ТЕ - ТО: Во последниов период ТЕ-ТО АД е повторно предмет на неосновани напади, лаги и манипулации
Во последниов период ТЕ-ТО АД е повторно предмет на неосновани напади, лаги иманипулации од страна на претставниците на Топлификација кои имаат единствена целпритисок врз институциите и замајување на јавноста. Во целост ги демантираме изјавите инаводите на претставниците на Топлификација искажани на прес конференцијата одржана на06.02.2020 година како невистинити и тенденциозни.1. Целосна лага и лицемерие се обвинувањата на Г-дин Хаџи Мишев дека ТЕ-ТО приреализација на така наречената толинг соработка, во која снабдувачот со природен гас мудава попуст на ТЕ-ТО со услов тој да биде екслкузивен купувач на електричната енергија,нанело штета на компанијата и на тој начин компанијата перела пари. Заради вакватасоработка, ТЕ-ТО АД остваруваше дополнителен бенефит, а не загуба. Имено Топлификацијае таа која не само што ја поддржа туку и инсистираше на ваков модел на соработка. Еве штона собранието на акционери одржано на 28.06.2016 година, кажа претставникот наТоплификација за овој модел на соработка - цитираме: „Топлификација уште од 2010предлагаше да се прави размена на гас за струја“, што е потврдено со нотарски записник.2. Лицемерното однесување на претставниците на Топлификација кога еднаш едно зборуваат,а подоцна сосема друго за истата работа се забележува и во другите нивни невистинитинаводи. Таков е случајот со небулозното обвинување дека инвестицијата на странскиотакционер во ТЕ-ТО која е неколкукратно повисока од таа на Топлификација е резултат наперење пари. Кога странскиот инвеститор ги инвестираше финансиските средства,Топлификација ги одобруваше заемите преку Надзорен одбор, а Г-дин Хаџи Мишев сефалеше по медиумите дека донел странски инвеститор да инвестира финансиски средтсваво ТЕ-ТО.Дополнително, при тоа одобрување на заемите од акционерите, Топлификација тогаш не гитретираше истите за зделки со заинтересирана страна за која треба да се гласа на собрание наакционери, за после 10 години да вели дека само одложувањето на рокот на доспеаност наистите овие зделки претставува нова зделка со заинтересирана страна за која треба да гласасобрание на акционери.3. Всушност пријавата за наводно перење пари која фактички е иницирана по барање одТоплификација е целосно анализирана, испитана и отфрлена од Обвинителството каконеоснована, за што многу добро е информиран Г-дин Хаџи Мишев, но и понатамупродолжува со лаги и шпекулации во однос на истата.Тврдењата дека компанијата ТЕ-ТО перела пари се невистинити и небулозни имајќи го вопредвид и фактот дека се работи за сериозна компанија во која има инвестирано иГерманската банка Ландес банка Берлин, членка на Шпаркасе групацијата која е најголемнадворешен кредитор на компанијата и сите зделки во ТЕ-ТО се под надзор на банката.4. Неосновани и лажни се обвинувањата дека ТЕ-ТО во планот за реорганизација потврдувадека работел непазарно преку толинг соработката. Токму напротив, со толинг ТЕ-ТО добивалподобри услови од пазарните, но не доволно добри за рентабилно работење. Зборотусловеност е кажан во насока дека ТЕ-ТО заради непостоењето на алтернтивни понудувачи наприроден гас мора да се прилагодува на барањето на единствениот добавувач на гас воСеврена Македонија. Планот за реорганизација предвидува мерки за излегување од овааусловеност преку отварање на пазарот на природен гас и обезбедување конкуренција. ТЕ-ТОпостојано се обраќа кон институциите да го либерализираат интерконекторот со РепубликаБугарија согласно третиот енергетски пакет за да се овозможи пристап до ЛНГ гасот насветските пазари.5. Импликацијата дека компанијата ЕДС во соработката со ТЕ-ТО добивала некакваексклузивност е потполно неоснована и лажна.6. Топлификација го обвинува ТЕ-ТО за лажен стечај, а само пред една година истата тааТоплификација поднесе барање за стечај на ТЕ-ТО со свој алтернативен план зареорганизација, потврдувајќи дека причините за стечај се објективни и дека постоеле условиза реорганизација.Дополнително, Топлификација ги имала на увид годишните извештаи на ТЕ-ТО каде сезабележува ниската рентабилност пред се заради високата цена на природен гас на пазарот воРепублика Северна Македонија, многу повисока од она што Топлификација и другитеакционери го предвиделе и одобриле во физибилити студијата за проектот кога се носелаинвестициската одлука. Така што, нема никаков лажен стечај туку тоа е објективна состојба наниска рентабилност на компанијата.7. Наводот дека ТЕ-ТО има добивка од 120 млн. евра во 2018 година е целосноманипулирање со јавноста, бидејќи се одмолчува фактот дека тоа е само пресметковнадобивка заради отпис на обврските на ТЕ-ТО потврдени во судска постапка од кои скоро ситесе по основ на инвестиции на акционерите во ТЕ-ТО АД. Заради тој отпис, согласномакедонскиот закон за данок на добивка иако е само пресметковна добивката, на истата сепресметува данок на добивка од 10%. Ваквата состојба е економски нелогична, бидејќи накомпанија која е во стечај заради тоа што не може да ги отплаќа обврските и ги отпишува, и сенаметнува нова државна давачка заради неусогласеноста на Законот за стечај со Законот заданок на добивка. Тоа е спротивно на препораките на Европските институции од областа направото кои велат дека отпис на обврски во стечајна постапка не треба да подлежат наплаќање данок на добивка. Во најголем број европски држави вклучувајќи ги државите вососедството, на отпис на обврски во стечајна постапка не се пресметува никаков данок.Со таканаречената државна помош оваа административна давачка државата само јаодложи, но не му ја прости на ТЕ-ТО како што би било ред согласно европските препораки.Всушност со планот за реорганизација државата непланирано доби побарување од ТЕ-ТО оддополнителни 16 милиони евра не заради деловната активност на ТЕ-ТО туку заради тоа штое направен отпис на влогот во компанијата на неговите акционери. На тој начин државатанаправи добра зделка за себе затоа што го задржа деловниот потфат на ТЕ-ТО и обезбедиконтинуирани годишни приливи од ТЕ-ТО во државата од 6-8 млн евра, како идополнителни 16 милиони евра подарок од ТЕ-ТО кон државата, а кој ТЕ-ТО ќе го платипосле 9 години. Во случај да не се обезбедеше ова одложување, ТЕ-ТО ќе го изгубешеделовниот потфат, а државата ќе го изгубеше законскиот основ за наплата на данокот надобивка. Се надеваме дека државата во пристапниот процес за ЕУ ќе го корегира овојнеправеден закон за компаниите кои имаат потешкотии и во иднина нема да им се наплаќаданок на добивка на компаниите кои направиле отпис во стечајна постапка, за да може дафункционира законот за стечај.Крајно несериозно е малцинскиот акционер на ТЕ-ТО од неразбирливи причини да се борипротив доделеното одлагање на исполнување на обврските на својата компанија ТЕ-ТО, што еспротивно на интересите на акционерите на Топлификација. Наместо Топлификација дапомогне во намалувањето на цената на пренос на гас во Северна Македонија, воимплементација на интерконктивен договор за природен гас помеѓу Бугарија и СевернаМакедонија, подобрување на условите на работа на ТЕ-ТО преку одлуките на Регулаторнатакомисија, се со цел ТЕ-ТО да ја зголеми рентабилноста и да може да ги врати парите набанките, а потоа и на акционерите, нивна цел е преку лаги и манипулации да се уништи ТЕ-ТО.Единствено рационално објаснување на ваквото поведение на менаџментот наТоплификација е да ја сокрие својата бизнис одговорност за инвестициската одлука да сегради толку скапа ивестиција во ситуација кога немало долгорочен договор за природен гаси електрична енергија, монополизиран пазар на природен гас, огромни трошоци кои гинаметнуваат операторите на системите за природен гас и електрична енергија, што гоопределија статусот на ТЕ-ТО како нерентабилна инвестиција.Во 2017 година менаџментот на Топлификација имаше можност да ја зачува компанијата, нотаа грубо ги наруши писмените спогодби помеѓу акционерите и доверителите на ТЕ-ТО,поставувајќи ги своите интереси над интересите на останатите акционери и банките—кредитори, не можејќи соодветно да ја оцени реалната состојба на работите и економскатаситуација на двете компании. ТЕ-ТО постапувајќи исклучиво во рамките на законот, зачувувајќиго балансот на интересите на акционерите и доверителите, тргна по единствено можниот патза зачувување на дејноста на компанијата-план за реорганизација, на основа на кој апсолутносите акционери имаат еднакво-пропорционални отписи на побарувања. На тој начин,постапките на бившиот менаџмент на Топлификација, доведоа до суштински вкупни загуби.Целата ситуација во врска со постапките против ТЕ-ТО од страна на правосудните органи евештачки создадена од бившиот менаџмент на Топлификација, во обидот да ги исправи своитепретходни грешки. Единствениот ефект од постапките на поранешниот мемаџмент наТоплификација е значително влошување на инвестиционата клима и невозможноста заспроведување на нови инвестициони проекти.И покрај небулозните тврдења од страна на менаџментот на Топлификација, ТЕ-ТО трпиреални штети во секојдневното работење и заради тоа ќе започне соодветни правни постапкиза заштита на имиџот на компанијата и деловните интереси.КЛУЧНИ ПОЕНТИ1. Целосна лага и лицемерие се обвинувањата на Г-дин Хаџи Мишев дека ТЕ-ТО приреализација на така наречената толинг соработка, во која снабдувачот со природен гас мудава попуст на ТЕ-ТО со услов тој да биде екслкузивен купувач на електричната енергија,нанело штета на компанијата и на тој начин компанијата перела пари. Заради вакватасоработка, ТЕ-ТО АД остваруваше дополнителен бенефит, а не загуба. Имено Топлификацијае таа која не само што ја поддржа туку и инсистираше на ваков модел на соработка2. Небулозно е обвинувањето дека инвестицијата на странскиот акционер во ТЕ-ТО која енеколкукратно повисока од таа на Топлификација е резултат на перење пари. Когастранскиот инвеститор ги инвестираше финансиските средства, Топлификација гиодобруваше заемите преку Надзорен одбор, а Г-дин Хаџи Мишев се фалеше по медиумитедека донел странски инвеститор да инвестира финансиски средтсва во ТЕ-ТО.3. Пријавата за наводно перење пари, која е фактички иницирана по барање наТоплификација е целосно анализирана, испитана и отфрлена од Обвинителството каконеоснована, за што многу добро е информиран Г-дин Хаџи Мишев, но и понатамупродолжува со лаги и шпекулации во однос на истата.Тврдењата дека компанијата ТЕ-ТО перела пари се невистинити и небулозни имајќи го вопредвид и фактот дека се работи за сериозна компанија во која има инвестирано иГерманската банка Ландес банка Берлин, членка на Шпаркасе групацијата која е најголемнадворешен кредитор на компанијата и сите зделки во ТЕ-ТО се под надзор на банката.4. Неосновани и лажни се обвинувањата дека ТЕ-ТО во планот за реорганизација потврдувадека работел непазарно преку толинг соработката. Токму напротив, со толинг ТЕ-ТО добивалподобри услови од пазарните, но не доволно добри за рентабилно работење.5. Импликацијата дека компанијата ЕДС во соработката со ТЕ-ТО добивала некакваексклузивност е потполно неоснована и лажна.6. Топлификација го обвинува ТЕ-ТО за лажен стечај, а само пред една година истата тааТоплификација поднесе барање за стечај на ТЕ-ТО со свој алтернативен план зареорганизација, потврдувајќи дека причините за стечај се објективни и дека постоеле условиза реорганизација7. Наводот дека ТЕ-ТО има добивка од 120 млн. евра во 2018 година е целосноманипулирање со јавноста, бидејќи се одмолчува фактот дека тоа е само пресметковнадобивка заради отпис на обврските на ТЕ-ТО потврдени во судска постапка од кои скоро ситесе по основ на инвестиции на акционерите во ТЕ-ТО АДСо таканаречената државна помош оваа административна давачка државата само јаодложи, но не му ја прости на ТЕ-ТО како што би било ред согласно европските препораки.Всушност со планот за реорганизација државата непланирано доби побарување од ТЕ-ТО оддополнителни 16 милиони евра не заради деловната активност на ТЕ-ТО туку заради тоа штое направен отпис на влогот во компанијата на неговите акционери. На тој начин државатанаправи добра зделка за себе затоа што го задржа деловниот потфат на ТЕ-ТО и обезбедиконтинуирани годишни приливи од ТЕ-ТО во државата од 6-8 млн евра, како идополнителни 16 милиони евра подарок од ТЕ-ТО кон државата, а кој ТЕ-ТО ќе го платипосле 9 години.Единствено рационално објаснување на ваквото поведение на менаџментот наТоплификација е да ја сокрие својата бизнис одговорност за инвестициската одлука да сегради толку скапа ивестиција во ситуација кога немало долгорочен договор за природен гаси електрична енергија, монополизиран пазаар на природен гас, огромни трошоци кои гинаметнуваат операторите на системите за природен гас и електрична енергија, што гоопределија статусот на ТЕ-ТО како нерентабилна инвестиција.фото: Архива
Македонија
|
пред 6 години