Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

Нема фотографија

(ЖИВО) Пендаровски за состојбата со корона вирусот

Обраќање на претседателот Стево Пендаровски во врска со состојбата со коронавирусот... https://www.facebook.com/SPendarovski/videos/684505202296220/?v=684505202296220&notif_id=1584097181630789&notif_t=live_video

Македонија | пред 6 години

Naum-Stoilkovski

Стоилковски: Филипче 6 дена знаел за случајот со Цаца Биљановска и не постапил

Епидемијата со Ковид - 19 или корона вирусот во Македонија се шири, а за тоа најголема вина има неспособноста и неодговорноста на министерот за здравство Венко Филипче.  Филипче со прикривање на информации и ненавремено реагирање довел до опасност на неконтролирано ширење на вирусот.Зошто го велам сето ова?Според нашите информации, а лесно можат да се потврдат во министерството за здравство, директорката на кожната клиника, Нина Цаца Биљановска, се вратила од својот одмор во загрозеното подрачје на Северот на Италија на први март на ден недела. Веќе следниот ден директорката била присутна на работа, без претходно никаква контрола на граничните премини од каде што влегла, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Тој додаде:Истиот ден на втори март доктор од кожната клиника се јавил во кол центарот на министерството за здравство за да го пријави нејзиното доаѓање од кризно подрачје и да побара реакција од институцијата.Следниот ден на трети март директорката веќе била известена дека е пријавена во министерството од нејзини колеги. И таа утринскиот колегиум го искористила за да се заканува кон докторите од клиниката дека ќе бидат избркани од работа.Се поставува прашањето, кој и дојавил на директорката дека е пријавена во кол центарот?Да биде скандалот уште поголем, докторите од кожната клиника после ваквиот испад на директорката Цаца Биљановска, истиот ден директно го известиле и министерот Филипче, за заканите кои што ги добивале, но и за сомнежот дека директорката може да биде носител на опасниот вирус.Тоа значи дека Венко Филипче уште од трети март знаел за опасноста од ширење на опасниот вирус во една здравствена установа, во склоп на Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“.И ништо не превземал!Првата прес конференција на Филипче за овој случај е дури после 6 дена, на деветти март ден понеделник.Тоа значи дека Филипче свесно дозволил директорката 6 дена да биде во контакт со нејзини колеги, вработени во клиниката, пациенти и да се појави и одржи свое обраќање на симпозиум во еден скопски ресторан на кои што присуствувале 100-тина доктори од Македонија но и од странство.Скандалот да биде уште поголем, Клиниката за кожни болести во понеделникот на деветти март примаше дневни пациенти, додека директорката беше на испитување и веќе пренесена на клиниката за инфективни болести.Резултат на оваа негрижа на Венко Филипче е над 160 медицински лица да бидат во самоизолација, цела една затворена клиника, над 20-тина пациенти од кожна клиника кои што биле пуштени на домашно лекување во самоизолација и уште стотици и стотици луѓе со кои директорката била во директна комуникација.Од тука и директна одговорност за ваквата состојба сноси министерот Венко Филипче, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.фото и видео: ВМРО ДПМНЕ 

Македонија | пред 6 години

Lista

(ФОТО) Ова е најновата листа на земји со среден и висок ризик од КОВИД-19

ФБ статус на министерот за здравство Венко Филипче:-На веб-страницата на Министерство за здравство  поставена е најновата листа на земји со среден и висок ризик од КОВИД-19.👉 http://zdravstvo.gov.mkВо делот „Корона вирус“ (http://zdravstvo.gov.mk) исто така може да ги најдете и сите информации, мерки, препораки, прес-конференции, прашања и одговори поврзани со овој вирус. Да се грижиме за сопственото здравје и здравјето на нашите најблиски. Од нас зависи, #ЗаштитиСе. https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/a.1819648248342200/2335856796721340/?type=3&theaterГрафичкото решение е изработено од Metamorphosis Foundation. Мета - новинска агенција 

Македонија | пред 6 години

rocista

„Титаник“ одложен за 25 март, обвинет користи мерка за коронавирус

Судењето за изборни нерегуларности „Титаник“ продолжува на 25 март поради отсуство на еден од обвинетите кој ги користи мерките од Владата за справување со коронавирусот.Обвинетиот Станко Коруновски на 13 март доставил поднесок до Судот со кое го известува дека ја користи мерката донесена од Владата на РМ за отсуство како родител на дете на возраст до 10 години заради спречување на ширење на коронавирусот.Ист поднесок за користење на мерката поднеле и адвокатите Сања Алексиќ и Петар Василев.Предметот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

centar

(ФОТО) 44та Седница на советот на Општина Центар се одржа на отворено

Се одржа 44-та Седница на советот на Општина Центар на отворено. Сликите ги објави Јон Фрчковски на неговиот фејсбук профил.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=1505349399655013&set=pcb.1505349452988341&type=3&theaterфото: ФБ

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ ги поднесе кандидатските листи во ДИК и ги соопшти носителите на листите

Претставници на Коалицијата Никогаш северна - само Македонија синоќа во 23:55 часот ги поднесоа листите на кандидати за пратеници во Државната изборна комисија.Во изјава за медиумите Билјана Џинго од Единствена Македонија рече:-„Коалицијата Никогаш северна – само Македонија ќе има листи за пратеници во сите седум изборни единици, а носители ќе бидат: Во правата изборна единица носител ќе биде Билјана Џинго од Извршниот комитет на Единствена Македонија, во втората претседателот на ФРОДЕМ, универзитетскиот професор Јове Кекеновски, во третата членот на Извршниот комитет на Единствена Македонија, универзитетскиот професор Вангел Симев, во четворката листата ја предводи претседателот на Единствена Македонија, универзитетскиот професор Јанко Бачев, во петата генералниот секретар на Единствена Македонија Ацо Николовски доипломиран машински инженер, во шестата носител ќе биде Љупчо Столевски претседател на Општинскиот комитет на Единствена Македонија Тетово и во седмата изборна единица каде гласаат нашинците во странство носител ќе биде Живко Атанасов, координатор на Задграничните комитети на Единствена Македонија за Европа и претседател на Здруженијата на македонските друштва во Швајцарија.Ние сме силно уверени дека Коалициија „Никогаш северна - само Македонија„ на 12 април ќе постигне голем успек од кој силно ќе бидат изненадени нашите противници. Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија„ е последната надеж за македонскиот народ и македонската држава. Прва задача на пратенците од Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија ќе биде поништување на антимакедонските договори во Собранието со кои се бришат името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ“ - потенцираше Билјана Џинго.фото: Единствена Македонија 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Важен апел: Државјаните на Македонија кои се во од земјите со висок и среден ризик да го одложат доаѓањето дома

Поради состојбата со Коронавирусот во земјава, согласно заклучоците на Владата од последната седница, се воведува забрана за влез на странски државјани од земјите со висок ризик согласно Листата на Светска здравствена организација објавена на веб страницата на Министерството за здравство.Забраната, како што стои во заклучоците не важи само доколку достават потврда издадена од надлежен орган за спроведен карантин. Исто така, се апелира до државјаните на Република Северна Македонија, кои живеат во држави со висок и среден ризик да го одложат доаѓањето во земјата во овој период.Поради затворање на граничниот премин „Рибарци“ во Република Србија од вчера од 7:00 часот, за премин за патници и возила согласно насоките од Владата на Република Србија, сите патници и возила од граничниот премин „Голема Црцорија“ – Голеш, Кривопаланечко во Република Северна Македонија се пренасочуваат на граничните премини кои се отворени за слободен проток на патници и возила. Од граничниот премин Прохор Пчински патниците и возила се пренасочуваат на заедничкиот граничен премин со Република Србија, Табановце – Прешево.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

debar-5

(ФОТО) Eкипи од Дирекцијата за заштита и спасување синоќа правеше дезинфекција во Дебар

Во текот на вчерашниот ден во рамките на своите надлежности, Дирекцијата за заштита и спасување преку подрачното одделение во Дебар се вклучи во работата на Оперативниот штаб кој беше формиран за справување на терен против ширење на Корона вирусот.Дирекцијата за заштита и спасување со свој тим и комплетна опрема, возила со пумпи за дезинфекција и опрема за РХБ заштита делуваше на терен.Дирекцијата за заштита и спасување со своите човечки и материјално-технички ресурси останува максимално ангажирана за намалување на ризикот од ширење на Корона вирусот. фото: Дирекција за заштита и спасување 

Македонија | пред 6 години

italija-1

Македонка која живее Италија препорачува: Седете дома, не ја правете нашата грешка

Вирусот се шири многу побрзо отколку свеста за опасноста од него. Сфатете ја состојбата сериозно, сугерира наша сограѓанка која две децении живее во Италија. Не ги правете грешките што ги направивме овде. Ве молам сфатете ја состојбата сериозно, останете дома и почитувајте ги препораките на здравствените власти, бидејќи вирусот многу брзо се шири, препорачува Македонката Б.Т. која 23 години со семејството живее во италијанскиот град Римини, објави Дојче веле.Таа во разговор за Дојче веле ги сподели искуствата и грешките кои ги увиделе дури откако епидемијата зеде замав.„И покрај препораките на Владата, овде заканата од вирусот во почетокот не беше сфатена сериозно од граѓаните. Луѓето се движеа во ресторани, во шопинг молови, не запре омиленото играње тенис на плажа, парковите беа преполни... Иако угостителските објекти беа затворени во сабота и недела заради спречување поголема фреквенција на гости, сепак, до неодамна работеа од понеделник до петок од 6 до 18 часот, и граѓаните не се откажаа од излегување во ресторани. Тоа беше грешка. Ве молам, не ја повторувајте нашата грешка. Се‘ треба да се блокира. Вирусот многу брзо се шири и ние се уверивме во тоа, но задоцнето. Непоходно е максимално самоограничување во движењето“, препорачува  таа.Таа уште еднаш потенцира дека самоизолацијата е најбитна.„Грешките што ги направивме овде во изминатиот период сега стануваат видливи. Ако до пред три-четири дена во градов имаше симболичен број на заболени, еден до двајца, таа бројка за три дена нагло порасна на околу 240. Синоќа градоначалникот на социјалните мрежи објави дека за 24 часа бројката „експлодирала“ со 67 нови заболени и стигнала до 312. Затоа велам, не ја повторувајте нашата грешка. Останете дома, заборавете на рестораните, кафулињата, парковите, продавниците... Вирусот се шири многу побрзо отколку свеста за опасноста од него“, предупредува нашата сограѓанка, во изјава за Дојче веле.Текстот во целост: Дојче велефото: The Daily Beast 

Македонија | пред 6 години

12032020_VRSM_17-ta_sednica-1

Детално еве кои мерки ги донесе Владата за спречување на внесување и ширење на Коронавирус

Владата на Република Северна Македонија на својата 17-та седница го разгледа Записникот од состанокот на Координативното тело за прибирање и размена на информации за спроведување на мерките за спречување на појавата, раното откривање, спречување на ширењето и сузбивањето на коронавирус инфекцијата, одржан на 12 март 2020 година, со Листа на дијагнози на хронични состојби и Објаснувањето околу прогласувањето Пандемија од Светската здравствена организација и согласно предлозите изнесени во расправата на седницата, а со цел превенција и ширење на овој вирус, ги усвои следниве заклучоци, мерки и препораки:1. Согласно утврдените категории на лица кои треба да бидат ослободени од работа и работни активности врз основа на приложена потврда од матичен лекар за следниве состојби: 1) Хронични респираторни заболувања; 2) Тешки кардиоваскуларни заболувања; 3) Дијабет - ТИП1; 4) Малигни заболувања; и 5) Имуно-компромитирачки состојби, ја прифати Листата на дијагнози на хронични состојби добиени во консултација со директорите на Клиниките за ендокринологија, пулмологија, кардиологија и нефрологија и тоа:1.1.         Хронични респираторни заболувања:-              ХОББ – Хронична опструктивна белодробна болест – J44-              Астма – J45-              Интестицијална фиброза – Ј841.2.         Тешки кардиоваскуларни заболувања:-              Срцева слабост со EF<40-              Акутен миокарден инфаркт до 3 месеци-              Срцеви заболувања со тешка пулмонална хипертензија-              Тешка аортна и митрална стеноза-              Воспалителни заболувања на срце (миокардит, ендокардит) < 6 месеци-              Имплантиран пејсмејкер или срцев дивајс до 3 месеци-              Длабока венска тромбоза до 3 месеци1.3.         Дијабетес мелитус:-              Дијабетес тип I – инсулин зависен-              Дијабетес тип II на инсулинска терапија со коморбидитети: Миокарден инфаркт, церброваскуларен инсулт, стеноза на периферна циркулација и ХБИ1.4.         Сите малигни заболувања – C00-C971.5.         Имунокомпромитирачки состојби:-              Состојба по трансплантација на бубрег  - Z94.0-              Хроничен нефротичен синдром – N04.9-              Интермитентна хемодијализа – Z99.2-              Состојби со биолошка или комбинирана имуномодулирана терапија - M05, M06, M45.00-              Некротизирачки васкулопатии,  системски еритематозен лупус, дерматополимиозит, системска склероза – M31 – M34.2. Да се прекине со работа и да се затворат кината, театрите, игротеки и  музеи и сите други институции каде што може да се одржуваат масовни собири, настани или концерти и други културно – информативни настани, односно целосна забрана за одржување и организирање на секаков вид на јавни приватни собири, без оглед на обемот и бројот на учесници за време на овој период.3. Да се прекине со работа и да се затворат сите спортски објекти или вежбални, каде што може да се одржуваат секаков вид на собири и настани, без оглед на обемот и бројот на учесници за време на овој период.4. Угостителските објекти, кафетерии, барови, ресторани, клубови, казина и спортските обложувалници да работат со скратено работно време, од 7.00 часот до 18.00 часот, со преполовен капацитет за гости, односно да се задржи минимум неопходно растојание од најмалку еден метар и половина до два метри помеѓу луѓето кои престојуваат во овие објекти.5. Да се забрани влез на територија на Република Северна Македонија на странски државјани од земјите со висок ризик согласно Листата на Светска здравствена организација објавена на веб страницата на Министерството за здравство, освен оние кои ќе достават потврда издадена од надлежен орган за спроведен карантин.6. Да се спроведуваат препораки за казнивост согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик за сите физички и правни лица кои ги прекршуваат донесените решенија од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и истите да се процесуираат до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија за да постапи согласно своите законски утврдени надлежности.7. Имајќи предвид дека граничниот премин „Рибарци“ во Република Србија од денес, 12 март 2020 година (четврток), од 7.00 часот, е затворен за премин за патници и возила согласно насоките од Владата на Република Србија, сите патници и возила од граничниот премин „Голема Црцорија“ – Голеш (кривопаланечко) во Република Северна Македонија да се пренасочуваат на граничните премини кои се отворени за слободен проток на патници и возила.8. Имајќи предвид дека граничниот премин Прохор Пчински од 12 март 2020 година (четврток) од 7.00 часот, е затворен за премин за патници и возила согласно насоките од Владата на Република Србија, сите патници и возила од граничниот премин Пелинце во Република Северна Македонија да се пренасочуваат на заедничкиот граничен премин со Република Србија, Табановце – Прешево.9. За сите хронично болни пациенти чија хируршка интервенција претходно била закажана и постои можност, да се одложи, односно да се извршуваат само итни неодложни хируршки интервенции, особено онколошките.10. Во однос на продолжување на терапијата на хронично болните пациенти кои до сега требало да одат на лекар специјалист, во следните денови да се обратат кај своите матични лекари.Ова мерка не важи за ново дијагностицираните пациенти.11. Во однос на новонастанатата ситуација и локалната трансмисија со ширењето на болеста COVID-19 на територијата на општините Дебар и Центар Жупа, се задолжува Министерството за здравство, во соработка со центрите за јавно здравје, да преземе дополнителни мерки за заштита од ширење на овој вирус, односно да се мобилизираат медицинските екипи со епидемиолог од Охрид и еден инфектолог или доктор (или инфектологот кој е во работен однос во бањите Цапа да се стави во служба и за потребите на центрите за јавно здравје).За овие мерки да се достави извештај до крајот на денешниот ден, со цел Министерството за здравство да објави превентивно соопштение на територијата на општините Дебар и Центар Жупа, за можноста од воведување на карантин.12. Да се прекине специјализацијата на сите државни специјализанти и супспецијализанти вработени во Здравствен Дом Скопје, во период од 14 дена и истите да се вратат на своите работни места во матичната установа.13. Се задолжува Министерството за здравство, во соработка со јавните здравствени установи, веднаш да го зголеми капацитетот за потребите на службата за Домашна посета и во истата да се вклучат докторите по општа пракса кои работат под менторство.14. Се задолжува Министерството за информатичко општество и администрација, во соработка со Министерството за здравство и со телефонските и мобилните оператори, да ја разгледаат можноста за испраќање на циркуларна порака преку мобилните апликации (СМС порака, вибер порака и сл), со препораки особено до помладата популација, за почитување на заклучоците, мерките и препораките во врска со превенција и ширење на болеста COVID-19.За оваа намена, да се разгледа можноста да се искористи постојната мобилна апликација МОЈ ДДВ.15. Се задолжуваат АД М-НАВ Скопје и Министерството за здравство да ги преземат следните активности за информирање на учесниците во авиосообраќајот, за мерките и активностите за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус):15.1.      Се задолжува АД М-НАВ Скопје да ги издаде следните НОТАМ пораки :•             NOTAM 1 –  Авиокомпаниите, преку својот персонал - екипаж се должни за време на своите летови да ги соберат PLF (Passenger Locator Form) обрасците од патниците, да ги разгледаат и да ги предадат на нивниот агент по пристигнувањето во Република Северна Македонија.Овластениот агент од авиокомпанијата, е должен PLF (Passenger Locator Form) обрасците од патниците, да ги достави до Служба за итна медицинска помош на воздухопловно пристаниште ТАВ ДООЕЛ Македонија – Меѓународен Аеродром Скопје и до медицинска служба на Аеродром „Св. Апостол Павле“ - Охрид, задолжени за следење на мерките и активностите за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус).Сите патници, членови на екипажот и оперативен персонал при пристигнувањето со авион во Република Северна Македонија мора да го пополнат PFL образецот.Сите PFL обрасци мора да бидат собрани од екипажот, проверени и преброени и да се предадат на агентот веднаш по слетувањето.•             NOTAM 2 – Авиокомпаниите, по претходно добиени информации од  надлежните служби од Република Северна Македонија, задолжени за следење на мерките и активностите за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), се должни пред да полетаат, да ги известат патниците за мерките на претпазливост кои се на сила при влегувањето во Република Северна Македонија, во согласност со моменталната состојба и со преземените мерки и активностите за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), предложени од Министерство за здравство.•             сите авиокомпании коишто пристигаат во Република Северна Македонија, да ги информираат нивните патници, пред влезот во воздухопловот, за следното:a)            сите странски државјани кои влегуваат во Република Северна Македонија, а кои во последните 14 дена ги посетиле следните земји/територии:(листа на земји за кои ќе важи преземената мерка – листата ќе се обновува на дневна основа и истата до АД М-НАВ Скопје (отсек Нотам) ќе ја доставува Министерството за здравство, на e-mail адреса: notam@mnavigation.mk),  ќе бидат предмет на задолжителна 14 дневна самоизолација.b)            сите странски државјани кои немаат уреден престој во Република Северна Македонија, мора да поседуваат доказ за резервирано сместување.Оваа обврска ќе биде предмет на модификација во зависност од понатамошниот развој на состојбата.c)            сите државјани на Република Северна Македонија, а кои во последните 14 дена ги посетиле следните земји/територии:(листа на земји за кои ќе важи преземената мерка – листата ќе се обновува на дневна основа и истата до АД М-НАВ Скопје (отсек Нотам) ќе ја доставува Министерството за здравство, на e-mail адреса: notam@mnavigation.mk) ,ќе бидат предмет на задолжителна 14-дневна самоизолација.Овој 14-дневен период ќе се смета од последниот ден на престој во земјата/територијата во ризик, согласно листата на земји на Светската здравствена организација.16. Се задолжува Министерството за здравство, редовно, на дневна основа, да доставува листа на земји за кои ќе важат мерките и активностите за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус) до АД М-НАВ Скопје.17. Се задолжува Министерството за здравство веднаш да ја информира Агенција за цивилно воздухопловство за овие заклучоци, мерки и препораки на Владата.18. Се препорачува на ЈП Македонска радио телевизија, редовно, на дневна основа да одвои простор за воспитно – образовна програма наменета за деца од предучилишна возраст и ученици од основно образование која ќе биде изготвена од страна на Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, во соработка со воспитно образовниот кадар од детските градинки и училиштата, Министерството за труд и социјална политика, UNICEF и сите релевантни образовни институции.За оваа цел, се задолжува Министерството за образование и наука - Бирото за развој на образованието, во најкраток можен рок да подготви интервентна воспитно – образована програма на јазиците опфатени во образованиот процес и истата во соработка со ЈП Македонска радио телевизија да ја емитува на дневна основа.Исто така, се задолжува Министерството за образование и наука едукативните материјали да ги споделува и на сите социјални мрежи и канали.19. Да се упати апел до државјаните на нашата земја кои живеат во земјите со висок и среден ризик да го одложат доаѓањето во земјата во овој период.20. Се задолжуваат сите министерства да формираат свои тимови,  да наменат посебна електронска пошта и телефонска линија на која ќе се даваат информации во однос на административните прашања во врска со спроведување на препораките и мерките за справување со коронавирусот COVID-19  и податоците од формираниот тим и контакт податоците да ги достават до Секторот за односи со јавноста на Владата кој истите ќе ги објави на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија.21. Се задолжуваат Министерството за економија, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за транспорт и врски, Министерството за финансии, Управата за јавни приходи и Царинската управа, да номинираат лица за контакт со стопанските комори (за комуникација со реалниот сектор) и кои да бидат доставени до стопанските комори, со цел на редовна основа да  ги добиваат заклучоците од седниците на Владата и навремено да одговараат на поставените прашања во врска со спроведување на препораките и мерките за справување со коронавирусот COVID-19.22. Сите заклучоци, мерки и препораки усвоени од Владата на Република Северна Македонија да се достават до сите министерства, со цел објавување на истите на нивните веб – страници.23. Се задолжува Министерството за здравство, сите материјали поврзани со спречување на ширење на коронавирусот COVID-19, да ги преведе и на албански јазик.24. Се задолжува Министерството за надворешни работи, преку дипломатско – конзуларните претставништва на Република Северна Македонија, да ги информира нашите државјани во странство за земјите со висок ризик, согласно Листата на Светската здравствена организација.25. Го разгледа Барањето на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија за реализација на Проектот Бањско климатска рекреација за 2020 година и заклучи реализацијата и спроведувањето на првата група од Проектот да се одложи.26. Се задолжува Секторот за односи со јавност на Владата на Република Северна Македонија овие заклучоци, мерки и препораки веднаш да ги објави на веб страницата на Владата и истите да ги достави до сите пишани и електронски медиуми, со цел редовно информирање на граѓаните.Имајќи го предвид претходно наведеното, заради наредување мерки за спречување на внесување и ширење и можноста од заразување од Коронавирус COVID-19, a со цел обезбедување заштита на здравјето на населението на територијата на Република Северна Македонија, Владата донесе Одлука врз основа на член 58 став (1) од Законот за заштита на населението од заразни болести („Службен весник на Република Македонија“ бр. 66/04, 139/08, 99/09, 149/14, 150/15 и 37/16),Оваа одлука ги опфаќа сите мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирусот COVID-19 донесени на сите седници на Владата кои со тоа добиваат правна основа за нивно спроведување.Во прилог на ова соопштение одлуката ви ја пренесуваме во целост:О Д Л У К Аза мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19Член 1Со оваа одлука заради спречување на внесување и ширење и можноста од заразување од Коронавирус COVID-19, а со цел обезбедување заштита на здравјето на населението на територијата на Република Северна Македонија, се наредуваат следниве мерки:1. Се забранува воспитно – образовниот процес и одржување на настава во сите детски градинки, центри за ран детски развој, дневни центри, основни и средни училишта.2. Се забранува одржување на наставата во високо – образовни установи и јавните научни установи.3. Да прекинат со работа ученичките и студентските домови, библиотеките, театрите, кино салите, музеите и детските игротеки.4. Се забранува посета на сите вон училишни активности и други приватни активности кои децата ги извршуваат вон наставата, (посета на воспитно – образовни активности, курсеви, дополнителни часови, спортски тренинзи и сл.).5. Се забранува одржување и собирање на масовни собири и настани на отворен и затворен простор, секаков вид на јавни и приватни собири, како и сите културни, информативни, спортски настани и манифестации, без оглед на обемот и бројот на учесници, во јавни објекти и други јавни места (кино сали, театри, музеи, библиотеки, спортски објекти, вежбални и детски игротеки).6. Се затвораат сите спортски објекти, вежбални, спортски сали каде што може да се одржуваат секаков вид на собири и настани, без оглед на обемот и бројот на учесници.7. Се забранува одржување на сите спортски настани и натпреварувања пред присуство на гледачи (публика).8. Се забранува користење од секаков тип на пливачки базени на територијата на Република Северна Македонија.9. Се забранува работа на угостителските објекти, кафетерии, барови, ресторани, клубови, казина, спортски обложувалници, од 18.00 часот до 7.00 часот наредниот ден и истите да работат со преполовен капацитет за гости, односно да се задржи минимум неопходно растојание од најмалку еден метар и половина до два метри помеѓу луѓето кои престојуваат во овие објекти.10. Се забранува за сите органи на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, а се укажува на единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија, јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, како и се препорачува на приватниот сектор, одржување на  настани, патувања, собири, обуки, семинари, конференции и друг тип на средби и да ги откажат истите.11. Се забранува користење на годишни одмори, платени и неплатени отсуства од сите вработени лица во здравствениот сектор, а се прекинува специјализацијата на сите државни специјализанти и супспецијализанти вработени во Здравствен Дом Скопје и истите се враќаат на своите работни места во матичната установа.12. Се забранува на економските оператори и производители од Република Северна Македонија, извоз на медицинска опрема и медицински средства и материјали, потребни за справување со Коронавирус COVID-19, освен за оние за кои е добиена посебна дозвола издадена од Министерство за здравство.13. Се забранува организиран меѓународен автобуски превоз  (автобус, комбе, минибус и сл.) кон високо ризичните земји согласно Листата на Светската здравствена организација, како и од тие земји кон Република Северна Македонија,14. Да се забрани влез на странски државјани од земјите со висок ризик, согласно Листата на Светската здравствена организација објавена на веб страницата на Министерството за здравство на линкот: zdravstvo.gov.mk/wp-content/uploads/2020/03/Spisok-na-zemji11.03.2020.pdf, (во натамошниот текст: Листата на Светската здравствена организација), освен оние кои ќе достават потврда издадена од надлежен орган за спроведен карантин.15.          Во случај на појава од патници на граничните премини на Република Северна Македонија од земјите со висок и среден ризик согласно Листата на Светската здравствена организација, истите задолжително да спроведат самоизолација.Член 2Мерките од член 1 од оваа одлука ќе се применуваат до 24 март 2020 година, освен мерката број 7, која ќе се применува 30 дена од денот на влегувањето во сила на оваа одлука.За временскиот период од ставот 1 на овој член, задолжително се почитуваат и другите мерки, препораки и насоки усвоени од Владата на Република Северна Македонија на предлог на надлежните органи на државната управа и другите координативни и стручни тела во врска со спречување на ширењето Коронавирус COVID-19.Член 3Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, односно на 13 март 2020 година.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

13022020_PVRSM_Spasovski_AMS3

Владата размислува за прв карантин во Македонија поради коронавирусот

Дополнителни мерки за заштита од ширење на коронавирусот се препорачуваат во општина Дебар и Центар Жупа, согласно заклучоците на Владата од последнта седница, а по преземените мерки и извештајот што треба да се достави до крајот на денот, Министерството за здравство ќе објави соопштение за можноста од воведување карантин на територијата на општините Дебар и Центар Жупа.– Во однос на новонастанатата ситуација и локалната трансмисија со ширењето на болеста COVID-19 на територијата на општините Дебар и Центар Жупа, се задолжува Министерството за здравство, во соработка со центрите за јавно здравје, да преземе дополнителни мерки за заштита од ширење на овој вирус, односно да се мобилизираат медицинските екипи со епидемиолог од Охрид и еден инфектолог или доктор (или инфектологот кој е во работен однос во бањите Цапа да се стави во служба и за потребите на центрите за јавно здравје). За овие мерки да се достави извештај до крајот на денешниот ден, со цел Министерството за здравство да објави превентивно соопштение на територијата на општините Дебар и Центар Жупа, за можноста од воведување на карантин, стои во заклучокот од Владата.

Македонија | пред 6 години

koronavirus

Тестирани уште 12 лица, сите негативни на коронавирусот

Министерството за здравство информира дека вчера попладнето на корона вирус беа тестирани 4-те лица од Струмица - поврзани со првата пациентка. Нивните тестови се негативни на вирусот. Исто така, беа тестирани и други 8 сопатници од Скопје на истата пациентка и нивните резултати беа негативни на корона вирустот.Практично, сите сопатници од комбето на прво заболената кои во изминатите две недели беа во домашна изолација се негативни на вирусот.По последната информација дадена во текот на вчерашниот ден од Министерството за здравство, на корона вирус беа тестирани уште 7 лица со индикации и нивните тестови се негативни.Во моментов на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се хоспитализирани 9 пациенти, од кои 8 се позитивни на вирусот, а по вториот контролен тест, првозаболената е негативна на вирусот,  што значи дека таа не е повеќе инфективна, но останува на болничко лекување до нејзиното целосно закрепнува.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

granica-carina

Ограничен влез-излез за сите патници кои ќе патуваат на ГП „Стење“, ГП „Св Наум“ и ГП „Блато“

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека од пограничните служби на Р.Албанија сме известени дека почнувајќи од 06.00 часот на 13.03.2020 заклучно со 15.03.2020  до 24.00 часот ќе биде ограничен влез излез за сите патници од страна на граничните власти на Република Албанија, кои ќе патуваат на ГП Стење, ГП Св Наум и ГП Блато.Оваа одлука е донесена за сите лица кои патуваат со превозни средства кои се движат кон и од градовите Тирана, Дурс, Скадар, Елбасан, Леже, Лушне, Фиер и Валона. Исто така, известени сме дека ќе биде дозволен излез на државјани на Р.Албанија кон РСМ во зависност од подрачјето каде живеат и гравитираат кон овие гранични премини.Странските државјани ќе можат да остварат влез на наведените премини, но нема да можат да се движат кон наведените градови.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

2-3

(ФОТО) Охрид празен, угостителите ставија клуч на објектите

Охридските кафулиња и ресторани вечерва празни. Угостителите ги затворија своите објекти. Тие ја почитуваат препораката на комисијата за заразни белести, која наложи угостителските објекти да работат до 18:00 часот, како една од низата превентивни мерки за заштита од корона вирусот.Еве како изгледа Охрид вечерва.   

Македонија | пред 6 години

12032020_PVRSM_Spasovski_Vladin_ekonomski_tim_sredba_so_pretstavnici_na_stopanskite_komori-3

Средба Влада со стопанските комори: Да не се направат застои во економските процеси

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, и заменичките на претседателот, Радмила Шекеринска и Мила Царовска заедно со владиниот економски тим и повеќе министри, денеска одржаа работна средба со претставници на стопанските комори во земјата на која се разговараше за ситуацијата со вирусот „КОВИД-19“ и индикациите врз економијата и животот на граѓаните.На средбата беше заклучено дека ширењето на корона вирусот е заеднички проблем, дека во оваа ситуација сме сите заедно и дека заеднички треба да ги решаваме проблемите.„Ви благодарам што одговоривте на нашата иницијатива, денешната средба е многу важна, бидејќи во оваа ситуација за решавање и ублажување на проблемите кои евентуално би се појавиле во иднина сме заедно и заедно ги подготвуваме сите мерки кои ќе помогнат да немаме застој во економијата и нема да пречат во продолжување на работниот процес на компаниите“, рече премиерот Спасовски на денешната средба на која присуствуваа и претставници на Царинската управа, Управата за јавни приходи и Народната банка.Премиерот Спасовски нагласи дека денешниот состав на присутни министри и претставниците на бизнис асоцијациите е всушност работна средба на Кризен штаб, кој во овој состав ќе продолжи да биде во редовна комуникација во наредниот период кога се применуваат мерки и се упатуваат пораки во врска со справувањето на евентуалните кризи при справувањето со корона вирусот. Беше констатирано дека  пораките и одлуките во врска со корона вирусот се носат и се пренесуваат на централно ниво, дека Владата ќе продолжи со комуникацијата и координацијата со стопанските комори и ќе излезе во пресрет на реалните потреби за поддршка во одредени сектори доколку за тоа има потреба.„Потребно е сите заеднички да ги почитуваме мерките, кои ги преземаме, бидејќи очигледно е според искуствата на други земји, дека каде се преземени радикални чекори таму има и позитивни резултати за справување со кризата во економијата“, рече премиерот Спасовски информирајќи ги присутните дека комуникацијата и информирањето на сите граѓани се одвива на високо ниво, за да се избегнат дезинформациите, лажните вести и создавањето паника.Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања и координација со економските ресори, Мила Царовска информираше дека е во постојана комуникацијата со претставниците на бизнис секторот во земјата и веќе е разговарано за реорганизација на производствените процеси и воведување на нови смени доколку е потребно.„Компаниите коишто имаат потреба да ја реорганизираат својата работа во смени, тоа да го направат за да нема застој во работењето, а работниците коишто имаат деца до 10 години да соработуваат во реорганизацијата. Исто така ги повикуваме компаниите коишто имаатможност да ја организираат својата работа од дома и со тоа да го спречат ширењето на корона вирусот“, рече Царовска.Претставниците на Владата информираа за дополнителните мерки кои во изминатите два дена се донесени, а кои се однесуваат на подобрување на информираноста и достапноста на потребните информации на сите граѓани во врска со вирусот „КОВИД-19“, преку кол центарот, преку објавување на сите информации на сајтот на Владата, преку објавувања на сите заклучоци и мерки од страна на Македонската информативна агенција, Македонската радио телевизија, како и со секојдневните прес-конференции на министерот за здравство Венко Филипче.фото:

Македонија | пред 6 години

Romanovce

Уште една жртва од експлозијата во Романовце, почина 10 годишно дете

Десетгодишното дете кое беше повредено во експлозијата на плинска боца во Романовце, почина денеска во Градската болница „Св.Наум Охридски“ каде што беше хоспитализирано.Починатото дете имало 70 проценти изгореници на телото. Тоа е осма жртва од несреќата во Романовце.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

petar-1

„Македонски коцепт“ поднесе кандидатски листи за пет изборни единици

Рокот за поднесување кандидатски листи до Државната изборна комисија (ДИК) за закажаните предвремени парламентари избори за 12 април завршува вечерва на полноќ.Кандидатски листи за пет изборни единици поднесе и „Македонски концепт“.Инаку кампањата за изборите треба да започне на 23 март, но како ќе се одвива изборниот процес во следниот период ќе зависи од одлуките на техничката Влада за спроведување на изборите, имајќи ги предвид околностите и мерките преземени поради сппречувањето на ширењето на корона вирусот во земјата и во светот.фото: Архива.

Македонија | пред 6 години

40_sednica_12032020002

Заврши четириесеттата седница на Охридскиот совет

Со обемен дневен ред од 65 точки, дополнет со уште три нови, денес се оддржа четириесетттата седница на Советот на Општина Охрид. Во најголем број точките од дневниот ред се однеуваа на усвојување на извештаи за работата на општинските сектори и одделенија, јавните претпријатија, училиштата и Територијалната противпожарна единица. Сите точки на дневниот ред беа усвоени, освен дополнителните, кои се однесуваа на предлозите за изработка на локална урбанистичка планска документација во КО Долно Лакочереј и одлуката за времен прекин на постапки за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти и начинот на спроведување на постојните урбанистички планови.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 6 години

korona-virus-2

Што е пандемија?

По синоќешната објава на Светската здравствена организација дека глобалната криза од коронавирус прерасна во пандемија, министерот за здравство Венко Филипче преку својот фејсбук-профил појаснува што што значи прогласување на пандемија.– Пандемска епидемија или пандемија е состојба на ширење на заразна болест на широка територија, повеќе држави или континенти, а особено кога има ширење на поголема територија на нова непозната болест.Светската Здравствена Организација прогласни Пандемија на новиот корона вирус CoVid-19 и поради фактот дека се работи за нов вид на Корона вирус, како и поради фактот дека е проширено на повеќе континенти.Пандемијата, согласно CDC има свои 6 фази:Фаза 1: Интервал на истражување (Investigation Interva)– Нов тип на вирус е идентификуван и се истражува во животни или луѓе било каде во светот, а за кој што се смета дека може да има влијание на луѓето.Фаза 2: Интервал на препознавање/идентификување (Recognition Interval)– Интервал кога се зголемуваат бројот на случаи, или пак кластери на случаи, истите се идентификуваат и се зголемува можноста и ризиокт за пренесување на вирусот од човек на човекФаза 3: Иницијален интервал (Initiation Interval)– Интервал кога се потврдени случаи на вирусот и е потврден преносот од човек на човек.Фаза 4: Интервал за забрзано ширење (Acceleration Interval)– Интервал кога вирусот се шири помеѓу населението, односно лицата кои се подложни истиот. Јавно здравствениот систем превзема мерки за намалување на ширењето како штои се затворање на училишта, дава препораки за намалување и сигурна комуникација и слично, а во зависност од вирусот се обезбедува вакцина или антивирална терапија.Фаза 5: Интервал на опаѓање (Deceleration Interval)– Интервал кога се забележува константно опаѓање на бројот на заболените лица.Фаза 6: Интервал на подготовка (Preparation Interval)– По завршување на Пандемијата, Јавно здравствениот систем го следи трендот и се подготвува за евентуален нов напад од тој висру врз основа на искуствата и научните сознанија, појаснува на ФБ министерот Венко Филипче.фото: 24online.info 

Македонија | пред 6 години

karticki

Народната банка апелира да не се користи готовина, плаќањето да се врши со картички

Заради заштита на јавното здравје и превенција од коронавирус, Нардоната банка апелира да се избегнува користење готовина и плаќањата да се вршат со платежни картички.Исто така, НБРМ апелира да се избегнува посета на експозитурите/филијалите на деловните банки, како и на штедилниците и менувачниците и банкарските услуги да се користат преку сервисите за електронско, мобилно и телефонско банкарство.За упатување прашања, консултации и дописи до Народната банка, да не се доаѓа лично во просториите на Народната банка, туку тоа да се оствари преку е-адресата info@nbrm.mk преку официјалните страници на Народната банка на социјалните мрежи или на телефонските броеви 02/3108 108; 02/3108 219; 02/3108 212. За информации поврзани со кредитните работи со странство или други прашања во доменот на Дирекцијата за статистика на Народната банка, комуникацијата може да се оствари преку е-адресата contact.statistika@nbrm.mk или преку телефонскиот број 02/3215-235, локал 123, 128, 120, 129, 126, 121 или 125.Од НБРМ информират дека се откажани учествата на вработените во Народната банка на конференции, семинари и обуки организирани од страна на надворешни субјекти, откажани се сите настани организирани од Народната банка, како и состаноците со надворешни субјекти.Други мерки што ги презема Народната банка како превенција од ширењето на коронавирусот:– Музејот и Библиотеката и архивот на Народната банка ќе бидат затворени за посетители;– Нема да се одржуваат организирани посети за финансиска едукација;– Приемот на налози за извршување плаќања за државата и државните органи ќе се врши до 11 часот. Подигањето документи за подигање ефектива од трезорот ќе се врши во редовните термини од 13 до 14 часот исклучиво преку писарницата на Народната банка;– Исплатата и приемот на девизи од овластените лица на државните институции ќе се врши секој работен ден од 14 до 15 часот, исклучиво преку писарницата на Народната банка;– Издавањето извештаи за податоци од кредитниот регистар ќе се врши само во вторник и четврток, од 15 до 16 часот, исклучиво преку писарницата на Народната банка;– Приемот на странки за замена на оштетени пари, за купување книжни и ковани пари за нумизматички потреби, како и на странките заинтересирани за купување ковани пари за колекционерски цели, ќе се врши единствено во понеделник, во периодот од 12 до 13 часот.„Народната банка на редовна основа го анализира ризикот од ширење на заразата со вирусот Ковид-19 (коронавирус). Доколку е потребно, овие правила ќе бидат променети“, се наведува во соопштението.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

dauti

Судското рочиште за „ТНТ“ се одложува поради коронавирусот

Во Кривичниот суд се одржуваат сите судења за кои постојат законски услови истите да се одржат, а судот доследно ги почитува препораките на Владата за превенција од ширење на коронавирусот, информираат од Основен кривичен суд Скопје.Адвокатот Мерџан Даути со соопштение до јавноста објаснува зошто се одложи ТНТ. Во дописот кој го испрати до медиумите се вели:-Во врска со информацијата на некои портали, дека денешното рочиште позната во јавноста „ТНТ“, намерно се одлага, Ве информирам дека:– сопругот на мојата странка која ја бранам, имал непосреден контакт со докотор кој е вокарантин поради coronavirus (COVID-19),– постои можност, мојот клиент да е во ризична категории, т.е. е пензионер и со определениздраствени проблеми,– странките во постапката, како и судиите, преставниците на невладите организации,новинарите имаат семејства во кои има лица од ранливи категории и сите ние сме изложенина ризик,– судот не пружи никакви мерки за заштита, т.е. нема дизефекција на судниците, не се седина растојание од 1,5м при што согласно препораките на министестерството за здраство,напротив во мали простории без соодветна вентилација се наоѓаме и по 50 лица,– напоменувам дека во судот секој ден се спроведуваат лица од притвор, затвор и куќенпритвор со недезифецирани возила.Па се поставува прашањето: Кој и во какви услови ќе ги лекуваат тие луѓе?– Што ако се заразат полициските службеници што вршат спровот, тоа директно влијае накапацитетот на безбедносниот сектор на кој во вакви околности паѓа голем дел од товаротза заштита на јавното здравје, се вели во соопштението од Адвокатот Мерџан Даути.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

obedineti-za-makedonija-OM

ОМ се приклучи на Коалицијата „Можеме“: Татковината ни е натпартиска идеологија!

Оценувајќи дека не е време да има идеолошки натпревар и поделби на  проевропските сили во земјава, согледувајќи ги опасностите од обнова  на режимот и повторно назадување на нашата Македонија, решивме да пристапиме кон Коалицијата „Можеме“, се вели соопштението од Обединети за Македонија.Тоа го направивме од повеќе причини:1. Како ВМРО за Македонија, ќе се бориме да создадеме реални услови за идеолошки натпревар внатре од Собрание. Мора да создадеме демократски услови во нашата држава за да може да има фер борба на идеи меѓу левицата, центарот и десницата.2. Решивме да ги тргнеме идеолошките разлики, бидејќи како патриоти кои си ја сакаме татковината - таа е натпартиска цел. Обнова на режимот не ни е потребна.3. Довршување на започнатите процеси за реформи во судството.4. Обезбедување услови за почеток на преговорите на РС Македонија во ЕУ.Затоа, ги тргнавме идеолошките разлики и решивме да се обединиме под македонското знаме! Додека не се врати целосно демократијата и системот не профунцкионира, обединувањето е решение!фото: Архива

Македонија | пред 6 години

koronavirus

Негативни тестовите на лицата кои беа тестирани денеска

Министерството за здравство информира дека резултатите на сите кои денеска се тестираа се негативни на коронавирус.Претпладнево на корона вирус беше тестирано едно лице кое на 7 март пристигнало во земјава од Германија, како и осум лица поврзани со првата заболена пациентка од Скопје – сопатници и блиски контакти, кои во изминатите две недели беа во домашна изолација.Патниците од Струмица кои исто така поминаа 14 дена во домашна изолација, а пристигнаа со првата заболена пациентка на коронавирус ќе бидат тестирани утре.Попладнево на Седница на Владата ќе бидат дискутирани мерките кои ги препорача Министерството за здравство по состанокот со Комисијата за заразни болести и Комисијата за следење и информирање за коронавирусот. За заклучоците, Владата и Министерството за здравство ќе информираат по завршување на Седницата.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

oliver

Спасовски: Изборната кампања ќе се прилагоди според препораките на институциите

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски, веднаш после координативна средба со партиските лидери, одржа прес-конференција на која информираше за најважните прашања од состанокот на кој учествуваа замениците претседатели во Владата Радмила Шекеринска, Мила Царовска, Бујар Османи, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за образование и наука Арбер Адеми, потоа претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, како и лидерите и други претставници на СДСМ, на ВМРО-ДПМНЕ, на ДУИ, на движењето Беса, на Алтернатива, на Алијансата на Албанците и на ДПА.Во продолжение на ова соопштение, ви ја пренесуваме изјавата на премиерот Спасовски во целост:Како што знаете, пред малку заврши средбата со партиските лидери која што ја свикав за взаемно информирање на ситуацијата со која се соочуваме.Јас и министерот за здравство Филипче информиравме детално за некои аспекти на преземените мерки и активности, и ги отворивме сите опции за идниот развој на настаните и за нашите одговори на нив.За мене претставува очекувано задоволство тоа што на состанокот се обедини заеднички став дека е најважно здравјето на граѓаните. Тоа е пред сѐ и над сѐ.Нема поважна работа од здравјето на граѓаните.Во таа насока побарав согласност, и тоа беше прифатено, дека е неопходно сите да покажат одговорност и да се однесуваат одговорно. На дело да дојде до израз максималната лична одговорност, и максималната одговорност за заедницата и за јавното здравјеСите институции постапуваат соодветно, ја следат внимателно состојбата и делуваат со препораки и мерки на дневна основа соодветно на развојот на ситуацијата.Исклучително, суштински важно да се почитуваат препораките, заклучоците и одлуките на Владата кои се донесуваат врз основа на стручните тела за справување со корона вирусот на Министерството за здравство.Светската здравствена организација прогласи пандемија и тоа е уште една причина повеќе за уште поголема одговорност на сите.Соодветно на оваа новонастаната глобална ситуација, секоја земја има право да воведе автентични мерки, и ние тоа ќе го направиме. Се повикуваме на искуствата на другите, но и на нашите капацитети и потенцијалиСе разгледуваат дополнителни мерки кои произлегуваат од веќе усвоените мерки и кои треба да се засилат или унапредат.На седница на Владата која што ќе ја одржиме денеска ќе го разгледаме предлогот на епидемиолозите за забрана на сите јавни и приватни собири без разлика на бројот на присутни граѓани.Ќе го разгледаме и предлогот кафетериите и рестораните да работат скратено и со намален капацитет на гости. Исто така ќе го разгледаме и предлогот да се откажат сите театарски, кино и други културни настани.За сето ова разговаравме на средбата и уште еднаш се согласивме дека сите, буквално сите, вклучително и политичките партии, дека мерките се за доброто на сите граѓани. За заштита на здравјето на народот, за побрзо и ефикасно справување со ситуацијата.Наша должност е сите одговорно да ги почитуваме и следиме.Сакам да ги уверам граѓаните дека институциите, односно Министерството за здравство, имаат доволен број заштитна опрема, маски, ракавици, дезинфекциони средства и друга опрема, и тоа не треба да биде прашање за загриженост.Дополнително, постојано се надополнуваат резервите, и се прават нови набавки. Владата даде задолженија секоја институција да спроведе набавка на заштитна опрема согласно нивните проценки.Многу е важно, сите политички партии да покажат одговорност пред здравјето на граѓаните, да ги следат препораките на институциите и нивните активности, и кампањата да ја прилагодат на она што го налагаат институциите.Да бидат пример и да ги почитуваат сите мерки кои ги преземаат институциите.Дозволете ми на крајот да истакнам уште една заедничка согласност од координативната средба.Го охрабривме апелот на Министерството за внатрешни работи до граѓаните - корисници на социјалните мрежи да не споделуваат и да не шират непроверени односно „лажни“ вести околу вирусот Ковид 19.Лажните вести создаваат неоснована паника и имаат далекусежни последици и врз општествената состојба но и врз колективното здравје на граѓаните.Се согласивме дека постојано ќе апелираме до медиумите и корисниците на социјалните мрежи да се повикуваат единствено на официјално објавените податоци од надлежните институции. За сите потребни информации да се обратат до Министерството за здравство, секторот за односи со јавност во Владата или останатите релевантни институции, кои постојано ја информираат јавноста со обновени податоци неколку пати во текот на денот. Сите заедно да придонесеме да ја совладаме оваа состојба.фото:Архива

Македонија | пред 6 години

zaev-izjava

Заев: Предизборната кампања ќе биде целосно усогласен и прилагоден на мерките од Владата

Одржавме продуктивна, конструктивна средба на која разговаравме за решенијата на институциите за справување и надминување на состојбите со вирусот Ковид – 19, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев.Добро е што сите се сме на иста маса околу она што е најважно, а тоа е заштитата на здравјето на граѓаните, затоа што здравјето секому треба да му биде над се останато.Повторувам, здравјето на граѓаните во моментов е, и мора да биде највисок приоритет на сите институции и сите политички субјекти.Во таа насока се и новите мерки што денеска беа соопштени, како што е забраната за собири и јавни настани, но и препораките за кафичите и рестораните да обезбедат соодветно растојание меѓу гостите.На сила се уште се мерките што претходно беа утврдени. Градинките, училиштата универзитетите се уште нема да работат. Останува обврската еден од родителите на деца до 10 години кои се ослободени од градинка или училишта да бидат ослободени од работа. Апелирам до граѓаните на кои оваа обврска им е оневозможена, веднаш да пријават во Државниот инспекторат за труд.На средбата денеска утврдивме дека начинот на водење на предизборната кампања ќе биде целосно усогласен и прилагоден на мерките, заклучоците и препораките што ги добиваме од Министерството за здравство и владините институции.Овие мерки се за доброто на сите граѓани, за заштита на здравјето на народот, за побрзо и ефикасно справување со ситуацијата. Имаме должност и одговорност сите да ги почитуваме и следиме. Апелирам, до сите граѓани и сите партии, да не мрднеме ниту милиметар од препораките на надлежните институции.Институциите покажаа капацитет и умешност во одржување на вирусот под контрола. Убеден сум дека со заедничка посветеност, со активен придонес на сите граѓани на сите институции, на сите политички субјекти оваа состојба набрзо ќе биде надмината.Конечно,Сите да се спротивставиме на лажните вести. Ширењето страв и паника кај населението е кривично дело. Апелирам граѓаните да се информираат исклучиво преку официјалните информации на институциите, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања