Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

Kejt-Brns-670x496

Амбасадорката Брнс: Преспанскиот договор не е само името, туку и креирање можности за луѓето од земјата и од регионот

Кога се зборува за ревидирање на Преспанскиот договор, граѓаните треба да размислат и да ја знаат користа од Договорот за иднината,  истакна амбасадорката Кејт Мери Брнс  денеска по обраќањето на настанот со кој се најави отворање на билатерални канцеларии за младинска соработка помеѓу нашата земја и Грција.„Преспанскиот договор не е само името, туку и креирање можности за луѓето од земјата и од регионот. Значењето на Преспанскиот договор е што препозна дека земјите мора да соработуваат една со друга и да направат тешки компромиси и оти како резултат на тие компромиси може да градат подобра иднина. Она што ме загрижува се обидите да се збунат граѓаните за користа од Преспанскиот договор, во однос на креирањето нови можности, проширување на регионалната соработка, привлекување нови инвестиции и создавање позитивна иднина. Она што го слушам се зборува за напуштање на Договорот, негова промена и ревидирање. Мислам дека граѓаните навистина треба да размислат за тоа и да ги знаат за бенефитите од овој договор“, рече амбасадорката.Амбасадорката Брнс уште додаде дека некои не ги препознаваат придобивките што ги донесе Договорот.„Резултатот од Преспа е дека испрати порака дека Северна Македонија е подготвена да има позитивна и конструктивна соработка со своите соседи и заедно со нив да работи на своите аспирации за членство во евроатлантските институции. Северна Македонија ќе се приклучи на НАТО како рамноправен сојузник и оти еден ден ќе стане членка на ЕУ и партнер на ЕУ. Тоа е важна порака. Тоа што некои не сакаат да ги препознаат сите постигнувања на Преспанскиот договор кои значат напредок, праќа многу поинаква порака. Зборуваме за иднината и треба да останеме фокусирани на иднината“, истакна  Брнс.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Шилегов: Загубивме голем другар, драг пријател, спортска легенда и идол на многу генерации

Градоначалникот Петре Шилегов денеска присуствуваше и се обрати на  комеморативната седница за Благоја Георгиевски-Буштур, во организација на Кошаркарската федерација на Северна Македонија, Националниот олимписки комитет и Градот Скопје.Скопје претрпе голема загуба со згаснувањето на живот на нашиот драг Благоја Георгиевски-Буштур.Буштур беше еден од најдобрите македонски кошаркари на сите времиња. Како таков остави јасен и силен белег во историјата на македонскиот спорт. Целата кариера, од првите чекори до последниот натпревар ја помина во својот Работнички. Тој беше миленик на навивачите и со секој натпревар одново ги освојуваше срцата на скопјани - изјави Шилегов.Тој ги потсети присутните на неговите освоени  2 златни медали во поранешна СФРЈ,  како и на прогласуването на Буштур  за најдобар спортист во Македонија и за најдобар спортист на Град Скопје со добивањето на златната значка од Југословенскиот сојуз за физичка култура во 1972 година.Се сеќавам дека имав неполни 15 години во далечната 1984 кога Буштур го одигра последниот официјален натпревар меѓу КК Работнички и репрезентацијата на Југословенските ветерани во салата во Градскиот парк. Тоа беше еден спектакуларен меч кога скопската публика му приреди едно незаборавно збогување, токму такво какво што заслужи. Исто така, се сеќавам, во една прилика... (нешто лично, ако има...) Почитувани пријатели од неговото потесно и пошироко семејство, бидете храбри во поднесувањето на големата загуба. Нашите срца и мисли се со вас. Бидете горди со вашиот татко, сопруг, роднина. Неговите дела вечно ќе сведочат за неговата големина како човек, како врвен спортист и како урбана легенда и идол на многу генерации. Драг пријателе Буштур, почивај во мир и нека ти е вечна славата – кажа Шилегов пред присутните на комеморацијата на Буштур.На комеморацијата присуствуваа поранешни соиграчи на популарниот Буштур, голем број сегашни и поранешни кошаркари, кошаркарски работници, како и спортски работници од земјава и од странство.фото: Град Скопје 

Скопје | пред 6 години

spasovski-GP

Спасовски за ГП Белановце-Станчиќ: Овозможуваме услови за развој на бизнис врските и за економски напредок

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски придружуван од заменик претседателот на Владата, одговорен за европски прашања Бујар Османи, заменик претседателот на Владата и министер за политички систем и односи со заедниците Садула Дураки, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за образование и наука Арбер Адеми, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, како и од директорот на Царинската управа Ѓоко Танасовски, присуствуваше на отворањето на новиот граничен премин меѓу Северна Македонија и Косово, Белановце-Станчиќ.Изградбата на граничниот премин е остварена со помош на Европската Унија преку ИПА Инструментот за прекугранична соработка со 1,2 милиони евра, како и со кофинансирање на Министерството за локална самоуправа на Северна Македонија со 105 илјади евра.Во присуство на министри и од владата на Косово, градоначалници од соседните општини и највисоки претставници на институциите за гранично и царинско управување на двете земји, премиерот Спасовски во своето обраќање ја истакна важноста на настанот, означувајќи го како дополнителна карика во поврзувањето меѓу Северна Македонија и Косово и како проект кој дава важна политичка димензија за уште еден пробив напред на и онака исклучително добрите односи помеѓу овие две земји.„Резултат на добрите односи меѓу нашите две земји е и успешната завршница на овој граничен премин. Граничниот премин е доказ за добрата волја и за заедничка работа и посветеност во интерес на граѓаните од двете страни на границата на овој регион“, подвлече премиерот Спасовски.Тој додаде дека со новиот премин се олеснува меѓусебната комуникацијата на граѓаните на општините Липково и Гнилане, како и меѓу соседните општини и е добар предуслов за зголемување на трговската размена и економската соработка во регионот, што овозможува услови за развој на бизнис врските и за економски напредок на регионот каде што се поврзуваат Северна Македонија и Косово.,,Овој објект што го гледате зад нас, не е само уште еден граничен премин  туку буквално заеднички објект на двете држави изграден на самата гранична линија, што претставува исклучително комплексен проект. Неговата реализација значеше усогласување на активностите со законодавствата на двете земји, координација на институциите на двете држави, но и запазување на сите европски критериуми при неговата изведба, имајќи предвид дека средствата за овој проект се обезбедени преку европските ИПА фондовите наменети за двете држави“, рече во своето обраќање вицепремиерот Бујар Османи.Тој истакна дека граничниот премин е вистински европски проект - пример за тоа како треба да соработуваат соседите на Балканот, создавајќи заеднички проекти со кои создаваат подобри услови за своите граѓани.На отворањето на новиот граничен премин се обрати и заменик претседателот на Владата на Република Косово, Енвер Хоџај, кој нагласи дека ваквите проекти се добри за граѓаните од двете држави и регионот и претставуваат поттик за интензивна соработка и решавање на сите предизвици на земјите кои се соседи.Сите говорници изразија признание и посебна благодарност до амбасадорите на Европската Унија во Северна Македонија и Косово, Самуел Жбогар и Наталија Апостолова, кои помогнаа  да се реализира овој проект, кој покажува дека двете земји сериозно се насочени кон остварување на своите европски амбиции.Видео: Влада

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Тинејџер избоден со нож во автобус на ЈСП на Железничка

Нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу двајца 17 – годишници од с.Моране и од с.Студеничани, скопско се случила вчера околу 13 часот во автобус бр.67, кај Транспортен центар.-Според пријавеното, малолетникот од Моране со остар предмет му нанел повреди на малолетникот од Студеничани. По настанот, повредениот бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување лекарска помош, а напаѓачот бил лишен од слобода и приведен во Полициска станица Аеродром, информира МВР.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

dimitrieska-kocoska

Димитриеска - Кочоска: Несфатливо е како Министерството за финансии нема евиденција на согласностите за вработувања и ангажирања

Министерството за финансии важеше за најорганизирана и најпрофесионална институција, со најголема и недвосмислена доверба и почит помеѓу соработниците и се разбира кај граѓаните. За жал, не можам истото да го кажам и за сегашната состојба. Заканите кон вработените и забраната да доставуваат документација и соработуваат со мене се унапредува и веќе сериозно го загрозува претстојниот изборен процес поради повеќе причини, изјави дополнителниот заменик министер во Министерството за финансии Гордана Димитриеска - Кочоска.Имено, на ден  21.01.2020 година, од страна на Министерката за финансии а по претходно барање до Кабинетот на Министерот како надлежен Сектор во Министерството, иако по 11 дена, добив известување дека Министерство за финансии не води евиденција на издадени известувања за обезбедени финансиски средства односно согласности за вработување во институциите во Р. Македонија, по институции број на лица, вид на вработување односно ангажирање, а притоа нема таква обврска.Со ваквото известување, и видно прикривање на податоци се буди сомнеж за сериозно попречување на организацијата на изборите и можно влијание врз граѓаните како гласачи на претстојните предвремени парламентарни избори.Имено, согласно Законот за Владата, вработените во министерството се должни да ги достават сите акти, документи и информации кои му се на располагање на министерот, до кои согласно истиот закон дополнителниот заменик на министерот има право на неограничен пристап.Несфатливо е како Министерството за финансии нема евиденција на согласностите за вработувања и ангажирања, со оглед дека истите се изворна надлежност согласно Законот за буџети и Законот за трансформација во редовен работен однос. Дали тоа значи дека нема евиденција за тоа каде се трошат парите на граѓаните, колку средства се одлеваат од Буџетот и по кој основ.Како ќе се оствари наводната определба на Владата за вложување во човечки капитал ако не се знае, односно не се води евиденција за колку лица се издала согласност односно се обезбедиле средства за вработување, колку лица се ангажирале, каков вид на работен однос истите засновале. Како би се утврдиле механизмите за подобрување на определена состојба без претходна анализа на определени параметри?Ваквиот одговор меѓу другото укажува и на немање на капацитет на актуелниот кабинет на Министерот за финансии, со оглед дека токму овие согласности согласно Правилникот за организација и работа на Министерството се во надлежност на оваа организациона единица.Имено, во периодот на преодната Влада во 2015 година, каде како дополнителен заменик министер за финансии беше Кире Наумов, по негово барање доставено до Министерот за финансии податоците за издадени согласности биле навремено доставувани на начин на кој истите биле барани, за што доказ е овој одговор на барањето (копија од дописот), со оглед дека во овој период кога на власт беше ВМРО – ДПМНЕ се почитуваа законите, што сега имајќи го предвид ваквото известување не е случај.Притоа, ако ова тврдење на Министерството за финансии е точно и ако навистина не постои евиденција за предмети по кои Министертвото има изворна законска надлежност да постапува, тоа укажува на сериозно прекршување на одредбите од Законот за архивски материјал и Упатството за начинот и техниката на постапување со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење, што навистина загрижува.Од друга страна, не е јасно како во услови кога со закон е предвидено давање согласност од страна на МФ за ангажирање на лица со договор за дело и авторски договор, што не претставува известување за обезбедени односно необезбедени средства, туку надлежност за издавање согласност што подразбира направена процена за нејзино издавање, Министерството нема евиденција. Во иста насока, се поставува прашањето кои се критериумите за издавање на оваа согласност, како се утврдува континуитетот за вакви ангажирања, како се спречува злоупотребата на овие институти кои можат да се на штета на работниците, и дали воопшто се води грижа за реалната потреба за издавање на вакви согласности, што впрочем е улогата на ова министерство при издавањето на овие согласности согласно законските одредби.Со оглед на ваквиот начин на однесување очигледен е обидот за загрозување на процесот на изборите! Можеби задачата на министрите од СДС е да не дозволуваат увид во документацијата и нивно прикривање, но мојата задача е граѓаните да ја дознаат вистината за секој денар што е потрошен и дали трошењето е во согласност со закон.Оттука, а со оглед дека го немам третманот согласно Законот за Владата и Законот за организација и работа на органите на државната управа, она кое јас можам да го сторам во оваа состојба е јасно и отворено да говорам за ваквите случувања, со цел јавноста да биде информирана сеопфатно, а притоа ќе ги искористам сите правни механизми кои ми стојат на располагање за да спречам било какво опструирање на претстојните избори, истакна дополнителниот заменик министер во Министерството за финансии Гордана Димитриеска - Кочоска.фото: ВМРО ДПМНЕ 

Македонија | пред 6 години

siti-mol-2

Кривична за шегаџијата кој напиша: Напуштете го молот веднаш, има бомба!

Одделението за насилен криминал во Единица за насилен криминал при Секторот за внатрешни работи Скопје, до надлежното Основно јавно обвинителство-Скопје, поднесе кривичнa пријавa против П.Ц.(20) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“, казниво по член 366 од Кривичниот законик.Пријавениот, вработен како обезбедување во Трговскиот центар „Сити Мол“ преку агенција за обезбедување, на 29.01.2020 во 11.53 часот, додека бил на работа, со намера да се пошегува со својот претпоставен, од својот мобилен телефон му испратил порака „напуштете го молот веднаш, има бомба!“. Веднаш потоа, неговиот претпоставен пријавил во полиција и била организирана евакуација на трговскиот центар, а екипа од Одделот за антитероризам при МВР извршила пребарување и проверка на целиот објект, при што било утврдено дека во објектот нема поставено експлозивна направа, односно дека станува збор за лажна дојава.Истиот ден, во просториите на Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници извршиле разговор со пријавениот и од него бил одземен мобилниот телефон како доказ.Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му се одредени мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиштето, обврска да се јавува повремено на определено службено лице кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна исправа и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

manceski

(ВИДЕО) Манчевски неможе да живее без интернет

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски беше дел од најновото „30 прашања со“ на СДСМ.https://www.facebook.com/SDSMakedonija/videos/157541642336298/?v=157541642336298Тој одговараше за најголемото изненадување во животот и најхраброто нешто што го направил.  во 5 часот наутро, во најновото издание на „30 прашања со. Откри некои интересни работи за себе, а како што рече, најдобар совет што го добил е „Од мотика и од политика бегај“.видео: ФБ

Македонија | пред 6 години

04-1

Работен состанок на министерот Наќе Чулев со членовите на Државната изборна комисија

На состанокот со членовите на Државната изборна комисија, министерот Чулев потенцираше дека соработката на МВР со ДИК е исклучително добра, при што нагласи дека министерството и во иднина стои на располагање за продлабочување на соработката.Министерот Чулев ги информираше членовите на ДИК дека, во рамки на законот, Министерството за внатрешни работи ќе ги преземе сите активности во насока на обезбедување на слободни, фер и демократски избори, како и во насока на гарантирање на безбедноста на изборите.Во однос на избирачкиот список, министерот Чулев потенцираше дека од страна на МВР ќе бидат преземени сите законски обврски и истиот ќе биде благовремено доставен до државната изборна комисија.Тој потенцираше дека во пресрет на изборите сите полициски службеници ќе поминат соодветна обука, а на располагање ќе им бидат ставени дополнителни технички ресурси кои ќе бидат потребни за непречено извршување на работните задачи.Притоа, беше истакнато дека, како резултат на добрата и успешна соработка со ДИК, взаемно ќе биде потпишан кодекс за начинот на постапување на полициските службеници.Претседателот на ДИК се заблагодари за добрата соработка со МВР, која е од исклучително значење за размени на информации и успешно спроведување на целиот изборен процес.фото: МВР 

Македонија | пред 6 години

Katica-Janeva-Reket-Boki-13-skopje1mk

„Рекет“ втор ден се разгледуваат материјалните докази, јанева имала лента за трчање, Боки 13 мини колекција на оружје

На рочиште за „Рекет“ се презентираат материјалните докази за овој случај. Во судница пред јавноста се покажуваат само фотографии, без да биде дадено дополнително известување за што станува збор.Од фотографиите направени при претресот во домот на поранешната обвинителка Катица Јанева се гледа дека таа имала мини теретана опремена со лента за трчање, велосипед и боксерска вреќа. одземени и се неколку УСБ- иња, лаптоп, СИМ картички… Запленета е гарнитура, фотељи и дрвена масичка.Боки 13 пак, имал мини колекција на оружје. Фотографиите покажуваат дека поседувал четири пиштоли, потоа луксузен мебел, теписи, лустери, украси… На фотографиите се прикажани и нови неотпакувани гарнитура, фотелја, столна ламба.По презентацијата на материјалните докази од страна на обвинителството, се очекува и одбраната на Боки 13 и Јанева да ги презентира нивните материјални докази.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

levica

Поранешен функционер на Левица: Еве ја таа Апасиева „Левица“, наводно работничка партија, која прима илјадници евра од фирми

Политичката партија Левица, предводена од претседателот Димитар Апасиев, во текот на минатата 2019-та година добила донација од приватна компанија во износ од скоро 18.000 евра, објави ФОКУС.Поранешниот функционер на Левица, Здравко Савевски, објави регистар на донации за второто полугодие од минатата 2019 година, од кој се гледа дека партијата во овој период единствената донација ја добила од компанијата Аутсорс Консалтинг Сервис и таа изнесува 1,1 милиони денари.-Еве ја таа Апасиева „Левица“, наводно работничка партија, која прима илјадници евра од фирми. По криминалниот упад на Апасиев во Левица, неговата партија-фирма почна да врти доста пари. Ама, да, на страната на работниците се“, напиша на фејсбук Савевски, кој подолго време е во конфликт со поранешниот соработник Апасиев.Според Апасиев, нема ништо спорно во оваа донација.Во изјава за Фокус, тој вели дека Законот за финансирање политички партии и дозволува на Левица, како и на секоја друга партија, да прима донации од физички и правни лица.https://www.facebook.com/zdravko.saveski/posts/10220313687693754извор: ФОКУСфото: ФБ

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Гори погон за мебел на излезот од Струмица кон Радовиш, сообраќајот стопиран

Пожар утрово избувна во погон за производство на мебел лоциран на излезот од Струмица на стариот пат кон Радовиш пред местото Ракиџиски мост.Патот кон погонот е блокиран од полициски службеници, а пожарникари со неколку противпожарни возила го гаснат пожарот, кој може да се забележи од поголема далечина.Засега нема информации за повредени или загинати лица, како и за причините за пожарот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

rast

ВМРО ДПМНЕ: Пресвртот за кој говори Оливер Спасовски се вика економски пропаст и најкорумпирана држава во Европа

ВМРО ДПМНЕ преку соопштение до јавноста, реагира на фејсбук статусот на премиерот Оливер Спасовски. Во соопштението се вели:Пресвртот за кој говори Оливер Спасовски се вика економски пропаст и најкорумпирана држава во Европа. Спасовски е најдобар пријател на криминалците во Македонија, а пресвртот се вика пад на индустриското производство од 5,9%. Со Спасовски и Заев блеска само корупцијата во Македонија. Криминално рекетарската власт предводена од СДСМ ја смести Македонија на 106 место по корупција на Транспаренси Интернешнл во друштво на Монголија и Брег на Слонова коска, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Пресвртот на Спасовски го потврди и угледниот весник „Економист“ кој ја смести Македонија во земји кои немаат демократија туку хибриден режим. Тоа е така затоа што во Македонија не владее правото  туку владеат криминалците и рекетарите.За резултатите на СДСМ во економијата говори фактот дека над 500.000 граѓани во Република Македонија не можат да си дозволат корка леб, над 70% земаат плата помала од просечната.Додека Спасовски ги лаже граѓаните за некакви си економски резултати, реалноста е дека во три години ништо не сработија, а постојано се задолжуваат. Долгот со СДСМ ја надмина психолошката граница од 50% од БДП, а во меѓувреме не е реализиран ниту еден капитален проект кој ќе значи развој на државата.Со Спасовски и Заев единствено пресврт добија кланот Заев и нивните најблиски соработници кои ги добија сите тендери, грантови, а од поново време и лиценци за марихуана.Од СДСМ граѓаните добија само беда, сиромаштија, порази и понижувања. Заев и СДСМ се виновни за поразите и пропаста на Македонија, затоа после 12 април заминуваат од власт и ќе одговараат пред законите. Зоран Заев никогаш повеќе, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.фото: ФБ Оливер Спасовски

Македонија | пред 6 години

19012020_PVRSM_Spasovski_Bogojavlenie_Kocani2

Спасовски: Невработеноста во третиот квартал во 2019 година е намалена на рекордно ниски 17,1 %

ФБ статус на премиерот Оливер Спасовски:По две и пол години водење силна и одговорна економска политика направивме економски пресврт. Од БДП -1,8 %, постигнавме просечна вредност на БДП од 3,5%. Од минимална плата 9.000 денари, сега имаме минимална плата од 14.500 денари, а просечната плата изнесува 25.787 денари. Невработеноста во третиот квартал во 2019 година е намалена на рекордно ниски 17,1 %.https://www.facebook.com/o.spasovski/photos/a.261906130653684/1485415221636096/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

pedofilie-1

30 дневен притвор за наставникот осомничен за полов напад врз ученичка

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот наставник, на 29 јануари, во училиште во селото Чегране, извршил полови дејствија врз ученичка на возраст од 9 години. Тој за време на паузата за одмор ја повикал оштетената да оди кај него во училницата, ја допирал и ја бакнувал, при што со мобилниот телефон направил заедничка фотографија со девојчето. Кога оштетената малолетничка излегла од училницата, осомничениот и кажал дека повторно ќе ја повика.Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Гостивар достави Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност тој да го повтори делото или да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците. Судот го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

31012020_PVRSM_Spasovski_sredba_Ambasador-vo-Albanija-Dancho-Markovski-1

Премиерот Спасовски се сретна со кандидатот за амбасадор во Република Албанија, Данчо Марковски

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, се сретна со Данчо Марковски, кандидатот за амбасадор на нашата држава во Република Албанија.На средбата е заеднички констатирано дека е од интерес на нашата држава продолжувањето на добрососедските односи со Република Албанија на политички и на економски план, како и во делот на заштитата и перспективите на македонското национално малцинство и на граѓаните од нашата држава кои живеат и работат таму.Оценето е дека воспоставената добра соработка меѓу двете држави е добра основа за интензивирање на односите на економски план и во областа на културата.Премиерот Спасовски му го честиташе на амбасадорот Марковски назначувањето на позицијата и најави поддршка од Владата на сите проекти и активности од државен интерес.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

sv-kiril-i-metodij

Референт за студентски прашања на „Св.Кирил и Методиј“ примала пари на рака и ветувала дека ќе ги уплати

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за економски и компјутерски криминал, до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против Д.С.(45) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување исправа“.Пријавената, во текот на 2019 година, во својство на службено лице - самостоен референт за студентски прашања на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ Скопје – Економски факултет Скопје, од шест студенти запишани на втор циклус на студии на Економскиот факултет неовластено побарала и примила парични средства на рака, на име уплата за промена од стара во нова студиска програма, како и на име продолжување на временскиот рок за изработка на магистерски труд, стекнувајќи се со противправна имотна корист во вкупен износ од 120.000 денари.Д.С. им ветила дека во нивно име ќе ги уплати паричните средства на трансакциската сметка на Економскиот факултет - Скопје, искористувајќи го фактот дека временскиот рок за уплата истекувал, изготвила шест уплатници со невистинита содржина, во кои лажно прикажала дека паричните средства примени поединечно од секој студент се уплатени на сметката на факултетот и така изготвените лажни уплатници им ги презентирала на оштетените студенти како доказ за наводно извршена уплата, по што ги приложила во нивните студентски досиеа.Полициски службеници извршиле проверки на Економскиот факултет Скопје, од каде што е обезбедена целокупната документација за случајот, по што биле извршени разговори со оштетените и пријавената.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

OJO-javno-obvinitelstvo

Отфрлена кривична пријава за злоупотреби со продажба на државно земјиште во Центар

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на кривичната пријава поднесена против вкупно пет лица за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик во врска со постапка за отуѓување на градежно земјиште во Општина Центар.Имено, до Основното јавно обвинителство Скопје, од страна на двајца подносители – физички лица најпрвин беше поднесена кривична пријава против четири лица – поранешен министер за транспорт и врски, поранешен градоначалник, вработен во Министерството за транспорт и врски и државен правобранител. Подоцна беше поднесено и проширување на пријавата против уште едно лице – поранешен министер за транспорт и врски. Наведените кривични пријави се однесуваа на евентуални неправилности во поглед на неисполнување на договорните обврски од склучен договор меѓу Министерството за транспорт и врски како отуѓувач на градежно земјиште во државна сопственост со фирмата Никофон ДООЕЛ по пат на електронско јавно наддавање.Проучувајќи ги наводите во пријавата кои се однесуваа на повеќе околности за кои требаше да се изврши проверка, надлежниот јавен обвинител презеде голем број дејствија со цел утврдување на битни факти и околности за пријавениот настан, особено затоа што кривичната пријава беше поднесена без да биде приложен ниту еден доказ како поткрепа на наводите.Во таа насока беа испитани претставници на Општина Центар, претставник на Министерството за транспорт и врски, претставник на Државното правобранителство, претставник на банката од која бил земен кредит со залог на земјиштето, нотарот пред кој бил солемнизиран договорот, како и управителот на правното лице – купувач на земјишната парцела. Сите испитани лица беа задолжени да достават соодветна документација за поткрепа на изнесеното пред јавниот обвинител со цел да се утврди хронологијата и да се проучи постапувањето на пријавените во настанот.Во текот на постапката, од Општина Центар беа доставени и нови поднесоци и обраќања до Јавното обвинителство во кои се наведуваше дека по преземањето на надлежноста за управување со градежното земјиште на подрачјето на општината биле констатирани повеќе нелогичности и било утврдено дека почетната цена за јавното наддавање била неправилно формирана, како и дека не бил земен предвид приговорот на вториот наддавач кој се жалел на дефект на интернет конекцијата за време на електронската аукција. Со оглед на тоа што поднесоците даваа дополнителни наводи и други околности во предметот, јавниот обвинител презеде и дополнителни истражни дејствија за утврдување на фактите, па испита и двајца претставници од Комисијата која го спровела елекронското јавно наддавање во врска со формирањето на почетната цена и со приговорите на останатите учесници.Во исто време, јавниот обвинител се обрати и до Министерството за транспорт и врски и побара разјаснување на начинот на кој била формирана почетната цена на земјиштето, а во два наврати беше испитан и актуелниот градоначалник на Општина Центар.Врз основа на сите прибавени докази и утврдени факти и околности, надлежниот јавен обвинител оцени дека во дејствијата на пријавените не се содржани битните елементи на пријавеното кривично дело, ниту пак на друго кривично дело за кое гонењето се презема по службена должност.Во поглед на неисполнување на договорниот рок од страна на купувачот – фирмата Никофон ДООЕЛ да прибави одобрение за градба на предметниот објект во рок од 9 месеци од извршената солемнизација, јавниот обвинител оцени дека станува збор за настанат спор во врска со неисполнети договорни обврски за кои единствено во граѓанска постапка може да се утврдува дали рокот не бил испочитуван по вина на купувачот. Јавниот обвинител не може да супституира договорна страна и да даде оценка во врска со овој факт, бидејќи не се работи за императивна законска норма која е прекршена, а особено затоа што во самиот договор постојат и други одредби со кои се предвидува можност за пролонгирање на роковите.Доколку купувачот не извршил солемнизација на Договорот во рок од 30 дена по неговото склучување, договорот предвидува заштита на отуѓувачот на земјиштето преку еднострано раскинување, при што 20% од вкупно постигнатата цена на земјиштето на електронското наддавање не му се враќаат на купувачот. Од прибавените докази во предметот недвосмислено се утврди дека ниту Министерството за транспорт и врски ниту Општина Центар, која ја презела надлежноста за градежното земјиште, не презеле дејствија за еднострано раскинување на договорот.Исто така, неспорно се утврди дека почетната цена на јавното наддавање била заснована врз тогаш важечките прописи, односно врз важечката Уредба за висината на цената на градежното земјиште во сопственот на РМ и висината на посебните трошоци за спроведување на постапката. Предмет на оценка беше и околноста како е спроведена постапката на јавното наддавање, при што се утврди дека сите законски и подзаконски предуслови за електронското јавно наддавање биле исполнети. Неизбраниот понудувач не презел никакви дејствија за поништување на јавното наддавање доколку сметал дека постоеле причини за тоа, ниту побарал управна заштита или инспекциска проверка на спроведената постапка.Исто така, јавниот обвинител предвид го имаше и фактот дека од склучувањето на договорот до денес на раководната позиција во Министерството за транспорт и врски се смениле повеќе министри, а во непреземањето на дејствија за едностран раскин на договорот не може да се извлече заклучок дека постојат елементи на кривично дело кај кое било од лицата кои ја извршувале таа функција. Имено, дали се настапени условите за еднострано раскинување на договорот зависи од договорната волја на отуѓувачот на земјиштето, како и од основаноста и правниот интерес за преземање на такви дејствија во случај на спор околу неисполнетост на договорните обврски по вина на купувачот.Решението за отфрлање на кривичната пријава е доставено до Општина Центар, а оштетениот има право на жалба пред Вишото јавно обвинителство Скопје во рок од осум дена по приемот.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

siti-mol-2

Лажната дојава за бомба во „Сити мол“ , во рацете на обвинителството

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерки на претпазливост за едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Лажно пријавување на кривично дело од член 366 став 4 од Кривичниот законик.Против осомничениот е поведена постапка поради основано сомнение дека на 29 јануари во трговскиот центар „Сити мол“ каде бил вработен пријавил дека е извршено кривично дело – Предизвикување општа опасност за кое гонењето се презема по службена должност, иако знаел дека такво дело не е сторено.Осомничениот 19-годишник бил вработен во трговскиот центар преку агенција задолжена за обезбедување на објектот. Од својот мобилен телефон тој пристапил на интернет страната www.globefone.com и на неговиот претпоставен му испратил текстуална порака со содржина: „Напуштете го молот веднаш, има бомба“. Претпоставениот веднаш пријавил во полиција, по што била организирана и извршена евакуација на присутните лица во трговскиот центар. Во исто време била ангажирана и екипа од Одделот за антитероризам во МВР кои утврдиле дека во објектот нема поставено експлозивна направа.Јавниот обвинител, заради непречено водење на постапката, побара на лицето да му бидат определени четири мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, обврска повремено да се јавува кај определно службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, како и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

Скопје | пред 6 години

izjava-zaev.Still312

(ВИДЕО) Богојески: ВМРО ДПМНЕ е контролирано од Мијалков, а Мицкоски е лидер на „Советскиот блок“ во партијата

Членот на ВМРО ДПМНЕ кој е дел и од програмата „Македонски Концепт“ тврди дека поранешниот директор на тајната полиција Сашо Мијалков сеуште раководи со ВМРО ДПМНЕ и со самиот Кристијан Мицкоски.„Мијалков денес е еден од најмоќните луѓе во ВМРО ДПМНЕ. Кристијан Мицкоски беше кандидат на Мијалков за лидер на партијата и беше избран по предлог и залагање на Мијалков. Сашо го постави за лидер на партијата. “ - изјави Богојески во емисијата на Јанко Илковски.МЛАДИТЕ ИЗБЕГАА ЗА ДА НЕ СЕ СЛУГИ НА ОЛИГАРХИЈАТАБогојески рече дека младите избегале од земјава не заради пари, туку за да не слугуваат на олигархијата и мафијата.„Младите избегаа за да не бидат слуги на пет или шест фамилии во земјата и една бандитска организација која држи се во земјава. Се додека не ја ослободиме републиката нема просперитет. Ние ја немаме републиката и трњеба да се избориме за неа. Оние млади кои се самосвесни и кои не прифаќаа да се слуги на врсниците од тие фамилии и заминаа многу реализирани граѓани. Доктори, бизнисмени. Ги продадоа ординациите и заминаа, за да не се робови на тие фамилии кои управуваат со државата“ - рече Богојески.ВМРО ДПМНЕ Е СОСТАВЕНО ОД ПОВЕЌЕ БЛОКОВИ - МИЦКОСКИ Е ЛИДЕР НА СОВЕТСКИОТ БЛОК А ИМА И ЧЕТНИЧКИ БЛОК И БАНДИТСКИ БЛОКБогоески вели дека ВМРО ДПМНЕ е составено од повеќе блокови, а за Мицкоски посочи дека го водел т.н. „Советски блок“.„Смешно е на руски амбасадор да му објасниш како се водат фер и демократски избори. Што ќе ти каже рускиот амбасадор за фер избори ? Како ги спровеле во Русија ? Дозволено е во ВМРО ДПМНЕ да те трујат дека те плаќале Америка и ЕУ, а не смее да се каже дека те плаќаат во рубљи. Зошто во ВМРО ДПМНЕ е прифатливо да се плука по западот, а не смее да се спомнат рубљи.“ - рече Богојески и посочи дека денес во ВМРО има и четнички блок.„Член на Извршен комитет, силно поддржан од Мицкоски отворено порача дека МПЦ е комунистички проект, треба да се укине, да се вратиме на единство со Србија и да се вратиме во единство со Србија. Јас кога го читав тоа се чувствував поразен и уништен, мојата ВМРО ДПМНЕ да ми промовира исти ставови со Шешељ“ - вели Богојески и праша зошто Мицкоски не ја осудил истата изјава и не ја разрешил од функцијата.НИКОЛА ГРУЕВСКИ ГО СЕ СПАСИ ОД ЗАТВОР СО ПРОМЕНА НА ИМЕТОБогојески рече дека Никола Груевски стои зад бојкотот, по кој се пазарел со СДСМ да им ги даде неговите најлојални пратеници да гласаат за промена на името во замена за негово бегство од земјата и спас од затвор.„Кога требаше некој да ја земи вината за осумте пратеници , дека најверните чеда на Никола гласаа за промена на името, требаше да се најде некој друг фактор во партијата. Никола ги мотивираше и се бараше некој да ја земе вината, па се најде Сашо Мијалков. Направивме фингирано бркање од партијата и шефот на сите кампањи Никола Тодоров, за на нивни грб да падни вината за осумте и Никола Груевски да избега од земјата.“ - рече Богојески.На прашање дали мисли дека ќе го исклучат од ВМРО ДПМНЕ тој одговори:„Мицкоски е член од 2011, а јас тогаш бев ветеран во ВМРО ДПМНЕ. Како Јанушев ќе ме избрка од ВМРО ДПМНЕ кој се зачлени за да се вработи во Велес.“ рече Богојески.

Слајдер | пред 6 години

Kejt-Burnz

Кејт Мери Брнс: ВМРО-ДПМНЕ да не ги заведува граѓаните за значењето на Договорот од Преспа

Aмериканската амбасадорка Кејт Мери Брнс очекува Северна Македонија во најкус можен рок да го добие своето столче во НАТО, а се надева дека е можно уште во март да добие позитивен сигнал и од ЕУ.„Процесот на ратификација сега се ближи кон крајот и многу скоро македонското знаме ќе биде кренато во седиштето на НАТО. Во однос на ЕУ, длабоко бевме разочарани од недобивањето датум во октомври, но сега сме охрабрени, бидејќи од тоа што го видовме изминатите недели има повеќе позитивни изјави од лидерите на ЕУ и од престолнините на ЕУ за значаењето на Северна Македонија, за перспективите за нејзина интеграција, за можностите да отвори преговори со ЕУ и се надеваме дека следните недели и месеци, дури и до март, ќе има многу позитивен сигнал за Северна Македонија, а наскоро и покана за ЕУ преговори“, вели амбасадорката во интервју за ТВ Сител.Таа смета дека клучен придонес за остварување на стратегиските цели дал Преспанскиот договор. Најавите за негова ревизија од страна на ВМРО-ДПМНЕ, според неа, предизвикуваат вистинска загриженост и граѓаните не треба да бидат збунети или заведени за тоа колкав е влогот во тој процес.„Важно е да не се заборави дека добрососедските односи се предуслов за интеграција и членство во ЕУ и во НАТО. Ние знаеме дека Преспа беше компромис, имаше тешки преговори кои подразбираа отстапки од двете страни. Но, она што Преспа го направи е што конечно го откочи патот за Северна Македонија да стане НАТО-сојузник и да го продолжи патот кон ЕУ. Но, уште поважно, и помогна на Северна Македонија да се придвижи напред од позиција на стагнација каде не можеше да се развива политички, економски со иста брзина како многу од своите соседи, во смисла на ЕУ-интеграцијата. Затоа мислам дека е многу важно да се има на ум дека не само што ЕУ го препознава значењето на одржувањето добри односи со соседите како дел од изгледите на Северна Македонија за ЕУ, туку навистина се работи за иднината на оваа земја, за тоа дали лидерите ќе можат да обезбедат таков економски раст и можности, работни места, трговија, странски инвестиции, какви што би сакале да се реализираат. Многу е важно да не се загрозува оваа извонредна трансформација која се случува. Дури и магазинот ,Економист’ на крајот на годината ја издвои Северна Македонија како најтрансформирана земја во 2019 година, главно поради решавањето на отворените прашања со соседите. Да се заштити таа трансформација, да се продолжи движење напред и да не се загрозат сите овие достигнувања со гледање наназад е нешто што се надеваме дека луѓето ќе го сфатат многу сериозно“, вели  амбасадорката.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

tepa-zena

Чувар од основно училиште нападнал жена

На 29.01.2020 во 17.30 часот во СВР Скопје, А.М.(40) од Скопје пријавила дека во основно училиште на ул.„Среќко Пужалка“, по претходна расправија, била физички нападната од С.Т.(65) од Скопје, вработен како чувар во училиштето. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

rek-bitola

Поради високото загадување, бесплатен градски превоз во Битола

Утрово многу високо загадување во Битола. Мерната станица Битола 2 која што е во центарот на градот, утрово во 8 часот измери многу високо загадување со ПМ2,5 честичките и високи загадување со ПМ 10 честичките. Се огласија и од општина Битола. Тие го испратија следново соопштение:„ Согласно Одлуката за субвенционирање на бесплатен јавен градски превоз на патници во денови со високи нивоа на концентрации на суспендирани честички РМ10 во амбиентниот воздух над 100 μg/m3, донесена од Советот на Општина Битола, денеска јавниот градски превоз е бесплатен.Известувањето е објавено на веб страната на Општина Битола. На автобусите ќе бидат истакнати табли дека провозот е бесплатен“.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

sjo

Калеска Ванчева на Топ тема: Опструкциите се за да се дезавуираат предметите на СЈО

Во дебатното издание на Топ Тема на Телма телевизија посветено на предлог-законот за Јавно обвинителство, пратеничката Калеска Ванчева уште еднаш ја нагласи потребата за донесување на законот за јавно обвинителство, и посочи дека суштината на застојот и целта на опструкциите од страна на опозицијата е да се оспорат предметите кои што се сработени од СЈО.„Мислам дека и во текот на вчерашната и завчерашната дебата во Собранието веќе се покажа јавно зошто ние заглавивме на овие прашања, а тоа се две прашања. Се искажуваа технички, па за изборот, па дали е доволна дисциплинската одговорност застапена vis a vis овластувањата на јавните обвинители. Но верувајте дека сето тоа апсолутно нема врска, во смисла на камен на сопнување. Не. Проблемот е на две,  односно една нишка, а тоа како ние да дезавуираме се она што е сработено од страна на СЈО “, истакна Калеска – Ванчева.Според пратеничката Ванчева, потребата за донесување на закон и процесот се постари и немаат врска со случувањата поврзани со СЈО.„Ние бевме свесни на самиот почеток дека имаме потреба од нов Закон за јавно обвинителство, уште апсолутно кога не стануваше, не се проблематизираше ниту постоењето на СЈО, ниту кредибилитетот на СЈО и тоа беше влезено во стратегијата за реформи во правосудството“, посочи пратеничката Калеска - Ванчева во емисијата Топ тема.Ванчева потсети дека има разлика меѓу сегашниот предлог и првиот концепт на законот кој предвидуваше опстанување на СЈО, но не беше прифатен од ВМРО ДПМНЕ. Новото решение предвидува решение за обвинителите и вработените кои беа дел од оваа институција.„Обвинителите кои што работеа во СЈО, а потекнуваат од основни обвинителства, во ситуација кога се носи овој закон кога престанува СЈО, треба да се остави можност да конкурираат и повторно да бидат избрани во обвинителството за организиран криминал. Само тој начин е возможен. Сакаме да ја решиме оваа ситуација и тоа е единствен начин“ изјави Ванчева.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Утре протест пред Собранието и перформанс за секојдневното труење од согорување на отпа

Соопштение за јавност од Fridays For Future Skopje:Утре (петок) во 15 часот пред Собранието ќе побараме крај на фарсата која парламентарните партии деновиве им ја сервираат на граѓаните во врска со законот за отпад. Младинското движење за климатска правда “Петоци за Иднината Скопје” организира протестен собир со централен перформанс - симболично седнување на улицата, кое ќе ја претставува “чекалната” во која се наоѓаат граѓаните додека се донесе решение за секојдневното труење од согорување на отпад.Ќе седиме, но не со скрстени раце, затоа што долгата битка која минатата есен ја нарековме Зелена Револуција продолжува во 2020. Властите досега не исполнија ниту еден проце��т од списокот на барања на коалицијата Зелен Фронт, а калкулирањето со законот за отпад, чиј рок за донесување беше крајот на минатата година, само потврдува дека животната средина е на дното на нивната листа на приоритети.За граѓаните, и особено за младите, животната средина е највисокиот приоритет, особено во еколошката криза во која се наоѓаме, а која во огромна мера е последица на секојдневното неконтролирано внесување на илјадници тони отпад како гориво за индустриските капацитети. Наместо политичките лидери веднаш да преземат мерки за спречување на оваа закана за здравјето на нивните избирачи, тие купуваат време со патетични изговори, зад кои многу веројатно се кријат интересите на олигархијата во државава.Но вистинската моќ се наоѓа во колективот, а младите обединети зад скопскиот огранок на глобалното климатско движење ќе го поведат во отпор кон компромитираните политички елити, и кон долгорочна промена на културната и политичка ориентација во однос на прашањето на животната средина. Во следниот период нашите активности во оваа насока ќе кулминираат преку герилски акции, демонстрации и различни форми на граѓанска непослушност.

Скопје | пред 6 години

pedofilie-1

Наставник од гостиварско викнал ученичка во празна училница, ја гушнал и ја бакнал

Вчера во 18:20 часот, 39-годишен жител на гостиварско село пријавил дека наставникот (54) ја повикал неговата малолетна ќерка во празна училница во училиштето во кое учи, ја гушнал и ја бакнал.Наставникот бил задржан во СВР Гостивар за понатамошна постапка и за целосно расчистување на настанот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања