Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

dezinfekcija

Дезинфекција на возилата и редуциран возен ред и за приватните превозници

Претставници на градската администрација денеска остварија повеќе средби со претставници на приватните превозници приклучени во јавниот градски превоз во Скопје.На средбата беше дискутирано за потребните мерки кои траба да се спроведат согласно актуелната состојба со коронавирусот и препораките од надлежните институции за превенција и заштита од вирусот.На средбата присутните беа информирани за превземените мерки на ЈСП-Скопје, каде деновиве возилата интензивно се дезинфицирааат со распрскување на соодветни средства на база на алкохол и Дезинтал 10%, а се врши и рачна дезинфекција на одделни делови од возилото, како што се ракодржачите и слично. Секое возило се третира со дополнителната дезинфекција еднаш, пред вклучување на линијата или потоа, во зависност од динамиката и распоредот на сообраќање во јавниот превоз.Како дополнителна мерка, од утре (12.03.2020 година, четврток) автобусите на јавниот превоз ќе сообраќаат според редуциран возен ред, идентичен на возниот ред што важи за време на зимскиот, односно летниот училишен распуст. Редуцираниот возен ред се воведува согласно со актуелната состојба со корона вирусот, намалениот број на корисници на јавниот превоз и како една од мерките и препораките за превенција од ширење на вирусот. Редуцираниот возен ред ќе важи во наредните две недели, односно до наредните препораки од надлежните институции.Дополнително, пратен е и допис до сите претставници на приватните превозници кои се вклучени во јавниот сообраќај во Скопје за интензивирање на активностите за чистење и дезинфикација на нивните возила, како и за потребата за редуцирање на возниот ред кај приватните превозници.фото: Архива 

Скопје | пред 6 години

zaev-2

Заев: Не е добро да се одложат изборите, нема таква причина

Навистина ги следиме трендовите дури од жариштата од каде што почна од Кина, работите се смируваат веруваме дека и кај нас ќе се смируваат, но до тогаш сите сме должни без разлика дали сме политички лидери на победничка коалиција да ги послушаме државните органи, целта на повикот е препораката од министерство за здравство и премиерот Спасовски не повикува лидерите на поголемите политички партии за да разговараме околу моделите на водење на кампањата, веројатно да ни укаже на нас лидерите, а да пренесеме и на коалиционите партнери каков вид на кампања е дозволива и што е препорачлино како да се придржуваме до сите задолженија, како и оние препораки што се од страна на државните институции за да можеме да го исполниме тоа што граѓаните од нас го очекуваат, да ги промовираме нашите програми, нашите кандидати, визии и слично, а притоа да се испочитуваат сите задолженија и препораки од државните институции, тоа е целта, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев, одговарајќи на новинарското прашање  за утрешната лидерска средба, ќе има ли избори без кампања или е можно одлагање на веќе закажаните избори?Заев додаде:Јас лично не гледам на ниту еден начин, ниту било која причина за изборите да се одложуваат. Тоа е целта која сакаме да ја постигнеме и не е добро да се одложат изборите, тие треба да се одржат. Сите државни ресурси се подготвени, екипирани и парламентот е распуштен, веќе е подготвено се она што е претходна постапка и е завршено. Сега можеби корона висрусот ќе не стави во позиција на некои поинаков вид на кампања, секако електронските медиуми се на располагање, интернет можностите се на располагање, видео стримови и така натаму, можеме да ги поставиме и верувам дека ќе допреме до граѓаните, важно е граѓаните да знаат за што ќе гласаат, да знаат што ќе бираат и како да изберат, важно е да ги промовираме сите наши поединци и пратеници, програми, визии и детали околу целата работа за да може да излезат, затоа што важно е граѓаните да излезат, успешноста на изборите не е исто дали ќе биде со 45% или со 75%. Така што веруваме дека максимално ќе мотивираме да излезат граѓаните заради тоа што со излезноста на граѓаните и граѓанската должност секако ја исполнуваме.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

DSC_0022

МВР најави казни за невистини околу коронавирусот

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните - корисници на социјалните мрежи да не споделуват и шират непроверени односно „лажни“ вести околу вирусот Ковид 19, со кои се создава вознемиреност и паника меѓу граѓаните.Лажните вести кои создаваат неоснована паника имаат долгосежни последици и врз општествената состојба но и врз колективното здравје на граѓаните. Ваквите злоупотреби ќе бидат законски санкционирани затоа што на овој начин се вознемируваат граѓаните и се создава непотребна паника.Нема да има компромис во санкционирањето на оние кои свесно шират лажни вести.Апелираме до медиумите и корисниците на социјалните мрежи да се повикуваат единствено на официјално објавените податоци од надлежните институции.За сите потребни информации да се обратат до Министерството за здравство, секторот за односи со јавност во Владата или останатите релевантни институции, кои постојано ја информираат јавноста со обновени податоци неколку пати во текот на денот.

Македонија | пред 6 години

koronavirus

Низа нови мерки кои мора да се почитуваат за заштита од коронавирусот

Министерот за здравство Венко Филипче ги соопшти дополнителните мерки и препораки на Владата, а во врска со коронавирусот. Па така, библиотеките, студентски и ученички домови ќе престанат со работа во наредниве 14 дена.Утврдени се и категориите на хронично болни лица, кои треба да добијат потврда од матичен лекар - станува збор за болните од хронични респираторни болести, малигни заболувања, тешки кардиоваскуларни заболувања, дијабет 1.Понатаму, им се препорачува на сите вработени лица во здравствениот сектор да не користат годишни одмори, како и платени и неплатени отсуства за време на овој период.Министерството за здравство телефонскиот број на „Ало докторе“ ќе го пренамени во кол центар, со цел да се зголеми капацитетот за информирање за коронавирусот.Собранискиот канал и Македонската радиотелевизија ќе бидат должни на дневна основа да ги објавуваат сите заклучоци од Владата во врска со препораките за коронавирусот, исто како и државната агенција МИА.Се задолжува и МВР во текот на денот да објави соопштение дека ќе има соодветни мерки за сите лица кои на социјалните медиуми објавуваат дезинформации во врска со коронавирусот и за сите медиуми кои истите ги преземаат и ги објавуваат.Сите вработени во државниот и јавниот сектор, а по препорака и во локалната самоуправа и приватниот сектор кои имаат деца под 10 години и ќе отсуствуваат од работа, ќе треба да достават доказ за оправдано отсуство, односно потврда од градинката/училиштето, копија од патна исправа за возраста на детето, потврда за редовен ученик или копија од свидетелство.Понатаму, ќе има засилени контроли при излез од земјата, а задолжителна ќе биде и дезинфекција на сите градинки и училишта. Вработените во МВР, Министерството за одбрана, противпожарните екипи, вработените во домовите за стари лица се изземаат од овие мерки.

Македонија | пред 6 години

korona-1

Докторите и медицинскиот персонал нема да можат да земат одмори и боледување, вели Филипче

„Донесовме мерка здравствените работници да бидат целосно на располагање на здравствениот систем, односно да нема земање одмори и боледување, освен кога е нужно. Сега ние во овие денови, денеска, во текот на денот имаме уште еден состанок за тоа од каде би регрутирале сестри и доктори од другите клиники, за да им помогнат на колегите од Инфективно, ако има потреба. Не треба да се зема никакво отсуство и треба да бидат на раполагање на системот“, рече Филипче одговарајќи дали чул дека масовно се зема боледување од страна на доктори.Тој на претходната прес-конференција кажа дека Комисијата за заразни болести ќе предложи мерка здравствените работници да ги откажат сите приватни патувања, бидејќи секој од нив во овој момент е драгоцен за здравствениот систем.„Здравствените работници во следните две недели да ги откажат и приватните патувања, бидејќи не е предвидливо дали некоја од земјите ќе влезе во групата со висок ризик, па да треба тие да бидат во самоизолација од 14 дена, а сега секој здравствен работник ни е навистина драгоцен“, рече Филипче.

Македонија | пред 6 години

NAJNOVA-VEST-KORONAVIRUS

Нови два случаи со коронавирус во Македонија, но ќе се лекуваат дома

Од дванаесет тестирани случаи, три лица имаат коронавирус. Станува збор за лица од Дебар, кои контактирале со заболените од коронавирус, кои претходно беа хоспитализирани на Инфективната клиника во Скопје.„Од сите испитани, двајца луѓе се позитивни на коронавирусот. Тоа се лица кои биле во континуиран контакт со претходните три лица кои се хоспитализирани. Имале чести контакти. Сите нивни роднини кои живеат во истата куќа се негативни. Тие ќе бидат во домашна изолација, нема да бидат хоспитализирани, бидејќи нивната состојба го дозволува тоа“, рече Филипче.Седумте пациенти кои веќе се примени на Клиниката за инфективни болести се во стабилна состојба, информираше Филипче. Тој кажа дека ниту еден од пациент нема потреба од механичката вентилација.Засега, ниту едно лице од оние кои се во изолација поради контакти со директорката на Клиниката за дерматологија која е заразена од коронавирусот, не појавило симтоми на болеста.Владата усвоила низа од нови мерки со цел превенција од коронавирусот.

Македонија | пред 6 години

04032020_MZ_Filipche_pres-konferencija-1

ВО ЖИВО: Филипче за резулатите од сомнителните случаи со коронавирусот

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, денеска (среда, 11.03.2020 година), во 17:30 часот, ќе одржи прес-конференција во Медија центарот во Владата на Република Северна Македонија.Проследете во живо:

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Што рекла баба Ванѓа за коронавирусот?

Познато е дека истакнатата бугарска гимнастичарка Нешка Робева била многу блиска со баба Ванѓа, а еве што денес сподели поранешната спортистка на социјалните мрежи.„Еве и кај нас дојде тој вирус. Знаев дека ќе дојде, беше веќе предвидено од мојата баба Ванѓа, која, при една моја посета, ми рече: „Нешке, короната ќе нè згази!“Тогаш не знаев што значат тие зборови, помислив дека зборува за некаква руска опсада. Дури сега сфатив, дека станува збор за кинескиот грип. Се надевам сето ќе помине лесно и добро.извор:нане.мкфото: нане.мк

Магазин | пред 6 години

ademi

(ВИДЕО) Неизвесно дали учениците и студентите ќе продолжат да посетуваат настава по 14-те дена

Законот за основно образование точно предвидува колку наставни денови има една учебна година, и што треба да се преземе во случај на епидемија, потсетува министерот за образование, Арбр Адеми, објави Телма.мкЗа сега, важи мерката за прекин на наставата. Дополнително ќе се знае дали ќе се продолжи учебната година за основните училишта, дали средношколците ќе учат за време на викендите, или ќе се скратат сите наставни програми.

Македонија | пред 6 години

raguza

Учесниците на стручното предавање за дерматолозите во ресторанот „Рагуза“ изложени на јавен линч

Лекарите и останатите медицински лица кои на 7-ми март биле присутни на стручното предавање за дерматолозите во ресторанот „Рагуза“ во Скопје заедно со директорката која е позитивна на коронавирусот, неправедно се изложени на јавен линч – за „Фокус” раскажува близок роднина на една од докторките која деновиве е во домашна самоизолација, според препораките на Министерството за здравство.Нашиот соговорник тврди дека неговата сопруга добила голем број на непријатни пораки од страна на лица кои дури и не ги познава, а сличен бил случајот и со други лекари кои биле присутни на настанот, објави Фокус.мкТекстот во целост на: Фокус.мкфото: Фокус  

Македонија | пред 6 години

pavle

Павле Богоевски се самоизолира - бев на службен пат во Германија, можете да ме добиете само по телефон или преку електронска комуникација

ФБ статус на Павле Богоевски:Наредниве две недели ќе можете да ме добиете само по телефон или преку електронска комуникација. Кога мерките за превенција и сузбивање на коронавирусот стапија на сила, јас бев на службен пат во Германија (земја од среден ризик) и наредните две недели се разбира, ќе бидам во самоизолација. Во моментов сум без симптоми. 🙂Прво, сакам да му честитам на Филипче и неговиот тим за навремената, координирана и транспарентна рекација на ситуацијата. Начинот на кој се справуваат влева сигурност и дејствува смирувачки во целиов хаос и бура од лажни вести и тенденциозни политиканства на сметка на здравјето и емоциите на граѓаните.Второ, сакам да укажам на можен проблем со имплементацијата на мерките. Иако нам ни се добро познати, забележав дека мал дел од патниците знаеа за мерките. Посебно делот за самоизолација и препораката за јавни собири.Доколку се враќате од некоја од државите со среден и висок ризик, комуницирајте ги мерките со останатите патници. Маските се корисни, но нивниот бенефит е ограничен и на крајот, сепак ќе го дишете истиот воздух со сите други патници на таа дестинација. Така, неколкуте разменети зборови нема да ве изложат многу повеќе од што и без тоа сте изложени. Испратете им порака на сите пријатели за кои знаете дека патот може да ги носи натаму.Најважно од сѐ: Без паника! Што сѐ не поминавме, па за една корона ли… 😉https://www.facebook.com/PavleBogoevski/posts/10220550288930266

Македонија | пред 6 години

aerodrom-skopje-2

Три женски лица од Северна Македонија, се прифатени во постапка за депортација од Турција

Во текот на вечерта на 10.03.2020 година, преку Меѓународниот аеродром Скопје, во Република Северна Македонија е извршена депортација на три лица од женски пол, од кои две со регулиран статус на државјанки на Република Северна Македонија и едно малолетно лице од две години, за кое треба да се спроведе постапка за стекнување државјанство. Лицата се депортирани со редовен авионски лет од Република Турција, поточно од бегалскиот камп Газиантеп, откако претходно одреден период престојувале во воените зони во Сирија и Ирак.На аеродромот во Скопје, трите лица беа прифатени од стручни екипи на Министерството за здравство, Министерството за труд и социјална политика и Министерството за внатрешни работи при што сите екипи постапија во рамките на своите надлежности.Согласно протоколите за здравствена и социјална заштита, на аеродромот беа направени првите контролни здравствени прегледи и извршени анкети и разговори, при што им се дадени и совети за нивното натамошно згрижување, здравствена и социјална заштита.Откако беа направени службени формалности за потврдување на идентитетот и првичните здравствени прегледи, беа информирани дека согласно член 31 од Законот за заштита на населението од заразни болести, како и поради нивно здравствено згрижување и потреба од остварување на правата од социјалната заштита, им е врачено решение за ставање под здравствен надзор и обезбедување на здравствена заштита.Лицата се сместени во објект под надзор на Министерството за труд и социјална политика, Центарот за социјални работи Скопје, поради фактот дека доаѓаат од подрачја со зголемен епидемиолошки ризик, вклучително и заради тековните мерки за превенција од корона вирусот.Откако ќе помине периодот на здравствен надзор, и ќе бидат завршени сите медицински прегледи и тестови, особено од аспект на здравствена заштита на 2-годишно дете, по претходна одлука на соодветен стручен тим од Министерството за здравство, на трите женски лица ќе им биде овозможено да бидат прифатени од нивните најблиски, како и да бидат интегрирани во системот за социјална заштита по стручна процена на надлежните служби на Министерството за труд и социјална политика.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

kriva-palanka

Родителите кои не одат на работа и децата ги наполнаа кафаните во Крива Паланка

ФБ статус на Сашка Цветкоска:Мобилната редакција на Investigative Reporting Lab Macedonia е во Крива Паланка. Овде има еден случај во изолација. Од она што можеме да го видиме е дека родителите кои не одат на работа и децата се по кафеани низ градот. Овие случаи јас би ги фотографирала и праќала на некаков Sид на срамот и неодговорноста, освен ако министерството не се смилува и не ни даде број за пријава. Не знам зошто некои не би оделе на работа и би земале плата да се шетаат по меани и молови, а ги пуштиле со цел да се погрижат за децата кои не се на училиште, да спречат ширење на заразата. Навистина мора да има и соодветни казни за неодговорните граѓани. Не може да очекувате министерството да ви црта што значи тоа одговорен граѓанин, а богами и ви цртаа. Што не е јасно овде не сфаќам. Венко Филипче да ги повика и градоначалниците, односно локалната самоуправа на помош во спречување на ширење на заразата. Ова што го гледаме е пред дворот на општината, на пример. Нека превземат и тие некаква одговорност, зарем се мора да биде со молење бре луѓе!фото: Архива

Македонија | пред 6 години

krazba

Приведени двајца крадци од Прилеп

Одделението за криминалистички работи Аеродром и Драчево во Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против К.Т.(47) и З.Д.(46), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека извршиле две кривични дела „тешка кражба“, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 355 000 денари.Пријавените, на 09.03.2020 во два стана на бул.„Јане Сандански“ во Скопје насилно влегле во становите и одзеле пари и златен накит. По извршување на второто дело биле пресретнати од полициски службеници од Полициската станица Аеродром и почнале да бегаат, но набргу потоа биле пресретнати и лишени од слобода. Притоа, кај нив биле пронајдени украдените предмети и алатот, кој го носеле со себе, специјално изработен за насилно отварање на сеф брави.Во разговор со полициски службеници, со присуство на Јавен обвинител, пријавените во целост ги признале делата.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

mickoski-1

Мицкоски: Коалицијата за Обнова на Македонија ќе ја формира идната влада

„Денес имаме чест да ја претставиме најбројната победничка Коалиција за Обнова на Македонија која ќе настапи на претстојните парламентарни избори и ќе ја формира идната влада. Ние се обединуваме околу заедничка платформа, вредности и принципи во кои веруваме. Затоа што самото име на Коалицијата кажува дека она што во овој момент и е најнеопходно на нашата татковина е токму обновата“, истакна на денешната прес конференција претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христија Мицкоски.Во продолжение претседателот н ВМРО ДПМНЕ меѓу другото истакна:Обновата не е само слоган или пак политичка фраза, туку суштина и вредност која мораме да ја исполниме затоа што тоа е насушна потреба на држава која е западната во тешка криза, разурнати вредности, и сериозно разнишани институции. Како Коалиција имаме одговорност пред нас самите да работиме напорно за постигнување на резултати кои ќе донесат подобра иднина и поголема сигурност за сите во државата, но пред се имаме одговорност кон граѓаните кои во нас гледаат надеж за подобри времиња.Мора да се издигнеме над сивилото кое ни ја дава денешната слика за политиката и политичарите во Македонија, ние мора да наметнуваме нови вредности, нови принципи и нов начин на делување. Народот е презаситен од секојдневни партиски пресметки, преписки, во докажувања кој е полош, во говорења за проблеми без решенија и во наметнување на тезата дека сите се исти. Јас како политичар, а верувам и ние како Коалиција за обнова на Македонија мораме да покажеме дека може подобро и мораме поинаку. Одбивам партиски да се пресметувам, да говорам само за проблеми, затоа што во исто време ќе критикувам, но и ќе нудам решенија. Со зборови нема да кажувам колку сме различни од власта и СДСМ, туку со дела ќе ја направиме разликата од кои најголема корист ќе имаат токму граѓаните. Токму затоа сите реформи,сите заложби, принципи и вредности околу кои се обединуваме можеме да ги обединиме под името на еден значаен проект кој се нарекува обнова на Македонија.Сите заедно  се обединуваме и ветуваме макотрпна работа околу ветувањата кои ќе донесат повеќе резултати за секого. Повеќе за работниците, повеќе за невработените, повеќе за бизнисот, за младите, пензионерите, земјоделците, повеќе за социјално ранливите категории на граѓани. Ова е коалиција која ќе ја има најтешката задача досега во овие 29 години независност да ја обнови секоја разурната клетка во општеството чија криминализираност расте, декаденција која се продлабочува.Лесно е да се направи разлика помеѓу владејачка коалиција за владеење на криминалот и нашата коалиција за обнова. Но она што нас не чека е работа.Македонија мора да си ги врати своите чеда во своите домови, но и да обезбеди подобри услови на тие кои веќе се тука. Затоа ни е потребна економија. А економијата ќе значи зголемени плати за 25 проценти повеќе, пониски даноци, рамен данок од 8%, капитални инвестиции кои ќе бидат секоја година најмалку 90% реализирани од тоа што било испланирано, зголемени пензии за 20 отсто. Обнова која ќе донесе индустријализација на економијата, но и странски и домашни инвестиции од најмалку 4милијарди евра. Нам ни треба обнова која ќе обезбеди 20 % повисока плата за вработените во здравството, достоинство за универзитетскиот кадар и 100 илјади денари плата за редовните професори, почитување на колективниот договор за повисоки плати во основното и средното образование. Македонија мора конечно да се гасифицира што ќе значи гас до секој дом и бесплатен приклучок за гас на секое семејство, енергетска обнова на домовите за што државата ќе покрие 50% од трошоците, и исто толку ќе инвестира во купување на сончеви колектори. Воедно нам ни треба обнова во која здравството ќе го кренеме на вистинското потребно ниво и ќе изградиме мрежа од 4 клинички центри во земјава и ќе обезбедиме нулта толеранција кон корупцијата. Здравство насочено кон граѓанинот, а не кон приватните бизнис интереси. Ова е коалиција која ќе ја предводи обновата која мора да ги реконструира сите регионални патишта во државава или најмалку 1000 километри патишта со нов асфалт и ќе овозможиме ново автопатско поврзување на Велес, Прилеп со Битола,со што од Скопје до Битола ќе се стигне за час и половина, коалиција која ќе изгради нови експресни и брзи патишта. Мораме да инвестираме и во човечкиот потенцијал и да бараме професионализам. Македонија има премногу одговорни позиции водени од неодговорни луѓе и тоа мора да се промени, истакна Мицкоски.Идната победничка Коалиција значи обединување околу идеја, цел и кауза каде врвниот интерес е иднината на Македонија. Претставниците на политичките партии денес присутни се тука затоа што веруваат во заедничката иднина, и вистински ја сакаат Македонија, и покрај сите привилегии и подмитливи понуди кои може да стигнат од една корумпирана влада во заминување како актуелната, тие останаа, беа истрајни и препознаа квалитет во идната коалиција, која ќе ја донесе обновата. И јас на секој еден од вас се заблагодарувам за изразената поддршка и лојалност, која пред се е лојалност кон нашата заедничка држава Република Македонија и лојалност и грижа за граѓаните. Ова е најбројната Коалиција околу која се обединуваат Македонците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците, Коалиција на работниците, средната класа, на земјоделците, стопанството, невработените, сиромашните, на оние кои сакаат промени. А воедно во име на таа обнова ги повикувам и останатите граѓани, Албанците, Египќаните и сите останати да поддржат обнова која ќе значи подобар живот, повеќе за секого, повеќе пари, повеќе економија, повеќе иднина, повеќе инвестиции, повеќе решени проблеми, повеќе остварени ветувања, истакна Мицкоски.Денес и официјално со Коалицијата за Обнова, која е коалиција на обичниот народ кој сака промени, го започнуваме финалето на една битка за подобар живот во кој секој глас е важен. Победата е извесна, а она што доаѓа по неа се вистинските промени кон подобро кои ќе донесат повеќе за секого. Вистински бум од работа, вистински бум резултати кои ќе донесат европска иднина тука во нашите домови.Оваа коалиција за обнова, коалиција за надеж, верба и вредности која што умее и ќе го испорача тоа. Македонија може повеќе за секого, и обновата ќе победи, истакна меѓу другото претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.фото: Архива    

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ГДУ ги поднесе листите на кандидати за пратеници

Републичкиот изборен штаб на ГДУ, денеска до Државната изборна комисија (ДИК) ги поднесе листите на кандидати за пратеници за 5 изборни единици.ГДУ за прв пат учествува парламентарни избори.Носител на листата во првата изборна единица е Ана Глигорова од здужението „Движење на слободни граѓани“, а во коалиција со ГДУ. Втор на листата е портпаролот на ГДУ, Дарко Попоски.Во втората изборна единица, носител на листата е д-р Енсер Јусуфоски, а после него адвокатот Перица Спасовски. Носител на листата во третата изборна единица е претседателот на партијата, Петар Колев. Веднаш после него е адвокатот Марјан Михов.Во изборната единица број 4, носител на листата е Добре Митрев, а зад него е Елизабета Најдоска Величкова. Изборната единица 5 ќе биде предводена од претседателот не ГДУ-Охрид, Даниел Јорданоски, а позади него е генералниот секретар на ГДУ, Димче Петкоски.Утре на полноќ завршува рокот за поднесување на листи за кандидати на пратеници за предвремените парламентарни избори закажани на 12 април.Изборна единица 11. Ана Глигорова2. Дарко Попоски3. Марјан Ненов4. Александар Тодоровски5. Игор Христов6. Марина Црцаревска-Саздова7. Владимир Гавровски8. Елена Атанасовска9. Марјан Поповски10. Благица Стојчева11. Ацо Талевски12. Мирко Узелац13. Года Смилевска14. Слободан Софески15. Зоран Крстевски16. Зорица Павловска17. Звонко Живковски18. Даниела Марковска19. Антица Филевска20. Генчо СтојановскиИзборна единица 21. Eнсер Јусуфовски2. Перица Спасовски3. Душица Николовска4. Владимир Трајковски5. Жарко Пејковиќ6. Адина Симоновска7. Милена Павловска8. Димитар Попандонов9. Армен Сцхнеидер10. Весна Трифуновска11. Зорица Јосева12. Горан Димовски13. Дарко Дуковски14. Габриела Станковска15. Дејан Поповски16. Тихана Петрушевска17. Мирко Цветковски18. Вера Ѓорѓиевска19. Александра Илиевска20. Сашо СтојковскиИзборна единица 31. Петар Колев2. Марјан Михов3. Даниела Трендафилова4. Спирко Стоименов5. Дејан Соколов6. Ирена Манчева7. Јанче Трајчов8. Александра Трнковска9. Александра Трајчевска10. Симеон Арсов11. Дарко Илиев12. Бојана Дрангова13. Кристина Стојанова14. Стојанче Зафиров15. Валерија Анчева16. Никола Здравев17. Ванче Адраманов18. Елена Јорданова Филипова19. Александра Ѓуревска20. Ненад ПецовИзборна единица 41. Добре Митрев2. Елизабета Најдоска Величкова3. Лаки Лучијано Петрески4. Марко Стојанов5. Александар Бојков6. Гордана Димитрова7. Евгенија Чапрагоска8. Горан Сами9. Јасмина Забрчанец Сприкоска10. Султан Мемков11. Марјан Дамески12. Мери Конеска13. Васко Кујунџиев14. Маја Костадиноски15. Татјана Дамјаноска16. Сашко Митрев17. Бертина Келтаноска18. Гоце Шаркоски19. Кенан Мемедов20. Душко ЈанакиевИзборна единица 51. Даниел Јорданоски2. Димче Петкоски3. Даниела Фиданоска4. Омер Јусуфоски5. Ана Пејовска6. Александар Попоски7. Емилија Стојановска8. Џејлан Коџаџиклиоска9. Благојче Трајковски10. Ружица Герасимоска11. Есат Амедовски12. Климент Настоски13. Катерина Ѓорѓијоска14. Енес Рамазановски15. Кристина Сиљаноска16. Илче Попоски17. Андријана Кацеска18. Милена Петревска19. Мирче Митревски20. Магдалена Толеска Димоскафото: ГДУ

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Единствена Македонија, ФРОДЕМ и „Тврдокорни“ потпишаа коалиција

Единствена Македонија на Јанко Бачев, ФРОДЕМ на Јове Кекеновски и здружението „Тврдокорни“ потпишаа договор за коалиција на претстојните парламентарни избори. Тие на парламентарните избори ќе излезат под името:  „Никогаш Северна, само Македонија“  .По потпишувањето Јове Кекеновски од ФРОДЕМ истакна:„Поради манипулативното и нечесно владеење на политичката гарнитура на власт, предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Северна Македонија, како и поради сервилната и обезличена опозиција, предводена од Демократската партија за северномакедонско национално единство, која цело време дејствува и е во функција и интерес на актуелната партија на власт“.Јанко Бачев пак рече:„Ние се заветуваме, даваме збор дека ќе го поништиме Преспанскиот договор, ќе го поништиме Договорот со Бугарија со којшто се бришат Македонците во Пиринска Македонија, ќе го поништиме фалсификуваниот попис со кој Албанците лажно беа прикажани во 2002 година дека се 25,17 отсто и ќе спроведеме попис кој што реално ќе ја прикаже бројката на населението во Македонија, ќе ја поништиме двојазичноста“, истакна Бачев.„Ние во секој Македонец ќе му го разбудиме лавовското и ќе се бориме за оваа земја“, рече Горан Неделковски од Тврдокорните.Дел од  коалицијата  „Никогаш Северна, само Македонија“ уште се  и Унијата на ветерани на ВМРО 1990, ВМРО ДПМНЕ – Демократска фракција и Здружението на македонските друштва од Швајцарија.Коалицијата е формирана врз основните стратешки определби кои го обезбедуваат опстанокот и просперитетот на Република Македонија:1. Поништување на договорот со Грција за промена на името, со цел, неменување на името - Република Македонија;2. Република Македонија национална држава на македонскиот народ со гарантирани права на малцинствата според меѓународното право;3. Грижа за иселениците од Македонија и за положбата и правата на македонскиот народ во соседните земји и за таа цел  поништување на Договорот со Бугарија со кој се бришат Македонците во Пиринска Македонија;4. Во Република Македонија службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и за таа цел поништување на законот за двојазичност;5. Република Македонија унитарна држава со само една државна власт на нејзината територија;6. Државната територија е неделива и неотуѓива, без можност за нејзино дезинтегрирање во федерални единки или територијална автономија;7. Ревизија и одземање на украденото во криминалната, нечесната и неправедната приватизација со која е извршен грабеж на општествениот имот кој 50 години наназад го создаваа сите работни луѓе во социјализмот, ревизија и одземање на украденото и во постприватизацискиот период. Со еден збор, одземање на украденото од позиција на власт во изминатите 30 години.Да живее Република Македонија!Да живее македоснкиот народ!Да живеат државјаните на Република Македонија, велат од Коалицијата.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Од утре нема да важи бесплатниот јавен превоз за пензионери, студенти и средношколци

Согласно со актуелната состојба со корона вирусот, како една од мерките и препораките на Владата за намалено користење на јавниот превоз со цел превенција од ширење на вирусот, Ве информираме дека од утре (12.03.2020 година) нема да важи и одлуката за бесплатен превоз за возрасни лица (жени со 62 години, мажи со 64 години) во вторник, петок, сабота и недела во јавниот превоз и на Жичницата на Водно.Според препораките и поради тоа што наставниот процес е прекинат, Ве информираме дека од утре, четврток (12.03.2020 год) нема да важат ниту бесплатните годишни средношколски и студентски билети за користење на јавниот превоз.Укинувањето на бесплатниот превоз на посочената категорија корисници и редуцираниот јавен превоз во наредните две недели е согласно актуелната состојба со коронавирусот и препораките од надлежните институции за превенција и заштита од вирусот.Одлуката е привремена, ќе важи во наредните две недели, се до наредните препораки.фото: Архива 

Скопје | пред 6 години

skolo-4

За 8 Март учителки шетале во Италија, се расправале кога им било посочено да одат во домашна самоизолација

Неколку учителки и родителки на основци од Скопје и од Куманово, биле во Италија да го прослават денот на жената, 8 Март, ама неколку дена порано, а потоа дошле на настава во училиштата во понеделникот, дознава „Слободен печат“ од извори во Државниот просветен инспекторат.Родителки на основци, кои исто така биле на шетање во Италија деновиве, си ги донеле учениците на настава, а кога од директорките им било посочено да одат во домашна самоизолација и да не ги носат децата на настава, се расправале и едвај попуштиле да си ги земат децата дома, пред да биде донесена мерката од Владата за прекин на наставната програма во училиштата.Целиот текст на Слободен печат можете да прочитате на овој линк.

Македонија | пред 6 години

filipce-venko

Филипче: Нови 12 лица се тестираат за коронавирусот

Во моментов на Инфективната клиника се чекаат резулататите за 12 нови лица кои се тестирале утрово за корона вирусот, соопшти миистерот за здравство Венко Филипче. Двајца од нив се со знаци на грип, се вратиле од Италија пред 5 дена здрави, но утринава развиле симптоми.Осум други лица за кои се чека резултати се од Дебар, и сите се соседи на веќе тројцата заболени од тука.  Едно лице се тестирало во Штип, и тоа е од Кочани, а патувало во Италија, и последниот за кој се чека резултати е човек од Прилеп. Резултатите за нивните тестови се очекуваат за 2 до 3 часа, истакна на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Од утре редуциран возен ред на автобусите од јавниот превоз во Скопје

Градот Скопје и ЈСП ги известуваат граѓаните дека од утре (12.03.2020 година, четврток) автобусите на јавниот превоз ќе сообраќаат според редуциран возен ред, идентичен на возниот ред што важи за време на зимскиот, односно летниот училишен распуст. Редуцираниот возен ред се воведува согласно со актуелната состојба со корона вирусот, намалениот број на корисници на јавниот превоз и како една од мерките и препораките за превенција од ширење на вирусот. Редуцираниот возен ред ќе важи во наредните две недели, односно до наредните препораки од надлежните институции.Комплетниот преглед на возниот ред е објавен на Интернет - страницата www.jsp.com.mkГрадот Скопје и ЈСП апелираат граѓаните рационално да го користат јавниот превоз и потсетуваат дека сите возила на ЈСП се подложуваат на дополнителен третман за дезинфекција, уште од пред десетина дена. Имено, секое возило, независно дали сообраќа цел ден на одредена линија или се вклучува еднократно, е подложно на дополнителна дезинфекција, како една од мерките за заштита од коронавирусот. Возилата се дезинфицирааат со распрскување на соодветни средства на база на алкохол и Дезинтал 10%, а се врши и рачна дезинфекција на одделни делови од возилото, како што се ракодржачите и слично. Секое возило се третира со дополнителната дезинфекција еднаш, пред вклучување на линијата или потоа, во зависност од динамиката и распоредот на сообраќање во јавниот превоз.Инаку, редовна внатрешна дезинфекција на автобусите се врши секојдневно преку т.н. редовна дневна нега (чистење, миење) на возилата. Притоа, возилата се третираат со соодветни еколошки средства кои имаат дезинфекциско својство. Секое возило, пред да се пушти во сообраќај, е подложно на дневна нега.

Скопје | пред 6 години

biljana-1

Пациентка која веќе една недела лежи на инфектовно: Никогаш не сум видела вакво нешто

ФБ статус на Билјана Михајловск, која лежи на Инфективно одделение (ГОБ „8 Септември"):-Во болница сум веќе една недела, на Инфективно одделение (ГОБ „8 Септември"). Не ми е прв пат. Затоа и можам да констатирам дека никогаш не сум видела ваков режим на работа на медицинскиот персонал. Маски, редовна промена на ракавици, дезинфекција на секој топломер после секој пациент, секојдневна дезинфекција на сите површини во сите соби, кварцање на соби и ходници, во секоја соба средство за дезинфекција, забрана за влез на кое било лице во целата болница, забрана за шетање на пациентите по ходници и никаква меѓусебна комуникација...Медицинските лица прават се што можат да спречат ширење на болести. Министерот за здравство никогаш не сме го гледале толку често на прес конференции и никогаш немало толку детални информации и упатства.Е, па другари, сега на секој од нас останува да се погрижиме за своето здравје, да не изигруваме здравствени експерти на тастатура и дувни-ветре ликови во реалноста. Не може министерот да ни ги мие рацете или да стои на граница и да ни мери температура. Не дигајте паники и мијте раце. Многу е просто. Ви посакувам добро здравје <3Р.Ѕ. Не се грижете за мене, не е ништо страшно, ќе помине. Сакам само да ви кажам да си го чувате здравјето!

Македонија | пред 6 години

skolo-4

МОН: Образовните установи не работат, наставниците на работа само ако имаат итни обврски

Согласно заклучоците донесени на 15. владина седница, кои се однесуваат на воведување дополнителни мерки во рамки на системот за заштита на јавното здравје поради ризикот од ширење на коронавирусот, Министерството за образование и наука информира дека образовните установи во земјата – основните и средните училишта, универзитетите и јавните научни установи, вклучително и ученичките и студентските домови добија нови насоки за постапување и истите стапуваат на сила од денеска.Сите образовни установи го прекинуваат воспитно-образовниот процес во следните 14 дена. Тоа значи дека учениците и студентите нема да посетуваат настава, а воедно во истиот овој период нема да бидат достапни за користење ниту просториите, односно услугите на државните студентски и ученички домови.Истовремено, дадена е и насока за прекинување на посетата на сите воннаставни активности и други приватни активности кои децата ги извршуваат надвор од наставата (посета на воспитно-образовни активности, курсеви, дополнителни часови, спортски тренинзи и слично) во наредните 14 дена.Сите вработени во основните и средните училишта се целосно ослободени од работните обврски. Административниот кадар во високообразовните установи, јавните научни установи и во ученичките и студентските домови има обврска да биде на работа, со исклучок на хронично болните, бремените жени и родителите кои имаат деца со навршена возраст до 10 години. Препорака за наставниот кадар на високообразовните и научните установи е да оди на работа само во случаи на неодложни обврски – давање потписи, одржување состаноци и други тековни работи.Во меѓувреме, Министерство за образование и наука во соработка со Бирото за развој на образованието и Центарот за стручно образование и обука, согласно одредбите од Законот за основното образование и Законот за средното образование, ќе подготват план за организирање на наставата за деновите кои нема да се работат.„Исто така, информираме дека и понатаму на сила се препораките дадени на 26.2.2020, а кои се однесуваат на одложување на сите планирани патувања и екскурзии на ученици и студенти во ризични земји и региони посочени од страна на Светската здравствена организација, како и одржување на хигиената во просториите на образовните установи на највисоко ниво. Воедно апелираме и на континуирано следење на сите евентуално нови насоки и препораки кои ќе бидат давани од Светската здравствена организација, Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје и Владата“, се вели во соопштението на Министерството за образование.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

48355602_2325087317503323_649044917921775616_n

Николовски: Бишевац беше во мојот кабинет и побара да биде кандидат на листата на СДСМ

Гостин во „Утрински брифинг„ на „Слободна ТВ“ беше Љупчо Николовски, кој кажа дека СДСМ воведе повисоки стандарди во политичкото однесување, селекција, развој на кадри и отвореност на партијата.Николовски истакна дека се уште има послушници на Груевски кои ја влечат државата наназад, а се осврна и на темата со Сафет Бишевац, кој е кандидат за пратеник на листата на ВМРО ДПМНЕ.-Господинот Бишевац во текот на летото беше во мојот кабинет и побара да биде кандидат на листата на СДСМ. Јас му реков дека ниту можам да разговарам, ниту пак да гарантирам во тој момент. Очигледна е желбата да стане пратеник, но ние имавме јасна и прецизна постапка, која што на крајот ја исфрли најквалитетната кадровска и програмска понуда, изјави Николовски, околу т.н „шалтање“ на луѓе на противнички пратенички листи, истакна Николовски за слободен печат.извор: Слободен печат.мк 

Македонија | пред 6 години

manceski

Манчевски: Мерката за прекин на работа важи за сите освен за вработените во безбедносниот сектор, здравствениот или полицијата

Владата по препорака на министерот за здравство Венко Филипче и Комисијата за заразни болести вчера донесе нови засилени мерки за заштита на јавното здравје. Покрај мерката прекин на воспитно – образовниот процес и наставата во сите детски градинки, основни и средни училишта и високо – образовни установи и во јавните научни институти на територијата на Република Северна Македонија во наредните 14 дена, беше кажано и дека еден од родителите кои имаат деца до 10 годишна воздраст може да останат дома а се да им биде платено.Дамјан Манчевски, министерот за информатичко општество и администрација, во емисијата 24 Отворено на Телевизија 24 даде појаснување за мерката ослободување од работа на еден од родителите на деца до 10 години.  Манчевски кажа дека мерката за родителите важи за сите освен за вработените во безбедносниот сектор, здравствениот или полицијата.„Професијата што сите ја работиме бара ризици и откажувања, во овие моменти треба да покажеме висока општествена одговорност. Во ваква ситуација здравствените установи и безбедносните институции мора да останат со полн капацитет. Доколку двајцата родители се од ваков тип ќе има дополнителни мерки“, вели Манчевски. фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања