Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

gdu

ГДУ: Зошто обвинителството молчи 45 дена за случајот со опасниот отпад откриен во погоните на Металски завод?

Зошто обвинителството молчи 45 дена за случајот со опасниот отпад откриен во погоните на Металски завод? Зошто молчат надлежните институции? До кога во оваа држава поважни ќе бидат бизнисите од граѓаните?  Ако медиумите не откриеа дека опасен со камион за комунален отпад од кој се цедела крв се пренесувал до Дрисла, дека дел од таа крв завршила во Вардар, а со отпадот се хранеле за преживување кучиња скитници, надлежните ќе си ќутеа, а зарази ќе се ширеа. И најстрашното, никој од институциите немаше да алармира. И токму тука лежи зајакот. Зошто нема ниту предупредување, ниту било каква информација, а сите знаеле, се вели во соопштението од ГДУ.Сомнежот кој се отвора, дали некој профитирал за сметка на здравјето на граѓаните? Дали компанијата која добивала милионски тендери во времето на Груевски, си ја игра играта и со актуелната власт?Зошто и од Град Скопје ако имале било какви информации не испратија предупредување до граѓаните, туку чекаа да ги побараат новинарите па да споделат дека располагале со информации па ќе објавеле за неколку дена?!Нема предупредување ниту од Инспекторатот за животна средина.Бараме целосно да се истражи овој случај, сите жители кои живеат во близина на Металски завод да бидат предупредени за опасноста од ширење на зараза. И пред сѐ, бараме одговорност.Во оваа држава никој за ништо не одговара, само се бараат изговори и оправдувања дека не треба да се паничи и дека се е под контрола. Но довербата во институциите е толку мала што никој не верува во празните зборови и неуспешни обиди да не убедат дека сме безбедни и сигурни.Додека во соседни држави се тресат министерски фотелји затоа што си поигруваат со здравјето на граѓаните, во Македонија никој ништо не презема и сите молчат.Работите мора да се променат. За ГДУ приоритет број еден е здравјето на граѓаните и мерки, а не празни ветувања. Жестоко реагираме и ќе реагираме кога тендерите и бизнис интересите се поважни од здравјето на населението, се вели во соопштението од ГДУ.фото: АРХИВА

Македонија | пред 6 години

lisici

Приведен вработен во УЈП поради примање поткуп

Денеска околу 12 часот и 30 минути на улица „Кеј Вардар“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода М.А.(38) од Тетово поради примање поткуп од лице од Гостивар. М.А. како вработен во УЈП Тетово побарал од гостиварецот 300 евра за да не му биде затворен неговиот објект, откако пред една недела при контрола во објектот биле констатирани одредени законски недостатоци. Побараните средства претходно биле крим-технички обработени и му биле дадени на М.А, кој се обидел да се ослободи од нив, но бил фатен и спречен во намерата. М.А. е задржан во Полициската станица Гостивар и во консултација и координација со Јавен обвинител од ОЈО Гостивар ќе му биде изготвен соодветен поднесок.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

nikoloski-1

Николоски: Корупцијата во Македонија зема меѓународни размери, нашите меѓународни пријатели се интересираат за ситуацијата во Македонија

Во рамките на Политичкото Собрание на Европската Народна Партија во овие два дена информираме за криминалот и корупцијата која што за жал се случуваат во Македонија. Истите достигнаа меѓународни размери, така поранешниот премиер Заев во друштво со поранешниот премиер на  Малта, Мускат и премиерот на Албанија, Еди Рама решиле да ги приватизираат за без пари здравствените системи во Македонија, во Албанија и во Малта. Врвен корупциски скандал каде што е вклучен сомнителен бизнисмен од Либија за кој што се верува дека работи со сомнителни пари. Тоа е нешто  за што се заинтерсира и Европа и тука во Брисел прашуваат за повеќе информации и повеќе детали со цел да може да се покрене и една поширока истрага околу целата оваа работа, истакна Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.Тоа само покажува колку Македонија тоне во криминал и корупција, колку СДСМ и Заев ја уништија Македонија. На тоа ќе ставиме крај. Ги информиравме нашите пријатели од Европската Народна Партија за програмата која што ВМРО-ДПМНЕ  ја спрема за следните парламентарни избори кои што ќе се одржат на 12 Април, иако Заев сака да избега од нив, ги информиравме за обидот да избега од истите  затоа што е свесен дека ќе биде сериозно поразен и ги информиравме за двата главни столба на таа програма, а тоа е економски напредок и воведување на функционален систем на владеење на правото.Во едно партнерство помеѓу Европската Народна Партија, најсилната партија во Европа и ВМРО-ДПМНЕ, Македонија ќе добие датум  за почеток на преговори во оваа 2020 година. Ова нема да е изгубена година за Македонија и во едно силно темпо на реформи ќе успееме да го надокнадиме ова време кое што го изгубивме со Зоран Заев.Со нашите партнери ќе продолжиме да дискутираме, сакаме да ги чуеме и нивните мислење околу позитивни искуства кои што можеме да ги имплементираме во Македонија во сите сектори особено во образованието, во здравството, во социјалата и во земјоделието каде што Европската Унија  е најсилна, истакна Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

drisla

(ФОТО) Во Дрисла несовесно се постапувало со медицински отпад, кучиња скитници јадат човечки остатоци

Градоначалникот Шилегов и главниот инспектор на Град Скопје, Мирослав Богдановски, денеска, обелоденија скандал со ужасна содржина која треба да го вклучи алармот на другите институции. Преку објавените видеа и фотографии јасно се гледа неодговорното и несовесно постапување со медицински отпад каде што кучиња скитници јадат човечки остатоци и крв што истекува во атмосферската канализација и се влева во реката Вардар.- Почитувани граѓани, пред две недели Ви ветив дека јас лично и Град Скопје, по преземањето на „Дрисла“ на 20 јануари, стоиме зад законитото и принципиелно работење на оваа депонија. За мене, за вработените во Град Скопје и за градскиот инспекторат не може и нема да има компромиси со животната средина и потенцијалните опасности за здравјето на луѓето. Градот Скопје пред 50-ина дена дојде до сериозен доказен материјал за злоупотреба во менаџирањето на отпадот на територијата на градот и затоа навремено беа известени надлежните институции - посочи Шилегов.Од објавеното видео, се забележува начинот на којшто бил третиран медицинскиот отпад во Скопје, и за жал, Градот нема податоци колку долго и колку често на ваков начин се третирал овој отпад. Наместо термичка обработка и стерилизација, се случувала несоодветна обработка на медицинскиот отпад, којшто потоа завршувал на „Дрисла“ како обичен отпад.- Повеќе од 50-ина дена, Град Скопје чека какво било преземање  дејствија од Јавното обвинителство, но досега немаме информација дали воопшто официјално е започната истрага. Напротив, според нашите сознанија, сторителот се покрива со документација од друга надлежна институција. Затоа јас, мојот тим и главниот инспектор на Град Скопје нема да дозволиме вакво неодговорно однесување на институциите во државава. Време е конечно секој да застане зад своите обврски и да сноси одговорност за своето неработење. Барам ЈО веднаш да започне истрага за овој скандал што претставува опасност по здравјето на луѓето, а исто така барам и МЖСПП во целост и детално да го испита работењето на сите субјекти кои се под нивна надлежност, особено оние со дозвола за обработка на медицински и опасен отпад. Здравјето на граѓаните не може да трпи компромиси. Оваа битка или ќе ја војуваме сите заедно, како граѓани и како институции или сите ќе ја загубиме. А јас нема да дозволам оваа битка да биде загубена. Градот секогаш ќе стои пред и зад своите граѓани - соопшти Шилегов.Овој случај го откри главниот инспектор на Град Скопје, Мирослав Богдановски којшто реагирал професионално и одговорно затоа што имал многу дојави од граѓани дека во кругот на фирмата подолго време се случува нешто сомнително, се шири непријатен мирис и дека отпадот не се третира соодветно. Загрижен дека ниту една друга институција не презема никакви мерки за да ги заштити граѓаните кои живеат во околината на фирмата од можни заразни болести, Богдановски бил приморан да влезе и да ги фати на дело како вршат несоодветно третирање на опасен отпад. На прес-конференцијата, инспекторот Богдановски детално ги образложи фотографиите и видеоматеријалот кои експлицитно го потврдуваат ужасот што претставува потенцијална бомба за епидемија.- Машината за преработка на медицинскиот отпад за време на контролата не беше во функција и отпадот не беше соодветно третиран, со што отвораше можност за ширење опасни зарази по животот на луѓето и животните. Медицинскиот отпад се обработуваше во машина за сечење која што само го дроби отпадот, но не ги уништува бактериите. Таквиот непреработен медицински отпад го префрлаа во камион којшто не е соодветен за транспорт на ваков тип инфективен и опасен отпад за потоа да биде транспортиран во „Дрисла“ како обичен отпад - објасни Богдановски.По оваа прес-конференција, ниту една институција нема никаков аргумент да го оправда своето непостапување по овој случај, којшто инспекторот со целосниот доказен материјал го пријави во надлежното обвинителство пред повеќе од 50 дена.фото: Град Скопје

Скопје | пред 6 години

04022020_Delegacija-Vlada_cvekje_Goce-Delchev-2

Делегација на Владата положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев

Владина делегација предводена од министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, заменик министерот за култура, Владимир Лазовски, и националниот координатор за култура, Роберт Алаѓозовски, денеска положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас, по повод 148 години од неговото раѓање.Владата на Република Северна Македонија со овој чин им се придружи на настаните со кои му се оддава почит кон делото на големиот револуционер Гоце Делчев, како една од најмаркантните фигури во борбата и заложбите за македонска државност и за слободна земја, интегрирана во напредната заедница на народите.Гоце Делчев е роден на денешен ден во 1872 година во Кукуш.

Македонија | пред 6 години

bliznacinja

Македонка на 51 година стана сурогат мајка, за својата ќерка роди близнаци

Највозрасната сурогат мајка во земјава, на 51 година на свет донесе близнаци за својата ќерка, на која и била извадена матката на само 16 годишна возраст, објави Слободенпечат.мк.-Мајката, веќе три години беше во менопауза. Неа, тимот на болница „Плодност“ најпрво и го врати месечниот циклус, а потоа со програмата на донор јајни клетки, и сурогат мајчинство, за нејзината ќерка донесе на свет две близначиња во 37-мата недела со елективен царски рез. Мајката лесно ја поднесе бременоста и носењето на близначињата- наведуваат од болницата.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

oliver-spasovski-670x367

Спасовски: Јас очекувам дека нема да се случи одложување на изборите и ќе надвладее разумот

Премиерот Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање по однос на тоа што се случува со работните групи за законот за Јавно обвинителство денеска истака:„Јас очекувам дека нема да се случи одложување на изборите заради тоа што ќе надвладее разумот, дека националните интереси се многу поважни од какви било лични интереси и дека на крајот на краиштата секој од нас како политичари, пратеници итн., ќе сфатат дека носењето на законските решенија е влог во нашата иднина“, потенцира Спасовски.Тој порача дека треба да се вложат максимални напори во дијалогот, да се постигне компромис во делот на носењето на законските решенија и со тоа да не ја загрозиме иднината и перспективата на државата.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Hristijan-Mickoski

Мицкоски: Заев сака да ги одложи изборите и да избегне одговорност, да донесе закон наспроти забелешките на правните експерти

Зоран Заев сака ги да избегне сите скандали и одговорност. Не е до законот за јавно обвинителство, туку до анкетите за разнишаниот рејтинг, рече денеска на прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Мицкоски кажа дека неговата партија не отстапува од договорот за избори и ќе поднесе иницијатива за распуштање на Парламентот. Воедно порача дека ако нема избори на 12 април, државата ќе западне во нова политичка криза.„На овој начин сака да ги одложи изборите и да избегне одговорност. Сака еднострано да донесе закон наспроти забелешките на правните експерти. Законот го користи како изговор да избега од избори. Првин за шпанската ратификација, па за марихуаната, сега за јавното обвинителство. Ако решат со притисоци да го туркаат, со собирање на мнозинство, тоа е туркање со сила на законот. Овој закон не нуди решенија, правен е за одредена група луѓе да избегнат одговорност. Но, ако го изготват експертите, еве без да го гледаме законот што ќе го направат експертите ние ќе го поддржиме“, рече Мицкоски.Инаку вчера претседателот на СДСМ Зоран Заев најави дека доколку опозицијата го блокира изјаснувањето на Собранието за законот за ЈО, распишувањето на изборите и распуштањето на парламентот ќе се одложат.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

(ВО ЖИВО) Пендаровски во официјална посета на Полска

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, престојува во официјална посета на Република Полска.Пендаровски во Варшава со највисоки државни и воени почести ќе биде примен од претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда, а ќе оствари билатерални средби со маршалот на Сејмот, Елжбијета Витек, и со маршалот на Сенатот, Томаж Гроцки.Предвидено е претседателот да оствари средба со истакнати слависти и македонисти, кои живеат и работат во Република Полска. https://www.facebook.com/SPendarovski/videos/628228161327726/?v=628228161327726&notif_id=1580814736583704&notif_t=live_video

Македонија | пред 6 години

lila-boki

Лила Филиповска посредник во шемата на Боки 13, се јави измамената фирма

Водителката Лила Филиповска била посредник во измамата на Бојан Јовановски-Боки 13 во шемата на за наводното учество во ЕУ проекти за изградба на домови за стари лица во која градежната фирма „Дан-Мак“ била измамена за 250 илјади евра, објави „МКД.мк“.Измамената Ена Норнилд, косопственичка на градежната компанија за „МКД.мк“ ја раскажа целата приказна. Таа уште пред две години поднела кривична пријава против Јовановски и Филиповска, но дури вчера била првпат повикана во Финансиската полиција, а пред 3-4 месеци и во Обвинителството.Според неа, нејасно е зошто овој случај не е дел од „Рекет“.Сѐ почнало кога во почетокот на 2017 година Норнилд како заштитно лице на нејзиниот козметички салон ‘Мис Ен’ ја избрала Лила Филиповска, а во летото истата година водителката и понудила „добра бизнис зделка“ за фирмата „Дан-Мак“.текстот во целост на  „МКД.мк“.

Македонија | пред 6 години

Naum-IZJAVA-2412-2

(ВИДЕО) Стоилковски: Како се добива тендер од 1.000.000 денари" и други 29 прашања за Мила Царовска

Портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски, денеска упати 30 прашања до вицепремиер за економски прашања Мила Царовска. Стоилковски запраша:Почитувани, 30-те прашања за Мила Царовска и ги поставуваме пред Влада, новото место за дипломираниот социолог- вицепремиер за економски прашања.1.Мила Царовска се обидовте ли со семејството пристојно да преживеете еден месец со 17.000 денари ?2.Зошто не беа преземени превентивни мерки за да нема тепање на деца од лиценцирани дадилки?3.Мила Царовска, што може да купи со 36 денари повисока пензија?4.Како се добива тендер од еден милион денари?5.Чие искуство од Европа е минималната плата да е над половина од просечната плата? 6.Колку случаи на враќање на плата кај газдата констатираше трудовиот инспекторат, или не сте слушнале за таа епидемија?7.Колку даватели на услуги се вработени последниве две години, а не се лиценцирани и земаат иста плата како и лиценцираните?8.Колку од 43 градинки за кои што се фалевте дека се отворени, се во функција и колку деца згрижуваат?9.Колку и во кои јавни установи за деца низ Македонија се вработени специјални едукатори и социјални работници во рамки на инклузијата на деца од ранливите категории во предучилишното образование? 10.Мила царовска, колку социјални станови изградивте и колку социјални семејства се вселени во нив?11.Што планиравте со имот на ЈУ Дом за доенчиња и мали деца- Битола, и колку месечно чини неговото одржување? 12.Мила Царовска, зошто ви ги нема или не ви функционираат дневните центри за децата на улица?13.Како "експерт "од повеќе области, на кој начин се подобрува слухот по 65 годишна старост, па се укинува додатокот за глувост ?14.Каде и во какви услови се врши оценка на работна способност? 15.Дали воопшто е направена контрола дали се почитуваат правилата при вработувања на лица со попреченост за што има сериозни поплаки ?  16.Колку лица извлековте од сиромаштија последните три години? 17.Мила Царовска, на своето дете сте: Родител 1, Б, А или 2?18.Што ви е поголем предизвик наутро- социолог, а вицепремиер за економски прашања или диригирање проблеми во МТСП преку заменичката министерка?19.Кој е поубав: новиот пензионерски дом во Радовиш или новиот во Чаир или нема ништо од двата ветени?20.Мила Царовска, зошто не успеавте да воведете семеен социјален работник?21.Може ли да се добие социјална дебитна картичка?22.До каде стигнавте со 50% зголемен опфат на деца со предучилишно образование?23.Зошто не воведовте специјален едукатор (дефектолог, логопед...) во секоја градинка и училиште каде што има деца со попреченост? 24.Креиравте ли Државен фонд за исплата на законска издршка на деца?25.Кога планиравте да отворите центри за ран детски развој?26.Колку тежат договорите за закуп што ги склучи со физички лица, за деинституционализација и каде ќе одат штитениците по завршување на закупот?27.Што содржи стратегијата за интеграција на бегалци и странци и дали е усвоена од Владата?28.Дали се злоупотребени средства од ИОМ наменети за бегалци и мигранти за времените објекти во Визбегово кои што се користат за вдомување на бездомници?29.Знаете ли што се случи со вашата пријава за Пензискиот фонд или ве опоменаа дека го чепкавте коалициониот капацитет?30.Мила Царовска, дали знаете дека со снимање партиски спотови во владини објекти го кршите законот?Ете тоа беа 30-те прашања од милионите проблеми во секторот кој што го водеше до вчера Мила Царовска, а за кои што знаеме дека нема одговори. А треба и ќе понесе одговорност по 12-ти април! видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

apsi

Косовски државјанин баран од Интерпол фатен на „Долно Блаце“

На 03.02.2020 во 12.30 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“  од слобода бил лишен Н.Г.(60) од Косово, затоа што по извршени проверки било констатирано дека се наоѓа на листата со мерка „апси“ по барање на Интерпол. Тој бил предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

pistol

Кај три лица пред казино во Скопје пронајдени марихиана, пиштол и куршуми

На 03.02.2020 во 14.25 часот пред казино на ул.„Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Б.Д.(33), И.Л.(33) и А.Н.(33), сите од Скопје, затоа што при извршен преглед со судска наредба, кај Б.Д. биле пронајдени марихуана и пиштол ,,екол арас магнум“, додека кај И.Л. биле пронајдени марихуана и куршуми. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок. фото: Архива

Скопје | пред 6 години

migranti_kola

Во патничко возило „рено трафик“ пренесувал 28 мигранти

На 03.02.2020 во 20.45 часот на патниот правец Валандово-Струмица, пред влез во с.Костурино, при проверка на патничко возило „рено трафик“, со битолски регистарски ознаки, полициски службеници од Полициска станица Стар Дојран пронашле 28 лица мигранти, а возачот на возилото го напуштил местото на настанот. Мигрантите биле предадени на полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Исток за понатамошна постапка. фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

iveqgpr0mxohbhtipzy0

На ФБ упатувал јавни закани кон премиерот и повикал на физичка ликвидација

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари дека сторило продолжено кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 во врска со член 45 од Кривичниот законик.Обвинетиот во периодот од 23.07.2019 година до 24.07.2019 година во повеќе наврати извршил временски поврзани дејствија кои што претставуваат повеќекратно остварување на истото дело. Тој е обвинет дека преку информатички систем, на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, објавил повеќе закани дека ќе стори кривично дело за кое е прошишана казна затвор од најмалку пет години. Заканите биле упатени кон Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, при што во објавените коментари обвинетиот повикувал на физичка ликвидација на оштетениот и ја загрозил неговата сигурност.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

konj

(ВИДЕО) Изнемоштен коњ паѓа на улица во Струмица, сопствениците го тепаат за да стане

На социјаланата мрежа фејсбук на групата “Миленичиња домашни и улични“ објавено е видео на кое се гледа како се малтретира коњ, овој пат во Струмица. Кутрото изнемоштено животно паѓа на сред улица, а сопствениците го тепаат со цел да го натераат да стане и продолжи. Видеото наиде на многу негетивни коментари.Ова не е прв пат животни да се изнемоштуваат до смрт. Не позната судбината на ова кутро животно.https://www.facebook.com/strumicadenes/videos/200171364706823/UzpfSTEwMDAxNTI2MDQ5NjA3MjpWSzoyNzc1OTY5NDcyNDk3Njc5/

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Во кругот на болницата врши нужда

И ова го има во Охрид ... https://www.facebook.com/111220626921688/videos/185344392532393/?v=185344392532393

Македонија | пред 6 години

venko-filipce

Шкријељ и Филипче: Комисиите за туѓа нега функционираат непречено, решени се 8500 предмети

Комисиите за помош и нега од друго лице работат непречено, решени се 8500 предмети. Новите комисии кои се формирани во рамки на јавните установи за здравствена заштита, функционираат непречено.МТСП со новиот Закон за социјална заштита ја укина Комисијата која одлучуваше во прв степен за правото за помош и нега од друго лице. Таа беше нефункционална и времето на решавање на предметите беше 3 до 4 месеци. За да се скрати времето на решавање и да се подобри квалитетот и стручноста во решавањето на предметите, со новиот Закон за социјална заштита потребата за помош и нега од друго лице ја утврдуваат стручни комисии формирани во јавни здравствени установи.Формирани се 15 комисии, од кои 5 во Скопје, во состав од тројца доктори специјалисти или супспецијалисти од следниве области: интерна медицина, неврологија, психијатрија, физикална медицина и рехабилитација, ортопедија или офталмологија.Комисиите ги решија предметите во рокот што им беше даден за постапување - 01 февруари.Приоритет на Владата е интересот на граѓаните и во иднина ќе овозможиме непречено остварување на правата од социјална заштита и обезбедување квалитетни социјални услуги.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

EP31AXFWoAEFiPK

Амбасадорката на САД на средба со назависните од ВМРО-ДПМНЕ за важноста на реформските закони, но ги нема Канческа-Милевска и Рамчиловиќ

Амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мери Брнс, преку „Твитер“ објави дека одржала продуктивна средба со независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. На фотографијата која ја сподели амбасадорката се пратениците Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Владанка Авировиќ, Емилија Александрова, Љубен Аранудов и Нола Исмајловска Старова, а недостасуваат Елизабета Канчевска Милевска,  и потпретседателот на Собранието, Зекир Рамчиловиќ.„Одржавме средба со групата на независни пратеници за важноста од поддршката за континуираните реформи, вклучително и за Законот за јавно обвинителство, кој ги унапредува целите на владеењето на правото, транспарентноста, одговорноста и доброто управување“, напиша амбасадорката на „Твитер“.

Македонија | пред 6 години

goce-delcev

148 години од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев, визионерот, кој светот го разбираше како поле за културен натпревар на народите

Во земјава денеска се одбележуваат 148 години од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите.По тој повод повеќе делегации ќе положат цвеќе на гробот на Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. На 4 мај во 1903 бил убиен од турска војска во селото Баница, на пат кон Сер.Саркофагот со посмртните останки на Гоце Делчев од 1946 година се наоѓа во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Македонија | пред 6 години

120190420_222234

Пресврт на времето, од утре нема сонце и следува снег

Облачно и студено со повремени врнежи претежно од снег, а во југоисточните делови од дожд и засилен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието, најавуваат од утре метеоролозите.Облачноста ќе почне да се зголемува во вечерните часови почнувајќи од север и ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат поројни. Ќе дува силен северен ветер што ќе услови нагло и значително опаѓање на температурата,па во втората половина од ноќта врнежите на повеќе места ќе преминуваат во снег.Утринската температура ќе се движи од минус три до пет степени, дневната од минус два до осум степени.Денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, во западните делови повремено засилен југозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени.Во Скопје сончево со умерена облачност и со умерен југозападен ветер. Доцна попладне ветерот ќе се промени во северозападен и ќе засилува. Во вечерните и ноќните часови ќе има врнежи од дожд, повремено поинтензивни. Во втората половина од ноќта врнежите и во Скопската Котлина ќе преминуваат во снег.Максималната температура ќе достигне 16 степени.

Македонија | пред 6 години

Facebook-Google-Chrome

ВИДЕО +18: Порно филм на пункт за плаќање паркинг во Скопје

Корисник на паркинзите во Општина Центар, во Скопје, наместо можност да го плати билетот за паркинг, на пунктот за плаќање имаше можност за изгледа порно филм. Нејасно е како е настаната оваа грешка на автоматот, кој ја вклучил содржината за возрасни.https://www.facebook.com/mikipetkovik/videos/10219338142623210/Видеото масовно се споделува на социјалните мрежи. Непознато е за која точно локација станува збор.

Скопје | пред 6 години

Zaev-Z.

Зоран Заев за Клан ТВ: Договорите со Грција и Бугарија се клучни за напредокот, без нив нема ни НАТО ни ЕУ

Договорите со Грција и со Бугарија се клучни за напредокот на државата, за промовирање како лидери во регионот, но и како светска пракса дека и големите конфликти може да се решат мирно, со дискусија и компромис, посочи претседателот Зоран Заев во интервјуто за телевизија Клан.„Без Договорот со Бугарија, а особено без договорот од Преспа, можевме само да сонуваме за ЕУ и за НАТО, додаде тој.„Бугарија се бори за нас на патот кон Европа и тоа е факт. Јас сум отворен човек и ќе ви кажам дека до пред две- три години ние бевме скарани со сите соседи, ама не уверуваа дека не е до нас, туку до другите држави било. И сега, како наеднаш за две години сите пет соседи ни се одлични пријатели, како државите на Европска Унија наеднаш ни се пријатели? Тоа значи, ако имаме искрена, добронамерна политика можеме да решиме секакви прашања. Со Бугарија ги надминавме сите отворени прашања, ни остана само Гоце Делчев, но го имаме решението и знам дека ќе го спроведеме. На крајот двете држави ќе бидат победнички“- изјави Заев.За да потврди дека Бугарија ни е вистински пријател илустрираше со настапот на бугарскиот премиер Бојко Борисов во Европската Унија кога до два часот наутро зборувал и се обидувал да им помогне на Северна Македонија и Албанија. Истото го прави и Грција, која после Преспанскиот договор ни стана уште еден стратешки сојузник.„Кога јас и Ципрас тргнавме да го решиме спорот не мислевме на нашите политички кариери, туку на иднината на нашите деца. Нас око не ни трепна дали ќе изгубиме на следните избори или ќе бидеме политички мртви, ние сакавме да изградиме цивилизирани односи кои ќе ни го отворат патот кон ЕУ и успеавме во тоа. Можеби спорот ќе се решеше и после 15, 20 години, но тогаш кој знае како ќе се викаше нашата држава и дали воопшто ќе зборувавме за Македонија. Сега имаме ситуација во која имаме и македонски народ и македонски јазик“- заклучи Заев.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

03022020_PVRSM_Spasovski_TopTema_Telma

Спасовски: Мораме да покажеме национален консензус за носење на законските решенија

Јас очекувам да има избори на 12 април и сметам дека за клучните закони, за Законот за Јавно обвинителство, Законот за одбрана, мораме да покажеме минимум национален консензус“, истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма.Премиерот Спасовски рече дека секој очекува од сите пратеници во Собранието низ дијалог да се вградат во финализирањето на законските решенија, меѓу кои и Законот за јавно обвинителство.„Мораме да покажеме минимум национален консензус за овие прашања, ние можеме да се расправаме, да дебатираме, партиите да се натпреваруваат, но за овие прашања мислам дека треба да има минимум консензус. Јас очекувам дека сепак и политичките субјекти и пратениците во Собранието ќе бидат навистина на висината на сопствената одговорност која што ја имаат и кон граѓаните и државата, и дека низ еден дијалог ќе може да се постигне консензус за да ги донесеме овие законски решенија“, потенцираше претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски.Спасовски подвлече дека е оптимист дека може да се постигне консензус заради остварување на националните интереси како што се членството во НАТО и ЕУ и владеењето на правото.„Опструирањето на носењето на законското решение со цел да се елиминираат предметите што беа покренати во предистрагите на СЈО и кои сега се префрлени во Јавното обвинителство, не е можно. Мотивите се различни за носењето на законското решение, но ако имате законско решение кое ќе донесе правда за секого во државата и за владеење на правото тогаш можеме да бидеме оптимисти“, рече Спасовски во емисијата Топ тема на ТВ Телма.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

tepacka1

Малолетно лице повредено во тепачка во Скопје

Малолетникот У. Д. (17) попладнево е повреден во тепачка меѓу две групи. Тој се здобил со убодна рана и со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар при Комплексот килиники „Мајка Тереза“ – Скопје.Како што соопшти МВР,  инцидентот се случил денеска во 17:00 часот на булеварот „Трета македонска бригада“ во Скопје.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања