Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

aerodrom-skopje-2

Летовите од охридскиот по полноќ се пренасочуваат на скопскиот аеродром

Аеродромот во Охрид Св. Апостол Павле, почнувајќи вечерва од полноќ, ќе биде затворен, согласно одлуката на Владата, а со цел заштита и превенција од коронавирусот.„Како аеродромски оператор, за оваа одлука ги известивме сите авиокомпании кои летаат од/до аеродромот Св. Апостол Павле и им го понудивме Меѓународниот Аеродром Скопје како опција за пренасочување на нивните летови“, се вели во соопштението.Во него се додава дека сите патници треба да ги контактираат нивните авиокомпании во врска летовите кои требало да се реализираат од охридскиот аеродром, од следните дестинации, времиња на пристигнување и авиокомпании:Виена – 7 часот и 50 минути -ВизерЦирих – 8 часот и 55 минути – ЕделвајсМалме – 17 часот и 35 минути – ВизерБазел –  18 часот и 30 минути – Визер

Македонија | пред 6 години

aerodrom

МНР со став за заглавените државјани на странски граници и аеродроми

Министерството за надворешни работи преку Координативното тело за помош и поддршка на државјани на Република Северна Македонија кои, поради новонастанатата ситуација со корона вирусот (COVID-19), се наоѓаат затекнати на граничните премини на други држави и аеродроми, оствари мноштво контакти и разговори како со засегнатите наши граѓани, така и со различни институции во државата и во странство со цел изнаоѓање на решенија и давање соодветни информации и совети, се вели во соопштението на МНР.Таму се додава дека по интензивна комуникација и координација со македонските граѓани кои се враќаат во државата, како што е случај со тие од Малта, Шпанија или транзитирањето низ Република Србија и Република Албанија, се преземаат најсоодветни можни решенија, во услови на менување на околностите на дневна основа.„Во Малта нашите граѓани се упатуваат за враќање во државата преку аеродромот во Истанбул;  во Шпанија, како земја со висок ризик, се изнаоѓаат алтернативни дестинации и транзити како нашите граѓани би можеле да допатуваат во Скопје, што е случај и со аеродромот во Белград, а се работи и во координација со соседна Албанија.  Дополнително беше одговорено на голем број прашања на наши граѓани кои се соочуват со практични проблеми поврзани за престојот во странство, патување низ територијата на државите во Европа, како и можноста за нивно враќање во државата“, велат од МНР.

Македонија | пред 6 години

Screenshot_2

Македонија доби мапа на која се гледа од каде доаѓаат заразените од коронавирусот и други информации

Компанијата ГДИ, која се занимава со софтверски решенија и геонформациски системи, ја изработи првата мапа за коронавирус во земјава.На мапата можат да се видат местата од каде што доаѓаат заразените со коронавирусот, нивниот пол и години.Мапата може да се следи на следниот линк, а од компанијата соопштуваат дека податоците се ажурираат дневно, од официјални извори.

Македонија | пред 6 години

petar-bogojeski

„Македонски концепт“ бара одложување на изборите поради коронавирусот

Со оглед на настанатата состојба и кризните мерки за справување со пандемијата на COVID-19, и покрај нашата целосна подготовка за настап на овие избори, сметаме дека во прв план треба да се стави здравјето на граѓаните, а предвремените парламентарни избори закажани за 12 април да се одложат за период од најмалку два месеца.Предлагаме сите вклучени институции и политички субјекти да го прифатат предлогот на Претседателот Стево Пендаровски за одлагање на изборите. Во овој период на криза, треба да се отфрлат политиканските калкулации на партиите, да се соочиме со настанатата реалност, да се вразумиме сите и да бидеме одговорни и солидарни.Македонски концепт ги откажува и ги замрзнува сите планирани активности, вклучително и прес конференцијата којашто беше закажана за денес.Повикуваме на единство на нацијата во справувањетосо корона вирусот, да се оставаат на страна партиските и личните интереси. Затоа што државниот и јавниот интерес е пред сè!Ви благодариме и посакуваме сите да останеме здрави и безбедни.Македонски Концептфото: Архива

Македонија | пред 6 години

aerodrom-skopje

15 македонски државјани заглавени на аеродром, бараат помош од амбасадата во Рим и МНР

Техничкиот премиер Оливер Спасовски на прес конференција одговарајќи на новинарско прашање рече дека нашите кои се затечени во моментов во странска земја која е од висок ризик треба да ги почитуваат правилата и препораките на земјата во која се наоѓаат.Имено на социјалните мрежи објавен е статус преку кој наши државјани бараат помош за да се вратат дома.Во стаус објавен пред два часа пишува:Ние сме на аеродром и бараме алтернатива за да се вратиме назад. Вкупно до сега сме околу 15 души што се најдовме... Ѕвониме во амбасадата во Рим никој не одговара, моментално ѕвониме и во МНР. Кружат гласини дека ќе го затворат аеродормот во Малта од понеделник (НЕОФИЦИЈАЛНО)! Ни треба помош!!! https://www.facebook.com/monika.ss9/posts/10222028098841750фото: ФБ

Македонија | пред 6 години

debar-6

МВР: Состојбата во Дебар и Центар Жупа каде е прогласена кризна состојба, во изминатово деноноќие е стабилна

Од безбедносен аспект, состојбата во Дебар и Центар Жупа каде е прогласена кризна состојба, во изминатово деноноќие е стабилна. Полициските службеници вршеа засилена деноноќна обиколка и контрола на угостителски и други јавни објекти во двете општини и приградските населби (маркети, ноќни клубови, фитнес салони), со цел доследно спроведување на мерките за спречување на внесување, ширење и за сузбивање на корона вирусот, што ги презема Владата.На терен, течат мерките за контрола на патнички и други моторни возила за влез во Дебар и Центар Жупа, се дозволува влез само на лица кои се жители на општините, а истовремено оневозможен е, односно строго забранет излез на сите граѓани затекнати на подрачјето на двете општини. Нема проблеми во однос на дотур на храна, лекови, средства за лична хигиена и други потреби за граѓаните во двете општини.Упатуваме апел до сите граѓани на Дебар и Центар Жупа, но и до граѓаните на општините Струга, Охрид и Кичево, строго да се придржуваат до препорачаните мерки и насоки усвоени од Владата во врска со спречување на ширењето на корона вирусот (COVID-19). Сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници. Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

06032020_VRSM_Filipce_pres

(ФОТО) Влошена состојбата на првата пациентка од Дебар, таа е приклучена на апарат за вештачко дишење

Состојбата на првата пациентка од Дебар кај која што беше дијагноситициран коронавирус во исто време со нејзиниот сопруг, ѝ се влошува и од утрово е приклучена на машина за механичка вентилација со соодветната терапија, изјави на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче.Тој кажа дека на клиниката во моментов има 9 лица, а првата пациентка заразена со коронавирус ќе биде испуштена во понеделник. Денеска ќе бидат донесени уште 4-те новозаразени од Дебар, меѓу кои и едно 15-годишно момче.Тестовите на шестмината од Дебар и странецот сè уште не се готови, а непосредно пред пресот, уште двајца наши државјани кои дошле од Шпанија се тестираат за коронавирус.Резултатите ќе бидат објавени подоцна во текот на денот.На Инфективната клиника хоспитализирани се девет лица, заедно со првата пациентка која во понеделник ќе биде пуштена. Денеска на клиниката ќе бидат сместени и четворицата нови заразени кај кои вчера беше потврден вирусот. Од вкупниот број заразени, една пациентка е од Скопје, а останатите се од Дебар.фото:Архива

Македонија | пред 6 години

doktor

(ФОТО) Доктор Аголи од Дебар: „Ние сме на работа, вие седете дома“

Познатиот педијатар од Дебар, Арбен Аголи, на својот Фб профил  објави фотографија со две свои колешки, со полна заштитна опрема, и порака испишана на македонски и на албански јазик: „Ние сме на работа, вие седете дома“.Од вчера во Дебар и Центар Жупа е прогласена кризна состојба.фото: ФБ

Македонија | пред 6 години

grcija-granica-ne-smeedavnesuvatefood-01-74771-114634-696x406

Кои гранични премини се затворени, а на кои може да се помине?

Граѓаните на Република Северна Македонија можат за излез од државата да ги користат сите гранични премини кон Бугарија и Грција без ограничувања, како и аеродромите во Скопје и Охрид.  Влез и излез кон Србија е возможен само на заедничкиот премин Табановце-Прешево.  Косово има забрана за влез на сите странци, вклучувајќи ги и нашите државјани, значи нашите државјани не можат да влезат во Косово.  Нашите граѓани во Албанија можат да влезат само на граничниот премин Ќафасан, додека на Св. Наум и Стење само доколку патуваат во пограничните места, до овие премини.Доколку доаѓаат од високо ризични земји, нашите граѓани можат да остварат влез во Република Северна Македонија  само на граничните премини Табановце, Деве Баир, Богородица, Ќафасан и аеродромите во Скопје и Охрид.  Странските државјани кои доаѓаат од високо ризични земји не можат да влезат на ниту еден граничен премин, односно нивниот влез е забранет.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

DSC_8830_resize

Шекеринска: Армијата е подготвена да се стави во функција на заштита на граѓаните, втората единица припадници на Армијата замина за Дебар

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ги посети припадниците на Армијата во касарната во Тетово и заедно со началникот на Генералштабот, генералот Васко Ѓурчиновски ја испрати втората единица која од оваа касарна замина за Дебар.„Согласно одлуката на Владата за прогласување на кризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа и иницијативата на Владата која што претседателот Пендаровски ја одобри, веќе од денеска, Армијата е подготвена да се стави во поддршка на цивилните власти, на Министерството за внатрешни работи. Денеска сме тука во гарнизонот, во касарната во Тетово, каде што втората екипа која заминува за Дебар е веќе подготвена“, рече министерката и упати честитки до Генералштабот и до сите команди за брзата реакција.„Практично одлуката беше донесена од страна на претседателот доцна вечерта и веднаш се пристапи и кон тревога и кон ангажирање на персоналот и кон обезбедување на целата логистика – храна, вода.  Денеска е веќе направена една прва контрола и извидување од воздух на линијата каде што ќе бидат ангажирани армиските сили и веќе е почнат транспортот на еден дел од нашите сили. Стоиме на располагање и како и досега да покажеме дека Армијата е институција во која граѓаните со право имаат доверба и на која можат да сметаат“, рече министерката.  Шекеринска потенцираше дека брзата реакција на Владата во преземањето на мерки против ширењето на корона вирусот се покажа оправдана, бидејќи благодарение на таа ефикасност се успеа бројката заболени да не ескалира драматично.„Како Влада ќе продолжиме да носиме одлуки кои што на прво место ќе го стават здравјето на граѓаните и затоа иако Армијата никогаш не треба да биде прва институција која што ќе реагира, брзо побаравме и армиски ангажман. Ги ставаме сите ресурси на располагање за да помогнеме што е можно побргу да се справиме со КОВИД – 19 “ рече Шекеринска.Министерката се заблагодари на здравствените власти и здравствените работници за огромниот труд што го вложуваат во справувањето со вирусот, и упати апел до граѓаните да ги почитуваат препораките и забраните.„Повикот кој сите го испраќаме до граѓаните е сите да се вложиме себе си во оваа акција. Заедно можеме да го победиме корона вирусот, меѓутоа само ако ги почитуваме препораките, ако ги почитуваме забраните и ако направиме сè да се заштитеме и себе си и своите најблиски, а со тоа и целата држава“, рече министерката Шекеринска.Таа појасни дека главниот фокус на ангажманот на Армијата во овој момент ќе биде контролата на граничната линија.фото: Министерство за одбрана

Македонија | пред 6 години

debar-4

Како и кога се врши дотур на лекови и храна во Дебар?

Достава на прехранбени производи, медикаменти и други потребни стоки на подрачјето каде што е прогласена кризна состојба (општините Дебар и Центар Жупа) ќе се врши единствено во периодот од 8 до 14 часот, соопшти Министерството за внатрешни работи. Оттаму посочуваат дека заради продолжување со работа на индустрискиот капацитет „Кнауф Радика“ Дебар, овозможен е безбеден протек на возилата со кои се врши транспорт на ресурси и стока во подрачјето каде што е прогласена кризна состојба.Возилата со кои се врши дотур на стока и возилата на компанијата „Кнауф" се упатуваат кон безбедносниот пункт во правец на ХЕЦ Шпиље и ХЕЦ Глобочица или безбедносниот пункт преку Бошков Мост, од каде што само со полициска придружба се упатува кон територијата на кризното подрачје, информира МВР.Истоварот на стоката, додаваат, ќе го вршат исклучиво лица што веќе се во подрачјето каде што е прогласена кризна состојба, а на возачот на возилото или негов сопатник нема да му биде дозволено напуштање на возилото. По истоварот на стоката, возилото исто така со полициска придружба се враќа кон еден од безбедносните пунктови, каде по извршената дезинфекција му се дозволува слободно движење надвор од територијата на која е прогласена кризна состојба.Во интерес на зачувување на здравјето на граѓаните, сите граѓани задолжително да се придружуваат кон овие насоки за постапување, апелираат од МВР.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Во земјава вкупно заразени од коронавирусот 18 лица

Шест нови пациенти се позитивни на коронавирусот, а 51 патници кои доаѓале од Барселона во Скопје со лет на „Виз ер“ се во домашна изолација, откако на една патничка и е дијагностициран коронавирусот, истакна предмалку на прес конференција минситерот за здравство Венко Филипче.Вкупно во земјава заболени од  корона вирусот има 18 лица. Новозаболените од Дебар, 5 пациенти се со лесна клиничка слика и остануваат да се лекуваат во болницата во Дебар. Еден од позитивните на коронавирус е патничка која допатувала од Барселона.  Останатите пет пациенти се од Дебар и биле во контакт со претходно заболените.„Денеска се тестирани вкупно 12 лица, 8 во претпладневните, останатите во попладневните часови. Позитивни на коронавирусот се 6 лица. Една пациентка која стигнала со авионот на ‘Визер’ од Барселона, била свесна дека качила температура, патувала со заштитна маска и ракавици и сама се јавила на пунктот на аеродромот. Изолирана е, однесена е на Клиника за инфективни болести и тука е земен материјалот. На сите други 51 патници во авионот, дадено е решение за домашна самоизолација, односно здравствен надзор. Тоа значи дека во нашата земја има вкупно 18 пациенти кои имаат коронавирус“, рече Филипче.На Клиниката има 13 пациенти, а петте нови од Дебар ќе останат дебарската болница, согласно планот за третман за новодијагностицираните лица во овој регион. Таму има кадар, епидемиолог и двајца инфектолози кои можат да ги лекуваат овие пациенти, тие се со сосема лесна клиничка слика, налик на настинка. Од следните денови, уште еден специјалист ќе биде присутен во Дебар за да се појача капацитетот во однос на кадарот“, рече министерот за здравство.https://www.facebook.com/VladaMK/videos/1833102110159558/?v=1833102110159558&notif_id=1584107080367194&notif_t=live_video

Македонија | пред 6 години

3-2

Нови поригорозни мерки - се забранува работата на сите кафулиња, ресторани, нарачки само по телефон

Министерот Венко Филипче предмалку информираше дека Владата формира главен кризен штаб раководен од премиерот Оливер Спасовски.„Владата има главен кооринативен штаб, со кој ќе раководи претседателот на Владата, а во состав на сите заменици-министри, директорот на Центарот за управување со кризи и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, со цел целосна координација да се врши ова тело, со оглед на тоа што, со прогласување на кризна состојба, повеќе институции се внесени во системот на координација и работа на терен за подрачјата каде се прогласи оваа состојба. Главниот координативен штаб се состанува на дневна основа, претпладне, веднаш по состанокот на Комисијата за заразни болести“, истакна Филипче.Министерот ги пренесе и останатите поригорозни мерки за превенција од корона вирусот:„Се забранува целосно работата на кафетериите, баровите, клубовите, казината и спортските обложувалници. Сите угостителски објекти кои вршат подготовка и продажба на храна можат да работат без посета на потрошувачи односно гости и да остваруваат продажба преку онлајн нарачки, однсоно да вршат достава или истата да се подигнува надвор од угостителскиот објект согласно нивната организација“, истакна Филипче.„Се задолжува МЗ секој граѓанин кој влегува во државава, да му се даде писмена наредба за задолжителна самоизолација и истиот писмено да потпише писмена изјава дека ќе изврши самоизолација под полна морнална и кривична одговорнсот“, рече министерот.„Да се затворат за посетители сите продавници во моловите, на територија на цела држава, освен супермаркетите, аптеките, продавниците за храна. Сите останати правни лица можат да остваруваат профит преку онлајн нарачка, телефонска нарачка и да вршат достава на истите“ истакна министерот.Министерот  на денешнта прес коференција уште еднаш порача дека со седење дома се помага да се зачува јавното здравје и се става рампа на ширењето на овој вирус.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

aerodrom-ohrid-300x224

Се затвора Охридскиот аеродром и сите копнени гранични премини, освен Табановце, Деве Баир, Ќафасан и Блаце

„Се затовраат сите копнени гранични премини, освен Табановце, Деве Баир, Ќафасан и Блаце кои ќе бидат отворени за премин на патници. Да прекине со работа аеродромот св. Апостол Павле во Охрид, односно да се затвори граничниот премин. Да се забрани влез на странските државјани и на лицата кои патуваат од земјите со среден ризик, што е дополнително на забраната за влез на странци од земјите со висок ризик согласно листата на СЗО. Ова не важи за лица за кои МВР ќе даде дозвола, кој ќе потврди дека постои посебен државен или економски услови, согласно протоколите“, истакна министерот за здравство Венко Филипче.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

14_3_2020_Intervju_Nikola_Dimitrov-2

Димитров: Сите капацитети на МНР и државата се во функција на заштита на граѓаните од коронавирус

Никола Димитров, носителот на кандидатската листа во првата изборна единица, на коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ,  е првиот соговорник во серијалот интервјуа, како еден од новите начини за изборна промоција, откако партиите од коалицијата решија да ги одложат сите теренски активности согласно препораките на здравствените власти за заштита од корона вирусот.„Искуството и анализите од Кина и Италија, потврди ја дека само со одлучни мерки и намалено движење на луѓето се спречува ширење на вирусот. И следејќи ги експертските совети одлучивме да преземеме мерки. Најавено е затворање на аеродромот во Охрид, а ќе остане отворен во Скопје, околу угостителските објекти има мерки, околу шопинг моловите, по еден граничен премин со секоја држава е отворен, другите се затворени.  Живееме во светска здравствена криза, имаме 150.000 лица  заразени во светот. Грижата за себе е грижа за сите и мораме да бидеме одговорни затоа што се работи за здравјето“- изјави Димитров во интервјуто.Тој посочи дека МНР презема низа активности да им помогне на македонските граѓаните кои се надвор од државата, а сакаат да се вратат дома.„ Има македонски граѓани кои се надвор. Во секој момент се менува состојбата. Стигаат информации дека држави ќе затворат секаков вид на сообраќај и ќе забранат влез во државите. Да се оди за туризам некаде надвор денес е несериозно и неодговорно, освен оние со неодложни обврски. Имаме координативно тело со броеви, со мејлови. Во конзуларните преставништва имаме лица за врски. Имаме наши граѓани во Малта чиј лет бил откажан, па сега во понеделник ќе патуваат со „Туркиш ерлајнс“. Но овие граѓани заминале таму пред неколку дена како туристи. Истовремено помагаме и на превозниците кои се надвор од дома, значи сите капацитети ги имаме на располагање“- изјави Димитров.Во врска со неговата лична заштита од вирусот Димитров одговори дека се однесува одговорно и кон себе, а со тоа и кон другите.„Како и сите останати одговорни индивидуи, ги следам препораките, се прилагодувам на нив и целосно ги почитувам. Цело време мијам раце и ставам средства за дезинфекција. Поздравот со раце да го замениме со наклон, со насмевка...  Ова е нова состојба, не само за нас, туку за целиот свет, но важно е да се однесуваме согласно препораките и мерките. Јас требаше да сум во Париз, потоа во Брисел, имав важни состаноци. Останав во Скопје и панелот беше дигитален. Не можам да дозволам сега да сум во изолација. Не одам надвор, се обидувам само тоа што е нужно. Ќе имаме дигитална посета на германски министер , ќе имаме Скајп средба, јас од тука, тој од таму. Не сме сами, глобална е заканата.“- објасни Димитров.фото: СДСМ

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

(ФОТО) Пофалби за Филипче: Во Холандија се чувствував исплашено и несигурно, во Македонија, мерките се покажуваат како успешни

ФБ статус:Денес долетав во Скопје од Амстердам, и сакам да ви направам споредба на ситуацијата тука и таму:🇳🇱 Во самиот град сè работи, барови, ресторани и клубови. Дури пред некој ден дојде забрана за настани над 100 посетители. Нема официјална препорака за работа од дома, дел од фирмите само-иницијативно го почнаа тоа. На аеродромот никој од вработените не носеше маска, немаше дистанца меѓу луѓето, не се проверуваше за покачена телесна температура. Најголемата заштита беа ракавици.👉 Заболени во Холандија: 959 (300+ за два дена)🇲🇰 Кога слетав на аеродромот во Скопје, веднаш по последниот патник влезе екипа за дезинфекција на авионот. Во авионот пополнивме форма со контакт информации доколку треба да нè најдат каде сме. Сите вработени носеа маски и ракавици. Има скенер за покачена телесна температура, еден по еден поминувавме низ него (не беше ради реда ставен). Во градот е почнато со затворање на многу локали и едукативните установи, и има јасни препораки од министерството.👉 Заболени во Македонија: 18----Во Холандија јас се чувствував исплашено и несигурно, поради скоро-непостоечките официјални мерки.Во Македонија, иако сме помала држава, мерките се покажуваат како успешни, а луѓето знаат дека се обидуваме да ја контролираме ситуацијата.Често знам да давам строги критики кон политичари, но навистина морам да го пофалам целото Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë и Венко Филипче за транспарентниот пристап во ситуацијата. Најсикрено, се чувствувам побезбедно тука.Се гледаме за 14 дена, чим завршам со само-изолацијата , се вели во објавата на ФБ.фото: The Local Sweden 

Македонија | пред 6 години

direkcija

(ФОТО) На влезот од Дебар и центар Жупа се врши детална деконтаминација на медицинските возила, возилата за дотур на намирници и лекови

Дирекцијата за заштита и спасување со своите припадници активно учествува во кризното подрачје на територијата на Дебар и Центар Жупа.Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џафероски, синоќа издаде наредба за мобилизација на дел од силите за заштита и спасување. Силите на Дирекцијата за заштита и спасување покрај делувањето во внатрешноста на кризното подрачје, ќе делуваат на два контролни пунктови каде ќе се врши детална деконтаминација на медицинските возила, возилата за дотур на намирници и лекови, како и другите возила кои со посебна дозвола ќе се движат во кризното подрачје.Дирекцијата за заштита и спасување апелира да се почитуваат мерките донесени од страна на Владата на Р.Северна Македонија поради лична заштита и заштита на целото население.   фото: Дирекција за заштита и спасување

Македонија | пред 6 години

NAJNOVA-VEST-KORONAVIRUS

„Полициски час“ во пет струшки села, откако жителите не ги почитувале мерките за коронавирусот

Се известуваат жителите на Лабуништа, Подгорци, Боровец, Октиси и Јабланица  дека на ден 14.03.2020 година беше одржан состанок помеѓу месните Заедници на с.Лабуништа Подгрци Боровец Октиси и Јабланица  и претставници на ОВР Струга ПС Струга ПО Велешта ПС за ГН Лабуништа во врска со преземање на мерки за заштита од вирусот КОВИД 19.Поради добиени сознанија за непочитување на препораките од Владата на Република Северна Македонија за самоизолација во период од 14 дена на лицата кои доаѓаат од високо ризичните земији каде се поголем замав зема ширенето на вирисот КОВИД 19 на одржанот состанок се донесоа следните заклучоци: Полициските службеници во претстојниот период засилено ќе вршат утврдување на идентитет низ улиците во с.Лабуништа Подгрци Боровец Октиси и Јабланица.При доплнителни проверки доколку се констатира дека се легитмириани лица кои дошле од Високоризичните земји каде се шири коронавирусот и не се придржувале до препораките за 14 дена самоизолација во сопствените домови односно се затекнати како се движат низ с.Лабуништа Подгрци Боровец Октиси и Јабланица наведените лица може да одговараат кривично по член 205 и 206 од кривичниот закон на РСМ односно може да се соочат со затворска казна до една година.Доколку полициските службеници имаат сознанија за лица кои дошле од високо ризичните земији и не ги почитуваат препораките за самоизолација во сопствените домови ќе се вршат проверки дали тие се наоѓаат во сопствените домови и ја почитуваат одлуката на владата на РСМ за самоизолација на наведените лица.Сите преземени мерки се со цел да ја зачуваме нашата средина од ширење на вирусот КОВИД 19 и бараме да наидеме на разбирање од месното население.СО ПОЧИТ МЕСНА ЗАЕДНЦА ЛАБУНИШТА ПОДГОРЦИ БОРОВЕЦ ОКТИСИ И ЈАБЛАНИЦАфото: Архива

Македонија | пред 6 години

sistina

Аџибадем Систина стави на располагање на граѓаните 27 респиратори

Во услови на алертна состојба со вирусот Ковид-19, Клиничката болница „Аџибадем Систина“, заедно со сите свои 1000 вработени лица, се става на располагање со сите свои слободни капацитети на граѓаните на Македонија, кои се засегнати од овој вирус, а по потреба и претходен договор со Министерството за здравство. На располагање се ставаат и сите слободни апарати за механичка вентилација односно респиратори. Во моментов нашата болница располага со 27 најсовремени респиратори и тоа педијатриски, адултни и транспортни.Следете ги препораките за заштита и превенција од Ковид 19. Грижете се за своето и за здравјето на луѓето околу Вас. Нашата грижа за Вашето здравје продолжува. https://www.facebook.com/acibademsistinahospital/photos/a.119746031401344/3730501020325809/?type=3&theater фото: ФБ

Македонија | пред 6 години

prevoznici

МНР: Македонските превозници кои се заглавени на словенечката граница, со конвој ќе се вратат дома

Министерството за надворешни работи информира дека по добиената информација за повеќемина заглавени македонски автопревозници на италијанско-словенечката граница, поради нејзино затворање од страна на словенечките власти, преку своите дипломатско – конзуларни претставништва во Љубљана и Загреб, стапи во контакт со надлежните власти на релевантните држави со цел непречен премин до матичната држава.„По успешните дипломатски напори, информираме дека е овозможен транзитен камионски транспорт со полициска придружба преку словенечка територија, до крајната дестинација, Република Северна Македонија“, информираат од МНР.Воедно, Министерството за надворешни работи изразува благодарност на словенечките и хрватските колеги за брзата реакција и обезбедувањето на конвојот на нивна територија.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

maska

(ВИДЕО) Како да направите заштитна маска на многу едноставен начин

Деновиве најбарани производи покрај храната, средствата за хигиена, се и заштитните помагала, како што се маските. Цените на истите значително се зголемија, но и покрај тоа истите тешко се наоѓаат во аптеките.Ако во ниту една аптека не можете да најдете маска за заштита, тогаш може да ги искористите вашите влажни марамици. На социјалните мрежи се појави видео на кое се покажува како може да направите маска од влажна марамица на многу едноставен начин. https://www.facebook.com/faceogretmeni/videos/2484214455176154/?v=2484214455176154фото: prtsc

Магазин | пред 6 години

Нема фотографија

Денеска облачно со пообилни врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде облачно со пообилни врнежи од дожд, некаде над 20 литри на метар квадратен.Врнежите на планините ќе бидат од снег, а кон крајот на денот на повисоките места особено во западните делови и на североистокот повремено врнежите од дожд ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер.Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

tepacka-4

Нападнато едно лице во кругот на ЈП„Комунална хигиена“

На 13.03.2020 во 10.55 часот  во СВР Скопје, В.П.(34) од с.Рашче, скопско, пријавил дека околу 10.40 часот, во кругот на ЈП„Комунална хигиена“, бил физички нападнат од три лица вработени во претпријатието. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

aerodrom-ohrid

ТАВ: Охридскиот аеродром ќе се затвори од вечерва на полноќ

Согласно одлуката на Владата на Република Северна Македонија донесена вечерва на 14.3.2020, за затворање на Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, сакаме да Ве информираме дека ТАВ Македонија одлучи да го затвори Аеродромот во Охрид почнувајќи од полноќ – 15.3.2020 година, со цел да ги поддржи владините напори за спречување на ширење на коронавирусот.Како аеродромски оператор, за оваа одлука ги известивме сите авиокомпании кои летаат од/до аеродромот Св. Апостол Павле и им го понудивме Меѓународниот Аеродром Скопје како опција за пренасочување на нивните летови.За информации во врска со утрешните летови кои требаше да се реализираат од Охридскиот аеродром, од следните дестинации, времиња на пристигнување и авиокомпании:Виена - 7 часот и 50 минути -ВизерЦирих - 8 часот и 55 минути - ЕделвајсМалме - 17 часот и 35 минути - ВизерБазел - 18 часот и 30 минути – Визерги замолуваме сите патници да ги контактираат нивните авиокомпании.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Во вторник ќе се одложат изборите ? !

Политичките субјекти подготвуваат одлагање на изборите закажни за април и таквата одлука се подготвува да се донесе во вторник, само еден од од како ќе заседава „Советот за национална безбедност“ кај Претседателот Стево Пендароски - дознава „Скопје1.мк“ од свои извори во СДСМ.Информацијата за „Скопје1.мк“ ја потврдуваат и од ВМРО ДПМНЕ, како и од помалите партии.Според нашите извори иницијативата ќе тргне во понеделник од Претседателот Стево Пендароски, а во вторник ќе се одлучи да се одложат изборите за јуни или за на есен.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања