Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

min-2

(ФОТО) Мизрахи ја врати старата табла без Северна и на прес ги кажа своите заложби за децата без родители

Техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи денеска одржа прес конференција на која кажа дека во рамки на своите надлежности ќе направи се за исправување на „неправадата“ која им е нанесена на Децата без родители. При тоа на новинарите во очи им падна таблата зад министерката на која јасно се гледа дека сега пишува Република Македонија, министерство за труд и социјална политика. Тоа значи дека за ова министерство повеќе не сма Република Северна Македонија.Во продолжение ФБ статусот на министерката Мизрахи. Таа напиша:-По остварената средба со претставници на лицата кои до 18 години имале статус на деца без родители и без родителска грижа, се заложив како министер да направам сѐ што е во рамки на моите надлежности за исправување на „неправадата“ која им е нанесена.Имено, заради полесна интеграција во општествениот живот на оваа категорија на лица, Министерството за труд и социјална политика во 2013 година ја започна со реализација Програмата Д-10, за вработување на лица кои до 18-годишна возраст имале статус на дете без родители и без родителска грижа и во истата беа утврдени конкретни мерки за вработување на овие лица.Од 2013 до 2016 година со Програмата беа вработени вкупно 143 лица од оваа категорија на граѓани. Бројките се доволен показател за успешноста на оваа мерка, но од неразбирливи причини истата беше стопирана од страна на претходниот министер Мила Царовска.Таа, иако имаше објавен оглас во 2016 година, не вработила НИТУ едно лице, односно не биле преземени никакви постапки за селекција на пријавените кандидати и не биле донесени одлуки за избор иако имало доволен број на пријавени кандидати.Иако е една од најаранливите категории, на кои им е неопходна помош и поддршка да се справат со предвизиците кои ги носи животот по напуштање на домот и згрижувачките семејства, НЕ СЕ превземени никакви мерки за вработување на ниту едно лице кои до 18 – годишна возраст кои имале статус на дете без родители и без родителска грижа.И покрај барањата и укажувањата на лицата за спроведување на оваа Програма и остварените средби со претставниците на Владата овие проблеми не се надминати.Ја користам оваа можност, да Ве известам дека до Владата на Република Македонија доставив Информација за вработување на лица кои до 18-годишна возраст имале статус на дете без родители и без родителска грижа во 2020 година со која ги информираме и бараме согласност за вработување на лица од оваа категорија на граѓани.Овие лица заслужуваат сигурна работа, редовна плата, како и можност за социјализација и интеграција во општествениот живот и неопходно е да се преземат конкретни и реални мерки.Министерството за труд и социјална политика мора да пружи рака на најранливите и оние на кои им е најопходна поддршка!https://www.facebook.com/RaselaMizrahi/videos/2430198377243503/?v=2430198377243503фото: ФБ Рашела Мизрахи

Македонија | пред 6 години

turija

20 години затвор за убиецот на Ристо Иљашев чие тело беше пронајдено во браната „Турија“

Судскиот совет при Основниот суд во Струмица на чело со судијката Цона Каламерникова го прогласи за виновен Марјанчо Велев (54) од село Добрејци, струмичко, за убиство на струмичанецот Ристо Иљашев и му определи казна затвор во траење од 20 години – објави Медиумска информативна агенција (МИА).Одлуката денеска ја соопшти судијката Каламерникова и обраложи дека на 7 мај лани на подмолен начин Велев го лишил од живот Иљашев.„Откако се сретнале во Струмица со своето возило го однел во неговата работилница во село Добрејци и со малокалибарско оружје му пукал во пределот на тилот. Потоа го завиткал телото на покојникот во фолија и го ставил во буре во кое ставил 13 метални дискови, го засекол бурето на две места за да може да влезе вода во него и го фрлил во водите на брана „Турија“. Со ваквите дејства обвинитетиот сторил кривично дело убиство и се осудува на казна затвор во траење од 20 години“ - рече судијката Цона Каламерникова.Од семејството на убиениот Иљашев рекоа дека не се задоволни од висината на пресудата и очекувале доживотна казна затвор.Одбраната на осудениот најави дека ќе поднесат жалба до Апелацискиот суд и ќе бараат повторно отворање на постапката.Инаку, полицијата го сомничи дека е сторител и на уште едно убиство врз 62-годишниот А.М., извршено на 9 октомври 2018 година, а телото на убиениот затворено во камионски резервоар за гориво беше извадено од браната „Турија“ на 5 август лани. За овој случај ОЈО Струмица се уште нема подигнато обвинение.Текстот во целост на: МИА

Македонија | пред 6 години

Monika-Zajkova-potpretsedatelka-na-LDP

Зајкова: Студентите ќе добиваат поздрав оброк, пратениците едноглссно го изгласаа предлогот на ЛДП

Редовните студенти од државните и приватните универзитети од наредната академска година ќе добиваат субвенциониран оброк од 120 денари дневно. Предлог- законот за субвенциониран студентски оброк кој го иницираше Либерално демократската партија синоќа беше усвоен на пленарна седница на Собранието, а за истиот поддршка дадоа пратениците и од власта и од опозицијата.Преку Законот за субвенциониран студентски оброк, кој што тимот на ЛДП го подготви врз основа на сличен проект што веќе со години функционира во Словенија, обезбедуваме  можност студентите за значително пониска цена да можат да се хранат кај регистрирани даватели на услуги, коишто ќе потпишат договор со Министерството за образование и наука за субвенционирање на студентскиот оброк, вели Моника Зајкова, потпретседателка на ЛДП.Таа објаснува дека студентите од Министерството за образование и наука ќе добиваат финансиска поддршка во износ од 120 денари дневно, наменета за купување на приготвена храна.  На тој  начин се обезбедува финансиска поддршка, но и поквалитетен и поздрав живот за младите во периодот на студенстките денови.- Согласно предложеното законско решение право на субвенциониран оброк ќе имаат редовните студенти на додипломски студии на државните и на приватните универзитети државјани на Република Северна Македонија, кои се регистрирани во системот, по пат на посебна пријава која студентот ќе ја поднесе при запишување во тековната академска година, а кои не се во редовен работен однос, не се регистрирани како индивидуални земјоделци и немаат месечен приход по било кој основ поголем од минималната нето плата во Републиката за тековната година, дополнува Зајкова.Оваа можност студентите ќе имаат право да ја користат од понеделник до петок од осум часот наутро до 20 часот навечер, а истата не важи за време на викенд и државни празници.- Морам да истакнам дека значењето на овој проект го препознаа и Владата којашто даде позитивно мислење за ова законско решение, но и пратениците од сите пратенички групи кои го поддржаа предлогот на ЛДП и дадоа свој придонес во подобрување на текстот на истото.- Нема поисплатлива инвестиција од инвестирањето во младите! ЛДП и понатаму ќе иницира нови предлози за подобар студентски стандард. Нашите студенти ги заслужуваат истите услови за студирање како студентите од државите членки на Европа, завршува Зајковафото: ЛДП 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Шилегов: Остварени се 87,2% од планираните вкупни приходи од 2019

Градоначалникот  Шилегов на денешната прес-конференција  даде осврт за тоа како Град Скопје ги користеше и располагаше со буџетските средства изминатата година во периодот од 01.01 до 31.12.2019 година. Граѓаните заслужуваат информација за тоа како Град Скопје управуваше со буџетските средства изминатата 2019 година. Во таа насока сакам да потенцирам дека, кога ќе направиме споредба со последните 5 години, разликата е повеќе од очигледна во полза на остварувањето на интересите на нашите сограѓани. Управувањето со буџетските средства во 2019 година се темелеше на принципите на ефикасност, ефективност и транспарентност во работењето, а во насока на буџетска заштеда и оптимално користење на ресурсите. За 2019 година во вкупниот Буџет на Град Скопје остварени се 87,2% од планираните вкупни приходи и други приливи, во износ од 5,7 милијарди денари. Вкупните расходи и други одливи во буџетот на Град Скопје за 2019 година, се извршени со 82% од планираното или во вкупен износ од 5,3 милијарди денари. По однос на остварувањето на расходите гледано по категории на расходи, тековно – оперативните расходи се остварени со 86,4 %, а капиталните со рекордни 72% од планираното – рече Шилегов.Тој додаде дека остварувањето на приходите и расходите во 2019 година истовремено, споредено со последните 5 години бележи зголемување од 20 до 40 проценти, односно Град Скопје во изминатата 2019 година бележи најдобри резултати од досегашното свое работење.Истото важи и за процентуалното остварување на Буџетите споредено со планираното во изминатите години. Остварувањето на Буџетот за 2019 година е најдобро досега и споредено со последните 5 години бележи зголемување од 10 до 20 проценти. Град Скопје во изминатиот период освен што посветено работеше  на подобрување на сервисните услуги, работеше и на капитални проекти и нивната реализација инвестирајќи истовремено во повеќе области согласно  со надлежностите. Град Скопје успеа да ја задржи и ликвидноста на едно завидно ниво. Со своето домаќинско работење Град Скопје на 31.12.2019 година бележи салдо, кое досега не се памети, во вкупен износ од 1.935.935.290 денари - нагласи Шилегов. Шилегов истакна дека овие финансиски резултати пред се, се должат на интензивните активности во делот на инфраструктурите проекти, заштитата на животната средина, формирањето на ГЕС и ред други активности кои граѓаните веќе имаат можност да ги почувствуваат и препознаат како одговорни политики на оваа градска администрација.  На крајот сакам да подвлечам дека Град Скопје и понатаму ќе работи на остварување на Вашите интереси, излегувајќи во пресрет на  Вашите потреби и да пристапиме кон системско решавање на тековните предизвици. Убеден сум дека ваквиот пристап кон работа и обврските ќе придонесе Скопје во иднина да стане Град каков што скопјани заслужуваат, метропола со којашто сите заедно ќе се гордееме - рече Шилегов на денешната прес-конференција.фото: Град Скопје

Скопје | пред 6 години

06022020_PVRSM_Spasovski_MTV_Sugareski_rekonstrukcija_delnica_KrivaPalanka-Deve-Bair-2

Спасовски: Модернизацијата на Коридорот 8 ќе ги зајакне трговската размена и економската соработка со европските земји

Отпочнувањето на работите за реконструкцијата и рехабилитацијата на патниот правец Крива Паланка – Деве Баир, односно до граничниот премин со Република Бугарија, претседателот на Владата на Северна Македонија, Оливер Спасовски, го оцени како значаен настан зашто овој патен правец е само дел од Коридорот 8, еден од најзначајниот коридори што ја поврзува оската Исток-Запад на југот на европскиот континент.„Модернизацијата на Коридорот 8 е стратешка определба на нашата земја и заради регионалното поврзување и соработка како еден од најважните аспекти на интеграцијата во Европската Унија. Проектот, вклучувајќи ја и доизградбата на железницата на овој коридор, има за цел да го поврзе Црното Море со Јадранско Море. Пошироко, тоа е коридор кој преку Бугарија, Северна Македонија и Албанија, ги поврзува Блискиот Исток и Азија со Европската Унија“, нагласи премиерот Спасовски по повод стартот на градежните работи на делницата во Крива Паланка.На настанот на кој присуствуваа амбасадорот на Европската Унија во нашата земја Самуел Жбогар, директорот на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој во Скопје Анди Аранитаси, како донатори на дел од средствата за реконструкцијата и рехабилитацијата, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, господин Зоран Китанов, градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, како и претставници на Инвестицискиот фонд за Западен Балкан и на компанијата „Гранит“, како изведувач на работите, премиерот Спасовски нагласи дека за посветеност на Коридорот 8 говори и фактот дека во овој момент има градежни активности по целата негова должина.Се подготвува санацијата за патниот правец од граничниот премин Ќафасан до Струга, интензивно се одвиваат работите на изградбата на автопат Охрид –Кичево, се заврши рехабилитацијата на автопат од Скопје до Куманово, а во претстојниот период ќе отпочне рехабилитација на делницата Куманово – Страцин во должина од околу 32 километри. Паралелно тече рехабилитација на постоечкиот регионален пат Ранковце – Крива Паланка која се очекува да биде завршена до март 2020 година.Со воспоставување на овој Коридор, рече Спасовски, ќе се развие систем на превоз што ќе придонесе кон зголемување на трговската размена, во функција на подобрување на конкурентноста и развојот на економијата и комуникацијата со европските земји.„Уште една причина што го прави овој настан и овој ден посебен за нашата земја, е улогата на партнерството на Европската Унија и на нејзините финансиски институции. Партнерството потврдува дека европската интеграција на Република Северна Македонија и на Западен Балкан е препознаена како геостратешка инвестиција за стабилна, силна и обединета Европа базирана на заеднички вредности и стандарди“, потенцираше претседателот на Владата, Оливер Спасовски.Според министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, реконструкцијата на регионалниот пат од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир е важен проект за подобрување на прекуграничната соработка и развојот на економијата во регионот.„Овој патен правец е еден од таквите на кои гледаме како значајна алка за извоз на македонските производи. Патниот правец Паланка - Деве Баир е најфреквентен во товарниот сообраќај бидејќи транспортот на стока кон и од соседна Бугарија во најголем дел поминува на овој пат. Затоа забрзано работиме на изградба на пругата до Бељаковце и очекуваме до крај на 2020/почеток на 2021 година таа да биде завршена“, рече министерот Сугарески во своето обраќање.Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов нагласи дека Изведувачот ГД Гранит ќе има рок од 24 месеци за да го изведе проектот и по проширениот пат ќе се вози најдоцна до почетокот на 2022 година.Во својот дел од обраќањето, амбасадорот на ЕУ во нашата земја Самуел Жбогар истакна овој проект е од посебно значење за економскиот развој на самите општини од двете страни на границата меѓу Северна Македонија и Бугарија, како и за самиот регион.„Овој процес на поврзување започна во рамките на Берлинскиот процес и ЕУ верува во неговата силата затоа што преку овие проекти се остваруваат силни врски. Ова денеска е првиот дел од реализација на овој проект на кој треба да се гледа како нишката што недостасуваа за подобра поврзаност меѓу Скопје Софија, Тирана и Драч на потегот на Коридорот 8“, рече амбасадорот Жбогар.Директорот на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој во Скопје, Анди Аранитаси, нагласи дека ЕБОР останува посветен партнер на Владата на Северна Македонија и во сите идни проекти, особено во поддршката на капиталните инфраструктурни иницијативи.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

tepa-zena

Скопјанец ги претепал партнерката и нејзината три годишна ќерка

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривични дела – Тешка телесна повреда од член.131 став 2 во врска со став 1 и Запуштање и малтретирање на дете по член 201 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот на 7 јануари, во својот дом во Шуто Оризари, при вршење семејно насилство со умисла тешко телесно повредил една оштетена со која живеел во вонбрачна заедница. Тој најпрвин почнал вербално да ја навредува и физички ја нападнал, удирајќи ја со тупаници во пределот на лицето. Продолжил да ја удира по главата и телото и со тврди предмети – парче дрво и железна шипка, а потоа насилно ја турнал на подот и ја удирал со клоци во стомакот. На тој начин обвинетиот и нанел тешки телесни повреди на оштетената, изразени во вид на набиеници, скршеници и крвни подливи. Додека оштетената се обидувала да повика помош, обвинетиот се доближил до нејзината малолетна ќерка на возраст од три години, па грубо запоставувајќи ја својата должност за грижа и воспитување како очув, започнал да ја малтретира и да ја удира со дрвен предмет по телото, да ја гризе и да и ги става рацете на шпоретот, со што и нанел тешки телесни повреди.Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и Предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетото лице, ценејќи дека постои опасност од бегство, околности кои го оправдуваат стравот дека тој би можел да го повтори делото и да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и вештаците.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

praznuvanje

(ФОТО) Празнувања во чест на Григор Прличев

Делегација на општина Охрид предводена од градоначалникот Константин Георгиески, денес, во рамки на чествувањата во спомен на Григор Прличев, положи свежо цвеќе пред спомен бистата во основното училиште што го носи неговото име.Чествувањата во ОУ „Григор Приличев“ продолжија во спортската сала во склоп на училиштето со организирање на „Прличева визита“. 

Македонија | пред 6 години

prlicev

(ФОТО) Цвеќе во чест на Прличев

Во рамки на чествувањата посветени на Григор Прличев, делегација на општина Охрид предводена од претседателката на градскиот  Совет , Живка Ангелоска положи свежо цвеќе пред спомен бистата на поетот пред НУ Библиотека „Григор Прличев“.Општинска делегација предводена од заменик градоначалникот, Ристо Николески цвеќе положи и на гробот на Прличев каде се одржа и панихида.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 6 години

zaev

Заев за “Клан дебата“ : Кога го постигнав договорот со Ципрас, ние заклучивме дека веројатно политички ќе угинеме и двајцата

Поранешниот Премиер, и претседател на СДСМ, Зоран Заев во вечерашното интервју за “Клан дебата“ на телевизија Клан Македонија, на констатацијата на новинарот дека неговиот грчки колега, Ципрас ги изгубил изборите меѓу другото и поради Преспанскиот договор, Заев рече:-Кога го постигнав договорот со Ципрас, а го постигнав во суштината уште во Давос, ние заклучивме дека веројатно политички ќе угинеме и двајцата. Зарем повредна е нашата политичка кариера и иднина од иднината на младите, на децата, на идните генерации, рече Заев во интервјуто.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

ph2

(ВИДЕО) Министерот Манчевски го потпиша Гранскиот колективен договор

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и претседателот на Синдикатот на работниците од управата, Пецо Грујовски денес го потпишаа Гранскиот колективен договор со кој ќе се регулираат и унапредат  правата од работен однос  на вработените во државната управа, судовите, јавните обвинителства, казнено - поправните и воспитно - поправните установи, државното правобранителство, локалната самоуправа, агенциите, фондовите и други органи основани од Собранието на Република Северна Македонија.’’Со овој договор што денеска го потпишуваме, се уредуваат поголеми и поповолни права од правата предвидени со законите од оваа област,’’ изјави министерот Манчевски.Министерот ги посочи правата и обврските на вработените утврдени со овој колективен договор како што се: флексибилното работно време, работа во неработни денови, паузи, годишен одмор, платено отсуство заради лични и семејни околности, неплатено отсуство, додатоци на плата, надоместување на трошоци поврзани со работа, дневница за службено патување во земјата, право на регрес на годишен одмор, право на парична помош, испратнина, плата за време на годишен одмор, плата за време на суспензија и плата за време на штрајк.’’Во ова прилика, посебно сакам да истакнам дека со овој Колективен договор, за прв пат синдикалните организации при Синдикатот на УПОЗ ќе учествуваат во изготвување на правилници за внатрешна организација и систематизација на работните места, како и евентуалните измени и дополнувања, а со свој претставник ќе бидат вклучени и во процесите на спроведување на функционалната анализа, ’’ истакна Грујовски.Покрај правата кои ќе ги уживаат членовите на Синдикатот на УПОЗ со овој Колективен договор, договорени се и обврските со цел професионално извршување на работните задачи.

Македонија | пред 6 години

m3

Потпишување на Договор за финансиски придонес

Собранието на Република Северна Македонија и Владата на Швајцарската Конфедерација претставувана од Федералното министерство за надворешни работи, дејствувајќи преку Амбасадата на Швајцарија во Република Северна Македонија/Швајцарската Агенција за развој и соработка, на 20 февруари 2018 година потпишаа Меморандум за разбирање на проектот „Програма за поддршка на Парламентот“. За потребите на спроведување на Проектот, Амбасадата на Швајцарија/СДЦ го ангажира Националниот демократски институт за меѓународни работи и во тој контекст, денес, во Собранието на Република Северна Македонија, претседателот Џафери, од име на Управувачкиот совет за реализирање на Проектот  и  Роберт Скот Хејзлет, заменик директорот на НДИ и воедно тим лидер на Програмата за парламентарна поддршка, потпишаа Договор за финансиски придонес. На чинот на потпишување, покрај претседателот Џафери, присуствуваше полниот состав на Управувачкиот совет, односно потпретседателите Мисовски, Ременски и Рамчиловиќ, координаторите Митревски, Алими, Мицески и Александрова и генералната секретарка Иванова.Претседателот Џафери, потврдувајќи ја едногласната поддршка на развојните цели од страна на Управувачкиот совет а кои се во насока на зајакнување на уставно утврдената претставничка, надзорна и контролна улога на законодавниот дом и зголемувањето на неговата независност, функционалност, транспарентност, достапност и подобрување на интеринституционална соработка, рече дека ова е уште едно значајно достигнување за кое, имајќи ја предвид едногласната поддршка на усвоениот Стратешкиот план на Собранието и Меморандумот за разбирање на Проектот, уверен е дека ќе се продолжи од страна на следните парламентарни состави онака како што е предвидено во Планот за јавни набавки и прецизирано  во буџетските ставки.Со Договорот, НДИ му дава на Собранието финансиски придонес во износ од 1.637.207,00 швајцарски франци и истиот ќе се користи за набавка на стоки, услуги и работи, вклучително и за внатрешни информациски и комуникациски системи, набавка на софтвер за поддршка на платформата за е-законодавство, софтвер за превод и развој на веб-страницата на Собранието, како и за набавки на опрема за развој на собраниското ТВ студио. Роберт Скот Хејзлет, ја потврди поддршката за реализација на Стратешкиот план на Собранието и во име на Програмата за парламентарна поддршка која е поддржана од Швајцарија се обврза да му даде на Собранието финансиска поддршка во текот на следните 2,5 години Покрај овие активности, предвидени се и дополнителни, комплементарни активности согласно Акцискиот план и Отворено Владино Партнерство.Амбасадорката Тејада која присуствуваше на овој чин од име на Швајцарската конфедерација, се заблагодари на одличната соработка со претседателот Џафери и претставниците на Службата на Собранието и изрази надеж дека оваа соработка ќе продолжи  во истиот ритам и  во иднина.      

Македонија | пред 6 години

drisla

Главниот инспектор на Град Скопје во ОЈО поднесол пријава по три дена за „Еко клуб“ при тоа не достави материјални докази

Основното јавно обвинителство Скопје ја информира јавноста дека кривичната пријава во предметот за третманот на медицинскиот отпад од страна на фирмата „Еко клуб“ од Битола на записник ја поднесе Главниот инспектор во Град Скопје на 13.12.2019 година, три дена откако го забележал настанот. При поднесувањето на пријавата, подносителот не достави материјални докази, а за настанот не е приложена ниту службена белешка, ниту записник за констатирани неправилности од страна на подносителот-инспектор.Веднаш, истиот ден по приемот на кривичната пријава, дежурниот јавен обвинител пред кој беше пријавен настанот и кој изготви записник за прием на кривична пријава, издаде наредба до СВР Скопје за да се направат неопходни проверки со кои ќе се обезбедат докази во поглед на наводите во пријавата.Од страна на СВР Скопје беше постапено по наредбата и до Основното јавно обвинителство Скопје беше доставено известување со обезбедени и приложени писмени докази и тоа:– Писмен допис од Државниот инспекторат за животна средина со Записник за извршен инспекциски надзор од 12.12.2019 година, како и Решение од тој инспекторат со кој се задолжува правното лице кај кое бил извршен надзорот да изврши мерење на емисии на гасови во воздухот од емитерот на автоклавот за третман на медицински отпад.– Годишен извештај за постапување со отпад од 30.01.2019 година со пропратна документација- Извештај за тестирање кој се однесува на мерење и анализа на концентрацијата на загадувачки супстанции во отпадните гасови од емитер од 23.02.2018 година- Договор за вршење услуга – третман на отпад од 04.10.2017 година склучен меѓу „Дрисла“ ДОО Скопје и „Еко клуб“ – Битола- Дозвола за вршење дејност – собирање и транспортирање на опасен отпад од 18.11.2016 година издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање- Дозвола за вршење дејност – складирање и третман на опасен отпад од 03.11.2016 година издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање- Одобрение за вршење на превоз на опасни материи во патниот сообраќај од 01.06.2018 година, издадено од Министерството за транспорт и врски- Тековна состојба за правното лице „Еко клуб“ – Битола- Податоци за правните субјекти со кои „Еко клуб“ соработувал во вршењето на дејноста- Елаборат за животна средина за поставување на постројка за дезинфекција на медицински отпад од септември 2016 година и Решение за одобрување на тој елаборат од Министерството за животна средина и просторно планирање- Фотодокументација за затекната состојба во просториите на правното лице на 13.12.2019 година, кога по наредба на јавниот обвинител беше извршен увид на лице место.Од направените проверки од СВР Скопје и од досега обезбедените писмени докази, Обвинителството во предистражна постапка утврди определени факти од значење за пријавениот настан. За целосно утврдување на фактичката состојба, Обвинителството ја продолжува предистражната постапка.Надлежниот јавен обвинител денеска до СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал издаде наредба од мобилниот телефон на Главниот инспектор во Град Скопје да бидат издвоени видеоматеријалите што тој ги снимил со цел овие материјали да бидат обезбедени на законит начин. Од страна на Град Скопје дополнително на 31.01.2020 година преку архивата на обвинителството е доставено ЦД со определени материјали.Исто така, до Државниот инспекторат за животна средина е издадено барање за достава на податоци за сите дополнителни проверки и за констатираните состојби во постапувањето со медицински отпад од страна на правното лице, а до Управата за финансиска полиција беше издадена наредба за проверки во поглед на финансиското работење на правниот субјект.Овој предмет во Основното јавно обвинителство Скопје беше оформен по непосредно доаѓање на Главниот инспектор во Град Скопје три дена откако тој ги констатирал состојбите на терен. При неговото доаѓање, тој на записник пред дежурниот јавен обвинител го пријави настанот, за што беше изготвен записник за прием на кривична пријава, а обвинителството постапи веднаш, истиот ден.Основното јавно обвинителство Скопје и надлежниот јавен обвинител по овој предмет постапуваат итно, со даден приоритет и согласно Законот за кривична постапка. Во зависност од сите направени проверки и од обезбедените докази од надлежните државни институции ќе биде донесена мериторна јавнообвинителска одлука.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

naum

Стоилковски до Димитров: Заминавте како амбасадор на 29 години, а предлагате закон да нема амбасадор до 45 год. признавате сопствена недораснатост за улогата?

Портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, наум Стоилковски денеска презентираше  30 прашања  за кои што кажа Никола Димитров нема одговор, како што немаше ниту датум кога се фотографираше во авионот! Во продолжение 30 - те прашања од Стоилковски до Димитров:Никола Димитров, кое име повеќе ве опишува Скандалмен или Никиликс?Чувствувате ли промена во раката со која што ги потпишавте Преспа, Оставката и писмото до Атина со кое придавката „macedonian“ не се однесува за етничка или национална припадност?Лаже ли Заев кога вели дека Владата била излажана од европските партнери дека промената на името ќе отвори  преговори со ЕУ?Заминавте како амбасадор на 29 години, а предлагате закон да нема амбасадор до 45 годишна возраст, признавате сопствена недораснатост за улогата?Додека сме кај законот - со термин темелна реформа, сокривате партизација и пресметка со неподобните со вас?Уште еднаш, знаевте за „Рекет“, а не знаевте дека Обвинителство е зад Вашата канцеларија во МНР, или друга беше причината што криевте?Колкави внатрепартиски кавги беа причината за фијаското и поништувањето на конкурсот за 26 млади дипломати и вработувањето на само шестмина однапред договорени?Димитров зошто ги криете критиките за криминалот и корупцијата што ги добивавте од дипломатите, па за нив јавноста треба да дознае од странските амбасади?Вие ли му ги сместивте на Заев пранкерот  Порошенко, и пранкерот  Столтенберг, па и лажниот црногорски Принц, по протокол, или пак не сте знаеле?Му кажавте на Заев дека цел свет му се смее за пријателството со лажниот Порошенко, и што значи неговата понуда за поткуп, макар и за признавање на црковната независност, или и за тоа немате спремни несоодветни цитати?Димитров се договоривте ли со Дане Талески во неговото досие за амбасадор да стои отворена закана кон Иран?Остана ли некој незгрижен од комисијата за стипендирање која што работеше вонредно и прекувремено за ќерка ви навреме да стигне до вашиот дом во Холандија?А, дали пак тоа е причината за упорноста за сериозно кршење на закон и испраќање амбасадор со двојно државјанство, инаку член на комисијата за доделување стипендија за студии на ќерка ви во странство?Дали ќерката на Софка Пејовска Дојчиновска од Антикорупциска комисија, без конкурс ја испративте во Брисел за да се подмачка стипендијата за вашата ќерка?Никола Димитров се уште ли сте тема на холандската политика и јавност со корупцискиот скандал и трошењето на државни субвенции од Холандија од 20 милиони евра?Уште ли ви се допаѓа ставот на фејсбук „Србија ќе гори во пеколот“?На толку скандали, што ли ве советуваат Габер за 1.200 евра, Спасов и Чупеска за по 1.000 евра месечно?Зошто извисивте за Нобеловата награда за мир, и љубомора ли е причината за бојкотот на Хандке? Во меѓувреме , прочитавте ли нешто од него?Што се сторија доматите што ги ветувавте со гајби за почеток на преговорите?Вие ли го учевте Заев да вели „имаме датум, Европа никогаш повеќе нема да се навраќа на Македонија“ и други лаги, му враќавте ли што не бевте кандидат за претседател на државата?Кога изјавивте дека без датум не знаете како би се вратиле дома, на што точно мислевте?Објаснете: Што е тоа мултиетничка македонска нација, кој јазик го зборува таа, и кој јазик го зборуваат вашите роднини во Грција?Гоце Делчев е Македонец, господине министер, па ќе имате ли доволно цврст 'рбет  еднаш тоа јасно и јавно да го кажете пред Захариева?Никола Димитров каква тоа држава градеше СЈО - рекетарска, хонорарна или некаква трета?Постоел ли т.н. „одред на смртта" во МНР кој што ги чешлал сите лични досиеја на „неподобните" за тие да бидат отпуштени од работа, а главниот чешел да замине амбасадор во Стразбур, во Прага, кај и да е?Како рековте, кој јазик го зборат Македонците во Грција?Ќе им се надомести ли конечно штетата на тројцата дипломати во МНР- избркани, па судски вратени на работа?Знаете за Опасни врски - тајното име на вашиот кабинет?Го подготви ли Дипломатска академија Дане Талески да избега и да не се појави на закажаната одбрана на амбасадорски тези за да замине во НАТО?И на крај, како гласеше познатата клетва на Вашиот татко, Димитар Димитров напишана во колумната „Уште еден акт на велепредавство“?Јас ќе го прочитам, знам нема да одговорите. Вели: „Валканата работа ја врши еден недоветен министер“, - па завршува – „Раката да му се исуши, кој ќе стави потпис на најавената спогодба, истакна Стоилковски.фото и видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

boki-13-skopje1mk-Copy-2

Боки 13 кон Рускоска: „Уште ме гледаш, поради тебе добив карцином“

Првообвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски  на почетокот на денешното рочиште побара одложување поради здравствени причини. Тој се пожали на болки и кажа дека има рак на желудник. Боки 13 влезе во вербален дуел со обвинителката Вилма Рускоска.„Уште ме гледаш, поради тебе добив карцином, Господ ќе ти врати.Што ќе ми направите? Ги праша Боки 13 обезбедувачите откако почна да дофрла кон обвинителката Рускоска. “Имам малигнитет а ме држите во притвор”, рече Јовановски.Боки 13  утрово бил прегледан од затворскиот лекар кој му измерил притисок, но чуствувал органски болки.Мојата здравствена состојба не е добра, имам рак на желудник на 33 години поради прогресија на болеста во притвор, рече Боки 13. Тој кажа дека вчера добил нова дијагноза по извршената гастроскопија.На снимките од Орце Камчев кои денеска се презентираат во судница, се гледа како обвинетиот и правосилно осудениот доаѓаат во домот на Камчев. Јовановски при влезот во домот носи и црна голема машка ташна, а Кичеец доаѓа со празни раце. Кога го напуштаат домот, Кичеец носи голема „Луј Витон“ ташна, во која, според сведочењето, се наоѓаат 1 милион евра.На досегашните снимки не се виде како Камчев ги подготвува парите, ниту што има во торбата. Откако го напуштаат домот на Камчев, Боки и Кичеец торбата ја ставаат на задното седиште во портокалов џип. Од снимките се гледа и регистарската табличка на истиот.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

pletvar

(ФОТО) Плетвар закочен - Ниту зимски екипи, ниту сол барем или песок ако немаат сол

ФБ статус на групата „Урбанизам во Македонија“. Тие објавија фотографија од Плетвар, за која велат дека им стигнала во инбокс и напишаа:„Порано и смешно беше па и за сеир.Ама веќе не е за смеење.#Плетвар закочен тотал од 2цм снег.Ниту зимски екипи, ниту сол барем или песок ако немаат сол.Македонија пат е тотал промашај. Барем раководството нивно.А па оние кутрине градоначалничиња ко оној Стефан Богоев и остали неработници што објавуваат демек спремни биле, па сликаат камиони скапо изнајмени а тоа провеало 5 снегулки. Еден посериозен снег и ќе се сокријат како глувчиња во кафанчиња.А ти Петре, спиј мирно, паушалот од 130 000 евра месечно за "чистење" на снег ти тече и без да врне снег“, стои во објавата на ФБ.https://www.facebook.com/313588822516630/photos/a.362127334329445/662824964259679/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

lisici

Приведен маж од кичевско поради убиство

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“, Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал во координација со Одделението за внатрешни работи Кичево, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против Ш.Љ.(40) од кичевското село Жубрино. На  него му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.Пријавениот, во периодот од 26 до 28 јули 2019 година, со цел да пронајде и одземе пари и злато и да се стекне со противправна имотна корист, насилно влегол во куќата сопственост на Б.Б.(67)  во селото Црвевци и со употреба на дрвени предмети и со физичка сила, го нападнал нанесувајќи му повреди од кои потоа починал.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

agim-krasniki1

Агим Красниќи од вчера е во бегство, тој не се вратил во затворот во Штип по викендот

Кондовецот Агим Красниќи од вчера е во бегство, тој не се вратил во затворот во Штип по викендов, дознава Алфа. Красниќи бил пуштен дома, но откако вчера не се вратил назад тој се води за бегалец и полицијата веќе го бара.Красниќи со неговата седумчлена група беше уапсен во 2008 година за нерегуларности и предизвикување неправилности на тогашните парламентарни избори, неовластено поседување оружје и злосторничко здружување.Кондовската група доби вкупно 50 години затворска казна.фото: инфомакс.мк

Македонија | пред 6 години

granata

Неексплодирана граната пронајдена во Кочани

На 05.02.2020 во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Февруарски поход“, при изведување на градежни работи - ископ, била пронајдена неексплодирана граната калибар 82мм. Полициски службеници излегле на местото и извршиле увид, а гранатата била безбедно подигната од претставник од Дирекцијата за заштита и спасување.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

kontenjeri

За една недела изгаснати 9 огнови на отворено во Скопје

Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје во периодот од 30.01 до 05.02.2020 година на телефонскиот број 193, кој е дел од кампањата „Пријави оган на отворено“, регистрирала 9 пријави од граѓаните. Во сите 9 случаи пожарникарите излегле на терен со противпожарни возила и го изгаснале огнот што горел на отворено.Во сезоната со зголемено загадување на воздухот, Градот Скопје ја продолжи кампањата за пријавување огнови на отворено на бесплатната телефонска линија 193. Градот Скопје преку својот инспекторат и Територијалната единица за противпожарна заштита, а во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи и Црвениот крст организира мешани тимови кои работат секој ден, 24 часа, и се справуваат со огновите на отворено.Оваа кампања се спроведува трета година по ред и досега има одлични резултати.Градот Скопје и Бригадата за противпожарна заштита апелираат граѓаните да ги пријавуваат сите случаи на палење оган на отворено, за да може огнот што побрзо да се изгаси, а сторителите да се санкционираат.фото: Архива 

Скопје | пред 6 години

1-1

Членот на ИО на СДСМ Богоев од Вашингтон: Соработка и помирување за повеќе шанси на младите

Започнаа форумските сесии во рамки на Националниот молитвен појадок во Вашингтон (САД), на кој учествува и членот на Извршниот одбор на СДСМ и градоначалник на Општина Карпош, Стефан Богоев.Богоев беше дел од панел дискусијата за млади. На овој форум учествуваа поголем број на млади и истакнати личности, од различни земји, ангажирани во различни области од општествено – политичкото живеење. Тие говореа за улогата на младите во општеството, шансите кои ги нуди средината, но и постојаната потреба од учење и развивање на вештините.Во директен разговор со младите лидери, Богоев го истакна мирното решавање на деценискиот спор меѓу Македонија и Грција. Со што, се отворија повеќе можности за соработка меѓу младите луѓе во регионот. На почетокот на оваа година, Собранието го донесе и Законот за младинско учество и младински политики, со што се дефинира категоријата млади (од 15 до 29 години). Во националниот буџет младите ќе бидат застапени со средства во висина од најмалку 0,3 %, а во локалните со 0,1 %.Во рамки на првиот ден од Националниот молитвен појадок се обратија и повеќе конгресмени и сенатори. Меѓу главните говорници беше и претседателот на Кенија, Ухуру Кенијата, кој зборуваше на тема помирување и соработка.Изминативе денови, претставникот на СДСМ оствари и средби со претставници од Националниот демократски институт (NDI) и Меѓународниот републикански институт (IRI). Се разговараше за евроатлантските перспективи на нашата земја, последните чекори за полноправно членство во НАТО и стратешкото партнерство меѓу Северна Македонија и САД.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

pletvar

Укината забраната за сообраќај на Плетвар

Од 07:55 часот утринава е укината забраната за сообраќај на планинскиот превој Плетвар, соопшти ЈП Македонијапат.Од претпријатието информираат дека на патниот правец Прилеп – Кавадарци преку планинскиот превој Плетвар задолжителна е употребата на зимска опрема за тешките товарни возила. За останатите возила, сообраќајот се одвива непречено во зимски услови.извор: МИА

Македонија | пред 6 години

silvija

Продолжен е притворот за актерката Силвија Стојановска

Продолжен е притворот за актерката Силвија Стојановска за поврзаност со шверц со кокаин кој беше запленет во Шпанија. Таа засега ќе остане во домашен притвор до 16 февруари пред судот повторно да одлучува.Стојановска и нејзниот партнер беа приведени по голема акција за шверц на 700 килограми дрога.Стојановска е обвинета дека била помагач во групата Војкан Будисављевиќ и нејзиниот брат.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

drisla

ОЈО води предистражна постапка за „Дрисла“, Фирмата „Еко клуб“ лани во печката на депонијата Дрисла уништила 4,7 тони медицински отпад

Во моментот во „Дрисла“ се врши внатрешна ревизија.  Извештајот од спроведената контрола на инсталацијата на Дрисла за третман на медицинскиот отпад од фирмата „Еко клуб" се чека. Основното јавно обвинителство Скопје издало наредба за проверка на наводите во пријавата од град Скопје.Од Јавното обвинителство за МИА велат дека надлежниот јавен обвинител веднаш истиот ден по приемот на кривичната пријава издал наредба до СВР Скопје за да се направат неопходни проверки со кои ќе се обезбедат докази за утврдување на фактите и за проверка на наводите во пријавата. По издадената наредба, како што наведуваат оттаму, сè уште се постапува. Со оглед на тоа што предметот се наоѓа во предистражна постапка, ОЈО Скопје во моментов не споделува повеќе детали.Фирмата „Еко клуб“ лани во печката на депонијата Дрисла уништила 4,7 тони медицински отпад, а само во јануари годинава во Дрисла биле донесени 1,7 тони ваков вид отпад.Фирмата Еко клуб“ која носела медицински отпад во Дрисла е основана во времето кога премиер бил Владо Бучковски.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

84902101_879667202471736_1236590976521207808_n

(ВИДЕО) „Патриотки“ од Мелбурн се засукале и корнеле трева во Скопје

Гастарбајтери во Мелбурн кои минатото лето биле во поеста на Македонија, го чистеле Скопје во кругот на Музејот на ВМРО и МНТ. Видеото кое го објавиле на јутуб каналот „Фаланга“ е хит на социјалните мрежи, а се гледа како две госпоѓи кои се пртставени како патриотки, корнат треви околу двата објекти. Снимателот постојано ја коментира содржината и прави разговори со двете жени.Гледајте го овој излив на патриотизам

Скопје | пред 6 години

vmro_dpmne

ВМРО ДПМНЕ: Одложувањето на изборите ќе значи нова криза, граѓаните на 12 април ќе стават крај на агонијата

Зоран Заев не смее да бега од избори. Одложувањето на изборите само ќе не втурне во политичка криза и економска апатија. Македонија тоне на секое поле. Транспаренси Интернешнл ја прогласи Македонија под водство на Заев за најкорумпирана земја во Европа, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Поради партизацијата и криминалот на Заеви угледното списание „Економист“ Република Македонија ја оцени како хибриден режим, што претставува исклучително поразителна оценка за владеењето на правото и правната држава.Со СДСМ на власт над 500.000 граѓани живеат на работ на сиромаштијата додека секој трет во државата има проблем да обезбеди основна егзистенција.Со Зоран Заев на чело на државата Македонија е земја со трета по ред највисока младинска невработеност во светот.Со Заев и СДСМ Македонија само тоне. Потребни се промени. Потребна е обнова. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе иницијатива за распуштање на Собранието. Избори на 12 април, за брзо надминување на проблемите и последиците од штетното владеење на СДСМ, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања