Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

stoilov

Нашиот најдобар пикер Столе Стоилов наскоро ќе стане татко

Нашиот најдобар пикер Столе Стоилов наскоро ќе стане татко.  Неговата избраничка, која досега не ѝ е позната на јавноста, се вика Деница и е од Скопје.За нивната љубов знаат само најблиските, а она што ѝ е познато на редакцијата на Еспресо.мк, Деница е по професија уметник.фото: Архива

Магазин | пред 6 години

Siti-mol

Итно евакуиран трговскиот центар Сити Мол поради дојава за бомба

Итно евакуиран трговскиот центар Сити Мол околу пладне, поради дојава за бомба. Вработените и посетителите го напуштаат трговскиот центар лоциран во Карпош.Специјализирани полициски екипи, како и екипи на Пожарната се во трговскиот центар, а полицијата не дава пристап ни во негова близина. Во тек е проверка на пријавата.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

boki

Боки 13 вели декаа има несоборливи докази против обвинителката Рускоска за криминал од 4 милиони евра

Обвинетиот Бојан Јовановски рече дека има несоборливи докази против обвинителката Вилма Рускоска за криминал од 4 милиони евра и бара нејзино иземање.Каде да ја го пријавам лицето Вилма Рускоска? Кај Вилма Рускоска?, праша Јовановски.-Дали лицето Вилма Русковска да го пријавам кај обвинителката Вилма Русковска? Каде да го пријавам лицето Вилма Русковска за корупција од 4 милиони евра за кои имам несоборливи докази?, праша обвинетиот Јовановски.  

Македонија | пред 6 години

puska-1

Ловочувар од невнимание повредил жител на Македонски Брод со огнено оружје

На 28.01.2020 во Полициската станица Македонски Брод било пријавено дека во 09.50 часот во Здравствен дом Македонски Брод со повреди бил донесен С.П.(63) од Македонски Брод.Според пријавеното, тој бил повреден од огнено оружје во одгледувалиште на диви свињи во атар на с.Грешница, Македонски Брод, така што Т.Т.(50) од Македонски Брод, вработен како ловочувар, поради невнимание испукал проектил кој го погодил С.П.. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Македонски Брод и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

lila-boki

Филиповска: Откако се отвори 1ТВ дадов донација од 25.000 евра, а подоцна и позајмица од 500.000 денари

Заврши сведочењето на водителката Лила Филиповска за случајот „Рекет“. На прашање на обвинителката Смаќоска Гордана  дали се сеќава дека од БМЈ до неа имало уплата од 500.000 денари кои таа подоцна ги уплатила, Лила рече дека не е точно.-Откако беше отворена неговата телевизија дадов донација од 25.000 евра, а подоцна дадов и позајмица од 500.000 денари за 1ТВ рече Лила Филиповска.Лила на прашање на обвинителката одговори и за нивниот луксузни одмор. Таа рече:– Со Бојан сме биле на неколку викенд одмори. Денот кога бевме вратени од граница беше планирано да одиме заедно со уште две лица на Миконос, вели таа.На почетокот на сведочењето водителката Лила Филиповска рече дека не е скарана со Бојан Јовановски, но додаде дека веќе не се пријателифото:Архива

Македонија | пред 6 години

brza-pomos-2

Тешко повреден малолетник кој туркал трицикл

На 28.01.2020 во 18.20 часот на локалниот пат Миладиновци – Илинден, патничко возило „цитроен“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(50) од Миладиновци, удрило во 15-годишен малолетник од Миладиновци, кој туркал трицикл. Во незгодата, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

detence

Продолжен притворот на негувателката која е обвинета за малтретирање дете

Oсновното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетата на 21.11.2019 година, во игротека во еден угостителски објект, малтретирала двегодишно дете за кое била ангажирана како негувателка. Додека родителите биле на работа, негувателката повеќепати го удрила детето со шлаканици, го давела со раката држејќи го во пределот на лицето и устата и неколкупати го подигала и удирала од земја. Детето во неколку наврати се обидувало да и побегне, а од малтретирањето се здобило со телесни повреди.Со оглед на тоа што во конкретниот случај постои реална опасност од бегство на обвинетата, како и можност таа да го повтори делото што и се става на товар, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

pastmka

Пештанци фатени со вреќа со 2 риболовни мрежи и 20 парчина риба Охридска пастрмка

На 27.01.2020 година во 19,45 часот, при преземени мерки на подрачјето на населбата Пештани, полициските службеници запреле патнички автомобил „Рено“ со охридски регистарски ознаки. Притоа, од возилото, излегле две лица и започнале да бегаат по што исфрлиле една вреќа со 2 риболовни мрежи и 20 парчина риба Охридска пастрмка.По преземени мерки, констатирано е дека патничкиот автомобил е управуван од  56 годишен жител од Пештани.Риболовните мрежи и уловената пастрмка, се предадени во Хидробиолошкиот завод. СВР Охрид работи на целосно расветлување на настанот по што ќе поднесе соодветна пријава.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

zagaduvanje

Денеска на пладне запираат вонредните мерки за загадувањето

Град Скопје на својата официјална страна на фејсбук предмалку објави дека Денеска на пладне запираат вонредните мерки за загадувањето. Оваа објава наиде на многу негативни коментари. генерално коментарите се дека оваа одлука е смешна и дека загадувањето не е намалено...Еве што стои во објавата на ФБ од Град Скопје:-По добиената информација од МЖСПП, Град Скопје ги известува граѓаните дека денеска од 12 часот се укинуваат вонредните мерки меѓу кои сe и бесплатниот јавен превоз и поскапениот паркинг, како и интервентните препораки за намалување на загадувањето на воздухот што беа воведени на 27 јануари 2020 година. На мерните станици во главниот град среднодневните концентрации на ПМ10 честички во воздухот се под дефинираниот праг на алармирање од 175 µг/м3 и соодветно на тоа епизодата со зголемено загадување во текот на два последователни дена е прекината.❗️Овие мерки и препораки за намалување на загадувањето на воздухот ќе се воведат повторно доколку се повтори епизодата со загадувањето на воздухот, а за што граѓаните ќе бидат навреме информирани.

Скопје | пред 6 години

antonijo-1

(ФОТО) Пратеникот Милошоски покажа фотографија од бебето од ултразвук

Пратеникот и поранешен министер за надворешни работи Антонијо Милошоски (44) и неговата неколку години помлада сопруга Симона, наскоро очекуваат уште една принова во семејството.Антонијо и Симона имаат четири деца ќерките Дариа (4), Михаела (2), Илина (1), како и поголемиот син Давид (12). Неофицијално сега ќе добијат братче.Пратеникот на социјалната мрежа фејсбук објави една семејна фотографија и една од своето не неродено детенце, и напиша:„Оваа фотографија е мојот среќен 44ти роденден!Ви благодарам на сите убави желби, и ви пожелувам многу здравје и добри вести“,напиша Милошоски. https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3184988114863779&set=pcb.3184988164863774&type=3&theaterфото: ФБ Антонијо Милошоски

Коментари | пред 6 години

bujar-osmani-696x396

Османи: Доколку не се додели датум за преговори во март ќе значи мешање на ЕУ во изборите

Вицепремиерот Бујар Османи во интервју за Агенција Европа,  смета дека е важно одлуката за отпочнување на преговорите со ЕУ да биде донесена во март, како признание за напорите на Владата.„Сега е единствен логичен момент затоа што, ако се случи во март, тоа ќе биде за време на мандатот кога се направени сите тешки компромиси“, вели Османи осврнувајќи се на договорите со Бугарија и Грција како и Законот за јазици.Вицепремиерот смета дека одлуката треба да биде донесена на мартовски самит на ЕУ, односно пред изборите во април.„Да не се донесе одлука би било најголемото можно мешање во изборите, затоа што за време на овој мандат, преземавме политички ризик и ја втемеливме таа одлука врз ветувањето на ЕУ. Им рековме на нашите сограѓани, во референдумското прашање дека имаме договор со ЕУ: ако ние го исполниме нашето ветување, ЕУ ќе го исполни своето. Ако ЕУ не го стори тоа за време на овој мандат, ова ќе биде најголема интервенција во изборите и ќе има огромни последици“, предупредува вицепремиерот задолжен за европски прашања.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Psihijatrija-rekonstrukc.fot_.4

Филипче: Клиниката за психијатрија со најсовремена опрема за дијагностика при спиење

Клиниката за психијатрија набави најсовремена опрема за дијагностика при спиење. Опремата се состои од полисомнограф и актиграф, со коишто се следат повеќе физиолошки функции во текот на спиењето, како и во текот на дневно-ноќниот ритам. Со софтверска анализа на добиените резултати, а во соработка со проф. Кнегиња Рихтер Соколовска од Клиниката во Нирнберг, Германија, се спроведуваат соодветни дијагностички и терапевтски процедури.Воведувањето на оваа дијагностичка процедура е новина во психијатриските институции во земјата и во соработка со ФЗО достапна е за сите пациенти.-Покрај оваа современа опрема, во изминатиот период на Клиниката за психијатрија се направени многу позитивни промени во однос на опремување и реновирање на капацитетите, но и нови вработувања и зголемувања на тимот. Во изминатите две години се реализирани и вработувања на сите нивоа, вработени се пет лекари, двајца психолози, три медицински сестри, како и три други вработувања. Клиниката досега располагаше со околу 80 вработени, а со голем обем и интензитет на работат, затоа овие вработувања значително ќе придонесат за подобра и поефективна нега на пациентите. Во овој период Клиниката за психијатрија е целосно реновирана со нова опрема и мебел за пациентите и амбулантите. Комплетно се реновирани и опремени болничките соби за третман на хоспитализирани пациенти. Инсталирана е дигитализација на објектот, како и климатизација на сите простории. Целосно е реновиран и амбулантскиот дел и кровот на зградата. Со сето ова во голема мера е подобрена целосната состојба на клиниката, изјави министерот Филипче.Воведени се и неколку нови методи за дијагностика и третман, нови дигитализирани табли за психолошки тестирања за когнитивни проценки и соодветни психотерапевтски процедури. Обновен е апаратот за транс-кранијална магнетна стимулација, набавен е тестот „ТОВА“ за дијагностика на состојбата на вниманието и хиперактивност кај деца и возрасни, а воведени се и дијагностички процедури таргетирани за деменции.Отворени се неколку нови кабинети – за снимање на состојбата при спиење, за ментално здравје на жени во перинатален период, кабинет за деменција. Наскоро ќе почне да работи и кабинетот за телемедицина (телепсихијатрија), како и за невробиофидбек и за психомоторна реедукација.Сите спроведени активности се дел од планираните активности според Националната стратегија и акцискиот план за ментално здравје, која беше подготвена од Националната комисија за ментално здравје, номинирана од Министерот за здравство, а која е усвоена од Владата на СРМ за периодот 2018-2025. Со вие документи се даде структура на реформа на системот за ментално здравје во РСМ, според современите текови и препораки како од Светската здравствена организација, така и од сите релевантни интернационални институции и експерти. фото: Министерство за здравство 

Македонија | пред 6 години

20200107-filmot-medena-zemja-ja-dobi-nagradata-za-najdobar-dokumentaren-film-dodelena-od-megjunarodnoto-zdruzhenie-za-filmski-kritichari-1

“Медена земја” го отвори филмскиот фестивал на документарен филм во Будимпешта

Со прикажување на македонскиот документарен филм „Медена земја” во Будимпешта беше отворен Меѓународен фестивал на документарен филм 2020, што ќе трае до 2 февруари.Во преполната сала пред прикажувањето на филмот се обратија градоначалникот на Будимпешта, Гергеј Корачоњи и амбасадорот на Република Северна Македонија во Унгарија, Горан Стевчевски.Во своето обраќање, амбасадорот, навраќајќи се на досегашните успеси на филмот, меѓу другото, укажа дека иако „Медена земја” во суштина раскажува една мала, локална приказна за начин на живот кој полека изумира, таа во себе носи силна глобална порака.По прикажувањето „Медена земја” беше поздравен од гледачите со голем аплауз. Организаторите на Фестивалот, во соработка со Амбасадата на Република Северна Македонија во Будимпешта, по прикажувањето на филмот приредија коктел за посетителите.фото: Архива

Магазин | пред 6 години

lila-boki

Лила Филиповска денеска ќе сведочи за „Рекет“

Водителката Лила Стојановска, шефицата на кабинет на Катица Јанева - Сања Димовска, како и Агапи Дика и Весна Костовска се четворицата сведоци кои денеска се поканети да сведочат во судница за случајот „Рекет“.Досега како сведоци исказ дадоа поранешните обвинители од СЈО, Елизабета Јосифовска, Лиле Стефанова и Бурим Рустеми, бизнисменот Јордан Камчев, неговата сопруга Ана Камчева, сметководителката во приватните фирми на Камчеви, новинарот Христијан Баневски од 1ТВ и други.Судењето за „Рекет” пред Кривичниот суд го води судијката Васка Николовска-Масевска, додека обвинението го застапува обвинителката Вилма Рускоска.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

makedonija

(ФОТО) Македонија ќе го отвори овогодишениот музички натпревар Евровизија

Македонија ќе  го отвори овогодишениот Евровизијски натпревар. Според објавата на официјална страна на Фејсбук на натпреварувањето, Македонија ќе настапи како прва земја во првата полуфинална вечер.Годинава натпреварот  ќе се одржи во Ротердам, Холандија од 12-16 мај.https://www.facebook.com/EurovisionSongContest/posts/10158012041003007Земјава ќе ја претставува пејачот Васил Гарванлиев. Песната сеуште не е избирана.

Магазин | пред 6 години

magla

Магла на патниот правец Катланово – Велес

Поради магла, намалена видливост од 50-100 метри, изутринава има на патниот правец Катланово-Велес.Сообраќајот на другите државни патишта се одвива тековно по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.извор: МИА

Македонија | пред 6 години

jamajka

(ВИДЕО) Страотни снимки од земјотресот во Јамајка - земјата се отвори

Силен земјотрес со јачина од 7,7 степени ги погоди карипските острови Јамајка и Куба.Американскиот геолошки преглед соопшти дека епицентарот на силниот земјотрес е на 139 километри северозападно од Јамајка и на 140 километри јужно од Куба, на длабочина од 10 километри, што се смета за релативно плитко.Земјотресот се почувствувал и на Кајманските острови. По земјотресот, издадено е предупредување за цунами за Куба, Јамајка и Кајманските острови.На социјлните мрежи се објавуваат страотни видеа по земјотресот. https://twitter.com/OSM_VENEZUELA/status/1222265772426387456?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1222265772426387456&ref_url=https%3A%2F%2Fvesnik.com%2Fnode%2F68927https://twitter.com/sottvi/status/1222262334145605634?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1222262334145605634&ref_url=https%3A%2F%2Fvesnik.com%2Fnode%2F68927фото: The Mirror 

пред 6 години

humanost

На 9-годишната Сандра Ническа и треба наша помош, во моментов е во Педијатрискиот центар во Истанбул

Охриѓани уште еднаш имаат можност да ја покажат нивната хуманост, овој пат за помош на 9-годишната Сандра Ническа. На Сандра и’ е дијагностициран Миелодиспластичен синдром (MSD), група на малигни заболувања, кои го спречуваат созревањето на клетките на коскената срж, односно не дозволуваат овие клетки да се развијат во здрави. Сандра се наоѓа во Yeditepe University Hospital, Педијатрискиот центар за трансплантација на матични клетки во Истанбул, Турција.– На 26-ти април 2019 година и беше извршен зафат на трансплантација на коскена срцевина од донатор кој не е во крвно сродство, бидејќи тоа е единствениот лек за Миелодиспластичен синдром кај деца. Меѓутоа, по зафатот, Сандра разви стероидно зависна хронична болест калем-против-домаќин (graft versus disease GVHD) на долниот гастро интестинален тракт и на црниот дроб. Вообичаен третман за лекување е пресадување на коскена срж од сроден или несроден донор, зафат кој заедно со сите пропратни испитувања, третмани и престој на потесното семејство на клиниката, чинеше повеќе од 200.000 евра, обезбедени од сопствени средства, кредити, позајмици од роднини, пријатели и добронамерници. Третманот што ветува искоренување на GVHD синдромот ќе чини поеќе од 100.000 евра дополнителни средства, за кои немаме други опции да ги обезбедиме, апелираат од семејството.Сите хумани и добронамерни луѓе кои се во можност да помогнат, истото можат да го сторат на следниот начин: 200002729851107 MKD банка: Стопанска банка АД Скопје SWIFT CODE:STOBMK2X IBAN: MK07200002729853241 EUR beneficiary: Lenche Nicheska адреса: село Коњско, Охрид Дополнителни информации можат да се добијат на телефонот: ++0038978277256.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

О2 иницијатива: На денешната седница се расправаше за аерозагадувањето и заврши без гласање по заклучоци

Фб статус на О2 иницијатива:Вчерашаната седница ја чекавме, но гласањето за точка 19 за забраната за увоз на отпад како гориво НЕ ја дочекавме. СДСМ не се согласи точката да се стави како прва на дневен ред, иако и ДОМ и ВМРО-ДПМНЕ инсистираа на тоа. ДУИ никаде ги немаше, иако нивно е МЖСПП, ДИЖС и други поврзани министерства и инспекторати. На седницата се расправаше за аерозагадувањето и заврши без гласање по заклучоци и БЕЗ закажување на следен термин за оваа седница. СДСМ ќе оди на купување на време, за да не се гласа забраната за увоз на отпад додека Собранието не се распушти. Добро им оди, пленарни седници нема закажно за оваа недела, единствена закажана е нова седница на 4 февруари, имаат уште 10 дена, каде ќе направат сè за да не се изгласа оваа измена.🤥 Инаку вчера на седницата, заменик-министерот Јани Макрадули остана доследен во својот стил со нецелосни, неточни податоци сè со цел да ја изманипулира јавноста и собере поени за себе и својата партија. Од изјави во претходниве месеци како во државава не се увезува опасен отпад, преку “ама само стари акумулатори се увезуваат”, стигна до изјави како во 2012, 2014, 2015 и 2016 цветал увозот на опасен отпад. Како беше? Доверба да сме имале?😣 По којзнае кој пат презентираше неточни податоци, па изјави дека што се однесувало до мерните станици, тоа што ветиле, го реализирале во декември 2019 и по многу години за прв пат работеле сите мерни станици. Како беше она неговото, ќе си лупнеш и ај нема врска. Макрадули си лупна, а во исто време официјалните податоци покажуваат дека од постоечките мерни инструменти не работат 3 за PM10, 1 за PM2.5, 3 за озон, 5 за азот диоксид, 3 за јаглерод моноксид, 3 за сулфур диоксид. Вкупно 18. Толку од вистинитоста на податоците, по кој знае кој пат кога Макрадули е во прашање.😵 Тој сакајќи да ја врати довербата на институцијата министерство за животна средина во јавноста, ја уверуваше дека примерите за забраната на увоз за отпад во Хрватска, Црна Гора, Албанија и Чешка не биле точни и во интерес на јавноста апелираше да се гледаат бројките, правилата и да им се верува на стручните луѓе коишто 20 години се во институцијата.За стручните лице не знаеме, но, податоците кои ние ги презентиравме за овие држави се земени ДИРЕКТНО од ОФИЦИЈАЛНАТА страница на Базелската конвенција, лесно проверливо: http://www.basel.int/…/ImportExport…/tabid/4835/Default.aspx🧐 За разлика од него, ние презентираме официјални податоци, а не верба. Неговото „верувам во науката и податоците“ го нема кога се однесува на Базелската конвенција, до која нашата држава и луѓето од институцијата чија доверба сака да ја врати во јавноста не доставиле податоци и извештаи од 2002 година наваму. Ние и овој пат ќе допринесеме со презентирање на податоци од законите на државите за кои Макрадули кажа дека не биле точни, каде точно пишува што и како е забрането за увоз, потврдувајќи го претходно објавеното од страниците на Базелската конвенција.👉 За Хрватска, таа до нејзиниот влез во ЕУ има закон со кој се забранува увоз на отпад за отстранување и како извор на енергија. На 1 јули 2013 влегува како полноправна членка на ЕУ, а на 15 јули, ОТКАКО влегла во ЕУ, носи нов закон, хармонизиран со ЕУ, каде забранува увоз на опасен отпад, измешан комунален отпад и негови остатоци при согорување, поради отстранување и забранува увоз на мешан комунален отпад за користење како извор на енергија. Со цел да се оствари целта на намалување на количината на отпад кој се депонира, предност пред увозот на отпад има отпад произведен во Хрватска.❌ Ние се давиме во отпад, никакви услови немаме создадено ни за негово намалено создавање, што е целта и на Базелската конвенција и на ЕУ, ни за негова реупотреба, рециклирање, немаме добиено ни датум за започнување на преговори со ЕУ, не ни функционираат институциите, нема владеење на правото, искорумпирани сме до срж, ама секогаш поголеми папи од папата, па со законот да дозволиме увоз на отпад и опасен и неопасен за разни цели, меѓу кои и како гориво.Тоа не се ни цели, ни правила на Базелската конвенција која, ако Макрадули се потрудил да дознае нешто за нејзините правила и принципи, ќе видел дека во себе ја содржи желбата за забрана на прекуграничното движење на отпад и негово извезување во други држави, особено земјите во развој.https://www.facebook.com/o2inicijativa/photos/pcb.2658947487555895/2658876364229674/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

28012020_Vladina-sednica-4

Оваа година започнува изградба на поликлиника во општина Бутел

На денешната седница Владата го разгледа и прифати барањето за итна изградба на поликлиника во Општина Бутел, врз основа на позитивното мислење на Министерството за здравство со оглед дека во планираната фискална 2020 година за оваа намена се предвидени средства во Буџетот на Република Северна Македонија.Како дел од оваа точка Владата донесе заклучок да ѝ препорача на Општина Бутел да го донесе деталниот урбанистички план, а потоа врз основа на издаден Извод од план за градежна парцела на која се планира изградбата на Поликлиниката Бутел да се утврдат и дефинираат програмските барања за изработка на Основен проект за изградба на Поликлиниката Бутел.Владата денеска даде согласност на Програмата за изградба на нови објекти и за реконструкција, санација и адаптација на постојните објекти што ги користат националните установи од областа на културата за 2020 година.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

Opstina_Ohrid-900x312

Усвоен е извештајот до УНЕСКО за степенот на реализација на активности за зачувување на природното и културното наследство во Охридскиот регион

На оваа седница Владата го усвои Извештајот за степенот на реализација на препораките и преземените активности за зачувување на статусот УНЕСКО - Светско наследство на природното и културното наследство во Охридскиот регион.Во извештајот до УНЕСКО се констатира дека Северна Македонија останува цврсто посветена на зачувување на статусот на Светско наследство за Природното и културно наследство во Охридскиот регион, и се истакнуваат заложбите со кои значително се интензивираа активности за спроведување на Одлуката на Комитетот за светско наследство, за исполнување на препораките на Реактивната мониторинг мисија, како и продлабочувањето на билатералната соработка со Република Албанија во насока на заедничко управување со природното и културно наследство во Охридскиот регион.Во текот на извештајниот период е донесен Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион (2020-2029) и е спроведена и Стратегиска оцена на влијанијата врз животната средина и културното наследство. Земјата исто така изработи инвентар на бесправно изградени објекти на територијата на Охридскиот регион со што се остварени предусловите да се премине на изработка на Оценка на влијанието врз животната средина (ОВЖС) и Оценка на влијание на културното наследство (ХИА).Дополнително, отпочната е санацијата и рехабилитацијата на колекторскиот систем на Охридското Езеро, за што се обезбедени преку 4 милиони евра средства од државниот буџет за изведување на работите, и продолжен е проектот за пренасочување на течението на Реката Сатеска.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

klima

Се формира комисија за спроведување на мерката за клима инвертери

На денешната седница Владата донесе решение за формирање на Централна Комисија за следење на спроведувањето и имплементирањето на еколошката мерка за субвенционирање на граѓаните со високоефикасни инвертер клима уреди за потребите на домаќинствата во општините Битола, Кичево, Тетово и на Градот Скопје, а кои користат енергетски неефикасни уреди за греење во нивните домаќинства кои влијаат на зголемување на концентрација на РМ10 и РМ2.5.Владата ги задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање, Канцеларијата на Заменик претседателката задолжена за економски прашања, Министерството за економија, Министерството за информатичко општество и администрација, кои се во функција на исполнување на оваа мерка, да именуваат по еден член и негов заменик и истото го препорача и до АД Електрани на Северна Македонија.Во комисијата рамноправни членови се и по еден претставник од граѓанските организации Движење за околината Молика – ДОМ Битола, Еколошко здружение – Движење Еко Герила Тетово, и од Македонската платформа против сиромаштија – МППС, и сите тие се задолжени за постојана контрола и мониторинг на целиот процес на имплементација на оваа мерка.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

pistol_001

Малолетна скопјанка застрелана во глава донесена во болница

На 27.01.2020 во 14.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било донесено малолетно женско лице со повреда во главата од огнено оружје.Полициски службеници излегле на местото и било утврдено дека станува збор за 15-годишно девојче, кое во семејната куќа во Скопје било пронајдено од нејзиниот брат П.С.(18) со прострелна рана, а во нејзина близина имало пиштол „Црвена застава“, сопственост на нејзиниот татко М.С.(58), кој го поседувал со дозвола.Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

petar-bogojeski

Богојески: Македонскиот концепт е спротивен од четничкиот на Мицкоски и оној на Заев, кој го реши спорот со Грција

Колумна на Петар Богојески за Вечер.прессНели сите имаме чувство на постојан пораз? Нели цело време зборуваме за тоа како ние Македонците сме онеправдани? Дали тоа Ве загрижува? Дали барем за момент сте се запрашале зошто е тоа така? Зошто секогаш победата изгледа пораз, а поразот победа? Зошто за нас е луксуз да констатираме победа? А привилегија секогаш да „уживаме“ во порази? Тоа е така, драги мои Македонци, зашто ние немаме полна самостојност, зошто ние не живееме во нашите животи, зошто ние не ја живееме македонската вистина, зошто ние не ја делиме македонската судбина, зошто ние не врвиме по својот, македонски пат… туку сме киднапирани, служиме на туѓи интереси… на туѓа кауза… ќе повторам по стоти пат, за туѓи бели дворови, си копаме црни, македонски гробови! Во ова кратко четиво, ќе се обидам да го објаснам најтешкото… да ја одгатнам загатката… да ја соопштам вистината.Македонија, како државен субјект, е конституирана на дел од македонската територија. Но и како општество сме конституирани, насочени, воспитани, да служиме на белиот двор од старата престолнина. Живееме во „креирана вистина“ по туѓ терк. По туѓа мерка. За туѓ интерес. Тоа е толку едноставно… мора сите други да ни бидат непријатели само белиот двор да ни биде пријател. И тоа е така повеќе од еден век. Ние тој менталитет го вдомивме. Го прифативме за свој. Туѓото го прифаќаме за македонско, а македонското за туѓо. Караџиќ за џин, а Шапкарев за оризово зрно. Тоа е така, зашто се соблазнивме со џелатот. Станавме уживатели на дрогата наречена „Начертание“, на исклучително паметниот Гарашанин. Таа дрога беше создадена за да не отуѓи од себеси, од своето, од македонското. После еден век консумирање, и тоа активно дрогирање, ние западнавме во длабоки халуцинации… ние македонското го перципираме за туѓо и непријателско, а туѓото за свое и пријателско. Во моментов сме очајни наркомани. Страдаме од стокхолмски синдром… се идентификуваме со џелатот. „Патриот“ е оној кој плука по Македонија, МПЦ, клети шиптари, червени татари… но затоа пак, свадбата на Цеца ја има гледано преку триесет пати. Тука не е пробиено дното. Тука веќе нема лек. Тука веќе нема потреба да дејствува српската политика, во свој интерес секако. Ние самите си тераме по нивно. Јас само можам да ѝ честитам на Република Србија.Помина времето на србизацијата и отпорот… времето на војните и Југославија… и стара и нова… но дојде време невреме… време кога Македонците уживаме самите себеси да се асимилираме… тоа го немаше ниту за време на Титова Југославија. Денес сме западнати во очај. Но зошто? Што се случува? Зошто кога имаме „независна“ држава наместо да се помакедончиме, ние се асимилираме? Што не тера на тоа? Тоа се драги мои, т.н. политички партии, кои се создадени од еден ист центар, да служат само и само на „белиот двор“. Тие партии носат различни имиња, една да глуми левица, друга да глуми десница, трета трето… но во суштина се едно исто, служители на „белиот двор“. Ќе речите добро за „комуњарите“ знаеме дека е така. Но екипата на Мицкоски, нема шанси! Тоа е нели македонската национална опција?!? Е, драги мои, тука лежи зајакот. Токму таа екипа на Мицкоски е создадена од верни служители, токму таа наша „македонска“ екипа е „Гарашининова“ творба, токму таа дружина е перјаник на „четничкиот концепт“ за Македонија. И ќе повторам, Србите си се борат за своите српски интереси. И тука нема ништо спорно. Им честитам! Си се борат за своето. Но оплакувам врз судбата на македонЧето, кое е дрогирано… намерно оставено неписмено… намерно смотано… намерно зачмаено… намерно поткошнато… намерно подбуцкано… да си плука самото на себе. Како што Србите од Србија, имаат право да се борат за нивниот „четнички концепт“, така ние Македонците имаме право да се бориме за нашиот Македонски концепт. И тоа го правиме. Прво во битката ни е да го извадиме на виделина македонЧето што им служи на туѓите концепти. На четничкиот концепт. Зашто само така ќе успее Македонскиот концепт.ВО МИНАТОТО, ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ЧЕТНИЦИТЕ ВО „ДЕСНИЦАТА“ СЕ ПРИКРИВАА ЗАД МАКЕДОНСКИТЕ БОИ, НЕ САКАА ДА СЕ ИЗЛОЖАТ ПРЕД ЈАВНОСТА И ДА СООПШТАТ ДЕКА СЕ ВСУШНОСТ СЛУЖИТЕЛИ НА БЕЛИОТ ДВОР. НО ДЕНЕС, ЕКИПАТА НА МИЦКОСКИ ВЕЌЕ НЕ СЕ СОКРИВА. НЕ СЕ СОКРИВА ДЕКА ГО СПРОВЕДУВААТ ЧЕТНИЧКИОТ КОНЦЕПТ. ДЕКА ИМААТ ЗАДАЧА, ГАРАШИНИНОВАТА ВИЗИЈА ДА ЈА ПРЕТОЧАТ ВО ДЕЛО. И ДЕКА НА ТОА ПОСВЕТЕНО РАБОТАТ. ТОА Е МНОГУ ПОЧЕСНО ОД ПРЕТХОДНИЦИТЕ. БАРЕМ СЕ ОТВОРЕНИ. ОТВОРЕНО ПОВИКАА НА УКИНУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА, НЕЈЗИНО СПОЈУВАЊЕ СО СРБИЈА, ВРЗ ОСНОВА НА ВТОРИОТ ДЕЛ ОД ПРАШАЊЕТО ОД РЕФЕРЕНДУМОТ ВО 1991 ГОДИНА…МПЦ ја нарекоа неуспешен комунистички проект кој треба да се укине… СПЦ да ја прифатиме за наша Црква… отворено се залагаат за нарушување на безбедноста на земјата под бајракот на „борбата за Македонија“ против клетите шиптари… тука татарите се декорација… отворено се повикаа на „историската вистина“ дека сме грчки исцедок… православното сесловенско единство е во приоритетите… се обидоа и сè уште се обидуваат по секоја цена да спречат влез на земјата во НАТО… секако на дневна база бојкотираат европски педери… повикаа на се, само не на заштита на македонските национални интереси.Погоре Ви напоменав дека четничкиот концепт се темели на стратегијата, на нас Македонците постојано да ни создава „непријатели“. Така беше и со режираниот спор за името, уште на почетокот на нашето осамостојување. Намерно се создаде проблем со знамето и името, за да не ни успее државноста. Да не успее осамостојувањето. Да пропадне независноста на Македонија, но за тоа да бидат криви сите, само не белиот двор. Секако дека соседна Грција тука беше солидарна со Србија и целеше да го спречи тој процес на создавање на независна македонска Република. Кој тоа внатре во Македонија им помагаше? Кој промовираше антиквизација… кој инсистираше на морковите од Вергина… кој плукаше на темелите на ВМРО… на Идејата на Организацијата… кој го мутираше карактерот на македонската револуција и преродба? Е токму тој драги мои, беше душманот на Македонија! А истиот тој и ден денес го восприемате за некаков си патриот. Која хипокризија. Буквално предавникот, го славите за херој, а хероите ги прогласувате за предавници. Зошто е тоа така? Затоа што така Ви кажуваат газдите од горе. Не сакате да слушнете домашни аргументи, Ви треба амин од горе.Што има пак сега ова со денешнината или зошто бојкот? Па посветено работат на новата задача, а тоа е влегување на Македонија во европските структури заедно или после Србија, што означува повторно четничка контрола врз политиката, историјата, духовноста во нашата Македонија. Во ред, тоа и одговара на Србија, но дали тоа и одговара на Македонија? Се запрашал ли некој? Што воопшто и одговара на Македонија? Каде е тука Македонскиот концепт? Дали упорно „патриотите“ инсистираат Македонија да биде на маса на косовското решение? Зошто тоа го прават така? Кој инсистира на распаѓање на Македонија по етничка линија со македонските Албанци? Дали е тоа четничкиот концепт? И повторно, каде е тука Македонскиот концепт?Македонскиот концепт е спротивен од четничкиот на Мицкоски и оној на Заев, кој го реши спорот со Грција, но бегајќи од историската вистина за ВМРО, го изгубивме името! Во догмата на ВМРО, во македонската кауза, стоеше спасот за името Македонија. Тоа е Македонски концепт, тоа е македонската кауза. Редно е вистинските вмровци, вистинските Македонци, ова да го препознаат и да застанат на страната на македонските национални интереси. Не се ВМРО извршителите Латас, Мирка, Каракамишева, Стоилковиќ… ВМРО е Македонија… ВМРО е Македонски, а не четнички концепт!(авторот е докторанд на УКИМ Скопје и промотор на “Македонски концепт“) 

Македонија | пред 6 години

pistoli

Кај жители на Франгово пронајден пиштол и куршуми

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ш.Г.(45) од с.Франгово, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“.На 04.09.2019, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот и во домот на неговиот син во с.Франгово, при што пронашле и одзеле пиштол и осум куршуми, кои гипоседувал без дозвола.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања