Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

izbiracki-spisok-702x401

Уште два дена увид во Избирачкиот список и пријавување на дијаспората за гласање

Увидот во Избирачкиот список за гласањето на предвремените парламентарни избори на 12 април завршува утревечер на полноќ. До вчера во подрачните оделенија и канцеларии на ДИК своите податоци ги провериле 7.526 граѓани. Дотогаш е отворена и можноста за проверка на податоците на избирачите, бришење или дополнување во Избирачкиот список.Нема информација колку граѓани ги провериле своите податоци електронски преку апликацијата на веб страната на ДИК.ДИК по барањата и пријавите на граѓаните е должна да одлучи со решение во рок од 24 часа од денот на приемот на барањето. Против решението со кое се одбива барањето, граѓанинот во рок од 24 часа од приемот на решението може да поднесе тужба до Управниот суд по електронски пат. По тужба, Управниот суд одлучува во рок од 24 часа од приемот.Рокот за увид во Избирачкиот список и за пријавување на македонските државјани за гласање на изборите на 12 април завршува исто така на 11 март на полноќ. До вчера за гласање во дијаспората се пријавиле 4.299 македонски државјани во странство.Државната изборна комисија е должна во рок од пет дена (16 март) од денот на завршување на јавниот увид, Избирачкиот список да го достави до политичките партии. Партиите, пак, до 19 март доставуваат барање за запишување, дополнување или бришење на податоци. ДИК по поднесеното барање одлучува со решение во рок од два дена од денот на приемот на барањето. Против решението на ДИК, политичката партија може да се поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението. Управниот суд е должен да одлучи во рок од 24 часа од денот на приемот на тужбата.Она што е новина е што во Избирачкиот список од годинава ќе бидат ставени сите лица со 18 години на денот на изборите.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

120190520_080018

Времето денеска облачно со услови за дожд и температура до 12 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Попладне врнежите ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12 степени.Во Скопје претежно облачно со слаб до умерен северен ветер. Претпладне ќе има услови за краткотраен дожд. Попладне облачноста ќе се намалува. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.Фото: Архива

Македонија | пред 6 години

kostadinov

Костадинов: Ќе го поразиме ДПМНЕ толку силно што лавот од логото ќе им избега

Портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов изрази благодарност што повторно се најде на пратеничката листа во четвртата изборна единица, која ќе ја предводи партискиот лидер Зоран Заев. Костадинов на ФБ напиша:-Благодарам на поддршката на мојот СДСМ и за шансата повторно да бидам дел од Македонскиот парламент.Како човек кој нема ниту еден изборен пораз, на било кои избори, ве уверувам деказаедно со сите вас, со моите струмичани, но и со граѓаните од цела изборна единица 4 ќе го поразиме ДПМНЕ толку силно што лавот од логото ќе им избега.Бидете спремни за многу работа, многу терен, многу денови и ноќи, но со сигурност за доброто на државата, за доброто на граѓаните.До конечна победа ✊Можеме подобро, можеме повеќе!https://www.facebook.com/kosta.kostadinov.18/posts/10218033748608410

Македонија | пред 6 години

dom-za-deca

Деца од скопско основно во изолација бидејќи родителите им биле на конференција со директорката

Три деца од основното училиште Владо Тасевски во Козле, се во домашна изолација од денеска откако вчера во 15 часот и 30 минути било укажано дека сите дерматолози кои биле на симпозиумот во Рагуза, треба да останат дома со своите семејства. Двајца родители на децата, биле на тој симпозиум, дознава „Слободен печат“ од официјални извори во училиштето.Од родители на деца кои живеат во непосредна близина на еден од дијагностицираните носители на коронавирусот, дознаваме дека раководството на основното училиште Кочо Рацин во кое учат децата, донело одлука децата што живеат во непосредна близина на еден од дијагностицираните случаи, да не одат на настава.

Македонија | пред 6 години

caca-960x720

Се огласија соседите од заразената директорка Биљановска, еве што напишаа...

Соседите на Нина Цаца Биљановска, директорката на Кожна клиника на нивната зграда објавија соопштение, во кое тие откриваат каде живее докторката која е заразена од коронавирусот.фото: ФБ

Македонија | пред 6 години

petar-bogojeski

Богојески до Мицкоски: Нека си дојде во прва изборна единица, да се соочиме со реалностите

Петар Богојески кој го промовираше „Македонски концепт“ како платформа, ќе биде носител на листа во првата изборна единица. Тој го повика директно, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да ја предводи првата изборна единица за заедно да се соочат.„Јас не прифаќам гол популизам. Од една страна се бориме за името, од друга страна да се бориме за странски министер.. На Македонија и требаат домашни капацитети и експерти. Ако може апел од мене до Христијан вечерва, нека му каже некој во партијата дека господинот Вебер кого тој имитира, беше кандидат на кандидатските листи во Германија. Тој беше формално шпиц кандидат на ЕНП, но тој беше во својата татковина. Второ, го повикам Христијан да си дојде во единицата, каде ќе бидам јас. Нека дојде и да се соочиме со реалностите во кои денес живееме“, посочи Богојески.Богојески како носител на листа во првата изборна единица, но и поромотор на 'Македонски концепт', вели дека тие имаат програма која е резервоар на проекти.„Ние имаме повисока идеја или визија, а тоа е она што го нарековме 'Македонски концепт'. Покрај таа возвишена идеја во која веруваме и сме уверени дека ќе работиме следните 15 години и да бидеме присутни на политичката сцена, другото е реалната политика. Изработена е програма која е резевоар на проекти. Наместо да трошиме минути на 'Топ тема' и само да критикуваме, комплетно треба да кажеме како да дојдеме до решение за проблемите на граѓаните“, додаде Богојески.Во однос на правото и правната држава, Богојески вели дека со доаѓање на власт би се осврнале на начинот на избор на судии и софтверско решение кое би намалило злоупотреби во судскиот систем.„За право и правда промовиравме две идеи. Едниот дел е софтверското решение кое ќе биде партнер на судиите, однонсно останува нивното слободно одлучување, но редно е судиите да бидат сериозно ставени во еден колосек и систем кој ќе ги намали можностите за злоупотреби. Вториот е начинот на избор на судии, односно паралено со системот воспоставување на нов начин“, заклучи Богојески.

Македонија | пред 6 години

siljanovska-4

Силјаноска носител на листа од ВМРО ДПМНЕ во првата изборна единица, еве кои се другите носители

Гордана Силјановска која беше кандидат за претседател од ВМРО ДПМНЕ ќе ја предводи кандидатската листа за пратеници на ВМРО ДПМНЕ во првата изборна единица. Во втората единица ВМРО анализира дали тоа да биде Владо Мисајловски или Рашела Мизрахи, додека во третата, генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев. Во четворката ВМРО ќе оди со Александар Николовски, а во петтата дилемата е меѓу Игор Дурловски и Силвана Ангеловска. Не е решено ниту за шестата единица каде претендираат Влатко Ѓорчев и Дафина Стојановска.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

solza-770x444

Грчева ги откри носителите на листи: Што ни сметаше до сега да станеме нормална средно развиена држава?

Претседателката на партијата „Глас за Македонија“, Солза Грчева, во емисијата „Топ тема“ откри кои ќе бидат носителите на изборните листи на престојните избори.„Во пет изборни едници. Во четири имаме жени, јас сум во единицата. Шансите ни се големи. Во двојаката ни е професор доктор, психијатар Андријана Богдановска, во тројката ни е професор Лидија Илиева, а во четворката е Гоце Злаев кој е електро инженер и во петката ни е професор доктор Наташа Котлар“, кажа Грчева.Грчева е категорична дека нашата држава треба прво да си ги реши проблемите внатре, биејќи како што рече, Македонија е издупчена од сите страни.„Јас сум европеец, Македонија е европска земја. Би сакала да бидеме дел од некое развиено семејство. Што на нас ни сметаше во овие 30 години да станеме една нормална, правна, средно развиена земја? Вакви какви што сме шупливи, земја издупчена од сите страни, сите пари кои би се слеале од Европската Унија би пропаднале. Ние треба прво сами да се средиме“, рече Грчева.

Македонија | пред 6 години

korona-virus

Три нови заболени од коронавирус во Македонија

Од осумте тестирани пациенти на корона вирус попладнево, тројцата членови на семејството на сопружниците од дебарско се позитивни, а останатите петмина се негативни на корона вирусот.Позитивните пациенти, од петокот, 6 март, беа во домашна изолација со решение за ДСЗИ, а од вечерва ќе бидат хоспитализирани и лекувани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.На коронавирус се негативни: лицето кое на 26-ти минатиот месец престојувало во Бугарија, неговата сопруга, патникот од Сингапур, наш државјанин кој пред 3 дена се вратил во земјава, едно лице од Гевгелија и едно од Дебар.

Македонија | пред 6 години

Petar-prustov-prasalnik

Богојески, Грчева и Ристовски ќе бидат носители на листи во прва изборна единица

Петар Богојески од Македонски концепт, Љупчо Ристовски од Интегра и Солза Грчева од Глас за Македонија ќе бидат носители во изборната единица еден. Ова тие го открија во вечерашното гостување на телевизија Телма.Од Твоја партија пак, носители на листи ќе бидат Александар Тортевски и Мирјана Најчевска, најави Тортевски. Тие уште немаат дефинирано кој во која изборна единица ќе биде. Ќе имаат листи во пет изборни единици. 

Македонија | пред 6 години

50603763_2562809920402465_6610172346076495872_n-1

Познати носителите на листи за сите изборни единици на СДСМ и коалицијата

Министерот за надворешни работи Никола Димитров и вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска ќе бидат носители на кандидатската листа на коалицијата предводена од СДСМ во првата изборна единица на парламентарните избори на 12 април, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од високи партиски извори. Како што претходно најавија од партијата, коалицијата на СДСМ во секоја изборна единица ќе има машко-женски тандем како носители на листата.Лидерот на СДСМ Зоран Заев ќе биде носител во четвртата изборна единица, заедно со кандидатка од коалиционен партнер. Во втората изборна единица, носители ќе бидат техничкиот премиер Оливер Спасовски и директорката на УЈП Сања Лукаревска. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и координаторот на пратеничката група Јован Митревски ќе бидат носители во петтата изборна единица. Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски и пратеничката Јагода Шахпаска ќе бидат носители во третата изборна единица и во шестата изборна единица носители ќе бидат лидерот на Беса Биљал Касами и Фаница Николоска од СДСМ.извор: Сакамдакажам.мк

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

На Клиниката за инфективни болести со години нема топла вода, немаат ни скафандери - колку се заштитени медицинските лица?

ФБ статус на Менче Точи:-Не можев да не искоментирам, но ова е за општо добро! Ова е фотографија од сестра Маја која пожртвувано работи и се грижи за болните од коронавирус. Но, дали е соодветно заштитена? Нема наочари, скафандер, материјалот што е на неа е порозен и како што ми потврдија повеќе експерти, не штити. Што прави со облеката кога излегува од таму? Ја фрла ли? Ја остава на перење? Влегува ли под туш? Или си го носи вирусот дома? На Клиниката за инфективни болести со години нема топла вода!!! Треба ли да букне епидемија и на Инфективна, меѓу персоналот? Таму и така кубурат со кадар https://www.facebook.com/mence.toci/posts/10222022425929850фото: ФБ Венко Филипче

Македонија | пред 6 години

koronavirus

Неколку лекарки од Штип во домашна изолација зашто биле во контакт со директорката на Кожна клиника

Неколку лекари специјалисти од штипското кожно одделение се во домашна изолација, откако биле во контакт со директорката на Клиниката за кожни болести, за која тестовите покажаа дека е позитивна на корона вирус.иректорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова за МИА вели дека лекарките од штипското кожно одделение се во домашна изолација. Епидемиолозите во разговорите и анкетата утврдуваат со колку луѓе лекарките имале контакт.Екипа од Центарот за јавно здравје –Штип  на кожното одделение прават целосна дезинфекција. Директорот на Клиничка болница-Штип, Алем Ѓеорѓијев вели дека подетални информации и за преземените мерки ќе даде попладнево Министерот за здравство, Венко Филипче.извор: МИА

Македонија | пред 6 години

Ragusa-360

Рагуза 360: По настанот со дерматолозите немавме други настани, објектот комплетно се дезинфицира од Институт за јавно здравје

Согласно денешните написи во медиумите за стручното предавање на дерматолозите одржан изминатата сабота, 07-ми март 2020, во нашиот ресторан „Рагуза 360“ би сакале да ја известиме јавноста дека нашите вработени не беа во директен контакт со заболената пациентка од корона вирус, која предаваше на настанот.По одржување на настанот до денеска немавме одржување на други настани или прослави.Телефонски разговаравме со нашите вработени, како и тие кои што директно служеа во салата, засега немаат симптоми, но сепак одлучивме да се дома, да не доаѓаат на работа и да направат тест за вирусот.Сакаме да информираме дека по дознавање на веста, веднаш побаравме од Институт за јавно здравје темелно да извршат комплетна дезинфекција на објектот и сме во директна комуникација со Министерство за здравство, се вели во соопштението.фото: ФБ

Македонија | пред 6 години

06032020_VRSM_Filipce_pres

Директорката на клиниката за кожни болести ќе биде суспендирана?!

Министерот Венко Филипче изјави дека е разочаран од постапката на директорката за кожни болести која дојде од Италија заболена со коронавирус. Министерот најави дека директорката ќе биде суспендирана бидејки пет дена работела на клиниката, а имала симптоми од коронавирус со што ги ставила во опасност и пациентите и колегите.Ќе се преземат казнени мерки, не сега бидејќи е предизборие, но потоа, истакна Филипче на денешната прес конференција.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

filipce-venko

Фипипче: 64 вработени на клиниката за кожни болести се во изолација, 8 лица се тестираат за коронавирус

64 вработени, меѓу кои и директорката на клиниката за кожни болести се во самоизолација во домашни услови, изјави на пресконференцијата министерот за здравство Венко Филипче по објавување на информацијата дека директорката на клиниката била заразена со корона вирусот.Филипче истакна и дека клиниката е целосно дезифицирана но дека ќе биде затворена 14 дена.Во домашна изолација се 64 здравствени работници вработени на Клиниката за кожни болести. Од 104 добар дел се здравствени работници кои присуствувале на стручното предавање и 24 пациенти, 13 кои биле хоспитализирани и 11 кои биле во дневната болница. Во изолација е и матичниот лекар од Дебарската болница кој првично ги прегледал сопружниците кои се меѓу заболемите од коронавирус, истакна министерот Венко Филипче.Минситерот посочи дека исконтактирани се сите лица кои биле во контакт со директорката заболена од коронавирус.Министерот додаде дека во овој момент се испитуваат уште 8 пациенти – еден пациент со симптоми кој престојувал во Бугарија и неговата сопруга, патник од Сингапур, наш државјанин, кој се вратил дома, четвори лица кои биле во контакт со заразената двојка од Дебаре и еден пациент од Гевгелија.Резултатите за овие лица ќе излезат во исто време и јавноста ќе биде информирана за нивната состојба.Министерот нагласи дека против докторката Нина Цаца Биљановска ќе се преземат казнени мерки, не сега бидејќи е предизборие, но потоа.– Клиниката за кожни болести ќе биде затворена, пациентите ќе се пренасочат кон другите одделенија за дерматовенерологија кои ќе функционираат во градот и ширум државата. Сите пациенти се прегледани, кои можат да примат домашна терапија и се пратени на домашно лекување и здравствен надзор. Исконтактирани се и сите колеги кои присуствувале на семинарот во саботата, истакна министерот.Тој потенцираше дека не е точно дека било пријавено во Министерството за здравство дека директорката на Клиниката за кожни болести се вратила од Италија.Филипче уште еднаш упати апел да не се шири паника и да се превземаат информации исклучиво официјални.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

04032020_MZ_Filipche_pres-konferencija-1

(ЖИВО) Прес-конференција на министерот за здравство, Венко Филипче

Прес-конференција на министерот за здравство, Венко Филипче

Македонија | пред 6 години

Dafina-Stojanovska

Стојаноска:Неспособноста на Филипче не смее да се плаќа со човечки животи. Оставка веднаш!

Здравјето на граѓаните поради неспособноста на владата и министерот Филипче е доведено во прашање. Се доведовме во ситуација неспособноста на Филипче да се плаќа со животите на граѓаните. Оние кои треба да ги заштитат граѓаните од ширење на корона вирусот се главен извозник на корона. Ова може да биде почеток на целосен колапс на здравствениот систем, истакна Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Ако падне Клинички центар „Мајка Тереза“, паѓа целиот здравствен систем. Граѓаните ќе останат без заштита.Жариштето се шири. Освен Клиниката за кожни болести, под надзор е и Клиниката за стоматологија, каде се проверуваат вработените поради јавен случај за кој постои сомневање дека е заболен од корона вирусот.Во јавноста има информации  дека Филипче знаел една недела за овој случај и не превземал никакви мерки.Недозволиво е директор на Клиника една недела да биде на своето работно место, да има контакт и со пациенти и со вработени на државната болница, а лицето да е заразено со корона вирус.Директорката Нина Цаца Биљановска, според сведочењата на нејзините колеги, наместо сама да се пријави и да биде тестирана, таа како директор на Клиниката за кожни болести се заканувала до своите колеги со откази доколку некои и проговори за овој случај.Замислете не само што не ги почитувала препораките на здравствените организации, туку и се заканувала на медицинскиот персонал.Самата директорка викендов била и на симпозиум со стотина доктори во еден скопски ресторант. Дали е точно дека на овој симпозиум имало и доктори од други земји? Илјадници луѓе директно и индиректно во овие неколку дена биле во контакт со директорката, што доктори, што медицински персонал, што пациенти.Неспособноста станува опасна за граѓаните.Бараме веднаш неотповиклива оставка да си поднесе најодговорниот за овој случај министерот, Венко Филипче, пуленот на Зоран Заев. Оставка веднаш.Бараме кривична одговорност за директорката на Клиниката за кожни болести Нина Цаца Биљановска според член 205 и 206, каде што во членот 206  став 1 гласи: Тој што за време на епидемија на некоја опасна болест не постапи според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, ќе се казни со парична казна или со казна затвор од една година.Неажурноста и неподготвеноста на институциите доведоа да биде загрозено здравјето на граѓаните. За ова мора да има санкции веднаш.Со право се поставува прашањето дали епидемијата во меѓувреме  зафатила и други вработени во други клинички центри? Колку од вработените кои биле во контакт со директорката денес се тестирани?Бараме сите вработени во клиничкиот центар да бидат смирени, но пред се одговорни и секоја манифестација на симптоми да се провери.Здравјето на граѓаните е пред се, истакна Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.фото и видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

devojce

Десетгодишно девојче се удави во река во велешка Бањица

Десетгодишно девојче, кое вчера околу 9 часот исчезна од село Бањица, Општина Чашка, утрово е пронајдено мртво во матните води на реката Мала Речица под селото Бањица. Станува збор за десетгодишната Ешуриме од село Бањица која вчера исчезна, а што било пријавено и во СВР Велес, потврди за МИА, портпаролот Верољуб Додевски.Исчезнатото девојче вчера цел ден напорно го барале во водите на надојдената река шестмина припадници на тимот за поплави при Дирекцијата за заштита и спасување од Велес предводени од спасителот Ангел Пановски,кој информира за МИА.Тој додаде дека на копно го барале припадници на СВР Велес и екипа од Територијалната противпожарна единица Велес.Инаку утрово девојчето го нашле селаните од селото Бањица.За пронаоѓањето на телото на девојчето во водите на реката Мала Речица, а по вчерашното целодневно напорно пребарување, потврди градоначалникот Горан Стојановски.Тој тажната вест утрово ја објави на својот ФБ профил.-Голема загуба за граѓаните на општина Чашка, училиштето „Тодор Јанев“ во населба Чашка, семејството Беќирови и сите нас. Сочувство до семејството,напиша градоначалникот на Чашка, Горан Стојановски, на „Фејсбук“.

Македонија | пред 6 години

ljupco-nikolovski

Николовски: Лажни се вестите дека директорката со симптоми на вирусот била на партиски состаноци и дека присуствувала на мојата свадба

Откако денеска се дозна дека директорката на Клиниката за кожни болести е заразена со коронавирус, информација што ја соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, одредени медиуми објавија вест дека таа била на свадбата на порнашениот министер за земјоделие и генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, кој викендов правеше свадба во хотелот Александар Палас.Николовски на ФБ напиша:Целосно ги демантирам лагите објавени на одредени медиуми познати како извори на лажни вести за наводни карантини на функционери на СДСМ поврзано со вирусот корона.Лажни се вестите дека директорката со симптоми на вирусот била на партиски состаноци и координации, а уште поголема лага е дека присуствувала на мојата свадбена веселба.Апелирам, јавноста, граѓаните да не подлегнуваат на лажни вести и целосно и редовно да се информираат исклучиво преку Министерството за здравство и министерот Филипче кој редовно и темелно известува за состојбата со вирусот Ковид - 19.Институциите прават сѐ и се подготвени да се справат со опасноста од ширење на вирусот.https://www.facebook.com/ljupcho.nikolovski.03/posts/1090073818025641фото: ФБ

Македонија | пред 6 години

2-1-1

Единствена Македонија и Тврдокорни потпишаа Меморандум за стратешка соработка која започнува за изборите на 12 април

Партијата Единствена Македонија и Родољубното здружение Тврдокорни, денеска, понеделник, 9 март 2020 потпишаа Меморандум за стратешка соработка која започнува за парламентарните избори на 12 април.Општ заклучок кај потписниците на Меморандумот е дека на Македонија не и треба обединување околу лидери и поединци, туку, обединување врз основа на Платформа со јасни определби за одбрана на националните и државните интереси.Единствена Македонија и Тврдокорни се согласни дека антимакедонските договори со кои се бришат името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ, мора да се поништат.Тврдокорни ќе го вложат целиот свој потенцијал и активно ќе работи на терен во предизборната кампања, со цел, да помогне во победата на изборите на Единствена Македонија како единствената автентична национална и патриотска партија, но, Тврдокорни до крај ќе остане на својата аполитичка определба и за таа цел нема да учествува на Листите на кандидати за пратеници.Единствена Македонија и Тврдокорни остануваат на првата линија во одбрана на македонските национални и државни интереси. Единствена Макеоднија и Тврдокорни се силно убедени дека заедно со народот на 12 април ќе победат во Битката за Република Македонија.Да живее Република МакедонијаДа живее македонскиот народДа живеат државјаните на Република Македонија, се вели во соопштението од Единствена Македонија.фото: Единствена Македонија 

Македонија | пред 6 години

oruzje

Поднесено обвинение за поседување оружје и муниција

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице на возраст од 34 години за кривично дело  – Неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.1 во врска со чл.22 од Кривичниот законик.Обвинетиот, заедно со уште едно осомничено лице кое се уште е недостапно на органите на прогонот, на 07.12.2019 година, на земјениот пат за с.Крушопек, над селото Грчец, во патничко возило без регистарски ознаки, неовластено држеле огнено оружје и муниција –едно полуавтоматско кусо огнено оружје “Zastava M57” со калибар 7,62Х25мм од југословенско производство со осум куршуми во шаржерот.Полициските службеници извршиле претрес во домовите на осомничените, па утврдиле дека тие се движат со возилото и тргнале по нив. По извесно време осомничените го запреле возилото, излегле од него и побегнале, а оружјето го оставиле во автомобилот.Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, поради опасност од бегство и можност да го повтори кривичното дело.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

ojo-1

Обвинение за смртта на родилката во „Санте плус“

По сеопфатна претходна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари дека сторило едно кривично дело – Тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 став 4 во врска со член 207 став 3 во врска со став 1, како и едно кривично дело – Тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 став 3 во врска со член 207 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот, на 18.01.2018 година, како лекар специјалист – анестезиолог, при укажување лекарска помош, применил очигледно неподобен начин на лекување и со тоа предизвикал смрт кај едно лице – родилката Дебора Ќерими – Џамбази, како и тешко нарушување на здравјето на нејзиното новороденче. Спротивно на Законот за здравствена заштита, обвинетиот вработен на Универзитетската клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување, склучил Договор за дело со приватна здравствена установа, со кој се обврзал да ги извршува работите на работно место доктор-анестезиолог во периодот од 16.01-28.01.2018 година. Притоа, тој го склучил договорот без да го псоедува потребното работно искуство во специјалноста над две години и без да постои договор меѓу клиниката во која работел и приватната болница. Во исто време, приватната здравствена установа била надвор од мрежата и согласно Законот за здравствена заштита немала право да ангажира здравствени работници за вршење дополнителна дејност. На овој начин тој се приклучил на оперативниот тим во кој биле двајца лекари специјалисти – гинеколози кои на 18.01.2018 година вршеле хируршки зафат – царски рез врз сега починатата родилка. Обвинетиот започнал со воведување на пациентката во општа анестезија, но ендотрахеалниот тубус наместо во дишните патишта, првично го поставил во луменот на хранопроводникот што предизвикало недостаток на кислород во организмот од тежок степен и трајни оштетувања на витално важни органи. Од тие причини, кај родилката настапил смртен исход, а кај нејзиното новороденче биле предизвикани трајни и значителни оштетувања на мозочното ткиво.Од обезбедените материјални докази од сите релевантни институции кои поседуваат документација, како и од медицинските вештачења од Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, произлезе дека во овој предмет од кривично-правен аспект постојат елементи на кривична одговорност за едно лице. Исто така, од сите обезбедени докази, од прекршочно-правен аспект произлезе дека постои основ и за прекршочна одговорност, па така, обвинителството во јануари 2020 година до Министерството за здравство поднесе Иницијатива за покренување прекршочна постапка против две правни лица, против одговорните лица во тие две правни лица, како и против двајца други здравствени работници – доктори.Иницијативата за прекршочна одговорност за двете правни лица е поведена заради констатирани прекршоци од член 306 став 3 во врска со став 1 алинеја 4, како и член 305 став 1 алинеја 1 од Законот за здравствена заштита. За одговорните лица во правните лица се утврдени прекршоци согласно член 306 став 2 во врска со став 1 алинеја 4 и член 305 став 2 во врска со став 1 алинеја 1 од Законот за здравствена заштита. Двајцата здравствени работници, пак, сториле прекршок согласно член 305 став 3 во врска со став 1 алинеја 1 од Законот за здравствена заштита.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

MAD_0908

(ВИДЕО) Град Скопје ја отстранува правта галија на Вардар

Денеска се создадоа условите и почна постапката за отстранување на првата галија од коритото на Вардар, обзнани градоначалникот Петре Шилегов, на денешната прес-конференција.Градот Скопје во изминатиот период водеше сериозни правни постапки, со сериозна правна прецизност, за да се создадат услови за отстранување на првата галија од коритото на реката Вардар без да има опасност од било какви финансиски импликации по нашиот град. Условите се создадени и во рок од 30 дена корисникот на таа, таканаречена, урбана опрема е должен сам да ја отстрани. Во спротивно, тоа ќе го направи Градот на негов трошок, по истекот на овој рок, некаде по 10 април оваа година – рече Шилегов.Тој нагласи дека безбедноста на скопјани е на прво место.Сите анализи и студии што ги направивме укажуваат дека објектите од проектот „Скопје 2014“ кои што се наоѓаат внатре во коритото на Вардар – галиите, сериозно можат да ја загрозат безбедноста од поплави, со тоа да нанесат материјална штета и да ги загрозат животите и здравјето на граѓаните. Од друга страна, пак, расчистуваме со нешто што никогаш не било и никогаш нема да биде Скопје, а тоа е проектот „Скопје 2014“. Дислокацијата на овој објект е втората активност што ја презема градот, по отстранување на споменикот на Ќосето, а е во рамките на неговите ингеренции. Јас очекувам дека и во иднина ќе се создаваат услови, без да имаме финансиски импликации по буџетот на градот или по буџетот на централната власт, да ги отстраниме овие објекти од коритото на реката Вардар. Веќе ги отстранивме фундаментите од таканареченото Панорамско тркало, сега го отстрануваме и бродот што се наоѓа непосредно до Панорамското тркало, со што ги спречуваме можните последици и го враќаме ликот на градот – рече Шилегов.фото и видео: Град Скопје

Скопје | пред 6 години

migranti_kola

Притвор за лице кое се обидело да пренесе 40 мигранти

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело – Криумчарење мигранти предвидено и казниво по член 418-б, став 2 од Кривичниот законик.Обвинетиот, на 26.02.2020 година на  претходно договорено место во близина на македонско -грчката граница, прифатил 36 мигранти од Авганистан и четири мигранти од Пакистан. Мигрантите ги сместил во товарно моторно возило „Пежо“ и започнал да ги превезува кон Куманово по меѓународниот пат А-2 во правец од Радовиш кон Штип. Кај Неготино возилото било забележано од полициските службеници кои со светлосен сигнал му дале знак да запре, но обвинетиот продолжил да се движи кон Штип, а полициските службеници тргнале по него. Кај с.Лакавица обвинетиот го запрел возилото и бил лишен од слобода. Во возилото кое неколку дена претходно било пријавено за украдено биле пронајдени четириесетте мигранти.Ценејќи дека се исполнети условите надлежниот обвинител заедно со обвинителниот предлог достави и предлог мерката притвор определена од Судија на претходна постапка да биде продолжена.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања