Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

Gosti

Кои се набрканите „Кинези“?

Јавноста згрозена од видео клипот кој се појави на социјалните мрежи на кој се гледа како скопјанец јавно ги навредува туристи во Скопје, користејќи погрдни зборови бркајќи ги од земјава и насловувајќи ги „корона“. Настанот го осуди градоначалникот на Скопје Петре Шилегов. Тој ги повика надлежните да поведат истрага за инцидентот бидејќи остава сериозна дамка врз угледот на градот и земјата. Не’ на ксенофобијата и расизмот. Скопје отворен град. Град за сите, напиша меѓу другото Шилегов.Но, кои се набрканите туристи?Тие впрочем и не се од Кина туку од Јужна Кореа. Вчера уште пред инцидентот односно во текот на денот градоначалникот на Свети Николе Сашо Велковски објави фотграфии со истите луѓе. Тие се дел од невладина организација и во Македонија одржуваат работилници на тема Мир, толеранција и меѓусебно разбирање. „Денес основните училишта во Свети Николе беа посетени од тим на невладината организација “Heavenly Culture World Peace Restoration of Light (HWPL)“ од Сеул, Јужна Кореа. Одржаа работилници на тема ,,Мир, толеранција и меѓусебно разбирање“ со ученици од 7,8,12 и 13 години и ги наградија учениците со подароци.Исто така при посетата беа договорени понатамошни активности кои ќе се развиваат со меѓусебна соработка, стои во објавата на градоначалникот, напиша градоначалникот на ФБ, постирајќи фотографии од угледните гости.https://www.facebook.com/sasovelkovskizasvnikole/photos/pcb.684405782094190/684405395427562/?type=3&theaterфото: ФБ Сашо Велковски - Градоначалник на Општина Свети Николе

Македонија | пред 6 години

bustur

Емотивен статус на Ѓорчев: Почивајте во мир, чичко Благоја - аму горе, во вечноста, поздравете ги Дражен Петровиќ од Цибона и Драган Манце од Партизан

ФБ статус на Владимир Ѓорѓев:За нас во маало прво беше “татко му на Борјан”, потоа “чичко Благоја”, а дури после разбравме дека е кошаркарска легенда.Имавме кош во маало, во Аеродром, а тој знаеше кошарка повеќе од сите други татковци.На поминување ни покажуваше неколку финти, ни кажуваше како се игра одбрана, како се подава... 🏀Почивајте во мир, чичко Благоја.Таму горе, во вечноста, поздравете ги Дражен Петровиќ од Цибона и Драган Манце од Партизан.https://www.facebook.com/VladimirGjorcev/photos/pcb.3144021928958580/3144021425625297/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

Katica-Janeva-Reket-Boki-13-skopje1mk

„Рекет“ - денеска се презентираат докази против Јанева и Боки 13

Обвинителството на УСБ ги презентира доказите против обвинитетите Катица Јанева и Бојан Јовановски. Одбраната на двајцата регираше дека ги немаат добиено тие докази, на што Рускоска реагираше дека тоа не е точно.-Им беа пуштени доказите со доставување на обвинението иако на тоа не сме должни. Денеска ли видоа дека ги немаат. Можеби некој доказ сме испуштиле да скенираме, но на паузата и тоа ќе им биде доставено, рече Рускоска.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Утре протест пред Собранието поради законот за отпад

Утре (петок) во 15 часот пред Собранието ќе побараме крај на фарсата која парламентарните партии деновиве им ја сервираат на граѓаните во врска со законот за отпад. Младинското движење за климатска правда “Петоци за Иднината Скопје” организира протестен собир со централен перформанс - симболично седнување на улицата, кое ќе ја претставува “чекалната” во која се наоѓаат граѓаните додека се донесе решение за секојдневното труење од согорување на отпад.Ќе седиме, но не со скрстени раце, затоа што долгата битка која минатата есен ја нарековме Зелена Револуција продолжува во 2020. Властите досега не исполнија ниту еден процент од списокот на барања на коалицијата Зелен Фронт, а калкулирањето со законот за отпад, чиј рок за донесување беше крајот на минатата година, само потврдува дека животната средина е на дното на нивната листа на приоритети.За граѓаните, и особено за младите, животната средина е највисокиот приоритет, особено во еколошката криза во која се наоѓаме, а која во огромна мера е последица на секојдневното неконтролирано внесување на илјадници тони отпад како гориво за индустриските капацитети. Наместо политичките лидери веднаш да преземат мерки за спречување на оваа закана за здравјето на нивните избирачи, тие купуваат време со патетични изговори, зад кои многу веројатно се кријат интересите на олигархијата во државава.Но вистинската моќ се наоѓа во колективот, а младите обединети зад скопскиот огранок на глобалното климатско движење ќе го поведат во отпор кон компромитираните политички елити, и кон долгорочна промена на културната и политичка ориентација во однос на прашањето на животната средина. Во следниот период нашите активности во оваа насока ќе кулминираат преку герилски акции, демонстрации и различни форми на граѓанска непослушност, се вели во соопштението од  Младинското движење за климатска правда “Петоци за Иднината Скопје”.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

pozarna

За една недела во Скопје изгаснати 7 огнови на отворено

Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје во периодот од 23.01 до 29.01.2020 година на телефонскиот број 193, кој е дел од кампањата „Пријави оган на отворено“, регистрирала 13 пријави од граѓаните. Од вкупниот број јавувања, во седум случаи пожарникарите излегле на терен со противпожарни возила и го изгаснале огнот што горел на отворено. Преостанатите шест пријави од граѓаните се проследени кај инспекторите на Град Скопје за да покренат постапка против сторителите.Во сезоната со зголемено загадување на воздухот, Градот Скопје ја продолжи кампањата за пријавување огнови на отворено на бесплатната телефонска линија 193. Градот Скопје преку својот инспекторат и Територијалната единица за противпожарна заштита, а во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи и Црвениот крст организира мешани тимови кои работат секој ден, 24 часа, и се справуваат со огновите на отворено.Оваа кампања се спроведува трета година по ред и досега има одлични резултати.Градот Скопје и Бригадата за противпожарна заштита апелираат граѓаните да ги пријавуваат сите случаи на палење оган на отворено, за да може огнот што побрзо да се изгаси, а сторителите да се санкционираат.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

vlada

(ЖИВО) Во земјава ќе се градат 11 Фотоволтаични централи

Потпишување на договорите за финансиска поддршка за производство на електрична енергија од обновливи извориhttps://www.facebook.com/VladaMK/videos/192308248831436/?v=192308248831436&notif_id=1580377203932832&notif_t=live_video

Македонија | пред 6 години

zaev-zet

ВМРО ДПМНЕ: Дали Владата доделила лиценца за одгледување канабис на идниот зет на Заев?

Скандалот „Канабис-милионите на Заев” зема се поголем замав. Денес ќе објавиме уште едно име кое добило лиценца, а е многу блиско до Зоран Заев, рече на денешната прес-конференција, Ружица Николовска од ВМРО-ДПМНЕ.Фирмата „Лајф плант” од Струмица, земала лиценца за одгледување канабис. Сопственик во фирмата Лајф плант се јавува извесен млад лик од Струмица Иван Проданов. Нашите информации говорат дека Иван Проданов е момчето на ќерката на Зоран Заев, Александра Заева. Значи еве јавно го прашуваме Зоран Заев, дали неговата Влада доделила лиценца за одгледување канабис на неговиот иден зет Иван Проданов, кој има само 25 години и кој зад себе нема ниту еден сериозен бизнис? Исто така ако се земе во предвид дека за бизнис со марихуана потребни се милиони евра за инвестиција, прашуваме дали можеби семејството Заеви е спонзор на младиот Иван Проданов кој е иден зет на Зоран Заев и дали младиот Проданов е само параван за уште еден бизнис на Зоран Заев? Ова е начинот на функционирање на семејството Заеви. Сами на себе да си доделуваат лиценци и тендери. Доколку навистина Заев доделил лиценца за одгледување на канабис на неговиот иден зет, Антикорупциската комисија и институциите ќе имаат полни раце работа. Заев е потребно да ги разгледа овие работи и да размисли. Затоа е потребно на 12 април граѓаните масовно да гласаат за пад на оваа Влада на Заев и СДСМ. Заев и СДСМ се виновни за се што се случува во Република Македонија, истакна Николовска.После 12 април следува обнова и ревизија на сите овие сомнителни лиценци кои ги доделил Зоран Заев, додава Николовска.

Македонија | пред 6 години

pistol_001

Убил семеен „непријател“ поради кавга за местото за напасување на добитокот

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Убиство од чл. 123 ст.1 од Кривичниот законик.Обвинетиот, на 18.08.2019 година, во селото Мојанце, Арачиново, со употреба на огнено оружје со калибар од 7,62Х25мм, со умисла го лишил од живот оштетениот Зилбехар Ајвази. На критичниот ден, најпрвин дошло до вербална и физичка расправија меѓу братот на сега починатиот и таткото на обвинетиот, кои се расправале за местото за напасување на добитокот. Таткото на обвинетиот притоа се здобил со телесни повреди и за настанот ги известил своите синови.Обвинетиот, заедно со уште едно непознато лице, со автомобил Фолксваген голф 3 се упатиле кон куќата на семејството Ајвази. Кога стигнале таму, обвинетиот преку отворениот прозорец на совозачкото седиште на автомобилот испукал два куршума во правец на сега починатиот Зилбехар и го погодил во десната страна на градниот кош, нанесувајќи му тешка телесна повреда – устрелна рана. Куршумот повредил повеќе витални органи. Оштетениот бил хоспитализиран во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“– Скопје, каде му била извршена хируршка интервенција. На 09.09.2019 година настанало влошување на неговата општа состојба поради обилно крварење во стомачната празнина и оштетениот починал.Поради опасност од бегство, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и Предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетото лице. Притоа, обвинителот особено го ценеше фактот што непосредно по настанот осомничениот веднаш станал недостапен на органите на прогонот, по него била распишана потерница, а кога бил затекнат при претрес на неговиот дом, дал лажни податоци за сопствениот идентитет.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

Korona-virus-turisti

(ВИДЕО) Шилегов: Ксенофобичниот испад на наш сограѓанин кон туристите е срам за градот и за земјата

На социјалните мрежи се појави видео направено од засега непознато лице, на кое може да се види и слушне како скопјанец вербално напаѓа група од неколку лица од азиско потекло во центарот на Скопје, на кејот на реката Вардар..Лицето ја именува групата со „корона“, алудирајќи на вирусот кој се појави во Кина, ги псуе лицата и им порачува да се вратат во Кина.Настанот го осуди градоначалникот на Скопје Петре Шилегов. Тој на ФБ напиша:-Денешниот ксенофобичен испад на наш сограѓанин кон туристите во центарот на Скопје е срам за градот и земјата и е спротивност на се’ што Скопје е - град на солидарноста, космополитизмот и заедништвото.Го нудам моето најдлабоко извинување во името на сите добронамерни Скопјани. Во Скопје нема да толерираме вакво однесување. Ги повикувам надлежните да поведат истрага за овој инцидент бидејќи остава сериозна дамка врз угледот на градот и земјата.Драги Скопјани, бидете гостопримливи, почестете ги овие туристи со насмевка и отворена душа, ако ги сретнете низ градот.Не’ на ксенофобијата и расизмот. Скопје отворен град. Град за сите !!!https://www.facebook.com/petreshilegov/posts/3142689579288952Инаку ова е видеото на кое се гледа како туристи се нападнати од скопјенец, кој е срам за целата земја.https://twitter.com/skopskipunisher/status/1222545132999905280?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1222545132999905280&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fmakedonija%2F%25d0%25b2%25d0%25b8%25d0%25b4%25d0%25b5%25d0%25be-%25d0%25ba%25d0%25b8%25d0%25bd%25d0%25b5%25d0%25b7%25d0%25b8-%25d0%25b2%25d0%25b5%25d1%2580%25d0%25b1%25d0%25b0%25d0%25bb%25d0%25bd%25d0%25be-%25d0%25bd%25d0%25b0%25d0%25bf%25d0%25b0%25d0%25b4%25d0%25bd%25d0%25b0%25d1%2582%25d0%25b8-%25d0%25b2%25d0%25be-%25d1%2581%25d0%25ba%2F

Македонија | пред 6 години

timotej-1

Работна средба со Митрополитот г. Тимотеј околу илјадагодишнината на Бигорски

Во прилог на подготовките за прославата на големиот јубилеј – 1000 години од основањето на Свештениот Бигорскиот Манастир, нашиот старец и игумен, Архимандрит Партениј, со дел од братството и сестринството, оствари средба со нашиот почитуван и монахољубив надлежен владика, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Во топла и срдечна атмосфера во митрополитското седиште во Охрид, нашиот Старец го запозна Митрополитот и побара благослов за предвидените активности, како и помош за подобра организација за што подостојно одбележување на оваа уникатна и мошне значајна годишнина. На состанокот беше постигната взаемна согласност за претстојните манифестации, а притоа беше договорен и конкретниот датум за главната прослава. Како најсоодветно решение беше избран 18 октомври, со тоа што се очекува официјална потврда на овој датум, на следната Синодска седница најавена за 6 февруари.Текст и Фото: Бигорски манастир       

Македонија | пред 6 години

sudar

(ВИДЕО) Судар на патот Кичево - Охрид

Попладнево судар на патот Кичево - Охрид. Во несреќата има полесно повредени лица и причинета матријална помош.

Македонија | пред 6 години

carina-1-1

(ФОТО) Засилени проверки и контрола на отпадот што влегува во државава

Со цел поголема безбедност и заштита на здравјето на граѓаните, а во контекст на актуелизирањето на увозот на отпад во Северна Македонија, дополнително е подигнат степенот на проверка и контрола на секаков вид отпад и материи кои би можеле да го загрозат здравјето на граѓаните.Во таа насока денес, Државниот инспекторат за животна средина во координација со Министерството за животна средина и просторно планирање и Царинската управа, извршија вонреден инспекциски надзор на 11 камиони  со отпад (RDF) од Италија, чија крајна дестинација е Цементарница УСЈЕ која поседува дозвола за користење на RDF отпад како алтернативно гориво. Камионите се запрени на влез на граничниот премин Богородица. Вкупна количина на отпадот е 261 тон.По случаен избор од два камиона беа земени мостри, а другите камиони се органолетички прегледани. Со цел поголема веродостојност на резултати, земените мостри ќе бидат доставени до две лаборатории и тоа до Хемиската лабораторија на РЖ Техничка Контрола, како и до Истражен центар за животна средина во Република Естонија.Резултатите од анализите се очекуваат за околу десет дена, а се до добивањето на резултатите камионите со отпад ќе бидат складирани под соодветен надзор.Инаку предметните пратки се декларирани како RDF отпад (Refuse derived fuel -RDF) кој претставува алтернативно гориво (согласно ЕУ стандардите) произведено од отпад кој содржи биоразградливи материјали. Неразградливите материјали се претходно отстранети во целост во сложена постапка на сортирање и рециклирање во инсталации за преработка на отпад, и истото се користи за генерирање на енергија (особено при производство на топла вода, тулани, цементарници и слични капацитети).фото: Царинска управа

Македонија | пред 6 години

Ljuma

(ВИДЕО) Самир Љума: Ние сме од Македонија, земјата домаќин на најстариот фестивал за кинеметографија „Браќа Манаки“

Самир Љума и Фејми Даут од „Медена земја“ се добитници на наградата за најдобра кинематографија за Документарен филм на 34-то доделување на ASC (The American Society of Cinematographers) наградите.„Многу е чудно да бидеш дел од оваа свеченост. Ова е прв пат некој од Македонија да биде дел од оваа церемонија за доделување на најпрестижните награди“. Чест ни е што ни се случува нам, на самата кинематографија, рече Фејми Даут.Самир Љума примајќи ја наградата меѓу другото истакна:Да се биде овде, со најдобрите од најдобрите. Каква чест ви благодариме. Ние сме од Македонија, земјата домаќин на настариот фестивал за кинеметографија „Браќа Манаки“. Оваа година ќе биде 42 издание...“истакна Самир Љума.

Магазин | пред 6 години

siti-mol-2

Приведени две 19 годишни лица за лажната дојава за бомба во Сити мол

Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност при МВР денеска (29.01.2020) приведоа две лица во врска со лажната дојава за бомба во трговскиот центар Сити мол во Скопје. Приведени се П.Ц. (19) и А.Д. (19) и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

LAV

(ФОТО) Чака ќе и се придружи на лавицата Бела - Во скопската зоолошка за прв пат бели лавови

Добредојде Чака ❤️За првпат градот Скопје и скопската зоолошка станаа дом на бели лавови.Чака ќе и се придружи на лавицата Бела која пристигна пред неколку денови.Белите лавови се едни од најретките видови на светот и за жал се пред истребување во природата.https://www.facebook.com/ZooSkopje/photos/a.1031681913649071/1498173803666544/?type=3

Магазин | пред 6 години

infektivna_klinika-610x400

Почина скопјанец заразен со маларија

Триесет и петгодишен скопјанец, кој се заразил со маларија најверојатно на службен пат во Гана, бил примен во крајно тешка здравствена состојба на Универзитетската клиника за инфективни болести во Скопје, по што во текот на вчерашниот ден починал.Ова за МИА го потврдија од Клиниката за инфективни болести од каде посочуваат дека по доаѓањето на Клиниката тој веднаш бил хоспитализиран, болеста му била дијагностицирана, но за жал не можело многу да направи, бидејќи бил во тешка состојба.извор: МИА

Скопје | пред 6 години

daniel-paunovski

КОЛУМНА- Даниел Пауновски: Треба да се случат драстични промени во нашето образование

пишува: Даниел Пауновски, член на Претседателство на политичка партија  Обединети за МакедонијаПремногу внимание и време како општество одвојуваме на не толку битни  работи, работи кои 30 години тапкаат во место и не носат промени. За  да промениме нешто треба да почнеме од коренот. Кај грешиме.Училиштето односно образованието стана ради-реда традиција кај нас, а  не алатка за едуцирање и учење за која е и неговата намена.Училиштето треба да не подготви како во денешниот свет, светот се  менува секојдневно а образовниот систем не се менува. Кога образовниот  систем не се менува тогаш не може да очекуваме дека утре и ќе ни помогне во животот. Образованието кај нас одамна не е веќе предизвик, го имаш исто како и возачка што имаш, образованието не е веќе репер за успешност како порано. Никој со образование кај нас пари не направил, а и немаме некој јаки примери овој успеа во животот зашто многу учеше.Но сепак училиштето и образованието се и те како потребни. Читање, пишување, собирање – математика…Денес тука сите застануваат, чим научаат да читаат, пишуваат и бројат образовани се.Кога времињата се менуваат и потребите и навиките се менуваат, што значи треба и начинот на образование да се промени.Треба да има настава за дрога, настава за сексуално образование – час за сексулано образование, не само слики и дијафрагми од од нелогични поми, настава за религијата и нејзините разлики, настава за полициска бруталност, настава за правата на секој човек, настава за мултикултурализам. Образованието се стекнува во училиште а не на улица, 90% од младите денес на улица и интернет се образуваат.Мислам дека драстчни промени треба во нашето образование да се случат, драстични промени во општеството од страна на луѓето, а човек се учи уште кога е дете. Треба во средните училишта некој предмети сами да ги бираат учениците као на факултет, да посетуваат настава која гипривлекува, која ќе ги задржи во клупата а не на улицата, мислам дека средното образование треба да функционира на тој начин.Нашево образование не е уопште различно од она во градника – предшколска возраст, денес образванието ни се сведува на градинка систем, училиштата се места каде што децата седат додека родителите им се на работа и учат да живеат као да е надвор 20ти век а не 21век.Образванието мора да се промени и прошири инаку ќе остане една убава бајка за простите, а криминалот алатка за успех и достоинство.фото: Обединети за Македонија

Македонија | пред 6 години

siti-mol-2

Лажна дојава за бомба го евакуираше Сити Мол, МВР има осомничени

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека единици на министерството извршија увид во трговскиот центар Сити мол и утврдено е дека станува збор за лажна дојава за бомба. Министерството за внатрешни работи, исто така, ги информира граѓаните дека од истиот телефонски број , преку кој е лажно пријавена бомба во Сити Мол, на околу 40 граѓани во Скопје им се ипратени СМС пораки со покани да се јават во полициска станица на разговор. Ги информираме граѓаните дека покани за разговор во полициска станица Министерството за внатрешни работи доставува со писмо на домашна адреса или преку телефонско јавување на надлежниот инспектор, а не преку СМС пораки.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

trpejca

Скопјани граделе на државно земјиште во НП „Галичица“ - заработија кривична

СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против М.Х.(29) и М.Х.(25), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.Пријавените, на катарстарска парцела на државно земјиште лоцирана во населбата Трпејца, во зоната на строга заштита што е дел од Националниот парк „Галичица“, изградиле станбен објект. Тоа го направиле без одобрение за градба, со што извршиле узурпација на земјиште во државна сопственост.фото:Архива

Македонија | пред 6 години

vlera

Tрииполгодишна Влера ја победи леукемијата

Конечно убава вест. Истата доаѓа од фејсбук профилот на невладионата организација САНО.Малечката трииполгодишна Влера ја победи леукемијата, болеста со која се бореше долг период.„Влера рече чао Леукемија ! Вака се скока од радост ! #detska klinika @detska klinika“, објави невладината организација САНО на својот фејсбук профил.На малечката Влера и ја посакуваме многу здравје и среќа .

Македонија | пред 6 години

Foto-10-1

(ФОТО) Посета на граѓани на Вила Водно во рамки на Отворен Кабинет

Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Вила Водно, денеска го посетија граѓани во рамки на активноста Отворен Кабинет.Посетителите имаа можност да се сретнат, лично да поразговараат со претседателот Пендаровски и директно од него да се информираат за неговите надлежности, да ги посетат просториите во коишто се реализираат официјалните и работните средби, како и салите за свечености, состаноци, настани и прес-конференции.Гостите се запознаа и со дел од вработените во Кабинетот и беа информирани за историјатот на Вила Водно, за дел од активностите коишто се одвиваат, како и за начинот на функционирање на оваа институција.Денешниот настан е во рамки на Отворен Кабинет, активност којашто овозможува директни средби на граѓаните со претседателот Стево Пендаровски. Сите заинтересирани граѓани, институции и организации, со претходно пријавување на официјалната интернет страница на Претседателот http://pretsedatel.mk/otvoren-kabinet/ имаат можност да остварат директна комуникација со претседателот Пендаровски, да споделат свои идеи, предлози и сугестии, како и да присуствуваат на настани од јавен карактер, коишто ќе бидат реализирани во Кабинетот. фото: Кабинет на Претседател

Македонија | пред 6 години

tripunovski-ohrid

(ВИДЕО) Трипуновски најави засилени контроли на Охридското Езеро

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски најави засилени контроли на Охридското Езеро. Министерот од Охрид  порача дека целта е да се заштити националното богатство до избор на нов концесионер.– Во услови кога Охридското Езеро нема концесионер и е без заштита, Миинистерството за земјоделство преку Државниот инспекторат, заедно со Министерството за внатрешни работи да ги засилат контролите на терен, со цел заштита на ова природно богатство и рибниот фонд што дополнително е загрозен, рече Трипуновски.Инаку Трипуновски во Охрид беше и на 5 ти јануари, кога изјави:„Она што сакав да го потенцирам од средбите кои што ги имав денеска во охридскиот регион е негрижата која што ја имаа Владата кон Охридското Езеро, поточно кон рибниот фонд. Само за потсетување минатата година, за прв пат откако е основан Хидробиолошкиот Институт од 1935 година, не се изврши порибување на Охридското Езеро. Тоа е една катастрофална ситуација каде што практично го доведуваме до знак прашање рибниот фонд којшто постои овде.Исто така во разговорите и информациите коишто ги добив е сомнителниот начин на порибување на Охридското Езеро со јагула, каде што набавката беше извршена од Компанија ЕЛЕМ.Согласно моите овластувања како дополнителен технички министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство овие две активности ќе ги проверам и во наредниот период ќе ја информирам јавноста за сите злоупотреби и несериозен однос кој што го прави Владата во делот на Охридското Езеро, едно од природните богатства кои што ги има Република Македонија.https://www.facebook.com/tripunovskicvetan/videos/313456162883226/?v=313456162883226 

Македонија | пред 6 години

siti-mol-2

Единицата за антитероризам испитува дали во Сити мол има бомба или е лажна дојава

Екипи на Единицата за антитероризам се во трговскиот центар Сити мол, по додавата околу пладне што ја добила полицијата дека во трговскиот  има поставена бомба.Се утврдува дали навистина се работи за поставена експлозивна направа или станува збор за лажна дојава.Засега нема подетални информации.Инаку затворен за сообраќај е и дел од булеварот „Партизански одреди“.  Посетителите и вработените од ТЦ  беа итно евакуирани. 

Скопје | пред 6 години

komunalen-otpad

МЖСПП најави вонреден инспекциски надзор над пратка со РДФ-отпад

информира дека во координација со Министерството за животна средина и просторно планирање и Царинската управа, врши вонреден инспекциски надзор над пратка со преработено алтернативно гориво од комунален отпад (РДФ), запрена на граничниот премин Богородица, помеѓу Република Северна Македонија и Грција.Како што се наведува, по извршениот увид на документацијата и анализа на земените примероци од страна инспекторите и царинските служби, резултатите ќе бидат споделени со јавноста.извор: Makfaxфото: Архива

Македонија | пред 6 години

pandora-nakit

Кривична пријава за лице од Куманово, продавал фалсификуван накит

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против А.К.(30) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“, казниво по член 285 од Кривичниот законик.Пријавениот, како физичко лице, во текот на 2019 година набавил 40 парчиња фалсификуван накит од трговската марка „PANDORA“, која е заштитена трговска марка. Вака, нелегално набавените парчиња накит, чии ознаки не се оригинални, имал намера да ги продава на разни купувачи со цел да се стекне со противправна имотна корист во износ од најмалку 59.000 денари.На 28.06.2019 од страна на правното лице кое е застапник на брендот „PANDORA“ на територијата на Р.С.Македонија, е доставено барање за преземање на дејствија со кое бара проверка на сомненијата и документирање на кривичното дело. После тоа, полициски службеници, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во просториите на правното лице на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени 40 парчиња разновиден накит со ознаки „PANDORA“.Одземениот накит бил фотографиран и фотографиите биле доставени до правното лице кое е застапник на авторски права на производите од трговската марка „PANDORA“ на територијата на РСМ, по што тие известиле дека предметите се фалсификувани. 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања