Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

migranti_kola

Македонски државјанин и тројца Пакистанци криумчареле мигранти

По сеопфатна истражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд – Скопје поднесе Обвинителен акт против еден македонски државјанин и тројца државјани на Пакистан. На обвинитетите им се става на товар дека како соизвршители сториле кривично дело „Криумчарење на мигранти“ предвидено и казниво по член 418–б став 3 во врска со став 4 и 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик.Од средината на октомври 2019 година до 01.11.2019 година, во с.Ваксинце, Кумановско-липковски регион, обвинетите, заедно и по предходен договор во куќа сопственост на првообвинетиот, прифатиле и засолниле мигранти по потекло од Индија, Авганистан, Пакистан и други земји од Азија. Со намера да стекнат материјална корист, обвинетите Пакистанци постапувале особено понижувачки и сурово кон мигрантите. Тие спротивно на волјата на жртвите, повеќе денови присилно ги држеле во дел од куќата каде на прозорците залепиле црни кеси, поради што мигрантите го изгубиле чувството за време и не знаеле дали е ден или ноќ. Жртвите добивале еден оброк дневно што не им било доволно и биле физички малтретирани.Кога мигрантите ќе посакале да си заминат, обвинетите Пакистанци со намера да извлечат дополнително пари од мигрантите, постапувале понижувачки и сурово кон нив удирајќи ги со црево по телото, а потоа им ставале нож под грло држејќи ги од зад грб и им се заканувале дека ќе бидат убиени доколку не платат пари. Ваквите настани еден од обвинетите ги снимал со телефон, а видеото, откако жртвите телефонски ќе стапеле во контакт со свои роднини кои веќе биле заминати во западноевропските земји, го испраќал на роднините со појаснување дека доколку не им испратат пари, ќе бидат убиени или нема да им се дозволи да ја напуштат куќата. Роднините на мигрантите, присилени на ваков начин, по пат на„ хавала систем“- древен систем на меѓусебно плаќање врз основа на доверба надвор од банкарскиот систем, префрлале пари на жртвите, а тие им ги давале на рака на обвинетите. Ако договорените парични износи не биле испратени во зададениот рок, обвинетите повторно ги тепале мигрантите, а малолетните ги присилувале и да чистат. Оштетените, веднаш по пристигнувањето во куќата, присилени на ваков начин, плаќале колку што имале во моментот, а дополнително барале пари од роднините, но и покрај тоа некои од нив иако платиле, биле задржани и понатаму со цел повторно да платат.Случајот бил пријавен во српска полиција од страна на пријател на две жртви и по добиената информација од страна на органите на Р.Србија, вечерта на 01.11.2019 година околу 22:00 часот е спроведена полициска акција. При претрес на куќата на првоосомничениот пронајдени се дванаесет мигранти меѓу кои и две малолетни лица.Ценејќи дека се уште се исполнети законските услови, надлежниот јавен обвинител со обвинителниот акт достави и посебен предлог за продолжување на мерката притвор за тројцата Пакистанци и мерка куќен притвор за првообвинетиот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

pistol_001

Тројца браќа под истрага за обид за убиство на полициски службеник во Велес

Основното јавно обвинителство во Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство (во обид) од член 123 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик, како и против две лица за помагање при извршување на кривичното дело – Убиство (во обид) и за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од чл.383 од Кривичниот законик.Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против три лица – браќа на возраст од 43 години, 29 години и 22 години за настанот што се случи на 2 февруари во близина на градските гробишта во Велес, лоцирани кај црквата „Свети Спас“.Оштетениот полициски службеник во СВР Велес заедно со негова колешка во цивилна облека вршеле работни задачи кои се однесуваат на спречување и откривање на сторители на кривични дела Тешка кражба поради зачестената појава на насилно одземање на предмети – чанти и паричници од лица ги посетуваат гробиштата на своите блиски.На критичниот ден оштетените биле забележани од тројцата пријавени со кои било и едно дете. Тројцата пријавени се доближиле до оштетените, а едниот од нив физички го нападнал оштетениот полициски службеник.  Потоа му се придружиле и неговите двајца браќа. Во еден момент тие го турнале оштетениот на земја, па еден од нив се борел со оштетениот, додека другите двајца и задале неколку удари на оштетената. Детето ја задржувало оштетената да остане настрана и ја оневозможило да му помогне на колегата.Еден од осомничените му го одзел на оштетениот службениот пиштол и додека оштетениот бил паднат на грб од пиштолот испукал три куршуми кон него, нанесувајќи му прострелни рани во пределот на стомакот и ногата. При испукувањето од пиштолот настанал застој, па оштетениот искористил момент да стане и да се оддалечи од местото на настанот.Осомничениот со пиштолот започнал да го брка и да трча по него, успеал повторно да го оспособи и репетира пиштолот и повторно испукал еден куршум во правец кон оштетениот.До судија на претходна постапка при Основниот суд во Велес е поднесен Предлог за определување на мерка притвор за осомничените лица.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

zaev-izjava

Заев: Изборите ќе се одложат, доколку опозицијата го блокира гласањето за ЈО

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска најави дека доколку опозицијата го блокира изјаснувањето на Собранието за законот за ЈО, распишувањето на изборите и распуштањето на парламентот ќе се одложат. Но не и самите избори, објави 360 степени.мк.„За мене е многу важно да се гласа за законот во парламентот и притоа тој може да се донесе или да не се донесе. А на 12 февруари тој треба да се распушти. Но, доколку опозицијата се обидува да го минира или да го блокира гласањето за него, тогаш нормално дека парламентот нема да се распушти сè додека не заврши процесот на изјаснување и по законот за ЈО и за Протоколот за НАТО или за законот за одбрана и сличните закони“, изјави денеска Заев по сведочењето за случајот „Монструм“.Заев притоа објасни дека ова нема да значи одложување на изборите.„Имаме простор од 15 дена за распишување на изборите и распуштање на парламентот, како што тоа го предвидуваат законите и Уставот“, рече Заев и изрази надеж дека сепак сè ќе се заврши до 12 февруари.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

grubi

Артан Груби повторно ќе присуствува на традиционалниот Молитвен појадок во САД

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања и организациски секретар на Демократската унија за интеграција Артан Груби, на покана од Американскиот Конгрес, повторно ќе присуствува на традиционалниот Молитвен појадок во Вашингтон, САД, на кој ќе учествува американскиот петседател Доналд Трамп и лидери на многу други земји.Груби по петти пат го посетува Вашингтон во последните две години.Пратеникот Груби е претседател на Групата за пријателство помеѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

cako

Цако стана дел од тимот на Град Скопје

Градоначалникот Шилегов на денешната прес-конференција соопшти дека Цако ќе биде ангажиран во Одделението за социјална, детска и здравствена заштита бидејќи неговите афинитети се насочени токму во оваа област, а неговите познавања за целните групи ќе помогнат во унапредување на социјалните услуги за граѓаните.- Нашиот нов колега е лице со Даунов синдром, со високо образование, амбициозен и подготвен за предизвици, подготвен да покаже дека лицата со било каква попреченост можат подеднакво да учествуваат во општествените процеси и да се грижат за заедницата. Особено сум горд што како градоначалник учествувам во уривањето на стереотипите и предрасудите поврзани со овие лица бидејќи сметам дека сечиј капацитет може да се искористи и соодветно да придонесе за развој на општеството. Многу често досега, особено во изминативе две години преземаме активности со кои докажуваме дека овој град се грижи за сите свои граѓани без исклучок и подеднакво ги вреднуваме. Во тој контекст, минатата учебна година за прв пат Град Скопје додели парична награда за првенци на генерација од градските средни училишта во категорија за особени постигнувања и резултати во процесот на инклузијаta. Со тоа, на лицата со попречености им овозможуваме еднакви можности за натпревар и признавање на успесите. Исто така за прв пат обезбедивме и стипендии за средношколците со попречености како и образовни асистенти кои им помагаат во наставата. Ваквите чекори покажуваат дека ги препознаваме можностите кај секој човек без разлика дали се соочува со некаква попреченост или не, овозможуваме еднакви шанси за сите и вложуваме за нивен личен и професионален развој – рече денеска Шилегов.Тој потсети дека Градот Скопје изминативе две години реализираше многу нови активности за подобрување на квалитетот на животот на лицата со попреченост и активно се вклучи во деинституционализацијата преку поддршка на малиот групен дом и обезбедување услуги во домашни услови за социјално ранливите категории на граѓани.- Мојата заложба и улогата на Град Скопје за развој и унапредување на инклузивното општество се поддршка за создавање еднакви услови за живот за сите наши сограѓани. Апелирам до сите, да даваме шанса без дискриминација, да се отвориме кон различнoстите и да дозволиме вредноста на секој поединец да биде еднакво третирана и признаена. По некоја случајност, првиот работен ден на Цако е всушност и негов роденден. Цако, среќен роденден и добредојде во Град Скопје – пожела градоначалникот Шилегов.Цако денеска се заблагодари на укажаната прилика и рече дека ќе придонесува со своето искуство од областа на социјалните работи стекнато во повеќе европски земји. Тој особено се заблагодари на својата сестра Марија и на своето семејство  од кои ја добива најголемата поддршка.фото: Град Скопје

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Инфомакс: Кај советникот на министерот Филипче, пронајдена дрога

Во текот на вчерашниот ден Инфомакс извести за скопјанецот уживател на опојни дроги кој среде бел ден беше уапсен во Градскиот парк во Скопје, бидејќи кај него била пронајдена марихуана. Кај скопјанецот, при извршен преглед од страна на полицијата била пројадена недозволена супстанца, опојна дрога.Имено се работи за Г .Г.  вработен во минисертството за здравство, поточно кабинетот на министерот за здравство Венко Филипче.Тој на 01.02.2020 во 17.00 часот во Градски парк откако кај него била пројадена марихуана завршил во странциа, а по целосно документирање на случајот, против него бил поднесен и соодветен поднесок, објави ИНФОМАКС.Текстот во целост на: Инфомакс.мк 

Македонија | пред 6 години

Benzinski-pumpi-9

Регулаторна го објави новиот ценовник: Се намалуваат цените на бензините

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 2,82%.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 денари и ќе се продава по цена од 58,00 ден/литар.Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,50 ден. и од утре ќе се продава за 66,00 ден/литар.ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за 1,00 денар и од полноќ ќе се продава по 68,50 ден/литар.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

tutun-1

Протест на прилепските тутунари, тие го блокираа патниот правец Прилеп-Плетвар

Прилепските тутунари утрово го блокираа патниот правец Прилеп-Плетвар, во рамки на протестот со кој бараат нов закон со кој ќе се забрани увозот на тутун. Тие револтот кон оваа власт и министерот за земјоделие го искажаа со блокирање на патот и палење на тутунот чија ниска цена е неприфатлива за нив.Незадоволните тутунари нагласија дека субвенциите сѐ уште не се исплатени, најавувајќи нови протести и блокади доколку нивните барања не бидат исполнети.Според , тутунарите неоткупени се околу 2 000 тони тутун.Тие бараат да се зголеми откупната цената, сите откупни пунктови да проработат и да се исплаќа за фактичката класа на тутун.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

smilkovsko

Заев како сведок во „Монструм“: Сè што поседував како аудио снимки, СМС пораки, транскрипти, предадов во СЈО

Родителите на убиените момчиња во случајот „Монструм“ денеска го слушнаа сведочењето на претседателот на СДСМ Зоран Заев.Сè што поседував како аудио снимки, СМС пораки, транскрипти и други докази за „Монструм“ при крајот на 2015 година ги предадов во СЈО,  рече денеска во судница претседателот на СДСМ, Зоран Заев.–Според евиденцијата, имаше повеќе од 1 милион бомби. Дел имам преслушано и споделено со јавноста, но тоа е само мал дел, рече Заев одговарајќи на прашање на судијата Ставрев.На прашањето на обвинителката Фатиме Фетаи, кој ја правеше селекцијата, Заев рече:-Разговорите, лично ги разгледував. За конкретниот случај, видов разговори во форма на транскрипти, а беа препознаени по името и презимето на тогаш осудените за случајот, за што имаше и пресуда на 180 страни, која ја имав. Селекција не може никој да направи зошто не може до крај да знае што се докази а што не. Ама кога ќе видите разговор на Фејзи Азири и друго лице знаете дека е еден од осудените, рече Заев.Заев меѓу другото додаде дека имал повеќе средби со родителите на децата убиени крај Смилковско Езеро, затоа што тие сакаа да дознаат повеќе информации што се случило.-На една од тие средби дел од родителите изразија сомневање дека институциите на системот, посебно правосудниот кријат одредени податоци. Поточно се работеше за 4 или 5 комуникации помеѓу тогаш осудени лица за кои што еден од тие разговори беше сокриен од нив од страна на ОЈО како службена тајна. Јас ги извадив истите комуникации и пред нив ги презентирав – рече Заев.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

3_2_2020_izjava_kosta_petrov

Петров: Договорот од Преспа ги отвора вратите за младите луѓе, не смееме да се враќаме чекор назад

На младите во нашата земја им е здосадено од неизвесност и политичари без јасна визија. Дозволете да им се обратам во моментов. Вие младите сте најголемите поддржувачи на нашата европската интеграција. Вие многу добро знаете во кој правец треба да се движи нашата земја, истакна Коста Петров, потпретседател на СДСМ. Тој во продолжение на прес конференцијата додаде: Вие сакате европска иднина, дома.Вие сакате и заслужувате стабилност.Вие нема да дозволите враќање во минатото.Политичарите мора да го слушнат вашиот глас и сите заедно да работиме на подобра сегашност, но и посветла иднина.Разочарувачки е ставот на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ околу Договорот од Преспа и враќање на нашата земја во време во кое беше неизвесно каде нашата држава, а со тоа и иднината и просперитетот на младите се движат.Тие продолжуваат да ги игнорираат пораките на сите наши стратешки партнери дека Договорот од Преспа го откочи патот за Северна Македонија да стане НАТО-сојузник и да го продолжи патот кон ЕУ. Тие го игнорираат и фактот дека токму Договорот од Преспа нѐ придвижи напред од позицијата на 11 годишната стагнација и неизвесност во која западнавме кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт.Да се разбереме, договорот од Преспа не е само решение на децениски проблем туку е и наше членство во НАТО – а тоа значи:повисок економски раст,повеќе инвестиции,подобро платени работни места,нови можности и перспективи за младите, и најважнозаштитен македонски идентитет.Укинувањето на Договорот од Преспа што го заговара ВМРО-ДПМНЕ, значи укинување на нашите ЕУ перспективи, значи губење на надежта кај многу млади, значи уште поголемо иселување и разделени семејства, но и загрозување на иднината на новите генерации. Ова никако не смееме да го дозволиме, вие и ние заедно.Почитувани млади, она што го заговара ВМРО-ДПМНЕ значи враќање неколку чекори назад.Враќање назад во време на неизвесност и изолација.Време во кое младите престанаа да ја гледаат својата иднина тука.Младите не се вртат назад, тие чекорат напред и затоа на 12 април ќе изберат да ги казнат политичарите кои заговараат укинување и блокирање на европските перспективи, односно младите ќе изберат иднина, ќе изберат прав пат, истакна Петров.

Македонија | пред 6 години

pistol_001

Приведено лицето кое пукаше во Полициски службеник во Велес

Денеска (03.02.2020) околу 10.00 часот, полициски службеници го лишиле од слобода и привеле во Полициска станица Велес Ѓ.К.(31) од Велес. Тој, на 02.02.2020 околу 10.15 часот пред црквата „Св.Спас“, кај Градските гробишта во Велес, на полицискиот службеник Е.М.(46) му го одзел службениот пиштол и пукал кон него. Претходно, тој со уште три лица физички нападнале полициски службеници при преземање на службени дејства. Тројца од напаѓачите беа приведени вчера во полициска станица. По целосно расчистување на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Grabez-pistol

Разбојништво во маркет во Чаир, се заканил со пиштол и одзел од касата пари

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Разбојништво од член 237 од Кривичниот законик.На 20.11.2019 година, обвинетиот влегол во маркет во Чаир и извадил пиштол марка “EKOL Special 99” со калибар од 9 мм и му се заканил на оштетениот – сопственик на маркетот. Му наредил да се тргне од касата, посегнал преку пултот, ја отворил касата и одзел пари од дневниот промет во вкупен износ од 5.000 денари.Во тој момент, во маркетот влегло уште едно лице кое се нафрлило врз обвинетиот со намера да го заштити оштетениот, па обвинетото лице бил совладано и му било одземено оружјето.Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и Посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот, со оглед на тоа што и натаму постои опасност од бегство, како и можност тој да влијае врз  сведоците и веројатност да го повтори истото или да изврши слично кривично дело.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

pistol_001

Четворица обвинети за загрозување на сигурноста на полициски службеници, за инцидентот во хотелот „Александар Палас“

По спроведената постапка, Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен предлог против четири лица за кривично дело – Загрозување на сигурноста од чл.144 ст.3 во врска со ст.2 и ст.1, како и во врска со чл.22 од Кривичниот законик.Обвинетите, на 30.11.2019 година во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, заедно ја загрозиле сигурноста на 11 полициски службеници кои вршеле службено дејствие – легитимирање. Тие започнале вербална расправија со полицајците, упатувајќи им погрдни и заканувачки зборови кои содржеле сериозна директна закана дека ќе нападнат врз животот на полициските службеници и врз животот на нивните претпоставени. Обвинетите се јавувале телефонски кај нивни блиски лица и ги повикувале да дојдат во хотелот и да се пресметаат со оштетените. По извршеното легитимирање, оштетените си заминале од хотелот.Спрема тројца од обвинетите се уште се активни мерките за претпазливост определени од судијата на претходна постапка на предлог на јавниот обвинител: забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, обврска повремено да се јавуваат кај определено службено лице, како и забрана за приближување и за воспоставување комуникација со оштетените. Еден од обвинетите се уште не е достапен на државните органи. Обвинителството ќе одлучи какви мерки за обезбедување на неговото присуство да предложи откако тој ќе стане достапен на органите на прогонот.Согласно Законот за кривична постапка, Министерството за внатрешни работи, откако ќе го утврди идентитетот на сторителите на кривичните дела и ќе обезбеди релевaнтни докази, поднесува кривична пријава до Основното јавно обвинителство, кое е надлежно да поведе кривична постапка. Во зависност од исполнетоста на законските основи, јавниот обвинител може да предложи мерки за обезбедување присуство на осомничените во текот на постапката, а по предлогот одлучува судијата на претходна постапка, како што беше постапено во конкретниот случај.Во поглед на другиот кривично-правен настан кој следел во хотелот неколку часа по кривичното дело за кое сега е поднесено обвинение, се уште не е утврден идентитетот на сторителите кои со огнено оружје пукале кон сега обвинетите лица. Откако Министерството за внатрешни работи ќе ги идентификува сторителите и ќе приложи релевантни докази, Основното јавно обвинителство и во тој предмет ќе постапи согласно Законот за кривична постапка.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

1

Стоилковски постави 30 прашања, за кои вели Нина Ангеловска нема да одговори

Дојдовме пред министерството за финансии со 30 Прашања за Нина Ангеловска на кои што досега нема одговор, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.За колку стотици милиони евра ја задолживте Македонија од кога сте министер за финансии?Како ја доведoвте Македонија до најмал економски раст во регионот?Зошто се плашите да и’ доставите податоци, побарани од заменик министерката, Гордана Димитриеска Кочоска?Колку денови во јануари бевте на платени службени патувања?Дали е вистина дека сте се налутиле на ММФ, на Светска Банка и на Европската Комисија што ви предвиделе помал раст од вашата проекција?Набројте три причини зошто водите нетранспарентна политика кон граѓаните?Знаете ли дека индустриското производство е во пад?Ќе ја терате ли до крај војната со приватниот сектор во Република Македонија?Како тоа капиталните инвестиции се ниски, а тековните трошоци зголемени?Каде е економскиот раст од 5% што го ветувавте?Со ваков раст, европскиот просек ќе го постигнеме: за 100 или за 150 години?Набројте 5 од вашите лоши политики, заради кои половина милион Македонци живеат на работ на сиромаштија?Нивото на странски инвестиции е најниско до сега, но можете ли уште пониско?Лично ваша ли е политиката „задолжи ја државата што е можно повеќе“?Каде завршуваат позајмените милионите евра од задолжувањата, ако нема ниеден проект?Горди ли сте што заради неискуството во економијата и финансиите, ја уназадивте Македонија најмалку 10 години?Кој ве учи да не поднесувате оставка и до крај да ве запаметат дека не ве бива?Го проширивте ли вашиот бизнис откако се нафативте на министерска позиција?Дали е точно дека во вашата фирма сте исплаќале 200 евра плата на ИТ инженерите, а остатокот сте им го плаќале на рака?Знаете ли дека профитите на македонските компании се намалени и затоа стотина ИТ и други компании се иселија од Македонија?Колку точно млади избркавте од Македонија со вашите лоши политики?Ќе поднесете ли одговорност по аферата за игри на среќа на вашата компанија, спротивно на законите за наградни игри?Знаете ли дека со незаконска игра на среќа – сторено е и кривично дело „перење на пари“?Дали навистина брендот на вашата фирма е плагијат на американската компанија „Групон“?Како сивата економија достигна 40%, кога лани според Светска Банка беше 25%?Дали сте слеп послушник на катастрофалните политики на Зоран Заев?Дали вршите поткуп на гласачи пред изборите со 6 илјади нови вработувања во администрацијата?Нормално ли е во министерството да немате евиденција за согласности за вработувања и ангажирања?Вистина ли испорачувате се што ќе ви побара Зоран Заев, без проверка дали е тоа добро за граѓаните и за економијата?Со кое лице ќе се појавите пред граѓаните откако нема повеќе да бидете министер на 12-ти април?Почитувани,Ова се точно 30 прашања на кои Нина Ангеловска нема одговори. Треба да одговори, а ќе се прифати доколку место нејзе одговори и Коста Петров!фото: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

03-Hereditary-Thyrocinemia

Ги запознаваме ретките болести: Наследна Тироцинемија

Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 или 29 дена ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести во Република Македонија.Секој ден ќе Ве запознаваме со по една ретка болест и ќе се обидеме да добиеме одговори на многу отворени прашања, а ќе се слушне и за предизвиците и проблемите со кои се соочуваат овие лица и нивните семејства. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков лек? Колку и дали воошто се пристапни и достапни лековите?…Наследна ТироцинемијаМКБ Е70.2Hereditary ThyrocinemiaНаследната Тирозинемија Тип 1 е ретко генетско заболување каде новороденчињата немаат способност да ја разградат амино киселината тирозин. Како резултат на овој недостаток, токсични субстанци се напластуваат во крвта и може да предизвикаат откажување на црниот дроб, дисфункција на бубрезите и неволошки проблеми. Има две различни форми на болеста – акутна и хронична. Акутната форма е почеста.Колку често се јавува Тирозинемија Тип 1?Во светот од наследна тирозинемија тип 1 заболува 1 на 100.000 деца. Ризикот да се роди дете со ова заболување, односно да ги наследи двата дефектни гени од родителите е 25%. Ова е автосомно рецесивно заболување.Симптоми:Децата со Тирозинемија Тип 1, покажуваат симптоми како што се неможност да ја зголемат тежината. Се појавува дијареја, повраќање, зголемен црн дроб, акумилација на течност во перитонеалната празнина, откажување на бубрезите, омекнување на коските и појава на тумори на црниот дроб. Акутната форма вообичаено се појавува во првите месеци од животот. Детето има ниска тежина, треска, дијареаа, крв во изметот и повраќа. Црниот дроб е зголемен и кожата заедно со белките во очите пожолтуваат. Често се јавува и крварење од носот. Слезината исто може да биде зголемена, а нозете со отоци. Без третман многу проблеми продолжуваат да се појавуваат и да го отежнуваат животот. Кај децата со хронична форма на тирозинемија тип 1, симптомите се развиваат постепено. Детето може да има зголемен црн дроб и абдомен, промени во скелетот, откажување на црниот дроб и на бубрезите. Симптоми како болки во стомакот, оштетување на периферните нерви и висок крвен притисок исто така може да се појават. Ако не се третира, детето ќе развие потешка форма на откажување на црниот дроб и ќе се развијат тумори на црниот дроб.Дијагноза:При сомневање за појава на ова заболување се прават испитувања и анализи на амино киселините, суцинилацетон и алфа-фетопротеинот. Типичните биохемиски испитувања покажуваат зголемена суцинилацетон концентрација во крвта и урината; зголемено ниво на плазма концентрација на тирозин; метионин и фенилаланин; зголемена уринарна концентрација на тирозин метаболити и состојката бета-АЛА.Третман:Денес ова заболување се третира со диета, лекови и трансплантација на црн дроб. Пред 1991, кога беше развиен првиот лек, ова заболување се третираше само со трансплантација на црн дроб. Диетата и специјалната терапија со замена на протеини се важен дел од доживотниот третман. Најчесто се користи комбиниран третман со нитисинон и диета во која има ниско ниво на тирозин, бидејќи на ваков начин се овозможува нормален раст, подобрена функција на црниот дроб, превенција од цироза, и подобрување на скелетот.Совети за полесно справување со Тирозинемија Тип 1Прво што треба да се направи е секако да се едуцирате што повеќе за да ги знаете сите симптоми и компликации што можат да се појават и да знаете како да реагирате за да помогнете. Држете се до исхрана со ниски нивоа на фенилаланин и тирозин. Витаминот Де како додаток во исхраната може да помогне во подобрување на состојбата. Потребна е редовна проверка на крвта и на урината за да се држат под контрола нивоата на амино киселините, суцинилацетон и алфа-фетопротеин. Треба да се прави и проверка на функционирањето на црниот дроб и бубрезите. Бидете свесни за фактот дека може да се јави потреба од трансплантација на црн дроб, со цел да се спречи појава на тумори на црниот дроб. Затоа се прават и скенови на црниот дроб за во случај на појава на тумори да се откријат рано и да може да се отстранат. Консултирајте се со лекари од гастроентерологија и нефрологија.Превенција на симптоми и компликации:Третманот со нитисинон треба да започне веднаш откако пациентот е дијагностициран за да се спречат примарните манифестации на заболувањето. За да се спречат секундарни компликации, како недостаток на карнитин, остеопороза и рахитис, треба да се започне третман кој би помогнал во олеснување на таква состојба, како додаток на витамин Д во исхраната. Посетите на лекар и редовните контроли за важни за контрола на заболувањето и на сите последици што може да настанат. Со цел да се започне со третманот што порано, важно е децата на родителите кои имаат тирозинемија да се тестираат веднаш после раѓање со цел рана дијагноза и третман.Бременост и тирозинемија:Не постојат податоци кои би прикажале проблеми при бременоста од користење на третман со нитисинон. Но фетусот кој се развива е под ризик од промените на тирозинот.Прогноза:Со третман 90% од пациентите имаат нормален живот со норамлен раст, стабилизација на функцијата на црниот дроб, превенција од цироза, корекција на оштетување на скелетот и рахитис. Со ран третман, намалена е и инциденцата за рак на црниот дроб.Кампањата „Ги запознаваме ретките болести 2020“, која ја реализираат активистот Гордана Лолеска, охридското Супер радио и Здружението „Живот со предизвици“ ќе се прикажува на 40 национални, регионални и локални медиуми ширум државата. Оваа година, покрај стандардните дијагнози изработени на македонски јазик, проектот доби и албанска верзија и верзија на знаковен јазик, со оглед на тоа што околу 400 ретки дијагнози вклучуваат помала или поголема загуба на слухот. Проектот ги надмина и локалните граници и ќе се емитува на бројни медиуми во Албанија и Косово. Новина оваа година е и тоа што емисиите се изработени и на знаковен јазик.Првиот ден на ретки болести беше одбележан во 2008 година, точно на 29-ти февруари, „редок“ датум кој се случува само еднаш на секои четири години. Од тогаш, Денот на ретки болести се одржува секоја година на последниот ден од февруари, месец познат по тоа што има „редок“ број на денови. Денот на ретките болести е меѓународна кампања за подигнување на свеста за ретките болести. Од почетокот во 2008-ма година, илјадници настани се организираат низ целиот свет и опфаќаат милиони луѓе. Кампањата започна како европски настан и со текот на времето стана глобален феномен, со учество на над 90 земји од целиот свет во 2018-та година. Република Македонија за прв пат се вклучи во одбележување на овиј редок ден во 2013-та година.Кампањата за Денот на Ретки Болести е за пошироката јавност, за релевантните институции и секој е добредојден да се придружи: пациенти и семејства, организации на пациенти, медицински професионалци, истражувачи, фармацевтска индустрија, јавни здравствени институции – колку повеќе не има, толку подобро. Денот на ретките болести е можност за учесниците да бидат дел од глобалниот повик кон креаторите на политики, истражувачите, компаниите и здравствените професионалци повеќе и поефикасно да ги вклучат пациентите во истражувањата за ретки болести.Вклучете се!

Македонија | пред 6 години

venko-filipce

Филипче: За реагенси за коронавирус соработка со лабораторијата во Ниш

За реагенси за коронавирус имаме воспоставено линк за соработка со лабораторија во Ниш, ако има потреба, вели министерот за здравство Венко Филипче во интервју за ТВ Канал 5, потенцирајќи дека место за паника нема.Досега кај нас немало патници со индиции за специфично тестирање од коронавирус.Како што кажа министерот досега пристигнати се 4-5 патници од места одалачени 1.000 километри од Вухан, но, истите немале никакви симптоми и дадени им се насоки што треба да прават доколку им се јават.– Обичните тестови за специфичниот коронавирус кои кај нас веќе ги има од порано,  ќе стигнат на почетокот на следната недела. Во меѓувреме, во директен контакт со Министерството за здравство од Србија направивме договор во Ниш да се испраќаат анализите од крв што ќе се земаат на пациенти кај што е тоа индицирано – што значи дека за многу кратко време би ги имале резултатите – рече Филипче.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Lake-Dojran

Граѓаните од Дојран кажаа НЕ за јавно приватно партенерство во стопансувањето со услугите за водовод и канализација

Во Дојран нема да се склучи договор за јавно приватно партенерство во стопансувањето со услугите за водовод и канализација, одлучи мнозинството од жителите на Дојран.На референдумското изјаснување денеска излегле околу 53.43% од запишаните 2.622 граѓани со право на глас, но најголемиот дел биле против склучување каков било договор за јавно-приватно партнерство.956 - гласале против, 402 - гласале за.Ова значи дека Општина Дојран ќе ја прекине постапката за формирање ново комунално претпријатие по пат на јавно-приватно партнерство, кое требаше да стопанисува со услугите водовод и канализација во наредните 30 години.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

20190407090519

Блерим Река ќе биде министер за европски интеграции на Косово

Блерим Река, кој беше независен кандидат поддржан од Алијанса за Албанците и БЕСА на претседателските избори во Северна Македонија лани, ќе биде министер за европски интеграции во новата влада на Косово, која ќе ја предводи лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ), Албин Курти, јавуваат косовските медиуми, пренесува „360 Степени“.Седницата на парламентот на која ќе се гласа новата влада е закажана за утре во 11 часот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

zoo

(ФОТО) Фотографија од Скопската зоолошка градина, која зрачи љубов

Фотографија направена во Скопската зоолошка градина која ќе ви ја стопли душата. На  официјалната Фб страна на Зоолошката градина Скопје објавена е фотографија која зрачи со љубов. Над фотогрaфијата пишува:Драган, Гете и многу љубов ❤️Фото: Емил Новевски

Скопје | пред 6 години

incidente

Трагедија: Загина 25 годишната ќерка на македонскиот конзул во Италија и 26 год внук од брат

Ќерката и внукот од брат на македонскиот конзул во Италија, Стојан Витанов, загинаа утрово во сообраќајна несреќа што се случи во Пјаченца, Италија.Станува збор за двајцата братучеди, Марија (25) и Методи Витанов (26) кои утринава со автомобил марка „Клио“ удриле во дрво. Автомобилот веднаш се запалил, двајцата братучеди останале заглавени во возилото.Младата девојка, како што пренесуваат италијанските медиуми, била во посета на роднини во Италија. Таа вечерта била излезена со својот братучед, кога се случила несреќата.https://www.facebook.com/ilpiacenza/videos/172258120698814/?v=172258120698814фото: IL PiACENCA

Македонија | пред 6 години

majka

Предупредување на ФБ: Мајка тренира дете да напаѓа миленици, целта да печали од тужби кон сопствениците

На социјалната мрежа Фејсбук кружи статус, во којобразложува дека мајка го учела своето дете да напаѓа кучиња со цел да профитира со тужба, против сопственикот на животното. Во стаустот стои дека мајката го тренирала детето како да ја преминува оградата во паркот и како наменски да го предизвикува кучето за да го нападне.  Ви го пренесуваме статусот во целост:„Оваа жена го тренира детето да прерипува огради (не да влезе преку врата) во паркови за миленици… додека таа седи на страна (на клупа на постојка во ситуацијата денес) се прави незаинтересирана, го пушта детето…Детето се обесува на и така слабата ограда толкаво колку што го гледате, да ја оштети плус ако може… секогаш поставува воведно прашање кое го поставува со цел: Каса ли кучето……. мајка му така го учиСрипува и почнува да го подгазнува… значи предизвикува и напаѓа детето, под навигација и тренинг на мајкава – ако може така да се нарече оваа!Станав да го избркам, туку дотрча коконата и почна.. не е прв пат куче да ми го нападне детето… последен пат го угриза, тужев, а сега и вас…….Кога видов со кој калибар имам работа, сфатив дека женава живее од тоа… и ми се згади од гнасниот чин на некоја што имала шанса да роди, а практично го злоупотребува своето малолетни дете на најбизарен начин! И реков директно дека ова е парк за миленици, не за деца и родители со задни намери кои немаат со себе ниту миленик ниту се начисто во главата – кое го бара не знам… башка ја деформира оградата, која ионака не издржува тежина… башка наместо преку врата, рипа од висина врз животно, го гази, малтретира за да дојде до тужба… арам да и е!И реков уште еднаш ако го пушти детето како мамка дека ќе ја пријавам… се налути и ме сликаше… добро, си велам… оваа не се опаметува…… седеше саат време значи на постојка – на автобус не се качи, сите се качија тие не. Само што пријавив влезе во првото такси што наиде (бел голф 4 караван, како круна е таблата, може и див беше)… Во Полиција беа запознаени веќе со појавата и ми дадоа препорака да информирам во јавност за оваа девијантна појава, да бидат претпазливи граѓаните, особено тие со миленици како целна група на дотичната и на следниот обид без предупредување да се повика Полиција со цел нејзино идентификување и покренување постапка пред социјалните и други служби заради злоупотреба на детето!Дотичната има фарбана коса во тап или рамен боб со шишки, ковчеста градба, а детето има смеѓа коса и додека ги напаѓа животните, повторува дека му е страв“, стои во статусот.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2565459073583647&set=pcb.2565459440250277&type=3&theaterфото: ФБ Zanna Lily

Македонија | пред 6 години

20200131_120654

Детектор анкета: Секој петти работник во Македонија бил жртва на мобинг

Секој петти работник во Македонија бил жртва на мобинг на работното место, покажуванајновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политичкиистражувања Скопје.Според него, 21,5% од анкетираните велат дека или тие, или некој нивни близок бил жртва намобинг од страна на претпоставениот на работно место, додека 71,8% немале ваков проблем.Генерално, граѓаните сметаат дека условите на нивното работно место се безбедни за нивнотоздравје и живот. Ваков став делат 44,3% од анкетираните. Небезбедно на работното место сечувствуваат само 10% од граѓаните. 19% одговориле дека не се вработени а 20,1% дека се вопензија.Според граѓаните најризична професија имаат рударите. Вака мислат 33% од анкетираните. 20,6% се определиле за работниците во градежништвото кои според нив имаат најризична работа.18,6% сметаат дека најризично по здравјето и животот на работниците е во хемиската индустрија,а 15,4% во метало-преработувачката индустрија.44,8% од анкетираните велат дека познаваат некој кој се разболел или повредил на работнотоместо, додека 47,6% го тврдат спротивното.Само 22,4% од граѓаните сметаат дека оние кои ќе се повредат на работното место добиваат исоодветно обесштетување, додека 49% од анкетираните се на ставот дека лицата кои сеповредуваат на работните места не добиваат соодветна оштета.Близу половина од граѓаните се на став дека фирмите кои не и исполнуваат условите за заштитапри работа не добиваат соодветна санкција. Вакво мислење имаат 47,1% од анкетираните, додека25,8% мислат дека казнувањето е соодветно. 27,1% немаат одговор на ова прашање.58,5% од анкетираните велат дека не знаат каде може да се обратат доколку бидат повреденинивните права за заштита при работа, додека 27,8% велат дека знаат што треба да направат вотаква ситуација.10% од нив велат дека во таков случај би се обратиле до Министерството за труд и социјала, 4,7%во трудова инспекција, 2,2% би го известиле синдикатот, 1 1,4% министерството за здравство.Сепак, дури 52,7% од граѓаните велат дека синдикатите не ги бранат правата на работниците зазаштита при работа, додека 32,8% сметаат дека во таква ситуација синдикатот добро ја вршисвојата работа.64,5% од граѓаните велат дека за нив е многу значајно да се реши проблемот со стандардите зазаштита при работа, додека само 3,5% од анкетираните велат дека за нив, тоа воопшто не езначајно.43,9% од анкетираните сметаат дека со влезот на Македонија во Европската Унија, полесно ќе сенадмине проблемот со стандардите за заштита при работа, додека само 12,9% сметаат дека тоа ќеоди потешко. 26,7% од анкетираните сметаат дека членството во ЕУ нема да направи некојразлика.Истражувањето на јавното мислење по нарачка на Детектор телефонски го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1105 испитаници во периодот  од 8 до 11 јануари годинава со маргина на грешка од плус-минус 3%.фото: Детектор

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Евакуирана Македонка од Вухан, нема симптоми од коронавирусот, во моментов е во Франција на задолжителен карантин

Македонски државјанин денеска беше евакурана од кинескиит град Вухан. Македонското МНР информира дека нашата државјанка, врз основа на доброволна согласност, успешно е евакуирана од кинескиот град кој е под карантин поради коронавирусот.  Според информациите македонката е во добра здравствена состојба и не постојат симптоми кои се добиваат од опасниот вирус.-Постапката на евакуација беше спроведена преку приклучување кон Програмата за евакуација на Франција, која за оваа намена организираше специјален лет кој што денеска слета во воена база на југот во Франција. Пред да го продолжат патот до своите матични држави, патниците ќе бидат евакуирани во помал град на југот на Франција, каде ќе подлежат на задолжителен карантин во трaење од 14 дена, што е воспоставен протокол за евакуација на сите патници од Вухан.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

111

Човек прегазен додека снимал авион кај аеродромот во Охрид

Еден човек е посериозно повреден од како во него удрил автомобил н апатот кој ги поврзува Охрид и Струга непосредно до аеродромската писта. Човекот застанал да снима и фотографира авион кој слетувал, по што бил удрен од возило „Фиат Браво“ со струшки регистарски ознаки.

Македонија | пред 6 години

deskoska-1

ВМРО ДПМНЕ: Дескоска го потврди непотизмот во Комисијата за полагање на правосуден испит

ВМРО ДПМНЕ со Соопштение до јавноста, како реакција на фејсбук статусот на РенатаДескоска...Во соопштението се вели:Целиот скандал кој што се поврзува со комисијата за полагање правосуден испит го призна самата Десковска. Непотизмот е потврден. Тоа што министерката се правда со проценти, само говори дека работењето на целата власт на Заев се води од принципот на пазарџиство, проценти, покрај неспорната партизација и непотизам.За Рената Десковска очигледно е малку што половина од членивте на комисијата ја сочинуваат партиски послушници и блиски роднини на функционери во СДСМ.Да потсетиме кои се членовите на Комисијата за полагање на правосуден испит:Антоанела Димовска, сестра на пратеничката од СДСМ, Снежана Калевска ВанчeваЉубомир Јовески, јавниот обвинител кој се поставува како адвокат на владините функционери.Тања Милева, сопруга на членот на ДИК од СДСМ, Игор Милевпријателот на Заев, претседателот на Апелациониот суд во Штип, Наќе Георгиев, струмички судија чија сопруга е јавен обвинител во СтрумицаАлександар Чичаковски, поранешен активист на СДСМИсмета Амет, која според пишувањата во медиумите е судијката што учествуваше во донесување на спорната одлука за прегласување во Теарце во 2016 година, а нејзината ќерка беше активен член и на шарената “револуција”Адвокатот Валентин Пепељуговски, чие адвокатско друштво е едно од најчестите добитници на средства од државни и јавни институции под контрола на Заев за адвокатски услуги.Токму заради тоа што Дескоска се прави дека нема спорно во ваквите имиња, народот ќе ги казни на 12 април за сите нивни прекршување на закони, етички и морални правила.Непотизмот, поразите, падовите во Македонија се поради Зоран Заев и ликови како Рената Дескоска. На изборите народот ќе ги казни и ќе каже Заев, никогаш повеќе, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања