Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

kolektor-3

(ВИДЕО)Алексијоски: Ги санираме шахтите кај Лагадин, оние кои се излеваа, сега херметички се затвораат

Јавното петпријатие „Колекторски систем“ интензивно работи на санација на колекторскиот ситем.„Деновиве се работи кај месноста Лагадин, на потегот кај што изминатиов период имаше излевање на шест, седум шахти, од кои четири се во Езеро. Сега истите се херметички затворени. Се работи на систем вовлекување цевка во цевка, на дел од 400 метра, согласно тендерската документација цефките се фи 600“, истакна за Скопје 1, директорот на ЈП  „Колекторски систем“,Владимир Алексијоски.Инаку овој период се врши и обележување, пристапни патишта, снимање на цевководот, прочистување на цевковод, отстранување на корења и нечистотии, прочистување на препумпни станици.Ова е само почетокот на досега најголемата санација на со години запуштениот систем за заштита на нашиот бисер. Систем во тотален колапс. Систем за кој рековме дека ќе го вратиме во нормала, систем кој уште долги години ќе го заштитува езерото.За санацијата на Колекторскиот систем се користи најсовремена технологија за чистење на цевководот, без ископ на постојната мрежа. Предноста на оваа технологија е тоа што работните активности се изведуваат без оштетување на надземната и подземната инфраструктура.Во рамки на проектот е предвидено да биде саниран најкритичниот дел од системот, кој е потполно нефункционален, a ќе биде извршено и чистење на секундарната канализациона мрежа во градовите Охрид и Струга.фото:Скопје 1

Македонија | пред 6 години

aerodrom

Информација за организирањето авионски превоз за државјаните на Северна Македонија во странство кои сакаат да се вратат во земјата

Согласно Уредбата со законска сила за организирање авионски превоз на македонски граѓани со моментален престој во странство за време на вонредната состојба, Владата на Република Северна Македонија ќе организира авионски превоз за пренесување на македонските граѓани на територија на Република Северна Македонија, по претходно прибавена листа од Министерството за надворешни работи на пријавени патници, македонски граѓани со моментален престој во странство, се организира авионски превоз на македонските граѓани со моментален престој во странство.Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија ќе објави јавен повик по дестинација и број на патници врз основа на доставените листи од страна на Министерството за надворешни работи, со цел прибирање на понуди за чартер летови од градовите во Европа до Република Северна Македонија.По објавување на јавниот повик од страна на Генералниот секретаријат крајниот рок за прибирање понуди е 12 часа од моментот на објавување на повикот.Критериум за доделување на договор за јавна набавка е најниската цена.Генералниот секретаријат ќе склучи договор и ќе изврши плаќање на избраната најповолна понуда врз основа на дадениот критериум за избор.Лицата кои ќе се пријават на повикот, при влез во авионот ќе потпишат договор помеѓу нив и Владата на Република Северна Македонија во кој гарантираат дека ќе ја исплатат сумата определена за авионскиот билет на сметка на Владата на Република Северна Македонија и ќе пополнат Изјава дека се согласни по пристигнување на територија на Република Северна Македонија да бидат сместени во објектите за државен карантин во траење од 14 дена.Лицата ќе бидат превземени од Меѓународниот аеродром Скопје, со организиран превоз до местата определени за државен карантин.Лицата кои ќе патуваат имаат рок од 15 дена од денот на пристигнувањето да извршат уплата на сумата за авиобилетите согласно склучениот договор.Враќањето на средствата треба да го извршат на образец ПП-50 во кој треба да ги внесат следните податоци:Назив на примач: Буџет на Република Северна МакедонијаТранс.сметка 100 000000063095Сметка на корисник   630010001963019Приходно конто   725939  00Во цел на дознака:  Враќање средства на сметка 040010007863713, расходно конто 420220 потпрограма 10.Договорот помеѓу патниците и Владата на Република Северна Македонија, во кој гарантираат дека ќе ја исплатат сумата определена за авионскиот билет на сметка на Владата на Република Северна Македонија има својство на извршна исправа и може да биде предмет на извршување во случај на неисполнување на обврската од договорната страна.

Македонија | пред 6 години

Culev-1-3akrklgw2anpmnsx3ngef4

Чулев: За контрола на движењето на граѓаните во полицискиот час ќе се употребуваат и беспилотните летала на МВР

Во контролата на движењето на граѓаните и почитувањето на полицискиот час ќе биде ставена и единицата на беспилотните летала, најави вечерва министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма.-Се работи за беспилотни летала со високи технички можности кои буквално може да ја скенираат целата територија на државата и да укажат на сите можни прекршувања. На тој начин ќе имаме и мапа за тоа каде има најголеми прекршувања. Тие летала имаат големи можности, можат буквално и регистрацијата на возилата да ја видат.  – изјави Чулев.фото: Телма

Македонија | пред 6 години

04032020_MZ_Filipche_pres-konferencija-1

Филипче: Агенцијата за лекови - МАЛМЕД ja одобри комбинацијата на терапија за пациентите заболени од коронавирусот, од утре ќе биде аплицирана на пациентите со коронавирус по индикација од лекар

 Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција информираше дека на состанокот во Агенцијата за лекови - МАЛМЕД беше одобрена комбинацијата на терапија за пациентите заболени од коронавирусот.„Комбинацијата којашто ја содржи лекот хлоркинин и азитромицин, кој се покажа ефективен во повеќе земји, веќе од утрешниот ден ќе биде аплицирана на пациентите коишто се лекуваат кај нас и во болничките и домашни услови после соодветна индикација од лекарот - заради тоа што е потребна прво проценка на клиничката состојба поради тоа што се дава кај одредена група, не кај сите пациенти“, потенцираше министерот Филипче.На прес-конференцијата, министерот Филипче рече дека во изминативе 24 часа регистрирани се 12 нови случаи на коронавирус во земјава. Седум во Скопје и пет во Куманово. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани со коронавирусот до денеска до 12 часот изнесува 148 лица од кои едно е излекувано и 2 се починати.Според  местото на живеење, досега случаи со Ковид-19 се регистрирани 88 во Скопје, 40 во Дебар, од коишто 1 лице е починато, Куманово 8, од коишто 1 лице е починато, Штип 7, Кавадарци 2, Охрид 2 и Гостивар 1 пациент.На инфективната клиника, во моментов има 29 пациенти коишто се лекуваат стационарно. Од нив, една пациентка е во тешка општа состојба на респираторна машина, без промена во нејзината клиничка состојба во изминатите денови. Шест пациенти се со потешка клиничка слика, но сè уште респираторно самостојни, не им е потребна вентилаторна поддршка.„Од денеска, Институтот за јавно здравје по план спроведува тестирање на сите лица коишто беа во врска со случајот на кожната клиника. Се работи за голема бројка, тие лица се сè уште во изолација и за да нема оптеретување за лабораторијата којашто во меѓувреме работи и други тестови од други пациенти од целата држава, ќе се тестираат луѓето во неколку циклуси. Во Куманово е направена интензивна комуникација со лица коишто освен лицата коишто се дијагностицирани со коронавирусот а во врска со починатата пациентка и засега ниту еден од другите членови на семејството нема клиничка симптоматологија“, потенцираше министерот Филипче.Министерот Филипче рече дека одделението за трансфузиологија во Охрид е затворено заради тоа што персоналот бил во контакт со лице коешто како пациент отишло да подигне терапија преку системот „Мој Термин“, а после неколку дена се развиле симптоми кај тоа лице и сега е дијагностициран коронавирусот кај пациентот.„Согласно контактот којшто го имал пациентот со сите вработени, иако не се сите вработени во висок ризик, беше донесена одлука од страна на епидемиолозите, сите 10 вработени - докторите, медицинските сестри и помошно-техничкиот персонал да бидат во домашна изолација. Целосно е преземена службата за трансфузиологија од одделението коешто се наоѓа во специјалната болница Св. Еразмо. Крвоснабдувањето во ниту една болница - болничка установа во Охрид, не е загрозено. Таму целосно функционира и делот за одредување на крвна група којшто се потврдува со системот за телемедицина, којшто со години наназад работи во рамките на Институтот за трансфузиона медицина под раководство на институтот во Скопје“, изјави министерот Филипче.Завршија испитувањата и во болницата во Кавадарци. Ниту еден од персоналот и пациентите од одделението за Психијатрија нема позитивен тест, согласно времето кога е остварен контактот. За дел од нив ова се смета за дефинитивен резултат, а на останатиот дел на лицата коишто е потребно да помине повеќе време ќе се чека 14-тиот ден за да се завршат тестирањата. Одделението е затворено, завршена е целосна дезинфекција и чистење по протокол од локалниот центар за Јавно Здравје. Останатиот дел од болницата работи нормално и со пациенти, оперативниот програм и во однос на одделението за Гинекологија и Акушерство.„Во Кумановската болница вчера интензивно се работеше од страна на локалните епидемиолози, од центарот за Јавно Здравје Куманово. Се правеа интервјуа, се анализираа првичните, секундарни контакти, сите во врска со починатата пациентка. Има дијагностицирани 5 позитивни лица, пациенти од коишто 3 се здравствени работници - 2 доктори и една медицинска сестра. Детално е анализирано и семејството во смисла на контакти и релации во однос на евентуални патувања во странство, контакти со луѓе коишто биле во странство, имајќи во предвид дека резултатите се чекаат во текот на денот, а земени се вкупно 63 бриса, како од медицински персонал во болницата, така и од членови во семејството. Согласно резултатите ќе се направи план за работа на целата болница во однос на функционирање на одделенијата“, рече министерот Филипче.Закажувањето на земање брисеви од вчера се врши и преку матичните лекари. Доколку граѓаните имаат некој од следните симптоми: сува кашлица, висока температура, треска или отежнато дишење, најпрвин треба да се јават по телефон кај својот матичен лекар. Заради заштита на сопственото здравје и здравјето на другите граѓаните не смеат да одат во ординација, туку исклучиво да се јават по телефон кај својот матичен лекар.Матичниот лекар им поставува прашања на граѓаните и тие одговорат на десетина прашања. Согласно одговорите на епидемиолошката анкета, електронски алгоритам укажува на тоа дали е потребно тестирање или не и доколку е потребно кој е степенот на итност. Во оваа прилика, апелираме до граѓаните дека се должни да даваат точни податоци за епидемиолошката анкета во интерес на јавното здравје и точното приоретизирање на итноста за тестирање.Министерот Филипче најави нови предлог мерки и потсети на вчерашните мерки кои Владата на Република Северна Македонија ги донесе на владината седница во однос на движењето на граѓаните.Забрана за движење за сите граѓани од 21:00 до 06:00 часот, се замени со ограничување на движењето од 21:00 до 05:00 часот заради гужвите што се создадоа во јавниот превоз и заради потребата на граѓаните да стигнат на работните места во утринските часови. Забрането е движење на граѓаните над 67 години од 11:00 часот до 05:00 часот следниот ден. На младите до 18 години забраната за движење се однесува за периодот од 21:00 часот до 12:00 часот наредниот ден.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Micko

(ВИДЕО) Мицкоски пред една година: Македонија нема никогаш да добие датум за преговори со политичари како Заев и Пендаровски

ЕУ донесе одлука за почеток на преговорите со Македонија и Албанија. Ова е силна и јасна порака до државите ан Западниот Балкан дека нивната иднина е во Унијата порача, еврокомесарот за проширување.Она што следи сега е мегувладина конферениција со која и формално ќе се означи  отворањето  на поглавјата. Претходно Европската Комисија треба да изготви преговарачка рамка, која исто ќе треба да биде усвоена од страна на земјите членки. Оваа година поради здравствената криза која го погоди целиот свет, министерксиот совет беше одржан преку видео конференција.ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува позитивната одлука на Советот на министри за надворешни работи на Европската Унија. Тие во соопштението до медиумите истакнаа дека сега го очекуваат и датумот за првата меѓувладина конференција со земјите членки на ЕУ.Но, се чини дека не мислеа така во месец мај минатата година. Во обраќање претседателот на ВМРО ДПМНЕ  тогаш истакна:-Македонија нема никогаш да добие датум за преговори со политичари како Заев и Пендаровски.https://www.facebook.com/seir2017/videos/2964069640356740/?v=2964069640356740 фото: Prtsc you tube

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still342

(ВИДЕО) Два дена се шетал гол во центарот на Охрид

Човек два дена се соблекувал гол и стоел или лежел на тротоарот кај пазарот во Охрид, на „Булевар Туристичка“.Вечерва кога по втор пат го направил истото луѓе кои работат  во околните објекти и живеат во околните згради повикале полиција која го привела лицето.Лицето е земено од полиција и однесено во болница.

Македонија | пред 6 години

120190520_075559

Вест ги вознемири и зачуди уредници, но и претставниците од Министерството за здравство

Главните уредници на медиумите во државата вчера на брифинг од страна на министри во Владата беа информирани за најновите случувања поврзани со опасностите од коронавирусот и мерките што ги преземаат надлежните органи. Општа констатација на надлежните е дека најголема штета во сегашните околности прават граѓаните што не се одговорни и не остануваат во самоизолација, за што има и голем број примери. Да биде парадоксот уште поголем, токму за еден таков случај можеа да се уверат сите присутни кога еден од присутните новинари потврди дека бил во контакт со инфицирано лице од корона, но тестовите што потоа ги направил биле негативни за него, Објави Нова Македонија.Текстот во целост на: Нова Македонија  

Македонија | пред 6 години

mickoski-1

Мицкоски: Владата нека го примени онашто го предлагаме, медицинскиот персонал голораки се борат против корона

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес во своето  гостување во централниот дневник на МТВ истакна дека власта треба да го применува онашто го предложува ВМРО-ДПМНЕ, затоа што е во насока на грижа за здравјето на граѓаните, како и тоа дека треба да се заштитат и поддржат луѓето коишто во прва линија се борат голораки против пандемијата, заради недостиг на медицинска опрема.Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ како партија може да нуди проекти, идеи, предлози за тоа како треба да се справува со кризата и да го понуди сиот ресурс којшто го има на располагање.„Ние не можеме со сила на некому да ми дадеме, ако тој не сака наша поддршка и помош. Дел од тие мерки на прва не ги прифаќаат поради суетата, па чекаат да поминат неколку дена па потоа дел од мерките ги прифаќаат модифицирано, за да не се каже дека тоа ВМРО-ДПМНЕ го предложило. Само нека го применат она што го предложуваме, сите политички ловорики нека бидат за нив, сета слава нека биде за нив, сето она коешто мислат дека е добро да се примени, за да се заштити здравјето на граѓаните, затоа што почнаа луѓето да ни умираат“, вели Мицкоски.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

90788783_201941994427617_773968362463035392_n

Од како Ефтов го праша Муакетов како не му е срам, Алкалоид донира и ги намали цените

Од како во својата последна едмисија новинарот Васко Ефтов ги прозва бизнисмените Живко Мукаетов за кого праша дали не се срами да дава изјави дека нема да ги поскапи лековите и дали знае како ја приватизирал „Алкалоид“ , како и Орце Камчев и Сиљан Мицевски прашувајќи дали не се срамат да даваат по еден милион евра на како што рече ороспии и на Боки 13 , прв под овие критики попушти Мукаетов и денес Алкалоид најави дека ќе донира 200 000 евра и ќе ги намали цените на производите.ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ВИСТИНАТА КОЈА ЕФТОВ ЈА КАЖА ЗА ОЛИГАРХИЈАТА:?t=1269ПОВРЗАНА ВЕСТ: Ефтов до Мукаетов, Камчев и Мицевски: Можете да давате милиони на ороспии и Боки 13, а за државата немате?!

Македонија | пред 6 години

DSC_0020-1

Од утре во општина Куманово стапува во сила одлука за забрана за влез и излез со градски, меѓуградски патнички и железнички патнички јавен превоз

Владата на Република Северна Македонија на денешната 27 седница ја дополни Одлуката забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија со забрана за влез и излез од и во подрачјето на територијата на општина Куманово со градски и меѓуградски патнички и железничкиот патнички јавен превоз.Оваа одлука влегува во сила од 25 март 2020 година.Ги зајакнуваме уште повеќе мерките за запирање на заканата од коронавирусот.Ова се мерки за заштита на сите граѓани, на сите нас. Да ги почитуваме за да успееме.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

04032020_MZ_Filipche_pres-konferencija-1

Две годишно дете најмлад пациент заболен од корона вирус

Најмладиот пациент заболен од коронавирус во земјава е двогодишно дете од Скопје, потврди министерот за здравство Венко Филипче. Министерот додаде дека позитивни на коронавирусот се и неговите родители и дека сите се со лесна клиничка слика и се на домашно лекување.Министерот за здравство информира дека во добра здравствена состојба се и тројцата пациенти во Охрид и оти и тие имаат лесна клиничка слика.– Во изолација се ставени 10 лица кај кои се уште не е поминато времето за инкубација и кај кои ќе се направи тестирање кога тој период ќе помине, рече Филипче.Филипче информираше дека во Куманово инфицирани се двајца доктори и една медицинска сестра од Куманово.„Во кумановската болница вчера се работеше интензивно, се правеа интервјуа, се анализираа првични и секундарни контакти, сите во врска со починатата пациентка. Има пет позитивни лица, од кои тројца се здравствени работници, двајца доктори и една медицинска сестра. Земени се вкупно 63 брисеви, како од болницата, така и членови на семејството, согласно кои резултати ќе се направи план за работа на целата болница“, изјави Филипче.Министерот информираше дека набавена е терапија која покажала дека дава резултати против коронавирусот. Оваа терапија од утре ќе им се дава на одредени пациенти. Станува збор за Комбинацијата од хлоркинин и азитромицин.„Веќе од утре терапијата со хлоркинин и азитромицин ќе биде аплицирана на пациентите кај нас, и оние кои се во домашните и во болничките услови. Прво е потребна проценка на клиничката состојба, се дава кај одредена група, не кај сите“, рече Филипче.Министерот прашан за тоа со кои други приватни установи ќе биде склучен договор со ФЗОМ за тестирање, рече дека денеска раководителката на лабараторијата при ИЈЗ воспоставила контакст со сите лабаратории кои имаат контакт да прават тестирање и имаат соодветна опрема и механизам за изработка.– Откако ќе се утврди дека со соодветна начин на технологија се изработуваат тестовите односно дека се резултатите валидни, со цел да се зголеми капацитетот за теститирање ќе се склучат договори со сите со кои ќе се утврди дека е согласно сите протоколи на работа, рече на прес-конференцијата Филипче.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

24032020_PVRSM_Spasovski_ZPVRSM_Osmani_MNR_Dimitrov_pres-konferencija-1

Република Северна Македонија ги започнува преговорите за членство во ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, заменикот на претседателот задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров денеска одржаа прес-конференција по повод добивањето на одлука за почеток на преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија.„Во исклучително тежок момент за нашата држава, за Европа и за целиот свет, денес од Брисел ни пристигна убава и долгоочекувана вест: Република Северна Македонија ги започнува преговорите за членство во ЕУ. Советот за општи работи на ЕУ се согласи дека нашата држава треба во најбрз можен рок да ги започне преговорите за членство со ЕУ. Стигна верификацијата за успехот на нашите напори. За истрајноста, капацитетите и политичката волја на нашите институции - Владата, Собранието, Судството – да ги спроведат реформите што ги поставивме како наша цел уште во 2017 година“, истакна премиерот Спасовски.Исто така премиерот Спасовски посочи дека Владата по барање на Европскиот совет во јуни 2018 ги покрена сите механизми да го затвори реформскиот процес во четири главни области: Судство и владеење на правото, реформа на разузнавачките служби, реформи во јавната администрација и борба против криминалот и корупцијата.„Постигнавме завидни резултати во сите овие области. Тоа беше секоја година верификувано во извештаите на Европската Комисија и со резолуциите на Европскиот Парламент. Од денес тоа го верификуваа едногласно и државите членки на ЕУ“, подвлече претседателот на Владата, Спасовски.Притоа, премиерот Спасовски нагласи дека денешното признание за подвигот на нашата држава е резултат и на тешките политички одлуки кои ги донесе Владата и владејачкото мнозинство во Собранието за решавање на долгогодишните спорови со нашите соседи Грција и Бугарија.„Без Договорот од Преспа и без Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија немаше да биде возможен овој денешен успех. Овој успех е крај на нашето чекање од 15 години откако го добивме кандидатскиот статус за членство во ЕУ. Денеска можеме да бидеме горди зашто чекањето заврши. Успешните реформи ја кренаа бариерата. Патот ни е отворен и единствената насока на тој пат е - само напред. Стигнавме до точката од која кристално јасно се гледа нашата перспектива во Европската Унија. Тоа е точка од која враќање назад нема. Му се допаѓало тоа некому или не – тоа е нашата победа“, истакна премиерот Спасовски.Воедно претседателот на Владата Спасовски наведе дека стануваме држава која преговара за членство во ЕУ и која во наредниот период ќе мора да минува низ трансформација на државата и општеството низ која поминаа сите денешни членки на Европската Унија.„Ова е повеќе од заслужен успех. Ова е признание кое требаше да го добиеме и порано. Со оваа одлука се исправа стратегиската грешка на Европскиот Совет од октомври 2019 година кога не се постигна консензус за одлуката која е усогласена денес. Да се радуваме на овој успех сите. Да се радуваат сите политички партии, сите етнички заедници и сите општествени субјекти. Да се радуваме денес и во истиот момент да се вратиме во реалноста и да продолжиме со уште една битка. Нашата битка со короната“, подвлече премиерот Спасовски.Осврнувајќи се на проблемот со пандемијата на коронавирусот претседателот на Владата Спасовски истакна дека заедно ќе победиме и во оваа борба.„Сега, како никогаш до сега ни треба сплотеност и дисциплина. Да го победиме невидливиот, а толку присутен непријател, за да се вратиме побргу на нашата политичка битка. На еден долг и тежок преговарачки процес за кој ќе ни требаат бројни промени и прилагодувања на европските стандарди, но и на европскиот квалитет на живот. Се посветивме на процесот на започнување на преговорите, иако нашите институции се во одмината фаза на подготовки за почетокот на преговорите“, нагласи премиерот Спасовски.Во овој период на незапаметена криза на современиот свет премиерот Спасовски повика на смиреност и мудрост со цел да се избере најдоброто во оваа ситуација.„Заедно, солидарни и поврзани можеме да дојдеме до побрзо и поефикасно решение на нашите заеднички проблеми. Така беше и за време на бегалската криза во 2015 и 2016 година, така е и денес кога се соочуваме со ужасната пандемија на вирусот КОВИД-19“, истакна премиерот Спасовски.Во обраќањето претседателот на Владата Спасовски упати благодарност до институциите на Европската Унија и на нејзините држави членки за исправната одлука, посакувајќи да ги завршиме преговорите колку е можно побрзо.„Успехот со членството во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ затвораат една битна фаза од нашиот развој. Овие успеси ни отвораат нови можности и перспективи. Благодариме што ги отворивте вратите за преговорите и што ни давате фер шанса да преговараме за членство во ЕУ. Нашите граѓани и нашите институции таа шанса цврсто ќе ја зграпчат и максимално ќе ја искористат“, подвлече премиерот Спасовски.На прес-конференцијата заменикот на претседателот задолжен за европски прашања Бујар Османи оцени дека оваа одлука не е подарок, ниту пак е чиста политичка одлука, туку признание за суштинскиот напредок на земјата, на посветеноста на Владата и останатите институции кон реформите, признание за успехот во создавањето на добрососедски односи, признание за внатрешната општествена кохезија и стабилните меѓуетнички односи.„Токму затоа одлуката на 27-те земји членки е донесена без никакви дополнителни услови за земјата. Со тоа, Европската Комисија доби целосно одврзани раце да почне да ја формира т. нар. преговарачка рамка за земјава по која ќе се организира и првата меѓувладина седница, што ќе претставува и официјален старт на преговорите“, истакна вицепремиерот Османи.Во обраќањето вицепремиерот Османи истакна дека во овие моменти кога се соочуваме епидемијата на коронавирусот и се чувствуваме загрозени и загрижени за иднината, овој свеж зрак на оптимизам ќе ни помогне полесно да ја надминеме и оваа криза.„Верувајте, битката против коронавирусот ќе ја добиеме, а иднината секако ќе дојде. Добро е да знаеме дека таму, во блиска иднина, нè чекаат предизвици на преговорите за членство во Европската Унија. Тоа е процес кој значи напредок за државата, реформи кои значат создавање на европски институции, напредок во образованието и науката, квалитетно здравството и здравствена заштита. Тоа е процес кој значи стабилност и предвидливост на економските текови, повеќе странски инвестиции, поголем потстрек и за домашните инвеститори, повеќе работа за претприемачите, повеќе работни места, поголеми примања - сè на сè - подобар животен стандард за граѓаните“, истакна вицепремиерот Османи.Министерот за надворешни работи Никола Димитров истакна дека Советот за општи работи на ниво на министрите за европски прашања на ЕУ и покрај вонредните околности предизвикани од ситуацијата со коронавирусот донесе одлука за почеток на преговорите со Република Северна Македонија и оддаде признание за досега сработеното.„Нашите ЕУ пријатели денес и покрај грижите од пандемијата, најдоа време и волја за долгоочекуваната одлука за почеток на пристапни преговори. Одлуката на ЕУ во вакво време „невреме“ е симбол на нејзината вистинска сила. Да си дадеме сите момент радост и гордост за признанието кон истрајната работа и непоколебливата надеж. За остварениот аманет од предците, за отворената врата на македонските поколенија! За дадената шанса да продолжиме да покажуваме дека умееме и припаѓаме во европското семејство“, нагласи министерот Димитров.Во обраќањето министерот Димитров истакна дека Република Северна Македонија по 15 години во чекалната како кандидат и по разочарувањата во јуни 2018, јуни 2019 и октомври 2019 година, конечно го поминува прагот и заслужено ќе ја започне следната фаза од својот европски пат.„Отсега натаму и ние ќе имаме почетна точка од која ќе го мериме времето - откога започнуваме позитивен натпревар со останатите во спроведувањето на реформите и во усвојувањето на европските стандарди. И досега, но од сега па натаму уште повеќе, од нас самите зависи“, подвлече министерот Димитров.На прес-конференцијата владините претставници повторно ги повикаа граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

om-eu-2020

ОМ: И Македонија е Европа! Честитки и само успеси!

Обединети за Македонија го поздравува почетокот на преговорите со ЕУ.Започнуваме преговори со наднационалната и меѓувладина Унија, најголемата организација на независни држави во светот - Европската Унија, се вели во соопштението од Обединети за Македонија.Тоа беше и е програмска определба од која ОМ не отстапува и е причина за изборното коалицирање.Тоа е одлична вест за остварување на модерниот сон на македонскиот народ за Европа без граници.Започнуваме преговори со организација која нуди мир и безбедност, обединет и слободен пазар, модерни стандарди, почитување на човековите права.Го отпочнуваме патот за поцрвста и рамноправна конекција со нашите соседи, со нашиот континент, затоа што и Македонија е Европа.Честитки и да се редат успеси, се вели во соопштението од Обединети за Македонија. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Богојески: Се исполни идеалот на Организацијата!

МК & ЕУ Приказната започна…Ставени сме на шини… сега се знае возот во кој правец оди!Следниве 10+5 години имаме само една работа – полна европеизација на државата и општеството, напишпа на својот ФБ профил Петар Богојески – Македонски концепт.Богојески додава:Полека, но сигурно, се исполнува идеалот на Организацијата… македонска држава во друштво со просперитетните, слободни, демократски држави! Честито Македонци, без разлика кој етнички, религиски, политички и др. вид на идентитет го носите во себе! Успеавме!!!фото: ФБ Петар Богојески

Македонија | пред 6 години

DSC_0008-1

Забраната за движење не ја почитувале 133 лица,од нив најмногу во Скопје

Во текот на изминатото деноноќие (23/24.03) во врска со забраната за движење во периодот од 21,00 до 05,00 часот, на целата територија на земјава, евидентирано е дека забраната не ја почитувале 133 лица, најмногу во Скопје (44), при што биле приведени 26 лица, против 33 лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, за тројца – прекршочни пријави, додека пак 71 лице се опоменати.Покрај ова, во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршени 152 контроли во угостителски и други објекти при што само во еден случај (угостителски објект во Охрид) било евидентирано непочитување на мерките на владата, а објектот е затворен.Севкупно во периодот од 26.02. до денес 24.03 издадени се 1.105 решенија за изолација додека пак 8.709 лица потпишале изјави за самоизолација .фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

lorenco

ЕУ одлучи да почне преговори со Севена Македонија и Албанија

Земјите членки на ЕУ постигнаа политички договор за отпочнување на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, соопшти еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.– Од срце им честитам на двете земји. Ова исто така испраќа и јасна порака до земјите од Западен Балкан: Вашата иднина е во ЕУ, напиша Вархеји на неговиот официјален Твитер налог.Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска на видео – конференција дебатираа за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. Ставот на ЕК по ова прашање, е јасен: двете земји испорачаа реформи и се подготвени да ги отворат преговорите, твитна Вархеји.

Македонија | пред 6 години

24032020_MON_Ademi_pres-konferencija-1

За прв пат е изработена и воведена национална платформа за поддршка на далечинско учење

На предлог на Министерството за образование и наука, Владата на Република Северна Македонија донесе уредби со сила на закони со кои се предвидува основните и средните училишта, како и високо образовните и јавните научни установи да организираат далечинско учење, односно учење од дома со примена на средства за електронска комуникација и тоа да се спроведува во овој период кога е прогласена вонредна состојба. За овие новини во областа на образованието денес на прес-конференција информираше министерот за образование и наука Арбер Адеми.Согласно уредбите секоја образовна установа индивидуално треба да одлучи за формата на далечинско учење која ќе ја примени, земајќи ги предвид можностите на сите вклучени страни во образовниот процес за користење на одредено/одредени средства за електронска комуникација – видео конференциски платформи, електронска пошта и слично, кои обезбедуваат взаемна двонасочна комуникација и настава без физичко присуство на засегнатите. Наставниот кадар е должен за време на далечинското учење да реализира настава, да организира вежби, тестирања, проверка и објективно оценување на знаењето на учениците.Адеми информираше дека во најголем дел, високообразовните и јавните научни установи веќе применуваат одредени платформи за далечинско учење, така што, како што посочи, предизвикот во делот на високото образование е помал во однос на предизвикот на основните и средните училишта.„Ние препорачуваме примена на унифицирана национална веб платформа која се изработува во моментов од страна на Бирото за развој на образованието и УНИЦЕФ со финансиска поддршка од Британската амбасада, наречена е Е-училница, а која ќе биде достапна веќе од утре“, рече Адеми, додавајќи дека платформата наменета за основните и средните училишта, се изработува по примерот на платформи за далечинско учење од земјите во регионот кои се покажуваат како практично применливи и ефективни, а како најдобар пример ја посочи Република Хрватска.„Платформата чија употреба е едноставна, ќе понуди видео лекции, односно разработка на методски единици за сите одделенија и сите задолжителни предмети. Видео лекциите ќе бидат во траење од 15-тина минути и ќе бидат придружени со презентација и нарација/објаснување од наставник, односно наставничка што ќе покаже интерес и ќе се пријави за оваа цел“, нагласи Адеми.Адеми посочи дека МОН веќе ги извести сите основни и средни училишта за оваа национална платформа за далечинско учење, со апел до наставниците да се вклучуваат во пополнувањето на истата и информираше дека до овој момент се имаат пријавено околу 600 наставници, а бројката од ден во ден постојано расте.„Со задоволство информирам дека веќе пристигнуваат видео лекции. Имаме пријави за над 1000 лекции, а пристигнати се досега околу 400 лекции. Истите се проверуваат од содржински аспект и се внимава да не се повторуваат, односно за една тема од учебник да има една лекција. Секако очекуваме бројката драстично да расте во следните денови, а во меѓувреме апелираме на трпеливост до целосно пополнување со содржини за сите одделенија и по сите предмети“, нагласи Адеми.Линкот до оваа прва национална платформа за далечинско учење во земјата е www.eduino.gov.mk.Граѓаните можат да доставуваат предлози и препораки до Министерството за образование и наука во насока на евентуално подобрување на функционалноста на платформата во иднина, со што, како што рече Адеми би се обезбедил траен систем за далечинско учење кој ќе остане и ќе биде подготвен да се применува секогаш кога ќе има потреба од истиот.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

90765063_814195019093645_5073463009259552768_n

Отворено писмо на претседателот на Граѓанско Демократска Унија- ГДУ, Петар Колев

Од мое лично име, но и од името на ГДУ, сакам да ја изразам нашата огромна благодарност кон нашите лекари, полицајци и припадници на армијата, како и кон сите служби за спасување, безбедност и сите инволвирани во борбата против ова зло Ковид-19, истакна Петар Колев, претседател на ГДУ.Би сакал најдлабоко и искрено да се заблагодарам и на сите професионални возачи на камиони, продавачи во супермаркети, аптекари, работници во пекари, производствени капацитети за храна, за струја, вода и сите инволвирани во овие тешки моменти кои со огромен ризик за своето здравје продолжуваат со работа за ние денес да можеме да живееме спокојно и да немаме криза за храна, струја, вода, горива итн. Почитувани сограѓани, вие сте нашите херои, вие сте луѓето кои во овој момент сте спасителите на Македонија и на секој еден од нас!Нашето општество има долг кон вас и тоа е вистината.Ви се поклонувам на храброста и длабоко ви се заблагодарувам, истакна Петар Колев, претседател на ГДУ.фото: ГДУ 

Македонија | пред 6 години

avtobus

(ВИДЕО) Над 50 лица кои допатувале од Црна Гора утрово се сместени во државен карантин во х. Десарет во Охрид

Над 50 лица кои допатувале од Црна Гора утрово се сместени во државен карантин во Охрид, дознава „А1он“. Тие во придружба на две полициски возила кои беа на почетокот и крајот од конвојот беа спроведени од граница до хотелот „Десарет“, објект каде ќе се сместуваат дел од повратниците што доаѓаат кои биле заглавени на гранични премини и аеродроми и се враќаат со поддршка со поддршка од МНР.По полициското возило кое го предводеше конвојот со ротациони светла, зад него имаше автобус и неколку автомобили кои според регистарските таблици се од Крива Паланка, Скопје, Кичево, Кавадарци.Владата претходно соопшти дека двапати дневно, наутро и навечер ќе се транспортираат македонските граѓани кои доаѓаат од странство до објектите кои се државни карантини. Лицата коишто доаѓаат од странство се носат директно во државен карантин на локации кои се определени за таа намена. 

Македонија | пред 6 години

koronavirus

Упатство за граѓаните за закажување на тестирање за коронавирус кај матичен лекар

Закажувањето на земање брисеви од вчера се врши и преку матичните лекари. Доколку граѓаните имаат некој од следните симптоми: сува кашлица, висока температура, треска или отежнато дишење, најпрвин треба да се јават по телефон кај својот матичен лекар. Заради заштита на сопственото здравје и здравјето на другите граѓаните не смеат да одат во ординација, туку исклучиво да се јават по телефон кај својот матичен лекар.Матичниот лекар им поставува прашања на граѓаните и тие одговорат на десетина прашања. Согласно одговорите на епидемиолошката анкета, електронски алгоритам укажува на тоа дали е потребно тестирање или не и доколку е потребно кој е степенот на итност. Во оваа прилика, апелираме до граѓаните дека се должни да даваат точни податоци за епидемиолошката анкета во интерес на јавното здравје и точното приоритизирање на итноста за тестирање. Исто така апелираме да се јават само доколку имаат симптоми, да не се оптоварува системот беспотребно.Во случај да треба да се изврши тестирање, матичниот лекар го закажува тестирањето преку "Мој Термин" на некој од пунктовите според местото на живеење на пациентот. Без закажување, не е возможно да се изврши тестирање и затоа граѓаните се предупредуваат да не одат сами на пунктовите без закажан термин.Во закажниот термин, не треба да се оди кај матичниот лекар или да се зема некоја потврда, граѓаните треба да одат директно на пунктот за да бидат тестирани. Се истакнува дека треба да носат заштитна опрема и по можност не доаѓаат со јавен превоз.По земањето на брисеви и соодветно испитување, за резултатите пациентите ќе бидат известени и согласно состојбата ќе биде заземен став за натамошно лекување дали на клиника, болница или во домашни услови, а во целосна  секојдневна комуникација со матичните лекари  и со сестра и доктор  од клиниката за инфективни болести.Во функција за поддршка на граѓаните е и бесплатниот број на контакт центарот на Министерството за здравство 0800 002 03 на кој може да се добијат сите потребни дополнителни информации, како и информации за тоа како да се закаже тестирање и други препораки во однос на коронавирусот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

vmro_np

ВМРО НП: Затворање на сите државни и приватни работни места со исклучок на оние кои се витални за функционирањето на државата

Со оглед на новонастаната ситуација која станува се покомплицирана и од аспект на ширење на вирусот но и од аспект на падот на економијата, ВМРО-Народна партија ја предлага следната мерка:Затворање на сите државни и приватни работни места со исклучок на оние кои се витални за функционирањето на државата.За имплементација на оваа предлог-мерка која би траела од 27 март до 21 април, предлагаме принцип на споделено финансирање и три чекори од кои:Секој вработен ќе биде должен првата седмица да ја земе од својот одмор.За втората седмица сите вработени ќе добијат неплатен одмор од пет дена.А третата седмица ќе биде платена како субвенција од буџетот на Македонија.На овој начин сметаме дека ќе добиеме 25 дена општ прекин на движењето во Македонија и ќе се приближиме до идеалниот карантин или изолација.Да речеме дека во моментов имаме ирационална состојба, имаме полициски час во 21 часот, а од друга страна имаме полни автобуси и полни фабрики каде што луѓето се во постојан ризик и лесно можат да го пренесат вирусот.Исто така со оваа мерка најмногу ќе и помогнеме на економијата која во овој момент е во своевиден хаос, а и ќе се спречи отпуштањето на илјадници вработени во Македонија.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

MVR-1

За полициските службеници дисциплинска постапка, а за „мангупот“ полицаец глоба од од 600 до 800 евра

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во врска со двете фотографии  кои во текот на вчерашниот ден се појавија на социјалните мрежи на кои лица  облечени во полициска униформа со навредлива содржина кон граѓаните  кои заради вонредната состојба ги почитуваат препораките на Владата и се наоѓаат во изолација,  а со тоа се штитат себе си и другите од ширењето на вирусот Ковид 19, Ве известуваме дека Министерството за внатрешни работи најостро го осудува ваквиот недоличен и недопустлив начин на однесување особено на полициски службеници и согласно процедурите веднаш  изврши проверки дали станува збор за вработени во МВР .При извршените проверки беше утврдено дека  двете лица  на една од фотографиите заеднички фотографирани во возило  станува збор за овластени полициски службеници, истите  веднаш се повикани на разговор во внатрешна контрола на МВР , при што против нив најитно поведе дисциплинска постапка за чија содржина и исход ќе ја известиме јавноста по утврдување на сите факти.Во врска  со другата фотографија каде едно лице  е фотографирано само , МВР утврди дека не станува збор за полициски службеник туку за граѓанин А.А (27) од Прилеп, кој веднаш по утврдување на идентитетот е повикан во ОВР Прилеп на разговор и по утврдените факти и разговорот со  него, МВР против него ќе поднесе прекршочна пријава по член 23 од Законот за прекршоци против ЈРМ во висина од 600 до 800 евра глоба, заради лажно преставување на социјалните мрежи како полициски службеник,носејќи  полициска мајца со полициски ознаки .Министерството за внатрешни работи апелира  до граѓаните и до полициските службеници да  бидат крајно внимателни со содржините на објавите на социјалните мрежи  и воедно потенцираме дека  најстрого ќе бидат казнувани сите лица кои со ваквото недолично и непрофесионално однесување го нарушуваат угледот на полицијата. 

Македонија | пред 6 години

24032020_Inspekciski_sovet_pres-konferencija-1

Филиповска-Грашкоска: За четири дена спроведени над 11 илјади надзори, сите инспектори се на терен во интерес на здравјето на граѓаните

Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, на денешната прес-конференција во Владата ги презентираше наодите од инспекциските надзори од повеќе инспекциски служби во надлежност на Советот, кои интензивно се спроведуваат на терен, со цел да гарантираат целосно почитување на мерките на Владата за заштита од КОВИД-19.Претседателката на Инспекцискиот совет соопшти дека во периодот од 19-22 март шест инспекторати направиле вкупно 11.358 надзори.Државниот пазарен инспекторат има извршено вкупно 9.658 надзори во периодот од овие четири дена и продолжува со истата динамика на контролирање.„Притоа се затворени вкупни 21 угостителски објект во Скопје, Куманово, Битола, Кочани, Гостивар и Струга. Овој инспекторат покрај контролите на угостителските објекти и на трговците со одлука на Влада е задолжен да ги контролира и замрзнатите цени на одредени производи. За периодот од 19-22 март Државниот пазарен инспекторат направил вкупно 869 надзори на цените на производите. Притоа кај одредени трговци од малопродажба се констатирани промени на цени, но веднаш се задолжени да постапат по Одлуката и истите ги вратиле старите цени од 11-ти март“, рече Филиповска-Грашкоска.Филиповска-Грашкоска истакна дека во периодот од 19-22 март, Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вкупно 111 надзори. Во овој период од 4 дена издадени се вкупно 5.130 дозволи за влез на професионални возачи на товарни возила во Република Северна Македонија.„Овие дозволи се потребни за непречено снабдување на државата со неопходните стоки, но под посебниот протоколарен режим при патувањето и при влезот во земјата донесен од страна на Министерството за здравство и Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Констатирано е дека возачите се придржуваат на пропишаните препораки за заштита од КОВИД-19“, рече Филиповска-Грашкосока.Претседателката на инспекцискиот совет посочи дека Државниот инспекторат за труд во периодот од 19-22 март спровел вкупно 463 контроли при што се донесени 11 решенија и 20 укажувања за работодавачите кои не постапиле по препораките на Владата.Трудовиот инспекторат од вчера ги интензивира посетите на производствените погони коишто добија препораки за заштита на вработените од КОВИД-19.„Со цел навремено да се вршат контролите и да се проверат што е можно поголем број на субјекти, Управата за јавни приходи ги стави на располагање сопствените капацитети и ресурси на Државниот пазарен инспекторат“, рече Филиповска-Грашкоска.Агенцијата за храна и ветеринарство во периодот од 19-22 март спроведе 189 надзори. При тоа во два објекти констатирана е работа на лица без санитарни прегледи, неправилно означување и не водење записи. Во три објекти констатирани се неправилности во однос на општата хигиенска состојба во објектите, а во 8 месарници констатирани се неправилно декларирање на месото, несоодветен термички режим на чување на месото.Државниот инспекторат за транспорт којшто истото така ги има зајакнато контролите на терен, констатира дека нема промена кај меѓуопштинскиот сообраќај, односно истиот се одвива со намален интензитет од 68-80 проценти, а меѓународниот линиски превоз на патници е во целосен прекин.„МАЛМЕД (Агенцијата за лекови) во периодот од 19-22 март изврши вкупно девет надзори. Од овие надзори би ги издвоила следењето на доставата на подлоги за брис од Инситут за јавно здравје Скопје до инфектологот во ЈЗУ Општа болница Дебар и доставата на лекови во овие две општини. Инспекциските служби со сите свои капацитети продолжуваат интензивно да работат на терен. Порачувам дека секој, без исклучок кој нема да се придржува до мерките на Владата ќе биде санкциониран. Овие мерки се донесени во интерес на здравјето на граѓаните и на јавното здравје и мора да се почитуваат. Повикувам на одговорност од секое правно лице, од секоја индивидуа во нашето општество. Јавното здравје зависи од сите нас“, апелираше Филиповска -Грашкоска.На прес-конференцијата присуствуваа и директорите на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Иринка Сотирова, на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), Висаре Риза, на Државниот инспекторат за труд, Аљадин Хавзиу, на Државниот инспекторат за транспорт, Руфат Хусеини и на Агенција за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

paridenari1

Семејство од Битола со малолетно дете и уште едно лице не ги почитувало мерките за домашна самоизолација

Основното јавно обвинителство Битола поднесе Предлог за издавање казнен налог против три лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетите, двајца сопружници од Битола на возраст од 43 и 40 години, заедно со нивното малолетно дете на возраст од 17 години и уште едно лице од Скопје на возраст од 18 години со престојувалиште во Битола на иста адреса со семејството, биле должни во периодот од 14.03.2020 до 28.03.2020 година да бидат во домашна самоизолација и да не го напуштаат своето живеалиште/престојувалиште, бидејќи допатувале од Италија преку Грција.Но, тие не постапиле според прописите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на епидемија на заразната болест предизвикана од коронавирус COVID-19 и на 19.03.2020 година го напуштиле домот.Надлежниот јавен обвинител му предложи на Основниот суд Битола на трите полнолетни лица да им определи парична казна во висина од по 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да се определи во висина од 40 евра.За малолетното дете, пак, до судијата за деца при Основниот суд Битола е поднесено Барање за поведување подготвителна постапка.​​фото: Архива

Македонија | пред 6 години

korona-virus

До 12:00 часот регистрирани 12 нови случаи на коронавирус во земјата, вкупно 148 дијагностицирани пациенти

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 12 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (7) и Куманово (5).Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 148 лица од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти.Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:- Скопје (88)- Дебар (40) - од кои 1 починат- Куманово (8) – од кои 1 починат- Штип (7)- Кавадарци (2)- Охрид (2)- Гостивар (1)Поради собирање на податоците до 12:00 часот, соопштението со детален извештај ќе биде испорачано секој ден во периодот од 12:00 до 13:00 часот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања