Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

Нема фотографија

Две лица нападнале 60 годишен маж со тврд предмет и со секира

На 01.02.2020 во 19.30 часот на ул.„8“ во населба „Дрма“ - Скопје бил лишен од слобода С.Т.(52) од населба „Дрма“, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „тешка телесна повреда“. Имено, во 14.20 часот во нива на ул.„8“ во населба „Дрма“, С.Т. и З.Т.(28), и двајцата од истата населба, со тврд предмет и со секира го нападнале Х.П.(60) од с.Долно Коњари, нанесувајќи му тешки телесни повреди. Х.П. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

pistol_001

Обид за грабеж на билетара на ЈСП

На 01.02.2020 во 19.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во билетара на ЈСП во близина на Зелен пазар на ул.„11 Октомври“, едно лице со закана со пиштол се обидело да одземе пари од вработената З.Д.(60) од Скопје, но не успеало во намерата. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Ограбен банкомат во Битола - одземени три касети со пари

На 01.02.2020 околу 04.05 часот во СВР Битола било пријавено дека во банка во близина на Клиничка болница – Битола, на ул.„Партизанска“, едно лице од банкоматот одзело три касети со пари. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

policija-123

МВР за инцидентот во кој е повреден полицаец: Тројца од напаѓачите се приведени во полициска станица

На 02.02.2020 околу 10.15 часот пред црквата „Св.Спас“, кај Градските гробишта во Велес, полициски службеници при преземање на службени дејства биле физички нападнати од четири лица. Едно од нив на полицискиот службеник Е.М.(46) му го одзело службениот пиштол и пукало кон него. Е.М. бил префрлен во здравствена установа во Скопје за укажување на лекарска помош. Тројца од напаѓачите се приведени во полициска станица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

janusev

Јанушев: Зоран Заев вмешан и во мнеѓународен криминал, имал тајни средби со контроверзен бизнисмен од Либија

Нема ден, а Заев да не се поврзе во нов скандал за криминал и корупција. Корупцијата на Заев се почесто ги надминува границите на Република Македонија.Како што објавија медиумите од соседството, Зоран Заев имал тајни средби со контроверзен бизнисмен од Либија за јавно приватно партнерство во областа на здравството, со што милиони евра народни пари би биле ставени во функција на сомнителен бизнис. Самиот факт што средбата била тајна, доволно говори дека требало да се договори нешто во интерес на Заев. Така беше и за необјавената средба со Биг Мајк по која следеше скандалозниот предлог закон за опојни дроги, така е и со оваа средба со либискиот бизнисмен Шаукар Али Гафур, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.Да биде скандалот уште поголем, како што наведуваат медиумите, зад оваа бизнис врска со Заев стои и поранешниот премиер на Малта, Јозеф Мускат, кој замина од власт поради контроверзиите со убиството на новинарка на Малта. Овој бизнисмен е познат по своите оф-шор компании и ист ваков неуспешен обид за јавно приватно партнерство имал и во Малта, за што постојат сомнежи за корупциски договори и перење пари поврзани со истиот овој либиски бизнисмен со неговите сомнителни инвестиции.Дали Заев на тајната средба во 2018 година договарал сличен аранжман на Гафур и во македонското здравство?Дали е сега јасно за каков вид на модел на јавно приватно партнерство инсистираат Заев и Филипче? Заев треба да одговори колку тајни средби имал со контроверзниот бизнисмен и што требало со јавното приватно партнерство да му се овозможи?Очигледно, дека со Заев на власт Македонија се претвора само во „Ел Дорадо“ на сомнителни бизниси и преку јавно приватно партнерство се испумпуваат милиони евра од буџетот.Какви биле условите и колку милиони евра требало да добие контроверзниот либиски бизнисмен од Зоран Заев?Водени од искуството, логично прашуваме:Кој е уделот на Заев или поточно на фирмите на Заеви во еден ваков вносен бизнис?Дали Зоран Заев бил на прав пат да направи јавно приватно партнерство по принципот на „Глобал“, каде потсетуваме беше аболициран за штета од 8 милиони евра ?Уште за колку сомнителни договори на Заев ќе дознава јавноста?Додека здравството тоне, а пациентите се незадоволни  Зоран Заев договарал бизнис зделки со сомнителни бизнисмени за коишто веќе постојат истраги во земји од Европската унија, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.вивидео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

zoran

ЗОРАН КРСТЕВСКИ: Животни лекции

Колумна на Зоран Крстевски, доктор по филозофски науки, едукатор, мотиватор и тренер за личен развој, за вечер.пресс.  Животот е едно големо училиште во кое учиме значајни животни лекции исполнети со радост, убавина и хармонија, но надополнети и со многу разочарувања, немир и дисхармонија. Учиме од самите себеси, учиме од постапките на другите, учиме и од судбината која неретко нè соочува со тешки животни ситуации, поставувајќи нè пред клучното прашање: „Да се биде или не”.Да се стане човек, да се биде среќен, да се креира позитивна животна цел и да се придонесе за напредокот на другите е суштинската мисија на секој духовно осознаен и душевно облагороден поединец. Овие нешта им биле познати и на старите Египќани – нивната животна филозофија била тесно поврзана со верувањето во задгробен живот и со потребата за бесмртност. Преку одговорот на прашањето: „Дали ја пронајде радоста во својот живот; дали во текот на животот ги направи другите луѓе среќни”, старите Египќани утврдувале дали по смртта човековата душа ќе отиде кај бога, а неговите дела ќе станат бесмртни.Животот е непрекината низа на настани кои во себеси ја кријат смислата на нашето постоење и тајната на нашата животна мисија. Колку подлабоко продираме во самите себеси и ги осознаваме причините за нештата кои ни предизвикале болки и страдања, толку полесно ќе се справиме со последиците и ќе најдеме решение за проблемите. Себеосознавањето е клучен аспект на мирот и хармонијата и основа за воспоставување квалитетен и исполнет начин на живеење. Иако не постои општа дефиниција за квалитетен и исполнет начин на живеење, сепак без постигнување мир со себе и внатрешна хармонија, илузорно е да се надеваме дека ќе може среќно и исполнето да живееме.НЕКОИ ВЕЛАТ ДЕКА КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТОТ СЕ МЕРИ СПОРЕД ЛУЃЕТО КОИ ГИ ИМАМЕ ПОКРАЈ СЕБЕ; ЗА ДРУГИ ВЕРАТА Е НАЈВАЖНА; ТРЕТИ ЈА ФАВОРИЗИРААТ СТРАСТА; ЧЕТВРТИ ВО ПРЕДЕН ПЛАН ГИ ИСТАКНУВААТ ПАРИТЕ, МОЌТА И СТАТУСОТ; НЕКОИ СМЕТААТ ДЕКА ЖИВОТОТ НЕМА СМИСЛА БИДЕЈЌИ Е ПОЛН СО БОЛКИ И СТРАДАЊА. НО, МОЖЕБИ НАЈГОЛЕМАТА ВИСТИНА Е ДЕКА СМИСЛАТА, КВАЛИТЕТОТ И ВРЕДНОСТА НА ЖИВОТОТ СЕ МЕРАТ СООБРАЗНО ДЕЛАТА ШТО ГИ ОСТАВАМЕ ЗАД СЕБЕ И КОЛКУ ТИЕ ДЕЛА ПРЕТСТАВУВААТ ИНСПИРАЦИЈА ЗА МИРОТ, НАПРЕДОКОТ И СРЕЌАТА НА ДРУГИТЕ. ВО ТОЈ ПОГЛЕД, ВО БИБЛИЈАТА Е ЗАПИШАНО: „БЛАЖЕНИ СЕ МИРОТВОРЦИТЕ, ЗАШТО ТИЕ ЌЕ СЕ НАРЕЧАТ СИНОВИ БОЖЈИ”.Да се придонесе за напредокот на другите и да се биде ориентиран кон позитивните вредности е голем предизвик кој бара цврст карактер, моќна самосвест, афирмативна волја и решеност да се издржи кога е најтешко. Неретко токму духовно најосвестените и најблагородните трпат најголеми удари од духовно неосвестените, завидливците и негативците. Овој свет како да не е креиран да го препознае светлото, туку се повеќе пропаѓа со својата оддаденост кон мрачното и деструктивното. Најголемите светители да се појават и да им бидат конкуренти на најмоќните политички лидери, прашање е дали со својата животна мисија на добрина, благородност и хармонија ќе можат да го придобијат мнозинството и да бидат меѓу „избраните”. Такво е нивото на свест на толпата која своевремено не успеа да ја препознае духовната големина, етичкото реформаторство и ореолот на љубовта на спасителот Исус Христос, туку на дадената можност да бираат, се одлучија да го спасат разбојникот (милитантниот националист) Варава.  Меѓутоа, дали со таквиот„избор” ја спасија својата душа, го постигнаа мирот и се извлекоа од празнотијата, површноста и бесмислата на своето постоење е прашање кое и денес е актуелно и карактеристично за начинот на живеење на современите „избирачи”.За жал, постојат поединци кои во името на профитот, политичките интереси и привилегии способни се својот народ духовно да го затрујат со пропагирање разни невистини; физички да го загрозат со горење разни токсични материи; емоционално да го вознемират со убивање на надежта дека може да биде подобро; материјално да го осиромашат со константно и константно крадење; ментално да го обеспокојат со ширење на стравот и повикување да продолжат да гласаат, зашто „од лошо, има и полошо”. Најпоразително е што искуствата (историјата) потврдуваат дека од лошото навистина може да има и полошо. И се така во недоглед, додека човековата волја, емоција, мисла и здравје целосно нè попуштат и тогаш можеби за сè ќе биде доцна. За да не се случи тоа, неопходно е да ја научиме животната лекција дека не треба да се потпираме на надворешниот фактор, да не веруваме во празни зборови и својата доверба да им ја даваме на лица кои не водат сметка за општото добро, одговорноста, должноста и чесноста. Кога ќе сфатиме дека сите ние сме дел од една целина и дека не треба да дозволиме лошите, духовно неосвестените и алчните единки да ја креираат, уништуваат и деградираат целината (нашата заедничка иднина), можеби тогаш ќе постои шанса за општеството во кое живееме и за човештвото на кое му припаѓаме.Мајка Тереза има кажано: „Ако не можеш да направиш големи нешта, направи мали, но со голема љубов”. Првото нешто кое треба да го направиме е да размислиме за состојбата на својата душа, потоа да преиспитаме кон какви вредности ја насочуваме својата личност и дали придонесуваме општеството во кое опстојуваме да стане поубаво место за живеење. Со ориентација кон позитивното и со пронаоѓање на смислата во хуманото дејствување се приближуваме кон Бога и ја внесуваме радоста во сопственото постоење.Правејќи ги другите луѓе среќни, воедно придонесуваме среќата да стане дел и од нашето живеење. Само така може да ја умножиме позитивната енергија и да ја пронајдеме радоста. Замислете го животот во кој клучна цел е да ги експлоатираме, лажеме, крадеме и изневеруваме другите. За каква животна мисија може да зборуваме ако сме водени од егоизмот, алчноста, ниските страсти, површноста и потребата да  манипулираме, искористуваме, повредуваме, загадуваме и уништуваме. Дали на тој начин својата душа му ја ветуваме на нечестивиот и придонесуваме мрачните сили и темните енергии да загосподарат со сепостоечкото?Во религиозните книги е запишано дека определбата кон злото и негативната енергија никогаш не може да донесе мир во душата и среќа во животот. Ако нашата главна цел е да живееме во љубов и да бидеме во мир со себе, тогаш неопходно е да размислиме за состојбата во која се наоѓаме, да ја подигнеме свеста, да внимаваме на совеста и да разбереме дека секоја наша постапка, предизвикува последица.Резултатите од нашите дела или недела можеби ќе бидат невидливи за пошироката јавност, меѓутоа ќе продолжат да опстојуваат во потсвеста, предочувајќи ја состојбата во која се наоѓа нашата душа. Колку и да ги потиснуваме неубавите, неморални и гревовни постапки, тие ќе испливаат на површината низ јасно видливиот или прикриен гнев, фрустрација, несигурност, немир и чувство на вина.Излез постои, но само ако искрено се покаеме, побараме прошка и почнеме духовно да се трансформираме. Од друга страна, поединецот кој се ослободил од чувството на вина, ги надминал лошите влијанија, тргнал по патот на духовноста и осознал дека среќата доаѓа со мирот во душата, тој неизбежно зрачи со смиреност, радост, ведрина и душевна убавина. Дали постои поскапоцено задоволство од впечатокот дека со своето хумано, етичко и позитивно дејствување придонесуваме за среќата на другите, овозможувајќи и на душата да ужива во своето еволутивно (духовно) патување се до конечното просветлување.Секој треба да се запраша самиот себеси: какви дела оставам зад себе и колку придонесувам позитивните вредности, етиката и добродетелта да станат патокази на среќното, хармонично и квалитетно живеење? Афирмативниот пристап и изборот на позитивното треба да бидат наша цел, затоа време е да престанеме да учиме лоши животни лекции и да зависиме од лицата кои нé покажуваат интерес за општото добро, правдата,моралот и чесноста.фото: Архива

Коментари | пред 6 години

policija-123

Полицаец во Велес застрелан на должност

Во близина на велешката црква „Св. Спас“ денеска претпладне со огнено оружје бил повреден 46 годишен полицаец.Настанот се случил додека застреланиот со колешка биле во контрола по постојаните поплаки на граганите за грабежи, одземени ташни и новчаници, додека присуствувале на вечните почивалишта на своите најблиски.Очевидци кажуваат дека во полицискиот службеник пукало лице кое било сопрено и предзвикало расправија, по што во туркањето со Е.М  успеало да му го извади пиштолот од ременот  и  со него неколку пати да пука од близу по што се дал во бегство.Во моментов СВР Велес органзира потрага по лицето кое пукало во  полицаецот, а местото на кое се случил немилиот  настан е обезбедено.Полицаецот бил хоспитализиран на скопските Клиники.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

DSC02

Мицкоски од Гевгелија: За еден месец рангирањата покажуваат хибриден режим, најкорумпиран систем и одлив на мозоци

Како продолжение на акцијата Обновата пред вашиот дом и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во вашиот град, денеска Мицкоски во Гевгелија.Вчера бевме во Радовиш, минатата недела бевме во Прилеп, продолжуваме и во останатите градови од Македонија. Разговараме со бизнис заедницата, разговараме со други целни групи, разговараме со граѓаните околу реалната состојба во државата.Она што можам ние како ВМРО-ДПМНЕ да го вклучиме во нашата предизборна програма, но и онака кое што цениме дека практично ќе дојде како корисен совет и корисна навигација од страна на сите овие целни групи, вклучително приоритет даваме на стопанството бидејќи без здрава економија, без здрав реален сектор државата не може да напредува, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.Тој додаде:Денеска сме овде во Гевгелија, посетивме два такви стопански производни капацитети, разговаравме со сопствениците и мислам дека корисни заклучоци произлегоа од тие состаноци. Дел од тие препораки се веќе предвидени во рамките на програмата „Обнова на Македонија“, но дел ќе бидат и предвидени.Но, она што останува навистина траорно и она што станува тешко се сите оние порази кои што практично изминатиот месец веднаш после отпочнувањето на новата 2020 изборна година ги доживува нашата земја, а тоа се сите оние порази на ранг листи на реномирани светски институции како што е ова веќе последното дека Македонија е меѓу првите во Европа по одлив на мозоци. Потоа претходно имавме исто тава една статистика објавена од страна на реномираниот економист дека практично Македонија е меѓу водечките земји во Европа по невработеност кај младите.Потоа тука дојде онаа листа која што ја објави Транспарентност Интернационал каде што Македонија е меѓу најкорумпираните држави во Светот на 106 место, практично пад од цели 12 места, падот на индустриското производство, падот на бројот на вработени во рамките на индустријата, сето она што беше наречено хибриден режим од истиот оној „Економист“, сите оние скандали, корупција во здравството во сите сфери практично не треба да ги обесхрабруваат граѓаните, но сепак треба да останат запаметени дека причинител на сите овие неправди е Зоран Заев и СДСМ.ВМРО-ДПМНЕ затоа е заедно со граѓаните, затоа Обновата е пред вашиот дом, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ од вашиот град е заедно со граѓаните, со бизнис заедницата и останатите целни групи, за да можеме сето она кое што го планираме да го добиеме како потврда од страна на нашите соговорници. Но и она кое што не е дел а би требало да биде вклучено во нашата изборна програма да го вклучиме соодветно на нашата предизборна стратегија, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Vmro-tasna

УМС со пародија пред Владата: Ги најдовме Луј Витон торбите кај Заев, еве пари за кичма

Главното прашање која ја мачи македонската јавност  веќе подолг период е каде се парите од рекетот собрани во скапите Луи Витон торби. Еве денес можеме да соопштиме дека беа најдени, и тоа кај Мирчо Свињарникот во Струмица. Сите 8 торби Луи Витон , во секоја по еден милион евра Рекет, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Овие пари ги донесовме овде пред владата, кај сопственикот на тој рекет. Така важи правилото за бон тон- Изгубеното секогаш се враќа кај сопственикот.Од овие пари има за сите.Нормално најголем дел од нив припаѓаат кај оној кој највеќе се измачил за овој рекет браќата Далтон Зоран и Вице Заев.Од овие рекетирани пари може владата на Зоран Заев да си купи и кичма, бидејќи оваа ја искривија и целосно ја расходуваа.Од рекетираните пари може да си купат и нов мерцедес, зошто овој не го продадоа, а нели мачки и го изгребаа.Од рекетираните пари може да се подмират дури и Рускоска и Кацарска, зошто не бива да се утепуваат од водење прогон, а евро да не припадне за нив. Нека ја копираат Заевата братска делба: евро за Рускоска, евро за Кацарска.Од овие пари има и за нови сателит партии на Зоран Заев, иако таквите може и од свој џеб да се финансираат.Од рекетираните пари ќе има и за нови жардињери и цвеќиња зошто на тендер се трошат 2.5 милиони евра државни пари.Од рекетираните пари може да се финансира и нова луда забава за правење на мафини на Коста Петров, Мила Царовска, Сања Лукареска додека народот гладува. За нив поважни се мафините од изградбата на нови студентски домови.Овде има пари и за лекување на фобијата на Дамјан Манчевски од мотика.Овде има пари и за нов тендер на Филипче и скап пејач и луди забави на Шилегов. Ах извинете впрочем нив и не им требаат пари, веќе направија со тони.Се разбира ние мислиме за Шекеринска. Овде во Луi Витон торбите има пари и за проширување на викендицата во Маврово, бидејќи 300 квадрати не се доволни.Ќе има и за нови скијања за семејството Заеви, за нови чевли кои треба да се купат и наредат овде пред владата за да се прикажат оние 200 илјади кои не напуштија за 3 години никогаш нема да се вратат .Овде има пари да си купат и за ново достоинство и чест.Всушност треба да разберат дека тоа не се купува исто како и чистиот образ.Шегата настранаДа се вратиме во реалноста.Ги оставаме торбите да се спакуваат и да си заминат. А мора да си заминат за да повеќе младите не си заминуваат, за да може младите да ја исправат кичмата која тие ни ја виткаат. За да може да се избориме за достоинство, разбирање и шанса која им треба на младите. 12 ти април е одговорот, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

0202020-1230x647

Денеска е магичен ден, слична ситуација ќе се случи дури за 101 година

Денешниот ден е посебен за целата планета. 02 февруари 2020 год е датум кој идентично се чита и од лево надесно и обратно. Пробајте. 02.02.2020...Она што е посебно значајно е тоа што последен пат ваква ситуација сме имале пред повеќе од 900 години. Тоа било на 11 ноември 111 година, пишува Bild.de.Следен пак ваков датум доаѓа за 101 година – 12 декември 2121 година , наредниот за 909 години на 03 март 3030 год ....Овој број во светот уште од 17 век е познат како палиндром, иако корените му се врзуваат за античка Грција.  Тоа значи дека означува поими кои и однапред и одназад како и да ги читаш не им се менува значењето. Таков збор пример е „Мадам“.Ова е магичен број во нумерологијата и астрологијата.Покрај тоа што 2 февруари 2020 год атролозите го прогласија за датум за склопување брак, нумеролозите предупредуваат дека специфичниот низ на бројки може да донесат прусуден момент на нашите животи и да ни донесат големи промени.Овој ден е посебно важен за жените затоа што се исполнети со Јупитерова енергија, па тие ќе имаа поддршка за да создадат вистински чуда.- Ова е одличен ден да си ги остварите вашите желби. Треба само да замислите дека вашата цел е остварена затоа што визуелизацијата има посебна моќ на овој датум.- 2 февруари е одличен ден да им простите на сите кои ве имаат повредени. Време е на тој начин да се ослободите од токсичните луѓе и емоции кои долго ве мачат.- Покрај простувањето, на овој ден треба да се ослободите од сите негативни мисли и да бидете подготвени да и вие од некого побарате прошка.- Ослободете се од завист, љубомора, помагајте им на другите и правите добри дела.фото: Mimikama 

Магазин | пред 6 години

zena-vozilo

Досие.мк (ФОТО) Жена пуши во кумановско амбулантно возило

Слика и видео од непознати луѓе во амбулатно возило ги шокира минувачите кога видоа дека во возилото се пуши, објави DOSIE.MK.На фотографијата која ја објави порталот се гледа како жена седната во задниот дел од возилото е со цигара в рака додека возилото е во движење.Амбулнтното возило е со кумановски регистраски таблички.Извор: DOSIE.MK.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Секоја држава има своја мафија, само во Македонија мафијата доби своја држава

Се случи "Рекет1" и „Рекет 2“.Генерален секретар на Влада договора тендер од 8 милиони евра. На Игор Спасов, убиецот на Мартин Нешкоски му беше дозволено да излезе од затвор, за потоа тој да избега. Во 10 дена, фирми блиски на Заеви добиваат лиценци за извоз на марихуана. Зоран и Вице Заеви купувале гласови за избори. Кога Заев се заканува на бизнисмени пред гласање, кога се гласа за 3 секунди, кога има крвави тендери, кога има криминални иновации, кога Курто Дудуш тепа граѓани, кога Павле Богоевски нарачува „полче“, Обвинителството молчи, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕМолчат.Секоја држава има своја мафија, само во Македонија мафијата доби своја држава. И еден човек е најодговорен за сето тоа.Заев е виновен, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Град Скопје со зголемени субвенции за чистењето на оџаци во Скопје

Градот Скопје наскоро ќе објави Јавен повик за субвенционирање на домаќинства и на други субјекти  на подрачјето на Град Скопје за чистење оџаци за 2020 година.Со овој повик, Градот Скопје ќе надомести дел од трошоците на домаќинства и на други субјекти за чистење на оџаците, во нето износ најмногу до 1.200 денари, а на јавниот повик можат да учествуваат физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на Град Скопје. Изминатите години субвенцијата беше во износ најмногу до 1.000 денари.Субвенциите ќе важат и за исчистени оџаци од 01.01.2020 година, а јавниот повик кој ќе се реализира по принципот„прв дојден прв услужен“ ќе биде отворен до 30.11.2020 година или до реализирање на средствата во износ од 2 милиони денари предвидени за оваа намена со Буџетот на Град Скопје за 2020 година. На јавниот повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните и други субјекти за чистење на оџаците може да учествуваат физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на Град Скопје.Чистењето на оџаците придонесува за намалување на аерозагадувањето во текот на грејната сезона.фото: Град Скопје 

Скопје | пред 6 години

corona

Компанијата за пиво „Corona“ нуди 15 милиони долари за промена на името

Constellation Brands, компанијата зад пивото Корона, понудиле  15 милиони американски долари за да помогнат во промената на името на коронавирусот  во BudLightvirus.Од раководството на компанијата  се „неверојатно загрижени“ поради  зголемувањето на публицитетот на смртоносниот вирус, што досега уби над 100 луѓе и ветија првични 10 милиони американски долари за промена на името Коронавирус во „буквално нешто друго“ со дополнителни 5 американски долари милиони ако промената на името е BudLightvirus.фото: Burrard Street Journal 

Магазин | пред 6 години

1-1

Богоев ќе учествува на националниот молитвен појадок во Вашингтон

Членот на Извршниот одбор на СДСМ и градоначалник на Општина Карпош, Стефан Богоев ќе биде во официјална посета на Соединетите Американски Држави, при што ќе учествува на Националниот молитвен појадок, кој ќе се одржи по 68 – ми пат, а е во организација на претседателот на САД, Доналд Трамп.Богоев ќе има средби со повеќе конгресмени, како и со претставници од Националниот демократски институт (NDI) и Меѓународниот републикански институт (IRI).Националниот молитвен појадок обединува повеќе од 3.500 гости, претседатели, премиери, политичари, претставници од бизнис секторот, верски лидери и истакнати личности кои зборуваат на различни политички и социјални теми.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

tepacka2

Фрлиле запалива течност на паркинг простор, па нападнале едно лице

На 31.01.2020 во 21.00 часот во СВР Куманово, Ј.К. пријавил дека на паркинг простор на ул.„Октомвриска револуција“ во Куманово, непознати лица фрлиле запалива течност. На местото на настанот излегле полициски службеници од СВР Куманово, каде од В.Т.(26) од Куманово им било пријавено дека на истото место, околу 21.00 часот, неколку лица физички го нападнале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Уште два дена сонце и пролетни температури, после дожд и снег

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.  Утринската температура ќе се движи од минус еден до три степени, а дневната од девет до 17 степени.Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец и со дневната температура до 13 степени.Поголема промена на времето се очекува од вторник кон крајот на денот, која ќе биде проследена со зголемување на облачноста, засилен ветер и значително опаѓање на температурата. Во текот на ноќта кон среда и во среда во пониските места ќе има врнежи од дожд и снег, а на планините и повисоките места од снег.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

02-Hereditary-Fructose-Intolerance

Ги запознаваме ретките болести: Наследна нетолерантност кон фруктоза – Фруктосемија

Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 или 29 дена ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести во Република Македонија.Секој ден ќе Ве запознаваме со по една ретка болест и ќе се обидеме да добиеме одговори на многу отворени прашања, а ќе се слушне и за предизвиците и проблемите со кои се соочуваат овие лица и нивните семејства. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков лек? Колку и дали воошто се пристапни и достапни лековите?…Наследна нетолерантност кон фруктоза – ФруктосемијаHereditary Fructose IntoleranceMKB Е74.1Наследната нетолеранција кон фруктоза се среќава и под имињата: Фруктосемија, Фруктоза алдолаза Б-недостаток, Фруктоза 1,6 недостаток на бифосфатна алдолаза. При ова заболување пациентите имаат недостаток на протеин кој ја разградува фруктозата. Фруктозата е овошен шеќер кој природно се создава во телото. Луѓето исто така создаваат фруктоза која се користи за засладување на различна храна, како и на храна за бебиња и пијалоци.Причини за појава на нетолеранција кон фруктоза и инциденца:Оваа состојба се случува кога во организмот има недостаток на ензим наречен алдолаза Б, ензим потребен за разградување на фруктоза. Ако личноста без овој ензим внесува фруктоза и сукроза, комплицирани хемиски промени се случуваат во телото. Телото не може да го промени енергетскиот материјал – глукоген во глукоза. Како резултат на тоа, шеќерот во крвта паѓа и опасни супстанци се напластуваат во црниот дроб. Ова зболување е наследно, што значи дека се пренесува во семејството. Ако двата родитела се носители на абнормален ген, секое од нивните деца има 25% можност да заболи од нетолеранција кон фруктоза. Состојбата се јавува на 1 од 20.000 луѓе во Европските земји.Симптоми:Раните симптоми се слични како они при галактосемија. Подоцнежните симптоми се поврзуаваат со болести на црниот дроб. Некои од симптомите кои се појавуваат се: конвулзии, екцесивна потреба за спиење, иритабилност, слаб апетит, проблеми после јадење на овошје и храна богата со фруктоза, повраќање, болки во стомакот.Дијагноза:Физичкиот преглед покажува зголемен црн дроб или слезина – хепатоспленомегалија, жолта боја на кожата и на белките од очите. Тестови кои ја потврдуваат дијагнозата се: тест за згрутчување на крвта, тест за шеќер во крвта, ензимски тестови, генетски тестови, тестови за функција на бубрезите и на црниот дроб, биопсија на црниот дроб, тестови на урична киселина во крвта, анализа на урината. При овие тестови шеќерот во крвта е низок, особено после внесување на фруктоза или сукроза, а нивото на урична киселина е високо.Третман:Ефективен третман за повеќето пациенти е отстранување на фруктозата и сукрозата од исхраната. Компликациите се третираат. На пример некои пациенти примаат лекови за намалување на уричната киселина во крвта со што се намалува и ризикот од појава на гихт. Лекот за оваа болест би бил замена на генот или на активноста на алдолаза Б ензимот, директно во црниот дроб, бубрезите и внатрешните органи. Денес не постои таков лек, но се истражува за да се открие нешто што би помогнало при ова заболување.Прогноза:Наследната нетолеранција кон фруктоза може да биде во блага и во тешка форма. Кајповеќето деца им помага диета со избегнување на фруктоза и сукроза во исхраната. Оние со тешка форма може да развијат сериозна болест на црниот дроб. Колку ќе биде подобар квалитетот на животот зависи од тоа колку рано е поставена дијагнозата, колку рано се врши рестрикција на фруктозата и суркозата од исхраната и колку добро работи ензимот во телото.Компликации:Компликации кои може да настанат се: крварење, гихт, дисфункција на црниот дроб, низок шеќер во крвта, напади, но и смрт.Кампањата „Ги запознаваме ретките болести 2020“, која ја реализираат активистот Гордана Лолеска, охридското Супер радио и Здружението „Живот со предизвици“ ќе се прикажува на 40 национални, регионални и локални медиуми ширум државата. Оваа година, покрај стандардните дијагнози изработени на македонски јазик, проектот доби и албанска верзија и верзија на знаковен јазик, со оглед на тоа што околу 400 ретки дијагнози вклучуваат помала или поголема загуба на слухот. Проектот ги надмина и локалните граници и ќе се емитува на бројни медиуми во Албанија и Косово. Новина оваа година е и тоа што емисиите се изработени и на знаковен јазик.Првиот ден на ретки болести беше одбележан во 2008 година, точно на 29-ти февруари, „редок“ датум кој се случува само еднаш на секои четири години. Од тогаш, Денот на ретки болести се одржува секоја година на последниот ден од февруари, месец познат по тоа што има „редок“ број на денови. Денот на ретките болести е меѓународна кампања за подигнување на свеста за ретките болести. Од почетокот во 2008-ма година, илјадници настани се организираат низ целиот свет и опфаќаат милиони луѓе. Кампањата започна како европски настан и со текот на времето стана глобален феномен, со учество на над  90 земји од целиот свет во 2018 година. Република Македонија за прв пат се вклучи во одбележување на овиј редок ден во 2013-та година.Кампањата за Денот на Ретки Болести е за пошироката јавност, за релевантните институции и секој е добредојден да се придружи: пациенти и семејства, организации на пациенти, медицински професионалци, истражувачи, фармацевтска индустрија, јавни здравствени институции – колку повеќе не има, толку подобро. Денот на ретките болести е можност за учесниците да бидат дел од глобалниот повик кон креаторите на политики, истражувачите, компаниите и здравствените професионалци повеќе и поефикасно да ги вклучат пациентите во истражувањата за ретки болести.Вклучете се!

Македонија | пред 6 години

novo-arheolosko

МКД.МК: Ново археолошко откритие на професорот Лилчиќ,ткриен е досега најголемиот воен логор на последниот македонски крал Персеј

Во близина на селото Азот, по долината на реката Бабуна, откриен е досега најголемиот воен логор на последниот македонски крал Персеј. Ова наоѓалиште Кале каскади е во близина на една голема древна некропола во која биле погребани веројатно над илјада македонски воини кои го бранеле патниот коридор кон пелагонските градови, изјави Виктор Лилчиќ, македонски археолог и професор по археологија на Филозофскиот факултет во Скопје, за МКД.МК.Тој апелира за заштита на ова наоѓалиште од дивите копачи и бара помош за продолжување на ископувањата.Наодите на фотографиите се откриени од истражувањето на некрополата во рамките на минатогодишниот проект на НВО Центар за археолошки истражувања Скопје и Филозофскиот факултет Скопје „Пелагонија, Повардарието и источна Македонија, рекогносцирање на старите градови и тврдини“.Текстот во целост на: МКД.МК

Македонија | пред 6 години

pozar-pak

62 годишен жител на Марино приведен откако запалил ѓубриште

На 31.01.2020 полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.А.(62) од с.Марино, поради тоа што во близина на Аеродромска база Брест запалил ѓубриште. По добиената пријава во 13.40, на местото на настанот излегле полициски службеници од Полициско одделeние Петровец и го затекнале М.А.. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Скопје. По целосно документирање на случајот, против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

penzioneri

Пензионерите ќе добијат за 722 денари повисока јануарска пензија

Пензионерите ќе добијат за 722 денари повисока јануарска пензија. Вицепремиерката за економија Мила Царовска вели дека покачувањето се должи на зголемените приходи во Фондот за пензиско осигурување од страна на вработените лица.,,Покачувањето се базира и на приходите кои се зголемија кај работоспособното население и минималната плата која само во минатата година се зголеми за 15 отсто, а просечната плата за 5 проценти. Законски се утврди трето дополнително усогласување на пензиите во нашата држава за сите пензионери со зголемувања од пет проценти вкупно. Со ова добиваме просечната пензија оваа година да изнесува 15.500, а за две и пол години таа пораснала за 1.746 денари, изјави Вицепремиерката Царовска.Соодносот во пензискиот фонд сега е на 1.8 вработени, еден пензионер, а за да биде самоодржлив,  според Царовска , тој сооднос треба да биде на тројца вработени еден пензионер.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

pozarna

Опожарени погони на четири фирми во Струмица

Пожар изби во погоните на четири фирми на улицата „Климент Охридски“ во Струмица, за што вчера било пријавено во СВР Струмица. Пожарот бил изгаснат од Противпожарната единица од Струмица.Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица и од Дирекцијата за заштита и спасување. За настанот е запознат и Јавен обвинител.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

sasa

Саша Ковачевиќ приведен на аеродромот во Њујорк

Српскиот пејач Саша Ковачевиќ, имаше проблем на пат за Доминиканска Република, кеде со брат му Раде и цела екипа отидоа да снимаат четири спота. На аеродромот во Њујорк го привела полиција.Го тргнаа од редовниот лет, го одведоа во посебна просторија и таму го држеа неколку часа. Бесен беше, раскажува пријател за „Свет“.На крај, се покажало дека бил приведен поради грешка, но и поради заострените мерки на аеродромите низ САД. Но, ова го чинело Ковачевиќ доста, бидејќи го пропуштил редовниот и морал да купи нови карти за следниот лет.фото: Архива

Магазин | пред 6 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) ТВ Алфа: Преспанско езеро пред катастрофа, изгубиле во кубикажа некаде околу две дојрански езера

Дали некој можеше да претпостави дека на Преспанското езеро ќе му се закани слична судбина како на Балатон во Унгарија, кое речиси дојде до пресушување. Со Баба планина и Галичица без снег, со 80- 90 отсто пресушени сливни подрачја, со водени површини под нултата кота од 3 метри и шеесет сантиметри, со исцедување на водените ресурси од два метри за една и пол година?  Денеска, објективот на ТВ Алфа кај Асамати, долови една апокалиптична слика која ја споделивме со тамошните рибари, објави ТВ Алфа.Се надевам дека оваа алармантна состојба на Преспанското езеро ќе ја согледаат сите и ќе ја дигнеме на едно високо ниво, ако треба и глобално, за да не ни дојде како ситуацијата бво Маџарска кога Балатон пред 4 години доживеа еколошка катастрофа – рече Наумче Ставрвевски, концесионер на Преспанското езеро.Последиците допрва ќе се согледуваат, а први на удар ќе бидат рибите.Со едно метро и деведесети ичетири сантими, ние сме изгубиле во кубикажа некаде околу две дојрански езера. Тоа е факт. Како го афектира рибниот фонд? Ако изгубите милиони кубици на вода, се намалува капацитотот на кислородот на водата и таа риба се однесува поинаку од пред четириесет години кога водата во Преспанското езеро била чиста – рече Ставревски за ТВ Алфа.Текстот во целост на: ТВ АЛФА 

Македонија | пред 6 години

siluvanje

23 годишно момче извршил обљуба врз малолетничка, па се јавил на татко ѝ

На 31.01.2020 во с.Трипатанци, пробиштипско, Т.С.(23) од с.Трипатанци бил лишен од слобода, бидејќи на 30.01.2020 околу 23.00 часот, со изговор за заеднички брачен живот, извршил обљуба врз малолетничка, по што на 31.01.2020 во 12.00 часот пријавениот му се јавил на нејзиниот родител и му соопштил дека малолетничката ја однел во својот дом. По целосно документирање на случајот, против Т.С. ќе биде поднесенa кривична пријава по член 188 од КЗ.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања