Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

lila-boki

Обвинителството нема да ја гони водителката Лила Стојановска

Обвинителството ја отфрли кривичната пријава против водителката Лила Стојановска, a која ја поднесе градежната фирма „Дан-Мак“, пренесува порталот Фокус.„Во поглед на кривична пријава поднесена на 3 април 2018 година од правното лице Изградба инженеринг Дан-Мак ДООЕЛ Скопје против лицето за кое прашувате, а за сторено кривично дело – Измама од член 247 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, ве известуваме дека Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение со кое се отфрла кривичната пријава бидејќи пријавеното дело не е кривично дело кое се гони по службена должност“, велат од Обвинителството.Од компанијата обвинуваа дека им биле земени 250.000 евра за наводно учество во ЕУ проекти, а Стојановска тврдеше дека парите се вратени до последниот денар, за што приложи и уплатници.извор: Фокусфото: Архива

Македонија | пред 6 години

debar-6

ЈО донесе упатство за постапување на ОЈО во Дебар, Кичево и Гостивар за време на кризната состојба

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, врз основа на член 20 и 25 од Законот за јавното обвинителство на 13.03.2020 година  донесеЗАДОЛЖИТЕЛНО УПАТСТВОЗа постапување на Основното јавно обвинителство Дебар,   Основното јавно обвинителство Кичево и Основното јавно обвинителство  Гостивар за време на кризната состојба прогласена од Владата на Република Северна Македонија во општините Дебар и Центар Жупа Се задолжуваат вработените и јавните обвинители во Основните јавни обвинителства Дебар, Кичево и Гостивар, строго да постапуваат по препораките на Владата на Република Северна Македонија и надлежните здравствени органи за време на прогласената кризна состојба.Просториите задолжително да се дезинфицираат, да се зголеми степенот на хигиена, а странките и другите учесници во постапките, на влезовите во објектите, задолжително да го поминат процесот на дезинфекција.Сите закажани странки и други учесници во постапките во Основното јавно обвинителство Дебар се одлагаат на неопределено време. Основното јавно обвинителство Дебар ќе ги прима сите кривични пријави, а ќе постапува само по притворски предмети и по кривични пријави за кривични дела: Пренесување заразна болест по член 205 од КЗ, Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија по член 206 од КЗ, Несовесно лекување болни по член 207 од КЗ, Неукажување медицинска помош по член 208 од КЗ, Спречување службено лице во вршење на службено дејствие по член 382 од КЗ, Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста по член 383 од КЗ и Организирање на отпор по член 387 од КЗ. Странките и другите учесници по кривичните пријави за  овие кривични дела влегуваат во Обвинителството со задолжителна здравствена процедура и безбедност определена во мерките на Владата.Основното јавно обвинителство Дебар ќе ги врши увидите на лице место од негова надлежност и од надлежност на Основното јавно обвинителство Кичево и Основното јавно обвинителство Гостивар на териториите на општините Дебар и Центар Жупа.Јавниот обвинител во Основното јавно обвинителство Дебар со живеалиште во општина Охрид и административниот работник со живеалиште во Центар Жупа, неопходните службени должности ќе ги извршуваат од дома и се ослободуваат од доаѓање на работа во Основното јавно обвинителство Дебар.Основното јавно обвинителство Кичево и Основното јавно обвинителство Гостивар, сите закажани странки и други учесници во постапката кои се со живеалиште или престојувалиште во општините Дебар и центар Жупа, ги одлагаат на неопределено време и не повикуваат нови за време на траењето на кризната состојба.Ова задложително упатство стапува во сила веднаш.Јавен обвинител на Република Северна МакедонијаЉубомир Јовески 

Македонија | пред 6 години

Lista-11

Македонски концепт поднел кривична пријави против вработени во ДИК

„Македонски концепт“ поднел кривична пријава против вработени во ДИК откако на социјалните мрежи биле објавени нивните независни кандидатски листи, не само со имињата на кандидатите, туку и со адресите и матичните броеви. Кривичната пријава во Јавното обвинителство ја поднел подносителот на листата Петар Богојески, а е насочена против непознати сторители.Во Македонски концепт велат дека имаат сознанија дека членови  на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ и вработени се обидувале на секаков начин да ги отфрлат листите на „Македонски концепт“ за да си ја намалат конкуренцијата на изборите.Објавувањето на лични податоци е во спротивност со Законот за заштита на личните податоци.„Македонски концепт“ поднел кривична пријава против вработени во ДИК откако на социјалните мрежи биле објавени нивните независни кандидатски листи, не само со имињата на кандидатите, туку и со адресите и матичните броеви. Кривичната пријава во Јавното обвинителство ја поднел подносителот на листата Петар Богојески, а е насочена против непознати сторители.Во Македонски концепт велат дека имаат сознанија дека членови  на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ и вработени се обидувале на секаков начин да ги отфрлат листите на „Македонски концепт“ за да си ја намалат конкуренцијата на изборите.Објавувањето на лични податоци е во спротивност со Законот за заштита на личните податоци.фото: ФБ

Македонија | пред 6 години

debar-6

Во Дебар и Центар Жупа, се дозволува влез само на лица кои се жители на општините, а имаат строго забранет излез

Во врска со одлуката на Владата на Република Северна Македонија за спроведување на мерките за спречување на ширењето на корона вирусот и воведување кризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа, СВР Охрид, под чија надлежност се двете општини, ќе  преземе сет безбедносни мерки со цел строго придржување кон препораките со посебен акцент на ограничување на движењето на луѓето кои живеат во овие општини . За таа цел, во СВР Охрид и ОВР Дебар, изработен е оперативниот план со прецизни детали во однос на тоа како ќе функционираат полициските службеници  во рамки на овие општини, каде е прогласена кризната состојба. На терен се преземаат интензивни активности за контрола на патнички и други моторни возила за влез во Дебар и Центар Жупа, се дозволува влез само на лица кои се жители на општините а истовремено оневозможен е и строго забранет излез на сите граѓани затекнати на подрачјето на двете општини.  Предвидена е координација за непречен дотур на храна, лекови, средства за лична хигиена и други потреби за граѓаните во двете општини. Лицата затекнати на подрачјето кои не се жители на двете општини, треба да се обратат до Регионалниот центар за управување за кризи со седиште во Локалната самоуправа, на кои, ќе им биде обезбедено сместување и се друго што им е потребно за непречен и безбеден престој. Посебно нагласуваме дека полициските службеници ќе вршат засилена деноноќна обиколка и контрола на угостителски и други јавни објекти во двете општини и приградските населби (маркети, ноќни клубови, фитнес салони,), со цел доследно спроведување на мерките за спречување на внесување, ширење и сузбивање на корона вирусот, што ги презема Владата. Упатуваме апел до сите граѓани на Дебар и Центар Жупа но и до граѓаните на општините Струга, Охрид и Кичево, строго да се придржуваат до препорачаните мерки  и насоки усвоени од Владата во врска со спречувањето на ширењето на корона вирусот (COVID-19). За сите потребни информации, сите правни и физички лица, можат да се обратат до полициските станици и исклучително да се придржуваат до насоките на полициските службеници. Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.фото: ФБ Кристијан Јандриоски

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Пожар во Дебар, теренот е недостапен

Пожар беснее во атарот на селото Татар Елевци, Дебарско, кое се наоѓа над градот, а самиот град е под барикади, поради одлуката на Владата која поради коронавирусот прогласи кризна состојба во Дебар и Ценатр Жупа.Веднаш по дојавата, Територијалната противпожарна едница и вработените од подружницата „Стогово” на ЈП „Македонски шуми” се на терен во гаснење на пожарот, но поради недостапниот терен тоа оди тешко. Според Командирот на единицата Џетан Мифтароски зафатена е површина од повеќе хектари со нискостеблеста шума.Првичните сознанија наведуваат дека прична за избувнувањето на пожарот е човечка негрижа. Во овој дел над градот во овој период од годината, чести се пожарите поради невниманието на оние кои ги чистат земјоделските површини или се оди на излет.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

molovi

Ќе се затвораат ли и моловите?

Министерот за здравство, Венко Филипче во гостувањето на Нова ТВ рече дека доколку се утврди дека моловите се место каде што се собираат голем број луѓе, ќе се размислува и за нивно затворање.-Доколку локалите и кафеаните не ја почитуваат оваа мерка, подготвени сме на порадикални мерки, целосно затворање, рече Филипче.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

korona-virus-4

Се затвора ски центарот Маврово и граничните премини Џепиште–Требиште и Блато кон Албанија

Владата на Република Северна Македонија на денешната 18-та седница го разгледа Записникот од Петтата седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за Управување со кризи, одржана на 13 март 2020 година, во врска со потребата од преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на Коронавирусот COVID-19 и согласно предлозите изнесени во расправата на седницата, со цел превенција и ширење на овој вирус, ги усвои следниве заклучоци:1. Го усвои Записникот од Петтата седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за Управување со кризи, одржана на 13 март 2020 година, односно го прифати предлогот и донесе Одлука за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19.2. Периодот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, а со цел обезбедување заштита на здравјето на населението на подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа, е најмногу до 30 дена.3. Одлуката за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, да се достави до Претседателот на Република Северна Македонија и до Собранието на Република Северна Македонија.4. За операционализација на Одлуката за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, Владата му предлага на Претседателот на Република Северна Македонија да одлучи за учество на дел од припадниците на Армијата на Република Северна Македонија (вид и број на сили и капацитети на армиските единици, намена и задачи за кои се бараат и времетраењето на активноста и ангажираноста на армиските единици), во справување со кризната состојба.5. Главниот штаб при Центарот за управување со кризи веднаш да започне со подготовка на акциски план за превенција и справување со настанатата ситуација на подрачјата на општините, со целосен преглед на расположливи човечки и материјално - технички ресурси и план на координирано дејствување во кризните подрачја.6. Се задолжуваат Министерството за здравство, Министерството за внатрешни работи, Министерството за транспорт и врски, Министерството за надворешни работи, Армијата на Република Северна Македонија, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, со сите останати засегнати државни институции да ги стават на располагање сите расположливи капацитети и ресурси кои може да се стават во функција на справување со настанатата состојба.7. Се задолжуваат Министерството за здравство, Министерството за транспорт и врски, Министерството за внатрешни работи и Министерството за надворешни работи, до крајот на денот, да номинираат членови на Главниот штаб при Центарот за управување со кризи.8.  Донесе Одлука за забрана и посебен режим на движење на дел од територијата на Република Северна Македонија на подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа, со која се уредува мерката забрана за движење, односно влез и излез од подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа, како и мерка за воведување посебен режим на движење на населението внатре во овие подрачја.Посебниот режим на движење на населението внатре во овие подрачја да го утврди Главниот штаб при Центарот за управување со кризи во акцискиот план за спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID – 19.9. Се задолжува Министерството за здравство – Комисијата за заразни болести, да издаде препораки/протокол за тоа како и на кој начин да се одвиваат движењата на превозниците во и од  Република Грција за дотур  на нафта и нафтени деривати, како и во подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа на кои е прогласена кризна состојба, односно како и на кој начин преку соодветни мерки истите да се заштитат.Дополнително, во протоколите/препораките од Комисијата за заразни болести да бидат опфатени сите превозници (гипс и гипсени производи, превоз на храна и други производи) кои ќе вршат дотур преку влез и излез на подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа.10. Се задолжува Министерството за транспорт и врски и Царинската управа, на дневна основа да ја информираат јавноста кои гранични премини се отворени за премин.11. Да се затворат граничниот премин Џепиште – Требиште и граничниот премин Блато, како и да се затвори Скијачкиот центар „Заре Лазаревски“ – с. Маврово - Маврови Анови.Согласно ова, Владата донесе Одлука за дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19.12. Жителите од подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа кои се надвор од територијата на овие општини, може да се вратат во своите домови на 13.3.2020 година до 00.00 часот на полноќ.13. Се задолжуваат Државниот пазарен инспекторат и Агенцијата за лекови и медицински средства – МАЛМЕД да извршат координирани вонредни инспекциски надзори на сите економски оператори кои продаваат средства за заштита од Коронавирусот, согласно мерките, препораки и насоките на Владата.14. Се задолжува Министерството за внатрешни работи да определи едно лице кое ќе биде задолжено во случај на потреба од интервенција при вршење на овие вонредни инспекциски надзори од страна на инспекторатите.15. Се задолжува Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, редовно, на дневна основа, до 12.00 часот да го информира претседателот на Владата на Република Северна Македонија за извршените инспекциски надзори од страна на сите инспекторати.16. Се задолжува Секторот за односи со јавност на Владата на Република Северна Македонија овие заклучоци, мерки и препораки веднаш да ги објави на веб страницата на Владата и истите да ги достави до сите пишани и електронски медиуми, со цел редовно информирање на граѓаните.“фото: Архива

Македонија | пред 6 години

korona-virus-2

Започнува зачестена дезинфекција во сите институции на органите на управата

Врз основа на заклучоците и препораките донесени од Владата на Република Северна Македонија и Министерството за здравство, за превенција и заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните од корона вирусот, Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) на Владата, денеска бесплатно подели средства за дезинфекција на раце во повеќе министерства, владини институции, како и во дел од органите во состав на министерствата.Средствата за дезинфекција на раце се наменети за сите вработени во институциите како и за граѓаните што ги користат нивните услуги, зашто здравјето на граѓаните е пред се!Во текот на викендот, ќе се спроведе дезинфекција во просториите на сите министерства, како и во органите на управата.Дезинфекција ќе се изврши и во резиденцијалните објекти на Претседателот на државата и на Претседателот на Владата, на клубовите на органите на државната управа (угостителски објекти), магацинските простории на општите служби, како и на возниот парк на Службата за општи и заеднички работи на Владата.Оваа мерка за дезинфекција како и снабдувањето на институциите со средства за дезинфекција на раце ќе продолжи во повеќе наврати, ќе се спроведува во институциите, особено таму каде што е најголема фреквенцијата и комуникацијата на граѓаните со администрацијата како придонес за спречување на ширењето, за превенција и за заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Во понеделник состанок на Советот за национална безбедност

Претседателот Стево Пендаровски за в понеделник свикал седница на Советот за национална безбедност со стандардниот состав ќе присуствуваат и министерот за здравство и началникот на ГШ на Армијата, на која ќе се разговара за состојбата со коронавирусот и  мерките што стојат на располагање.Претседателот на денешната прес конференција повика лидерите на партиите во наредните денови да ги преиспитаат ставовите за неодложување на изборите и водење кампања преку социјалните мрежи, затоа што, според него, спорен е и самиот изборен ден кој треба да се организира во вакви услови.Доколку изборите се одржат на 12 април, претседателот Пендаровски додаде дека предизборната кампања може да се спроведе преку медиумите и социјалните мрежи. Пендаровски апелираше до граѓаните за поголема грижа и почитување на препораките.На парламаентарните избори, рече Пендаровски, во просек гласаат над еден милион граѓани, а во нивната организација учествува 30-илјадна администрација.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

ohridski-region

Избрано идејно решение за дизајн на промотивен материјал за Општина Охрид

Во постапката за спроведување на конкурс бр. 26-891/1 од 27.01.2020 година, за идејно решение за дизајн на промотивен материјал на општина Охрид, комисијата за избор на идејно решение и дизајн, ги информира учесниците на конкурсот за следното:До крајниот рок за поднесување на предлозите 27.02.2020 година, пристигнале три (3) предлози.Комисијата за избор на идејно решение и дизајн во соодветна постапка согласно конкурсните услови и конкурсните критериуми донесе одлука  бр.09-2932/1 од 10.03.2020 година, за избор и рангирање на пристигнатите идејни  решенија, при што за најуникатно, најиновативно, естетски најпрепознатливо, најоригинално и најизводливо е избрано идејното решение на авторот со шифра ИП (IP) со вкупно освоени 152 бодови,На второ место со вкупно освоени 120 бодови е идејното решение на авторот со шифра ИО.Од страна на комисијата не беа оценувани идејните решенија на авторот под шифра 33554, бидејќи беше констатирано дека истиот не доставил решенија за целокупниот  материјал согласно конкурсот.Согласно условите на конкурсот, ги повикуваме авторите на наградените идејни решенија во рок од 7 дена да се јават во секторот за ТЛЕР кај претседателот на комисијата Горан Мицкоски, со лични податоци и печатена копија од доставените примероци на конкурсот, како потврда за автентичност.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

kolektorski_sistem_Ohrid

Ќе се чисти секундарната канализациона мрежа на ул. „7 ми ноември“ во Охрид

Од понеделник (16.03.2020), фирмата „Еко Тим“ започнува со чистење на секундарната канализациона мрежа на ул. „7ми Ноември“ на потегот од кружниот тек кај ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ до кружниот тек кај „Охридска Банка“.Заради овие активности, граѓаните кои живеат на овој потег треба сифоните да ги остават полни со вода за да не дојде до непријатни миризби. Исто така апелираме граѓаните да имаат разбирање поради евентуалниот сообраќаен метеж кој би настанал.Фото: Општина Охрид

Македонија | пред 6 години

korona-2

(ФОТО) За оние кои шетаат и не почитуваат препораки...

фб статус на Огнен Јанески:-За сите кои седат надвор по кафулиња, а немаат раздвоеност меѓу себе од метар и половина минимум или се шетаат по трговски центри и не држат растојание со непознати по паркови и слично, само замислете како вашите баба или дедовци лежат на болнички кревет ставени на апарат за дишење, во најлоша ситуација, само зашто сте им го пренеле вие вирусот, а тие со него не можат да се изборат. Истото се однесува на родителите кои ни се доста повозрасни. Вие може да бидете срцки и да си преживеете, но, тие ќе бидат ставени во МНООООГУ критична ситуација, а потоа ќе плачеме. Само замислете.Еве ви и фотографии, како тоа изгледа, доколку немате претстава пред очи за тоа. Убаво е времето - да. Но, уште поубаво ќе биде, кога со нашите (пра)родители ќе бидеме заедно на кафе за некое време, кога ќе се смири сето ова.А во меѓувреме, седете дома. Дома има многу што да се прави. Ако ве фаќа нервоза или паника, вечерва во емисијата „Коментар“, на ТВ24, со почеток во 20:45 ќе зборувам со моите гостинки баш за овие работи. За паниката, за нервозата, за стравот и затворањето дома.(фотографиите се преземени од странски интернет-страници на кои пишува дека се одобрени)https://www.facebook.com/photo.php?fbid=1514769595343422&set=pcb.1514770522009996&type=3&theaterфото: ФБ

Македонија | пред 6 години

korona-virus-4

За оние кои не ги почитуваат мерките за ширењето на корона вирусот стануваат применливи членовите 205 и 206 од Кривичниот законик

Владата на Република Северна Македонија на својата 17-та седница покрај усвоените заклучоци, мерки и препораки во функција на преземање дополнителни активности за превенција од ширење на корона вирусот (COVID -19 ) го усвои и следниот заклучок:Да се спроведуваат препораки за казнивост согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик за сите физички и правни лица кои ги прекршуваат донесените решенија од страна на Државниот инспекторат за труд и Државниот пазарен инспекторат, и да се процесуираат до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија за да постапи согласно законски утврдени надлежности.Воедно се задолжуваат Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд да ги преземат сите мерки и активности од своја надлежност за спроведување и операционализирање на сите мерки, препораки и насоки усвоени од Владата во врска со спречувањето на ширењето на корона вирусот (COVID-19).фото: Архива

Македонија | пред 6 години

debar-5

Владата донесе одлука за воведување кризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа

Владата на Северна Македонија на денешната седница донесе одлука за воведување кризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа, соопшти министерот за здравство д-р Венко Филипче, на заедничката прес конференција со министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.Министерот Филипче информираше дека пациентите кои се позитивни на корона вирус се стабилни, освен првата пациентка од Дебар, која беше примена со нејзиниот сопруг. Таа има дополнителни влошувања на состојбата и на граница е за да биде поставена на механичка вентилација. Специјалистите се надеваат дека со цела дополнителна терапија ќе го надмине овој период, но подготвени се и доколку има дополнително влошување, согласно параметрите и сатурацијата на кислород, да биде поставена на машина за дишење.„Утрово, со соопштение информиравме за вчера тестираните лица за кои беше поставена индикација во текот на попладнето - сите се негативни. Денеска дојдоа за тестирање материјали од Центарот за јавно здравје од Дебар, за уште 10 лица во врска со втората група хоспитализирани пациенти од вкупно 24, сите во домашна изолација. Од нив 10 покажале знаци за горно респираторно заболување. Локалниот епидемиолог зел материјали за анализа и ги прати на испитување - четири од нив се позитивни. Тоа значи уште четири нови пациенти, кои ќе бидат префрлени на Универзитетската клиника за инфективни болести. Сите четворица се со лесна клиничка слика. Тоа беше причина зошто дополнително со членовите на Комисијата за заразни болести утрово разговаравме, а тие информации ги изложивме и пред Управувачкиот комитет за управување со кризи. Управувачкиот комитет предложи да се воведе кризна состојба на овој дел во општините Дебар и Центар Жупа и веднаш потоа на седница на Владата се донесе оваа мерка и одлука за ограничување на движењето на луѓето кои живеат во овие општини. Согласно Законот, во следните 24 часа ние веќе закажавме седница на Комисијата за заразни болести и на Управувачкиот комитет, уште една во тек на попладнето за да се разработи оперативниот план, за детали во однос на тоа како ќе се функционира во рамки на овие општини, каде сега е кризна состојба. Врз основа на тие заклучоци и мерки, кои ќе се донесат во текот на попладнето, на прес-конференција или со соопштение ќе ја информираме јавноста“, рече министерот Филипче.Министерот Филипче уште информираше дека патник, кој пристигнал на скопскиот аеродром - наш државјанин од Германија, бил изолиран заради регистрирана лесно покачена температура. Земен е материјал за испитување и изолирани се дел од луѓето кои седеле околу него согласно препораките.„Веднаш по пристигнувањето и изготвување на резултатите ќе информираме за неговата состојба и врз основа на резултатот, ќе се утврди што понатаму во лекувањето, секако, согласно тоа и за другите патници. Целосно денеска се почитува забраната за влез на странски државјани, кои доаѓаат од земјите со висок ризик согласно вчерашната одлука на Владата“, истакна министерот Филипче.Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски упати апел во насока на мерките за превенција од ширење на корона вирусот, што ги презема Владата, сите граѓани кои имаат потреба од услуги или различен вид на консултации со државните институции, тоа да го прават по електронски пат.„Со цел да се намали фреквенцијата и редовите на чекање, особено за документите кои најчесто им се потребни на граѓаните, повторно би сакале да нагласиме дека овозможивме изводите од матичните книги на родени, венчани и умрени да можат да се добијат електронски. Досега граѓаните можеа само да поднесат барање за овие документи по електронски пат, но сега веќе и добивањето на документот е електронски. Овој електронски документ има иста важност со документите на хартија. Ова потсетување е наменето како за граѓаните, така и за институциите“, истакна министерот Манчевски.Како што информираше тој, на порталот uslugi.gov.mk, во моментов се достапни вкупно 128 услуги, кои можат да се добијат за само неколку минути од дома. Потврдите и различниот вид на документи од најпосетуваните институции, како што се: Агенција за вработување, Министерство за труд и социјална политика, Фондовите за здравствено и пензиско осигурување, Централниот регистар, како и од некои други, се достапни електронски.Дополнително за 744 услуги, можат да се прочитаат сите потребни информации за целосната процедура на издавање. Нема потреба да се посетуваат институциите физички за да се добијат овие информации, рече Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.Фото: Архива

Македонија | пред 6 години

koronavirus-10

Кои се најголемите заблуди за коронавирусот?

Без алкохол, без лук, без сушачи за раце: дезинформацијата го спречува корона вирусот Покрај загрижувачката статистика за бројот на нови пациенти, нови мерки за превенција и заштита од коронавирусот, ние сепак станавме жртви на многуте дезинформации за алатките, уредите и она што треба да го преземеме за да се заштитиме од потенцијална вирусна инфекција.Еве некои од најчестите заблуди за коронавирусот и мерките што можат да го спречат или забрзаат:Сушачи за раце можат да го убиат новиот коронавирус - НевистинаУпотребата на ултравиолетови ламби за дезинфекција на рацете може да го убие новиот коронавирус – НевистинаПрскањето на телото со алкохол или хлор може да го убие коронавирусот, ако веќе сте заразени - НевистинаДомашните миленици можат да го шират коронавирусот - НевистинаУпотребата на е-цигари влијае на прогресијата на коронавирусот - НевистинаВакцините против пневмонија можат да ве заштитат од новиот коронавирус - НевистинаЛукот може да спречи добивање на коронавирус - НевистинаКокаинот го убива коронавирусот - Невистинафото: Архива 

Македонија | пред 6 години

policija-1

Низ Скопје „бркотница“ меѓу полицијаци и двајца Алжирци - избегале од полицијата, направил судар, па скокнал во Вардар

На 13.03.2020 во 03.40 часот на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, патничко возило „рено клио“, со велешки регистарски ознаки, не застанало на даден знак од полициски службеници и продолжило кон Железничката станица. Веднаш биле упатени дополнител ни служби за да се запре возилото, но тоа успеало да ги одбегне патролите и се упатило по бул.„Гоце Делчев“ во правец кон крстосница со ул.„Беласица“. Во близина на МТВ, возилото удрило во патничко моторно возило „дачија дастер“, сопственост на МВР, по што возилото продолжило во правец коннас.Керамидница и по кратко време возачот изгубил контрола и удрил во бетонски жардињери и запрел. Притоа, со повреди се здобил совозачот, а возачот излегол и скокнал во реката Вардар во обид да им избега на полициските службеници. За кратко време бил изваден од реката, по штои двете лица биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување на лекарска помош и било утврдено дека биле од Алжир.Возилото кое го управувале, го одзеле во текот на ноќта од с.Градец, валандовско. Се работи на расчистување на случајот.Фото: Архива

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Инцидент во Струга, истурил запалива течност и со секира замавнал кон работник на обезбедувањето

Одделението за внатрешни работи Струга поднесе кривична пријава против И.Д.(25) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.Тој, на 17.02.2020 пред казино на ул.„Маршал Тито“ во Струга истурил запалива течност и со секира замавнал кон работник на обезбедувањето, кој се обидел да го спречи да ја запали течноста.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

06032020_VRSM_Filipce_pres

Четири нови случаи на корона во земјава

Денеска се потврдени уште 4 случаи на заболени со новиот коронавирус во Македонија, потврди министерството за здравство. Станува збор за втората група на хоспитализирани од Дебар кои до денеска биле во домашна изолација и кои сега ќе бидат префрлени на Клиниката за инфективни болести.-Денеска дојдоа за тестирање материјали од Центарот за јавно здравје од Дебар, за уште 10 лица во врска со втората група хоспитализирани пациенти, вкупно 24, сите во домашна изолација. Од нив 10 покажале знаци за горнореспираторно заболување. Локалниот епидемиолог ги земал материјалите и ги прати на испитување – четири од нив се позитивни, тоа значи уште четири нови пациенти, кои ќе бидат префрлени на Клиниката за инфективни болести. Сите четворица се со лесна клиничка слика, истакна министерот за здравство Венко Филипче.Како што кажа минситерот, станува збор за лица од Дебар, на возраст од околу 55 години, кои биле во контакт со втората група заболени, односно со брачниот пар што беа втор и трет случај во земјава.Филипче потенцира дека во Дебар и во Центар Жупа ќе биде прогласено кризна состојба.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

krazba-kradenje

Во притвор 62 годишен жител од Франгово, поради разбојничка кражба​

Oсновното јавно обвинителство Гостивар донесе  Наредба за спроведување истражна постапка за 62-годишен жител на с.Форино, гостиварско поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело – Разбојничка кражба од член 238 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот на 18 февруари, околу 10.00 часот, затечен во кражба употребил закана дека непосредно со опасно урудие ќе нападне врз друго лице  со  намера украдениот предмет да го задржи. Имено, тој отворил незаклучена предна врата на паркирано возило марка „ форд транзит“ и одзел 1500,00 денари кој се наоѓале внатре во возилото. Но, бил затекнат од оштетениот кој се наоѓал на задните седишта во патничкото возило. Откако оштетениот излегол од возилото, побарал од осомничениот да му ги врати парите. Во тој момент, осомничениот со цел да ги задржи парите, извадил нож и се заканил на оштетениот, по што побегнал со велосипед од местото на настанот.Поради потреба од обезбедување на натамошно непречено одвивање на кривичната постапка, како и обезбедување на присуство  на осомничениот, јавниот обвинител до Основниот суд Гостивар достави Предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

04032020_MZ_Filipche_pres-konferencija-1

(ЖИВО) Прес-конференција на министрите Манчевски и Филипче

Во Живо прес-конференција на министрите Манчевски и Филипчеhttps://www.facebook.com/filipce.venko/videos/1879751812156122/?v=1879751812156122&notif_id=1584107197143134&notif_t=live_video

Македонија | пред 6 години

IZBORI-GLASANJE2

Пендаровски: Одложување на изборите за месец или два, нема да биде да биде пропаст на светот

И ако се одложат изборите за месец или два тоа нема да биде пропаст на светот, рече на денешната прес-конференција претседателот Стево Пендаровски, додавајќи дека евентуалната одлука за одложување на изборите треба да се донесе со консензус на сите политички страни.Според него, може да се спроведе кампања на социјалните мрежи, но, како што рече, постојат категории на граѓани кои немаат пристап до социјалните мрежи.-Според сите препораки од ОБСЕ и други организации, граѓаните мора да бидат добро, сеопфатно и целосно информирани за да донесат одлука на ден на избори. Јас имам резерва за денот на избори. На нашите парламентарни избори во просек гласаат милион луѓе на 3.000 гласачки места, со пет члена во одборите. Ден претходно се спроведува гигантска операција за пренос на материјалот и на крајот материјалот се предава на изборните комисии кога се калкулираат резултатите, рече Пендаровски.Досега, како што додаде, во светот не се спроведени избори во ваков амбиент, освен во Израел, каде инфицираните гласаа на посебни гласачки места.Претседателот додаде дека вчера бугарската Влада донесе одлука за прогласување вонредна состојба.-Значи, ако некој мисли дека ако прогласиме вонредна состојба или кризна состојба на целата територија дека е тоа волшебно стапче со кое ќе се решат сите проблеми вклучително и овој со гласањето нема да се решат, рече Пендаровски.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Пендаровски: Откриено е организирано и планско ширење лажни вести за коронавирусот

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, на денешната прес-конференција информираше дека надлежните органи деновиве откриле неколку обиди за организирано ширење лажни вести за состојбата со корона вирусот, со цел како што рече, дополнително да се влоши состојбата и да се предизвика паника.-Службите имаат детектирано изминативе денови организирани групи кои шират лажни вести за корона вирусот и состојбата во државата со цел ширење на паника и недоверба во институциите и системот – истакна претседателот Стево Пендаровски.Тој ги повика граѓаните и медиумите за состојбата со вирусот да ги користат само официјалните информации Пендаровски соопшти дека за понеделник ќе го свика Советот за национална безбедност на кој ке биде и министерот за здравство за да реферира за се околу состојбата со вирусот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

hristijan-mickoski-pres-1-e1581876719693

Мицкоски предложи да се прогласи кризна состојба, а државата да им помогне на македонските компании

Внимателно ја следиме состојбата со развојот и ширењето на корона вирусот. Прогнозите се загрижувачки, а состојбата не се подобрува. Она што страда е здравјето на граѓаните, но и еден значаен сегмент од стопанството. Здравјето е пред се, и нема цена, но воедно како општество мораме да признаеме дека престои и дополнителен кризен период за македонската економија која што е под сериозен удар, истакна претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Забележани се низа пропусти, недоследности и неподготвеност на владини структури и надлежните институции во справувањето со последиците од корона вирусот и пропусти во организирањето на превенцијата. И тука ќе престанам.Со полна одговорност сакам да посочам дека нема да навлегуваме во деталите, нема да дозволам ова да се претвори во меѓупартиска битка или тема за влечење на политички поени, иако сето ова може да се забележи од страна на власта. Нема да долеваме масло во запалениот оган, сега тој треба да се изгасне, а за одговорноста ќе збориме после завршување на кризата со корона вирусот.Она што е неопходно и нужно во периодов е носење на сет на антикризни мерки за здравјето на граѓаните и помош за погоденото стопанство. Во текот на вчерашниот ден во консултација на тимот доктори и членови на комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, како и економскиот тим изработивме и денес нудиме сет антикризни мерки за заштита на граѓаните и помош на бизнисот.Но пред се, за да се имплементираат овие мерки со оглед на тоа што Собранието е распуштено и нефункционално, ВМРО-ДПМНЕ и предлага на владата веднаш да прогласи кризна состојба на цела територија на државата согласно чл. 3, став 1, алинеја 5 од Законот за управување со кризи.Тоа значи дека предлагаме Владата веднаш да донесе одлука за постоење на кризна состојба соодветно на што ќе ги активира сите законски механизми за разрешување на кризната состојба.Откако ќе се направи ова, му предлагаме на Управувачкиот комитет да и предложи на владата конкретни мерки за справување со економските последици, и тоа:Најпрвин предлагаме дополнителен пакет на мерки за заштита на здравјето на граѓаните:Прво, да се спроведе итна национална набавка на антисептични средства и нивно поставување на јавни прометни места како и овозможување на бесплатна употреба и располагање од граѓаните.Второ, државата односно владата да обезбеди бесплатни маски и ракавици за граѓаните.Трето, потребно е формирање на стручно тело, од посебен тим на експерти, засилено од постојните државни институции кои ќе прават строга контрола на евентуалните злоупотреби на дефинирање на високи цени за продажба на маски, антисептични средства и други превентивни помагала. Ова не случајно го говорам, бидејќи забележани се енормни високи цени кои се нереални при продажба на маските, односно не смее да се дозволи богатење врз здравјето на граѓаните. И за ова имаме конкретни докази за една веледрогерија блиска до власта, за која доколку институциите не реагираат доказите за нереално високи цени и наплаќање на излезни фактури за маски 40 пати повисоки од влезните ќе ги објавиме во јавност.Четврто, обезбедување на бесплатни средства за заштита на работниците под висок ризик од корона вирус, и тука освен здравствените работници, под ризик се и работниците на градилиштата, работниците во јавниот сообраќај, шалтерските работници и редица други професии чија што работа подразбира контакт со лица.Петто, предлагаме редуцирање на работата на државната администрација, половина од администрацијата да се ослободи од работа и да се направи цикличен распоред во работата на државните органи, со тоа ќе се намали и ризикот од брзо ширење на вирусот.Шесто зголемување, т.е. удвојување на човечките капацитети на работа во здравствените установи непосредно задолжени за справување со последиците од корона вирусот.Седмо, овозможување на отворена 24 часа линија за консултации и прашања поврзани со вирусот.Осмо, потребно е формирање на посебно државно контролно тело чија единствена задача ќе биде надзор и контрола на примената на превентивните меркиДеветто, еднократна парична помош и целосно бесплатно лекување за заболените од вирусот.Покрај ова рековме дека воедно паралелно со ова треба да водиме битка и да ја задржиме економската и макроекономската стабилност во државата, и да се санираат штетите кај компаниите кои што се погодени од корона вирусот. Затоа предлагаме сет антикризни мерки за бизнисот и санирање на последиците и штетите од смалениот промет и намалената работка на стопанството.Затоа ги предлагаме следниве економски антикризни мерки за месец март:Прво, предлагаме замрзнување на обврските на компаниите кон државата, чија што работа е погодена со настанатата ситуација со корона вирусот.Второ, замрзнување на обврските на компаниите кон банките и заемодаваталите за месец март, чија што работа е погодена со состојбата на корона вирусот.Трето, државата односно владата да преземе обврска за месец март да ги сторнира и плати каматите на граѓаните и стопанството кон банките и заемодавателите.Четврто, државата да ги плати трошоците за вработените во компаниите погодени од состојбата со корона вирусот до висина од 50-тина проценти, знаете тоа се секторите кои што се најмногу погодени како што е туризмот, како што е угостителството, како што се текстилната индустрија, кожарската индустрија и останатите сектори.И конечно последно, потребно е веднаш да се направи анализа на сето она кое што е погодено од новостанатата ситуација со корона вирусот и врз основа на таа анализа да се детектираат кои се економските оператори, компаниите кои што се погодени и веднаш на истите да им се помогне.Значи ова е сетот мерки економски кои што ги предлагаме веднаш сега за месец март, веднаш по прогласување на состојба на криза од страна на владата.Ова е подадена рака за помош. ВМРО-ДПМНЕ ја нуди целокупната поддршка и експертска помош преку тимот на доктори кои се дел од нашата комисија за здравство и знаење од областа на економијата за справување на последиците од корона вирусот.Мора да се заштити здравјето кое е пред се, но и да се заштити стандардот на граѓаните, и целокупната состојба во државата.По преземањето на власта ве уверувам дека уште со позасилено темпо, но и динамика на активности за справување со последиците на корона вирусот ќе продолжи на ВМРО-ДПМНЕ. До тогаш останува активно да помагаме и да ја нудиме нашата поддршка и знаење, истакна претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Фото: Архива  

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Пендаровски: Шпанија на 17 март ќе го ратификува Протоколот за НАТО

Сенатот на Шпанија на 17 март ќе одржи пленарна седница на која ќе го ратификува Протоколот за членство на Македонија во НАТО, рече на денешната прес-конференција претседателот на државата Стево Пендаровски.-И покрај состојбата во Шпанија која е исклучително лоша, бидејќи Шпанија е во високоризичните држави, тие на 17-ти овој месец закажаа седница на Парламентот на која дел ќе биде и преку видеолинк и ќе има само една точка на дневниот ред, а тоа е ратификацијата на Пристапниот протокол за нашата држава за членство во Алијансата. Колку е голема солидарноста на шпанскиот Парламент, мнистерката за родова еднаквост е заразена со вирусот, а во самоизолација е и вицепремиерот на шпанската Влада, истакна на денешната прес конференција претседателот Пендаровски.Тој додаде дека за жал поради коронавирусот, ние нема да можеме да го организираме настанот со кој сакавме на еден симболичен начин да го покажеме нашето физичко практично пристапување кон НАТО-Алијансата.Претседателот Пендаровски соопшти дека според најновите информации кои ги добиле, координациите во Брисел во однос на добивањето на датум за преговори со ЕУ за нашата земја, се практично завршени.фото: prtSC

Македонија | пред 6 години

krazba-market

Обвиненија за тројца крадци - оперирале викенд куќа и во ГТЦ

Основното јавно обвинителство Скопје денеска во Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвиненија за три лица кои извршиле кражби во одделни кривично правни настани.Со Обвинителен предлог се опфатени двајца скопјани на возраст од 29 и 44 години, кои во периодот од 16 до 19 февруари 2020 година, од викенд куќа лоцирана во с. Идризово, скопско, одзеле предмети во вкупна вредност од 66.000,00 денари. Обвинетите се протнале под дрвената ограда на викенд куќата, се качиле по надворешните скали на повисокиот кат и со тврд погоден предмет ја отвориле вратата. Потоа на ист начин ги отвориле сите врати во објектот, по што одзеле алат, спортска опрема, книги, куфери и обувки.Со овие дејствија обвинетите како соизвршители го сториле кривичното дело – Тешка кражба  од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.Денеска со обвинение поднесено во судот уште едно лице се товари за сторени кражби. Обвинетиот, скопјанец на 48-годишна возраст, на 18 февруари 2020 година во 13.00 часот влегол во продажен салон за техничка опрема во Градскиот Трговски Центар во Скопје. Ја искористил зафатеноста на вработените со купувачи, па одзел од еден од рафтовите звучник со вредност од 15.490,00 денари. Потоа незабележан, го напуштил местото.Втората кражба ја извршил на 3 март 2020 година, во 14.00 часот, кога влегол во продавница за спортска опрема во Градскиот Трговски Центар во Скопје и со совладување препреки успеал да одземе облека со вкупна вредност од 9980,00 денари. Тој зел три парчиња облека, влегол во гардеробата и на две од нив со употреба на сила ги оштетил алармните системи. Ги облекол двете парчиња под својата облека, па излегол од гардеробата и третото парче го вратил на касата, по што заминал.Со тоа обвинетиот ги сторил кривичните дела Кражба од член 235 став 1  и Тешка кражба од член 236 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Јавниот обвинител ги зеде предвид околностите во кои биле извршени кривичните дела, како и постоењето на опасност од бегство на тројата обвинети, па до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебни предлози за продолжувањ ена мерките притвор,кои на обвинетите имбеа веќе од судот определени.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања