Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

NAJNOVA-VEST-KORONAVIRUS

Втор смртен случај од коронавирус, овојпат на Инфективна клиника

Министерството за здравство информира дека ноќеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент заболен од коронавирус. Се работи за маж на 63 годишна возраст од Дебар, кај кого дошло до нагло влошување на состојбата.Пациентот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби на 17 март, без покачена температура, но со наод на белите дробови и бил зависен од кислород. Во текот на ноќта нагло се влошува неговата состојба, веднаш е интубиран, ставен на респираторна машина, но во неколку часа неговата состојба дополнително се влошила и пациентот починал. Пациентот немал позната историја на коморбидитет.

Македонија | пред 6 години

viber_image_2020-03-22_21-31-24

(ФОТО)Чулев со полицајците на скопските улици за време на полицискиот час

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев синоќа ги посети полициските пунктови на територијата на град Скопје преку кои полициските службеници го контролираат спроведувањето на одлуката на Владата со кое се ограничува движењето на граѓаните во периодот од 21 до 06 часот.Полициските службеници не се сами во извршување на нивните обврски, тука е поддршката од мене и поддршката од сите граѓани кои со почитување на одлуката на владата покажуваат исклучителна почит кон униформираните лица кои се грижат за нашата безбедност и нашето здравје, нагласи Чулев.Тој истакна дека со силна меѓусебна поддршка можеме заеднички да придонесеме во борбата против вирусот кој е заканата за нашето здравје и нашите животи.  Воедно апелираше до граѓаните да останат во своите домови, за себе за своето здравје и за својот живот.Состојбата на терен е мирна и најголемиот дел од граѓаните ја почитуваат одлуката на владата. Министерството за внатрешни работи вечерва ќе постапи превентивно, односно ќе ги предупреди граѓаните кои го прекршуваат ограничувањето на движењето, а веќе во текот на утрешниот ден полициските службеници ќе преземаат мерки за санкционирање на граѓаните, истакна Чулев при вчерашната посета. фото: МВР

Скопје | пред 6 години

koronavirus

На 14 пунктови ќе се земаат материјали и брисеви за тестирање за коронавирус

Од денеска во земјава почнуваат да функционираат вкупно 14 пунктови за земање материјали и брисеви за тестирање за коронавирус. Во Скопје пунктовите ќе бидат сместени во поликлиниките „Чаир“ и „Јане Сандански“.– Ќе се тестираат граѓани по епидемиолошки индикации и со закажување по претходна најава кај матичниот лекар кој ќе треба да пополни алторитам што ќе укаже на тоа дали граѓанинот треба да биде тестиран или не. По вчерашниот координативен состанок со Здружението на матичните лекари тие целосно се вклучија во поддршка на овој систем на идентификација на рано откривање, зголемување на пристапот на пациентите односно граѓаните прво до дијагностика, а после и до спроведување и извршување на тестовите, истакна министерот за здравство Венко Филипче.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

90511176_2905743952802024_4896503364457594880_n

Ноќеска во Охрид обид да се ограби „Тинекс“

Засега непознати сторители додека траел полицискиот час околу 3 часот после полноќ со камен ја искршиле влезната врата на супер маркетот на „Тинекс“ на улица „7-ми Ноември“ во Охрид. Од нападот искршена е вратата и не е причинета друга штета, а арамиите не украле ништо вредно.

Македонија | пред 6 години

Katica-Janeva-Reket-Boki-13-skopje1mk

Пандемијата го одложи судењето за „Рекет“

Судењето за случајот „Рекет“ се одлага затоа што адвокатите на Катица Јанева го известиле Судот дека користат мерки на Владата кои ги ослободуваат од работни обврски во време на пандемијата на „Ковид 19“.Влада предвиде низа мерки со кои поедини категории од населението се ослободуваат од работни обврски во време на вонредната состојба со пандемијата.

Македонија | пред 6 години

ohrid-7

(ФОТО и ВИДЕО) Охриѓани го почитуваат полицискиот час

Охрид вечерва под полицискиот час. Ваква е сликата вечерва во Охрид во 21 часот, откако на сила стапи полицискиот час. Охриѓани ги почитуваат мерките и ограничувањата за движење од 21 до 06 часот. Охрид, вечерва е празен а на улиците само полициски службеници кои се грижат за безбедноста, вршат патрола низ градот и приградските населби со цел доследно спроведување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот.„Охриѓани ја покажаа свеста и совесноста. Сепак, апелирам да седиме дома и да не излегуваме без нужна потреба“, вели портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Македонија | пред 6 години

Vasko-Eftov-Vo-Centar-18-2-18

Ефтов до Мукаетов, Камчев и Мицевски: Можете да давате милиони на о**спии и Боки 13, а за државата немате?!

Во последната емисија новинарот Васко Ефтов ги прозва македонските бизнисмени и сопственици на фирмите Живко Мукаетов (Алкалоид), Орце Камчев (Орка Холдинг и Сиситна) и Силјан Мицески - сопственик на разни фирми за ископ на јаловина во РЕК Битола кои ги праша јавно колку пари давале на како што рече ороспии по телевизиите и на Боки 13, а сега кога земјата е во најголема криза и државата незнае што да прави за да ги спаси работните места, тие глумеле добротвори кои немало да ги намалат цените на производите и ќе помагале со нивните хотели и болници.Ефтов прво ја прозва фирмата „Алкалоид“ чиј сопственик е Мукаетов кого го праша дали не се срами да дава соопштенија дека нема да ги намали цените на производите, цените кои во ова време на болест треба да ги намали бидејќи народот му ја простил приватизацијата, му ги простил кредитите во „Македонска Банка“, а  „Алкалоид“ бил приватизиран со помош на извесен Тошо Каргов.Ефтов ги праша од „Алкалоид“ од кој народ се парите кои ги трошеле во Монте Карло и на скапи мерцедеси.Потоа Ефтов го прозва Орце Камчев кого го праша како можел да наброи милиони евра за Боки 13 и разно разни како што рече старлети по телевизиите, а за народот немале пари.Пари и пари направивте, ја приватизиравте со парите од овие луѓе, земавте кредити на незаконски начин од Македонска Банк,а како сте ги земале кредитите, како сте ја заложувале фабриакта, од грбот нан ародот печалите од здравјекто, па ги коцкате и сега велите нема да ги зголемите цените ? Па срам да ви е !„Камчев сега ќе ги давал болниците и хотелите, а да го прашаме од каде му се болниците и хотелите“ ?Ефтов порача народот да памти и дека некоја нова власт која нема да е оваа на Заев нити на Мицкоски ( за кои релче дека олигарсите ги купиле со пари ) ќе ја испита приватизацијата и потеклото на капиталот на сите овие фирми, а на народот му порача да не купува производи од овие фирми кои немаат квалитет и не можат да извезуваат никаде подалеку од Бугарија и Србија.ВНИМАТЕЛНО ГЛЕДАЈТЕ ШТО ИМ КАЖА ЕФТОВ НА НАШИТЕ БИЗНИСМЕНИ?t=1251 

Македонија | пред 6 години

90401618_3688742481200307_617955406307655680_n-1

(ВИДЕО) Премиерот Спасовски во контрола на полицискиот час

Премиерот Оливер Спасовски во обиколка на Скопје каде прв пат во историјата се спроведува мерката  „Полициски час“.ВИДЕО ИЗЈАВАhttps://www.facebook.com/o.spasovski/videos/215513522866948/

Македонија | пред 6 години

paskali-111

(ВИДЕО) Нуркачот Паскали на Денот на водите сам во Езерото

На Денот на водите охридскиот нуркач Никола Паскали  денес сам се нурна во Охридското езеро од каде што вадеше отпад коj го фрлиле луѓе кои немаат воопшто грижа за Езерото и за екологијата."Денес бев сам во Езерото",кусо изјави нуркачот Паскали.

Магазин | пред 6 години

koronavirus-100

Состојбата на жената која почина во Куманово од коронавирус низ деновите

Последна прес-конференција на министерот за здравство, Венко Филипче:Прегледот прв е на 16 март, дошла со температура и без други симтоми. Според кажувањата, веднаш била направена епидемиолошка анкета и таа одговорила дека немала контакт со заразени и дека не патувала во странство.Следниот ден дошла со синот, кога имала температура и немаат кашлица. Имало епидемиолошка анкета и таа била иста како претходниот ден, според кажувањата од болницата.Следните два дена примале терапија. На 17 и 18 март немале кашлица.На 19 март имале потежок наод, со ренген снимка е констатирана плеувмонија и сместени се во одделот за изолација. Тогаш и кај мајката и кај синот се земаат брисеви, материјал за корона тест.На 19 и 20 март направени се во два наврати анализи на материјалот. На 19 на двајцата и тие се негативни.На 20 се повторува тестот на мајката, според препораките на СЗО и тој е негативен.На 21 состојбата се влошува. Направени се обиди за реанимации, но неуспешно.Посмртно е земен уште еден материјал кој е испитан и тестот е позитивен на коронавирус.Преиспитани се материјалите земени ицијално и потврдено е дека тие се негативни.Консултиравме литератури и експрти, тестот не е 100 проценти сензитивен и тоа е докажано.Сега се прави епидемиолошка анкета со сите здравствени работници и од кажувањата ќе се постапи согласно информациите, податоите и начинот на пристапување за соодветни тестирања.

Македонија | пред 6 години

ekonomski-merki

Богојески:На што личи оваа лицитација со “економски мерки” од политичкиве партии?!?

ФБ статус на Петар Бојески – Македонски концепт:На што личи оваа лицитација со “економски мерки” од политичкиве партии?!?На што личи ова политиканство?!?Кој од кого поголема глупост да тресне… па нека биде што биде!Каде е науката?!?Каде е академијата?!?Каде се економските експерти во земјава?!?Самиот факт што сите “мерки”, предложени од двете коалиции, кои заедно, сложно седат во Владата – Обнова на бандитизмот и (НЕ) Можеме, удираат по чебот на обичниот граѓанин, а никаде ги нема мафијата, олигарсите и банкарите, докажува дека се целосно контролирани од еден центар и продолжуваат да го држат народот под мафијашко ропство!Сега е потребен разум и експертиза!Сега е потребно да проговорат нормалните!Сега се потребни слобода, спокој и солидарност, напиша Богојески на ФБ.фото: ФБ

Македонија | пред 6 години

venko-filipce

Филипче: Денеска е трагичен ден за сите нас - коронавирусот ја зема и првата жрвта

ФБ статус на министерот за здравство Венко Филипче:-Изразувам искрено сочуство до семејството и најблиските на пациентката која почина од КОВИД-19. Денеска е трагичен ден за сите нас - коронавирусот ја зема и првата жрвта во нашата земја. Се работи за 57 годишна жена од Куманово, која докторите и покрај своите максимални напори не успеаа да ја спасат.Се надевам дека по овој трагичен случај сите граѓани, до еден, конечно ќе ја разберат сериозноста на ситуацијата во која се наоѓаме. Здравствените работници, Владата и сите државни служби прават сѐ во своја моќ да помогнат и ги преземаат сите потребни чекори. Но, сега, како никогаш досега, ни треба помош и од секој од вас. Апелирам повторно, да ги почитуваме мерките, без исклучок! За живот се работи.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Бачев до владата: Веднаш барајте помош од Русија и Кина

Доцна попладнево во изјава за медимуите Јанко Бачев во името на Коалицијата „Никогаш северна-само Македонија“ во изјава за јавноста истакна:-Кризата со коронавирусот во Република Македонија се повеќе се шири и се очекува до крајот на месецот да го достигне максимумот. Од друга страна, гледаме власта во Република Македонија нема капацитет да се справи со оваа кризна состојба од објективни, а во добар дел и субјективни причини, истакна претседателот на „Единствена Македонија“, Јанко Бачев. Бачев додаде:Исто така, стратешките сојузници на власта во Скопје - НАТО и ЕУ не оставија на цедило. Нели сојузништвото подразбира да биде челично, да се дели и добро и лошо. Но, народски кажано НАТО и ЕУ не истумбаа на првата кривина. Потврдата дојде директно од Брисел. Пред два дена Европската комисија соопшти дека ЕУ не дозволува да увеземе заштитна опрема потребна во борбата против коронавирусот.Затоа, во оваа драматична состојба кога народот е во паника и преплашен упатувам драматична порака до власта веднаш да побараат помош од Русија и Кина и тоа, не само помош во заштитна опрема, туку помош и во стручни лица, пред се виролози и епидемиолози кои во Македонија заедно со нашите тимови ќе ја бијат битката со коронавирусот. Ова е единствениот начин да го заштитиме народот.За да ја добиеме битката со коронавирусот потребно е знаење, способност и достигнување. Владата во Скопје во овој момент го нема тоа.Свесни сме дека за марионетската власт во Скопје и Зоран Заев и самото спомнување на зборот Русија и Кина предизвикува одбојност. Свесни сме дека власта во Скопје и Зоран Заев се преплашени од нивните странски газди во Брисле и Вашингтон да не им свикаат доколку побаарат помош од Русија и Кина.Но, во овој момент сето тоа е небитно. Сега е најважно здравјето на народот. Здравјето на луѓето не трпи политички калкулации. Само така ефикасно ќе ги елиминираме последиците од оваа здравствена катастрофа.Веднаш барање за помош од Русија и Кина. За ова е потребно официјално барање од владата. Господа од владата, потребен ви е само еден лист хартија или еден телефонски повик до Москва и Пекинг. Ние во коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ само може да потврдиме дека доколку се упати барање, помошта од Кина и Русија ќе дојде. Тоа го тврдиме со сигурност. Ние во Коалицијата „Никогаш северна-само Македонија“ го правиме потребниот чекор. Сега на ред е владата, истакна Бачев.фото: Единствена Македонија 

Македонија | пред 6 години

policija-2-1

Полицијата денеска превентивно со вклучени сирени направи обиколка низ градовите и приградските места, од 21:00 часот полицциски час

Синоќа Владата одлучи, од вечерва полициски час во земјава. Со оваа одлука се забранува движење на граѓаните од 21.00 часот навечер до 06.00 часот следното утро. Тоа ќе важи секојдневно се до донесување на друга одлука на Владата. Ваквата одлука на Владата е пред се донесена за заштита на животот и здравјето на граѓаните, а потоа и за спречување на понатамошно ширење на Корона вирусот. Полициските службеници ќе патролираат со обележани полициски возила со звучни и светлосни команди за предупредување на граѓаните.Граѓаните и во текот на денов зачестено слушаа полициски сирени.„Станува збор за превентивна мерка поради што полициските возила со вклучени сирени направија обиколка низ градот и приградските места. Од 21 часот кога почнува полицискиот час, полициските службеници ќе патролираат со вклучени ротациони светла на полициските возила“, истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.Од МВР се категорични дека мерката на Владатаграѓаните мора да се почитува во целост. Дозвола за движење ќе може да имаат само однапред утврдени категории на граѓани, на кои работните обврски им го налагаат тоа. Дозволата за движење во наведениот период ќе ја издава Министерството за информатичко општество и администрација во пишана и електронска форма и чија веродостојно ќе се потврдува преку баркод.Лицата кои ќе ја прекршат одлуката на владата на ограничување на движењето ќе бидат спроведени во полициска станица и кон истате ќе се поднесат соодветни пријави.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

filipce-2

Филипче: Се размислува да се ограничи движењето на лица над 65 години

Mинистерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција најави дека по вчерашното воведување на полицискиот час, дополнително ќе се заоструваат мерките.„Утре ќе биде дискутирано да се воведат и дополнителни мерки. Станува збор за граѓаните над 65 години за кои сметаме дека и дополнително ќе треба да им биде ограничено движењето преку ден, нормално со дозвола да се движат во раните утрински часови за да се задоволат потребите како одење до аптека и продавница, но не и преку останатиот дел на денот. Деталите ќе ги соопштиме во текот на утрешниот ден“, истакна министерот Филипче.Филипче најави дополнителни мерки и за малолетниците кои не се ризична група, но се проценуваат како лица кои може да го пренесуваат вирусот. Сепак, деталите и официјалната мерка ќе биде позната утре.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

culev

(ВИДЕО) Министерот Чулев детално за полицискиот час кој почнува од вечерва

Како што веќе знаете, на седница што ја одржа вчера Владата донесе одлука, почнувајќи од денеска, да се ограничи движењето на  граѓаните. Одлуката е донесена на предлог на Комисија за заразни болести во Министерството за здравство.Верувам дека скоро сите добро сте запознаени што значи тоа, но не е на одмет уште еднаш да потсетам дека со оваа одлука се забранува движење на граѓаните од 21.00 часот навечер до 06.00 часот следното утро. Тоа ќе важи секојдневно се до донесување на друга одлука на Владата. Ваквата одлука на Владата е пред се донесена за заштита на животот и здравјето на граѓаните, а потоа и за спречување на понатамошно ширење на Корона вирусот, истакна во своето видео обраќање министерот за здравство Наќе Чулев.Во продолжение изјавата на министерот во целост:Од оваа забрана се исклучуваат само лица кои имаат потреба од итна медицинска помош, живото-загрозувачка состојба и лица кои имаат потреба од дијализа, исклучиво во присуство од најмногу 2 лица. Доколку вакво возило биде запрено од полициски службеници, дополнително ќе се провери оправданоста на излегувањето и превозот до здравствената институција. Со оваа одлука се ограничува и бројот на дежурни аптеки и надлежните инстотуции на назначат аптеки кои ќе дежураат во рестриктивниот период. Такси компаниите се задолжуваат да воведат дежурства со ограничен број возила, а индустриските капацитети се задолжуваат своето работно време да го прилагодат согласно забраната за движење.Уште еднаш сакам да потенцирам дека овие одлуки се донесени со цел заштита на животот и здравјето на граѓаните на нашата земја и поради тоа што мерките што беа претходно донесени не беа во целост почитувани од одреден број граѓани. Затоа беше нужно од воведување на овие порестриктивни мерки.Ги повикувам граѓаните да ги извршуваат своите обврски согласно дадените препораки, согласно упатствата на медицинските лица и секојпат кога излегуваат да користат заштитни маски и ракавици и да избегнуваат блиски контакти со други лица.Воедно ги информирам граѓаните дека Координативниот штаб на владата ги задолжи Министерството за внатрешни работи, Министерството за информатичко општество и Министерството за транспорт и врски во координација со економските ресори да изготват листа на субјекти кои поради спефицичноста на извршување на дејноста која е неопходна за нормално функционирање на секојдневниот живот  ќе им биде дозволено движење. За таа цел пред малку заврши работниот состанок на кој утврдивме дека исклучоците од ограничувањето на движењето ќе важи за вработените во армијата и полицијата, потоа за одредена група вработени во здравството,  контролата на летање во МНАВ, Основното јавно обвинителство, дистрибутерите на стока и храна, вработените во обезбедување и вработените во телевизиските куќи. Секако, доколку постои потреба од итност листата на субјекти чии вработени исклучени од наредбата може да се надополни, по претходна согласност од страна на МИОА.Дозволата за движење во наведениот период ќе ја издава Министерството за информатичко општество и администрација во пишана и електронска форма и чија веродостојно ќе се потврдува преку баркод. Напоменувам дека оваа потврда е задолжителна и за останатите категории кои беа опфатени со одлуката на владата, а кои се дел од исклучокот за ограничување на движењето, односно интервентните екипи во ЕВН, телекомуникациските оператори, Водовод и јавните комунални претпријатија.  Очекувам очекувам овој систем за издавање на електронски и печатени дозволи да профункционира најдоцна во текот на утрешниот ден.Пред малку остварив работна средба со сите началници на Секторите за внатрешни работи, а во однос на мерките и активностите кои ги презема Министерството за внатрешни работи, ја информирам јавноста дека полициските службеници контролата на ограничувањето на движењето на граѓаните ќе ја спроведуваат преку патролно обезбедување и преку поставување на пунктови на одредени локации на територијата на целата држава.Полициските службеници ќе патролираат со обележани полициски возила со звучни и светлосни команди за предупредување на граѓаните.Во спроведување на контролите активно ќе бидат вклучен унифорираниот  и оперативниот, односно цивилниот дел на полицијата кој има полициски овластувања.Лицата кои ќе ја прекршат одлуката на владата на ограничување на движењето ќе бидат спроведени во полициска станица и кон истате ќе се поднесат соодветни пријави.На крајот апелирам до граѓаните да ја почитуваат одлуката на Владата, а до полициските службеници апелирам со максимална посветеност да придонесат за спроведување на одлуката, истовремено водејќи сметка за сопственото здравје.Во интерес на зачување на здравјето и животот на граѓаните во изминатиот период во рамки на сите тела на владата барав построго ограничување на движењето на граѓаните, а и понатаму ќе инстирам одлуките кои ќе се носат да бидат во таа насока.Доколку се придржувате на препораките на стручните медицински лица, доколку ги следите упатствата на надлежните и ја почитувате одлуката за ограничување на движењето си помагате сами на себе, а и на инситутциите во спречување на ширењето на  вирусот „Ковид 19“. Верувам дека никој од нас не сака сликите од европските земји, а кои се поврзани со Корона вирусот, да ги гледаме, тука и во нашата држава. Само сплотени, единствени и одговорни можеме да успееме, истакна министерот Чулев.фото: you tube

Македонија | пред 6 години

avmu

АВМУ: На сите медиуми да им се овозможи еднаков пристап за известување

Од како Владата соопшти дека министрите ќе одговараат само на прашња поставени од медиуми кои се дел од неформалниот список на „Советот за етика во меидуми“ , а попладнево Владата ги информира медиумите дека дозволи за снимање додека трае полицискиот час ќе им дава само на телевизиите се огласи „Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги“ од каде апелираат државата да има еднаков третман кон сите медиуми.Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги апелира, во услови кога е прогласена вонредна ситуација поради коронавирусот, на сите медиуми – електронски, печатени и онлајн медиуми – да им се обезбеди еднаков пристап за известување.Имајќи ја предвид неопходноста граѓаните да бидат навремено, објективно и сестрано информирани за превенцијата од ширењето на коронавирусот и мерките коишто надлежните институции ги преземаат, институциите треба да вложат максимални напори во насока на што поинклузивно и потранспарентно работење. Во овој контекст, ја повикуваме Владата и државните органи да овозможат пристап на сите медиуми на своите прес-коференции и слични настани и одговорите на сите неодговорени прашања на конференцииите да бидат објавени на нивните веб страници.Воедно, потенцираме дека сите медиуми, без исклучок, треба да известуваат професионално, одговорно и без сензационализам. Покрај ова, сите онлајн медиуми треба да имаат објавено импресум, име на авторот на текстот и податоци за сопственоста.фоот: Архива

Македонија | пред 6 години

korona-virus-3

(ФОТО)Драги роднини и пријатели, пред малку ги добив резултатите – позитивен сум на корона вирусот, од вторникот сум изолиран

ФБ статус:Драги роднини и пријатели сакам да ве информирам дека предмалку ги добив резултатите и дека сум позитивен на корона вирусот COVID-19. Сега за сега сум добар, со некои благи симптоми. Од вторникот сум изолиран во стан во Маџари со надеж дека не сум го пренел вирусот на моите дома. Сакам да апелирам до сите вас сериозно да ја сфатите целава ситуација и на секој можен начин да се заштитите. Што побавно се шири вирусот толку поголеми ќе бидат шансите за преживување на оние кај кои вирусот ќе предизвика компликации. Најголем проблем со овој подмолен вирус е што најмногу се шири кога немаш никакви симптоми. Избегнувајте близок контакт со вашите родители и баби и дедовци бидејќи тие се најризична категорија. Седете си дома, а ако веќе имате потреба да излезете обавезно носете маска и ракавици и одржувајте лична хигиена. Работава не е шала иако многумина ќе го поминат вирусот на нозе, дури нема ни да го осетат, но мора да се забави неговото масовно ширење. Во моментов најтешко ми е што сум сам без моите, но ќе издржиме. Се молам на Бога како стиснат Егеец да не сум го раширил на други луѓе. Останете ми со здравје, се гледаме кога ќе помине ова лудило...фото: ФБ

Македонија | пред 6 години

POLICISKI-CAS

Кривично-правна одговрност за непочитување на полицискиот час

Со Одлука на 25 седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 21 март, на подрачјето на целата држава се воведува забрана за движење на населението во временски период од 21:00 – 06:00 часот, а со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението. Забраната стапува на сила денеска.Од кривично правен аспект, Јавното обвинителство ја известува јавноста дека непочитувањето на забраната за движење значи извршување на кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик.Имено, за ова кривично дело се одговара кога за време на епидемија на некоја опасна заразна болест не се постапува според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување.За ставот 1, за кој е пропишана одговорност на физичко лице, предвидена е парична казна или затвор до една година, а во ставот 2, ако делото го стори правно лице, пропишана е парична казна до 30 милиони денари.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

korona-virus

Почина жена во Куманово, посмртно е констатирано дека имала корона вирус

Министерот Венко Филипче кажа дека жена во Куманово починала од коронавирусот. Неа и биле направени две тестирање кои биле негативни, а по смрттта и е земен уште еден брис кој покажал дека е позтивина на коронавирусот.„За жал го имаме и првиот смртен случај од коронавирусот. Станува збор за жена од Куманово, кај која коронавирусот е дијагностициран доцна синоќа. Имала 57 години. Во однос на приемот и третманот е постапено согласно сите протоколи на изолација, навремено се земени 2 теста и двата покажале негативен резултат. Но, и покрај тоа што имала негативен резултат, болеста била типична на коронавирусот, па таа била во изолација. Тој период на хоспитализација траел изминатата недела во кумановската болница, а брис е повторно земен по констатацијата на смртта, вчеравечер. Тој бил позитивен. Брисот е земен поради наглото влошување на состојбата, бидејќи тоа е нетипочно за друга болест. Колегите се посомневале и земале уште еден трет брис“, рече Филипче.Тој кажа дека хоспитализиран е и нејзиниот син кој вчера имал влошување на здравствената состојба.„Хоспитализиран е и нејзиниот син, кој има 33 години. Вчера имал влошување на состојбата, префрлен е на Клиниката за пулмологија во изолираниот дел, па во Клиниката за инфективни болести во стабилна здравствена состојба“, рече Филипче.фото: Архива фото: Архива

Македонија | пред 6 години

zaev-3

Заев: Нов голем пакет економски мерки вреден 200 милиони евра - Советниците нема да земаат паушал, администрацијата ќе земе минимална плата

Сите наши капацитети, сите наши сили мораме да ги насочуваме во борбата против корона вирусот, во заштита на граѓаните и справување со економските последици од оваа глобална пандемија. Економските последици од оваа криза ќе бидат огромни и ќе ги опфати речиси сите економии, и оние најразвијните и оние коишто се во развој, како нашата.  Пред нас е период на сериозни економски предизвици, за граѓаните, за фирмите, за стопанството, истакна на денешната прес конференција претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Македонската економија во изминатите 2,5 години ја зајакнавме, и дадовме стабилност и раст, од -1.8% БДП до +3.6% БДП, што е добра основа за справување со кризата пред нас. Во овие тешки времиња преземаме одговорност да се соочиме со сите економски предизвици, да делуваме одговорно, ефикасно и солидарно, за последиците од оваа криза да бидат што помали. Целиот економскиот тим на СДСМ кој го водам и го координирам како претседател подготви нов огромен пакет економски мерки кој го доставуваме до Владата за натамошно разгледување и усвојување. Оваа држава е изградена на принципите на солидарност, меѓусебно помагање и почитување. Како никогаш досега треба да се водиме исклучиво од овие принципи. Да им помогне на компаниите, на работниците, на бизнисот, на граѓаните, а со тоа и на целокупната македонска економија. Главна цел мора да ни биде, исто така, да ја одржиме јавната и приватната потрошувачка. Ова е многу важно за економијата. Сите овие мерки се на здрава основа, со финансиски план за нивна реализација, во вкупна вредност од околу 200 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството. 1. Минимална плата за април и мај, обезбедена од државата, за секој работник во приватните фирми погодени од кризата За сите приватни фирми погодени од кризата владата ќе помогне со исплата на една нето минимална плата по вработен (14. 500 денари) за месеците април и мај. Фирмите сами ќе си ги платат придонесите за плати, како и персоналниот данок. Секако останува правото на фирмата на своите вработени да даде и поголема плата од минималната нешто што и ќе го очекуваме. Од 99 шифри на дејности безмалку половина се погодени од кризата директно или индиректно, но секако се знае и кои не се погодени од кризата, односно имаат мали последици и тие секако не се опфатени Оваа мерка ќе можат да ја користат сите фирми кои: Под 1; нема да даваат дивиденди и бонуси за менаџментот и вработените до крајот на 2020 година и нема сега, за време на кризата да повлекуваат дивиденди и бонуси на основ на добивка од 2019 година; Под 2: нема да се пресметува помошта за бројот на вработени кои имаат поголема нето плата од 39.900 денари а сите под таа плата ќе спаѓаат во пресметката за помошта Под 3: фирмите кои ќе аплицираат мораат во моментот на аплицирањето да имаат најмалку ист број на вработени како пред корона кризата. Критериумите ќе ги одредиме јасно и прецизно, а целта е да нема отпуштање на вработени како и сочувување на стабилноста на фирмите. Фирмите ќе можат да си ги довработат, ако евентуално испуштиле работници и после тоа да аплицираат за мерката. Правиме се, за секој работник да го задржи своето работно место и за тоа да добие минимална плата од државата. За оваа мерка државата ќе одвои околу 120 милиони евра. 2. Месечна плата (паричен надоместок) и за граѓаните што останале без работа поради кризата, во висина од 50% од просечната плата на работникот За граѓаните кои останале без работа поради кризата, државата ќе исплаќа паричен надомест – месечна плата, секој месец во висина од 50% од просечната месечна нето плата на работникот за последните 24 месеци односно согласно член 68 од законот за вработување и осигурување во случај на невработеност. Каде јасно е објаснето решението за работници кои останале без работа. 3. Сите функционери и раководители одат на минимална плата Сите избрани и именувани функционери и раководители на државно и на локално ниво, пратеници, премиер, вицепремиери, министри, градоначалници, директори, раководители, судии и обвинители, ќе земаат минимална плата од 14.500 денари за месеците април и мај. 4. Сите вработени во јавен сектор одат на минимална плата Вработените во се она што се смета за јавен сектор, јавна администрација на државно и локално ниво ќе земат минимална нето плата од 14.500 денари за месеците април и мај.   Важно е да се напомене дека оваа мерка не се однесува на вработените лекари и медицинскиот и помошен персонал, полицајците и војниците и тие што работат со нив и околу нив, за помагање за справувањето со Корона вирусот. Во вакви времиња, најповикани сме на солидарност. Подобро да издржиме два месеци, солидарно, на минимална плата, отколку да дозволиме крах на економијата и последици по сите. 5. Претседателите и членовите на советите во општините, управни и надзорни одбори на јавни институции ќе работат без надоместок Мерката предвидува претседателите и членовите на управни и надзорни одбори на јавни институции од извршната и локалната власт, како и претседатели и членови на советите на општините, и претседатели и членови на комисии формирани од извршната и локалната власт кои се истовремено некаде вработени, нема да земат никаков надоместок за месеците април и мај. Ова не е време за екстра надоместоци. При исплата на платите и надоместоците, заштедите кои ќе се постигнат, задолжително, сите јавни и државни субјекти ќе ги уплатат во така наречен фонд за борба против Корона (Корона фонд) отворен во рамки на Буџетот на Владата од кој доминантно ќе се спроведува солидарноста кон граѓаните и стопанството. 6. 7.000 денари по домаќинство за лица без работен ангажман или лица кои биле дел од неформална економија За оние лица кои останале без работен ангажман или биле дел од неформалната економија овозможуваме брз влез во системот на социјална заштита за месец април и мај. Тие ќе добијат просечно по 7.000 денари по домаќинство. Исто така, со цел поддршка на постоечките корисници на социјална заштита, овозможуваме дополнителна исплата на енергетски додаток за месец април и мај. Вкупниот проценет фискален ефект за два месеци за двете мерки изнесува 389 милиони денари или над 6,3 милиони евра. 7. Се запира Законот за извршување до крајот на јуни Се суспендира односно запира законот за извршување до крајот на јуни. Извршителите ќе бидат должни да запрат со преземање на било какви извршни дејствија. Работодавците на должниците и носителите на платен промет се должни да запрат со постапување по издадени налози од страна на извршителите до крајот на јуни. Ова нема да важи само во случаи кога веќе парите се легнати на сметка на извршителите и тие ќе можат да ги префрлат парите на доверителите и во случаеви кога се работи за алиментација за дете кон самохрани родители. 8. Одложување на кредитите Банките ќе ги одложат сите кредити на граѓани и фирми погодени од кризата за три месеци. Тоа значи дека априлската рата кредит ќе се плаќа во јули. Благодарение на Народна Банка и координација со комерцијалните банки, банките го прифатија ова, а некои велат дека ќе овозможат одложување и повеќе од 3 месеци. Доколку не се спроведува, ќе се донесе Уредба со законска сила, но верувам дека нема да дојде до тоа. Владата веќе поднесе и изготви да се донесе Уредба со законска сила за промена на законот за облигациони односи како би можело промнтно без допир, без состаноци да ги прават Анексите и самото одложување на физичките лица, а секако очекуваме на барање на приватните компании погодени од кризата, банките да ги одобруваат ваквите одложувања. 9. Се ослободуваат од плаќање закуп корисниците на социјалните станови Од плаќање закуп на социјалните станови ќе се ослободат сите корисници на тие станови, а исто така ќе се ослободат од плаќање закуп и граѓаните и фирмите кои имаат закуп на деловен простор од Претпријатието за станбен и деловен простор. Тоа ќе се случи за следните три месеци додека очекуваме да трае кризата. Препорачувам до сите приватници коишто издаваат простор да го сторат истото, да одложат и да бидат солидарни во овие месеци верувам дека можат да издржат да ги одложат закупнините односно закупите кои ги даваат на своите клиенти заради тоа што тоа ќе покаже голема солидарност. 10. Дополнителни безкаматни кредити за фирмите од нови 6 милиони евра Развојната банка на Северна Македонија, покрај 5,7 милиони ќе пушти и дополнителни 6 милиони евра бескаматни кредити за фирмите под веќе соопштените услови, а каматата ќе ја покрие владата. 11. Нови 50 милиони евра евтини кредити преку комерцијалните банки Дополнително, развојната банка на Северна Македонија ќе пушти 50 милиони евра евтини кредити преку комерцијалните банки во износи од 3,000 до 90.000 евра со севкупна камата не поголема од 1 %, во моментот се преговара за 1% до 1,5% верувам дека банките ќе го прифатат ризикот од 1%, а трошокот на Развојната банка од 0,5% ќе го покрие владата, со конечна цел да бидат максимални најевтини ваквите кредити. 12. Со уредба со законска сила ќе се забрани фирмите да одат во стечај за време на кризата. Без разлика дали случајот го покренал доверител, кредитор или самата фирма со покренала стечај. Со тоа ќе се спречи наплив на евентуално неплаќање по пат на стечај. Ова е недозволиво во ваква криза. 13. Помош за медиумските работници и медиумските куќи За сите информативни дејности, медиумски куќи, владата ќе обезбеди помош, по една минимална плата од 14.500 денари по вработен за месеците април и мај. 14. Помош за спортистите и уметниците За сите спортски работници вработени во спортските здруженија, владата ќе обезбеди минимална плата од 14.500 денари за април и мај. За 141 самостоен уметник ќе биде обезбедена минимална плата за месеците април и мај, како и придонеси преку Министерството за култура. 15. Поголема можност за пензионерите, лицата со попреченост и бремените жени Согласно фреквенцијата на граѓани, од 7 до 9 часот наутро, во продавници и аптеки да може да купуваат само пензионерите, лицата со попреченост како и бремените жени. Ако се докаже дека некоја фирма или поединец, осмислил и остварил екстра профит на сметка на здравјето на граѓаните користејќи ја оваа криза, Владата може да посегне по донесување на Уредба за национализација, јас ќе ја поддржам во тоа. Ова е нов предлог пакет мерки кој е насочен кон граѓаните, кон работниците, кон сите вас кои чесно си ја заработувате платата, а сега поради големата неочекувана здравствена криза се наоѓате пред неизвесност за својата егзистенција. Ова се мерки со кои гарантираме дека ќе обезбедиме основен приход за секој граѓанин. За нас секој работник е важен, секој човек е важен. Парите од буџетот одат директно за помош на граѓаните, на што е можно повеќе категории, се разбира прво најпогодените. Во сите овие проекции, пресметки, предвидувања и планови, најважно беше државата да обезбеди и доволно пари за здравствениот систем. Здравството мора да биде стабилно за да ја издржи оваа вонредна околност. Во таа смисла, покачувањето на платите на лекарите и медицинскиот персонал кое го спроведовме изминатата година, сега се покажува како повеќе од оправдано. Денес сакам да им се обратам и на земјоделците, на оние кои се занимаваат со една од најважните стопански гранки. Драги земјоделци, особено вие кои наоѓате на почеток на новата сезона, ве охрабрувам да си продолжите со работата, да ги насеете и посадите нивите. Фирмите - дистрибутери имаат доволно репроматеријали, семенски материјал, средства за заштита и прихрана, има гориво и воопшто се што е потребно за навреме да ги извршувате сите агротехнички мерки. Почитувајте ги мерките на Владата околу превентивата и продолжете да ја произведувате храната за нашите граѓани. Како никогаш до сега е јасно колку е важно домашното производство на храна. Тоа за една држава и нејзините граѓани е најсигурно и најевтино. Оваа Влада беше свесна за ова и затоа земјоделското производство доби стратешко место во носењето на мерките и средствата од буџетот кои се одвојуваат за негов развој. До сега се исплатени близу 400 милиони евра директна поддршка за нашиот аграр, инвестиравме во системи за наводнување, обезбедивме зелена нафта, државна земјоделска земја добија голем број на земјоделци и сточари, станавме лидери во искористеност на ИПАРД фондовите... покажавме грижа за домашното производство на храна. Сега, во услови на светска криза со корона вирусот, важно е земјоделството да остане високо активно и да продолжи да биде продуктивна дејност која им помага не само на земјоделските семејства, туку и на целото општество.Оваа ситуација е тест за нашите институции, за нашето општество, но е тест и за нас како личности. Ајде заедно, одговорно, сплотено како што сме биле многу пати досега да работиме во надминување на последиците од оваа криза. Само така не личи, само така ќе ја победиме и оваа закана. Многу пати досега сме покажале дека можеме да се соочиме успешно со предизвиците, ќе успееме и сега. СДСМ, јас како претседател, заедно со економскиот тим на СДСМ, го ставаме на располагање овој пакет економски мерки до Владата на Северна Македонија, со цел да се спречи и помогне веднаш на македонската економија, да се спречи губење работни места, да се спречи затворање на фирмите, да спречи сиромаштија и социјална криза. Заедно можеме и ЌЕ се справиме со овој вонреден проблем со кој се соочуваме. Заедно, солидарно, ќе си помогнеме едни на други, а државата ќе биде главен и најодговорен столб на кој ќе може да се потпрат сите погодени граѓани и компании од кризата.Само здравје да има! Економијата ќе успее!https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/1377615512442575/

Слајдер | пред 6 години

angelovska

Ангеловска: Ќе има нов пакет економски мерки, приоритет е обезбедување на средства веднаш

„Да се обезбеди сигурност на буџетот во секое сценарио и да се обезбеди ликвидносна и финансиска инјекција во стопанството преку мерки за помош на фирмите се сегашните приоритети“, рече министерката за финансии Нина Ангеловска на прес-конференција за финансирање на буџетот во услови на корона кризата.Министерката за финансии најави дека планот е да се повлечат 400 милиони евра поволни средства преку инструментот за премостување, 87 милиони евра од фондовите на ММФ, како средства за развојни политики за итни ситуации од Светска банка, каде се очекува да се повлече износ од околу 100 милиони евра.„Потребно е да обезбедиме средства веднаш! Ги разгледавме сите можности и опции кои ни стојат на располагање, ги оценивме сите ризици и го одбравме најоптималниот план. На вчерашната седница предлогот беше доставен до Владата и истиот беше усвоен. Имајќи предвид дека издавањето на еврообврзница е подолг процес кој трае повеќе од два месеци, дека непредвидливоста е голема и кај пазарите на капитал, како и дека до вчера бевме во предизборие и не можевме порано да го почнеме тој процес, Министерството за финансии предложи за финансирањето сега да се искористи специјален инструмент заем-до-обврзница (bridge to bond facility) во износ 400 милиони евра со рок до доспевање до 12 месеци, кој ќе ја поддржи ликвидноста на државата во време на пандемијата и намалувањето на економската активност, потребите во секторот здравство, како и стопанството. Овој заем како што и самото име имплицира заем-до-еврообврзница ќе биде целосно отплатен со средства кога ќе се издаде еврообврзницата. Станува збор за заем од странски банки под поволни услови. Очекуваме поволна каматна стапка за овој инструмент, дури и пониска од претходно издадената еврообврзница од 2018, која имаше историски најниска каматна стапка од 2,75 проценти“, рече Ангеловска.Ангеловска посочи дека наскоро ќе се објават и нови мерки бидејќи во скоро време ќе се обезбеди поголема ликвидност, а со тоа и поголем финансиски простор за преземање на покрупни мерки.„Како што министерот за здравство се грижи да превенира и спречи ширење и ниеден пациент да не стаса до респираторна машина, така целта на економскиот тим е да ја заштити ликвидноста на буџетот и да го заштити секое едно работно место и секој граѓанин. Првиот пакет со кој излеговме беше карактеризиран како недоволен, а некои го критикуваа и тајмингот. За да ситуацијата од корона шокот кој го снајде светот биде уште потешка за менаџирање кај нас, ние бевме во услови на техничка влада и распишани избори, кога рацете ни беа врзани за речиси сите потребни работи кои требаше да се преземаат. Така, без да обезбедиме дополнителни средства и ликвидност, предлагањето на агресивни мерки би било несериозно во услови не неизвесност за можноста за нивно спроведување. За многу од мерките како што знаете потребни се законски измени кои не беа возможно да се направат пред прогласувањето на вонредна состојба“, рече Ангеловска.Ангеловска очекува најголемите ефекти од корона кризата да се почувствуваат во следните три месеци, со што во вториот квартал се очекува забавување на економската активност, па и негативна стапка на раст.„Во третиот квартал веќе се очекува подобрување, но тоа за одредени сектори нема да придонесе за драстично оправување. Четвртиот квартал е оној кој се проектира за rebound, односно позитивен пресврт и опоравување. Како што кажав и на почетокот Владата е тука за фирмите, бидејќи тие се оние кои креираат работни места и тие кои продуцираат нова вредност. Приоритет ќе ни биде фирмите да опстојат, а работните места да ги задржиме. Новите мерки кои ќе се претстават се во таа насока“, истакна министерката за финансии Нина Ангеловска.

Македонија | пред 6 години

zoran

ЗОРАН КРСТЕВСКИ: Ново време

Колумна на Зоран Крстевски, доктор по филозофски науки, едукатор, мотиватор и тренер за личен развој, за вечер.пресс.Човештвото е пред големо искушение и сериозна борба за соoчувување на досегашниот начин на опстојување. Се наоѓаме пред ново време кое наложи ново поимање на нештата и поразлично соочување со стварноста. Заканата од коронавирус создаде општа несигурност, страв, паника и чувство на загрозеност. Тоа предизвика ограничување на желбите и намалување на потребите,ставајќи го во преден план прашањето за сопственото и туѓото здравје.Во периодите на загрозувачки животни ситуации се согледува од што е направен човекот – дали од кршливоста на неговиот дух, алчноста и себичноста или од силниот карактер, моралот и емпатијата? Кога се надвиснати опасности, тогаш на површина излегуваат хероите, хуманистите и позитивците, но и бедниците, искористувачите и негативците. Едните со своето пожртвувано работење се борат за доброто на сите, даваат личен пример и поттикнуваат како позитивно да се организираме и да ја победиме заканата. Другите со својот паразитски менталитет бараат шанса да искористат, заработат и да ги уништат можностите за заеднички излез од кризата.Затоа не треба да се изненадиме што постојат индивидуи кои опсесивно се „обезбедуваат“купувајќи енормни количества прехранбени продукти, маски, ракавици и дезинфекциски средства, без притоа да размислат дека и некои други лица заслужуваат да бидат заштитени и снабдени со одредени стоки. Акумулацијата на непристојни резерви на производи и трупање тоалетна хартија само зборува до каде е отидена човековата свест и совест и за немањето капацитет за согледба на приоритетите за заштита од ковид-19. Игнорирањето на безбедносните правила, прекршувањето на наредбите и прописите го отслика непримерниот и неодговорен однос на одредени поединци – целосно рамнодушни кон јавниот интерес и заедничкиот напредок.Во периодот на општата несигурност и загрозеност најмалку што ни е потребно е манифестација на егоизам, страв, паника и негативна енергија. Соочувањето со потенцијалната опасност треба да нè сврти кон мирот со себе, кон поврзаноста со блиските и кон хуманата димензија на постоењето. Тоа подразбира да станеме поразумни, посвесни, поодговорни и многу повеќе заинтересирани за колективното добро, отколку за сопствените себични интереси.Хуманоста, одговорноста и мирот се вредности што ѝ се потребни на нашата душа, а не разните наслади на телото и егоистички ориентации. Ова е време на преиспитување и согледување на досегашниот стил на живот и соочување со вистината за нашиот однос кон природата, здравјето и етичките начела на постоењето.Борбата е составен дел од животот – таа е насекаде околу нас и длабоко во нас. За да излеземе како победници, треба да ги запазиме другите и да се заштитиме себеси од ризиците и опасностите надвиснати во ова невреме исполнето со загуби, тешкотии и неизвесности.Откако човештвото ќе ја победи заканата, повеќе ништо нема да биде исто. Со промена на нештата околу нас, неопходно е да следи афирмативна трансформација на битието длабоко во нас. Иако е рано за заклучоци, да се надеваме дека човекот ќе извлече поука и ќе престане бескрупулозно да експлоатира, загадува, манипулира и да го уништува сепостоечкото. Тоа подразбира дека е време да станеме многу посвесни за вредностите на здравјето, семејството, мирот, слободата, природата и позитивните вибрации на постоењето.Заканата од коронавирус предизвика големи промени. Темпото на животот максимално се забавува, а оддаденоста на материјализмот и површните нешта е сведена на минимум. Таквата околност бара реорганизација на начинот на живот и нов однос кон самите себеси и кон воспоставените практики на однесување. Во едни такви услови на живеење здравјето, мирот со себе и поврзаноста со најблиските го добија приматот пред парите, кариерата, статусот и страстите.Разумното постапување, среќата и позитивниот фокус се вредностите што и се потребни на нашата личност. Брзите автомобили, брендираната гардероба, материјалните добра и високиот статус нема да го спасат нашето тело и избават од коронавирус туку силниот имунитет, дисциплинираноста, одговорноста, позитивниот дух и уверувањето дека сé ќе биде добро. Ова е време кога треба да сфатиме каква скапоценост поседуваме и што ќе се случи ако таа скапоценост ја загубиме. Не постои поголема скапоценост од мирот со себе, здравјето и животот. Трагично е да ги загубиме овие вредности поради неодговорност, лош однос кон сопственото тело и не водење сметка за опасностите со кои се соочува целото човештво.Не препознавањето на позитивните нешта, оддаденоста на потрошувачкото општество, негативизмот, алчноста и себичноста нè соочија со апокалиптичната објава – да се биде или не. Доколку не успееме да извлечеме поука од настанатата ситуација, прашање е дали ќе добиеме втора шанса.СИЛАТА НА ВИРУСОТ ПРОИЗЛЕГУВА ОД СЛАБОСТА НА ЧОВЕКОТ И НАШАТА НЕЗАИНТЕРЕСИРАНОСТ ЗА МОРАЛОТ, ДОЛЖНОСТА, ОДГОВОРНОСТА И ДУХОВНОСТА. КОВИД-19 ПРЕДИЗВИКА ГОЛЕМ СТРАВ И НЕИЗВЕСНОСТ, НО НОСИ И ПОУКА ЗА ВАЖНОСТА НА ДОМОТ И СЕМЕЈСТВОТО. МОЖЕБИ КОНЕЧНО СИТЕ НИЕ ЌЕ СФАТИМЕ ДЕКА МНОГУ ПОВАЖНИ СЕ СЕМЕЈНИТЕ ВРЕДНОСТИ И ПОВРЗАНОСТА СО БЛИСКИТЕ, ОТКОЛКУ РАЗНИТЕ АВАНТУРИСТИЧКИ ПОБУДИ, БЕСНЕЕЊА И ПРЕДАВАЊА НА НИСКИТЕ СТРАСТИ.Пандемијата на коронавирус целосно го наруши животот на луѓето низ целиот свет со ограничување на движењето и со строги безбедносни мерки. Во екот на опасноста од ширење на пандемија фокусот е да ставен Јас да бидам добро; најблиските да бидат добро; нашето општество и човештвото во целина да бидат добро. Не постои поголем приоритет од стремежот сите ние да се извлечеме од надвиснатата опасност за уништување и деградирање на човековото постоење. Токму во овие моменти најзначајна е поврзаноста помеѓу луѓето, дадената и примената поддршка и чувството дека не сме сами во борбата со заканата. Сплотеноста, работењето на заедничкиот интерес,оптимизмот и позитивната енергија се клуч на успехот за излез од кризата.Општ впечаток е дека на нашата планета и недостасуваше мир, љубов и поврзаност помеѓу луѓето, а на човекот сознание за кршливоста и вредноста на животот. Ова е време во кое ќе станеме свесни за силата или слабоста на нашиот дух; за експанзијата на љубовта или за пројавата на алчноста; за високите дострели на верноста на должноста, пожртвуваноста и хуманоста, но и за поривот на неодговорно, неразумно и себично однесување. Некои „мали човечиња“ќе продолжат да плашат, манипулираат, профитираат и експлоатираат, додека други уште повеќе ќе ја пројават својата одговорност, посветеност, хуманост и позитивност – тие низ своето директно или индиректно дејствување ќе бидат светилка на надежта и поттик за успешно справување со опасната закана.Со денешното влегување на планетата Сатурн во знакот на Водолија (првпат по 7 февруари 1991 година) треба да се подготвиме за новото време кое да се надеваме ќе биде подобро, похумано и исполнето со повеќе љубов, разбирање и меѓучовечка соработка. За „времето“да биде поубаво и посреќно, треба сите ние да станеме попозитивни, подобри, поодговорни и помудри. Шанса за такво нешто постои, бидејќи во многу религиозни текстови е наведено дека после секое големо страдање следи уште поголемо откровение.Колку и да сме далеку од лекот за коронавирус, време е сите заедно да поверуваме во моќта на медицината и да ги отвориме своите срца за верата, тишината, благодарноста и молитвата.Пред некој ден пристигна и пролетта, овозможувајќи го постепеното будење на природата. Време е и ние луѓето да се пробудиме и да ги иницираме позитивноста и надежта во нашите души. Колку и да е тешко, неопходно е да се облагородиме со помислата дека на крајот сé ќе биде добро и дека ќе се извлечеме од овие големи премрежија.Заклучокот е дека божјата милост е сеприсутна и таа нема да дозволи злото да победи и да ја угаси радоста, виталноста и светлината на нашето постоење.фото: Архива

Магазин | пред 6 години

korona-virus-3

Нови 29 заболени со КОВИД-19 во земјава, вкупниот број се искачи на 114, еве како е по градови

Во изминатото деноноќие се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата. Со ова бројката на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 114. По градови: Скопје (22), Штип (3), Дебар (2), Куманово (1) и Охрид (1).Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје (65), Дебар (36), Штип (7), Кавадарци (2), Охрид (2), Гостивар (1), Куманово (1).На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во моментов се хоспитализирани 24 пациенти. 7 пациенти се континуирано на третман со кислород, 11 се веќе во стабилна - добра здравствена состојба. Утре, по истекот на 14 дена од поставување дијагноза, кај 6 пациенти ќе се зема контролен брис. Од нив 5 се во добра состојба, а кај пациентката кај која имаше влошување нема промена на состојбата и таа сѐ уште е на респираторна машина. Пациенти кои се на домашно лекување се во постојан контакт со лекарите.https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/a.1819648248342200/2343331582640528/?type=3&theaterфоот: ФВ Венко Филипче

Македонија | пред 6 години

POLICIJA-SKOPJE

Министерката Шекеринска објасни како ќе се спроведува полицискиот час

Армијата ќе ја преземе контролата на границите, односно војската ќе го контролира зелениот појас, за дел од полицијата да биде отповикана и ставена на располагање внатре во државата, онаму каде има недостаток од кадар. Минситерката за одбрана, Радмила Шекеринска посочи дека Армијата ќе спроведува и проверка на влезови и излези од населени места, каде ќе бидат поставени мобилни пунктови.„Наша задача ќе со мобилни екипи од полиција и Армија да се спроведуваат проверки на влезови и излези од населени места, како и да бидат распоредени на мобилни пунктови и контролни точки. Задача во овој период е и да обезбеди физичко обезбедување на витални објекти кои досега беа обезбедувани од МВР. Тоа значи дека Армијата ќе го преземе обезбедувањето на објекти како Собранието, Владата и други важни локации, како на пример, затворите. Не треба никој да се грижи дали на примиер, затворите се под контрола или не се. Армијата нема да биде затворска полиција, но она што порано го вршела полицијата со надворешно обезбедување, сега ќе го прави Армијата“, рече министерката Шекеринска.Таа посочи дека границите се контролираат и дека ќе се спречи нелегалниот влез и излез од државата преку контролите на Армијата.„Целосно ќе ја преземеме контролата на граничната линија, што пак не значи дека војниците ќе ги контролираат границите, бидејќи тоа ќе продолжи да го прави полицијата, меѓутоа, т.н. зелена линија ќе биде под надзор од Армијата за да се спречат нелегални влезови и излези од нашата граница. Со ова ќе овозможиме дел од полициските сили да бидат повлечени од границите без никаква опасност по нашата држава и да се сконцентрираат на други задачи“, додаде Шеќеринска.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања