Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

urgenten-centar

Директорката клиника за дерматологија заболена од коронавирус држела предавања на колеги пред два дена

Директорката на Универзитетската клиника за дерматологија Нина Цаца Биљановска во саботата, односно пред два дена, присуствувала на секција на која учествувале стотина дерматолози и одржала предавање во ресторанот Рагуза во Скопје.Колегите од Клиниката се во паника, бидејќи на настанот, но и секојдневно на работа таа била во постојан контакт со докторите и со пациентите што ги водела.Директорката на клиниката, според нашите извори, воопшто не пријавила дека била во Италија, туку првично тоа го сториле колегите, а откако таа добила симптоми на вирусот. Во меѓувреме, клиниката е затворена, медицинскиот персонал е во изолација, а пациентите за кои е проценето, продолжуваат на домашно лекување.Министерот Венко Филипче на денешната прес конференција изјави дека е крајно разочаран од однесувањето на докторката, особено што постојано се упатуваа апели да се следат протоколите за лицата кои доаѓаат од држави каде што има голем број заразени од коронавирусот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

koronavirus

Случајот со директорката докторка заболена од Коронавирус е доказ дека овде ќе си се умре само од позерај и глума

ФБ статус на Катерина Синадиноска:-Случајот со директорката докторка во длабоката суштина е уште еден доказ дека овде ќе си се умре само од позерај и глума и од една невидена ноншалантност и недисциплина кон сопственото јас и неговата рефлексија кон околината.Големината на човекот е во неговата автентичност, а најголема одговорност е да се биде вистински, пред себе и пред светот.Глумат дека се професионални, глумат дека почитуваат правила, глумат дека имаат врзан појас во автомобилите, глумат дека се либерални, глумат дека се конзервативни, глумат атеисти, глумат дека се верници, глумат вегетаријанци, глумат дека не фрлаат отпадоци, глумат дека слушаат џез, дека читаат книги, глумат дека знаат што прават, глумат и дека не знаат, глумат дека се пријатели, глумат дека се непријатели, глумат сопружници, глумат колеги, глумат дека се борат, глумат дека се изморени, глумат зафатени, глумат одморени, дека мијат раце бреееј и тоа глумат...Глумат и дека глумат. https://www.facebook.com/katarina.sinadinovska/posts/10158288225543552фото: ФБ

Македонија | пред 6 години

erazmus

Пресуди за „Еразмус“ - затвор за професорите од Економски факултет кои зеле поткуп

Професорите Бобек Шуклев, Драги Јанев, Славе Ристевски и Драган Денковски се виновни, одлучи судот во случајот „Еразмус“. Првообвинетиот Шуклев доби казна затвор од две години за примање поткуп. Обвинетиот Драги Јанев, за кој судот кажа дека исто како Шуклев барал сексуални услуги од студентки за да пише преодни оцени, осуден е на две години и шест месеци затвор. Професорот Славе Ристевски е исто така осуден на две години и шест месеци затвор. Условно осуден е и демонстраторот на Економскиот факултет, Драган Денковски, кој бил посредник меѓу студентите и професорите, објави Макфакс.Ослободен од обвинението е професорот Стојан Дебарлиев, кого судот го прогласи за невин. Професорите добија и забрана за вршење дејност во траење од 10 години, а на Денковски во траење од пет години.„Професорите ги прекршиле не само кривичноправните норми туку и моралните и етичките норми кои ги налага кодексот во образовниот процес. Овој суд утврди дека Бобек Шуклев презел дејствија што му се ставаат на товар, побарал 1.000 евра за да напише две оцени со цел студентот да ги положи испитите. Тоа е утврдено од материјалните докази и ПИ-мерките. Тој побарал од студентот сексуални услуги, заедно да престојуваат во ресторани надвор од државата со цел да му пише оценка. Тоа е утврдено од видеоматеријалот, како и од сведоштвото на осудениот Дејан Трајковиќ“, рече судот.„Драги Јанев интервенирал кај своите колеги да извршат дејствија што не смееле да ги извршат. Презел дејствија за полагање испити и барал сексуални услуги од студентот. Тој барал оценки кај Славе Ристески. Од видеоматеријалите можеше да се види односот на овој професор со студентите. Професорот побарал поткуп за Математика за економисти за 600 евра, а студентот дал 500 евра на сведокот Дејан Трајковиќ. Преку обвинетиот, Драган Денковски побарал 800 евра за полагање на уште еден испит. Судот утврди дека се работи за план и шема разработени од професорот. На посочените студенти УЦП 01 и УЦП 02 им напишал шестки, иако тие немале потребно знаење за да го положат“, кажа судот.„Драган Денковски бил посредник преку кој професорите зеле подароци, парични средства, за да напишат преодни оцени на студентите кои не покажале доволно знаење. Дејствијата на извршување на овој обвинет произлегуваат и од сведочењето на Дејан Трајковски, кој јасно опиша како ги предавал парите“, кажа судот.„Во однос на Стојан Дебарлиев, судот не најде дека го сторил кривичното дело кое му се става на товар“, додаде судот.извор: Макфакс 

Македонија | пред 6 години

profesor

In memoriam: Во Охрид вчера загина Д-р Зекман Ракиповски – Зек

По несреќен случај во Охрид, вчера почина битолчанецот д-р Зекман Ракиповски – Зек. Битолчани се сеќаваат и ќе се сеќаваат на Ракиповски како професор по ликовна уметност.Д-р Зекман Ракиповски – Зек по дипломирањето својата професорска кариера ја започна како професор во средното земјоделско училиште, а потоа работеше како професот по ликовна уметност во средното училиште “Таки Даскало“ и во Гимназијата “Јосип Броз Тито“.Потоа заминува за Сиднеј, Австралија, каде станува доктор по ликовна уметност, и таму работи на повеќе университетки проекти, а има и своја галерија.Ракиповски се враќа во Битола, основач е на факултетот за дијазн и мултимедија на универзитетот ФОН во Скопје, каде работеше и како декан. Потоа беше професор на последипломските студии. Ракиповски беше и визитинг професот во Виена, Приштина, Тирана и Белград, а за студентите подготвуваше и неколку учебници.Ракиповски ќе биде погребан денес во Битола, објави bitolanews.mk.  

Македонија | пред 6 години

DSC_4814

Дождливиот викенд не ги спречи граѓаните да се возат со жичницата

За да се заштити планината Водно од загадување и за да се овозможи непречено и безбедно движење на сите учесници во сообраќајот, а особено на пешаците и на велосипедистите, градските комунални редари и овој викенд вршеа засилени контроли и изрекоа 6 казни за паркирање во зеленило. Благодарение на овие засилени контроли на градските комунални редари викендов беше избегнат метежот од возила, бесплатните автобуси беа полни, а посетителите имаа оптимални услови за рекреација.Бесплатниот автобуски превоз викендов го искористија 1.200 патници на трите бесплатни автобуски линии кои прават 29 тури дневно кон Средно Водно. Паркингот на Водно викендов го искористиле 77 возила според бројот на испратени СМС пораки. Жичницата работеше со полн капацитет и превезени се околу 1.000 патници.Како дел од континуираните заложби да се овозможи безбедно рекреирање на пешаците и на велосипедистите во деновите кога е најпосетено и спречување метеж од возила за време на викендите, Град Скопје воведе бесплатен автобуски превоз за време на викендите и празниците, а на паркиралиштата на Средно Водно е воведено зонско паркирање. На паркиралиштата е поставена соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, како и информативни табли. Паркирањето е бесплатно за хендикепираните лица, како и за туристичките автобуси.Градот Скопје апелира до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.  

Скопје | пред 6 години

2-2

Македонија по 11-ти пат се вклучува во акцијата Часот на планетата Земја

Милиони луѓе ширум светот ќе се обединат во испраќање на заедничка порака заспас на планетата Земја, во сабота на 28 март, кога ќе се одржи глобалната еколошка акција Часот на планетата Земја. Точно во 20:30 часот по локално време во мрак ќе потонат илјадници споменици ширум светот за да предупредат дека климатските промени се случуваат сега и тука, и дека само ние како поединци ја имаме моќта да го промениме тоа.Во период кога глобалниот биодиверзитет се намалува со невидени и алармантни стапки, додекапаралелно на еден милион животински и растителни видови им се заканува целосно исчезнување од лицето на планетата, а Земјата е на чекор од уништување поради глобалното затоплување, сега е повеќе од потребно да се подигне свеста дека природата е фундаменталната основа за здрава планета и непосредно и најмоќно решение за спас од климатските промени.Часот на планетата Земја и Светскиот фонд за природа (WWF) оваа година ги повикуваат граѓаните да го дадат својот глас за Земјата на интернет платформата „Глас за Земјата“. Овие потписи во текот на годината ќе бидат презентирани на светските лидери и носители на одлуки на глобалните форуми како Генералното собрание на ОН, за да помогнат во креирање на Нов договор за природата и луѓето кој ќе гарантира заштитување на преостаната природа и ќе се обиде да помогне во реставрирање на досега загубеното, а истовремено гарантирајќи ја нашата иднина на оваа планета.- „Глобалната стапка на губење на природата во последните 50 години е од невиден размер во човечката историја и преставува закана за човечките животи и благосостојбата во светот.“ вели Марко Ламбертини, генералниот директор на Светкиот фонд за природа (WWF). „Природата е бесценет бенефит кој ни обезбедува храна, вода и чист воздух, и е еден од нашите најголеми сојузници во борбата против климатските промени. Затоа е важно да го дадеме нашиот Глас за Земјата, за да ги притиснеме светките лидери да донесат Нов договор за природата и луѓето кој ќе гарантира иднина за сите нас!“Нашата земја 11 години по ред зема активно учество во еколошката акција за спас на Земјата, обединувајќи илјадници луѓе ширум државата во едночасовниот глобален мрак. Како што започнува одбројувањето Часот на планетата Земја, денеска тимот на ова движење официјално го промовираше глобалното видео од светската маркетинг кампања во кое се појавува и инсерт од Скопје.- „Ме радува тоа што Светскиот фонд за природа (WWF) уште еднаш го препозна трудот кој го вложуваме за оваа акција во Македонија и го поставија Скопје во спотот кој се користи за промоција на овој светски еколошки бренд низ целиот свет. Сметам дека освен што пренесуваме силна порака за спас на планетата, оваа акција претставува и одлична можност за промоција на нашата земја!“ – вели Ѓорги Селков, од канцеларијата на Часот на планетата Земја во Македонија.Со оглед на тоа што планетата Земја, нашиот заеднички дом, се соочува со двоен предизвик – климатските промени и опаѓање на биодиверзитетот, нашето најголемо светско еколошко движење во Македонија има за цел да ги мобилизира поединците, бизнисите и владата да бидат дел од разговорот и решенијата потребни за да се изгради здрава и одржлива иднина за сите.- „Биодиверзитетот и природата се темел и ги поткрепуваат нашите животи, нашите економии, нашето здравје, нашата благосостојба, нашата среќа. Тоа е темелот на нашата жива планета. Денес, додека ја втурнуваме планетата и нејзините природни системи до работ, Часот на планетата Земја е наша шанса да ја употребиме нашата моќ, како поединци и како општество, да бараме и да преземеме акција за да ја заштитиме оваа наша Мајка Природа во замена за сето она што ни го дава. За доброто на целиот живот на Земјата и на нашата сопствена иднина!", дополнува Селков. Инаку, во минатата деценија, Часот на планетата Земја инспирираше глобално учество во критични иницијативи за природата, климата и животната средина, помагајќи во кревање на свеста за проблемите со кои се соочува нашата планета. Изминатите години, движењето помогна во создавање на 3,5 милиони хектари заштитена морска област во Аргентина, шума од 2.700 хектари во Уганда и помогна да се донесе нова законска регулатива за заштита на морињата и шумите во Русија. Минатата година, WWF-Еквадор се заложи за закон за забрана за употреба на пластични кеси, други пластични еднократни производи и производи од стиропор во главниот град, додека пак WWF-Индонезија иницираше засадување на 20.000 садници од мангрови во 13 градови.Оваа година, Часот на планетата Земја ќе се одржи на 28 март (сабота), кога во 20:30 часот по локално време во мрак ќе потонат над 8.000 града во преку 180 држави ширум светот, а меѓу нив дел е Македонија.Започнувајќи како симболичен настан во Сиднеј во далечната 2007 година, Часот на планетата Земја сега се одбележува во повеќе од 180 земји и територии како глобален момент на солидарност за планетата.фото: популарно.мк

пред 6 години

06032020_VRSM_Filipce_pres

Детали: Докторката заболена од коронавирус редовно одела на работа и контактирала со пациенти

Директорката на Клиниката за кожни болести е четвртата заболена од коронавирус. Таа не ги почитувала препораките, па по враќањето од Италија, редовно одела на работа и контактирала со пациенти, рече министерот за здравство, Венко Филипче.„Беше дијагностицирана уште една пациентка позитивна на коронавирусот. Таа се хоспитализира на Клиниката за инфективни болести. Морам да кажам дека, со огромен процент на разочарување, во котнтекст на непочитување на препораките и апелите за задолжителна автоизолација, по секое патување во ризичните региони, ве информирам дека пациентката е жена, наша колешка, лекар. Таа пред една недела допатувала од Италија. Таа докторка е и директорка на Клиниката за кожни болести. По враќањето во земјава, изминативе пет работни дена, одела редовно на работа. Земајќи во предвид овој факт, со исклучително големо внимание пристапуваме кон мерките на Клиниката за кожни болести. Во овој момент, целата екипа од Институтот за јавно здравје прави проценка на степенот на ризик, за сите кои контактирале со неа, како вработени, така и пациенти. Можно е согласно проценката, одделот да биде целосно затворен. Целовкупниот медицински персонал, согласно фреквенцијата и должината на контактот кој го имале, можно е да бидат испратени на домашна самоизолација“, рече Филипче.Состојбата на докторката е стабилна.„Нејзината состојба е стабилна има лесна клиничка форма. Состојбата на првозаболената е целосно стабилизирана. Во текот на денот денеска, евентуално утре, ќе се направи контролен тест по што ќе се одлучи за нејзино испуштање од болница“, додаде Филипче.

Македонија | пред 6 години

KIR_0837

Докторка од скопска клиника заболела од коронавирус

Директорка на една од скопските клиники е позитивна на коронавирусот, дознава А1он од извори на клиниката.Според информациите на А1он, директорката на клиниката била вратена од Италија, а претходно одела на своето работно место.Повеќе на А1он.мк и прес-конференцијата на министерот Филипче во 11 и 30.

Македонија | пред 6 години

27-april

Продолжува судењето за „организаторите на 27 април"

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за организаторите на насилствата во Собранието од 27 април 2017 година.На предлог на обвинителката Вилма Рускоска, на денешното рочиште треба да сведочат премиерот Оливер Спасовски и Михаил Младеновски, еден од обвинетите за насилствата во  парламентот. Обвинителката Вилма Рускоска најави дека како сведок ќе биде повикан и Александар Василевски – Нинџа, осуден на осум години затвор за „27 април“.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

tepacka-222

Татко си ги пријавил синовите во полиција, затоа што се степале

Татко ги пријавил синовите во полиција за нарушување на јавниот ред и мир. Имено, вчера во 21.05 часот 59-годишниот Г.Д. од с.Батинци, скопско, пријавил дека неговите двајца синови го нарушиле јавниот ред и мир.28-годишниот А.Д. и 37-годишниот  М.Д. физички се пресметале пред нивната куќа во с. Батинци.Полицијата извршила увид на местото на настанот. Сочинети се два записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

vreme

Времето денеска променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови. На планините и на некои повисоки места слаб снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12 степени.Максималната температура во Скопје ќе достигне до 10 степени.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

you

(ВИДЕО) Македонија на Евросонг оди со „You“

Евровизиската песна „YOU“, со којашто Васил Гарванлиев ќе настапи на 65-тото издание на Евровизија во Ротердам вечерва официјално промовирана во Дневник 2 на МРТ.Како што е веќе познато, автор на музиката на песната е Невена Нешкоска, македонска композиторка и продуцентка која работи и живее во Чикаго. Невена е автор и на текстот на песната, којшто го создаде заедно со нејзината сестра Калина Нешкоска и колешката од Беркли, Алис Шредер. За продукцијата и аранжманот на песната освен Невена Нешкоска се погрижија и Дарко Димитров и Лазар Цветкоски.Видео записот за песната го режираше Милена Витман, а за фотографијата и за монтажата се погрижи Ѓорѓи Вацев. Продуцент на спотот е Јелмаз Дервиши.

Магазин | пред 6 години

mnr

МНР со препорака - да не се патува во Северна Италија

Министерството за надворешни работи, согласно информациите добиени од Генералниот конзулат на нашата држава во Венеција – Италија, заради сериозноста на состојбата со COVID-19 во земјата, препорачува нашите граѓани да не патуваат во регионите и провинциите: Ломбардија, Модена, Парма, Пјаченца, Реџио Емилија, Римини, Пезаро, Урбино, Алесандрија, Асти, Новара, Вербано Кусио Осола, Верчели, Падова, Тревизо и Венеција. Во соопштението што го објави вечерва МНР исто така се препорачува граѓаните да избегуваат непотребни патувања во останатите делови на Италија.За оние граѓани кои веќе се наоѓаат во Италија, препорачуваат зголемени мерки на претпазливост во секое време, да се следат локалните медиуми и упатствата на локалните власти. Повеќе информации може да се добијат на travel.mfa.gov.mk. Како што информира МНР, нашиот Генерален конзулат во Венеција, следејќи ја праксата на другите европски дипломатско конзуларни претставништва во истиот регион како и заради понатамошна превенција од ширење на COVID-19, во следниов период нема да работи со странки, освен во итни и неодложни ситуации. Во таа насока се одложува фотографирање на нашите граѓани за нови патни исправи.За подетални информации околу развојот на состојбите, македонските граѓани кои се наоѓаат во Италија, можат да го контактираат нашиот Генерален конзулат во Венеција на + 39 389 5837913 или venice@mfa.gov.mk. Трите позитивни лица на коронавирусот што се регистрирани во државава претходно престојувале во Италија.  Министерството за здравство попладнево информираше дека здравствената состојба на двајцата сопружници заболени од коронавирусот кои се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести во Скопје и фебрилни состојби е стабилна, а стабилна ездравствената состојба и на првата заболена пациентка. Нејзиниот последен контролен тест беше негативен, но во текот на утрешниот ден ќе биде направен уште еден тест за да се потврди резулатот, односно да се потврди дека таа повеќе не е инфективна.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Mrtvo-telo-autopsija-2-620x350

Безживотно машко тело пронајдено на ул. Асном во Охрид

Попладнево безживотно машко тело пронајдено на ул. Асном во Охрид. Неофицијално дознаваме дека станува збор за маж на околу 60 години од Битола.Се истражуваат причините за несреќата.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

20200305_113457

Детектор анкета: Две третини од граѓаните бараат забрана за обложувалници во населени места

Граѓаните се против експанзија на бизнисот со игри на среќа. Најновата анкета која за Детектор јаспроведе Институтот за политички истражувања Скопје покажува дека големо мнозинство граѓани бараат забрана за казина во населени места и ограничување на бројот на обложувалници.77,7% во анкетата на Детектор велат дека треба да се ограничи бројот на казина и спортскиобложувалници, додека 14,8% не се согласуваат со тоа.79% од граѓаните сметаат дека треба да се забрани отворање на казина во населени места додека14% се против. 69,5% сметаат дека треба да се забрани отворање на спортски обложувалници во населени места, додека 22,2% не се согласуваат со тоа.48,2% се на став дека казината и обложувалниците треба целосно да се забранат, додека 39,2% несе согласуваат со тоа.75% од анкетираните се согласуваат казината и спортските обложувалници треба да плаќаатповисок данок додека 12,3% не се согласуваат со тоа.Интересно е што само 22,1% од граѓаните во анкетата на Детектор велат дека одат во спортскиобложувалници додека две третини, или 75,9% велат дека не се обложуваат во спортскиобложувалници.Очекувано, поголем број они кои одат во обложувалниците се мажи. Па така, 34,5% од мажитевелат дека се обложуваат, додека тоа велат дека го прават само 9,8% жени.63,8% од мажите и 88% од жените велат дека не посетуваат спортски обложувалници.Близу половина од оние кои се обложуваат или 46,7% тврдат дека трошат до 500 денари месечно.37,7% од анкетираните велат дека во обложувалниците месечно трошат меѓу 500 и 1.000 денари.7% велат дека трошат од 1000 до 5000 денари месечно, додека 2,9% над 5.000 денари секојмесец.Повеќе од половина од анкетираните или 52% се на ставот дека државата не треба да организираигри на среќа, а 38,1% немаат против државата да организира вакви игри.Сепак, 76,4% од анкетираните велат дека државата не треба да набавува апарати за игри на среќа,додека само 10,4% сметаат дека државата треба да инвестира во овој бизнис.Истражувањето на јавното мислење по нарачка на Детектор го спроведе Институтот за политичкиистражувања Скопје преку телефонска анкета во периодот од 10 до 13 февруари оваа година врзрепрезентативен примерок од 1104 испитаници со маргина на грешка од плус-минус 3%.фото: Детектор

Македонија | пред 6 години

maja

Филипче: Посебно признание за медицинската сестра Маја која се грижи пациентите со корона вирус

ФБ статус на министерот за здравство венко Филипче:Денеска посебно признание и оддаваме на медицинската сестра Маја која е дежурна во изолација на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состоби давајќи грижа на пациентите со корона вирус. Голема благодарност и до целиот персонал, посебно до сите докторки, медицински сестри и директорката Стевановиќ на Клиниката. По повод 8 Март се сретнав со докторката Катерина, се заблагодарив за посветеноста и го честитав празникот на сите жени во тимот кои се грижат за нашето здравје и здравјето на нашите најблиски. Денеска, тие се хероини на денот! Честит 8 Март!https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/pcb.2331959720444381/2331953647111655/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

turci

Турските партии даваат поддршка на промената на изборниот модел кој ќе доведе до поголеми промени

Помалите етничк изаедници чекаат да поминат овие избори за да продолжат со актуелизација на заложбите да се издејствуваат промени кои ќе им обезбедат застапеност во политичкиот живот, пред се преку поддршка на предлозите на пратеникот Рубин Земон кој предлага гарантирани места за малите етнички заедници како што се Египќаните. но надеж во промени гледаат и Турците кои иако се бројно поголема етничка заедница заради тоа што ги има низ сите градови, се разбиени во шесте изборни единици и единствено преку коалиции може да добијат пратеник.Претсавниците на партиите со турски предзнак даваат поддршка на промената на изборниот модел кој ќе доведе до поголеми промени.Џанер Исмаил: Во Охрид сме помеѓу 2500 и 3000 гласачи ТурциСоветникот во Советот на општина Охрид Џанер Исмаил кој во советот влезе коалицирајќи со ВМРО ДПМНЕ оценува дека во Охрид неговата заедница има помеѓу 2500 и 3000 гласачи. Доколку бројките со кои калкулира Џанер се точни, тогаш неговата партија во Охрид немала потреба да коалицира со никоја друга партија и сама на изборите би освоила помеѓу два и четири советници.За разлика од Џанер, неговиот сонародник Илхан Рахман е повоздржан и коментира дека во отсуство на попис кој не е спроведен две децении тешко е прецизно да се зборува за бројки, но нагласува дека.Од политичарот Ресул Шемо не успеавме да добиеме став по ова прашање. Според наши сознанија во коалицијата на СДСМ Шемо придонесува со околу 2500 гласови, а тука е и Ахмет Пател кој според нивните калкулации допринесува со  околу 2000 гласови.Една изборна единица ги ослободува помалите заедници од политички коалицииДоколку земјава биде една изборна единица, помалите етнички заедници ќе може сами да изберат свои пратеници во парламентот, а со тоа ќе се ослободат од потребата да коалицираат со големите партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ.Според последниот попис спроведен пред 20 години во Македонија живеат над 80 000 Турци, кои се гласачко тело разбиено во шест изборни единици и никако сами неможат да изберат пратеник, па затоа скоро 30 години тие се во коалиции со ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.Доколку дојде до промена на изборниот модел, нивните партии ќе може сами да настапат и да изберат свои пратеници ( сигурно ќе се неколку ) и сами ќе се борат за своите интереси или општо за интересите на граѓаните во собранието, без да мора предизборно да коалицираат со големите партии.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

koronavirus

Состојбата на пациентите со корона вирус е стабилна

Министерството за здравство информира дека состојбата на двајцата сопружници заболени од коронавирусот кои се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е стабилна.Стабилна е и првата заболена пациентка, чиј последен контролен тест беше негативен, но во текот на утрешниот ден ќе биде направен уште еден тест за да се потврди резулатот, односно да се потврди дека таа повеќе не е инфективна.Во вторник, 10 март, истекува перидот на изолација на сите сопатници кои на 26 февруари пристигнаа со првата заболена пациентка. Тоа е практично 14-иот ден на кој ќе биде направена темелна евалуација од страна на епидемиолозите, а по што ќе биде прекината или продолжена изолацијата соодветно на секој поединечен случај.Во текот на вчерашниот ден, ДЗСИ ги подели решенијата на сите патници и блиските контакти на заболените кои на 27 февруари пристигнале во земјата. Решенијата подразбираат здравствен надзор и контрола на домашната изолација во соработка со полиција, а за непостапување по решението следуваат правни санкции.Согласно новата состојба и мерките кои ги презеде италијанската Влада во текот на утрешниот ден по состанок со Комисијата за заразни болести и формираниот комитет за следење и информирање за состојбите со коронавирусот, а во консултација со сите релевантни институции, Министерството за здравство ќе  информира за евентуални нови мерки за превенција и заштита од понатамошно ширење на вирусот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

5

Осмомартовска предизборна кампања СДСМ И ВМРО ги испразнија Цвеќарите

Со ружи и каранфили СДММ Охрид и Унијата на Млади ВМРО – ДПМНЕ Охрид , тргнаа во лов на женските гласови , цвеќиња се делеја по Охридските улици , плоштадот и градскиот пазар.Освен ружи и каранфили висок функционер на СДСМ што претендира да стане кандидат за Пратеник – денес подаруваше и парфеми и чоколади .Фото : facebook : О.К. ВМРО – ДПМНЕ – ОХРИД (официјална страна)СДСМ Охрид

Македонија | пред 6 години

soo

Македонски државјани повредени во сообраќајна несреќа во Албанија

Двајца македонски државјани се повредени во сообраќајна несреќа што претпладнево се случила во близина на албанскиот град Либражд.Во сообраќајката се повредени уште три други лица, албански државјани.Во сообраќајната несреќа, што се случи на патниот правец Либражд – Елбасан, повредени се македонските државјани Џ.Х. и Л.Х.од Скопје, З.К. и А.К. од Либражад и С.Д. од Тирана, додека Н.Б. поминал без повреди. За среќа сите повредени се вон животна опасност, стои во полициското соопштение.Увидна екипа е на местото каде се случила сообраќајната несреќа, која треба да потврди која е причина што довела до судир на двете возила.Според медиумите, најверојатно причина за сообраќајката е влажниот коловоз и неприлагодената брзина на движење.

Македонија | пред 6 години

02_03_2020_Zaev

Заев бара да се истражи од каде потекнуваат „бомбите“ за Милошоски

Претседателот на СДСМ Зоран Заев ,  за разговорот што оваа недела беше објавен на Јутјуб, помеѓу пратеникот Антонио Милошоски и екс-претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски истакна:– Да не заборавиме кој прислушувал во државата и да не заборавиме дека цело време укажувавме дека само еден дел од тие материјали добивме кај нас. Овој материјал сега што го слушнав веројатно во тоа време да го имавме би го објавиле за да го разобличиме судството – рече Заев.Заев порача дека истрагата треба да покаже од каде доаѓаат разговорите и кој ги објавува.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Praznik-zoo

(ФОТО) Празнична фотографија од ЗОО Скопје

Најпразничната фотографија од Скопје Зоо ❤️ https://www.facebook.com/ZooSkopje/photos/a.1031681913649071/1532194153597842/?type=3&theaterфото: ФБ ЗОО Скопје

Скопје | пред 6 години

zaev-shekerinska

Заев и Шекеринска ќе бидат носители на изборни единици

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска на заедничка прес-конференција со заменик-претседателка Радмила Шекеринска откри дека двајацата ќе бидат носители на изборни единици.„Се координираме со коалиционите партнери. Секако дека ќе имаме жени носители на единици, еве можам да кажам дека јас и Радмила Шекеринска ќе бидеме носители на изборни единици“, рече Заев одговарајќи на новинарски прашања.Двајцата кажаа дека во секоја изборна единица ќе има по двајца носители на листи – маж и жена.https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/857417751393812/

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Визер ги откажа летовите од Скопје и Охрид за Милано и Венеција

Визер ги откажа летовите за Тревизо (Венеција) и за Милано, по декретот на италијанската Влада со кој цела Ломбардија и 14 други северни провинции се ставени во карантин за да се спречи ширењето на коронавирусот.Компанијата соопшти дека ги суспендира сите летови кон Милано, Бергамо и Тревизо до 3 април.Патниците чии летови се откажани ќе бидат известени 14 дена пред закажаниот лет и ќе им биде понудена алтернативна дестинација или враќање на парите за картата.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

marsh-960x540-2x

Марш за правата на жените под слоганот „Ти не си виновна!“

По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, денеска напладне во Скопје под слоганот „Ти не си виновна!“ ќе почне четвртиот марш за правата на жените.Настанот е во организација на Платформата за родова еднаквост и активистките за женски права, а оваа година поттикнати од случајот „Јавна Соба“, ќе маршираат гласно и недвосмислено за жртвите на родово базирано насилство.Маршот, како што наведуваат организаторите, ќе се одвива според однапред определена рута, тргнувајќи од плоштадот „Филип Втори“, преку Камениот Мост, плоштад „Македонија“ до паркот „Жена Борец“, и ќе завршат со перформанс за поддршка на жртвите.-Оваа година маршираме под слоганот „Ти не си виновна!“, со почит кон досегашните победи на жената за родовата еднаквост, но свесни за општествените појави и системски недостатоци кои го загрозуваат нашето постоење како слободни, еднакви, достоинствени и безбедни, се наведува во соопштението на Платформата за родова еднаквост. 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања