Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

izolacija

(ФОТО)Ефектот на социјалното дистанцирање за заштита од коронавирус

Ефектот на социјалното дистанцирање за заштита од коронавирус. Почитувајте ги мерките и препораките. #ЗаштитиСе #СедиДомафото: ФБ Венко Филипче 

Македонија | пред 6 години

filipce-2

Се шири коронавирусот во Скопје преку контакти со веќе заболени

Епидемиолозите сметаат дека коронавирусот веќе се пренесува преку локална трансмисија во Скопје, односно од заболени на други граѓани. Министерот Венко Филипче ова го кажа на последната прес-коференција, а воедно соопшти и дека се работат посебни планови за тестирање, со цел овој тренд да се спречи.„Веќе се работи планот за посебни пунктови во рамките на Здравствениот дом во Скопје, дозволете детали да известам кога ќе биде готов. Ова е според индикацијата на епидемиолозите, односно, тоа што го зборувавме за да правиме малку поширока индикација, во смисла да се опфатат поголем број на граѓани, население, со оглед дека има и локална трансмисија во градот Скопје“, рече Филипче.Минситерството за здравство веќе соопшти дека масовни тестирања за коронавирус од понеделник ќе се прават во Скопје, а викендов во Струга и околината. Целта е преку масовни скрининзи да се уловат групите луѓе кои можеби и не се свесни дека го имаат вирусот. На располагање во моментов министерот вели дека имаат околу 1500 тестови, за 1000 тестови во тек е набавка, а очекуваат и донација од 1000 тестови.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

45454567_303

DW- Коронавирус: Николоски се претера

Еден ден заразата ќе стивне и ќе исчезне, но зборовите што сега ќе се кажат ќе останат забележани во општествената меморија. Некому за добро, некому за лошо.Критиката е добредојдена кога е добронамерна. За жал, многу тешко може да се препознае добронамерност во вчерашните критики што ги упати потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, за начинот на кој властите се справуваат со заканите од коронавирусот. А изрече многу: од „неспособно водство на државата кое не знае како да се справи со оваа криза", преку „тотални аматери кои што не знаат да работат, не сакаат да работат и не сакаат да учат", до „крајно неспособни". Критиката не е забранета ни во време на пандемија од коронавирус, ни во време на вонредна состојба. Ниту властите се богови, ниту постои совршен човек, политичар, министер... Но, ако критиката не се потпира на аргументи, завршува на штета на оној кој неосновано критикува, како што се случи на вчерашната дискусија во организација на ВМРО-ДПМНЕ, насловена „Затоа што секој живот вреди“.„Само погледнете кога ВМРО-ДПМНЕ почна да ги предлага мерките. Тие се далеку порано пред воопшто да се зголеми бројот на случаи", изјави Николоски.Да, ВМРО-ДПМНЕ навистина предложи мерки, но за волја на вистината тоа не се случи толку рано, како што сака да претстави потпредседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Фактите се непобитни. На 26-ти февруари во земјава беше регистриран првиот случај на заболен од коронавирус - жена на возраст од 50 години, којашто по подолг престој се вратила болна од Италија и беше хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести. Информацијата ја потврди министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција во владата, придружуван од техничкиот премиер, Оливер Спасовски и епидемиологот Жарко Караџовски. Веднаш беа преземени сет марки за подготовка на Клиниката за вакви случаи. Не ги посочувам сите тековни мерки во меѓувреме. Од 5-ти март на аеродромите во Скопје и Охрид дополнително беше подигнат степенот на контрола за патниците од Италија. На 6-ти март, беше потврдени уште два случаи на заболени - сопружници од Дебар. На 8-ми март од ВМРО-ДПМНЕ навистина говореа за здравството, но не за коронавиуруот, туку за нивната изборна програма за создавање национална мрежа на клинички центри. На 9-ти март, кога беше потврден четвриот случај на заболен - директорката на Клиниката за кожни болести, Александар Николоски заедно со партискиот претседател беа на средба со унгарскиот премиер во Будимпешта. На 10-ти март, кога владата објави дека се прекинува наставата во градинките, основните и средни училишта во наредните 14 дена и уште 18 други радикални мерки, ВМРО-ДПМНЕ ги објавуваше кандидатските листи за пратеници.Не е гревот во тоа, така налагаа изборните рокови.Но, како ова да се случило пред една година, па сме заборавиле, Александар Николоски вчера излезе со ваква изјава: „Аеродромот Скопје се затвора дури вечерва (18.3 –н.з.), а требаше да се затвори пред месец дена. Границите се затворија пред некој ден, а требаше да бидат затворени уште пред месец дена. Ова е недозволиво што се случува во Македонија. Имаме тотални аматери и неспособни луѓе кои што во моментот ја водат државата.“Ако аеродромите требало да се затворат уште пред еден месец, зошто Николоски не дал личен пример, туку пред десет дена патувал за Будимпешта? Ако смета дека уште пред еден месец требало се затворат границите, ако имал предвидување колкав замав ќе земе вирисот во Европа, зошто пред еден месец држел прес-конфернции за сосема други теми, а не за опасната болест што ќе ни чукне на врата?Дури и во најлош сон, не би се очекувало такво лицемерие во ваква ситуација. И покрај јавните изјави дека состојбата со епидемијата нема да се користи за партиски цели, се прави токму тоа. Како да се објасни изјавата на Николоски дека со вонредната состојба „наместо да мисли на здравјето на граѓаните, Владата размислува како може владата да ги изгласа тие закони кои што не успеала да изгласа пред распуштање на собранието". И како што вели, решил тоа да ни го објасни „најпластично", на овој начин.„Значи, согласно Уставот кога се воведува состојба сите надлежности ги презема Владата, а тоа значи дека Владата може сама да носи закони без да го има тука собранието како некој филтер и тоа значи дека може утре Зоран Заев преку своите министри во владата да си предложи каков сака закон и поручек тој да биде усвоен. И очекувам во следниот период да има закони во корист на брат му Вице Заев. Тоа е причината зошто се воведува вонредна состојба", тврди Николоски.Ова го зборува потпретседател на партија која се согласи дека е неопходно воведување вонредна состојба. Која е поентата претпладне да се зборува едно, попладне да се „откриваат“ скриени намери на власта, а притоа да се девалвира целиот институционален систем кој има надлежност да ги следи идните одлуки на Владата, во однос на контрола, превенција, но и на кривична одговорност од можни злоупотреби?На крајот, со вакви ставови најмногу се потценува свеста на граѓаните, кои најдобро можат да направат разлика помеѓу опасноста од коронавирусот и од шибицарење за партиски цели со непредвидливата траекторија на Ковид-19. Еден ден заразата ќе стивне и ќе исчезне, но зборовите што сега ќе се кажат ќе останат забележани во општествената меморија. Некому за добро, некому за лошо.Датум 19.03.2020Автор Катерина Блажевска DW

пред 6 години

lazarov

Д-р Лазаров: Морав итно до ГТЦ, неодложно, скоро се е отворено, луѓе си шпацираат, СЕГА И ЈАС СУМ ВЕЌЕ ИСПЛАШЕН!

Докторот Ненад Лазаров од Асоцијаци на млади лекари во периодов е доста активен на социјалните мрежи по повод ситуацијата со корона вирусот. Тој на ФБ напиша:-Морав итно до ГТЦ до салон на А1, неодложно, скоро се е отворено, луѓе си шпацираат, СЕГА И ЈАС СУМ ВЕЌЕ ИСПЛАШЕН!Пред дуќани пушат цигари со ракавици и на нив и маска спуштена под брада, храна продаваат и наплаќаат со истите ракавици!Слушате ли бе луѓе нешто вие, гледате ли тв, катаклизма ќе ни се деси, очигледно џабе трубиме!Каква е оваа вонредна состојба???фото: ФБ

Македонија | пред 6 години

janevski

Јаневски: Кога се ова брзо ќе се заврши – Летувајте во Македонија

Директорот на агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски, на својот ФБ профил напиша:Кога се ова брзо ќе се заврши– Летувајте во Македонија– Организирајте семинари и конференции во – со семејството посетете ресторант или кафеана– купувајте домашни производиЗа да го вратиме туризмот и економијата на нивото на кое заслyжува, напиша Јаневски.фото: ФБ

Македонија | пред 6 години

MZ-Filipce-izjava-fot1.

Шест новозаболени, најмладиот пациент има 4 години и е од Штип

Министерството за здравство информира дека до 16:00 часот дијагностицирани се 6 нови пациенти, заболени со коронавирус.Се работи за едно девојче од Штип на 4-годишна возраст, кое се инфицирало во градинка во Англија. Семејството се вратило во земјата на 14 март и било во домашна излоација. На тестирање се јавиле вчера, два дена откако девојчето ги почуствувало првите симптоми.Во Дебар се регистрирани 3 нови случаи на коронавирус, тестовите се направени во рамките на скринингот.Во Скопје е регистриран 1 случај, контакт на претходно дијагностицираните.И во Гостивар е потврден случај на коронавирус. Се работи за жена вратена од Швајцарија која била во домашна изолација. На тестирање се јавила сама, а на епидемиолошката анкета навела дека имала контакт со заболен во Швајцарија.Во моментов се тестираат 35 лица, за кои Министерството за здравство ќе извести веднаш по добивање на резултатите.

Македонија | пред 6 години

caca-960x720

МВР поднесе пријава за ексдиректорката на Клиниката за кожни болести, Нина Цаца-Биљановска

Поранешната директорка на скопската Клиника за кожни болести Нина Цаца-Биљановска доби пријава од Министерството за внатрешни работи, затоа што не ја почитувала мерката за самоизолација и откако се вратила од Италија продолжила да оди на работа, доведувајќи во опасност стотици нејзини колеги и пациенти.„На 29 февруари 2020 ексдиректорката влегла во земјата. Против сите оние што не ги почитувале препораките на Владата е поднесен соодветен поднесок до ОЈО по член 205 и 206 од Кривичниот законик“,изјави министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.Директорката освен што одела на работа држела и предавање на симпозиум на 103 лекари во скопскиот ресторан „Рагуза“.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

koronavirus

ФИТР Креатон - До 10.000 евра за дигитални решенија наменети за полесно справување и надминување на последиците од Ковид 19

Креативни алатки и решенија за онлајн и интерактивни активности или анимација наменети за различни категории на граѓани се предлог проекти со кои може да се аплицира на новиот јавен повик на Фонд за иновации и технолошки развој – Креатон. Повикот се реализира во соработка со Амбасада на Швајцарија во Република Северна Македонија, УСАИД, УНДП, УНИЦЕФ, МАСИТ и други партнери/експерти.“Ги поттикнуваме и практично ќе ги поддржиме сите што сакаат да дадат придонес во полесно надминување на оваа ситуација. Воведувањето, пред се, на дигиталните алатки може реално да им помогне не само на многу граѓани и компании, туку и на многу институции како да станат поефикасни и со помал број на вработени да функционираат еднакво ефикасно,“ рече директорот на Фондот, Јован Деспотовски.Предлог решенијата треба да се имплементираат во кус рок, но треба да бидат применливи и во нормални услови, по прекинот на превентивните мерки поврзани со КОВИД – 19 вирусот, како придонес кон забрзана дигитализација на општеството. Проектите меѓу другото може да опфатат решенија за полесно следење и ажурирање на информациите од властите поврзани со коронавирусот и превентивните мерки, решенија за справување со ширење на лажни вести, дигитални платформи и училници, решенија за квалитетно искористување на слободното време во домот, дигитални книжарници, игри, поврзување и натпревари, учење на странски јазици, квизови, решенија за надзор/консултација на медицински персонал со болни лица.Деспотовски  најави и нов предлог мерки како дополнение на пакетот економски мерки на Владата.“Ова се вонредни околности кои бараат и вонредни решенија понекогаш и радикални, но мислам дека треба да се обидеме од ова да излеземе посилни. Тоа значи дека треба да предложиме мерки кои не секогаш излегуваат од теорија, да бидеме и малку креативни и да излеземе надвор од кутијата. Да преземеме мерки коишто навистина ќе им помогнат на компаниите не само да ја пребродат кризата, туку да станат и посилнии. Тимот на Фондот веќе работи на подготовка на предлог пакет мерки во рамки на нашиот мандат на политики кои ќе бидат доставени до владата. Верувам дека дел ќе бидат прифатени и ќе ни се овозможи да ги имплементираме, бидејќи како што и досега мерките кои ги имплементираме, а не се традиционални веќе даваат резултати, верувам дека и овие ќе дадат резултати,“ порача Деспотовски.Денес објавениот  повик е прва од иницијативите на Фондот за справување со последиците од коронавирусот. Вкупниот буџет за предизвикот изнесува 10 милиони денари, со максимален износ по апликација од 10.000,00 евра во денарска противвредност. Целосниот износ на средства го обезбедува ФИТР. На предизвикот може да учествуваат поединци, групи, организации и компании кои сметаат дека може да дадат креативен придонес во остварување на овие цели.Во првата фаза треба да се достават само предлог концепти. Евалуацијата на пристигнатите предлог – проекти (концепти) ќе ја врши Комисија за избор составена од претставници на ФИТР, МАСИТ, Амбасада на Швајцарија во Република Северна Македонија, УСАИД, УНДП, УНИЦЕФ и други партнери/експерти. По првата фаза, сите предселектирани идеи ќе имаат рок од 48 часа да изработат детален план на активности и предлог буџет. Апликантите  чии предлог проекти (концепти) ќе бидат избрани во фазата на финална селекција ќе имаат обврска да подготват јавна презентација на предлогот пред Комисијата. Јавната презентација на решенијата и евалуацијата ќе се врши онлајн преку видео – конференциска врска. Предлозите ќе се оценуваат според степен на иновативност, рок и механизми за реализација, капацитет на проектниот тим и влијание.Рокот за аплицирање е од 19.03 до до 22/03/2020 година до 23.59 чПовеќе информации на www.fitr.mk

Македонија | пред 6 години

19032020_MON_Ademi_pres-konferencija

МОН апелира сите универзитети да се обидат да воведат онлајн настава

Од понеделник сите високообразовни установи во земјата да воведат онлајн настава со цел да продолжи академската година и студентите да го совладуваат материјалот согласно студиските програми на кои се запишани. Оваа тема беше фокус на разговорот помеѓу министерот за образование и наука Арбер Адеми и претставници на јавните и приватните универзитети на денешната средба во Министерството за образование и наука, по која беше одржана и прес-конференција.Министерот Адеми извести дека согласно информациите од високо образовните установи, дел од нив веќе ја применуваат онлајн наставата за своите студенти, но интенцијата е од следната недела оваа форма на настава да се воведе на сите факултети.„Се работи за начин на настава кој не е неизводлив и практично дел од факултетите веќе го применуваат не само сега, туку и во регуларен, нормален тек на студиската година. Олеснителна околност е и тоа што, станува збор за студенти, личности на возраст кога дигиталните вештини се веќе совладани, односно студентите посетуваат способности за ракување со ИТ уреди и за примена на онлајн алатки и апликации за едукација, за разлика од, да речеме, најмалите ученици првоодделенчиња, од кои голем дел не поседуваат ИТ уреди и не знаат да ракуваат со истите и за нив онлајн наставата е прилично тешка и не најсоодветна солуција. Овде ситуацијата е поинаква“, рече Адеми.Министерот нагласи дека согласно информациите кои ги добил од ректорите од аспект на можности и информатичко – технолошка опременост на универзитетите и спремност на професорите да дадат личен придонес во целата заложба, очекува во текот на следната недела со оваа форма на едукација да бидат опфатени најголем дел од студентите.„Тоа ќе биде голема придобивка за идните академски граѓани, чие време нема да биде залудно потрошено додека трае оваа кризна состојба, која тешко може да се предвиди во која насока ќе се движи, а ние сме должни активно да делуваме со цел на некој начин да обезбедиме нормализација на многу процеси во секојдневието кои се нарушени, вклучително и на образовниот процес“, потенцираше Адеми.На прес-конференцијата се обратија и проф. д-р Никола Јанкуловски ректор на УКИМ и претседател на Интеруниверзитетската конференција, како и проф. д-р Томе Неновски ректор на УАКС и претседател на Конференцијата на приватни високо образовни установи во Република Северна Македонија кои изразија уверување дека постои силна заложба и координација помеѓу раководствата на универзитетите со цел да се помогне околу воведувањето на форми на далечинско учење на сите високо образовни установи каде се уште тоа не е направено.Поради состојбата со ширењето на Корона вирусот, со одлука на Владата сите образовни установи во земјата се привремено затворени, а надлежните институции заедно со раководствата на градинките, училиштата и факултетите изнаоѓаат начини на неформална едукација со цел квалитетно и корисно пополнување на времето на децата на претшколска возраст, учениците и студентите додека се дома.фото: МОН

Македонија | пред 6 години

19032020

Чулев: Трудница се извлекува од кризните подрачја, се контролираат над 2000 лица во самоизолација

Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев на прес конференција соопшти дека по прогласувањето на вонредната состојба полицијата извршила проверка на околу две илјади луѓе кои се во самоизолација и кај околу 500 кои под здравствен надзор.Полицијата пак надгледува околу илјада луѓе кои под наредба на министерството за здравство се во изолација.„Одделот за специјални операции презема активности во кризното подрачје, но ги ангажиравме и на ниво на целата држава. Тие го регулираат спроводот кон и од кризното подрачје, а тоа се Дебар и Жупа. Во изминативе два дена реализираа извлекување на 64 лица со 24 возила од селата Тресонче, Лазарополе, Осој, Манастирец. Овие села се во периметарот на кризното подрачје, но лицата беа изолирани и контролирани од епидемиолог кој даде дозвола да се излечат. Во моментов се излекува трудница од кризното подрачје која чека преглед од епидемиолог,“ изјави Чулев.Министерот во продолжение додаде:-По однос на постапуањето на сите осум Сектора за внатрешни работи сакам да ве известам дека заклучно со денешниот датум полициските службеници при СВР Скопје вршат обезбедување врз 230 лица со Решенија за самоизолација  од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, како и на илјада лица кои што се со наредби за самоизолација, додека пак досега извршени се контроли во 530 угостителски објекти а во текот на денов дополнително ќе бидат прверени уште 140 угостителски објекти. Во СВР Велес под надзор се две лица со решение на ДСЗИ, 99 лица по наредби за самоизолација, а контролирани се 77 угостителски објекти; во СВР Тетово се обезбедуваат 17 лица по основ на решенија на ДСЗИ и 185 лица со наредби за самоизолација; во СВР Штип такви мерки се превземени врз 10 лица со решенија од ДСЗИ и 246 лица со наредба за самоизолација а извршена е проверка и на 147 угостителски објекти; при СВР Струмица се обезбедуваат 11 лица со наредба за самоизолација, проверени се и 172 угостителски објекти; во СВР Битола под надзор на полициските служби се 32лица со решенија од ДСЗИ и 140 лица со наредба за самоизолација; во СВР Куманово – шест лица со решенија од ДСЗИ, 221 лице со наредба за самоизолација, а направена е проверка во 83 угостителски објекти; и во СВР Охрид се обезбедуваат 82 лица со решенија од ДСЗИ и 205 лица со наредби за самоизолација, додека пак контрола е извршена во 162 угостителски објекта.Покрај ова досега се поднесени вкупно 24 кривични пријави против 29 лица, помал дел од нив по основ на членот 205 од КЗ на РСМ – “пренесување на заразна болест“  а повеќето по основ на член 206 – “непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, како и три известувања до надлежно ОЈО а се однесуваат на член 206 од КЗ, истакна минситерот Чулев.-Особено сакам да истакнам дека СВР Скопје постапувајќи по оперативни сознанија за наводното организирање на забави во приградските населби од страна на млади лица кои изнајмувале викендици и куќи, превзеде оперативни мерки за превентивно покривање и патролорање со цел спречување групирање и задржување на поголема група граѓани при што извршени се контроли на локациите на подрачјето на Горно Нерези, селото Сопиште, локалитетот Сончев град, селата Горно и Долно Соње, викенд населбата  Марков манастир, месност Три Круши, во Ченто и во Радишани.  При извршените контроли не се затекнати поголема група на граѓани, но полицијата ќе биде на терен и будно ќе ги следи состојбите.По однос на активностите на Одделот за специјални полициски операции полициските службеници во изминатите неколку денови реализираше низа активности. Меѓу другото реализирано е  извлекување на 66 кои што со 24 возила беа транспортирани од селата Тресонче, Лазарополе, Осој и Манастирец, дотолку повеќе што овие села и покрај тоа што територијално припаѓаат на општина Дебар, физички се одвоени и немаат контакт со градот.  Пред излекувањето извршен е поединечен  преглед од страна на епидемиолози од Центарот за јавно здравје во Гостивар. Вчера, исто така, беа пропуштени  11 товарни возила со храна, четири возила со лекови, 15 возила од компаниите кои работат на подрачјето на Дебар  и едно возило со средства за дезинфекција  Дополнително организиран е спровод на едно медицинско возило со две лица се пренесени до Клиничкиот центар во Скопје. Завчера пак на 17.03. беа пропуштени 25 возила со 34 меѓу нив и медицински лица лица коишто вршеле достава на храна и лекови. Во моментов медицински лица работат на излекување на една трудница, односно асистираат во обезбедување на медицинската документација со цел успешно завршување на извлекувањето.  Исто така Одделот за специјални полициски операции во текот на вчерашната вечер даваше асистенција на Секторот за внатрешни работи, Скопје на подрачјата за кои имаше информации дека се врши недозволено групирање и собирање на граѓани и, како што претходно нагласив и во наредниот период ќе преземаат активности и во други градови каде ќе се добијат информации дека се евидентирани вакви или слични појави.Во врска со состојбата со влез и излез од земјава во текот на минатите 24 часа евидентиран е вкупен влез на 2824 граѓани од кои 2017 македонски државјани, а 807 странски државјани. Додека пак излез оствариле вкупно 2278 лица од кои 951 македонски граѓани а 1327 странски државјани. Примарно станува збор за професионални возачи на товарни моторни возила.Во тој контекст за возачите на тешки товарни возила кои се странски државјани, истите после истоварот на стоката имаат обврска, согласно протоколите веднаш да ја напуштат државата, а доколку станува збор за транзит, обврската е во рок од пет  часа да ја напуштат територијата на нашата држава.По однос на заклучоците од  Владата, а по кои тековно постапува Министерството за внатрешни работи Министерството за внатрешни работи во текот на денов ќе започне да дава изјави (на македонски и на албански јазик) за секое лице кое ќе ја напушти државата и кое ќе се обрвзе дека во наредните три месеци нема да се врати државата, а исклочок од оваа мерка ќе бидат возачите на товарните моторни возила кои секојдневно преминуваат граничен премин во државата и граѓаните кои ги напуштаат граничните премини поради здравствени причини. Сите професионални возачи на товарни возила кои претходно добиле наредби за самоизолација, потребно е да обезбедат соодветни дозволи од Државниот санитарен инспекторат со која потврда ќе докажат дека имаат право за непречен и повеќекратен влез и излез од границите, а со цел тековно извршување на работните задачи.Потоа, Министерството во соработка со Царинска управа и со АД Пошта превзема мерки за постапува согласно протоколите за превоз и транспорт со цел да се овозможи непречено спроведување на размена на пошта и меѓународен поштенски сообраќај. Министерството за внатрешни работи презема мерки  и во Одделението за внатрешни работи Шуто оризари и ги интензивира теренските контроли на територијата на општината а во функција на спречување на групни собири. Покрај ова МВР во соработка со МНР организира хуманитарни конвои кои поминуваат низ државата. Инаку во текот на денеов ќе се одржи работна средба помеѓу раководството на МВР и на МО на кое ќе се формира заеднички оперативниот штаб и ќе се дефинираат модделите за заедничко делување и асистирање меѓу полицијата и армијата во извршување на задачите и обврските кои ќе произлезат од одлуките на Владата на РСМ, истакна Министерот Чулев.фото: МВР

Македонија | пред 6 години

plata-evra

Кумановец вратен од Италија ќе плати казна, наместо во самоизолација- не бил дома

Основното јавно обвинителство Куманово поднесе Предлог за издавање казнен налог за едно лице за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот на 15 март, при влез во државата на граничниот премин Ќафасан, потпишал писмена изјава дека ќе се стави во самоизолација во траење од 14 дена, бидејќи доаѓа од Република Италија како земја со висок ризик за ширењето на епидемијата. Самоизолацијата требало да ја извршува во неговиот дом во Куманово, но при контрола на 17 март од страна на службени лица од СВР Куманово обвинетиот не бил затекнат во домот.Со ова тој не постапил по донесените прописи за време на пандемија-епидемија од глобални размери со кои се определени мерки за сузбивање или спречување на епидемијата на заразната болест предизвикана од коронавирус - COVID 19.Основното јавно обвинителство Куманово со предлогот за издавање казнен налог на Основниот суд Куманово му предложи на обвинетиот да му изрече 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да се определи во висина од по 20 евра во денарска противвредност.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

90122409_652075115336371_4276405808851320832_n

Во лабораториите на Институтот за јавно здравје досега се направени 258 тестови за КОВИД 19

Превентивната активност на ИЈЗ се огледува во спроведубање на епидемиолошки надзор кој е поврзан со подготвеноста за спречување на влегување на вирусот, теренска активност и дијагностика на случаеви кај кои треба да се испита присутност на вирусот.Лабораторијата за вирусологија при Институтот е единствената национална референтна и СЗО акредитирана лабораторија за детекција на респираторни вируси, вклучително и новиот САРС-КоВ-2.Во лабораториите ен ИЈЗРСМ досега се направени 258 тестови за КОВИД 19 и бројките на позитивните и секакои на негативните се трасверираат до Владата на РСМРеагенси има и ќе има за тоа нема потреба од загриженост кај граганитеИЈЗ  изготвуви информативен едукативен материјал-пропагандни флаери, постери и флаери за патници од меѓународен сообраќај како Аеродром и Табановце) кои се подготвени на три јазика- македонски, албански и англиски.Учестваме  во комисијата на заразни болести каде се донесуваат клучни факти, препораки, упаства и наредби.Со цел едукација и информирање на населението испечатени се 15.000 флајери, 200 постери и 200 постери за правилно миење на раци кои беа дистрибуирани во Клинички центар, здравствените домови и центрите за јавно здравје.Епидемиолошка служба направи едукативни предавања во сите центри на јавно здравје и болници низ државата со цел запознавање со корона вирус.Епидемиолозите на ИЈЗ се достапни 24 часа на телефонските линии објавени и достапни до сите граѓаниИсто така се изготвени упаства за постапки како да се постапи со заразени лица и лица сомнителни на корона (Алгоритми)Алгоритми за постапки наменети за лица кои доаѓат од странство т.е како да постапат со корона вирусДо затворање на Аеродромот во изминатите  2 месеца екипи на Институтот и на Центарот за јавно здравје Скопје обезбедува помош на аеродромот во Скопје поврзан со контрола на патници кои доаѓат преку летови од држави нотирани како високоризични од СЗО (Кина, Италија и др) Дежурства беа спроведени во три смени од 06:00 до 24:00Лицата од Институтот од епидемиологија земаа брисеви од нос и грло на патници од меѓународен  сообраќај кои доаѓаа од високо ризични земји, и брисеви ги донесуваа во лабораторија на вирусологија.ИЈЗ во соработка со ДСЗИ и МЗ активно соработуваа во изготвување на алгоритми и документи поврзани со работа на институциите (Банки, пошти, наплатни центри, ЕВН, А1, Телеком) за давање насоки поврзани со дистрибуција на готовина, хартии од вредност, фактури, платени сметки)Изготвен документ за постапки со цел дистрибуција на хранливи артикли и други материјални добра од места кои се ставени во изолација и постојан епидемиолошки надзор.Изготвен е документ за постапки во производство, погони и фабрики.Документ каде работат наши лица за постапки при работниот процес поврзани со дистанцирање меѓувработените, носење на заштитна опрема и постапка при евентуални позитивни случаеви.Се изготвува Дата база т.е софтверско решение со посебна датотека на сите позитивни случаеви во државата, со сите географски, демографски, лабораториски контакти меѓу позитивни лица и место на нивниот третман со кој ќе се направи увид во моментална состојбаЕпидемиологот на ИЈЗ во моментот е председател на Комисија за заразни болести.фото: Институтот за јавно здравје на РСМ 

Македонија | пред 6 години

19032020_PVRSM_Spasovski_MP_Deskoska_pres-konferencija-1

Спасовски и Дескоска: Апелираме да се почитуваат мерките, вонредната состојба не ги ограничува правата, туку помага во остварувањето на заштитата на граѓаните

Претседателот на Владата Оливер Спасовски и министерката за правда Рената Дескоска денеска на прес-конференција упатија апел да се почитуваат донесените мерки за превенција и за заштита на здравјето на граѓаните, уверувајќи дека вонредната состојба ќе биде надмината со професионално користење на сите државни ресурси во напорите за успешно справување и спречување на ширење на корона вирусот.„Оваа одлука, е вистинската мерка која ќе помогне во остварување на грижата, која за нас е најважна, а тоа е јавното здравје и животот на сите граѓани подеднакво. Одлуките што ги носиме за справување со оваа кризна состојба се во насока колку што е можно помалку да им наштети на економијата и стопанството. Со овластувањата што сега ги има Владата, ваквите вонредни политики во вонредна состојба, ќе можат полесно да се донесуваат“, рече премиерот Спасовски, потенцирајќи дека се носат економски мерки со цел да обезбедат одржливост на работата на компаниите со максимална заложба да се осигураат работните места и животниот стандард на граѓаните.Премиерот Спасовски информираше дека во вонредната состојба сите функции на државата продолжуваат да се остваруваат, а правата и слободите на граѓаните не се ограничуваат по автоматизам.„Вонредната состојба не значи никаков застој во слободниот транспорт, ниту во делот на прехранбените потреби на граѓаните, ниту во делот на снабдувањето на болниците и аптеките“, посочи премиерот упатувајќи порака дека со одговорно однесување и почитување на мерките полесно ќе се надмине кризната состојба.Премиерот Спасовски додаде дека непочитување на мерките и заклучоците на Владата нема да биде толерирано и  ќе биде најстрого санкционирано.„Денеска сѐ продолжува да функционира во секојдневниот живот исто како и вчера. Нема одлука за нови рестрикции во движењето и извршувањето на професионалните обврски на граѓаните. Исклучок од ова, сега за сега, се само подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа, бидејќи тие региони се утврдени жаришта на вирусот и таму имаме кризна состојба. Ќе направиме сѐ оваа состојба колку што може побргу да се смени на подобро“, рече премиерот Спасовски.Тој упати апел до сите граѓани и до повозрасната популација, да не излегуваат од дома и доколку е потребно да ја искористат можноста која ја пружаат општините и организацијата на Црвениот крст за помош на лицата каде е потребна.Премиерот Спасовски заедно со министерката Дескоска објаснија дека воведената вонредна состојба не значи ново ограничување по автоматизам, туку можност и олеснување на работата на Владата, доколку е потребно да донесе уредби со законска сила со цел да го заштити здравјето на граѓаните и да се справи со економските последици, кои за жал ги чувствуваат граѓаните во Европа и светот.„Ниту вчера, ниту денеска, никој повеќе нема дилеми дека настапија околностите од членот 125 од Уставот за прогласување на вонредна состојба. Одлуката со која се утврди вонредната состојба има важност најмногу 30 дена, што значи дека доколку ситуацијата се смири, таа може да биде прекината, но исто така, ако продолжи пандемијата – вонредната состојба може да се продолжи“, рече министерката Дескоска, оценувајќи дека слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да бидат ограничени за време на вонредна состојба, доколку има потреба.„Наша заедничка заложба е ограничувањето на правата да биде минимално и само кога е тоа нужно. Колку повеќе се придржуваме до мерките и препораките кои се досега дадени, толку побрзо ќе ја пребродиме оваа криза и нема да бидат потребни нови мерки за ограничување на правата на граѓаните“, рече министерката Дескоска, апелирајќи сите, доброволно и совесно да ги почитуваме мерките и препораките на Министерството за здравство и Владата.„Со воведување на вонредна состојба, Владата, согласно членот 126 од Уставот, добива право да носи уредби со законска сила. Тоа се акти со кои ќе регулира прашања кои во нормална ситуација се во надлежност на Собранието. Уредбите со законска сила имаат еднаква правна сила со законите и со нив ќе можеме да измениме одредени законски одредби или да донесеме одредени мерки кои се итно потребни, а кои без прогласена вонредна состојба, би требало вообичаено да поминат законска постапка во Собранието“, информираше министерката Дескоска на денешната прес-конференција.Премиерот Спасовски и министерката Дескоска изразија уверување дека донесените мерки за заштита од проширување на корона вирусот ќе помогнат успешно да се надмине настанатата ситуација. Тие на прес-конференцијата изразија желби за скорешно закрепнување на пациентите кои се наоѓаат на болничко и домашно лекување.

Македонија | пред 6 години

sdiplomatski-sindikat

МДС бара приоретизирано редуцирање на присуството на работа

Македонскиот дипломатски синдикат повторно го повикува раководството на МНР да се придржува до Законот за административни службеници и да го почитува членот 73 ст. 19 за придржувањето кон прописите за заштита од болест, безбедност и здравје при работа.Во време кога вработените во МНР вложуваат големи напори да им се помогне на нашите граѓани ширум светот, раководството за жал и натаму не ги увидува сериозноста на ситуацијата и ризиците од епидемија по самите вработени. Голем број наши колеги секое утро патува на работа во  Скопје од други градови во земјата со средства за јавен превоз. Во тнр. „океански систем“ на работа  по 5-6 колеги работат групирани во исти канцеларии. Ваквото групирање е сосема во спротивност со прокламираните мерки за јавно здравје и прогласената вонредна состојба и може да придонесе за вивнување на епидемијата, се вели во соопштението кое го испратија до емдиумите.Имајќи ја предвид нагорната линија на ширењето на Корона вирусот, укажуваме на неопходната потреба од приоретизирано редуцирање на присуството на работа и фокусирање на силите онаму каде што тоа сега е најпотребно. МДС бара најитно, по можност од утре, драстично намалување на присуството на работа, како и преминување на систем на дежурства и ротирање на вработените, со крајна цел заштита на здравјето на вработените. Како на оние што секојдневно патуваат на работа, така и на останатите колеги кои заедно со нив го поминуваат времето на работа. Нивните фамилии, како и сите останати, имаат мали деца, внуци, возрасни родители и други ранливи категории кои со ова би можеле да бидат загрозени.Здравјето е една од најголемите вредности на нашето општество и здравјето на вработените и нивните фамилии треба да биде приоритет за Министерството.Македонскиот дипломатски синдикат во повеќе наврати истакнувал дека сака да му биде партнер на раководството и коректор при донесување на одлуки, во интерес на работните права и здравјето на вработените. Но, доколку раководството на МНР се оглуши на нашето барање, ќе го сметаме за непосредно одговорно во случај на идно загрозување на здравјето и животите на вработените, се вели во соопштението од МДС.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Занаетчиите имаат предлог: Да бидат одлободени од придонеси за плата и персонален данок на доход за месеците Март,Април ,Мај

Развој на Занаетчиството на локално и државно ниво датира од многу одавна,добро развиено Занаетчиство значи и застапување на интересите на занаетчиите на странскиот пазар и јакнење на нивната конкурентност.Модерните Занаетчиски Регионални Комори кој ја формираа и основаа Занаетчиската Комора на Република Северна Македонија се стремат да го издигнат и покажат дека Занаетчиството е се околу нас,и дека со Занаетчиство може да се живее и работи.Законот вели дека Занаетчиска дејност е занаетчиско производство,занаетчиска услуга,уметничко занаетчиство и домашното ракотворење, се вели во соопштението од занаетчиската комора.Меѓу другото,а со оглед на битноста на развојот на занаетчиството за развој на целата земја,неминовно акцентирање на улогата на Регионалните комори како институции кој придонесуваат за развој на занаетчиите , а со самото развивање и на ЗКРСМ ,која ќе биде двигател на развој на општи стандарди,едукацијата,со поставување на стандарди на занаетчиски производи ќе се овозможи на поволна финансиска и кредитна политика ,за развој на занаетчиството.Но новонастаната ситуација во државата зарди Корона Вирусот,сметаме дека е потребно и Ние како дел од стопанството кое во мометот е целосно блокирано,да се преземат чекори за надминување  на кризата каде Занаетчиството е дирекно погодено.Наш предлог е да се ослободиат Занетчиите од Придонеси за плата и персонален данок на доход за месеците Март,Април ,Мај или се до моментот додека не се стабилизира состојбата во Државата.Даваме исто така предлог да овозможат и времен престанок на Занаетчиите кој се во директен контакт со  луѓето како Фризер,Козметичари,Педикири Маникири ,Шиење на Горна и Долна Облека, се вели во соопштението од занаетчиската комора.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

(ФОТО) Избрана најдобрата фотографија на тема „Скопје дома“за вчера

Фтографијата на Јехона Спахиу е победник на вчерашниот ден, на конкурсот на Град Скопје за избор на автентични фотографии, видеа или гифови од домовите на граѓаните кои го поминуваат времето во изолација сами, со нивните семејства или со милениците. Фотографијата на Спахиу е избрана во конкуренција од повеќе од 100 фотографии.Градот Скопје ги поканува граѓаните да продолжат да им испраќаат фотографии/видеа/гифови како го поминуваат денот дома. Својата фотографија, видео или гиф граѓаните едноставно треба да ја постават на фејсбук страницата СкопјеДома, користејќи ги хаштаговите #СкопјеДома и #ShkupiNëShtëpi. Тоа е доволно за учество во овој креативен конкурс. Победниците ќе се објавуваат секој ден, на истата фејсбук страница.За најкреативните, Градот Скопје ќе доделува награди во висина до 100 евра, а изборот ќе се прави секој ден.Да останеме дома за да го спречиме ширењето на корона вирусот!фото: Град Скопје 

Скопје | пред 6 години

pvdk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvWVdRN01EQV8vNmYyMTdjOWNjMjBmZGJmNzIzMTQwMThmMmI2MzA4MWUuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

Словенечката Влада за една година го одложи плаќањето на кредитите на компаниите

Словенечката Влада подготви предлог закон кој предвидува одложување на плаќањето на кредитите за компаниите. Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, одложувањето е договорено во соработка за банките и ќе трае 12 месеци. Оваа уредба како една од повеќето кои се однесуваат на ублажување на поседиците од коронавирусот ќе можат да ја користат компаниите од сите сектори, а засега нема да важи за физичките лица, односно граѓаните.Друга мерка која ја донесе Националниот комитет за труд при Собранието е уредбата која предвидува компаниите кои поради епидемијата со коронавирусот, нема да можат да обезбедат плата и работа за најмалку 30 отсто од вработени и ќе добијат пари за да не им се уништи бизнисот, а да можат да исплатат плата.Обврската на работодавците е на вработените да им дадат 80 отсто од висината на просечната плата во последните три месеци, а државата ќе покрие 40 отсто од оваа сум, а работодавецот 60 отсто.Оваа одлука важи за самовработените, кој во Словенија се многу.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

soncevo-vreme-vremenska-ohrid-lugje-turisti

Охридскиот туристички бизнис пред целосен колапс !

Туристичкиот сектор во Охрид по ескалацијата на пандемијата со „Ковид 19“ е во целосен застој. Туристичките агенции практично нема што да работат, додека хотелите стојат празни. Затворени се сите угостителски објекти, а промет немаат ни останатите услужни дејности кои остваруваат приходи од туристите кои го посетуваа Охрид. По една седмица со затвборени објекти и агенции кои не работат Охрид се најде во ситуација да мора да се отвори поширока дебата за тоа како државата да вбризга пари во туристичкиот сектор за да се спаси од целосн крах локалната економија во градот.Неизвеснта кога ќе заврши кризата само ја зголемува агонијата во која се најдоа туризмот и угостителството кои практично се пред колапс, но и сите останати терцијални дејности кои сега почнуваат да паѓаат во колапс како последица на колапсот на туризмот.Владата излезе со сет мерки кои треба да резултираат со ублажување на последиците од кризата во државата, а Локалната самоуправа денес изгласа сопствен сет мерки кои треба да ја олеснат состојбата пред се на туристичкиот и угостителскиот сектор.Охридските туристички работници велат дека секоја мерка која ќе им ја олесни положбата во која воопшто не работат е добредојдена, но дека ситуацијата е повеќе од тешка и дека мора да се разговара за можностите да се прошират мерките.„ Во услови кога ние имаме приходи еднакви на нула, нема даночно олеснување кое ќе ни помогне, бидејќи приходот ни е нула, па и самиот данок кој ќе го платиме е еднаков на нула. Значи ние агенциите, а со нас и хотелите и целиот угостителски сектор бележиме само нули приходи, додека расходите стојат исти. Ние имаме вработени кои се во нашата фирма со години, кои работат лојално, посветено и одговорно и со неко од нив сме поминувале и убави врамиња и кризи. Сме вложувале во вработените, во нивен развој бидејќи тие се човечки ресурс кој е еден вид капитал. Неможеме сега ние да ги оставиме вработените на улица, а приходот е нула па намалувањето на придонесите од 50 % не е некое големо олеснување во овој период кога буквално немаме приходи. Очекуваме државата да разгледа уште мерки за да можеме како најпогоден сектор да го преживееме овој период и да продолжиме да работиме, да генерираме приходи, да плаќаме даноци и да го даваме импактот на локалната економија кој го даваме со години преку туристите кои доаѓаат во Охрид и Македонија“ - вели Олег Маленко, сопственик на агенцијата ВИС ПОЈ од Охрид и додава:„Ве молам да ми дозволите да изразам и една јавна благодарност до клиентите и партнерите како и до медицинарите и сите граѓани кои прават се да ја победиме оваа незапаметна ситуација, во овие времиња на една ваква би ја нарекол „уникатна криза“ која е најголема светска криза по Втора светска војна.Во целосен застој е и бизнисот на угостителите кои ги затворија објектите и не се знае кога ќе ги отворат повторно. Од хотелите и угостителските објекти кои работат под брендот „Тино“ велат дека потребни се итни и проширени мерки.„Мерките кои се објавија секако дека ќе ги прифатиме бидејќи сме во ситуација да немаме избор. Но ситуацијата е далеку полоша од што може да се замисли бидејќи целосно се затворени хотелите , ресторанот и пабот. Ние немаме никакви приходи, а трошоците остануваат пред се во делот на вработените и обврските кон банките кои треба да се одложат во периодот додека трае кризата бидејќи објектите се затворени.  Во делот на покривање на придонесите треба да се разгледа опцијата да не ги плаќаме овие давачки кон државата во овој период, поточно целосно да се субвенционираат бидејќи вработените мора да ги зачуваме, а повторувам приходите во овој период не постојат, поточно се нула па логично е дека во секторот туризам и угостителство нема да може да се покријат трошоците за придонеси на плати затоа мора да се субвенционираат целосно. Мора да се води сметка дека со нашиот застој ние предизвикуваме губитоци и застој кај нашите добавувачи кои не снабдуваат нас со намирници и други тековни набавки бидејќи вака се покренува цело едно домино кое ќе почне да паѓа ако паднеме ние во хотелиерскиот и угостителскиот сектор  во Охрид“ - вели Борис Маркулески од хотелите „Тино“ во Охрид кој додава:„Здравјето на сите нас е секако најважно и приоритет во овие моменти, но треба сериозно да се разгледа и економскиот аспект на кризата за да нема долгорочни последици“.„Со оглед на најновата ситуација во државата - вонредна состојба, ке се воздржам од коментар додека не се се видат сите мерки кои ке ги превземи државата. Затоа што досегашните се далеку од тоа што ке му е потребно на секторот за да ја преброди оваа најголема криза досега што се има случено“ - вели Ерхан Су од „Су Хотел“ и кафетеријата „Ликвид“.„Без да навлегувам во политичките прилики кои се повеќе се наметнуваат и во оваа тема, мерките кои ги презеде државата секако дека ќе ги прифатиме, но не се доволни. Ние работиме само со инкаминг гости, носиме илјадници туристи годишно кои внесуваат пари во Охрид и државава, со години плаќаме даноци и сме дел од локалната економија кој креира поголема економска активност. Туристите кои доаѓаат создаваат импут во хотелите, рестораните, продавниците за сувенири, бутиците, музеите. Сето ова сега запира и почнува да се прекинува еден циклус на кружење на партие кои сега едноставно исчезнаа. Целиот сектор е замрзнат, но не е мртов и тоа мора да се има во предвид, да се стави туристичкиот и угоистителскиот сектор на условно речено апарат за дишење и да преживее до крајот на кризата за да се подигне повторно и да почнеме да работиме. Ако се погледне локално економијата на Охрид голем дел се врти околу парите кои ги носат туристите, затоа сега штета трпиме ние, но и трговијата која е добавувач на хотелите и рестораните но и охридската чаршија. Затоа апелирам да се разгледаат можностите за дополнително субвенционирање на вработените кои треба да ги задржиме , за да можеме веднаш да почнеме со работа од како кризата ќе заврши. “ - вели Филип Стефаноски, директор на инкаминг туроператорот ДМЦ Балканс.Од хотелот „Сити Палас“ велат дека кризата ги оставила целосно без гости , а мерките кои ги објави државата ги прифаќаат, а дали ќе се доволно ќе зависи од тоа колку ќе трае кризата.„Ако кризата заврши наскоро ќе се пребрроди и со овие мерки, но ако таа продолжи, а објектите се целосно затворени ( бидејќи таква е ситуацијата ) тогаш состојбата ќе е уште полоша и ќе треба да се разгледаат и други мерки, пред се во делот на платите и придонесите кои ги плаќаме за вработените бидејќи приходите се еднакви на нула, а луѓето неможе или не би требало да ги избркаме од работа. Тука ќе мора да се разгледа дополнително ослободување пред се во делот на придонесите за вработените“ - велат од Сити Палас.ПЛОВИЛАТА ЗАВИТКАНИ СО ЦЕРАДИ ГО ЧЕКААТ КРАЈОТ НА КРИЗАТАКаналот Студенчишта е полн со катамарани, кајчина и дурги пловила, кое со години дури и во зима пловеа по езерото преполни со туристи. За првпат заради пандемијата со „Ковид 19“  езерото е празно, а каналот е полн со паркирани пловила кои чекаат подобри времиња. Глетката во моментов е ваква како на сликата подолу:Љ.Таневски  

Македонија | пред 6 години

w_55952187

63 годишен охриѓанец вратен од Холандија, не ги почитувал мерките за 14-дневна самоизолација

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.М.(63) од Охрид.На 18.03.2020 година, при извршена контрола на лица со мерка „здравствен надзор и домашна изолација“, полициските службеници констатирале дека пријавениот не се наоѓа во неговиот дом и не се придржува кон мерките за 14-дневна самоизолација.Пријавениот, на 17.03.2020 година, кога со авионски лет од Холандија пристигнал на Меѓународниот аеродром „Скопје“, своерачно, под полна морална, материјална и кривична одговорност потпишал изјава дека доаѓа од земја која според Листата од СЗО е зафатена од коронавирус COVID – 19 и дека во времетраење од 14 денови во неговиот дом во Охрид ќе спроведе задолжителна самоизолација.Пријавениот, со непридржување до одредбите во изјавата, ги прекршил мерките за самоизолација и постапил спротивно на прописите за спречување на појава, внесување, рано откривање, спречување на ширење и сузбивање на коронавирус COVID – 19, предвидени во одлуката на Владата и писмената наредба донесена од страна на Министерството за здравство.„СВР Охрид најавува ригорозни мерки за сите граѓани кои не ја почитуваат  мерката „здравствен надзор и домашна изолација“, поточно лицата кои своерачно, под полна морална, материјална и кривична одговорност потпишале изјава дека доаѓаат од земја која според Листата од СЗО е зафатена од коронавирус и дека во времетраење од 14 денови ќе останат во домашна самоизолација“, истакна портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.Димоски додава дека зачастуваат и пријавите од граѓаните кои пријавуваат сограѓани кои не ги почитуваат мерките.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

korona-virus-4

Двајца кумановци со кривични пријави заради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија

СВР Куманово на 19.03.2020 година до ОЈО Куманово поднесе кривични пријави против Н.Т. (39) и против Н.К.(50), двајцата од Куманово, поради основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, казниво по член 206 ст.1 од Кривичниот законик на РСМ.Н.Т., враќајќи се од Италија, како високо ризична земја утврдена во листата на Светската здравствена организација, на 15.03.2020 година влегол во Р.С.Македонија преку ГП „Ќафасан“, при што потпишал изјава за спроведување на задолжителна самоизолација во времетраење од 14 дена. При извршена контрола од страна на полициски службеници од СВР Куманово на 17.03.2020 година, тој не бил пронајден на адресата која ја навел во изјавата.Пријавениот Н.К., враќајќи се од Австрија како високоризична земја, утврдена во листата на Светската здравствена организација, на 16.03.2020 година влегол во Р.С.Македонија преку ГП „Деве Баир“, при што потпишал изјава за спроведување на задолжителна самоизолација во времетраење од 14 дена. При извршена контрола од страна на полициски службеници од СВР Куманово на 17.03.2020 година, тој не бил пронајден на наведената адреса во изјавата.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

kucinja

ФАО: Нема докази дека животните можат да го пренесат коронавирусот

Нема докази за вмешаност на животните (добиток и домашни миленици) во ширењето на коронавирусот и нема потреба за преземање на мерки што можат да ја загрозат благосостојбата на животните; соопшти Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО).Наместо тоа, ФАО ги промовира вообичаените хигиенски практики на миење раце пред и после контакт со или хранење на добиток и домашни миленици, вклучително и внимателно ракување со месо од диви животни, во согласност со нормалната добра практика.Истрагите да се разбере епидемиологијата на COVID-19 и вклученоста на животните како резервоар на вирусот или привремени домаќини, се во тек. Во овој момент, сепак, најголем ризик од ширење на COVID-19 е пренесувањето од човек на човек. Оттука, СЗО е надлежен и примарен извор на информации во врска со човековите здравствени аспекти на ширење на вирусот.Извор: Makfax

Македонија | пред 6 години

korona-virus-2

Утрово не се регистрирани нови заболени пациенти со коронавирус во земјава

Министерството  за здравство информира дека утрово не се регистрирани нови заболени пациенти со коронавирус во земјата.  Доцна синоќа, во рамките на скринингот, направени се тестови на 22 лица со поширока индикација. Сите 22 теста се негативни на вирусот.Бројката на заболени со вирусот во земјата е 42 лица. Пациентите се стабилни и кај ниту еден нема влошување на состојбата.Во текот на денот епидемиолозите ќе работат на мапирање на контактите на пациентите кои вчера беа дијагностицирани на коронавирус, а на служба во Дебар заминува педијатар од Скопје.Во авионите кои вчера пред затворање на аеродромот слетаа во Скопје немаше патници суспектни на болест. Сите патници се во задолжителна само-изолација.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

20190703093800

Извлечен добитникот на 3.000.000 денари на наградната игра „МојДДВ“

Извлечен добитникот на главната награда од наградната игра „Мој ДДВ, моја награда“. Наградата во износ од 3.000.000 денари ја доби Дејан Петков од Штип.Веднаш по извлекувањето тој беше контактиран по телефон, на бројот што го оставил при регистрацијата и откри дека е роден во Штип, живее во Виница, а во моментот е во Бугарија и „на сигурно“ место.Во извлекувањето учествуваа сите фискални сметки скенирани од 15 декември, минатата година, до 15 март годинава или 41. 355. 591 фискални сметки.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

tepacka-222

Семејство од Битола кое е во самоизолација се истепало со соседите

Семејство од Битола кое на 14 март се вратиле од Италија доби предлог за казнен налог за непочитување на здравствени прописи за време на епидемија. Пет члена од семејството, според ОЈО Битола, сториле кривично дело и не го почитувале решението за домашна изолација од 14 дена. Тие вчера излегле пред нивниот дом и вербално и физички ги нападнале соседите.-На обвинетите им била определена мерка за спроведување на задолжителна домашна изолација во траење од 14 дена по нивното пристигнување од Република Италија. Тие биле должни согласно издадените решенија од надлежните органи во периодот од 14 март 2020 година до 27 март 2020 година да бидат во домашна изолација и да не го напуштаат своето престојувалиште во Битола.На 18 март 2020 година, околу 12 часот, излегле од својот дом на улицата пред семејната куќа, вербално се расправале со соседите, по што двајца од обвинетите физички ги нападнале соседите и им нанеле телесни повреди.Со овие дејствија сите обвинети не постапиле по донесените прописи за време на пандемија-епидемија од глобални размери со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на епидемијата на заразната болест предизвикана од коронавирус -COVID 19, се наведува во соопштението. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола го поднесе предлог за издавање казнен налог, со кој на Основниот суд Битола предложи на обвинетите да им изрече 100 дневни глоби, при што вредноста на една една дневна глоба да се определи во висина од по 20 евра во денарска противвредност.​фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Прилепска фирма: За една недела ќе изработи два милиони заштитни маски

Менаџерот на прилепската компанија ,,Кули”, Александар Мариновски, за Слободен печат тврди дека оваа фирма, чија основна дејност е изработка на конфекциски производи, за една недела ќе изработи два милиони заштитни маски, поради состојбата со коронавирусот и тоа комплетно бесплатно, објави Слободен печат.Конфекција Кули, производствениот процес на маските ќе го спроведе заедно со други компании од истата дејност, кои решиле дури и целосните капацитети да ги стават во функција на изработка на маски. Дел од фирмите ги донирале буквално сите материјали што ги имаат на залиха, а кои требало да бидат користени за од нив да се изработуваат јоргани, перници и постелнини.Текстот во целост на: Слободен печатфото: Photocase 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања