Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

MVR-1

(ФОТО) Седите дома клошари, ако ве зачекам после 9 пендрек и 10 години робија (казна нема)

Во време на вонредна состојба во земјава и ограничено движење на граѓаните, на социјалните мрежи огромен револт предизвикаа  три лица вработе во МВР.Имено тие на своите профили на социјалната мрежа ФБ објавија фотографии На кои напишаа:Седите дома клошари!!!Единицата формирана, ако ве зачекам после 9 пендрек и 10 години робија (казна нема).Грст негативни коментари, Граѓаните бараат казна за овие лица. Велат, за закани во ваква состојба ли ве плаќа државата.Инаку дознаваме дека внатрешната контрола на МВР, веднаш реагира. Имано овие лица веќе биле повикани кај надлежните. Се очекува во текот на денот да се соопштат казните кои ќе им бидат изречени.фото: ФБ

Македонија | пред 6 години

skolo-4

Наставно-образовниот процес во сите степени на образованието ќе се спроведува онлајн

Донесена и Уредба со законска сила за примена на Законот за основното образование за реализација и организација на наставата во основните училишта и за оценувањето на учениците за времетраење на вонредната состојба.Според одредбите од оваа уредба со законска сила наставата во основните училишта се организира преку далечинско учење односно учење од дома, со примена на средства за електронска комуникација.Средства за електронска комуникација, во смисла на оваа Уредба се средства кои обезбедуваат реализација на наставата без заедничко физичко присуство на учесниците во наставниот процес и кои овозможуваат взаемна двонасочна комуникација.Средства за електронска комуникација можат да бидат видео-конференциски платформи, електронска пошта или други системи за електронска размена на податоци.За употреба на видот на средствата за електронска комуникација од став 2 на овој член одлука донесува основното училиште.За периодот на организирање на наставата во основните училишта преку далечинско учење односно учење од дома, наставникот може да изврши оценување на учениците.Со примена на средствата за електронска комуникација може да се спроведат испрашувања, тестирања на учениците или да се користат други форми на утврдување и оценување на знаењето на ученикот.Владата на оваа седница ја усвои и Уредбата со законска сила за примена на Законот за средното образование за време на вонредна состојба, која ќе се применува за реализација и организација на наставата преку далечинско учење односно учење од дома, со примена на средства за електронска комуникација.Средства за електронска комуникација, во смисла на оваа Уредба се средства кои обезбедуваат реализација на наставата без заедничко физичко присуство на учесниците во наставниот процес и кои овозможуваат взаемна двонасочна комуникација.Средства за електронска комуникација можат да бидат видео-конференциски платформи, електронска пошта или други системи за електронска размена на податоци.За употреба на видот на средствата за електронска комуникација одлука донесуваат средните училиште.За периодот на организирање на наставата во средните училишта преку далечинско учење односно учење од дома, наставникот може да изврши оценување на учениците.Со примена на средствата за електронска комуникација може да се спроведат испрашувања, тестирања на учениците или да се користат други форми на утврдување и оценување на знаењето на ученикот.Фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

И високообразовните установи, ќе го спроведуваат онлајн, еве ги деталите

Владата ја донесе и Уредбата со законска сила за примена на Законот за високото образование за време на вонредна состојба, со која се уредуваат начинот на изведувањето на студиските програми и проверката на знаењето на студентите во сите три циклуси на високото образование, продолжување на мандатот на органите и телата на високообразовните установи односно јавните научни установи, како и рокот за важност на постојните акредитации, односно ре-акредитации на студиските програми.Студиските програми за стекнување на високо образование на сите три циклуси на високообразовните установи односно јавните научни установи и проверката на знаењето ќе се изведуваат преку системот за далечинско учење со примена на средства за електронска комуникација.Средства за електронска комуникација, во смисла на оваа уредба се средства кои обезбедуваат двонасочна комуникација при реализација на студиите без заедничко физичко присуство на учесниците во активноста.Средства за електронска комуникација можат да бидат видео-конференциски платформи, електронска пошта и други системи за електронска размена на податоци.Одредбите не се однесуваат на меѓународната физичка мобилност и учество на меѓународни собири на студиската програма за трет циклус-докторски студии.За употреба на видот на средства за електронска комуникација одлука донесува високообразовната установа, односно јавната научна установа.Преку системот за далечинско учење со примена на средства за електронска комуникација се спроведуваат предавањата, вежбите, форми на континуирана проверка на знаењето, индивидуалната настава и други облици кои се соодветни на специфичноста на наставно-научната и уметничката област, консултативно-инструктивната настава, индивидуална студиска работа (истражување на литература, семинарски задачи, проектна работа), како и одбраната на дипломска/и, магистерска/и и докторска/и задача/труд.Полагањето на испитите и колоквиумите ќе се врши со примена на средства за електронска комуникација под услов да се обезбедени соодветни технички решенија кои обезбедуваат идентификација и контрола на работата на студентите за време на полагањето.Работата на Стручната служба во високообразовните установи односно јавните научни установи ќе се врши со примена на средства за електронска комуникација.Акредитацијата односно ре-акредитацијата на постојните студиските програми на сите три циклуси на високото образование, чија важност престанала или ќе престане со важност за време на вонредната состојба, продолжува да важи најмногу до една година од денот на влегувањето во сила на оваа уредба.Високообразовната установа која до денот на истекот на мандатот на органите и телата, не извршила избор на нови органи и тела, мандатот им продолжува до изборот на нови органи и тела.Високообразовната установа е должна најдоцна во рок од 30 дена од денот на престанување со важење на оваа Уредба да започне, односно да ја продолжи постапката за избор на органите и телата од став 1 на овој член.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

stecaj

Владата донесе Уредба со законска сила за примената на Законот за стечај за време на вонредна состојба

На 26-та седница, Владата донесе Уредба со законска сила за примената на Законот за стечај за време на вонредна состојба.Според оваа уредба, за поведување на стечајна постапка и поведување на претходна постапка, ќе се применуваат одредбите од оваа уредба со законска сила.На стечајните должници кои ги исполнуваат условите за отворање на стечајна постапка или поведување на претходна постапка, нема да се отвораат стечајни постапки и да се поведуваат претходни постапки за време на траењето на вонредната состојба.Сите започнати постапки, како претходна постапка за отворање на стечајна постапка и отворање на стечајната постапка над стечајниот должник, се одложуваат за време на траењето на вонредната состојба.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

stevo

(ВИДЕО) Пендаровски: Додека целиот свет е во потрага по вакцина и лек, самоизолацијата е најдобрата превентива против вирусот

Знам дека секој ден сте преоптоварени со информации и прес конференции за ширењето на епидемијата и потполно го разбирам вашиот страв за  вашето здравје и здравјето на вашите најблиски. Ја разбирам и вашата загриженост од лошите вести и од проширувањето на рестриктивните мерки. И јас самиот ги имам слушнато не знам веќе колку пати апелите од надлежните да останеме дома и да избегнуваме физички контакти со околината. Меѓутоа, за сето тоа има голема причина, истакна во своето видео обраќање претседателот Стево Пендаровски.Во изминативе 20 години имаме поминато низ многу тешки работи, но, да бидам искрен, ваков смртоносен противник, досега, не сме имале. Пред неколку дена за првпат воведовме вонредна состојба, а завчера, исто така, за прв пат, полициски час на целата територија, каде што полицијата и армијата го контролираат влезот и излезот од сите населени места.Докторите и сестрите, војниците, полицајците и волонтерите се секојдневно на работа. Во одржувањето на стабилноста на системот огромен придонес даваат и вработените во трговијата, транспортот, услужните дејности, кои и покрај критичната состојба остануваат на своите работни места.Додека целиот свет е во потрага по вакцина и лек, самоизолацијата е најдобрата превентива против вирусот. Знам дека ви е тешко, но, мораме да ги сочуваме нашите животи, и да им помогнеме на немоќните и повозрасните.Немаме друга опција во овој период освен да издржиме! Ве молам, не паѓајте со духот, сите заедно, ќе издржиме, истакна Пендаровски во обраќањето до граѓаните.фото и видео: Кабинет на Претседател

Македонија | пред 6 години

cingo-1

Чингоски: По завршувањето на кризата, да се започне со барање на одговорност за сето она што ни се случуваше во изминативе децении

Да се надеваме дека оваа криза ќе помине побрзо и без големи последици, првенствено по здравјето на граѓаните.Но, се надевам дека по нормализирањето на состојбата во нашата држава, еднаш за секогаш ќе почне да се дава отчет од страна на носителите на власта и да понесат одговорност не само за оваа криза, туку за кризата која ја живееме веќе 30 години, а никој не одговарал, напиша на својот ФБ профил адвокатот Владо Чингоски.Тој додава:Сега, мораме да им дадеме поддршка на Владата, дури и во нивните грешки кои и ние обичните лаици ги согледуваме, но немаме подобри. Да ги послушаме во нивните препорака и да бидеме дисциплинирани. Никогаш нема да дознаеме дали можело подобро или даден е максимумот, дали имало грешки или не.Не смееме во овие кризни моменти неосновано да критикуваме или неосновано оправдуваме, едноставно мораме да им дадеме поддршка на оние кои менаџираат со состојбата.Но ова е и момент, кога ќе треба, по завршувањето на кризата, да се започне со барање на одговорност за сето она што ни се случуваше во изминативе децении.Да се утврди дали и кој профитира од оваа криза и веднаш да се земе на одговорност.Да се побара одговорност од сите оние носители на власта, кои приоритет им беше практицирање на гола власт, реализирање на детските соништа, лечење на нивните комплекси, неосновано богатење и сето тоа со народни пари.Вонредната состојба му дава можност на Владата, уште во овој момент да почне да реагира, не само во донесување на одлуки за мерки за спречување на кризата, туку и да направи солидна база, за пост критичниот период, барање на одговорност и раскрстување со економскиот криминал во нашата држава.Дали ќе има оваа или идната власт волја да го направиме тоа, не сум сигурен, зошто изборот на граѓаните е многу стеснет, МАГАРЕ ИЛИ ЗМИЈА, а за тоа сме сами виновни со нашата сервилност, напиша Чингоски на ФБ.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Граѓаните кои ќе пристигнат на граничните премини ќе бидат транспортирани до државните карантини секој ден во 10 часот и во 20 часот

Владата на Република Северна Македонија на вечерашната седница донесе Уредба преку која граѓаните кои пристигнуваат на граничните премини за влез во земјава ќе бидат транспортирани до државните карантини секој ден во 10 часот и во 20 часот.Апелираме до граѓаните кои мораат да допатуваат во земјава да ги планираат своите пристигнувања на граничните премини непосредно пред посочените термини со цел да не се создава гужва и чекање.Фото: Архива

Македонија | пред 6 години

ohrid8

Зоран Николовски: Коронавирусот ги уби туризмот и угостителството во Македонија, потребни се итни мерки за спас на овие сектори

Зоран Николовски, експерт за туризам и угостителството на денешната панел-дискусија Live Chat насловена како „Затоа што секој живот вреди“, истакна дека поради коронавирусот се направени големи штети врз туризмот и угостителството. Според него туризмот во моментов е мртов. Не само кај нас туку и во целиот свет. Тоа е затоа што тие беа први на удар. Логично е во ваква пандемија прво да се прекине сообраќајот, авионите, патувањата, дружбата и социјализацијата во кафаните.-Црни се бројките и незнам дали некој може точно да пресмета, затоа што анализата ќе покаже нула и нешто под нулата. До кога ќе трае, никој не знае, вели Николовски.Околу мерки за спасување на стопанството, туризмот и угостителството, Николовски рече дека владата треба во целост да ги покрие трошоците на вработените и не само во овие дејности, туку во сите сектори од стопанството.-Дај боже тоа да биде само еден месец или два, а потоа економијата тоа ќе го врати. Особено во угостителството каде има илјадници вработени. Она што владата може да помогне во туризмот и угостителството е со помош на ваучери да ги покрие, или оваа кампања на пример со издавање на соби за карантини, за изолации, да помогне во моментов на домашните туристички сопственици. Замислете да ги изгубиме овие работници. Затоа тие 600 милиони евра или колку се незнам, ќе треба да бидат одвоени баш за оваа намена, дециден е Николовски.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

deca

Владата донесе нови мерки - лицата над 67 години ќе можат надвор од 5 до 11, А младите од 12 до 21 часот

Владата донесе дополнителни ограничувања на движењето на граѓаните.На 26-тата седница на Владата на Република Северна Македонија е донесена одлука за измени и дополнувања на одлуката за ограничување на движењето на граѓаните на целата територија во земјата.Забраната за движење за сите граѓани од 21:00 до 06:00 часот, се заменува со ограничување на движењето од 21:00 до 05:00 часот заради гужвите што се создадоа во јавниот превоз и заради потребата на граѓаните да стигнат на работните места во утринските часови.Дополнително, Владата донесе одлука да се забрани движењето на граѓаните над 67 години од 11:00 часот до 05:00 часот следниот ден.Владата на вечерешната седница донесе уште една одлука за ограничување на движењето на младите до 18 години и за нив забраната за движење ќе започнува во 21 часот и ќе трае до 12 часот наредниот ден.Новите одлуки за ограничување на движењето ќе важат од 24 март 2020 година.https://www.facebook.com/o.spasovski/photos/pcb.1532314410279510/1532314230279528/?type=3&theaterфото: ФБ Оливер Спасовски

Македонија | пред 6 години

avmu

Донација од АВМУ за радиодифузерите, МВР и Министерството за здравство

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги одлучи да додели финансиска помош – донација за справување со последиците од коронавирусот (COVID-19), во вкупен износ од 105.000.000,00 (сто и пет милиони) денари.Најголемиот дел од средствата или 103.000.000,00 денари се доделуваат на радиодифузерите и тоа: 73.000.000,00 денари на радиодифузерите (комерцијални и непрофитни) коишто во моментов вршат телевизиско или радио емитување и 30.000.000,00 денари се доделуваат на Јавниот радиодифузен сервис „Македонска радио телевизија“. Овие средства се доделуваат за заштита на своите вработени преку набавка на заштитни средства, за трошоци поврзани со производство, набавка и емитување на програма, за санирање на негативните последици врз нивното економското работење поради коронавирусот и овозможување нивно непречено функционирање.По 1.000.000,00 денари се доделуваат на Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство, наменети за мерки и активности за заштита на своите вработени преку набавка на заштитни средства и набавка на друга опрема и средства неопходни за извршување на активностите на Министерствата за превенција, спречување ширење и справување со последиците од коронавирусот.Средствата за радиодифузерите ќе бидат распределени на следниов начин:на сите радиодифузери, кои во 2019 година и во 2020 година го имаат платено годишниот надоместок за телевизиско или радио емитување на сметка на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, ќе им биде вратен уплатениот износ за надоместокот за дозвола за 2019 и за 2020 година, намален за износот на данокот на додадена вредност. Вкупниот износ на средства кои се доделуваат по овој основ е 65.099.000,00 денари;на радиодифузерите на кои рокот за плаќање на годишниот надоместок за дозвола им доспева по донесување на Одлуката за донација, и тоа до крајот на 2020 година, Агенцијата нема да го побарува годишниот надоместок, туку ќе им издаде фактура чија висина соодветствува само на износот на данокот на додадена вредност. Вкупниот износ на средства кои се доделуваат по овој основ е 7.901.000,00 денари.Со сите субјекти, Агенцијата ќе склучи договори за донација кои ќе стапат на сила веднаш по потпишувањето од страна на договорните страни, а ќе се применуваат по добиеното позитивно мислење за јавниот интерес од страна на Министерството за правда.Се надеваме дека со оваа мерка ќе се олесни работењето на радиодифузерите и ќе се овозможи нивно непречено функционирање и понатаму. Воедно, уште еднаш ги повикуваме сите медиуми да известуваат професионално и одговорно и да и обезбедуваат на јавноста точни, навремени и објективни информации.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

nogaceski

(ФОТО) Ногачески: Во месноста “Пресека”се депонира комунален отпад

Во саботата, 21.03.2020 година од страна на совесни граѓани телефонски бев известен дека во местноста “Пресека”, на територијата на општина Дебрца, на локацијата каде се наоѓа депонијата, односно одлагалиштето на инертен отпад ( земја, шут и слично ),кој се црпи по трасата на Автопатот А2 ( во изградба ) забележано е депонирање на комунален отпад од страна на возила со кичевски регистарски таблички, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Зоран Ногачески.🔴По пријавата веднаш излегов на лице место, каде констатирав дека во одлагалиштето за инертен отпад е депонирано одредено количество на комунален отпад.Во текот на денот на истото место увид извршиле и претставници на Координативното тело и месните заедници од околните села, со кои телефонски контактирав.🔴Со оглед на тоа да за одлагалиштето одговорни се ЈП за државни патишта, како инвеститор, Градежниот институт Македонија, како надзорен орган и АД Илинден, како изведувач, до сите три субјекти денес испратив претставка со барање депонираниот комунален отпад да се отстрани од одлагалиштето и најостро предупредување во иднина да не се дозволи во одлагалиштето да се депонира комунален и друг вид на отпад од било кој субјект, односно побарав проблемот да се реши на институционален начин и без тензија, а која најмалку ни е потребна поради вонредната состојба во која се наоѓаме.🔴Во спротивно, против субјектите одговорни за управување со одлагалиштето ќе ги преземеме сите со закон дозволени правни средства.П.С. Голема благодарност за граѓаните кои покажувајќи висока свест за еколошката иднина на нашата општина и држава благовремено реагираа , напиша Ногачески.https://www.facebook.com/nogaceskizoran/photos/pcb.576415299627881/576415046294573/?type=3&theaterфото: ФБ Зоран Ногачески

Македонија | пред 6 години

proizvodstvo-2

Фабриките ќе работат во смени и за време на полициски час, работниците на работа со посебни дозволи

Производствените погони и фабрики го продолжуваат своето производство организирано во смени за време и на полицискиот час, а работниците во време на забраната ќе се движат со посебни дозволи за вршење на сменска и ноќна работа. Оваа одлука беше донесена на координативниот кризен штаб на Владата на Република Северна Македонија.  При тоа е усвоена и содржината на дозволата и истата се задолжуваат да ја издаваат одговорните лица на компанијата. Во дозволата се наведуваат основните податоци за работникот, адресата на живеење, работното место и смената во којашто е ангажиран работникот. За валидност на дозволата се пополнува и називот на компанијата во којашто лицето работи, а треба да го содржи и меморандумот на компанијата како и потпис и печат од одговорното лице во компанијата. Овој документ е потврда за движењето на работникот во услови на полициски час и истата ќе треба да се приложи на увид до органите на државата. Дозволата за движење ќе важи исклучиво за лицето на чиешто име е издадена.Воедно, ги потсетуваме правните лица на законската обврска за пријава на ноќна работа. Имено, согласно  член 127 од Законот за работните односи, работодавачот кој користи работници за ноќна работа во ноќна смена меѓу 22:00 часот и 6:00 часот, должен е да ја извести инспекцијата на трудот (Државен инспекторат за труд).Заштитата на здравјето на работниците е основен услов за заштита на целата економијата, а Владата и стопанството имаат иста цел - во овие вонредни услови работењето на компаниите да продолжи, но истовремено да се сочува и јавното здравје. Затоа апелираме до компаниите коишто работат во смени и за време на полицискиот час да покажат одговорност, да се придржуваат и да ги почитуваат мерките за заштитата на работниците во услови на епидемија од КОВИД-19. Инспекциските служби се на терен и ќе го следат почитувањето на препораките.Препораките за организирање на работниот процес се следните:1. Во погоните каде непосредно се врши производниот процес да се лимитира бројот на вработени до таа мера да работниците бидат на растојание од 1,5 до 2м.2. Во самиот погон задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција нa раце и работни површини.3. За време на работното време од страна на вработените да се почитуваат општите препорачани мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце и дезинфекција со употреба на дезинфекциони средства  на база на алкохол).4. Да се врши почесто проветрување на работните простории односно повеќе пати во текот на денот и доколку е тоа можно (преку природна и вештачка вентилација).5. Еднаш неделно да се врши дезинфекција на сите работни простории, особено во погоните, од овластена служба за тоа.6. Во случај на непосреден контакт со позитивен лабораториски потврден случај на КОВИД-19 (со или без симптоми), лицето веднаш се изолира и се пријавува до надлежен Центар за јавно здравје.7. Да се избегнува контакт на вработените лица од погоните меѓу себе во текот на работниот процес, а особено со административните службеници.8. Во случај на потреба од административна работа, потпишувањето на хартиени документи да се спроведува исклучиво преку едно одредено лице кое носи лична заштитна опрема на себе (заштитна маска и ракавици).9. Лицата задолжени за обезбедување на објектот да носат исто така лична заштитна опрема.10. Возачите кои дистрибуираат готови производи, репроматеријали, хартиени документи, исто така да носат лична заштитна опрема.11. Да не се одржуваат состаноци/колегиуми и истите да се спроведуваат по телефон или на меил.фото: Аехива

Македонија | пред 6 години

06032020_VRSM_Filipce_pres

Филипче: Близу 1200 матични лекари ќе се вклучат во процесот на дијагноза на коронавирусот и во водењето на пациентите

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче на денешната редовна прес-конференција информираше дека се дијагностицирани 22 нови пациенти со коронавирус, со што вкупната бројка во моментов изнесува 136 лица, при што посочи дека во текот на ноќта на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 63 годишен пациент од Дебар, по нагло влошување на клиничката состојба. Тој бил хоспитализиран на Клиниката на 17 март без покачена температура, со наод на белите дробови.„Во текот на вчерашниот ден по влошување на состојбата е направена реанимација којашто иницијално била прифатена, поставен бил пациентот на респираторна машина, но по неколку часа состојбата дополнително се влошила и тој починал. Пациентот не дал податок, ниту тој ниту семејството, дека имал некој коморбидитет. Инаку, од новите 22 случаи на коронавирус во нашата земја, 15 лица се од Скопје, 4 лица од Дебар, 2 од Куманово и 1 лице од Охрид. Со тоа вкупната бројка дијагностицирани пациенти со овој вирус денеска до 12 часот изнесува 136 од кои еден е излекуван, а двајца пациенти се починати“, информираше министерот Филипче.Тој посочи дека според местото на живеење досега случаи на коронавирус се регистрирани: во Скопје 81, Дебар 40 од кои едно е починато, Штип 7, Куманово 3 од кои едно е починато, Кавадарци 2 случаи, Охрид 2 случаи и Гостивар 1 случај.Инаку, на Инфективната клиника, денеска се прават шест контролни брисеви на пациенти кои се веќе хоспитализирани, од кои тројца пациенти се во потешка состојба, еден во средно тешка, и двајца пациенти се со лесна клиничка слика. Испитувањата се прават согласно времето кога се примени на Клиниката, кога се тестирани и со оваа анализа ќе се покаже дали се уште се носители на вирусот, без разлика на формата и клиничката состојба.Министерот информираше дека кај сите лица во врска со Клиниката за кожни болести веќе е поминат периодот на инкубација од 14 дена и во моментот се прави распоред и план сите тие да се тестираат во претстојните денови, со цел да се вратат на работното место.„Од денеска се во функција 14-те центри за тестирање на територијата на целата земја, за земање на брисевите, тие се веќе објавени на сајтот на МојТермин и со ова практично во функција ги ставаме сите. Секој граѓанин со или без симптоми може да се јави кај својот матичен лекар, каде ќе ги каже своите симптоми по епидемиолошка анкета. Согласно податоците матичниот лекар веќе има електронски алгоритам кој ќе укаже на тоа дали е потребно тестирање или не, и доколку е потребно кој е степенот на итност. Со тоа преку системот Мојтермин ќе се закаже соодветно време во кое што ќе биде земен брисот, во еден од 14-те пунктови ширум државата, или овде кај нас во Скопје во пунктовите Јане Сандански и Ченто“, посочи министерот Филипче.Тој информираше дека утрово е одржан состанок на Комисијата за заразни болести и на Главниот кризен штаб во Владата на кои било разговарано за дополнително зајакнување на мерките кои пред сѐ се однесуваат на граѓани кои се во ризична група, а тоа се граѓаните над 65 години, како најризична група со најмногу компликации според објавените публикации од земјите во светот, и младите до 18 години кои се преносители на болеста.Овие дополнителни мерки ќе бидат дискутирани на денешната седница на Владата, а јавноста ќе биде информирана по завршување на седницата.Во однос на терапијата со оглед на тоа дека се излезени повеќе студии од веќе аплицирана терапија во светот, министерот извести дека е обезбедена целата терапија за голема бројка на пациенти во нашата земја.„Станува збор за комбинација на терапија која досега во повеќе публикации укажува на тоа дека дава добри резултати во лекувањето на овие пациенти и согласно процедурата кај нас, протоколот за лекување треба да се прифати на стручниот колегиум на Клиниката за инфективни болести, што веќе се направи, и денеска или веќе утре треба да се заврши формално-правната постапка за добивање дефинитивна дозвола за употреба на оваа комбинација на терапија од Агенцијата за лекови МАЛМЕД, по што веднаш ќе биде аплицирана на сите пациенти каде е тоа индицирано. Станува збор за терапија за која допрва ќе се прават клинички студии, но веќе многу земји ја ставија во протоколите со оглед на тоа што даде добри резултати во повеќе земји кај многу пациенти со навистина добри резултати, заради што ние го правиме истото“, информираше министерот Филипче.Во однос на потребата за продолжување на инсулинската терапија, појасни дека секој пациент што има дијабетес и зема инсулин, може да го продолжи рецептот телефонски кај докторот што го води, и инсулинот директно да го подигне во инсулинската аптека, односно да не оди на лекар специјалист.Инаку, во однос на состојбата со дијагностицирани пациенти, тој посочи дека во изминатите 24 часа се дијагностицирани 7 пациенти помалку, што е охрабрувачко, но не треба да се заборави дека се уште сме во тренд на зголемување на бројот на пациенти и дека мерките мора да се почитуваат.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

instagram

МВР нема профил на Инстаграм, креаторите на лажните профили ќе бидат законски санкционирани

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека нема профил на социјалнатамрежа Инстаграм. Во последниот период креирани се неколку лажни профили, кои гозлоупотребуваат називот на институцијата и Секторот за компјутерски криминал и дигиталнафорензика при Министерството за внатрешни работи презема соодветни мерки за законскосанкционирање на креаторите на овие профили. Министерството за внатрешни работи имасвоја веб страница, а профили има само на социјалната мрежа Фејсбук и Јутјуб, и тоа е јаснопотенцирано на веб страната.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

DSC_0008-1

Дополнително ќе се забрани движењето на младите до 18 години и возрасните над 65 години

Дополнително ќе се ограничи движењето на лицата над 65 години и на младите до 18 години, истакна министерот за здравство, Венко Филипче. За оваа мерка че одлучува Владата на седница која ќе се одржи попладнево.„Утрово на состаноците со Комисијата за заразни болести и со централниот кризен штаб разговаравме за дополнително зајакнување на мерките за движење за граѓани во ризична група, односно оние над 65-годишна возраст, како најризична група според објавени публикации од земјите во светот и за младите до 18 години кои се преносители на болеста. Денес во 17 часот на седница ќе ги дискутираме овие мерки и ќе известиме за одлуката“, рече министерот за здравство, Филипче.Доколку се донесе одлука, за посочените категории граѓани полицискиот час ќе трае подолго, а за сите останати на сила останува мерката за забрането движење во периодот од 21 часот до 6 часот следниот ден.фото:Архива

Македонија | пред 6 години

edinstvena-makedonija

Единствена Македонија: Полицискиот час важи за обичниот народ а не и за Оливер Спасовски

Единствена Македонија како дел од Коалицијата „Никогаш северна-само Македонија„ најостро регаира на селективното постапување на полицијата за непочитувањето на полицискиот час. Денеска слушаме дека полицијата синоќа привела 18 лица кои давале отпор при опоменувањето дека не го почитувале полицискиот час а 74 лица бие опоменети за непочитување на полицискиот час. Но, меѓу овие лица не е и техничкиот премиер Оливер Спасовски кого синоќа го виде целата јавност како за време на полицискиот час беше по улиците низ Скопје, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Ја информираме јавноста дека Оливер Спасовски нема право по ниеден закон да биде на улиците по Скопје за време на полицискиот час, а согласно правните прописи точно  е утврдено кои овластени полициски лица може да вршат контрола по улиците дали се почитува полицискиот час.Односот на полицијата спрема Оливер Спасовски е уште еден пораз на правната држава од власта на СДСМ која не ферма закони. Најповиканите во државата, како што е техничкиот премиер Оливер Спасовски не го почитува полицискиот час и за него нема никаква одговорност.Законите во оваа држава важат само за обичниот народ, а не и за функционерите на СДСМ. Одговорност мора да има за секој, законите мора да важи за сите, се вели во соопштението од Единствена Македонија.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Grabez-pistol

Непознати лица, со закана со пиштол ограбиле бензинска пумпа во Скопје

На 22.03.2020 околу 14.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бензинска пумпа на ул.„Македонско-косовска бригада“ во Скопје, две непознати лица, со закана со пиштол од вработениот З.А.(40) од Скопје, му одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

IMG_7590

(ФОТО) Армијата од денеска се вклучува во обезбедувањето на објектите од витално значење

Припадниците на Воената полиција во Армијата на Република Северна Македонија, денеска активно се вклучуваат  во обезбедувањето на објектите од витално значење, меѓу кои Владата, Собранието и затворите во Скопје. Се врши реорганизација и зајакнување на обезбедувањето на резиденцијата на Претседателот со армиско обезбедување.  Обезбедувањето ќе се врши во комбинирани тимови со единиците на полицијата, се вели во соопштението од Министерството за одбрана.Изминатите два дена, припадниците на Армијата од своите колеги од полицијата се запознаваа со овластувањата, процедурите и задолженијата за извршување на оваа задача. Информираме дека армиските припадници, обезбедувањето на објектите ќе го вршат во армиска униформа, а на себе ќе го имаат личното формациско вооружување.Обезбедувањето на овие објекти се прави во целосна координација со Министерството за внатрешни работи, а е врз основа на Уредбата на Владата за утврдување на задачи на Армијата во периодот додека трае вонредната состојба.На овој начин, Министерството за одбрана и Армијата превземаат дел од обврските од Министерството за внатрешни работи и овозможуваат полициските сили да ги фокусираат своите капацитети кон задачите, чија главна цел е почитувањето на воведените владини мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.Армијата и полицијата заеднички ги вложуваат сите свои капацитети во заштита на безбедноста и јавното здравје, во соопштението од Министерството за одбрана.фото: Министерство за одбрана

Македонија | пред 6 години

w_55952187

​ Побарани парични казни заради непочитување на здравствените прописи во Трубарево и во Петровец

Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по поднесени кривични пријави, до Основниот кривичен суд Скопје достави четири предлози за издавање казнен налог против лица обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.Четворицата обвинети, од кои тројца жители на Трубарево и еден на Петровец, влегле во земјава на граничниот премин Табановце на 16, 17 и 18 март, доаѓајќи од различни земји со висок/среден ризик за ширење на епидемијата на опасна заразна болест предизвикана од вирусот COVID-19. При влезот тие прифатиле и потпишале изјава дека ќе останат во задолжителна самоизолација во нивните домови во период од 14 дена, но на 18 март, при извршена проверка од страна на овластени полициски службеници, не биле затекнати во нивните домови.Надлежните јавни обвинители кои постапуваат во предметите побараа од Судот да им изрече парична казна на обвинетите во висина од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде одредена во вредност од 20 евра во денарска противвредност​.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Levica-logo

Левица: Поднесена пријава за кршење на работничките права

Kако единствена партија која се залага за правата и интересите на работничката класа, овој период добиваме голем број пријави за ненајавени отпуштања, доцнење со плати и непочитување на препораките за заштита на работниците во време на светска пандемија.Додека сѐ уште нема одговор од поранешниот вицепремиер Анѓушев за 120 избркани работници од неговата фирма „Каст Инвест”, добивме нови поплаки за загрозување на безбедноста на работниците во уште една странска компанија. Станува збор за фабриката „Џојсон Систем Сејфти“ (поранешно „Ки Сејфти Системс“) која е лоцирана во технолошко индустриската развојна зона во Кичево. Според нашиот извор, во оваа фабрика работниците (кои што се во број поголем од 1000!) сѐ уште немаат добиено елементарни средства како сапун, маски, ракавици со кои што ќе се придонесе за заштита и превенција од корона вирусот. Дополнително, во компанијата не се почитуваат мерките за одалеченост, при што огромен број од работниците се сѐ уште распоредени во огромни групи со кои што се зголемува опасноста од ширење на овој вирус.Станува збор за уште еден странски капитал кој е олицетворение на бруталната експлоатација врз работниците со цел акумулирање екстра профит, при што корумпираните владејачки елити се обидуваат да ги протнат истите под прревезот на “странски инвестиции и економски развој”. За тоа сведочи и случајот пред две години кога работници беа избркани токму од оваа компанија поради обиди за синдикално организирање.Конкретниот случај веќе е пријавен до Државниот Инспекторат за Труд и Државниот Пазарен Инспекторат и очекуваме соодветен и навремен одговор од надлежните институции. Иако правните механизми за заштита на работниците континуирано се минираат од капиталистичката владејачка класа, во периодот што следи Левица ќе ги искористи сите механизми кои ни стојат на располагање против самоволието на капиталот и неговите владејачки елити, се вели во соопштението од Левица.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Kreaton-Kreativa

ФИТР: За само 72 часа доставени над 500 предлог-решенија за полесно справување со кризата од КОВИД-19

Вкупно 546 иницијативи пристигнаа до ФИТР во рамките на јавниот повик КРЕАТОН, наменет за креирање на дигитални алатки и решенија за справување со последиците од КОВИД-19.„Јавниот повик траеше 72 часа и ваквиот интерес е само показател за нивото на свест и желбата за придонес кај многу наши сограѓани, НВО и компании. Очигледно, и во вакви вонредни околности, креативниот потенцијал и солидарноста се силно изразени во нашето општество“, вели директорот на Фондот, Јован Деспотовски.Иницијалните бројки покажуваат дека 57% од иницијативите се поднесени од компании, здруженија или организации, а околу 43% се поднесени од физички лица. Пристигнатите проекти нудат решенија во седум области - во најголем дел се наменети за образование и едукација, здравство и медицина, ИТ платформи и апликации, но и во доменот на медиуми и информирање, култура, маркетинг, трговија и финансии, како и забава и рекреација. Иницијативите, меѓудругото, опфаќаат решенија за справување со лажни вести, за полесно следење и ажурирање на официјални информациите поврзани со коронавирусот и превентивните мерки, како и следење на состојбата со лицата во самоизолација, дигитални платформи и училници, решенија за квалитетно искористување на слободното време во домот, дигитални книжарници, квизови и игри,  како и решенија за поефикасно работење онлајн и сл.Јавниот повик е заеднички потфат на ФИТР, Амбасадата на Швајцарија во Република Северна Македонија, УСАИД, УНДП, УНИЦЕФ, МАСИТ и други партнери/експерти, што ќе ја реализираат и евалуацијата на пристигнатите иницијативи.По првата фаза, за сите предселектирани иницијативи ќе се определат 48 часа за изработка на детален план на активности и предлог буџет. Апликантите  чии предлог проекти ќе бидат избрани во фазата на финална селекција ќе имаат обврска да подготват јавна презентација на предлогот пред Комисијата. Јавната презентација на решенијата и евалуацијата ќе се врши онлајн преку видео – конференциска врска. Предлозите ќе се оценуваат според степен на иновативност, рок и механизми за реализација, капацитет на проектниот тим и влијание.Предлог решенијата треба да се имплементираат во кус рок, и да бидат применливи и во нормални услови, по прекинот на превентивните мерки поврзани со КОВИД – 19 вирусот, како придонес кон забрзана дигитализација на општеството.Вкупниот буџет е 10 милиони денари, со максимален износ по апликација од 10.000,00 евра во денарска противвредност.Овој повик е прва од иницијативите на Фондот за справување со последиците од КОВИД-19. Тимот на ФИТР веќе финализира и нови предлози за поддршка на домашната економја, а како дополнение на пакетот економски мерки на Владата.фото: ФИТР

Македонија | пред 6 години

vmro_np

ВМРО НП: Имаме чувство дека политичките партии се натпреваруваат во своите ирационални понуди само за да им се допаднат на граѓаните

ВМРО-Народна партија со внимание ги следи сите предложени идеи на политичките партии од финансиско економската област кои патем ги предлагаат многу партиски лидери. Имаме чувство дека политичките партии се натпреваруваат во своите ирационални понуди само за да им се допаднат на граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО НП.Ако ги ставиме сите предлози и идеи на куп ќе мора државата уште утре да ја банкротираме и да и го нанесеме најголемото зло.Затоа ВМРО-Народна партија смета дека треба да се формира еден економски совет составен од клучни министри и секоја политичка партија да предложи по еден експерт со што ќе се излезе со заеднички предлог, а без многу популизам и себепромовирање при што мора крајно да се внимава на севкупниот македонски капацитет и да се спречи дестабилизација на буџетот.Само така ќе се донесат принципиелни мерки кои подеднакво ќе одговараат на што поширок слој на економски субјекти, се вели во соопштението од ВМРО НП.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

LDPlogo-620x360

ЛДП: Со други економски мерки согласно европските искуства, конструктивно до Владата, за доброто на граѓаните

Во однос на презентираните идеи во јавноста за намалување на економските последици од кризата предизвиката од Ковид-19, ЛДП истакнува дека постојат и други економски мерки и можности кои би можеле да се применат во Македонија, согласно најавите и искуствата во Европските земји, се вели во соопштението од ЛДП.ЛДП смета дека не е време за поентирање, туку секој да го даде својот придонес со конструктивни идеи за доброто на граѓаните.Економскиот тим на ЛДП ги разгледува сите можности и за брзо време ќе даде свои предлози во насока на ублажување на економските последици од кризата.Сите предлози кои доаѓаат од стручната јавност Владата со сериозност треба да ги разгледа без да избрзува и да носи одлуки под притисок на политичките партии кои може само да сугерираат и предлагаат.Владата како орган кој ја има одговорноста треба да одлучи што е она што е можно и отимално во земјата. Ова е државна криза во која придонесот на сите е добредојден и која ќе ја надминеме заеднички, се вели во соопштението од ЛДП.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

DARUVANJE-KRV-2

Затворено одделението за трансфузиологија во Охрид

Затворено одделението за трансфузиологија во Охрид. Дознаваме дека првиот заболен од корона вирус во Охрид, ја однесол својата мајка во одделението за трансфузиологија во Охрид. Ова е причината што сега одделението е затворено.Инаку одделението транфузиологија не е под општа болница Охрид, туку под републичкиот завод за трансфузиологија.Се потавува прањето дали по завршувањето на кризава, државата ќе превземе мерки за санкционирање на сите лица кои се однесуваат неодговорно, а со тоа ја загрозуваат сигурноста на останатите.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

culev-1

(ВИДЕО) Поради непочитување на полицискиот час уапсени 18 лица - 74 пак биле опоменати

“Мој впечаток и впечатокот на колегите коj утрово го споделивме на координативното тело во рамки на Министерството за внатрешни работи е дека одлуката на Владата, односно ограничувањето на движењето во текот на изминатата вечер се спроведуваше без посериозни отстапки“.Ова меѓу другото го изјави министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на почетокот од денешната прес конференција во МВР на која што ги презентираше сите релевантни информации за јавноста а во врска со спроведувањето на мерките и одлуките на Владата на РСМ во врска со состојбата предизвикана од епидемијата со корона вирусот – “Ковид 19“.Изразувајќи задоволство но и благодарност за дисциплинираноста на граѓаните по воведеното ограничување на движењето, како и на полициските службеници кои покрај неповолните временски околности  беа на висина на задачата, министерот Чулев потенцираше дека вчера во периодот од 21 часот до утрово во 06 часот до кога беше на сила т.н. полициски час, на територијата на цела држава од страна на полициските службеници од слобода биле лишени 18 лица.“Пет лица на подрачјето на Тетово и две на подрачјето на Гостивар кои  и покрај опомената од полициските службеници, агресивно се однесувале по што се лишени од слобода.На територијата на  Куманово пак две лица се лишени од слобода  кај кои е пронајдено оружје.  Во  Радовиш лишени од слобода се две лица, едно лице во Штип,  а шест во Кочани. Во Виница е констатиран еден случај на прекршување, но лицето се оддалечило и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, нагласи министерот Чулев.Исто така тој посочи дека на територијата на цела држава опоменати се 74 лица, кои веднаш постапиле по насоките од полициските службеници.“Сублимирано станува збор за девет кривични пријави кои веќе се поднесени, а се однесуваат по член 206 од Кривичниот законик. Министерството за внатрешни работи во моментов интензивно презема активности со цел утврдување на елементи за поднесување пријава за кривични дела за останатите сторители, а во смисла на дефинирање на елементите на стореното кривично дело, и доколку се утврди дека сторената активност има елементи на прекршок, а не на кривично дело, ќе биде поднесена соодветна прекршочна пријава против сторителот“ изјави министерот Чулев. Истовремено во рамки на активностите за спроведување на полицискиот час полицијата поднела и две кривични пријави за основано сомнение за сторено кривично дело по член 396 – “неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје“Покрај ова на прес конференцијата Чулев презентираше и податоци околу контроилите што ги спроведуваат полициските службеници по однос на лицата што се во изолација, односно самоизолација. Притоа тој нагласи дека во моментов полициските службеници контролираат вкупно 618 лица со решенија за изолација, како и 7307 лица со изјави за самоизолација. И во таа насока досега се поднесени вкупно 77 кривични пријави. Од страна на полициските службеница само во текот на изминатото деноноќие извршени се 322 контроли над лица со решенија за изолација и 3606 контроли кај лица со изјави за самоизолација при што е констатирано дека едно лице не го почитувало решението за изолација, а 22 лица не ги почитувале решенијата за самоизолација и за наведените лица во тек е преземање активност за поднесување кривични пријави.“На самиот крај дозволете да ја информирам јавноста дека на денешната седница на Кризниот штаб во Владата се донесе одлука за заострување на мерките со кои се ограничува движењето. Овие одлуки во текот на попладнево очекувам да бидат потврдени на седницата на Владата, по што Министерството за внатрешни работи ќе преземе мерки за нивно спроведување за што ќе ја информираме јавноста дополнително.Во текот на вчерашниот ден истакнав, а денес повторно ќе потенцирам дека како  министер за внатрешни работи во изминатиот период се залагам за применување на поригоризни ограничувања на движењето на граѓаните со цел спречување на ширењето на Корона вирусот“, изјави на крајот од прес конференцијата министерот Чулев.фото и видео: МВР

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања