Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

mickoski-1

Мицкоски: Ова отворено писмо будење на свеста значи подадена рака до власта со кое сакам да потенцирам дека во нас имате пријател

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ  Христијан Мицкоски упати отворено писмо до власта за будење на свеста и подадена рака, заедничкиот непријател кој мора да го победиме е пандемијата која одзема животи. Во писмото се вели:-Ова отворено писмо го пишувам во предвечерието на денот кога црниот биланс со заразени со вирусот Корона е најголем од почетокот на оваа Пандемија во Македонија. Тежок ден за луѓето кои се во првата линија на борба против вирусот, но искрено верувам и тежок за секој еден човек кој треперливо ги следи новостите.И со право е загриженоста кај секој еден од вас, бидејќи и јас сум загрижен, и знам дека ова не смее да биде битка на луда храброст без мудрост, туку на мудро употребена храброст за да се победи заедничкиот предизвик со кој се соочуваме. А стравот е неминовен бидејќи сите ние се соочуваме со непозната и нова појава и станува јасно дека ѓаволот ја однел шегата кога се бројат мртвите во Италија и другите земји каде насмеаните лица ги преполнуваа плоштадите, трговските центри, јавните места до пред само неколку недели, а денес најблиските се збогуваат со починатите.Вирусот не е шега, туку заедничка нова битка на Македонија која мора заедно да ја победиме. И сакам тука неколку збора за политичкото милје со кое се дочекува пандемијата во земјава.Ова отворено писмо будење на свеста значи подадена рака до власта со кое сакам да потенцирам дека во нас имате пријател, а заедничкиот непријател кој мора да го победиме е пандемијата која одзема животи. И оттука сосема совесно и разумно како човек, но и како лидер на ВМРО-ДПМНЕ имам колективна одговорност да посочам на работите кои мора да бидат подобри, зошто ако не се, тогаш ќе губиме животи. Стравот кај мене е поради тоа што имаме сериозни слабости во системот кој мора да си признаеме дека потфрла во време кога мора хируршки прецизно да функционира.Еден пријател од странство ме праша како се справувате со вирусот? Одговорив, се превземаат мерки тоа е, иако длабоко во себе знам дека не е така, дека состојбите се алармантни и дека мора подобро. Сликата на министерот со медицински голорак и незаштитен здравствен тим е сликата за македонското здравство и начинот на кој се работи во Македонија. Докторите се пуштени да се справуваат со пандемија незаштитени, небезбедни, под ризик за својот живот ама пр-от на министерот е важен, а стикерите на Филипче во стилот на супермен поважни. Филипче е далеку од супермен, можеби бизнисмен, ама повеќе е портпарол во време кога треба да биде само министер. Одбивам да ја сведувам дебатата на ова ниво и затоа ќе порачам баталете го пр-от, ова не е мегдан за тоа ќе има време кога ќе се мериме и во тоа поле, но сега мораме да покажеме поголема одговорност од се што било досега. Затоа неопходно е како општество да се мобилизираме, да се преземат итни и драстични мерки што побрзо и без одлагање. Се губи контролата над состојбите затоа што секојдневно се отвораат нови жаришта на вирусот. Болниците кои се на располагање се недоволни, а капацитети слаби. При тоа тука не страдаат само болните од корона, туку и оние болни од други болести кои нема да добијат навремена помош заради презафатеноста со справувањето со актуелната пандемија. Неретки се случаите да не добиете помош поради тоа што системот е блокиран. Оттука мора заеднички и силно да се фокусираме кон драстични мерки. Секој ден поминат без нив, ќе значи повеќе животи кои ќе се загубат.Потребно е воведување на построг полициски час, најмалку од 18 часот за да има суштина со него и се направи ред, час поскоро. Мора за миг да се испразнат улиците за да се скенира состојбата.Мора да се има протокол на правење на тестови за сомнителни од корона вирусот и тие да бидат целосно бесплатни во државното и приватното здравство. Да се удвојат капацитетите за проверка. Сега владее потполн хаос каде граѓаните велат дека приватните тестови имаат поголема веродостојност затоа што државните институции ги кријат заболените. Затоа треба да се делува во отстранување на тие сомнежи.Морам да признам дека сум сериозно загрижен и за економската рецесија која ни престои. Државата оди по самиот раб. Илјадници луѓе престануваат да одат на работата, а штетите се поголеми од ноншалантниот однос на владата. Оние мерки кои ги соопшти Заев се далеку од доволни.Треба веднаш државата да покрие 50% од сите трошоци за вработените, плати и придонеси. Да се замрзнат плаќањата на рати кон банките и заемодавателите бидејќи тоа е добро и за банките, но и да се излезе со детална програма на Владата и функционерите на власт за финансиско кратење на нивните привилегии и непродуктивни трошења. Да почнеме со штедење не од работниот народ, туку од привилегиите на властодршците, со личен пример. Ќе предупредам парите во услови на ваква криза стануваат од ден на ден се поскапи, затоа што ги има се помалку. Задолжувањето до кое ќе се дојде доколку се чека премногу ќе биде со огромна камата и затоа треба да се направи рационален план за изнаоѓање на свеж капитал по најповолни услови што може да се обезбедат. Нема ние како власта која тогаш беше опозиција да пишуваме писма за да го блокираме задолжувањето.И сакам нешто да истакнам до Заев и Спасовски, независно што јас и ВМРО-ДПМНЕ ги предлагаме овие мерки, прифатете ги што побрзо, прифатете ги за доброто на државата и сите наши граѓани. Прифатете ги, а јас ќе се откажам од сите политички ловорики кои вам ќе ви ги отстапам. Мене таква слава не ми треба, само прифатете ги и дејствувајте итно. На граѓаните и Македонија и треба помош и лидерство.А јас ќе продолжам да се борам со предлози и активности кои ќе значат помош за граѓаните и економијата. А тоа го може и секој еден од вас кои ќе го прочитате ова писмо, едноставно е, да се однесуваме одговорно и совесно и останете дома, така ќе се заштитите себе си, но и другите. Што се однесува до економијата купувајте македонски производи и сигурно ќе спасите некое работно место.И сосема на крај, сите оние кои мислат дека може да профитираат од оваа криза, трговци со респиратори, пченица и ококорени политичари бизнисмени треба да знаат "здравјето е вистинско богатство, а не парчиња злато и сребро“, а ќе дојде време да се одговара за тоа кој земал и злато и сребро на грбот на напатениот народ. Но не е сега време за таа дебата, а ова го пишувам за да остане забележано и да се памети. Ова првенствено е писмо да ја разбуди совеста на оние кои управуваат со државата, да се ставиме над ситуацијата и да делуваме одговорно и одлучно. Ова е време на големи одлуки со кои ќе спасиме животи и ќе си ја заштитиме државата.Мојот помал син утрово ме праша тато одново некоја битка, му одговорив, нашата никогаш не престанала овој пат не знам оваа колку долго ќе трае ама знам дека ќе победиме. Заедно сигурно ќе победиме, затоа што ја сакаме Македонија, се вели во писмото од  Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

izbori-02

Владата со длука да не се одржат изборите на 12 април

Владата на Република Северна Македонија на денешната 25 седница донесе Уредба со законска сила за прекин на сите дејствија за спроведување на изборите и за сите прашања поврзани со изборниот процес.Оваа одлука Владата ја донесе заради вонредната состојба прогласена за ефикасно спречување на внесување и ширење на коронавирус COVID-19, и заради тоа што Собранието на Република Северна Македонија не се состанува за да ја поништи одлуката за распуштање.Во такви услови, а заради неопходната потреба успешно да се спроведат мерките за справување со коронавирусот во земјата, Владата донесе Уредба за прекин на сите дејствија за спроведување на изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, кои се закажани за 12 април 2020 година.Со оваа Уредба Владата ја задолжува Државната изборна комисија да ја обезбеди и чува постојната изборна документација до продолжување на спроведувањето на изборните дејствија и изборите, кои ќе продолжат откако ќе биде прогласен престанок на вонредната состојба.Уредбата исто така, определува задолжување за Државната изборна комисија во рок од еден ден од денот на престанок на вонредната состојба да објави на својата веб страница ревидиран роковник за продолжување на изборните дејствија.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

vlada-zname-nato

Јавен повик за изразување интерес за хотелите во државата кои имаат над 50 легла, за потребите на формирање државни карантини за справување со коронавирусот

Владата на Република Северна Македонија објавува јавен повик за изразување интерес за сите хотели во државата кои имаат повеќе од 50 легла и кои се заинтересирани доброволно да ги отстапат своите капацитети за формирање државни карантини за населението со цел справување со коронавирусот.Максималниот надомест кој државата може да го обезбеди за капацитетите на хотелите изнесува до 10 евра (денарска противвредност) по легло, по ден.Хотелите кои ќе ги стават своите капацитети на располагање треба да обезбедат три оброци дневно за секој граѓанин којшто ќе користи легло, како и одржување на хигиената во хотелот.Сите заинтересирани хотели потребно е да се пријават најдоцна до 23 март, понеделник, до 14 часот, преку испраќање писмо за намери на следната емаил адреса: gs@gs.gov.mk.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Korona

(ФОТО) РТГ снимка VS COVID-19 пневмонија, сериозен случај со летален исход

Докторот Ненад Лазаров од Асоцијаци на млади лекари во периодов е доста активен на социјалните мрежи по повод ситуацијата со корона вирусот. Тој на ФБ напиша:-Нормална РТГ снимка VS COVID-19 пневмонија, сериозен случај со летален исход.Исто ко грип. NOT!https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10218187539419148&set=pcb.10218187540459174&type=3&theater фото: ФБ ненад Лазаров

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

(ФОТО) Ми се јави мајка ми липајќи, плачам и јас а кожата ми се ежи кога ќе помислам за условите во карантинот каде ќе бидат однесени

ФБ статус:-Вечерва во Софија слетаа мајка ми и брат ми, од Лондон. На македонската граница им било соопштено дека е донесен нов закон кој наложува да секој што влегува во државата да оди во државен карантин. Следно, им ги одзеле пасошите, за да ги товарат како говеда во полициско комбе со 20 луѓе, стуткани еден до еден. На границата немало лекари, туку симптомите биле ТЕЛЕФОНСКИ соопштувани. Така мајка ми и брат ми со часови чекаат на граница за транспорт до карантин заедно со уште стотина други луѓе. Какви ви се тие мерки, какви се??Каква превенција, каква заштита!?!?Ми се јави мајка ми липајќи, плачам и јас а кожата ми се ежи кога ќе помислам за условите во карантинот каде ќе бидат однесени.Зарем не претрпев слично сценарио со татко ми, а??Греота и голем срам. Плачам и се плашам. Хорор.СРАМ ДА ВИ БИДЕ!!Ве молам споделувајте.Инаку на прес конференција вчера министерот за надворешни работи Никола Димитров потенцираше дека Министерството за надворешни работи во соработка со Министерството за транспорт и врски ќе организира хуманитарни летови и конвои за да можат околку 2.300 граѓани кои се заглавени во меѓугранични простори или по аеродроми или им треба помош да си дојдат дома.Сите кои ќе пристигнат во државава ќе треба да бидат во задолжителен државен карантин минимум 15 денови, а  трошоците за тој карантин ќе бидат на товар на државата, информира министерот Димитров.Тој потенцира дека нема податоци каква е нивната здравствена состојба и уште еднаш повтори дека не е време за патување во странство.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Naum-Stoilkovski

Стоилковски: Владата воведува медиумска цензура среде епидемија

Владата воведува медиумска цензура среде епидемија, вели портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Наум Стоилковски.Владата се одлучи за онлајн прес конференции и вклучување на прашања. Но, злоупотребувајќи ја состојбата се обидува да исклучи критички медиуми. За поставување на прашања на онлајн конференциите во Владата потребни се акредитации. Но, само членовите на ЗНМ можат да ги добијат акредитациите.Имено во дописот за регистација стои:Право на учество на повикот имаат сите медиуми кои се регистрирани во регистарот на АВМУ (Регистар на печатени медиуми /Регистар на телевизии / Регистар на радија),како и сите онлајн медиуми од Регистарот на Советот за етика во медиумите на Македонија и Здружението на новинари на Македонија (Регистар на професионални онлајн медиуми)”Цензурата доаѓа токму во последниот дел. Најголемиот број критички медиуми не се дел од ЗНМ ниту дел од регистарот на Советот за етика; што лесно се проверува и од линковите посочени од владата.*Ова е регистарот посочен од влада https://www.promedia.mk/mainСо ова на критичките медиуми им се забранува да поставуваат прашања.Меѓу нив се Курир, Република, Лидер, Инфомакс, Нетпрес, Вечер.. Медиуми со илјадници читачка публика и посетители. Дури и многу повеќе од оние “на листата”. Сето ова доаѓа по прашањата до Филипче и соочувањата со вистината за состојбите и итните набавки од владата.Новинарите на овие медиуми имаат извадено акредитации за присуство на владини прес-конференции. Не може регистер на невладина организаицја да биде над тоа.Ова е срамно, во услови на епидемија, на мала врата да се исклучат медиуми кои инаку се АКРЕДИТИРАНИ и без никаква пречка биле присутни на пресовите на владата.“Браво” Забрчанец, “Браво” Бојаровски, “Браво” Роберт Поповски!Вака се справува со кризата; Лажи и чекај да те фалат!, вели Стоилковски.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10157854646470499&set=a.10150425913935499&type=3&theater

Македонија | пред 6 години

POLICISKI-CAS

Полициски час од утре, што значи тоа и за кого неважи оваа мерка?

Владата вечерва одлучи, полициски час од 21:00 до 06:00 часот. Премиерот Оливер Спасовски меѓу другото истакна:„Нема компромис кога е здравјето на граѓаните во прашање, мерките мораме сите да ги почитуваме, само така ќе си ги спасиме народот и државата“, рече Спасовски.Од радикалната мерка исклучок се лицата кои имаат потреба од итна медицинска помош, лица на дијализа (во придружба од најмногу две лица), а оправданоста на излегувањето од дома ќе се проверува преку увид во медицинската документација од извршениот лекарски преглед.Дежурства со ограничен број на возила ќе треба да воведат такси компаниите, а ќе имаат право да превезуваат патници само до амбуланта или аптека. Екипите пак  на ЕВН, Водовод и канализација и топлификација смее да се движат само со претходна најава на – 192.Исклучок од мерките се припадниците на полицијата, армијата, противпожарните служби, како и вработени во Комуналната хигиена кои се на смена на работа.ШТО ЗНАЧИ, ОДНОСНО ПРЕТСТАВУВА ПОЛИЦИСКИ ЧАС?Полицискиот час се однесува на времето во кое граѓаните се бара да останат во своите домови.Полицискиот час се воведува како мерка за забрана на граѓаните да се движат по одреден временски период.Понекогаш ова се однесува на часови од денот, а понекогаш и на забраната за движење после 8 часот или 10 часот до раните утрински часови.Како по правило, тој се прогласува како дел од сетот на итни мерки и е мерка преземена главно кога има вонредна или воена состојба, кога има поплави и слично.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

90545393_1530318937145724_348042150845349888_n

Спасовски потврди за полицискиот час: Се забранува движење од 21 до 6 часот

“Вечерва на седница на Владата на Република Северна Македонија донесовме одлука за воведување најрадикални мерки со цел да го заштитиме здравјето на граѓаните од коронавирусот. Од утре започнуваме со ограничување на движењето на сите граѓани (полициски час)“, пишува премиерот Оливер Спасовски.„Се забранува движење на населението во периодот од 21 до 06 часот секој ден! Нема компромис кога е здравјето на граѓаните во прашање, мерките мораме сите да ги почитуваме, само така ќе си ги спасиме народот и државата“, додава Спасовски.https://www.facebook.com/o.spasovski/photos/a.319952798182350/1530318933812391/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

oliver-2

(ВИДЕО) Полициски час, одлучи Владата

Вонредно обраќање на претседателот на Владата Оливер Спасовски.Владата ги усвои предлозите на Комисијата за заразни болести за полициски час. Според непотврдени информации, полицискиот час ќе трае од 21 часот до 6 часот наутро. Потоа, од 6 часот до 21 часот би важела забрана за собирање во групи. Дозволено ќе биде само одење во болница, а ако ве застане полиција по прегледот, ќе мора да имате медицинска документација за да се оправдате. Со вас, ќе може да дојдат најмногу две лица. Освен овие мерки, усвоени се и други, кои техничкиот премиер Оливер Спасовски ќе ги соопшти на вонредната прес-конференција. 

Македонија | пред 6 години

rusenje

(ВИДЕО) Шилегов: Го рушиме Медицинар во Клинички центар за потребите на просторот околу Инфективна клиника

ФБ статус на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов:-Го рушиме Медицинар во Клинички центар за потребите на просторот околу Инфективна клиника.Го помагаме Министерството за здравство и Клиничкиот центар.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3193292734228636&set=pcb.3193297087561534&type=3&theaterhttps://www.facebook.com/petreshilegov/videos/pcb.3193297087561534/3193292367562006/?type=3&theater 

Скопје | пред 6 години

90439009_2599067817038526_5664818845584457728_n

Додека власта води војна со вирусот некој гради дивоградби

Охрид СОС на својата ФБ страна објави фотографии на кои се гледа дека некој гради објект на брегот на Охридско Езеро на потегот каде има десетици дивоизградени хациенди и вили.ПОСТОТ НА ОХРИД СОС ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ:Охрид SOS8 ч. · РЕНОВИРАЊЕ ВО ВОНРЕДНА СОСТОЈБАДеновиве, намаленото движење на луѓето некои наши сограѓани го искористија за да извршат одредени градежни работи, без да бидат забележани. Сепак, до нас стигнаа овие две фотографии, каде на брегот од Охридското Езеро, на стотина метри од бетонската база на советникот Усеини, се поставуваат темели на објект. Откако пред неколку години тогашната владејачка партија овозможи овие „хациенди“ на потегот од хотел „Далјан“ до специјалната болница „Све...Види повеќе

Македонија | пред 6 години

21032020_PVRSM_Spasovski_ekonomski_tim1

На иницијатива на премиерот Спасовски се одржа состанок на економскиот совет, ад-хок тело за насоки и препораки за справување со последиците по економијата, стопанството и финансискиот сектор

На иницијатива на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски, денеска се одржа состанок на економскиот совет, ад-хок тело од кое треба да произлегуваат насоки и препораки за справување со последиците по економијата, стопанството и финансискиот сектор од коронавирусот, во кое учествуваат претставници на Академијата на науките и уметностите на Република Северна Македонија (МАНУ), на претставници на универзитетските заедници, на деловната заедница, како и претставници стопанските комори и на опозицијата.На состанокот учествуваа и заменичката на претседателот на Владата задолжена за координација на економските ресори Мила Царовска, министерката за финансии Нина Ангеловска, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.Учесниците на состанокот на економскиот совет, на кој денеска учествуваа Таки Фити, Абдулменаф Беџети, Зоран Јовановски, Фатмир Бесими, Трајко Славевски, Гордана Димитриеска Кочоска, Никола Поповски, Ванчо Узунов, Светозар Јаневски, Павле Гацов, Борче Треневски, Марјан Петревски, Андреја Јосифовски, Виктор Мизо, Драган Тевдовски, Предраг Трпевски, како и претставниците на стопанските комори Даниела Арсовска, Бранко Азески, Анета Пешева и Неби Хоџа нагласија дека најважниот фокус на мерките за поддршка во справувањето со последиците од коронавирусот треба да финансиската поддршка на здравствениот систем за да се превенираат и последиците по јавното здравје за да не се случи подраматично влијание и штети во економскиот и финансискиот сектор.Премиерот Спасовски во завршниот дел од состанокот се заблагодари за укажувањата, насоките и препораките, и рече дека Владата ќе биде целосно посветена да ги прифати и примени најсоодветните мерки за заштита на здравјето и безбедноста на граѓаните, како и за условите за одржување на економијата во оваа ситуација.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

Ohrid-1

(ФОТО) Граѓаните не почитуваат апел, излегоа да се шетаат по кејот на Охридското Езеро

Топлото време повторно ги натера граѓантие за излезат надвор и да прошетаат на сонцето и покрај препораките на Владата дека мора да останат во своите домови поради заштита од корона вирусот.Раздвиженост по кејот има во Охрид.  Во градот овој период има и жители на други градови кои имаат викендици, како и станови. Но ова што се случува денеска е спротивно на препораките и апелите на владата која постојано повторува да не се излегува надвор доколку нема потреба. Засега никој не може да се казни за оваа граѓанска непослушност, бидејќи станува збор за мерка, но не и забрана. Токму поради ова денеска се размислува за поригорозна мерка поточно воведување полициски час, односно, рестрикција во движењето.Владата чека известувања од повеќе институции, како и Комисијата за заразни болести за днвевните и ноќните рестрикции со цел да ги усвои на владина седница.Ваква слика можеше да се види и во Скопје во текот на вчерашниот ден, кога жителите се шетаа по кејот на Вардар.Инаку бројот на заболени денеска до 12 часот е 9, а детали ќе се изнесат во 15 часот на прес конференцијата на минситерот за здравство Венко Филипче.

Македонија | пред 6 години

amir-or

Израелскиот поет Амир Ор е добитник на наградата „Златен венец“ на СВП за 2020 година

Добитник на „Златен венец“ за 2020 година, главната награда на „Струшките вечери на поезијата“, е израелскиот поет, романописец и есеист Амир Ор.Според востановената традиција, оваа одлука се соопштува од Управниот одбор и Дирекцијата на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ на Свечена седница, што се одржува во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), но заради почитување на мерките за заштита од COVID-19, се ограничуваме на соопштение до медиумите.Наградата на лауреатот ќе му биде врачена на поетското читање „Мостови“, една од централните манифестации на  годинешното издание на фестивалот, предвиден да се одржи од 26 до 31 август.Во образложението на одлуката, проф. д-р Елизабета Шелева, претседател на Управниот одбор на „Струшките вечери на поезијата“,потенцира:„Амир Ор е интригантен автор, кој доаѓа и се надоврзува на една, исклучително богата, интригантна и влијателна книжевна и културна традиција, како што е еврејската, која себеси постојано се градела низ вековите како своевиден палимпсест и синтеза на плодоносни гео-културни вкрстувања и разновидни творечки  практики.Уште на прв поглед и читање, творештвото на Амир Ор плени со својата вибрантност и енергетски полнеж, непресушниот копнеж и радикалната потрага по новото и непознатото, извонредната сугестивност на лирската интонација, како и повеќеслојната симболика на античката митологија, што моќно ги проникнува овие, дијалошки обликувани стихови и молбени обраќања кон лирското Ти – кон Другиот/Другата.Поезијата на Амир Ор е впечатлива, приемчива, поезија која не му дозволува на читателот да остане рамнодушен, изобилно натопена со својот сочен, свеж, императивен јазик, со танцувачкиот динамичен ритам на стихот, со комплексните, емоционални и духовни немири, изнедрени „директно од бедрото“.Амир Ор е водечки израелски поет, писател и есеист, познат како главниот глас на новата генерација од светската книжевност. Автор е на 13 збирки поезија, од кои најнови се: Плен – избрани песни 1977-2013 (2013), Крилја (2015) и Дете (2018). Неговите песни се преведени на 50 јазици и биле објавени во поетски списанија, антологии и книжевни веб-страници, како и во 33 книги низ Европа, Америка и Азија. Негови романи се Песната на Тахира (2001), фиктивна епопеја во стихови, и Кралството, роман за животот на кралот Давид.Ор е добитник на израелски и меѓународни поетски награди, како што се: писателската награда „Фулбрајт“ во 1993 г., признанието „Плејади“ во 2000 г. за неговиот „значаен придонес кон модерната светска поезија“, наградата „Бернстајн, „Премиерската награда за литература“ во 1996 г., наградата „Оенеум“ на Тетовскиот поетски фестивал во 2010 г., „Поетската награда за песна посветена на виното“ во 2013 г. од Струшките вечери на поезијата, меѓународната награда „Стефан Митров Љубиша“ од Градскиот театар „Будва“, наградата „Европски атлас на лириката“ во 2016 г., наградата „Светот низ поезија“ во 2017 г. од Блу Мет Монтреал за „неверојатната длабочина и квалитет на неговата поезија“, наградата „Европски Хомеров медал за поезија и уметност“ во 2019 г., наградата за животно достигнување на директоратот „АКУМ“ во 2020 г., како и бројни стипендии од Универзитетот Ајова, Еврејскиот институт на Универзитетот Оксфорд, Фондацијата „Валпараисо“ од Шпанија, „Замок Хоторнден“ од Шкотска, Ирската фондација „Хајнрих Бел“, Фондацијата „Ле Трел“, како и „Прага, град на културата“ на УНЕСКО, меѓу другите.Амир Ор на еврејски превел 10 книги проза и поезија, меѓу кои: Евангелие по Тома, Растргнувачки копнеж – антологија на грчка еротска поезија, Приказни од Махабхарата, како и преводи на модерни поети, како Шејмас Хини, Ан Секстон, Шунтаро Таникава, Џиди Маџија, Фиона Сампсон и Анастасис Вистонитис. Неговите избрани преводи Од еврејската страна беа објавени во 2017 г. За неговите преводи од старогрчки јазик, тој е добитник на Почесната награда од израелското Министерство за култура.Ор е роден во Тел Авив, 1956 г. Неговите баба и дедо емигрирале од Полска во 1930-тите и пристигнале во Израел како ционистички пионери. Тој е потомок на прославена династија рабини, меѓу кои Елимелех од Лежајск и Раши, чие фамилијарно стебло се протега дури до кралот Давид. Во неговите дваесетти, Ор живеел неколку години во Холандија и во Индија каде што учел медитација и техники за личен развој. По враќањето во Израел, тој основал центар за медитација и терапија, како и спиритуална заедница во Ерусалим. Студирал филозофија и компаративна религија на Еврејскиот универзитет во Ерусалим каде што и држел предавања за античката грчка религија.Во 1987 г. Ор дебитира со Гледам низ очите на мајмунот за која ја добива книжевната награда „Хари Харшон“ на Еврејскиот универзитет. Неговите книги Лица (1991), Откупнина на мртвите (1994), Па! (1995) и Песна (1996) следат потоа. Објавил голем број написи, статии и есеи за книжевност, општество, компаративна религија и за класиците, а пишувал и книжевна колумна за „Хаарец“. Неговите избрани есеи Дискурс беа објавени во 2018 г. (Hakibutz Hameuhad publishers, TA).Во 1990 г. Ор го основа Друштвото Хеликон за напредок на поезијата во Израел. Во 1993 г. ја формира Арапско-еврејската поетска школа Хеликон, каде што развива пионерски интегрирани методологии за учење на креативно пишување. Ор предавал во Израел, САД, Европа и Јапонија. Во 2001 г. го основал Меѓународниот поетски фестивал „Шаар“ и работел како негов уметнички директор.Ор работел како главен уредник во списанието Хеликон, како и на серијата поетски збирки издадени подоцна. Бил уредник и на други книжевни списанија, како и на неколку антологии од еврејски на различни европски јазици. За неговите уреднички придонеси, тој е добитник на Наградата за уредништво на Министерството за култура во 2017 година.Ор е национален координатор на проектот „Поети за мир“ поддржан од ОН, основач на Светското движење за поезија и на Европската асоцијација на програми за креативно пишување.Во поздравното обраќање до македонската јавност, Амир Ор нагласува:„Не можам да искажам колку возбуда и задоволство ми причини веста за добивањето на наградата Златен венец. Струга е преплетена во моето поетско патување над 20 години, откако мојата книга Давејќи се, дишам жива вода беше објавена во едицијата Плејади во 2000 година, долги години пред мојата избрана поезија да биде објавена на српски или бугарски јазик. Бев сведок преполн со восхит на овој годишен собир на истакнати претставници на нашата Меѓународна поетска република, кога Бонфоа, Транстромер и мојот пријател В. С. Мервин беа добитници на престижниот Златен венец на поезијата, и со враќањето тука во 2020 година како лауреат, чувствувам дека мојата работа е наградена заради тоа што овде се има слух и љубов за поезијата . Кога се враќам во Струга и Охрид, знам дека сум помеѓу луѓе кои читаат поезија, луѓе со префинет вкус за поезија, кои имаат потреба за почит кон уметноста на поезијата, луѓе кои ја разбираат нејзината длабока вредност и уникатно значење преполно со мудрост, убавина и дијалог, со мечта и креативност, како и со слободата индивидуално да размислуваме и да чувствуваме.“фото: Impuls Portal 

Македонија | пред 6 години

iveqgpr0mxohbhtipzy0

МВР: Лажни наградни игри на социјалните мрежи, граѓаните да не наседнуваат

На социјалната мрежа Facebook забележани се групи кои претставувајќи се како официјални групи на правни субјекти и државни институции во нашата земја организираат разни наградни игри и ги доведуваат во заблуда граѓаните. Од граѓаните бараат да ги споделат нивните лични податоци и документи [лична карта, пасош] како и нивните податоци од платежни картички, а со единствена цел искористување на нивните лични податоци за понатамошни криминални активности.Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на измами од ваков тип и да не ги споделуваат нивните лични податоци, а МВР презема активности во склоп на своите надлежности.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

struga

(ФОТО) Ма кои препораки и мерки, денеска во Струга е пазарен ден

Владата преку министертвото за здравство прави се во земјава што помалку лица да заболат од корона вирусот, поради кој многу помоќни држави паднаа на колена. Секојдневно преку медиумите се повторуваат апелите за самоизолација како најлесен начин да се избегне инфицирање со овој вирус. Но, голем дел од граѓаните очигледно сеуште не се свесни за состојбата во регионов, па упорно си тераат по свое.Вчера и денеска имаше големо раздвижување скоро во сите градови. На социјалните мрежи се постираат слики од Скопје, како граѓаните се шетаат и уживаат во убавото време на кеј во Скопје во Охрид на патеката од кај мостот но и покрај самото Езеро.Но, се чини дека најалармантна е ситуацијата во Струга, каде денеска е пазарен ден. На социјалната мрежа фејсбук се споделува слика токму од пазарот во Струга. На неа се гледа како огромен број граѓани кои немаат ни заштитни маски ни ракавици се упатиле да пазарат или прошетаат чисто да ги видат цените, а при тоа се буквално еден до еден при разминување. Ова е  крајно спротивно на препораките од здраствените работници кои ПРЕПОРАЧУВААТ да не се излегува доколку нема потреба и при тоа да се внимава од блиски контакти со други луѓе поточно растојанието да биде на метар и половина.Очигледно како што кажа министерот за здравство Венко Филипче, Владата ќе биде приморана да превземе поригорозни мерки, како на пример полициски час.Поригорозните мерки се веќе доставени до Владата, а за нив ќе се одлучава на седницата попладнево.фото: ФБ

Македонија | пред 6 години

Petar-bogojeski

(ВИДЕО) Богојески: Наместо за кампања, парите за заштитни маски!

Македонски концепт сите пари за промоција на кандидати ги пренаменува за набавка на заштитни маски, кои ќе ги донира во болниците и ранливите категории на граѓани. Нивните волонтери им се ставаат на располагање на државните институции да помигнат онаму каде што е потребно, истакна во своето видео обраќање Петар Богојески.https://www.facebook.com/1949361315345812/videos/866618110427781/?v=866618110427781

Македонија | пред 6 години

Ohrid-2

Граѓаните не ги почитуваат мерките, Филипче најавува поригорозни

Мерките за изолација од страна на голем број граѓани не се почитуваат и покрај препораките на Владата за самоизолација. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека поради непослушноста веќе се подготвени поригорозни мерки кои ќе бидат разгледни попладнево на владина седница.„Очигледно е непридржувањето до мерките, очигледно е дека има сериозна бројка граѓани кои апелите, пораките и ризикот не го земаат сериозно. Имаме одговорност мерките да ги заостриме, бидејќи тие ќе имаат логика и ќе дадат резултати само ако целосно се почитуваат“, истакна министерот Филипче.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

655-402-bebe

Eдномесечно бебе почина во Скопје, Јавен обвинител побара обдукција

На 20.03.2020 во 06,47 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во дом на ул.„Славеј планина“ имало починато новороденче. Полициски службеници излегле на местото на настанот, по што утврдиле дека се работи за бебе старо само еден месец.Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

04032020_MZ_Filipche_pres-konferencija-1

(ВИДЕО) Тендерот за респираторни машини е поништен, но во моментов државата не се соочува со проблем од недостаток

Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес конференција истакна дека ниту една фирма не ги исполнила критериумите на тендерот за набавка на респираторни машини, поради што истиот е поништен. Министерот појасни дека ниту еден од економските оператори не можел да го задоволи критериумот за итност на набавката, поради што оваа постапка ќе биде повторена преку Владата.Министерот потенцираше дека и покрај тоа што тендерот е поништен , во моментов државата не се соочува со проблем на респираторни машини, бидејќи и светските искуства говорат дека само 5 проценти од пациентите имаат потреба да бидат ставени на респираторна машина.Инаку во земјава од засега инфицираните 85 пациенти на респираторна машина е ставена само првозаразената жена од Дебар, која од вчера е во критична состојба.https://www.facebook.com/VladaMK/videos/656420605114238/

Македонија | пред 6 години

arena

Филипче: Салите може да ги направиме болници, но само ако мора, Ние повеќе го разгледувавме германскиот систем на лекување, во кој сите пациенти со полесна слика се на домашно на лекување

На прес конференцијата денеска министерот за здравство, Венко Филипче, запрашан дали ќе го следи примерот на Бугарија и на Хрватска, кои ги оспособија своите најголеми сали како резервни болници, министерот истакна:„Ја спомнавме и оваа можност, дискутирана е, но сметаме дека такво нешто би преземале дури во некоја понапредна фаза или, како некоја последна мерка. Имаме околу 500 кревети кои се оспсобени и би можеле да ги користиме за такво нешто, но засега експертите сметаат дека не е потребно. Ние повеќе го разгледувавме германскиот систем на лекување, во кој сите пациенти со полесна слика се на домашно на лекување, а во болница се оние кои мора да се на респираторни машини и оние на кои би можела да им биде потребна помош“, изјави Филипче.Инаку ова прашање се актуализира, откако се објавија фотографии на кои се гледа дека загрепска „Арена“ и  Софиски „Армеец“ веќе се оспособени како резервни болнички капацитети, со кревети на паркетот, за случаи кои не се во многу сериозна состојба. Во нашата земја такви капацитети би можеле да бидат двете најголеми сали, „Борис Трајковски“ и „Јане Сандански“.фото: ФБ

Македонија | пред 6 години

06032020_VRSM_Filipce_pres

Од понеделник тестирање за корона вирус ќе може да се закаже преку „Мој термин“

Од понеделник, лицата кои сакаат да се тестираат за коронавирусот, доколку ги исполнуваат критериумите според утврдените алгоритми, тоа ќе можат да го сторат преку матичните лекари преку „Мој термин“, извести министерот за здравство Венко Филипче.Преку „Мој термин“ ќе се закажува земањето брисеви на двата пункта во поликлиниките „Јане Сандански“ и во Чаир. Од денеска ќе почне да функционира и кол-центарот во Здравствен дом – Скопје, а телефонскиот број дополнително ќе биде објавен во текот на денот, со оглед на тоа што телефонските броеви во Институтот за јавно здравје се преоптерени, потенцираше министерот.Филипче додаде дека на овие броеви можат да се јават сите лица на кои им требаат дополнителни информации во врска со коронавирусот или да се јават доколку имаат симптоми на вирусот. Филипче извести дека здравствените работници се целосно мобилизирани и дека се третираат само итните и малигни случаи.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

kekenovski

(ВИДЕО) „Никогаш северна-само Македонија“: Владата ургентно да додели по 500 евра на секое семејство

Коалицијата „Никогаш северна-само Македонија“ смета дека Владата треба да им излезе во пресрет на се потешката ситуација на граѓаните. Тие предлагаат на граѓаните да им додели по еднократка парична помош од 500 евра за секое семејтво.„Сметаме дека овие средства не се многу големи за буџетот, од причина што истите ќе бидат наменети исклучиво за егзистицијални потреби и за потреби за одржување на хигиената.Доколку Владата не се согласи со оваа алтернативна мерка, ние предлагаме и друга. На секој државјанин во Р Македонија, присутен во моментов во земјава да им додели еднократна парична помош од 150 до 200 евра, а од оваа категорија да бидат исклучени сите лица кои пријавиле приходи од над 1000 евра на месечно ниво , средношколците како и помладите категории на граѓани.На овој начин сметаме дека земјава ќе покаже грижа за своите граѓани, истакна во име на коалицијата  „Никогаш северна-само Македонија“ , професорот Јове Кекеновски.Изјавата на професорот Кекеновски во целост во продолжение. 

Македонија | пред 6 години

Pobednik-Den-3-Petar-Prentovik

(ФОТО) Фотографија на Петар Прентовиќ е победник за вчера на конкурсот на Град Скопје

Фотографија на Петар Прентовиќ е победник на вчерашниот ден, на конкурсот на Град Скопје за избор на автентични фотографии, видеа или гифови од домовите на граѓаните кои го поминуваат времето во изолација сами, со нивните семејства или со милениците. Фотографијата на Прентовиќ, која на интересен начин го истражува тројството во секојдневието и на мошне креативен начин го доловува расположението на скопјани во овој историски миг, е избрана во конкуренција од голем број на фотографии.Градот Скопје ги поканува граѓаните да продолжат да ни испраќаат фотографии/видеа/гифови како го поминуваат денот дома. Својата фотографија, видео или гиф граѓаните едноставно треба да ја постават на фејсбук страницата СкопјеДома, користејќи ги хаштаговите #СкопјеДома и #ShkupiNëShtëpi. Тоа е доволно за учество во овој креативен конкурс. Победниците ќе се објавуваат секој ден, на истата фејсбук страница.За најкреативните, Градот Скопје ќе доделува награди во висина до 100 евра, а изборот ќе се прави секој ден. Претходно, награди на конкурсот добија и Лариса Митиќ и Јехона Спахиу.Да останеме дома за да го спречиме ширењето на корона вирусот

Скопје | пред 6 години

om-2020-soopshtenie

ОМ: Воведување на евтина тарифа на електричната енергија за времетраење на безбедносните мерки

Обединети за Македонија е со став дека сериозноста на состојбата  упатува на потреба од соодветни чекори и решенија.Меѓу првите би требало да биде воведувањето на евтина тарифа на  електричната енергија за времетраење на безбедносните мерки.  Изолацијата во домови секако ќе влијае врз зголемувањето на  потрошувачката на електрична енергија. Од таму, апелираме да се воведецелосна евтина тарифа, се додека се во сила безбедносните мерки, со цел да им се олесни и помогне особено на оние со ниски примања и други социо-економски проблеми.За нив ресорните министерства би требало да организираат распределба на социјални пакети и друг вид помош, се вели во соопштението од Обединети за Македонија.Тие уште  ја информираат јавноста и дека со одлука на Претседателството на Обединети за Македонија, сите партиски активности се пасивизирани.фото: Обединети за Македонија

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања