Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

17032020_MNR_Dimitrov_ratifikuvanje_pristapen_protokol-3

Димитров: Шпанија е 29-тата, последна земја членка на НАТО што го ратификуваше нашиот пристапен протокол, со тоа заврши процесот на ратификација кај сите сојузници

„Шпанскиот сенат само што го ратификуваше пристапниот протокол за членство на Република Северна Македонија во НАТО со нула гласови против. Во оваа прилика би сакал во името на Владата и на сите македонски граѓани да изразам благодарност до Шпанија и воедно да им честитам и на македонските граѓани за овој заеднички успех што дојде како резултат на истрајност и решителност за храбри одлуки и посветеност. Со тоа завршуваме еден тридецениски процес, напор, стремеж да бидеме дел од северно-атлантското семејство“, истакна министерот за надворешни работи, Никола Димитров веднаш по денешната ратификација на пристапниот протокол за членство на Република Северна Македонија во НАТО, од страна на Горниот дом на шпанскиот парламент (Сенат), која заедно со амбасадорот на Кралството Шпанија, Емилио Лоренцо Сера и со претставниците на медиумите беше проследена во живо од Владата на Република Северна Македонија.Со ова се заокружува ратификацијата на протоколот од сите 29 земји членки, по што следи и депонирањето на инструментот во Вашингтон, со што формално-правно Северна Македонија ќе стане 30-та членка на Алијансата.Амбасадорот на Шпанија, Емилио Лоренцо Сера во својата изјава за медиумите истакна: „Како амбасадор на Шпанија во Скопје ми претставува големо задоволство усвојувањето од страна на Сенатот на Шпанија на законот за ратификација на протоколот за прием на Република Северна Македонија како 30-та членка на НАТО. Шпанија и Република Северна Македонија ќе станат и формално сојузници, што веќе де факто и се, продлабочувајќи ги на тој начин пријателските билатерални односи, од кога неговото височество, кралот на Шпанија ќе го потпише законот и инструментот за ратификација ќе биде депониран во Вашингтон, што секако ќе се случи набргу.“фото: Влада

Македонија | пред 6 години

platforma

Прва македонска дигитална образована платформа - JetMinds.org

Во согласнот со препораките и Одлуката на Владата на Р.С.Македонија во врска со настанатата ситуација и затворањето на вратите на образовните институции и училиштата, како општествено одговорно компанијата Сигмоид ДОО донесе одлука да овозможи БЕСПЛАТЕН пристап до Премиум услугите од платформата за учење математика JetMinds.org за сите корисници во текот на месец Март 2020г.Платформата е достапна на македонски јазик со предметот математика и наскоро истата ќе биде достапна и со други предмети со фокус на оние кои се најпроблематични за учениците.„Платформата ја следи официјалната програма и е направена од врвни експерти - вклучително доктори на науки од ПМФ, инженери од ФИНКИ, како и соодветни кадри од други институции. Во моментот, продуктот е достапен на македонски јазик и го опфаќа предметот математика за основно и дел од средното образование“, велат од компанијата.Програмата може да ја видите на Овој линк.....

Македонија | пред 6 години

policija-123

Затворени угостителски објекти во Тетово, поради непочитување на мерките на Владата

Денеска (17.03.2020) во периодот од 12 до 15 часот Државниот пазарен инспекторат со асистенција на СВР Тетово постапуваа поради непочитување на мерките на Владата на РСМ за справување со Ковид 19. Од страна на ДПИ затворен е угостителски објект на ул. Браќа Миладинови во Тетово и две кафетерии во тетовски Пирок. Против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, а контролите продолжуваат.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

nastava-elektonski-pat

Охридските ученици ќе имаат неформална настава по електронски пат

Фб статус на градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски:💻📲📧 Согласно актуелната состојба со Корона вирусот Ковид-19 и поради прекинот на воспитно – образовниот процес, Локалната самоуправа даде иницијатива и препорака за изнаоѓање на алтернативни форми за надоместување на изгубениот наставен материјал за учениците од подрачјето на Општина Охрид.За таа цел сите основни и средни училишта во координација со надлежните за образование при локалната самоуправа, деновиве започнаа да спроведуваат неформална настава по електронски пат за учениците.Ова значи дека наставниците и професорите ќе споделуваат наставни содржини согласно предвидените образовни програми, вежби и задачи за учениците преку е-маил, преку групи на социјалните мрежи и преку други електронски алатки за комуникација.Општина Охрид ги поттикнува сите наставници и професори да се вклучат со свој ангажман и да придонесат во делот на оваа иницијатива.Инаку основците и децата од претшколска возраст од вчера имаат можност да следат и едукативни содржини на трите канали на националниот телевизиски сервис МРТВ, изведени од програмите кои се користат во училиштата и градинките.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/a.351826178756325/561539324451675/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Изменето работно време на отсеците за управни работи

Во насока на почитување на заклучоците,  мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија, а со цел  превенција од ширење на корона вирусот (COVID 19), со наредба од страна на министерот за внатрешни работи  Наќе Чулев, Отсеците за управни работи и Одделението за управни работи Скопје во состав на Одделот за граѓански работи при МВР, започнувајќи од утре, среда ( 18. 03.) ќе работат со изменето работно време.Имено, Отсеците за управни работи Битола, Велес, Куманово, Охрид, Струмица, Тетово, Штип и подрачните едицини под нивна надлежност, ќе работат  во една смена во периодот од 07,30 до 16,30 часот.  Во Одделението за управни работи Скопје, работното време е организирано на следниот  начин: за пунктовите во  МРТВ, “Беко“ и Ѓорче Петров работното време ќе биде во периодот од 07,30 часот од 18,00 часот, додека пак за пунктовите во Бутел и Драчево работното време ќе почнува во 10,00 часот се  до 18,00 часот.Сите  граѓани што веќе имаат добиено термини за аплицирање надвор од ново утврденото работно време, ќе можат да се фотографираат и поднесуваат апликации во рамки на работното време во датумите на кои што им се закажани термините.Воедно, МВР апелира граѓаните да го редуцираат доаѓањето на шалтери во министерството, освен ако немаат итна потреба, да користат телефонска и е-маил комуникација за добивање на информации, а МВР по завршување на настанатата состојба со ангажирање на сите свои ресурси ќе овозможи навремено остварување на граѓанските права по однос на вадење лични документи.   

Македонија | пред 6 години

filipce-2

Филипче очекува пикот на вирусот да биде за еден месец, во моментов 26 заболени

Министерот за здравство, Венко Филипче На денешната прес-конференција, истакна дека број на заболени од корона вирусот во земјава изнесува 26 лица.На прашање од новинар, кога се очекува да биде пикот односно најголемото ширење на вирусот и која е бројката што би можела да ја очекуваме во Македонија за заболени, Филипче истакна:-Ќе дадам одговор, кој треба да се земе со доза на резерва, односно никој точно не знае како ќе биде. Според првичните проценки, пикот на вирусот кај нас би требало да се случи за еден месец, а бројот на заболени од вирусот може да се искачи до 2.000 лица.Министерот додаде дека позитивни се тестовите за кои синоќа кажа дека се направиле на на приватната клиника ’Жан Митрев‘ . Станува збор за скопјанец кој една недела имал симптоми на грип и брачна двојка од Скопје која пред неколку дена се вратила од Бугарија.„Тие ги направиле тестовите на приватната клиника ’Жан Митрев‘ кои биле позитивни, но направивме контролни тестови во Центарот за јавно здравје и беа повторно позитивни. Се изработуваат тестовите на членовите на неговото семејство. Тој имал гости од Србија и во моментов се контактираат и тие. Сопружниците дошле од Бугарија пред некој ден и вчера член на семејството ги донел во приватната клиника. Тие сè уште се дома и во текот на денот ќе бидат донесени на Инфективната клиника“, кажа Филипче.Од заболените во земјава 17 се во Скопје, а 9 во Дебар и сите се во стабилна состојба.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

mak-Nato-1

Шпанскиот Сенат го ратификува Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО

Сенатот на Шпанија денеска на пленарна седница го ратификува Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Гласањето беше без физичко присуство на сенаторите, поради состојбата со коронавирусот во земјата.-Со нула гласови „против“ шпанскиот Сенат го ратификува Протоколот. Во име на Владата и сите македонски граѓани изразувам благодарност до Шпанија, шпанскиот Сенат, до министерката за надворешни работи што ова прашање беше ставено на дневен ред во вакви тешки околности и во светот и во Европа и за Шпанија, истакна шефот на дипломатијата Никола Димитров на заедничката-прес-конференција во Владата со шпанскиот амбасадор Емилио Лоренцо Сера.Димитров потсети дека Шпанија е 29 и последна земја-членка на НАТО што го ратификуваше Протоколот.-Таа сега ќе го депонира инструментот на ратификација во Стејт департментот, Вашингтон ќе ја испрати информација до НАТО во Брисел и ние и официјално ќе бидеме поканети да го депонираме нашиот  инструмент, односно законот за ратификација на Северноатлантскиот договор, кој беше усвоен во Собранието, рече Димитров.По ратификацијата во Парламентот во Мадрид се очекува само уште потпис од шпанскиот крал. Протоколот, на 27 февруари доби зелено светло од Долниот дом на шпанскиот Парламент.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Trajko_Veljanoski-golema

Велјановски: Распуштањето на Собранието во 2016 година не беше потивуставно, преседанот е направен од Уставниот суд кој ја поништил одлуката за распуштање на Собранието

Експретседателот на Собранието, Трајко Вељаноски вели дека Собранието тврди дека распуштањето на Собранието во 2016 година не било противуставно, ниту пак, бил направен преседан. Споре него, преседанот е направен од Уставниот суд кој ја поништил одлуката за распуштање на Собранието, а за мотивот, вели дека ќе искоментира во наредна прилика. Вељаноски смета дека треба да се одложат изборите и да се презакажат за период кога ќе биде извесно дека нема да влијаат на загрозување на здравјето на граѓаните.„Решив да го напишам ова бидејќи деновиве слушам дека веќе имало правен преседан кога Собранието било распуштено па се вратило во заседание, но вистината е сосема поинаква. Прво, на 87-та седница одржана на 18 јануари 2016 година се донесе одлука за распуштање на Собранието која одлука имаше одложено дејство односно со примена од 24 февруари 2016 година. Второ, бидејќи тогашната опозиција не се согласуваше да има избори (иако беа во Пржино договорени) и имаше најава од опозицијата дека нема да учествува на избори, поради тоа пред да стапи примената на одлуката за распуштање на Собранието на 95-та седница одржана на 23 февруари 2016 година Собранието донесе одлука за измена на одлуката за распуштање, со тоа што примената наместо на 24 февруари да биде на 7 април 2016 година. Трето, Собранието согласно изменетата одлука на 7 април 2016 година се распушти и се донесе решение за одржување на избори на 5 јуни 2016 година. Четврто, откако се распушти Собранието и се донесе решение за избори, Уставниот суд со одлука У.бр.104/2016 во мај 2016 година ја поништи одлуката за распуштање на Собранието и врз основа на таа одлука на Уставниот суд, Собранието продолжи да работи се до 17 октомври 2016 година“, вели Вељаноски.Во ноември минатата година, претседателот на Собранието Талат Џафери отфрлаше можност за повторно свикување на Парламентот, откако тој ќе се распушти согласно роковите за предвремените избори кои се закажани за 12 април.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

koronavirus

(ФОТО) Македонец откри: Официјално, имам корона - отворен сум за прашања и мое искуство, но без глупости

ФБ статус:Официјално, имам корона. денес 7 ми ден ми е со симптоми како грип. Се вратив во Мк во вторнико по 2 месеци отсуство. Од кола дома и толку. Отогаш сум во изолација и карантин, мислев грип но корона е. Успеав пратив брисеви и ми потврдија вчера. Отворен сум за прашања и мое искуство но без „curiosity kills the cat "  глупости, стои во објавата на ФБ.https://www.facebook.com/100001054892479/posts/3051103908268076/?d=nфото: ФБ 

Македонија | пред 6 години

policija-1

Еве во кои градови МВР обезбедува лица кои се домашен карантин...

Во Битола 13 лица кои се во домашен карантин се обезбедуваат, во Тетово има 16 лица, а имало едно прекршување на таа мерката. Во Охрид се обезбедуваат 82 лица, а контролирани се 173 објекти. Во Струмица 12 лица се обезбедуваат и е утврдено дека едно лице ја прекршило забраната и против него е поднесена пријава. Во Куманово се обезбедуваат шест лица, а во овој град се контролирани се 40 објекти. Полицијата и понатаму ќе постапува согласно препораките дадени од Владата на Македонија. Одделот за специјални намени спречил 14 обиди за напуштање на заштитениот регион Дебар и Центар Жупа. Во овие две населени места има околу 130 припадници на МВР, а има и 65 припадници на АРМ го обезбедуваат Зелениот појас, истакна минситерот за внатрешни работи Наќе Чулев.Тој додаде дека затворени се сите гранични премини, а дозволени се само транзитни премини и влез за возила на дипломатскиот кор.фото:Архива

Македонија | пред 6 години

korona-virus-2

Бројка на заболени со коронавирус во земјава до 12.00 часот изнесува 26 лица

Министерството за здравство информира дека денешната бројка на заболени со коронавирус во земјата – состојба до 12.00 часот изнесува 26 лица. Утрово се тестирани 10 пациенти. Позитивни се тестовите на тројца пациенти кои се тестирале на Клиниката „Жан Митрев“, а за нив ИЈЗ направи контролни тестови, кои го потврдија претходниот резултат. Состојбата на сите пациенти е стабилна.Министерот за здравство, утрово, одржа состанок со Комисијата за заразни болести и присуствуваше на кризниот штаб на Владата. Повеќе информации ќе следуваат на прес конференцијата на министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче закажана за 14:00 часот во Владата на РСМ.фото:Архива

Македонија | пред 6 години

DSC_0022

Чулев: 14 обиди за напуштање на кризното подрачје во Дебар и Центар Жупа без лекарска согласност

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, на прес-конференција извести дека имало 14 обиди за напуштање на кризното подрачје во Дебар и Центар Жупа без лекарска согласност, кои биле спречени од полицајците кои се го обезбедуваат реонот.„Од страна на одделот за Специјални полициски операции, има 14 обиди за напуштање на кризното подрачје без лекарска согласност тоа е на подрачјето на општина Дебар и Центар Жупа. Извршено е обезбедување и придружба на 22 дотури на намирници на територија на кризното подрачје. Овозможено е непречен транспорт на пари до експозитурите на банките и банкоматите на кризното подрачје. Постојано се врши пренасочување на сообраќајот, пренасочени се 9 патни правци, а граѓаните редовно се информираат за состојбата на кризното подрачје“, рече Чулев.Тој информираше дека околу 180 полициски службеници и 65 припадници на Армијата го обезбедуваат кризното подрачје, со цел, спречување влез и излез од него.„Дозволено е напуштање на кризното подрачје со лекарска согласност на две бремени жени. Инаку, во рамките на општина Дебар и Центар Жупа во моментот има околу 130 припадници на МВР, додека во периметарско обезбедување се 35 до 50 припадници на одделот за Специјални полициски операции. Исто така, има околу 65 припадници на Армијата, кои работат во делот на обезбедувањето и даваат асистенција на МВР, односно обезбедување на зелениот појас“, кажа Чулев.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

korona-virus

Отворено писмо од Италија до меѓународната научна заедница - Следете го примерот на Јужна Кореја и Кина

Над 500 научници од целиот свет, предводени од своите италијански колеги го потпишуваат „Отвореното писмо“ упатено до меѓународната научна заедница, во кое апелираат властите од другите земји да не ја повторат нивната грешка и да дејствуваат ВЕДНАШ за активно запирање на коронавирусот.Писмото е објавено во италијанскиот весник „Left.it“, каде што може и детално да се видат имињата на потпишаните научници кои ги има од повеќе земји и кои се едногласни дека треба да се следи примерот на Јужна Кореја и Кина во сузбивање на COVID-19.Писмото го објавуваме во интегрална форма.Од нашите податоци, околу 10 % од пациентите имаат потреба од интензивна нега (ICU) или помошна интензивна нега, а околу 5% од пациентите умираат. Се наоѓаме во трагична ситуација – најефикасниот здравствен систем на најбогатата област во земјата (Ломбардија) е речиси исполнет и наскоро ќе биде тешко да им се помогне на повеќе луѓе со Ковид-19. Ова е причината поради која е наредена речиси целосна блокада на земјата: да се забави, и да се надеваме, да се запре ширењето на заразата што е можно поскоро. Вирусот се шири со максимална брзина, удвојувајќи го бројот на заразени лица за само 2,4 дена. Како што се гледа од достапните податоци, сите европски земји, всушност, ја доживуваат истата стапка на брзина на ширење на зараза и се само неколку дена од она каде што е Италија сега.Времето е наш заеднички непријател бидејќи вирусот е многу брз и навистина смртоносен. Секоја минута е исклучително важна, бидејќи значи заштеда на животи Почетокот на епидемијата имаше речиси идентичен број на инфекции во Кина, Италија и во други земји. Разликата е во тоа што Кина решително и брзо го затвори Вухан и целиот регион Хубеи 8 дена пред Италија. Само 8 дена задоцнување на затворањето на Италија ќе резултира со огромно зголемување на бројот на вкупните смртни случаи во Италија во однос на Кина. Оваа иста почетна динамика во бројот на нови случаи може да се забележи и кај избувнувањето на епидемијата во секоја земја. Тешко е за оние кои не се специјалисти интуитивно да го сфатат начинот на кој експоненцијалното зголемување може да влијае и да ги извади работите надвор од контрола.Значи, навистина е тешко да се сфатат трагичните последици кои растот на стапката на експоненција може да ги има. Како научник, сигурно го разбирате ова. Вие исто така разбирате дека се додека стапката на пораст е експоненцијална, нема да има линеарно решение кое ќе функционира (на пример, зголемување на Х пати на бројот на ICU-машини итн.) Слично на тоа, самото наметнување на ограничување на луѓето да се собираат во големи групи не е доволно решение. Ова е апел до вас, како член на научната заедница, да ја повикате вашата влада да дејствува сега за активно запирање на вирусот! Во повеќето ЕУ земји имате доволно време да направите блокада слична на Кина или Јужна Кореја за брзо да го забавите и сопрете ширењето на заразата со многу помалку напор и помала цена од онаа која е сега потребна во Италија. Ако Италија дејствуваше построго пред само 10 дена, а тоа е повеќе или помалку таму каде што се наоѓате вие сега, ќе имаше многу помалку смртни случаи и економски пад. Јужна Кореја и Кина треба да се земат како пример што треба да се следи за да се запре оваа епидемија. Не постои друг начин.Затоа, ве молам, дајте се од себе за да ја поттикнете вашата влада да дејствува сега!Времето е наш заеднички непријател бидејќи вирусот е многу брз и навистина смртоносен. Секоја минута е исклучително важна, бидејќи значи заштеда на животи. Не трошете ја залудно!Чувајте се“, се вели во отвореното писмо од италијанските научници.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

kina-donacija

Донација од Кина: 4 милиони евра за 104 амбулантни возила, минибуси и опрема во здравството

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи во улога на национален координатор за странска помош имаше средба со новоименуваниот амбасадор на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо. На средбата беа разменети писма за соработка меѓу владите, а беа потпишани и два договори за неповратни грантови за реализација на проекти во секторите здравство и социјална заштита, како и научно – истражувачка дејност во висина од речиси четири милиони евра, објави Република.мк.Како Национален координатор на странската помош, ми претставува вистинско задоволство кога од нашите пријатели, како што е Кинеската држава, ќе обезбедиме вака значајна и внимателно таргетирата помош. Дозволете и лично, како доктор, да го изразам моето задоволство што амбасадата, а и државата Кина, одлучија помошта да ја насочат токму во здравствениот сектор, каде навистина најмногу можеме да им помогнеме на граѓаните – истакна Османи.Тој изрази благодарност до амбасадорот Ѕуо за неговата лична заложба во одржувањето на континуитет во одличната соработка меѓу двете земји.Денеска е потпишан и втор договор во висина од 620 илјади јуани, или околу 80 илјади евра, наменет за донација за опремување на Институтот за молекуларна биологија, објави објави Република.мк.фото: Република.мк

Македонија | пред 6 години

sudski-sovet

Влада: Судовите да направат план за одложување на судењата

Владата на седницата вчера порача до Судскиот совет и на Врховниот суд да ја разгледаат можноста и да направат план за одложување на судењата, со исклучок на оние судски предмети кај кои постои потреба од итност на постапување.Итноста се однесува на предмети кои се пред застарување, предмети во кои се изречени мерки притвор или други мерки за обезбедување на присуство, како и предмети кај кои сериозно би било нарушено правото на судење во разумен рок, предмети кои се стасани до изрекување пресуди, предмети за кои се одлучува без јавна расправа.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

brza-pomos-2

Тешка сообраќајна несреќа, во судар на камион и автомобил повреден совозач

На 16.03.2020 во 06.20 часот било пријавено дека на бул.„Александар Македонски“, во близина на пешачкиот надвозник во нас.Хиподром, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „рено мастер фриго“, со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Б.(42) од Велес и патничко возило „опел корса“, со кумановски регистарски ознаки,  управувано од А.Т.(36) од с.Петралица, Крива Паланка.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „опел корса“, А.Ј.(53) од с.Огут, Крива Паланка, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

unnamed-3-7

(ФОТО) Кој е ефектот на негативната комуникација, особено во кризи?

ФБ статус:Кога ќе видиме неодговорно однесување, а го има во кризава, на сите ни доаѓа да се издушиме, да почнеме да ги навредуваме, обвинуваме па и пцуеме тие кои се однесуваат неодговорно.Но, кој е ефектот на негативната комуникација, особено во кризи?Никој не станал од несовесен во совесен човек, ако некој го НАВРЕДИЛ.Негативната комуникација само ја крева тензијата, расте бројот на конфликти, и целата состојба станува уште потешко поднослива.Има два соодветни одговори:А) едукација (здравствена) иБ) санкционирање од државата.Вреѓања, јавни линчови, луди ли сте, болни ли сте, вакви такви... Сето тоа само придонесува кон паниката.Многу работи ни доаѓаат на прва. Во време на кризи не се прават работи од прва, туку разумно и сталожено.фото: ФБ

Македонија | пред 6 години

pendarovski-1

На пладне лидерска средба во Кабинетот на Претседателот

Денеска, со почеток во 12:00 часот, во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“ ќе се одржи лидерска средба, на која ќе присуствуваат претседателите нa парламентарните политички партии од власта и од опозицијата кои на последните парламентарни избори освоија пратенички мандати со самостојни листи.На лидерската средба е најавено присуство на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, претседателот на Алтернатива, Африм Гаши,  претседателот на Движење Беса, Билал Касами и претседателот на ДПА, Мендух Тачи. На средбата ќе присуствуваат и претседателот на Собранието Талат Џафери и претседателот на Владата Оливер Спасовски.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

6026-pristigna-noviot-voz-vo-prilep-960x600-12

Времено се укинува бесплатниот превоз за железницата

Владата порача до Железницата на Република Северна Македонија, Транспорт АД Скопје, по принципот на донесените одлуки од ЈСП Скопје, времено да ги прекинат мерките кои се однесуваа на бесплатните билети и бесплатниот превоз за возрасни лица.Покрај оваа мерка, синоќа на седница беше донесена одлука за затворање на сите гранични премини за премин на странски државјани – патници и возила, освен за влез и транзит на товарни возила, за претставниците од дипломатскиот кор, како и за други лица, за кои Министерството за внатрешни работи ќе даде дозвола по претходно мислење од Главниот координативен кризен штаб кој ќе потврди дека постои посебен државен или економски интерес.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

marihuana

20 годишник од Арачиново заработи Обвинителен акт за неовластена продажба на марихуана

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице, на возраст од 20 години, со кој го товари дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Дрогата кај обвинетиот била пронајдена на 23 февруари при претрес на неговиот дом во Арачиново.  Наркотична дрога – марихуана спакувана во едно поголемо пакување облепено со селотејп трака,  со нето маса од 1007,8 грама,  обвинетиот ја држел заради продажба  скриена во плакар во подрумска просторија.Поради опасност обвинетиот да се крие или да се даде во бегство, но и можност да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до  Основниот кривичен суд Скопје со обвинението достави и посебен предлог за продолжување на определената мерка притвор за обвинетиот.​фото: Архива

Скопје | пред 6 години

Pcenica

Владата предлага да се воведе забрана за извоз на пченица и брашно од пченица кон сите земји за неограничено време

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за увоз и извоз на прехранбени производи. Во информацијата се истакнува дека работната група сочинета од претставници на Министерството за финансии, Министерството за економија, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за надворешни работи и Царинската управа предлага да се воведе забрана за извоз на пченица и брашно од пченица кон сите земји за неограничено време, и ги задолжи Министерството за економија, Министерството за земјоделството, шумарство и водостопанство и Царинската управа, да ги преземат сите неопходни активности со цел спроведување на оваа мерка.Во врска со ова Владата ги задолжи Царинската управа, во соработка со Министерството за земјоделството, шумарство и водостопанство, во наредниот период да го следи трендот на извоз на рафинирано сончогледово масло за јадење, ориз, кондиторски и пекарски производи (тестенини, бисквити и слично) и за истото да ја информира Владата на Република Северна Македонија.Владата донесе препорака за мелничко преработувачката индустрија да ја има во предвид бесцаринската квота за увоз на пченица од земјите-членки на СТО во количина од 80.000 тони.Како дополнителен заклучок поврзан со информацијата за увоз и извоз на прехранбени производи, Владата ги задолжи Министерството за економија, Министерството за земјоделството, шумарство и водостопанство, и Агенција за стокови резерви, заедно со мелничко преработувачката индустрија да ја утврдат моменталната состојба со залихите на пченица и брашно и за истото да ја информираат Владата.Министерството за надворешни работи доби задолжение, преку мрежата на дипломатските и конзуларните претставништва на нашата земја да упати инструкцијата со цел обезбедување информации на дневна основа заради следење на воведувањето на евентуалните забрани на увоз и извоз на стоки кон Република Северна Македонија.Во рамките на оваа точка Пазарниот инспекторат е должен да изврши вонредна контрола на магацините и дистрибутивните центри со цел да ја утврди ситуацијата за можни скриени залихи на основни прехранбени производи и воедно да ја следи ситуацијата од аспект на несоодветно покачување на цените и за истото редовно на секои три дена да ја информира Владата на Република Северна Македонија.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Brasno

Владата ги замрзна цените на основните продукти-леб, сол, млеко, зејтин, брашно, лекови…

Владата на Република Северна Македонија на 20-тата седница донесе Одлука за замрзнување на цените на основните продукти и тоа на леб, сол, зејтин, млеко и млечни производи, јајца, брашно, месо, тестенини, лекови и дезинфекциони средства со состојба на денот на прогласување на пандемијата од Светската здравствена организација (СЗО), освен за оние за кои има доказ дека се зголемени влезните фактури.Оваа одлука влегува со сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, и е усвоена со цел да не се злоупотреби моменталната состојба на пазарот и да се заштитат потрошувачите во услови на зголемена побарувачка на пазарот за овие производи, предизвикана со прогласувањето на пандемијата од СЗО.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

smetka

(ФОТО) Погледнете како им се оддолжуваат на Италијанските лекари - ние мислиме на вас и вие сте во нашите срца

На социјлните мрежи кружи фотографија од сметка од Италија. Имено фотографијата е од болница во Италија.  Група медицински сестри нарачале пица. Кога ја добиле сметката, на неа со мастило пишувало..." Џабе... ние мислиме на вас и вие сте во нашите срца. Ви благодариме за сите ваши напори!" 🇮🇹🙏❤️фото: ФБ

Магазин | пред 6 години

sverc

(ФОТО) Албански државјанин се обидел да прошверцува хируршки ракавици, заштитни маски, антибактериски гелови

- 1.900 хируршки ракавици, 400 заштитни маски, 96 антибактериски гелови и 2 литри средство за дезинфекција, откриени при контрола на албански автомобил, управуван од албански државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Блато.  Производите, чиј извоз е забранет согласно воведените мерки од Владата за превенција од ширење на вирусот „Covid 19“ (корона вирус), е пронајдена во црна вреќа сместена на задното седиште на возилото. Истите се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.фото: Царинска управа 

Македонија | пред 6 години

aerodrom-skopje-2

НОВИ МЕРКИ: Граничните премини и аеродромот во Скопје под клуч - нема влез и излез

Вечерва владата одлучи да се затворат сите гранични премини за премин на странски државјани освен за влез и транзит на товарни возила и дипломатскиот кор за кој МВР ќе даде дозвола по претходно мислење од кризниот штаб кој ќе потврди дека има посебен интерес. Овие товарни возила ќе влезат во согласност со протоколот за заштита.  Се затвора и меѓународниот аеродром во Скопје освен за државни, воено-карго летови, истакна на вечерашната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања