Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

kosta-1

Честитка до српската заедница по повод празникот Св. Сава

Градоначалникот Константин Георгиески, по повод празникот Свети Сава упати празнична честитка до припадниците на српската заедница кои живеат во Охрид и Република Северна Македонија.– Ви  го честитам големиот православен празник Свети Сава и ви посакувам многу здравје, среќа, бериќет, духовен мир и општа благосостојба. Одбележувањето на ваквите големи празници нека бидат мост за градење доверба и меѓусебно почитување, уважување  и развој на вкупните општествени односи. Воедно, Ви изразувам искрена благодарност за вашиот постојан придонес во градењето на соживот и просперитет на нашиот древен Охрид. Со ваквите чествувања им даваме пример на идните генерации како треба да ја почитуваат традицијата и универзалните вредности– се вели  во честитката на градоначалникот Константин Георегиески упатена до припадниците на српската заедница.

Македонија | пред 6 години

igor

Игор Џамбазов се оперира - „Си одам од ‘Систина Офталмологија’ без срам и без перде!“

„Си одам од ‘Систина Офталмологија’ без срам и без перде!“ – беа зборовите на Игор Џамбазов кога замина од нашата болница.Игор Џамбазов имаше созреана катаракта на левото око, за која без многу размислување ја довери на мајсторските раце на д-р Билјана Костовска. Имено, покрај тоа што беше отстранета катарактата, кај Игор е вградена мултифокална леќа со која се корегира и диоптријата. Станува збор за леќи кои овозможуваат вид на сите далечини (блиску, далеку и средна далечина).Дека интервенцијата е брза и безболна се увери и самиот Игор, а неговото задоволство и среќа најдобро може да го видите од видеото кое го снимивме кај нас во операционата сала. 

Магазин | пред 6 години

Нема фотографија

Заев до српската заедница за Свети Сава: Различностите се наше богатство и водилка кон развојот

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Зоран Заев, по повод празникот Св. Сава, испрати честитки до српската заедница и до припадниците на православната вероисповед што го празнуваат овој верски празник.-Дозволете ми, од мое лично име и од името на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, на сите припадници на српската заедница во нашата држава  да им го честитам големиот православен празник, посветен на Свети Сава, со искрени желби за добро здравје, радост и благосостојба.Славењето на овој голем празник кој е од посебно значење за српската заедница е потврда за нашите заложби за заедништво, меѓусебно разбирање и почитување кое го негуваме во Република Северна Македонија.Нашето општество е мозаик од вредности, мозаик од различности. Токму различностите се наше богатство, но и водилка кон развојот и напредокот на нашата држава која успешно покажува дека може да се гради како едно општество за сите.Токму преку одбележувањето и славењето на празниците на нашите заедници ја одржуваме традицијата  на почитување на различните културни особености и заеднички се стремиме кон градењето на посветла и просперитетна иднина за сите граѓани.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

holokaust

Меѓународен ден на сеќавање на жртвите од холокаустот

Со комеморативна академија во МАНУ денеска во Скопје ќе биде одбележан 27 јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот.На комеморативната академија обраќање ќе имаат премиерот Оливер Спасовски, шефот на дипломатијата Никола Димитров, претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев, претседателката на Еврејската заедница во Македонија Берта Романо-Николиќ и амбасадорите на Шведска и на Полска, Кристин Форсгрен Бенгстон и Војчек Тучински.Во МАНУ ќе биде поставена и изложба на плакати изработени од студенти по графички дизајн на тема „Сеќавање на холокаустот – никогаш повторно" што ќе ја отвори британската амбасадорка Рејчел Галовеј.Генералното собрание на Обединетите Нации во 2005 година одлучи да им се оддава почит на жртвите на холокаустот на 27 јануари, датумот кога пред 68 години престана да функционира нацистичкиот концентарциски логор Аушвиц.Во резолуцијата на Светската организација со која се прогласува за Меѓународниот ден на холокаустот, се повикува на почит и спомен на жртвите на холокаустот и на изработка и реализација на образовни програми со цел ваквите настани од историјата никогаш да не се повторат.На 27 јануари 1945 година Црвената армија на Советскиот Сојуз пристигна во Аушвиц. Тие наидоа на неколку илјади останати затвореници во кампот, кој беше делумно разурнат од Германците кои се повлекуваа. Преживеаните и материјалните докази укажуваа на масовните убиства кои се одвивале во Аушвиц.Околу 90 отсто од жртвите во најголемиот концентрациски логор на Третиот Рајх беа Евреи. Холокаустот беше систематски прогон и убивање на Евреите, Ромите, Словените,… спонзориран од нацистичкиот режим во Германија преку спроведување на идеологија дека Германците се супериорни, а другите народи се инфериорна раса и нивниот живот не е вреден. Адолф Хитлер го нарекуваше обидот за нивно елиминирање „конечно решение".Во Аушвиц и во другите логори на смртта беа развивани посебни техники за убивање, од гасни комори до смртоносни експерименти на луѓе.Меѓу жртвите на холокаустот беа и 7.200 македонски Евреи. На 11 март 1943 година, 98 проценти од Евреите во Македонија се собрани во скопскиот Монопол, најголемиот број од Битола, Штип и Скопје и испратени во концентарцискиот логор Треблинка каде се убиени во гасни комори. Според податоците од Еврејската заедница во Македонија, денес во земјава живеат само околу 200 Евреи.Во знак на сеќавање на депортираните македонски Евреи, во март 2011 година во Скопје беше отворен Меморијалниот центар на жртвите на холокаустот, кој е еден од четирите такви во светот, покрај центите во Израел, Германија и во САД.извор: МИАфото: Deutsche Welle 

Македонија | пред 6 години

javna-soba

Телма: Тинејџер е креатор на групата „Јавна соба“, полицијата ги има броевите на 7000 членови

Полицијата влезе во трагата на администраторот на групата Јавна соба но ги обезбедила и телефонските броеви на над седум илјади членови, дознава Телма од извори во МВР. Во групата формирана на социјалната мрежа Телеграф беа разменувани фотографии на малолетнички со речиси порнографска содржина.Средношколци, но и возрасни споделуваа и коментираа интимни фотографии и видеа на малолетни девојчиња од земјава. Групата со над 7000 членови од синоќа е преименувана од Јавна соба во Група само за возрасни, пишува Телма.Истрагата на полицијата е во тек, а информирано е и Јавното Обвинителство. Ескпертите велат дека ова е само една од десетината вакви групи кои циркулираат на интернет. 

Македонија | пред 6 години

Slika-od-Cistenje-na-sneg

Возете внимателно - утринава врнежи од снег на Стража, Маврово и Попова Шапка

Врнежи од снег утринава има на планинскиот превој Стража, на Маврово и на Попова Шапка, информира јавното претпријатие „Македонија пат“. На останатите патишта низ државата, сообраќајот се одвива по влажни коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

kontenjeri

(ВИДЕО) Запалени 6 контејнери во скопско Дебар Маало

Шест пластични контејнери изгореа на ул. Алберт Ајнштајн во Дебар Маало, а оштетени се и неколку околни дрвја, во веројатно намерно запален пожар. Благодарение на брзата реакција на скопските пожарникари, огнот не се прошири кон околните згради и возила.Од ЈП Комунална хигиена Скопје најавуваат дека изгорените контејнери ќе бидат заменети со нови уште вечерва. https://www.facebook.com/CityofSkopje/videos/321106962146229/видео: Град Скопје

Скопје | пред 6 години

humanost

Охриѓани се „мобилизираат“, во недела на 2 ри февруари хуманитарен концерт за ЕВА

Охриѓани уште еднаш се „мобилизираат“, овој пат за помош на 12-годишната Ева од Охрид која боледува од тумор на мозокот, Pilocytic Astrocytoma.Во недела, на 2-ри февруари 2020 година, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи голем хуманитарен концерт за помош на Ева. 

Македонија | пред 6 години

nake-kulev

Чулев: Како Министер за внатрешни работи нема да дозволам злоупотреба на полициските овластувања, особено врз малолетни лица

ФБ статус на министерот Наќе Чулев:Во однос на видеото објавено на социјалните мрежи, а на кое се гледа како полициски службеник применува физичка сила, сакам да ја информирам јавноста дека веќе разговарав со надлежните во Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди кои согласно законските прописи, веднаш ќе постапат за да го истражат случајот и да утврдат евентуален виновник.Како Министер за внатрешни работи нема да дозволам злоупотреба на полициските овластувања, особено врз малолетни лица.Јавноста навремено ќе биде известена за исходот од спроведената внатрешна истрага.

Македонија | пред 6 години

kanalizacija

Заев: Арачиново, нема кантонизација, има канализација“

ФБ статус на претседателот на СДСМ Зоран Заев:„Арачиново, нема кантонизација, има канализација“, напиша Заев на ФБ.https://www.facebook.com/zaevzoran/photos/pcb.10158223792302932/10158223791672932/?type=3&theater

Скопје | пред 6 години

sef

Ограбена пошта во Бутел

Непознат сторител во петокот претпладне извршил тешка кражба во пошта во трговски центар на улицата „Натанаил Кучевишки“ во Бутел, соопшти денеска полицијата.На 24.01.2020 во 10:15 часот било пријавено дека на улицата „Натанаил Кучевишки“ во трговски центар, во објект на пошта, непознат сторител извршил тешка кражба и од метален сеф одзел пари.Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

o2-inicijativa

О2 иницијатива: Забраната за увоз на отпад како енергенс не беше ставена на гласање во Собрание во средата? Еве ја причината ....

Фб статус на О2 ИНИЦИЈАТИВА:Забраната за увоз на отпад како енергенс не беше ставена на гласање во Собрание во средата, беше прескокната.Причината зошто ја дознавме подоцна, СДСМ барала дополнителни консултации, зошто земјата е потписник на Базелската конвенција, а според координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, сите спогодби биле поврзани по принципот на реципроцитет, што не е точно. Претставници на МЖСПП, на чело со заменик-министерот Јани Макрадули ја манипулираат јавноста со заплашување дека ако забраниме увоз на отпад како извор на енергија, опасниот отпад од Охис ќе ни остане, нема да може да го извеземе.За да ја разбиеме фамата и лажнат слика која се претставува, кратка реалност на Базелската конвенција:👉 Формирана е 1989 со цел да ги спречи развиените земји да ги користат земјите во развој како депонии за нивниот токсичен отпад, за да се спречи т.н. токсичен колонијализам. На конвенцијата и претходеле многу вакви случаи, како истурање на пепелта од инсенератор во Филаделфија на плажа на Хаити, истоварање на 5 брода со 8,000 барели на опасен отпад од Италија во Нигерија, во малиот град Коко за само $100 месечна кирија за земјиштето каде ги оставиле.👉 На 5 декември 2019 на сила стапи амандманот на кој му требаа 24 години за да стапи на сила, донесен е уште во септември 1995, со кој се забранува извоз на опасен отпад од развиените земји, членки на OECD, ЕК и Лихтенштајн во други земји, земји во развој. Се забранува извоз на отпадот од било која причина, вклучувајќи и за рециклирање, од прични што се смета дека земјите во развој (како нашата) не се во позиција да ја рециклират ни пластиката, ни другиот отпад на безбеден начин, начин кој нема да ја загрози животната средина и здравјето на луѓето. Но, ова важи само за членките кои го ратификувале овој амандман, 98 од вкупно 187 потписнички на Базелската конвенција или за нови членки. Едни од најразвиените држави и членки на OECD, како САД, Австралија, Канада, Јапонија, Јужана Кореа, Израел, Мексико, Нов Зеланд, Естонија или ја немаат ратификувано конвенцијата или амандманот, па за нив не важи ова правило. Како погодно за нив, за да продолжат со токсичниот колонијализам.👉 Потписничките на Базелската конвенција имаат право да забранат увоз на опасен и друг отпад.👉 Земјите може да го извезат опасниот и комуналниот отпад ако немаат технички капацитет и потребните инсталации, капацитети или соодветно место за депонирање согласно еколошките стандарди.👉 Никаков реципроцитет не е потребен.Неколку примери од регионот, кои ја имаат ратификувано Базелската конвенција:✔️ Албанија нема рестрикција на извоз на опасен отпад, но има комплетна забрана за увоз на опасен и неопасен отпад. Забранет е транзит на опасен отпад, само неопасен или инертен отпад може да транзитира низ територијата на Албанија.✔️ Црна Гора извезува опасен отпад зошто нема соодветни услови за отстранување, депонирање, рециклирање, реупотреба и сл. Увозот на опасен отпад е забранет за било какви цели. Забранет е увоз на неопасен отпад за складирање и користење како гориво или на друг начин за производство на енергија.✔️ Србија има забрана за увоз на отпад со цел да се употреби како гориво, извор на енергија.✔️ Хрватска забранува увоз на отпад за отстранување и како извор на енергија.✔️ Чешка забранува увоз на отпад како енергенс.Секоја земја, соодветно на своите потреби и услови ги носи правилата за извоз, увоз и транзит на отпад.🤥😲 Ширењето на лажни информации и страв кај граѓаните дека нема да смееме да го извеземе опасниот отпад од Охис и други места, ако забраниме увоз на отпад, од страна на најнадлежната институција, МЖСПП, на чело со Јани Макрадули, не само што нема да доведе до градење на доверба, туку само ни ја потврдува причината зошто немаме доверба во нив, во институциите и нивните претставници. За ваква намерна дезинформација треба да си одговараат за ширење на лажни вести и злоупотреба на функција.🔵 Пречка за носење на законот НЕМА, не од Базелската конвенција. Да ги видиме утре СДСМ - Социјалдемократски сојуз на Македонија и другите партии кои изјавија дека ја поддржуваат измената на законот и забраната, дали ќе ја стават точката под број 19 од 130тата седница за гласање во Собрание и ја изгласаат забраната за увозот на отпад како гориво.Престанете да нè лажете како мали деца и малоумници. Застанете зад вашите зборови и појавете се во Собрание утре, ставете ја точката за гласање и изгласајте ја конечно. https://www.facebook.com/o2inicijativa/posts/2655321657918478?__tn__=K-R

Македонија | пред 6 години

ahmeti

Ахмети очекува нова победа на изборите што ќе се одржат на 12 април

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, денеска во Струга учествуваше на обуката организирана од огранокот на ДУИ во Чаир, во соработка со Американскиот Интитут НДИ и ИРИ. Ахмети рече дека ДУИ очекува нова победа на изборите што ќе се одржат на 12 април.-Девојките и момците кои се приклучија на нашата визија и кои ги креираа нашите успешни политики кои се прифатени од граѓаните, донесоа последователни победи од 2002 година и ќе ја донесат и новата победа на 12 април. Ова е изборниот штаб на нашиот огранок во Чаир, посилен, по иновативен, поподготвен, со нови луѓе и победник. Вакви штабови имаме и во Тетово, Гостивар, Кичево, Струга, Дебар, Сарај, Боговине, Теарце, Желино, Липково, Куманово и во сите 36 ограноци. Градиме нови генерации на еден модерен ДУИ, иновативен, инклузивен, компатибилен со тоа што се бара денес и утре, ДУИ каков што ти го сакаш, конзинстентен, истраен, победнички и одлучувачки-, рече Ахмети во својот говор. 

Македонија | пред 6 години

javna-soba

Со "Јавна Соба" стасале до над 7 000 членови, не е курва таа што одлучила да биде интимна со тебе -таа е наивна, незрела синко

Социјалните мрежи „зовреа“ од коментари по обелоденувањето на скандалот со групата "Јавна Соба" на апликацијата "Телеграм". Ви пренесуваме еден од нив . ФБ статус на Ерол Ерко Одисеја."Телеграмисти" и "Јавни Собисти"Дојдов до некој скромни информации за групата"Јавна Соба" на апликацијата "Телеграм" и решив дека имам нешто да им соопштам на тие момци.Од прилика вака била идејата.Неколку момци сакале да ги прикажат "курвите" во градот повторувам "курвите" и тргнале и стасале до над 7 000 членови.Вака сине...Не е курва таа што на 14 или 15 или 16 години одлучила да биде интимна со тебе.Таа е наивна, незрела и зелена синко.Таа ти верувала тебе и решила да легне со тебе. Решила веројатно затоа што чуствувала нешто кон тебе или пак била изгубена од себеси во тој момент од разно разни надворешни фактори.Почнувајки од опијати па се до домашни семејни односи.Курва сине да ти каже чичо не е сексуална категорија туку нешто друго тоа е девијација на каратерот и е многу ретка кај жените.Курва синко е тој кој што ќе натера некого да стори нешто само за него и потоа ќе ја остави на цедило покажувајки ја на останатите.Незнам твоите што те учеле дома ама овој чичко од оваа страна познава баш онакви што би ги рекол ти "курви" на излог што стојат.Е таквите се по другари и по луѓе од пола Македонија, имаат душа и знаат зошто го прават тоа.А дали ти знаеш?Веројатно НЕ...Затоа сине верувај му на чичо во едноНе е "курва" ни мајка ти ако татко ти ја фатил со друг туку е татко ти зошто не бил тука кога и требал на мајка ти (не мислам во сексуална смисла)Ја излажал дека е ваков а потоа станал онаков едноставно ја оставил на лед.И синко што лови "курви" не си ни ти толку курва затоа што не те насочиле правилно.Поголеми курви се оние чичковците од 40+ кои се закачиле на групата и дркале на вашите снимки.Запрашај се мали дали можеби и твојот е меѓу нив.Запрашај се мали дали ти на местото на таа "курва" би имал мадиња толку да веруваш во друг.Запрашај се ако воопшто можеш??Можеш ли?Тешко, еден ден синко ќе се жениш и ваљда по кодот на однесување ќе си најдеш адекватна личност.Гледај драг мој пилиштару да не ја лажеш каков си дека кога ќе те открие ќе те одсака и ќе засака друг.Кој е тука "курвата"Имам уште многу што што да ти кажам, ама неможам сафра ми се збира во грло.Помисли само ќерка ќе имаш еден ден, ќерка која ќе засака некој девијантен како тебе помисли!Посебен голем поздрав до оние возрасните кои се самозадоволувале по овие снимки.Можете ли да се погледнете во огледало?Мислам дека ќе повратам...Поздравhttps://www.facebook.com/erolerko5/posts/2670647529700263

Македонија | пред 6 години

DSC_6207

Филипче: Набавуваме 70 нови возила за итната медицинска помош

Претседателот на комисијата за здравство на СДСМ Венко Филипче, денеска на трибината Агенда здравство 20-24 ги соопшти главните постулати на кои ќе се темели програмата на СДСМ за развој на здравствениот систем во период 2020 - 2024 година.Меѓу нив е и почеток на изградба на новиот клинички центар во Ѓорче Петров со целосно нова модерна зграда,  интегриран тип на здравствени услуги како што заслужуваат граѓаните, рече Филипче и најави до крајот на мандатот сите болници и здравствени домови да станат енергетски ефикасни."Ќе ги реновираме најстарите одделенија во болниците. Во 2020 година набавка на 70 нови возила за итна медицинска помош и редовно обновување на возниот парк секоја година до крајот на мандатот, воспоставување на патронажна служба во сите региони низ државата, зајакнување на капацитетите на јавното здравство преку функционлно поврзување на сите нивоа на здравствена заштита (примарна, секундарна и терциерна). Секоја година зголемување до 10 % на платите на здравствените работници."Филипче најави платен работен стаж за секој нов млад лекар и додаде дека ќе се разгледа опцијата на сите лекари на специјализација, кои го немаат решено стамбеното прашање, да им се додели субвенција од 12 000 денари месечно.На трибината министерот за здравство, најави и стратешки договор со Универзитетската болница од Франкфурт за едукација на млади лекари и сестри по принцип на ротација, како и формирање на центар за медицински истражувања.

Македонија | пред 6 години

konji_facebook

Шумски полицаец повреден на Јабланица при брканица со дрвокрадци

Повреден шумски полицаец и запленети 150 m3 дрва и 8 коњи. Настанот се случил вчера на Јабланица, кога во акција на шумската полиција била затекната група крадци на планината.Дознаваме дека дрвокрадците не се предале веднаш, туку имало брканица. Полицаецот е повреден од коњ кој го удрил со задните нозе во стомакот.Шумскиот полицаец е пренесен во болница.фото: Архива  

Македонија | пред 6 години

zoran

ЗОРАН КРСТЕВСКИ: Кинески мудрости

Колумна на Зоран Крстевски, доктор по филозофски науки, едукатор, мотиватор и тренер за личен развој, за вечер.пресс.  Кинеската Нова година традиционално е одбележана со прослава на едно од дванаесетте животни кои се основа на кинеската астрологија. Претходната година беше под доминација на прасето, а од 25 јануари до 11 февруари 2021 година симбол на Кинеската нова година е стаорецот. Тоа ќе овозможи родените во годината на стаорецот (1936, 1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008) да имаат одлични можности за поуспешно разрешување на проблемите, отворање нови перспективи, хармонизирање на љубовните односи и напредок во работата. Стаорецот е првиот знак на циклусот на 12-те животни на кинескиот зодијак, така што неговото владеење ќе донесе нови почетоци, регенерација, иницијативност, просперитет и духовна трансформација. Клучни зборови во годината на стаорецот се: нови можности, решителност, борбеност, практичност и мудрост.Мудроста е основна вредност која денес стана нужна потреба и моќна заштита од лицата кои манифестираат себично, алчно, манипулативно и негативно однесување. Без мудро промислување е исклучително тешко да се воспостави мирен, хармоничен, стабилен и добродетелен начин на живеење. За да ги оствариме целите и постигнеме позитивни резултати, неопходно е да бидеме разумни, самосвесни и духовно пробудени, зашто опасностите демнат на секој чекор и лесно може да нè одведат кон погрешната патека исполнета со многу искушенија, проблеми и тешкотии.Во контекст на разумното постапување и отворање нови можности за напредување ќе претставиме дел од поучните размисли на еден од најзначајните кинески филозофи Лао Це (роден 6 век пред н.е).Основоположникот на таоизмот (филозофија на природноста и едноставноста) Лао Це велел дека човекот кој не се познава самиот себеси и нè живее во сообразност со природата и хармонијата завршува несреќно. Тој подучува дека треба да делуваме спонтано и без напор, бидејќи „во пасивноста мудриот се поистоветува со Тао (патот)“. Опуштеноста, внатрешниот мир, прифаќањето на судбината и „делувањето со неделување“ се темелот врз кој почива таоистичкото учење. Со напуштање на гордоста, ароганцијата и суетата се подготвуваме за патот што води кон среќата и хармонијата. Лао Це сметал дека сè додека постапките на луѓето се мотивирани од алчност и скржавост, нема надеж за постигнување духовен мир и задоволство.ЕГОИЗМОТ, НЕНАСИТНОСТА И ЖЕЛБАТА ЗА ПРИЗНАНИЕ ОД ОКОЛИНАТА СЕ ЕДНИ ОД НАЈГОЛЕМИТЕ НЕПРИЈАТЕЛИ НА МИРОТ И ХАРМОНИЈАТА. ЛАО ЦЕ КРИТИЧКИ ГИ ОПСЕРВИРАЛ ЛИЦАТА КОИ НЕРАЗУМНО ИМ СЕ ПРЕДАВААТ НА СТРАСТИТЕ, ВОДАТ РАЗВРАТЕН ЖИВОТ И ОПСЕСИВНО ИМ СЕ ПОДРЕДУВААТ НА СВОИТЕ ЖЕЛБИ. ТОКМУ ВО НИСКИТЕ СТРАСТИ, ТОЈ ГО ПРЕПОЗНАЛ НАЈГОЛЕМИОТ УГНЕТУВАЧ НА ЧОВЕКОТ И ПРЕДИЗВИКУВАЧ НА НЕМИРОТ И ДИСХАРМОНИЈАТА.Современиот начин на живеење сè повеќе потврдува дека неконтролираното препуштање на телесните задоволства и блудните побуди го уништуваат моралот, чесноста и духот на човекот, соочувајќи го со разни болести, стрес и девијантни ситуации. Основната насока за воспоставување превосходна доблест е во воздржување, повлекување, задоволување со малку и смирение, потенцирал Лао Це. Според него: „Нема поголема несреќа од невоздржувањето; Нема поголемо злосторство од копнеењето. Оттука, задоволството од познанието на доволното претставува вечно задоволство„.Клучните поуки на таоистичката етика се втемелени врз „трите драгоцености“ предочени во „Тао Те Џинг (Книга за Патот и Доблеста)“: Си имам три драгоцености, кои неуморно ги пазам: Првата е милосрдието; Втората е умереноста; А третата е – никогаш да не се сметам за прв во светот.Свеста за вистинските вредности, фокусот кон внатрешниот мир, позитивниот пристап, дарежливоста и умереноста се клуч за постигнување мир и среќа во животот. Во тој правец одат и зборовите на Лао Це: „Што е поважно – славата или животот? Што е повредно – животот или материјалното? Што повеќе боли – добивката или загубата? Скржавиот секогаш плаќа највисока цена; Пренатрупаноста нужно води кон загуба. Кој има мерка, нема да го снајде несреќа. Кој ја знае границата, нема да се изложи на опасности. Тој може да биде долговечен“.Сите ние треба да станеме свесни за нештата кои не се добри во нашиот живот; да ги препознаеме лажните вредности; да нè дозволиме површните и неуки личности да управуваат со нашата личност и да ги согледаме аспектите кои предизвикале да опстојуваме во болен однос, болна работна организација, болни пријателства и болно општество. Само така ќе може да го пронајдеме лекот за болеста на духот и мирот во душата.Сведоци сме дека некои лица своето површно, приглупо, умислено и надмено поведение го прикриваат со велот на „знаењето“,„елитизмот“, материјална надмоќ и општествена позиционираност, наметнувајќи правила на однесување и систем на вредности кои се во спротивност со категориите одговорност, мудрост, доблесност и општо добро. Лао Це потенцирал дека таквите лажни принципи на дејствување се плод на суштинско незнаење, кое како такво треба да биде препознаено: „Да знаеш дека не знаеш е најдобро; А не знаејќи, да мислиш дека знаеш, е болест. Да ја препознаеш болеста како болест значи дека не си болен. Мудрецот не е болен, затоа што ја согледува болеста како болест“. Асоцијацијата е дека сите ние треба да станеме свесни за нештата кои не се добри во нашиот живот; да ги препознаеме лажните вредности; да нè дозволиме површните и неуки личности да управуваат со нашата личност и да ги согледаме аспектите кои предизвикале да опстојуваме во болен однос, болна работна организација, болни пријателства и болно општество. Само така ќе може да го пронајдеме лекот за болеста на духот и мирот во душата.ОСОЗНАВАЊЕТО НА НЕШТАТА Е НАЈДОБРИОТ ЛЕК ЗА ЗАБЛУДИТЕ, НАМЕТНАТИТЕ „ВИСТИНИ“, ЗАВИСНОСТА ОД СУДОТ НА ЈАВНОСТА И НЕСИГУРНОСТА ВО СОПСТВЕНИТЕ ВРЕДНОСТИ. ВО ОДНОС НА ПОЗНАНИЕТО НА ВИСТИНАТА, ЛАО ЦЕ ЗАКЛУЧИЛ: „ОНОЈ ШТО ГИ ПОЗНАВА ДРУГИТЕ Е МУДАР, ТОЈ ШТО СЕ СПОЗНАЛ СЕБЕСИ Е ПРОСВЕТЛЕН. ОНОЈ, КОЈ ГИ ПОБЕДУВА ДРУГИТЕ Е СИЛЕН, А ТОЈ, КОЈ СЕ ПОБЕДИЛ СЕБЕСИ Е МОЌЕН. КОЈ, ПАК, ЗНАЕ ЗА УМЕРЕНОСТ, Е БОГАТ; И КОЈ Е ИСТРАЕН, ПОСЕДУВА ВОЛЈА. ОНОЈ, КОЈ НЕ СИ ГО ГУБИ СТОЈАЛИШТЕТО, ОПСТОЈУВА; ОНОЈ ШТО ЌЕ УМРЕ, А НЕМА ДА БИДЕ ЗАБОРАВЕН, СТАНУВА БЕСМРТЕН.Во своето учење за патот што води кон внатрешен мир и доблеста, Лао Це визионерски ги предвидел проблемите со кои се соочува современиот човек и предочил решение за бегство од стресот и негативните вибрации. Тој препорачај да се насочиме кон природата; да го опуштаме умот и телото; да постигнеме внатрешен мир;да се дистанцираме од врева и бучава;помалку да мудруваме, повеќе интуитивно да чувствуваме; да бидеме умерени во сè; да ги следиме инстинктите и да бегаме од ниските страсти и пороците.Интерпретирајќи го учењето на Лао Це, мошне интересна согледба искажал историчарот Вил Дјурант: Во далечното минато, природата го направила човекот и животот едноставен и мирен и целиот свет бил среќен. Меѓутоа, луѓето стекнале знаење и животот го компликувале со своите пронајдоци, ја загубиле својата ментална и човечка наивност (природност), се селеле од поле (планина) во градина и почнале да пишуваат книги. Мудриот човек ќе ја избегне оваа урбана сложеност овој неморален и исцрпувачки лавиринт на закони и цивилизација, само доколку се сокрие под закрила на природата, далеку од какви било градови, поткупливи службеници, алчни политичари или залудни реформисти. Тајната на мудроста и на тоа мирно задоволство кои се единствената трајна среќа која човекот може да ја најде е да се поврзе со природата и да напушти сè што е вештачко и „разумно“, притоа воспоставувајќи доверба во законите на природата, инстинктот и чувстватаКако заклучок ќе наведеме дел од мислите на Лао Це напишани во „Книга за патот и доблеста“, која после Библијата е најпреведувана книга во историјата на светската книжевност.Патувањето долго илјада километри започнува со првиот чекор; Сé е подложно на промени; Грижи се за тоа што луѓето го мислат за тебе, и секогаш ќе бидеш несреќен; Внимавај на своите мисли; Биди задоволен со тоа што го имаш; Тишината е извор на голема сила; Престани да размислуваш и реши ги своите проблеми; Дејствувај без очекувања; Ако внимаваш на крајот, како и на почетокот – ќе спречиш неуспех; За да земеш, прво мора да дадеш; Среќата се раѓа од несреќа, несреќата е скриена во прегратките на среќата; Квалитетот на добродетелта (Те) е да се постигне единство на душата и телото – и тоа да се сочува.фото: Архива

Магазин | пред 6 години

brza-pomos-2

Тешко повреден маж кој се искачувал на Водно

Тешко повредено лице кое се искачувало на Водно. При обид на повредениот да му се помогне имало и сообраќајна несреќа. Имено, Во 15,35 часот лицето Т.Б. од Црвен крст во СВР Скопје пријавило дека над детското одмаралиште на Водно, додека се обидувале да стигнат до повредено лице на патеката, патничко моторно возило на Црвен крст “Дачиа Дастер“ излетало од патот поради што не биле во можност да пристапат до повреденото лице, објави Скопскоехо.мк.Порталот додава дека во помош пристигнала екипа на противпожарната бригада и повредениот Г.С.(52) од Скопје бил извлечен, по што бил пренесен во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Од страна на лекар била констатирана тешка телесна повреда што ја здобил додека се движел на Водно.извор: Скопскоехо.мк.

Скопје | пред 6 години

markovi_kuli

Комплексот „Маркови кули“ со свој „устав“ на заштита и поблиску до УНЕСКО

До средината на идниот месец, заштитеното природно и културно наследство, комплексот „Маркови кули“ треба да добие своевиден „устав“ на валоризирани вредности. Никој не смее без одобрение на прилепскиот Институт за старословенска култура да „чепне“ во Комплексот на 4.000 хектари. Идната недела е време на јавни расправи, но и на зацврстување на природните и на културните вредности на „Марковите кули“. Ќе се усвојуваат планот и стратегијата за управување.Како што објасни Бранко Ристески, директор на Институтот за старословенска култура од Прилеп, Институтот ќе управува со заштитеното подрачје „Маркови кули“ на површина од 4.000 хектари со докажана природна реткост и бројни споменични, барем девет, културни обележја. Идниот петок Институтот и Министерството за животна средина организираат јавни расправи за двата стратегиски документа.– Првата јавна расправа се однесува на стратегиската оценка на животната средина најнепосредно поврзана со планот за управување со споменикот на природата Маркови кули. Во овој документ се антиципираат можните проблеми при планирањето и ставањето во функција на планот за управување и на овој начин добиваме алатка која би ги елиминирала можните проблеми во заштитата и надградбата на споменичните вредности на овој простор. Вториот суштински, стратегиски, документ, со кој се заокружува управувањето со овој заштитен простор е Планот за управување во кој се два основни сегмента. Првиот се однесува на идентификување и валоризирање на природните и на културните содржини на овој простор, а вториот сегмент е системот на управување со заштитеното подрачје. Првиот сегмент е аналитичен и се заснова на природните и на културните вредности на овој простор, а во вториот, суштински и оперативен сегмент, се дадени основните четири зони на управување за дозволените активности за заштита и за зачувување на автентичните вредности и нивнотот ставање во функција за културна промоција и за туризам, објасни Ристески.Со планот за управување, целосно се регулира заштитатата и трае 10 години. Во меѓувреме ќе има истражувања и дополнително вреднување. Сето тоа е поблиску до ставањето на комплексот на постојаната листа на УНЕСКО.извор: makpress.mkфото: Архива

Македонија | пред 6 години

bitola

Српски државјанин пронајден починат на улица во Битола

Шеесет и двегодишен маж од Србија, со иницијали Д.В., синоќа бил пронајден починат, на тротоар од улицата „Димче Лахчански“ во Битола.  Неофицијално мажот работел во фабрика за квасец во градот.По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Mrtvo-telo-autopsija-2-620x350

Починато лице најдено во стан во Аеродром

Во полициската станица Аеродром од страна на Итната медицинска помош било пријавено дека на булеварот „АСНОМ“ во стан има починато лице Т.К.(41).По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.фото: Архива 

Скопје | пред 6 години

press_edna-godina_mandat_3

Кривична пријава за екс градоначалникот на Битола,Талески за планинарскиот дом „Копанки“

Општина Битола поднесе кривична пријава против поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески заради злоупотреба на службената положба при донесувањето акт за легализација на Планинарскиот дом „Копанки“ која според локалната власт е незаконита.На прес-конференција во Општина Битола, градоначалничката Наташа Петровска соопшти дека кривична пријава е поднесена и против други лица и очекува побрзо решавање на судскиот процес.– Општина Битола поднесе кривична пријава против претходниот градоначалник на Општина Битола и други лица заради злоупотреба на службена положба, функција односно позиција од која е донесен акт кој правно не е издржан, а е поврзан со легализацијата на планинарскиот дом „Копанки“. Oчекувам институциите од судството да овозможат што побрза разрешница на овој предмет, затоа што станува збор за објект со исклучителна важност за општината, односно за граѓаните на Општина Битола, изјави Петровска.На прес-конференцијата во Битола градоначалничката воедно соопшти дека донела решение со кое е поништена легализацијата, односно документот со кој таа била овозможена.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Ќе биде ли недела неработен ден за сите?

Владата планира недела да биде прогласен за неработен ден за сите, а работниците да се плаќаат по час. Токму работењето прекувремени саати, работа на празници и во недела, се забелешките кои работниците ги изнесувале како проблеми со кои се соочуваат на средбите со претставници од Министерството за труд и социјална политика. Ваквите барања доаѓаат од работниците кои имаат најниски плати во земјава како што се текстилните работници, вработените во супермаркети, трговски центри и градежни работници, Објави „Сакам да кажам.мк.Во Министерството за труд и социјална политика се размислува да се донесе ново законско решение со кое ќе бидат решени овие прашања. Токму тоа вчера го навести вицепремиерката за економски прашања, а поранешна министерка за труд и социјална политика Мила Царовска, на дебата на СДСМ во Штип.„Недела неработен ден и плаќање по час се новите предизвици на коишто треба да работиме идниот период. За ова ќе мора да дебатираме со бизнис секторот и со синдикатите. Сите заеднички да ја донесеме одлуката што ќе биде најдобра за сите“, рече Царовска.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

oliver-spasovski-670x367

Спасовски ја повика опозицијата да го поддржи Законот за јавно обвинителство

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања ја повика опозицијата да го поддржи Законот за јавно обвинителство.„Ги повикувам пратениците од парламентарната опозиција, од најголемата опозициска патија да се престане со партиски калкулации, со политиканство, со ставање на своите политички, лични интереси пред интересите на државата и конечно да се вградат во еден закон што ќе значи гарантирано зголемување на правдата, гарантирано зголемување на судството на јавното обвинителство, од една страна и второ да помогнат барем еднаш сега да ги оствариме нашите интереси во делот на законот за јавно обвинителство и добивањето датум за почеток на преговорите“, рече Спасовски.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

26012020_PVRSM_Spasovski_ZPVRSM_Carovska_pres-konferencija-1

Во оперативниот план за 2020 – За активни програми и мерки за вработување издвоени рекордни 1,45 милијарди денари

Преку 11 илјади и 700 невработени граѓани ќе бидат опфатени со Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги за пазарот на трудот, за кој во 2020 година се издвоени рекордни 1,45 милијарди денари, информираа на прес-конференција претседателот на Владата, Оливер Спасовски, заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања, Мила Царовска, дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ и директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска.Претседателот на Владата Оливер Спасовски нагласи дека со Оперативниот план за 2020 година се продолжува континуитетот на една од повеќето успешни мерки на Владата во претходните две и пол години. Тој додаде дека во изминатите две и пол години, Владата, Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување, посветено и постојано работеа на подобрување на вработливоста на граѓаните, а тоа успешно е направено со реализација на оперативните планови за вработување, коишто во 2018 и 2019 година имаа речиси 100% реализација. Преку реализацијата на Оперативниот план за вработување и спроведување на други исправни економско-социјални политики, во изминатите две и пол години нововработени се над 59.600 граѓани, со што невработеноста е на рекордно ниско ниво од 17,1%, односно е намалена за 5,5 процентни поени во овој период.„Со пакетот мерки опфатени во Оперативниот план за 2020 година, спроведуваме обуки и доквалификации за нашите невработени граѓани и за младите луѓе. Преку конкретни мерки за доквалификација особено внимание им посветуваме на вработување на најранливите категории, на поддршката за старт-апите и на иновативните бизнис идеи кои доаѓаат низ процесот на обука. Оперативниот план за 2020 година е прилагоден на современите барања и потреби на компаниите. За таа цел значајна сума од средствата се издвојуваат за субвенционирање на плати, вработувања и раст на компаниите, за обуки во информатичката технологија и други видови обуки кај работодавачите. Вработувањето е една од најважните теми којашто ги интересира и засега нашите граѓани. Решавањето на прашањето на вработувањето со достоинствено работно место е приоритет, за да се планира иднината. Годинава како и лани Оперативниот план ги опфаќа физичките лица и компаниите, нуди силна поддршка за самовработување, но и за отворање нови работни места“, посочи во воведното обраќање Премиерот Спасовски.Вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска потенцираше дека со активните програми и мерки се обезбедува поголема вработливост за сите невработени лица во Република Северна Македонија, стимулирајќи ги невработените да се преквалификуваат или доквалификуваат, како и компаниите да ги апсорбираат овие невработени лица и да ги вклучат во пазарот на трудот. Таа додаде дека успешноста на оперативните планови, односно на активните програми и мерки, се должи пред се на сеопфатните консултации со бизнис секторот, невработените лица и другите засегнати страни за реалните потреби на пазарот на трудот и невработените.„За Оперативниот план оваа година обезбедивме 1,4 милијарди денари, од кои 1,3 милијарди денари се од државниот буџет, додека останатите финансиски средства се обезбедени од партнерските организации (UNDP, EU, UNOPS, ILO, SDC), кои постојано ја поддржуваат државата да инвестира во активни мерки за вработување. Благодарение на оваа рекордна сума, очекуваме оваа година да бидат вклучени речиси 12 илјади невработени лица, односно 11.761 лице. Во 2020 година продолжува трендот на инвестирање во невработените лица од кои очекуваме да развијат претприемачки дух. Се покажа дека стартувањето на овие микро бизниси од невработените лица се навистина одржливи, во 2020 година очекуваме да поддржиме 1.364 микро бизниси, за кои одвојуваме 447 милиони денари, за да невработените лица се самовработат, а ако понатаму се развиваат да бидат вработувачи на други невработени лица. Очекувањата за воспоставување на што повеќе микро бизниси се базираат на реалност, ако се земат во предвид формираните претпријатија преку мерката Самовработување во изминатите две години, 93% од основаните компании во 2017 година се сеуште живи, додека од компаниите формирани во 2018 година, 99% се сеуште активни“, подвлече вицепремиерката Царовска.Дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ, посочи дека особен фокус во Оперативниот план и во програмите што ги носи Владата се младите, се со цел обезбедување на подобар стандард и спречување на иселувањето на младите од државата.„Мерките кои досега беа креирани и имплементирани навистина даваат резултат, а показател за тоа е намалувањето на стапката на невработеност кај младите лица, којашто изнесува 35,3% споредено со 2016 кога беше 48,6%. Ова ни дава поттик и понатаму да креираме мерки кои ќе придонесат за зголемување на вработувањето на младите лица. Во таа насока минатата недела Собранието, на предлог на Владата, го усвои Законот за младински додаток. На секое младо лице до 23 години кое е вработено и самовработено во компанија со претежно производствена дејност или како индивидуален земјоделец, преку центрите за вработување ќе му се исплаќа месечен надоместок од 3.000 денари. Со ова, од една страна сакаме да обезбедиме подобро платени работни места за младите лица со завршено средно образование, од друга страна да одговориме на потребите на компаниите и барањата на пазарот на труд“, рече Шкријељ.Со младинскиот додаток се очекува опфат на минимум 4.000 млади лица, за кои се обезбедени 160 милиони денари.Директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска рече дека Агенцијата е потполно подготвена за успешна имплементација на Оперативниот план за 2020 година и се задржа на презентација на планираните обуки за доквалификација и преквалификација, со коишто е планирано да се опфатат 3.224 лица, како и на мерката практиканство.„Оваа година ќе имплементираме обуки кај работодавачи, обуки за стручни квалификации, за занимања, за возачи, за претприемништво и за ИТ вештини. Обуките се однесуваат за оние дефицитарни занимања, за да им се излезе во пресрет на работодавачите и невработените лица. Практиканството е мерка која ја побаруваа и компаниите и невработените, а во 2020 година планиран е опфат од 1.575 лица со буџет од 46 милиони денари. И покрај тоа што немаа обврска, треба да споменеме дека околу 50% од практикантите беа задржани кај работодавачите и по завршување на процесот на практиканство“, нагласи директорката Јовановска.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања