Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

bastur

Мицкоски за Благоја Георгиевски - Баштур: Големите луѓе живеат вечно. Слава ти!

Последен поздрав од претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за Благоја Георгиевски - Баштур кој утрово загина во сообраќајна несреќа. Мицкоски на ФБ напиша:Благодарност за твоето дело кое ќе продолжи да инспирира многу генерации. Печатот кој го остави во македонската кошарка е неизбришлив. Големите луѓе живеат вечно. Слава ти!https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/photos/a.833349540173840/1456628597845928/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

Kkorejci

МНР со извинување до претставниците на НВО од Република Кореа

Државниот секретар Зоран Попов денеска во Министерството за надворешни работи ги прими и упати извинување до претставниците на невладина организација од Република Кореја кои беа изложени на вербален напад на нетрпеливост и ксенофобија во центарот на Скопје.– Остро го осудуваме овој изолиран чин на говор на омраза, расизам, ксенофобија и нетолеранција, што се коси со темелните вредности на македонското општество и очекуваме надлежните органи да го откријат и соодветно санкционираат сторителот – гласи пораката која била испратена на средбата.Воедно било посочено дека борбата против говорот на омраза, расизмот, расната дискриминација, ксенофобијата и други видови на нетолеранција треба да биде една од најважните вредности на нашето општество. 

Македонија | пред 6 години

pvdk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvWVdRN01EQV8vNmYyMTdjOWNjMjBmZGJmNzIzMTQwMThmMmI2MzA4MWUuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

Повторно иста измама, приказната е иста „изгазено дете“ им дала 10 000 евра

На 29.01.2020 во 13.30 часот во СВР Скопје, П.Е.(43) од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 10.000 евра. Според пријавеното, на 28.01.2020 во 16.30 часот на домашниот телефон ѝ се јавило женско лице, ѝ се претставило како нејзина ќерка, ја известилa дека направила сообраќајна незгода и ја прашала колку пари имаат дома.Исто така, според пријавеното, веднаш потоа разговорот го продолжило машко лице, кое и кажало дека нејзината ќерка во сообраќајна несреќа прегазила девојче од Албанија, кое починало, поради што ќерка ѝ требала да оди во затвор од пет до 15 години. После тоа, според пријавата, лицето дошло пред нејзиниот дом, по што П.Е. му дала 10.000 евра. Таа утврдила дека е измамена откако се слушнала со нејзината ќерка.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

bastur

Премиерот Спасовски упати телеграма со сочувство за смртта на легендата на македонската кошарка Благоја Георгиевски Буштур

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски упати телеграма со сочувство до семејството на Благоја Георгиевски Буштур, кој го загуби животот во трагична сообраќајна несреќа.„Со загубата на великанот на македонската и на некогашната југословенска кошарка, останува голема празнина зашто замина спортист и личност која беше пример и инспирација за младите спортисти и за развојот на спортот во нашата земја“, пишува до семејството Георгиевски премиерот Спасовски.Претседателот на Владата на Северна Македонија истакнува дека ништо нема да може да го надомести неговото отсуство, но ќе останат големите европски, светски и олимписки највисоки признанија со кои што Благоја Георгиевски Буштур беше наградуван за врвните остварувања во кошарката. Благоја Георгиевски Буштур со своето ентузијастичко учество даде огромен придонес и во работата на Македонската кошаркарска федерација и Македонскиот олимписки комитет.„Ништо не може да ја надомести загубата со која се соочивте. Во овие моменти на жалост, од мое лично име и во име на Владата на Република Северна Македонија, дозволете да изразам искрено сочувство за големата загуба на Вашето семејство и да Ви упатам поддршка во овие тешки моменти“, пишува во телеграмата до семејството на Благоја Георгиевски Буштур што ја испрати претседателот на Владата, Оливер Спасовски.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

krediti-za-skoluvanje-denari-1

Поранешен директор на АХВ на вработена пет месеци ѝ плаќал неоснован бонус од 63.000 денари

СВР Скопје - Единица за економски и компјутерски криминал до Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против З.П.(39) од Скопје, поради основано сомнение дека сторил кривично дело ,,Злоупотреба на службена положба и овластување“, предвидено и казниво по член 353 од КЗ на РСМ.Пријавениот, во временскиот период од декември 2016 година до мај 2017 година, додека ја извршувал функцијата директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, искористувајќи ја својата службена положба со пречекорување на своите службени овластувања постапил спротивно на член 53 од договорот склучен помеѓу Европската агенција за безбедност и храна и Агенцијата за храна и ветеринарство.Имено, во член 53 било децидно пропишано дека лицето кое ќе биде назначено како помошник координатор на EFSA не може да прима дополнителен надоместок од Агенцијата, ниту да ја кумулира претпристапната програма со каков било друг договор за работа со други тела. Наспроти ова, пријавениот склучил договор за дело со К.М., во тоа време вработена во Агенцијата за храна и ветеринарство, за извршување на работни обврски и задачи како асистент координатор на EFSA, кои веќе биле предвидени со Правилникот за систематизација на работните места во Агенцијата за храна и ветеринарство за нејзиното работно место.Врз основа на склучениот договор за дело, во горенаведениот временски период, секој месец на К.М. неосновано ѝ биле исплаќани парични средства во износ од 62.934 денари, со што пријавениот ѝ овозможил да се стекне со противправна имотна корист во вкупен износ од 377.604 денари.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

soobr-2

(ФОТО) Кај Издеглавје се судрија автомобил и багер

Предмалку се случи сообраќјна несреќа на регионалниот пат Охрид - Кичево кај Издаглавје. Авмобил Дачија се судри со багер. 

Македонија | пред 6 години

84008011_810757466106469_8244441053273260032_n

Министерот Наќе Чулев, во работна посета на СВР Штип, се сретна и со здружението на бранители „Бедем“

Министерот Наќе Чулев денеска беше во работна посета на СВР Штип. На средбата со раководството на СВР Штип министерот Чулев истакна дека е потребно сите да дадат свој придонес за обезбедубање фер, демократски и мирен изборен процес и дека за тоа потребна меѓусебна соработка и координација. Министерот, исто така, информираше и за соработката со ОБСЕ преку која ќе се едуцираат полициските службеници за препознавање и сузбивање криминал поврзан со изборни нерегуларности. Според министерот Чулев, на нашата држава и на сите нас ни се потребни кристално чисти избори. На средбата во СВР Штип, министерот беше информиран и за актуелната безбедносна состојба на ова подрачје и дека статистичките податоци во 2019 година покажуваат благ пад на вкупниот криминал. Министерот беше информиран дека останува проблемот со опожарените возила, односно дека во скоро сите случаи мотивите се исклучиво криминални. Министерот, ги охрабри и повика колегите да продолжат активно да работат на расчистување на овие случаи. Министерот Наќе Чулев, исто така, имаше средба и со здружението на бранители „Бедем“.

Македонија | пред 6 години

darko-poposki

Попоски: Повеќе од 30 години политичката елита нема волја да спроведе чесни и демократски избори

Република Македонија е земја за пример во светски рамки која повеќе од 10 години нема спроведено попис на своето население. Во наше друштво почитувани, замислете се наоѓа и Сомалија. Без регуларно спроведен попис на населението, спроведен согласно македонското законодавство и во согласност со европската пракса и понатаму се остава простор за сомнежво Избирачкиот список, истакна портпаролот на ГДУ- Дарко Попоски.Да ги потсетиме господата Заев и Спасовски како и госпоѓата Шекеринска дека очекуваме Амди Бајрам и на овие избори да ги посети бутелските гробишта, објавувајќи дека сите тие гласале за нив. Горе споменатите дами и господа ги прашуваме после 3 години на власт, дали има мртви души во избирачкиот список, дали се имплементирани препораките на ОПСЕ и ОДИХИР или пак дали веќе се договорија со нивните демек политички противници колку ќе си ги поделат и како, гласовите на мртвите души во списокот?Што се случува со основната задача на техничката влада да спроведе демократски и чесни избори во духот на европските вредности? Имајќи предвид дека техничката влада се занимава со службени возила, обезбедување на функционери, кариерен развој на државни службеници какои разни коруптивни пракси и сѐ друго што е од сферата на Јавното обвинителство, тогаш дали тоа значи дека Јавното обвинителство ќе биде тоа кое што ќе ги организира изборите во Република Македонија и ќе има директно влијание врз изборните резултати?Почитувани сограѓани, повеќе од 30 години политичката елита нема волја да спроведе чесни и демократски избори, нема волја да го промени  Изборниот модел како и да се спротистави на незаконското финансирање на политичките партии и кампањи во Р.М.Дали ни претстојат уште едни предвремени но наместени избори? Одговорот на ова прашање почитувани сограѓани е во ваши раце. Затоа излезете на претстојните парламентарни избори, масовно дајте и црвен картон на политичката елита и со вашата активност минимизирајте го влијанието на мртвите души во списокот на купени гласови на изборите и не дозволувајтедруг да гласа во ваше име, истакна портпаролот на ГДУ- Дарко Попоски.фото и видео:ГДУ

Македонија | пред 6 години

marija

Марија ја нема 12 дена - таа била бремена во вториот месец?

Марија Брзакова, жената по која веќе 12 дена се трага, покрај тоа што е мајка на три – годишно девојче, во моментот на исчезнувањето била во вториот месец од бременоста, пишува на апелот кој што е актуелен на социјалните мрежи.Истрагата за исчезнувањето на 28 годишната Марија Брзакова од Босилово ја води Основното јавно обвинителство во Струмица. Според информациите оттаму отворена е предистражна постапка, а повеќе детали во интерес на истрагата не се соопштуваат.фото: Архива  

Македонија | пред 6 години

bustur

Пендаровски: Загубивме кошаркарска легенда, посветен спортски работник, ведра и пријатна личност

Фб статус на претседателот Стево Пендаровски:🙏 Искрено сочувство до семејството и пријателите на Благоја Георгиевски – Буштур. Ќе остане запаметен како еден од најголемите македонски кошаркари на сите времиња. Неговите блескави партии во дресот на Работнички како и настапите за некогашната југословенска кошаркарска репрезентација ќе останат врежани во македонската колективна спортска меморија. Загубивме кошаркарска легенда, посветен спортски работник, ведра и пријатна личност.

Македонија | пред 6 години

zivka-magazin

Охрид дел од ТВ магазинот „По патот на свилата:ПРИЈАТЕЛСТВО“

Претседателката на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска и Секретарот на Општина Охрид, Игор Бежоски беа дел од свечената промоција на тв-магазинот „По патот на свилата: пријателство“.Промоцијата се одржа вчера во Скопје во организација на Амбасадата на Народна Република Кина во Република Северна Македонија.Дел од тв-магазинот кој ќе се емитува на националниот јавен сервис „МРТ“ се очекува да биде посветен на пријателските односи и протоколот за соработка помеѓу Општина Охрид и кинескиот град Далиан.Овој проект се реализира во рамки на активностите за продлабочување на соработката и остварувањето на заедничките интереси на двете пријателски земји.фото: Општина Охрид

Актуелно | пред 6 години

babe

(ФОТО) Чествување за ликот и делото на охриѓанецот Андон Кецкаров

Со панихида и пригоден историски час, денеска кај неговото вечно почивалиште што се наоѓа на источната страна на црквата „Свети Константин и Елена“ беа  одбележани 155 години од раѓањето и 75 години од смртта на македонскиот револуционер, просветниот и општествен деец, охриѓанецот Андон Кецкаров. На чествувањето за ликот и делото на Кецкаров зборуваше Д-р Никола Митровиќ- Бабе.Андон Кецкаров  е роден во Охрид во 1865 година и е еден од истакнатите интелектуалци од 80-те и 90-те години на XIX век, кои бараат нови форми на организирање на населението, комбинираjќи ја просветната со револуционерната агитација. Во периодот 1887-1889 година Кецкаров бил учител во Охрид, а меѓу 1889-1897 година во Битола. Во 1942 година Кецкаров бил еден од основачите на Охридската општограѓанска фондација „Св. Климент Охридски“, која имала хуманитарни цели. Починал на 30 јануари 1945 година.Пригодните чествувања за првпат се организираа пред  спомен обележјето кое неодамна  беше соодветно реконструирано и уредено  од страна на Општина Охрид и ЈП „ Градски гробишта“.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 6 години

ogledalo

Скопјанец обвинет за грубо насилство врз 14-годишно девојче, поради скршено огледало

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.На 23 јануари, обвинетиот 64-годишник извршил грубо насилство врз дете на возраст од 14 години. Имено, оштетената со нејзиното семејство биле потстанари во куќа во сопственост на осомничениот. На критичниот ден девојчето скршило огледало во куќата, па сопственикот започнал да ја удира со тупаници и со дрвен стап по главата и телото и да ја влече за косата. Во еден момент зел парче од скршеното огледало и ја исекол на задната страна на вратот. Потоа зел вилушка и и ја ставил под вратот, во исто време тегнејќи ја за косата. Од извршеното насилство оштетеното дете се здобило со телесни повреди – гребаници, набиеници и отоци.За време на настанот во куќата била и сопругата на братот на оштетената со нејзините две деца на возраст од три месеци и 1.5 година, која не успеала да му помогне на девојчето и кај која обвинетиот со своето однесување предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.Јавниот обвинител кој постапува во предметот процени дека се уште постои опасност од бегство на обвинетиот, како и можност тој да го повтори кривичното дело. Од тие причини тој од Основниот кривичен суд Скопје побара да ја продолжи определената мерка притвор.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

humanost

Отворен телефон за донации за Сандра Ническа

Охриѓани уште еднаш имаат можност да ја покажат нивната хуманост, овој пат за помош на 9-годишната Сандра Ническа.На Сандра и’ е дијагностициран Миелодиспластичен синдром (MSD), група на малигни заболувања, кои го спречуваат созревањето на клетките на коскената срж, односно не дозволуваат овие клетки да се развијат во здрави.Сандра се наоѓа во Yeditepe University Hospital, Педијатрискиот центар за трансплантација на матични клетки во Истанбул, Турција.– На 26-ти април 2019 година и’ беше извршен зафат на трансплантација на коскена срцевина од донатор кој не е во крвно сродство, бидејќи тоа е единствениот лек за Миелодиспластичен синдром кај деца. Меѓутоа, по зафатот, Сандра разви стероидно зависна хронична болест калем-против-домаќин (graft versus disease GVHD) на долниот гастро интестинален тракт и на црниот дроб. Вообичаен третман за лекување е пресадување на коскена срж од сроден или несроден донор, зафат кој заедно со сите пропратни испитувања, третмани и престој на потесното семејство на клиниката, чинеше повеќе од 200.000 евра, обезбедени од сопствени средства, кредити, позајмици од роднини, пријатели и добронамерници. Третманот што ветува искоренување на GVHD синдромот ќе чини поеќе од 100.000 евра дополнителни средства, за кои немаме други опции да ги обезбедиме, апелираат од семејството.Сите хумани и добронамерни луѓе кои се во можност да помогнат, истото можат да го сторат на следниот начин:А1 143470200002729851107 MKDбанка: Стопанска банка АД СкопјеSWIFT CODE:STOBMK2XIBAN: MK07200002729853241 EURbeneficiary: Lenche Nicheskaадреса: село Коњско, ОхридДополнителни информации можат да се добијат на телефонот: ++0038978277256.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

svaler

(ВИДЕО) Кога мораш да бегаш - погрешно проценил па паднал на земја

На социналните мрежи повторно се појави по малку морничаво видео на кое се гледа како маж се обидува да скокне преку прозорец, и тоа, за да се извлече од непријатната ситуација.  Може да претпоставиме дека ни помалку ни повеќе – станува збор за изневерување.Тој во долна облека морал да се снајде како да побегне. Излегол речиси целосно од прозорецот од станот. Но, мислјќи дека може безбедно да се симне од зградата,  се „лизнал“ , па паднал болно и непријатно.https://twitter.com/Kovenzi/status/1222577376208596992?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1222577376208596992&ref_url=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fvesti%2F331545%2Ftrgnal-vo-preljuba-pa-moral-da-bega-niz-prozorec-posledicite-ne-se-za-potcenuvanjeвидео: twitter

Магазин | пред 6 години

ruskoska

Русковска: Боки-13 ако има докази за корупција да пријави

Обвинителката Вилма Русковска по денешното рочиште за случајот „Рекет“ го повика првоосмничениот во тој случај Бојан Јовановски да ги пријави во полиција доказите за корупција кои тврдеше дека ги има за неа.„Го охрабрувам секој кој има за кого било да пријави во полиција. Не се сомневам дека полицијата професионално ќе си ја заврши работата“, рече Русковска.Инаку Бојан Јованосвки кој е првоосомничен во случајот „Рекет“, кажа дека има неосборливи докази против обвинителката Русковска, за криминал од 4 милиони евра.Каде да ја го пријавам лицето Вилма Рускоска? Кај Вилма Рускоска?, праша Јовановски.-Дали лицето Вилма Русковска да го пријавам кај обвинителката Вилма Русковска? Каде да го пријавам лицето Вилма Русковска за корупција од 4 милиони евра за кои имам несоборливи докази?, праша обвинетиот Јовановски.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

kanabis

Николовска: И шверцерот на цигари Боро Малборо добил лиценца за марихуана

Скандалот “Канабис – милионите на Заев” го достигна врвот.  Денеска ќе објавиме нов скандал во врска со фирма која добила концесија за одгледување марихуана. Фирмата ЦМД Медплант од с. Борисово, Ново Село, е фирмата која добила лиценца, а чиј сопственик е Перо Стојчев, син на поранешниот осуден градоначалник од СДСМ Боро Стојчев, истакна Ружица Николовска од ВМРО ДПМНЕ.Замислете, Владата на Заев издала лиценца на фирма на синот на осудениот градоначалник од СДСМ за шверц на цигари, Боро Стојчев. Неспојлива и несфатлива е поврзаноста помеѓу семејството Стојчеви и медицината.Што ли треба да очекуваме од оваа фирма?Дали Зоран Заев навистина доделил лиценца на синот на осудениот за шверц градоначалник на СДСМ од Ново Село Боро Стојчев?Ако видовме дека шверцот на цигари е семеен бизнис на градоначалникот на Ново Село Боро Стојчев, дали ова значи дека нареден семеен бизнис на Стојчеви е шверцот на марихуана?Која е цената на оваа издадена лиценца? Дали оваа лиценца е издадена во замена за укинатиот семеен бизнис со шверц на цигари од претходно?Ова е можеби и врвот на скандалот “Канабис – милионите на Заев”, скандал пред кој не смеат да замижат ниту јавноста, ниту институциите.За ова одговорност мора да има.Зоран Заев очаен пред падот на својата власт, доделува лиценци на кого стигне, меѓу кои и на син на осуден градоначалник за шверц на цигари.Следува Обнова на Македонија после 12 април и следува одговорност за сето ова што го прави Владата на Заев, истакна Ружица Николовска од ВМРО ДПМНЕ.видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

sudstvo-1

Арсовски: Судијката Мери Дика учествувала во „перење на пари“ со Бојан Јовановски

Луј Витон правосудството на Заев и СДСМ го урниса целиот правосуден систем во Република Македонија. Судијката од апелациониот суд Мери Дика, инаку кума на првообвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски, јавно призна дека е вклучена во перење пари во корелација со Бојан Јовановски, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Судијката Мери Дика, призна дека дозволила нејзините податоци да бидат користени за да се изврши поврат на данок за се што пазарел Бојан Јовановски и неговото семејство во Милано, ИталијаИмајќи го предвид луксузниот стил на Бојан Јовановски кој се мери во илјадници, но и во стотици илјади евра, нималку не се сомневаме дека тоа биле огромни суми на пари кои Мери Дика ги извадила користејќи ги нејзините лични податоци и истите му ги предала на Бојан Јовановски Боки 13 и со тоа автоматски извршила дело „перење пари“.Здобиените пари од повратот му ги дала на Бојан Јовановски, имајќи предвид како што реков дека троши огромни суми на пари за својот луксузен стил на облекување. Прашањето е дали тие стекнати пари откако ги извадила, откако му ги дала на Бојан Јовановски, била свесна и знаела од каде се снабдени, имајќи во предвид дека Бојан Јовановски нема свои сметки, односно, нема сметки со легално легнати пари?Со секое ново сведочење во „Рекет“ излегуваат на површина сите постапки на инволвираните во истиот случај.На Кацарска и се заканува затвор до 11 години заради влијание врз друг судија и уште веднаш треба да се суспендира, од страна на Иван Џолев. Според сведочења Русковска била вмешана во криминал од 4 милиони евра. Денес гледаме дека Мери Дика „перела пари“ за Бојан Јовановски.Како што реков имајќи во предвид дека Бојан Јовановски нема свои сметки каде што има легално стекнати пари, односно оттука е прашањето дали можеби овие пари коишто се трошени во Милано, односно коишто се користени личните податоци на судијката Мери Дика се пари стекнати од рекетирање.Кацарска судството и Русковска обвинителството е реалноста на правосудниот систем во Република Македонија.Затоа ни е потребен закон кој нема да дозволи штитење на криминалот.Почитувани, крајот се ближи.Зоран Заев и СДСМ се виновни за се ова што се случува и одговорност мора да има за се она што е направено во делот на криминални деанија од страна на оваа влада, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.фото: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

alijansa-za-albancite

АА: Со лица инкриминирани во кривични дела, не може да се донесе закон за ЈО

Дебатата за законот за Јавно Обвинителство треба да биде дебата во која се вклучени криминално чисти лица, а не осомничени и обвинети, како што е случајот со еден број пратеници на ДУИ.Срамно е што ваков закон од ваква важна природа се очекува да го изгласаат овие лица директно инкриминирани во разни кривични постапки.Алијанса за Албанците смета дека новиот Закон за Јавно Обвинителство не е закон што треба да овозможи политички игри и манипулации. Сметаме дека учеството на овие лица во донесувањето на законот и дискусијата за истиот само ја нарушува целта на законот, што треба да биде функционирање на Јавното обвинителство без надворешни влијанија, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците. 

Македонија | пред 6 години

Sednica-na-Sovet-2

И советничка група на ВМРО-ДПМНЕ Град Скопје: Oсуда на ксенофобичниот напад на туристите

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје најостро го осудува ксенофобичниот и расистички напад кон туристите кои се случи во центарот на градот. Тоа не е сликата за градот на солидарноста Скопје, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Политиката на поделби и омраза креирана и практикувана од власта резултира со агресивност, омраза и создавање на лоша слика за Република Македонија и главниот град.Станавме место каде антисемитизмот останува неосуден од власта, ксенофобијата е последица на поделбите, говорот на омраза средство за комуникација.Оттука лицемерно е кога Шилегов чиј вокабулар изобилува со навреди и непочитување кон соговорникот и вербални испади  ќе се прикажува за душегрижник и поборник на солидарноста, кога всушност е поттикнувач на поделбите.Бараме институциите да реагираат и го осудат говорот на омраза и политиката на поделби, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

30012020_VRSM_fotovoltaici_preskonferencija

Спасовски и Бектеши: Eдна од главните цели на енергетската политика е поттикнувањето на приватни инвестиции за изградба на енергетски објекти со обновливи извори на енергија

Премиерот Спасовски и министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Владата на Република Северна Македонија одржаа прес-конференција по повод потпишувањето на договорите за финансиска поддршка за производство на електрична енергија од обновливи извори. Станува збор за поддршка на изградба на фотоволтаични централи на државно земјиште во Свети Николе и Македонски Брод на 11 парцели од страна на девет фирми кои ги задоволија критериумите на претходно објавениот јавен повик, со што Владата инвестира во зелената иднина на земјата.Покрај претставниците на фирмите инвеститори, на доделувањето на договорите присуствуваа и градоначалниците на Свети Николе и Македонски брод, како и претставници од Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) и претставници од Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ).Во своето обраќање премиерот Спасовски истакна дека една од најтемелните и најефикасните реформи, од огромно значење за граѓаните и за бизнис заедницата, е реформата во енергетскиот сектор.„Според Европската Енергетска заедница, нашата земја е регионален шампион за реформи во енергетиката. Со новиот Закон за енергетика и со големиот број инвестиции во обновливи извори на енергија и во гасификацијата, Владата го стабилизираше вртоглавиот раст на цената на струјата“, рече премиерот Спасовски.Тој додаде дека споредено со времето на претходната влада, кога цената на струјата порасна за 100%, денеска, граѓаните плаќаат најниска просечна цена за киловат/час во регионот, подвлекувајќи некои аспекти од Стратегија за енергетика на Владата на Северна Македонија.„Eдна од главните цели на енергетската политика е поттикнувањето и поддршката на приватни инвестиции за изградба на енергетски објекти со обновливи извори на енергија. Тоа е инвестирање во зелена енергија за значаен придонес во заштитата на животната средина и за ублажување на климатските промени“, подвлече Спасовски.Премиерот истакна дека на сосема конкурентен начин, без никаков трошок и товар врз цената на електричната енергија, ќе се изградат новите фотоволтаични електрани со вкупна моќност од 35 мегавати. Со потпишувањето на договори со 9 компании што ги исполнија условите, се затвора првиот јавен оглас на кој беа пристигнати вкупно 82 понуди.„Пресврт се случи и во самата тендерска постапка. Во поголемиот дел на спроведените аукции за парцелите предвидени за инсталирање фотонапонски централи, инвеститорите не само што не бараа премиум, туку се натпреваруваа да дадат повеќе пари за да се стекнат со право да инвестираат, со што се премина во позитивна аукција и во Буџетот на државата влегоа 2,7 милиони евра“ – подвлече Спасовски.Mинистерот Бектеши на прес-конференцијата истакна дека по донесувањето на законот за енергетика во 2018 година, Министерството за економија транспарентно спроведе две постапки за доделување на премии за изградба на фотонапонски централи на државно и приватно земјиште со вкупен инсталиран капацитет од 62 MW.„Инвеститорите ќе имаат право да ја користат премијата во рок од 15 години по ставањето во употреба на електроцентралата. Министерството за економија, согласно договорите, ќе обезбеди поддршка земјиштето на кое ќе се гради електроцентралата да се пренамени во градежно земјиште и да се стекнат со долготраен закуп на земјиштето и поддршка за приклучување на електроцентралата на електродистрибутивниот систем. Ние градиме партнерства со инвеститорите и за оваа година предвидената сума што ќе треба да ја исплатиме за поддршка на премиите е околу 200.000 евра, а еднократниот надоместок кој инвеститорите го уплатија за добивање на овие локации е приближно 2.8 милиони евра“ – подвлече Бектеши.Претставници на инвеститорите ја поздравија инцијативата за искористувањето на природните и чисти енергенси со кои располага Република Северна Македонија и истакнаа дека изградбата на фотоволтаични централи е мошне важен чекор во борбата против јаглеродната емисија и борбата за почиста и поздрава животна средина. Дел од инвеститорите истакнаа дека се подготвени наместо за предвидените три години, дел од фотоволтаичните централи да изградат за само шест месеци и да ја продаваат електричната енергија по пазарни услови и без воведување премии.На прес конференцијата беше соопштено дека постапката за вториот јавен оглас за доделување на договор за право на користење на премија за електрична енергија произведена од фотонапонски електроцентрали изградени на приватно земјиште е во тек и дека на овој оглас се примени вкупно 43 понуди.фото и видео: Влада

Македонија | пред 6 години

naum-pred-obvinitelstvo

Стоилковски: СДСМ во заминување вработува партиски полтрони во администрација

Не запира партизацијата и политизацијата на администрацијата, што е една од главните забелешки на ЕУ за определување датум за почеток на преговори со Република Македонија. Хибридниот режим на централно и на локално ниво продолжува со самоволие и со силување врз институциите, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Пред десетина дена, предупредивме дека општина Ѓорче Петров и градоначалникот Александар Наумовски распишуваат огласи за однапред познати избраници во штабот на СДСМ. Притоа ги посочивме и точните имиња и позициите на оние кои ќе минат низ тестирањата на Агенцијата за администрација, и ќе бидат постојано вработени  во Општинската администрација.Ова се решенијата потпишани од Наумовски токму за оние за кои што предупредивме. Ова е голема дамка и врз државата и врз општината и врз Агенцијата за администрација, ова е доказ за основано сомнение дека на другите учесници во тестирањето во агенцијата не им бил обезбеден фер и еднаков пристап, за да може еднакво да конкурираат и да бидат вработени во администрацијата согласно квалитетот, а не спорeд партиските заслуги во СДСМ.Не сме видовити, напротив самоволието и увереноста во неказнивост на СДСМ се премногу впечатливи. Во последните моменти од власт, СДСМ ги изигрува законите и ги згрижува партиските полтрони во администрација. Ова е класична партизација, класична политизација на администрацијата и е сосема спротивно од европските вредности. Апелираме институциите да го испитаат овој случај на класична партизација и до тогаш да се стопираат овие вработувања.Ова е пример зошто е Македонија тоне на индексот за перцепција за корупција, зошто Македонија е водена од хибриден режим. СДСМ е виновно за сите порази, криминали и измами, затоа на 12 април следува одговорност. СДСМ и Зоран Заев никогаш повеќе, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

janeva-katica-reket-skopje1mk

Чанта Луј Витон одземена од домот на Јанева

Кожена чанта „Луј Витон“ била одземена од домот на поранешната специјалната обвинителка Катица Јанева. На денешното рочиште за „Рекет“ беше презентирано сè  што е одземемо од канцеларија и домот на екс специјалната обвинителка Јанева. Покрај чантата, одземени се и аголна гарнитура, сим картичка, мобилен телефон, двд рекордер, банкарски сметки, како и тефтери, неколку УСБ уреди и два надворешни хард диска.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

2

Во Гостивар уапсена жена осудена за тешка кражба

Полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера околу 14.15 часот, во гостиварската населба „Фазанерија“ ја привеле 37-годишната А.Д. од Неготино, осудена на затворска казна за сторени кривични дела „тешка кражба“.А.Д. била спроведена во Казнено-поправната установа „Идризово“ во Скопје за издржување на казната затвор.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

ademi-i-kosta

МИА: Адеми - Државата ќе постапува по преостанатиот дел од забелешките на УНЕСКО

Министерот во Владата на РСМ и претседател на Националната комисија за УНЕСКО Едмонд Адеми изрази задоволство што средбата со претставниците на Мониторинг-мисијата на УНЕСКО што се во Охрид бил констатиран напредок во одредени сегменти, но и биле посочени одредени насоки како да се постапува понатаму, објави МИА.Експертите од УНЕСКО истовремено изразиле задоволство од комуникацијата со сите субјекти во земјата, властите на централно и локално ниво, нешто што не било случај изминатиот период.Адеми во изјавата за медиумите денеска од Охрид посочи дел од активностите што беа спроведени во насока на исполнување на забелешките од УНЕСКО, како напуштање на плановите за изградба на ски-центар на Галичица и патот А3, формирањето меѓудржавен македонско-албански Комитет за заедничко управување со Охридското Езеро, санацијата на најкритичните точки на Колекторскиот систем, усвоениот План за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион (2020-2029) со Стратегиска оцена на влијанијата врз животната средина и културното наследство.– Сега сме во процес на имплементација на останатото што бара повеќе време, како проектот за враќање на реката Сатеска во старото корито, процесите околу железницата и патот А2. Во соработка со експерти на УНЕСКО ќе се бараат решенија за сообраќајните проекти, се со цел да бидеме на иста линија по однос нивните барања, рече Адеми.Телстот во целост на: МИА.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања