е жиг на нашиот Македонски Национален идентитет, истакна Наташа Спасеска.Програмата на суверенистичката платформа на „Македонската Независна Листа“ ја промовираше Горан Тасковски. Тор истакна:„Нам ни треба Македонија, на Македонија сме им потребни ние! Ова е мотото под кое иницијативата за Македонија односно “МАКЕДОНСКИ НЕЗАВИСНИ ЛИСТИ” односно Македонскиот Народ ќе ја водаи својата борба во предстојниот период и потоа.Што е тоа што не обедини нас и голем дел од нашата дојаспора да застанеме со заеднички сили и да започнеме еден тежок процес?Со еден збор е идејата. Идејата за ресетирање на Република Македонија, враќање на нејзиниот суверинитет, интегритет и дигнитет во рамки на своето постоење, а воедно враќање на угледот кај соседите и светот кој некој со години го рушеше.Како новина на македонската политичка сцена свесни сме на сите потешкотии кои не очекуваат, сега и во иднина, но исто така свесни сме дека борбата за идејата никогаш не била лесна. Идејата е таа кои ги обедини поддржувачите и симпатизерите на МАКЕДОНСКИ НЕЗАВИСНИ ЛИСТИ.Идејата и љубовта кон татковината ги натера сите чесни родољуби да застанат на страната на својата земја и своите сограѓани од сите етнички групи. Прва и основна задача на сите нас е Република Македонија како стабилна и перспективна целина во сите нејзини општествени сегменити… пред се Македонските Национални Интереси, социјала, економија, образование, здравство преку реални проекти и решенија, истакна Тасковски.Програмата нуди решенија засновани врз иновации за раст и излегување од сите кризи. Никола Танчевски го претстави акцискиот план „Ера Трета“ и потенцира дека дел од нивните проекти веќе се спроведени во практика како пилот проекти и се покажале функционални.„Нашата програма е амалгам на 47 програми и идеи собрани од многу чисти организации и поединци досега отфрлени од партиските системи заради нивниот чист Македонски дух. Ние го проширивме тој амалгам од програми со дополнителни 70% од решенијата засновани врз иновации за раст и излегување од сите кризи. Е3 е единствениот суверенистички концепт што се бори против глобалофашистичкиот систем и ги обединува сите чисти организации и луѓе.Концептот е чисто заснован на функционални дисруптивни иновативни производи и системи кои имаат директно позитивно влијание врз населението, кај нас нема дисусии и нема ЌЕ (Идната Форма на Глаголот Лажам).Како функционира:Социо-економски системи кои генерираат 300000 нови работни места за да можеме да вработиме сите луѓе и да ја префрлиме нашата гломазна јавна администрација што служи како одвод на буџет и машина за гласање на деловен модел што генерира приход отколку наместо трошок, во случаи кога заработува 1 евро во вредност од 2 евра без да се оштети деловниот сектор или пензиските фондовиИновации во брзи и ефикасни градежни методи кои гарантираат дом за секого и раст и експанзија на Македонската Градежна индустрија и во странство без последици за екологијатаПродукти во соларна енергија и микро мрежи за целоана енергетска независностНано-биотехнолошки производи за решавање на сите проблеми со изворите на загадување на воздухот, спречување на ерозијата и пошумување на пустините.Образовни системи што ги вклучуваат децата во наука, уметност, истражување и развој, земјоделство, инженеринг уште од најраните годиниСите горенаведени и стотици други веќе се во тек повеќе време и се работи. Така, имаме многу работи за да покажеме однапред, истакна Танчевски.Инаку во новата суверенистичка платформа „Македонска независна листа“обединети под исто знаме и мисија, како што кажаа се Движењето Бојкотирам, Мир, Беломорска Партија и Егејските Здруженија, Фаланга за Вечна Македонија, Кординативното тело на Македонците во Европа, Македонското исселеништво преку Кординативното тело на Македонците во Светот, Црковни Општини во Дијаспората, преку 120 други независни граѓански здруженија, стотици компании и земјоделски стопанства и илјадници поединци.

Македонија | пред 6 години

gGJvC-

Груевски „плаче“: Не сум избегал од судење, а ниту сум кажал да се отворат вратите на 27 април

Експретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и Владата, а сега бегалец и азилант, Никола Грувски, преку статус на социјалната мрежа „Фејсбук“ се правда дека не е вмешан во организирањето на настаните на 27 април.Интегрално ви го пренесуваме статусот:Изјава по повод денешното обраќање на РусковскаНикогаш не сум избегал од соочување со правдата. До последен ден одев на судските рочишта и за тие кои одблиску и непристрасно го следеа процесот покажав и докажав дека ме судат без вина во очигледен политички прогон со политички монтиран процес и дека судот, исто како и обвинителството, е ставен во политички цели и работи со политички мотиви и инструкции.Затоа кога веќе завршија и се исцрпеа сите можни начини за докажување на вистината, соочен со неправдата и пораките за линч кои ги добивав, одлучив да заминам од земјата и времено да се засолнам од налетот на политичкиот прогон врз мене.Неправедно и незаслужено, без вина и со политички конструиран случај да треба да влезеш во затвор во кој ти се спрема ликвидација, не е воопшто соочување до правдата. Како што не е бегање од правдата ако одбиеш да го прифатиш тоа.Нарачателот на политичкиот прогон неодамна јавно призна аудио снимка со негов разговор во кој тој лично говори и подобро и од мене објаснува дека бил свесен дека аудио матерјалите се незаконски прибавени и како резултат на тоа бил свесен дека ќе паднат на повисок суд. Пресудата против мене се темелеше исклучиво на тие аудио матерјали иако и од нив не произлегуваа никакви докази за моја вина, ниту пак сум осуден дека е направена некоја штета на буџетот или лична матерјална корист за мене. Но истовремено тој ни раскажа како сите работи околу судењата лично и користејќи ја својата моќ ги договоарал со судиите и обвинителите.Аудио матерјалите истовремено се и само копии кои не се споредени со оригиналот и неслучајно судот бега од вештачење на нивната целовитост, автентичност и веродостојност преку нивна споредба со оригиналот. Но, додека да паднат незаконските т.н. докази, очигледно планот беше, бидејќи немаа за што друго да ме стават во затвор, да го направат тоа незаконски и со политичка нарачка за нешто за кое немам вина и на тој начин да ме елиминираат. На крајот, видовме дека дури и оној кој ги имал аудио матерјалите, пред неколку месеци во судот даде изјава дека тие аудио матејали биле “страотно манипулирани и сериозно компромитирани” откако тој бил лишен од слобода.Никогаш не сум дал инструкција или не сум побарал од било кого да се отворат вратите на парламентот или да се влезе во него и примени физичка сила. Ниту усно, ниту писмено, ниту телефонски ниту преку телефонска порака. Како што веќе се произнесе и судот во Шведска во еден од случаите за кој расправаше тој суд, влезот во парламентот го оквалификува како народен бунт со нагласување дека не станува збор за тероризам.Сите видовме како власта свесно и со умисла го прекрши уставот и со тоа свесно го предизвика народот кој веќе беше насобран пред парламентот во време во кое секој ден околу еден час беше таму во претходните два месеци пред настанот.Истиот суд во Шведска потврди дека во Македонија не постојат услови за фер судење и дека овој случај е политички прогон. Шведска е земја членка на ЕУ. Истиот тој суд му препорача на еден од учесниците во настаните на 27 април да побара азил во Шведска заради политички прогон.Досега три земји членки на ЕУ издадоа азил во политички монтирани судски случаи во Македонија. Тоа многу говори за правдата и начинот на недемократско и со терор владеење во Македонија.https://www.facebook.com/NGruevski/posts/10158171508612716?__tn__=K-R

Македонија | пред 6 години

korona-virus-3

Филипче за откажување на „Прочка“ во Прилеп и „Струмички карневал“: Дотогаш може да се случи да имаме прв заболен

Министерот за здравство вели дека засега нема потреба од одложување на манифестациите на отворено, чие одржување се закажани за наредниов период. Но, тој вели дека ќе се следи состојбата, а за вакви мерки ќе се одлучува доколку се случи да има случај на прв заболен од коронавирус во државата.„Засега нема потреба. Може се да се случи. Имаше случај во Грција, имаше уште еден случај во Хрватска. Чекам информации од Косово, знам дека во Албанија - нема. Може се да ни се случи. Може да имаме прв заболен и тогаш ќе одлучуваме во зависност од епидемиолошкиот ланец на заболениот“, рече Филипче.Првиот човек на Министерството за здравство вели дека има доволно тестови за испитување на присуство на коронавирус кај пациенти.

Македонија | пред 6 години

filipce1

Две лица немаат коронавирус, а третиот се испитува - попладнево пристигнува нов авион од Италија

Двата сомнителни случаи кои беа испитувани поради симптоми на коронавирус, се со негативни резултати, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. Двете лица патувале во Италија. За половина час, ќе се објават резултатите од третото лице, на кое исто така, му се направени испитувања за тоа дали се заболени од коронавирус.„Денеска се очекува уште еден авион од Италија на скопскиот аеродром, а истовремено, започнува набавката на дезинфекциони средства за училиштата, како и заштитна опрема за медицинскиот персонал. Повторувам, да не се патува во регионите каде има коронавирус, како што е северна Италија“, посочи Филипче.Координативната група размислува сите оние кои пристигнуваат во државата од загрозени подрачја, да бидат ставени под 24 часовен надзор, но неуште нема одлука за ова.

Македонија | пред 6 години

korona-1

Корона во Грција, прашање на денови е дали и кај нас, коментира Јоци

Политикологот и ексновинар, Јорданка Ивановска-Јоци, на својот фејсбук профил прогнозира дека доколку се рашири коронавирусот, предвремените парламентарни избори кои се веќе закажани, ќе бидат одложени. Таа смета дека е прашање на денови дали и кога вирусот ќе се рашири во нашата држава, имајќи го во превид фактот дека има голема фреквенција на луѓе кои го посетуваат јужниот сосед и се враќаат назад.„Корона во Грција. Прашање на денови е дали и кај нас, со оглед дека фреквенцијата на наши луѓе секој ден е голема кон соседот. И обратно. Ни избори ќе се видат, ни ништо, ако не дај боже, се рашири“, пишува Јоци.https://www.facebook.com/joci.jocik/posts/10221332566043573Простор за паника од корона вирусот во земјава не постои, но ќе се преземат превентивни мерки и од утре ќе се скенираат со термална камера патниците на летовите од Истанубл и Дубаи, кои имаат врска со регионот во Кина каде е жариштето на овој вирус. Ова е заклучокот на Комисијата за заразни болести, што го соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Коментари | пред 6 години

korona-virus-3

Два нови случаи со симптоми на коронавирус во Скопје

Два нови сомнителни случаи се тестираат на Клиниката за инфективни болести во Скопје, поради симтоми кои се јавуваат кај лица што заболуваат од коронавирусот. Со ова, бројката на сомнителни случаи кои се проверуваат се искачи на пет лица, а за претходните три се утврди дека станува збор за грип - но не и за корона вирус, јавува „Плусинфо“ повикуваќи се на свои извори.Министерот Венко Филипче ќе излезе со повеќе детали, по добивањето на резултатите од тестирањата. Доцна во ноќта беше соопштено дека негативен е и последниот случај со симптоми на коронавирус на пациентка која дошла од Милано во Скопје.

Скопје | пред 6 години

vilma-39hx5c43qzvu1pe45ap4ao

27 април: Русковска го цитираше Гоце Делчев, а обвинетите тврдеа дека се невини

Судијата во судскиот процес за обвинетите за организирање на упадот во Собранието на 27 април 2017 година, Илија Трпков, на почетокот на денешното рочиште извести дека биле доставени сите докази на Обвинителството за гонење организиран криминал до адвокатот Јордан Апостолски кои се состојат од еден хард диск и скенирани материјали.Русковска го образоложуваше обвинението поднесено против лицата кои се товарат дека се организатори на „27 април“, а потоа, на изненадување на сите, го цитираше Гоце Делчев.„Историјата не памети кога еден народ ист по јазик, вера и традиција се разделува на толку различни страни, една од друга потуѓа“, рече Русковска.Вељаноски и Јанакиески се изјаснија за невини, а процесот, според нив е само политички прогон.„Трајко Вељаноски, сега обвинет, а тогаш претседател на Собранието, и по функцвија втор човек во државата, не направи ништо во тие критични моменти за државата. Постапи спротивно на деловникот на Собранието. Одби да се извреши промена на точките на дневен ред на барање на пратеникот Оливер Спасовски со поддршка на 10 пратеници, ама не заборави да се допишува со лидерот Никола Груевски.Му дозволи на пратеникот Зекири да ја испее албанската химна на говорница, што претствуваше иницијална каписла народото да тргне кон собранието. Дали обвинетиот Вељаноски се обиде да ги заштити своите колеги пратеници? Дали се обиде да го спречи лудилото кое владееше во Собранието? Одговорот е едноставен – НЕ!Не само што не направи ништо, туку началникот на неговото лично обезбедување тогаш, сега осудениот Ѓошевски на групата предводена од Никола Митревски – Кољо, им помогна да стигнат до сала број 3, каде во тој момент се наоѓаа пратениците од новото парламентарно мнозинство. Единствена грижа за Вељаноски беше само личната грижа. Ете таков човек имавме за втор човек во државата“, рече Русковска.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ВИДЕО: НАСА со снимка од Месечината снимена одблизу

Дали некогаш сте посакале да ја видите Месечината снимена одблизу од астронаутите од Аполо 13 на нивната мисија во вселената?Национална аеронаутичко-вселенска управа или НАСА објави видео од Месечината, видена низ очите на астронаутите кои учествуваа во неуспешната мисија на Аполо 13. Тие го направиле видеото во 4K-резолуција користејќи ги податоците од роботско летало на НАСА кое орбитира околу Месечината.НАСА соопшти дека астронаутите биле во темнина осум минути кога биле помеѓу заземјувањето и изгрејсонцето сè додека не се појавил лунарниот терен. Преку видеото, вселенската агенција ве носи околу Месечината повеќе од една минута.ЗАБАВАНАСА објави видео за Месечината снимена од астрoнаутите на Аполо 13Објавено пред 34 минути - 26 февруари, 2020Од МакфаксДали некогаш сте посакале да ја видите Месечината снимена одблизу од астронаутите од Аполо 13 на нивната мисија во вселената?Национална аеронаутичко-вселенска управа или НАСА објави видео од Месечината, видена низ очите на астронаутите кои учествуваа во неуспешната мисија на Аполо 13. Тие го направиле видеото во 4K-резолуција користејќи ги податоците од роботско летало на НАСА кое орбитира околу Месечината.НАСА соопшти дека астронаутите биле во темнина осум минути кога биле помеѓу заземјувањето и изгрејсонцето сè додека не се појавил лунарниот терен. Преку видеото, вселенската агенција ве носи околу Месечината повеќе од една минута.НАСА вели снимката е направена кога Аполо 13 ја воспоставил радиоврската со контролата на мисијата. Видеото завршува со прикажување на траекторијата кога ја заобиколиле Месечината за да се вратат безбедно дома.Вселенскиот брод Аполо 13 бил лансиран на 11 април 1970 година, во 13 часот и 13 минути од Вселенскиот центар Кенеди на Флорида. По 30 часа од летот, Аполо 13 ја напуштил орбитата на Земјата и влегол во вселенскиот простор. За тоа време, астронаутите направиле бројни фотографии на нашата планета. На одалеченост од 320.000 километри од Земјата, 56 часа по лансирањето, членовите на екипажот слушнале силна експлозија, по што вселенскиот брод останал без електрична енергија. Астронаутите прво мислеле дека метеор удрил во лунарниот модул, но се утврдило дека експлодирал еден резервар со кислород.Во тој момент, Лоувел ја изговара познатата реченица: „Houston, we’ve had a problem“. Мисијата морала да биде прекината, а астронаутите биле принудени да најдат начин да се вратат безбедно на Земјата. На 17 април 1970 година, Аполо 13 слетал во јужниот дел на Пацификот наместо предвиденото место во Индискиот Океан. Тоа е најдалечна досега изведена човечка мисија, бидејќи леталото достигнало оддалеченост од Земјата од 400.100 километри. Тие не успеале да се спуштат на Месечината, иако биле на само 253 километри од неа.

Магазин | пред 6 години

korona-2

Патничката од Милано нема коронавирус

Резултатите на пациентката која синоќа беше тестирана на коронавирус на Инфективната клиника во Скопје се негативни, соопшти Министерството за здравство, а веста ја потврди и министерот Венко Филипче на „Фејсбук“.https://www.facebook.com/filipce.venko/posts/2322942948012725?__xts__%5B0%5D=68.ARDwf72HEQD-fMbA5eGpr6B8HpIa03YPMIzc4zFJ-1DsdfrRngw-pO2yVGgglGCy2Ug_EIpN-p9MYASPRofLwft62jESrO_GWMhZfgV5bcohA_daU641sEb1IDoikbAHE8Upcau2IYwzOx26LD-qYBVNEwMZIHIG-HG6oWeCYOA1CQiV7Id1lsIasTXrTqbx1VGY4SwZFaOrYT5Dwr71Nt398uSdaxHkKiOE5LiQW1sPWZ-UtmO976Kv2VfpLxUfBRvUm9MrCeaSif_CPqQ-M3WWct7sjMAUglrnUT7VQXZE4gR1cCosECmi4p8l9YRV84iQQv52bgWb8xc3gBVb6yXoP4Rg&__tn__=-R„Ја следиме ситуацијата, постапуваме согласно протоколите на СЗО и продолжуваме редовно да ја информираме јавноста“, наведуваат од Министерството за здравство.Патничката пристигнала со попладневен лет од Милано во Скопје, по што до полноќ беа вршени тестирања на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Македонија | пред 6 години

hq_boristrajkovski_1493888704

Се одбележуваат 16 години од смртта на Борис Трајковски

Денеска се одбележуваат 16 години од смртта на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, кој загина во авионска несреќа кај Ротимље во близина на Мостар.По тој повод, министерот за дијаспора, Едмонд Адеми, ќе ја предводи делегацијата на Владата на одбележувањето на годишнината од смртта на Трајковски кај Ротимље. Во делегацијата се и министерот задолжен за странски инвестиции, Елвин Хасан и заменик-министерот за култура, Владимир Лазовски.Цвеќе на гробот на Трајковски на Градските гробишта Бутел ќе положи делегација на Владата што ќе ја предводи министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, заедно со министерот за образование и наука, Арбер Адеми, и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.На споменикот на поранешниот претседател Борис Трајковски во Струмица цвеќе ќе положи владина делегација во состав министер за транспорт и врски Горан Сугарески, заменик-министерката за образование и наука Елизабета Наумовска и Кирил Парталов, државен секретар во Министерството за локална самоуправа.Владиниот „кингер” со којшто патуваше претседателот Трајковски, кој требаше да стигне на Меѓународна конференција за инвестирање во Босна и Херцеговина на 26 февруари 2004 година се урна во близина на Мостар. Беше предвидено авионот да слета на мостарскиот аеродром во осум часот по локално време. Остатоците беа пронајдени 24 часа по паѓањето на авионот.Во несреќата покрај Трајковски животот го загубија Димка Илкова – Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Кришан – Лозановска од кабинетот на претседателот, Миле Крстевски од Министерство за надворешни работи, Борис Велинов и Аце Божиновски, членови на обезбедувањето, и пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски.Борис Трајковски беше инаугуриран на 15 декември 1999-та година, наследувајќи го Киро Глигоров.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Ноќеска загина 22-годишен скопјанец

Вчера во селото Арачиново, Скопско, се случи сообраќајна незгода во која почина 22-годишно момче.Како што јавија од МВР, несреќата се случила помеѓу патничко моторно возило со кое управувал М.С.(43) од Арачиново и мотоцикл без регистарски ознаки, што го возел Х.Б.(22) од селото.Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде што починал.Сопатникот на мотоциклот, А.С.(26) од селото Арачиново, исто така, се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје. 

Скопје | пред 6 години

ruskoska

Рускоска откри што му сугерирала на Милошоски за неговата „бомба“, а кажа и за наводните притисоци

Првиот човек на Обвинителството за организиран кримианл и коруцпија, Вилма Русковска во изјава за „Дојче Веле“ вели дека по пријавата од претникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, постапува како и за секоја друга. Таа во разговорот со „Дојче веле“ посочува и што му кажала на Милошоски, а раскажала и за паралелата која ја направила со друг случај.„Постапувам за оваа пријава исто како што постапувам и за секоја друга.Вчера Антонијо Милошоски ме праша каква е понатаму процедурата со аудио-снимката што ја достави. Направив една паралела. Кога Јордан Камчев дојде да поднесе пријава, достави аудио и видео снимки, а при поднесувањето на записникот за кривичната пријава посочи и лица кои би можеле да посведочат за веродостојноста на тоа што тој го кажува. И додека се чекаше вештачењето на материјалите што ни ги достави, лицата што ги посочи беа повикувани да дадат исказ. Му сугерирав и на Милошоски - ако може да посочи сведоци, бидејќи така многу би се забрзала постапката“, вели обвинителката Рускоска.Првата адуио-снимка која Милошоски ја достави до ОЈО-ГОК е дадена на вештачење.

Македонија | пред 6 години

krazba-market

Вооружен грабеж во Ново Лисиче

Голема драма, која за среќа не се претворила во трагедија, се случила синоќа во скопската населба Ново Лисиче, дознава Курир.Ограбена е аптека на улицата „Февруарски поход“ под закана со оружје. Вработените биле нападнати, а потоа и ограбени пред да ја затворат аптеката.Грабежот се случил околу 22 часот.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања