Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

mienje-race

Во Македонија треба да има епидемија на вирус, за да купат сапун во училишта

ФБ статус Кирил Дончов:Во Македонија:Треба да има епидемија на вирус, за да купат сапун во училишта.Треба номинација за Оскар за да те вработат.Треба снежна олуја за да купат опрема за чистење.Треба избори за да помогнат на социјалните случаи.Треба да умираме по улица, за да ја поправат мерната станица за воздухот.https://www.facebook.com/kirildoncov/posts/10213095015530054фото: ФБ

Македонија | пред 6 години

kapa

Русковска: Црвеното капче е старо 45 години, го плетеше тетка ми за сестра ми а потоа јас си го земав

Обвинителката Вилма Русковска го окупира медиумското влијание не само преку случаите кои ги работи, туку и по нејзиниот изглед.  На безмалку секое појавување во медиумите таа носи капче, шешир или беретка.  Русковска за mms.mk открива кој и помага при изборот на капи.-Сама си ги бирам. Имам некои што ми се, како што е црвеното,  постаро од 45 години. Тоа тетка ми го плетеше за сестра ми а потоа јас си го земав.  Имам две капчиња кои ми се уште од 1983 година, од апсолвентска.  Црниот шешир, тој впечатливот, пак, си го купив пред 7-8 години во Скопје. Оној бордото исто така е земен од сестра ми и стар е 40 години. Капчињата ги сакам затоа што мислам дека убаво ми стојат. Купувам секогаш кога ќе видам некој интересен.  Сега кога бев  во Германија си купив една црвена беретка. Ете таа ми е најнова, инаку се друго е постаро.  Кога ги купувам секако дека важна ми е цената. Најскапа е беретката од Германија, која ја платив 90 евра. А тоа за мене се многу пари, вели Рускоска, за mms.mk .Текстот во целост на: mms.mk .

Магазин | пред 6 години

Нема фотографија

Филипче: Патникот од Дубаи нема корона вирус

Патникот кој пристигнал од Дубаи пред шест дена и е хоспитализиран на Инфективната клиника со симптоми на грип, нема корона вирус, туку грип од типот Б, соопшти на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.Пациентот допатувал пред неколку дена по шестдневен престој во Дубаи и имал симптоми слични на грип. Направени се потребните тестови и со ова лице цело време се постапувало како со сомнителен случај на корона вирус.Министерството за здравство апелира сите кои доаѓаат од критичните региони да се придржуваат до препораките во упатството и доколку почувствуваат некои од симптомите, да се јават на телефоните за Институтот за јавно здравје.фото:Архива

Македонија | пред 6 години

tv-kanali

Операторите нема да реемитуваат домашни ТВ канали освен МТВ1 и МТВ2 еве која е причината ...

Прекин на реемитувањето на речиси сите домашни и странски телевизиски канали преку македонски оператори со исклучок само на јавниот сервис МТВ1,МТВ2 и Собраниски канал, е одлука која денеска едногласно ја донесе Здружението на информатичко-комуникациски технологии, каде што се обединети сите оператори. Ваквата одлука на Здружението на информатичко-комуникациски технологии се должи какошто велат – на новите измени на Законот за аудио и аудиовизуелни и медиумски услуги (ЗААВМУ), што Собранието на РСМ го донесе на 16.02.2020 година, на денот на распуштањето, по скратена и нетранспарентна постапка и без претходна јавна расправа.За оваа принудна одлука, да се прекине реемитувањето на домашните и странските ТВ канали, Здружението на информатичко-комуникациски технологии ги информирала Претседателот на РСМ, претседателот на Собранието, претседателот на Владата, ресорните министри во Владата, АЕК, АВМУ, дипломатскиот кор, Делегацијата на ЕУ во земјава, Европската комисија, странските и домашните радиодифузери и домашната и меѓународната јавност, објави skopskoeho.mk. -Причината за ваквиот чекор се законските измени со кои на операторите им се наметнува обврска да гарантираат за авторските права на програми кои тие не ги произведуваат, туку само ги реемитуваат и за тоа да сносат материјална и кривична одговорност. Ваквата обврска дефинирана со Законот е спротивна на ЕУ-Директивите и на сите основни принципи на радиодифузната дејност и медиумската политика утврдени од страна на ЕУ, за што Здружението има добиено и писмено мислење од страна на Делегацијата на ЕУ во земјава. Истовремено, ваквата законска обврска за операторите претставува состојба на виша сила и е неприменлива затоа што операторите кои реемитуваат програма не можат да имаат ниту контрола, ниту одговорност за тоа дали се регулирани авторските права за сите поединечни програми што ги создаваат и емитуваат телевизиите. Здружението на информатичко-комуникациски технологии поднесе барање до Уставниот суд за донесување на времена мерка со која ќе се одложи неговата примена, заради неуставност, стои во соопштението на Здружението.Текстот во целост на:  skopskoeho.mk.  

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Скопјанец осомничен за полов напад врз 12-годишно девојче

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице осомничено дека сторило кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот, на 10 февруари, во напуштен објект позади прифатниот центар за бездомници „Ранка Милановиќ“ во Скопје извршил полови дејствија врз дете на возраст од 12 години. Тој жртвата, инаку негово вонбрачно дете со кое живеел во иста семејна заедница, ја зел во возило со изговор дека ќе ја носи во училиште, но ја однел во напуштениот објект, каде ја принудил на полови дејствија.Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерка притвор за осомничениот, поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и особени околности кои го оправдуваат стравот дека би можел да го повтори делото.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

ok-vmro-dpmne

ВМРО ДПМНЕ Охрид до Заев: Вашата Влада наследи развиен туризам и ваша должност беше барем да го одржувате!

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по посетата Зоран Заев дадена при посетата на Охрид. Во рекцијата се вели:Добре дојдовте во Охрид господине Заев, но дозволете за момент да ви ги тргнеме розовите очила и да Ве прашаме што точно сте направиле со СДСМ за Охрид и туризмот во Охрид?Најпрво би сакале да слушнеме како патувавте до Охрид?Нели го видовте правиот пат Кичево-Охрид и нели истиот Ве потсети на вашето неработење?Дали го видовте пристапот до аеродромот во Охрид - првиот впечаток на туристите за нашиот балкански Ерусалим?За потсетување е фактот дека и од Стопанската комора и од Здружението за угостителство и туризам се констатираа позитивните резултати што во изминатите 10 години го даде субвенционирањето воведено од Владата на ВМРО-ДПМНЕ.Вашата Влада наследи развиен туризам и ваша должност беше барем да го одржувате!А, што направивте вие и СДСМ?Ги нанижавте дивоградбите, донесовте живот за урбаната мафија која, само прашање на време е кога ќе ни го голтне УНЕСКО статусот! Не креиравте ниту една мерка за унапредување на квалитетот и содржината на туристичкиот производ. Сѐ уште лебди изработката на Стратегија за развој на туризам, а нема ништо ни од ветуваниот нов концепт за развивање и промоција на здравствениот, спортскиот, верскиот и конгресниот туризам.Кажете ни колку атрактивни манифестации се организираа надвор од летната сезона, како и настани за промоција на алтернативен туризам како што се посета на руралните подрачја, планинарење, велосипедски тури, летање со параглајдери, нуркање и спортови со пловни објекти?И на крај кога сè ќе се собере, ако си го поставите повторно прашањето што направивте вие и СДСМ за Охрид, одговорот сам по себе ќе ви се наметне, а тој одговор гласи едно огромно НИШТО!И додека ги броиме ефектите од неправењето НИШТО за позитивни промени во областа на туризмот, со нетрпение очекуваме да дојде 12 април за конечно туризмот да го преземат оние кои докажаа дека туризмот може континуирано да оди напред!фото:Архива

пред 6 години

Kosta-1

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ моли да не добиеме датум за преговори со ЕУ

По кој знае кој пат ВМРО-ДПМНЕ покажа дека е криминална и антидржавна партија. Нивната агенда е непроменлива - да ги загрозат  европските аспирации на државата.Тоа е единствената шанса за извршителот Христијан Мицковски повторно да го инсталира режимот и да го амнестира партискиот криминал и криминалот на неговиот шеф Никола Груевски, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.Нивен последен скандал е обидот да издејствуваат Европската Унија да не и додели датум за почеток на преговори на Северна Македонија.Партијата на Мицкоски на средби моли меѓународни преставници и европратеници да не се додели датумот за преговори затоа што нивната режимско – криминална матрица е така кодирана – да ја уништува државата, да и ја блокира европската иднина и повторно да ја окупира.Со тоа ВМРО-ДПМНЕ свесно ја доведува во опасност иднината на државата и на граѓаните.Тоа е антиевропско, антидржавно и антизападно дејствување на дело.ВМРО-ДПМНЕ никако да научи дека датумот на Северна Македонија ќе и се додели како резултат на успешните реформи и конструктивната дипломатија со Преспанскиот договор.Европската Унија не доделува датум на партија или на коалиција, туку на државата и на граѓаните, и ова во ВМРО-ДПМНЕ го знаат, но го користат за манипулација со европските лидери и амбасадори.Крајната цел на ВМРО-ДПМНЕ е Северна Македонија никогаш да не стане членка на НАТО и на ЕУ само за да си го спасат криминалот и одговорноста за тоа што ја покрадоа државата.СДСМ останува посветена на реализација на стратешките интереси како што е полноправното членство во ЕУ и НАТО.Очајните обиди на ВМРО-ДПМНЕ да го блокираат интегративниот процес на државата нема да успеат. СДСМ, граѓаните, институциите нема да дозволат враќање назад и ќе сторат се државата што поскоро да започне преговори со ЕУ, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.фото и видео: СДСМ

Македонија | пред 6 години

Moca

(ВИДЕО) Ја извадил таблата со “Северна” и се снимаше како моча врз неа

На видеото кое е објавено на социјалните мрежи денеска може да се види како едно лице уринира врз новата табла на Центарот за вработување во Штип затоа што го содржи пишува уставното име на државата.Ова видео е споделено од неколку различни профили на “Твитер” и “Фејсбук”, а засега не се познати авторите на истото.https://twitter.com/moeto_alter_ego/status/1232022147129913344?s=21&fbclid=IwAR3CkJvLQbDoCKqVYwEdvUeUXbNgOUEpBUEGO7OHWuUxjLDrlivE71HiVx8

Македонија | пред 6 години

drimkol

Ансамблите задоволни - годинава правично распределени средствата од министертво за култура

Министерството за култура ги објави резултатите од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2020 година по дејности и области. Конкурсите на Министерството за култура манифестираат отвореност, односно нудат можност за поддршка на граѓански организации, уметници, стручни работници, манифестации, фестивали,  интердисциплинарни иницијативи, велат од министерството за култура.Во таа смисла, и оваа година на објавените конкурси за поддршка на проекти од национален интерес за 2020 година во Министерството за култура пристигнаа повеќе од 4000 апликации, доставени од физички лица, установи од областа на културата , единици на локалната самоуправа, здруженија, сојузи, асоцијации, трговски друштва, трговци поединци и други правни лица регистрирани во Република Северна Македонија за вршење дејности од областа на културата.Сите пристигнати пријави внимателно беа разгледувани од стручните комисии, составени од реномирани професионалци од соодветните дејности, кои при селекцијата на пријавите особено внимаваа да овозможат правична, квалитетна и соодветна распределба на буџетските средства.За разлика од минатата година кога не стивнуваа реакциите на здруженијата на граѓани за организирање на културно уметнички активности за скандалозното доделување на пари од страна на Министерството за култура, годинава имаме поинаква ситуација. Контактиравме повеќе ансабли кои се видно задоволни од начинот и критериумите по кои се водела комисијата за распределба на средствата.Антонио Димитриески претседател на Ансамблот „Илинден“ вели:За разлика од лани кога ние како ансамбл бевме деградирани, сметаме дека годинава комисијата зела во предвид повеќе критериуми. Поддршката е значајна и соодветна. Средствата ќе помогнат во реализација на програмата. Ние конкретно имаме планирано 10 самостојни концерти низ државава, 4 турнеи, а најзначајна е „Фолклоријадата“ во Русија, на која ќе ја претставиме нашата земја, вели Димитриески.Сличен став има и претседателот на Културно-уметничкото друштво „Јени Јол“ од  Скопје, Халил Абдула. Тој вели:Вакво нешто немало никогаш.  Етничките друштва никогаш не добиле ваква распределба на средствата. Лани добивме три пати помалку. Годинава сме презадоволни. Постоиме 72 години и не памтиме ваква распределба на средствата до сега. Се надеваме дека овој начин ќе продолжи и следните години, вели Абдула.Задоволни се и од Ансамблот „Китка“ . Но претседателот  Стојко Митковски на овој ансамбл вели:Добро е, но може да биде и подобро. Не ни се допаѓа баш начинот на распределба на средствата. Имаше ансамбли кои добија добра сума на пари, а постојат по 4, 5, 6 години...Но, сепак добро е што добивме. Ние постоиме 45 години, па се надеваме дека од година во година пропустите ќе се исправаат и ќе се стигне до правилна распределба на средствата, вели Митковски.Дека во распределбата на средтвата има подобрување кажа и претседател на уште еден реномиран ансамбл кој не сакаше да биде цитиран. Тој кажа дека годинава за разлика од лани има подобрување во начинот на распределбата на средтвата и дека горе долу е коректна распределбата за ансамбли. Негова идеја е културата да се децентрализира. Смета дека на ваков начин многу ансамблите би биле позадоволни.Задоволството од годинешната распределба на средтвата не го криеше ни претседателот на „Дримкол“ од Вевчани.Оваа година комисијата за фолклор покажа рамноправност и професионалност во распределбата на народните пари. Се гледа дека воделе сметка за квалитетот на програмите и пред се за покажаните досегашни активности на ансамблите. Ние како друштво секогаш сме биле поддржани од страна на Министерството за култура, но, последниве 3 години се случуваа некои чудни распределби и поделби на друштвата што зачудуваа и вознемируваа. Оваа година работата на комисијата за фолклор при министерството за култура заслужува да биде поздравена, не дека кој знае колку пари сме добиле, но, важно има разлика на нивниот пристап кон фолклорот и кон ансамблите што вистински работат, а државата ни е мала ние сами меѓу себе се знаеме кој колку вредиме и тежиме. За мене тежината и вредноста на еден ансамбал се мери според концертирањата прво во нашата држава, учеството на нашите домашни фестивали и смотри, учеството на домашни манифестации во разни општини, а не кој колку турнеи во странство реализирал, бидејќи тоа денес е најлесно, има комерцијални фестивали каде децата плаќаат, раководителите заработуваат, но, тоа е туристичка дејност, а не културно-уметничка. Затоа велам дека годинава комисијата водела сметка за активата на друштвата и за нивниот допринос во негувањето, развојот и промоцијата на културното наследство во нашата држава и надвор од неа. Посакувам и во иднина комисиите во министерството да продолжат во овој правец и уште подобро, вели Тоше Чочороски од „Дримкол“ Вевчани.Министертвото за култура на својот официјален сајт објави дека поддржани се издржани и добро аргументирани проекти, конципирани со квалитетни уметнички содржини, проекти преку кои се негуваат и поттикнуваат културниот диверзитет, уметничкото творештво и културниот развој. Значајна поддршка е дадена и на проектите преку кои се промовираат еднакви можности за сите (мултикултурни вредности во општеството, родова рамноправност, инклузија на лица со посебни потреби, социјално ранливи групи итн.).фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

18022020_VRSM_10_Sednica_na_Vlada

Владата донесе повеќе заклучоци и препораки за превенција и заштита на јавното здравје од корона вирусот

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница, врз основа на препораките на Кризниот штаб за справување со „корона“ вирусот на Министерството за здравство, и на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, донесе повеќе заклучоци од интерес за заштитата на јавното здравје и здравјето на граѓаните.На седницата е утврден заклучок Министерството за здравство, да формира постојан центар за информирање на јавноста во кој ќе бидат вклучени и Граничната полиција, Центарот за управување со кризи и Секторот за односи со јавноста во Владата.Овој центар ќе воспостави тесна соработка со медиумите во земјата, и ќе има за цел да ги прибира сите релевантни информации и со цел навремено, точно и најсоодветно информирање на јавноста за превенција и заштита на населението од ширење на корона вирусот, како и за постапките и институционалната рамка во делот на лекувањето на последиците од вирусот.Владата донесе заклучок да го ограничи влегувањето во земјата од кризните подрачја од Северна Италија само  преку аеродромите во Скопје и Охрид и граничните премини Ќафасан, Табановце, Блаце, Богородица и Деве Баир.Владата му наложи на Министерството за здравство итно да набави соодветна количина на заштитни средства (маски, ракавици, дезинфекциски средства и заштитна облека) за институциите од системот за Интегрирано гранично управување и за другите институции со цел заштита на персоналот.Исто така, Министерството за здравство треба итно да набави соодветна количина сапун и дезинфекциски средства за училиштата, детските  градинки и јавните тоалети.Владата донесе одлука да ги задолжи сите основни и средни  училишта, како и сите универзитети да ги одложат сите предвидени патувања и екскурзии во  Италија, како и да  организира едукативни часови за превенција од корона вирусот, во соработка со локалната самоуправа и центрите за јавно здравје.Меѓу заклучоците на Владата за превенција и за справување со опасностите, на  граѓаните на земјата им се препорачува да не патуваат во Италија и во другите земји каде што е регистрирано поголемо присуство на корона вирусот.Меѓу заклучоците од 11-тата седница на Владата е и препораката до установите за згрижување на деца од предучилишна возраст да преземат мерки за соодветен третман за дезинфекција на обувките при влегување во градинките.Фото: Архива

Македонија | пред 6 години

edinstvena-makedonija

Единствена Македонија: Срамно и опасно е решавање на проблемите со медијатор меѓу министерот во МВР и неговата заменичка

Единствена Македонија, македонскиот народ и државјаните на Република Македонија се силно вознемирени од денешната информација во јавноста дека министерот во МВР и неговата заменичка не разговараат и своите недоразбирања ги решаваат со медијација од страна на Македонскиот полициски синдикат, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Недозволиво, срамно  и крајно опасно е првите луѓе во МВР да не сакаат да се видат меѓу себе иако станува збор за најчуствителниот орган за безбедноста на народот и државата. Личната нетрпеливост меѓу првите луѓе во МВР е скандал сам по себе и голем срам во очите на домашната и светската јавност.Единствена Македонија прашува, а што ако сме во војна или дојде до посериозно загрозување на редот и поредокот во државата,  дали во таков случај првите луѓе во МВР би функционирале како старешини на две спротиставени полициски војски.СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ прават недозволиви импровизации и го сведуваат МВР на обични бројки - колку партиски началници ќе добијат, колку возила ќе им дадат на своите партиски апаратчици да се луксузираат со службени возила. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не можат да разберат дека го растураат едно од најзначајните министерства одговорно за безбедноста, редот и поредокот во државата.Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ќе ги сосече во корен ваквите неодговорни и опасни политики. Единствена Македонија најзначајните државни функции ќе ги довери врз основа на знаење, способност и достигнување, се вели во соопштението од Единствена Македонија.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

venko-filipce

Филипче: Имаме доволни количества, резервни маски, мантили и скафандери

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, во денешната изјава за медиумите истакна дека од денеска во рамки на Министерството за здравство функционира кризна група, во која членуваат експерти од областа на епидемиологијата, инфективните болести со цел менаџирање на сите информации и активности во врска со случаите со корона вирусот, потенцијално доколку ги има, координација на сите активности и со другите институции и препораките кои вчера беа дадени од Центарот за управување со кризи. Во тек на денешниот ден ќе се дистрибуира целокупниот информативен материјал - прашалникот, како и заштитниот материјал до сите гранични премини, сувоземни и аеродромите, како дополување таму каде што недостига.-Сакам да информирам дека имаме доволни количества резервни маски, мантили и скафандери, коишто ќе се дополнат во периодот што следува. Во текот на вчерашниот ден во доцните часови на Инфективната клиника се јави еден италијански државјанин, кој по доаѓањето дома, откако слетал од аеродромот во Милано, се појавиле симтоми слични на грип. Преземени беа сите мерки на внимателност и беа направени потребните тестови, при што негативен е тестот за корона вирусот. Уште еден пациент се наоѓа на Инфективната клиника, пациентот пристигнал од Дубаи, со симптоми слични на грип. Во текот на денот резултатите од испитувањето на неговата здравствена состојба ќе се знаат за два до три часа. Сакам да ги повторам апелите, прво апелираме да не се патува без некоја посебна потреба во Италија, посебно во Северна Италија, рече министерот Филипче.Воедно упати апел до сите кои дошле од критичните региони да се придржуваат до препораките кои ги добиле во флаерот, доколку по патување во период од две недели им се појават некакви симтоми да не се чека на здравствените институции, туку да се јават на телефоните во Центарот за јавно здравје и Институтот за јавно здравје и уште еднаш упати апел до јавноста да биде сензитивна и да не наседнува на лажни вести, да не се креира непотребна паника. Министерството за здравство е на располагање 24 часа со цел споделување на сите точни информации.На денешната седница на Влада ќе се дискутира за откажување на сите планирани патувања во овој дел на Европа од државните институции, при што тој упати апел до сите граѓани да се придржуваат до мерките коишто се дистибуирани, во смисла на одржување лична хигиена која помага во спречување на ширење на оваа инфекција, како и на актуелниот грип.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

zaev

(ВИДЕО) Заев: Брат ми не сакаше повеќе да оди во школо, па татко ми му купи мотор за да оди

Во гостување во емисијата „Еден на Еден“ кај Жаре, Зоран Заев, меѓу многуте приватни и професионални приказни, раскажа за своите студентски денови, за детството, за семејството...На прашањето на Жаре од кога постои неговата љубов кон моторите, Заев вели од детството.Од дете, од средно школо, кога брат ми рече втора година повеќе не одам, како може директорот да е со основно, не сакаше повеќе на школо да оди, па татко ми му купи мотор за да оди – открива Заев.

Магазин | пред 6 години

Matka

(ВИДЕО) Ќе се пие кафе на платформата на Матка оти надлежните немаат време за правна држава

Дивоизградената платформа на Матка ќе ја дочека летната сезона, откако претходно, ниту една институција не најде за потреба да ја урне бидејќи е спротивна на законските прописи. Таа е изградена во заштитено подрачје, а се чини дека сопственикот на штиците и штрафоците (бидејќи местото е државно) е помоќен и поодлучен од оние кои ги плаќаме за да спроведуваат правда.Летово се гледаме на Матка! https://twitter.com/saleskopski/status/1231954608534282240?s=21&fbclid=IwAR2QiS3xXJ873Qf7xc30xEghUqUcWyEz1Fbl6zrbypYOoLPA9JXNZLC1sbM

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Пожар во Ново Лисиче, пожарникарите извлекле петмина меѓу кои една неподвижна жена

Претпладнево изби пожар во два стана во зграда спроти ОУ „Лазо Ангеловски“ во скопската населба Ново Лисиче. Чадот е раширен низ целата населба.Од запалениот стан пожарникарите извлекле петмина меѓу кои една неподвижна жена и маж кој од стресот не можел да оди па го симнувале во количка. Неподвижната жена со Итна помош е пренесена во болница.Пожарникарите од скопската бригада се на терен и работат на гасење на пожарот.Фото: Архива  

Скопје | пред 6 години

orce-2

Ѓорѓиевски: Заев е главата на октоподот, тој мора да падне, повик за марш во 18 часот пред ЈО

Зоран Заев три години владее криминално и деспотски во Република Македонија. Тој е главата на октоподот, кој штелува обвиненија, диктира пресуди и мести милионски тендери во исто време. Заев нарачува, Врховен извршува, а Катица Јанева е запознаена за се, истакна Орце Ѓорѓиевски - Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Сите чувме како без Заев не може да помине одлука на Врховен суд. Како без Заев, Катица ништо не правела, како без Заев судскиот систем не може да одлучува самостојно.Аудио снимката пуштена во јавност е доказ дека во изминативе три години во Македонија нема поделба на власта на извршна, законодавна и судска. Имало еден човек кој бил се, тоа е Зоран Заев, главата на октоподот, шефот на мафијата во Република Македонија.Ова не е европска иднина.Ова е само еден од редицата случаи во кои Заев директно се вмешал. За други случаи како што вели и тој самиот судиите кои ги притискал веќе знаат како размислува и носеле одлуки по негов терк и без да прашаат.Ова е причината поради која угледниот магазин ЕКОНОМИСТ ја прогласи Република Македонија под Заев за хибриден режим.Криминалот, корупцијата и рекетот мора да запрат. Македонија нема повеќе време за губење.Ве повикуваме сите граѓани на Република Македонија, кои не сакате криминалот да продолжи да царува да ни се приклучите на протестниот марш организиран од ВМРО-ДПМНЕ во 18 часот кој започнува од пред ЈО на платото на МОБ, до Врховниот суд на Република Македонија, истакна Орце Ѓорѓиевски - Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.фото и видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

krazba-na-kola-701x466

Двајца државјани на Албанија обвинети за тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против двајца албански државјани за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.Обвинетите како соизвршители, на 24.09.2019 година, од возило Фолксваген пасат со гевгелиски регистарски ознаки, паркирано во гаражите на еден трговски центар во Скопје, одзеле машка торба со 684.200 денари. Имено, тие го забележале оштетениот сопственик како излегува од возилото и со употреба на специјален уред – блокатор привремено го спречиле сигналот за заклучување на автомобилот. Оштетениот, верувајќи дека успешно го заклучил возилото, се оддалечил, а обвинетите ја отвориле вратата, влегле внатре и ја одзеле торбичката во која се наоѓале две пликоа со 11.000 евра, 100 американски долари и ситни пари – српски динари, хрватски куни и бугарски левови, клучеви и полнач за мобилен телефон. Откако ја извршиле кражбата тие го напуштиле местото на настанот.Поради опасност од бегство, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог, со кој побара на обвинетите да им биде продолжена претходно определената мерка притвор.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

koronavirus

Уште еден пациент со симптоми на коронавирус, се чекаат резултатите

Уште еден пациент со симптоми на коронавирус се наоѓа на Инфективното одделение на Клинички центар. Резултатите од испитувањето на неговата здравствена состојба ќе се знаат за околу два часа. Ова денеска го изјави министерот за здравство, Венко Филипче.-Пациентот пристигнал од Дубаи, со симптоми на коронавирус. Каква е неговата здравствена состојба ќе знаеме подоцна, во текот на денот- рече Филипче.Tој апелираше до граѓаните кои допатувале од странство и чувствуваат симптоми на грип да се јават на телефоните во центрите за јавно здравје.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

milososki

Милошоски во обвинителство ја достави и втората „бомба“ за Заев

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ утрово повторно беше кај шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска за да ѝ достави нови аудиоматеријали и транскрипти на кои се слуша доскорешниот премиер Зоран Заев.– Она што го поседувавав како материјал, аудио и транскрипти во кои се слуша гласот на Зоран Заев, го предадов во Обвинителството и уредно беше направен записник. Затоа предлагам дека најдобро би било да го повикаат Зоран Заев во Oбвинителство да каже кој бил со него во владата и тие лица што биле со него да бидат повикани како сведоци. Овој пат ќе кажам дека има разлика, бидејќи и самиот Заев кажа дека неговиот глас e на снимките – изјави Милошовски.Тој предлага и да се земат снимки од камерата на владата при што со сигурност може да се утврди кој во месец мај 2019 бил на разговор во владата и со која намера.Инаку Милошоски ја пушти првата „бомба“ за време на расправата во собраниската Комисија за европски прашања, на која тогаш се разгледуваше предлог-законот за јавно обвинителство. На снимката, наводно, разговараат Заев и друго лице за финансирање на телевизијата на Бојан Јовановски, првоосомничениот во случајот „Рекет“.фото: Архива  

Македонија | пред 6 години

25-Chronic-myeloid-leukaemia-CML

Ги запознаваме ретките болести: Хронична миелоидна леукемија

Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 или 29 дена ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести во Република Македонија.Секој ден ќе Ве запознаваме со по една ретка болест и ќе се обидеме да добиеме одговори на многу отворени прашања, а ќе се слушне и за предизвиците и проблемите со кои се соочуваат овие лица и нивните семејства. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков лек? Колку и дали воошто се пристапни и достапни лековите?…Хронична миелоидна леукемијаМКБ C 92.1Chronic myeloid leukaemia (CML)Хронична миелоидна леукемија (CML) претставува бавно прогресирачка болест на коскената срцевина и крвта, каде што голем број на крвни матични клетки (бласти) преминуваат во бели крвни клетки наречени гранулоцити, кои се абнормални односно леукемични. CML се јавува кај сите старосни групи, но најчесто кај средовечни и постари лица.Оваа болест опфаќа околу 15-20% од сите случаи на леукемија. Инциденцата е 1-2 на 100.000 луѓе и тоа повеќе заболуваат мажи отколку жени. Симптомите на хронична миелоидна леукемија често се нејасни и вклучуваат: слабост, замор, ноќно потење, губење на тежината, треска, болки во коските, зголемена слезина, болка или чувство на „надуеност“ во стомакот.Болеста најчесто се открива случајно во хронична фаза, кога на рутинска крвна слика се открива покачено ниво на белите крвни клетки (WBC) или кога се открива зголемена слезина при општ физички преглед. Нормалната големина на слезината обично не се чувствува, но зголемена слезина може да се открие на левата страна на горниот дел на стомакот, под работ на ребрата.Слезината нормално ги складира крвните клетки и ги уништува старите крвни клетки. Во ХМЛ, слезината може да се зголеми поради сите дополнителни бели крвни клетки што го окупираат органот. Неспецифичните симптоми, како што се замор и губење на тежината може да се појават многу подоцна, по почетокот на болеста. Губењето на енергија и намалена способност за вежбање може да се појават во текот на хроничната фаза, по неколку месеци. Хронична миелоидна леукемија често се дијагностицира со едноставен тест на крвта. Резултатите од испитувањето може да покажат абнормално голем број на бели крвни клетки, од 50.000 до 100.000 бели крвни клетки на микролитар, а нормална вредност е помалку од 11.000.Хромозомската анализа на леукемичните бели крвни клетки скоро секогаш укажува на прераспределување на хромозомите. Леукемичните клетки често поседуваат Филаделфија хромозом (хромозом што има специфично парче од друг хромозом прикачен на него), како и други абнормални преуредувања на хромозомот.Што е причината за ХМЛ?Одредени промени во ДНК може да предизвикаат нормалните клетки на коскената срцевина да станат клетки на леукемија. Луѓето со ХМЛ генерално го имаат хромозомот Филаделфија , кој го содржи абнормалниот БЦР-АБЛ ген. Овој ген предизвикува белите крвни клетки да растат абнормално, неконтролирано, предизвикувајќи леукемија.Типично, болеста се развива во фази:Хронична фазаОва е првата фаза на ХМЛ. Во оваа фаза бројот на бели крвни клетки во крвта и/или коскената срцевина е веќе зголемен. Во оваа фаза помалку од 10% од клетките во крвта и коскената срцевина се бластни клетки. Имунолошкиот систем сè уште функционира доста добро во хроничната фаза, така што организмот има способност да се бори против инфекции.Забрзана фазаВо оваа фаза, 10% до 19% од клетките во крвта и коскената срцевина се бластни клетки. Овој процент е повисок отколку во хроничната фаза, а клетките на леукемија растат и предизвикуваат симптоми кои може да вклучуваат треска, губење на тежината, губење на апетит и зголемена слезина.Бластна фазаОва е трета и последна фаза и има потенцијал да биде опасна по живот. Бројот на бласните клетки во крвта и/или коскената срцевина станува многу висок и овие клетки се шират и во другите ткива. Доколку се јават: замор, треска и зголемена слезина за време на бластната фаза настанува бластна криза.Хроничната миелоидна леукемија (ХМЛ) е малигно хематолошко заболување кај кое е постигнат огромен напредок во лекувањето во последните 20 години. Благодарение на откривањето на специфичната молекуларно таргетирана терапија и лекот „Иматиниб“ значајно се продолжи преживувањето и квалитетот на живот на болните со ХМЛ во светот.Пациенти со хронична миелоидна леукемија (ХМЛ) од Македонија, кои не реагираат оптимално на терапијата со „Иматиниб“, добија можност да го примаат лекот „Нилотиниб“, кој е нов специфичен и посупериорен лек. Со овој препарат е обезбеден поефикасен третман за болните со ХМЛ, особено за оние кои немаат задоволителен тераписки одговор на прволиниската терапија со препаратот „Иматиниб“.Кампањата „Ги запознаваме ретките болести 2020“, која ја реализираат активистот Гордана Лолеска, охридското Супер радио и Здружението „Живот со предизвици“ ќе се прикажува на 40 национални, регионални и локални медиуми ширум државата. Оваа година, покрај стандардните дијагнози изработени на македонски јазик, проектот доби и албанска верзија и верзија на знаковен јазик, со оглед на тоа што околу 400 ретки дијагнози вклучуваат помала или поголема загуба на слухот. Проектот ги надмина и локалните граници и ќе се емитува на бројни медиуми во Албанија и Косово. Новина оваа година е и тоа што емисиите се изработени и на знаковен јазик.Првиот ден на ретки болести беше одбележан во 2008 година, точно на 29-ти февруари, „редок“ датум кој се случува само еднаш на секои четири години. Од тогаш, Денот на ретки болести се одржува секоја година на последниот ден од февруари, месец познат по тоа што има „редок“ број на денови. Денот на ретките болести е меѓународна кампања за подигнување на свеста за ретките болести. Од почетокот во 2008-ма година, илјадници настани се организираат низ целиот свет и опфаќаат милиони луѓе. Кампањата започна како европски настан и со текот на времето стана глобален феномен, со учество на над 90 земји од целиот свет во 2018-та година. Република Македонија за прв пат се вклучи во одбележување на овиј редок ден во 2013-та година.Кампањата за Денот на Ретки Болести е за пошироката јавност, за релевантните институции и секој е добредојден да се придружи: пациенти и семејства, организации на пациенти, медицински професионалци, истражувачи, фармацевтска индустрија, јавни здравствени институции – колку повеќе не има, толку подобро. Денот на ретките болести е можност за учесниците да бидат дел од глобалниот повик кон креаторите на политики, истражувачите, компаниите и здравствените професионалци повеќе и поефикасно да ги вклучат пациентите во истражувањата за ретки болести.Вклучете се!

Македонија | пред 6 години

09022020_VRSM_8_Sednica_na_Vlada1

Владата денеска ќе ја одржи редовната 11-та седница, еве кои се точки на дневен ред

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 11-та седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.На денешната седница ќе биде презентирана информација за текот на преговорите за пристапување кон Спогодбата на Светската трговска организација за јавни набавки, како и информацијата за подготовка на Шеснаесеттиот состанок на Поткомитетот за транспорт, животна средина, енергетика и регионален развој помеѓу Европската Унија и Република Северна Македонија кој ќе се одржи на 17 март 2020 година, во Брисел.На оваа своја седница, Владата ќе го разгледа полугодишниот извештај за реализацијата на кредитната линија за микро, мали и средни претпријатија со дејност од областа на земјоделството што ја реализира Развојната банка на Северна Македонија.На предлог на Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија, на дневниот ред на оваа седница е извештајот за реализација на Програмата за поддршка на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на малите и средните претпријатија во 2019 година.Редовната 11-та седница на Владата на Северна Македонија е предвидено да започне во 12:00 часот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе на секое домаќинство бесплатен приклучок до гас

ВМРО-ДПМНЕ е партија која се грижи за доброто на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ по 12-ти април кога ќе ја формира Владата ќе донесе мерки кои ќе го подобрат животот на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на обнова која ќе значи обезбедување на природен гас за секое домаќинство. Овој енергенс ќе биде достапен за секого, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Со овој проект ќе се опфатат голем број населени места и ќе се овозможи природниот гас да биде подостапен до граѓаните и до компаниите.ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на обнова која ќе донесе на секое домаќинство бесплатен приклучок до гас. Односно ова ќе значи нула денари трошок на секој дом кој ќе реши да користи гас како енергија. Ова подразбира повеќе пари за граѓаните, но и почиста животна средина.Обнова на Република Македонија следува по 12-ти април, кога новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи целосна гасификација на државата. Обновата значи реални проекти и мерки за секој граѓанин во Македонија,  се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

mvr-1

Постигнат е договор меѓу Синдикатот и раководството на МВР, сите издадени наредби да бидат потпишани од министерот и дополнителниот заменик министер

Со потпишување на Записникот од работните состаноци од страна на Министерот за Внатрешни работи Наќе Чулев, дополнителниот заменик на министер за внатрешни работи Славјанка Петровска и Претсдателот на Македонскиот полициски синдикат Д-р Марјан Кицев успешно завршија преговорите помеѓу раководството на Министерството за внатрешни работи, се вели во соопштението од Македонскиот Полициски Синдикат.Имено како и што бевте известени во деновите 21,23 и 24.02.2020 година во просториите на Министерството за внатрешни работи, на иницијатива и под медијација  на Македонскиот полициски синдикат беа одржани три работни состаноци на кој учествуваа Министерот за Внатрешни работи Наќе Чулев, дополнителниот заменик на министер за внатрешни работи Славјанка Петровска и Директорот на БЈБ Сашо Тасевски со своите работни тимови, како и Претсдателот на Македонскиот полициски синдикат Д-р Марјан Кицев,   Генералниот секретар Киро Трајковски и Советникот на претседателот Златко Цветковски.Како причина за работната средба беше  актуелната состојба во Министерството за внатрешни работи на секојдневно издавање наредби и решенија за работа од страна на Министерот за внатрешни работи и нивно поништување од страна на Владата на Република Северна Македонија со што сите вработени во Министерството беа доведени во една конфузна и збунувачка состојба што им преставуваше сериозна пречка за нормално извршување на редовните работни задачи и реализација на правата од работен однос.Со постигнатиот договор нотиран во заклучоците од вечерва  потпишаниот Записник, двете страни постигнаа согласност по неколку точки со кој ние како Македонски полициски синдикат цврсто сме уверени дека веќе од утре ќе се надмине актуелната состојба во Министерството. Страните се договорија да при издавањето на Наредби за извршување на работни задачи истите ќе бидат со точно определен рок на важниост односно до завршување на мандатот на техничката влада, потоа сите издадени наредби ќе бидат задолжително потпишани од Министерот и дополнителниот заменик министер, и како факт со кој ние како синдикат сме собено сме задоволни е тоа што при  секое поместување на колегите истите  ќе ја добиваат платата која епоповолна за нив и не се повредува ниту едно право од работен однос.На крајот  искрено сме благодарни и на Министерот за Внатрешни работи Наќе Чулев и на дополнителниот заменик на министер за внатрешни работи Славјанка Петровска за прифаќањето на нашата иницијатива.Со оваа активност Ние како како единствен репрезентативен синдикат во МВР уште  еднаш докажавме дека сме сериозна синдикална органзиација на која еден од осовните постулати е ЗАШТИТАТА НА ПРАВАТА ОД РАБОТЕН ОДНОС НА СВОИТЕ ЧЛЕНОВИ, се вели во соопштението од Македонскиот Полициски Синдикат.фото: Архива 

пред 6 години

vmro

ВМРО ДПМНЕ денеска ќе протестира против неправдата

ВМРО-ДПМНЕ денеска организира протестен марш од Обвинителството до Врховниот суд во 18 часот за, како што велат од партијата, да се упати порака за почитување на правдата и ќе се спротистави на кршењето на Уставот и законите.Од партијата истакнуваат дека протестот е „против неправдата, Заев е виновен“. Истиот ќе започне пред Јавното обвинителство лоцирано на кејот, а ќе заврши пред Врховниот суд.-Оваа држава која почива на правдата, на нашата борба за независност и слобода, на почитувањата на правото, во која Македонците се борат за своите правдини, мора да се спротивстави на ваквото брутално кршење на законите и Уставот. Тоа е наша обврска, наша должност, но и наша задача, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вчерашната прес-конференција ги повика сите граѓани од сите националности и убедувања да им се приклучат на протестот.фото: Radio Free Europe 

Македонија | пред 6 години

24_02_2020_Zaev_Ohrid2

(ВИДЕО) Заев од Охрид: Рекордните 1,2 милиони туристи во 2019 ја покажуваат успешноста на политиките на СДСМ во туризмот

Претседателот на СДСМ Зоран Заев во Охрид разговараше со раководителите на одредени сектори и со граѓаните.„Гранката на туризмот е еден од сериозните партиципиенти во нашиот бруто домашен производ и затоа растот којшто го овозможуваме во туризмот е нешто на кое се радуваме и веруваме дека ќе биде дополнителна иницијална каписла за уште поголем развој на туризмот во периодот кој е пред нас.2019 година ја завршивме со преку 1,2 милиони туристи или 5,8% повеќе од 2018 година што со самиот тренд покажува дека мерките кои се преземени даваат резултати. Секако не само преку мерките за поддршка на внатрешниот туризам, односно сиромашните граѓани којшто им беше овозможено да имаат можност да летуваат во текот на годината заедно со своето семејство до обезбедените дестинации до Охрид, Скопје сето тоа го овозможуваа,истакна Заев.Претседателот на СДСМ додаде: Веруваме дека преку еден добар план за равој на туризмот во цела земја посебно во охридско -струшкиот регион ќе овозможиме дополнително екстензија на туристичката сезона која што е многу важна за Охрид. Сите мерки којшто досега ги развиваме се дополнително привлекување на внимението на нашите граѓани, соседите, европа и светот за почесто да ни го посетуваат Охрид.Во тој дух, економијата продолжува да биде нешто на што ќе бидеме целосно преокупирани.Јас верувам дека на решени работи со соседите, на интегрирана земја во НАТО, започнати преговори со ЕУ, изградено пријателство со соседите и тоа како можеме да очекуваме значаен развој во туризмот, но и севкупен економски раст и развој на нашата земја.Верувам дека Охрид ќе напредува, како сите други градови во Македонија за да можеме да кажеме дека сме успеале на тоа што целиме, истакна Заев во Охрид.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања