Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

javna-soba

Петровска: Веднаш започнавме истрага за групата која споделува експлицитни фотографии

ФБ статус на заменик министерката за внатрешни работи Славјанка Петровска:Во врска со затворена група на „Телеграм“ во која средношколци споделуваат експлицитни фотографии од свои врсници, Бирото за јавна безбедност веднаш започна истрага за мотивите и целите на формирање на оваа група. За сите детали и наоди јавноста ќе биде известена, а против прекшителите на законот ќе се поднесат соодветни поднесоци.https://www.facebook.com/slavjanka.petrovska/posts/10220369249284000

Македонија | пред 6 години

mitko

Јанчев за Канал 77: Нема да ме има на пратенички листи ниту ќе бидам активен во нечија кампања

Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, во емисијата „Стадион“ на Канал 77 одговори на шпекулациите за комбинациите за технички премиер и иден премиер во некоја нова влада на широка коалиција.„Дали сум бил кандидат за технички пример веќе не е битно. Нема да ме има на пратенички листи ниту ќе бидам активен во нечија кампања на изборите, а дали ќе има широка коалиција и дали јас ќе бидам пример, да ги почекаме изборите“, изјави градоначалникот на Кавадарци.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

javna-soba

Радио МОФ: Затворена група на „Телеграм“ „Јавна соба“, македонски средношколци споделуваат експлицитни фотографии на свои врсници

Преку затворена група на социјалната мрежа Телеграм со наслов „Јавна соба“, македонски средношколци споделуваат и коментираат на интимни фотографии и видеа на малолетни девојчиња од земјава, најчесто нивни врснички, објави Радио МОФ.До Радио МОФ реагираа средношколци кои пристапиле до групата, и појаснуваат дека дел од сликите кои се објавуваат и коментираат се преземени од отворени профили. Сепак, додаваат дел биле испратени преку приватни пораки, но потоа се нашле во „Јавна соба“ на Телеграм. Најголемиот дел им припаѓаат на малолетни девојчиња.Радио МОФ денеска напладне испрати прашања за случајот до Министерството за внатрешни работи, но се уште нема одговор.Текстот во целост на: Радио МОФ 

Македонија | пред 6 години

severina

(ВИДЕО) Северина бега од гуски, слатко ги насмеја фановите

Хрватската пејачка Северина е на одмор во Грција со сопругот Игор и со неговите родители. Таа на својот инстаграм профил сподели видео со кое слатко ги насмеја фановите. Имено објави и видео на кое бега од неколку гуски што ја бркаат.„ Не може да седиш со нас“, напиша кратко со видео кое ги натера нејзините фанови да се насмеат.https://www.instagram.com/p/B7s2pljB_mr/

Магазин | пред 6 години

zadusila-pernica

Жена, заедно со синовите го убила сопругот - притвор за тројцата

На 24.01.2020 во Полициската станица во Велес приведени се  И.Т.(20). Д.Т.(28) и М.Т.(49) од с.Долно Караслари – велешко поради основано сомнение за сторено кривично дело убиство на 19.01.2020 врз нивниот татко и сопруг З.Т. (58 ).На 19.01.2020 М.Т., сопруга на З.Т., пријавила дека тој починал во неговиот дом, по што е извршен увид и констатирана смрт од страна на лекар без видливи траги на насилство, а јавен обвинител наредил да се изврши обдукција врз телото. По извршената обдукција на телото, утврдено е дека смртта настапила како последица на задушување на лицето, по што од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, сектор за општ и насилен криминал при МВР и СВР Велес се преземени мерки и активности за расчистување на случајот и биле приведени М.Т. (сопруга на З.Т.) и И.Т. и Д.Т. (синови на З.Т.). По обезбедните докази, тие се предадени на јавното обвинителство, по што се изнесени пред судија на претходна постапка во Основен суд – Велес, каде судијата им одредил мерка притвор.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

kolacinja

(ВИДЕО) Астронаути за прв пат испекоа колачиња во вселената

Астронаути од Меѓународната вселенска станица испекоа чоколадни колачиња, во прв таков експеримент во вселената досега.Тој успешно беше спроведен од астронаутите Кристина Кох и Лука Пармитано, кои притоа користеле специјална рерна за нулта гравитација. Три од колачињата биле донесени на Земјата со вселенското летало „Спејс Екс драгон“ на 7 јануари.Целта на експериментот беше да ги истражи опциите за готвење на долги патувања. Засега никој не знае каков вкус имаат колачињата.„Тие ќе бидат дополнително тестирани од професионалци за да се утврди дали се безбедни за јадење“, изјави портпаролот на компанијата „Double Tree“, која ги обезбедила состојките.Експериментот траел неколку дена и најуспешни од петте подготвени колачиња биле двата кои се печеле околу 120 минути. На Земја, за тоа би биле потребни само 20 минути.фото: Evening Standard

Магазин | пред 6 години

Нема фотографија

Жртва на измама – ѝ рекле да даде пари или синот ќе лежи во затвор поради сообраќајка

„Син ти направи сообраќајна несреќа во која загина дете. Да ни дадеш пари и ќе средиме тој да не лежи во затвор“. На овој начин вчера била измамена 68-годишна скопјанка која случајот го пријавила во полицијата.Од МВР велат дека жената добила повик на домашниот телефон во станот на нејзиниот син. Ѝ се јавило непознато лице кое и кажало дека наводно нејзиниот син направил сообраќајка, при што згазил дете кое починало. Потоа тој и побарал 50.000 евра за наводно да „среди“ да не биде казнет нејзиниот син, а во спротивно тој би бил казнет со затвор до десет години.Жената му кажала дека немала толку пари по што тој ја прашал колку можела да најде. По кратко време, му дала 135.500 денари на таксист кој го испратило лицето со кое зборувала. Подоцна оштетената исконтактирала со нејзиниот син и сфатила дека била измамена за сума од 135.500 денари.фото: ru.depositphotos.com 

Скопје | пред 6 години

paridenari1

Излажал 70-годишна жена дека е кум на нејзиниот син, па и зел 10.000 денари

Седумдесетгодишна жена од Скопје пријавила дека вчера околу 10 часот во дворот од нејзината куќа на улицата „Тодор Чангов“ од непознат сторител била измамена за сума од 10.000 денари.„Измамата сторителот ја извршил на тој начин што откако дошол во домот на оштетената и се претставил дека му бил кум на нејзиниот син и и побарал 10.000 денари затоа што наводно камионот му бил на заглавен на царина. Откако му ги дала парите тој го напуштил местото на настанот“, информираат од МВР.Се работи на расчистување на случајот.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Заев: Потребен е Закон за јавно обвинителство, обвинителите да се бираат преку системски решенија, не преку политичари

Должни сме кон државата Законот за Јавно обвинителство да се најде пред пратениците пред распуштањето на Собранието, изјави денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев во одговор на новинарски прашања, додавајќи дека се надева дека Владата следната недела ќе го испрати до Собранието Предлог Законот и ќе се одржи и јавна расправа.Претседателот Заев изрази уверување дека е можно да се најде решение и да се постигне неопходното мнозинство за донесување на Законот, а во однос на забелешките на опозицијата, тој истакна дека тие се конфузни.- Јавните обвинители имаат право да конкурираат како сите, без некој некому да гарантира, за сите да важат подеднакви услови, тоа е нешто со кое ЕУ нема проблем и ние немам проблем. Но имаме проблем со прашањето политичари да именуваат обвинители, имаме проблем политичарите да ја одлучуваат иднината на предметите. Треба да го оставиме системот и со системски решенија да се бира државниот обвинител, обвинителот за организиран криминал и сите обвинители. Исто така, предметите сегашни, идни и минати мора да бидат осигурани. Самиот Закон предвидува осигурување на предметите, односно тие се веќе во судска процедура, и треба да имаме предвид дека за тоа треба да биде одлучувано независно, а не политичарите тајно да седнат и за тоа да одлучуваат, истакна Заев додавајќи дека решението треба дафото и видео: СДСМ

Македонија | пред 6 години

zaev-izjava

Заев по текстот во Ла Верита: Тие немаа никакви докази, дури не отворија ни обвинителен акт заради тоа што немаше

По пишувањето на италијанскиот весник Ла верита за учество во изборни нерегуларности во 2014 година, Зоран Заев вели:-Ако имале какви било докази верувајте 2014 година со целата сила на ВМРО-ДПМНЕ Заев ќе го осуделе. Значи тие немаа никакви докази, дури не отворија ни обвинителен акт заради тоа што немаше. Таму каде што се трудеа тоа да го претстават пред јавноста еве до крај со обвинителни акти за поткуп, за сите тие други предмети што ги водеа против мене, како што беа, исто така, прислушувањето и слично, овде немаа ништо, беше една фама што ја создаваа се со цел да се оцрни тогаш лидерот на опозицијата Заев, а никако не можеа ниту да заокружат било што, било каков наратив да поднесат дури обвинение, изјави Заев.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

mickoski

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да учествува во работните групи и на јавната расправа за Законот за јавно обвинителство

ВМРО-ДПМНЕ има сериозна намера да се донесе законот за јавно обвинителство доколку Владата, односно предлагачот има сериозна намера да ги прифати забелешките на опозицијата и ќе продолжи да учествува во работните групи и на јавната расправа.„Инаку што му претходеше на она фијаско од вчера, претходеше наш предлог да се одржи состанок на тие работни групи за да може да се дискутира околу ново стариот предлог на текстот по законот за јавното обвинителство. Од нивна страна дојде предлог дека е добро да бидат вклучени и координаторите на другите пратенички групи. Ние тогаш рековме во ред, прифаќаме. Но прифаќаме и исто така да биде вклучен и експертската јавност и претставници од меѓународната заедница, за да биде комплетно сето ова. Да направиме една јавна дебата и да го поканиме јавниот обвинител. Ако веќе така сакаме, да го прошириме форматот на луѓе кои што ќе дебатираат по суштината на ново-стариот предлог за Законот за Јавно обвинителство. Нормално тоа од нивна страна не беше прифатено, и во текот на денот не информираа дека ги поканиле координаторите на другите пратенички групи во рамките на Парламентот. За да не биде дека ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува, еве да излегуваат со разно разни критички изјави ние одлучивме да бидеме дел од тој состанок и да си ги кажеме нашите ставови. Меѓу кои и беше и честитката до министерката т.е. пардон новата претставничка во Венецијанската Комисија за правда, а тоа е госпоѓата Рената Дескоска. Потоа нашите позиции поврзани со текстот за Законот за Јавно обвинителство и отприлика тука се сведе дебатата и замоливме да биде повикан барен Јавниот обвинител да присуствува на тој состанок, затоа што кога станува збор за Јавно обвинителство, состанок на експертско ниво добро е да имаме и Јавен обвинител, односно државниот Јавен обвинител кој што ќе присуствува и ќе даде свој коментар имајќи предвид дека на 27-ми декември прилично е критизерски и негативно даде изјава поврзана со Законот за Јавно обвинителство. Се обидов да бидам колку што е можно попрецизен околу тоа што се случуваше, но и што му претходеше на она што вчера се случуваше на неуспешната средба поврзана со старо-новиот предлог на текстот за Законот за Јавно обвинителство, истакна Мицкоски.Според претседателот на ВМРО ДПМНЕ има процедура дајте да донесеме закон, да го донесеме тој член со кој што ќе се официјализира сето она кое што е од областа тужител заклучно со 30.06.2017 поднесено во рамките на судовите. Тогаш они одлучија на таков начин и велеа дека тоа е исправно, дека тоа е согласно Законот и Уставот. За да денеска во новиот предлог бараат од нас во процесите во кои што се во тек да донесеме член со кој што практично ќе се легализира она кое што беше направено на незаконит начин и неуставен начин. А, тоа беше преносот на случаевите од СЈО во редовното обвинителство, на начин на кој што тие го направија. И сега како ние тука да гледаме сериозен партнер кај луѓето кои што самите не знаат што прават. Гледаме дека се конфузни и дека практично се изгубени во целата оваа ситуација бидејќи се пред се уплашени, свесни се дека по 12-ти април следува одговорност за неправдата и криминалот кој што го направија изминатиот период и сега бараат начин како да се заштитат. И единствен начин им е сега вака како што Вие кажавте емпириски со 80 пратеника да они обезбедат заштита за заштита за Заев по 12-ти април. Така што еве долгата прикаска на кратко ако постои реална желба од страна на Владата да се прифатат забелешките на опозицијата кои што се аргументирани фактички тогаш зошто да не го донесеме тој Закон. Но доколку не постои таа желба тогаш тоа е тоа. И ќе ве потсетам последно како резултата на тоа дивеење со законите и злоупотреба ние денеска како политичка партија сме единствена во Европа тоа го информира и Претседателот на Европскиот Совет, единствена во Европа ќе ве потсетам со замрзнат имот и не можеме практично да функционираме соодветно и тоа нас не интересира, не не интересира само тоа што некој друг го интересира, нас не интересира она што нас ни е проблем за нормално функционирање. Видете најмалку половина милион граѓани во оваа држава се идентификуваат со оваа политичка партија, сакал тоа, не Зоран Заев, Русковска и останатите да го признаат. Како ние на тоа да гледаме, рече Мицкоски.видео: ВМРО ДПМНЕ 

Македонија | пред 6 години

CC6D5583-740F-425C-9227-65ACD211062A

Мицкоски: Изразувам длабоко сочувство за Турција и пријателскиот турски народ

Фб статус на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски:Изразувам длабоко сочувство за Турција и пријателскиот турски народ поради последиците од разорниот земјотрес. Сочувство до семејствата на загинатите. Во овие тешки моменти нашите срца и мисли се со Вас и со семејствата на повредените од настанатата катастрофа. Посакувам што побргу да ги надминете штетите и убеден сум дека солидарноста и хуманоста ќе дојде до израз.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

zekoli

Зеколи: Заташкувањето на „Рекет“ се изведува по ист терк на „ТАТ“

Политичкиот аналитичар и екс амбасадот  Арсим Зеколи на Твитер напиша статус, во кој обвинува дека случајот “Рекет“ се заташкува исто како и ТАТ. Зеколи напиша:Заташкувањето на Скандалот СЈО Рекет се изведува по ист, идентичен терк на заташкувањето на Скандалот ТАТ. Со иста партија, исти медиумски пера, исти изговори, исти странски асистенти. Сетете се што следеше по Скандалот ТАТ. Оние кои не учат од сопствената историја ...https://twitter.com/ArsZek/status/1169980678940909568?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1169980678940909568&ref_url=https%3A%2F%2Fexpres.mk%2Fzekoli-reket-se-zatashkuva-po-ist-terk-kako-i-tat%2Fфото: DW 

Македонија | пред 6 години

marija

И ловџиите ја бараат Марија која исчезна пред една недела

Утрово од пред општинската зграда на Општина Босилово, голем број ловџии и граѓани се приклучија на полициските службеници во потрага на исчезнатата Марија Брзакова, мајка и сопруга, која од 18-ти јануари утрово ја нема, објави струмицанет.мк.Собраните граѓани заедно со полицијата од утрово пребаруваат по течението на реката Турија, реката Струмица, канали, по целото поле, дури и по браните на Дрвош и Иловица, Монспитовско блато, а потрагата ќе продолжи и утре, доколку денеска не се пронајде 28-годишната Марија Брзакова.Инаку 28 годишната исчазна во саботата на 18 ти јануари. Таа  била облечена во тренерки во темна боја, на нозете имала патики или влечки, со себе не носела ташна, мобилен или каков било документ. Висока е околу 160 сантиметри, средна градба, со долга костенлива коса. Исчезнувањето во полицијата го пријавил нејзиниот сопруг.Од полицијата апелираат до граѓаните доколку ја забележат исчезнатата Марија Брзакова да се јават на телефонскиот број 192.извор: Струмицанет.мк

Македонија | пред 6 години

Renata-Deskoska-nov-min-za-pravda-1-bg_resize

Дескоска:Навистина жалам што преговарачкава тројка на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јавното обвинителство вчера избега од разговорите

Министерката за правда, Рената Дескоска на социјалните мрежи напиша дека жали што преговарачката тројка на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јавното обвинителство вчера избегала од разговорите.„Навистина жалам што преговарачкава тројка на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јавното обвинителство вчера избега од разговорите. Очигледно бегањето им стана партиска определба. Сепак, ќе биде закажана јавна расправа за законот. Па ќе видиме дали и од неа ќе избегаат“, напиша Дескоска.https://www.facebook.com/renatadeskoska/posts/2593047180974386

Македонија | пред 6 години

manceski

Манчевски во ТВ21: Реформата на администрацијата нема да има жртви, секој ќе си го најде соодветното место

„Во моментов начелно имаме четири модели за трансформација на јавната администрација и заедно со стопанските комори сме фокусирани да ги утврдиме најдобрите начини како административците да се професионализираат, да станат стручни и ефикасни“- изјави Дамјан Манчевски, министер за администрација и информатичко општество во синоќешната емисија “ЕУ клик“ на телевизија 21.Министерот објасни дека првиот модел е со субвенции за придонесите на административците кои ќе преминат во приватен сектор. Со тоа приватните работодавачи ќе имаат обврска за поголеми плати на вработените затоа што државата ќе ги помогне финансиски.Вториот модел е државата да го плати процесот на преквалификација, а потоа приватниот сектор да ги апсорбира квалификуваните кадри без државата да има финансиски обврски понатаму и ова е модел што најмногу им одговара на работодавачите затоа што ќе имаат целосно подготвен кадар.Третата опција е со внатрешна преквалификација, односно еден административец да може да се стекне со знаења и вештини за друга позиција во самата администрација. И на крајот се нуди опцијата секој административец што сака да замине тоа да го направи со отпремнина со одреден број на плати.„Целта на сите модели кои ги анализираме е да направиме професионална, ефикасна и бројно доволна администрација со која беспрекорно ќе функционира системот. Воедно да овозможиме повисоки плати, никој да не биде избркан од работното место, а оние кои ќе заминат во приватен сектор да имаат подобри услови за работа и поголеми плати. Со еден збор, нема да има ниту една жртва, затоа поентата ни е да го искористиме човечкиот потенцијал, а не да ги оставиме без работа, дури и оние чија работно позиција би се укинала во новата систематизација. Впрочем, ние сме социјална држава, лево ориентирана партија, што значи дека поголема грижа ќе водиме секој да има работно место, но според звањето, искуството и знаењето“- истакна Манчевски.Во моментов има 19 отсто административци од вкупниот број вработени во државата што значи дека Македонија не отскокнува од европскиот просек кој изнесува 17 отсто, но затоа во држави како скандинавските тој процент е над 20, а некаде и 30 отсто. Во врска со департизација на административните служби е подготвен Закон за високо раководна служба со крајна цел, секој што ќе биде вработен да го помине филтерот преку независна комисија.„По примерот со изборот на Антикорупциската комисија, сега предвидуваме формирање на независна комисија од вкупно 11 членови, од кои само четворица ќе бидат пратеници. Таа комисија ќе мора низ отворена и јавна постапка да ги избере најдобрите кандидати за раководни позиции во администрацијата и за секое раководно место на Владата да му понуди три кандидати, од кои потоа ќе биде избран најдобриот. Овој закон е напишан заедно со Европската Унија и следната недела се очекува расправа во собраниската комисија за политички систем“- пренесе Манчевски во емисијата на ТВ 21.Целиот процес на реформи во администрацијата го кочи опозицијата која е против професионални и стручни кадри и која не сака промени, туку инсистира да остане се по старо и затоа пратениците на ВМРО ДПМНЕ отвораат непотребни конфронтирања.„Владата на ВМРО ДПМНЕ никогаш не ја објави точната бројка на административци, тоа беше на ниво на државна тајна. Ако сака опозицијата вистинска реформа, а не и се допаѓаат предвидените модели за реорганизација тогаш има прилика да изнесе свои предлози и идеи, но во ниту еден случај не може да се нападне целиот концепт, а при тоа да не се нуди решение“- изјави Манчевски.За прв пат после 30 години државата има подготвено анализа заедно со странски експерти која предвидува целосно нова поставеност на органите на државната управа, а ќе биде јавно преставена на почетокот на февруари.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

taksi

Скопје почна да ги применува измените на законот за превоз со еколошки такси возила

Градот Скопје информира дека со измената и дополна на Законот за превоз овозможено е изводите од лиценца за возила за авто-такси превоз кои се еколошки такси возила со ниска емисија на штетни издувни гасови (хибридни возила со комбиниран моторен и електричен погон, возила со погон на природен гас-ЦНГ и возила на електричен погон) да не се ограничени, односно да може барателот кој врши авто-такси дејност да може да поднесе барање за повеќе од 10 изводи, но најмногу 5% од вкупниот број на изводи од лиценца за авто-такси дејност утврден со Одлука за авто-такси превоз на патници на подрачјето на градот Скопје или максимум 135 изводи од лиценца по барател.Пред оваа измена и дополна на Законот за превоз, распределбата на слободните изводи од лиценци за сите видови возила беше ограничена на максимален број од 3 изводи од лиценца за возило месечно, а 10 изводи годишно по вршител на авто-такси превоз.Согласно со членот 55-а од Законот за превоз во патниот сообраќај (“Службен весник на Р.С.М.“ бр. 68/04, 127/06, 114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13, 42/14, 112/14, 166/14, 97/15, 124/15, 129/15, 193/15, 37/16, 71/16, 140/18, 163/18 и 275/19), Советот на Град Скопје со акт ги утврдува условите во врска со вршењето на авто-такси превозот на патници, а се однесува на промена на начинот на издавање на изводи од лиценци за еколошки такси возила со ниска емисија на штетни издувни гасови (хибридни возила со комбиниран моторен и електричен погон, возила со погон на природен гас-ЦНГ и возила на електричен погон).

Скопје | пред 6 години

la-verita

Ла верита со нови документи, овој пат за купопродажба на гласови во Македонија

Ова е новиот скандал во кој е замешан Зоран Заев, омилениот премиер на ЕУ, пишува Ларис Кајсер во денешниот број на италијанскиот весник Ла верита. Тој објавува нови документи за тоа како Зоран и Вице Заев поткупувале гласачи во Струмица за време на изборите во 2014 година, за што имало отворено случај кој никогаш не добил судски епилог. Имало ли договор меѓу Груевски, Заев и Могерини, објави МКД.МК.За овој случај се водела некаква истрага во обвинителството во Скопје. Имало сериозни сомневања за тоа дека Заев бил дел од мрежа за изборни нерегуларности. Кајсер тврди дека за ова поседува материјали прибавени од примена на посебни истражни мерки, а доказите ги поседува и обвинителката Вилма Русковска.Авторот на овој текст пишува дека по месеци работа и прегледување на стотици документи, проверувајќи ја автентичноста на фактите и осигурувајќи ја максималната сигурност на изворите, можеда продолжиме со објавување во три дела  документи во рацете на македонското обвинитлество што инсинуираат дела за корупција и активности поврзани со изборни измами од страна на Заев.Текстот во целост на: МКД.МКфото: Ла ВЕРИТА

Македонија | пред 6 години

pajak-11

Отстранети 224 непрописно паркирани возила од јавните површини

Во текот на изминатата недела (17.01 - 23.01.2020 година) со специјалните возила пајак се подигнати 224 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 36 се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 188 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин,  тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно  412 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 36 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

tose

Денеска требеше да наполни 39 години

Денеска се навршуваат 39 години од раѓањето на македонската поп икона Тоше Проески. Проески е роден во Прилеп на 25 јануари 1981 година. Загина на 26 годишна возраст, на 17 октомври 2007 година во близина на Нова Градишка во Хрватска.Во чест и спомен на Тоше, оганизирани се повеќе манифестации. Пред сѐ, посета и почит пред неговото вечно почивалиште на Гумење.Тоше замина без да му се исполнат неговите најголеми желби според многумина тоа се, да стане светска ѕвезда и да оствари семејство.Тој загина во сообраќајна несреќа на пат кон Хрватска на 16 октомври 2007 година на само 26 годишна возраст.   

Македонија | пред 6 години

bukovo-deponija-1

(ВИДЕО) Алга ќе го „јаде“сметот на Буково, со што ќе се намалува нивото

Проблемот со Регионалната депонија, никако да се реши. Се бара локација, инвеститори… но никако да се  поклопат коцките и да се реши овој горлив проблем.Во меѓувреме ЈП Охридски Комуналец, мака мачи со сметот кој секојдневно се собира. Истиот се одлага на Буково но, просторот веќе е премал, не е еколошки, а во лето често има проблем и со пожари.Буково како депонија одамна си го има отслужено своето, затоа што нема капацитет да го собира отпадот.  Директорот на ЈП Охридски Комуналец, Љупчо Грданоски вели дека депонијата претставува и голем трошок за одржување.ЈП „Охридски комуналец“ имаше објавено тендрер за набавка на алга по препорака на инспекторатот за животна средина, која алга го намалува нивото на отпад и прави заштита од пожари. Постапката е при крај и за неколку денови ќе ја нарачаме таа алга од фирмата која го доби тендерот, меѓутоа сепак единствен спас од депонијата е изградба на регионална“, вели Грдановски за Охрид 1.Фото: Архива

Македонија | пред 6 години

aerodrom-ohrid-300x224

Детали од ОЈО Охрид за приведените лица кои сакале да заминат за Лутон со фалсификувани израелски пасоши

Основното јавно обвинителство Охрид поведе постапка против седум лица за сторено кривично дело Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Осомничените турски државјани, кои се роднински поврзани, вчера на аеродромот во Охрид при презентирање на патните исправи за летот Охрид - Лутон користеле фалсификувани израелски пасоши. Со осомничените биле и две деца родени 2014 и 2006 година.Шест од осомничените со двете деца влегле во Република Македонија во текот на вчерашниот ден, од Република Албанија преку граничниот премин Ќафасан. Еден од осомничените во државата влегол на 19 јануари преку граничниот премин Богородица од Република Бугарија.Во насока на непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител до Основниот суд Охрид достави предлог за определување на мерката притвор за петмина од осомничените, додека за две лица, мајки на децата, побара судот да определи мерки за претпазливост – одземање на патни исправи.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

MIKI8374

Турци приведени на аеродромот во Охрид

На аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид вечерва се приведени десетина државјани на Република Турција кои со фаслификувани пасоши на Израел сакале да ја напуштат државава. Во моментов полицијата врши нивна обработка по што ќе бидат поантаму процесуирани.

Македонија | пред 6 години

konji_facebook

Кичевчанец на осум свои коњи им ги расцепувал главите

Кичевчанец од селото Србјани речиси два месеци на осум свои коњи им ги расекувал главите со остар предмет.Против него е поднесена кривична пријава.“Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „мачење животни“, надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против А.А.(41) од кичевското село Србјани. Тој, во периодот декември минатата до јануари оваа година, извршил злоупотреба на осум коњи негова сопственост со кои вршел дотур на огревни дрвја и ги изложувал на тегобна состојба, користел остар предмет со кој им предизвикал расекотини на главите и не превзел мерки за санирање на предизвиканите повреди”,изјави портпаролот на СВР- Охрид Стефан Димоски.фото: N1 

Македонија | пред 6 години

Retki-Bolesti-5

И овој февруари ќе „Ги запознаваме ретките болести“

Идејата за проектот „Ги запознаваме ретките болести“ кај мене се јави сосема случајно сакајќи да направам нешто ново, кое истовремено ќе биде и од едукативен, но и од информативен карактер, за ретките болести да се „доближат“ на пошироката јавност.Ова, на денешната прес конференција во Скопје го порача активистот Гордана Лолеска, која заедно со охридското Супер радио и Здружението „Живот со предизвици“ и оваа година во текот на „реткиот“ месец го продолжуваат овој проект, кој има за цел да се покаже дека да се биде редок, не значи да си невидлив.- Секоја година во февруари, месецот на ретките болести, организираме различни активности со кои ја запознаваме јавноста со проблемите, предизвиците, но и новините со кои се соочуваат пациентите со ретки болести и нивните семејства. Минатата година го започнавме овој проект кој првенствено беше замислен да оди во вид на текстови за ретки дијагнози по веб порталите, секој ден во месец февруари, но ентузијазмот за работа и идејата да се направи нешто повеќе го збогатија проектот со видео и аудио спотови за секоја болест, така што проектот се емитуваше на територија на Македонија на бројни медиуми, со што еден мал проект прерасна во национална кампања за ретки болести. Охрабрени од позитивниот ефект кој се доби од самата кампања, оваа година се одлучивме проектот да биде обработен на македонски, албански и знаковен јазик. Многу од пациентите со ретки болести кои се од албанска етничка припадност полесно ќе се запознаат со проблематиката на ретките болести доколку прочитаат, слушнат или видат видео на јазикот кој секојдневно комуницираат, истакна Лолеска, која од срце им се заблагодарам на докторите од Детска клиника кои безрезервно помагаа во проектот со прегледување и преведување на текстовите за ретките дијагнози, на цеокупната екипа на Супер радио која технички го реализираше овој проект, но и на медиумската поддршка од бројни медиуми ширум државата.Министерот за здравство Венко Филипче, пред присутните истакна дека за самата програма за третирање на ретките болести, значајно е зголемен буџетот на 520 милиони денари во 2020 година.- Минатата година, но еве и оваа продолжува програмата со нови лекови за повеќе нови дијагнози. Сега сите пациенти со пулмонална фиброза кои што долги години ја чекаа терапијата сега се покриени со терапија, со болеста ФАП сега го имаат неопходниот лек, се даде и лек за дел од пациентите за кои што имаме индикација со пулмонална хипертензија, понатаму, новите варијанти на лекови, како за болеста гоше кои што го олеснуваат аплицирањето а со тоа и квалитетот на живот на пациентите, но и за одредени форми на анемија. Се направи електронскиот регистар за ретки болести, кој значајно ни го олеснува функционирањето на оваа програма - имаме точно увид колкава количина има од лекот, каде се наоѓа, како може да се дистрибуира до пациентите. Разговарано е со пациентите за дистрибуција на одредени инсулински терапии преку аптеките до пациентите ширум државата за да не мора секогаш да доаѓаат до Скопје до соодветната Клиника, доколку тоа не е толку неопходно. Сакам овој интензивен процес којшто го отпочнавме од пред околу 2 и пол години на нашата прва средба со Алијансата на Здружение на ретки болести во Владата, со која што разговаравте и слушнавме изворно од пациентите и нивните семејства со какви проблеми се соочуваат, во достапноста на терапијата, типот на терапијата, заради тоа што најчесто пациентите имаат сознанија заради тоа што комуницираат со други пациенти или здруженија на пациенти во околните земји, и таа соработка и ќе ја продолжиме и само со такви отворени политики и политики со отворени врати може да ги унапредуваме овие програми и да го унапредуваме нашиот здравствен систем. Остануваме целосно посветени за унапредување на оваа програма за третман на ретки болести, истакна Филипче.Според Весна Алексовска, претседател на Здружението „Живот со предизвици“, секој година се’ повеќе семејства се приклучуваат кон здружението и се охрабруваат да зборуваат јавно за предизвиците и гласно да ги бараат своите права.- Се надеваме дека наскоро ќе биде проширен скринингот со ретки болести за цела популација со цел да се спречат ментални и физички дисфункционалности (првенствено за метаболните како фенилкетонурија - моментално се прави неонатален скрининг само за 2.000 од 20.000 новородени). Рана дијагноза и рана терапија водат до поквалитетен живот. Како здружение пак оваа година продолжуваме и со бесплатна психолошка поддршка за семејствата со ретки болести, сега освен во Скопје и во други градови како Битола, Прилеп, Куманово, Охрид, Струга, Неготино. Сите информации ги објавуваме на социјалните медиуми, преку маил до нашите членови и на веб страната www.challenges.mk, истакна Алексовска.За нас беше навистина голем предизвик, но и чест да бидеме дел од овој проект, кој годинава беше навистина обемен, истакна во име на Супер радио и комплетната екипа која беше вклучена во овој проект, првиот човек на радиото Јане Стефанов.- Делумно го преработивме и минатогодишниот проект, кој доби и албанска, видео, радио и интернет верзија, како и верзија на знаковен јазик. Истото се изработи и за оваа година, што беше навистина сериозна и обемна задача. Сепак, работата е завршена и би сакале да и’ оддадеме почит и внимание кое го заслужува на Гордана Лолеска, која со овој проект навистина направи многу за лицата со ретки болести. Проектот веќе ги надмина границите на државата и се надеваме дека следната сезона ќе имаме уште новитети, дека истата ќе биде уште подобро прифатена од јавноста и дека лицата со ретки болести ќе го добијат заслуженото место во општеството, затоа што СИТЕ СМЕ ИСТИ, истакна Стефанов.Кампањата „Ги запознаваме ретките болести“ започнува на 1. февруари 2020 година на 40 национални, регионални и локални медиуми ширум државата, а ќе се емитува и во Косово и Албанија.фото: Ретки Болести

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања