Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

Нема фотографија

Прва пресуда за непочитување на мерките против ширење на коронавирусот, наместо во самоизолација тој се шетал

Основниот суд Кавадарци го прифати казнениот налог на Јавното обвинителство Кавадарци и го огласи за виновно лицето од селото Дебреште, Општина Росоман, обвинето дека сторило кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија” од член 206 став 1 од Кривичниот законик, потврди за Дума.мк, претседателот на Основен суд Кавадарци Лазар Нанев.Обвинетиот е казнет со 50 дневни глоби, еднодневната изнесува 50 евра поточно 3.150 денари, или вкупно 153.750 денари или 2.500 евра поради тоа што умислено не постапил според писмената наредба на Министерството за здравство со која се определуваат мерки за спречување или сузбивање на пандемијата на опасна заразна болест – коронавирус Ковид-19 кога влегувајќи во државата, на 16 март во 23:15 часот, по враќање од Германија која е прогласена за средноризична земја утврдена на листата на Светската здравствена организација и притоа одбил да потпише изјава за задолжителна самоизолација и не а не ја примил писмената наредба на Министерството за здравство. Лицето не било дома на 17 март во 13:00 часот, кога од страна на униформирани полициски службеници од ОВР Кавадарци била направена контрола во неговиот дом во село Дебриште, Росоман, и телефонски изјавил дека е на истовар на роба во Струмица.Осудениот има право на приговор до судечкиот судија по што пресудата станува правосилна. Доколку осудениот не ја плати казната од 50 дневни глоби ќе оди на издржување казна затвор во времетраење од 50 дена.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

K4rLE-n1-talat-dzaferi-gjorcev-432

Џафери: Парламентот не може да се состане повторно претседателот ќе прогласи вонредна состојба

Претседателот на Собранието Талат Џафери во изјава за  МИА вели дека го очекува предлогот на претседателот на техничката Влада, Оливер Спасовски што ќе го проследи до претседателот на државата кој има надлежности за прогласување вонредна состојба во државата.Џафери го дели мислењето со одредени експерти дека по самораспуштањето и  распишувањето на избори Парламентот не може да се состане повторно, објави МИА.Изборите според претседателот на Собранието ќе бидат одложени со уредба од страна на Владата, врз озносва на член 126 од УставотВрз основа на Членот 125 од Уставот  став 4 ако Собранието не може да се состане, одлука за постоење на вонредна состојба донесува претседателот на Републиката и му ја поднесува на Собранието на потврдување штом тоа ќе е во можност да се состане.Членот 126 пак од Уставот вели дека при постоење на воена или вонредна состојба Владата во согласност со Уставот и со закон донесува уредби со законска сила. Овластувањето на Владата да донесува уредби со законска сила трае  по завршувањето на воената или вонредната состојба за што одлучува Собранието.извор: МИА

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Бачев: Вонредна состојба, уредба со законска сила и решение од ДИК за прекин на изборите – предлог начин за одложување на изборите

Престедателот на Единствена Македонија Јанко Бачев во врска со дилемите околу начинот на одложувањето на изборите поради коронавирусот, денеска се обрати до јавноста:-„Во изминатите 24 часа сведоци сме на различни толкувања на Уставот околу одложувањето на изборите поради загрижувачката и алармантна состојба со коронавирусот. Правно опсервирано, усложнета е оваа правна работа со одложувањето на изборите поради коронавирусот во услови на веќе распуштено собрание и одлука за распишани избори. Се разбира, одговорот треба да го дадат стручни лица од областа на уставното право. Но, иако оваа проблематика не е поле на мој стручен и научен интерес, сепак како учесник во изборната кампања ќе изложам свое мислење.Според мене, се чини дека е најдобро Државната изборна комисија да донесе решение за прекин на сите изборни дејствија. Колку ќе трае прекинот неможе во моментот да биде определено, туку тоа е определиво: прекинот ќе престане кога ќе престане причината што довела до него, односно, се додека не се надмине состојбата со коронавирусот.Решението на ДИК пак, претпоставува една претходна состојба на донесување на Одлука за прогласување на вонредна состојба од претседателот на државата (член 125 став 4) и донесување на Уредба со законска сила од страна на владата за мерките за време на вонредна состојба (член 126). Во Уредбата на владата со законска сила една од мерките ќе биде токму прекин на изборните дејствија за спроведување на изборите за пратеници на 12 април.Како и да е, ќе слушаме разноразни уставни толкувања и предлози. Но, едно треба да ни биде јасно на сите: ИЗБОРИТЕ МОЖЕ ДА СЕ ПРЕКИНАТ, НО ЖИВОТОТ НЕ.Ја користам приликата да потсетам дека претседателот на ФРОДЕМ Јове Кекеновски во името на Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија, во која членува и Единствена Македонија, вчера во изјава за јавноста предложи девет мерки за олеснување на животот на народот во услови на епидемија од коронавирусот - се вели во изјавата на Бачев. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Град Скопје: Носете маски и ракавици ако се возите во автобус

Градот Скопје им препорачува на корисниците на јавниот автобуски превоз да користат средства за лична заштита - маски и ракавици. Оваа препорака е во согласност со мерките за заштита на здравјето на граѓаните од ширењето на корона вирусот.Градот Скопје ги потсетува граѓаните дека сите возила на ЈСП се подложуваат на дополнителен третман за дезинфекција, уште од пред две недели. Имено, секое возило, независно дали сообраќа цел ден на одредена линија или се вклучува еднократно, е подложно на дополнителна дезинфекција, како една од мерките за заштита од коронавирусот. Возилата се дезинфицирааат со распрскување на соодветни средства на база на алкохол и Дезинтал 10%, а се врши и рачна дезинфекција на одделни делови од возилото, како што се ракодржачите и слично. Секое возило се третира со дополнителната дезинфекција еднаш, пред вклучување на линијата или потоа, во зависност од динамиката и распоредот на сообраќање во јавниот превоз.Инаку, редовна внатрешна дезинфекција на автобусите се врши секојдневно преку т.н. редовна дневна нега (чистење, миење) на возилата. Притоа, возилата се третираат со соодветни еколошки средства кои имаат дезинфекциско својство. Секое возило, пред да се пушти во сообраќај, е подложно на дневна нега.Градот Скопје апелира до граѓаните одговорно да се однесуваат додека се во автобус, а своите отпадоци да ги зачуваат и да ги одложат во најблиската корпа за отпадоци, по излегувањето од автобусот. Овие препораки имаат цел да се подигне нивото на јавната хигиена и да се заштити здравјето на граѓаните.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

direkcija-3

МВР:Без проблеми се одвива дотурот на храна, лекови, средства за лична хигиена и други потреби во Дебар и Центар Жупа

Во  изминатото деноноќие безбедносната состојба на целото подрачје на општините Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба, е стабилна и без регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нарушувања на јавниот ред и мир и сообраќајни незгоди. Граѓаните ги почитуваат препораките, мерките и насоките усвоени од Владата во врска со спречувањето на ширењето на корона вирусот (COVID-19) за забрана за одржување собири и настани на отворен и затворен простор, како и секаков вид на јавни и приватни собири. Полициските службеници деноноќно се на терен и ги преземаат неопходните безбедносни активности што се во согласност со оперативниот план, се врши обиколка низ централното градско подрачје и приградските населби и се контролира дали угостителските и другите јавни објекти (маркети, ноќни клубови, фитнес салони, обложувалници) се придржуваат до одлуката за забрана за нивната работа. Непречено се спроведуваат мерките за контрола на патнички и други моторни возила за влез во Дебар и Центар Жупа.Потсетуваме дека влезот е дозволен само на лица кои се жители на општините, а истовремено оневозможен е и строго забранет е излезот на сите граѓани затекнати на подрачјето на двете општини. Без проблеми се одвива дотурот на храна, лекови, средства за лична хигиена и други потреби за граѓаните во двете општини. Сите правни лица кои вршат дотур на продукти треба да се најават во Кризниот штаб на фиксниот телефон 046/831 051 по што, нивните возила, со полициска придружба ќе бидат спроведени до трговските објекти во двете општиниУпатуваме апел до граѓаните на Дебар и Центар Жупа, но и до сите граѓани во државата, да бидат трпеливи, да покажат разбирање за сериозноста на  ситуацијата и строго да се придржуваат до препорачаните мерки и насоки усвоени од Владата, во врска со спречување на ширењето на корона вирусот (COVID-19), а сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници. Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

bezoska

Мерки за погодените македонски компании: Бескаматни кредити, субвенционирани придонеси за вработените, основање на фонд за поддршка на туризмот

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања Мила Царовска, министерката за финансии Нина Ангеловска, министерот за економија Крешник Бектеши и гувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија Анита Ангеловска-Бежоска, денес на прес-конференција ги објавија иницијалните мерки за поддршка на бизнис секторот во насока на амортизирање на штетите предизвикани со прогласување на пандемијата на корона вирусот Covid 19.Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска посочи дека покрај здравствените ризици, корона вирусот донесе и еднакво големи предизвици за светската економија. Таа трпи засега сè уште несогледливи негативни последици, а домашната економија, исто така, нема да остане имуна на последиците од корона вирусот и должност на Владата, е час поскоро да започне со мерки на заштита и поддршка на економијата и компаниите.„Првата мерка се однесува на директна финансиска поддршка на ликвидноста кај микро, мали и средни компании од страна на Развојната банка на Северна Македонија. Обезбедени се вкупно 5.7 милиони евра со кои ќе се кредитираат директно компании поради неликвидност, односно компании чија што економска активност е погодена од коронавирусот. Кредитите се дизајнирани со големо внимание, водејќи се од тоа да може да се поддржат што поголем број на компании. Секоја компанија, во зависност од бројот на вработени, ќе може да добие од 3 до 30 илјади евра. Микро компаниите, до 10 вработени, ќе може да подигнат кредит од 3 до 5 илјади евра, малите компании со 10 до 50 вработени, ќе може да подигнат кредит од 10 до 15 илјади евра и средните компании со 50 до 250 вработени, ќе може да подигнат кредит од 15 до 30 илјади евра. Она што е овде важно е дека овие кредити се бескаматни, со каматна стапка од 0 проценти! Грејс периодот на овие кредити ќе биде 6 месеци, а рокот на отплата 2 години.Втората мерка се однесува на поддршка за компаниите во делот на исплатата на плати со што сакаме да ставиме јасно до знаење дека ни е важно да помогнеме да се зачува секое едно работно место", нагласи Царовска во своето обраќање.„Субвенционирање на придонеси за вработените во компании од секторите туризам, транспорт, угостителство и други погодени компании, за месеците април, мај и јуни од 2020 година, со субвенција на придонеси по вработен во висина до 50% од просечна плата исплатена во 2019 година, под услов компанијата да не го намали бројот на вработените под бројот на вработени во месец февруари од 2020та година и ова да важи од денот на користење на мерката; понатаму, компанијата да не исплати дивиденда во текот на 2020 година, до денот на поднесувањето на годишна сметка, односно финансиски извештаи за 2020 година и компанијата да нема исплатено награда-бонус по влегување во сила на мерката. Само компаниите што имаат остварено добивка како финансиски резултат од рработењето во 2020 ќе вратат субвенции за придонес во износ од 50% од добивката пред оданочување што значи дека мерката директно е насочена да им помогне на компаниите што оствариле послаби финансиски резултати во 2020 поради корона вирусот“, нагласи Царовска.„И најновите расположливи податоци покажуваат дека макроекономската состојба е стабилна. Намалувањето на основната каматна стапка на Народната банка на ниво од 1,75% треба да придонесе за натамошно намалување на цената на финансирање на претпријатијата и населението“ – порача гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска.Таа накусо ги претстави и одлуките коишто Советот на Народната банка ги донесе во насока на ублажување на потенцијалните неповолни ефекти врз економијата, предизвикани од појавата на новата вирусна инфекција.„Имаме подготвено и предлог Одлука за управување со кредитниот ризик чија цел е олеснување на условите за реструктурирање на кредитите на најпогодените сектори. Тековно се прават консултации со банките и очекуваме  наскоро да биде донесена од Советот на Народната банка. Во текот на наредните денови ќе бидете подетално информирани за ова“. најави Ангеловска-Бежоска.Гувернерката потсети на препораката на Народната банка, заради заштита на јавното здравје да се избегнува користење и на денарска и на девизна готовина, а да се користат платежни картички, електронско банкарство или други алтернативни начини на плаќање.Министерката за финансии Нина Ангеловска, посочи дека сетот на мерки има за цел пред се да ја заштити ликвидноста и работните места на компаниите, односно да му помогне да го премости овој шок.„Ослободувањето од аконтациите од данок на добивка за фирмите од индустриите погодени од коронакризата за април, мај и јуни ќе ја помогнат ликвидноста на компаниите. Во вакво време чесно е државата да се откаже од претплаќање на дел од данокот од погодените компании. Тука најпрво спаѓаат транспортот, туризмот, угостителството, а потоа и другите погодени компании од различни дејности погодени од превентивните мерки на Владата како одговор на справувањето со страшниот вирус“, нагласи министерката за финансии.Ангеловска рече дека дел од барањата на коморите беа и намалување на каматите и некои парафискални давачки. Во таа насока законски затезната камата ќе биде намалена за 50% во соработка со Министерството за правда. (од 10 на 5% и од 8 на 4% а ќе биде променет и периодот за кој се зема предвид референтната каматната стапка која ја пропишува Централната банка, за да има поповлни услови во услови кога референтната каматна стапка се намалува). Понатаму министерстото за финансии ќе ја намали казнената камата за јавни давачки од 0,03 % на 0,015% односно за 50%.„Дополнително Министерството за Финансии и УЈП ќе даде препорака на провајдерите за намалување на цените за одржување на фискалните каси за 50%. Препорака ќе дадеме и на банките да ги намалат цените за плаќање на финансиските извештаи за ДДВ за прометот на сметките на фирмите. Ова се можеби навидум незначајни и симболични давачки, сепак го отсликува настојувањето на Владата да ја олесни оваа ситуација на секој можен начин за фирмите“, потенцира министерката Ангеловска.Министерот за економија Крешник Бектеши информираше дека на седницата на Владата која што се одржа во понеделникот донесена е одлука за замрзнување на цените на основните прехранбени производи и тоа на леб, сол, зејтин, млеко и млечни производи, јајца, брашно, месо, тестенини, лекови и дезифекциони сретства со состојба на денот на прогласување на пандемијата на СЗО, освен оние за кои има доказ дека се зголемени влезните фактури.“Изминатите денови сите бевме сведоци на зголемената побарувачка кај граѓаните кои од стравување дека ќе се зголемат цените на основните производи купуваа во големи количини. За да не дојде до зголемување на цените под притисок на побарувачката и како резултат на мерките за заштита на пазарот на соседните земји веднаш решивме да ја донесеме оваа одлука. Сакам да ги уверам граѓаните во консултација со најголемите супермаркети и дистрибутери на храна и основни производи дека имаме доволно залихи, но решивме да реагираме превентивно за да не дојде до поголеми ценовни шокови“, кажа министерот Бектеши.Министерството за економија ќе достави до Владата и предлог за 100 процентно ослободување од царинските давачки за производите од брашно и пченица, масло сончогледово, бел шеќер, сапуни, детергенти, облека и прибор за облека, пелени за деца и возрасни и марамчиња, рачни капи во ролни, маски пластични со текстилен филтер, прекривки текстилни за хируршка употреба, одело хируршко од хартија, маски хартиени, одело заштитно гумено, ракавици гумени, хируршки и останати средства за дезинфекција, медицински алкохол, заштитни наочари.На најголем удар е туристичкиот сектор поради откажани аранжмани и тури од страна на граѓаните поради затварање на границите, но и поради откажување на летовите од страна на авио-компаниите. Како резултат на барањата на туристичките комори предвидовме и мерки за поддршка на туристичкиот сектор. Во овој сектор има околу 70 илјади вработени кои се на удар од последиците на Коронавирусот.„Министерството за економија предлага сите средства кои се предвидени за развој, промоција и поддршка на туризмот да се пренаменат во Фонд за туризам со цел да се обештети туристичкото стопанство да ја пребродат кризата во согласност со бројот на вработени. Овој Фонд за туризам во моментов проценува на околу 74 милиони денари од кои 44 милиони денари се во рамки на програмите на Министерството за економија кои нема да бидат искористени, а 30 милиони денари се од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот“, информираше министерот Бектеши.

Македонија | пред 6 години

spasovski-1

Спасовски објасни што значи вонредната состојба и какви мерки ќе има

„Ја прифативме најсериозно заканата и подготививме многу мерки од кои имаме резултати. Ќе ја совладаме заканaта и ќе излеземе посилни. За да успееме треба да се преземе мерки. Воведување на овие мерки не значи по автоматизам дека ќе се воведат рестрикции на слободите и движењата на граѓаните. Доколку дојде до нови рестрикции и мерки тие одлуки ќе се носат на дневно ниво како и до сега. Граѓаните редовно ќе се информираат“, рече Спасовски.„Вонредната состојба само и дава можност на Владата брзо и ефикасно да се спроведуваат мерките на превенција и да се заштити здравјето на граѓаните. Само со вонредна состојба Владата ќе може да делува непречено в борбата со вирусот. Само така ќе може да се спроведат мерки за спас на економијата. Се создаваат услови за сите кои учествуваат во борбата против овој вирус, тоа се полицијата, здравствените работници, Армијата, службениците, институциите, Влдата, работниците во производството успешно да ги остваруваат нивните задачи во оваа хуманитарна криза“, додаде тој.„Аплеирам сите серизоно, најсериозно да ја сфатат состојбата и да ги почитуваат сите мерки и препораки од Влдата, со тоа, секој од вас станува значаен фактор во борбата за спречување на вирусот“, потенцираше техничкиот премиер.

Македонија | пред 6 години

28_02_2020_Zaev

Заев: Имајќи ја во предвид сериозноста на ситуацијата, со вонредната состојба ќе се допридонесе за ефикасно да се спроведуваат мерките за граѓаните и стопанството

Прес конференција на претседателот на СДСМ Зоран Заев. Тој мешу другото истакна:„Во секоја криза има нова можност, вели една кинеска поговорка. Вонредна состојба значи да има ред, дисциплина, да се почитуваат обврските кои ги даваат институциите, а тие да бидат попрофесионални кон граѓаните. Вонредната состојба значи дека ќе работат сите дејности и објекти како до сега, освен ако Владата не донесе спротивна мерка. Вонредна состојба значи дека ќе може да излеземе да завршиме неопходна работа и да се вратиме дома. Но, да завршиме работа со маска и заштитни ракавици. Смеат и старите луѓе да излегуваат но доколку мораат да завршат работа. Движењето ќе се забрани ако има полициски час, а ќе има ако не ги почитуваме мерките. Граѓаните мора да бидат сериозни. Владата ќе носи уредби со законска сила за заштита на зравјето на граѓаните“, посочи Заев.Заев истакна дека покажавме дека можеме да се соочиме со предизвиците.„Нашиот предизвик сега е да се избориме со коронавирусот. Затоа, исклучително важно е да ги следиме и почитуваме мерките и препораките од надлежните институции. Да помогнеме со цел заштита на здравјето и спречување на коронавирусот. Имајќи ја во предвид сериозноста на ситуацијата, со вонредната состојба ќе се допридонесе за ефикасно да се спроведуваат мерките за граѓаните и стопанството. Им оддавам почит на сите кои се борат со овој вирус. Полицијата, Армијата, здравствените институции, сите институции, медиумите“, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

kosta

Георгиески детално за заклучоците кои ги донесе Советот на Општина Охрид

ФБ статус на градоначалникот Константин Георгиески:Во рамки на оперативните мерки кои ги презема Локалната самоуправа за превенција од ширење на Корона вирусот Ковид-19, на 41-та седница на Советот на Општина Охрид која се одржа денеска беа донесени следните заклучоци👇1️⃣Советот на Општина Охрид ги задолжува сите јавни претпријатија основани од Општина Охрид да ги испитаат законските регулативи и можности за донесување на соодветни мерки за олеснување на обврските спрема правните субјекти и физичките лица кои што во согласност со мерките и препораките за заштита од Корона вирусот Ковид-19 донесени од страна на Владата на РСМ имаат забрана за извршување на својата дејност и за период од десет дена да достават информација до Градоначалникот и Советот на Општина Охрид.➡️Дали постои законска можност да не се испорачуваат фактури од јавните претпријатија кон коминтентите во периодот кога не обавуваат дејност.➡️Дали постои законска можност да не се пресметува казнена камата за извршени плаќања на сметките после утврдениот законски рок, во периодот додека траат мерките и препораките за заштита од Корона вирусот Ковид-19 донесени од Владата.2️⃣Советот на Општина Охрид ги задолжува Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште и Секторот за даноци и комунални такси да ја испитаат законската регулатива за периодот за кој правните субјекти и физичките лица не ја обавуваат дејноста врз основа на донесените мерки од Владата за справување со Корона вирусот Ковид-19, да бидат ослободени од надомест за краткотраен закуп и комунална такса.3️⃣Советот на Општина Охрид ја задолжува правната служба во рамки на локалната самоуправа да ја испита законската можност за времено запирање на присилната наплата и извршните побарувања и пресметување и наплата на камата и пенали на правните субјекти и физичките лица кои што по кој било основ се засметуваат од страна на Општина Охрид, во периодот додека траат мерките и препораките за заштита од Корона вирусот Ковид-19 донесени од страна на Владата.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

НОВИ МЕРКИ: Ако излезете од државата, нема да смеете да се вратите три месеци!

„Ова не е состојба да некој може да избере како ќе постапува. Ова не е состојба во која некој ќе биде лагоден. Еве денеска донесовме заклучок со кој што, секој што ќе излезе од државата ќе мора да потпише изјава дека три месеци нема да се врати во државата. Затоа, апелирам до сите граѓани да ги одложат патувањата. Да не пркосат во борбата против вирусот, туку да се приклучат. Да си ги почитуваме институциите, семејствата, сите граѓани“, кажа техничкиот премиер Спасовски.„Бараме вонредна состојба предвидена со Уставот, во услови каде имаме епидемии. Ние имаме и пандемија во светски размери. Вонредната состојба е една од најтешките одлуки, одлука која не ја посакуваме, туку е нужна да се справиме. Тоа значи дека Владата ќе носи уредби со законска сила и полесно ќе се справува со состојбите“, рече Спасовски.„Трезвеност во една ваква состојба. Се што е потребно постои, нормалниот живот се одвива. Има храна, има бензин. За мерките со ограничувања, дополнително ќе информираме“, кажа Спасовски.

Македонија | пред 6 години

oliver-2

Спасовски: Вонредна состојба и радикализација на мерките, веќе нема дилема

„Вонредната ситуација е исклучително вонредна и сериозна ситуација. Ова наложува вонредни мерки. Ова е вонредна ситуација и затоа се потребни вонредни мерки. Ова е вонредна ситуација и затоа се потребни вонредни мерки. Веќе нема ниту најмала дилема“, посочи Спасовски.Донесовме одлука воведување на вонредна состојба на територијата на цела држава. Сега и веднаш. Мерките кои досега се носеа дадоа резултати, но мора да се надополнат, заострат, да се радикализираат со воведување на вонредна состојба за да се спречи поголем пик на коронавирусот и тоа во кратко време. Убедени сме дека со таква екслација може да се спречи со вонредна состојба на целата територија“, додаде тој.„Денеска Владата одржа седница и донесе одлука да му предложи на Собранието да прогласи вонредна состојба. Упатуваме апел да се свика и да ја донесе оваа одлука. Собранието е распуштено, но претседателот на државата може да донесе ваква одлука според Уставот во траење до 30 дена“, потенцираше Спасовски.„Ова е првпат да се воведе ваква мерка во историјата на нашата држава. Оваа мерка е една од најтешките одлуки кои што ги донела било која Влада од 90 година до денеска. Животот радикално се промени кај нас но и во целиот свет“, дециден е Спасовски.

Македонија | пред 6 години

oliver-1

(ЖИВО) Прес-конференција претседателот на Владата, Оливер Спасовски

Прес-конференција претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Утрово на коронавирус се позитивни 4 лица од Скопје

Министерството за здравство информира дека денешната бројка на заболени со коронавирус во земјата – состојба до 12.00 часот е 35. Утрово на коронавирус се позитивни 4 лица од Скопје.Состојбата на сите пациенти е стабилна.Доцна синоќа на скопскиот аеродром пристигна авионот со патници од Брисел. Патниците беа тестирани на коронавирус и задржани во изолација до добивање на резулатите. Резулататите на сите патници се негативни, а тие се пуштени дома во задолжителна изолација.Лицата кои беа привремено сместени во Пепелиште беа посетени од епидемилози, а денеска ќе бидат преместени во објектот одреден за групна изолација во Демир Капија.Повеќе информации на прес-конференцијата на Министерот за здравство Доц. Д-р. Венко Филипче закажана за 15:00 часот во Владата на РСМ.

Македонија | пред 6 години

meckin-kamen

Мечкин Камен прогласен за значајно културно наследство

Споменикот Мечкин Камен во Крушево, синонимот на Крушевската Република и на херојството на востаниците, се прогласува за значајно културно наследство со што овој локалитет соодветно ќе се одржува и инфраструктурно ќе се зачува. Ова е на иницијатива на крушевската локална самоуправа.Со решение, Министерството за култура го прогласува споменикот за значајно културно наследство со заштита од трет степен откако до него беа доставени Елаборат за валоризација на споменикот на културата „Мечкин Камен“ како и предлог за донесување акт за прогласување на значајно културно наследство.Фото: My Macedonia Blog  

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Поранешна љубовница заработи обвинение поради уцена

Денеска Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против битолчанка на возраст од 34 години која се товари за сторено кривичното дело – Уцена од член 259 став 1 од Кривичниот законик.Во периодот од 15 јануари до 11 март, обвинетата со намера да се стекне со противправна имотна корист, во повеќе наврати му се јавувала на оштетениот со кого претходно била во љубовна врска, барајќи парични средства со уцена дека доколку не и ги даде парите ќе испрати компромитирачки фотографии од него на неговото семејство и ќе ги објави на социјалните мрежи со цел да ги наруши неговите чест и углед, како и честа и угледот на неговото семејство. Продолжувајќи со  истите закани и уцени, на 10 март 2020 година, обвинетата го  контактирала оштетениот преку апликациите Viber и WhatsApp, при што побарала од него следниот ден, на 11 март во 14:00 часот, да и донесе 1200 евра  во хотел во Скопје, а остатокот од побараните 13.000 евра  да и бидат исплатени дополнително.По преземање на оперативно технички мерки и претходна крим-техничка обработка на паричните средства, обвинетата беше лишена од слобода во моментот кога бараните средства ги зеде од оштетениот.Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје со обвинението достави и посебен предлог за продолжување на определената мерка куќен притвор за обвинетата, бидејќи постои опасност  да се крие или да се даде во бегство.​фото: Архива

Македонија | пред 6 години

petar-bogojeski

Богојески предлага итна акција за собирање на пари од сите нас, со кои може да се набави опрема, и без ЗЈН

ФБ статус на Петар БогојескиКорона кризаЕдинствената опасност, да ја изгубиме битката со короната, е да ни се заразат и разболат лекарите и медицинскиот персонал!Се друго е решливо… ние и да се заразиме, ќе се излечиме! Ама ако докторите се заразат… нема кој да лечи… отиде работава!На сликата е “стандардна заштитна опрема” во Македонија и низ светот!Што значи работава не е ОК! МЗ треба итно да постапи по член 55, став 6 од ЗЈН… условите се исполнети… загрозени се животи… а ако нема доволно пари, да се набави вистинска заштитна опрема за лекарите и МП, имаме две решенија:1. Итна вонредна состојба, која ќе овозможи одлука на Влада за ребаланс на Буџет, со сила на закон;2. Итна акција за собирање на пари од сите нас, со кои може да се набави опрема, и без ЗЈН.Предлог:– наменска сметка за таква набавка;– телефонска линија на која ќе може да донираме… безбедно без да се оди по банки…П.с. Вонредната состојба може да биде “селективна”, само во “правниот промет”!!!… не мораме да вадиме војска по улици и да арчиме без потреба!https://www.facebook.com/1949361315345812/photos/a.1950984378516839/2579491785666092/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

lisici

Македонски државјани од Косово сакале илегално да влезат во земјава

На 17.03.2020 во 13.10 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Белановце, при обиколка на терен од граничниот премин кон с.Белановце, ги привеле А.А.(29) и М.А.(21), двајцата од Куманово, поради тоа што илегално ја преминале државната граница од Р.Косово кон Р.С.Македонија. По извршена проверка било констатирано дека М.А. се барал врз основа на судска наредба од Основен суд Куманово за издржување казна затвор од траење од шест години. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

pendarovski-1

Претседателот попладнево ќе прогласи вонредна состојба

Претседателот на државата, Стево Пендаровски реши да прогласи вонредна состојба, дознава „А1он“. Според нашите информации денеска во два часот попладне, преку обраќање на МРТВ кое веќе е закажано. Пендаровски за воредната состојба јавно ќе соопшти со цел информирање на сите граѓани на нашата држава, објави А1 ОН.Текстот во целост на А1ОН

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Приведен маж од Гостивар поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија

Вчера околу 20.50 часот, во гостиварски Добридол, полициски службеници на СВР Тетово - Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар го лишиле од слобода 57-годишниот В.Џ., затоа што при контрола спроведена во содејство со Државен пазарен инспекторат во неговата кафетерија (интернет кафе) во ова село биле затекнати 12 гости, со што постапил спротивно на владината одлука и мерките и препораките за заштита од вирусот Ковид-19 и сторил кривично дело„непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, по член 206 од Кривичниот законик. В.Џ. е задржан во Полициска станица Гостивар и во текот на денот со соодветен поднесок ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

direkcija-3

(ЖИВО) Прес за економските мерки на Владата за справување со ситуацијата со коронавирусот

Прес за економските мерки на Владата на РСМ за справување со ситуацијата со коронавирусот https://www.facebook.com/VladaMK/videos/523783731895858/?v=523783731895858&notif_id=1584358290641270&notif_t=live_video

Македонија | пред 6 години

uslovi

Музикантите кои беа сместени во мувлосаното Пепелиште, денеска ќе бидат префрлени во Заводот во Демир Капија

Министерството за Одбрана информира дека во текот на денешниот ден лицата Лицата кои синоќа беа сместени во Центарот за обука во Пепелиште – Криволак, ќе бидат преместени на нова локација, соопшти Министерството.– Како што известивме вчера, Центарот за обука во Пепелиште е само привремен простор каде треба да се извршат епидемиолошките прегледи согласно медицинскиот протокол. Тимот на Министерството за здравство утрово ќе ги заврши прегледите по што веднаш лицата ќе бидат преместени во реновираниот Завод во Демир Капија – велат од МО.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

izbori2_g111ynj56uj65u56uj56-88972

За два до три дена мора да се донесе одлука од правен аспект како да се одложат изборите

Експертскиот тим формиран по вчерашната лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски, за два до три дена треба да предложи правно решение за одлагање на изборите, поради ширење на корона вирусот. Експертскиот тим е во состав професорите Рената Дескоска, Гордана Силјановска-Давкова, Денис Прешова, Татјана Каракамишева-Јовановска, Јетон Шасивари, Светомир Шкариќ и Александар Спасов. На средбите  кои ќе ги одржуваат ќе присуствуваат и претседателот на Собранието Талат Џафери и претседателот на Владата Оливер Спасовски.Лидерите на политичките партии се согласија дека поради состојбата со корона вирусот е потребно одложување на изборите закажани на 12 април.На средбата присуствуваа лидерите на СДСМ, Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, на Алтернатива Африм Гаши и на Движењето БЕСА, Билал Касами. Во име на ДУИ на состанокот присуствуваат Бујар Османи и Изет Меџити, а од ДПА учествуваа Орхан Ибраими и Фримзим Даути. На средбата присуавуваа и претседателот на Собранието Талат Џафери и претседателот на Владата Оливер Спасовски.На средбата се дискутирало за повеќе можни решенија што произлегуваат од Уставот на Република Македонија. Консултациите за начинот на одложување на изборите ќе продолжат и во следните денови, информираа од Кабинетот на државата.фото:Архива

Македонија | пред 6 години

sud-krivicen

Темелна дезинфекција и на Кривичниот суд

Основниот кривичен суд Скопје ја информира јавноста дека денеска и во петок ќе врши темелна дезинфекција на суднцитие, ходниците, санитарните јазли, шалтерите и сите останати простории во новата и старата зграда.„Согласно препораките на владата овие дезинфекци ќе се вршат секоја среда и секој петок се додека постои потреба за истото. Воедно за заштита од ширење на коронавирусот како и здравјето на странките и вработените во институцијата, судот обезбеди средства за дезинфекција достапни на секој шалтер, а секој службеник кој има директен и непосреден контакт со странките е задолжен да носи стерилни ракавици и медицинска маска. Како суд уште еднаш упатуваме апел до сите адвокати, обвинители, вештаци, сведоци и останати странки, доследно да ги почитуваат и да се придржуваат кон препораките на владата“ се вели во соопштението од судот.Судот во текот на денот ќе ја информирма јавноста во однос на одлуката на Судскиот совет за сите закажани итни и неодложни судења во следниот период.извор: Makfax

Македонија | пред 6 години

dimitrov-1

Покрај стотиците апели, илјадници граѓани решиле да си патуваат, Димитров и натаму вели „седете си дома“

„Синоќа апелирав да се воздржиме од патувања во странство. Од вчера на пладне до рано утрово, бројот на македонски граѓани кои заминале од земјата е 1331.Не сакам да навлегувам во мотивите. Можеби сите овие патувања биле нужни. Но, чувствувам должност да предупредам на алармантната состојба насекаде. Имам впечаток како недоволно да е јасна ситуацијата во регионот, во Европа и во светот.Државите спуштаат рампи постојано, се затвораат аеродроми, се менуваат граничните режими, се забранува влез на странски државјани, се менуваат правилата на секои неколку часа.Имаме граѓани по разни аеродроми, со откажани летови, со откажан бординг бидејќи земјата на дестинација одлучила да дозволи влез само за своите државјани. Имаме луѓе со коли во колони во Словенија, во Австрија, во Хрватска ... Пуштаме дипломатски ноти со лични податоци на нашите граѓани врз основа на нивните телефонски разговори со кризниот тим во МНР. Некои конзуларни барања успеваат, некои не. Ние имаме контрола само врз своите, македонските граници. Ние не ги контролираме границите на други држави.Во услови на ваква огромна глобална криза предизвикана од пандемијата на вирусот, со целосна непредвидливост на дневна основа, ние апсолутно не можеме да гарантираме дека ќе можете да си дојдете дома тогаш кога сте планирале.Истовремено, секое патување драстично го зголемува ризикот по здравјето не само за вас и за вашето семејство, туку за целата нација.Драги граѓани, повторувам:Не патувајте!“, пишува Димитров.

Македонија | пред 6 години

Screenshot_14

(ВИДЕО) Сместени во групниот карантин револтирани: Ќе смрзнеме, ќе се испоразболиме, четири дена не сме миени - нема услови овде

Лица кои патувале во Австрија и се вратија во нашата држава, не сакаат да останат во групниот карантин на Криволак. Тие велат дека таму нема никакви услови, се жалат на хигиената и велат дека од здрави ќе се испоразболат.Еден од нив коментира на видеото дека неможат ниту да се истушираат бидејќи нема услови, а тие четири дена не се бањати. Сите тврдат дека се тестирани за коронавирус повеќе пати и дека се сосема здрави, притоа, уверуваат дека немаат симтоми кои укажуваат дека се болни.Сместените во карантинот велат дека сакаат дома, а се жалат дека од сите кои пристигнале а биле цела група, само нив ги ставиле во карантин, други пак, ги пуштиле да си одат дома. https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/2520816134851687/?v=2520816134851687 Министерката Радмила Шекеринска на својата фејсбук страница објави видео од објектите каде ќе бидат сместени македонските државјани кои се враќаат во својата татковина, а мора да бидат во карантин. Објеките се во Криволак, поточно во Пепелиште.https://www.facebook.com/sekerinska/videos/524332448491694/?v=524332448491694 Видео: ФБ   

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања