Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

mickoski

Мицкоски: Избори ќе има, но кампањата ќе биде без митинзи, преку социјални мрежи и медиуми

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по лидерската средба во Владата изјави дека биле запознаени со мерките што државата ги презема за спречување на ширењето на коронавирусот.  Не станало збор за одложување на изборите, но кажа дека е извесно оти изборната кампања ќе се адаптира на актуелните услови заради коронавирусот и ќе се води на алтернативни начини, преку социјалните мрежи и мас медиумите.- Она што го разговаравме е сега да имаме преадаптирање на предизборната кампања, на поинакви начини да се води таа предизборна кампања. Така што немаше разговор на таа тема за евентуално одложување на изборите, истакна Мицкоски.На прашањето како ќе се води, Мицкоски истакна:-Епа очигледно ќе имаме алтернативен начин на водење на кампања. Па имаме начини преку социјалните медиуми, преку мас медиумите, така натаму. Од врата на врата, поинаков начин, поинаков пристап, итн, рече претседателот на ВМРО ДПМНЕ.На прашањето пак дали дека големите митинзи ќе бидат откажани, Мицкоски истакна:-Па, во овој момент препораките од Владата е да нема собирање. Односно не се препораки, сега веќе тоа од препорака прерасна во забрана. Така што од прилика тука се се сведува, тоа не зависи дали ние политичките партии и како ќе го водиме. Тоа едноставно е забрана која што има определена одговорност. Така да треба да ги почитувате законите во оваа држава, не може да делувате волунтеристички. Се додека постои забрана, ќе нема ни митинзи, истакна Мицкоски.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Бивша љубовница барала 20.000 евра за да не објави компромитирачки фотографии

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 34-годишна битолчанка, поради основано сомнение дека го сторила кривичното дело – Уцена од член 259 став 1 од Кривичниот законик.Во периодот од 15 јануари до 11 март, осомничената со намера да се стекне со противправна имотна корист, во повеќе наврати му се јавувала на оштетениот со кого претходно била во љубовна врска, барајќи парични средства во висина од 20.000 евра. Таа го уценувала оштетениот дека доколку не и ги даде парите ќе испрати компромитирачки фотографии од него на неговото семејство и ќе ги објави на социјалните мрежи со цел да ги наруши неговите чест и углед. Продолжувајќи со  истите закани и уцени, на 10 март 2020 година, осомничената го  контактирала оштетениот преку апликациите Viber и WhatsApp, при што побарала од него да и исплати 13.000 евра, намалувајќи ја сумата за 7.000 евра.  Откако оштетениот не се согласил, осомничената испратила компромитирачка фотографија на мобилниот телефон на неговата сопруга. Потоа му се јавила на оштетениот и побарала од него следниот ден, на 11 март во 14:00 часот, да и донесе 1200 евра  во хотел во Скопје, а остатокот од побараните 13.000 евра  да и бидат исплатени до крајот на неделата. Осомничентата се заканила на оштетениот дека доколку не и донесе пари, фотографиите овојпат ќе ги испрати на неговото дете и ќе ги објави на социјалните мрежи.По пријава од оштетениот, обвинителството во соработка со полицијата презеде оперативно технички мерки со цел документирање на настанот. На договорената средба на 11 март во 14:00 часот, осомничената од оштетениот ги зела паричните средства – претходно  крим-технички обработени од ЕУМНА при СВР Скопје, по што полициските службеници ја лишиле од слобода.Во насока на обезбедување непречено одвивање на кривичната постапка, а поради опасност осомничената да се крие или да се даде во бегство, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави  предлог за определување на мерката притвор за осомничената.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still267

Боки 13 ги изнасмеа сите во судницата на рочиштето за „Рекет“: Уште да ме заразите!

Бојан Јовановски во судница презентира докази со кои сака да покаже на судот дека неговата облека не е купувана со пари од рекет. Тој додека презентираше фотографии од неговиот инстаграм профил, присутен во судницата кивна. На ова изреагира Боки 13.„Уште да ме заразите“, искоментира Јовановски на што сите во судницата се смееја. Рочиштето за случајот „Рекет“ ќе продолжи утре со изложување материјални докази предложени од адвокатите на поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева, која е второобвинета во случајот.На 23 март, пак, пред судот треба да се појават дел од поранешните колеги на Јанева, како сведоци предложени од одбраната. Ќе сведочат обвинителите Ленче Ристоска, Трајче Пеливанов, Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

lisici

Приведена 34-годишна жена за уцена

По преземени оперативни мерки, а по претходна пријава на В.П.(44) од Битола дека е уценуван, на 11.03.2020 во 14.45 часот на ул.„Самоилова“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при Секторот за внатрешни работи Скопје ја лишиле од слобода Е.С.(34) од Скопје, со живеалиште во Битола. Според пријавеното, Е.С. се заканувала на В.П. дека ќе објави негови компромитирачки фотографии доколку не ѝ исплати 1.200 евра. Таа била лишена од слобода веднаш по примопредавањето на парите и во консултација со Основното јавно обвинителство, против неа ќе биде кривична пријава по брза постапка поради сомнение за сторено кривично дело „уцена“ по член 259 од Кривичниот законик.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Единствена Македонија до Спасовски: Како не ти е срам, покани две македонски и пет албански партии, во која држава живееш

Таканаречениот технички премиер Оливер Спасовски е голем срам за Македонија. Спасовски заборавил во која држава живее со поканата на гости кај него за моделот на изборната кампања во услови на коронавирусот да одлучуваат две македонски и дури пет албански партии на албанското малцинство во државата.  Овој формат не дава гаранција за решенија во корист на македонскиот народ и сите државјани на Македонија. Овој формат е неприроден, неприфатлив, недозволив и не ја отсликува македонската реалност, се вели во соопштението од Единствена Македнија.Здравјето на луѓето како и одбраната на Татковината е немерливо. Решение за изборната кампања во услови на коронавирус треба да се бара според формулата за учество на 15 партии во следниот формат: турска, српска, ромска, влашка, бошњачка, две албански и осум македонски партии и тоа од најмалку две причини, прво, овој формат овозможува решение со најширок легитимитет прифатено од македонскиот народ и сите малцинства, и второ, изборите на 12 април имаат историско значење оти народот треба да го даде одговорот по кој пат ќе оди Македонија - или ќе се зацементира бришењето на сешто е македонско од марионетската власт во Скопје или ќе победат националните и патриотските сили кои ќе ја вратат државата на изворните илинденски и асномски принципи, се вели во партиското соопштение од Единствена Македонија.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

04032020_MZ_Filipche_pres-konferencija-1

(ВИДЕО)Филипче: Лесно влошување на состојбата кај тројца од деветмината пациенти со коронавирус

Кај тројца  повоздрасни пациенти заразени со коронавирус кои се на Инфективната клиника во Скопје има лесно влошување на состојбата, поради што кај нив се делува со поинтензивна терапија, но дишат самостојно и без потреба од респиратор. истакна предмалку на пресконференција министереот за здравство Венко Филипче.Сите тројца се во над 65/66 години. Во текот на ноќта немаше тестирано пациенти, утрово е јавен еден пациент којшто на 7ми март дошол здрав од Германија, заради висока температура денеска се јавил на Инфективната клиника. Ги очекуваме резултатите, земен е материјал. Јавноста ќе биде известена за неговиот резултат и резултатите на сите оние кои беа во изoлација во врска со првата, а на кои што им истече 14 дневниот период на изолација, истакна Филипче.Министерот посоци дека ние како земја учиме од останатите земји.„Во однос на предвидувањето, навистина е тешко да се каже и ќе повторам тоа што кажав на почетокот, учиме од останатите земји. Пред се од Италија, во интензивна коминикација сме со колеги од Италија, со колеги од СЗО. Се што не сакаме да се случи е Италија, затоа се овие радикални мерки, во оваа ситуација, кога имаме мал број заболеми и кога сме во групата на земји со низок ризок. Предвидување, точна прогноза, апсолутно никој не може да каже. Добро е што бројот на луѓе кои се заболени во Кина опаѓа. И тие воведоа радикални мерки“, истакна минстерот Филипче.Одговарајќи на новинарско прашање Филипче кажа дека треба мерки за превенции да се превземат во судовите:„Судот е место каде што навистина циркулриаат голем број луѓе. Би сакал денес да разговарам со министерката за правда како може да го решиме ова прашање, па ќе видиме како ќе го решиме ова прашање“, рече Филипче.Филипче е категоричен дека Јавното здравје е врвен приоритет.„ Секогаш е приоритет мерките да го постигнат ефектот и да го заштитат здравјето на граѓаните. Тоа и натаму ќе биде нашата цел. Сите мерки кои ги носиме, никогаш не ги разгледуваме низ призма кога почнува или завршува кампањата, односно кога се закажани изборите. Јавното здравје е врвен приоритет“, рече Филипче.Благодарност до волонтерите на Црвениот крст, кои се силна поддршка на сите наши тимови, онаму кадешто побаравме - кадешто има капацитет излегоа во пресрет. Благодарност до апликацијата Мој Воздух, којашто од денеска ги споделува сите активности и иницијативи што ги преземаме. Дозволете согласно прашањата коишто стигнаа и по јавните мрежи и до Министерството за здравство да дадам коментар на уште две работи. Првата е, имаше информација дека се створила паника во Дебар - после проверката заклучивме дека тоа не е точно, градот нормално функционира, но со оглед на тоа што е единственото место кај нас кадешто има кластер на пациенти меѓукои има локална трансмисија, појачан тим од епидемиолози и инфектолози денеска и во текот на утрешниот ден ќе направат подетална епидемиолошка анализа на целото тоа подрачје.Во однос на мерките за пуштање на работниците дома, обврските ги презема компанијата, кадешто работат за овие 14 дена. Сите овие мерки важат до 24.03. https://www.facebook.com/filipce.venko/videos/487950328748846/фото: Архива

Македонија | пред 6 години

boki-13-skopje1mk-Copy-2

Боки 13 со слики докажува дека не купувал облека со пари од рекет

Бојан Јовановски - Боки 13 на денешното рочиште за случајот „Рекет“, во судницата, застанат пред екранот, листа фотографии и „селфи“ од „Инстаграм“ за да докаже дека гардеробата која му е одземена од Обвинителството тој ја купувал уште во 2013 и 2014 година и дека истата не е купена со пари од рекет, како што се товари.„Станува збор за фотографии од предмети кои беа земени од Обвинителството и тоа претставува еден преседан, започна Јовановски, по што беше прекинат од судијката рече Васка Николовска Масевска: „Не сте тука да давате завршен збор”.Тој продолжи со листање на фотографиите, опишувајќи кое парче гардероба му е одземено, а потоа на неговиот профил на „Инстаграм“ покажуваше на кој датум е објавена фотографијата.„Еве на оваа фотографија се гледа 'Луј Витон' торба, фотографирана на 8 февруари 2013 година”, коментираше Јовановски, листајќи ги фотографиите.Понатаму, рече тој има два модели наочари, марка Том Форд во кафеава боја, фотографирани на 10 февруари 2013 година.Следуваа чевли „Луј Витон“, торба од марката „Фенди“, бродарици марка „Шанел“, шапка „Мисони“, очила за сонце „Шопард“, каиш „Луј Витон“, кратки куси пантолони марка Дискверт, шешир „Панама“, „Балман“ ленена блуза, „Џејкобс“ накит, „Том Форд“ наочари, торба „Баленсиага“ која му била подарок од Марина Туцаковиќ, џемпер „Макс&Kо“, наочари „Шанел“, торба „Ив Сент Лорен“, блуза марка „Диор“.Тој се уште во судницата ја набројува гардеробата што му била одземена, а за која тврди дека не била купена со пари од рекет.„Еве, на оваа фотографија се сеќавам добро бидејќи сум сликан на промоцијата на 'Ја излези Ѓурѓо' од Некст Тајм” , искоментира тој за една фотографија.Прикажаните фотографии се направени во период од 2013 до 2019 година.Денешното рочиште ќе продолжи со приложување на докази од страна на осомничениот Јовановски.Како што е предвидено, осомничената Катица Јанева на денешното рочиште треба да ги предложи нејзините сведоци.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ДУИ: Алијанса за Албанците им посакува на граѓаните да се заразат од коронавирус

Од партијата ДУИ во соопштението за медиумите остро ги осудија како што велат „ѓаволските и смртните клетви“ од страна на Алијанса за Албанците и нивниот лидер, Африм Гаши.Според ДУИ, членовите на партијата АА ги проколнуваат граѓаните со желбата да се заразат со смртоносниот вирус.„Додека ние во ДУИ се обидуваме да ги почитуваме упатствата на Светската Здравствена Организација како и на Министерството за здравство преку прилагодување на нашата кампања и преку подготовка и распределување на секојдневни здравствени совети за граѓаните, партијата АА им посакува на граѓаните да се заразат со овој смртоносен вирус. Ова проколнување е потценување и потсмевање со илјадниците жртви од овој вирус. Додека целиот свет се бори да се спасат човечки живот, партијата АА посакува заразување и смрт на сите тие граѓани што не гласаат за оваа партија“, велат од ДУИ.<img class="alignnone size-large wp-image-1302926" src="https://a1on.mk/wp-content/uploads/2020/03/alijansa-za-albancite-837x1024.jpg" alt="" width="837" height="1024" />За жалење се агендите на коалицијата Гаши-Села против исламскиот превез, против администраторите и за заразување на граѓаните со смртоносниот вирус. Оставка сега и веднаш! Граѓаните очекуваат и бараат одговорност. Ова е неприфатливо“, стои во соопштението на партијата.

Македонија | пред 6 години

paricnik

Обвиненија за џепчии​

Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвиненија за три лица за сторено кривично дело – Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик.Со првиот Обвинителен предлог се товарат две лица кои како соизвршители го сториле кривичното дело, кога на 6 март , околу 13:30 часот, на автобуската станица „Рекорд“ во центарот на Скопје одзеле туѓ подвижен предмет и тоа мобилен телефон марка „алкател“ во вредност од 15.000,00 денари. Тие го искористиле невниманието на оштетената, па од џебот на нејзината јакна го одзеле телефонот со намера противправно да го присвојат и се оддалечиле од местото на настанот. Но притоа биле забележани од полициски службеници и лишени од слобода.Со истото обвинение, едно од лицата се товари и за кражба која ја извршил на 4 ноември 2019 година , во 13:00 часот, на ул. Народен фронт во Скопје, кога украл мобилен телефон марка „моторола Е5“ во вредност од 20.000,00 денари, од паркирано возило во близина на КАМ МАРКЕТ. Обвинетиот го искористил невниманието на оштетениот кој вршел достава во продавницата, па ја отворил вратата од ТМВ „Мерцедес“ и го зел мобилниот телефон кој се наоѓал  на седиштето.Јавниот обвинител кој постапува во предметот до судот достави и посебен предлог за продолжување на мерката куќен притвор за еден од обвинетите за кого судот ја имаше веќе определено оваа мерка на 6 март, а во траење од 8 дена. За вториот обвинет судот, на 6 март определи мерки  на претпазливост, но обвинителството, ценејќи дека постои неопходност од обезбедување на присуство на обвинетиот за водење на кривичната постапка, до судот предложи претходно определените мерки на пртпазливост за обвинетиот да бидат укинати, а судот да му определи мерка притвор.Обвинителен предлог денеска Основното јавно обвинителство Скопје поднесе и за уште едно лице кое сторило кривично дело – Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 6 март, околу 15:40 часот, на автобуската станица „Рекорд“ во Скопје, противправно присвоил женски паричник во вредност од 1.300,00 денари во кој имало лична карта и 723,00 денари. Откако од ташната на оштетената го одзел паричникот, обвинетиот бил забележан од полициски службеници и веднаш лишен од слобода. И за него обвинителството до судот достави посебен предлог за продолжувањ ена определената мерка куќен притвор.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

22112019_VRSM_Filipce_press1

(ВИДЕО) Нови мерки против корона вирусот - да се затворат кината и театрите, кафе баровите и кафеаните да работат до 18 часот

Кафулињата и рестораните да работат до 18 часот, а казината и обложувалниците да се затворат, како што рече министерот за здравство Венко Филипче, Комисијата за заразни болести ќе го предложи до Владата на Република Северна Македонија.Предлог мерка е и да се затворат сите киносали, театри, обложувачници и казина.-Со новите мерки предвидено е кафетериите и рестораните да работат со скратено работно време до 18 часот и истите да работат со пола капацитет за да се запази растојанието од еден метар еден од друг. Исто така се откажуваат сите хируршки интервеции и ќе се работи само со итни случаи- вели Филипче.Министерот посочи дека вирусот може да се спречи исклучиво со ригорозни мерки.https://www.facebook.com/filipce.venko/videos/487950328748846/?epa=SEARCH_BOX фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

sindikat-diplomati

Македонскиот дипломатски синдикат: Раководството на МНР сеуште нема преземено елементарни мерки за заштита на своите вработени од ширење на Корона вирусот

Македонскиот дипломатски синдикат го повикува раководството на МНР да се придржува до Законот за административни службеници и да го почитува членот 73 ст. 19 според кој непридржувањето кон прописите за заштита од болест, безбедност и здравје при работа претставува дисциплински престап, се вели во соопштението кое го испратија во медиумите,Во продолжение на истото наведуваат:По природата на својата работа, вработените во Министерството за надворешни работи и во дипломатско-конзуларните претставништва во странство на дневна основа доаѓаат во фреквентна физичка комуникација со лица од странство и домашни лица кои престојувале во странство. Со тоа дипломатијата влегува во редот на ризични професии од повисок интензитет.И покрај тоа, раководството на МНР сеуште нема преземено елементарни мерки за заштита на своите вработени од ширење на Корона вирусот. Како Синдикат побаравме од раководството преземање соодветни мерки и барем набавка на средства на дезинфекција на раце. За жал, по кој знае кој пат, не бевме удостоени со одговор. Ваквата практика на игнорирање не ги решава проблемите, туку напротив, тие остануваат да тлеат и да се натрупуваат. А ги има многу.На страна што игнорирањето на вработените ги надминува дипломатските, туку тоа ги надминува и нормите на доброто однесување. Најмалку што Министерството за надворешни работи може да  направи за здравствена заштита на своите вработени е да одговори на барањата на македонскиот дипломатски синдикат и конкретно да се активира на планот на превенција и заштита на вработените. Што поитно тоа го стори, штетата ќе биде помала.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

martin-janusev

Обвинение за убиството на Мартин Јанушев

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против жител на Скопје на возраст од 28 години, кој го товари дека сторил кривично дело Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот на 03. 11. 2017 година со умисла го лишил од живот сега починатиот  Мартин Јанушев. Утрината на критичниот ден, користејќи дозволено викенд отсуство, обвинетиот ја напуштил КПУ Затвор Скопје – Скопје, каде што издржувал казна затвор во траење од 20 месеци. Тој со умисла да го изврши делото, во попладневните часови истиот ден се движел пешки и околу 18.00 часот пристигнал пред зградата во која живеел Јанушев.  Откако се  сретнал со жртвата пред влезот на зградата, испукал кон него повеќе проектили од огнено оружје марка „Црвена Застава М70“ со калибар 7,65 мм,  нанесувајќи му пет огнострелни повреди – прострелни рани. Од здобиените повреди дошло до прекин на работата на витално важните органи и до смртен исход кај сега покојниот Мартин Јанушев.Истрагата против сега обвинетиот Основното јавно обвинителство Скопје ја отвори во октомври 2018 година, кога од судот побара и да му биде изречена мерката притвор. Со оглед на тоа што сега обвинетиот беше недостапен на органите на прогонот, согласно Законот за кривична постапка, надлежниот јавен обвинител до Министерството за внатрешни работи издаде Наредба за распишување домашна и меѓународна потерница. По една година, на 14.10.2019 година,  лицето беше лишено од слобода и за него почна да се спроведува веќе определената мерка притвор, која по барање на обвинителството е неколкупати продолжувана. Во рамки на сеопфатната истражна постапка, обвинителството обезбеди голем број материјални и вербални докази, релевантни вештачења и анализи, беа испитани и над 40 сведоци.Заедно со обвинението, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на мерката притвор, бидејќи сеуште постои опасност од бегство  на обвинетиот, како и опасност да ги сокрие трагите и да влијае врз сведоците.фото: курир.мк

Македонија | пред 6 години

beba-hari

(ВИДЕО) Принцот Хари бил измамен од истите парнкери кои го измамија поранешниот премиер Зоран Заев

Принцот Хари мислел дека разговара телефонски со Грета Тунберг, па ја отворил душата околу „Мегзит“, зборувал за Доналд Трамп и за светските лидери. За жал, тој добил телефонски повик и бил измамен од двајцата најпознати руски шегаџии кои ја објавија содржината на интервјуто, пренесува The Sun.Пранкерите Владимир Кузњецов и Алексеј Столиаров, коишто се нарекуваат Вован и Лексус, тврдат дека двапати разговарале со Хари преку фиксна линија во неговиот дом на островот Ванкувер, Канада. Тој бил уверен дека од друга страна на линијата е 17-годишната активистка Грета Тунберг и нејзиниот татко. Интервјуата се одвивале на 14 и на 22 јануари. Еден од разговорите бил објавен во понеделникот вечерта на „Јутјуб“ и „Фејсбук“, но сега веќе не е достапен.

Магазин | пред 6 години

Нема фотографија

МВР: Премините „Прохор Пчински” и „Рибарци” затворени за патници и возила

Од изутрината во седум часот се затворени граничните премини Прохор Пчински и Рибарци согласно насоките од Владата на Србија за состојбата со коронавирусот, поради што возилата и патниците од нашите граничните премини што сообраќаат таму ќе бидат пренасочени.Како што информираше Министерството за внатрешни работи, сите патници и возила од преминот Пелинце ќе се пренасочуваат на граничен премин Табановце-Прешево, а тие од нашиот граничен премин „Голема Црцорија” – Голеш (кривопаланечко) ќе се пренасочуваат на граничните премини кои се отворени за слободен проток на моторни возила и лица.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

kovid-19

Апликација за мобилни телефони, со информации како да се заштитиме од коронавирусот?

МојВоздух/AirCare и Министерството за здравство изработија апликација за мобилните телефони која ќе ги информира корисниците за најновите информации од Министерството за заштита од коронавирусот. Министерот за здравство Венко Филипче на својот ФБ профил објави како и каде може да се најде апликацијата:-⚠ КОВИД-19: Добивај ги најновите информации од Министерството за здравство за заштита од корона вирус, директно во AirCare!Преземи ја најновата верзија од Google Play и App Store, и осигурај се дека во менито ја имаш активирано опцијата за нотификации. Сите новости ќе ги има во делот "Вести".Голема благодарност до МојВоздух/AirCare за поддршката која ни ја даваат во овие моменти со справувањето и информирањето за заштита на граѓаните од КОВИД-19.Android: https://getaircare.com/androidiOS: https://getaircare.com/iosСподели, симни апликација и информирај се![AirCare - Air Quality App]https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/a.1819648248342200/2335006350139718/?type=3&theaterфото: ФБ

Македонија | пред 6 години

boking-2

(ВИДЕО) Коосновачот на Booking, Леменс: Без паники состојбата ќе се смири, очекувам групните патувања да се стабилизираат од септември

Бас Леменс - коосновач на Booking  во изјава за Скопје 1 вели кризата со корона вирусот најмногу е предизвикана заради медиумскиот публицитет. Тој вели:Загубите глобално се 50 милијарди долари, во март има преку 50 % од откажувања на аранжмани и закупи. Ударот од целата оваа состојба на глобалниот туризам е голем. Јас навистина сакам да им порачам на луѓето да бидат свесни и да не ги откажуваат патувањата.Во продолжение изјавата на Бас Леменс во целост:фото: Скопје 1

Македонија | пред 6 години

20200311_214307

Полицискиот синдикат прашува: Зошто се  дискриминираат децата на вработените во МВР?

Македонски полициски синидикат реагира, преку допис прашуваат: Зошто се  дискриминираат децата на вработените во МВР?Во продолжение дописот од Македонски полициски синидикат :По повод соопштението донесено на 16’та владина седница, со кое Владата на Република Северна Македонија информира дека донела дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на корона вирусот, Македонскиот полициски синдикат како единствен репрезнтативен синдикат во Министерството за внатрешни работи НАЈОСТРО РЕАГИРА по  точката 13 од Сопштението во која е нагласено: “Вработените лица во Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Министерството за одбрана, Армијата на Република Северна Македонија, противпожарните територијални единици, Царинската управа, како и домовите за нега на стари лица и мали групни домови да се изземат од сите заклучоци, мерки и препораки на Владата”.Ако  еднаквоста на човековите права е едно од  главните општествени начела, а интересот за положбата на децата се смета за еден од најзначајните во секое општество кое има граѓанска определба, како синдикат сметаме прашуваме:Зашто се дискриминираат децата на вработените лица во Министерството за внатрешни работи???Од тие причини го повикуваме раководството на Министерството за внатрешни работи, под итно да изнајде солуција за:1. Ослободување од работа и работни активности на родителот  вработен во министерството во случај кога  двајцата родители родители работат во рамки на Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Армијата на Република Северна Македонија, противпожарните територијални единици, Царинската управа, како и домовите за нега на стари лица и мали групни домови, кои имаат малолетно дете со навршена возраст до 10 години или активно четврто одделение за кого е неопходна домашна грижа. Родителот да биде ослободен од работа и работни активности и неговото отсуство за време на овој период да биде евидентирано како оправдано од работодавачот.2. Ослободување од работа и работни активности на  самохраните родители вработени во Министерството за внатрешни работи.3. Ослободување работа и работни активности на родителот на децата, односно лицата  до 26 години кои се сместени и користат услуги во центрите за попреченост, во случај кога  двајцата родители родители работат во рамки на Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Армијата на Република Северна Македонија, противпожарните територијални единици, Царинската управа, како и домовите за нега на стари лица и мали групни домови.4. Ослободување од работа на  вработени во Министерството за внатрешни работи врз основа на приложена потврда од матичен лекар за следниве состојби:-Хронични респираторни заболувања;-Тешки кардиоваскуларни заболувања;-Дијабет - ТИП1;-Малигни заболувања; и-Имуно-компромитирачки состојби.5. Ослободување работа и работни активности на  бремените жени вработени во Министерството за внатрешни работи.Сите ние вработените во Министерството за внатрешни работи, професијата која што сме ја одбрале и што чесно ја работиме сме свесни дека истата носи  ризици и откажувања од многу права кои што ги има секој граѓанин на нашата држава и  несомнено е дека припадниците во Министерството за внатрешни работи, БИЛЕ, СЕ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАТ НА БРАНИКОТ НА ДРЖАВАТА и  едни од најповиканите кога државата е во тешки моменти, а притоа ни е јасно дека мораме максимално да одговориме на повикот..Но што со децата на вработените во Министерството за внатрешни работи.. Во случај кога воспитно образовните институции се затворени.Кој да ги згрижи нашите деца кога  двајцата родители родители работат во рамки на Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Армијата на Република Северна Македонија, противпожарните територијални единици, Царинската управа, како и домовите за нега на стари лица и мали групни домови?Каде да ги остават во тој случај своте деца вработените во Министерството за внатрешни работи....На улица...???Исто така повторно од Министерството за внатрешни работи бараме да преку службите за општи и заеднички работи до сите организациони единици во Министерството за внатрешни работи  кои што при вршењето на редовните работни задачи се во директен контакт со странки, да им  бидат доставени заштитни маски, гумени ракавици чие носење ќе биде задолжително како и средства за дезинфекција.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

lista

Тасковски: На 12-ти април Македонија се враќа на народот

Горан Тасковски, носител на листата на Македонски Независни Листи – Независна Листа во петтата Изборна единица ИЕ 5, преку допис до медиумите со благодарност до сите кои го дадоа гласот за оваа опција.– Должност и обврска имам да Ве информирам, дека за само пет денови, сите заедно успеевме да собереме 553 чисти, изворни, надежни потписи, и покрај скратените рокови од претходните изборни циклуси од 15 на 10 денови рок за собирање на истите. Морам да истакнам дека останатите 19 јунаци кои беа дел од листата, заслужуваат голема почит и признание за чувството кое го поседуваа дека вистинското време за одбрана на татковината е сега, безусловно, свесно и без лична придобивка прифатија да се борат за Македонија, со разум за можните последици. Сега многу повеќе од било кога, верувам и сум убеден дека нашата татковина – Македонија, има цврсти темели и јасна визија, со народ кој е свесен, разбуден и спремен да ја земе сопствената света и библиска земја во сопствено владение. Околностите кои ми даваат поттик дека сонцето повторно започнува да грее, е фактот дека зад оваа опција, која беше создадена од народот, застанаа членови и симпатизери од сите политички партии, етнички групи и професии. Голема благодарност до Македонското иселеништво за цврстата и искрената поддршка, која беше истакната и од далечина, и со личното присуство во Македонија во рамките на собирањето на потписите. Сакам да дадам и големо признание на медиумите и новинарите, кои се за почит, кои истовремено ми ја вратија довербата во фелата, поради објективното известување и моралната поддршка и топлиот однос, кое ми дава за право да истакнам дека со нашата искреност, планови, проекти и патриотизам, покажавме дека единствената цел за нас е Република Македонија, со тоа им дадовме реална надеж дека во нашата татковина може да биде поразлично од сега. Покрај сите тешкотии, непринципиелности, закани, следења и притисоци, народот им прати порака на сите чинители на таквите дејствувања, дека на 12-ти април Македонија се враќа на народот, порача Тасковски.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Poster

(ФОТО) Креативци напред - идеи за препораките од Владата да стигнат до секого

ФБ статус на министерот за здравство венко Филипче:-Графичкиот активизам и поддршката на креативната заедница е многу важна во информативната кампања за COVID-19. Ги повикувам сите креативци кои сакаат и можат да помогнат во кампањата да го направат тоа. Сите официјални препораки и информации кои им се потребни ги има на овој линк кој редовоно ќе се ажурира.http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/…Ова е одличен пример за ваков активизам и изразувам благодарност до Teano Kardula која го изработи овој постер.фото: ФБ Венко Филипче

Македонија | пред 6 години

gela

(ФОТО) Гелот е за сите вработени, не го крадете!!!

На социјалните мрежи се шири фотографија на која пишува: Гелот е за сите вработени, не го крадете!!!Треба ли коментар???

Македонија | пред 6 години

bubrezi

12 Март – Светски ден на бубрегот

Светскиот ден на бубрегот / World Kidney Day е најодбележуван настан во светот кој се фокусира на важноста на здравјето на бубрезите. Светскиот ден на бубрегот се одбележува секоја година во вториот четврток од месец март, во повеќе од 200 земји ширум светот.И Македонија преку активностите на Здруженијата Нефрон и МЗНДТВО (Македонско здружение за нефрологија, дијализа, трансплантација и вештачки органи) се приклучи кон Светската кампања уште од 2007 год. и од тогаш организираме секоја година различни настани на теми поврзани со бубрежните заболувања. Во 2020 година светската кампања е насочена кон важноста на превенцијата на бубрежните заболувања и гласи: “ОД ПРЕВЕНЦИЈА ДО ДЕТЕКЦИЈА И ПРАВИЧЕН ПРИСТАП ДО НЕГА’’ Бубрежните болести се незаразни болести кои во моментов погодуваат над 850 милиони луѓе ширум светот. Еден од десет возрасни има некоја форма на хронично заболување на бубрезите. Во глобални рамки ХББ (хроничната бубрежна болест) секоја година расте и се предвидува дека во 2040 година ќе биде 5-та болест како причина за смртност на годишно ниво.И во Македонија според статистиката 1 од 10 возрасни има некоја форма на бубрежно заболување.Во краен стадиум на болеста ХББ кога е неопходно да се примени бубрежно-заместителна тералија во март 2020 година со дијализа се лекуваат 1600 пациенти во 23 центри за дијализа. Дијализните третмани во Македонија се редовни, навремени, бесплатни (на товар на ФЗОМ) и обезбедени за секој граѓанин без ралика не неговата припадност (социјална, верска, родова и др) .Од 1977 г. па досега во центарот за трансплантација на бубрези се извршени 420 трансплантации, од нив 90% се трансплантации од познат-жив дарител. Најголем број од пациентите не можат да обезбедат соодветен донор од семејството и очекуваат здравствениот систем и здравствените власти во Македонија сериозно да пристапат и да се заложат за развој на кадаверичната трансплантација на органи преку развој и поттикнување на донирањето на органи после смртта. Неопходно е отпочнување на континуирана Национална кампања за органодарителство.ХББ е болест за која се трошат огромни средства од здравствените буџети. Трошоците за дијализа и трансплантација се надополнуваат со други трошоци за лекување на компликациите кои болеста ги предизвикува. Затоа е неопходно под итно да се воведат нови лекови и нови генерици за бубрежно болните лица ( на дијализа и трансплантирани ) терапија која е достапна во многу земји во регионот, апелираат од Здружението Нефрон.Бубрежните болести можат да се превенираат и лечат доколку наврмено се откријат. Затоа на денешниот ден апелираме најмалку еднаш годишно да ја проверувате функцијата на бубрезите преку едноставни тестови на крвта и урината (мерење на вредностите на уреа и креатинин). Со редовна регулација на крвниот притисок и нивото на шеќер во крвта допринесувате бубрзите да се одржуваат здрави, здравиот начин на живот со редовна физичка активност и консумирањето течности и здрава храна, а одбегнување на косумација на нефротоксични лекови, цигари и алкохол се препораките кон кои треба да се придржува секој човек за да го зачува бубрежното здравје.фото: moezdravje.com 

Магазин | пред 6 години

Mihajlo_Pupin_in_1916

85 години од смртта на светски познатиот научник Михајло Пупин

Светски познатиот научник Михајло Пупин, еден од великаните на физиката и електротехниката, кој дал особен придонес од областа на телекомуникациите, радиотехниката и радиологијата, има македонски корени. Според потомците на родот Пупин, семејството се доселува во Вевчани од Москополе, каде живееле православни македонски и влашки родови.Македонските истражувачи тврдат дека дедото на Пупин, Арсение од Вевчани, тогашна Стара Србија, се преселил во Банат, некогашна Австроунгарија, каде се родил таткото на Пупин. Во Вевчани врз темелите на наводно стара куќа на Пупинови изградиле нова, како спомен-обележје, за чие што уредување добија и значајни средства од европските фондови. Во куќата денес е преноќиште, кафеана и соба посветена на српскиот великан.Михајло Пупин бил професор по физика и математика на Колумбија во САД, го пронашол системот на повеќекратна фотографија и ги открил секундарните рендгенски зраци. Човештвото најмногу го задолжил со решението на проблемот на телеграфски и телефонски пренос на далечина. За своето автобиографско дело „Од имигрант до пронаоѓач“ посмртно ја добил Пулицеровата награда во 1924 година, како и многу други награди со светско значење за својата научна работа.Михајло Пупин имал особена љубов кон Македонија и Охрид, каде давал црковни ѕвона како поклони на охридските цркви, основал фонд за помош на сиромашното население и сл.Целосно обновената спомен куќа на светски познатиот научник Михајло Пупин, се наоѓа во Вевчани, a освен што е сместувачко-угостителски објект, со музејската поставка ги отсликува животот и делото на Пупин.Куќата која се наоѓа во Горно маало е во сопственост на Стеван Пупин, кој живее во Белград.фото: Архива

Магазин | пред 6 години

ohrid-carsija-lugje-leto-guzva2

Затвор ако не ги почитувате мерките за коронавирусот

Парична казна или казна затвор до една година, се предвидува според членот 206 од Кривичен законик за граѓаните кои нема да ги почитуваат препораките на Владата против ширење на коронавирусот. Министерот за здравство Венко Филипче, на прес-конференцијата по седницата на Владата на која ги објави мерките, кажа дека сите физички и правни лица кои нема да се придржуваат кон нив, ќе бидат казнети според член 205 и 206 од Кривичниот законик.„Тој што за време на епидемија на некоја опасна заразна болест не постапи според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна“, стои во член 206 за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.Извор и повеќе на СДК.мк

Македонија | пред 6 години

korona-11

Ако имате симтоми на коронавирус, следете го ова упатство за домашно лекување

Министерството за здравство согласно препораките на СЗО, објави што треба да се направи за безбедно домашно згрижување на пациенти со сомнителна инфекција со новиот коронавирус (2019-nCoV), кои имаат благи симптоми и за спроведување на мерки на здравствена заштита кај асимптоматски лица кои биле во контакт со сомнителни случаи. Упатството е наменето за здравствени работници и здравствениот персонал кој доаѓа во контакт со пациенти суспектни на инфекција со nCoV. СЗО продолжува внимателно да ја следи состојбата со цел добивање податоци за ажурирање на постоечкото упатство за брзи совети.„Со оглед на тековното ограничено знаење за болеста предизвикана од инфекција со 2019-nCoV и начинот на пренесување на инфекцијата, СЗО препорачува сомнителните случаи да се изолираат и да се следат во болнички услови. Ова ќе овозможи безбедна и квалитетна здравствена заштита (во случај да се влошат симптомите на пациентите) како и јавна здравствена безбедност. Како и да е, од неколку можни причини, вклучително и ситуации кога хоспитализацијата е недостапна или небезбедна (т.е. ограничен капацитет и ресурси кои не можат да ја задоволат побарувачката за здравствени услуги), или во случај на согласно одбивање на хоспитализација, може да се превземаат алтернативни постапки за обезбедување на здравствена нега.Доколку постои таква причина, пациентите со благи симптоми кои немаат некое постоечко хронично заболување, како што се белодробни или срцеви заболувања, бубрежна инсуфициенција или имунокомпромитивни состојби, може да бидат згрижени во домашната средина.Истиот принцип на згрижување важи и за симптоматски пациенти на кои веќе не им е потребна хоспитализација. Оваа одлука бара внимателна клиничка проценка и треба да се спроведе преку проценка на безбедноста на животната средина на пациентот.Здравствениот персонал треба да биде вклучен во надзорот на здравствената состојба со следење на развојот на симптомите преку телефонски повици и доколку е можно, преку лични посети на редовна основа (на пр. дневно), извршувајќи специфични дијагностички тестови (по потреба). Покрај тоа, пациентите и членовите на семејството треба да се едуцираат за мерки за практикување на лична хигиена, спроведување на основните мерки за превенција и контрола на инфекција, за тоа како да се грижат за членот на семејството со сомнителна инфекција што е можно посигурно и да го спречат ширењето на инфекцијата на другите членови од семејството.Тие треба да се придржуваат кон следниве препораки:Да го стават пациентот во добро проветрена просторијаДа го ограничат бројот на лица кои се одговорни за грижа за пациентот (по можност да се додели едно лице кое е во добра здравствена состојба). Без посетители.Членовите на семејството треба да останат во друга просторија или, ако тоа не е можно, да одржат растојание од најмалку 1м од болното лице (на пр. спиење во посебен кревет).(Исклучок може да се смета мајка што дои. Со оглед на бенефитот од доењето и незначителната улога на мајчиното млеко во пренесувањето на респираторни вируси, мајката може да продолжи со доењето. Мајката треба да носи медицинска маска кога е во близина на своето бебе и да практикува хигиена на рацете пред близок контакт со бебето. Исто така ќе треба да ги примени и другите хигиенски мерки опишани во ова упатство).Да го ограничат движењето на пациентот и да се минимизира заедничкиот простор. Да се обезбеди добра проветреност (на пр. чувајте ги прозорците отворени) на заедничките простори (на пр. кујна, купатило).Негувателот треба да носи медицинска маска прицврстена на лицето кога е во иста просторија со заболеното лице. За време на употребата, маските не треба да се допираат. Ако маската се навлажнува или се извалка со секрети, веднаш треба да се промени со нова. Да се отстрани маската по употреба и правилно да се измијат рацете.Да се мијат рацете по секој контакт со заболено лице или по контакт со предмети од нивната непосредна околина. Исто така, да се мијат рацете пред и по подготвување на храна, пред јадење, после употреба на тоалетот. Ако рацете не се видливо извалкани, може да се употреби дезинфекциско средство со алкохолна основа за бришење на раце. Да се мијат рацете користејќи сапун и вода кога рацете се видливо извалкани.Кога се користи сапун и вода, пожелно е користење на хартија за еднократна употреба за сушење на рацете. Ако не се достапни, да се користат специјални крпи (пр. пешкири) кои треба да се заменат при навлажнување.Респираторната хигиена треба да ја практикуваат сите, особено болните лица во секое време. Респираторната хигиена се однесува на покривање на устата и носот за време на кашлање или кивање со употреба на медицински маски, маски од ткаенини, проследено со миење на рацете.Да се отстранат материјалите што се користат за да се покријат устата или носот или соодветно да се исистат после употреба (на пр. миење на марамчиња со употреба на сапун или детергент и вода).Да се избегнува директен контакт со телесни течности, особено орални или респираторни секрети и столица. Да се користат ракавици за еднократна употреба при грижа за заболеното лице и при потреба од контакт со столица, урина и отпад. Да се измијат рацете пред и по отстранувањето на ракавиците.Ракавиците, маските и отпадот треба да бидат сместени во посебен сад во просторијата на болното лице пред да бидат отстранети со другиот отпад од домаќинството.Да се избегнува изложеност на контаминирани предмети во непосредна околина на заболеното лице (на пр. избегнувајте споделување на четки за заби, цигари, прибор за јадење, садови, пијалоци, пешкири или постелнина).Приборот и садовите за јадење треба да се чистат со сапун или детергент и вода после употреба и може повторно да се користат наместо да се исфрлаат.Секојдневно да се чистат и дезинфицираат честопати допрените површини, како што се масите, постелнините и другиот мебел во собата на заболеното лице со вообичаено средство за дезинфекција кое содржи средство за белење.Да се чистат и дезинфицираат површините во бањата и тоалетот барем еднаш дневно со редовно средство за дезинфекција кое содржи средство за белење.Да се пере облека, постелнини, пешкири на заболени лица со машина за перење на 60-90°C со детергент и исушете ги темелно. Да се избегнува директен контакт на кожата и облеката со контаминираните материјали и тресење на облеката и постелнините од заболеното лице.Лицата со симптоми треба да останат дома сè додека не се опорават после спроведени клинички прегледи и лабораториски наоди (два негативни тестови на RT-PCR направени со растојание од најмалку 24 часа).Сите членови на семејството треба да се сметаат за контакти и нивното здравје треба да биде под постојан надзор.Управување со контактитеСо оглед на ограничените докази за пренос на 2019-nCoV од човек на човек, треба да се советуваат лицата (вклучително и здравствени работници) кои се во контакт со лица со сомнителна инфекција со 2019-nCoV, 14 дена од последниот ден на можниот контакт да побараат медицинска доколку развијат симптоми – покачена температура, кашлање или дијареја. Треба да се воспостави телефонска комуникација со здравствен работник за време на периодот на следење на контактите. Здравствениот персонал треба да биде вклучен во следењето на здравствената состојба на контактите преку телефон и доколку е можно, преку лични посети на редовна основа, извршувајќи специфични дијагностички тестови (по потреба). Здравствениот работник треба да дава претходни упатства за тоа каде да се побара згрижување кога некој контакт се разболува, кој е најсоодветен начин на транспорт, кога и каде да се влезе во одредена здравствена установа и кои мерки на претпазливост за контрола на инфекцијата треба да се следат:Да се извести болницата дека се транспортира симптоматски контакт.При транспорт до болницата, заболеното лице треба да носи медицинска маска.Да се избегнува јавен транспорт до здравствената установа, ако е можно да се побара амбулантно возило или да се одвезе заболеното лице со приватно возило со отворени прозорци за проветрување, со маска на лицето.Заболеното лице треба да се советува за спроведување на постојана респираторна хигиена и миење на рацете, седење најмалку 1м подалеку од другите лица при транспорт и во тек на престојот во здравствената установа.Соодветна хигиена на рацете треба да се спроведува од страна на контактите на заболеното лице и од страна на негувателите.Сите површини на кои има респираторни секрети и други телесни течности треба да бидат дезинфицирани со средство за белење“, пишува во упатството објавено од министерството за здравство.

Македонија | пред 6 години

Hristijan-Mickoski

Мицкоски: Во овие моменти ВМРО-ДПМНЕ води убедливо, но ова ќе биде тешка и голема битка

Убеден сум и сигурен дека сме пред прагот на една голема и убедлива победа, победа на нова генерација во политиката, победа над неправдите и победа на концепт темелен на вредности. Ова го изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред присутните на Конвенцијата за преставување на кандидатите за пратеници.„Во овие моменти ВМРО-ДПМНЕ води убедливо. Но ова ќе биде тешка и голема битка. Не смее самоувереноста во победа да не удри во глава. Ниту пак славата. Секој глас за ВМРО-ДПМНЕ е важен. Секој човек за ВМРО-ДПМНЕ е важен. Сакаме да докажеме дека сме помудри за грешките од минатото, и не само тоа, туку дека целосно го имаме обновено нашиот круг и нашите вредности“, рече Мицкоски.Претседателот на опозициската партија, во обраќањето оцени дека ВМРО-ДПМНЕ на овие избори оди со многу нови луѓе и двајца натпартиски носители на чело на листите.„СДСМ треба да се казни поради понудата на трговски листи кои се производ на трговија, поткупи и меѓусебни дилови. Тоа се листи за пораз и меѓусебно покривање. Мислат така имунитетот ќе ги штити ако станат пратеници, а треба да се свесни дека ако згрешиле спрема законот нема сила што ќе ги спаси. Измислицата и најновото комично крешендо на Заев беше она посипување со пепел пред промоцијата на листите кога кажа ќе имале тандеми носители. Тоа е апсурд, кога по закон има само еден носител, ама тука е очигледно дека сакаат срамот на носителот да се покрива со уште еден од тандемот“, рече Мицкоски.За носителите од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски кажа дека се луѓе со кредибилитет, чест и образ.„Гордана Силјановска и Игор Дурловски се признати во светот и во своите животи имаат се што би можеле да посакаат успешни професионалци се, но ја немаат слободата и ја имаат загриженоста дека вака повеќе не може. За нив не е проблем да живеат во било кој дел од светот ама пустото каменот тежи највеќе дома и се решија да се борат против неправдите, против неспособноста и против газењето на тие вредности. И кога го гледам нивниот мотив сфаќам колку погрешно се движат работите во земјата и колку мора побрзо да се променат. Дафина Стојановска и Владо Мисајловски се луѓе со кредибилитет, угледни во својата средина, луѓе работници, со чест и углед и знам дека најдобро ќе ја шират нашата мисла и визија. А, Игор Јанушев и Александар Николоски се луѓе кои знаат во каква битка влегуваат, одлучни и искрени и нивната победа ќе значи победа над неправдите, но отпочнување на битка за европеизација на нашата татковина Македонија“, рече Мицкоски.Во однос на тоа што тој не е носител на листа, Мицкоски и во денешното обраќање го повтори ставот дека на листите треба да бидат предложени пратеници, имиња и презимиња со кредибилитет на кои местото им е во парламентот.„Јас со моето име стојам зад сите 120 кандидати за пратеници и не се кријам и овој предизвик го прифаќам и убеден сум во една голема, историски најголема победа. Затоа и Заев избега од идејата за кандидат за мандатар, човекот се плаши и бега. Знае дека и во најпесимистичките сценарија анализирани на Бихакќа ВМРО-ДПМНЕ убедливо победува. Ете тоа е вистината зошто Заев не одговара на тоа што ќе прави кога СДСМ ќе загуби на изборите. Зошто ќе гледа да се спасува како пратеник и ќе го окупира лидерското место во СДСМ. Но, тоа е негова работа и јас во тоа нема да се мешам. Мене ми е целта да ја поразиме неспособноста и да ја вратиме државата на вистинска патека“, рече Мицкоски.фото:Архива

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања