Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

vrapce

(ФОТО) Помор на врапчиња низ цела Македонија, граѓаните не знаат што се случува

Во групата „Фармери“ на социјлната мрежа Фејсбук граѓани споделуваат фотографии од помор на врапчиња. Велат иста е сутацијата во повеќе делови во Македонија.-Здраво на сите, дали е забележан помор на врапчиња во вашето место на живеење?, пишува на групата на фармери. https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10215378857168680&set=pcb.2845052722381857&type=3&theater&ifg=1Под сликите има многу коментари. Пренесуваме дел од нив:„Сабајле и во кумановско има, и во Свети Николе, и во Кичево, се само дел од коментарите“ под фотографиите со поморот од врапчиња во оваа јавна група  на Фејсбук „Фармери“.„Прошетајте малку меѓу Струга и Охрид покрај езерото има колку сакаш вакви мртви и тоа од вчера до денес се случува ова“.„Пред некој ден забележав има и тоа полно“.Инаку во групата дел од граѓаните коментираат и дека ова се случува во повеќе земји низ светот, не само во Македонија, но причината никој не ја знае.фото: ФБ Фармери

Македонија | пред 6 години

edi-rama

Еди Рама се расправа со пензионерите, ги начека рашетани

Премиерот на Албанија Еди Рама попладнево прошетал на неколку улици и пазари во Тирана да ја провери ситуацијата и да ги советува граѓаните да не излегуваат од дома.Тој на  својот профил на социјлната мрежа Фејсбук напиша дека пензионерите се голем проблем. На фотографиите пак се гледа дека тој буквално се расправа со нив.„Денеска бев на неколку пазари во Тирана, каде состојбата беше многу позитивна. Проблем се пензионерите кои излегуваат од дома, што е забрането, бидејќи опасноста да се заразат од коронавирус кај нив е најголема. Максимално почитување на препораките и мерките! Трпение, трпение, трпение“,напиша Рама на ФБ.https://www.facebook.com/edirama.al/posts/10157566230756523фото: ФБ Еди Рама

Македонија | пред 6 години

zan-Mitrev

(ВИДЕО) Доктор Жан Митрев советува: „Маските не ве штитат, не излегувајте и инхалирајте се“

Доктор Жан Митрев со свои препораки за спречување на коронавирусот.Тој препорачува на ова студено време никако да не се излегува надвор, бидејќи така вирусот полесно стигнува до белите дробови, но и препорачува секојдневна инхалација на било кој наш омилен (врел) напиток, па макар тоа и да е виски.„Никако не треба да се прави никаква физичка активност надвор. Зошто? Затоа што со било која физичка активност, движење, шетање надвор му го олеснуваме патот на вирусот за спуштање до белите дробови. Затоа, јас би препорачал, покрај изолација и седење дома, никако вежбање надвор, било какви спортски активности, било каков напор, затоа што сето тоа може да го убрза процесот на инфекција“, вели доктор Жан Митрев.Во продолжение видео обраќањето на доктор Жан Митрев.фото: Prtsc

Македонија | пред 6 години

jonce-i-alekso

(ХИТ ВИДЕО) Како живеат Јонче и Алексо кои се во самоизолација

Охриѓанецот Јонче и неговото куче Алексо станаа хит на социјалните мрежи. Јонче кој е професионален возач е во самоизолација отако се вратил од Романија.5 годишниот Алекс опремен со маска оди по набавки, затоа што Јонче мора да седи изолиран во својот дом. https://www.facebook.com/vidivakamedia/videos/528572138058858/?v=528572138058858

Македонија | пред 6 години

sugareski

Сугарески лут порача: Не ми го чепкајте семејството

Некој си игра со здравјето преку лажни вести. Ем шират паника во Прилеп ем си тераат партиски пресметки, додека сите државни и општествени капацитети се впрегнати во справување со пандемијата од “ Ковид 19”, напиша министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на својот Фб профил.Слушнете ме добро!Мене може да ме критикувате колку сакате, јас сум јавен службеник платен со народни пари и обврска ми е да трпам неосновани критики и да се бранам колку знам и умеам, но не го чепкајте моето семејство, кое не е ни криво ни должно за мојата политичка активност. Тешка лага е дека Центарот за јавно здравје во Прилеп предупредил присутни на некаква забава во “Порта” дека се потенцијално заразени од вирусот и треба да се самоизолираат. Ако не дај боже тоа беше вистина, менаџментот на Порта самиот прв ќе објавеше дека постои ризик за здравјето на посетителите, како општествено одговорни чинители и вредни угостители со образ и чест. Оваа пандемија еднаш ќе заврши, како и нашите политички кариери, ќе дојде време да се погледнеме во очи. Злобата никому не носи добро. Грев е кога луѓето преплашени за здравјето a некој да се служи со подмолни трикови смислени во партиски кујни! Баталете политика, вирусот не разликува ни етникум, ни вера, ни партиска припадност! Кругот е мал, а во него сме сите!https://www.facebook.com/SugareskiGoran/posts/3888292804544793

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Заев: Лидерска средба не е потребна, Владата има комплетен капацитет за справување со коронакризата и носењето на одлуки

Владата има комплетен капацитет, а јас како претседател на СДСМ излегов со предлог мерки со цел справување со коронакризата, но и истакнав дека Владата има поддршка како и да одлучи, нема потреба од лидерска средба по ова прашање, истакна претседателот Заев на гостувањето во Дневникот на Националниот телевизиски сервис одговарајќи на прашањето за потребата од свикување на лидерска средба меѓу партиите со цел усогласување на ставовите и мерките кои би се предложиле во справувањето со коронакризата.Владата овојпат е и техничка што значи и во неа е и опозицијата и таа, Владата е таа која треба да носи одлуки. Видовме какви инжињерски предлози презентираше опозицијата, без да консултира економски експерти. Мора да се поставиме посериозно , затоа што ова не  е кампања и не се избори, ова е скриен непријател наречен коронавирус и е заеднички за сите и не смееме да правиме политички поени од тоа. Затоа што граѓаните знаат да препознаат и нивното мислење ке ни го соопштат зад параванот кога ќе гласаат, истакна Заев.фото: СДСМ

Македонија | пред 6 години

06032020_VRSM_Filipce_pres

Филипче: Уште еден заразен од коронавирусот од Кожната клиника

Уште еден нов пациент, дел од персоналот на Клиниката за демартологија во Скопје е позитивен на коронавирусот, по направените тестови во изминатите 24 часа. Со ова, бројот на заболени се искачи на шест лица кои се вработени на Кожната клиника, истакна министерот Венко Филипче.Министерот потенцираше дека комбинацијата на лекови којашто ние почнавме да ја даваме веќе се аплицира кај луѓето коишто се во болница. Во текот на следните ден или два ќе се спроведе детален преглед или тестирање на луѓето кои се затекнаа во областа на Дебар и после ќе бидат пуштени во другите градови кај што живеат бидејќи истече периодот на инкубација.Во тек е онлајн тренингот, вклучени се 20 доктори и 320 медицински сестри и се припремаат да бидат тренери на другите медицински работници, овие луѓе ќе го пренесуваат знаењето и на своите колеги не само во Скопје туку и ширум државата.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Тврдокорни: Православната литургија во Македонија нема да прекине

Родољубното здружение „Тврдокорни„ кое е дел од Коалицијата „Никогаш северна-само Македонија“ најостро реагира на вчерашните најави за забрана на литургиите во македонските православни храмови од следните причини:.Разни делови од народот исполнуваат свои должности во името на сите. Некои од нас во името на народот ја бранат татковината, некои даваат услуги, некои работат на материјалната издршка, а некои во името на сите се молат и се застапуваат пред Бог, се вели во соопштението од  Коалицијата „Никогаш северна-само Македонија“.Ако никој не служи во Македонија, нема кој да не застапува пред Бог. Ние православните христијаните без литургија сме мртви. Тоа нам ни е храната за да живее духот. Да се превземат сите стандардни мерки на заштита но отворено кажуваме не доаѓа во предвид да дозволиме служењето пред Бог да биде спречено.Оставете го ова прашање, затоа што нашиот одговор ќе биде безкомпромисен.Постојат работи и полоши од корона вирусот. Да не се надеваат безбожниците дека начекале прилика за да ја замолчат Црквата. Посебно немој да се дрзнувате редовните дрзници за ова прашање да повикуваат друговерци или атеистички гласила. Држете се до вашите убедувања, не ни ги чепкајте нашите.Како што рече еден православен Владика ако се отворени и работат фабриките, ако работи градскиот превоз тогаш со истите мерки ќе делуваат и православните храмови. Нам православните верници литургијата ни е неопходна за живот. Потребна ни е и материјална и духовна храна.Никој да не се осмелил да превземи било каква казнена мерка према православен свештеник кој служи почитувајќи ги безбедносните мерки. Работете си ги работите оставете ја Црквата да си ја остварува својата духовна и народна служба. Ако ги исполнуваме сите безбедносни мерки зарем ќе ни го оспорите основното човеково право правото на вероисповед. Ако е дозволено за телесно здравје да се излези и да се вежба на определено растојание, на истиот начин мора да бидат дозволени нашите чинови кои ни служат за духовно здравје. Ако има опасност од вирусна зараза не значи дека треба да умриме само за да не се заразиме, се вели во соопштението од  Коалицијата „Никогаш северна-само Македонија“.фото: Коалицијата „Никогаш северна-само Македонија“ 

Македонија | пред 6 години

Stevo-Makedonski-koncept

(ВИДЕО) Насковски: Ве повикуваме сите граѓани, не ги чекајте политичките партии и бандити, да го следите нашиот пример и да помогнете

Солидарноста на дело!Македонски концепт започнува со скромна акција за помош за најранливите, најсиромашните… сега е моментот сите да помогнеме!Ве повикуваме сите граѓани, не ги чекајте политичките партии и бандити, да го следите овој наш пример за граѓански активизам и да помогнете на оние на кои им е најпотребна помош, во вакви времиња, невремиња, истакна во своето видео обраќање носителот на ИЕ5 од „Македонски концепт“, Стево Насковски.https://www.facebook.com/1949361315345812/videos/614566479127276/?v=614566479127276

Македонија | пред 6 години

04032020_MZ_Filipche_pres-konferencija-1

(ВИДЕО) Филипче: Три лица излечени од корона вирус, три починаа

Министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција даде пресек на информации во за состојбата со коро вирусот за изминативе 24 часа.-Регистриранани се 24 нови случаи со корона вирус во Македонија. Има уште едно лице поврзано со овој вирус со кожната клиника.  Вкупната бројка до 12 часот изнесува 201 лице. Од клиниката испишано е едно лице и пратен на домашно лекување, а се спрема исписот на уште една павциенката од Скопје, кои имаат по два негативни резултати. Добра е состојбата и со останатите пациенти. Тие се со стабилна општа состојба, без тешка манифестација“, истакна министерот Филипче.Министерот потсети на мерките кои ги донесе Владата како постоечките така и новите кои ќе се применуваа од викендов.Филипче кажа дека денеска имал состанок со амбасадоката од САД на кој и се заблагодарил за поддршката која ја дава за осовремеување на лабараторијата од институтот за јавно здравје, кој е централна за оваа намена.-Нашата земја е една од десеетте земји од глобалната студија на СЗО, земјава е примена во мултицентрична светска студија за примената на терапијата која се применува, истакна министерот.Министерот потенцираше дека во болницата во Куманово присуствуваше и експерт од Скопје кој разговарал со менаџментот во Болницата, но и со здравствените работници како и со пациентите.Минситерот информираше за сите донации кои ќе пристинат деновиве во земјава од нашите пријатели.-Добивме одгoвор и од норвешката влада за донацијaта на респираторните системи. Во текот на нередната недела треба да пристигнат 500, 000 маски и 20, 000 тестови, истакна министерот Филипче.Тој додаде:-Во наредната недела ќе бидеме подготвени и за мобилното тестирање и тоа во подрчаја и градови во кои сметаме дека е потребно.  Во наредните ден-два ќе се тестираат и граѓаните кои се затекнаа во околината на Дебар и ќе бидат пуштени во градовите каде што живеат.Одговарајќи на нононарско прашање за Третиот случај во Куманово, министерот истакна:-Овој пациент е позитивен по првиот тест. По однос на тријажата секоја здравствена институција е задолежно да обезбеди патека за вакви сомнителни пациенти. соодветен терк треба да имаат, но и проверка и анализа. Фебрилност е алерт, знак дека треба да постапт со внимание на таквите пациенти. Тоа важи  иза болницата за деца во Козле, одговори Филипче https://www.facebook.com/filipce.venko/videos/1107904819564924/?v=1107904819564924&notif_id=1585148660419580&notif_t=live_video

Македонија | пред 6 години

26032020_VRSM_Osmani_pres1

Османи: Посветени сме да обезбедиме поддршка за спречување на КОВИД-19

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи одржа прес-конференција на тема: Активностите на Владата и последните актуелности околу обезбедување странска помош во справувањето со КОВИД-19.Во своето обраќање вицепремиерот Османи истакна дека Владата уште минатата недела формираше работна група која тој ја предводи во улога на Национален координатор за распределба на странска помош во земјава. Османи информираше дека во Секретаријатот за европски прашања на едно место се собираат приоритетите и потребите од каде централизирано се настапува пред меѓународните донатори, при што нагласи дека веќе е направена првична листа од приоритети.„Веќе се обезбедени 25 респиратори од страна на УНОПС, преку средствата обезбедени од Норвешка, а дополнително се резервирани уште 30 респираторни машини преку УНДП од добавувач од Кина за чија набавка на располагање ќе се стават дел од итните средства кои ги обезбеди Европската Унија за поддршка на земјава во справување со коронавирусот“- истакна Османи. Во овој контекст тој додаде дека НР Кина позитивно одговори и на барањето за донација, со напомена дека количините најверојатно нема да бидат на ниво на побараните 200 респиратори и дека Кина во моментов работи на обезбедување на помошта, бидејќи не сите количини ги има на лагер, туку тековно ги произведува. Воедно Османи истакна дека Амбасадата на НР Кина дополнително ќе донира 30.000 евра, што претставува целиот годишен фонд со кој располага Амбасадорот, за борба против КОВИД-19.На прес-конференцијата Османи информираше дека Европската Комисија, преку еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, позитивно одговорил на писмото кое во име на Владата е испратено од негова страна минатата недела, во кое Комесарот информира за неколку одлуки со кои Европската Унија ќе ја поддржи земјава во справување со предизвиците од епидемијата КОВИД-19.„Прво се четири милиони евра кои се средства за итни потреби, кои дел кои ќе се употребат за набавката на 30 респиратори преку УНДП; како второ Комесарот информира дека е прифатена инцијативата и веќе е даден налог да се ослободат 50 милиони евра кои беа предвидени како награда за успешност, за справување со социо-економските предизвици до епидемијата, а обезбедени се 9 милиони евра за проекти од програмата за поддршка на мали и средни претпријатија, како и 3 милиони за поддршка на буџетот. Со сето ова засега, Европската Унија во погон става средства во износ меѓу 65 и 70 милиони евра, кои ѝ стојат на земјава на располагање“, истакна Османи.Во оваа насока тој додаде дека Вархеји потврдил дека ЕК ги разгледува можностите за вклучување на земјава во пошироките механизми на Европската Унија во справување со Ковид-19. Во писмото е наведено  дека се разгледува можноста за вклучување на земјава во Европскиот солидарен фонд, вклучување во групните набавки на Унијата, но и дека се разговара со меѓународните финансиски институции за адресирање на ликвидноста и финансиските предизвици на приватниот сектор, нешто што исто така беше побарано од наша страна во писмото минатата недела.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

26032020_PVRSM_Spasovski_sredba_ambasadorka_SAD

Средба Спасовски - Брнз:Завршните чинови за членство во НАТО и одлуката за преговори со ЕУ се признание за остварувањата на реформите

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија денеска ја прими амбасадорката на Соединетите Американски Држави во нашата земја Кејт Мери Брнз, која на средбата ги пренесе честитките на нејзината земја за позитивната одлука на Брисел за почеток на преговорите за членство во ЕУ и за скорешно добивање полноправно членство во НАТО.Одлуката на ЕУ и завршните чинови за полноправно членство во НАТО, рече на средбата амбасадорката Брнз, доаѓаат во многу тешки моменти за сите, но ја покажува посветеност на земјата да истрае во остварувањето на евро-атлантските аспирации, и ја потврдува искрената и силна поддршка што на Република Северна Македонија ѝ ја даваат САД и ЕУ. Евро-атлантското интегрирање на Северна Македонија е од стратешка важност за САД и ЕУ, и ќе овозможи да имаме уште поблиска соработка како сојузници во НАТО.Премиерот Спасовски на средбата се заблагодари за честитките, и истакна дека тоа се долго очекувани остварувања на две стратешки прашања, кои, иако пристигнаа во тешко време, се признание за остварувањата на земјата, особено во последните три години и дека им донесоа радост и задоволство на граѓаните на Северна Македонија.„Двете одлуки се многу добра порака за сите во државата, но и за целиот регион. Се покажува дека тешките одлуки и важните реформи се почитуваат и вреднуваат. Беше потребна храброст и политичка визија за да се постигнат овие резултати. Владата предводена од Заев, навистина за многу краток период успеа да ги реши проблемите со соседите и да направи значајни домашни демократски реформи“, рече претседателот на Владата Спасовски.На средбата со амбасадорката Брнз премиерот Спасовски ја изрази неговата, како и благодарноста на Владата и на граѓаните на земјата за сета голема поддршка на САД во двата процеса.„Сега имаме јасна перспектива и сигурна иднина за целата држава, подготвени сме да ги преземе обврските како полноправна членка на НАТО. Се спремаме за преговори со ЕУ, сакаме да бидеме успешни и брзи. Преговорите се шанса да ги донесеме европските вредности дома и да ги реформираме нашите институции, што е од корист на сите граѓани“, истакна на средбата премиерот Спасовски.На средбата стана збор и за менаџирањето на ситуацијата со коронавирусот. Премиерот Спасовски рече дека Владата е во постојано заседание на таа тема и ги презема сите неопходни и  максимални напори, меѓу кои најголем приоритет е поддршката и зајакнување на здравствениот систем, за да се зачува здравјето и животот на граѓаните.Амбасадорката на САД Кејт Мери Брнз од своја страна на средбата упати честитки за тоа како Владата се справува со коронавирусот. Ја истакна комуникацијата на Владата за сите активности и мерки на оваа тема, како и транспарентноста и инклузивноста на донесување на одлуки.Во таа насока, премиерот Спасовски нагласи дека воведувањето на вонредната состојба ѝ даде можност на Владата за поголема флексибилност и можности за креирање на решенија, и донесе поголема дисциплина во администрацијата и кај населението.Истовремено, рече премиерот Спасовски, Владата е целосно посветена на обезбедување на поддршка за економијата и намалување на штетните економски ефекти од пандемијата. Се прават рестрикции и намалувања на сите непродуктивни трошоци во јавниот сектор, и ќе се даде голем пакет мерки за поддршка на приватниот сектор.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

sekerinska-arm-1

Седум армиски припадници утре се враќаат од мисијата во Авганистан

Седум припадници на Армијата на Република Северна Македонија кои се дел од НАТО мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан утре ќе се вратат во нашата земја.Нивното враќање ќе се реализира со специјален лет на хрватската компанија „Croatia Airlines“ организиран од Владата на Република Хрватска со цел враќање на нивните 11 припадници во меѓународната мисија во Авганистан.Припадниците на Армијата на Република Северна Македонија се очекува утре во вечерните часови да пристигнат и потоа да бидат транспортирани до нашата земја. По нивното пристигнување согласно препораките од Владата и од Министерството за здравство ќе бидат упатени во двонеделен карантин кој е задолжителен за сите граѓани кои се враќаат од странство.Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска се заблагодари на министерот за одбрана на Република Хрватска Дамир Крстичевиќ за заедничкиот настап и помошта при враќањето на нашите војници. Двајцата министри заклучија дека грижата и здравјето за припадниците на армиските сили е приоритетна во овие моменти.Дел од нашата постоечка ротација во НАТО мисијата во Авганистан порано ќе се врати во Република Северна Македонија поради генералното намалување на силите на Алијансата, вклучително и на турскиот контингент во кој учествуваме, во овој период.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

solza

Глас за Македонија: Треба веднаш да се започне со стратегија на производство на наши производи.

Kога се зборува за штетите кои настануваат од пандемијата со корона вирус, се заборава на следните гранки: Производството на храна, земјоделци и сточари, велат од „Глас за Македонија“.На сите ни е јасно дека кризата со повремено повлекување ќе трае најмалку 18 месеци до дистрибуирање на евентуалната вакцина. Затоа, треба веднаш да се започне со стратегија на производство на наши производи. Сите сме согласни дека треба секогаш кога е можно да купуваме македонски производи. Но, никој не кажува дали ги има и под кои услови е тоа можно.Глас за Македонија предлага секое необработено парче земја да се понуди бесплатно на оние кои сакаат и знаат да произведат земјоделски производи. Макар и за свои потреби. На сите сточари и земјоделци, млеко производители, откупот треба да им е гарантиран. Ѓубривата, сточната храна, вакцините за стоката треба да се ослободат од давачки. На оние кои за прв пат ќе произведуваат, да им се обезбедат и бесплатни расади и семенски материјал.Втора категорија на длабоко оштетени се речиси сите занаети како фризери, шнајдери, козметичари, чевлари и сл. Глас за Македонија предлага мерките кои се предвидуваат за угостителството, трговските фирми, да важат и за овие категории. Впрочем, нашата економија во 90% се темели на мали и средни претпријатија. Мораме да ги одржиме и да ги заштитиме колку што е можно повеќе на сметка на непродуктивни трошења на габаритниот државен апарат.Ја охрабруваме техничката влада, што побргу да излезе со комплетниот сет на мерки за одржување на стопанството. Исто така замолуваме да нема разногласие во понудените мерки, поради евтини партиски поени. Мерките се производ на композитна влада и секоја треба да е резултат на договор, а не на популизмот на кој упорно работат партиските штабови. Крајно време е да се слушаат советите на стручните луѓе и крајно време е погледот од изборите да се насочи кон крајно тешката состојба.Глас за Македонија будно ги следи состојбите и ќе реагира со конструктивни предлози во насока пред се на заштита на здравјето на луѓето, а потоа и на санирање на економијата, велат од Глас за Македонија.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

koronavirus

(ФОТО)Прв случај на корона во Тетово: Од понеделникот барав татко ми се тестира!

Министерството за здравство го објави првиот случај на корона во Тетово, за кој претхорно на Твитер беше објавено:Од понеделникот молам за лекарска помош за татко ми 69 години, на секој број се јавив и во СК и во ТЕ, НИКОЈ не покажа грижа од надлежните, за денес на тестот за корона да испадне ПОЗИТИВЕН. Поздрав од Тетово, стои во објава на Твитер.https://twitter.com/napostoloska/status/1242842692167569413фото: Твитер

Македонија | пред 6 години

w_55947221

Регистрирани 24 нови случаи на коронавирус во земјата, вкупно 201 дијагностицирани пациенти

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани  24 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (15), Куманово (4), Дебар (2), Охрид (1), Штип (1), Тетово (1). Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 201 лица.Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:- Скопје (123)- Дебар (43) од кои 2 починати- Куманово (15) од кои 1 починат- Штип (8)- Велес (3)- Охрид (3)- Кавадарци (2)- Прилеп (2)- Гостивар (1)- Тетово (1)Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се испишани 2 пациенти кои на два контролни теста на Ковид-19 имаа негативен резултат. Пациентите се во добра здравствена состојба и се пуштени на домашно лекување. Со ова во земјата досега има 3 излекувани пациенти и 3 починати.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

DSC_0113

МВР: На 368 лица им се издадени решенија за изолација, едно лице не ја почитувало истата

Во изминатите 24 часа (25/26.03.), според евиденцијата на МВР, на територијата на државата на 368 лица им се издадени решенија за изолација, 82 потпишале изјави за самоизолација, а од страна на полициските служби извршени се контроли и е констатиран само еден случај на лице кое не ја почитувало самоизолацијата.Покрај ова полицијата, во соработка со другите институции во изминатото деноноќие извршила и контрола врз 222 угостителски и други објекти, и во три случаи за три објекти е констатирано непочитување на владините мерки и одлуки.По однос на контролата на забраната за движење од 21 до 05 часот утврдено е дека 66 лица не ја почитувале забраната при што приведени биле 37 лица, а за другите се изготвени записници и ќе бидат поднесени соодветни пријави.фото:Архива

Македонија | пред 6 години

goce

Гоце Голомеиќ: Не ширете дезинформации за Рагуза 360

Гоце Голомеиќ еден од сопствениците на Рагуза 360 кој по симпозиумот на дерматолоците во нивниот ресторан се шират шпекулации и невистини. Тој на својот Фјесбук профил со стасус вели:Драги мои пријатели,Овој статус го пишувам, затоа што би сакал да ве информирам за случувањата после одржување на симпозиумот на дерматолози на 07-ми март во нашиот ресторан Рагуза360.Имено би сакал повторно да нагласам дека:- Нашите вработени не беа во директен контакт со заболената пациентка од Ковид 19, која предаваше на настанот.- По одржување на симпозиумот не се организираа други настани или прослави а Институтот за јавно здравје направи темелна и комплетна дезинфекција на објектот.-Дел од нашите вработени кои што беа на работа тој ден се во домашен карантин и немаат никакви симптоми до денеска (поминати се 18 дена) а од Институтот за јавно здравје не информираа дека штом немаат симптоми нема потреба ниту да се тестираат.Би сакал да апелирам до сите да не се шират дезинформации посебно невистини кои се однесуваат на моето семејство.Да ги почитуваме мерките и препораките од Министерството за здраство а на сите заболени од вирусот им посакувам побрзо закрепнување.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10207129788559871&set=a.1249780981429&type=3&theater

Скопје | пред 6 години

goran-karan

(ВИДЕО) Горан Каран со песна се прости од 15-годишното девојче кое почина во земјотресот во Загреб

Пејачот Горан Каран   на својот you tube канал објави песна која ја посвети на девојчето кое го загуби животот во земјотресот што го погоди Загреб и околината во неделата наутро.Девојчето и покрај тоа што првично беше објавено дека загиба на лице место, лекарите подоцна успеја да го реанимираат, но за жал и покрај макотрпната борба на лекарите, 15- годишното девојче им подлегна на повредите и почина.

Магазин | пред 6 години

zagreb

Град Скопје ќе испрати хуманитарна помош за збратимениот град Загреб

Градот Скопје како град на солидарноста и како збратимен град со Загреб ќе испрати хуманитарна помош по големите земјотреси коишто деновиве го погодија главниот град на Хрватска и предизвикаа голема материјална штета.Одлуката за хуманитарна помош, која е во износ од 50 илјади евра, ја потпиша градоначалникот Шилегов. Градоначалникот Шилегов телефонски разговараше со својот загребски колега Бандиќ и, со оглед на околностите, затворените граници и вонредната состојба насекаде во светот, договорија помошта која вообичаено се состои од материјали и луѓе за помош при катастрофи, овојпат да биде симболична финансиска сума.Во понеделникот во утринските часови Загреб беше погоден од серија на земјотреси, во кои има починати и повредени лица, а предизвикана е и поголема материјална штета во која се евидентирани над  5.500 оштетени објекти.Скопје и Загреб се збратимени градови од 2011 година и досега имаа соработка во областа на образованието, спортот, сообраќајот и културата.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

paridenari1

Гевгелиското обвинителство побара парични казни за девет лица, не го почитувале полицискиот час

Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе  предлози за издавање казнени налози против девет лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.Чертворица од нив, допатувале на 18 март во Република Северна Македонија од  Р.Грција, Р.Турција и Р.Бугарија како земји со среден или висок ризик за зараза согласно Листата на Светската здравствена организација. При влез во земјата биле запознаени со мерката за задолжителна самоизолација согласно Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус – COVID-19 и потпишале изјави за самоизолација.  При извршена проверка  од страна на полициски службеници на 19 март, обвинетите не биле затекнати во престојувалиштата каде требало да ја извршат должноста за самоизолација со што ја прекршиле дадената мерка и го сториле кривичното дело. Обвинителството за секој од  обвинетите  предложи на судот да им бидат изречени парични казни во висина од по 100 дневни глоби, секоја во висина од по 20 евра во денарска противвредност.Пет лица во Гевгелија ја прекршиле Одлуката на Владата на Р.С.Македонија за забрана и посебен режим на движење со која се забранува движење на населението од 21 до 5 часот наредниот ден. Тие во одделни настани биле затекнати како управуваат или патуваат со патнички моторни возила, со што го сториле кривичното дело кое им се става на товар. ​За секое од петте обвинети лица обвинителството предложи на судот да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 10 евра во денарска противвредност.​фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Народната банка донесе уредба, еве како може да го одложите плаќањето на кредитот

Донесена е Уредбата со која се утврдува како банките и штедилниците можат во текот на вонредната состојба, на граѓаните и фирмите да им понудат одложување на исплатата на ратите и други поволности со коишто ќе им го олеснат сервисирањето на кредитите за време на корона-кризата. Уредбата е подготвена од Народната банка, Министерството за финансии и Македонската банкарска асоцијација, со цел во текот на вонредната состојба, поедноставно и побрзо да се остварат можностите дадени со регулаторните измени донесени од Народната банка, насочени кон олеснување на финансискиот товар на граѓаните и на фирмите коишто заради корона-кризата се соочуваат или би можело да се соочат со реални потешкотии во исплатата на кредитите во банките и штедилниците. Со Уредбата се овозможува промената на договорните услови за кредитите да се изврши побрзо и поедноставно, без да се загрози јавното здравје – без да се посетуваат експозитурите и филијалите и без да се чека во ред на шалтерите заради потпишување на анексите на договорите.           Банките и штедилниците можат да понудат поповолни договорни услови и без претходно да имаат добиено барање од засегнатите клиенти, и тоа преку: -      објава на своите веб-страници со понуда за промена на условите за плаќање на кредитите и/или-      одделно известување на клиентите, преку електронска и/или писмена комуникација. Со Уредбата е утврдено дека ако физичкото лице, во рок од десет дена од објавувањето, односно добивањето на понудата, писмено или електронски не ја извести банката/штедилницата дека го одбива понуденото олеснување на финансискиот товар, ќе се смета дека понудата за промена на договорните услови е прифатена. За да ги искористат понудените поповолни договорни услови, правните лица ќе треба писмено или електронски да ја известат банката или штедилницата дека ја прифаќаат понудата. Ако правното лице не го стори тоа во рок од десет дена, во согласност со Уредбата ќе се смета дека понудата не е прифатена. Секако останува и правото на кредитокорисниците да се обратат до банките и штедилниците, доколку оценат дека има потреба од тоа. Притоа, предвидено е тие да можат се обратат електронски или писмено, а одговорот ќе го добиваат преку електронска комуникација. Како што веќе беше соопштено, во согласност со донесените регулаторни измени, банките и штедилниците, на засегнатите граѓани и фирми ќе можат да им понудат повеќе поволности: - одложување односно грејс-период за отплата на кредитите;- пролонгирање на исплатата на кредитот на подолг период;- пониска каматна стапка и сл. Ова важи за сите кредитни производи: - потрошувачки, станбени, хипотекарни, автомобилски кредити итн.;- кредитни картички;- дозволено пречекорување (одобрен минус);- кредити на фирмите. И во текот на изготвувањето на Уредбата, банките и штедилниците истакнаа дека се подготвени да одговорат на потребите и барањата на кредитокорисниците погодени од корона-кризата. Впрочем, како што и претходно е посочено, тие се мотивирани на засегнатите граѓани и фирми да им понудат поволни можности за промена на постојните договорни услови. И во нивен интерес е да помогнат граѓаните и фирмите да го пребродат актуелниот шок и да имаат капацитет за и понатаму да ги плаќаат обврските.Во олеснувањето на финансискиот товар на граѓаните и фирмите коишто користат кредити, а се погодени од корона-кризата, банките и штедилниците ќе се придржуваат до јасно утврдените критериуми во Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик донесена од Советот на Народната банка.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

vakcina

Вакцина против корона: Кога ќе ја имаме?

Секој ден пристигнуваат нови податоци за научни лаборатории кои забрзано работат на создавање вакцина против корона вирус, додека Кина и САД почнаа со први тестирања на доброволци, а решенија бараат и Германци, Руси, Израелци и Канаѓани. Статистиките за бројот на заболени дополнително ги забрзуваат - до денес се потврдени повеќе од 416.700 заразени во светот, а умреле над 18.500 луѓе.Светот се вклучува во таканаречено „солидарно испитување“ за потенцијална терапија против коронавирус – кое го покрена СЗО, а досега 10 земји го потврдија учеството во тестирањето на четири веќе познати лека. Меѓу нив е и  „remdesivir“, експериментален лек развиен во текот на епидемијата на ебола во кој светската јавност денес полага најмногу надеж.Првото излекување со ремдесивир го објавија Италијанците, откако пациент (79) години, заразен со вирусот COVID-19, бил третиран со овој лек и потоа на двапати покажал негативен резултат на корона.Истовремено, кинеските официјални лица тврдат дека јапонскиот лек “favipiravir” познат и како Авиган, се покажал како ефикасен во сузбивањето на короната. Овој лек против грип го има произведено Тојама Хемикал, подружница на компанијата Фуџифилм која, освен по фотоапарати, сега е позната и во фармакологијата.Здравствени и фармаколошки експерти, меѓутоа, моментално се скептични околу прашањето на однесувањето на секој од овие наведени медикаменти доколку се најдат во поширока употреба.„Мораме да бидеме сигурни дека вакцината е апсолутно безбедна. Ќе ни треба барем една година. Ќе најдеме вакцина, но мораме да излеземе и да го направиме она што е неопходно“, рече извршниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Мајк Рајан.Како потенцијални, постоечките решенија последниве денови се спомнуваа и како лекови против маларија.Кога ќе се појави лекот во поширока употреба?Сите споменати лекови всушност се развиени за лечење на други болести, а моментално дури 39 проекти се пријавени дека работат на пронаоѓање вакцина против коронавирусот. Иако конкретно решение сѐ уште нема, во Кина и САД веќе почнаа клинички испитувања на доброволци, додека Русите тестираат прототипи на потенцијални вакцини на животните. До вакцина за широка употреба, меѓутоа, ќе бидат потребни најмалку 12 до 18 месеци.Тоа го потврди Зигфрид Том од Сојузот на истражувачки фармацевтски компании во Германија, кој вели дека моментално многу фирми и научни организации низ целиот свет сакаат да развијат вакцина против корона.„Тоа е добро, бидејќи колку повеќе фирми се ангажираат, толку се поголеми и шансите вакцината брзо да се произведе“, вели тој.Канадската компанија Medicago, во која сопственичко учество од 30 отсто има Филип Морис, што е атипично за тутунска компанија, веќе повеќе од деценија интензивно инвестира во наука и технолошки развој, меѓу првите понуди решенија за третман на коронавирусот.Оваа биотехнолошка компанија брзо дојде до решение затоа што како биоректор го користи растението тутун наместо кокошкини јајца, кои најчесто се користат при традиционалните изведувања на лекот.Проектот на Медикаго е исто така меѓу неколкуте кандидати на кои ќе им  бидат распределени 192 милиони долари за истражување во рамките на Стратешкиот иновациски фонд COVID-19 во Канада.Германската фармацевтска компанија CureVac, зад која стои Дитмар Хоп, германски милијардер и сопственик на фудбалскиот клуб Хофенхајм, својата вакцина ја очекува наесен.Вакцина за „целиот свет“Експертите посочуваат дека во услови на пандемија и трка меѓу фармацевтските компании, развојот на вакцината нема да трае повеќе години, како што вообичаено е случај. И нагласуваат дека лекот не смее да биде достапен само на привилегираните поединци или држави.Токму затоа шпекулациите за потенцијалниот откуп на вакцината од страна на Трамп наидоа на голема осуда на глобалната јавност, а првиот човек на CureVac, на кого наводно му се понудени пари, изјави дека, доколку им појде од рака да ја развијат, вакцината ќе биде достапна на целиот свет. Извор : http://rs.n1info.com/Zdravlje/a581735/Vakcina-protiv-korone-Kada-cemo-je-imati.html

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Мејлови и телефонски линии за пријавување на непочитување на владините мерки и препораки во борбата против КОВИД -19

Владата на Република Северна Македонија и Инспекцискиот Совет апелираат до граѓаните да ги пријавуваат затекнатите неправилности и непочитување на владините мерки и препораки за спречување на ширењето на заразата од КОВИД- 19.За поефикасно дејствување и одговор на прекршувањата инспекторатите отворија нови е-мејл адреси, а ставени се во функција и бесплатни телефонски линии. Неправилностите и поплаките може да се пријавуваат на следните мејлови и броеви:-Државан инспекторат за труд  poplaki@dit.gov.mk151 31-Државен пазарен инспекторат  nepravilnosti@dpi.gov.mk191-Државен санитарен и здравствен инспекторат  prijavi.dszi@gmail.com0800 255 55-Агенција за храна и ветеринарство  sin@fva.gov.mk0800 3 2222-Државен инспекторат за транспорт  prijavi@dti.gov.mk-Агенција за лекови и медицински средства  prijavi@malmed.gov.mkИнспекциските служби со сите свои капацитети продолжуваат интензивно да работат на терен. Без исклучок секој кој нема да се придржува до мерките на Владата ќе биде санкциониран. Овие мерки се донесени во интерес на здравјето на граѓаните и на јавното здравје и мора да се почитуваат. Повикуваме на одговорност од секое правно лице, од секоја индивидуа во нашето општество. Јавното здравје зависи од сите нас.

Македонија | пред 6 години

Levica-logo

Левица: За фирмите на Кочо Анѓушев нема инспекции и препораки за заштита на работниците

Додека СДСМ молчи за случајот со избркани 120 работници од фирмата „Каст Инвест”, добивме нова анонимна пријава за кршење на работничките права во уште една компанија на Кочо Анѓушев. Станува збор за велешката компанија „Брако”,каде управител е токму поранешниот вицепремиер. Според информациите кои ги добивме, родителите кои побарале да го оставарат своето право согласно препораките на Владата не добиле дозвола да отсуствуваат, при што работниците поради страв од отказ не сакаат да проговорат јавно. Работниците работат незаштитени подолго време, при што маските ко ги добиле за еднократна употреба им било наложено дома да ги перат, се вели во соопштението од Левица. Тие додаваат:Се работи за компанија која само во 2018 година оствари приход од 27 милиони евра и  профит од 1,1 милиони евра, додека вработените работат во мизерни услови и без никаква заштита за време на пандемија. Ова е уште еден пример за легалната експлоатација на работниците од шака капиталисти, кои директно се дел од врхушката на власта. Со неплатениот труд на работниците, овие бизнисмени низ годините акумулираа огромно богатство преку кои ги корумпираат институциите и самата законска легилататива – преку директно легално кастрење на правата на работниците и механизмите за нивна заштита!Иако работниците информираат дека во фирмите на Анѓушев немаат пристап инспекциите, како и во други компании на заштитени моќници, сепак Левица го пријави и овој случај во Државниот трудов инспекторат.Неодамна претседателот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека ќе се национализираат сите фирми кои профитираат за време на светската пандемија. Во тој случај, поранешниот премиер треба најпрво да започне со национализација на фирмите на неговиот партиски соработник, Кочо Анѓушев, се вели во соопштението од Левица.фото: Архива   

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања