Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

02

Чулев: Медиумите се важен промотор, фактор во препознавање и сузбивање на говорот на омраза

Денеска во хотелот Арка во Скопје, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев и амбасадорот на ОБСЕ, Клеменс Која одржаа заедничка прес конференција на тема „Спречување на говорот на омраза во медиумите во предизборниот период“.Во прилог Ви го доставуваме целосното обраќање на министерот Чулев на прес конференцијата:„Верувам дека сите ние немаме дилема, а тоа го осведочува и праксата на модерните демократски општества, дека медиумите, следствено на нивната улога и значење, бездруго го чинат еден од темелните сегменти, врз кои што се потпираат демократските стандарди и вредности на заедницата. Така што, без нив е просто невозможна онаа нужна општествена отвореност, отчетност и одговорност како клучна алка на системот, на неговата максимална функционалност. Генерално, тоа би значело, меѓу другото, дека без медиумската објективна позиционираност се ускратува едно од основните човекови права – правото да се биде информиран, а преку тоа и правото на граѓанинот да партиципира во јавните работи, но и правото да избира, да носи одлуки, што согласно законите и Уставот му припаѓаат.Медиумите се важен промотор, фактор во препознавање и сузбивање на говорот на омраза и истите имаат одговорност во подигнување на јавната свест и едукација. Tие се сериозен партнер на Министерството за внатрешни работи.А, полицијата, отсекогаш, во доменот на своите надлежности, демонстрирала подготвеност, честопати и во соработка со нашите пријатели од мисијата на ОБСЕ, за градење и интензивирање на партнерството со сите професионални медиумски асоцијации, а токму во поглед на овозможувањето што поквалитетни услови за нивна работа. Тоа ќе го правиме и во периодот пред нас, дотолку повеќе што не очекува изборен период во којшто треба да ги создадеме условите за мирно, фер и демократско реализирање на изборниот процес, односно слободно изразување на волјата на граѓаните. Процес во кој што и ние како Министерство за внатрешни работи, а и медиумите, имаме свои јасни задачи.Министерството за внатрешни работи ги вреднува напорите и заложбите на граѓанскиот сектор и преземаме активности во насока на продлабочување на оваа соработка.  Во изминатиот период во таа насока, заедно со медиумските организации и здруженија, реализиравме соодветна едукација на вработените во МВР за препознавање и санкционирање на говорот на омраза, но и едуцирање на граѓаните во насока на подигнување на нивната доверба во инситутициите кои се одговорни за справување со овој проблем.  Токму по сугестија на невладините организации од пред две години, како дел од основната обука за полицајци, е воведен и модулот за препознавање на говорот на омраза.Меѓу другото, чинам дека е неопходно да го подигнеме нивото на наша меѓусебна комуникација, нивото на институционалната транспарентност како механизам на своевидна превенција од секакви паушални, непоткрепени и потенцијално штетни појави со капацитет да бидат трансформирани во говор на омраза.Сепак,  дозволете ми да нагласам дека говорот на омраза во медиумите, пред се, примарно, е задача или обврска на самите медиуми, на нивните уредувачки правила и професионални стандарди. Полицијата не може, ниту, пак сака некому да биде уредник и редактор. Она што полицијата го може и зад што одлучно ќе застане е стриктната примена на законските одредби, во поглед на говорот на омраза, кој што како девијантна појава е веќе нормиран во нашето законодавство. Впрочем, ќе напоменам дека Министерството за внатрешни работи во текот на 2019 година до јавното обвинителство поднесе 45 кривични пријави против 51 сторител, а кои се однесуваат на дела поврзани со говорот на омраза.Оттаму, во контекст на претходно изнесеното, сметам дека е од суштинска важност сите општествени чинители во континуитет да работат на  креирање амбиент што ќе му овозможува на медиумскиот сектор да ја извршува својата примарна и професионална задача. А во тој смисол, се разбира, и Министерството за внатрешни работи како институција, која во одредена мера, пред се од аспект на спроведување на законите, има допирна точка со темата на оваа денешна прес конференција посветена на „спречување на говорот на омраза во медиумите во предизборниот период“.Политичките тензии не смеат да предизвикуваат или да водат кон говор на омраза и во таа смисла одговорноста ја имаме сите.  Важно е токму во овој период да се воздржиме од каква било поларизација која произлегува од политички, верски, етнички и други несогласувања. Во оваа насока, праќам посебен апел до политичарите да бидат посебно одговорни во овој значен период за нашата држава, а одговорноста, пред се, ја подразбирам во насока внимателност и претпазливост при давањето на изјави во јавноста, но и при секојдневната комуникација со граѓаните. Истовремено, ги повикувам да бидат потолерантни при критиките кои доаѓаат од јавноста, од проста причина што тие се избрани од граѓаните и граѓаните се тие кои ја оценуваат и критикуваат нивната работа. Со други зборови, токму политичарите треба да бидат пример за комуникација во која ќе покажат високо ниво на меѓусебно почитување и почитување кон граѓаните.Во тој поглед, сакам, на крајот од ова мое обраќање, овде јавно и недвосмислено, уште еднаш да ја потенцирам подготвеноста и отвореноста на полицијата, на сите наши надлежни служби, не само во текот на веќе започнатите наши полициски подготовки за изборите, туку и надвор од нив, да партиципираме заедно со сите други фактори, вклучително и со самите медиуми и невладиниот сектор во градењето на услови што ќе ги елиминираат сите закани, сите можни опасности или проблеми во одржувањето на демократски и спокојни парламентарни избори. Истовремено, и да апелирам за продолжување и продлабочување на соработката со сите останати чинители во општеството.  Особено, кога е во прашање говорот на омраза чии што негативни потенцијали, пред се во продуцирањето на насилно поведение и рушење на кохезијата во општеството, можат да бидат реална закана и предизвик за сите нас“.фото: МВР

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Град Скопје превзема итни мерки за консолидација на депонијата „Дрисла“

Новинарски екипи и активисти од еколошките граѓански организации денеска ја посетија депонијата „Дрисла“ и направија увид во состојбата на теренот, во рамките на отворениот ден на „Дрисла“ што го организираа Градот Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање.Како што веќе знаете, од 20 јануари оваа година, Градот Скопје е повторно сопственик на депонијата „Дрисла“, по деветгодишната голгота и двегодишната правна битка којашто ја водевме. Градот Скопје конечно стави целосна контрола врз депонијата „Дрисла“. Во моментов, овде во „Дрисла“ по мој налог се врши внатрешна ревизија со цел да ги видиме сите движења на финансиите. Наидуваме на чудни работи, луѓе коишто живеат во Австралија се воделе како вработени овде и им била давана плата. Работиме и на тоа да ја оспособиме машинеријата што ја имало јавното претпријатие пред да стане приватно со цел трошоците за изнајмување градежни машини што било пракса во минатото да ги избегнеме или намалиме. Заедно со тимот и со директорот Коста Начевски сме во разработка на план за набавка на нов стерилизатор, кој според моите очекувања може да биде ставен во употреба во април годинава и да се доврши договорот кој за жал никогаш не беше реализиран од приватните партнери. Во разговори сме и за гасовите што се создаваат овде, да биде изградена постројка со која од тие гасови ќе се произведува електрична енергија. Мојата идеја и цел е со инвестиции во овој дел и со инвестиции во пречистителната станица за отпадната вода „Дрисла“ да стане првата санитарна депонија во нашиот град – рече денеска градоначалникот Шилегов.Шилегов нагласи дека Градот Скопје и тој, како градоначалник, се гарантот за исправноста на идното работење на „Дрисла“.Гарантирам пред граѓаните дека по 20 јануари, се додека сум јас градоначалник на Скопје, овој капацитет на Град Скопје ќе работи според сите позитивни законски прописи и сите немили случки или сомнежи дека нешто такво би можело да се случи, во иднина ќе ги нема – додаде Шилегов.На отворениот ден на депонијата „Дрисла“ присуствуваше и министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини.фото: Град Скопје

пред 6 години

plata-evra

ОЈО Гостивар побара притвор за инспектор во УЈП осомничен за примање поткуп

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 и Примање поткуп од член 357 од Кривичниот законик.Осомничениот инспектор во Управата за јавни приходи – Тетово побарал поткуп од 300 евра од сопственик на правен субјект во кој извршил контрола и констатирал неправилности. Имено, иако оштетениот платил глоба за констатираните неправилности, осомничениот продолжил да му се јавува и да му праќа пораки во кои барал поткуп затоа што не извршил пломбирање на деловниот простор.Оштетениот го пријавил настанот во полиција и на 4 февруари се согласил да се сретне со осомничениот во угостителски објект во Гостивар. Притоа, му предал 150 евра во претходно обележани банкноти.Бидејќи постојат околности кои што укажуваат на опасност од бегство, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Гостивар достави Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.фото: Архива

Слајдер | пред 6 години

05022020_PVRSM_sredba_pretstavnici-na-DIK-2

Спасовски и членовите од ДИК, изразија силна заедничка определба за организирање и спроведување фер избори

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, придружуван од министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, заменикот министер за внатрешни работи, Агим Нухиу, министерката за правда, Рената Дескоска, заменик министерот за правда, Оливер Ристовски, заменик министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски, дополнителната заменик министерка во МИОА, Невенка Стаменковска Стојковски, одржа состанок со претставници на Државната изборна комисија, претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, потпретседателот на ДИК, Дитмире Шеху, членовите на ДИК: Јанаќе Витановски, Радица Ристеска, Борис Кондарко, Елизабета Постоловска, Енвер Салихи и генералниот секретар на ДИК, Добре Јанчев, на тема организирање и спроведување фер и демократски предвремени парламентарни избори.На состанокот на премиерот и претставниците на Владата со претставниците на ДИК, изразена е силна заедничка определба за организирање и спроведување фер и демократски избори.-Покажавме како држава во претходните изборни циклуси дека можеме да организираме и спроведеме фер избори. Да го продолжиме тој позитивен тренд и на овие вонредни парламентарни избори, во името на демократската и интеграциската иднина на нашата земја, рече премиерот Спасовски.На состанокот е разговарано за активностите што се преземаат во делот на соодветното евидентирање лица со право на глас, како и за материјално-техничките, просторни и кадровски потреби посочени од ДИК, со цел непречена реализација на изборите.Во таа насока донесени се неколку заклучоци: прво, ДИК да достави до Владата спецификација за потребните материјално-технички услови за изборите, второ, ДИК да достави известување за потребните обуки на членовите на Изборните комисии и Избирачките одбори, со цел нивно соодветно организирање и е договорена заедничка средба на премиерот Спасовски, на владини претставници и на претставници од ДИК со претставници на ЗЕЛС, со цел овозможување на потребните просторни и други услови, за граѓаните да можат да го остварат своето уставно право на глас.Ова е прва средба на тема избори, организирана на иницијатива на премиерот Оливер Спасовски со надлежни чинители за реализацијата на претстојниот изборен процес.фото: Влада

пред 6 години

image-05-02-20-13-57

Божиновски: Зошто Георгиески молчи откако заврши рокот на УНЕСКО за спроведување на активностите?

Власта на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески не успеаја да се справат со препораките од УНЕСКО за Охрид и уривањето на дивоградбите. Зошто Георгиески молчи откако заврши рокот на УНЕСКО за спроведување на активностите?Граѓаните очекуваат да бидат информирани од Георгиески што им одговори на претставниците од УНЕСКО, истакна  Перчо Божиновски, портпарол на ОК Охрид.Кој одговор им го даде Георгиески на тројцата претставници од УНЕСКО за дивоградбите изградени за време на прогласениот мораториум?Што им одговори на прашањето за депонијата во Буково?Георгиески да одговори кои мерки се преземени и кои активности се спроведени на терен?Јавноста бара одговор за резултатите од спроведувањето на 19-те препораки за заштита на Охридскиот регион.За жал како што наближува изборниот процес така најверојатно бизнис интересите на власта се поважни од приоритетите на УНЕСКО и заштитата на Охрид. А, и што може да се очекува од уценет градоначалник.Со оваа власт ниту ќе се срушат дивоградбите во Охрид, ниту пак СДСМ има капацитет да воведе ред во Охрид,истакна Божиновски.фото: ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид

Македонија | пред 6 години

siti-mol-2

Поднесено обвинение за лажната дојава за бомба во „Сити мол“

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело – Лажно пријавување на кривично дело од член 366 став 4 во врска со став 3 од Кривичниот законик.Обвинетото лице се товари дека на 29 јануари во трговскиот центар „Сити мол“ каде бил вработен пријавил дека е извршено кривично дело – Предизвикување општа опасност за кое гонењето се презема по службена должност, иако знаел дека такво дело не е сторено.Обвинетиот 19-годишник бил вработен во трговскиот центар преку агенција задолжена за обезбедување на објектот. Од својот мобилен телефон тој пристапил на интернет страницата www.globefone.com и на неговиот претпоставен му испратил текстуална порака со содржина: „Напуштете го молот веднаш, има бомба“. Претпоставениот веднаш пријавил во полиција, по што била организирана и извршена евакуација на присутните лица во трговскиот центар. Во исто време била ангажирана и екипа од Одделот за антитероризам во МВР кои утврдиле дека во објектот нема поставено експлозивна направа.За лицето на сила се претходно определените четири мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, обврска повремено да се јавува кај определно службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, како и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

ribi

(ФОТО) Полицијата пронајде и одзеде две вреќи со 52 парчиња уловена пастрмка, риболовни мрежи и риболовен алат

На 04.02.2020 година, при преземање мерки поврзани со незаконит риболов на Охридското езеро, полициски службеници пронајдоа и одзедоа две вреќи со 52 парчиња уловена риба пастрмка, 11 риболовни мрежи како и друг риболовен алат и прибор. Тие се предадени во Хидробиолошки завод Охрид а СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на сторителите на казненото дело „незаконит риболов“ по што, ќе поднесе соодветна пријава. фото: СВР Охрид

Македонија | пред 6 години

Otpad

Заев: Не можам да поверувам дека човечки органи и медицински материјали се третирале аматерски

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев по информацијата дека човечки органи и отпад се третирале аматерски се огласи на ФБ. Тој напиша:-Ќе собере ли ВМРО-ДПМНЕ храброст да го избере здравјето на луѓето пред својата страст за лично богатење?Многу вознемируваат информациите и фотографиите за несоодветното третирање на медицинскиот отпад. Како граѓанин на оваа држава, како родител и како одговорен политичар не можам да поверувам дека човечки органи и медицински материјали се третирале аматерски со потенцијална опасност заразите да се пренесат врз луѓето.Подвигот на градскиот инспектор да упадне во „Еко клуб“, да направи фотографии и да ја фати на дело фирмата која опасниот отпад го третирала несоодветно, треба да преставува мотив за надлежните институции за што побрзо решавање на случајот. Јас и моите соработници нема да дозволиме некој да профитира врз здравјето на нашите сограѓани. Заврши времето кога никој не водеше сметка за екологијата и здравјето и кога се замижуваше пред вакви скандали.Овој случај на тест го става пред сѐ Јавното обвинителство кое треба да покаже независност и политичка неутралност во утврдувањето одговорност на оние кои медицинскиот отпад го претворале во храна за кучиња скитници.Но, овој случај е голем тест и за ВМРО-ДПМНЕ, партијата за која фактите говорат дека е поврзана со фирмата која го расфрлала медицинскиот отпад.ВМРО-ДПМНЕ добро знае дека тие што неодговорно се однесуваат кон јавното здравје ќе бидат казнети и од институциите и од граѓаните, стои во објавата на Заев.https://www.facebook.com/zaevzoran/posts/10158266603742932фото: ФБ

Македонија | пред 6 години

valentin

Охриѓанецот Валентин Ѓорѓиески е добитник на Милионер џек пот

Државна видеолотарија соопшти дека имаат уште двајца нови добитници на Милионер џек пот.Станува збор за Валентин Ѓорѓиески од Охрид и Насер Арифовски од Кратово кои се новите добитници на најпосакуваната добивка Милионер џек пот.  Ѓорѓиевски, својот Милионер џек пот го освоил на 19-ти јануари во Глобалкод во Охрид. По чекот од 1.389.997 денари добитникот пристигна придружуван од своите пријатели. Радосен ни откри дека со парите од најпосакуваната добивка, посакува да започне сопствен бизнис, објави МКД.МК.Џек Пот добивките, Државна Видеолотарија ги стартуваше на први јуни 2016. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. Досега под мотото „Играј за забава“, освоени се 323 Милионер џек пот добивки во вкупен износ од 480.837.662 денари. Покрај нив, освоени се и 61.427 Мини џек пот добивки во вкупен износ од 320.937.860 денари.Мини џек пот добивките се во вредност од 4 илјади до 5 илјади денари, додека најпосакуваната Милионер џек пот добивка е вредна од 1,2 милиони до 1,8 милиони денари.извор: мкд.мкфото: мкд.мк

Македонија | пред 6 години

oliver-spasovski-670x367

Чулев: Алармантна е ситуацијата со патните исправи, од тип Б веќе речиси и да нема

Има одреден застој, но во однос на личните карти и возачките дозволи мислам дека проблемот ќе го надминеме овие денови. Меѓутоа, алармантна е ситуацијата во областа на патните исправи, изјави денеска министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, објави МИА.– Патни исправи тип Б веќе речиси и да нема. Патни исправи тип А на македонски јазик има до кај 10-ти февруари. Значи, веќе имаме редуцирано издавање, тоа е проблем што го наследив од порано. Резултат е на лошо и планирање и анализа на потребите на МВР од патни исправи. Наредната нарачка е после 15-ти март. Значи, имаме еден сериозен проблем од речиси од 30 дена, рече Чулев на денешната прес-конференција на Мисијата на ОБСЕ, Министерството за внатрешни работи и Советот за етика во медиумите за адресирање на говорот на омраза во медиумите за време на преизборниот период, истакна министерот Чулев.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

noz-ubistvo-napad

Скопјанец обвинет за разбојништво во обложувалница, на вработените им се заканил со кујнски нож

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Разбојништво од член 237 од Кривичниот законик.Обвинетиот 28-годишник, на 20.09.2019 година влегол во обложувалница на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, носејќи кујнски нож со сечиво од 15 сантиметри во десната рака. На оштетениот вработен во обложувалницата му се заканил и побарал да му ги даде парите. Вработениот се исплашил и ги отворил фиоките, ги извадил парите и му ги ставил во ќесата што ја носел обвинетиот. По ова, обвинетото лице го напуштило објектот со прибавена противправна имотна корист од 15.000 денари, а билo лишенo од слобода два месеци подоцна.Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и Посебен предлог со кој побара на лицето да му биде продолжена претходно определената мерка притвор и тоа по три основи: опасност од бегство, можност да влијае врз сведокот/оштетениот и веројатност да го повтори делото што му се става на товар.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

dimitrieska-kocoska

Дополнителниот заменик министер поднесе тужба до Управниот Суд против одлука на ДИК, за унапредување на вработени во Министерството за финансии

Вчера дополнителниот заменик министер во Министерството за финансии Гордана Димитриеска - Кочоска поднесе тужба до Управниот Суд против одлука на Државната изборна комисија, за унапредување на вработени во Министерството за финансии,се вели во соопштението од дополнителниот заменик министер во Министерството за финансии Гордана Димитриеска - Кочоска.Сметаме дека Државната изборна комисија неправедно утврди дека одлуките за избор за унапредување на административен службеник, сите од 03.01.2020 година не преставуваат акти или документи кои се однесуваат на правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со организацијата на изборите, а донесување на одлуките преставува исклучива надлежност на министерот за финансии и дека не постоела можност да се примени одредбата за врзан (заеднички) потпис на одобрување согласно одредбата од член 46 став 3 од Законот за Владата на Република Македонија.Државната изборна комисија не даде одговор на аргументите кои беа истакнати во барањето за донесување на одлука, според кои сметаме дека со донесените одлуки се одлучува за кадровски и финансиски прашања поврзани со организација на изборите, па според тоа државниот секретар во Министерството за финансии беше должен истите да ги достави на потпис до дополнителниот заменик министер, но истото не го сторил со што извршил повреда на член 46, став 2, став 3 и став 4 од Законот за Владата на Република Македонија, се вели во соопштенито од заменик министер во Министерството за финансии.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Naum-PRESS-0502-2

Стоилковски: Шекеринска дали наутро поздравувате знаме на Аризона или на Македонија?

Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски  денеска со 30 прашања за министерката Радмила Шеќеринска:Пред министерството за одбрана ќе ги поставиме 30-те вистински прашања за Радмила Шекеринска, и со тоа нема противзаконски да снимаме партиски видеа во министерството за одбрана.Радмила, по колку рала чизми им ветивте, а не им обезбедивте на војниците?Зошто уште ги нема униформите, се инсистира ли на брендот Луј Витон ?Дали само професионалци заминуваат во мисијата во Авганистан?Зошто и покрај укажувањата од НАТО го расформиравте полкот за специјални операции?Дали свесно со Аташето во САД го прекршивте Законот за одбрана и Законот за надворешни работи?Колку од набавките префрливте од лани за годинава и дали е пресметана и БИОГРАФИЈАТА „ВЕЧНО ОПАСНО ВТОРА“?До кога ќе се мешате во раководењето и командувањето и политички ќе унапредувате старешини?За колку го издавате просторот во Домот на АРМ и дали ги употребивте вештините за рентање дом од 5 илјади евра?Посетите на домот на Боки 13 беа посветени за кројот на униформите или за исхраната за војниците?Зошто се одлучивте за селективно пензионирање?Лично каква торба би избрале за транспорт на рекет Луј Витон или Версаче торба?Колку реално чинат Лобутин штикли на подарок и што треба да се стори за да се добијат?Зошто запре трансформацијата на АРМ?Колку автомобили ви продаде партискиот спонзор од Куманово, вкупно, не по одделни министерства?Ја задолживте ли гардата да го чува Орденот од Принцот на Црна Гора за Заев?До толку ли сте скарани со Кочо, па за инает му средувавте документи, да го збори народ?Зошто го прекинавте курсот за подофицери?По НАТО стандарди ли ја проширувате семејната викендичка од 300 квадратни метри?Наутро поздравувате Знаме на Аризона или на Македонија?Дали шефот на военото разузнавање има друга обврска освен следење на опозицијата?Кој е вашиот најголем неуспех во работата како министерка за одбрана?Во која касарна најмногу ги подобривте условите за работа?Дали ја остваривте вашата цел за праќање воени дипломати по партиска линија?Колкава е вашата одговорност за одбрана на Заев од „хибридните напади“ од пранкерите??Би се хранеле ли самата со тоа што на мени го имаат македонските војници во војничките ресторани?Подготвени ли сте за амбасадорка во Вашингтон?На кој стих од химната ви запира гласот, па не ја пеете по настани?Колку е важно ќерка да е родена во Скопје па за тоа и закон да се менува?Толку ли е демоде одење на ручек со службено возило па мора да се користи и армиски хеликоптер?Која марка и колку инчи е телевизорот во дневната на Боки 13?Почитувани,Шекеринска никогаш не одговорила, нема ниту сега да одговори на вистинските прашања. Но на 12-ти април и таа ќе понесе одговорност за сите бајадера бизниси, истакна портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Наум Стилковски.видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

brza-pomos-3

77 годишна жена паднала од автобис во движење на ЈСП, пренесена во болница

На 04.02.2020 во 12.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Свети Климент Охридски“, во моментот на отпочнување со движење на автобус на ЈСП од автобуска постојка, управуван од Д.К.(55) од Скопје, на второто ниво во внатрешноста на автобусот паднала патничката М.Ј.(77) од Скопје.Притоа, таа се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

kss

КСС: Класична предизборна измама

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС во чии рамки функционира и Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија – САДУ Ве повикува на разумност и конструктивност, не на молчење и игнорирање од Ваша страна.Ветивте многу работи, но освен класична манипулација, купување време, ништо не видовме.Ни ветивте дека ќе не вклучите во функционалната анализа, но сега истата ја правите со анкетни листови каде на Вашите директори им оставате простор на класична предизборна уцена, кои во секој момент можат да не стават на трансфер листа и да го изгубиме нашето работно место, се вели во соопштението од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС .Ни ветивте, многупати, дека ќе го видиме толку фамозно најавуваниот колективен договор, но до ден денес молчите, не знаеме што криете, ниту пак зошто и како и за популистичките мерки нема инклузивност, нема дебати, никој ништо не знае, а веќе сте се договориле со нерепрезентативен синдикат во тој сектор да го протнете предизборно?!Вие и квазисиндикатите сакате да не притиснете, да не уцените со откази, но верувајте многу брзо ќе Ви одговориме. Голем срам е за еден синдикат тоа да го одобри.Ве прашуваме, сега и јавно, дали овие нови вработувања ќе бидат дел од функционалната анализа, зошто вработувате екстремно кога има превработување, дали ќе поведете постапки за сите вработувања кои се извршени без Ваша согласност и надвор од годишните планови за вработување, дали ќе побарате одговорност од сите тие што вработиле Ваши луѓе согласно Закон за работни однси, а наместо раководниот државен службеник кој издава наредби и делегира задолженија, тие издаваат наредби без никакви  обврски кон Законот за административни службеници, или пак и Вие го правите истото, и Вие сте дел од целата таа шема која го упропастува јавниот сектор.Ви оставаме многу мал простор за да ја исправите целата оваа манипулација, затоа што ние многу, многу брзо ќе се радикализираме и ќе Ви дојдеме на гости во „Вашето“ Министерство најдоцна до почетокот на следната недела, до кога Ви даваме време да ги исправите сите овие неправди и незаконски дејствија. Ве уваруваме дека за нашето селење пред Министерството, а не го исклучуваме ниту генералниот штрајк, ќе бидете виновни само ВИЕ.Затоа размислете добро што правите и во која насока не водите, затоа што како што веќе Ве предупредивме „Кога мачката ќе ја ставите во ќош, скока во очи и гребе“, е таму сме сега сите ние кои чесно работиме и си ја заработуваме платата.И на самиот крај „Силата на новото време секогаш го исполнува ветеното“.Да живее КСС, синдикатот и работничките права, се вели во соопштението од КСС.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Kuka

(АПЕЛ за помош) Додека Дејан кој боледува од тумор е на лекување во Турција, семејната куќа му изгоре до темел

Додека Дејан кој боледува од тумор на THYMUS жлездата е на лекување во Турција, во семејната куќа на улицата „Црногорска“ во Ѓорче Петров избувна пожар. Куќата изгоре речиси до темел. На семејството итно им е потребна финансиска и материјална помош. Да бидеме хумани, ве повикуваме да помогнеме.143 122 Телеком143 468 А1фото: Вечер.мк

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Македонскиот Полициски Синдикат: Месецов исплата на бонус платата за 2019 година

ФБ статус на Македонскиот Полициски Синдикат:Македонскиот Полициски Синдикат го известува своето членство а воедно и сите вработени во Министерството за внатрешни работи дека исплата на Бонус платата за 2019 година,ќе започне во текот на месецот.Како единствен репрезентативен синдикат во МВР остваривме контакт со работодавецот при што бевме информирани дека службите во МВР ги вршат завршните активности за комплетирање на процесот на исплатата на Бонус платата за 2019 година.За потсетување право за добивање Бонус плата во висина од една просечна плата на републиката согласно член 117став 4 од Законот за работни односи имат сите вработени во МВР кој работеле над 150 часа подолго од полното работно време,а не отсуствувале повеќе од 21 ден во текот на годината.Македонскиот полициски синдикат искрено верува дека овој процес е веќе заокружен и конечно во буџетите на МВР во иднина редовно ќе се проектират и обезбедуват парични средства за исплатата на Бонус платата, а се со цел работниците навремено да го добиваат стекнатото право од работен однос,односно ќе се спречат покренувањето на судски постапки по овој основ што резултираат со испумпумпување на енормно голема сума на парични средства од буџетот на МВР кои се неопходно потребни за нормално фуннкционирање на Министерството.Истовремено и голема благодарност до сите чинители во МВР и во МПС кои изминатиот период работеа на решавање на овој горлив проблем.фото: ФБ Македонскиот Полициски Синдикат

Македонија | пред 6 години

1-1

Богоев од Вашингтон: Силна поддршка од САД во последните чекори кон полноправно членство во НАТО

Напредокот на Република Северна Македонија и последните чекори кои земјата ги презема за полноправно членство во НАТО Алијансата, како и нашиот пат кон Европската Унија,  беа главните теми на разговор, на членот на Извршниот одбор на СДСМ и градоначалник на Општина Карпош, Стефан Богоев, со потпретседателката на Националниот демократски институт (NDI), Шери Брајан и со други претставници од оваа невладина организација, се вели во соопштението од СДСМ.Средбата се реализира во рамки на посетата на Богоев на  Соединетите Американски Држави, во Вашингтон и неговото учество на Националниот молитвен појадок.На оваа средба, Богоев информираше и за последните случувања во нашата држава, функционирањето на техничката Влада задолжена за спроведување на предвремените парламентарни избори, како и за процесите кои се одвиваат во Собранието.Денеска светот ја препознава нашата држава како позитивен пример, од каде што доаѓаат и позитивни вести. Од заробена држава прераснавме во земја која решава децениски спорови по мирен пат, а демократијата и вклученоста на јавноста во одлучувањето секојдневно се унапредуваат. Ова се вредности на земја која се движи по патот на европските интеграции и членството во НАТО.Исто така, стана збор и за зголеменото учество на млади во политиката, како и за унапредување на работата на општинските совети кои се претставнички органи на граѓаните. Потпретседателката Брајан ја посочи можноста за поконкретна соработка со општините од нашата земја.Оваа невладина организација, исто така соработува и со политичките партии во земјата, а реализираат и голем број на активности за улогата на младите и жената во нашето општество. Значен е придонесот на NDI и во работата на законодавниот дом. Па, така тие соработуваат со сите пратенички групи во Собранието и им помагаат во креирање на законски решенија кои навистина ги одразуваат потребите на граѓаните.Имајќи предвид дека NDI е голем поддржувач на нашата земја и тоа директно го покажува преку работа со нашите институции, граѓански организации и други општествени чинители, Богоев се заблагодари за нивниот придонес и ангажман.Факт е дека Северна Македонија и САД се во цврсто стратешко партнерство, а поддршката која ја добиваат граѓаните од оваа светска сила е видлива во повеќе области од општественото живеење, се вели во соопштението од СДСМ.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

dik-1

ДИК ќе разгледува барање на дополнителната заменик министерка за финансии за вработувањата

Државната изборна комисија (ДИК) денеска во 11 часот ќе одржи седница на која ќе разгледува барање на дополнителната заменик министерка за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.Димитриеска Кочоска бара од ДИК, согласно член 48 став 1 од Законот за Влада да донесе одлука дали издадените согласности за вработувања во институциите во јавниот сектор, како и во трговските друштва во државна сопственост се донесени согласно законот и дали произведуваат правно дејство.извор: Канал 5 

Македонија | пред 6 години

voz

Железничкиот сообраќај втор ден во прекин

Патниот и товарниот железнички сообраќај втор ден во прекин поради штрајк на машинскиот персонал во Железници Транспорт. Тие бараат зголемување од 30 до 40 проценти на надоместот на плата, што според нив, им следува согласно Колективниот договор.Во писмено соопштение од Железници Транспорт велат дека прекинот на железничкиот сообраќај е незаконски зашто не биле запазени процедурите за штрајк.„Раководството одржа повеќе состаноци со погоре наведениот синдикат на кои беше укажано дека предметните побарувања од машинскиот и извршен персонал се надвор од финансиските можности на Друштвото.“Во соопштението стои и дека платите на машиновозачите во декември се зголемени за 5 % и се повисоки од оние на дипломираните инжинери во Железницата. Ресорниот министер Сугарески апелираше машиновозачите да продолжат со работа.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

drisla

Унгарскиот конзул сопственик на фирмата што носела непреработен медицински отпад во „Дрисла“

, за која градоначалникот на Скопје Петре Шилегов вчера на прес-конференција презентираше видеоснимки и фотографии како несоодветно го третира медицинскиот отпад пред да го депонира на депонијата „Дрисла“, е поврзана со унгарскиот почесен конзул од Битола Сашо Јанакиевски, назначаен уште во 2012. Тој е познат битолски бизнисмен, кој на јавноста долги години ѝ е познат како сопственик на фирмата „Еко клуб“, а како таков е посочуван во изјави и интервјуа низ македонските медиуми, објави СДК.МК.САКАМДАКАЖАМ.МК стапи во контакт со унгарскиот конзул Јанакиевски, кој рече дека не може да даде официјална изјава зашто што веќе не бил сопственик на мнозинскиот капитал во „Еко клуб“.Текстот во целост на: СДК.МК

Македонија | пред 6 години

49735114_2047943678615395_132263638139404288_n

Денеска студено време со ветровито и снег

Во поголемиот дел од земјава изутрива врне снег, кој е поинтензивен на југозападот. Најмногу снег ноќеска наврна во Пожаране каде што е формирана снежна покривка од 36 сантиметри, во Маврово 33, Дебар 22, Битола 21, Охрид 19, Прилеп 15, Попова Шапка 9 и Тетово 6 сантиметри.Времето денеска ќе биде облачно, студено и ветровито со повремени врнежи претежно од снег. Во планинските региони и во западните делови дополнително ќе се зголеми снежната покривка, а долж Повардарието врнежите ќе бидат од дожд, влажен снег и снег и помала снежна покривка ќе има само понекаде. Поради силниот ветер кој ќе продолжи да дува и денеска (и над 80 км/час) ќе има услови за појава на снежни наноси.Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8 степени.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

sneg-605x420

Укината забраната за камиони на патот Гостивар – Кичево

АМСМ информира дека забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража се укинува во 07:50 часот.Од  „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози, на места со остатоци од снег по интервенцијата на дежурните екипи.Снег врне низ целата држава.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

drvo-2

(ВИДЕО и ФОТО) Силен ветер во Скопје, паднати дрвја, урнати билборди

Вечерва Скопје го зафати силен ветер при што направи штета низ улиците на главниот град. Граѓаните по социјалните мрежи споделуваа фотографии од невремето. На нив се гледаат паднати дрвја и за урнати билборди на улиците.Метеоролозите најавија за утре облачно, студено и ветровито со повремени врнежи претежно од снег. Во планинските региони и во западните делови ќе се формира нова снежна покривка од 10 до 20 сантиметри. Долж Повардарието врнежите ќе бидат од дожд и снег и на места ќе се формира помала снежна покривка. Поради силниот ветер (над 70 км/час) ќе има услови за појава на снежни наноси.Силно невреме, со ветрови кои кршат гранки и откорнуваат покриви од куќите го зафати денеска целиот регион. Град и снег паѓаа во Хрватска, а силното невреме највеќе го почувствуваа жителите на Загреб и Риека. Црвен метеоаларм е најавен и за во Црна Гора, а во Србија има за 15 степени пониски температури.https://www.facebook.com/tv21hd/videos/335104880527062/?v=335104880527062

Скопје | пред 6 години

lokvenec1

Локвенец на „Топ тема“: Не бегаме од избори, ВМРО ДПМНЕ бега од Законот за обвинителство

„Ако ние имавме страв од избори немаше да понудиме тие да се спроведат уште во декември, уште тогаш бевме подготвени да го провериме рејтингот кај граѓаните. Аргументите се немилосрдни, фрапанатни во позитивна смисла. И на меѓународен план и на економски. Сите бројки упатуваат на тоа дека, не смее да се зборува, дека ние бегаме од избори. Зборуваме за аргументи, не за впечатоци. Зборуваме за бројките и нив ги споредуваме и тие покажуваат одлични резулатати за СДСМ.  Препораките од еврокомесарот за проширување на ЕУ и сите други препораки беа во насока да се донесе законот за јавно обвинителство“- изјави пратеникот Хари Локвенец во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.Во однос на информациите во јавноста дека изборите ќе се одложат ако не се донесе законот за јавно обвинителство, Локвенец појасни дека СДСМ не сака одложување на изборите, туку само на процедурата за избори.„Не станува збор да ги одложиме изборите, туку да видиме дали можеме да ја одложиме одлуката за распишување на изборите. Сме имале и претходно изборни циклуси кога изборите се распишувале 50-тина дена пред нивното одржување и ако ги следиме овие примери, тогаш имаме уште некој седмица за да го донесеме законот“- дополни Локвенец.Следува амандманската расправа за законот, а ВМРО ДПМНЕ упорно избегнува да достави амандмани и да ги вметне забелешките на законот. Тие постојано зборуваат дека нема да го гласаат законот ако не им се прифатат забелешките, а не сакаат да ги достават официјално.„Формирање на работна група сега, после две години преговори, е далеку од умот. На јавната расправа во парламентот неподелено беше мислењето дека е неопходен овој закон, а забелешките беа во финесите на законот.  Има пратенички групи кои доставија амандмани и ќе ги дебатираме. ВМРО ДПМНЕ не дозволува по ниедна цена да се донесе законот. Стравот од одговорноста и од владеење на правото е главната причина зошто опозицијата бега, еднаш со одложување на состаноците, друг пат со непристојни предлози и така во круг, само за да купат време и да опструираат и на крај да немаме закон“ – заврши Локвенец.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања