Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

burim-rustemi

Ренеска за „Рекет“ ќе сведочи обвинителот Бурим Рустеми

Oбвинителот Бурим Рустеми, кој беше дел од СЈО, денеска треба да се појави во Основниот кривичен суд  “денеска како сведок за случајот Рекет.Рустеми е обвинителот кој ја водеше истрагата за предметот „Поштенска банка“, а којшто предмет беше споменуван во случајот кој се води против поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева, и Бојан Јовановски – Боки 13.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

zaev

Ла Верита: Командант од УЧК му донел 5.000 гласови на Заев

Документите што се однесуваат на снимените разговори помеѓу лидерот на СДСМ Зоран Заев и неговите соработници, поднесени во овинителството во Скопје, укажуваат на сенката на експаравојниците од УЧК кои исто стојат зад евентуалната купопродажба на гласови за која македонските обвинители започнаа со истраги во 2014 година.Во неколку извадоци од документот има и телефонски разговор помеѓу Захир Беќири – Чауш, кој го советува Заев да исконтактира со екскомандантот на УЧК Изаир Самиу Баци, кој живее во Тетово. Според Чаушот, паравоениот командант можел на СДСМ да му донесе 5.000 гласови. Чауш има директен пристап до шефот на СДСМ, бидејќи во тоа време се сметал за еден од неговите најблиски соработници во сферата на безбедноста. Неговото влијание почнува да опаѓа кога за време на претрес во 2016 година полицијата наоѓа кај него дома околу 30.000 лажни документи меѓу кои пасоши и лични карти, објави vesnik.com.Според тоа што стои во документите, Беќири го информирал Заев дека Изаир Самиу Баци може да му биде од помош, и подвлекол дека неговото присуство може да му овозможи придобивање на дел од албанските гласачи во однос на лидерите на ДУИ и ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи, коишто ќе се уплашеле од командантот Баци.Командантот на УЧК, пишува „Ла верита“ учествувал во воениот конфликт во 2001 г. во Македонија, а американската администрација го смета за еден од најопасните луѓе на Балканот. Тој долго време се наоѓал на црната листа на САД, содржана во National Emergency Act, составена од луѓе кои претставуваат опасност за стабилноста на Западен Балкан со тоа што поддржуваат екстремистички движења. Текстот во целост на: vesnik.com

Македонија | пред 6 години

49948075_282787959078136_8610624802379530240_n

Јавна расправа во Собранието за Законот за ЈО

Законот за јавно обвинителство денеска влегува во собраниска процедура, ќе се бара приближување на ставовите на власта и опозицијата на јавна расправа во рамки на парламентарната Комисија за политички систем.Седницата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците е закажана во 14 часот и единствена точка на дневен ред е „Јавното обвинителство како ефикасен орган во борба против корупцијата“.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

manceski

Манчевски на ТВ 24: Со Законот за раководна служба до крај ќе ја департизираме администрацијата

Искрената намера на Владата да спроведе департизација и професионализација на јавната администрација е содржана во првичната верзија од Законот за раководна служба, односно како независно и објективно да се избираат државните секретари и директорите, по примерот на Комисијата за спречување корупција. ВМРО-ДПМНЕ наместо да се приклучи во процесот и да демонстрира желба за стручна државна служба тие како по правило само се противат. Оваа тема беше отворена во емисијата „Анализа“ на ТВ 24.„ВМРО-ДПМНЕ го нападна законот од сите аспекти, а со законот конечно ќе имаме стручни и квалификувани раководни лица. Законот за раководна служба предвидува формирање на независна комисија која ќе објавува огласи и ќе прави евалуација на кандидатите. Потоа ќе предложи до Владата три имиња од кои ќе се избере функционерот. Но сите три имиња ќе бидат релевантни затоа што комисијата ќе биде строг филтер. Ова е одлична прилика заедно да направиме закон и да покажеме дека реално сакаме промени“- изјави Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ и министер за администрација и информатичко општество.Првично законот ќе се однесува на органите на централната управа, а ако покаже резултати и се обезбедат квалитетни и стручни раководители, тогаш истиот модел ќе се преслика и на локално ниво.„Ова е прв обид некој да сака наместо партиски да поставува професионални кадри на раководните позиции и затоа мислам дека е вредно да се обидеме. Затоа не смееме да ја пропуштиме оваа шанса, а тоа не треба да го направи ниту ВМРО-ДПМНЕ. Можеме заедно да направиме функционален закон кој ќе гарантира ефикасна, стручна и обучена раководна гарнитура во институциите“- поентираше Манчевски.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Манчевски за ТВ 24: Вработуваме стручни кадри и не ја уценуваме администрацијата за гласови

„Во сите релевантни извештаи за последните неколку изборни процеси не биле евидентирани политички притисоци, што не беше случај порано. Претходно имавме сериозни забелешки за злоупотреба на административците во изборни цели. Оваа Влада цврсто се залага за избори без корупција и ви гарантирам дека не постои системски притисок врз гласачи, а тоа и ВМРО ДПМНЕ добро го знае“- коментираше Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ и министер за администрација и информатичко општество во емисијата „Анализа“ на ТВ 24.Во врска со нападите дека Владата на СДСМ и на ДУИ вработува нови кадри во институциите во пресрет на изборите, Манчевски одговори дека законски е одобрено до 12-ти февруари да се објавуваат огласи за вработување, особено како сите кои се објавени, за пополнување на неопходниот кадар.„На почетокот на секоја година има зголемено огласи за ангажман на вработени со определено време, затоа што со истекот на претходната година завршуваат и нивните договори. Помина времето кога вработувањата беа условувани со изборни гласови, веќе сме држава која организира кредибилни и фер избори“- изјави Манчевски.Од друга страна, институциите навистина немаат доволно, пред се стручен кадар и затоа секој оглас е оправдан. Дури и техничките министри на ВМРО ДПМНЕ потврдија дека институциите не се доволно екипирани.Институциите постојано имаат недостаток од кадар. Затоа ниту еден оглас не е надвор од регуларните постапки.„Во институциите затекнавме несоодветни систематизации, наместо да се вработуваат соодветни кадри, ние откривме вработен во Генерален секретаријат на Влада со завршена музичка академија. Затоа правиме хоризонтални и вертикални функционални анализи, работиме на целосна реорганизација на системот и не можеме тоа да  го направиме преку ноќ оти така ќе се протолкува како партиска операција. Затоа одиме полека, стручно и посветено“- заврши Манчевски. 

Македонија | пред 6 години

kursum

Чуварот пронашол куршум во тоалет во студентски дом во Скопје

Синоќа околу 22.10 часот во СВР Скопје, Н.С.(55) од Скопје, вработен како чувар, пријавил дека околу 20.30 часот во тоалет на студентски дом на ул.„Архимедова“ во Скопје, забележал зрно од куршум кое го пробило кровот.Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и го подигнала зрното за понатамошна постапка.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

Deskoska

Дескоска на Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ сака ниту едно обвинителство да нема надлежност за предметите со прислушуваните материјали

Клучниот проблем којшто го имаме и клучната разлика со ВМРО-ДПМНЕ за Законот за Јавно обвинителство е нивната забелешка со којашто бараат практично да нема надлежност за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникации, тоа значи дека директно или индиректно се бара да се отстрани надлежноста на кривични дела којшто беа отпочнати од СЈО, истакна членката на Извршниот одбор на СДСМ и министерка за правда, Рената Дескоска во вечерашното гостување во емисијата Топ темаАнализирајќи го процесот на креирање на Законот, Дескоска истакна дека почетна точка во градење на законот биле реформите, односно СЈО како посебен орган во кој не смеат да се мешаат други виши обвинители.- Видовме дека таа идеја не можевме да ја спроведеме поради ВМРО-ДПМНЕ. Од опозицијата јасно беше кажано дека нема да поддржат ни С од Специјално јавно обвинителство ниту пак некаков посебен концепт на такво обвинителство.Потоа направивме да го нема СЈО, и сите предмети се префрлени во регуларното обвинителство, посочи Дескоска.

Македонија | пред 6 години

boki

1ТВ: Деновиве ќе ги објавиме со име и презиме лицата кои стојат позади тивката ликвидација на Бојан Јовановски!

Како што ветија на 20 јануари, така и направија. Предналку на официјалната страна на 1ТВ  статус наменет за денешното рочиште за „Рекет“. Во него пишува:„Ова е фотографија од денешното рочиште за несреќно наречениот предмет "Рекет". Ја известуваме јавноста дека во наредните неколку денови ке ѓи објавиме сите факти и докази зошто само Бојан Јовановски се наоѓа во ефективен притвор, иако се наоѓа во лоша и ризична здравтвена состојба, имено ке ги објавиме сите медицински наоди и известувања од сите доктори, специјалисти и суб-специјалисти и нивните строги препораќи за негово лечење. Воедно ќе ѓи објавиме со точно име и презиме лицата кои стојат позади тивката ликвидација на Бојан Јовановски! Исто така ќе ѓи објавиме со име и презиме лицата кои секојдневно му се заканувале со физичка ликвидација на Бојан Јовановски, лицата кои го уценувале што да зборува за предметот "Рекет", уцените и заканите кон Јовановски се однесувале лично кон него и кон членови на неговото семејство.На денешното сведочење од страна на обвинителката Лиле Стефанова јасно се виде дека прво обвинетиот Бојан Јовановски не учествувувал во никакви дејствија кои му се ставаат на товар, јасно беа посечени имињата на лицата кои вршеле притисок и влијание за случајот "Империја" таа спомена судии, политичари, обвинитили, бизнисмени, нарекувајќи ги "разни емисари".... Јасно и категорично беше кажано од страна на обвинителката Стефанова дека со Бојан Јовановски немала никаков контакт и дека имала само коректен однос гостувајки во 1ТВ и дека никогаш не разговарала со Бојан Јовановски за предмети од СЈО и дека никогаш не вршел никаков притисок, а замислете Јовановски е прво обвинет во овој случај... "вистинска правна држава"Прашањето кое го поставуваме до надлежните кога ке ги процесуираат вистинските криминалци на обвинителна клупа?Дали надлежните мислат дека јавноста е слепа и глува?Дали надлежните мислат дека со спроведување на класична тортура кон Јовановски и неговото семејство ке го замолчат Јовановски и дека ке ја спречат вистината за "Рекет"?Објавувањето на сите факти и докази кои ке бидат пласирани на нашите официјални страници се од исклучително важен јавен интерес и во интерес на вистината за кривично правниот предмет "Рекет"Како беше она парола... "Нема правда, нема мир"Место за "поштедени" на нашите официјални профили на згаснатата 1ТВ нема и нема да има "поштедени" !!!https://www.facebook.com/www.1tv.mk/photos/a.1831222396890201/3003925172953245/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

013DF9C3-C2D5-40A1-BB2D-9771D7A5C181

Ландов: Немаме намера да и се извинуваме на Мизрахи, нема да дозволиме да биде главен уредник

Фејсбук статус на Кристијан Ландов од А1он.мк.:Мизрахи е навредена затоа што во наслов не стоело “министерката Мизрахи”, посочувајќи дека насловот изразува улична комуникација, што пак е навреда само по себе за медиумот и новинарите. Таа демантира дека нејзината шефица на кабинет е екссоветничка на Груевски. Лага. Текстот беше потркепен со листата на советници на Груевски, објавена од Владата, каде Апостолова е 52. по ред. Лага е дека не сме побарале став од втора страна, патем и во самата вест пишува дека Апостолова не одговараше на повиците, за што постојт уредни записи од операторот.Нема да се извинуваме на Мизрахи.И порачуваме на министерката дека нема да дозволиме да биде главен уредник и ја замолуваме да внимава на речникот и на квалификациите за новинарите.“А1он”, со доказите кои ги поседува, ќе ги извести сите меѓународни организации за притисокот од министерката на ВМРО-ДПМНЕ.https://www.facebook.com/landovk/posts/2594127030697711

Македонија | пред 6 години

Benzinski-pumpi-9

Бензините поевтини за половина, дизелот за еден денар

Со одлука на Регултароната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ горивата ќе се продаваат за цени пониски за половина, односно за еден денар.Од полноќ малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се намалуваат за половина денар и со тоа малопродажната цена на еуросупер БС-95 изнесува 67,5 денари за литар додека на еуросупер БС-98 изнесува 69,5 денари за литар.Дизелот и екстра лесното масло за домаќинство ќе поевтинат за еден денар на 60, односно 49 денари за литар.Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,490 денари на 36,395 денари за килограм.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

bubacki

(ВИДЕО) ТВ24: Наезда на мистериозни бубачки во скопско Дивље

Освен радоста, снегот оваа зима во скопското село Дивље донесе и наезда на инсекти од непозната природа, објави ТВ24.Никогаш досега ваква слична појава не била забележана од страна на жителите на ова скопско село, кои деновиве стравуваат, бидејќи не знаат дали овие инсекти носат опаснаст по нивното здравје.Паниката помеѓу жителите на Дивље ја смируваат биолозите кои тврдат дека станува збор за бескрилни инсекти кои може да бидат водни или сувоземни, а кои се распостранети насекаде низ Европа и низ светот, без опасни за човекот и животната средина.видео: ТВ 24

Скопје | пред 6 години

sudski-sovet

Судскиот совет го разреши врховниот судија Катавеновски

Денеска Судскиот совет го разреши врховен судија Ристо Катавеновски, поради нестручно и несовесно работење. За други тројца судии постапката е сопрена, додека за еден е одлучено неговиот извештај да биде дополнет.фото: Архива  

Македонија | пред 6 години

policija-2-1

Педесетгодишен маж од Кичево со прострелна рана во градите пронајден во својот дом

Педесетгодишен маж од Кичево бил пронајден починат во семејниот дом со прострелна рана во пределот на градите.Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево, при што до починатиот бил пронајден ловечки карабин „чешка зброевка“ во калибар 7,62 мм и еден испукан патрон.По наредба на јавен обвинител, извршена е обдукција на телото на починатиот, при што констатирано е дека С. А. починал како последица на испукан патрон при ракување со оружјето.Телото на починатиот по обдукцијата му е предадено на семејството.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

skopje-zagaden-vozduh-magla-3

Град Скопје со итни мерки против аерозагадувањето

Согласно со Законот за квалитет на амбиентниот воздух, на барање на Владата на Република Северна Македонија и Министерството за здравство, Градот Скопје објави итни мерки и препораки за намалување на загадувањето на воздухот, кои ќе стапат во сила денеска од 18 часот. Овие мерки се преземаат по добиеното известување од Министерството за животна средина дека квалитетот на воздухот последователно два дена е надминат над законски пропишаниот минимум, односно над 175 μg/m3 на мерните станици во Карпош и во Лисиче.  Во сила стапуваат следните мерки и препораки: Град Скопје од денеска (27 јануари 2020 година) од 18 часот воведува бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП и во автобусите на приватните превозници, се до моментот на намалување на загадувањето, за што јавноста дополнително ќе биде известена. Град Скопје ги прекинува сите градежни активности на градилиштата под своја надлежност. Ги повикувам сите градоначалници од општините во град Скопје, да ги прекинат градежните активности на градилиштата во нивна надлежност. Цената на паркирањето на паркиралиштата на Градски паркинг од овој момент двојно се зголемува и тоа важи се до укинувањето на итните мерки. Град Скопје изминатите недели вршеше интензивен инспекциски надзор на инсталациите што се во негова надлежност со мерење на емисии во воздух. Притоа извештаите се објавуваат редовно во јавноста. Град Скопје ја интензивираше контролата на градилиштата, односно возилата што излегуваат од градилиштата мора да имаат измиени тркала и да се покриени со церади заради контрола на прашината. 6.    Го задолжуваме ЈП „Комунална хигиена“ да го продолжи интензивното чистење на градските улици и булевари што се во надлежност на Град Скопје и им препорачувам на скопските општини да го направат истото на улиците што се во нивна надлежност. 7. Град Скопје врши зајакната контрола на имателите на одобренија за доставување на стока преку Инспекторатот на Град Скопје. Воедно го повикуваме Министерството за внатрешни работи да спроведе засилени контроли на правните субјекти кои поседуваат одобренија за доставување на стоки издадени од страна на Градот Скопје. Апелираме до вработените во Град Скопје, јавните претпријатија и институции на работа да доаѓаат со автобусите на јавниот превоз. Ги повикуваме Градоначалниците на општините во градот Скопје да ги интензивираат инспекциските надзори над субјектите кои управуваат со отпадни гуми и отпадни масла. Го повикуваме Министерството за внатрешни работи да спроведе ограничување на обуките на автошколите од 9,30 до 14,30 и по 18,00 часот. Го повикуваме Министерството за животна средина, Државниот инспекторат за животна средина и општините да извршат засилени контроли над инсталациите што се под нивни ингеренции. Бараме од Министерството за внатрешни работи да ги зајакне контролите на почитување на забраната за движење на тешки товарни возила чијашто крајна дестинација не е Градот Скопје и кои ќе се упатуваат да ја користат скопската обиколница, во согласност со поставената сообраќајна сигнализација. Бараме од Министерството за внатрешни работи да врши зачестени контроли на издувните гасови на возилата кои учествуваат во сообраќајот. фото: Архива

Скопје | пред 6 години

rasela-mirzahi

Министерката Мизрахи го дементира А1 Он и бара јавно извинување

Министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи испрати демант на текстот со наслов „Мизрахи ја назначи советничката на Груевски за шеф на кабинет“ во кој обвинува дека е крајно тенденциозен, полн со шпекулации и невистини и побара јавно извинување и „точно пренесување на информациите“.Самиот наслов укажува на крајно несоодветен и навредувачки однос на А1он и новинарот Ландов кон министерката Рашела Мизрахи ословувајќи ја министерката како Мизрахи што е улична комуникација и недостојно претставување на позицијата која ја има министерката, бидејќи ниту го познава новинарот ниту пак имаат било каква комуникација за да се обраќа на тој начин. Дополнително г-ѓа Марија Апостолова, е државен службеник вработена во Владата на Република Македонија од 2011 година и своите должности ги обавувала во владите на Никола Груевски, Емил Димитриев и Зоран Заев, што значи дека г-ѓа Марија Апостолова не е советник на поранешниот премиер Никола Груевски, не е дел од советниците на поранешниот премиер Никола Груевски за што наведувате, ниту пак е инсталација како што наведувате и ја доведувате во заблуда јавноста, реагира Мизрахи.Според министерката, крајно е сомнително и што текстот истовремено излегува со изјавата на Милан Живковиќ – претседател на комисијата за социјална политика и труд во СДСМ каде истите работи се потенцираат.Сакаме да Ве прашаме дали го имате истиот однос кон министерот Никола Димитров и него го именувате како Амбасадорот на Груевски или преговарачот на Груевски?, прашува Мизрахи.Од медиумот велат дека техничката министерка се обидува „во стилот на Никола Груевски“ да ги замолчи новинарите и дека остануваат на ставот дека информациите се точни и веродостојни и нема да се извинуваат.И порачуваме на министерката Мизрахи дека нема да дозволиме да биде главен уредник и ја замолуваме да внимава на речникот и на квалификациите за новинарите. За конкретниот текст ја баравме и советничката Марија Апостолова за да се изјасни, но таа не одговори на повикот. Мизрахи со измислени деманти врши притисок врз А1он и ги навредува новинарите. Освен тоа, информацијата дека Апостолова била на листата советници и стручни соработници на поранешниот премиер е дел од јавен документ објавен на веб-страницата на Владата на 52 позиција на листата. па нејсано е што демантира Мизрахи. А1он, со доказите кои ги поседува, ќе ги извести сите меѓународни организации за притисокот од министерката на ВМРО-ДПМНЕ. Ја замолуваме министерката да не се обидува да го вовлекува медиумот во партиски борби и партиски да го етикетира, зошто со тоа нема ништо да сокрие ниту пак ќе не спречи да пишуваме за неа, реагираат од А1Он

Македонија | пред 6 години

vardar

Почината 60 годишна жена пронајдена во Вардар

„На 26.01.2020 во 09.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во водите на реката Вардар има починато женско лице.Од екипа на Бригадата за прпотивпожарна заштита Скопје телото било извадено, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.По преземени мерки било констатирано дека станува збор за Б.К.(60) од нас.Радишани – Скопје.По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Кривична пријава за две лица од Грчец за поседување оружје

СВР Скопје-Единица за насилен криминал со кривична пријава, до надлежното ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава против З.Љ.(35) и А.Љ.(41) поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 од Кривичниот законик.На  07.12.2019 околу 05.45 часот, кога на повеќе локации во с.Грчец, меѓу кои и во домовите на пријавените, се извршени претреси врз основа на судска наредба, полициски службеници не ги затекнале пријавените во своите домови.Притоа, за време на претресите во с.Грчец, полициски службеници, кои го обезбедувале поширокиот периметар во с.Грчец, забележале осум лица, од кои еден од нив имал автоматска пушка. Притоа, дел од тие лица влегле во џип „Либерти“, по што почнале да бегаат со него, но потоа го оставиле возилото и се дале во бегство. Во оставеното возило биле пронајдени и подигнати автоматска пушка „АК-47“ – Калашников со кал.7.62x39мм,  пиштол „Застава М57“  кал.7.62x25 мм и пиштол „Застава М88“ кал.9ммPara. По извршеното вештачење биле утврдени траги од пријавените.На 26.01.2020 првопријавениот З.Љ. се пријавил во Полициската станица Ѓорче Петров,по што е предаден до надлежното Основно јавно обвинителство за понатамошно постапување, додека за второпријавениот А.Љ., е распишан централен распис.фото: Архива   

Македонија | пред 6 години

kina

МНР: Во Амбасадата во Пекинг нема пријавени заразени македонски државјани

Македонското дипломатско конзуларно претставништво во Кина информира дека досега не е пријавен ниту еден случај на македонски државјанин заболен со коронавирусот. Како што информира Министерството за надворешни работи, во НР Кина легално престојуваат околу 100 наши државјани, а нашето ДКП е во постојан контакт со нив.Граѓаните на Република Северна Македонија за подетални информации околу развојот на состојбите можат да се обратат во нашата Амбасада во Пекинг на дежурниот телефонски број +86 185 1351 2812 или е-маил, beijing@mfa.gov.mk.Германските власти денеска објавија дека размислуваат за евакуација на своите државјани од провинцијата Хабеј, од каде што почна да се шири вирусот.Според најновите податоци, од овој вирус досега починаа најмалку 80 лица, а 2.800 се заразени.Инаку кинеското Министерство за финансии соопшти дека ќе издвои 8,74 милијарди долари за да го спречи ширењето на коронавирусот.Најмалку 80 лица починаа од коронавирусот, а само во Кина се заразени 2.744 лица. Вирусот продолжи да се шири во светот, каде што се регистрирани 50 заразени случаи, од кои петмина во САД. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Промовиран новиот „Локален еколошки акционен план“ на Општина Центар за 2019-2025 година

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ одржа прес конференција за промоција на новиот „Локален колошки акционен план“ (ЛЕАП) за 2019-22025 година. Гостин - говорник на настанот беше Славјанка Пејчиновска-Андонова, управителка во Друштвото за техничко консултантски услуги „Екомозаик ,партнер во изработка на ЛЕАП-от, заедно со Друштвото за еколошки консалтинг „Деконс-Ема“.ЛЕАП-от претставува стратешки документ со кој општината ќе обезбеди заштита на животната средина и повисок квалитет на живеење за граѓаните  како основни постулати за нејзин одржлив живот. Во ЛЕАП-от се идентификувани сегашните состојби со медиумите во животната средина и евидентирани се клучните предизвици, изразени во: нарушениот квалитет на воздухот, управувањето со отпад, зголеменото ниво на бучава и градежната експанзија, како проблеми со кои се соочуваме во нашето секојдневие во доменот на животната средина.„Во иднина ќе се залагам за проширување на надлежностите поврзани со заштита на животната средина на локално ниво, донесување и реализација на урбанистичка планска документација согласно стандардите и нормативите во кои ќе се запазува процентот на зелените површини, зголемувањето на ефикасноста на локалната администрација. Дополнителноќе се залагам за подигнување на свеста кај населението за заштита на животната средина и да ја етаблираме Општина Центар како еколошки одржлива општина која нуди услови за хумано живеење.“ –изјави градоначалникот Богдановиќ.ЛЕАП-от на Општина Центар е уште една потврда за продолжување на напорите на општината да воспостави успешна соработка со еколошките невладини организации и соработка со бизнис заедницата за почитување на законските одредби и зајакнување на капацитетите, со цел да се постигне намалување на потрошувачката на природните ресурси и емисии во медиумите на животната средина.„Од вкупно 46 предложени мерки, на воздух се однесуваат 17, на вода – 8, на природа – 7, на отпад – 6, на почва – 5 и на бучава – 3. Најзастапени се мерките чија реализација е од 25% до 75% (20 мерки), потоа следуваат мерки чија реализација е поголема од 75% (17 мерки) и најмалку застапени се мерките чија реализација е помала од 25% (9мерки)“ – изјави Славјанка Пејчиновска-Андонова.„Во соработка со Вас, граѓаните на Општина Центар, нашите партнери и соработници се надевам на успешно реализирани активности и проекти и со тоа, заедно да го потврдиме нашиот одговорен однос во интегрирањето на заштитата и унапредувањето на животната средина во економскиот и социјален развој на општината.“ – додаде Богдановиќ.Изработката на ЛЕАП документот за Општин Центар се темели на Националаната методологија за подготовка на ЛЕАП, усвоена од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање. За потребите беа номинирани членови на Локалниот управерн комитет и претставници од јавни установи, Град Скопје, јавни претпријатија, образовни и академски институции и НВО-а.фото:Општина Центар

Скопје | пред 6 години

Zagaduvanje-2

Стапуваат на сила препораките и мерките во случај на надминат праг на алармирање за PM10 честички

Според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, Ве информираме дека прагот на алармирање за PM10 (надминување на вредноста од 175 mg/m3 во текот на два последователни денови) дефиниран во Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година), е надминат на мерните места во Скопје – Карпош и Лисиче и Тетово.Согласно заклучоците од записникот од 40та седница на Владата на Република Македонија одржана на 28.11.2017 година, за Градот Скопје и Тетово стапуваат на сила следните препораки и мерки:Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Министерството за здравство се должни да:Препорачаат на сите правни субјекти (работодавци) да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар.Препорачаат на сите правни субјекти (работодавци) да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11.00 до 17.00 часот.Препорачаат да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено.Обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба.Владата на Република Северна Македонија:Ги задолжува сите органи на државна управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатијата и АД во државна сопственост, како и на Единиците на локална самоуправа да ја намалат (до 50%) употребата на службените возила.Министерство за труд и социјална политика во соработка со Црвениот крст, Здравствениот дом и Единиците за локална самоуправа:Да обезбедат прифатилишта за сместување на бездомници.Да дадат поддршка на стари осамени лица преку организирани посети.Министерството за здравство:Да ја задолжи Службата за итна медицинска помош да доставува Информација до ИЈЗ за број на повици (според дијагноза/код на МКБ10, пол, возраст, место на живеење/општина), за времетраењето на епизодата на алармантно загадување на воздухот на дневна основа се до завршување на епизодата и една недела по завршувањето.Државниот инспекторат за животна средина:Да започне со вршење на зачестена контрола на Инсталациите кои што поседуваат А – ИСКЗ дозвола, да спроведе контролни мерења на емисиите на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух со акредитирана лабораторија со цел да се утврди дали се применуваат пропишаните услови/мерки во Дозволата по однос на емисиите во воздух.Министерството за животна средина и просторно планирање ќе подготви и достави:Препорака до Инсталациите коишто поседуваат А – ИСКЗ дозвола, за намалување на капацитетот на производство (до 50 %) со што од оваа мерка ќе бидат исклучени инсталациите кои што произведуваат топлинска или електрична енергија.ЕЛС се должни да ги спроведат мерките пропишани во краткорочните планови или краткорочните мерки донесени на Советите на општините.Градежните компании имаат обврска:-          Да користат вода за намалување на прашината при градежни активност (прскање, миење гуми пред излез од градилиште итн.)-          Имаат обврска градежните машини (багери, булдожери, виљушкари) да се пренесат до градилиштата до 7:30 часот наутро

Македонија | пред 6 години

Mickoski-PRESS-2301-2

Мицкоски: Св Сава не обединува во заложбата за креирање на подобра иднина

Дозволете ми во мое име и во името на ВМРО-ДПМНЕ на сите припадници на српската заедница во Република Македонија да ви го честитам големиот празник Свети Сава. Чествувањето на денешниот празник посветен на првиот српски архиепископ  и просветител претставува почитување на неговото животно дело и вредности кои ги надминаа етничките рамки и сите нас не научија на меѓусебно разбирање и почитување. Неговото дело не обединува во заложбата за креирање на подобра иднина преку јакнење на културните односи во нашата татковина, се вели во честитката од Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Српската заедница како нераскинлив дел од македонското општество  со својата култура и традиција придонесува за збогатување на нашето мултикултурно општество и градење на соживот и мостови на доверба и пријателство во Република Македонија.Сите ние заедно ја живееме денешната реалност на погазено достоинство, тежок живот, сиромаштија и разочарувања. Затоа преку меѓусебна почит ние мораме да се обединиме и да донесеме промени и да ја обновиме нашата заедничка татковина за да создадеме подобра држава и подобра иднина за нас и нашите идни генерации.Нека денешниот ден ви донесе многу здравје, радост и благосостојба вас и на вашите семејства.Нека е честит големиот празник Свети Сава, се вели во честитката од  Мицкоски.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Фатен охриѓанец кој „оперирал” низ Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторени шест казнени дела „тешка кражба“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против  45 годишен охриѓанец. Тој, на 19 и 20.01.2020 година, со употреба на подесен алат и физичка сила ги отворал влезните врати и насилно влегувал во ресторани, маркети, бутици и други деловни објекти лоцирани на улиците „Св.Климент Охридски“, „Лазо Трпоски“, „Никола Карев“, „Јане Сандански“ и булеварот „Туристичка“. Притоа одземал пари со што се стекнал со противправна имотна корист.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

stefanova-lile-katica-janeva

СДК.МК: Јанева кон Стефанова - „Гомнарке и ороспијо една“

„Гомнарке и ороспијо една“, ѝ кажа на гевгелиски Катица Јанева на поранешната колешка од СЈО Лиле Стефанова, по што беше веднаш отстранета од судењето за „Рекет“, објави СДК.МК.На крајот на денешното сведочење на обвинителката Лиле Стефанова, кога таа го облече капутот да си оди, судијата Васка Николовска Масевска почна да ја предупредува обвинетата Јанева да не дофрлува од место, оти ќе биде отстранета.Но, Јанева почна да вика: „Ороспијо и гомнарке!“Текстот во целост на: СДК.МК

Слајдер | пред 6 години

27012020_PVRSM_Spasovski_MANU4

Спасовски на комеморативна академија за Холокаустот: „Никогаш да не се заборави геноцидот над еврејскиот народ“

На комеморативната aкадемија покрај премиерот Спасовски во владината делегација присуствуваа и заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски и дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ.Премиерот Спасовски истакна дека Холокаустот е најголемото злосторство во современата историја на човештвото кога во логорите на смртта, за време на Втората светска војна, беа погубени над 6 милиони Евреи, и потсети на 7.144 Евреи од Скопје, Битола и Штип кои во март и април 1943 година беа депортирани и убиени во логорот на смртта Треблинка, што претставува трагедија длабоко вкоренета во колективната меморија на нашиот народ.„Владата на Република Северна Македонија во тесна соработка со Еврејската заедница во Северна Македонија и Меморијалниот центар на Холокаустот на македонските Евреи, посветено работи на сите полиња кои се однесуваат на Холокаустот и, особено, едукацијата како темел за негување на колективната историска меморија за злото и за трајно сеќавање и почит кон жртвите“, нагласи премиерот Спасовски и дополни дека нашата обврска е со сите сили да се бориме против антисемитизмот и сите останати форми на кршење на човековите права.Премиерот Спасовски посочи дека резултатите што Република Северна Македонија ги остварува на планот на сеќавањето, едукацијата и истражувањето на Холокаустот неодамна беа соодветно вреднувани и во меѓународни рамки.Тој информираше дека на пленарните состаноци на Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот – ИХРА, одржани минатиот декември во Луксембург, беше донесена едногласна одлука за прием на нашата земја како придружна членка, што пак претставува преодна фаза кон полноправно членство во оваа меѓународна организација.„Бевме помеѓу првите земји кои ја усвоија работната дефиниција на Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот – ИХРА за антисемитизмот, а во план е и усвојување на работната дефиниција за негирање и за искривено толкување на Холокаустот, како и превод на македонски и албански јазик на најновите препораки на ИХРА за предавањето и учењето за Холокаустот“, истакна премиерот Спасовски.Во година кога се одбележуваат три значајни датуми - 75 години од ослободувањето на логорот Аушвиц – Биркенау, 20 години од усвојувањето на Декларацијата од Стокхолмскиот форум и 15 години од усвојувањето на резолуцијата на Генералното собрание на Обединетите нации со која 27 јануари е утврден како Меѓународен ден на сеќавањето на жртвите на Холокаустот – премиерот Спасовски потврди дека трајна определба е никогаш да не се заборават жртвите и преку образованието на младите генерации да се пренесува и зачува споменот за нив.На комеморативната академија освен премиерот Спасовски се обратија и претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев, претседателката на Еврејската заедница во Република Северна Македонија, Берта Романо-Николиќ, амбасадорката на Кралството Шведска во нашата земја, Кристин Форсгрен Бенгстон и амбасадорот на Република Полска во нашата држава, Војчек Тучински, додека во улога на модератор беше Јован Теговски, националниот координатор и шеф на македонската делегација во ИХРА.Говорниците едногласно истакнаа дека Холокаустот е најцрната страница во историјата на Европа и дека споменот на жртвите не треба да се дозволи никогаш да се избледи. Воедно тие нагласија и дека борбата против антисемитизмот, ксенофобијата и сите форми на омраза и нетолерација не смее да запре.Настанот, кој е во организација на Министерството за надворешни работи, ќе биде збогатен и со отворање на изложба на плакати на тема „Сеќавање на Холокаустот – никогаш и никому да не се повтори” изработени од студенти по графички дизајн на соодветните факултети во нашата држава. Изложбата официјално ја отвори амбасадорката на Обединетото кралство, Рејчел Галовеј во изложбениот салон на МАНУ и ќе биде отворена за посетителите во период од една седмица. Идејата комеморативниот настан да биде збогатен со ваква изложба е да се даде можност креативноста на студентите да биде ставена во улога на промотор и чувар на сеќавањата на Холокаустот и неговите жртви, вклучително и 7.144 Евреи од нашата земја.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

stefanova-lile-katica-janeva

Стефанова: Ме викна Јанева и ми рече „Лиле да му го дадеш пасошот на Камчев и приговори неќам!

Обвинителката Лиле Стефанова во моментот сведочи на денешното рочиште за случајот “Рекет”. Таа на почетокот од своето сведочење кажа дека не е скарана со јанева, туку дека не е во добри односи.Стефанова кажа декаКатица Јанева со висок тон им се обраќала на обвинителите, барајќи спогодби за Камчев да излезе од притвор и предметот против него да се затвори.„Еднаш не викна мене и обвинителот Бурим и рече: „Лиле да му го дадеш пасошот на Камчев и приговори неќам! И ти Лиле и ти Бурим, да земете да направите извештај колку штета треба да се плати во ‘Империја’ и ‘Поштенска банка’ и да се плати штетата и тука да се затвори предметот“ рече Стефанова.Според Стефанова Јанева и посочила дека треба да му помогнат на Дејан Панделески колку што можат.„Пристигна Дејан, а потоа наеднаш и Катица Јанева која кажа дека човекот е дојден за да се види што може да му помогнат, како да се врати имотот, да се одмрзне сметката. Како да му е адвокат. Не сакајќи да влезам во конфликт со Јанева и кажав дека ќе одам на одмор, а за предметот после август ќе видиме“, истакна  Стефанова.фото:Архива 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања