Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

straza

Денеска облачно време со врнежи од дожд, поради магла намелена видловост на Шапка и Плетвар, во Маврово и на Стража снег

Денеска во земјава ќе преовладува променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11 степени.Во Скопје максималната температура ќе достигне до 7 степени.Поради појава на магла има намалена видливост на Попова Шапка до 20 метри и на планинскиот премин Плетвар од 50 до 80 метри, информираат од Автомотосојузот на Македонија во дневниот утрински извештај за состојбата на патиштата.Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози во западните и југозападните делови од државата, додека на некои од повисоките места наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат. Во останатите делови од државата коловозите се наместа влажни.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

eu-1

Вархеји во писмо до премиерот Спасовски: Определивме првична финансиска помош и ги утврдуваме начините за ублажување на социо-економските последици од кризата

Еврокомесарот за соседска политика и проширување на Европската Унија, Оливер Вархеји, денеска со писмо го информираше претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски дека тој веќе издал инструкции четири милиони евра од инструментите за ЕУ интеграција да бидат пренасочени за итни потреби на Северна Македонија.Вархеји во писмото наведува дека се разгледува начин наградата за успешност од 50 милиони евра за државата првично наменета за инфраструктура и животна средина, да биде пренаменета за ублажување на социјално и економско штети предизвикани од кризата.Еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји истакнува дека во итна процедура е ставена постапката за доделување 9 милиони евра за поддршка на ликвидноста на малите и средни компании, а 3 милиони евра ќе бидат наменети за директна буџетска поддршка.Вархеји во писмото до премиерот Спасовски наведува дека во период кога Европа и светот се соочуваат со криза предизвикана од пандемија на вирусот КОВИД-19, во соработка со меѓународните финансиски институции се разработуваат проекти за ублажување на финансиските проблеми и менаџирање на кризата во Република Северна Македонија и во регионот.Еврокомесарот Вархеји во писмото информира дека во соработка со Советот за регионална соработка, Секретаријатите на ЦЕФТА и на Транспортната заедница се утврдуваат начините за непречен транспорт на стоки во регионот и во Европската Унија.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

bisera

Универзитетска Клиника за детски болести со објаснување за видеоснимаката за малата Бисера

Универзитетската Клиника за детски болести - Скопје,  во интерес на вистината, сака да ја информира јавноста за видео снимката која денеска (25.03.2020 година) родители на наша пациентка ја направиле на едно од одделенијата на Клиника за детски болести - Скопје. На снимката се гледа дека бебе, наш пациент,  тешко дише и притоа родителите ги коментираат и ги обвинуваат со имиња и презимиња лекарите за нејзината состојба, се вели во реакцијата од Универзитетска Клиника за детски болести - Скопје.Во продолжение од клиниката објаснуваат:Имајќи предвид дека станува збор за комплексна ситуација, а со цел јавноста да добие целосна слика за случајот со пациентка, сакаме да дадеме и наш став во однос на денешната снимка.Имаме целосно разбирање за болката на родителите и со нив сме постојано последниве шест месеци.Мајката на бебето, во четвртиот месец од бременоста заболела од варичела. Направени се тестирања за можни последици по плодот, коешто семејството никогаш не ги подигнало. И покрај познатите медицинскиоправдани,стравувања по евентуални последици по плодот, мајката  решила да го роди детето, без разлика на последиците. Токму како последица од варичелата, бебето се родило со комплетно нарушен имунолошки систем, односно не можност да се одбрани од бактерии ниту вируси.  Колку е ослабен имунитет покажува и фактот дека од самото раѓање детето било само неколку дена дома во рок од шест месеци. Направени се сите современи испитувања што само ја потврдуваат дијагнозата дека детето е родено со последица од варичелата додека мајката го носела плодот.Комплетно ја разбираме нервозата на родителите, се обидуваме да помогнеме колку што можеме, но ситуацијата се менува секојдневно, а грижа за детето има постојано. Во секој момент на располагање се докторите на Клиниката кои досега повеќе пати отворено разговараат со родителите за состојбата на детето. И покрај тоа секојдневно се врши притисок на персоналот на болницата, проследени со разни навреди, закани по живот и  агресија која кулминираше денеска кога обезбедувањето на Клиниката мораше да повика и полициска асистенција.Како здравствени работници, но и како луѓе, родители, ја разбираме нивната борба за сопственото дете, но не ја разбираме потребата од психичко и физичко насилство врз оние кои деноноќно се борат за животот на нивното дете.Во овие тешки времиња за сите здравствени работници сакаме да повториме дека целиот медицински тим на Клиниката за детски болести во Скопје деноноќно се бори за најмалите. Нивниот живот за нас е приоритет и тука не треба да има ниту најмал сомнеж.фото: Архива  

Македонија | пред 6 години

bisera

(ВИДЕО) Родителите од Бисера бараат помош

Бисера се наоѓа во Детската клиника во Скопје. На Бисера и било дадена дијагноза „ конгенитална варичела “. Од моментот  на раѓање  Бисера се наоѓа на детската клиника со нејзина мајка. Нејзините родители неколку пати побарале помош од сите надлежни,  докторите кои ја лекувале, потоа  директорката на клиниката  стигнале и до министерот  Венко Филипче кого го информирале за состојбата на малата Бисера. Родителите  се  пожалија на условите во клиниката. Од страна на лекарскиот тим кој ја  лекува Бисера им било кажано дека моментално тоа е капацитетот со кои можат да  обрнат внимание на  лекувањето на Бисера. Во тој момент  родители побарале од директорка  да бидат упатени каде би можела Бисера да се лекува  надвор од Детската клиника бидејќи родители сметаат дека  Бисера не го добива соодветниот третман.Мајката дополнително објаснува дека откако се наоѓаат во  клиниката Бисера се здобила со дополнителни бактерии и вируси кои  и ја отежнале состојбата.Мајката појаснува дека на 5 деца кои се наоѓаат на клиниката само една медицинска  сестра водела грижа.https://www.facebook.com/alexandra.aksoskela/videos/2620254808219034/ 

Македонија | пред 6 години

policija

(ФОТО) Емотивна фотографија

Вонредна состојба во земјава, полициски час од 21:00 до 05:00. Викендов пак заострување на мерките граѓаните да седат во своите домови од 16:00 до 05:00 часот наутро. Граѓаните ги почитуваат мерките кој може работи од своите домови, а останатите радознало ги следат мерките и препораките од Владата, и почитуваат препораките на Владата, со цел кризната ситуација што побрзо и побезболно да заврши.Но, има професии не дозвојуваат самоизолација, туку напротив вработените мора да се своите работни мести. Станува збор за ризична професии, но оние кои ја носат оваа униформа мора да бидат  на своите работни места.Предмалку на социјалните мрежи се објави емотивна фотографија. На неа се гледа како припадник на безбедносните служби кој неменожејќи да се види одблиску со својата сакана, која патем е медицинско лице ги ставиле дланките на стаклото преку кое се гледаат, а разговараат на мобилен телефон.Чешлајќи по интернетот може да се види дека фотографијата ја има споделено и вработена во ЈЗУ Општа Болница Струга, при што, дел од јавноста заклучи дека станува збор за неа.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=619354872252144&set=a.133284807525822&type=3&theater

Македонија | пред 6 години

Gol

(ВИДЕО) Трет ден човек гол шета низ улиците на Охрид

Човек трет ден шета гол низ Охрид. И покрај тоа што за овој настан објавивме и вчера, сепак, и денеска иста слика. Мажот и денеска се шета гол низ Охрид, а никој не реагира. Граѓаните вознемирени бараат надлежните да превземат нешто.Инаку вчера овој маж лежеше гол кај пазарот, а денеска пак се шетал во близина на училиштето Христо Узунов.

Македонија | пред 6 години

DSC_0020-1

Владата донесе уредба со која траењето на приправничкиот стаж на полицаец - приправник се скратува од шест на пет месеци

Владата на Република Северна Македонија донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за внатрешни работи за време на вонредна состојба со која се утврдува дека приправничкиот стаж на полицаец – приправник кој има склучено договор за вработување во Министерството за внатрешни работи на 1 ноември 2019 година согласно членовите 99 и 102 од Законот за внатрешни работи, трае пет месеци.Оваа уредба е донесена заради прогласената вонредна состојба во државата која наложува ангажирање на целокупниот капацитет на организациските единици во рамки на Министерството, вклучително и полицајците – приправници, и од тие причини се предлага оваа уредба со законска сила, со која траењето на приправничкиот стаж на полицаец - приправник (утврден во член 102 од Законот) се скратува од шест на пет месеци.На овој начин ќе се овозможи дополнителен број на полициски службеници, согласно потребите, динамиката, обврските и задачите што ги има полицијата, за спроведување на одлуките, препораките, заклучоците и мерките што ги утврдува Владата на Република Северна Македонија.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

filipce-2

Трета жртва од коронавирусот во земјава - почина жената која беше на респираторна машина

Трета жртва од коронавирусот во Македонија. Почина 66 годишната дебарчанка која подолг период беше на респираторна машина, информираше попладнево министерот за здравство Венко Филипче. Како што кажа министерот, починатата е од Дебар, на возраст од 66 години, а претходно боледувала од висок крвен притисок.Во последното деноноќие регистирани се 29 нови случаи, со што бројката на дијагностицирани пациенти од коронавирусот се искачи на 177 луѓе, од кои еден излекуван и 3-ца починати. Откриени се и првите пациенти во Прилеп и во Велес. Најмногу регистирани има во Скопје, нови 20, а вкупно 108 лица.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

DSC_0204-1

(ФОТО)Министерот Чулев во посета на полициските службеници кои го обезбедуваат карантинот во центарот на Скопје

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска ги посети полициските службеници кои ги обезбедуваат лицата сместени во државниот карантин во центарот на Скопје. Карантинот во траење од 14 дена се воведува за сите македонски државјани кои се враќаат во нашата земја. Транспортот од граничниот премин до карантинот го врши овластен превозник одреден од страна на Генералниот секретаријат на Владата, а Министерството за внатрешни работи го придружува транспортот од граничниот премин до карантинскиот објект.Од страна на полициските службеници министерот Чулев беше запознаен со протоколите по кои тие постапуваат со цел да осигурат непречено функционирање согласно препораките од Министерството за здравство и останатите надлежни здравствени установи. Полициските службеници се поставени на влез и  на секој спрат од хотелот ,  со цел гарантирање на безбедноста и одржување на редот во објектот.Министерот апелираше до полициските службеници да бидат максимално претпазливи пред се водејќи сметка за своето здравје , но и целосно да бидат на располагање на граѓаните кои се сместени во карантин.Во моментов припадниците на Министерството за внатрешни работи обезбедуваат седум објекти, а заклучно со денешниот ден  во државен карантин се спроведени околу 250 лица, вратени од странски земји.фото: МВР 

Македонија | пред 6 години

koronavirus

Тројца пациенти кои се лекуваа од КОВИД-19 подготвени да си одат дома!

На денешната прес конференција минситерот за здравство Венко Филипче истакна дека на Инфективна клиника се направени тестови на четворица на пациени кои пододлго време се лекуваат таму и тие тестови се негативни.-Од тие четворица, тројца се во значајна добра состојба и ќе биде земен уште еден тест утре и доколку и тој тест е негативен тројцата пациенти ќе бидат спремни да се упатат на домашно лекување, истакна министерот за здравство Венко Филиче.Во изминатото деноноќие имаме заклучно со 12 часот нови 29 случаи на заразени во нашата земја и по градови: Скопје 20, Куманово 3, Прилеп 2, Дебар 1 лице и Велес 3. Вкупно се 177 лица. Според местото на живеење заразени има Скопје, Дебар, Штип, Кавадарци, Охрид, Гиостивар, а од денеска и во Прилеп и во Велес.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

makedonski-koncept

Македонски концепт: Република Северна Македонија ќе биде полноправна членка на ЕУ, без никаква дилема

Македонски концепт за одлуката на ЕУ за почеток на преговори со Република Северна Македонија ОГРОМЕН УСПЕХ И ЈАСНА ПЕРСПЕКТИВА ЗА ИДНИНАТА. Тргнувајќи од нашата стратешка определба за полна евро-атлантска интеграција на Република Северна Македонија, со радост и воодушевување ја примивме веста за одлуката на ЕУ да отпочне пристапни преговори со нашата земја. Им честитаме на сите Македонци, без разлика на кој етнички, верски, политички или друг идентитет го носат во себе. Ова е огромен успех за сите нас и за нашата држава. Сега имаме јасна перспектива кон иднината, а тоа е целосна европеизација на македонската држава и општество, се вели во соопштението од „Македонски концепт“.Тие додаваат:Им честитаме на сите оние кои активно работеа да биде донесена оваа одлука. Македонски концепт се залага за деидеологизација на македонското општество, како единствен начин да дојдеме до политичко и идеолошко помирување помеѓу нашите граѓани. Алтернатива на „идеологиите“, кои доволно не ги спознаваме во овој момент од развојот на македонската Република, ги заменивме со европеизација, процес кој е суштински за нашата држава во следниве десет плус пет години (10 + 5 години).Во таа смисла, одлуката на ЕУ е остварување и официјална промоција и на идеолошката платформа на Македонски концепт.Очекуваме политичките фактори и сите останати во државата, заеднички да ги мобилизираме и да ги вложиме сите наши капацитети тој процес на европеизација на државата и општеството, колку може повеќе, да го поддржиме, да го олесниме, да го намалиме времетраењето, а за многу кратко време и да ги констатираме нашите први успеси во спроведување на пристапните преговори со Европската Унија. Република Северна Македонија ќе биде полноправна членка на ЕУ, без никаква дилема, се вели во соопштенето од „Македонски концепт“.фото: Македонски концепт 

Македонија | пред 6 години

vikend

НОВА МЕРКА: Се забранува движењето на сите граѓани за време на викенд (сабота и недела) од 16 часот до 05 часот!

Со цел уште поголема заштита на населението од ширењето на коронавирисот, Владата денеска донесе одлука за дополнителна рестрикција на движењето на населението за време на викенд.Се забранува движењето на сите граѓани за време на викенд (сабота и недела) од 16 часот до 05 часот!Остануваат на сила и сите други претходно донесени забрани, објави премиерот Оливер Спасовски.https://www.facebook.com/o.spasovski/photos/a.319952798182350/1534047816772836/?type=3&theater 

Македонија | пред 6 години

kiko

(ВИДЕО) Од корона вирус досега заразени 15 тина здравствени работници

Досега над 1000 лица, се тестирани за корона вирус, а во однос на резервите на тестови имаме доволно, истакна министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференцијата. Тестовите се уште се плаќаат во приватните клиники. Денес ќе заврши анализата, проверката, состаноците со сите лабаратории кои покажаа интерес и кои кажаа дека ги исполнуваат условите. Кога ќе заврши увидот од нашата лабараторија, ќе се достави соодветен предлог до фондот, со цел да се зголеми капацитетот на тестирање.Што се однесува до Охрид и случајот со затворање на одделението за трансфузиологија, поради тоа што заболен имал контакт со пациенти и медицински персонал, министерот истакна:-Ќе биде направен тест на сите од медицински персонал, до пациенти. Не се знае колку дополнително има заболени трети лица односно пациенти. Во прашање се 7 лица - вработени и истите без разлика дали имаат симтоми односно до задутре теба сите да се тестираат, истакна министерот Филипче.Министерот додаде дека десега заразени од корона вирус се  14 или 15 здравствени работници и тоа во Кавадарци, Дебар, Скопје и Куманово.- На клиниката се хоспитализирани 35 лица, на инфективното одделение тројца, а останатите пациенто се на домашно лекување. Со овие лица имаме интензивна комуникацја. Во моментов се анализира едно лице од Дебар, за кое ќе се организира транспорт, за да ја прими новата терапија на клинаката во Дебар, истакна предмалку минситерот Венко Филипче.фото: PRTSC  https://www.facebook.com/filipce.venko/videos/227731035046083/?v=227731035046083&notif_id=1585148660419580&notif_t=live_video

Македонија | пред 6 години

04032020_MZ_Filipche_pres-konferencija-1

(ВИДЕО) Филипче: Денеска два пациенти веќе ја добиле терапијата за корона вирус, но поради контраиндикации истата мора да ја препише лекар

Досега над 1000 лица, се тестирани за корона вирус, а во однос на резервите на тестови имаме доволно, истакна министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференцијата. Тестовите се уште се плаќаат во приватните клиники. Денес ќе заврши анализата, проверката, состаноците со сите лабаратории кои покажаа интерес и кои кажаа дека ги исполнуваат условите. Кога ќе заврши увидот од нашата лабараторија, ќе се достави соодветен предлог до фондот, со цел да се зголеми капацитетот на тестирање.Министерот додаде дека на седницта на Влада која се одржува во моментов се дискутира за предлогот за тоа како ќе се организира полицискиот час за време на викендот од петок до понеделнк следната недела.„Пред оваа закана сите сме еднакви, мора де се придржуваме по препораки и мерките. Секој ни е важен со своето одговорно однесување“, истакна Филипче.Н ановинарско прашање кое се однесуваше за заболените во кумановската болница, министерот истакна дека во Куманово се завршени сите тестирањакои биле инцисирани во текот на вчерашниот ден.„Има три позитивни пациенти и нема  заразени нови здравствени работници. Во однос на ширењето и трансмисијата претпоставка на епидемиолозите секако неможиме да бидеме 100% сигурни, е дека вирусот се шири преку капки или раце.Филипче додаде дека во однос на Кумано Владата донесе препорака да се укине целиот градски и меѓуградски превоз.-Се разгледува можноста ова да се спроведе и  во градот Скопје. Добро е што новозаразените ја почитувале изолацијата, но сепак ќе има ограничување на транспортот за време на викендот, за да се намалат социјалните контакти, категоричен е министерот Филипче.На новинарско прашање по општини во која општина во Скопје има најмногу заболени, минситерот истакна:-По општини се работи на анализа во која има најмногу заболени од корона висрус, штом имаме точни податоци ќе ги соопштиме, ќе ја дадеме и таа скица. Во однос на терапијата со оглед на тоа што официјално завршија сите постапки, денеска два пациенти веќе се ставени на оваа терапија, но постои и контраиндикација, затоа оваа терапија мора да ја препише исклучиво лекар специјалист. Денеска ќе завршат кардиолошките прегледи на сите пациенти, а после ќе се утврди на која група пациенти ќе се даде оваа терапија. После оваа терапија ќе се даде и на лицата кои се во домашно лекување. Оваа терапија ќе мора да се дава исклучиво во болница, истакна министерот Филипче.https://www.facebook.com/filipce.venko/videos/227731035046083/?v=227731035046083&notif_id=1585148660419580&notif_t=live_video

Македонија | пред 6 години

Dimsa-PRESS-2810-2

(ВИДЕО) Арсовски: Во време на криза, Владта енормно троши - за само 4 дена платени се 8 милиони денари од ставка репрезентации, услуги во ресторани и патувања

На повидок е нов скандал овој пат со докази за профитерство на власта во услови на колективна здравствена и финансиска, економска криза.  Скандалот профитерство на власта открива фрапантни податоци:Додека граѓаните и стопанството во Република Македонија се справуваат со пандемијата со корона вирусот и додека секој денар е важен во таа борба, Владата енормно троши.Внимавајте за само 4 дена платени се 8 милиони денари од власта под ставка репрезентации, услуги во ресторани и патувања, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Имено тоа кое вчера го обзнанивме е само врвот од сантата мраз на неодговорното трошење.Тие 8 милиони денари за 4 дена, се потрошени на следен начин:За само 4 дена од 17-ти до 20-ти март, во екот на заразата кога стотици граѓани биле заразени и побарале здравствена заштита, кога нема доволно ресурси медицинските лица, кога нема доволно тестови за граѓаните за да се тестираат, биле потрошени 3 милиони 78 илјади и 300 денари на име на репрезентации од страна на функционерите на власта. Функционерите на власта изеле и испиле над 3 милиони денари во време кога ни се случува најголемата здравствена и економска криза. Или ако сакате по денови, 467 илјади денари на 17-ти март, 710 илјади денари на 18-ти март, еден милион и 440 илјади денари на 19-ти март и 459 илјади денари на 20-ти март.Дополнително не се штедело ниту на трошоци на патувања во земјава и странство. Па така има потрошени вкупно 5 милиони 955 илјади 834 денари  или 96.843 евра за патни трошоци, сместувања, хранарина и дневници.  Речиси 97 илјади евра!Да биде апсурдот поголем, најголемиот дел од трошоците по овој основ се направени за патувања во странство, во ист период кога постои забрана за патувања надвор од Република Македонија.Во ова предничат неколку ресори како на пример министерството за надворешни работи на Никола Димитров со 1.457.517 денари и министерството за одбрана на Радмила Шекеринска со 1.042.398 денари.Работата очигледно испадна – Слушајте што зборуваме, а не гледајте што правиме. Почитувани, ова е крајно лицемерие.Само по овие два основи се потрошени 8 милиони денари за само 4 дена!И она што е најлошо, лажат и немаат мака повторно да излажат. Станаа главен извор на лажни вести. Бидејќи Шекеринска кажа дека не потрошила ниту денар преку министерството, ја повикуваме јавно како и нејзиниот колега Димитров да ги објават јавно сите плаќања од министерствата со кои тие раководат.Заев и СДСМ порачуваат работниците, внимавајте оние работници, обични граѓани да го понесат товарот и да им се скратат платите, а тие самите не сакаат да се откажат од своите привилегии кои истите оние работници на кои им ги намалуваат платите, сакаат да им ги намалат платите, преку нивните даноци, работни придонеси и се останато ги плаќаат скапо за да можат овие првите да трошат.Ако навистина сакаат да се заштеди, наместо да ги кратат платите, нека ги скратат само трошоците кои ги прават за репрезентации, ручеци, пијалоци, дневници и патувања во странство и слични функционерски комоции и ќе има сосема доволно за набавка на заштитните средства за болниците и најзагрозените, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.фото и видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

DSC_0020-1

Полицискиот час синоќа не го почитувале 103 лица

Според статистиката на Министерството за внатрешни работи во текот на изминатово деноноќие (24/25.03) на територијата на државата по однос на непочитување на забраната за движење во периодот од 21 до 05 часот полицијата евидентирала 103 лица кои не ја почитувале оваа мерка, при што 63 лица биле приведени во полициска станица, 31 лице се опоменати и воедно биле сочинети и девет записници на место на настан, се вели во соопштението од МВР.Исто така, во текот на вчерашниот ден евидентирани се 39 лица на кои им се издадени решенија за изолација и 111 граѓани кои  на граничните премини потпишале изјави за самоизолација. Извршени се и 61 контрола во угостителски и други објекти и утврдено е дека само во еден случај не се почитувале препораките и мерките на Владата.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

14-540-

Орка Холдинг и Аџибадем Систина издвоија 325.000 евра за справување со коронавирусот

Компанијата „Орка Холдинг„ како компанија која 30 години е дел и значаен столб од економскиот систем на државата и Клиничката Болница „Аџибадем Систина„, која 19 години е врвен лидер во здравството, со низа превземени активности, ставија на располагање бројни медицински и сместувачки капацитети, кадар и медицинска опрема.Оваа помош и поддршка е ставена на располагање на граѓаните и на Кризниот штаб на Владата на нашата земја со цел справување со новонастанатата состојба предизвикана од глобалната пандемија на вирусот Ковид -19.Отсутни од работа се многу наши вработени бидејќи се наоѓаат во групите на граѓани кои согласно препораките на институциите треба да останат дома. Само во Клиничката Болница Аџибадем Систина отсутни се 400 вработени, и како и многу други компании во оваа ситуација, се наоѓаме во рестриктивни услови. Во услови кога се прави реорганизација на работењето со цел да се задржи квалитетот и ефикасноста на истото, ние ја нудиме целата наша помош и поддршка бидејќи постои момент во кој сите знаеме дека нема простор за компромис.Кога за животот се работи, кога се работи за здравјето на луѓето не постои компромис и цена.Како дел од понудената помош Клиничката Болница „Аџибадем Систина„ и „Орка Холдинг„ целосно ги отстапија капацитетите на хотелите Ibis Skopje City Center и Ibis Styles за лица кои треба да поминат 14 дена во изолација. Капацитетите на Ibis Styles се веќе целосно исполнети, а првата група на лица е веќе пристигната и во хотелот Ibis Skopje City Center. Иницијално се очекува до 31.05.2020 да има 5 ротации на лица кои ќе биде потребно да поминат 14 дена во изолација, со што вкупниот број би достигнал 1030 лица,односно, бројот на поминати ноќи во овие објекти ќе биде 14,430.„Орка Холдинг„ и „Аџибадем Систина„, одвоија фонд од 20.000.000 денари или 325.000 евра од кои 315.000 евра за подмирување на трошоците за престој на овие лица како и за заштитни средства, дезинфекција, заштитна опрема, фиксни трошоци, медицинска поддршка од КБ Аџибадем Систина и плати на ангажираните лица кои целиот период ќе работат во карантинските центри,70 дена. Договорот е склучен помеѓу Владата на РСМ и фирмите „ОК Хотел„ и Орка Хотел„.Од овие средства, 10.000 евра беа издвоени за заштитна опрема, односно, заштитни маски, одела и ракавици за СВР Скопје и Здравствените установи во Дебар.Компаниите „Жито Полог„ и „Здравје Радово„, кои се дел од нашата групација, и произведуваат основни прехрамбени производи нема да ги зголемат цените на своите производи во однос на 1.1.2020 година. Истовремено, потврдуваме дека двете компании работат со непречено производство и со полн капацитет. „Жито Полог„ месечно работи со полн капацитет и произведува 1500 тони на брашно Тип400 и Тип500 како и 600 тони сточно брашно и моментално има залиха на пченица сосема доволна за следните 4 месеци.Млекарата „Здравје Радово„ која произведува 150 тони месечно кашкавал и сирење исто така работи во полн капацитет, и моментално има залихи доволни за 6 месеци.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

plata-evra

Казнен налог за три лица од Дебар

Основното јавно обвинителство – Дебар постапувајќи по три кривични пријави против три полнолнетни сторители до надлежниот суд во Дебар поднесе Предлог за издавање на казнен налог против обвинетите. Во одделни кривично правни настани со своите дејствија обвинетите сториле кривично дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од чл.206  став 1 од Кривичниот законик.Двајца од обвинетите, сопственици на угостителски објекти, спротивно на член 1 точка 9 од Одлуката со која се забранува работата на кафетерии, барови, клубови, казина и спортски обложувалници, ги отвориле и примиле и послужувале гости. Третиот обвинет иако знаек дека е прогласена кризна состојба – карантин за општините Дебар и Центар Жупа, тој преку спореден пат во близина на Бошков мост се обидел да ја избегне полициската контрола и да го напушти подрачјето на Општина Дебар. Откако се приклучил на регионалниот пат Скудриње – Гостивар бил запрен од полициски службеници и вратен назад.Обвинетите го сториле кривичното дело што им се става на товар. Обвинителството врз основа на доказите што ги поседува побара од судот на обвинетите да им биде изречена парична казна во висина од 10 до 100 дневни глоби.​​фото: Архива

Македонија | пред 6 години

25032020_VRSM_Kire_Naumov_pres

Наумов: Од полноќ почнува аплицирањето за првата бескаматна линија кредити како поддршка на бизнисот во справувањето со КОВИД-19

Првите 5,7 милиони евра бескаматни кредити како директна помош за микро, мали и средни претпријатија во борбата со КОВИД-19 од полноќ се достапни на компаниите. Развојната банка на Република Северна Македонија денес на својата веб страница www.mbdp.com.mk го објави јавниот повик  за оваа прва кредитна линија, а аплицирањето почнува од 00:00 часот вечерва, соопшти на прес-конференција генералниот извршен директор на банката, Кире Наумов.„Во оваа прва фаза, директно ќе ги кредитираме најпогодените сектори – угостителство, туризам и товарниот транспорт. Целта на овие кредити е да им помогне на најпогодените сектори да ги премостат иницијалните ликвидносни потреби во овој период. Кредитите се со каматна стапка од 0%, рокот на отплата е до 24 месеци и грејс период од 6 месеци“, рече Наумов.Наумов објaсни дека износот на кредитот за кој ќе може да аплицираат претпријатијата зависи од бројот на вработени. Претпријатија до 10 вработени, ќе може да аплицираат за износ до 5.000 евра, претпријатија од 11 до 50 вработени,  ќе може да аплицираат за износ до 15.000 еврa, а оние од  51 до 250 вработени за износ до 30.000 евра. Најниската сума за којашто може да се аплицира е 3.000 евра.„Почитувајќи ги препораките за заштита на јавното здравје, целиот процес за аплицирање за овие средства ќе се прави електронски и неопходната документација ќе се доставува на единствена е-мејл адреса објавена во Јавниот повик (kreditiranjecovid1@mbdp.com.mk). Јавниот повик е достапен за сите на веб-страната на Развојна банка и во него се уредени критериумите кои треба да ги исполнуваат апликантите за овие бескаматни кредити, како и неопходните документи за аплицирање“, рече Наумов.При подготовката на директната кредитна линија Банката и Владата посветија големо  внимание, да го олеснат значително процесот за аплицирање. При тоа, од документи се потребни тековна состојба, завршна сметка за фискалната 2019 година, потврда за платени даноци и придонеси од УЈП, потврда дека за претпријатието не се води стечајна или ликвидациона постапка од Централен регистар, ЗП образец од Централен регистар и кредитна апликација која ја има на веб-страната на Развојна банка, како и соодветни изјави кои треба да се поднесат во прилог. Сите информации во врска со аплицирањето за кредитна линија може да се најдат и на следните профили https://www.mbdp.com.mk/mk/vesti, https://www.facebook.com/Razvojnabanka/.„Развојната банка ќе го следи развојот на настаните одблизу и ќе настојува и понатаму да биде поддршка на микро, малите и средни претпријатија во земјата, особено во овој период и периодот на закрепнување кој следи“, истакна Наумов.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

DSC_0008-1

Петмина го прекршиле полицискиот час во Скопје

Против пет лица од Скопје Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Предлог за издавање казнен налог заради сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.Сите обвинети ја прекршиле Одлуката со која се забранува движењето на населението во Република Северна Македонија, при што еден од нив бил затекнат на 23 март во 21:25 часот како управува со патничко моторно возило Фолксваген пасат по пристапниот пат кон с. Сарај, скопско. Останатите четворица, пак, во 01:30 часот на 24 март се движеле со патничко моторно возило Гранд Чироки во с. Арачиново, скопско.За секое од петте обвинети лица надлежните јавни обвинители му предложија на судот да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Во Кавадарци обвинети се четворица бидејќи не постапиле според здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Кавадарци денеска поднесе четири предлога за издавање казнени налози против лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетите во одделни кривично правни настани не ги почитувале мерките за спречување или сузбивање на опасна заразна болест – коронавирус COVID 19 и не постапиле по определените прописи и упатства за сузбивање и спречување на заразна болест.Еден од обвинетите пристигнал во земјава на 17 март од Република Србија патувајќи од  држави со среден и висок ризик за ширење на коронавирусот и согласно мерките бил должен во период од 14 дена да не го напушта престојувалиштето што го пријавил како место каде ќе ја спроведе задолжителната самоизолација. При вршење на контрола од страна на полициските службеници, на 18 март, не бил затекнат дома.Двајца од обвинетите пристигнале од Република Грција на 18 март, потпишале изјави за самоизолација и биле должни да ги почитуваат здравствените прописи. Но и покрај обврската за самоизолација не биле затекнати во нивните домови на 19 март, кога надлежните служби извршиле контрола.Четвртиот обвинет на 19 март на граничниот премин “Деве Баир“пречекал лице кое се враќало од престој во Соединетите Американски Држави. Согласно Одлуката на домашните органи, обвинетиот потпишал изјава за самоизолација поради тоа што бил во контакт со лице кое дошло од  земја со висок ризик од зараза. Но при извршена контрола не бил затекнат во домот каде требало да ја извршува должноста за самоизолација.Постапувајќи спротивно на мерките за спречување на внесување и ширење на корона вирусот, обвинетите го сториле кривичното дело што им се става на товар за што обвинителството побара изрекување парична казна во висина од по 2000 евра во денарска противвредност за секој обвинет .​​Фото: Архива

Македонија | пред 6 години

bitola-1

Предложена казна заради непочитување на полицискиот час во Битола

Основното јавно обвинителство Битола поднесе Предлог за определување казнен налог против едно лице за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот 32-годишник, на 24 март околу 22:00 часот бил затекнат како се движи по улица „Илинденска“ во Битола, со што не ги почитувал донесените прописи и мерки за спречување и сузбивање на коронавирусот COVID-19 и забраната за движење на населението во периодот од 21:00 до 05:00 часот.Надлежниот јавен обвинител му предложи на судот на обвинетиот да му изрече парична казна од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да се определи на 20 евра во денарска противвредност.​фото: Архива

Македонија | пред 6 години

pjimage-8-1-1

ВИДЕО: Попови се возеа низ Велес и Кавадарци - „го бркаа“ коронавирусот

Денеска попови од Велес качени на камионче и од Кавадарци качени на миниван шетаа низ овие два градови во необичен обид да „го избркаат“ коронавирусот од градот.Инаку порталот Религија.мк пишува дека голем број православни центри, меѓу кои и Света Гора, ги повикаа своите верници сите заедно секоја вечер од 22.00 до 22.15 заеднички да се молат против коронавирусот. На, иницијативта која потекна од Атос, се приклучува и монашката Обител на Богорскиот манастир кој ги повика сите верници на заедничката молитва каде и да се наоѓаат.-Молбата до сите е едноставна. „Секоја вечер, во периодот од 22:00 – 22:15 часот, време кога природата се стишува во темнината, да бдееме малку и да го посветиме нашето време за молитва кон Бога, изговарајќи непрестајно: Господи, Исусе Христе, Сине Божји, помилуј го Твојот свет.Верните од секоја држава почнуваат во 22:00 часот според локално време, за во целиот свет да се направи еден непрекинат ланец на молитва. Да ја обединиме нашата молитва сите заедно, со сознание дека Бог не нè напушти и со свест дека ние се оддалечивме од Него. Да се вратиме кон Него, Кој како најмилостив Татко, ја отвора Својата прегратка за нас. Во овие тешки мигови што ги поминуваме, под заканата на пандемијата, повикани сме повторно да се свртиме кон Бога и да ја обновиме нашата врска со Изворот на животот. Го повикуваме народот Божји на една духовна регрутација преку заедничката молитва, бидејќи преку неа сите стануваме едно тело, една молитва, една заедничка прозба, прозба за спасение упатена кон животодавецот Христос“, велат од Бигорскиот манастир. ВелесBaze Lazevski@BazeLazevskiЗначи крај. 6610:46 AM - Mar 25, 2020 · CentarTwitter Ads info and privacy54 people are talking about thisBaze Lazevski@BazeLazevski · 2hЗначи крај. Bube@Bube42375023311:56 AM - Mar 25, 2020Twitter Ads info and privacySee Bube's other TweetsКавадарциКавадарцифото: ФБ

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Парична казна за лице кое управувало со возило за време на забрана за движење

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлог за издавање казнен налог за лице кое вечерта на 24 март, по 21.00 часот управувало со патничко моторно возило  по улиците на Гостивар, во период кога е на сила забраната за движење. Со тоа, обвинетиот за време на епидемијата на опасна болест COVID 19 не постапил според прописите и упатствата со кои беа определени мерки за сузбивање и спречување на коронавирусот и  го сторил кривичното дело – Непостапување според здравстевни прописи во време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар предложи на судот, на обвинетиот за стореното кривично дело да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби.​фото: Архива

Македонија | пред 6 години

aerodrom-skopje-4

Јавен повик за организирање на авионски превоз за државјаните на Република Северна Македонија во странство кои сакаат да се вратат во земјата од Берлин, Бон, и Минхен

Владатa на Република Северна Македонија објави Јавен повик за организирање на авионски превоз за државјаните на Република Северна Македонија во странство кои сакаат да се вратат во земјата (https://vlada.mk/node/20714).Предмет на овој јавен повик е организирање авионски превоз за пренесување на македонските граѓани на територија на Република Северна Македонија, по претходно прибавена листа од Министерството за надворешни работи на пријавени патници, македонски граѓани со моментален престој во странство.Дестинациите за чартер летови се утврдени за градовите:- Берлин – Скопје (377 патници)- Бон – Скопје (355 патници)- Минхен – Скопје (183 патници).Крајниот рок за организирање на летовите треба да биде до 27.03.2020 година (петок) до 12:00 часот.Право на учество има секоја авио компанија или туристичка агенција која ќе организира чартер летови од градовите во Европа до Република Северна Македонија.Критериум за избор на најповолен понудувач е најниска цена.Генералниот секретаријат ќе склучи договор и ќе изврши плаќање на избраната најповолна понуда врз основа на дадениот критериум за избор.Понудите да се достават електронски, заверени, потпишани од страна на одговорно лице и во скенирана форма на следната е-маил адреса: gs@gs.gov.mk.Крајниот рок за доставување на понудите е 26.03.2020 година до 08:00 часот.Понудите кои нема да бидат доставени во предвидениот рок нема да бидат разгледувани.Лицата кои ќе се пријават на повикот, при влез во авионот ќе потпишат договор помеѓу нив и Владата на Република Северна Македонија во кој гарантираат дека ќе ја исплатат сумата определена за авионскиот билет на сметка на Владата на Република Северна Македонија и ќе пополнат Изјава дека се согласни по пристигнување на територија на Република Северна Македонија да бидат сместени во објектите за државен карантин во траење од 14 дена.Лицата ќе бидат превземени од Меѓународниот аеродром Скопје, со организиран превоз до местата определени за државен карантин.Лицата кои ќе патуваат имаат рок од 15 дена од денот на пристигнувањето да извршат уплата на сумата за авиобилетите согласно склучениот договор.Враќањето на средствата треба да го извршат на образец ПП-50 во кој треба да ги внесат следните податоци:Назив на примач:Буџет на Република Северна МакедонијаТранс.сметка 100 000000063095Сметка на корисник   630010001963019Приходно конто   725939  00Во цел на дознака:  Враќање средства на сметка 040010007863713, расходно конто 420220 потпрограма 10.Договорот помеѓу патниците и Владата на Република Северна Македонија, во кој гарантираат дека ќе ја исплатат сумата определена за авионскиот билет на сметка на Владата на Република Северна Македонија има својство на извршна исправа и може да биде предмет на извршување во случај на неисполнување на обврската од договорната страна.За дополнителни информации понудувачите може да се обратат до Владата на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат на телефон 02/3118-022.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања