Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

Нема фотографија

Мицкоски: Купувајте македонски производи, затоа што така ја правиме државата подобра и затоа што ја сакаме Македонија

Ова е време на вистинска здравствена, санитарна но и економска криза. Корона вирусот не само што го напаѓа здравјето на граѓаните, туку ја разорува и економијата, а тука се работи за стандардот на граѓаните и квалитетот на животот,истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.Компаниите кои се најдиректно изложени на штетните последици од пандемијата губат по 110 милиони евра месечно. 70 проценти од овие компании се мали со од еден до 9 вработени. Тие се првите на удар.Во отсуство на брза реакција на властите, секој од вас може да помогне. Се прашувате како???Купувајте македонски производи и спасете работно место. Секој човек во економскиот свет е потрошувач, трошете паметно и купувајте производи произведени во Македонија за да и помогнете на економијата, а највеќе да помогнеме да се сочуваат работните места, а така си помагаме себеси.Купувајте македонски производи, затоа што така ја правиме државата подобра и затоа што ја сакаме Македонија, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.фото и видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

Ljupco-Nikolovski

Николовски: Сите волонтери на СДСМ на располагање на институциите, одговорно во борбата со коронавирусот

Се справуваме со глобална пандемија од коронавирусот и тоа од нас бара крајна одговорност, посветеност и внимателност.  Одговорност има секој од нас, секој поединец. Затоа многу е важно секој граѓанин целосно да ги почитува мерките, препораките и задолженијата од надлежните институции.  На тој начин сите го даваме придонесот за заштита на најавжаното – здравјето, истакна генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.Институциите прават се за да ја спречат закана, да ги заштитат граѓаните и да се справат со последиците.Сега е време секој од нас, сите ние заедно, да им помогнеме така што ќе ги почитуваме нивните препораки и ќе се придржуваме до секоја мерка.СДСМ како одговорна и сериозна партија низ општинските структури создаде мрежа од млади волонтери, храбри луѓе кои не се во ниту една ризична група, спремни својот волонтерски ангажман да им го стават на располагање на институциите.Ја информирам јавноста дека сите наши волонтери низ целата држава ги ставаме на располагање на надлежните институции кои имаат потреба од волонтери, како Црвениот крст,  општинските сервиси но и секоја друга институција на која сега или во иднина ќе и биде потребно.Согласно потребите на институциите, ќе се вклучиме и заедно ќе помагаме. Делувањето и вклучувањето на волонтерите ќе биде исклучиво под палката и насоките на надлежните институции.Тоа е одговорно, институциите ќе проценат каде и за што има потреба, на каков начин ќе им се помага на граѓаните.Во деновиве пред нас да ги тргнеме сите поделби, сите различности и да се сплотиме во предизвикот да го заштитиме нашето здравје.Сечие здравје е важно, секој човек е важен.Да продолжиме дa се однесуваме одговорно, сериозно, зрело и смирено.Заедно сме сплотени во маката, но и заедно ќе излеземе од неа како победници, истакна генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.фото и видео: СДСМ 

Македонија | пред 6 години

limon

Владата донесе одлука за замрзнување на цената на лимоните

Деновиве скокна цената на лимоните. Од 80 денари, пред едн недела сега истите се продаваат по 180-200 денари.На седницата  која ја одржа на Владата,  донесе одлука за замрзнување на цените на лимон, портокал, мандарина и грејпфрут и клементините, и определи дека највисоката трговска маржа на овие производи ќе биде таа која што се применувала до 11 март 2020 година кога од страна на Светската здравствена организација (СЗО) беше прогласена пандемија на коронавирусот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

20032020_VRSM_23_sednica-1

Владата денес треба да одлучи - Ќе се воведе ли полициски час?

Владата на денешната седница ќе треба да одлучи дали ќе се воведе полициски час на територија на цела држава.  Ова произлегува од заклучокот од синоќешната владина седница  на која се задолжи Комисија за заразни болести при Министерството за здравство, да подготви детален писмен предлог со мерки и препораки за воведување на најстроги рестриктивни мерки во врска со спречување, внесување и ширење на коронавирус COVID-19 (забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија за време на ден и во ноќ, организирање на јавниот превоз, сменско работење, опфатени категории на лица по возраст) и истите да ги достави до Владата, за седницата што ќе се одржи денеска.Инаку на седницата синоќа Владата го разгледа и усвои Записникот од Петтиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус COVID-19, одржан на 20 март 2020 година.Согласно предлозите изнесени во расправата на седницата, Владата ги усвои следниве заклучоци:1. Се задолжува Комисија за заразни болести при Министерството за здравство, да подготви детален писмен предлог со мерки и препораки за воведување на најстроги рестриктивни мерки во врска со спречување, внесување и ширење на коронавирус COVID-19 (забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија за време на ден и во ноќ, организирање на јавниот превоз, сменско работење, опфатени категории на лица по возраст) и истите да ги достави до Владата, за седницата што ќе се одржи на 21 март 2020 година (сабота).Владата го задолжи д-р Венко Филипче, министер за здравство, да определи двајца епидемиолози што ќе присуствуваат на седницата на Влада, со цел да ги образложат предложените мерки и препораки на членовите на Владата.2. Се задолжуваат Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија да направат детален оперативен план за спроведување на најстроги рестриктивни мерки што ќе ги преземе Владата, со цел спречување, внесување и ширење на коронавирусот COVID – 19.3. Се задолжуваат Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија, во рамките на нивните надлежности, веднаш да пристапат кон спроведувањето на  досегашните донесени мерки и препораки од страна на Владата.4. Сите лица што не ја почитуваат мерката за самоизолација да бидат спроведени во државен карантин и против истите да биде поведена соодветна постапка, трошоците за време на престојот во државен карантин ќе бидат на товар на лицата што не ја почитувале оваа мерка.За ова, се задолжува Министерството за правда, во соработка со Министерство за здравство да подготви соодветна уредба со законска сила во која правно ќе ја нормира целокупната постапка за спроведување во државен карантин.5. Се задолжува Мила Царовска, заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, во соработка со Министерството за економија и Министерството за правда, да подготват уредба со законска сила во која правно ќе ги нормираат надлежностите на сите инспекторати и инспектори (надлежностите од инспекторите во Државниот пазарен инспекторат да бидат пренесени на сите инспекциски служби).На оваа седница беше разгледана и информацијата на Министерството за надворешни работи за бројот на наши државјани кои оваа ситуација ги затекна во други држави. За да им се обезбеди можност да се вратат во земјата, Владата ги задолжи Министерството за надворешни работи и Министерството за транспорт и врски да подготват посебен план за хуманитарни летови, а нивна законска обврска ќе биде кога ќе се вратат да прифатат дека ќе мора да поминат соодветен број денови во карантински услови за нивна и за безбедност на сите останати граѓани.Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи на секое лице кое ќе ги напушти границите на Република Северна Македонија да му даде да потпише лична изјава дека излегува од државата на своја одговорност и дека е запознаен дека поради пандемијата со коронавирусот голем број земји ги затворија границите и дека е отежнато движењето во странство, заради што државните органи на Република Северна Македонија не можат да гарантираат навремена помош за враќање во земјата.фото: Влада   

Македонија | пред 6 години

konf-filipce-1

Шест новозаболени од коронавирус - бројката се искачи на 76

Министерството за здравство информира дека попладнево се дијагностицирани 6 лица позитивни на коронавирус. Со ова вкупната бројка на регистрирани пациенти позитивни на коронавирус во земјата е 76.Во текот на денов, потврдени се и 2 сопружници од Кавадарци – позитивни на вирусот, а во процес на тестирање е уште 1 лице од Кавадарци кое нема поврзаност со другите два случаи.Досега се регистрирани заболени од Скопје, Дебар, Гостивар, Охрид, Штип и Кавадарци.

Македонија | пред 6 години

kampus

(ФОТО) Во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза“, интензивно се работи на подобрување на инфраструктурата

ФБ статус на министерот за здравство Венко Филипче:-Во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза“, интензивно се работи на подобрување на инфраструктурата - се прави уште една лента на главниот влез на Клинички центар за возила за Итната медицинска помош за влез кон Ургентниот центар на хируршките клиники, како и нова улица зад Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со цел подобрување на пристапот кон оваа Клиника.https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/pcb.2342113812762305/2342112169429136/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

arena

(ФОТО) Хрватска ја подготвува „Загребска Арена“ за болница

ФБ статус на Ирена Ристиќ:🔴 Хрватска ја подготвува „Загребска Арена“ за болница.🔴 Бугарија ја подготвува најголемата сала "Арена Армеец" за болница.Сега смешно ви е?! https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10158250018099726&set=a.10150412803964726&type=3&theater

Македонија | пред 6 години

DSC_0022

Чулев: Сметам дека треба да се ограничи движењето на граѓаните во вечерните часови

Во Владата се разгледува можноста за воведување на полициски час, што ќе значи  ограничување на движењето на граѓаните во вечерните часови, информираше техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев во вечерашното гостување на „Канал 5“ и порача дека лично смета дека се потребни најостри мерки.„Јас како министер на сите седници на Владата секогаш сум се залагал за најостри мерки, затоа што само со строги мерки може да се спречи ширењето на пандемијата и сметам дека треба да се ограничи движењето на граѓаните во вечерните часови, за да се спречат оние вечерни собирања. Исто може да се огрании движењето и на посебни категории на граѓани како постари лица на пример. Во Владата се прават дискусии во оваа насока и можно е да се пристапи кон вакви мерки денеска или во наредните денови“,рече Чулев.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still334

(ВИДЕО) Полицијата препорачува да не се патува од Охрид во Струга и обратно

Полициски патроли поставени на два пункта, едниот кај бензиската во селото Подмоље, а другиот во непосредна близина на стариот пат меѓу Охрид и Струга ги сопира возилата и на патниците им препорачува дека ако немаат некоја итна потреба да не одат од Охрид во Струга и обратно.Од МВР потврдуваат дека во екот на кризата со вирусот „Ковид 19“даваат вакви совети но нагласуваат дека движењето не е запрено.Вакви пунктови од кои се даваа вакви препораки пред официјално да се забрани движење беа поставени околу Дебар, за што „Скопје1.мк“ прв ја информира јавноста.

Македонија | пред 6 години

Foto-2-1

Претседателот го потпиша Инструментот за пристапување на Република Северна Македонија кон НАТО

Претседателот Стево Пендаровски го потпиша Инструментот за пристапување на Република Северна Македонија кон НАТО, што претставува финален чекор за членството во НАТО.„Со овој документ, јас како Претседател на државата, свечено изјавувам дека Република Северна Македонија пристапува кон Северноатлантскиот договор и, се обврзува посветено да ги извршува и спроведува сите одредби содржани во овој Договор. Почитувани граѓани, ова е последниот политички чин со кој нашата земја влегува и формално во НАТО алијансата. Вредеше што се вложивме, затоа што на нашите идни генерации им овозможуваме поголема стабилност, безбедност и просперитет. Нека ни е со среќа“, рече претседателот Пендаровски по потпишувањето на Инструментот за пристапување на Република Северна Македонија кон НАТО.Инструментот за пристапување претходно беше парафиран од министерот за надворешни работи, Никола Димитров.„Со овој потпис, го исполнуваме ветувањето кон идните генерации и визијата за стабилен, безбеден и просперитетен Западен Балкан. Една држава е силна колку што е силна нејзината војска, една држава е силна колку што се здрави нејзините демократски институции, но една земја е силна и толку колку што има пријатели. Со 29 сојузници, од сега па натаму, Северна Македонија е посилна и побезбедна од било кога. Честито татковино“, рече министерот Димитров.Претходно, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ја информираше Владата на Република Северна Македонија дека сите земји-членки го имаат потпишано пристапниот протокол и упати покана за пристапување кон Северноатлантскиот договор.фото: Кабинет на претседател

Македонија | пред 6 години

policija-1

Кривични пријави за непочитување на владините мерки за време на епидемија од коронавирус

ОВР Гостивар-Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против 51-годишниот В.А. од гостиварско Чегране, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, по член 206 од Кривичниот законик. В.А. се сомничи дека на 19.03.2020 во попладневните часови излегол од домот и се движел низ селото, иако бил на задолжителна домашна изолација почнувајќи од 13.03.2020, по што повторно бил вратен во изолација.На 19.03.2020 околу 22.10 часот полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 55-годишниот Ј.С., од гостиварско Старо Чајле, затоа што при контрола, спроведена во координација со Државниот пазарен инспекторат, во неговиот угостителски објект во ова село биле затекнати 6 лица гости. Против, Ј.С. е поднесена кривична пријава поради сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, а објектот е затворен.Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи  за време на епидемија“, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Л.О.(42), сопственик на угостителски објект и Б.Л.(26) сопственик на интернет кафе, и двајцата  од Дебар. На 18.03.2020, при извршена контрола на градското подрачје, полициските службеници констатирале дека пријавените не ги почитувале мерките и препораките на Владата за забрана за работа на  угостителски и други објекти во кои се собираат поголема  група на граѓани.СВР Штип до  Основно јавно обвинителство – Штип  поднесе  кривична пријава против E.T.(45) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, предвидено во член  206  став 1  од Кривичниот законик. Пријавениот, на 17.03.2020, во време на прогласена пандемија од СЗО од коронавирус Ковид-19,  иако на 17.03.2020 во 00.50 часот, при остварен влез на ГП Меѓународен аеродром Скопје, на враќање од Барселона, Шпанија, прогласена за држава од висок ризик, добил наредба за самоизолација и под морална и кривична одговорност потпишал изјава дека ќе спроведе задолжителна самоизолација во времетраење од 14 дена, но истиот ден, околу 11.30 часот го напуштил неговиот дом.Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Г.А.(45) од с.Град, делчевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ предвидено во член  206  став 1  од Кривичниот законик. На 17.03.2020 год во 04.20 часот на ГП Деве Баир, при извршени проверки при влез во нашата држава, било констатирано дека пријавениот допатувал од Р.Словенија и потпишал изјава  дека ќе спроведе самоизолација. Пријавениот на 17.03.2020 во 11.00 часот, и покрај изјавата и добиената наредба за задолжителна самоизолација, не се придржувал кон здравствените прописи и го напуштил местото на самоизолација.Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе до ОЈО Свети Николе поднесе кривична пријава против Т.Т.(49) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, предвидено во член  206  став 1  од Кривичниот законик. Пријавениот, на 18.03.2020  не постапил според врачената писмена наредба од 16.03.2020 и потпишаната своерачна изјава за задолжителна самоизолација од 17.03.2020, при остварен влез во Република Северна Македонија на ГП Табановце по престој во Романија, и го напуштил својот дом.Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани до ОЈО Кочани поднесе кривична пријава против Г.А.(40) од с.Зрновци, Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, предвидено во член  206  став 1  од Кривичниот законик. Пријавениот, на 18.03.2020 го напуштил домот во Зрновци, каде што бил во самоизолација, иако на 16.03.2020, поради враќање од Швајцарија, преку Германија, Австрија, Унгарија, земји определени од СЗО како високо и средноризични, при влез во РСМ на ГП Табановце, своерачно пополнил и потпишал изјава за самоизолација во траење од 14 дена. Со наведените дејствија, пријавениот не постапил според посебните мерки  за заштита на населението од заразни болести и определените мерки за сузбивање и спречување на заразната болест.На 19.03.2020 СВР Струмица до ОЈО Струмица поднел 12 кривични пријави против 14 лица, кои сториле кривични дела „пренесување заразна болест“, предвидено по член 205 и „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, предвидено по член 206 од Кривичен законик на РСМ. Пријави се поднесени против лицата: В.М. (54), К.Т. (67), Т.Т.(66), Н.Т. (69), М.А.(29) Б.Ј. (63), А.М. (32), Љ.Д. (69), Д.П. (53), Б.М. (60), С.Г. (49), Г.Г. (20), А.Б. (27), сите од Струмица и H.В. (52) од Холандија.Или, во периодот од 07.00 часот на 19.03.2020 до 07.00 на 20.03.2020, од сите Сектори за внатрешни работи вкупно се поднесени 33 кривични пријави и едно известување, на 36 сторители во врска со непочитување на мерките, односно здравствените прописи за епидемијата Ковид – 19.  

Македонија | пред 6 години

1-MK-AL

191 - Отворена бесплатна линија за пријавување на неправилности за угостителски објекти во кои има гости и драстично зголемени цени на основните прехранбени производи и средства за дезинфекција

Министерот за економија Крешник Бектеши заедно со директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски денеска ја промовираа бесплатната линија за пријава на неправилности во државниот пазарен инспекторат.На оваа бесплатна линија - 191 ќе можат да се пријават неправилности за непочитување на препораките на Владата за заштита од коронавирусот.Министерот Бектеши информираше дека Владата на почетокот на неделата донесе одлука за замрзнување на цените на основните производи како што се леб, сол, зејтин, млеко и млечни производи, јајца, брашно, месо, тестенини, но и лекови и дезинфекциски средства. Исто така со цел за заштита и спречување на ширењето на коронавирусот беше донесена и одлука да се затворат сите ресторани, кафетери и барови каде што се собираат луѓе.„Пазарниот инспекторат е на терен и контролира кои угостителски објекти се затворени, односно кои угостителски објекти не ги почитуваат одлуките на Владата. Исто така засилени се контролите во супермаркетите во однос на цените на основните прехранбени производи но и на средствата за дезинфекција. Свесни сме за големата паника која што се предизвика кај граѓаните кои решија да купуваат масовно и нерационално. Со цел да им излеземе во пресрет на инспекторите кои што работат на терен и по 18 часови на ден во интерес на заштита на безбедноста и здравјето на граѓаните заедно со Пазарниот инспекторат ја отворивме бесплатна линија 191 на која сите граѓани кои ќе утврдат дека има прекршување на овие одлуки, односно дека има кафулиња и ресторани кои работат или пак има зголемување на цените во супермаркетите во последните две недели тогаш ќе може веднаш да пријави, а пазарниот инспекторат да постапи на терен“ кажа министерот Бектеши.Потенцираше дека на оваа бесплатна линија сите граѓани ќе можат од понеделник да пријавуваат неправилности по што веднаш ќе бидат вратени цените на основните производи кои што биле на 11 март.„Сакам да алармирам до сите граѓани, угостители и трговци кои што нема да ги почитуваат препораките на Владата дека ќе бидат казнети со казна од 5.000 евра и согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик казна затвор и до една година.Ги повикувам сите граѓани и бизнисмени во моментов да бидат разумни. Во време на криза да бидеме солидарни, да бидеме одговорни, а не да размислуваме на профит. Ги повикувам граѓаните да пријават секој вид на непочитување на владините одлуки“ истакна Бектеши.Директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски истакна дека согласно член 29 и 30 од Законот за трговија сите трговски субјекти се должни на видно место во трговскиот објект да имаат истакнат телефонски број од Државниот пазарен инспекторат од градот во кој што се наоѓа.Но во овој момент како што потенцираше директорот Инспекторатот се соочува со недостаток на инспектори кои што ќе одговараат на повиците на граѓаните бидејќи сите се на терен.„Од понеделник ќе биде во употреба на ниво на цела држава бројот 191. На овој број ќе можат да се јават сите кои што ќе констатираат неправилности кои што се однесуваат на постапувањето на Државниот пазарен инспекторат. Она што сакам да им го кажам на сите трговски објекти е дека налепниците кои што во наредните денови ќе им ги достават инспекторите ќе мора да ги истакнат на видно место“ потенцираше Пауновски.Директорот на Пазарниот инспекторат информираше дека налепници со бројот на кој граѓаните ќе можат да пријават неправилности ќе бидат доставени и до сите бензински станици низ државата, а угостителските објекти кои во моментов не работат имаат законска должност да ги залепат овие налепници на видно место во објектот откако ќе заврши кризната ситуација во државата, а ќе можат да ги набават бесплатно од канцелариите на Државниот пазарен инспекторат низ државата.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

doktor

Побарана парична казна за лекар кој не ги почитувал здравствените прописи во Кавадарци

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Предлог за издавање казнен налог за едно лице, за продолжено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.Обвинетиот, лекар во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кавадарци, постапувал спротивно на Одлуката донесена на Дванаесеттата седница на Владата на Република Северна Македонија од 28.02.2020 година, според која сите вработени во државните и локалните институции и претпријатија, доколку во последните две недели патувале или живеат со некој што патувал во ризична земја за ширење на коронавирусот COVID 19, треба да не доаѓаат на работа и за тоа да ја известат институцијата во која работат.Имено, и покрај упатствата дадени директно од страна на специјалист-епидемиолог да останат целото семејство во домашна изолација од 14 дена поради патувањето на нивната ќерка која на 6 март се вратила од Италија, обвинетиот во периодот од 10 март до 20 март продолжил да оди на работа во болницата каде е вработен како доктор. На 10 март заедно со неговата ќерка правеле анализи на Одделот за микробиологија и биле во амбулантата за уво, нос и грло во Кавадарци.Основното јавно обвинителство Кавадарци му предложи на Основниот суд во Кавадарци на обвинетиот да му изрече парична казна во износ од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде одредена во износ од по 45 евра во денарска противвредност.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

ojo

Петмина скопјани обвинети за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија

Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против пет лица, сите за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.Имено, по пристигнување од земји со висок и среден ризик на 16, 17 и 18 март, секој од обвинетите потпишал изјава со која прифатил да се самоизолира во својот дом во период од 14 дена. Но, при проверките направени на 18 и 19 март, од страна на овластени службени лица, не биле затекнати на наведените адреси.Обвинетите, иако должни да ги имплементираат мерките определени во Писмена наредба на Министерството за здравство за сузбивање или спречување на епидемијата на коронавирусот – COVID 19, како и обврската од потпишаните изјави за самоизолација, не постапиле согласно предвиденото, со што го сториле кривичното дело.Јавните обвинители кои постапуваат во предметите за сите обвинети лица на Судот му предложија да изрече парични казни во висина од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде одредена во износ од по 20 евра во денарска противвредност​.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

20032020_NATO_pismo2

Столтемберг: Сите НАТО сојузници ратификуваа и Протоколот стапи во сила, по депонирање на вашата ратификација, Северна Македонија е 30-та земја членка на НАТО

Во писмото што до претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски пристигна денеска, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг пишува дека земјите членки на Северно-Атлантскиот договор ја известиле Владата на Соединетите Американски Држави дека тие го прифатиле и ратификувале Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО, потпишан на 6 февруари 2019 година во Брисел, и дека следствено на тоа, Протоколот стапил во сила.„Во име на сите земји членки, чест ми е да Ве известам и да Ви ја упатам поканата да се придружите на Северно-Атлантскиот договор“, пишува во писмото генералниот секретар Столтенберг.Согласно Членот 10 од Северно-Атлантскиот договор, Република Северна Македонија станува полноправна членка на НАТО со денот на депонирањето на пристапниот инструмент во Владата на Соединетите Американски Држави.„Дозволете ми да ја искористам оваа прилика и да го изразам моето задоволство, како и задоволството на сите земји членки на НАТО, во однос на претстојното пристапување на Северна Македонија во Алијансата“, пишува генералниот секретар Јен Столтенберг во писмото кое денеска е упатено до Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Досега направени 888 тестови за корона вирусот, од понеделник брисеви ќе се земаат уште на два пункта

Досега во земјава се направени 888 тестови за коронавирусот, а Институтот за јавно здравје во овој момент располага со 1400 дополнителни тестови, рече министерот за здравство Венко Филипче.„Донесена е одлука за избор на дополнителна количина и 1000 тестови, а има најава за донација од уште 1000 тестови, со најава дека 1000 ќе бидат на располагање во нашата земја и 300 во било кое време во болницата во „Жан Митрев“, рече Филипче.Во однос на зголемување на достапноста на земањето брисеви, од понеделник ќе функционираат два пункта, на клиниката „Чаир“ и „Јане Сандански“. За ова, ќе се закажува телефонски преку системот на „Мој термин“, со што ќе се зголеми достапноста на оваа услуга во нашата земја, рече министерот за здравство.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

06032020_VRSM_Filipce_pres

Првата заболена пациентка со корона вирус од Дебар во критична состојба

Првата заболена пациентка од Дебар, кај која беше дијагностицирана од коронавирусот е во критична состојба, информираше министерот за здравство Венко Филипче.Таа беше ставена на респираторна машина пред неколку дена, поради потешкотии во дишењето.„Пациентката вчера вечерта влезе во критична фаза, сега е на дополнителна терапија, но нејзината ситуација е многу покритична од она што беше вчера“, рече Филипче.Станува збор за сопружници од село во близина на Дебар кои во нашата земја пристигнаа од Бреша, Северна Италија на 27 февруари. Тие имаа лесна клиничка слика кога беа хоспитализирани. Тие во земјава допатуваа со автобус со уште 40 патници.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

04032020_MZ_Filipche_pres-konferencija-1

Филипче: Вкупниот број на дијагностицирани пациенти од коронавирус се искачи на 70

Вкупниот број на дијагностицирани пациенти од коронавирус се искачи на 70 откако се дијагностицирани тројца нови заболени, информираше министерот за здравство Венко Филипче. Од тројцата новодијагностицирани, една пациентка патувала во Србија, друга пациентка е бабата на 4-годишното девојче од Штип и има уште пациент од Скопје.Министерот за здравство информираше дека со цел побрзо детектирање на вирусот, ќе се обединат капацитетите на двете лаборатории, на Институтот за јавно здравје и болницата „Жан Митрев“.Според последните информации, градови кои се зафатени од коронавирусот се Скопје, Дебар, Гостивар, Штип и Охрид. Сите пациенти се со лесна или средна клиничка слика, рече Филипче. Во текот на вчерашниот ден направена е домашна визита кај скоро сите пациенти кои се на домашно лекување, а визитата ќе продолжи денеска.На домашно лекување се пациентите кои имаат лесна клиничка слика според предвидените алгоритми.Фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Screenshot_3

ЛАЖНА ВЕСТ- Сликата од Бергамо со стотици ковчези починати од Корона е лага!

Сликата со стотици ковчези од Бергамо во Италија, заедно со снимката кои го обиколија светот во кои наводно се наоѓаат телата на жртвите од Корона, проследена со потресно интервју на “познатиот хирург” Мачини, не е снимена на 17ти март оваа година. Имено, станува збор за фотографија и снимки стари 7 години. Фотографијата е направена од хангарот во Лампедуза, а во ковчезите се наоѓаат тела на повеќе од 300 удавени мигранти. Годината на настанот е 2013та. Не се работи за никакви лешеви на починати од Корона за кои хирургот со своето излагање направи масовна паника и вирална хистерија. Овие луѓе се одамна закопани и нивната смрт е брутално злоупотребена, Објави rubikon.mk.Фотографијата која стана вирална со наводно починати од Корона во БергамоОригиналното потекло на фотографијата објавено во италијански медиум 2014та, за настанот од 2013та годинаМијте раце, бидете претпазливи и почитувајте ги препораките, но добро запаметете… Не наседнувајте на секоја информација која ќе ја видите на интернет и не потпаѓајте на “клик енд бејт” панични наслови кои служат единствено за кликови и поголема читаност на порталите, објави rubikon.mk. Оригиналната статија со сликата од ковчезите во прилог:http://www.ansa.it/sicilia/notizie/2014/07/01/ecatombe-di-lampedusa-arrivano-i-primi-fermi-e-avvisi-garanzia_6670f8a5-a25a-4a72-b4af-c054b3114afd.html?fbclid=IwAR0Xf0vwS9t6f48UK_TH7fp1eEgeGYQ493APCiQsXpx2mFhobI7rk50ZH4YИзвор: rubikon.mk

пред 6 години

kosta-1

Георгиески од ЈЗУ „Општа Болница“: Подготвуваме оперативен план за згрижување на пациенти кои ќе имаат потреба од интензивно лекување

Заедно со колегите на ЈЗУ „Општа Болница“ и останатите здравствени установи во општина Охрид, подготвуваме оперативен план за згрижување на пациенти кои ќе имаат потреба од интензивно лекување, објави на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Во текот на утрешниот ден ќе Ве информираме за повеќе детали околу потребните превентивни подготовки кои ќе бидат направени, како и за планот за организирано делување согласно потребите.❗Заедничката соработка и посветеност е клучна за поефикасно надминување на ваквите состојби, напиша градоначалникот Георгиески.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/a.351826178756325/563441697594771/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

20032020_VRSM_Dimkovski_pres1

Димковски: Целата прехранбена индустрија е мобилизирана и нема простор за паника

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, одржа прес-конференција во врска со ширењето на вирусот корона во нашата држава и препораките за земјоделците во услови на вонредна состојба.Министерот Димковски изјави дека ова е период кога треба сите да покажаме општествена одговорност и заеднички да ги почитуваме препораките на Владата, за заштита од вирусот корона и негово ширење во нашата држава.Потенцираше дека покрај ризиците за здравјето на луѓето, последици од оваа глобална пандемија ќе има и економијата, вклучувајќи го и секторот земјоделството. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, секојдневно ја следи состојбата со ширењето на вирусот корона од аспект на влијание врз земјоделството.„Се наоѓаме во вонредна состојба, но тоа не значи дека треба да сопрат земјоделските активности и работата на министерството и другите надлежни институции во делот на сервисирање на услугите кон земјоделците. Платежната агенција и во овој период како и досега, продолжува со редовна исплата на субвенции.МЗШВ интензивно работи на изнаоѓање на решение за откупот на јагнето. Нашата намера како ресорно министерство е јагнето да биде извезено. Во моментов извозот во Италија се одвива забавено, поради проблемот што го имавме со транспортот. Во постојна комуникација сме со откупувачите, и освен традиционалните пазари како Италија, Хрватска, Грција, се бараат и други алтернативни пазари за извоз на јагнето. МЗШВ ќе ја следи состојбата, и секако доколку има потреба, со соодветни мерки ќе им помогне на сточарите да ги покријат загубите, коишто ќе бидат донесени заеднички и во комуникација со сточарите и откупувачите на јагне“ изјави Димковски.Притоа Димковски посочи дека транспортот на стока не е забранет и ќе се одвива под посебни безбедносни протоколи. Во моментов нашето МНР заедно со министерствата за надворешни работи од другите држави, заеднички работат на изнаоѓање на заеднички протокол за транспорт, со кој ќе се овозможи непречен проток на стоки. Со воведување на заеднички протокол, транспортот ќе се одвива непречено.Владата воведе забрана за извоз на пченица и брашно, со цел да не се нарушат состојбите на пазарот во земјата, и да се обезбедат доволни количини на брашно во земјата во услови на зголемена побарувачка на пазарот за овие производи, предизвикана со прогласувањето на пандемијата.Министерот Димковски ги повика граѓаните да бидат спокојни бидејќи храна има доволно, целата прехранбена индустрија е мобилизирана и нема простор за паника.„Во тек е пролетна сеидба на пченка и сончоглед и таа треба да продолжи непречено, да се насадат и насеат нивите. Секако и во овој дел треба да се почитуваат препораките на Владата во оваа вонредна состојба. Земјоделските аптеки нема да бидат затворени. Набавката на сточна храна со регулирањето на протоколите за транспорт ќе се одвива непречено. Истото важи и за набавка на репроматеријали“, изјави Димковски.Од безбедносни причини, сточните пазари во моментов се затворени. Движењето на пратки со животни може да се врши само ако животните се правилно идентификувани и придружени со валиден сертификат за здравствена состојба на животните. Земјоделските производи на зелените пазари можат да се продаваат, но секако, важно е да се почитуваат препораките на Владата, во делот на одржување на хигиена, почитување на пропишаното растојание од еден метар, пазарење во разумни количини.МЗШВ како и досега, продолжува да ја следи состојбата, доколку има потреба ќе се наоѓаат решенија преку интервентни мерки да се менаџираат сите новонастанати и непредвидливи состојби, а со цел да го заштитиме земјоделството како стратешка гранка во домашната економија и да ги заштитиме нашите земјоделци во услови кога тие не можат сами да се справуваат со состојби предизвикани на глобално ниво.

Македонија | пред 6 години

w_55952187

Обвинети две лица од Ресен за непочитување на мерките за спречување и сузбивање на​ коронавирусот

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Ресен во текот на вчерашниот ден, постапувајќи по поднесените кривични пријави против две лица од страна на Министерството за внатрешни работи,  достави Предлози за издавање на казнен налог за двете лица. Обвинетите се товарат дека сториле кривично дело „Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ по член 206 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетата која на 17.03.2020 година се вратила од Р.Словенија – земја со среден ризик на зараза утврдена на листата на Светската здравствена организација, на граничниот премин Табановце примила писмена наредба и потпишала изјава со која се обврзува дека во наредните 14 дена ќе спроведе самоизолација во својот дом во Ресен. Наместо да постапи според прописите и да се упати кон својот дом, таа заминала во Кичево во домот на својата другарка, откако телефонски била контактирана од страна на полициски службеници од ОВР Ресен пристигнала во својот дом. Со своите дејствија го сторила кривичното дело за кое се товари. Обвинителството  му предложи на судот на обвинетата да и биде изречена парична казна во висина од 100 дневни глоби при што вредноста на дневната глоба да се определи во висина од по 20 евра во денарска против вредност.На 18.03.2020 година, обвинетиот со умисла не постапил според писмената наредба на министерот за здравство со која се определуваат мерки за спречување или сузбивање на опасна заразна болест – коронавирус COVID 19. Тој на 16.03.2020 година пристигнал од Кралството Холандија – земја со висок ризик на зараза утврдена на листата на Светската здравствена организација и на , на граничниот премин Табановце примил писмена наредба и потпишал изјава со која се обврзува дека во наредните 14 дена ќе спроведе самоизолација во својот дом во с. Стење, ресенско. На 18.03.2020 година при извршени две проверки од страна на полициски службеници обвинетиот не бил пронајден во неговиот дом со што го сторил делото што му се става на товар. Обвинителството до надлежниот суд во Ресен поднесе предлог на обвинетиот да му биде изречена парична казна во висина од 100 дневни глоби при што вредноста на дневната глоба да се определи во висина од по 30 евра во денарска против вредност.​фото: Архива

Македонија | пред 6 години

direkcija-3

МВР: Безбедносната состојба во општините Дебар и Центар Жупа е стабилна

Безбедносната состојба во општините Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба е стабилна, а изминатото деноноќие помина мирно и без регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и без регистрирани сообраќајни незгоди. И понатаму, на сила се активностите на полициските службеници кои се во согласност со оперативниот план за работа за контрола на угостителските и другите јавни објекти (маркети, ноќни клубови, фитнес салони, обложувалници), со цел доследно спроведување на мерките за спречување на внесување, ширење и за сузбивање на корона вирусот.При извршена контрола на градското подрачје, полициските службеници од ОВР Дебар  констатирале дека Л.О.(42), сопственик на угостителски објект и Б.Л.(26) сопственик на интернет кафе, и двајцата  од Дебар, не ги почитувале мерките и препораките на Владата за забрана за работа на угосителски и други објекти пријавените во кои се собираат поголема  група на граѓани, поради што ОВР Дебар поднесе кривични пријави против нив.Непречено се одвиваат мерките за контрола на патнички и други моторни возила за влез во Дебар и Центар Жупа, како и активностите за дотурот на храна, лекови, средства за лична хигиена и други потреби за граѓаните во двете општини. Сите правни лица кои вршат дотур треба да се најават во Кризниот штаб на фиксниот телефон 046/831 051 по што, нивните возила, со полициска придружба ќе бидат спроведени до трговските објекти во двете општини. Потсетуваме дека влезот е дозволен само на лица кои се жители на општините, а истовремено е оневозможен, односно строго е забранет излезот на сите граѓани затекнати на подрачјето на двете општини.Упатуваме апел до граѓаните на Дебар и Центар Жупа, но и до сите граѓаните во државата строго да се придржуваат до препорачаните мерки и насоки усвоени од Владата во врска со спречувањето на ширењето на корона вирусот (COVID-19), а сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници. Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

gdu

ГДУ предлага неколку мерки за помош на здравствениот ситем, еве кои се

ГДУ предлага неколку мерки со цел финансиски да се помогне здравствениот систем,се вели во соопштението кое го испратија до медиумите. Тие предлагаат:- Да се престане со исплаќање на плати на пратениците кои така или инаку не работат, а средствата Владата да ги насочи кон здравствениот систем;-Парите кои државата им ги исплаќа на партиите од државниот буџет да се пренасочат кон здравствениот систем, а оние партии кои веќе ги добиле средствата предвидени од државниот буџет во знак на солидарност да ги подарат или вратат во здравствениот систем;-Средствата предвидени во буџетот за рекламирање на политичките субјекти за изборите, Владата да ги пренасочи кон поддршка на стопанството;-Апелираме до министрите, советниците во општините и градоначалниците, своите плати за месец март да ги донираат за борба против корона вирусот;Време е политичарите и партиите да бидат на висината на задачата, се вели во соопштението од Граѓанско Демократска Унија- ГДУ.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

nurkaci

Од Нуркачкиот Центар „Акватек“ апелираат: „Бидете Совесни, Слушајте го Венко Филипче“

ПОЧИТУВАЈТЕ ГИ МЕРКИТЕ ЗА ЗАШТИТА, ОД НАС ЗАВИСИБидете Совесни, Слушајте го Венко ФилипчеНуркачки Центар АкватекНикола Паскалиhttps://www.facebook.com/AkvatekOhrid/photos/a.166217686809783/2692054230892770/?type=3&theaterфото: Нуркачки Центар Акватек  

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања