Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

cuk

Заклучоци од седницата на Главниот штаб во ЦУК за состојбата во Дебар и Центар Жупа

Главниот штаб денеска во просториите на Центарот за управување со кризи (ЦУК) одржа состанок во врска со постоењето кризна состојба на дел од територијата на земјава, односно во општините Дебар и Центар Жупа за справување со ширењето на корона вирусот.Директорот на Центарот за управување со кризи, Агрон Буџаку ги презентираше планираните точки на дневниот ред кои беа усвоени без забелешки.Како што соопшти ЦУК, еден од заклучоците на денешната седница е Центарот за управување со кризи (преку РЦУК Дебар) да го организира и координира внесувањето на артиклите за исхрана и материјално техничките средства во кризното подрачје. Барања да се доставуваат до Центарот за управување со кризи и во соработка со Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство и Единиците на локалната самоуправа во Дебар и Центар Жупа ќе ги определи термините и местата за преземање.Донесен е и заклучок за забрането излегување на лица и изнесување на артикли за исхрана и материјално технички средства од кризното подрачје, како и за лицата кои се затекнати во населените места во периметарот на обезбедување, а не се дел од кризното подрачје, забрането е излегување од истото, а институциите ќе им ги обезбедат потребите во намирници, опрема и лекови.

Македонија | пред 6 години

Brasno

ХУМАНОСТ: „Ако има некој што му треба брашно, а не може да купи нека ми пише во инбокс“

Луѓето се хумани по прорида, но актулната ситуација ги зближува уште повеќе. Помага кој како може. Велат : Она што ќе го дадам можеби е малку, но за некого е многу, па да помогнеме колку можеме“.Во редакцијата на Скопје 1 се обрати човек со големо срце. Вели:„Ако има некој што му треба брашно, а не може да купи нека ми пише во инбокс. Ќе им подарам 25 кг  брашно безплатно“.Донаторот, Ахмет Фејзула (Ammet Fejzula), инсистираше да остане анонимен, но по наше инсистирање го објавуваме неговото име.Почитувани, сите кои имате потреба од брашно, обратете се преку порака кај овој хуман сопственик на мелница и договорете се за достава на брашното.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

koronavirus

Бремените жени немаат коронавирус, ниту останатите

Министерството за здравство информира дека резултатите на 7-те пациенти кои претпладнево се тестираа се негативни на корона вирус.Денеска се тестираа пациенти од Куманово, Тетово, Кичево, Охрид, две трудници од Дебар и еден пациент од Кочани, чиј брис пристигна преку ЦЈЗ Штип.Тестот на пациентот од Кочани, е негативен, но заради типичните симптоми на вирусот, истиот се повторува. Министерството за здравство ќе информира за резултатот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

20200313_160757

Детектор анкета: Граѓаните сметаат дека државата назадува – новата влада да се фокусира на економијата

Државата назадува на речи си сите полиња, а граѓаните сметаат дека новата влада приоритетоттреба да го стави на економијата. Вакви резултати дава најновото истражување на јавнотомислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.Според него, 40,5% сметаат дека новата Влада приоритетот треба да го стави на економијата,односно на зголемување на платите, подобрување на животниот стандард и условите завработување.На второ место со само 6,9% е здравството. 5,9% сметаат дека приоритет треба да биде судствотоа 4% образованието. На останатите области приоритет им даваат помалку од 3% од анкетираните.44% од граѓаните сметаат дека економијата во Македонија назадува, 24,9% сметаат дека неманекакви промени додека 24,5% се на ставот дека економијата во Македонија напредува.Единствена област каде што граѓаните во мнозинство регистрираат напредок е надворешнатаполитика. 37,9% сметаат дека таа напредува, 35,1% дека назадува а 16,4% се на став декасостојбата во овој сектор е иста како и порано.Најголемото мнозинство од граѓаните сметаат дека најлоша е состојбата во областа на борбата соорганизираниот криминал и корупцијата.Повеќе од половина од нив или 55,3% сметаат дека Македонија назадува во борбата сокриминалот и корупцијата. 21,3% сметаат дека состојбата е иста како и порано а 17,7% гледаатнапредок на ова поле.Слични се бројките и кога станува збор за владеењето на правото. 49,8% сметаат дека состојбитена ова поле назадуваат, 24,7% дека се идентични како и порано а 18,5% сметаат дека Македонијаво овој сектор бележи напредок.Над половина од граѓаните не се задоволни ниту со состојбите во здравството, кое заедно соборбата со криминалот и корупцијата граѓаните го препознаваат како сектор кој има најголемоназадување. 55,3% од анкетираните сметаат дека состојбите во здравството во Македонијаназадуваат, 20,9% сметаат дека состојбите се исти како и претходно а 17,5% гледаат напредок.49,5% сметаат дека состојбите се влошуваат во секторот животна средина. 28,4% сметаат дека сеисти како и порано, а само 16% гледаат напредок.48,7% сметаат дека назадуваат состојбите во образованието, 27,4% не гледаат никаква промена а16,4% сметаат дека има напредок. 37,8% се на став дека социјалната политика во Македонија назадува, 27,6% дека напредува а 23,8% дека останува иста како и претходно.Во делот на предизборните програми на политичките партии и нивните ветувања, најголемаподдршка има најавата за ветинг во судството односно целосна проверка на имотите на судиите.За неа поддршка даваат 85,3% од граѓаните додека само 3,2% се против.Висока поддршка има и предлогот делата поврзани со корупција на политичари да не може дазастаруваат. За овој предлог поддршка даваат 84% од анкетираните додека само 5,6% се против.75,5% од анкетираните поддржуваат странски правни експерти да направат ревизија на пресудитедонесени од нашите судови додека само 7,8% се против.Дури 71,4% од граѓаните поддржуваат да се изврши целосен реизбор на судиите додека против се14,4%. 57,1% од граѓаните би поддржале јавниот обвинител да биде странец во случаи поврзани сокорупција, додека 27,3% се против. 71% од граѓаните даваат поддршка на субвенциите за привлекување на странски инвеститори додека 14,9% се против.64,2% ја поддржуваат идејата за намалување на јавната администрација додека 21,6% се против.Поделени се граѓаните во врска со идејата за забрана за увоз на половни дизел автомобили. 43,5%поддржуваат ваква забрана додека 42% се против. 72,2% од граѓаните ја поддржуваат идејата за воведување на можност за дополнително здравствено осигурување кое ќе покрива лекување во приватна болница, додека 14% се против. 82,2% даваат поддршка за зголемување на субвенциите за трето дете, додека само 9,2% се против.81,1% сметаат дека треба да се зголеми породилното отсуство додека 9,3% се против.Истражувањето на јавното мислење по нарачка на Детектор го спроведе Институтот за политичкиистражувања Скопје преку телефонска анкета во периодот од 10 до 13 февруари оваа година врзрепрезентативен примерок од 1104 испитаници со маргина на грешка од плус-минус 3%.фото: Детектор

Македонија | пред 6 години

Mrtvo-telo-autopsija-2-620x350

Во подземен простор на здравствена установа во Скопје, пронајдено починато лице

Вчера напладне С.К.(38) од Скопје пријавил дека во подземен простор на здравствена установа на булеварот „Втора македонска бригада“ во Скопје, пронашол починато лице.Од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт, информираат од МВР.Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител пронајденото тело е предадено за обдукција во Институт за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија – Скопје.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

terasi

СИТЕ ЗАЕДНО: Во 17 часот излезете на терасите со аплауз да им дадеме поддршка на лекарите

Пеачи, новинари, граѓани…на нашата држава која во моментов се бори против коронавирусот, преку социјалните мрежи споделија повик во 17 часот сите да излезат на терасите и со аплауз да им оддадеме поддршка на лекарите, на министерот Венко Филипче, како и на сите кои се вклучени и неизмерно и несебично се борат да се помогне во справување со состојбава.„Цела Европа им заблагодарува со симболичен аплауз на сите вклучени во првите редови во борбата со коронавирусот, здравствените работници. Тие заслужуваат и многу повеќе од аплауз, особено екипата на чело со министерот Филипче, но барем тоа можеме да го направиме, нели? Ајде денес 15.03.2020 сите да излеземе на терасите и со долг аплауз да ги поздравиме и да им се заблагодариме, за целата грижа и жртва која ја прават за ние да сме мирни и здрави! Ајде точно во 17ч сите да излеземе на терасите”, се вели во повикот за поддршка на Фејсбук.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

direkcija-4

Владата им се заблагодарува на телеком операторите што со СМС пораки ги известуваат граѓаните за мерките за заштита и спречување на коронавирусот

Владата на Република Северна Македонија им се заблагодарува на телеком операторите што ја прифатија препораката со СМС пораки да ги известуваат граѓаните на општините Дебар и Центар Жупа за мерките и советите за справување, заштита и спречување на коронавирусот.Пораките што ќе ги добиваат граѓаните ќе бидат поврзани со најновите информации и препораки, а првата СМС порака што ја добија граѓаните е со следната содржина:Препораки за граѓаните на Дебар и Центар Жупа:1. Останете дома, освен за итни и неодложни работи. Почитувајте ги препораките на Министерството за здравство. Не се собирајте во групи.2. Доколку имате симптоми на корона вирус (слични на настинка или грип) веднаш одете во Болницата во Дебар.3. Ќе продолжат да работат само продавници за храна, аптеки и бензински пумпи. Банките и Поштата ќе работат со скратено работно време.4. Доколку ви треба помош за испорака на храна или лекови, јавете се на телефоните на регионалниот центар во Дебар: 046/831-051.Од сите нас зависи. Да бидеме безбедни и здрави, се вели во соопштението од Влада на Република Северна Македонија.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Почина и второто момче од вчерашната тешка сообраќајка во Кавадарци

Почина и второто момче од вчерашната тешка сообраќајка во Кавадарци, родено 1991 година, откако претходно почина момче родено 1994 година.Двете момчиња се возеле на моторцикл, а сообраќајката настанала при судир со џип.Починаа на скопските клиники. Оваа информација за МИА ја потврди Елизабета Недановска, портпарол во Државното јавно обвинителство.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

zoran

ЗОРАН КРСТЕВСКИ: Опасност

Колумна на Зоран Крстевски, доктор по филозофски науки, едукатор, мотиватор и тренер за личен развој, за вечер.пресс. Оптимизмот и верувањето дека на крајот сè ќе биде добро се клучни за надминување на животните тешкотии и за излез од кризата.Опасностите го демнат современиот човек, така што колку и да го избегнуваме нивното влијание нема целосно да ги елиминираме. Тоа не значи дека треба да живееме во постојан страв, да шириме паника или да се опуштиме и воопшто да не се грижиме за последиците од сопственото однесување.Нештата најчесто се такви, какви што со своја мисла, збор и дела ги создаваме – тие не се плод на судбината туку производ на нашиот однос кон вредностите или слабостите во животот. Како им пристапуваме на тешкотиите, такви ќе бидат и решенијата за излез од тешкотиите. Кога живееме во страв, манифестираме неодговорност, неразумност и себичност, тогаш не треба да се надеваме на успех и реализација.Самосвеста, позитивниот пристап и препознавањето на опасноста се клучни за надминување на проблемите и за излез од кризата. Колку поинтензивно стравуваме, паничиме и нерационално постапуваме, толку побрзо се движиме кон опасноста и го загрозуваме сопственото постоење. Стравот од непознатото е најголемиот непријател на мирот и хармонијата. Кога проектираме црни сценарија и сметаме дека ќе настрадаме, тогаш зрачиме со негативна енергија и несвесно ја оживуваме и повикуваме опасноста.Преземањето одговорност за сопствениот живот и постапувањето во насока на етиката, дисциплинираноста и добродетелта треба да бидат наш придонес во креирањето решенија за излез од кризата. Доколку со својата неразумност, неодговорност, испаниченост и исплашеност ѝ подлегнеме на негативната енергија, тогаш на какви позитивни резултати треба да се надеваме?Подигнувањето на свеста и осознавањето на опасноста треба да бидат наши приоритети, надополнети со следење на препораките за избегнување ризични активности. Недостатокот на знаење претставува недостаток на моќ и немање капацитет за излез од кризата. Едно е да осознаеме од каде демне опасноста, а сосема друго е да не знаеме од каде ќе следи опасноста. Препознавањето на опасноста е половина решение за спас од опасноста.Голема наивност и неразумност е да се потцени силата на опасноста (вирусот) и да се смета дека „јас нема да бидам во загрозените“. Секој може да биде загрозен и со своето неодговорно однесување да придонесе да бидат загрозени и другите луѓе. Од друга страна, опстојувањето во страв, манифестирањето паника и ширењето негативна енергија може да создаде сериозни проблеми за внатрешната состојба на личноста и да ја наруши сигурноста во надворешната околина.Со долготрајно опстојување во страв, стрес и негативна енергија неминовно го оптоваруваме имунитетот и го ослабнуваме сопственото биополе.Човекот поседува силни механизми на самозаштита и способност за регенерација. Малодушноста, наметнатиот страв и уверувањето дека сме жртви на судбината, нема да ни донесе ништо добро во животот. Според епигенетските истражувања, надворешните фактори и начинот на живот го условуваат активирањето или исклучувањето на нашите гени. Тоа укажува дека со своето размислување, однесување и дејствување ние сме креатори на сопствената судбина. Од нашиот пристап кон стресот, траумата и тешкотијата во голема мерка зависи квалитетот на животот. Силното емоционално реагирање поради неразрешени трауми, подложноста на константни стресови и негативни вибрации неизбежно го ослабнуваат нашиот имунитет и нè прават подложни на разни болести. Покрај останатото, здравствените опасности неретко произлегуваат и од следните околности: опстојување во нездрава социјална средина;неприфаќање на самите себе; трауматични искуства; депресија; несогледување на вистинските проблеми;живеење со чувство на вина; таложење емоционален отров манифестиран низ гнев, тага и потсвесна агресивност. Храната која ја јадеме, средината во која живееме, социоемотивните односи кои ги развиваме, психичките состојби низ кои поминуваме, стилот на животот кој го водиме во голема мера влијаат врз нашата епигенетика. Нездравата средина, лошите меѓучовечки односи, стресот, стравот и негативните навики имаат моќ да ја нарушат нашата епигенетика и да нè соочат со болести.Позитивниот пристап, оптимизмот и добрата волја се главните вредности што и се потребни на нашата личност. Кога внимаваме на самите себе, манифестираме одговорност кон другите луѓе и стануваме свесни за потенцијалните опасности, тогаш ја зајакнуваме сопствената енергетска состојба и психофизички напредуваме.Имунитетот е тесно поврзан со енергетската состојба на нашето битие. Научно е докажано дека емоциите силно влијаат врз имунитетот. Губењето надеж, ослабената волја, потиштеноста и обесхрабреноста длабоко ги поткопуваат можностите за излез од кризата и за надминување на опасноста. Во фолклорните умотворби е запишано: „Кога човекот ќе ги спушти крилјата (се откажува од борба), набргу му се зголемува шансата да заболи од тешка болест“. Научно е докажано дека имунитетот ја губи својата моќ кога живееме во константен стрес, страв и тага. Според рускиот истражувач Сергеј Лазарев: „Депресивната состојба провоцира закани од разни болести и активира напади од некои вируси“.Постои голема поврзаност помеѓу нашето физичко и психичко здравје, така што одредени физички симптоми произлегуваат од психички причини. Се смета дека органите можат да се разболат кога сме постојано гневни, кога губиме вера во Бог (или судбината) и кога душата почнува да страда.Кога внатрешно сме разјадени со црни песимистички мисли и живееме во страв и бесмисла, тогаш неизбежно стануваме подложни на разни болести. Со губење на волјата за перспективите на иднината, со долготрајна потиштеност и подложност на стрес го дисхармонизираме своето биополе и ја уништуваме способноста на имунитетот да ги идентификува и уништува штетните бактерии и вируси.Најголемата опасност произлегува од немирот во душата, заглупувањето на духот и од предаденоста на ниските вибрации на телото. За да оздравиме треба да се грижиме за душата. Современата медицина е фокусирана на телото – таа на душата не и посветува доволно внимание.Кога на внатрешен план погрешно се однесуваме, кога ја ослабнуваме верата и ја зголемуваме агресијата, тогаш на потсвесно ниво го вклучуваме програмот на самоуништување. Со односот што го развиваме кон етиката, духовноста, социјалната средина и природата веќе е вклучен програмот на самоуништување на ниво на целото човештво. Општ заклучок е дека љубовта сè помалку вирее на нашата планета. Цивилизацискиот напредок отвори простор за индустријализација, технологизација и сателитизација, но ги деградира моралот, чесноста, одговорноста и семејните вредности. Емпатијата, грижата, духовноста и сомилоста ја загубија битката со култот на парите и со разулавеното предавање на ниските страсти и задоволствата на телото. Сето тоа создаде лоши последици за психофизичката структура на човекот, сериозно загрозувајќи го опстанокот на човештвото, кое сè повеќе влегува во агресивно-депресивна состојба.Кога не водиме сметка за љубовта, одговорноста и духовноста неминовно ги разгоруваме гневот, алчноста и себичноста. Тогаш не размислуваме за последиците од своето однесување, туку исклучиво сме заинтересирани за егоистичните цели и интереси. Во периодите на најголемите опасности да се беснее, манифестира површност и неодговорност кон сопственото и туѓото здравје значи дека некои луѓе не го положиле испитот на зрелоста, туку поседуваат ментален склоп на „едноклеточни организми“.Ако човекот не ги почитува законите, се однесува себично и неморално, тогаш во душата му се намалува љубовта. Кога таквиот поединец ќе се навикне на неморалното, за него станува вообичаено да се одрече од љубовта, и потоа тргнуваат проблемите.За да престанеме да грешиме неопходно е да ја преземеме одговорноста за сопствениот живот и да ја подигнеме свеста на повисоко ниво. Работењето на заедничките интереси е основно за излез од кризата и дистанцирање од негативноста.Единствено со љубов, морал и верба во Бог може да се спасиме од најголемите опасностите. Правилниот однос е залог на опстанокот. Во тој правец одат и мудрите поуки запишани во Библијата: „Патот на праведните е да се отстрануваат од злото, и кој внимава на својот пат, го чува својот живот“.фото: Архива

Коментари | пред 6 години

nikoloski

Николовски: Владата да донесе мерки за замрзнување на цените на основните производи

Знаеме сите дека Македонија се соочува со сериозна појава чии прогнози кажуваат дека за жал состојбата само ќе се влоши. Колку посеопфатни бидат мерките и колку бидат побрзи толку помали ќе се последиците. Да бидеме искрени покрај овие огромни здравствени проблеми  им посакувам се најдобро и брзо закрепнување на сите оние кои што веќе се заболени од Корона вирусот и посакувам што помали бидат последиците но покрај тие последици ќе има сериозни економски последици. За жал и Европа, а Македонија како дел од Европа се соочува и ќе се соочи во наредниот период со сериозна економска криза која ќе е последица на ова што се случува со корона вирусот. И затоа мора да ја потенцирам нашата разочараност  што владата останува нема на подадената рака за помош, која што ние ја даваме во овој момент што  алармира дека мора да се стават на над политичкиот моментум и партиските интереси, истакна Александар Николовски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.Ова не смее да се претвори во арена на кампања и политички маркетинг, кој што за жал го гледаме деновиве. Повеќе работа помалку политички маркетинг е она што треба да се случува во следниот период.Затоа нашата загриженост е и поради исто така делумното почитување на мерките на владата. Има локали во градовите и особено во Скопје кои непречено работат и по 18 часот, спротивно на препораките и преставуваат потенцијални жаришта за пренесување на вирусот. Исто така на повидок е можеби најголемата економска криза од осамостојувањето на државата. Неработењето на компаниите предизвикува штета. Таа штета може да значи да не може редовно да се исплаќаат плати во следните месеци што ќе значи дополнителен ѓок за граѓаните.   Затоа бараме тие штети да ги надомести државата.Предлагаме неколку нови мерки.Прво следење на примерот на Хрватска, каде владата донесе одлука за замрзнување на цените на основните потрошувачки производи во продавниците и замрзнување на цената на медицинските помагала и средства кои се неопходни за справување на последиците со корона вирусот. Ова мора да се направи веднаш за да се заштитат граѓаните,  а во исто време да се спречи профитерство во овие тешки денови.Второ, владата да донесе одлука и да побара од телекомуникациските оператори во месец март да донесат одлука со која што нема  да ги исклучуваат оние корисници кои не ги платиле сметките. Брзата комуникација е примарна во решавањето на состојбата со која што е соочена Македонија во овој момент.Исто така во изминатиот период  излеговме со мерки кои ќе ги повторам кои се суштински кои за жал владата се уште не ги имплементира. Секој ден одлагање на овие мерки е удар врз македонската економија и ќе донесе огромни последици по сите граѓани на Македонија.Итно замрзнување на обврските на компаниите кон државата, чија што работа е погодена од новонастанатата ситуација.Итно замрзнување на обврските на компаниите кон банките и заемодавателите за месец март, чија што работа е погодена од корона вирусот.Државата да ги плати трошоците за вработените во компаниите погодени од корона вирусот во висина од 50-тина проценти.Итно враќање на сето заостанато ДДВ кон компаниите кое што државата им го должи на компаниите.Субвенции за транспортните компании туристичките компании туристичките центри во Македонија, угостителските објекти, шпедициите, и извозните компании во тек на целата година затоа што последиците кои што ќе ги имаат во овие месеци ќе им се одразат во текот на целата година.Очекуваме овие мерки веднаш да бидат прифатени ВМРО-ДПМНЕ има два сериозни тима кои што ги става на располагање на сите граѓани на Македонија и на владата да бидат искористени првиот е здравствениот предводен од Д-р Игор Николов и вториот е економски тим каде што  ги имаме најдобрите, врвните стручњаци во Македонија да дадат одговори. Ситуацијата е исклучително алармантна, покрај на здравствен план верувајте последиците на економски план ќе ги чувствуваме долго во периодот кој што следи, одговор е потребен уште денес, истакна Александар Николовски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.фото и видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

dik-1

ДИК бара да се преиспита одлуката за одржување на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) побара од државниот врв да ја преиспита одлуката за одржување на предвремените парламентарни избори на 12 април.Од ДИК истакнуваат дека во изборниот процес се вклучени многу луѓе кои треба да комуницираат меѓусебно, меѓу кои членови на избирачките одбори, членовите во ОИК и административно техничкиот и логистички персонал.Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски потенцираше дека треба да се донесе одлука со ладна глава, бидејќи сега на прво мест е здравјето на граѓаните. Тој рече дека е редуциран бројот на активностите на ДИК и се прават сите напори голем дел од обврските да се завршуваат по електронски пат, но во нивните простории понекогаш поради организација на изборите се собирале по 200 до 300 луѓе дневно.Сепак, од комисијата истакнаа дека работат според Законотот и Роковникот и навремено ги преземаат сите дејствија во насока на организација на изборите и дека ќе се прилагодат и ќе ја почитуваат секоја одлука на надлежните институции во врска со актуелната ситуација.Во текот на утрешниот ден ќе се одржи состанок на Советот за безбедност кај претседателот, Стево Пендаровски, во врска со ширењето на коронавирусот. Деркоски појасни дека тие немаат претставник во Советот за безбедност, па затоа ја користат седницата за јавно да ги кажат своите ставови.извор: Макфакс

Македонија | пред 6 години

bolnica-ohrid

Да не се шират лажни вести - НЕМА заболена пацинтка на охридското гинеколошко одделение

Да не се крева паника без потреба. Да се почитуваат препораките на Владата и да се спроведуваат. Социјалните мрежи да не се користат за ширење на лажни вести. За заболените пациенти и оние кои се тестираат валидни се информациите исклучиво од министерствот за здравство.Имено во Охрид преку социјалните мрежи се шири лажна вест, дека на гинекологија е примена пациентка заболена од корона вирус. Ова не е точно, велат од општата болница.Од болницата додаваат дека точно е дека е примена пациентка од Дебар, која била тестирана за корона вирус, но тестот бил негативен, а поминал и периодот на инкубација на вирусот.И покрај се пацинтката во Охрид е донесена според препораките на министертвото за здравство и сместена во оддвоен дел.Имено станува збор за пациентка од Дебар, која имала роднини во странство, но таа не била во контакт со нив.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

w_55947221

Нови мерки: Медицинарите од приваните установи ќе работат на државните клиники, доколку е потребно

„Целиот медицински персонал во сите јавно здравствени установи, но и од приватните болници, ги ставаме на располагање согласно нашиот оперативен план, за доколку е потребно, да работат во здравствена установа каде ќе биде потребно, притоа, сакам да изразам благодарност до приватнтие болници кои уште во текот на минатата недела целосните капацитети ги ставија на располагање, сосе 70 интензивни легла со респираторни машини за оваа патологија“, рече Филипче.„Клиниките нема да ги одржуваат своите редови, утрински, стручни колегиуми, со цел да се намали контактот помеѓу колегите. Ќе се координираат телефонски, така ќе се извршува и оперативниот програм со координација со вработените. Се одложуваат интервенциите за пациентите кои можат да почекаат, остануваат оние малигни и итни состојби за кои нема простор за одложување“, додаде тој.„Назначен е координатор на службата за инфективни болести во Дебар. Тој е професор од Инфективната клиника кој ќе престојува таму и ќе ја координира работата со пациентите кои сега ги имаме, а тоа се петте кои вчера ги дијагностициравме, како и новиот план и координација за работа на докторите кои се таму“, информираше министерот.„Детската болница во Козле целосно ќе се спреми да прими деца, евентулано заболени од коронавирусот. Сите хоспитализирани пациенти примени денеска или вчера, ќе бидат префрлени на лекување на Клиниката за педијатрија, со цел децата да бидат изолирани од возрасните, доколку имаме таков пациент, но и од останатите деца, од друга патологија кои се лекуваат на Клиниката за педијатрија“, кажа Филипче.

Македонија | пред 6 години

04032020_MZ_Filipche_pres-konferencija-1

Се проверуваат пациенти од Охрид, Кичево, Штип, Куманово и Тетово дали имаат коронавирус

Седум нови пацинети се испитуваат дали имаат коронавирус. Станува збор за граѓани на Штип, Куманово, Тетово, Кичево и Охрид, дел од нив се враќале од странство и  развиле симтоми.„Имаме 7 нови материјали кои се работат, станува збор за пациенти од Штип, Куманово, Тетово, Кичево и Охрид. Дел од нив престојувале во Швајцарија, Австрија, Германија, тоа се пациентите од Штип, Куманово, Кичево, Тетово. По неколку дена развиле од враќањето развиле висока температура. Сега се во одделите за изолација и во текот на денот ќе бидат готови резултатите“, рече Филипче.Меѓу нив има и две родилки.„Од Охрид еден пацинет и две родилки, кои вчера се донесени од Дебар. Едната е во Охрид, другата во Скопје. Тие се во оддел за изолација, во стабилна состојба, не се непосредно пред породување, но ги донесовме тука за да се направат тестовите и да бидат спремни за породувањето“, додаде министерот.Останатите пацинети кои веќе се хоспитализирани поради тоа што имаат коронавирус се во стабилна состојба, освен првата пациентка од Дебар, која е на респираторна машина, но во подобра состојба.„Сите 13 пациенти кои се на Клиниката за инфективни болести се во стабилна состојба, идентична како вчера. Само една пациентка, првата пациентка од Дебар е на респираторна машина, со подобрување на параметрите по механичкта вентилација, но со непредвидлива дијагноза, со оглед на оваа ситуација дека непредвидливо доаѓаат компликации. Сите други, заедно со 15-годишниот пацинет се добри и сместени во одделот за изолација“, кажа тој.

Македонија | пред 6 години

06032020_VRSM_Filipce_pres

(ЖИВО) Прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче

Прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче.

Македонија | пред 6 години

unnamed-3-7

МВР: Мирна ноќ во Дебар и Центар Жупа - не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нема нарушувања на јавниот ред и мир

Во Дебар и Центар Жупа, безбедносната состојба во изминатото деноноќие беше стабилна. Во текот на ноќта, не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нема нарушувања на јавниот ред и мир, нема кражби или други имотни деликти. Полициски службеници, согласно оперативниот план, вршеа обиколка и контрола на угостителски и други јавни објекти во двете општини и приградските населби (маркети, ноќни клубови, фитнес салони, обложувалници), со цел доследно спроведување на мерките за спречување на внесување, ширење и за сузбивање на корона вирусот, што ги презема Владата.На терен, со несмален интензитет се спроведуваат мерките за контрола на патнички и други моторни возила за влез во Дебар и Центар Жупа. Влезот е дозволен само на лица кои се жители на општините, а истовремено оневозможен е, односно строго е забранет излез на сите граѓани затекнати на подрачјето на двете општини. Без проблеми се одвива дотурот на храна, лекови, средства за лична хигиена и други потреби за граѓаните во двете општини.Упатуваме апел до сите граѓани на Дебар и Центар Жупа, но и до граѓаните на општините Струга, Охрид и Кичево, строго да се придржуваат до препорачаните мерки и насоки усвоени од Владата во врска со спречувањето на ширењето на корона вирусот (COVID-19), а сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници. Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

aerodrom-skopje

Сведоштво од патник: Се спроведуваат ли мерките на Владата на скопскиот аеродром?!

„ПРВ ДЕН САМОИЗОЛАЦИЈА помина.Слетавме пет минути по полноќ. Десетина минути потоа слета и авионот од Барселона, со еден потврден случај на корона вирус.Но, ние веќе имавме завршено сè... бевме упатени кон излезот на Аеродромот. Завршивме пасошка контрола брзо, ни беше измерена температурата, имавме основна брошура во раце, а во авионот пополнивме лист со име, презиме, адреса и телефон. И ни кажаа доколку сме биле во Кина, Кореа, Италија или Иран последниве 14 дена и имаме симптоми да се пријавиме. Толку. Тоа беше сè.Ние слетавме од Париз. Парискиот регион Ile-De-France имаше регистрирано околу 1000 случаи со корона вирус.Нејсе... сакав да напишам многу, од тоа што видов во авион, од тоа што никој од нас слетаните не доби упатства за владини одлуки, уште помалку за домашна самоизолација, и најважно - што воопшто тој термин значи... Но, не ми беше целта да паметувам, напаѓам или мрчам, уште помалку да ја барам вината во кого е.Не е време за тоа. Но не е ниту време за многу пресови, а малку дела на терен.Судејќи по постапките и однесувањето на патниците, бев уверена дека никој не знае ниту обрнал внимание на тие донесени одлуки. Што е право, така беше во Франција. Никој, ама никој, вклучувајќи ги и вработените на аеродром, не носеа маски, ракавици, а те допираа и претресуваа. Меѓу граѓаните не постоеше дискусија за корона вирусот, сè се одвиваше како да не постои ситуација, седеа во нивните кафулиња залепени еден до друг...Но, при слетување во Мк, бар на еден лист, црно бело испечатени упатства да ни се поделеа. Гласно да се потенцирше дека истите се задолжителни, да потпишавме дур ни се проверуваше пасошот некакво писулче дека сме ги виделе, прочитале, разбрале. Не знам дали ќе има силен ефект врз граѓанинот тоа, но е бар обид да му се предочат и наметнат.Но,  вчерашната одлука на владината седница е за силен поздрав. Се усвои еден силен предлог и од денес се надевам ќе се применува до најниско капиларно ниво!На секој наш граѓанин кој се враќа од средно и високо ризичните земји му се издава писмена наредба од МЗ за задолжителна самоизолација од 14 дена. Граѓанинот потпишува писмена изјава дека под полна морнална, кривична и материјална должност ја прифаќа самоизолацијата.Сакав да кажам дека ние немаме решение ниту писмена наредба за самоизолација, мислете му ја.*Како и другите 80тина патници (бројот е моја проценка) кои слетаа од Париз“, пишува патничката.https://www.facebook.com/tatjanagrozdanovska/posts/10159472260858136

Коментари | пред 6 години

w_55947488

Коронавирусот зарази над 600 лица во Црна Гора

Во Црна Гора има 638 лица под медицински санитарен надзор кои биле во области со широко распространет коронавирус во текот на изминатите 14 дена, соопшти Институтот за јавно здравје.Тие нагласуваат дека завршиле уште пет лабораториски тестови на новиот коронавирус во саботата, а сите резултати беа негативни.Досега нема регистрирани случаи на заразени со Ковид-19 во таа држава.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Јавното обвинителство донесе ЗАДОЛЖИТЕЛНО УПАТСТВО, еве што има приоритет

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, врз основа на член 20 и 25 од Законот за јавното обвинителство, на 14.3.2020 година,  донесеЗАДОЛЖИТЕЛНО УПАТСТВО СЕ ЗАДОЛЖУВААТ јавните обвинители на Вишите  јавни обвинителства и јавните обвинители на Основните јавни обвинителства извршувањето на функцијата на Јавното обвинителство да ја организираат и согласно заклучоците на 19. седница на Владата на Република Северна Македонија, на начин:1.       Во постапувањето приоритет им се дава и веднаш се земаат во работа кривичните пријави кои се однесуваат на кривични дела: Пренесување заразна болест по член 205 од КЗ, Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија по член 206 од КЗ, Несовесно лекување болни по член 207 од КЗ, Неукажување медицинска помош по член 208 од КЗ, Спречување службено лице во вршење на службено дејствие по член 382 од КЗ, Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста по член 383 од КЗ,  Организирање на отпор по член 387 од КЗ, кривични пријави од надлежни институции во врска со донесените одлуки, мерки и препораки од други надлежни институции за справување со појавата и ширењето на коронавирусот COVID-19.Дежурствата се остваруваат согласно донесените распореди, а доколку треба да се преземат повеќе дејствија се ангажираат и други јавни обвинители и административен персонал.2.       Јавниот обвинител на Јавното обвинителство:а). Утврдува кои конкретни работи и задачи (проучување на предмети, изготвување одлуки или други административни работи) можат да се извршуваат надвор од службените простории на Јавното обвинителство и одобрува работите да се извршат од дома,б) Во Јавното обвинителство се води евиденција за одобренијата и дејствијата за вршење на задачите од дома. Извршувањето на работите од дома се засметува како време поминато на работа,в) Јавниот обвинител или административниот службеник при извршувањето на работите од дома, должен е цело време да биде достапен и на повик од Јавното обвинителство да се врати во службените простории,г) Непочитувањето на правилата за извршување на работа од дома, повлекува дисциплинска одговорност.3.       Јавниот обвинител на Јавното обвинителство со оглед на новонастанатата состојба, одобрува кои дејствија не се итни и нема за овој период да се извршуваат, туку по создавањето на редовни услови за нивно преземање.4.       Пред влегувањето на странките и другите учесници во постапката во објектите на Јавните обвинителства, задолжително се применуваат мерките за дезинфекција и здравствена заштита.5.       Во просториите во кои се преземаат дејствијата, задолжително да се постапи согласно препораките за здравствена заштита и да се обезбеди неопходната физичка оддалеченост на присутните учесници.Дејствијата се преземаат во простории кои ќе бидат определени од Јавниот обвинител на Јавното обвинителство. Во тие простории се врши зачестена  дезинфекција. По исклучок, определено дејствие може да се преземе и во работната просторија на Јавниот обвинител, која претходно и по завршувањето ќе биде дезинфицирана. 6.       За закажаните судења и судските рочишта, јавните обвинители да постапуваат согласно упатствата и насоките на Судскиот совет и претседателите на судовите.7.       Останува на сила ЗАДОЛЖИТЕЛНОТО УПАТСТВО за постапување на Основното јавно обвинителство Дебар, Основното јавно обвинителство Кичево и Основното јавно обвинителство Гостивар за време на кризната состојба прогласена од Владата на Република Северна Македонија во општините Дебар и Центар Жупа од 13.3.3020 година.8.       Ова задложително упатство стапува во сила веднаш.

Македонија | пред 6 години

Izjava-Sasa-Bogdanovic-13.6-1

Центар и Богдановиќ организираа тимови да пазарат за изнемоштените поради коронавирусот

Поради новонастаната ситуација, а со цел да не остваруваат непосреден контакт со останати лица и да се изложуваат на дополнителна опасност, сите возрасни лица над 60 години на територијата на Општина Центар, кои се изнемоштени и имаат влошена здравствена состојба, можат да се обратат на телефонскиот број 077 963 672 и да побараат помош за пазарење.„Нашиот мобилен тим, почитувајќи ги сите мерки на претпазливост наложени од Владата, ќе дојде до нивниот дом, ќе им ја пружи потребната помош и поддршка, а дополнително и ќе им бидат обезбедени потребните прехранбени намирници, средства за хигиена и/или потребни лекови“, соопшти Општина Центар.Мобилниот тим Општина Центар го формира во соработка со Здружението за поддршка и развој „Хуманост”, со цел поголема колективна безбедност и превенција од вирусот Ковид – 19.

Скопје | пред 6 години

derkovski

Препорака за одложување на изборите од ДИК

Државната изборна комисија денеска им препорача на партиите одложување на изборите поради ситуацијата со коронавирусот.„Скопје 1“ веќе објави дека политичките субјекти подготвуваат одлагање на изборите закажни за април и таквата одлука се подготвува да се донесе во вторник, само еден од од како ќе заседава Советот за национална безбедност кај претседателот Стево Пендароски.Од ДИК велат дека тие не можат да побараат одложување на изборите, се надеваат дека ова прашање ќе се најде пред Советот на безбедност кај претседателот Пендаровски.Доколку тоа се случи Собранието ќе мора пак да се свика и да ги одложи изборите кои се веќе закажани за 12 април.

Македонија | пред 6 години

90136811_759431751251926_5708973999900327936_o

Ние сме на работа да ве информираме - ве информираме да си седите дома!

Новинарката, ТВ лице и водителка, Даниела Павлеска која работи во Македонската радио телевизија, заедно со нејзиниот колега Валентин Поповски испрати силна порака до пошироката јавност.Тие повикаа сите да седат дома, како што е и препораката на Владата.„Ние сме на работа за да информираме. Ве информираме да си седите дома“, е пораката која тие ја испратија.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=759431747918593&set=a.118487365346371&type=3&theater

Македонија | пред 6 години

market

Разбирам страв и чувство на немоќ, но не и купување 20 млека, 500 смоки, 5 пакети тоалетна, пишува Туфегџиќ

Пратеничката Ивана Туфегџиќ на социјалните мрежи побара на разумност од граѓаните, посебно кога станува збор за купување на куп производи за правење залихи во домовите. Таа вели дека го разбира чувството на немоќ, но на тоа, одговор не може да биде празнење на маркетите.„Разбирам страв, чувство на немоќ, ама не разбирам купување 20 млека, 500 смоки, лебови, 100 антибактериски средства, 5 пакети тоалетна(мора да ја најдам конекцијата до крај на пандемијава меѓу луѓе, криза и тоалетна). И во случај на целосен карантин ќе има храна и ќе биде дозволено еден да излегува по намирници(видете Дебар). Вака само ќе направите да мора да има ограничување и на луѓе и на број на купени продукти по човек. Да бидеме разумни, одговор на немоќта не е купувањето на пола маркет!“, пишува Туфегџиќ.https://www.facebook.com/ivana.tufegdzik/posts/2597581673704700

Коментари | пред 6 години

direkcija-3

Состојбата во Дебар и Центар Жупа, втор ден карантин и почитувањето на препораките

Жителите во општините Дебар и Центар Жупа го поминаа и второто деноноќие по прогласувањето на кризна состојба поради појавата на коронавирусот строго почитувајќи ги препораките од надлежните и движењето по улиците речиси е минимално.Поставените контроли пунктови на излезот кон Маврово и кон Струга, односно кај месноста Бошков Мост и кај Хидроелектраната „Шпилје“, потоа на Мелнички Мост на влезот кон Центар Жупа и кај ХЕ „Глобочица“ на излезот од оваа општина кон Струга функционират без проблеми.Строго се контролира влезот – излезот само на возила, чиј проток се дозволува врз основа на препораките.Екипи на Дирекција за заштита и спасување со соодветна опрема вршат дезинфекција на сите возила на влез и излез во двете општини.-Дезинфекцијата продолжува и на јавните површини низ градот, како и зоните во градот кои се сметаат за жаришта на болеста. Поради дождот оваа активност синоќа ја прекинавме некаде околу 22:00 часот. Во моментот имаме минимална количина на средства за дезинфекција, кои ги набави општината од сопствени средства. Но, има најави дека ќе добиеме од државните институции, вели Омер Цами, член на Оперативниот штаб.Цами кој е раководител на Секторот за комунална хигена во Јавното комунално претпријатие „Стандард“ додава дека продолжуваат со миење на улиците во градот со вода, како и дезинфекција на контејнерите, кантите и корпите за отпад.Директорот на Општата болница во Дебар, Баки Халили изјави за МИА дека во болницата има посебна соба за изолација, а до граѓаните упати апел за информации околу симптомите на коронавирусот да се обратат на бројот 194.Во меѓувреме, како што изјави министерот за здравство Венко Филипче, тестовите вчера покажале негативни резултати за дебарскиот епидемиолог и техничарот од работната единица на Центарот за јавно здравје и тие веќе се на должност.Вчера се потврдени нови пет случаи на заразени од Дебар, а во домашна изолација во двете оштини се над 40 лица.Од безбедносен аспект, како што изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид, состојбата во Дебар и Центар Жупа и во изминатово деноноќие е стабилна.-На терен, течат мерките за контрола на патнички и други моторни возила за влез во Дебар и Центар Жупа, се дозволува влез само на лица кои се жители на општините, а истовремено оневозможен е, односно строго забранет излез на сите граѓани затекнати на подрачјето на двете општини, вели Димоски.Тој додава дека нема проблеми во однос на дотур на храна, лекови, средства за лична хигиена и други потреби за граѓаните во двете општини.Во градот сè уште„заглавени“ се граѓани пред се од подрачјето на Река и Гостивар. Дел од нив се сместени кај роднини и пријатели, а за дел е обезбедено хотелско сместување. Се додека не ја минат вообичаената процедура, тие остануваат таму. 

Македонија | пред 6 години

66666

Филипче сподели „Седи си дома, пи**а ти материна“

По неколку дневни препораки, укажувања и повторувања од министерот за здравство Венко Филипче дека сите треба да останеме дома, бидејќи само така ќе го спречиме ширењето на коронавирусот во нашата држава, тој на социјалните мрежи сподели објава со фотографии на кои се испишани повеќе пароли, како што се превентивни мерки, да се седи дома и слично.Во низата од над 30 фотографии, министерот Филипче има споделено и фотографија со текст „Седи си дома, пизда ти материна“, која до моментот на објавување на оваа вест, има над 200 лајкови во знак на поддршка.https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/pcb.2337405629899790/2337404823233204/?type=3&theaterИ да се разбереме, „Скопје1“ не ја објавува оваа вест во знак на критика, туку во знак на поддршка кон министерот Филипче за сите мерки кои ги спроведе тој заедно со Владата во изминатиот период, со цел, наша заштита. Притоа, напоменуваме, министерот ги сподели фотографиите со цел да каже дека да се седи дома, значи да се биде креативен, нешто што е пишано и во самиот опис на неговата објава.https://www.facebook.com/filipce.venko/posts/2337405629899790?__xts__[0]=68.ARA7F99LrIaJkuxt9KCZbhwFXOVzoMoMSfO1De6_dPmw4q4DWE82D2cSmvq2H_iyKN1ImNH21XpEqoLiXkaDkQyj2k2levfi3hO8nFUXFpQrXYcgb26oZTnkkA3vOu14azwjDyUZerKZ9D8RivmdyGYmwkeY6jonxQUTFB1itcpyHYRYANq1tZZtQCf5sfSmtjYSc5nM7Uy1fuE8mvmaNCU55SEUDV4qjiE0p5T0pd1mUJNiuvzt7ejt0SWWIgCsAj_nMyQNllV7Rk1EpMjYANGAah4C6wsQSlfYIe-lZbpJOeMD837gH1CyPB_ULCis6PzjvrUf0Pgaur2685CTnKuofqB0&__xts__[1]=68.ARAHqrFhnGHd2W_w2eKp5mT74MVmzYwrbcfS5lh-4cPkMgXjvI0aN3P-o3tvTaP3yPVlMM03NbFn7o_Bsrkg-CVlx2bbpHLI7-MFHRH9ocK5f0Ts-IzSohZuw82lA226flDyEzgKEmU4NgXnFz5gd3gPMW6laA4QeFj_3idAF5KTQjjk3_o4U7eN-Pcr6PYyDVAyOdVquduZIpJu8iIpTPQSV2lfCZqEiOem56cQhMiFKK4PuLSHJOtlqF1Cva2JrWAPBZRMu_IxyehM5BVTakONDKzJGp2dqgD9bYkc6JfN2RxOwYtIjgQyli_gJEMfo4ESi4Qs63Y1y-iGRZU_46e20GFA&__tn__=-R

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања