Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

04032020_MZ_Filipche_pres-konferencija-1

(ЖИВО) Прес конференција на Министерот за здравство, д-р Венко Филипче

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, вечерва во 19:30 часот, ќе одржи прес-конференција во Медија центарот во Владата на Република Северна Македонија. фото: Архива

Македонија | пред 6 години

bigorski

Бигорскиот манастир и Манастирот во Рајчица во изолација

Бигорскиот манастир и Манастирот во Рајчица, двата најпосетувани манастирски центри на МПЦ-ОА, од синоќа практично се затворени за верници, но молитвите и литургиите се одвиваат, а монасите и монахињите ги посветуваат на што поскоро решавање на целата ситуација со коронавирусот,објави Религија.мк-Сите сме добри. Нема никаква паника, туку пред се со надеж во Бога и доверба во државните институции, молитвите непрестајно се одвиваат. Се молиме за сите, за спасение. Нема потреба од никаков страв, едноставно да останеме смирени и да ја држиме надежта и да ги охрабриме сите заедно да се молиме за сите, велат монасите за религија.мк.Ако некој планирал да патува во Бигорски или Рајчица, подобро да го одложи патувањето затоа што на последниот пункт кај мавровската брана ќе биде вратен назад. Манастирот Свети Ѓеорги Победоносец во Рајчица практично е во карантин бидејќи се наоѓа на влезот од градот Дебар. Забранет е секаков влез и излез од манастирот.извор: Религија.мкфото: Архива

Македонија | пред 6 години

89515870_10216092423769978_2780036119138402304_n

Dj Bazz се приклучува во борбата против КоронаВирус: Останете дома, вкучете се на мојот ди-сеј сет во живо

Младиот Баже од Штип, кој на јавноста и е познат по Dj Bazz и момчето кој го сруши рекордот за нова година во Истанбул пред 250 македонци на брод на Босфор, се приклучува во борбата против ширењето на „Корона вирусот“.Тој на својот фејсбук профил објави дека во денови кога мораме сите заедно да си помогнеме еден на друг и да не излегуваме од дома без причина, мора да го почитуваме тоа и да внимаваме еден на друг.Баже додава дека и покрај тоашто саботите се доста важни за сите кои напорно работеле во текот на седницата и сакаат да се опуштат со добра музика и да запознаваат нови луѓе, мора да се внимава на јавното здравје.„Кога надлежен орган ќе каже да останеме дома, ајде да го почитуваме тоа! Тоа е добро за тебе, за мене, за сите твои луѓе коишто ги позаваш и за сите мои луѓе кои ги познавам. Јас како ди-џеј сум сосема свесен дека по напорната недела сакаме да уживаме во добра музика и да запознаваме нови луѓе. Ајде тоа да го направиме од дома! Вклучете се вечерва во 21:00 на мојот профил, ќе пуштам музика во живо, а вие дискутирајте преку коментари. Замислете дека се наоѓате во тој виртуелен свет каде запознавате нови луѓе преку коментари, а кога ќе се нормализира ситуацијата, ќе може да ги запознаете лично. Споделете го статусот со вашите пријатели, останете дома, бидете општествено одговорни граѓани! Ќе биде подобро! #STAYATHOME“, стои на фејсбук профилот на Баже Стојанов.За да помогне да не се создаваат неформални групи кои самоиницијативно ќе организираат забави на отворено, тој ги покани сите свои фанови и пријатели кои се жедни за добра музика да се приклучат на неговиот фејсбук профил вечерва во 21:00 часот кога тој најави ди-џеј сет во живо.Истовремено предупреди, секој да остане дома, а разговор да се воспостави исклучиво на социјалните мрежи.„Ако сакаме да запознаеме нови луѓе, имагинарно да замислиме дека на мојот live dj-set се наоѓаме во иста просторија и разговарот преку коментари е разговор во локалот во кој се наоѓаме.Сметам дека одењето во дискотека е првично да се слуша добра и квалитетна музика, а исто така да запознаеме нови луѓе. Тоа ќе можеме да го направиме од дома. Сетот во живо, сметам дека ќе привлече луѓе од цела земја, а секој ќе може слободно да коментира, а на тој начин и да запознаваме нови луѓе, кои во иднина ќе можеме да ги запознаеме лично“ вели Баже Стојанов.Баже додава дека, сетот ќе може да го реимитуваат колку што самите сметаат.фото: ФБ

Магазин | пред 6 години

mrezi

Кај Радожда полицијата пронајде рибарски мрежи со улов

На 13.03.2020 во временски период од 09.00 до 15.00 часот полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Охридско Езеро при извршување на редовни активности за контрола на државната граница, кај с.Радожда, на околу 300 метри од брегот во водите на Охридското Езеро, пронашле и одзеле поставени рибарски мрежи со улов. Се преземаат мерки зарасчистување на случајот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

nehar

Демант на Нехар Травел: Нашите автобуси тенденциозно и селективно беа вратени без никакво усмено или писмено образложение

Туристичката агенција Нехар Травел попладнево објави демант до медиумите кој објавија дека нивни автобуси биле вратени од граница. Во демантот не се демантира дека автобусите се вратени, туку се вели дека враќањето било тенденциозно и селективно, а медиумите се обвинети дека со голем број невистини го нарушиле угледот на агенцијата.Во продолжние го објавуваме целосниот демант од Нехар Травел:„Почитувани, Туристичката агенција Нехар Травел од Скопје најостро ги демантира вестите објавени денес на голем дел од порталите/медиумите во врска со настан случен на ден 12.03.2020 година, од причина што се истакнати голем број невистинити тврдења за случувањата околу аранжманот кој требаше да биде реализиран со крајна дестинација Херцег Нови, Црна Гора.Имено, на граничниот премин Блаце вчера вечерта тенденциозно и селективно беа вратени двата наши автобуси без никакво усмено или писмено образложение.Првиот автобус ја помина границата на С. Македонија без никакви проблеми со граничните и царинските формалности. Автобусот пристигна на границата со Косово, граничната полиција ја започна процедурата и ги превзема пасошите од патниците и истите ги врати назад со влезен Косовски печат во пасошите. Во меѓувреме пристигна и вториот автобус на граничниот премин Блаце, по што патролно полициско возило на Северна Македонија се упати кон граничниот премин со Косово да го спречи првиот автобус да ја помине Косовската границата на веќе завршената процедура на Косовскиот граничен премин. Во меѓувреме, патниот сообраќај на границата се одвиваше непречено без застои и ограничувања за сите останати возила.Одговорот на прашањата зошто одлучивме да го реализираме патувањето е од следните причини: ·Фактот што крајната дестинација на аранжманот за Херцег Нови, Црна Гора не се наоѓа на листата на Светската здравствена организација и Министерството за здравство на С. Македонија како земја со висок или среден ризик и се до овој момент е земја без ниту еден регистриран случај на корона вирус (COVID-19) ·Претходно консултирање со Стопанската Комора за Туризам на С. Македонија (СКТМ) и останати надлежни институции од кои што е добиена информација дека не постои забрана за реализација на патувањето во Црна Гора. ·Исполнување на законските обврски како организатор на патување, произлезени од договорите за патување согласно утврдените прописи. ·Исполнување на обрските кон патниците кои не го откажаа патувањето и сакаа да го реализираат истото.Во дополнување, би сакале и да укажеме на непрофесионалното постапување и известување на голем дел од порталите/медиумите, кои без претходна потврда на веродостојноста на објавените информации пренесоа голем број на невистинити, односно лажни информации поврзани со ТА Нехар Травел, а кои што накратко се однесуваат на следното: ·Информацијата дека агенцијата организирала туристички аранжмани во високо ризични земји, односно дека постапувала спротивно на забраните на Владата на Република Северна Македонија, е информација која што најостро ја демантираме, а со оглед на фактот дека Црна Гора воопшто не се наоѓа на листата на Светската здравствена организација и Министерството за здравство на С. Македонија и не претставува земја со висок или среден ризик. ·Информацијата дека агенцијата ги присилувала патниците да не ги откажуваат резервациите, односно да патуваат, претставува апсолутно невистинита информација. Сите патници беа дојдени по сопствена желба и избор.Информацијата дека возачите на автобусите одбивале да постапат согласно наредбата од надлежните органи, повторно е невистинито и лажно обвинување.Со ваквото постапување на дел од медиумите, на ТА Нехар Травел е нанесена ненадоместлива штета на угледот граден со години, поради што агенцијата ќе се обрати поединечно до секој портал/медиум со барање за објавување на демант, јавно извинување и повлекување на објавените лажни информации во врска со аранжманот за Црна Гора.Воедно, сакаме да потенцираме дека и денес на граничниот премин Блаце не постои забрана за движење на патници и возила и непречено се пропуштаат сите возила и автобуси. Во однос на обештетувањето на патниците, ја информираме јавноста дека како и досега ќе постапуваме согласно важечките Општи услови за патување на СКТМ и ТА Нехар Травел“.

Македонија | пред 6 години

84569507_2820167738039255_532055149854588928_o

Трговските центри во Скопје ќе работат со скратено работно време

Трговските центри Скопје Сити Мол, Рамстор Мол и Капитол Mол најавуваат дека од денеска ќе работат со скратено работно време односно од 11 до 19 часот. Заради моменталната ситуација и потребите на граѓаните кои живеат во околните населби и град Скопје, аптеките и маркетите во трговските центри остануваат да работат со редовно работно време од 08 до 22 часот.„Сакаме да ја известиме јавноста дека здравјето на граѓаните е пред се, и до донесување на одлука од владата за работењето на трговските центри сакаме да Ве известиме дека горенаведените трговски центри ќе работат со скратено работно време односно од 11:00 до 19:00 часот Здравјето на граѓаните ни е на прво место и ќе ја подржиме секоја одлука на владата на Република Северна Македонија“, се наведува во заедничкото соопштение.Промената на работното време ќе остане сè додека владата не донесе одлука за работа на трговските центри во државата.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

МНР формираше координативно тело за помош и поддршка на државјани кои се наоѓаат затекнати на граничните премини на други држави и аеродроми

Во рамките на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија е формирано координативно тело за помош и поддршка на своите државјани кои се наоѓаат затекнати на граничните премини на други држави и аеродроми, поради новонастанатата ситуација поврзана со корона вирусот (COVID-19).Ги замолуваме сите македонски граѓани во вакви ситуации информациите да ги доставуваат преку следните канали на комуникација:+389 75 273 732 (редовна линија, Viber и WhatsApp)+389  75 446 647 (редовна линија)+389 70 282 078 (редовна линија, Viber и WhatsApp)Електронска пошта: globalsos@mfa.gov.mkУште еднаш, апелираме, врз основа на официјалните мерки и препораки,  сите државјани кои живеат или престојуваат во земјите со висок и среден ризик да го одложат доаѓањето во Северна Македонија во овој период.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

masi

Од кафуле во Велес по 18 часот украдени двоседи и клуб масички

Во Велес во периодот од 18 часот вчера до 09.30 часот денеска од тераса на кафуле на ул.„Благој Ѓорев“ биле украдени два двоседа и три клуб масички, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР ВелесПосочи дека бил извршен увид од екипа од СВР Велес и се работи на расчистување на случајот.Кражбата се случила во временски интервал по 18 часот, а на вториот ден откако Владата донесе одлука за скратено работно време на кафетериите и рестораните до 18 часот, во рамки на дополнителните мерки за заштита од коронавирусот.    

Македонија | пред 6 години

bankomat-12

Двајца Руси фатени како обиваат банкомат во Скопје

Двајца руски државјани се уапсени откако биле затекнати како обиваат банкомат во Скопје.Според информациите на МВР, синоќа во 02.52 часот на ул.„Лазар Трповски“  биле приведени Б.Ж.(35) и Д.М.(41) и двајцата од Руската Федерација, бидејќи биле затекнати како обиваат банкомат.По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

14032020_dezinfekcija-2

(ФОТО) Спроведена е дезинфекција во институции на органите на управата со најголема фреквенција на граѓаните со администрацијата

Специјално овластен оператор денеска спроведе дезинфекција во просториите на сите министерства, како и во органите на управата со најголема фреквенција на граѓаните со администрацијата.Мерката за дезинфекција е извршена врз основа на заклучоците и препораките донесени од Владата на Република Северна Македонија и Министерството за здравство, за превенција и заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните од корона вирусот.Дезинфекција се спроведе и во резиденцијалните објекти на Претседателот на државата и на Претседателот на Владата, во угостителските објекти на државните институции, во магацинските простории на општите служби, како и на возниот парк на Службата за општи и заеднички работи на Владата.Оваа мерка, како и снабдувањето на институциите со средства за дезинфекција на раце, ќе продолжи и понатаму со цел спречување на ширењето, за превенција и за заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните. 

Македонија | пред 6 години

mickoski-1

Мицкоски: Не треба ПИ-АР и трка за политички поени и слава, мора итен пакет антикризни мерки за заштита на здравјето и бизнисот

Состојбата со справувањето со корона вирусот од ден на ден се влошува, и бара максимално ангажирање на сите стручни и кадровски потенцијали но и посветеност од сите одговорни субјекти. Не е сега времето за меѓусебни пресметки или добивање на ситни политички поени. Мораме да бидеме свесни за неколку работи. Реалноста налага да се предочи дека  имаме сериозен предизвик за заштита на здравјето на граѓаните и ни престои голема економска криза, Истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.Мицкоски додаде:Државите и институциите постојат за да им служат на граѓаните и оттука мора да се искористат сите знаења и искуства, но и брзо да се реагира за заштита на бизнисот, стандардот на граѓаните и целата економија. На крајот од месецот мора да се поделат плати, да се платат камати за кредитите, даноци, давачки, но пред се и над се да се заштити здравјето на граѓани.Вчера токму затоа предложивме антикризни мерки за заштита на здравјето и помош на бизнисот и ги ставивме на располагање нашите кадровски потенцијали. Морам да кажам дека сум разочаран што поминаа 24 часа и ниту еден, повторувам ниту еден владин претставник не пројави интерес за понудената помош и предложените мерки. Што значи дека само сопствената промоција е важна и дека не станува збор за грижа за заштита на граѓаните, туку исклучително само сопствената промоција.Мора брзо да се дејствува, и за мене како човек, но и за ВМРО-ДПМНЕ како партија воопшто не е важно од каде и кој ги предлага мерките, важно е да се делува за заштита на граѓаните и помош во економијата.Нашата комисија за здравство каде членуваат еминентни доктори е во постојано заседавање и ја следиме состојбата.Многу посилни земји од нашата се одлучија на прогласување кризна состојба, а тоа е така зошто вистински ги проценуваат работите и ризиците.Неопходно е и прогласување на кризна состојба и кај нас за да може да се преземат итни и неодложни мерки.Предлагаме итно замрзнување на обврските на компаниите кон државата, чија што работа е погодена со настанатата ситуација со корона вирусот за месец март.Итно замрзнување на обврските на компаниите кон банките и заемодаваталите за месец март, чија што работа е погодена со состојбата на корона вирусот.Државата да ги плати трошоците за вработените во компаниите погодени од состојбата со корона вирусот во висина од 50-тина проценти.Во делот на здравјето на граѓаните.Да се спроведе итна национална набавка на антисептични средства.Државата односно владата да обезбеди бесплатни маски и ракавици за граѓаните.Формирање на стручно тело, од посебен тим на експерти, засилено од постојните државни институции кои ќе прават строга контрола на евентуалните злоупотреби на дефинирање на високи цени за продажба на маски, антисептични средства и други потреби во врска со оваа состојба.Предупредувам дека очекуваме од владата да излезе со името на компанијата која што брутално го злоупотреби здравјето на граѓаните и беше профитерски настроена, наместо да се грижи за здравјето на граѓаните. Во спротивно ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе излеземе во јавноста со доказ.Обезбедување на бесплатни средства за заштита на работниците под висок ризик од корона вирус, освен здравствените работници, под ризик се и работниците во градилиштата, работниците во јавниот сообраќај, шалтерските работници, вработените во продавниците, новинарите, снимателите и редица други професии чија што работа подразбира контакт со лица.Неопходно е редуцирање на работата на државната администрација,Удвојување на човечките капацитети на работа во здравствените установи непосредно задолжени за справување со последиците од корона вирусот.Овозможување на отворена 24 часа линија за консултации и прашања поврзани со вирусот. Оправдано владее паника и страв кај граѓаните.Формирање на посебно државно контролно тело чија единствена задача ќе биде надзор и контрола на примената на превентивните мерки.Очекуваме брзо делување. Здравјето пред се и одговорно однесување за заштита и превенирање на последиците во деловното и бизнис работење. Секој поминат ден без мерки значи поголеми последици во бизнисот и повеќе што е најважно загрозени граѓани од корона вирусот.Слоган смислија за пи-ар, ама мерки суштински нема. Бараме да се вразуми владата и да ја прифати подадената рака, и да ги донесе мерките кои ги предлага ВМРО-ДПМНЕ, не затоа што ВМРО-ДПМНЕ ги предлага, туку затоа што се нужни, неопходни и исклучително потребни.Ова не смее да се претвори во трка слава и поени, мене тоа не ми треба, влогот е огромен, се работи за здравјето и опстојување на македонската економија.Бараме сеопфатна акција и итна примена на предложените мерки. Продолжуваме континуирано да ја следиме состојбата, а нашите партиски тимови во делот на здравството и во делот на економијата ќе бидат во постојано заседавање и деновите кои што следат на дневна основа ќе ја информираме македонската јавност за предлозите кои што ќе ги презентираме и очекуваме конечно владата наместо да се грижи за промоција, да се грижи за интересите на државата и здравјето на граѓаните, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.фото: Архива

пред 6 години

14_03_2020_Lukarevska

Лукаревска: "Парите назад кај граѓаните"- лимитот на МојДДВ ќе се зголеми на 2300 денари

Во 2016 година, СДСМ на граѓаните им го вети концептот “парите назад кај граѓаните”  и тоа го направи и ќе го прави!Владата предводена од СДСМ ја укина радиодифузната такса, воведе евтина тарифа на струјата, со што на семејствата им стигнуваат пониски сметки за плаќање, односно со воведување на оваа мерка 11 милиони евра остануваат кај граѓаните, истакна Сања Лукаревска, од коалицијата „Можеме“.Го слушавме гласот на народот и ги намаливме трошоците за катастар, за адвокатски, нотарски и извршителски услуги, казните сериозно ги намаливме!Преку проектот МојДДВ досега кај граѓаните се вратени околу 8,5 милиони евра!Овој успешен проект го продолжуваме и во новиот мандат и ќе го зголемуваме лимитот по поединец на 2 300 денари за тромесечие и 9 200 денари годишно, односно на 36 800 денари запросечно четиричлено семејство.Ветивме прочена плата од 30.000 за цел четиригодишен мандат. Денес, само по две и пол години таа е близу 27.000 денари. Ветивме минимална плата од 16.000 денари за цел мандат. Денес, таа е 14.500 денари по само две и пол години.Во новиот мандат ќе обезбедиме минимална плата од 300 евра и просечна плата од 600 евра до крајот на мандатот.Платите во образованието и здравството ќе пораснат за 20%!Тоа е нашата понуда до граѓаните којашто ќе ја оставариме до 2024 година!Ако за само две и пол години успеавме да отвориме над 67.000 нови работни места, и стапката на невработеност ја донесовме на историски минимум од 16,6 отсто, МОЖЕМЕ и знаеме за 4 години да отвориме нови 100.000 работни места, со што стапката за невработеност ќе падне под 8 отсто.Пензиите годинава пораснаа за рекордни 722 денари, а со усогласувањата ќе пораснат и до 900 денари до крајот на годината.Во новиот мандат нудиме предвидливо деловно опкружување!До 2023 година Владата предводена од СДСМ, персоналниот данок во ИТ индустријата ќе го намали до 0% и тоа скалесто: 5% во 2021, 3% во 2022 и 0% во 2023.Данокот на добивка останува на ниво од 10% во целиот период 20-24 година, ноостануваме доследни на воведувањето прогресивно оданочување преку инклузивенпроцес на разговори и креирање консенсуз за воведување на иститот.Ќе направиме реконфигурација на ДДВ преку воведување на единствена стапка од 10% ДДВ за сите ресторантски услуги, намалување од 18 на 5% за занаетчиски услуги, подигнување на прагот за плаќање ДДВ од 2 милиони на 3 милиони годишенпромет од 01.01.2022 и изедначување со прагот на ослободување на данок надобивка до 3 милиони денари годишен промет.Успешните економски политики на Владата предвдена од СДСМ се препознаени и потврдени преку сите економски параметри.Последен доказ е растот на БДП од 3,6 осто за 2019 година што е повеќе од проектираните 3,5 отсто.Само ние можеме за две години од рецесија од минус 1,8 отсто да направиме така сериозен раст на БДП.Развиваме држава за достоинствен живот. Држава со пристојна живеачка во која сите ќе заработуваат. Градиме систем во којшто трудот на работниците ќе се вреднува и ќе се плаќа. Градиме држава во која младите ќе останат тука да живеат, да работат, да напредуваат еднакво со нивните врсници од Европа, истакна Сања Лукаревска, од коалицијата „Можеме“.фото: СДСМ

Македонија | пред 6 години

kladilnici

Спортските обложувалници, членките на АСОМ ќе работат со скратено работно време

Согласно одлуката на Владата на РСМ донесена на 17-тата Седница, одржана на 12 март 2020 година, а во врска со мерките кои државата ги презема за справување со состојбата со коронавирусот, спортските обложувалници ќе работат со скратено работно време, од 7.00 часот до 18.00 часот, со преполовен капацитет за гости, односно да се задржи минимум неопходно растојание од најмалку еден метар и половина до два метри помеѓу луѓето кои престојуваат во овие објекти, се вели во соопштението од АСОМ.Одлуката е на важност до 24 март. Асоцијацијата ја следи состојбата со коронавирусот и целосно ги почитува препораките и мерките на Владата.Дополнително информираме дека ги преземаме сите мерки за заштита на нашите вработени и играчите во обложувалниците - членки на АСОМ. Во контекст на ова набавени се дезинфекциони средства за секоја обложувалница, заштитни ракавици за сите вработени, а објектите редовно и темелно се чистат.Апелираме до играчите, во целост да се придржуваат до мерките.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

04032020_MZ_Filipche_pres-konferencija-1

(ЖИВО) Прес-конференција на министерот за здравство, Венко Филипче

Прес-конференција на министерот за здравство, Венко Филипче https://www.facebook.com/VladaMK/videos/750000528862928/?v=750000528862928&notif_id=1584107080367194&notif_t=live_video

Македонија | пред 6 години

oliver-1

Спасосвски до жителите каде е прогласена кризна состојба: Бидете уверени дека ова е најдоброто решение кое најбргу ќе даде резултати и ве замолувам да нема поголема паника

Техничкиот премиер Оливер Спасовски на денешната прес-конференција во врска со актуелната состојба за справување со коронавирусот истакна дека сите граѓани со мислите и со срцата се со граѓаните на Дебар и со Центар Жупа маста каде што вчера беше прогласена кризна состојба.Премиерот потенцираше дека сите граѓани мора да се придржуваат кон мерките издадени од Владата со цел побрзо да се спречи ширењето на вирусот и финкционирањето на земјава да се врати во нормала.„Подготвени се сите активности да спроведеме ефикасни мерки и сите институции и нивните припадници се на терен, првата ноќ во Дебар и Центар Жупа мина мирно без инциденти и движење на населението, а така е и утрово, односно жителите се придржуваат кон мерките. Најважно е тоа и граѓаните на таков начин треба да го дадат својот придонес. Формиран е главниот оперативен штаб со цел да се спречи ширење на вирусот. Преземена е контрола и на мерките за да не се пренесува инфекцијата, заштита на граѓаните во услови на кризна состојба, зајакнување на мерки за обезбедување на државната граница од места кои доаѓаат од кризните подрачја, зголемување на нивото на безбедност“, истакна Спасовски.Спасовски обраќајќи се до жителите од Дебар и центар жупа кажа:„Бидете уверени дека ова е најдоброто решение кое најбргу ќе даде резултати и ве замолувам да нема поголема паника. Има организиран и институционален систем ќе се обезбедат сите услови и сите мерки да се обезбедат во кризна состојба. Во Дебар и Центар Жупа ќе се обезбеди да функционираат бакни, прехрамбени објекти, бензински пумпи. Сите траба да го дадеме личниот придонес и да се придржуваме кон препораките.  Објектите за храна ќе работат но со препорака на Кризниот штаб", изјави Спасовски.фото: PRTSC

Македонија | пред 6 години

krizen-stab

Се контролираат влезовите и во Прилеп

Од денеска до понеделник, сообраќајната полиција од Прилеп ќе ги контролира влезовите и протокот на патници во градот од општините Кривогаштани, Долнени, особено од општината Пласница како превенција од зараза со коронавирусот. Ова е еден од главните заклучоци по синоќешниот превентивен состанок на Регионалниот кризен штаб што се одржа во Прилеп на барање на раководителот на Центарот за управување со кризи од Прилеп, а на препорака на Републичкиот центар за да се има увид на состојбите пред понеделничниот состанок на Советот за безбедност што го свика претседателот на државава Стево Пендаровски, објави makpress.mk.На состанокот присуствуваа раководителите и директорите на јавните здравствени установи, од противпожарната единица, од полицијата и граничната полиција. Иако поканети, не присуствуваа градоначалниците на Кривогаштани и на Долнени.По информацијата од Центарот за јавно здравје дека во општина Пласница, која е под ингеренции на прилепскиот Центар, имало дојдени жители од високоризичните земји, упатен е апел да бидат во самоизолација и да се јават во Центарот.Како превентивна мерка на состанокот беше донесен заклучок овие три дена, особено што сабота е пазарен и фреквентен ден, да се контролира превентивно влезот во градот, објаснува прилепскиот градоначалник Илија Јованоски.Текстот во целост на: makpress.mk.

Македонија | пред 6 години

spasovski-1

(ЖИВО) Спасовски за кризната состојба во Дебар и мерките за справување со коронавирусот

Прес-конференција на премиерот Оливер Спасовски за воведенета кризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа, како и за актуелната состојба за спроведувањето на мерките за справување со корона вирусот.https://www.facebook.com/VladaMK/videos/2798059343596149/?v=2798059343596149&notif_id=1584107080367194&notif_t=live_videoфото: PRTSC 

Македонија | пред 6 години

Vlada

ФОТО: Владата го дезинфицира медиа центарот каде се одржуваат прес конференциите

Редовното и транспаретно известување на граѓаните во врска со состојбата и мерките за заштита од ширење на коронавирус е исклучително важно, затоа што битката со пандемијата е заедничка исто како и одговорноста. Во известувањето клучен партнер ни се новинарите кои неуморно и доследно ги пренесуваат најновите информации поврзани со мерките кои ги спроведуваме.Дезинфицирањето на медија центарот е една од серијата мерки кои активно ги преземаме за да ја зголемиме безбедноста на новинарите при нивното известување.https://www.facebook.com/VladaMK/photos/pcb.2925566980835807/2925565970835908/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

koronavirus

Во моментов за коронавирус се тестираат 6 лица од Дебар и еден странец

Министерството за здравство информира дека во моментов за коронавирус се тестираат 6 лица од Дебар. Од нив, четворица кои имале контакт со заболените од Дебар.Еден доктор епидемиолог и еден лабораториски техничар исто така од Дебар кои се без симптоми на корона вирус, но за кои е важно да се направи проверка на нивната здравствена состојба.На коронавирус се тестира и странец преку Центарот за јавно здравје во Битола. Резултатите ќе бидат готови за неколку часа, велат од министерството за здравство.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Телма: 5 милиони евра за македонските компании за кризата од корона вирусот

Сума од 5 милиони евра преку Македонска банка за поддршка на развој најверојатно ќе биде ставена на располагање на компаниите, како една од брзите мерки за справување со кризата од корона вирусот, дознава Телма.Идејата е компаниите од најпогодените сектори да имаат пристап до кредити не поголеми од 50 илјади евра , со симболична каматна стапка.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

korona-virus-2

15 комуникациски препораки во услови на „корона“ криза

Во време на заострување на препораките и мерките од надлежните државни институции со цел заштита на граѓаните од корона вирусот, нашето општество, но и речиси целиот свет се соочува со нови предизвици.Покрај заштитата на здравјето на секој поединец што претставува основен предуслов, многу е важно непреченото функционирање и унапредување на демократските процеси, како и заштита на основните човекови права, ставајќи акцент тука на слободата на изразувањето, мислењето, медиумите, еднаквиот пристап до информациите итн. Ова особено се однесува за начинот на функционирање на јавните институции во услови на криза, како и нивно целосно натпартиско и професионално поставување од интерес на сите граѓани.Земајќи ја предвид одлуката на политичките лидери за одржување на предвремените избори на 12 април, една од клучните дилеми која деновиве се наметнува во јавноста, е начинот на кој ќе се одвива ваквата кампања во новосоздадените услови за заштита од корона вирусот.Дополнително, претседателот на Републиката, во рамки на својата вчерашна прес конференција, отвори многу важна дилема – дали со новиот вонреден начин на водење на кампања, ќе се исполни една од основните премиси во демократијата, односно целосно информирани граѓани, пред кои кандидатите и партиите ќе можат да се претстават и презентираат својата програма и предлог активности со кои планираат да ја задржат/освојат власта.Земајќи го целосниот нов концепт, би сакал да се задржиме и јавно да ги разгледаме следните севкупни комуникациски препораки: Улогата на медиумите во новонастанатите околности мора дополнително да јакне и целосно да се почитува од институциите и политичарите Прес конференции на кои ќе учествуваат сите новинари и медиумски работници, непречено вршејќи ја својата професија – Доколку надлежните институции донесат одлука за неодржување на традиционални прес конференции на кои во иста сала присуствуваат говорниците и медиумите, неопходно е ПР тимовите да се осигурат дека на секој заинтересиран медиуми ќе му биде овозможено во живо, преку онлајн врска да може да постави прашање, даде новинарски коментар и слично. Во никој случај не треба да се исклучуваат новинарите од било кој јавен настан кој го организираат јавните институции, а дигиталната видео-конференциска врска може да биде решение доколку се воведат дополнителни мерки за заштита на населението корона вирусот. Зајакнување на онлајн комуникацијата на јавните институции со медиумите – Сите јавни институции и политичари во најкус можен рок да обезбедат посебни простории опремени за онлајн јавувања, известувања и непречено одвивање на двонасочната комуникација со медиумите. Исто така, уште веднаш ПР тимовите во секоја јавна институција е потребно да им достават на медиумите листа со контакти од различни онлајн платформи на кои ќе бидат достапни и ќе одговараат на сите прашања, информации и сè останато кое овозможува непречено остварување на отчетната компонента на јавните институции. Исклучок од ова правило не треба да биде ниедна институција, бидејќи и во вакви вонредни мерки, остварувањето на правата и потребите на граѓаните треба да бидат приоритет, а организирани на начин што во исто време ќе се задржи превентивата од корона вирусот, а услугите кон граѓаните непречено ќе се одвиваат. Засилена дигитализација на јавните институции – Посебен фокус треба да биде ставен на креирање/ажурирање на дигитални алатки во секоја јавна институција кои ќе бидат јавно достапни на медиумите, како и до секој граѓанин. Институциите и нивните ПР/дигитални тимови мора со засилено темпо да објавуваат информации од делокругот на својата работа, активностите кои секојдневно ги преземаат во својата област на дејствување. Колку сите очи да се свртени кон побрзото справување со корона вирусот, институциите мора да се фокусираат на фактот и дека барањата, потребите и тековните обврски на граѓаните имаат приоритет и мора да бидат обезбедени, без никој да биде доведен во дополнителен здравствен ризик. Со други зборови, токму во вакви околности, институциите и нивните раководители мора да покажат визионерство и лидерство, односно да не дозволат занемарување на своите основни надлежности и висока одговорност во делот на кризниот менаџмент. Тоа подразбира градење на ефикасен, брзо спроведлив долгорочен план за целосна дигитализација на буквално сите услуги, но и овозможување на остварување на дополнителен дигитален канал за брза повеќенасочна комуникација со медиумите и граѓаните. Засилена транспарентност на јавните институции – Токму во овој период е потребно институциите и јавните функционери да покажат дека се на висина на задачата и целосно посветени на јавниот граѓански интерес. Тоа подразбира демонстрација на висока заштита на своите вработени од корона вирусот, но истовремено градење на систем во кој институциите речиси непречено функционираат и ги реализираат активностите за кои се финансираат од граѓаните. Во ова смисла, од огромен интерес ќе биде целосно дополнително виртуелно отворање на јавните институции со куси и концизни информации за сработеното во текот на секој работен ден/работна недела, проследено со дополнителни мултимедијални материјали како фотографии и видеа. Важно е уште еднаш да се потенцира дека ваквите материјали не смее да бидат супституција за директното вклучување на новинарите и медиумските работници во настаните и активностите на институциите и нивните функционери. Важно да се потенцира фактот дека јавните институции за време на криза добиваат прилика дополнително да се испрофилираат како независни, да се осамостојат и да изградат кредибилитет на вистински натпартиски институции кои се сервис на граѓаните. Засилен проток и пристап до брз интернет – Зајакнување на отворениот пристап до интернет и зголемување на општото ниво на интернет сообраќај на целата територија од страна на Владата, со особен акцент на неограничен пристап на брз интернет за новинарите и медиумските работници. Токму медиумите се најголемиот сојузник во борбата со лажните вести, а еден од најефикасните начини да се избориме со дезинформациите е доколку обезбедуваме и дистрибуираме поголем број на официјални и кредибилни информации. Во ера на дигитализација, како и во време на вонредни превентивни мерки за заштита од корона вирусот, интернет каналите за доставување и „консумирање“ на вести и информации од страна на медиумите и граѓаните се неколкукратно поголеми и поизразени. Брза дигитална трансформација на ПР секторите во јавните институции Формирање или зајакнување на онлајн тимови во секоја јавна институција – Ставање фокус на брзо креирање/зајакнување на дигитални тимови во секоја јавна институција кои ќе можат брзо и професионално да ги реализираат активностите наведени во точките од 1 до 5. Начин на организација - Ваквите дигитални тимови е потребно да бидат организирани во смени со цел да ги прибираат и брзо одговараат пристигнатите барања, коментари или прашања од медиумите или директно од граѓаните. Во тек на превентивните мерки од корона вирусот, овие тимови може да работат од дома, а истовремено постојаната координација помеѓу нив и раководителите може да се одвива со користење на дигиталните платформи за дигитална видео комуникација. Трансформација – Иако веќе доцниме со трансформацијата на ПР секторите во јавните институции од класични пишувачи на соопштенија или организатори на прес конференции во вистински сервис за брза и ефикасна двонасочна комуникација со медиумите и граѓаните, сега е можеби вистинското време процесот ефикасно да се спроведе. Важно е да се потсети дека само со ваков пристап и трансформација преку ориентирање на овие витални сектори кон медиумите и граѓаните, институциите ќе можат да прокнижат успеси во битката со лажните вести. Ова е особено важно во период на предизборни случувања и справување со корона вирусот на национално и глобално ниво. Исто така, дигиталните тимови мора да бидат иновативни и особено за време на вонредните мерки да осмислуваат интерактивни содржини кои ќе ги мотивираат граѓаните да се вклучат, но и да креираат дигитални содржини на социјалните медиуми.  Политичка кампања во услови на превентивни мерки за заштита на граѓаните од корона вирусот Политичките чинители во македонското општество засега се усогласени дека изборите ќе се одржат на 12 април, како и дека сите ќе ги почитуваат институционалните превентивни мерки за заштита на населението од корона вирусот. Тоа подразбира исклучување на традиционалните кампањски активности меѓу кои спаѓаат партиските митинзи, средбите со граѓани, „врата до врата“ активностите и слично.Доколку партиите останат на ставот дека ќе се одржат изборите во предвидениот термин, кампањите можат да се одвиваат и без наведените традиционални форми наведени погоре, но потребно е да се внимава на следните препораки: Фокусот мора да биде ставен на вклучувањето на различни медиуми, како и канали на комуникација на политичките партии и кандидати со електоратот – Политичките партии е потребно да вклучат колку што е можно поголем број на медиуми и канали во своето претставување, како и презентација на своите кандидати и програми. Во оваа насока, предизборната кампања не треба да се планира да се одвива само на социјалните или дигиталните медиуми, туку во целост да ги вклучува традиционалните медиуми и онлајн порталите. Само на овој начин ќе се овозможи сеопфатна кампања и вклучување во процесот на информирање и двонасочна комуникација на сите граѓани. Корона вирусот не смее да стане дневно политичка тема или тема за ширење/подбуцнување на лажни вести – ниедна политичка партија не треба да ја третира како дневно-политичка тема состојбата со корона вирусот. Дополнително, секоја политичка партија треба да се фокусира на борбата против ширењето на лажните вести на оваа тема (од каде и да се пласираат) бидејќи тоа е од интерес за здравјето на секој граѓанин, а со тоа и за целокупниот јавен интерес. Во демократијата постојат многу отворени општествено-политички теми на кои партиите имаат различни ставови и решенија, па истите можат да доминираат во предизборните дебати. Онлајн претставувања на кандидатите и предизборните програми – Неопходно е секоја политичка партија да овозможи пошироко и секојдневно претставување на своите кандидати и предизборните програми за време на кампањата. Тоа подразбира низа на онлајн настани од интерактивен карактер кои ќе овозможат вклучување и интеракција со гласачите. Дополнително, ваквиот пристап ќе овозможи аудиовизуелен материјал за медиумите и тековните информативни изданија. Фокус на двонасочна комуникација и ставање на гласачите во фокусот – Подзаборавените онлајн активности како видео четови, прашања и слично потребно е да се реактивираат и вратат на сцената на предизборната кампања. Дел од политичките партии ги имаа своите први вакви активности пред десетина година, но за жал, изминатите години воопшто или многу ретко се применуваа во политичките кампањи или надвор од нив. Нагласена борба со говорот на омраза и дискриминацијата – Социјалните медиуми и другите интерактивни дигитални алатки често се посочувани како синоним за ширење на говор на омраза, дискриминација, навреди, омаловажувања и слично. Слободата на говорот која несомнено се надградува преку слободниот пристап до интернет, во никој случај не значи право на било кој од нас да креира и дистрибуира говор на омраза. Дискриминацискиот наратив особено се користи и кулминира за време на предизборни кампањи. Сепак, доколку сакаме ефикасно да започнеме да се справуваме со ваквите негативни процеси, потребно е за време на претстојната кампања политичките партии да ангажираат голем број на искусни и посветени модератори на нивните страни и канали на социјалните медиуми. Администраторите, покрај за двонасочна комуникација со граѓаните, потребно е да имаат вештини за препознавање и разликување на искажан став од страна на граѓаните кој е различен од партискиот и онлајн коментари кои содржат говор на омраза. Со ваквиот професионален пристап може да се очекува драстично намалување на бројот на коментари полни со дискриминација, а заземање на поголемо место од страна на дебатата и коментарите кои поттикнуваат дискусија и отвореност на партиите и често содржат различни мислења. Стратегија и стратешки пристап кон онлајн кампањата – Креирање на јасна и концизна Стратегија за онлајн настап во претстојната предизборна кампања и нејзина јавна презентација пред медиумите и граѓаните. Важно е да нагласиме дека во оваа предизборна кампања под онлајн или дигитална кампања нема да се подразбира само отворање и менаџирање на страни и канали на партиите и кандидатите, туку првенствено целокупен и сеопфатен план за информирање и активно вклучување во целиот процес на медиумите, како и секој заинтересиран граѓанин. Подготвил:Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавност и нови медиуми

Македонија | пред 6 години

pajak-11

За една недела од јавните површини во Скопје подигнати 209 возила

Во текот на изминатата недела  со специјалните возила пајак се подигнати 209 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 25 се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 184 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин,  тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно  308 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 25 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

zimska-oprema

Утре завршува обврската за задолжително поседување зимска опрема

Утре завршува обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата што беше воведена на 15 ноември лани. Од АМСМ информираат и дека сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по претежно суви коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

debar-6

Армијата ќе им помага на МВР и локалната во Дебар и Центар Жупа

Претседателот на државата, Стево Пендаровси, доцна синоќа донесе одлука за ангажирање на Армијата за поддршка на локалната самоуправа во Дебар и Центар Жупа и поддршка на полициските сили на МВР во обезбедување на дел од државната граница со Република Албанија на територијата на општина Дебар.-Донесов одлука за ангажирање на Армијата на Република Северна Македонија за поддршка на локалната самоуправа во Дебар и Центар Жупа и поддршка на полициските сили на МВР во обезбедување на дел од државната граница со Република Албанија на територијата на општина Дебар.Одлуката е донесена во функција на спречување на ширењето на Корона вирусот #COVID19 и отстранување на последиците од епидемијата, по прогласувањето кризна состојба на територијата на општините Дебар и Центар Жупа.Единиците на Армијата ќе ги координираат своите активности и ќе соработуваат со локалната самоуправа во Дебар и Центар Жупа, полицијата, Центарот за управување со кризи и останатите институции на државата вклучени во справувањето со кризната состојба, појаснува Пендаровски. фото: Архива

Македонија | пред 6 години

aerodrom-skopje-2

Од два патнички авиони на скопскиот аеродром вратени вкупно 26 странски државјани

ФБ статус на министерот за здравство Венко Филипче:-Патникот кој денеска со авион пристигна од Германија и беше тестиран е негативен на корона вирусот. Патниците кои седеле во негова близина во авионот, а кои беа задржани во изолација на аеродромот во Скопје, се пуштени дома со препораки за задолжително придржување кон мерките и препораките, кои важат за сите патници кои пристигнуваат во земјата.Во текот на денов, согласно одлуката на Владата, од два патнички авиони на скопскиот аеродром пристигнати од ризични земји беа вратени вкупно 26 странски државјани.Во меѓувреме попладнево, на корона вирус се тестирани уште 8 пациенти меѓукои и една медицинска сестра со индикации на болест од Клиниката за инфективни болести и фебрилни сосојби. Сите тестови се негативни на вирусот.Четворицата пациенти од Дебар позитивни на вирусот, се уште се во Дебар во стабилна состојба и утре ќе бидат донесени во Скопје и хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања