Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

dzip

Џипот кој сношти гореше во Охрид бил во сопственост на граѓанска организација

На ден 31.01.2020 година,  во 20.54 часот, во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во  патничко возило паркирано на ул.„АСНОМ“ во Охрид. Од извршениот увид е констатирано дека возилото е сопственост на граѓанска организација, а претходно било управувано од Т.Л.(59) од Скопје. Пожарот е локализиран и изгаснат од Територијалната противпожарна единица Охрид.фото: Скопје 1

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Истрага за косовски државјанин кој се обидел да се внесе кокаин во затворот Идризово

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против косовски државјанин за кој постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик.Осомничениот, на 31 јануари, во просториите на Казнено-поправната установа “Идризово” во Скопје, при редовна посета на осудено лице, неовластено заради пренесување држел наркотична дрога – кокаин со нето маса од 89,96 грама.При влезот во установата, осомничениот на затворскиот полициски службеник му предал пакет наменет за осуденото лице, во кој имало и една јакна. По извршениот претрес на пакетот, во внатрешниот џеб од јакната, во најлонско пакување обвиткано со селотејп, била пронајдена наркотичната дрога – кокаин.Надлежниот јавен обвинител на судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје му предложи да определи мерка притвор за осомничениот поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците и можност да го повтори кривичното дело. Судијата го прифати предлогот и на осомниченото лице му определи притвор во траење од 30 дена.​фото: Архива

Македонија | пред 6 години

1-1

Стефан Богоев поканет на молитвен појадок кај Доналд Трамп

Градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев во понделник ќе ги посети Соединетите Американски Држави на Националниот молитвен појадок, чиј покровител е претседателот на САД, Доналд Трамп. Тој на ФБ најави дека ќе има средби со повеќе конгресмени, како и со претставници на National Democratic Institute и International Republican Institute (IRI). Богоев на ФБ напиша:-Од понеделник, ќе бидам во посета на Соединетите Американски Држави, при што ќе учествувам и на Националниот молитвен појадок. 🇲🇰🤝🇺🇸Ќе имам средби со повеќе конгресмени, како и со претставници на National Democratic Institute и International Republican Institute (IRI).Овој настан обединува повеќе од 3.500 гости, светски лидери, претставници на бизнис секторот, верски водачи и истакнати личности кои зборуваат на политички и социјални теми.https://www.facebook.com/stefanbogoevkarpos/posts/10216686692421244фото: ФБ

Скопје | пред 6 години

Hristijan-Mickoski-intervju-8-Custom-960x686

Мицкоски: Кога ќе ветам победа, мислам на победа на изборите и формирање на влада

Ќе се откажам од дел од привилегиите кои следуваат со функцијата, ќе предложам на седница на влада мерки за намалување на даноците, нешто чии детали ќе ги објавам во периодов што следи, и ќе предложам акциски план за младите и пензионерите со чии мерки ќе се влијае на подобрување на нивната состојба, вели Христијан Мицкоски, челникот на ВМРО-ДПМНЕ, во разговорот за Прес24 објавен во саботата.„Луѓето со нас можат да бидат комотни и сигурни дека тоа што ќе го ветиме и ќе го исполниме. Кога ќе ветам победа, мислам на победа на изборите и формирање на влада. Не чув од Заев да одговори на вакво прашање, а нема да одговори зошто знае дека ќе загуби. Македонија мора да го надомести загубеното и да оди вистински напред“, вели Мицкоски во интервју за Прес24.Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, сепак, не открива кои се неговите адути за носители на шестте изборни единици, но најавува „многу нови имиња“ во политичката сцена.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

krst-probistip

(ФОТО) Две недели по Водици пронајден крстот во Пробиштип

На Богојавление попот во Пробиштип мораше двапати да фрла свет крст во базен, зошто првиот и покрај упорноста на верниците кои скокаа по него, сепак не можеа да го најдат.Но, две недели подоцна крстот конечно беше пронајден во големиот базен на пробиштипскиот Аквапарк.-Еве го кој вика дека го нема…, стои во постот на Аквапаркот каде се одржуваше фрлањето на крстот на 19 јануари.фото: ФБ

Македонија | пред 6 години

ljutkov

Со Предлог-законот за култура СДСМ ги брише националниот и државниот интерес во културата

Власта којашто е на чекор од заминување сега навлегува во суштинско менување на закон којшто ја регулира сета културна дејност во Република Македонија, преку менување во Закон за јавен интерес во културата.Предлог-законот којшто од следната работна недела треба да се најде пред пратениците, воопшто не ги исполнува методолошките и номотехничките стандарди за изработка на прописи од ваков тип. Правните празнини и недоречености во него отвораат можност за мноштво проблеми во неговото спроведување, односно за негово толкување, што отвора простор за арбитрирање на власта во процесот на толкување и примена на едно вакво законско решение кое ја регулира клучна идентитетска област на една современа држава, истакна Зоран Љутков од ВМРО ДПМНЕ.Предлог-текстот е изработен и протнат до Собранието на „мала врата“ и без соодветна стручна и јавна дебата, за да се да се изврши со него целосно преформулирање на националниот и на државниот интерес во ЈАВЕН интерес. Целосното бришење и ништење на националниот и државниот интерес во културата е без преседан во законодавствата на европските и современите демократии. Без општ консензус во дефинирањето на државниот, националниот и јавниот интерес, ваков закон уште на самиот почеток е неодржлив.Од гледиште на меѓународната културна соработка, што е показател за односот кон една од трите стратешки одредници на европската надворешна политика, целосно е исклучено дефинирањето на меѓународната културна соработка и културната дипломатија, остварувањето на државниот и националниот интерес во нивната презентација пред странски публики.Се наметнува впечатокот дека со ваков закон власта се обидува да ја „ослободи“ државата од бројни важни и репрезентативни национални установи, препуштајќи ги на локалните самоуправи - без неопходна и издржана анализа, без соодветна стратегија и методологија, без диференција на установите и нивната државна, регионална и локална важност. Ова остава впечаток дека изготвувачот на законот има само една и единствена цел, под плаштот на децентрализација во културата да го симне товарот на финансирање и поддршката на бројни успешни и репрезентативни национални установи и тоа да го препушти на општините.Истовремено, Предлог-законот ги укинува и националните пензии на врвни репрезентативи на македонската култура, со дрско образложение дека тие „не придонесуваат за развој на културата“, сметајќи ги за ставка „трошок“ во државниот буџет.Законот според власта треба да предвиди зголемен, но недефиниран обем на дискрециони права на министерот за култура, за што инсистираме на повлекување на текстот и отворање на широка дебата за законското дефинирање на правата на министерот за култура, со што би се спречиле идни односи во културата градени на волунтаристички, арбитрарни и клиентелистички основи.Оттука, сега само ќе предочам само неколку загрижувачки факти од обидот на власта за длабоко навлегување во културната сфера:Целосното бришење на предзнакот „национален“ интерес, којшто би се заменил со „јавен“, со што се брише македонскиот карактер на културата, а таа станува култура на недоволно дефинирана заедница.Јавниот интерес во културата е заеднички именител и за државниот и за локалниот интерес во културата, но тие интереси не се јасно дефинирани во Предлог-законот.Новиот Предлог-закон не нуди нови елементи за развој на културата, и во себе не содржи јасни утврдени мерила и критериуми кои би овозможиле квалитативна селекција и поддршка на проектите од областа на културата и рамноправен третман.Со други зборови, во смисла на Законот, културата не е воопшто дефинирана. Овој Закон овозможува некои субјекти под превезот „јавен интерес“ да добијат повластувања за реализација на нивните проекти, исто колку и националните институции и стожерите на македонска култура. Уште поверојатно - наместо нив!На ова се надоврзува и укинување на титулата НАЦИОНАЛЕН УМЕТНИК. Се укинува поттикот за уникатно творештво, исклучителноста на делото, високи вредности во уметноста. Се укинува било каков критериум во културата, за сметка на останатите кои сакаат да бидат уметници, што значи деградирање и релативизација на успешноста и достигнувањата на македонската културата.Во делот на финансирањето не се нуди нов модел на финансирање, туку се воведува само нов, уште еден конкурсен рок, што доведува до субјективно оценување заради евидентното отсуство на критериуми и мерила.Воедно, Предлог-законот предвидува и објавување на ад-хок повици за други конкурси, што, пак, е во директна колизија и укажува на непостоењето јасна стратегија за развој на културата. Предлогот за повеќегодишно, односно тригодишно финансирање на начин и постапка пропишани со општ акт донесен од министерот за култура, повторно укажува на субјективност и произиволност во спроведување на повиците.Ова е Предлог-закон во којшто се директно вградени политичките решенија на власта, политички инструмент за остварување на интересите само на поединци. Овој предлог-текст е креиран во согласност со интересите на мала група поединци кои се дел од комисиите и групите кои беа именувани од националниот координатор за култура Роберт Алаѓозовски.Со други зборови, со ваков Предлог-закон власта во заминување сака да создаде амбиент за да се фаворизираат и понатаму поединци и целосно ја покрие нивна активност и дејност во сите фази, со неизоставна, законски утврдена поддршка од државата, истакна Зоран Љутков.видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Единствена Македонија до власта и амбасадорите: Престанете да лажете дека Преспанскиот договор не може да се поништи

Власта на Зоран Заев и одредени амбасадори во Скопје мора да се во очај што во изминатите денови водат силна медиумска кампања дека Преспанскиот договор не може да поништи и дека тоа е завршена работа, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Ја информираме јавноста да го заборави ова. Договорот за промена на името со кој се брише името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ е ништовен според меѓународното право. Значи, потребно е само да дојде народна власт со определба за поништување на преспанскиот договор.Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа веќе се завети пред Природата, Господ, Македонскиот народ и државјаните на Република Македонија дека антимакедонските договори ќе бидат поништени. Планот и визијата за поништување се дадени во Платформата насловена како „Битка за Македонија која веќе три месеци се дели низ Македонија во 100.000 примероци од тимот предводен лично од претседателот на Единствена Македонија.Новата легална власт на Единствена Македонија ќе ја почитува волјата на народот од референдумот на 30 септември 2018 дека не сака во ЕУ и НАТО и промена на името и ќе ја придружи Македонија во сојузи и меѓународни организации согласно волјата на македонскиот народ и државјаните на Република Македонија, се вели во соопштението од Единствена Македонија.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

policija-123

Иницијативи за поведување на дисциплинска одговорност против двајца полицајци, ги попречувале Алфите да работат

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и профисионални стандарди достави писмено известување до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Одделение за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција против полициски службеник, кој на 30.11.2019 во хотел во Скопје, додека не бил на должност, ги попречувал полициските службеници од ЕПОИ Алфа при преземањето на службените дејствија, со што постапил спротивно на член 2 став 3 и став 6 од Правилникот за начинот на однесување и меѓусебните односи на полициските службеници.Полицискиот службеник, кој не бил на должност и бил во друштво со контролираните лица во хотелот, со своето однесување и давање совети на контролираните лица да не дозволуваат да бидат легитимирани и да не дозволуваат да им се изврши преглед на возилата, ги попречувал полициските службеници од ЕПОИ Алфа при преземањето на службените дејствија, со што постапил спротивно на член 2 став 3 и став 6 од Правилникот за начинот на однесување и меѓусебните односи на полициските службеници.Во врска со истиот настан од 30.11.2019, на 15, 16 и 17.01.2020 од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и профeсионални стандарди биле извршени проверки во Единица за насилен криминал СВР Скопје. На наведениот датум биле упатени закани кон полициски службеници од ЕПОИ Алфа при СВР Скопје за што на 02.12.2019 се поднесени материјали за примање на пријава по чл.144 од КЗ на РСМ „Загрозување на сигурноста“ во СВР Скопје од полициските службеници од ЕПОИ Алфа. По извршените проверки и увидот во службените материјали, констатирано е дека раководител на смена во ЕПОИ Алфа при СВР Скопје, кој бил присутен при контролата на 30.11.2019, не го документирал и не го пријавил на надлежните служби кривичното дело и прекршоците што се случиле во хотелот, туку целосното документирање и пријавување на настаните од 30.11.2019 го организирал на 02.12.2019, и тоа по барање на заменикот началник на ЕПОИ Алфа, со што постапил спротивно на член 11 став 2 од Правилникот за начинот на вршење на полициските работи и спротивно на член 14 од Закон за Полиција.Воедно, против двајцата полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и профисионални стандарди, поднесени се иницијативи за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

policija-1

Двајца скопјани нападнале полицајци пред кафана во Драчево

Двајца скопјани нападнале полицајци пред угостителски објект во Драчево.Според информациите на МВР, инцидентот се случил ноќеска околу 2 и 20 часот по полноќ на улица Бранко Заревски.„Полициски службеници ги лишиле од слобода С.А.(48) и Г.В.(49), и двајцата од Скопје, поради физички напад и спречување на полициските службеници при преземање на службени дејствија. Лицата се предадени на полициски службеници од Полициска станица Драчево и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветени поднесоци“, велат од МВР.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

migranti_kola

Пронајдени 14 мигранти во возило на автопатот Гевгелија -Демир капија

На паркингот „Милетково“, на автопатот Гевгелија – Демир Капија, вчера бил приведен С.А. (25) од село Студеничани, Скопско, кој управувал патничко возило „фолксваген фејтон“, со регистарски ознаки од друго возило.Во возилото биле пронајдени 14 лица-мигранти (12 од Авганистан и двајца од Сирија).С.А. и лицата-мигранти се предадени на полициски службеници од СВР Струмица за понатамошна постапка, соопшти МВР.фото: Архива  

Македонија | пред 6 години

Naum-IZJAVA-2412-2

Стоилковски: Власта да постапи по укажувањата на ДКСК и да сопре со изборна корупција

Паниката од поразот ја тера власта во заминување на изборната корупција преку вработувања до тој степен, што дури и ДКСК реагираше и го оцени како несоодветно за овој период. Оваа криминално рекетарска власта три месеци откако се договорени избори не сопре со изборната корупција преку вработувања. Само во два месеци спроведени се преку 6.000 партиски вработувања, и тука не се оние вработувања и огласи распишани во јануари, истакна на денешната прес конференција Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Само во Македонски шуми за изборна корупција, за изборен поткуп на гласови распишаа огласи за 536 за времено вработување во претпријатие кое и сега според сознанијата исплаќа плата од позајмици. Ова е не само срамно, туку и целосно го нарушува изборниот амбиент, атмосферата за фер и демократски избори- главен предуслов за Европската Унија.Ова е класична злоупотреба, класична политизација и партизација на администрацијата, ова е оптоварување на јавната администрација и на буџетот, само и само заради стравот на СДСМ од изборниот пораз.Исти се огласите за стотици нови вработувања во ЕЛЕМ, во МЕПСО, во Царина, во Градот Скопје со нивните јавни претпријатија. И тие и овие огласи во Македонски шуми се отворена корупција, отворено купување гласови.Ова е игра со чувството и потребата на човек за да работи и заработи. Ова е залажување на граѓаните кои што се во незавидна позиција и  положба да прифатат вработување на определено време, со надеж, дека ќе бидат трајно вработени доколку го поддржат тој што овие три години ги држи во таква незавидна позиција. Тоа е изборна корупција.Тие луѓе можеа да бидат вработувани на огласите на Македонски шуми на кои што минатите две години беа вработувани партиски кадри на СДСМ, роднини и пријатели на функционери на СДСМ, синови, ќерки и внуци на директори на подружници и сектори на истото јавно претпријатие, роднини, деца, внуци на градоначалници, на референти, на други раководни лица, нови и нови вработени со една заедничка линија, партиската определба како основа за вработување во администрацијата на ова ЈП.Власта мора да постапи откако ДКСК се одважи по примарната надлежност, спречување на корупцијата. Потребни се зафати да се сопрат дејствијата, односно, да се спречи фактичката реализација на корупцијата.СДСМ е изворот за сите порази, измами и криминали во државата и за тоа на 12 април ќе понесе одговорност! Заев и СДСМ никогаш повеќе, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

image-01-02-20-11-38

Божиновски: Што се случи со Регистарот на дивоградби и зошто не е достапен за јавноста?

Власта на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески не ги спроведуваат активностите за исполнување на препораките од УНЕСКО. Пред самиот истек на рокот се фалат со сработеното, а тоа според стручната јавност е само шминка, истакна Перчо Божиновски, портпарол на ОК Охрид.Градоначалникот Георгиески лицемерно најавуваше справување во секунди и лажно објавуваше борба со дивоградбите.До каде е уривањето на сите дивоградби?Зошто не се урива бетонската база?Зошто не се почитува мораториумот за градба?Што се случи со Регистарот на дивоградби и зошто не е достапен за јавноста?Дали му се врзани рацете на Георгиески поради спроведениот изборен инжинеринг?Неспособноста на СДСМ и Георгиески е видлива на терен.Нема враќање на реката Сатеска во старото корито.Нема затворање на депонијата Буково.Власта на СДСМ и градоначалникот Георгиески не преземаат апсолутно ништо за процесот на рушење на дивоградбите кој е во целосна надлежност на општината.Наместо да се крие зад измислени точки на Советот, градоначалникот Георгиески да не бара изговори со единствена цел да не постапи по решенијата.Ако власта на СДСМ и Герогиески се залага за правна држава, тогаш крајно време е да престане да постапува спротивно од тоа, истакна Перчо Божиновски, портпарол на ОК Охрид.фото: ОК ВМРО ДПМНЕ 

Македонија | пред 6 години

carovska

(ЖИВО) Прес конференција на вицепремиерката Царовска за исплата на зголемени пензии

Прес конференција на вицепремиерката Царовска за исплата на зголемени пензии.https://www.facebook.com/VladaMK/videos/658777347993436/?v=658777347993436&notif_id=1580551642227134&notif_t=live_video 

Македонија | пред 6 години

velosiped

Скопјанец паднал од велосипед на ул. Даме Груев, пренесен во Св.Еразмо

На 31.01.2020 во 13.35 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул .„Даме Груев“ во Охрид, Б.С.(59) од Скопје, додека управувал велосипед, изгубил контрола и паднал на коловозот, при што се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Болницата „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош. За настанот е известен Јавен обвинител,  а увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Охрид.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

pajak-11

Сеуште се паркира кој каде ќе стигне - отстранети 245 непрописно паркирани возила

Во текот на изминатата недела (24.01 - 30.01.2020 година) со специјалните возила пајак се подигнати 245 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 41 се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 204 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин,  тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно  373 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 41 возилo се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

48976900_559054461241166_4748237803454726144_n

Танасоски за МИА: Сто процентна контрола на отпадот на Царина не е возможна

Сто процентна контрола на отпадот што влегува на Царина не е возможна. Царинската управа согласно надлежностите, проверките ги базира врз анализа на ризик, сепак службениците имаат овластување при нешто сомнително да извршат дополнителна контрола.Ова во интервју за МИА го изјави директорот на Царинската управа Ѓоко Танасовски, кој посочи дека камионите со отпад се пропратени со соодветни документи, меѓу кои дозвола за увоз од Министерството за животна средина и просторно планирање, документ од акредитирана лабораторија и документ од странска царинска управа – од каде доаѓа отпадот.Врз анализата на ризик проценуваат која стока треба да биде подложена на контрола, а во однос на отпадот првиот човек на Царина нагласува дека не треба секогаш да се говори во негативна конотација, бидејќи најголемиот дел од него е всушност суровина за одредени производствени капацитети во земјава, која понатаму се извезува.Царинската управа има овластување на правосудна полиција и одлична соработка за МВР, вели Танасовски во интервјуто за МИА и додава дека Обвинителството може многу повеќе да постигне и да сработи.На кој начин се врши контролата на камионите со отпад кои влегуваат на царина? Која е процедурата?Генерално Царинската управа согласно своите надлежности бројот на проверки, што ќе проверува и како ќе проверува го базира врз анализа на ризик. Врз основа на таа анализа на ризик се врши проверка, не само на камионите со отпад, туку на целата роба која влегува и притоа при самото влегување на камионот доколку тој тарифен број под кој се пријавува робата е предвидено да биде на црвен канал, во тој случај во истиот момент на царинскиот службеник тоа му се регистрира и тој ја проследува робата на детален преглед. Исто така царинските службеници сами можат да извршат регулирање на декларацијата и доколку има какви било сомневања или доколку сакаат тие да проверат од зелен или од жолт канал, се оди на документарен преглед на црвен канал каде што се врши детален преглед на робата, вели Танасоски.Дали мислите дека навистина е релевантен еден примерок од една бала во мала количина за да се испита огромна содржина, станува збор за неколку тони отпад?Не станува збор за тоа дали јас мислам или се согласувам со тоа. Поентата е дека за секој вид на стока, односно во конкретниов случај за РДФ има соодветен стандард врз основа на кој е пропишано како треба да се земе примерокот. Така постапуваме и ние. Од камион се избираат повеќе бали и се земаат примероци, потоа таа смеса се хомогенизира и од неа се одвојува количина колку што побарала лабораторијата за испитување, изјави Танасоски за МИА.Текстот во целост на МИА

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Стабилно и суво, со натпросечно високи температури

Сончево  време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец, е прогнозата на метеоролозите за денеска. Максималната температура треба да достигне до 17 степени.Според најавите следниве денови продолжува периодот на стабилно и суво време со релативно високи температури за овој дел од годината. Промена се очекува од среда.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

retki-bolesti

Ги запознаваме ретките болести: Вегенерова грануломатоза

Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 или 29 дена ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести во Република Македонија.Секој ден ќе Ве запознаваме со по една ретка болест и ќе се обидеме да добиеме одговори на многу отворени прашања, а ќе се слушне и за предизвиците и проблемите со кои се соочуваат овие лица и нивните семејства. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков лек? Колку и дали воошто се пристапни и достапни лековите?…Вегенерова грануломатозаМКБ M 31.3Wegener’s granulomatosisПоим:Вегенеровата грануломатоза (Вегенеровата болест, грануломатоза со полиангититис) е ретка форма на васкулитис. Се верува дека е автоимуна болест која најчесто страдаат ендотелните клетки што ги обложуваат крвните садови одвнатре. Вегенеровата грануломатоза е мултисистемска болест која може да влијае скоро на сите органи. Најчестите патолошки промени се забележани во органите на ЕНТ-уво-нос-грло (речиси 100%), во белите дробови (кај огромен број на пациенти) и бубрезите (во 75% случаите). Мошне често страдаат зглобовите (до 50% од случаите), како и очите и кожата. Ако кај некое лице не се вклучени бубрезите, мозокот или цревата, тогаш се верува дека има „ограничена“ форма на Вегенерова грануломатоза. Сепак, дури и при оваа форма на грануломатоза, полиангитисот може да биде многу тежок.Причини:Сè уште не познато што го предизвикува автоимуниот механизам при Вегенеровата болест. Се верува дека воспалението може да доведе до системско воспаление, васкуларна оклузија и појава на грануломи. Фактор кој што ја иницира оваа каскада може да биде инфекција, како што е инфекција со парво вирус или Staphylococcus aureus.Некои од позначајните симптоми на оваа болест се:– Синузитис и течење на носот;– Кашлица, болка во градите и губење на здив;– Формирање на апцсес во носната слузница,– Воспаление на ушите;– Конјунктивитис и други воспаленија во очите;– Треска и ноќно потење;– Губење на апетит и губење на тежината;– Болки во зглобовите;– Присуство на крв во урината.Во ретки случаи, може да се појави компромитирано срце, што доведува до перикардитис или лезии во коронарниот или пак нервниот систем кои што доведуваат до невролошки симптоми. Покрај тоа, пациентите со оваа болест имаат зголемена тенденција за развој на тромбоза и треба особено да се посвети внимание на симптомите кои укажуваат на оваа компликација, како што се отокот и црвенилото на екстремитетите. Лекарот може да ја потврди или негира дијагнозат по извршена биопсија.Поставувањето на дијагнозата при сомнение за Вегенерова болест вклучува:Крвен тест за:– Клинички и биохемиски анализи на крвта;– Тестови на урината;– Рентген испитувања (слики на граден кош);– Биопсија на кожата, белите дробови, бубрезите;– Ендоскопски испитувања и– Компјутеризирана томографија.Третман:Третманот на Вегенеровата грануломатоза може да се по дели во две фази:– постигнување на ремисија– одржување на ремисија.Главните лекови во режимот на лекување се цитотоксичните лекови:– Циклофосфамид (цитоксан);– Метотраксат;– Азатиоприн (Имуран);– Микофенолатмофетил;– Глукокортикостероиди (преднизон).Хируршка интервенција може да биде потребна при:– Деформитети на носот;– Стеноза на ларинксот;– Опструкција (блокада) на лакрималните канали;– Бронхијалнастеноза;– Бубрежно оштетување (трансплантација).Планот за лекување на секој пациент се изработува поединечно, во согласност со формата на болеста, сериозноста на манифестациите и одговоротна терапијата.Невозможно е да се излечи Wegener-овата грануломатоза, но раната дијагноза и ефективниот третман помагаат да се постигне ремисија и враќање во нормалниот живот.Долгорочната ремисија се постигнува и поддржува со администрација на соодветни дози на лекови, редовна дијагноза и заедничка работа на лекарот и пациентот. Понекогаш ремисијата може да трае до 20 години, а во исто време едно лице нема да треба да зема цитотоксични лекови и хормони.Прогноза:Се верува дека кај пациенти со грануломатозен полиангитис ризикот од смрт во првата година од болеста е 9 пати повисок отколку кај здрави луѓе. Причината за смртта може да биде инфекција, откажување на бубрезите.Кој доктор да се контактира?Обично, пациентите со првите манифестации со Wegener-ова грануломатоза доаѓаат на средба со специјалист за оториноларингологија кој ги испраќа кај ревматолог. Со зафаќање на други органи, се назначуваат консултации со офталмолог, нефролог, гастроентеролог, пулмолог, дерматолог, невролог и имунолог. Само сеопфатен третман може да предизвика ремисија на болеста и да го зачува квалитетот на животот на пациентот.Кампањата „Ги запознаваме ретките болести 2020“, која ја реализираат активистот Гордана Лолеска, охридското Супер радио и Здружението „Живот со предизвици“ ќе се прикажува на 40 национални, регионални и локални медиуми ширум државата. Оваа година, покрај стандардните дијагнози изработени на македонски јазик, проектот доби и албанска верзија и верзија на знаковен јазик, со оглед на тоа што околу 400 ретки дијагнози вклучуваат помала или поголема загуба на слухот. Проектот ги надмина и локалните граници и ќе се емитува на бројни медиуми во Албанија и Косово. Новина оваа година е и тоа што емисиите се изработени и на знаковен јазик.Првиот ден на ретки болести беше одбележан во 2008 година, точно на 29-ти февруари, „редок“ датум кој се случува само еднаш на секои четири години. Од тогаш, Денот на ретки болести се одржува секоја година на последниот ден од февруари, месец познат по тоа што има „редок“ број на денови. Денот на ретките болести е меѓународна кампања за подигнување на свеста за ретките болести. Од почетокот во 2008-ма година, илјадници настани се организираат низ целиот свет и опфаќаат милиони луѓе. Кампањата започна како европски настан и со текот на времето стана глобален феномен, со учество на над  90 земји од целиот свет во 2018 година. Република Македонија за прв пат се вклучи во одбележување на овиј редок ден во 2013-та година.Кампањата за Денот на Ретки Болести е за пошироката јавност, за релевантните институции и секој е добредојден да се придружи: пациенти и семејства, организации на пациенти, медицински професионалци, истражувачи, фармацевтска индустрија, јавни здравствени институции – колку повеќе не има, толку подобро. Денот на ретките болести е можност за учесниците да бидат дел од глобалниот повик кон креаторите на политики, истражувачите, компаниите и здравствените професионалци повеќе и поефикасно да ги вклучат пациентите во истражувањата за ретки болести.Вклучете се!

Македонија | пред 6 години

makedonski-koncept-1

МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ: Зошто молчат СДСМ и ВМРО ДПМНЕ за УНЕСКО ?

Зошто власта и опозицијата три дена молчат за посетатата на делегацијата на УНЕСКО ?Запрепастувачки е молкот кој три дена ги има обземено како Локалната самоуправа така и опозициската ВМРО ДПМНЕ кои тонат во целосен молк и нити информираат нити бараат информација што се случи минатите три дена додека делегацијата на УНЕСКО престојуваше во Охрид.Зачудувачка е леснотијата со која владејачката СДСМ ( со целиот нејзин естаблишмент во градската власт ) и целата сега опозициска ВМРО ДПМНЕ ( која претходно беше на власт, а сега има советници во Советот ) молчат или не реагираат и заедно како да се коалициони партнери во јавноста ја игнорираат посетата на УНЕСКО.Поновата историја на Охрид ја паметат денес живите генерации и тие знаат дека минатите 30 години двете партии СДСМ и  ВМРО ДПМНЕ се менуваа на власт и ваквото заедничко молчење и игнорирање на посетата на оваа мисија на УНЕСКО на Охрид само ги подгрева сомнежите дека двете партии заради блискоста со градежната мафија и бандитите во овој бизнис нанеле несогледлива штета на Охрид која сега сакаат да ја сокријат од јавноста и од граѓаните.Македонски концепт ги повикува Локалната власт предводена од СДСМ и локалната опозиција предводена од ВМРО ДПМНЕ да соопштат или прашаат што се случи со посетата на претставниците на УНЕСКО и какви се перспективите на Охрид во поглед на негово бришење или останување на списокот на светското наследство.Доц. Др. Никола Митровиќ БабеМакедонски концептЗа нормална држава!Приклучи се, направи промена!

Македонија | пред 6 години

Kamioni-so-RDF-otpad

360 степени: Не биле 11 туку 42 камиона со РДФ-отпад од Италија

Осум камиони со гориво од отпад пристигнаа во царинско складиште во Скопје. пренесе „360 степени“.Неофицијално, во нив има гориво од отпад наменето за голем индустриски капацитет во главниот град на земјата, а потеклото на пратката е од Италија.-Информираме дека увозот на 11-те камиони што ги спомнувате се дел од пратка од 42 камиона. Од споменатите камиони се земени мостри за анализа и увозната постапка е привремено запрена се до добивање на резултатите од анализите. Камионите кои пристигнуваат, во меѓувреме се сместуваат под надзор во царински склад се до конечна одлука за продолжување на постапката. Претпоставуваме дека се работи за овие камиони, бидејќи немаме други увози на цврст отпад – велат од Царинската управа, објави 360 степени.Директорот на царинската управа Ѓоко Танасоски на ФБ напиша:На денешната прес конференција која се одржа во Министерството за животна средина и просторно планирање, ја информиравме јавноста дека резултатите од мострите од РДФ отпад кои беа земени при вонреден инспекциски надзор на ГП „Богородица“, се испратени во акредитирана лабораторија во Естонија и ќе бидат готови за 7 до 10 дена, па ќе бидат споделени со јавноста.Минисерот Нуредини истакна дека согласно постојниот закон, во земјата е дозволен единствено увозот на отпад што може безбедно да се преработи, без опасност од загрозување на животната средина, животот и здравјето на луѓето, безбедно да се користи како суровина или безбедно да се користи како извор на енергија (согласно ЕУ карактеризациите за алтернативни горива). Увоз на отпад заради складирање и депонирање не е дозволен во нашата земја, напиша на ФБ Танасоски.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2541441612778532&set=pcb.2541441819445178&type=3&theater…

Македонија | пред 6 години

Manijak

24 инфо: Манијак им се соблекува гол на продавачки низ „Бисер“

Средновечен маж меѓу четириесет и педесет години веќе трет ден се шета низ Трговскиот центар „Бисер“ во населбата Аеродром и се соблекува гол во бутиците, дознава 24 инфо.Според вработените во продавниците, човекот влегува во бутикот како муштерија најчето онаму каде има жени вработени. Но бира продавници каде се продава гардероба и за двата пола. Зема дел од понуденото на штандовите, влегува во гардероба да проба, но намето тоа се соблекува гол и излегува надвор пред продавачките и муштериите. Додека да сватат што се случува, го зема мантилот и неговата гардероба и бега низ ходниците, објави 24 ИНФО. Текстот во целост на: 24 инфофото: Banjaluka   

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Граѓаните бараат закон за забрана на увоз на опасен отпад, министерот Нуредини вели: Ја почитувам загрозеноста, но не можам децидно да кажам ДА или НЕ

Ченови на организација на движењето „Петоци за иднинатата Скопје" со поддрка на граѓаните денеска одржаа мирен протест, пред Собранието. Тие седнати на улицата побараа да се изгласа закон за забрана на увоз на опасен отпад пред распуштање на парламентарниот состав.Тие изјавија дека излегуваат на улица затоа што Предлог-законот е заглавен во парламентот и сметаат дека со неговото изгласување ќе се донесе решение за, како што рекоа, секојдневното труење од согорување на отпад.– Во ситуација кога аерозагадувањето руши светски рекорди, ова прашање треба да е прво на дневен ред, затоа што се работи за криза без преседан која ќе осакати цели генерации. Младите заминуваат од овде меѓу другото и затоа што не сакаат да дишат буквално канцер во гасовита агрегатна состојба. А кога сите индикации и мерења укажуваат на тоа дека согорувањето на отпадот како гориво во индустриските капацитети има огромен придонес за оваа состојба, немањето волја за тоа да се спречи укажува или на целосна отсеченост од граѓаните, чии интереси треба да ги претставуваат, или на вмешаност во целата операција со увозот на отпад. Најверојатно и двете истовремено – предупредува Иво Босилков, активист во Младинското движење за климатска правда „Петоци за иднината Скопје“.Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини рече дека ги почитува граѓанските протести на кои тие го изразуваат своето законско право.– Ја почитувам загрозеноста која ја чувствувате од загадениот воздух, но не можам децидно да кажам ДА или НЕ за целосна забрана на увоз на отпад. Во моментов и нашата држава извезува отпад, тоа е оној од ОХИС. Треба да ги разгледаме меѓународните закони и Базелската конвенција, а за таа цел планирам да ангажирам меѓународен правен експерт, бидејќи ќе се доведеме во ситуација, ако ние забраниме увоз, да ни забранат другите земји ние да извезуваме отпад – истакна Нуредини.Министерот на прашањето дали се прифатливи барањата на невладините да се забрани со закон увозот на отпадот истакна:-Македонија има договор кој што е во согласност со меѓународните и кој дозволува да увезуваме и извезуваме отпад. Во последниве неколку недели извезен е отпад од нашата држава во Швајцарија и Бугарија, така што треба подетално да се разгледаат законите, пред да се даде конкретен став.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

20200131_153810

Реакција на соопштението на Министерство за Финансии

Во однос на кажувањата дека ни се достапни податоците на начин што ни биле доставени податоци од годишните планови за вработувања на институциите, сакаме да демантираме и да нагласиме дека ваквите податоци од годишните планови со бараните податоци за издадени согласности се првенствено различни како по законски основ така и по значење.Податоците кои се бараат за издадени согласности за вработување се податоци за изворна надлежност на Министерот за финансии која произлегува од Законот за буџети и од Законот за трансформација во редовен работен однос. Додека пак податоците од годишните планови за вработување се податоци согласно Законот за вработените во јавниот сектор, за чија реализација надлежно е Министерството за информатичко општество.Различноста како што е и во однос на значењето на овие податоци, затоа што бараните податоци се однесуваат на согласности за РЕАЛНО вработување на лица пред објавување на оглас за вработување, додека податоците од Плановите за вработување се за ПЛАНИРАНИ нови вработувања, која бројка е предмет на измена и дополна, и често се разликува од онаа која е крајна реализирана бројка, за што согласно законските прописи МФ нема изворен податок.Имено, различноста се состои во тоа што бараните податоци се однесуваат на податоци според ВИДОТ НА ВРАБОТУВАЊЕ - ОПРЕДЕЛЕНО НЕОПРЕДЕЛЕНО, а во плановите за вработување се прикажуваат единствено планираните нови вработувања на неопределено време.Во однос на тврдењето дека „задача на Министерството за финансии е единствено проверка дали институцијата има обезбедено средства во буџетот во тековната фискална година за вработувањето, а не и одобрување на истото, и тоа дека  законска обврска на Министерството за финансии било единствено да известува дали се обезбедени средства во буџетот на барателот или не, а не да води политика на вработување.“Укажуваме повторно Министерката да ги види основите во законските прописи, конкретно Законот за трансформација во редовен работен однос, согласно кој МФ дава СОГЛАСНОСТ за ангажирање на лица со договор за дело или авторски договор, што подразбира направена процена за нејзино издавање, а не просто известување. Според овој закон согласноста не треба да се сведе на проверка за тоа дали има средства или нема институцијата, но сепак ако министерката сеуште е на тоа мислење, упатуваме да ја воочи законската разлика и досегашното постапување.Со ваквиот демант од МФ, уште еднаш се потврдува дека Министерката не разликува план од реализација, а уште повеќе не се прави разлика на согласности во зависност од законски основ и значење на иститите.Оттука повторно како прашање се поставува, кои се критериумите за издавање на оваа согласност, како се утврдува континуитетот за вакви ангажирања, како се спречува злоупотребата на овие институти, кои можат да се на штета на работниците, и дали воопшто се води грижа за реалната потреба за издавање на вакви согласности, што впрочем е улогата на ова министерство при издавањето на овие согласности согласно законските одредби. 

Македонија | пред 6 години

kabli-kola

(ВИДЕО) Фатени на дело како палат кабли, бегајќи ја оставиле колата

ФБ статус на градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов:Фатени на дело како палат кабли. Бегајќи, ја оставија и колата. Нема компромис и милост во борбата за чист воздух !!! https://www.facebook.com/petreshilegov/videos/3144428895781687/

Скопје | пред 6 години

MZ-Filipce-izjava-fot1.

Филипче: Постапуваме согласно насоките од СЗО, целосно сме подготвени да се справиме со корона вирусот

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, денеска, одржа работен состанок со Комисијата за заразни болести по прогласувањето јавноздравствена состојба од меѓународен ризик за коронавирусот од Светската здравствена организација. На средбата присуствуваше и Џихан Тавила, шеф на Канцеларијата на СЗО во Скопје и од нејзина страна беше посочено дека нашата држава веќе постапува според насоките на СЗО, согласно Меѓународниот здравствен правилник.-Тоа што денеска го направивме е подготовка за нешто што се уште немаме видлив и сериозен ризик дека тоа може да се случи кај нас, тоа се голем број заболени од коронавирусот, но го подготвивме целокупниот здравствен систем во однос на кадар, инфраструктура, опрема, како и за точно одредување на локациите коишто, евентуално, би биле потребни за хоспитализирање пациенти. Сакам да кажам дека сме чекор или два понапред и дека сме целосно подготвени да се справиме со овој предизвик, иако ќе повторам далеку сме од тој ризик. Се уште важат сите мерки коишто се имплементираат. На аеродромот во Скопје ќе се дистрибуира информативен материјал и до другите влезни места, во полициските станици и на граничните премини. Во текот на денот ќе се организира состанок и со другите надлежни установи, Министерството за внатрешни работи, Царинската управа, Центарот за управување со кризи, со цел да ги информираме за нашите активности и тие да бидат во состојба на зголемена будност и потреба доколку треба да се интервенира, посочи министерот во изјавата за медиуми по завршување на средбата.Шефот на Канцеларијата на СЗО, Џихан Тавила, посочи дека е задоволна од исходот на седницата на комисијата во однос на подготвеноста на земјата да одговори во случај на импортација на случаи со нов корона вирус.-Министерството за здравство, како и другите надлежни институции се подготвени за брза детекција на таков случај. Имајќи предвид дека СЗО прогласи настан од меѓународно значење, ќе се зголеми и ризикот за импортација, ќе се зголеми будноста, како на нашата Канцеларија, така и на комисијата, ќе имаме дневни состаноци и напорите ќе бидат насочени, пред се на рана детекција на точките на случаи на влез, како и за едукација и обука на здравствените работници за постапки во случај на детекција. Се работи за нов вирус каде што сознанијата се менуваат од ден на ден и во тој контекст дневно се следи состојбата и затоа сме на одредено ниво на будност. Нема потреба од кревање паника, туку само примена на мерките за респираторна хигиена, што е иста за сите респираторни заболувања и доколку лицата не се чувствуваат добро, кашлаат, киваат, потребно е да се консултираат со својот доктор. Канцеларијата на Светска здравствена организација стои на располагање и за натамошна поддршка, пред се во областа на тренинг и подготвеност, бидејќи на сите други нивоа од тоа што го видов убедена сум дека земјата е подготвена да одговори во овој момент, посочи шефот на Канцеларијата на СЗО.фото: Министерство за здравство

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања