Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

Нема фотографија

МВР со детали за несреќата во која малолетник падна од петтиот кат на поранешен „Житомел”

На 08.02.2020 во 15,00 часот во СВР Куманово од Ургентниот центар Куманово било пријавено дека од ул.„Тодор Велков“, било донесено дете со повреди од пад. Од полициски службеници било излезено на местото на настанот и било констатирано дека истиот ден околу 14,30 часот, шест малолетници заминале во зградата на поранешен „Житомел” со цел да се фотографираат. Потоа сите се качиле на петтиот кат од објектот, во делот силоси за жито, по што еден од нив на возраст од 14 години движејќи се наназад, не забележал дека на подот има отвор од силос, и пропаднал внатре во отворот, паѓајќи до приземната просторија. Детето се здобило со тешки телесни повреди по што било пренесено во Комплексот клини “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР-Куманово.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

zaginat-2-960x720

МВР за несреќата во која почина маж од струен удар од електричниот вод на пругата

На 08.02.2020 во 08,40 часот било пријавено дека на Железничката станица Илинден на перон бил поставен товарен воз со 15 вагони (цистерни натоварени со дизел гориво), при што М.Б.(46) од Скопје се качил на една цистерна, по што го удрил струен удар од електричниот вод на пругата. М.Б. починал на местото на настанот. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР-Скопје.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

migranti_kola

Радовишанец се обидел да пренесе 26 мигранти

На 08.02.2020 околу 21,00 часот на магистралниот пат Куманово–Крива Паланка од полициски службеници било сопрено товарно моторно возило „ДАФ“ и полуприколка со скопски регистарски ознаки управувано од С.Н.(38) од Радовиш. При преглед на возилото биле пронајдени 26 мигранти, сите од Бангладеш, од кои осум биле малолетници. Возачот и мигрантите биле приведени во СВР Куманово за понатамошна постапка, а потоа мигрантите билепренесени во Транзитниот центар Табановце.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Ангажирајте оџачар – Град Скопје ќе покрие сметка до 1200 денари

Градот Скопје продолжува со доделување субвенции за чистење на оџаците, со цел намалување на загадувањето на амбиентниот воздух.За таа цел, Град Скопје го објави Јавниот повик за субвенционирање на домаќинства и на други субјекти  на подрачјето на Град Скопје за чистење оџаци за 2020 година.Со овој повик, Градот Скопје ќе надомести дел од трошоците на граѓаните и на други субјекти за чистење на оџаците, во нето износ најмногу до 1.200 денари, а на јавниот повик можат да учествуваат физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на Град Скопје. Изминатите години субвенцијата беше во износ најмногу до 1.000 денари.Субвенциите важат и за исчистени оџаци од 01.01.2020 година, a Јавниот повик трае заклучно со 30.11.2020 година, и ќе биде реализиран по принципот „прв дојден прв услужен“, односно до реализирање на средствата предвидени за оваа намена со Буџетот на Град Скопје за 2020 година.Повеќе информации за јавниот повик можете да добиете на следната интернет врска –  https://skopje.gov.mk/media/4997/javen-povik-cistenje-odzaci-2020.pdfЦелта на овој проект што Град Скопје го реализира континурано е намалување на загаденоста на амбиентниот воздух во градот, особено со партикуларните честички (ПМ10 и ПМ2,5). Една од поголемите причини за емисија на овие честички е затоплувањето на објектите кои не се приклучени на централно греење, пред се, заради нецелосното и несоодветно согорување на огревното дрво, несоодветниот квалитет на дрвото и начинот на негово чување и употребата на стари, дотраени и технички неисправни печки, како и нередовно чистење и одржување на оџаците. Мерката има цел да постигне краткорочни и некои подолгорочни ефекти, како што се постигнување на подобро согорување, намалување на штетните отпадни гасови, појава на саѓи и трошоците за затоплување, како и подигнување на јавната свест кај граѓаните за потребата за чистење на оџаците.За потсетување, Град Скопје оваа мерка ја реализираше и во 2018 и 2019 година, кога беа доделени вкупно 634 субвенции.фото: Архива 

Скопје | пред 6 години

atidze

ВИДЕО: Баталете оскаровски прогнози, Атиџе веќе кажа што нè чека вечерва..

Еуфоријата наречена „Медена земја“ добива кулминација. Вечерва сите со нетрпение очекуваме да видиме дали на 92те филмски награди Оскар во Лос Анџелес, Медена земја ќе освои Оскар.Филмот кој ја внесе Македонија во филмската историја на Оскарите, со две номинации за Оскар, е прв документарен филм кој истовремено е номиниран и за најдобар странски игран филм.Приказната за последната жена одгледувачка на диви пчели, главниот протагонст на филмот, ја разбранува јавноста и поттикна низа на дебати и разговори околу пораката која таа ја испрати низ светот. Од мирниот и тивок живот во Бекирлија, Атиџе денес е во Холивуд.Атиџе пак е оптимист од почетокот. Таа иако никогаш во животот не ни гледала Оскар, сепак зво интервју за А1 Он рече:Ќе добиеме Оскар и тогаш ќе бидеме весели.... Погледнете ја позитивната Атиџе и стегајте палци вечерва....          Им посакуваме најмногу среќаhttps://www.facebook.com/landovk/videos/2619414048169009/

Македонија | пред 6 години

09-Lowe-syndrome

Ги запознаваме ретките болести: Лоу синдром

Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 или 29 дена ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести во Република Македонија.Секој ден ќе Ве запознаваме со по една ретка болест и ќе се обидеме да добиеме одговори на многу отворени прашања, а ќе се слушне и за предизвиците и проблемите со кои се соочуваат овие лица и нивните семејства. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков лек? Колку и дали воошто се пристапни и достапни лековите?…Лоу синдромЛоу синдромот се карактеризира со проблеми со видот, вклучувајќи ја и катаракта која е присутна уште при раѓање, проблеми со бубрезите кои обично се развиваат во првата година од животот и абнормалности во мозокот кои се поврзани со интелектуална попреченост.Начин на наследувањеЛоу синдромот се наследува како Х-поврзана генетска состојба.Клиничка сликаНовороденчињата со Лоу синдромот имаат катаракта која е присутна при раѓање (може да се открие со пренатален ултразвук кај сомнителните случаи). Корегираната визуелна острина ретко кога е подобра од 20/100.Приближно кај половина од пациентите се јавува глауком кој може да доведе до слепило ако не се контролира. Новороденчињата имаат и слаб тонус на мускулите (хипотонија) при раѓање и задоцнет моторен развој. Се регистрира и развојна, интелектуална попреченост што може да варира од блага до сериозна форма. Парализите се јавуваат кај приближно половина од пациентите на возраст од шест години, а се јавуваат и промени во однесувањето. Кај овие пациенти се регистрира и Фанкониева проксимална тубуларна дисфункција. Оваа абнормалност резултира во губење на одредени материи (аминокиселини, бикарбонати и фосфати) во урината, кои обично се реапсорбираат пред екскреција во конечната урина. Други знаци кои се регистрираат при Лоу синдромот се низок раст, забни цисти и абнормално формирање на дентинот на забите, цисти на кожата и недостаток на витамин Д кои можат да доведат до меки коски, скелетни промени (рахитис), фрактури на коските, сколиоза и невоспалително дегенеративно заболување на зглобовите.ПричиниСиндромот Лоу е генетско нарушување поврзано со Х хромозомот, предизвикано од мутација во OCRL генот, што резултира во намалена активност на ензимот 5-фосфатаза. Околу една третина од заболените мажи имаат мутација. Кај останатите случаи, нарушувањето се наследува од страна на мајката, која е носител на генот. Секое девојче носител на оваа болест, на возраст над 10 години ќе покаже карактеристични промени во леќите на очите, различни од каква било друга метаболичка катаракта. Некои од нив ќе развијат значајна катаракта дури и во раните 30-ти години, доволна за да се побара оперативна интервенција. Истата може да биде пропуштена од оперативниот хирург. Како и да е, овие карактеристични промени во леќите на жената носител треба да го наведат офталмологот за да даде совети за идни бремености и добивање на новороденче од машки пол. Мажот има само еден Х-хромозом што го наследува од својата мајка. Ако новороденчето од машки пол наследи Х-хромозом што го содржи генот за овој синдром, тој ќе ја развие болеста.ДијагнозаЛоу синдромот се дијагностицира кога намалената активност на ензимот 5-фосфатаза се покажува на култивирани клетки на кожата (фибробласти). Молекуларното генетско тестирање за мутации на OCRL генот е исто така достапно и точно се открива кај повеќе од 95% од заболените мажи. Околу 95% од девојчињата носители постари од 10 години имаат специфични и карактеристични абнормалности на леќата на окото што може да се дијагностицира од искусен офталмолог. Пренаталната дијагноза е достапна со биохемиско испитување (анализата на ензимите) или со молекуларно генетско тестирање, ако мутацијата на OCRL генот е утврдена кај заболен машки роднина или мајка носител.ТретманТретманот на Лоу синдромот обично бара тим од медицински професионалци, вклучувајќи педијатриски офталмолог, нефролог, генетичар, нутриционист, ендокринолог, невролог, специјалист за развој на деца, општ хирург, ортопед и стоматолог. Слабиот тонус на мускулите (хипотонија) понекогаш може да резултира со проблеми во хранењето. Истиот може да биде причина за хранење со цевка и преземање на вообичаени мерки за гастроезофагеален рефлукс. Предвременото отстранување на катарактата се препорачува да се промовира оптимален развој на видот. Очилата за сонце и контактните леќи помагаат за подобрување на видот. Глаукомот што се јавува кај половина од мажите болни од овој синдром понекогаш може да се лекува медикаментозно, но обично е потребна операција. Фанкониевата проксимална тубуларна дисфункција се третира со орални додатоци од натриум и калиумбикарбонат и лицитрат. Дозите мора да се утврдат на индивидуална основа. Оралниот фосфат и орален калцитриол се користат за лекување (или спречување) на рахитис. Густината на коските треба да се следи периодично.Нападите се контролираат со антиконвулзивни лекови. Проблемите во однесувањето се третираат со модификација на однесувањето и лекови. Се препорачуваат програми за рана интервенција кои вклучуваат физикална терапија, професионална терапија, говорна и јазична терапија, специјални служби за образование и услуги за лица со оштетен вид кои треба да започнат во раната детска возраст. Момчињата со Лоу синдромот треба редовно да се следат за проблемите со видот, функцијата на бубрезите, раст, напредокот, сколиоза и проблеми со зглобовите и забите. Бубрежната болест во крајната фаза успешно се лекува со дијализа и трансплантација на бубрег.Кампањата „Ги запознаваме ретките болести 2020“, која ја реализираат активистот Гордана Лолеска, охридското Супер радио и Здружението „Живот со предизвици“ ќе се прикажува на 40 национални, регионални и локални медиуми ширум државата. Оваа година, покрај стандардните дијагнози изработени на македонски јазик, проектот доби и албанска верзија и верзија на знаковен јазик, со оглед на тоа што околу 400 ретки дијагнози вклучуваат помала или поголема загуба на слухот. Проектот ги надмина и локалните граници и ќе се емитува на бројни медиуми во Албанија и Косово. Новина оваа година е и тоа што емисиите се изработени и на знаковен јазик.Првиот ден на ретки болести беше одбележан во 2008 година, точно на 29-ти февруари, „редок“ датум кој се случува само еднаш на секои четири години. Од тогаш, Денот на ретки болести се одржува секоја година на последниот ден од февруари, месец познат по тоа што има „редок“ број на денови. Денот на ретките болести е меѓународна кампања за подигнување на свеста за ретките болести. Од почетокот во 2008-ма година, илјадници настани се организираат низ целиот свет и опфаќаат милиони луѓе. Кампањата започна како европски настан и со текот на времето стана глобален феномен, со учество на над 90 земји од целиот свет во 2018-та година. Република Македонија за прв пат се вклучи во одбележување на овиј редок ден во 2013-та година.Кампањата за Денот на Ретки Болести е за пошироката јавност, за релевантните институции и секој е добредојден да се придружи: пациенти и семејства, организации на пациенти, медицински професионалци, истражувачи, фармацевтска индустрија, јавни здравствени институции – колку повеќе не има, толку подобро. Денот на ретките болести е можност за учесниците да бидат дел од глобалниот повик кон креаторите на политики, истражувачите, компаниите и здравствените професионалци повеќе и поефикасно да ги вклучат пациентите во истражувањата за ретки болести.Вклучете се!

Македонија | пред 6 години

49948075_282787959078136_8610624802379530240_n

Се втуваат ли милиони и бенефиции за пратенички глас за Законот за јавно oбвинитeлcтвo?

Повеќе извори од различни партии и групи брифираат дека до доцна попладнето вчера се одвивале преговори и се врши сериозен притисок врз повеќе пратеници да гласаат за Законот за јавно обвинителство – пренесува „Експрес“.Трговијата и притисоците врз пратениците се случуваат само десетина часа откако лидерот на СДСМ Заев изјави дека до 2 часот изутрината правел консултации за обезбедување 80 пратеници за усвојување на новиот Закон за Јавно Обвинителство.Слично на ситуацијата од уставните измени според информациите од изворите во игра се и ветувања за милионски суми за пратеници кои ќе го дадат својот глас за новиот закон за Јавното обвинителство.За дел од пратениците кои предходно одбиле да разговараат да бидат “купени” во игра се други методи кои вклучуваат закани дека може да одговараат за тешки кривични дела по урнекот на промената на уставното име.Во трговијата се вклучени и други бенефиции како вработувања за блиски луѓе на тие што ќе гласаат но и ветувања за добивање тендери за фирми блиски на пратениците.Текстот во целост на: „Експрес.мк“ 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Денеска сончево со температура до 12 степени, од вторник дожд

Времето денеска во земјава ќе биде студено изутрина, а преку денот сончево со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од -12 до - 4, а дневната од 4 до 12 степени.Во Скопје утрото ќе биде студено, а преку денот сончево со слаб јужен ветер.Од понеделник ќе има извесно зголемување на облачноста, а од вторник во северните и западните делови ќе има услови за локален дожд.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Заев се плаши од реформирано и професионално обвинителство бидејќи тогаш ќе треба да одговара за сите поткупи, рекети, закани и злоупотреби

Предлог законот за Јавно обвинителство кој насилно го форсира Зоран Заев е спротивен и на Уставот и на меѓународните норми. Предлог законот за Јавно обвинителство кој насилно го форсира Зоран Заев е оценет како катастрофален и неразумен од сите релевантни правни експерти, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. Единствена вредност на овој предлог е тоа што на Зоран Заев треба да му овозможи амнестија за сите сторени криминали.Зоран Заев е сигурен дека со ваквиот нереформски предлог закон ќе продолжи да ги контролира слугите во Јавно Обвинителство кои слепо ги извршуваа неговите наредби овие три години. Зоран Заев не сака независно и професионално обвинителство кое неселективно ќе се бори со криминалот. Зоран Заев сака марионети кои ќе го амнестираат него и неговите соработници, а политички ќе го гонат секој што ќе му застане на пат. Затоа повеќе од една година се молчи за запленетите снимки од прислушуваните разговори на јавните обвинители, а нема истрага ниту за криминално поделените бонуси тешки милиони евра.Зоран Заев ги одби деветте забелешки на законот јавно изнесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ и експертите, а го одби и предлогот новиот закон да го напишат најдобрите познавачи на проблематиката.Зоран Заев се плаши од реформирано и професионално обвинителство бидејќи тогаш ќе треба да одговара за сите поткупи, рекети, закани и злоупотреби.Стравот на Заев од одговорност за криминалот е главната причина поради која што се обидува со поткуп и закани да обезбеди поддршка за неуставниот закон.Граѓаните на 12-ти април ќе стават крај на ваквото криминогено владеење. На 12-ти април ќе заврши хибридниот режим на Заев и ќе следи одговорност за сите понижувања и поигрувања со државата и правдата. Зоран Заев никогаш повеќе, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. фото: Архива

Македонија | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Мицкоски, Мизрахи и ВМРО ДПМНЕ го погазуваат Уставот и ја загрозуваат европската иднина на државата

Со непочитување на уставното име на државата и тоа во државна институција, техничката министерка за труд и социјална политика од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи  директно го прекрши Уставот и го загрози Договорот од Преспа кој ја гарантира иднината на нашите деца.Таквото однесување кон Договорот со Грција е директен атак врз членството во НАТО и во Европската Унија. Со потегот на Мизрахи ВМРО-ДПМНЕ по кој знае кој пат покажа дека е деструктивна партија со единствена цел меѓународно да ја изолира државата.Без почитување и без спроведување на Договорот од Преспа нема НАТО и нема ЕУ. Без НАТО и ЕУ државата нема прогресивна и европска иднина. Со игнорирањето на уставното име ВМРО- ДПМНЕ потврди дека е против договорот и дека упорно работи на проектот за изолирање и уназадување.Потегот на Мизрахи, инициран од Мицкоски, по налог на азилантот од Будимпешта Груевски, е антидржавен и опасен за стратешките интереси на Република Северна Македонија.Поткопувањето на Договорот од Преспа значи и поткопување на правната држава, на владеењето на правото, но и обнова на режимското криминално владеење.Граѓаните ги препознаваат штетните политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и затоа на 12 април повторно ќе ги казнат со нов убедлив пораз на изборите.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Момче тешко повредено при пад од зграда на поранешниот „Жито-мел“ во Куманово

Четиринаесетгодишно момче денеска паднало од објект на поранешен „Жито-мел“ во Куманово и се здобило со тешки телесни повреди, информираше кумановската полиција, објави МИА.Случајот кај нив го пријавил лекар од болницата во 15 часот кој кажал дека момчето, родено 2005 година,  паднало од зграда од поранешната фабрика, лоцирана во центарот на Куманово.Поради сериозноста на повредите момчето е пренесено на лекување на клиника во Скопје.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

PSS

Планинската Спасителна Служба вечерва интервенираше врз заглавен автомобил на превојот “Баба”, на планината Галичица

Планинската Спасителна Служба вечерва интервенираше врз заглавен автомобил на превојот “Баба”, на планината Галичица. Изведувајќи редовни тренажни активности и анализа на состојбата и условите на планината, вечерва екипа на ПСС при Црвен крст Охрид, наиде на заглавен автомобил со двајца патници на превојот “Баба” и со помош на службено теренско возило асистираше во извлекување  на истото од снежните наноси, од кои целосно е блокиран превојот на патниот правец Р-2332, преку планината Галичица. ПСС апелира до љубителите на планината и зимските авантури, да бидат крајно внимателни на овој патен правец, кој во моментов на места има големи снежни наноси, замрзната подлога и одрони, кои ја загрозуваат безбедноста на учесниците во сообраќајот. Потсетуваме и дека истиот патен правец е со ограничен режим на сообраќај во зимскиот период, при што сообраќајот е дозволен само во должина од 9 км, од Трпејца до излетничко место “Корита”, додека останатиот дел е затворен за сообраќај.извор: pss.org.mk

Македонија | пред 6 години

pazar-sutka

(ВИДЕО) Пазарџиите од Шутка се жалат на уцени од градоначалникот Курто Дудуш

Пазарџиите од Шуто оризари секој ден се соочуваат со закани, казни и притисоци, објави телевизија Алфа.Тие се жалат дека градоначалникот Курто Дудуш не престанувал да ги уценува и да се изживувал врз нив. Велат дека во предизборие, сакал да купи повеќе гласови, во спротивно ќе им ги одземел тезгите од каде го ваделе лебот.Поразителните политики кои ги води градоначалникот на општина Шуто Оризари, не престануваат се жалат пазарџиите. Велат отишол и до таму што почнал да удира и по нивните џебови и тоа од 50 евра па нагоре поради погрешно поставен штанд.Текстот во целост на: АЛФА.МК

Скопје | пред 6 години

nezavisna-pratenicka-grupa-vmro-dpmne

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата утре ќе се изјасни дали ќе гласа за Законот за ЈО

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата утре ќе се изјасни дали ќе гласа за Законот за Јавно обвинителство, откако изминуваат и последните денови пред распуштање на Собранието, објави Локално.мк.Според извори на „Локално“, дел од независната осумка дала зелено светло за Законот, откако биле прифатени забелешките кои ги дале пратениците, но помал дел од нив се уште се мислат дали и како ќе се изјаснат за предложеното законско решение.„Локално“ веќе објави дека утре или во понеделник Законот за Јавно обвинителство ќе биде доставен до собраниските служби, по што ќе оди на гласање пред да се распушти Законодавниот дом.Текстот во целост на: Локално.мк

Македонија | пред 6 години

Levica-logo

Левица: Класичен предизборен поткуп и уцена од страна на владеjaчката СДСМ

Тоа што Владата го обелодени преку министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски дека е „постигнат“ грански колективен договор со репрезентативниот синдикат УПОЗ, не само што е класичен предизборен поткуп, туку и сериозен системски директен притисок и уцена од страна на владејачката партија СДСМ кон работниците од државната администрација, се вели во соопштението од Политичка партија Левица.Повеќе од очигледно дека во овој случај е направена најгруба злоупотреба на учеството во власта со дополнителна партизација на државната администрација, и тоа на директна штета и товар на граѓаните. Впрочем, на овој начин сите владејачки партии до сега и си ја одржуваат „поддршката“ на избори. Имено, користејки го буџетот на државата, злоупотребуваќи ги нејзините институции, како и искористувајќи ја општата социјална состојба на работниците вршат уцена и притисок до вработените од државната администрација, претворајќи ги во партиски војници и стадо гласачи на избори.Преку оваа практика на владејачките партии сме доведени во состојба каде државната администрација, квантитативно е предимензионирана, а дополнително секоја партија на власт вработува непотребно нови партиски кадри. За квалитетот на вработените пак доволно говори фактот што тие, како што признава и самиот министер Манчевски, земаат плата додека седат дома, се вели во соопштението од Левица.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

koronavirus

Двајца мажи во Загреб пренесени во болница поради сомнежи за коронавирус

Во загребската инфективна болница „Др. Фран Михајлевиќ“, примени се двајца мажи под сомнение за коронавирус, соопшти денеска хрватскиот министер за здравство, Вили Берош.Тој соопштил дека хоспитализираните лица засега немаат сериозни здравствени проблеми, а дали се заразени од коронавирус ќе се знае по спроведените испитувања и тестирања, објави порталот „Индекс.хр“.„Едниот од нив престојувал во Кина повеќе од еден месец и таму имал вирусно воспаление, но оздравел. Сепак, кога се вратил во Хрватска почнал да кашла. Другиот е Кинез кој дошол од Белгија, а чија мајка била во Кина. Таа е здрава, а тој сега има некаква вироза“, рече Берош.Веројатно и двајцата ќе бидат ставени во карантин додека не се утврди за што точно се работи.Досега во Хрватска се спроведени неколку тестирања на сомнителни случаи, но ниту еден од нив не бил коронавирус.извор: Makfax

Скопје | пред 6 години

pozar

Жена изгоре во пожар во Прилеп, шест лица се спасени

Седумдесет и двегодишна жена загина, а шест лица се спасени во пожар што избувна во семејна куќа во Прилеп. Пожарот се случил изутрината околу 8 часот и избил во приземјето на семејната куќа на Спиркоски на улицата „Никшиќка“ број 10, објави МИА.Според Методија Николоски од прилепската противпожарна единица, повикот во единицата бил во 8: 37 часот и со брза интервенција успеале да ги извлечат шест лица од огнената стихија.Во приземјето каде што избувнал пожарот, од засега непознати причини, живеела 72-годишната Олга Спиркоска. На катовите живееле двата сина на починатата со своите семејства. На првиот кат бил еден од нејзините синови со двете ќерки, а на вториот кат биле мајката и ќерката.Опожарената куќа и семејствата ги посети прилепскиот градоначалник Илија Јованоски изразувајќи сочувство и најави материјална помош за семејствата.Ќе се истражуваат шричините за пожарот во семејната куќа во Прилеп.извор; МИА

Македонија | пред 6 години

Mickoski-PRESS-2301-2

Мицкоски со пакет мерки за граѓани и бизнисот: Повисоки просечни плати за 25%, пензии за 20%, инвестиции, пониски даноци

Состојбата во која се наоѓа нашата држава е неповолна, би рекол повеќе од загрижувачка. Иако имаше многу ветувања, нема резултати. Проблемите се зголемуваат, а многумина во изминатиов период приоѓаат и ми велат „ја губиме надежта“.А, проблемите се на секаде. Тука е невработеноста, земјоделците живеат на работ од егзистенција, докторите се незадоволни, пациентите исто така. Стопанството е во криза, присуството на корупција веќе е констатиран факт, исто како што е и отсуството на борба против криминалот. Екологијата не е тема во државата, но таа не чини затоа што не чини здравјето на нашите луѓе. Иселувањето е огромно поради лошите услови за живот. Младите се најпогодени. Многу нерешени проблеми имаме, истакна на пресконференција Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.И свесен сум дека многу од работите се последица на една системска негрижа присутна 29 години, но сето тоа кулминира последните 3, а нели ветувањата беа поинакви, ќе дошол живо и се требаше да биде поинаку.И многумина не сакаат да продолжат со агонијата приредена од недоговорените политички елити и сакаат нов лист, нов почеток и излез од илјадниците проблеми. Проблемите се големи, но не се нерешливи.Изминативе 2 години работев и најголемиот дел од моето време го посветив на средби и комуникација со граѓани и со стопанството. Последната година силно и интензивно работевме на програма и мерки кон кои ќе се обврземе, а кои треба да ја донесат обновата, која пред се е неопходност за нужно рестартирање на нашето општество. Во изработката на нашите мерки и проекти кон кои ќе се обврземе да ги исполниме свој придонес дадоа стратешките соработници, универзитетски професори, експерти од странство од различни области, комисиите во ВМРО-ДПМНЕ, а клучниот сегмент беше мислењето и потребите на граѓаните и стопанството.Презаситени се луѓето од политика на поделби, празни обвинувања, прочитани политичари. Потребни се мерки и проекти, и многу работа.Затоа отпочнуваме серија на прес конференции каде ќе промовираме мерки и решенија кои ќе бидат дел од обновата која доаѓа, а кои ќе овозможат повеќе за секого. Тоа се мерки и проекти кон кои се обврзуваме и кои ќе треба да донесат повеќе пари, повеќе средства, повеќе надеж, повеќе насмевки. Повеќе за пензионерите, повеќе за работниците, повеќе за стопанството и бизнисот, повеќе за граѓаните и стандардот, повеќе за Македонија.И слободно можам да кажам дека ова пред се ќе биде економска обнова, обнова заоснована на економски темели за кои најважен услов ќе биде правдата.За да имаме развој ни треба повеќе во економијата, почитување на законите и повеќе во стандардот кај граѓаните.          Се обврзуваме за обнова која ќе овозможи зголемување на просечна плата во државата за минимум 25% во еден мандат. Ќе пораснат платите за минимум 25% во следните 4 години. Тоа ќе значи повеќе пари за работниците или во просек за 6.500 денари повеќе од платата која што ќе биде исплатена просечна во државата во декември месец 2019-тата година. Ќе се бориме жилаво за силен економски стандард за секој еден работник.          Се обврзуваме за обнова која ќе овозможи зголемување на просечната пензија на пензионерите за минимум 20% во еден мандат или тоа ќе значи повеќе од 3.000 денари повеќе за секој еден пензионер. За повеќе пари, за повеќе достоинство на пензионерите. За мирен живот се обврзуваме во првите 100 дена Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да го промени Законот за пензиско и инвалидско осигурување и согласно новото законско решение пензиите ќе се прилагодуваат во двата основа, порастот на трошоците за живот и со просечниот раст на нето платите.          Во однос на невработеноста, тука нема да има пораст. Туку драстично ќе ја намалиме. Се обврзуваме за обнова која ќе донесе Невработеност под 10% - едноцифрена невработеност. Повеќе работни места, повеќе среќни лица, повеќе работа за младите, повеќе работа за способните, повеќе работа за стручните. Под 10 проценти невработеност за помала сиромаштија и решавање на проблемите.Се обврзуваме за обнова која ќе донесе повеќе работа за младите, 0% персонален данок за млади до 29 години. Ова ќе значи ослободување од персонален данок за вработување на млади до 29 години кој имаат годишен нето приход до 6.5 илјади евра. Младите да имаат шанса тука да ја градат иднината. Дополнително, преку градење на модерна иновациска инфраструктура која подразбира отворање на иновациски центри, бизнис инкубатори и акцелератори, научни и технолошки паркови ќе им овозможиме на младите и креативните луѓе целосна поддршка во реализација на нивните бизнис идеи. Ние сме силно убедени дека Македонија има млади талентирани луѓе кои имаат силни претприемачки и иновативни идеи и затоа ќе работиме на создавање најповолни услови за искористување на нивниот потенцијал.За стопaнството, бизнисот и граѓаните ќе има повеќе пари.          Ќе паѓаат даноците, а тоа значи повеќе пари за стопанството и граѓаните. Целосно ќе го напуштиме концептот на прогресивен данок и ќе воведеме рамен данок до 8%. Ќе стартуваме од 10%, од кој за 1% ќе имаме намалување во првите 100 дена, што значи рамен данок од 10 на 9%, а во период од две години уште за дополнителен еден процент ќе дојдеме на 8%.          Се обврзуваме за обнова кој ќе донесе нов модел на реиндустриализација. Тоа значи нов економски модел кој ќе биде базиран на модерна реиндустријализација и зголемување на извозната конкурентност на македонската економија.За таа цел планираме:Да понудиме конкретни мерки за поддршка на домашните компании во нивното технолошко и организациско унапредување;Изградба на мрежа на извозни промотори за домашните извозни компании и промотори за привлекување на странски директни инвестиции;Реформа на Македонската Банка за поддршка на развојот во Македонско извозно развојна Банка која ќе обезбеди поволни кредити и извозна поддршка за домашните компании и субвенционирана камата за развој;Ќе ја редефинираме програмата за странски инвестиции со цел привлекување на компании со најголем потенцијален бенифит за македонската економија.           Се обврзуваме на обнова која ќе донесе 4 милијарди евра домашни и странски инвестиции за еден мандат. Ова значи повеќе поддршка од државата за домашната економија и компании и привлекување на странски директни инвестиции преку реформиран модел кој ќе биде привлечен за светски големи компании. Можам да кажам дека веќе водиме разговори со неколку големи европски компании кои се одвратени поради корупцијата, беззаконието и лошата бизнис клима во овие три години да инвестираат во државата. Чекаат и тие поволна клима после 12-ти април да започнат со инвестирање.          Се обврзуваме за обнова која ќе донесе раст на БДП за минимум 4% годишно.           Се обврзуваме за обнова која ќе донесе повеќе пари за бизнисот, помалку давачки и бирократија. Ова значи намалување на парафискални давачки за фирмите кои што се резултат на анализата и средбите со стопанските комори и стопанствениците кои што ги имавме изминатиов период, но не само за парафискалните давачки, тука имаме и детална анализа за сите оние административни бирократски процедури. Дел од нив целосно ќе бидат напуштени, а за дел од нив роковите на одговор на институциите ќе биде намален.          Се обрзуваме за повеќе од 90% реализација на планираните капитални државни инвестиции годишно, внимателно планирање и испорака на тоа што е испланирано. Сега имаме историско најниско ниво кое се движи околу 69 проценти и тоа после ребалансот на буџетот. Над 90 проценти реализација на капитални државни инвестиции подразбира повеќе работа во градежништвото, повеќе работа во трговијата и повеќе бизнис за претприемачите.На крајот за да имаме подобра бизнис клима морам да искоментирам во следнава насока, мора да го подобриме економскиот рејтинг на државата што подразбира не само економски и институционални мерки, туку и борба против корупцијата и криминалот.Затоа се обврзуваме Македонија да се искачи во Топ 10 на листата на „Дуинг бизнис“. Денеска за жал сме 17-ти.          Се обрзуваме Македонија да влезе во првата третина на листата на Светскиот економски форум „Давос“ за најразвиени економии, сега сме 84-то од 140.          Се обрзуваме Македонија да влезе во првата четвртина на листата на „Форбс“. Сега сме на 68 место, од  161 земја.Почитувани присутни,Сите овие 11 проекти се дел од програмата која што ќе биде мотив плус за граѓаните да ја поддржат ВМРО-ДПМНЕ во периодот кој што следува и на предвремените парламентарни избори на 12-ти април.Овие 11 проекти како и останатите се можни само преку работа, работа и многу работа.Се обврзуваме на реални работи без да ветуваме чуда, бидејќи тие во светот на политиката не постојат, за жал не постојат. Многу внимателно гледам што ветувам, затоа што граѓаните не смеат да доживеат ново разочарување, а зад секое едно ветување освен прецизна анализа која е направена, секој денар е пребројан и тоа е пребројан во насока како и зошто ќе се троши, а затоа го имате мојот збор со кој се обврзуваме, мојата чест и углед. Овие мерки ќе променат многу, затоа што тие ќе значат повеќе работа, повеќе пари, повеќе за секого во државата. Обновата доаѓа! Заедно ќе се избориме за подобра иднина, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.фото: Архива   

Македонија | пред 6 години

migranti_kola

Превезувал мигранти, но откако го престигнала полицијата ги симнал мигрантите и избегал

На 07.02.2020 во 04,50 часот постапувајќи по наредба за вршење на служба, мотопатрола од Полициската станица за граничен надзор „Сопот“ на место викано „обиколница Костурник“, забележала патничко моторно возило „Порше Каен“ со скопски регистарски ознаки, кое се движело со голема брзина по автопатот Куманово-Граничен премин „Табановце“.Мотопатролата се упатила по возилото и го пристигнале, по што возачот ги симнал мигрантите кои ги превезувал и избегал. На местото на настанот затекнати биле 10 лица-мигранти од кои седум лица од Пакистан, две лица од Турција и едно лице од Сирија по што биле пренесени во Транзитниот центар Табановце. Се работи на пронаоѓање на возачот и целосно расчистување на случајот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

nake

(ФОТО) Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, денес ги посети семејствата на загинатите бранители

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, денес ги посети семејствата на загинатите бранители. Тие овие денови го поминуваат зимскиот одмор во сместувачките капацитети на министерството за внатрешни работи на Понивка. Министерот на ФБ напиша:- Денес ги посетив семејствата на загинатите бранители. Тие овие денови го поминуваат зимскиот одмор во сместувачките капацитети на министерството за внатрешни работи на Пониква.За мене беше голема чест и вистинско задоволство да поразговарам со семејствата и дечињата на оние кои својот живот го дале за Република Македонија. Нивната важност и значење за нашата држава не може да се измери, затоа што жртвите кои тие ги дале за татковината доволно говорат за нивната љубов и патриотизам.Сето ова ме задолжува мене како министер, министерството за внатрешни работи и сите останати институции да излеземе во пресрет на нивните барања. И секогаш кога има законската можност да одговориме позитивно на нивните потреби.Во рамки на оваа посета се сретнав и со припадниците на Единицата за специјални задачи Тигар кои тука ја изведуваат зимската обука, напиша Чулев.https://www.facebook.com/NakjeChulev/photos/pcb.126838268842976/126837008843102/?type=3&theaterфото: ФБ Наќе Чулев

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Затвореник од Албанија осуден на доживотен затвор избега од КПД Идризово

Затвореник од Албанија, осуден на доживотна казна затвор изутрината избега од Казнено поправниот дом во Идризово.Според одговорното лице во затворот, осудениот А.Д. бил во својата ќелија при проверката на 07.02.2020г. во 19,00ч. а на 08.02.2020г. во 07,00ч. забележале дека избегал.Бегството е извршено со сечење на заштитна решетка од келијата која се наоѓала на третиот кат.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Dimce-Arsovski

(ВИДЕО) Арсовски: ЕКО КЛУБ од Владата на Заев добила над 60 тендери

Чистиот воздух и здравјето на граѓаните воопшто не им е важно на СДСМ. Се им се врти околу политика и поважен им е личниот интерес. СДСМ и Зоран Заев се најлицемерни кога гледаат дека највеќе губат на анкетите., истакна Димче Арсовски–Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.СДСМ и Заев обидувајќи се фирмата ЕКО КЛУБ Битола и целиот скандал да го префрлат на штета на ВМРО-ДПМНЕ, испадна дека истата таа фирма ЕКО КЛУБ Битола земала милионски суми тендери од Владата на СДСМ.Само последната година над 60-тина договори за тендери земала фирмата ЕКО КЛУБ Битола од државата и институциите во вредност од над 130 милиони денари.ЈП за државни патишта, министерството за одбрана, министерството за здравство и многу други институции биле дел од институциите кои доделувале тендери на фирмата ЕКО КЛУБ Битола.И малите деца знаат дека не смее тендер да биде доделен без да знае Заев или некој од СДСМ. Сите знаат дека во владеењето на СДСМ однапред се знае секој тендер на која фирма ќе биде доделен.Каде е одговорноста на Заев и функционерите на СДСМ што при вакви наводни докази за криминал, даваат тендери на истата таа фирма која ја обвинуваат за сериозна вмешаност во криминал со труењето на граѓаните?Каде е одговорноста на Заев и во случајот со набавката и користењето на нафтен кокс за своите фирми, високо загадувачко гориво кое го користеле буквално фирмите каде што сопственици се Заеви. Имено од 9 компании кои користат нафтен кокс, 5 компании се поврзани со Зоран Заев. Само во месец февруари 2019 година, увезени се 42 илјади тони нафтен кокс во државата или сликовито, тоа се вкупно 2.000 илјади шлепери кои што се согорени, а загадените материи односно согорените материи се испуштени во воздухот.Очигледно бизнисот на Заеви и на СДСМ е ставен пред здравјето на граѓаните. Зошто се молчи за овие скандали? И Каде е тук одговорноста?Овој скандал мора да има разрешница.Залудни се дефокусирањата од страна на СДСМ.Се виде кој доделувал пари на фирмата ЕКО КЛУБ, истакна Димче Арсовски–Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.фото и видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

zaginat-2-960x720

Трагедија: Во населбата Илинден маж изгоре по удар од струја на цистерна

Утринава на вагон со нафта во скопската населба Илинден маж изгоре по удар од струја. Според првичните информации на Досие, било пријавено дека маж гори качен на цистерна за нафта. Со брза интервенција на пожарната служба е спречена уште поголема трагедија. Пожарникарите успеале да го изгаснат огнот и да спречат да ја зафати цистерната која е полна со гориво , но и да спречат огнот да ја зафати и околината.Полицијата и обвинител ќе вршат увид да го утврдат идентитетот на жртвата и причините зошто се качил на цистерната и како дошло моментот да го фати струја. Човекот не можело да се спаси, горела облеката и тој е целсно изгорен, пишува порталот.фото: Досие.мк

Скопје | пред 6 години

08_02_2020_Carovska_pres

Царовска: Без Договорот од Преспа нема економски развој, туку сиромаштија

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да ја замајуваат јавноста заговарајќи укинување, поништување или ревидирање на Договорот од Преспа. Најновото замајување е од техничката министерка за труд и социјална политика, која глуми дека го враќа поранешното уставно име, иако потпиша „ќе го почитувам Уставот и законите на Република Северна Македонија“.  Договорот од Преспа значи просперитет за државата, а заговарачите против него не си ја сакаат државата. Укинувањето коишто го најавува ВМРО ДПМНЕ значи укинување на нашето членство во НАТО,  значи изгубени милијарди евра странски инвестиции, спречување на економскиот развој и осиромашување на граѓаните, истакна Мила Царовска, потпретседателка на СДСМ.Нема договор од Преспа нема ЕУ перспективи за нас.Секој од нас треба да е свесен дека тоа не е добро и не’ води кон потполно уништување, мрак и изолација. Како држава веќе еднаш го искусивме ембаргото и блокадите од Грција. Видовме што значат спуштени рампи на границите, ограничена слобода на движење на граѓаните и трговската размена.Повозрасните го паметат тоа добро. Верувам никој од нас не сака тоа да се повтори и тоа токму сега кога сме на чекор до отпочнување на преговори со ЕУ. Сега кога имаме можност да градиме заедно европска иднина. Грција лани стана наш трет стратешки партнер во трговската размена со вкупна вредност од 1 милијарда американски долари. Грција преку солунското пристаниште ни е главната врска со светот од која сме економски зависни. Овој стратешки партнер не смееме да го изгубиме.Фактот што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да заговараат укинување на Договорот од Преспа е јасен показател дека не ја гледаат нашата држава во НАТО и ЕУ, дека не се заинтересирани за развој на економијата и за овозможување на подобра иднина за младите Благодарение на Договорот од Преспа, имаме тренд на зголемување на инвестициите, подобро платени работни места, подобри услови за вработување, подобри перспективи за младите генерации.Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат казнети на 12 април затоа што ја замајуваат и манипулираат јавноста заговарајќи враќање назад со укинување, поништување или ревидирање на Договорот од Преспа. Договорот од Преспа овозможува да чекориме напред, да ја развиваме економијата и да создаваме европска иднина за младите. Единственото што го нуди Мицкоски и неговата богата партија е враќање назад, економска стагнација, ризик од нови ембарга и блокади, и осиромашување на државата и нејзините граѓани.Затоа сме ние тука, затоа се тука граѓаните - Пријателството со Грција ќе живее, а како резултат на тоа и нашите реформи стануве членка на НАТО - тоа ВМРО-ДПМНЕ нема да го спречи, истакна Мила Царовска, потпретседателка на СДСМ.Фото и Видео: СДСМ

Македонија | пред 6 години

igri-sreka

Асоцијација на спортски обложувалници предупредува 7.700 луѓе преку ноќ остануваат без работа со новиот Закон за игрите на среќа

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија предупредува дека со предлогизмените на Закон за игрите на среќа и забавните игри кои се на дневен ред на 131-та собраниска седница, 7.700 луѓе преку ноќ остануваат без работа.„Апелирам до пратениците уште еднаш да го преиспитаат ставот за усвојување на измените на Законот за игрите на среќа. Дали се подготвени да избришат една цела стопанска гранка која дава значаен придонес во државниот буџет и директно вработува 7.700 луѓе кои индиректно подржуваат 54.000 работни места во други стопански гранки? Дали се подготвени да ризикуваат да избришат една целосно регулирана индустрија и да создадат услови за нелегално обложување и сива економија?“ – предупредува Илијевски, Претседател на АСОМ.Измените на Законот се носат без соодветни претходни анализи на состојбата, социјални и финансиски импликации кои истите би ги предизвикале. За своето работење, спортските обложувалници плаќааат лиценци кон државата кои им гарантираат услови за работа во периодот за којшто е издадена таа лиценца. На основ на издадената лиценца, приредувачите на игри на среќа во обложувалница ги прават своите проекции за инвестирање, нови вработувања и развој. Условите кои ги наметнува новиот закон значат прекин на правата кои ги регулира лиценцата. Како државата ќе ги обештети и надомести средствата дадени за лиценца и инвестиции по секое уплатно место? Освен за обложувалниците, ова ќе значи и огромна загуба за државата која притоа ќе ги загуби и 253 милиони евра, кои по основ на давачки и даноци секоја година се слеваат во државната каса.Асоцијацијата на спортски обложувалници констатира дека со ваквиот предлог закон ќе се предизвика правна несигурност на страната на субјектите на коишто им е издадена лиценца со точно одреден рок на важење согласно Законот за игри на среќа. Ваквиот предлог Закон прави директен упад во издадените и веќе постоечки лиценци. Заради наметнатата обврска на усогласување кое не било предвидено во моментот на издавање на лиценците, со барање или поведување на постапки за нанесена материјална штета која ќе ја претрпат обложувалниците, може да се предизвика и директна материјална штета по буџетот во тековната или нареднитефискални години.Со Министерството за финансии, АСОМ во изминатиот период има остварено средби и доставено соодветни барања и мислења за начинот на регулирање на индустријата, со коишто нема да се предзвика штета ниту на субјектите коишто се лиценцирани ниту на буџетот, а притоа ќе се зајакнат стандардите и начинот на работа на друштвата кои се лиценцирани. Заради ова сметаме дека во овој момент, Министерството за финансии треба да излезе со свој став и мислење по предлог законот.Предлозите кои ги доставивме и ставовите кои се разгледувани со Министерството со финансии се компаративни со регулативата во земјите членки на европската унија, и истите се во насока на тоа дека ниту една европска земја не ја разгледува можноста за забрани, туку квалитетно регулирање на игрите на среќа.*Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија е организација која се залага за поволна бизнис клима за индустријата, безбедно опкружување за своите вработени и играчи, одговорен пристап кон игрите на среќа во обложувалница, како и социјална и економска вредност во заедницата. Во АСОМ членуваат петте најголеми псортски обложувалници: Моцарт, Спор Лајф, Златна Копачка, Евротип и Марбет. Сите нејзини членки се општествено одговрни субјекти кои создаваат можности за работа и кариера, ја стимулираат работата на дуги стопански гранки и поддржуваат општествено одговрни проекти од областа на образованието и спортот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања