Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

prespansko-ezero

(ВИДЕО) Aлармaнтнa е состојбата со Преспанското езеро, се отвори пoнорот „Казан“

Вистинска еколошка катастрофа се случува во Преспанското езеро, откако дното на езерото во својата најдлабока точка пресуши. Инфомакс објави снимката за која пишуваат дека им ја испратил читател во Мала Преспа, каде и што се наоѓа месноста „Казан“, ја покажува сериозноста и алармантноста на ситуацијата.Понорот „Казан“ е место каде што Преспанското езеро се одлева, а оттаму под Галичица се влева во Охридското езеро. Во нормални услови овој понор би бил од 50 до 70 метри под вода. Впрочем, оваа точка во Преспанското езеро е и најдлабоката точка. На снимката, јасно се гледа понорот и дното на езерото во својата најдлабока точка, објави Инфомакс. Текстот во целост на: Инфомакс.мкфото: Инфомакс

Македонија | пред 6 години

bebe

(ВИДЕО) Мајка се моли за своето тешко болно бебенце, бара совет и вели сакам второ мислење и ќе го добијам

Емотивен статус на мајка која во рацете држи тешко болно бебенце.  Таа кажува што се поминале, но бара и совет  од оние кои можат да помогнат. Вели: се моли секој што има било какви  контакти да ми помогне да најдам соодветна нега за моето бебе и тоа во клиники надвор од Македонија. Сакам второ мислење и ќе го добијам вели таа...Еве ја мојата БИСЕРА! Моето "ТЕШКО БОЛНО" бебенце со свои ТРИ килограми кое преживеа варичела во утробата, еднаш зостер, два пати зостер.. Кое поради вирус и бактерија е симнато на интензивна и ставено на апарати на кои не беше кога се роди.. Извадено од апарати и продолжува да се бори со низа проблеми.. Моментално со две бактерии и два вируси, интрахоспитални.. ОВА бебенце се бори како лудо да преживее.. А некој се запнал да докажува дека јас како мајка не прифаќам дека бебето ми е болно.Абе овие пет месеци седам и гледам секакви Чуда и мизерии бе.. Гледам како ме одминуваат и чекаат повторно бебето да западни за да реагираат? Простете, Известени сте сите.. Ќе биди и СВЕТОТ ИЗВЕСТЕН, бидејќи нели моето бебе е ЕДНО НА ИЛЈАДА ВО СВЕТОТ. На моето бебе му треба нега и таа нега ќе му ја ОВОЗМОЖАМ. Не ми е дозволено да барам второ мислење алооо.. Некој ми ги затвора вратите.. Ама господ ИМА, А ТОА НЕ СТЕ ВИЕ!СЕ МОЛИ СЕКОЈ ШТО ИМА БИЛО КАКВИ КОНТАКТИ ДА МИ ПОМОГНИ ДА НАЈДАМ СООДВЕТНА НЕГА ЗА МОЕТО БЕБЕ И ТОА ВО КЛИНИКИ НАДВОР ОД МАКЕДОНИЈА. САКАМ ВТОРО МИСЛЕЊЕ И ЌЕ ГО ДОБИЈАМ!!Споделете! 🙏🙏🙏 https://www.facebook.com/alexandra.aksoskela/videos/2592563547654827/

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Прилепчанка ја запалила куќата на своето поранешно момче

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против С.А.(27) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.На 01.01.2020 на ул.„Славеј Планина“, во куќата на Ц.Р., влегла пријавената - девојка на неговиот внук Д.К. и К.А.(27), по што започнале расправија со Д.К., по што С.А. истурила бензин низ просторијата и предизвикала пожар.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

nake-kulev

Уапсен сообраќаец кој барал митo да не пише казна за прекршок

Скопски полицаец барал мито од 100 евра за да не пише казна за наводен сообраќаен прекршок, но бил уапсен откако граѓанинот на кој му биле барани пари го пријавил во полиција.Министерот Наќе Чулев на својот ФБ профил откри дека од слобода е лишен полицискиот службеник Б.Џ. и кај него се пронајдени парични средства во износ од 6.000 денари кои биле кримтехнички обработени.„По примена пријава од страна на граѓанин, а во координација со надлежен обвинител за гонење на организиран криминал, Единицата за корупција во Министерството за внатрешни работи по претходни добиени сознанија го лишиле од слобода полицискиот службеник Б.Џ. и при извршен преглед кај него се пронајдени парични средства во износ од 6.000 денари.Имено, полицискиот службеник со цел да не преземе службени дејствија во смисла на изготвување на платен налог за наводно сторен прекршок побарал и примил поткуп. Од страна на полициски службеници бил приведен на местото кое претходно било договорено како место за предавање на поткупот. Полицискиот службеник е лишен од слобода и при прегледот од него се одземени парични средства во износ од 6000 денари кои биле кримтехнички обработени.Министерството за внатрешни работи во координација со јавното обвинителство презема мерки за понатамошно постапување.Вработените во Министерството за внатрешни работи имаат обврска и се должни строго да ги почитуваат законските прописи. Во таа насока ги повикувам и охрабрувам граѓаните да го пријавуваат секое прекршување на законите од страна на полициските службеници“, напиша министерот Чулев на својот ФБ профил.

Македонија | пред 6 години

Kosta-12

Костадинов: Од Будимпешта абер пристигна, Мицкоски ќе маршира за неправда!

Стравот и паниката од одговорност во ВМРО-ДПМНЕ ескалираа. Аберот од Будимпешта пристигна, Христијан Мицкоски извршителот на Груевски утре ќе маршира за неправда.Откако не им успеа обидот преку блокади, закани и уцени во Собранието да го закочат процесот на носење на Законот за Јавно обвинителство, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сега ќе протестираат против правдата, против одговорноста, против независното судство, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.Токму тоа го обезбедува Законот за јавно обвинителство, кој е клучен за правдата и важен за европската перспектива на државата.Мицкоски, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да се борат за правда. Не можат да носат правда тие кои носат неправда, тие кои се бегалци од правдата, тие кои се заглавени во криминал и корупција.Мицкоски и Груевски протестираа кога се отворија предметите против криминалците од ВМРО-ДПМНЕ, протестираа кога беше донесена пресудата против Груевски, протестираат и денес кога донесовме нов Закон за Јавно обвинителство кој е темел за реформите во судството.Тоа е истата криминална врхушка, се уште непроменета се уште со старите навики на контра-протести на притисоци врз судството и бегање од правдата.Борбата за амнестија на нивниот криминал не може да биде и не е борба за правда, а стечајниот управник Мицкоски нуди само правда во стечај.Секогаш кога Мицкоски ќе изговори правда, мисли на криминал. Мицкоки прави се за да го заштити неговиот шеф Груевски за злоделата.Мицкоски, тој филм нема да го гледаш.Можеш против правдата да протестираш, криминалот на твојот шеф и твоите пајташи нема да го одбраниш.Ќе има одговорност за сите криминали и незаконски постапки. Сите ќе одговараат пред правдата и Мицкоски не може ништо да стори околу тоа.истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.фото и видео: СДСМ

Македонија | пред 6 години

opstina-kumanovo

Утре ден на жалост во Општина Куманово

Утрешниот ден 25.02.2020 ќе биде ден на жалост на територијата на општина Куманово, одлучија денеска едногласно членовите на Советот.Сочувство до семејставата на загинатите  во несреќата упатија, Градоначалникот Максим Димитриевски, Претседателот на Совет на општината Атина Мургашанска, како и координаторите на советничките групи во советот.Во семејната куќа во Романовце, од пожарот од експлозијата на плинската боца починаа четири лица, од кои три деца на возраст од осум, девет и единаесет години. Како што денеска информираа од министерството за здравство, уште три лица кои се хоспитаализирани  се во тешка состојба.фото: Општина Куманово

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Од утре времен сообраќаен режим на улица Пластичарска

Град Скопје известува дека поради реконструкција на ул. Пластичарска, поточно изведба на атмосферска канализација, проширување на пешачка патека и обнова на водоводната мрежа, на дел од улицата ќе биде воведен времен сообраќаен режим.Измената на режимот на сообраќај ќе почне да важи од утре 25.02.2020 година (вторник), кога ќе почне  асфалтирањето на  северната тротоарска површина на потегот од клучка Бит-пазар до првата семафоризирана крстосница со ул.Македонско-косовска бригада. Потоа ќе  продолжи асфалтирањето на површините по должината на  улицата на делот од проширувањето, како и  гребење на постојната сообраќајница во широчина од 4 метри.Времениот сообраќаен режим ќе биде воведен на крајната десна сообраќајна лента во правец кон касарната Илинден,сообраќајот ќе се одвива двонасочно на преостанатиот дел од улицата  за што ќе биде поставена и соодветна сигнализација. По завршување на наведените градежни работи ќе се работи на асфалтирање и на јужната страна од улицата со ист редослед на активностите.Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја приспособат  својата брзина на движење според условите на патот.        

Скопје | пред 6 години

filipce

Филипче: Од утрово воведена контрола на сите патници кои доаѓаат во нашата земја

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, во денешната изјава за медиумите истакна дека од утрово воведена е контрола на сите патници кои доаѓаат во нашата земја и упати апел до граѓаните доколку немаат потреба да ги одложат патувањата во регионот на Северна Италија.-Утрово имавме состанок со Комисијата за заразни болести на којшто присуствуваа претставници на граничната полиција и го подигнавме нивото на внимателност и подготвеност на сите наши институции. На аеродромот, мерките ги прошируваме не само за патниците коишто доаѓаа од Кина, преку конекциите во Истанбул и Дубаи, туку практично за сите патници коишто сега ќе бидат скенирани на местото, каде што се влегува во делот за царина. Денеска бевме во интензивен контакт со нашиот конзул во Венеција. Во овој момент нема податоци дека имаме заболени или под опсервација наши граѓани во Италија. Се организиравме и го замоливме конзулот, доколку постои механизам тој биде известен доколку група наши граѓани сака да се врати во нашата земја, на тој начин ќе имаме дополнителни информации каде и кога тие би се појавиле на граничните премини, потенцираше министерот Филипче.Министерот Филипче рече дека е разработен посебен прашалник, кој е во рацете на граничните полицајци и царинарници, кои постапуваат според тој прашалник. Патниците се прашуваат од каде доаѓаат, дали евентуално од некој од критичните региони, дали биле во контакт со заболени, без разлика каде. Врз основа на одговорите, граничната полиција стапува во контакт со регионалниот Центар за јавно здравје или со Институтот за јавно здравје во Скопје, а понатаму доколку има некој патник, којшто би бил потенцијален пациент во смисла на појава на некои симптоми или да бил во контакт во изминатиот период се постапува согласно алгоритмот. Тоа значи дека епидемиологот го сместува тој патник во посебна просторија на граничниот сувоземен премин, каде што се прават проверките, се прави тестирањето и понатаму се постапува согласно резултатите.-Доколку има некој заболен со корона вирусот, тој се спроведува по соодветен пат од Здравствениот дом во Скопје со подготвен тим до Инфективната клиника во Скопје, каде постои еден дел за изолација, односно доколку е потребен и карантин. Доколку има патници коишто треба да се опсервираат и да се пратат, за тоа се подготвени инфективното одделение во Клиничката болница во Штип, како и инфективните одделенија во болниците во Велес и во Гостивар, по потреба, во зависност од тоа колку граѓани ќе треба, ако воопшто треба да се опсервираат, информираше министерот Филипче.Во изјавата за медиуми, министерот Филипче најави дека денеска во 17:00 часот ќе се одржи состанок со Центарот за управување со кризи во Министерството за внатрешни работи, со цел да се искоординираат активностите и на другите институции, по што ќе следуваат дополнителни информации во име на сите институции.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

remenski

(ВИДЕО)Ременски за „Слободен печат“ : Со Боки 13 се запознав сосема случајно

Поранешната пратеничка и потпретседателка на Собранието, Фросина Ременски во утрешното интервју за „Слободен печат“ зборува за случајот „Рекет“ и нејзината поврзаност со осомничениот Бојан Јовановски.– Додека на човек не му се случи нешто сите сме во ред со неговото однесување, на сите ни е добар за дружба, за на маса, меѓутоа кога ќе се најде во неволја сите се дистанцираат. Тука е најголемото општествено лицемерие кое го живееме за Бојан Јовановски. Бојан го запознав сосема случајно во периодот кога дознав дека во борбата со кадровските непринципиелности што се водеа за време на мојот мандат како технички министер за труд и социјална политика, дознав дека сум „спасила“ неколку вработени од отказ од работа, затоа што пријавиле криминал во секторот во кој работеле. Го запознав по негова желба да ми се заблагодари за спасот на неговата мајка, но во тој период. Тој беше своевидна служба за социјални работи во тоа време. Не е убаво да ги заборавиме гестовите кои ги правеше за многу семејства. Во таква една спонтана комуникација ние станавме пријатели кои делеа идеи, размислувања за општествени состојби. Секој што го познава Бојан ќе каже дека е добар за друштво и принципиелен другар. За жал многумина не сакаат тоа да го признаат. Моето познанство е можеби помало од она што Бојан го имаше со други мои сопартијци и други лица од бизнис заедницата, вели Ременски.ИЗВОР: Слободен печат 

Македонија | пред 6 години

87518070_494771631475567_7878378890396172288_n

Министерот Димковски им вети на одгледувачи на овци дека денеска ќе се исплатат субвенции на 3213 сточари

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, беа во посета на селото Дихово од кадешто ги известија сите одгледувачи на овци дека денеска ќе се изврши исплата на субвенции за обележани грла. На сметките на 3213 сточари одгледувачи на овци, ќе бидат исплатени 607.032.300,00 денари, а пред точно една недела беа исплатени субвенциите наменети за одгледувачите на говеда.„На сите сточари им благодарам за активниот допринос за развојот на сточарското производство и се надевам дека средствата од субвенциите ќе ги инвестираат во набавка на нови грла,  набавка на потребна опрема за производство и се она што им е потребно за  да го развиваат сточарството.Ние како надлежни институции заедно со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ќе продолжиме и во наредниот период да ги исполнуваме нашите обврски, со што сите заедно ќе допринесеме за развојно и одржливо сточарско производство.“- Изјави министерот Димковски.Во следниот период, според календарот за исплата, ќе продолжи исплатата на субвенциите за останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка, односно ќе следуваат исплати на субвенциите за одгледувачите на кози, свињи и пчели.“Со оваа исплата од почеток на мандат до денеска исплативме 381,4 милиони евра  во агро – секторот. Агенцијата и во наредниот период ќе продолжи со навремена и неселективна исплата на субвенции. Средствата се исплаќаат согласно календарот и во време кога им се најпотребни на земјоделците“- Изјави директорот БабовскиОва е само уште една потврда дека субвенциите  се исплаќаат навремено и неселективно.фото: МЗШВ   

Македонија | пред 6 години

mickoski-1

Мицкоски: Заев и пукаше во чело на правдата, утре граѓански протес, на кој ќе се бара одговорност за главата на Рекетот

Вчера бевме сведоци на болната вистина како Зоран Заев владее со Македонија и зошто државата е на дното. Тоа е приказ како мафијата има своја држава и правдата престанува да дише. Зоран Заев и пукаше во чело на правдата. Заев е правдоубиецот во Република Македонија, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.Во исто време слушнавме лицемерие, надменост, забеганост. Слушнавме како Заев од позицијата премиер диктирал одлуки на Врховниот суд и како Катица Јанева како тогашен прв човек на СЈО работи во координација и по наредба на Заев.Што е ова ако не погребување на правдата и фрлање на цела една држава на колена.Кога правда нема, нема ред, нема закон, и има криминал.И ова не е единствениот случај Заев да е во незгодна ситуација или еден од ретките скандали за овој човек фатен како на лице место го крши законот. Ова за жал на сите нас, станува пракса, непоправлив тренд на постојано вплеткување на овој човек во криминал, скандали и кршења на законот.Нема месец, нема ден, а да не никне некој нов скандал поголем од претходниот. Рекети, поткупи на квадрат, полиња со марихуана, тендери, насилие на избори, и што уште не.  И прашувате зошто? Па зошто правда нема, а чувме и зошто нема.Зошто Зоран Заев вели “договорено е со Врховен”, “без Заев не се може”, “трас-трас и ете одлука на Врховен суд”, “Катица знае за се што треба да се случи”, или закон за СЈО или одлука на Врховен суд ама случаите ќе паднат.Ова не е Европската иднина која Заев ја ветуваше, ова е криминалната приказна на мафијата желна за пари и власт.Тој ја призна автентичноста на аудио материјалот објавено во јавноста. И да не навлегуваме во онаа смешна и недоветна одбрана на Заев во врска со аудио материјалот за кој тој тврди дека всушност може да се чуе дека бил за тоа да се спасат случаите на СЈО, нешто што никаде не го слушнавме и не го видовме.Тоа му е само фраза за оправдување пред јавноста и во изјавите пред медиумите, затоа што никој не верува дека пред 8-мината пратеници Заев би говорел и би ги убедувал колку е добро тие да одговараат за случаите кои еве гледаме полека  ги снемува.Суштински аудио материјалот за мафијата покажува дека Заев е виновен за неправдата и тука се клучни три работи што се откриваат.Прво, имаме јавно признание дека Заев грубо ја злоупотребил службената должност диктирајќи одлуки на Врховниот суд.Второ, тој јавно признава дека се влечат случаите и за таа негова стратегија знае и СЈО и Катица Јанева која била свесна за сето тоа.Трето, шемата како да паднат случаите била јасна или закон за обвинителство или ќе го цитирам “трас-трас” одлука на Врховниот суд.Значи освен премиер, бил и судија, но и обвинител.И заспаното обвинителство за сето ова молчи.Молчи затоа што е во скутот на истиот кој диктира пресуди и ја убива правдата. Иако сите надлежни молчат, ВМРО-ДПМНЕ и народот нема.Повикувам на граѓански протест утре со почеток во 18 часот кој ќе започне од пред обвинителство на кејот на Вардар па се до Врховниот суд.Ги повикувам сите граѓани да ни се приклучат, од сите националности и убедувања. Ова не е протест само на ВМРО-ДПМНЕ туку на сите граѓани кои знаат дека главната кочница е Зоран Заев.Протест на кој ќе порачаме дека одговорност мора да има за неправдите и дека ЗАЕВ Е ВИНОВЕН! Одговорност за главата на октоподот која не може да се сокрие.Но и порака за чуварите на неправдите на Заев, обвинителството и судството. Оваа држава која почива на правдата, на нашата борба за независност и слобода, на почитувањата на правото, во која Македонците се борат за своите правдини, мора да се спротивстави на ваквото брутално кршење на законите и Уставот. Тоа е наша обврска, наша должност, но и наша задача, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.фото и видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

blace

Тројца државјани на Турција обвинети за обид да ја поминат границата со лажни израелски пасоши

Основното јавно обвинителство Скопје против тројца турски државјани поднесе Обвинителен предлог за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Тројцата обвинети, на 22 јануари, при влез на државната граница од Република Косово, на граничниот премин Долно Блаце, употребиле како вистински лажни јавни исправи – израелски пасоши и лични карти. Станува збор за двајца мажи на возраст од 26 и 41 година, како и една жена на возраст од 45 години.Употребените лажни документи се разликуваат од оригиналните израелски документи по квалитетот на хартијата, застапените техники на печатење на образецот, заштитните знаци, сјајот и интензитетот на застапените бои.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

mickoski-ohrid-rez-1024x692

Мицкоски:Заев, Камчев, Груевски, Мијалков сите се добредојдени ако сакаат да донираат во ВМРО

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за утре повика на протест од кој, како што рече, ќе се побара  одговорност од главата на октоподот. Како што најави Мицкоски, протестот ќе започне во 18 часот пред Обвинителството на кејот на реката Вардар и ќе продолжи до Врховниот суд.Мицкоски  кажа дека претстојната предизборна кампања ќе ја финансираат од членарина, донации и комерцијален кредит. Тој посочи дека партиското раководство ќе го изменаџира долгот од 8 милиони евра без оглед на, како што рече, тоа што државата го замрзнала партискиот имот и нема да ги префрли буџетските средства пред изборите на 12 април.-Партијата на нејзината страница има поставено жиро-сметка и секој граѓанин во оваа држава којшто цени, еве вие на пример, или некој друг којшто цени дека треба да го поддржи ВМРО-ДПМНЕ, е добредојден да финансира. Апсолутно, секој граѓанин на оваа држава, Зоран Заев, Орце Камчев, Сашо Мијалков, Никола Груевски, еве вие на пример, којшто цени дека сака да помогне, е добредојден – истакна Мицкоски.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

s2

Почина Ѓорѓи Желчески од дуетот Селимова – Желчески

Пејачот Ѓорѓи Желчески, дел од познатото дуо Селимова-Желчески, почина утрово на 82 години во Белград.  Желчески беше роден во Прилеп 1938 година. Кариерата ја почнал како солист во Радио Скопје. Во 1959 година се запознал со пејачката Кевсер Селимова, со која по две години почнал да пее во дует.Желчески подоцна се сели во Белград, а по неколкугодишна врска со  Кевсер Селимова се венчале и ја добиле ќерката Ана.Социјалните мрежи и обожавателите на нивната музика се простуваат од својот идол.Дуетот Селимова-Желчески снимија многу албуми, изведоја многу народни песни. Најпознати песни од нивниот репертоар се :„Елено, ќерко“, „Бело лице љубам јас“, „Брала мома капини“ и други.фото: Vbox7  

Магазин | пред 6 години

Romanovtse-tragedija-1536x864

Тројца пациенти во многу тешка здравствена состојба по вчерашната експлозија во Романовце

На Клиниката за ТОАРИЛУЦ се хоспитализирани тројца пациенти, кои се во многу тешка здравствената состојба, коишто настрадаа во вчерашната експлозија на плинска боца во кумановското село Романовце.- На КАРИЛ во моментов се хоспитализирани две жени и еден маж, кои се во тешка и критична здравствена состојба. Жените се со тешки изгореници од над 80 проценти зафатеност на телото, додека мажот е со изгореници од 45 проценти. Сите тројца се во животна опасност, ставени се на механичка вентилација и се бориме да ја стабилизираме состојбата, рече д-р Илир Хасани, директор на Клиниката за ТОАРИЛУЦ.Исто така, на Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“, во текот на вчерашниот ден се примени тројца пациенти со длабок степен на изгореници. Од нив една жена со 80 проценти изгореници на телото и зафатеност на дишните патишта, во крајно тешка состојба и е ставена на машина за вештачка вентилација.-Втората пациентка, која е бремена е со 25 процентна зафатеност на површината на телото, со втор степен на изгореници, како и дете на 10 годишна возраст во тешка општа состојба со над 70 процентна зафатеност на телото и ставено е на машина за дишење, информираше д-р Љубен Арсенков, директор на Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје.фото: 360stepeni.mk

Македонија | пред 6 години

Korona

(ФОТО) Филипче: Споделувајте ги препораките за заштита од корона вирус - целиот наш систем е подигнат на високо ниво на будност

Ве молам споделете ги препораките од World Health Organization (WHO) за заштита на граѓаните од корона вирус. Целиот наш систем е подигнат на високо ниво на будност, напиша на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/pcb.2321621368144883/2321606348146385/?type=3&theaterфото: ФБ

Македонија | пред 6 години

K4rLE-n1-talat-dzaferi-gjorcev-432

Џафери: За време на мојот мандат никогаш не бев воден од политичките интереси на мојата партија

Талат Џафери, говорејќи за тоа што неговата партија ДУИ го доби местото претседател на Собранието, оцени дека е свесен дека имало скептицизам и страв кај граѓаните, но дека докажал дека Албанец на важна позиција не е бауч, јави дописникот на МИА од Белград.– За време на мојот мандат никогаш не бев воден од политичките интереси на мојата партија. Јас бев претседател на сите народни претставници и комуницирав директно со секој од нив, пред или зад окото на камерата. Со оглед на контекстот во кој бев избран на оваа позиција, по многу тешка криза и биполаризација на нашата земја, а доаѓајќи од албанска политичка партија, мене можеби ми беше полесно за нијанса да соработувам со сите директно – кажа Џафери во интервјуто за денешна белградска „Политика“.Според него, резултатот на тоа е дека нивото на конструктивен дијалог и култура на дебатата се искачи на високо ниво – сите, и власта и опозицијата, учествуваа конструктивно во работата на Собранието, што е регистрирано во извештајот на Европската комисија за напредок за земјата.Тој оцени дека тоа дејствувало позитивно и врз релаксирањето на односите меѓу двете најголеми етнички заедници во земјатa.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

2

Косовец внел кокаин во „Идризово“ додека бил во посета во затворот

Основното јавно обвинителство Скопје  поднесе обвинение до Основниот кривичен суд Скопје против косовски државјанин кој се товари дека при посета на затвореник донел дрога во затворот Идризово.„Обвинетиот на 31 јануари во просториите на Казнено-поправната установа ‘Идризово’ во Скопје, при редовна посета на осудено лице, неовластено пуштил во промет наркотична дрога кокаин со нето-маса од 89,96 грама. При влезот во установата обвинетиот на затворскиот полициски службеник му предал пакет наменет за осуденото лице, во кој имало и една јакна. По извршениот претрес на пакетот, во внатрешниот џеб од јакната, во најлонско пакување обвиткано со селотејп, била пронајдена наркотичната дрога кокаин“, велат од Обвинителството.Надлежниот јавен обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, со оглед на тоа што и натаму постои опасност од бегство и можност тој да го повтори делото што му се става на товар.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Benzinski-pumpi-9

Горивата поскапуваат, Регулаторна го објави новиот ценовник

Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина, односно за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.Цените на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1 денар за литар и со тоа малопродажната цена на еуросупер БС-95 ќе изнесува 67 денари, на еуросупер БС-98 ќе изнесува 69 денари за литар, додека на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 47,5 денари за литар.Дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапи за половина денар на 58,5 денари за литар.Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,425 денари на 33,565 денари за килограм.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

zekiri

Мухамед Зекири и неговата сопруга Бисера добија ќерка

Пратеникот и потпретседател на СДСМ, Мухамед Зекири и неговата сопруга Бисера добија ќерка Далиа. Зекири радосната вест ја сподели на Инстаграм:„На овој свет денеска дојде Далиа Нани Зеќири, 50 см и 3.280 г. Бескрајно благодарни сме Господе што го израдува нашето семејство. Се молиме Господе оваа радост која ние ја почувствувавме денеска, да ја почувствуваат и сите оние парови кои посакуваат да имаат деца!!! Амин3 напиша Зекири на ИнстаграмИнаку на Закири ова му е  трета ќерка. Бисера пак од првиот брак има син. Далиа е нивното првозаедничко дете. https://www.instagram.com/p/B88bCCzJiAx/фото: Tetova News 

Магазин | пред 6 години

ivanov

(ВИДЕО) Евакуирана салата во Мелбурн за време на говорот од Иванов

Бившиот македонски претседател Ѓорѓе Иванов, кој со семејството е на посета на македонските иселеници во Австралија, на 22 ри февруари присуствуваше на гала вечер на покана од „The Macedonian Community Welfare Association“(MCWA). Но, при говорот на екс претседателот настанала паника по што биле евакуирани сите кои пристуствувале на настанот.Имено за време на говорот на Иванов се вклучил противпожарниот аларм, при што салата каде што се одржувала гала вечерта биле евакуирана.Собраните средства од купените влезници за гала вечерта со Иванови ќе бидат донирани во хуманитарни цели.видео: falanga.com.au

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

(ФОТО) Викендов изречени 54 казни за паркирање во зеленило на Водно

За да се заштити планината Водно од загадување и за да се овозможи непречено и безбедно движење на сите учесници во сообраќајот, а особено на пешаците и на велосипедистите, градските комунални редари и овој викенд вршеа засилени контроли за паркирање во зеленило и изрекоа вкупно 54 казни за паркирање во зеленило (8 во сабота и 46 во недела).Благодарение на овие засилени контроли на градските комунални редари викендов беше избегнат метежот од возила, бесплатните автобуси беа полни, а посетителите имаа оптимални услови за рекреација.Бесплатниот автобуски превоз викендов го искористија над 4000 патници на трите бесплатни автобуски линии кои прават 29 тури дневно кон Средно Водно. Паркингот на Водно викендов го искористиле 332 возила според бројот на испратени СМС пораки.Како дел од континуираните заложби да се овозможи безбедно рекреирање на пешаците и на велосипедистите во деновите кога е најпосетено и спречување метеж од возила за време на викендите, Град Скопје воведе бесплатен автобуски превоз за време на викендите и празниците, а на паркиралиштата на Средно Водно е воведено зонско паркирање. На паркиралиштата е поставена соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, како и информативни табли. Паркирањето е бесплатно за хендикепираните лица, како и за туристичките автобуси.Градот Скопје апелира до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. фото: Град Скопје

пред 6 години

makedonski-koncept

„Македонски концепт“ во сабота ќе ја образложи својата програма

Во сабота на 29 ти февруари во 19 часот во Културно информативниот центар во Скопје својата програма ќе ја образожи политичката платформа „Македонски концепт“. Многумина во оваа платформа гледаат  шанса конечно  да изградиме нормална и модерна држава.Во оваа платформа членуваат познати и признати професионалци во своите области. Тие се категорични дека нивниот концептот е уникатен, модерен и прогресивен, базиран на современите западни демократии, мотивирачки и дава шанса на сите наши професионално реализирани сограѓани без разлика на политичка определеност, да се вклучат и дадат  безрезервна поддршка и придонес за нашата татковина. 

Македонија | пред 6 години

pozarna

Пожар во фабрика за сокови во Охрид

На 23.02.2020 година во 01.55 часот, во фабрика за сокови лоцирана на булеварот „Железничка“ во Охрид, се појавил пожар. Од извршениот увид констатирано е дека пожарот зафатил неколку пластични и гумени предмети по што, бил изгаснат од чуварската служба. Во пожарот нема повредени лица а предизвикана е мала материјална штета.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Веќе нема дилеми кој е главата на октопод и во чии раце изминативе три години се наоѓаше  македонскиот правосуден систем

Веќе нема дилеми кој е главата на октопод и во чии раце изминативе три години се наоѓаше  македонскиот правосуден систем. Нема дилеми дека Зоран Заев беше и премиер, обвинител и Врховен судија кој одлучуваше за притвори, предмети, затворски казни и ослободителни пресуди за криминалци, се вели во соопштенито од ВМРО ДПМНЕ.Политичкиот прогон изминатите три години се спроведуваше по директива на Зоран Заев. Луѓе се апсеа во 5 часот наутро пред нивните фамилии. Уценувани и рекетирани беа политичари, пратеници и бизнисмени по наредба на еден човек, Зоран Заев.Зоран Заев е на чело рекетарската банда која 3 години ја пустошеше македонската држава.Сега веќе е јасно зошто Боро Марлборо беше ослободен по само три месеци затвор. Јасно е зошто Зоран Заев беше ослободен за случајот „Поткуп“ иако цела македонска јавност го виде како зема мито од 200 илјади евра. Јасно е зошто монтираните процеси за оние кои се спротивставија на бандата завршуваа експресно со осудителни пресуди, а зошто за оние кои станаа дел од криминалното здружување на чело со Заев добиваа ослободителни пресуди и рочишта кои нон стоп се одложуваат.Крајот е близу се ближи 12 април, сите до еден ќе одговараат.Зоран Заев е главата на октоподот. И главниот сатрап на судството. Криминалецот Зоран Заев е во исто време премиер и врховен судијаКлучен доказ дека мафијата има своја држава. Денес Зоран Заев треба да е со лисици на раце и да одговара за своите злодела, се вели во соопштенито од ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања