Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

Нема фотографија

Крадци на дрва нападнале шумочувар

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ш.Е.(56) од с.Беловиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „кражба“ на дрва.На 16.12.2019 во с.Беловиште, К.И.(43) од с.Здуње, гостиварско, вработен како шумочувар во ЈП „Националени шуми“ ПЕ-Шар-Гостивар, заедно со негов колега, при вршење редовни работни активности го затекнале пријавениот со огревни дрва натоварени на коњи, кој потоа физички гонападнал К.И..фото:Архива

Македонија | пред 6 години

javna-soba

Откриен сопственикот и администраторот на групата „јавна соба“

Министерство за внатрешни работи, Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика во координација со СВР Скопје извршија идентификација на сопственикот на групата „јавна соба“ со иницијали Д.К. од Скопје и еден од администраторите на групата со иницијали М.П. од Скопје.Во текот на истрагата преостанува да се утврдат останатите лица кои имале администраторски и модератороски улоги во групата. Со лицата извршен е службен разговор, а во текот на утрешниот ден во соработка со надлежниот јавен обвинител од ОЈО ќе се направат дополнителни консултации и ќе бидат презентирани доказите со кои располага МВР.Од страна на МВР ќе бидат направени дополнителни анализи на содржината која беше споделена во групата со цел утврдување други нелегални активност и сторители, согласно со КЗ. Паралелно на ова, МВР во соработка со „Телеграм“, презема активности за затворање на групата и добивање други релевантни докази од интерес на истрагата. МВР апелира до членовите на групата да ја напуштат на своја иницијатива.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

transparent

ВМРО ДПМНЕ со транспарент го блокира говорот на јавниот обвинител Јовески

Господине Јовески, до кога ќе го криете писмото со кое притворената Катица ви даде незаконска наредба, со овој транспарент пратеници на ВМРО-ДПМНЕ предводени од Антонијо Милошоски се обидоа да го блокираат говорот на јавниот обвинител Љубомир Јовески.Тие не седеа на местата предвидени за пратеници, туку на местото од каде новинарите ја следеа расправата за законот за јавното обвинотелство.По ова претседателот на комисијата за политички систем на кратко ја прекина расправата:„Ги молам колегите од ВМРО-ДПМНЕ да се воздржат од овој циркус“.фото: ФБ 

Македонија | пред 6 години

kulev-petrovska

Петровска: Чулев наместо како професионалец прочита партиски текст

После скандалозните три телеграми, од кои последиците сеуште не се надминати во целост, Наќе Чулев излезе на прес конференција на која наместо да се истакне како професионалец, прочита партиски текст, напишан од советниците во сенка, се вели во писмото испратено до медиумите од заменик министерка за внатрешни работи,Славјанка Петровска. Таа додава:Поистоветувањето на партиски соопштенија и настапи во министерства зборува за неможноста да се одлепите од партиски влијанија.Кога веќе сака да прави споредби, и споредува периоди Чулев требал да знае дека оваа година беше спроведена втората клучна реформа во министерството за внатрешни работи, со одвојувањето на доскорешната УБК од МВР и формирање на новата Агенција за национална безбедност. Како резутлат на процесот на селекција на кадрите во новата АНБ, околу 270  вработени не беа селектирани во новата Агенција, и согласно закон тие остануваат како вработени во Министерството за внатрешни работи.   Процесот на нивно распоредување беше започнат и повеќе од 50% беа распоредени во соодветна законска постапка и тие вработени немаат поднесено приговори.Останатите решенија се согласно потребите на службата и новиот правилник за систематизација на работни места и истите се издадени во законска постапка. Министерот Чулев треба да знае дека решенијата може да се изготвуваат постојано, но не смеат да бидат врачени додека работникот е оправдано отсутен, што и се нема случено.Во извештајот на комисијата кој самиот тој ја фомираше, е наведено дека организациските единици треба да се произнесат и доколку се констатира дека истите се незаконски да се постапи согласно закон. Членовите на комисијата која тој ја формираше не се сигурни дали неколкуте решенија се незаконски или не, туку за тоа вели дека се надлежни организациски единици во МВР.Кога зборува за распоредување во пониски звања без дисциплинска постапка, нека објасни како го оправдува својот потпис на решение за распоредување на вработен во Министерството кој од началник на Сектор во УБК со стаж од 44 години го распоредува на работно место инспектор за имотни деликти. Или вработен со завршен Природно-математички факутетет од работно место началник на одделение за телекомуникациско истражување го распоредува на работно место главен инспектор за семејно насилство. Или пак вработени со завршено високо образование од областа на шумарство и земјоделие се распоредуваат во инспектори за семејно насилство и малолтеничка деликвенција.Дали во случајот со распоредувањата во неговиот кабинет беа почитувани одредбите од Законот за внатрешни работи за распоредување на работник во повисоко звање?Кога зборувате за тужби за неисплатени прекувремени часови, заборавивте или не знаете дека во Буџетот за оваа година се обезбедени финансиски средства за исплата на бонус плата, со цел да нема нови тужби. Ова е за прв пат да се обезбедат финансиски средства за оваа намена иако проблемот е стар со години. Во име на вработените во МВР ви упатувам порака да ги потпишете решенијата за исплата на овие средства и да не ги чувате во кабинет.За две и пол години започнаа да се решаваат проблеми во министерството кои биле создавани  и криени со години. Во интерес на вработените и нивните семејства тоа ќе продолжи и по 12ти април, а ние треба да обезбедиме граѓаните без притисок и уцени да ја изразат својата волја.Инаку, кога сме кај недомаќинското работење, Чулев треба да објасни за 12.000 евра потрошени во агенцијата за разузнавање за телефонски сметки на поранешниот претседател Ѓорге Иванов и неговата сопруга Маја, вели во писмото Петровска.фото: Архива

пред 6 години

Grabez-pistol

Ограбувачот на аптеки во Охрид во притвор

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „разбојништво“, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против П.П.(49) од Охрид. Него, одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.Тој, во периодот од 17 до 26.01.2020 , влегол во аптеки лоцирани на булеварот „Туристичка“ и „Сирма Војвода“ како и во една продавница на улица „Ристо Чадо“ и со закани кон вработените, од касата одземал пари. На тој начин, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Mitko-Cavkov

Митко Чавков започнува штрајк со глад

“Заради грубо кршење на Уставно загарантираното право на здравствена заштита, вградено и во Законот за извршување на кривични санкции, заради АРБИТРЕРНОТО толкување на правото на здравствена заштита од директорот на Казнено поправниот дом Штип, пристапувам кон штрајк со глад“, се пожалил Митко Чавков, пренесува „Курир“.Во неговата жалба тој вели дека со уредна медицинска документација, за потребата од оперативен зафат кој трае само два дена , со документација за закажани датуми за преглед и операција, беа запознаени одговорните раководители и директорот на КПД Штип. Медицинската документација ја игнорираат со нерационални и усмени одговори со што се ставија во улога на „господари на моето здравје“.Текстот во целост на: Курир.мк

Македонија | пред 6 години

zagaduva-skopje

Прекинат прагот на алармирање за Тетово

Согласно податоците од ДАМСКВ на ден 27.01.2020 (понеделник), средно-дневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 175 g/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Тетово.Со тоа престануваат да важат мерките во случај на надминат праг на алармирање за PM10 честички за Тетово.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

iveqgpr0mxohbhtipzy0

Кривична пријава за „уцена“, се заканил дека ќе објави компромитирачки материјал доколку не му даде 500 евра

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за насилен криминал до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против Ш.Ф.(23) од Скопје  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“, казниво по член 259 од Кривичниот законик.Пријавениот Ш.Ф., на 24.01.2020 преку порака и се заканил на С.А.(27) дека на социјалната мрежа Фејсбук ќе објави компромитирачки материјал доколку не му даде 500 евра да го плати адвокатот во врска со кривичната пријава што ја поднела таа против него за телесни повреди кои ѝ ги нанел. После тоа, таа го пријавила настанот во Полициска станица, по што бил известен и јавен обвинител, по чии насоки се преземени мерки за расчистување на случајот.Притоа, на 26.01.2020 околу 19.00 часот во угостителски објект на ул.„Христо Татарчев“, по претходен договор, пријавениот се сретнал со оштетената која му дала 200 евра. На истата локација во 19.45 часот, полициски службеници го лишиле од слобода Ш.Ф., а по извршен преглед кај него биле пронајдени и одземени 200 евра, кои му ги дала оштетената и мобилен телефон. Исто така, на  27.01.2020, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот каде престојува пријавениот, при што биле пронајдени и одземени и други предмети во интерес на истрагата.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

mobilen-telefon

Поведена постапка за уцена со компромитирачки фотографии

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против еден жител на селото Орешани за кривично дело – Уцена предвидено и казниво согласно член 259 став 1 од Кривичниот законик.За лицето на возраст од 22 години постои основано сомнение дека, со намера да прибави противправна имотна корист, уценувало своја 26-годишна познаничка дека за неа ќе открие, односно јавно ќе објави компромитирачки материјал – фотографии кои ќе и наштетат на нејзината чест или углед. На тој начин осомничениот ја присилил оштетената да му даде парични средства во висина од околу 200 евра.Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, обврска повремено да се јавува кај определено службено лице или надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, како и забрана за приближување или воспоставување односно одржување контакти со оштетената.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

83888326_198919134574741_9086925323907366912_n

Чулев отворено на прес конференција за несоодветното управување со човечки ресурси во МВР

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денес одржа конференција на која зборуваше за големиот број донесени решенија за распоредување во текот на претходниот месец, за злоупотребата на правниот акт „наредба“, за проблемот со вработените од поранешна УБК кои не беа распоредени во Агенцијата за национална безбедност и фискалните импликации кои се направени за буџетот на Министерството за внатрешни работи (4 милиони евра за една година) , а како резулат на несоодветното управување со човечки ресурси. Обраќањето на министерот Чулев ви го презентираме во целост.

Македонија | пред 6 години

levica-voda

Левица: Водата не е бизнис, гласај против приватизацијата на водата!

Левица безусловно и безрезервно застанува против намерното уништување и приватизирање на дејностите од јавната сфера за остварување на приватни интереси и криминална злоупотреба! Ние сме против било каква форма на јавно-приватно партнерство, кое само преставува еуфемизам под кој се крие очигледната намера за приватизација, се вели во соопштението од Левица.Изминатите децении, а особено последните години, јавно-приватното партнерство е омилена форма на криминалните власти за уште поголемо осиромашување на народот – преку отуѓување на народните добра и одливање на државни пари во приватни џебови.Огромен дел од селата околу Дојран немаат функционална канализација и водовод и само пред неколку месеци голем дел од жителите на Дојран беа оставени цели 8 дена без вода за пиење! Огромниот долг на јавното комунално претпријатие не е вина на Дојранчани, туку е очигледна последица на системот на функционирање на картелот СДСМ-ДПМНЕ-ДУИ, кои со децении ги користат јавните услуги само за партиски вработувања и коруптивни зделки. Не треба приватизација, туку ОДГОВОРНОСТ за сторените криминали! Најавените инвестиции од 8.1 милиони евра очигледно завршија во корумпираните структури на власта, а долгот на јавното претпријатие десеткратно ќе биде наплатен од веќе празните џебови на обичните граѓани.Затоа, во пресрет на најавениот референдум Левица ги повикува жителите на Општина Дојран во недела, на 2 февруари масовно да излезат на референдумот и да гласаат ПРОТИВ плановите на општинската власт за постепено приватизирање на водените ресурси! Водата за пиење во Дојран не е приватна сопственост, ниту нечиј бизнис за остварување на профит. Таа е јавно добро и му припаѓа на народот и мора да остане во сопственост на народот. Се друго е скратување на основното човеково право – правото на чиста вода. Излези и гласај ПРОТИВ, се вели во соопштението од Левица. 

Македонија | пред 6 години

oruzje

Еден обвинет, две лица под истрага за поседување оружје во Скопје

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.1 од Кривичниот законик.При претрес извршен во домот на обвинетиот во Арачиново, на 07.12.2019 година, било утврдено дека тој неовластено држел огнено оружје и муниција – еден полуавтоматски пиштол “Smith&Wesson” MOD 6906 со калибар 9мм Para, еден полуавтоматски пиштол “Walther” P99 со две рамки, како и 41 куршум со калибар 9мм Para. Оружјето и муницијата се одземени со потврда за одземени предмети.Непосредно по лишувањето од слобода, обвинителството за ова лице предложи да биде определена мерка притвор, но од судијата на претходна постапка предлогот не беше прифатен и на лицето му беа определени мерки на претпазливост. На ваквата одлука надлежниот јавен обвинител вложи жалба, по што на лицето му беше определена мерка куќен притвор од страна на Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје. Со обвинителниот акт поднесен денеска, јавниот обвинител предложи изречената мерка куќен притвор да биде продолжена поради опасност од бегство и можност обвинетиот да го повтори делото.Инаку, во врска со претресите извршени на 07.12.2019 година на повеќе локации во Скопје, Секторот за внатрешни работи Скопје вчера до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе уште една кривична пријава против две лица. Постапувајќи по оваа пријава, надлежниот јавен обвинител веднаш донесе Наредба за спроведување истражна постапка за лицата поради постоење основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело –  Неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.1 во врска со чл.22 од Кривичниот законик.Лицата се осомничени дека на 07.12.2019 година, на земјениот пат за с.Крушопек, над селото Грчец, во патничко возило без регистарски ознаки, неовластено држеле огнено оружје и муниција – една пушка со калибар 7,62Х39мм од албанско производство, едно полуавтоматско кусо огнено оружје “Zastava M57”со калибар 7,62Х25 од југословенско производство со осум куршуми во шаржерот, едно полуавтоматско кусо огнено оружје “Zastava M88”со калибар 9мм Para од југословенско производство со четири куршуми во шаржерот, како и два шаржера со капацитет од по 30 куршуми со калибар 7,62Х39мм и со вкупно 22 куршуми во нив.Полициските службеници извршиле претрес во домовите на осомничените, па утврдиле дека тие се движат со возилото и тргнале по нив. По извесно време осомничените го запреле возилото, излегле од него и побегнале, а оружјето го оставиле во автомобилот. Еден од осомничените е лишен од слобода и за него надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави Предлог за определување мерка притвор со оглед на тоа што постои опасност од бегство и можност тој да го повтори делото. Ваквиот предлог беше прифатен и на лицето му е определена мерка притвор во траење од 30 дена. Другиот осомничен и натаму е недостапен на органите на прогонот и во поглед на тој осомничен обвинителството ќе предложи соодветна мерка за обезбедување по неговото пронаоѓање и лишување од слобода.Основното јавно обвинителство Скопје појаснува дека во врска со извршените претреси од страна на Министерството за внатрешни работи на 07.12.2019 година на повеќе локации во Скопје до овој момент до обвинителството се поднесени само наведените две кривични пријави со кои се опфатени три лица. За двете кривични пријави, согласно Законот за кривична постапка, јавното обвинителство веднаш отвори истраги, а во еден од предметите поднесе и обвинение. Согласно законските надлежности, за пријавените лица лишени од слобода беше предложена мерка притвор.Доколку во наредниот период, од страна на МВР како овластен орган за откривање на идентитетот на сторителите на кривични дела, бидат поднесени други кривични пријави, обвинителството согласно Законот за кривична постапка ќе постапи по нив и во зависност од исполнетоста на законските основи ќе предожи соодветни мерки за обезбедување.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

noz-ubistvo-napad

Поради братоубиство - Предложено задолжително психијатриско лекување

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Предлог за изрекување на мерка на безбедност – задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа за едно лице обвинето дека извршило кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.2 во врска со чл.12 ст.1 од Кривичниот законик.Обвинетиот, во вечерните часови на 31 декември, во семејниот дом во село Чајлане, Сарај, во состојба на непресметливост поради трајна душевна болест – параноидно растројство, при вршење семејно насилство, со умисла го лишил од живот сопствениот брат.Двајцата браќа најпрвин започнале да се расправаат, па во еден момент обвинетиот од џебот извадил нож и му нанел две сечни и три убодни рани во вратот на својот брат. Како резултат на брзото и обилно искрварување од вратните крвни садови, бил предизвикан недостаток на кислород во мозокот на оштетениот, па на 05.01.2020 година тој починал.фото:Архива

Македонија | пред 6 години

Fekalna_kanalizacija_Rca

Нова фекална канализација во Рача - Охридско

Деновиве се изведуваат завршните работни активности од правата фаза за поставување на нова фекална канализација во населбата Рача.Се работи за одводна мрежа во должина од 320 метри и соодветни приклучни шахти. Активностите се дел од Програмата за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води од 2019 година и за оваа намена од буџетот на Општина Охрид беа предвидени 1.092.560 денари. Работните активности на терен ги изведува фирмата „Бокоп“.Во тек е подготовка на тендерска документација за објавување на Јавен повик за изведување на втората фаза од оваа канализациона линија, која е предвидена во Програмата за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води од 2020 година.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 6 години

Andon_Keckar

Пригодни чествувања за ликот и делото на Андон Кецкаров

Со панихида и пригоден историски час на 30-ти јануари 2020 година со почеток во 12 часот, ќе се одбележат 155 години од раѓањето и 75 години од смртта на македонскиот револуционер, просветниот и општествен деец, охриѓанецот Андон Кецкаров.Частвувањата ќе се одржат на неговото вечно почивалиште кое се наоѓа на источната страна од црквата „Свети Константин и Елена“. Ова спомен обележје и просторот околу него, беа соодветно уредени неодамна од страна на Општина Охрид и ЈП „Градски гробишта“.Андон Кецкаров е роден во Охрид 1865 година и е еден од истакнатите интелектуалци од 80-те и 90-те години на XIX век, кои бараат нови форми на организирање на населението, комбинираjќи ја просветната со револуционерната агитација. Во периодот 1887-1889 година Кецкаров бил учител во Охрид, а меѓу 1889-1897 година во Битола. Во 1942 година Кецкаров бил еден од основачите на Охридската општограѓанска фондација „Св. Климент Охридски“, која имала хуманитарни цели. Починал на 30 јануари 1945 година.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 6 години

Opstina_Ohrid-900x312

Јавен повик за откупа на фотографии со мотиви од Охрид

Согласно Г2 програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2020 година, Секторот за Туризам и ЛЕР при општина Охрид објавува: ЈАВЕН ПОВИКза  откуп на фотографии со мотиви од Охрид(културни, историски и природни убавини) I            Предмет на Јавниот повик е откуп на фотографии со мотиви од Охрид (културни, историски и природни убавини) согласно Г2 програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2020 година. IIСекторот за Туризам и ЛЕР  согласно програмата за 2020 година има определено средства во износ од 150.000,00 денари.Откупот ќе се реализира преку:– Откупување на фотографии со мотиви од Охрид кои до сега не се воопшто користени за други цели;– Максимален број на откупени фотографии од еден понудувач е 10. IIIНа јавниот повик право на пријавување имаат сите заинтересирани субјекти, правни и физички лица кои се занимаваат со изработка и продукција на фото и видео материјал. IVДоколку се работи за физичко лице, истиот мора да достави изјава за авторско право над фотографиите, во согласност со Законот за авторско право и сродните права и потпишана изјава дека фотографиите не се претходно објавувани или користени за други цели.Доколку се работи за правно лице/компанија треба да достави писмена изјава од авторот на фотографијата, како и изјава за ставање на авторски права за избраните фотографии на компанијата која располага со истите, како и изјава дека фотографиите не се претходно објавувани или користени за други цели.Во прилог на барањето за доделување на финансиските средства (Прилог 1 од Правилникот) и потребната документација, правните лица треба да ја доставaт следната документација:Решение за регистрација ДРД образец (оригинал или копија со печат и потпис на поднесувачот);Потврда за платени даноци, придонеси и други давачки од надлежен орган; VСредствата за откуп на фотографии со мотиви од Охрид ќе се извршат врз основа на евалуацијата за исполнување на следната спецификација и следните критериуми: КритериумиФотографиите треба да бидат доставени во дигитален JPEG формат и печатен формат, со резолуција помеѓу 1-5mbФотографиите не треба да бидат постари од 1 годинаФотографиите не треба да се претходно објавувани во весници, каталози, списанија или да учествувале на други конкурси СпецификацијаНационален парк ГаличицаПланински пејсажи во четири годишни времињаАктивен туризам – параглајдерство, велосипедизам, планинарeње …Културно-историски споменици, традиции, фолклор, манифестации, природни убавини Комисијата е должна во рок од 30 дена по крајниот рок за доставување на барањата да состави ранг листа, согласно горенаведената спецификација и критериумите. Откупот на фотографии со мотиви од Охрид ќе се врши се додека не се потрошат средствата од член 2. VIБаратели треба да ги достават следните документи:Барање на конкурс во 2 примероци кое содржи име и презиме (ако се работи за физичко лице) или назив на компанијата (ако се работи за правно лице) со назив:ЗА ЈАВЕН ПОВИК ЗА ОТКУП НА ФОТОГРАФИИЕлектронско портфолио (CD) кое ќе содржи најмалку 5 фотографии, а најмногу 30 од Охрид и околината Документите се доставуваат по пошта или директно во Архивата на општина Охрид во затворен плик кој во горниот лев агол ќе биде означен со НЕ ОТВАРАЈ, додека барањето за пријавување да биде прикачено на самиот плик на кој ќе може да се направи прием во Архивата на општина Охрид, но не подоцна од предвидениот рок. VIIПо донесеното решение за избор на квалификуваните барања, добитникот треба да ги достави во рок од 10 дена:– Фотографиите да се достават во TIFF формат во висока резолуција 300 DPI,– Фотографиите треба да бидат со наведената локација,– Избраните фотографии дополнително да бидат доставени во оргинален формат, во дигитален TIFF формат, со висока резолуција соодветна за печатење постери од 20 до 100 mb.Понудувачот е должен фотографијата или фотографиите да ги достави целосно артистички и графички обработени. VIIIФотографиите кои ќе содржат модели (личности) треба да бидат доставени со договор за согласност од личноста која е фотографирана (Model Release договор), доколку се работи за фотографии со малолетни лица задолжително и доказ за согласност од родител или старател. По откупување на ваквиот вид фотографии општина Охрид нема обврска за плаќање на било каков надоместок на личноста која е фотографирана.Општина Охрид како и Комисијата не подлежат  на одговорност во случај на злоупотреба на авторските права од страна на самите учесници или трети лица за фотографиите пријавени на конкурсот.Вработените во општина Охрид како и членовите на комисијата немаат право на учество во јавниот повик. IXРокот на поднесување на апликацијата е 30 дена од денот на објавата на конкурсот, а барањето за пријавување на јавниот повик, поднесителите можат да го најдат на официјалната веб страна на општина Охрид www.ohrid.gov.mkНепотполните и задоцнетите барања, нема да бидат разгледувани од страна на Комисијата.Кандидатите кои нема да бидат избрани на јавниот повик ќе бидат известени во рок од 30 дена.

Македонија | пред 6 години

28012020_PVRSM_sredba_Ambasador-vo-Katar

Премиерот Спасовски се сретна со кандидатот на амбасадор на нашата земја во Катар, Јашари

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, се сретна со Шабан Јашари, кандидатот за амбасадор од нашата држава во Доха, Катар.На средбата е разговарано за можностите за соработка со државата Катар на економски план, со оглед дека од таму, како што информираше амбасадорот Јашари, постои интерес за инвестиции во нашата држава, посебно во областа на земјоделството.Премиерот Спасовски му честиташе на амбасадорот Јашари за назначувањето на позицијата.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

janeva-katica-reket-skopje1mk

Рустеми: За предистрагата и истрагата за „Поштенска банка” ги завршив, после ... сам, без интервенции од Јанева

Обвинителот Бурим Рустеми, кој беше дел од тимот на СЈО, денеска сведочеше во Кривичниот суд, на рочиштето за случајот “Рекет”.Рустеми го водеше случајот „Поштенска банка“.- Предистрагата траеше околу една година, а се оформи врз основа на еден разговор од “бомбите” каде забележавме дека постојат основи на сомнение дека одредени лица сториле тешки кривични дела. Се работеше интензивно се до моментот кога беше решено да се отвори истрага, во октомври, рече Рустеми.На прашањето дали имал напатствија од Јанева за определена недвижност, Рустеми рече:„За предистрагата и истрагата за „Поштенска банка” ги завршив сам, без интервенции од Јанева. После ставот на Врховен за нашите предмети настана хаос. Се отвори дилема како да постапуваме. Заедно одлучивме дека рокот од 18 месеци не е амнестија за обвинетите. Потоа на неформален состанок кај Јанева таа истакнала дека размислува да се утврди штетата во предметот „Поштенска банка”, да се исплати и обвинетите да не бидат затворени“, посочи Рустеми.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

edinstvena-makedonija

Единствена Македонија до Мила Царовска: До каде ти е кривичната пријава против ДУИ за украдени 19 милиони ера од пензискиот фонд

Владата на СДСМ и Мила Царовска повторно го излажаа народот. Мила Царовска во својство на министерка за труд и социјална политика на денешен ден пред точно една година бомбастично соопшти дека поднесува кривична пријава за проневерени 19 милиони евра во Фондот на пензиското и инвалидско осигурување, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Но, една година подоцна произлезе дека нема кривична пријава и тоа од оправдани причини: пензискиот фонд го раководат кадри на ДУИ и таму не смее да се чепка.Царовска со најавата за кривична пријава против функционери на ДУИ очигледно манифестирала само добра смисла за црн хумор со кој врши тешка навреда на интелегенцијата на народот. Од друга страна, функционерите од ДУИ 18 години ги сведуваат нивните коалициски партнери од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на обични потрчковци на Али Ахмети. 18 години се во власта а за ниту еден функционер на ДУИ досега не е помислено а камоли да е обвинет за корупција.Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ќе ја сосече во корен оваа погубна практика законите да важат само за Македоцните, а не и за Албанците. Одговорност мора да има за секој, законите мора да важи за сите, се вели во соопштението од Единствена Македонија.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

medena-zemja

(ФОТО) Тимот на „Медена земја“ блеска, Котевска вели: Не стоев јас до него... Тој стои до мене

„Да појаснам. Не стоев јас до него... Тој стои до мене. (Јас имам две номинации оваа година)“. Со овие зборови режисерката Тамара Котевска на „Фејсбук“ ги сподели фотографиите на кои стои до холивудската ѕвезда Леонардо ди Каприо.Just to make clear... I wasn’t standing next to him. He was standing next to me. (I have 2 nominations this year ;) ) @ The Dolby Theater 6801 Hollywood Boulevard Hollywood, CA 90028 https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2883392091717539&set=pcb.2883392155050866&type=3&theater Фотографии на својот профил објави и Модната креаторка Тања Кокев, која ја„облече“, екипата на „Медена земја“  за свеченото  доделување на Оскарите во февруари во Беверли Хилс, Лос Анџелес https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10220806653621392&set=pcb.10220806659221532&type=3&theater92-то издание на оваа престижна свеченост ќе се одржи на 10 февруари, во театарот „Долби“ во Беверли Хилс.

Магазин | пред 6 години

Konj-1

(ФОТО) Да му покажеме на светот, колку ни значат животните

На социјлната мрежа фејсбук на групата „Ѕид на сообраќајниот срам“ предмалку поставена фотографија со коментар:  фото: ФБ ѕид на сообраќајниот срам 

Скопје | пред 6 години

policija-2-1

Автобус и автомобил се судрија на автопатот Куманово-Табановце - повредено 21 лице

Патници и возачи на автомобил и на автобус се повредени во сообраќајната несреќа што се случила синоќа на автопатот Куманово-Табановце, информираше денеска МВР, Објави Инфомакс.мк.Сообраќајката се случила во 21.50 на автопатот Куманово-Граничен премин Табановце, пред клучката за Крива Паланка помеѓу автобус „крафтер“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Н.А.(39) од Куманово и патничко моторно возило „бмв“ со бугарски национални ознаки, управувано од Н.М.(28) од Куманово.Во несреќата двајцата возачи и 19 патници од автобусот се здобиле со телесни повреди, по што биле пренесени во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.извор: Инфомакс.мк

Македонија | пред 6 години

Hristijan-Mickoski

Мицкоски: Нема да поддржиме Закон за обвинителство преку кој Заев ќе се аболицира

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за Магазин.мк меѓу другото, говори и за Законот за обвинителство.- Јас во неколку наврати повторувам, немам концесии во политиката кон никого, и кон никого не должам. Оттука се чуствувам комотен во борбата против криминалот и корупцијата. И тука нема да имам обзир за кого се работи. Не постои малку или многу криминалец, или некој малку се огрешил кон законот или многу. Но таква пристап нема кај нашите противници. Со внимание ја следам дебатата за законот за јавно обвинителство и можам да кажам дека навистина кај власта постои паника од независно обвинителство. Ја слушам министерката за правда Дескоска како вели дека ВМРО-ДПМНЕ имала само едно барање да запреле постапките кои се водат на суд против нас. Можам само да кажам дека Дескоска ја префатил вирусот од Заев за лажење. Јас излегов на опширна прес конференција која траеше речиси еден час каде кажав дел од причините зошто не поддржуваме закон за јавно обвинителство по теркот на Заев и зошто тој закон е противуставен. Симплифицирано не поддржуваме закон со кој Заев одново сака да се амнестира од одговорност преку воспоставување на контролирано обвинителство преку кое треба да поминат неказните криминалите на неговиот хибриден режим. Тој филм нема да се гледа. Доколку СДСМ навистина е за законско решение нека ги прифатат нашите забелешки и веднаш да го изгласаме законот, истакна Мицкоски.

Македонија | пред 6 години

Vlatko

(ВИДЕО) Лозаноски: Јас доаѓам од Македонија, а не од државата со тој додаток

Влатко Лозановски синоќа на второто издание на МАС регионалните награди, манифестација која се одржа во Белград, за песната „Мајко“ добри награда за најдобра поп-фолк нумера.– Голема благодарност до моите во Македонија, морам да го поправам Сале, тоа е Македонија, не е со тој додаток што го кажа пред малку, порача Влатко Лозановски при подигнувањето на наградата, поправајќи го водителот кој рече дека Влатко доаѓа од Северна Македонија.https://www.facebook.com/RepublicMacedonia/videos/1871713973127343/https://www.facebook.com/LozanoMacedonia/photos/pcb.2884420238276211/2884416988276536/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

tehnicka-vlada

Денеска на Влада Предлог - закон за заштита на личните податоци.

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 5-тата редовна седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес за граѓаните.На оваа своја седница Владата, меѓу другото, ќе ја разгледа информацијата во врска со постапката за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во Република Северна Македонија.На предлог на Министерството за финансии денеска ќе биде разгледана и информацијата за Програмата на Економски Реформи 2020-2022 година.Заменичката на претседателот во Влада задолжена за координација на економските ресори, Мила Царовска за оваа седница ја предлага точката: Информација во врска со активностите за искористување на можностите на Зелениот климатски фонд и назначување на Контакт лице за Зелениот климатски фонд.На денешната седница ќе се разгледа и ќе биде утврден текстот на Предлог - закон за заштита на личните податоци.Министерството за информатичко општество и администрација на седницата ќе ја презентира информацијата за ревизија на Акцискиот план на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018 – 2022.Редовната 5-та седница на Владата на Северна Македонија е предвидено да започне во 12:00 часот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања