Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

gjorcev

Ѓорчев: Огромна благодарност што бев пратеник. 🇲🇰

Синоќа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа ги објави целосните листи со кои ВМРО-ДПМНЕ ќе настапи на престојните избори. На нив веднаш се забележа дека ги нема имињата на некои од најистакнатите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ,  Влатко Ѓорчев и Илија Димовски. Ѓорчев преку социјалната мрежа ФБ се заблагодари што досега бил пратеник од оваа партија. Тој  на ФБ напиша:-Огромна благодарност што бев пратеник. 🇲🇰Желба за успех до новите пратеници. 👍Да живее Македонија! Да живее ВМРО-ДПМНЕ!https://www.facebook.com/VladimirGjorcev/photos/a.810767102284086/3236713569689415/?type=3&theaterфото: ФБ

Македонија | пред 6 години

mickoski-pratenici-vmro-dpmne-1

Кои пратеници на ВМРО-ДПМНЕ заминаа во историјата?

На пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ има само седум пратеници од стариот пратенички состав – Никола Мицевски, Антонио Милошоски, Благица Ласоска, Ане Лашкоска, Дафина Стојановска, Жаклина Пешевска и Јохан Тарчуловски.Изостануваат Васил Пишев, Владимир Ѓорчев, Даниела Рангелова, Димитар Стевананџија, Драган Данев, Емил Димитриев, Илија Димовски, Крсто Јовановски, Трајко Вељаноски и многу други кои долго време важеа за едни од столбовите на партијата.Според одредени информации, на дел од нив им било понудено да бидат ставени на пратеничките листи, но тие одбиле да бидат во ваков состав.Сепак најголемото изненадување за јавноста беше Сафет Бишевац кој се најде на листата на ВМРО-ДПМНЕ. Бишевац е поранешен новинар од А1 телевизија, а потоа пратеник во Собранието предложен од страна на СДСМ.

Македонија | пред 6 години

vmro

Целосните листи на ВМРО-ДПМНЕ за пратеници во сите изборни едници - кој се е на нив?

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкски на прес-конференција ги презентираше листите за пратеници во сите шест изборни единици. Во првата изборна единица, носител ќе биде Гордана Силјановска-Давкова, а дел од кандидатите за пратеници се Тимчо Муцунски од Центар, д-р Синиша Стојановски од Аеродром, м-р Бети Стаменковска Трајковска од Кисела Вода, две места за коалицијата, д-р Велика Стојкова Серафимовска од Центар, Тони Јаревски од Карпош, Весна Марковска од Аеродром, Игор Никовски од Кисела Вода, Ружица Николовска од Карпош, а на листата е и Сафет Бишевац кој во минатиот пратенички состав беше во редовите на СДСМ.Мицкоски кажа дека листите се правени врз основа на внатрепартиски анкети, а одбрани се луѓе за кои Централниот комитет на партијата сметал дека ќе ја донесат победата на следните предвремени парламентарни избори.Во втората изборна единица, носител ќе е Владо Мисајловски, ексминистерот за транспорт и врски, а втора на листата е разрешената министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи. По неа се Бране Петрушевски, место за коалицијата, Бојан Стојановски, Жаклина Пешевска од Гази Баба, Дарко Костовски од Бутел.Во третата изборна единица, носител на листата е генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев. По него, кандидати се Иван Јорданов, Благица Ласовска од Свети Николе, Иванка Василевска од Скопје, место за коалиција, Игор Здравковски од Велес, Миле Лефков од Кочани, Никола Мицевски од Штип, Даниела Христова од Виница, Марија Петрушевска од Петровец, Драган Ковачки од Делчево, како и досегашниот пратеник, Јохан Тарчуловски.ВМРО-ДПМНЕ во четвртата изброна единица ќе оди со Александар Николовски кој е носител, а по него се и Ане Лашкоска која и досега беше пратеничка, а потоа, Ели Панова, Зоран Јованчев, Петар Ристески, Здравко Трајанов, Ангелина Петкова Златко Пенков, Јадранка Поцкова, две места за коалицијата, Дејан Бошков, Ирена Стерјоска Локвенец, Слободан Ивановски, Димитар Лазаревски, Катерина Мојсоска.Носител во петтата изборна единица на листата од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде Игор Дурловски, а по него, за пратеничко место ќе се борат Антонијо Милошоски, Силвана Ангелевска, Кирил Пецаков од Охрид, претседателот на УМС, Јован Јаулески од Струга, Олга Лозановска од Битола, Ѓорѓија Сајковски од Кичево, Лидија Петкоска од Охрид, Мирче Аџиовски од Струга, Грација Бакрачевска од Охрид, Бајрам Требишки од Маврово-Ростуше, Бобан Бојковски од Битола, Билјана Проеска од Крушево, Тасин ИбраимВо шетата изборна единица, носител ќе е Дафина Стојановска, а по неа за пратеничко место ќе се борат Александар Велјановски од Тетово, Фуркан Чако од Гостивар, Стојан Тодоровски од Брвеница, Јасминка Богдановска од Теарце, место за коалицијата, Анита Бошковска Јовановска од Тетово, Милан Јовановски од Гостивар, Никола Крстовски од Јегуновце, Верица Зафировска од Теарце, Бране Стојчевски од Брвеница, Станислав Бојчевски од Тетово.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Уште една превентивна мерка од Владата - Се забранува користење на пливачките базени

Владата на Република Северна Македонија, на 15-тата седница, одржана денеска, покрај усвоените заклучоци, мерки и препораки во функција на преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), донесе уште еден, дополнителен заклучок со кој се забранува користење од секаков тип на пливачките базени на територијата на Република Северна Македонија, за период од 14 дена.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

mickoski

Мицкоски: Одбравме луѓе за кои Централниот комитет мисли дека ќе ја донесат победата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкски на прес-конференција ги презентираше листите за пратеници во сите шест изборни единици.Во првата изборна единица, носител ќе биде Гордана Силјановска-Давкова, а дел од кандидатите за пратеници се Тимчо Муцунски, Синиша Стојановски, Бети Стамнековска-Трајковска, две места се резервирани за коалицијата, а на листата е и Сафет Бишевац. Мицкоски кажа дека листите се правени врз основа на внатрепартиски анкети, а одбрани се луѓе за кои Централниот комитет на партијата сметал дека ќе ја донесат победата на следните предвремени парламентарни избори.Во втората изборна единица, носител ќе е Владо Мисајловски кој е ексминистер за транспорт и врски, а втора на листата е разрешената министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, По неа се Бране Петрушевски, место за коалицијата, Бојан Стојановски и други.Во третата изборна единица, носител на листата е генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев. По него, кандидати се Игор Јорданов, Благица Ласоска, Иванка Василевска, оставено е едно место за коалицијата, Игор Здравковски, Миле Левков, Никола Мицевски, Даниела Христовска, Марија Петрушевска, Драган Ковачевски, Јохан Трчуловски, Андреј Андоновски, Маријан Миленковски, Верче Мицевска, Христина Смилевска и други.ВМРО-ДПМНЕ во четвртата изброна единица ќе оди со Александар Николовски кој е носител, а по него се и Ане Лашкоска која и досега беше пратеничка, Ели Панова, Зоран Јованчев, Петар Ристевски, Здравко Трајанов, Ангелина Петкова, Златко Пенков, Јадранка Поцкова, две места за коалицијата и други лица.Носител во петтата изборна единица на листата од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде Игор Дурловски, а по него, за пратеничко место ќе се борат Антонијо Милошоски, Силвана Ангеловска, Кирил Пецаков, Јован Јаулески, Олга Лазаноска, Ѓоргија Сајковски, Лидија Петковска, Мирче Аџиовски и други.Во шетата изборна единица, носител ќе е Дафина Стојановска, а по неа за пратеничко место ќе се борат Александар Велјановски, Стојан Тодоровски и други.„Нашата победа е за обнова која ќе донесе повеќе за секого. Повеќе пари, работа, здравје,среќа, ред, правда, сигурност, повеќе насмевки и верба дека ќе успееме. Врз основа на внатрепартиските анкети, одбравме луѓе за кои Централниот комитет мисли дека ќе ја донесат победата на следните предвремени парламентарни избори. На сите пратеници кои се жртвуваа себеси во претходниве три години, јас им се заблагодарив. Повеќе од 95 посто од луѓето за првпат се јавуваат на листите за пратеници“, рече Мицкоски по презентирањето на листите.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Durlovski-vo-Sobranie111-701x453

Дурловски носител на листа од ВМРО ДПМНЕ, еве ги останатите ...

ВМРО-ДПМНЕ ќе настапи со многу нови лица на кандидатските листи за пратеници кои ќе ги предводат носители кои за прв пат ќе ја имаат предводничката палка на овие избори, објави Макпрес.Дури двајца од носителите за прв пат во историјата на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат натпартиски кадри, тоа се професорката од Правниот Факултет Гордана Силјановска Давкова и светски познатиот уметник оперскиот пејач Игор Дурловски.Силјановска ќе ја предводи првата изборна единица, додека Дурловски ќе оди во 5-тата изборна единица каде убедливо води на анкетите пред сите други.Во третата изборна единица ќе настапи генералниот секретар Игор Јанушев, додека во 4-тата изборна единица од граѓаните довербата ќе ја побара потпретседателот Александар Николоски кој ќе се соочи со лидерот на СДСМ Зоран Заев.Во втората изборна единица листата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе ја предводи потпретседателот Владо Мисајловски, додека во 6тата единица ќе настапи за прва членот на Извршниот Комитет гостиварчанката Дафина Стојановска која е доктор по професија. Две жени ќе бидат носители на листи на ВМРО-ДПМНЕ.Претседателот на партијата Христијан Мицкоски ќе биде шпицен кандидат, мандатар за состав на новата влада.извор: Макпресфото: Архива

Македонија | пред 6 години

sar-planina-2

Во тек е подготовка на документ за стекнување статус Национален парк за Шар Планина

Владата денеска ја разгледа и усвои информација за статус на прогласување на Шар Планина за заштитено подрачје во категоријата национален парк и му препорача на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) да го издвои како посебна иницијатива предлогот за прогласување на дел од Осоговските планини за заштитено подрачје во категоријата заштитен предел од информативен карактер.Согласно информацијата на МЖСПП, Владата им препорача на сите сектори вклучени во подготовката за определување на статусот национален парк (економија, шумарство, ловство, енергетика, транспорт, одбрана, туризам и др.), во рок од 15 дена да го достават своето мислење, по што МЖСПП ќе достави усогласен предлог до Владата на Република Северна Македонија за донесување Одлука за прифатливоста на предлогот за прогласување на дел од Шар Планина во категоријата национален парк.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

izbori-glasanje-11-92584

Египќаните револтирани од „скроените“ кандидатски листи

Гласачите од Изборна Единица 5 поготово од етничките заедници очекуваа на листите за кандидати за пратеници да има претставници од поголемите етнички заедници, Египќаните, реагираат дека според овие кандидатски листи наметнати се кандидати од други изборни единици кои неможат да си го најдат своето место во изборната единица каде ќе треба се гласаат.Револтот оди до таму што велат дека доколку не се промени нешто тие нема да ја дадат својата поддршка за никого, поточно нема да гласаат.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

filipce1

16 годишната пациентка негативна на корона вирус

Министерот за здравство Венко Филипче објави дека резултатите на првозаболената пациентка со корона вирус се негативни. Министерот појаснува дека таа била по втор пат тестирана по дијагностицирањето на вирусот според насоките и препораките на Светската здравствена организација.-Негативна на корона вирус е и 16 годишната пациентка со неспецифични знаци за горно респираторна болест.Во меѓувреме, тестирани беа и други двајца пациенти кои резултатите се исто така негативни на овој вирус.Здравствената состојба на шесте пациенти кои се лекуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е стабилна, а седмата пациентка е целосно стабилизирана и не е повеќе инфективна, но нејзиното лекување не е завршено. Таа ќе биде сѐ уште хоспитализирана на Клиниката.На денешната владина седница, се усвоија нови дополнителни мерки за превенција од ширење на корона вирусот: https://vlada.mk/node/20446.Апелирам до граѓаните во целост да ги почитуваат и следат препораките на Министерството за здравство, напиша на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.https://www.facebook.com/filipce.venko/posts/2333672960273057фото: Архива

Македонија | пред 6 години

cvetan-tripunovski

Вработени во АХВ пред две недели се вратиле од Италија и без преглед секојдневно одат на работа

Фб статус на минстерот за здравство Цветан Трипуновски. Тој предмалку на социјлната мрежа ФБ напиша:-Исто како што им се протна Корона вирусот и ја донесоа државата на раб на епидемија, така и мислат дека сум имал пресконференција, која воопшто не е одржана. Денеска преку фејсбук објава алармирав на неспособноста на власта да се справи со Корона вирусот и тоа го гледаме на дело. Македонија е на праг на епидемија, а Филипче чекаше две недели за да прогласи дополнителни мерки. Луѓе дојдени од критичните подрачја се шетаат низ државата, одат на работа и се потенцијален извор на вирусот, а ние како држава се доведовме во ситуација да не знаеме што да правиме. Одговорност веднаш❗️❗️❗️Првичната објава на оваа тематика на Трипуновски беше пред 6 часа, кога напиша:-Власта нема никаква контрола кој влегува, а кој излегува од државата. Не се прават лекарски прегледи и тестови за Корона вирус на луѓето дојдено од критичните подрачја. Според информации до кои дојдов тројца вработени во АХВ, од кои двајца административци и еден раководител на инспекциско одделение, пред две седмици се вратиле од студиска посета на Италија. На истите не им е направен лекарски преглед, ниту тест за Корона вирус.Вработените во АХВ според информациите кои дојдоа до нас во Италија престојувале околу една работна недела. На работа се вратиле на 24 февруари и оттогаш до сега секојдневно одат на работа и се во контакт како со вработените во АХВ така и со вработени во други институции.Голем број вработени во АХВ реагираат зошто им се дозволува да доаѓаат на работа без да им се изврши лекарски преглед, но Зоран Атанасов не презема ништо.Очекувам одговори од Зоран Атанасов, како е дозволено ова? Дали се работи за класично незнаење или за свесно ширење вирус? Одговорност за ова мора да има.фото: ФБ

Македонија | пред 6 години

koronavirus

Лица во Косово пристигнати од Македонија сомнителните случаи на корона вирус

На Инфективната клиника на Клиничкиот и универзитетски центар на Косово денеска се пријавени шест нови случаи за кои постои сомнеж дека е можно да се заразени со коронавирусот, јави дописникот на МИА од Приштина.Со ова, како што изјави денеска директорката на Клиниката, Лендита Ајвази-Бериша, бројката на моментално хоспитализирани, за кои има сомнеж дека се носители на смртоносниот вирус Ковид-19, изнесува вкупно осум лица во цело Косово.Ајвази-Бериша кажа дека примероците од сите осуммина се дадени на анализа и резултатите ќе се знаат во наредните неколку часа. Таа порача дека во моментов сепак нема потреба од вознемиреност.Порталот „Газета експрес“ дознава дека сомнителните случаи се дојдени во Косово од Македонија, Швајцарија и Англија, но нема информација дали се работи за косовски или за државјани на земјите од каде допатувале.Во Косово досега се забележани неколку случаи на лица за кои постоеше сомнеж дека се заразени со смртоносниот вирус, но анализите кај сите од нив беа негативни, односно во земјата официјално и натаму нема ниту еден носител на вирусот.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

heroin-pakuvanja

Притвор за две лица - во бункери на возило е пронајден хероин во вкупна нето маса од 4.951,7 грама

По повеќедневни активности и насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Одделот за криминалистичка полиција при Министерството за внатрешни работи и Царинската  управа спроведоа акција во која во бункери на возило е пронајдена наркотична дрога – хероин во вкупна нето маса од 4.951,7 грама, а две лица се лишени од слобода. Надлежниот обвинител донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои основано сомневање  дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори предвидено и казниво по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик.На 07.03.2020 година во претпладневните часови првоосомничениот, заедно со второосомничениот – полициски службеник,  заминале за Тетово со патничко моторно возило “Голф 5“. Од Авто сервис во Тетово земале патничко моторно возило “БМВ 530Д“ во кое од лева и десна страна на крилата имало специјално направени бункери, по што се упатиле кон бензинска станица на автопатот Скопје –Петровец. Таму го оставиле возилото со специјално направените бункери и заедно заминале кон Скопје со патничкото моторно возило “Голф 5“. Вечерта, осомничениот полициски службеник, преку граничниот премин Долно Блаце, по упатства на првоосомничениот, заминал за Косово каде се сретнал со непознато лице од Приштина. На средбата биле договорени деталите за неовластеното купување и пренесување на наркотична дрога – хероин.Утредента, во попладневните часови, по претходен договор, првоосомничениот со возило “Ауди“ и третоосомничениот со возилото “БМВ 530Д“ со направените бункери, преку граничниот премин Долно Блаце се упатиле кон Приштина. За време на патувањето, осомничениот полициски службеник им давал насоки за точната локација од каде треба да се набави хероинот. Откако дрогата била сместена во бункерите на возилото, осомничените преку два различни гранични премини – Долно Блаце и Белановце се вратиле во Р.С.Македонија. Сретнувајќи се кај с.Никуштак, продолжиле да се движат со возилата, еден зад друг, кон Скопје. На влезот од хотел „Белви“, возилото со хероинот било запрено од страна на полициски службеници и спроведено до Царински терминал каде мобилен тим на Царинската управа извршил контрола над возилото и пронашол 10 полиетиленски пакувања со наркотична дрога – хероин во бункерите на возилото.Полицискиот службеник и третоосомничениот – возач на “БМВ 530Д“ се лишени од слобода и по предлог на јавен обвинител, Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје, им определи мерка притвор во траење од 30 дена. Првоосомничениот при обид од страна на полициските службеници да биде запрен и легитимиран, со возилото “Ауди“ се дал во бегство во правец кон с.Арачиново. Возилото е пронајдено, а по осомничениот се трага.Предметниот обвинител издаде низа наредби за анализа и вештачење на обезбедени и подигнати траги, при кримтехничка обработка на возилото “Ауди“, за анализа и вештачење на податоците содржани во мобилните апарати одземени од осомничените, како и наредба за вештачење на пронајдената дрога. Во текот на истражната постапка, ќе бидат преземени сите неопходни дејствија за  расветлување на кривично-правниот настан.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

28022020_VRSM_12_Sednica_na_Vlada1

Влада: Се прекинува воспитно-образовниот процес во детските градинки, основното, средното и високото образование

Владата на Република Северна Македонија на денешната 15-та редовна седница ја разгледа информацијата на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи за преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на корона вирусот по сугестија на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство, и ги донесе следните заклучоци:1.       Да се заострат мерките и активностите за превенција од ширење на корона вирусот.2.       Да се прекине со воспитно – образовниот процес и наставата во сите детски градинки, основни и средни училишта и високо – образовни установи и во јавните научни институти на територијата на Република Северна Македонија, во наредните 14 дена. Се прекинуваат и сите воншколски или дополнителни програми како што се курсеви за странски јазици и слично.3.       За спроведување на оваа мерка еден од родителите на децата до 10 години, што ќе бидат ослободени од обврската да одат во градинките или да ја следат наставата, ќе бидат ослободени и од обврската да ги извршуваат работните обврски.4.       Да се забранат масовни собири и настани на отворен и затворен простор, како и сите културни настани и манифестации на територијата на Република Северна Македонија, со над 1000 учесници, во наредните 14 дена. Владата препорачува неодржување на јавни настани на кои се очекува присуство до 1000 учесници.5.       Да се забрани присуство на гледачи (публика) на сите спортски настани на територијата на Република Северна Македонија, во наредните 30 дена.6.       Да се воведе задолжителна самоизолација на сите лица кои доаѓаат од високо и средно ризичните држави, во период од 14 дена (согласно листата на Светската здравствена организација).7.       Да се забрани извоз на медицинска опрема и медицински средства и материјали од страна на економските оператори и производители од Република Северна Македонија, освен со посебна дозвола која ја издава Министерство за здравство.8.       Да се препорача на возрасните и високоризичните категории на граѓани со хронични болести да го намалат своето движење и да го избегнуваат јавниот превоз.9.       Да се препорача избегнување на патување во земји кои се од висок и среден ризик, согласно листата од Светската здравствена организација.10.   Државната изборна комисија да ги ослободи од понатамошно учество во изборниот процес вработените од јавните здравствени установи и да бидат заменети со други лица.11.   Физичките и правните лица што не ги почитуваат и кои ги прекршуваа препораките ќе бидат казнети согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.12.   Да се воведе health locator карта за сите летови и сите авиокомпании, односно образец кој ќе го пополнуваат патниците со податоци за полесно контактирање доколку за тоа се укаже потреба.13.   Да се забрани организиран меѓународен автобуски превоз (автобус, комбе, минибус и сл.) кон високо ризичните земји, како и од тие земји кон Република Северна Македонија.14.   Да се зајакне присуството волонтерите од Црвениот крст на Република Северна Македонија, во соработка со Министерството за здравство, на сите гранични премини.15.   Целосно да се почитуваат мерките за превенција од оваа болест, упатени од Министерството за здравство кои се однесуваат на засилени хигиенски16.   Да се упати заклучок и препорака од страна на Владата на Република Северна Македонија до сите органи на државната управа и до едниците на локалната самоуправа за времен прекин од работни обврски (не одење на работно место и да останат во своите домови) за бремените жени и хроничните болни лица.17.   Сите јавни претпријатија и приватни компании што вршат јавен превоз на патници да вршат редовна дезинфекција на превозните средства.18.   Владата им препорачува на сите владини и државни институции, како и на јавните претпријатија да ги откажат сите патувања или да ги организираат предвидените состаноци преку интернет комуникацијата.19.   Се задолжуваат сите владини и државни институции, како и јавните претпријатија да воведат мерки за заштита и за дезинфекција во сите државни институции на влезовите во институциите. Оваа мерка Владата им ја препорачува и на компаниите од реалниот сектор.Владата им се заблагодарува на сите медиуми за досегашната соработка и апелира да ги објават најновите мерки за превенција и заштита од корона вирусот, како и да останат во постојана комуникација со официјалните извори на информирање како што е Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија за сите најнови информации и развои на ситуацијата.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

caca-960x720

Филипче: Биљановска, уште денеска ќе биде разрешена од функцијата

Директорката на Универзитетската клиника за дерматологија, Нина Цаца Биљановска, уште денеска ќе биде разрешена од функцијата, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, На денешната прес конференција.Филипче образложи дека разговарал со претседателката на Антикорупциската комисија, која му кажала дека во конкретната ситуација, изборите не се проблем за Биљановска да биде разрешена.„Разговарав со претседателката на ДКСК, која ми укажа дека кога има итност, постои ваква можност, така што, ние тоа ќе го направиме веќе денеска и ќе се назначи в.д. директор, бидејќи и покрај тоа што нема работен процес на Клиниката за дерматологија, сепак има административни работи“, истакна министерот Филипче.Инаку Лекарската комора денеска посочи дека не може да и ја одземе лиценцата за работа на Биљановска, бидејќи според нив, во Законот за здравствена заштита не е наведено како треба да постапат доколку медицинско лице свесно го загрозува здравјето на останатите граѓани.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

1-1

Богоев: Седум деца од три училишта во општина Карпош се во изолација

Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, извести дека на 3 март во основното училиште „Братство“ во Тафталиџе се одржало предавање за превенција од коронавирус, во две одделенија, од четврто и седмо одделение, од страна на докторка која е вработена на Клиниката за дерматологија.Во своја лична изјава докторката посочила дека пред одржување на предавањето во „Братство“, таа не била во директен контакт со директорката на Клиниката, Нина Цаца Биљановска, која е заболена од коронавирус.Докторката е во изолација, како и нејзините две деца кои учат во „Братство“.На ова предавање, рече Богоев, учествувале уште две други докторки од Клиниката за дерматологија, кои, сепак, како што тврдат, не биле во директен контакт со директорката, но се во домашна изолација.Исто така, три ученици од основното училиште „Владо Тасевски“ во Козле се во домашна изолација, затоа што нивните родители биле дел од симпозиумот што се одржал во ресторанот „Рагуза“.Во училиштето „Јан Амос Коменски“, исто така, двајца ученици се во изолација, затоа што нивни родители присуствувале на симпозиумот.„Свесни сме за паниката што се шири во основните училишта и градинки, но сакам да апелирам на смиреност и следење на здравствените протоколи. Како Општина набавуваме и дополнителни средства за хигиена за сите основни училишта и градинки, а екипите се подготвени и за вонредна дезинфекција на сите основни училишта и градинки“, рече Богоев.Претходно, при крајот на февруари Општина Карпош спроведе редовна дезинфекција, дезинсекција и дератизација на сите основни училишта и градинки, а вонредно се исчистени и кујните во основните училишта.Тој кажа дека е формирана Комисија за следење на состојбата, превенција и справување со вирусот, при што на дневно нивно се следи присуството и отсуството на ученици и наставен кадар. Од досегашната ситуација, кажа Богоев, поголемо отсуство има во градинките, што е и очекувано за овој период од годината, а отсуството е значително помало по основните училишта.Сите граѓани коа доаѓаат од ризични подрачја или имаат симптоми слични на коронавирусот, може да пријават на 071 – 289 – 614 и 078 – 387 – 194.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

filipce-venko

СИТЕ НОВИ МЕРКИ: Родители кои имаат дете до 10 години ќе бидат ослободени од работа од јавните и приватните институции

Еден родител на дете до 10-години ќе може да отсуствува од работа, а истото ќе му биде платено. Мерката следува заедно со затворањето на училиштата, градинките и универзитетите, а министерот Венко Филипче, потенцираше дека мерката треба да се почитува и да се седи дома, за да децата бидат во домашни услови а не во игротеки.„Прво да се прекине воспитно-обарзовниот процес во сите основни, средни училишта и градинки во наредните 14 денови. Да се ослободат вработените од работните работи. За еден родител до 10 годишна возраст ќе се дозволи отсуство од работа од јавните и приватните институции во наредните 14-денови. Се прекинува наставната дејност во јавните научни институти и универзитети. Се забрануваат јавни собири со над 1000 учесници во наредните 14-денови. Се забранува одржување на спортски натпревари со публика во следните 30-денови. Се воведува задолжителна самоизолација на сите лица кои доаѓаат од високо и средно ризичните земји, согласно листата на СЗО. Се забранува извоз на медицински средства“, посочи Филипче.Сите кои нема да ги почитуваат препораките ќе бидат казнети според Кривичниот законик.„Се забранува меѓународен автобуски превоз од и кон високо ризичните земји. Апелираме да се почитуваат мерките за превенција. Упатуваме препорака до сите органи на државната управа, приватните компании за времен прекин на работните обврски, односно неодење на работно место за бремените жени и хронично болните лица. Во сите државни институции ќе бидат дистрибуирани средства за дезинфекција“, додаде Филипче.

Македонија | пред 6 години

filipce-venko

(ЖИВО) Прес-конференција на министерот за здравство, Венко Филипче

Прес-конференција на министерот за здравство, Венко Филипчеhttps://www.facebook.com/filipce.venko/videos/574102263198016/?v=574102263198016&notif_id=1583847080027619&notif_t=live_video

Македонија | пред 6 години

debar

Комбињата кои доставувале храна во Дебар утрово биле враќани, полиција не дозволува влез во градот

Од утринава сите комбиња кои сакале да достават храна во Дебар биле враќани. Очевидци за скопје1 велат дека полицијата го има обиколено местото и не дозволува влез во градот.„Освен ако немате итна потреба да влезете во Дебар, вратете се назад“, ни велеше полицијата, сведочи вработен во компанија кој требало да прави набавки во градот.Засега нема официјална потврда дали станува збор за карантин откако сопружниците и уште три лица беа позитивни на коронавирусот.Инаку пред 4 дена брачен пар кој се вратил од патување во Италија е позитивен на тестовите за корона вирус.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

mnr

Министерството за надворешни работи препорачува да не се патува на целата територија на Италија

Со оглед на рапидноста на развојот на настаните со коронавирусот во Италија, Министерството за надворешни работи препорачува да не се патува на целата територија на Италија.За оние граѓани кои веќе се наоѓаат во Италија, МНР препорачува зголемени мерки на претпазливост во секое време и да се следат локалните медиуми и упатствата на локалните власти.МНР информира дека нашиот Генерален конзулат во Венеција, следејќи ја праксата на другите европски дипломатско конзуларни претставништва во истиот регион, како и заради понатамошна превенција од ширење на ковид-19, во следниов период нема да работи со странки, освен во итни и неодложни ситуации.За подетални информации околу развојот на состојбите, македонските граѓани кои се наоѓаат во Италија, можат да го контактираат нашиот Генерален конзулат во Венеција на + 39 389 5837913 или venice@mfa.gov.mk.„Преку нашите дипломатско конзуларни претставништва продолжуваме будно да ја следиме состојбата со ковид-19 и соодветно ќе ги информираме граѓаните, согласно развојот на состојбата. Официјални информации може да се добијат на travel.mfa.gov.mk“, се наведува во соопштението.фото: 

Македонија | пред 6 години

skolo-4

Училиштата и градинките се затвораат во следниве две недели

Градинките, основните и средните училишта и сите воспитно-образовни институции ќе бидат затворени во наредните 14 дена, како заострена мерка поради превенција од ширење на коронавирусот.Ова е заклучено на денешниот состанок на Комисијата за заразни болести на кој единствена точка на дневен ред била состојбата со Ковид -19 и мерките за претпазливост и превенција.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

jabolka

Измамени странски државјани и правни лица

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против четири лица, жители на Ресен, поради сомнение дека како соизвршители, со временски поврзани дејствија сториле продолжено кривично дело – Измама од член 247 став 4 во врска со став 1, во врска со член 45 став 1 од Кривичниот законик.По проверка на наводите од поднесените кривични пријави, јавниот обвинител кој постапува во предметот утврди дека  во периодот од крајот на јануари 2020 година до крајот на февруари 2020 година, во Битола и Ресен, четворицата осомничени – прокурист, управител и двајца надворешни соработници во правното лице „ЏИМ БИМ 2019“ ДООЕЛ Ресен,  претходно се договориле и со поделба на работите, со намера за себе да прибават противправна имотна корист, искористиле исти прилики, па ги довеле во заблуда и оштетиле три правни лица од Руската Федерација, Република Унгарија и од Босна и Херцеговина.Осомничените преку Фејсбук профил  „TopFruit Fruit“ објавиле дека продаваат јаболка по што стапиле во контакт со секој од оштетените.На претставник на оштетеното правно лице ”Fruit Country KFT” од Република Унгарија му прикажале дека можат да му продадат јаболка во поголема вредност од 7.095,00 евра (во денарска противвредност 433.944,00 денари) кој оштетеното правно лице требало да ги уплати на сметка на правното лице „ЏИМ БИМ 2019“ ДООЕЛ Ресен. Осомничените доставиле профактура и кажале дека јаболката со камион ќе тргнат следниот ден за Унгарија, со што на 04.02.2020 година го навеле правното лице од Унгарија, на штета на својот имот, да им го исплати наведениот износ во поголема вредност од 433.944,00 денари.Истата постапка ја повториле и со сосопственик на оштетеното правно лице „Нерко Промет“ ДОО Хан Плоча, Општина Кисељак, БИХ. Осомничените прикажале дека можат да продадат јаболка и дека за еден камион од 21 тон треба да се уплати износ од 3.570,00 евра на сметка на правното лице „ЏИМ БИМ 2019“ ДООЕЛ Ресен. Потоа на 11.02.2020 година преку електронска пошта доставиле профактура.  Оштетениот бил наведен да ангажира и транспортна фирма за превоз на јаболката. Со овие дејствија осомничените го навеле оштетениот на штета на своето правно лице да исплати износ во поголема вредност од 219.555,00 денари.На претставникот на оштетеното правно лице ООО „ПИМЕНТА“ Москва од Руската Федерација, осомничените  му прикажале дека можат да му продадат 2 контејнери јаболка во количина од 44 тони од сортата „ајдаред“ по цена од 370 американски долари за тон, 1 контејнер јаболка во количина од 22 тони од сортата „гренисмит“ по цена од 400 американски долари за тон и 7 контејнери јаболка од сортата „црвен делишес“ во количина од 154 тони по цена од 480 американски долари за тон во кои цени бил вклучен превоз до Солун, Р. Грција, и дека правното лице треба да уплати 50% од вкупната вредност односно 49.170,00 долари на сметка на правното лице „ЏИМ БИМ 2019“ ДООЕЛ Ресен. Откако оштетениот пристигнал во Република Северна Македонија, двајца од обвинетите го однеле во с. Бистрица и во Ресен каде му покажале јаболка, потоа се договарале за изгледот на етикетите, за амбалажата,  и на 19.02.2020 година преку електронска пошта му доставиле профактура од правното лице „ЏИМ БИМ 2019“ ДООЕЛ Ресен на наведениот износ,  со што го навеле оштетениот на штета на имотот на правното лице да им го исплати износот во значителна вредност од 2.674.848,00 денари.Обвинетите по пристигнување на парите од оштетените правни лица  ги префрлале на своите трансакциски сметки и  подигнале износ од 100.000,00 денари како материјални трошоци, иако за таквите трансакции немало никаков правен основ. Со тоа ја испразниле сметката на правното лице, а на оштетените правни лица не ги испорачале јаболката, ниту ги вратиле парите.Јавниот обвинител со донесување на наредбата за спроведување истражна постапка до Судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави и предлог за определување притвор за осомничените. Предлогот беше прифатен и судот со решение на четворицата осомничени им определи притвор во траење од 30 дена. ​фото: Архива

Македонија | пред 6 години

reka

(ФОТО) Реки или пловечки депонии?

ФБ статус:Реките ги претворивме во пловечки депонии :Сегменти од река Трескаhttps://www.facebook.com/photo.php?fbid=10158014026236636&set=pcb.10158014029331636&type=3&theater

Македонија | пред 6 години

kamera-migranti

(ВИДЕО) Специјална термална камера „лови“ мигранти на македонско-грчката граница

Јужната граница се мониторира и од птичја перспектива, со помош на термална камера. Опремата е стационирана во караулата Богородица, која има стратегиска позиција во областа. Техничките можности на камерата овозможуваат да се регистрира секое движење и на неколку километри во длабочина или во широчина и да се открие обид за нелегално преминување на границата, објави 360степени.мк.Обидите за нелегален влез во Македонија најчесто се случуваат навечер. Мигрантите се ориентираат по реката Вардар и железничката пруга. Товарните возови што пристигнуваат од Грција се проверуваат темелно. По дојава, полицијата изминатиов период фаќа групи мигранти и по околните села. Контролата на јужната граница првенствено е одговорност на граничната полиција.Текстот во целост на: објави 360степени.мк.

Македонија | пред 6 години

dezinfekcija

(ФОТО) Целосна дезинфекција на автобусите на ЈСП пред и после пуштањето во системот на превоз

ФБ статус на градоначалникот на Скопје Петре Шилегов:-Автобусите на ЈСП Скопје, секојдневно пред и после пуштањето во системот на превоз, се предмет на целосна дезинфекција.Апелираме на смиреност и почитување на препораките на надлежните државни институции, како и на одговорно однесување кон колективното здравје, на секој од нас поединечно.Здравјето на секој човек е најважно.Фотографиите се од утринсково дезинфицирање.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3181971382027438&set=pcb.3181973912027185&type=3&theaterфото: ФБ

Скопје | пред 6 години

gubre1

Политичките партии кои влегоа во предизборната трка секој ден да средуваат по една локација

ФБ статус на Ирена Ристиќ:Президиумот на НЕ БИДИ ЃУБРЕ на вчерашната седница одлучи алатот кој го има, да го стави на располагање на политичките партии кои влегоа во предизборната трка.Со горенаведениот, секој ден, да средуваат по една локација.Да сликаат пред и после и да постираат на своите фб страници.Можат сами, чистопартиски, може и да си коалицираат меѓусебе и да работат. Шо убаво. Ќе се дружат.Врз база на видливо сработеното, следат гласови.Локации има на претек. Списокот е кај #ПрваМетлаЗа почеток:- с. Љубаништа, Охрид.- Лепенец, Ѓорче Петров- Треска.Три за четри, позор, сад!https://www.facebook.com/irena.ristic.779/posts/10158216957134726

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања