Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

lisici

Приведен гостиварски угостител поради непочитување на владината одлука за затворање на угостителските објекти

Денеска околу 13 часот, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 51-годишниот гостиварец А.А., сопственик на угостителски објект во Гостивар, поради тоа што во неговиот угостителски објект на ул.„Гоце Делчев“, кој бил отворен спротивно на владината одлука и препораките за справување со „корона вирусот“, неколку лица во внатрешноста на објектот користеле услуги, односно биле послужени со храна.А.А. е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.МВР уште еднаш апелира до граѓаните целосно и безусловно да ги почитуваат мерките и да се придржуваат на владините одлуки, препораки и совети и укажува дека секое нивно непочитување адекватно ќе биде санкционирано согласно важечката законска регулатива.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

granica-srbija

На кои гранични премини се влегува и излегува од државава?

Во насока на ефикасно преземање на превентивни мерки со цел заштита на здравјето на граѓаните, МВР ја информира јавноста дека за излез од државата можат да го користат граничниот премин кон Бугарија - Деве Баир, без ограничувања, како и граничниот премин Аеродром Скопје. Нашите граѓани можат да остварат влез во Република Северна Македонија  само на граничните премини Табановце, Деве Баир, Богородица, Ќафасан ,Блаце и Аеродром Скопје. Странските државјани кои доаѓаат од високо и средноризични земји не можат да остварат  влезат на ниту еден граничен премин, односно нивниот влез е забранет. Воедно,  Министерството за внатрешни работи е активно вклучено во спровод и конвој на заглавените товарни возила во меѓуграничниот простор.Министерството за внатрешни работи во изминатиот период асистираше на Државниот пазарен инспекторат во спроведување на одлуката на Владата за затворање на угостителските објекти и таа асистенција ќе продолжи и во следниот период. Во таа насока, текот на вчерашното попладне СВР Скопје, во координација со Државниот пазарен инспекторат презеде мерки за затворање на седум локали во северниот дел од Скопје кои не ја почитуваат одлуката на Владата.Упатуваме апел до сите граѓани строго да се придржуваат до препорачаните мерки и насоки усвоени од Владата во врска со спречувањето на ширењето на корона вирусот (COVID-19), а сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници. Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.  

Македонија | пред 6 години

liberalno-demokratska-partija

ЛДП: Ги повикуваме лидерите на партиите изборите да ги закажат за октомври

Либерално-демократската партија ги повикува политичките партии на утрешната лидерска средба да ги одложат парламентарните избори кои треба да се одржат на 12-ти април и да закажат нов термин за месец октомври.ЛДП ги повикува сите партии да се водат пред се од интересот на здравјето на македонските граѓани и да ја донесат оваа единствено исправна одлука кој во моментов е значајна.Како партија, ние, го предлагаме месец октомври како единствено реален датум за одржување на парламентарните избори бидејќи покрај справувањето со заканите по здравјето на граѓаните од корона вирусот (COVID-19), следно ќе биде справување со економските последици и преземање на мерки во таа насока со контигентен план за фискалните мерки.За нас, последно за што треба да се грижеме во моментов се изборите и затоа сметаме дека во време на пандемија треба да заборавиме на нашите политички несогласувања и сите заедно сполотено да делуваме  кон победата на злото кое се заканува по животите на луѓето.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Пендаровски закажа лидерска средба за утре, се очекува да се одложат изборите

Претседателот над државата, Стево Пендаровски, на својот профил на Твитер најави дека за утре е закажана средба со лидерите на политичките партии, на која ќе присуствуваат и Оливер Спасовски и претседателот на Собранието Талат Џафери.На средбата се очекува да се донесе одлука за одложување на парламентарните избори закажани на 12 април.Денеска, лидерите на поголемите политички партии веќе изразија подготвеност за одложување на изборите поради коронавирусот.Фото: Архива

Македонија | пред 6 години

szo

Претставничката на СЗО во Русија: Изолацијата е солидарност, не се бориме против луѓе, се бориме против вирус што не можеме да го видиме

Светот е обземен од пандемијата на коронавирус. За тоа зошто има толку многу починати во Италија, како се развива вакцината и како да се заштитите себеси зборува претставничката на СЗО во Русија. Изолацијата е солидарност, не се бориме против луѓе, се бориме против вирус што не можеме да го видиме, вели Мелита Вујнович во интервју за руска РБК., објави мкд.мк. На 11 март директорот на СЗО, Тедрос Гебрејесус, прогласи пандемија на новиот коронавирус. Што значи тоа?Тој не прогласи ништо. Неверојатно е тоа што цел месец никој не го слушаше нашиот директор, но веднаш штом го кажа зборот пандемија, сите почнаа да слушаат. Неговите зборови значат дека самиот опис на епидемијата сега е сменет - таа добива пандемиски обем. Тој рече дека не сме можеле да го запреме ширењето на вирусот на ниво на една или две земји; него го има во над сто земји.Тој намерно подраматично ги претстави информациите за државите и владите да сфатат дека постои можност да се запре ширењето, но потребна е акција. Ако ширењето на вирусот не биде запрено сега, тоа ќе стане огромно. Ако веднаш преземете мерки, ако воведете мерки за изолација, тогаш нема да има нови пренесувања на вирусот, нема да има човечки загуби, а загубите за економијата ќе бидат помали.- Што препорачува сега СЗО?Препораките се истите. Пред десет дена го кренавме нивото на процена на ризикот за целиот свет на „мошне високо“, веќе во прашање не е дали има пандемија или не, во прашање е преземањето мерки да се заштити здравјето на сите луѓе. Ние имаме четири сценарија за различни видови земји.Првото сценарио е за земјите каде што нема вирус - во нив главно е неопходно да се информира населението и оние што доаѓаат од други земји, за тие да ги поминат сите потребни процедури за да се идентификува можна зараза.Второто сценарио е за земји каде што сè уште има единечни случаи на зараза, по околу 20 случаи - тие исто така треба да го детектираат вирусот и масовно да го информираат населението за превентивни мерки.Третото сценарио е за земји каде што синџирот на заразени е подолг, но сепак ви овозможува да го следите ширењето на вирусот, од кого на кого бил пренесен.Четвртото е за земји каде што почнало локално пренесување. Ова е она што се случува сега во Италија, она што беше во Вухан. Обезбедува сеопфатни мерки што ќе го ограничат понатамошното пренесување на инфекцијата.Нашите експерти беа во Вухан, искуството е многу позитивно. Мерките што тие ги презедоа се импресивни, можеме да кажеме дека Кина се има справено со епидемијата. Во Јужна Кореја, епидемијата исто така беше како експлозија, но населението беше многу добро информирано, беа утврдени случаите и контактите, што исто така ни овозможи да ја преземеме контролата врз ситуацијата на многу начини.- Зошто има толку многу починати во Италија?Затоа што е невозможно веднаш да се препознае епидемијата. Таму, очигледно, многу луѓе веднаш се разболеле, но не е јасно како се случило тоа. Во моментов се спроведува истражување заедно со експерти. Луѓето едноставно не можеле да сфатат дека се болни, не ги знаеле симптомите, ниту каде да одат поради нив. Колку е постара популацијата, толку е повисока стапката на смртност, така што Италија сега има над 1.000 починати.- Какви се прогнозите за смртноста?Смртноста сега е околу 3%, но точната бројка ќе ја знаеме кога епидемијата ќе заврши. Сега не гледаме смртност кај децата и младите луѓе, но како што се зголемува возраста на болните, се зголемува и смртноста. Кај возрасната група над 80 години (не насекаде), смртноста може да достигне 14%.- Како се развива болеста кај децата?Децата се разболуваат, но во лесна форма, продолжува во формата на САРС, каде што немаше смртни случаи. Ова не значи дека не треба веднаш да ги лекувате или да ги ставите во изолација. Веднаш мора да се јавите на лекар и да преземете мерки.- Може ли миленичињата да бидат носители?Ние работиме заедно со Меѓународната организација за заштита на здравјето на животните за да го проучиме овој проблем. Во моментов нема докази дека домашните животни, како кучињата и мачките, ги заразуваат луѓето со вирусот ковид-19.- Дали има случаи на повторно заразување?Ова сè уште не го знаеме, затоа тие се обидуваат да ги најдат трагите од секој пациент. Кина е многу успешна во тоа, таа објавува по дваесетина научни труда секој ден.- Дали е поминат пикот на болеста?Сè уште е невозможно е да се зборува за ова; нема доволно податоци. „Се развива вакцина против коронавирусот“- Како се разликува тековната епидемија од, на пример, „шпанскиот грип“ во 1920-тите?Фигуративно кажано, тогаш проблемот беше што нè нападна куче, а сега нè нападна мачка - различно семејство на вируси, различен генетски потенцијал и механизам на дејствување, иако во двата случаи инфекциите се респираторни. Разликата помеѓу двете ситуации е дека во тоа време немало антивирусни лекови, светот бил затворен, речиси немало никакви мерки, па затоа нема точни податоци за смртноста од Шпанците. Затоа, проблемот со смртноста не може да се спореди.- Во која фаза е развојот на вакцина?Вакцина против коронавирус во моментов се развива. Секој што работел на вакцините против грип ја развива и оваа вакцина, нема никакви нови учесници во овој процес. Во Русија, ова е „Вектор“. Луѓето никогаш не го разбираат јасно процесот на создавање вакцина - ова не е вакцина како онаа што ја разви Пастер, ова е генетски материјал што им помага на клетките на вашето тело, на белите крвни зрнца, да сфатат дека нешто несакано влегло во телото. Грубо кажано, вакцината ја формира меморијата на леукоцитите, така што ако се појави вирус, тие да го препознаат и да почнат да се борат. Никој не може да се разболи од таква вакцина, во неа нема вирус, има парче генетски материјал што му помага на телото да открие кој влегол во него. Ова е многу деликатна работа, за да можеме да бидеме сигурни дека таа функционира, ни требаат многу тестови.Полесно е да се направи вакцина против грип, генетски, вирусот на грипот побрзо мутира, па секоја година СЗО објавува нов вид и се развива вакцина. Ако вирусот е комплетно нов, како што беше случајот со свинскиот грип во 2008 година, потребно е повеќе време. Малкумина знаат дека сезонската вакцина против грип сега содржи Х1Н1. Текстот во целост на: www.mkd.mk

Магазин | пред 6 години

kosta

Општина Охрид презема оперативни мерки за справување со корона вирусот

Согласно состојбата со Корна вирусот и мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија, денеска, градоначалникот Константин Георгиески, одржа неколку состаноци со директорите на сите јавни претпријатија, директорите на здравствените установи, претставник на матичните лекари, раководителот на пазарна инспекција – Охрид и директорите на ОУТУ „Ванчо Питошески“ и Студентскиот дом „Никола Карев“ на кои беше одлучено да се преземат оперативни мерки. Во продолжение се наброени преземените чекори и дополнителните кои што во наредниов период ќе се преземат:– Изминатава недела целосно се изврши вонредна дезинфекција на сите објекти од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“,– Од денес започна дезинфекцијата на основните училишта „Григор Прличев“, „Братство Единство“ и „Методи Патче“, а до крајот на недела ќе се изврши дезинфекција на преостанатите основни и средни училишта,– Исто така изминатава недела се изврши дезинфекција и на Градскиот пазар,– Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ врши миење на улиците низ градот со средство за дезинфекција,– Локалните и меѓуградските возни линии се редуциират. Новиот возен ред ќе биде објавен на општинската веб страница,– Возилата на општинските линиски превозници секојдневно се дезинфицираат, а возачите задолжително носат маски и ракавици, додека на такси превозниците им препорачуваме да ги следат мерките кои што важат за општинските линиски превозници,– Локалната самоуправа од денес ќе работи редуцирано со странки од 09 до 11 часот и тоа само преку архивата на општина Охрид,– Од денеска ЈП „Билјанини извори“ ги повлекува вработените кои што работат на градските паркинзи, а наплатата ќе се врши само по електронски пат,– Од денеска основците и децата од претшколска возраст ќе имаат можност да ги следат едукативните содржини кои што ќе се емитуваат на трите канали на националниот сервис МРТВ, а содржини кои се изведени од актуелните наставни програми,– Дополнително министерството за образование во соработка со бирото за развој на образованието, работи на решение за сличен модел и за повозрасните ученици– Општина Охрид во соработка со Црвен Крст, ќе издвои 300 000 за помош на лица од социјално ранливи категории кои што ќе се во изолација, за основни прехранбени продукти и средства за хигиена,– Во соработка со Црвен крст – Охрид, општина Охрид дополнително формира мобилни тимови кои имаат за задача на барање на старите и изнемоштени лица, на лицата со специјални потреби и на сите оние кои имаат потреба од помош и било каква друга поддршка на подрачјето на општина Охрид и да им излезат во пресрет за прехрамбени производи, продукти  за хигиена и лекови,– Сите оние кои имаат потреба од наведените услуги на мобилниот тим може да ги побараат на следните телефонски броеви од Црвен крст – Охрид: 046/ 261 – 909, 070/ 315 – 309, специјалниот број 13 – 112, 070/ 989 – 806 и 070/ 354 – 712,– На истите броеви граѓаните може да пријават одредени неправилности и непостапување по мерките кои што ги има донесено Владата на Република Северна Македонија и може да пријават лица кои што треба да бидат во самоизолација, а не ја применуваат,– Медицинската опрема (термометри, пулсоксимометри, спирометри, мобилни ЕКГ апарати, апарати за притисок, глукометри, стетоскопи..) набавена преку проектот „Cross 4all“ ќе им биде ставена на располагање на медицинските установи од градот,– Два објекти (ученичкиот дом „Ванчо Питошески“ со 38 соби и студентскиот дом со околу 30 соби) по потреба ќе бидат пренаменети во обејкти за изолација и карантин за лесни случаи, (Општина Охрид ќе учествува во набавката на заштитни скафандери за здравствените установи)Ваквите состаноци ќе продолжат се до надминување на состојбата со Корна вирусот.

Македонија | пред 6 години

Levica-logo

Левица бара прогласување вонредна состојба и одложување на изборите

Поради новонастанатата ситуација со епидемијата на коронавирусот, а тргнувајќи од грижата за јавното здравје, политичката партија Левица ја известува јавноста дека бара програсување на вонредна состојба од страна на Претседателот на Република Македонија и одлагање на распишаните Предвремени парламентарни избори. Истовремено, сакаме да ја известиме јавноста дека, заради кризата ги суспендираме сите наши планирани партиски активности, како и отворањето на новиот прес центар и на четирите нови канцеларии на локалните ограноци.Левица, како единствена надетничка и работничка партија, освен мерките кои досега ги изрекоа Владата и Министерството за здравство, бара итно да се воведат и следниве дополнителни кризни мерки:најстрога забрана за делење откази во сите сектори и драконски казни за газдите кои ќе се дрзнат да бркаат работници од работа;замрзнување на цените на сите основни прехранбени продукти;замрзнување на цените на маските, антибактериските гелови, лековите и медицинските помагала;мораториум на присилната наплата од страна на извршителите;мораториум на плаќањето рати за банкарски кредити;мораториум на течењето затезни камати за неплатени сметки за комуналии;мораториум на исклучувањето граѓаните од електричната, водоводната и телекомуникациската мрежа.Истовремено, до Левица стигнаа повеќе анонимни дојави за непочитување на препораката на здравствените власти, каде што работничките-мајки на малолетни деца, под закани и притисоци за отказ, биле спречувани да го остварат своето право на платен одмор, а тие кои сепак се осмелиле да побараат отсуство – биле избркани од работа! Најочигледен ваков пример е странската инвестиција „Кромберг и Шуберт“, фабрика која и покрај огромната опасност од ширење зараза, продолжува да работи со полна пареа и со своите над 5.000 вработени виси како темпирана бомба над цела Битола. Од вработените дознаваме дека, откако е започната кризата, заради намален промет во фабриката, напуштени се над 1.000 вработени, а неофицијално дознаваме дека се планирани уште плус 300 откази!?Поради тоа, Левица ги охрабрува сите работници кои добиле откази или чии права се прекршени во ова време на криза, да нѐ исконтактираат и уште еднаш ги известуваме дека нашиот Правен сектор им стои на располагање за давање правна помош. Воедно, наши волонтерски тимови од сите локални ограноци стојат на располагање на општинските власти, заради евентуално опслужување на потребите на постарата популација од населението.Борбата на обичниот човек е наша борба! Само заедно и солидарно ќе ја пребродиме оваа криза!фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

w_55952187

Близу 440 медицински сестри и 200 анестезиолози од приватните установи ќе бидат ставени на располагање при зголемен број на заразени

Владата ќе отвори телефонски броеви за психолошка поддршка на граѓаните кои се во самоизолација, родителите кои се ослободени од работа односно имаат деца до гранинка или основно училиште, како и на граѓаните од кризните подрачја Дебар и Центар Жупа. Министерот Венко Филипче рече дека е направен и список со медицински кадар кој е ставен на раполагање во случај на зголемен број на дијагностицирани лица со коронавирус.„Клиниката за психијатрија ќе започне со телефонска, психолошка поддршка на граѓаните и ранливите групи. Ќе бидат објавени телефонски броеви. И тоа поддршка на родители на деца во предучилишна и училишна возраст, за возрасни лица во самоизолација и психолошка поддршка на граѓаните на општина Дебар и Центар Жупа во соработка со болницата во Дебар“, рече Филипче.Близу 440 медицински сестри и 200 анестезиолози од приватните установи ќе бидат ставени на располагање при зголемен број на заразени.„Ќе се ослободува еден родител на децата со цистична фиброза, што се наметна како прашање во изминатите неколку денови. Денеска е веќе спремен списокот на лекари, анестезиолози и медицински сестри кои по потреба, ќе ротираат во институциите каде што е тоа потребно. Се надевам нема да дојде до тоа сценарио да имаме многу пациенти на машина за дишење. На располагање се близу 440 медицински сестри и 200 анестезиолози низ целата држава. Откажан е хроничниот програм од сите хируршки одделенија“, рече Филипче.Тој повторно апелираше сите граѓани да се придржуваат до мерките кои ги донесе Владата. „Ќе го повторам апелот, луѓето да седат дома и да не излегуваат без некоја посебна потреба. Да се самоорганизираат, во смисла за влегувањето во маркетите да не ствара голема гужва бидејќи тоа е единствениот начин да се стави крај на патот на ширење на вирусот“, додаде Филипче.Запрашан дали постои тест за самотестирање, министерот посочи дека таков тест не постои, а на пазарот имало брзи тестови кои немаат висок степен на точност. Филипче повика граѓаните да пријават ако имаат симтоми.„Не посттои таков тест. Поприсутни се така наречени брзи текстови, кои се серолошки, но за нив има студии и анализи дека не се со висок степен на точност. Нема потреба од самотестирање, доволно е граѓаните да пријават и дека постои потреба, а епидемилозите ќе кажат дали треба или не тест“, одговори Филипче.Жителите на Дебар и Центар Жупа каде е прогласено кризно подрачје се придржуваат до мерките, соопшти министерот, потенцирајќи дека нема нарушување на јавниот ред и мир. „Кризната состојба во Дебар и Центар Жупа се спроведува добро, сите органи и тела, сите институции работат координирано, нема проблем, луѓето се мирни и се придржуваат до мерките. Нема нарушување на јавниот ред и мир. Луѓето од овој регион покажуваат висок степен на дисциплина и придржување од мерките. Можат да излезат само луѓето кои што им е индицирано болничко лекување и тоа со специјална дозвола од болницата во Дебар за што постои и лице назначено кое ги потпишува тие дозволи“, додаде Филипче.За вечер е закажана седница на Владата. Ќе се дискутира за повеќе мерки.

Македонија | пред 6 години

opstina-ohrid

Општина Охрид формира посебни мобилни тимови

Со одлука на градоначалникот на Охрид, од денес на територијата на општина Охрид, почнуваат да функционираат мобилни тимови кои имаат за задача на барање на старите и изнемоштени лица и на лицата со специјални потреби да им излезат во пресрет за прехрамбени производи, продукти  за хигиена и лекови или доколку  имаат потреба од помош или било каква друга поддршка.Сите оние кои имаат потреба од наведените услуги на мобилниот тим може да ги побараат на следните телефонски броеви: 070 / 98 98 06 и 070 / 354 – 712.Тимовите се составени од по двајца вработени во Локалната самоуправа и им е ставено на располагање општинско возило кое ќе можат да го користат за потребите на граѓаните.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 6 години

parking-oh-300x150

ЈП Билјанини извори ги повлече сите вработени на паркинзите од своите работни места

ЈП Билјанини Извори следејќи ја ситуацијата поврзана со корона вирусот а во насока на заштита на здравјето на вработените на градскиот паркинг донесе одлука од денес до 24 март да ги повлечи сите вработени на паркинзите од своите работни места. Имено станува збор за работни места кои се директно изложени на комуникација со голем број на граѓани така што оваа одлука се носи како превенција во насока на заштитата на здравјето на вработените а со тоа и на пошироката јавност.Сите дополнителни информации или барања во делот на јавниот градски паркинг сите заинтересирани граѓани, институции и компании можат да го направат на нашиот официјален e-mail : biljaniniizvori@gmail.com или на следниот телефонски број 078/298-359.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

vodovod

Апел од ЈП Водовод: Плаќањата да се вршат во банките електронски или на веб страната за електронско плаќање

Согласно препораките од Владата на Република Северна Македонија за преземање на мерки за превенција против ширење на вирусот COVID 19 , ЈП ВОДОВОД Охрид испраќа апел до сите корисници на услугите, во  наредниот период доколку е возможно да се избегнува физичко присуство  односно за сите потребни информации да се користат телефоните за контакт : 046/ 250 -120 , 046/230-020, 046/254-179 , дежурна служба за  интервенции 075/212 -901 , официјалниот мејл:javnost@vodovod-ohrid.com.mk а уплатите најдобро е да се вршат во банките електронски или на веб страната за електронско плаќање www.evodovod-ohrid.com.mk *****Шалтерите за наплата во наредниот период ќе работаат со ново работновреме и тоа:- Дирекција од 08:00 - 14:00 ч.- Наплатен центар Корзо : од 08:00 - 18:00 ч.- Наплатен центар Комуналец (градски пазар) од 08:00 - 18:00 ч.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Повратници од Италија им избегале на медицинските екипи? Филипче вели: И до мене стигнуваат многу такви информации

На прес конференцијата на министерот за здравство Венко Филипче, новинарка образложи дека се шират информации дека граѓани кои се вратиле од Италија и живеат во скопско Сингелиќ, бегале од прозор кога медицински екипи дошле да проверат по пријава од соседите. Новинарката посочи дека медицинарите ги чекале два часа да се вратат, но ги намало, по што, му потенцираше на министерот дека вакви случаи имало и во струшки села, но и скопско Лисиче.Министерот на ова одговори:„И до мене стигнуваат многу такви информации. Секогаш ги известуваме соодветните служби, прво на локалниот центар на јавно здравје, а доколку е потребно и полицијата. Не можам да коментирам конкретни случаи, за тоа што се случувало. На тоа што посветивме внимание е акцијата на ОВР Струга за добра координација во тој регион. Октиси, Лабуништа и тн. Тоа се места каде што и претходно имало интензивна комуникација со луѓе од Дебар и околината“, рече Филипче.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Клиника за психијатрија - Скопје воведе телефонска психолошка поддршка

ЈЗУ Универзитетската клиника за психијатрија - Скопје ги информира граѓаните дека во наредниот период, во врска со новонастанатата ситуација со COVID 19, ќе организира дополнителна телефонска психолошка поддршка за оние граѓани и ранливи групи на пациенти на кои овој вид помош им е потребна и тоа:1. Психолошка поддршка на родители на деца на предучилишна и училишна возраст – тел. 0729126762. Психолошка поддршка на возрасни лица во самоизолација – тел. 0729190093. Психолошка поддршка на граѓаните на општина Дебар и општина Центар Жупа, во соработка со Општа Болница Дебар тел. 070 241 8074. Пациентите закажани во Мој Термин за психолошко советување и психотерапија во закажаниот термин ќе бидат контактирани од страна на психолог и ќе се спроведуваат телефонски, со можност за видео врска на некоја од интернет мрежите (по договор).5. Психолошка поддршка на хоспитализирани пациенти поради COVID-19 , во соработка со ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојбиГраѓаните можат да се јавуваат на овие телефони од 9 – 16 часот, од 17.03.2020.ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија Скопјефото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

(ВИДЕО)Филипче: Ќе се тестираат до 80 лица поради сомневања дека контактирале со заболени од коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче соопшти дека моментално се тестираат седум пациенти за коронавирус, кои имаат симтоми на грип. Тој кажа дека четворица од нив патувале во Австрија, односно Германија. Во текот на денешниот или утрешниот ден, ќе се тестираат од 50 до 80 жители на Дебар, за кои постои сомневање дека имале контакт со заболени лица.„Координацијата на службите е добра, нема некаков проблем во болницата. Во континуирана комуникација сме со лекарите и директорот на болницата во Дебар. Во овој момент се тестираат седум пациенти. Три се од Дебар и тие се луѓе кои имаат симтоми на грип, понатаму, двајца кои се преку Центарот за јавно здравје во Штип и двајца кои се на Инфективната клиника. Овие четворица се со анамнеза дека патувале во Австрија, односно Германија, во изминатиот период“ рече Филипче. Тој посочи дека лицата за кои здравствените власти не се сигурни дека немале контакт со заболеми лица, ќе се тестираат, а истите се од Дебар каде е прогласена кризна состојба.„Утрово разговаравме со инфектологот, тој рече дека се во насока на дополнителни анализи и проверки, односно индикации за тестирања на повеќе луѓе. Тоа е една форма на скрининг, согласно светските искуства. Дури и за луѓе кои не сме сигурни дека немале контакт со заболени или луѓе за кои се сомневаме дека може да се заболени, ќе ја прошириме бројката на луѓе која ќе се тестира. Очекуваме во текот на денот или утрешниот ден да стигнат помеѓу 40, 50 дури и 80 луѓе, се со цел, да детално се скренира овој регион“, додаде Филипче.Засега нема новодијагностицирани лица кои имаат коронавирус. Во однос на пациентите кои се лекуваат, Филипче кажа дека имаат лесна клиничка слика и примаат терапија. „Нема новодијагностицирани во изминатиот период. Испишана е и првата пациентка, контролната слика покажа дека нема големи оштетувања на белите дробови, сите кои беа во контакт со неа се тестирани и немаат никакви симтоми, практично, тие се здрави. Непроменета е состојбата на сите други 18 пациенти, од кои 13 се на Клиниката за инфективни болести. Непроменета е состојбата на пациентката која е на респираторна машина. Таа е стабилна, со соодветна терапија. Сосема лесна клиничка слика имаат пациентите во Дебар. Тие се на домашно лекување“, рече Филипче.  https://www.facebook.com/VladaMK/videos/668744117194918/?v=668744117194918&notif_id=1584358290641270&notif_t=live_video

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Големо намалување на малопродажните цени на нафтените деривати од полноќ

Бензините и горивата од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 6 односно 7,5 денари, соопшти Регулторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на бензините  се намалуваат за 7,5 денари и ќе изнесуваат 54,5 денари за ЕУРОСУПЕР БС-95, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 56,5 денари.Дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 6 денари на 48,5 денари за литар и  37,5 денари за литар.Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 6,961 денари и ќе изнесува 21,934 денари за килограм.Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги истакна дека нарушениот баланс на понудата и побарувачката со нафта и нафтени производи во светот поради коронавирусот предизвика тренд на намалување на берзанските цени на суровата нафта и на готовите нафтени производи што се одразува врз формирањето на цените и кај нас.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

mkd-381349

Обвинение за прилепчани кои краделе во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе  Обвинителен предлог со кој се опфатени двајца прилепчани  на возраст од 47 и 46 години за сторени две кривични дела –Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.Како соизвршители, обвинетите во неколку наврати со провалување во затворени простории, одзеле туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвојат.На 9 март 2020 година со употреба на погоден клуч-калауз во 10.00 часот провалиле во стан на бул. „Јане Сандански“ во Скопје. Од таму одзеле предмети и пари во вкупна вредност од 171.300,00 денари од кои златни парчиња накит во вредност од  103.550,00 денари и парични средства во вредност од 67.750,00 денари.Дента, на ист начин, околу 11.30 часот провалиле во стан во близина, каде одзеле златен накит во вредност од 91.350,00 денари и парични средства во висина од 49.200,00 денари, се во вкупна вредност од 140.550,00 денари.Јавниот обвинител ги зеде предвид околностите во кои биле извршени кривичните дела, како и постоењето на опасност од бегство или криење на обвинетите, па до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог за продолжување на мерките притвор,кои на обвинетите претходно им беа веќе определени.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Кај 32-годишен скопјанец во Градскиот парк пронајден нож

При полициски претрес во Градскиот парк, спроведен во попладневните часови на 15 март, кај 32-годишен скопјанец бил пронајден нож.Полицајците го привеле скопјанецот поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружјето.По документирање на случајот, против 32-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

16032020_PVRSM_Spasovski_krizen_stab1

Главниот координативен кризен штаб, со кој претседаваше Спасовски ја одржа првата седница

Главниот координативен кризен штаб, со кој претседаваше претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски, на кој присуствуваа заменичката претседателка во Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, заменичката претседателка во владата задолжена за економските ресори Мила Царовска, заменик претседателот во Владата и министер за политички систем и односи со заедниците Садула Дураки, заменик претседателот на Владата, задолжен за европски прашања Бујар Османи, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев и дополнителната заменичка министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска, министерот за здравство д-р Венко Филипче, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, министерката за финансии Нина Ангеловска, министерот за образование и наука Арбер Адеми, министерот за надворешни работи Никола Димитров, министерката за правда Рената Дескоска, директорот на Центарот за управување со кризи Агрон Буџаку и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џафероски.На состанокот на Главниот координативен кризен штаб беа презентирани најновите информации од Комисијата за заразни болести, како и информациите од Центарот за управување со кризи и од Дирекцијата за заштита и спасување кои доаѓаат од целата територија на државата, и посебно од подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа, со цел целосната координација на предлозите и мерките што ќе одат како препораки до Владата на Република Северна Македонија, која на вечерашната седница ќе одлучува по нив.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

06032020_VRSM_Filipce_pres

(ЖИВО) Прес конференција на министерот за здравство, д-р Венко Филипче

Прес конференција на министерот за здравство, д-р Венко Филипче.

Македонија | пред 6 години

02_03_2020_Zaev

Заев: Повикувам да се организира лидерска средба на која ќе се разговара за одложување на изборите

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев истакна дека здравјето на граѓаните е на прво место, па затоа повикува да има лидерска средба, која како што рече, може да ја свика и претседателот Стево Пендаровски.На денешната прес конференција тој им се заблагодарни на сите луѓе кои се вклучени во справувањето со кризата и за сите даде низа пофалби, за својата пред се’ професионалност и снаодливост.– Сега не е време за политички противници, сега не е време за политички и лични рејтинзи. Време е граѓаните да бидат обединети и политичарите да бидат обединети за една цел, здравјето на граѓаните. Мораме да продолжиме да ги следиме мерките, да ги заштитме најблиските и да се заштитиме самите ние. Денеска, јас во името на СДСМ, повикувам да се организира лидерска средба на која ќе се разговара за одложување на изборите. За нас е прифатливо и претседателот Пендаровски да јас вика оваа средба, рече Заев.Тој посочи дека ќе се помага интензивно во помагање на бизнис секторот и дека серија мерки кои ќе ги преземаат власта и министрите ќе бидат објавени многу скоро.– Наша задача како граѓани е целосно и строго да ги почитуваме мерките. Забранет е влез на лицата кои доаѓаат од држави висок или среден ризик, затворени се сите гранични премини освен петте најголеми, а затворен е и аеродромот во Охрид. Ризичните групи се ослободени од работни обврски, како и еден од родителите. Ако има потреба, а ќе има, мерките ќе се зголемат. Се трудиме сите максимално да нема нови жаришта, да нема жртви, туку излекувани. Сликите од земјава да не бидат како во северна Италија и Вухан. Но, за тоа треба да се однесуваме одговорно и зрело, затоа што се работи за здравјето на нашите најблиски, рече Заев.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ФЗОРСМ: Мерки за постапување во време на изречена мерка за спречување на ширење и сузбивање на зараза од Covid – 19 – Коронавирус

Следејќи ги заложбите, мерките и активностите на Владата на Република Северна Македонија, Министерството за здравство и Кризниот штаб за справување со „корона“  вирусот, како и  на сите  институции,   надлежни за справување со Коронавирусот Covid – 19 “, Фондот за здравствено осигурување, како институција со висока општествена одговорност, на седница на Управниот одбор на 13 март 2020 година, презема низа мерки со кои ќе им ги олесни услугите на своите осигуреници. Овие мерки  ќе бидат на сила се додека траат  времените мерки што ги донесе  Владата на Република Северна Македонија, за спречување на ширење и сузбивање на „Коронавирусот“, а се во интерес за заштита на  здравјето на граѓаните.Примарната  цел  на овие мерки е да се растовари примарното здравство од одредени административни процедури, но и да се сведе  само на оние кои се од итен и неодложен карактер. Со тоа, ФЗОРСМ цени дека, во оваа крајно сериозна состојба во која, покрај останатите земји во соседството, Европа и светот, се најде и нашата држава, примарното здравство ќе може ефикасно да им ги пружи неопходните здравствени услуги на пациентите на кои тие  им се најмногу потребни.Истовремено, потенцираме дека во интерес на безбедноста на граѓаните на  целата држава, чиј што здравствен систем во целост е мобилизиран, со цел да се намалат штетните последици од Коронавирусот „Covid – 19“, е да се минимизира непотребниот контакт меѓу матичните лекари и пациентите, кои треба да се обраќаат на лекар само кога тоа е навистина неопходно.Со цел да бидеме сите на висина на задачата во овие сериозни моменти и колку е можно побезболно да ја надминеме оваа загрижувачка состојба, за осигурениците, матичните лекари и аптеките ги донесуваме, меѓу другите, следниве мерки: За осигурениците:Пациентите ќе можат да ги добијат потребните здравствени услуги и преку телефон, така што осигуреното лице нема  да има потреба да доаѓа во ФЗО за отворање на ново боледување, ниту за продолжување на боледувањето, туку треба да се јави телефонски кај матичниот лекар.Матичниот лекар може да издаде боледување до 14 дена (наместо до 7 дена) без да се придржува на Критериумите за дијагностички постапки и оцена на привремена спреченост за работа поради болест и повреда. Боледувања за респираторни заболувања (JОО-99) матичниот лекар ќе може да ги отвори – продолжи и по истекот на 14 дена, односно, до завршување на мерките за спречување на заразата.Кога матичниот лекар поради болест или изолација не е на работното место, здравствените услуги ги  пружа лекарот замена. Во случај кога во изолација се наоѓа и лекарот замена, Фондот ќе овозможи без ограничување назначување на втор лекар, а по потреба и друга замена.Издавање рецепти за лекови на товар на Фондот Матичниот лекар може да издаде рецепт за хронична терапија и во случај кога препораката од специјалистот/отпусно писмо е постара  од една година.Рецепти за хроничната терапија матичниот лекар да издава за 6 месеци.Здравствени услуги од специјалистичко – консултативна здравствена заштита и општа стоматологијаПоради спречување на ширење на Коронавирусот здравствените установи од дејноста специјалистичко-консултативна здравствена заштита и општа стоматологија треба да пружаат здравствени услуги само во итни случаи.Заверка на ортопедски помагалаИздавањето и заверката на ортопедските помагала ќе ја вршат матичните лекари, односно  лекари – специјалисти. Осигурените лица не треба да доаѓаат во подрачните служби на Фондот за заверка на потврдата.Заверената потврда, Фондот по службена должност, ќе ја доставува по пошта на адреса на живеење на осигуреното лице.Остварување на право на рехабилитација како продолжено болничко лекување Oсигурениците кои треба да ги реализираат решенијата (кои се со важност од два месеци) за остварување на правото на специјализирана медицинска рехабилитација, ќе може да ја продолжат и по престанок на времената мерка.Осигурените лица кои се веќе на рехабилитација, доколку имаат потреба да ја прекинат, истата може да се продолжи за толку денови колку што преостанале согласно деновите одобрени во решението.Ако осигуреното лице ја прекине специјализираната медицинска рехабилитација ќе има право, по завршувањето на времената мерка, да ја продолжи истата за онолку денови колку што преостанале согласно решението.НапоменаПрепорака на Фондот за сите осигуреници, во прва инстанца, наместо да дојдат во подрачните или централната служба на Фондот, да се обратат по маил за било кои прашања на info@fzo.org.mk, како и за прашања поврзани со лекови на farmacija@fzo.org.mkПравата од здравственото осигурување не застаруваат за 5 години. Поради тоа Фондот апелира осигурените лица  за време на важење на мерките не треба да го загрозуваат своето здравје како и здравјето на другите граѓани, со доаѓање во просториите на подрачните служби и централната служба на Фондот. Исклучок претставува регулирање на здравственото осигурување, доколку истото не може да се заврши по електронски пат, или кога се работи за итни и неодложни потреби како што е поведување на постапка за лекување во странство.Препорака на Фондот за сите здравствени установи, во прва инстанца, наместо да дојдат во подрачните или централната служба на Фондот, да се обратат по маил за било кои прашања на zuinfo@fzo.org.mkВо прилог на ова соопштение е и Одлуката на Управниот Одбор на Фондот за здравствено осигурување каде сите мерки се детално објаснети. 

Македонија | пред 6 години

hristijan-mickoski-pres-1-e1581876719693

Мицкоски: Потребно е одлагање на предвремените парламентарни избори со цел заштита на здравјето на граѓаните

Сите препораки на релевантните домашни и светски организации се дека најдобар одговор за справување со вирусот е одбегнување на активности. Токму кога се предвидувањата за пикот на здравствената криза, во Македонија ќе треба да се одржат избори.  Со вакви анализи и предвидувања изборите би значеле отворање на нови жаришта со Корона вирус. Замислете ден на избори кога во една просторија каде има гласање илјадници избирачи ќе гласаат, ќе заокружат со пенкало, ќе имаат личен контакт со членовите на избирачкиот одбор, истакна претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.Во овие кризни моменти ова е ситуација кога човек одбира помеѓу личниот и интересот на државата и ова го велам од причина што сосема е извесно дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите со убедлива разлика, но воедно одржувањето на избори ќе значи и изложување на илјадници граѓани, поточно над еден милион луѓе под директен ризик за нивното здравје и ширење на корона вирусот.Јас во овие моменти го одбирам, без трошка колебање интересот на државата и граѓаните, и затоа денес ќе побарам свикување на лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски со точка на дневен ред разговор одлагање на превдремените парламентарни избори со цел заштита на здравјето на граѓаните. Потребно е одговорно однесување, кон граѓаните и државата. Нема ниту една разумна, и ниту една човечка, рационална, и прагматична причина тие да не се одложат, бидејќи за мене, а верувам и на останатите, борба за власт по цена на животите на граѓаните е неприфатливо, истакна Мицкоски.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

mickoski

Мицкоски: Барам да се одложат изборите, иако и да се одржат ќе победиме

„Сите препораки на релевантните домашни и светски организации се дека најдобар одговор за справување со вирусот е одбегнување на активности. Токму кога се предвидувањата за пикот на здравствената криза, во Македонија ќе треба да се одржат избори.Со вакви анализи и предвидувања изборите би значеле отворање на нови жаришта со Корона вирус. Замислете ден на избори кога во една просторија каде има гласање илјадници избирачи ќе гласаат, ќе заокружат со пенкало, ќе имаат личен контакт со членовите на избирачкиот одбор.Во овие кризни моменти ова е ситуација кога човек одбира помеѓу личниот и интересот на државата и ова го велам од причина што сосема е извесно дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите со убедлива разлика, но воедно одржувањето на избори ќе значи и изложување на илјадници граѓани, поточно над еден милион луѓе под директен ризик за нивното здравје и ширење на корона вирусот.Јас во овие моменти го одбирам, без трошка колебање интересот на државата и граѓаните, и затоа денес ќе побарам свикување на лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски со точка на дневен ред разговор одлагање на превдремените парламентарни избори со цел заштита на здравјето на граѓаните. Потребно е одговорно однесување, кон граѓаните и државата. Нема ниту една разумна, и ниту една човечка, рационална, и прагматична причина тие да не се одложат, бидејќи за мене, а верувам и на останатите, борба за власт по цена на животите на граѓаните е неприфатливо“, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 6 години

infektivna_klinika-610x400

Првата пацинетка со коронавирус заминува дома, нема новотестирани

Министерството за здравство информира дека првата пациентка со корона вирус денеска заминува на домашно лекување. Таа беше по втор пат тестирана по дијагностицирањето на вирусот, нејзините тестови се негативни на коронавирирусот и таа добро се чувствува.Здравствената состојба на пациентите позитивни на КОВИД-19 кои се лекуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е стабилна. Во стабилна состојба е и првата пациентка од Дебар која е на респираторна машина. Стабилни се и 5-те пациенти во Дебар.Во текот на ноќта нема нови лица тестирани на коронавирус, а во моментов се чекаат брисеви за тестирање на три лица од Дебар, сите тројца контакти на претходно заболените. Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче утрово одржа редовен состанок со Комисијата за заразни болести, на која се разговараше за состојбата со овој вирус во земјава.Во моментов, се одржува состанок со кризниот штаб во Владата на Република Северна Македонија.

Македонија | пред 6 години

venko-filipce

Младите се пренесувачи, најкритична група се повозрасните - вирусот се пренесува и преку асфалт, вели Филипче

Ситуацијата е под контрола. Во споредба со Европа се чини како мала бројка, иако не треба да се залажуваме. Веројатно ќе има пораст на бројот на заболени. Министерот Венко Филипче во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ истакна дека се спремни на секое можно сценарио.-Очекуваме секое можно сценарио. Во Дебар и околината тоа е можно. Имаме вирус кај кој нема правила, се уште има непознати. Излезе дека се пренесува не само преку воздухот, туку и со валкани раце, повеќе денови останува на површините, дури и на асфалтот. Во Италија пронашле и на обувките, контролните брисови тоа го покажале. Се смета дека е безбедна дистанца метар ипол до два. Затоа се и поставените препораки, вели Филипче.Министерот истакна дека во целиот изминат период ги следи препораките, особено поради фактот што спаѓа во високо ризична група со цел да не биде дел од ланецот преносители на коронавирусот. Во однос на пациентите во Македонија, статистиката вели дека од 18 пациенти, 10 се луѓе од 55 годишна возраст.-Младите се пренесувачи. Најкритична група се повозрасните, особено оние со хронични болести, смртноста е најголема кај нив. Тоа го покажаа Кина и Италија. Но, никој не е поштеден, сега имаме момче и од 15 години. Во таа смисла ги обезбедивме капацитетите, посебно за деца и возрасни. Околу 30 отсто од вкупниот број на заболени што се на поголема возраст се на машина за дишење, но добар дел од ширењето е од младите луѓе, изјави Филипче.-о соработка со амбасадорот на Кина, тој ја понуди нивната помош како од нивните експерти со разменување искуства со нашите епидемиолози, може да добиеме уште 200 машини од Кина. Не станува збор само за машини, мораме да ги спремиме и луѓето, бидејќи не секој знае да ракува со нив, рече министерот.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања