Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

83105275_146464393475741_7764841133573668864_n

МЗШВ: Целокупното договорено количество на тутун од реколтата 2019 ќе биде откупенo

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, заедно со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ, одржаа работен состанок со претставници од Стопанската комора на Македонија, откупните претпријатија на тутун и Сојузот на здруженија на тутунари. На состанокот се разгледаа информациите за моменталната состојба со откупот на тутун од реколтата 2019-та.Државниот инспекторат за земјоделство е постојано на терен, а дел од откупните пунктови кои времено беа затворени сега се повторно отворени.Од страна на претставниците на откупните претпријатија на тутун беше потенцирано дека целокупното договорено количество на тутун ќе биде откупено и порачаа да не се создава непотребна паника кај тутунопроизводителите. Откупувачите на тутун гарантираа дека проценката на класите ќе се врши реално.Дополнително, Државниот инспекторат за земјоделство најави зајакнати контроли на терен, контроли во делот на посочените случаи за затворени пунктови и во однос на почитување на законските обврски за откупен и исплатен тутун согласно договорите. На состанокот беше посочено дека не се очекува да има вишок на тутун.Досега се откупени над 22,4 милиони килограми тутун во вредност од близу 5 милијарди денари или повеќе од 85 отсто од договореното количество е веќе откупено. Се очекува откупот да заврши до крајот на следниот месец.Од страна на откупните претпријатија исплатени се близу 4,7 милијарди денари. Просечната откупна цена е 221,9 денари за килограм, што е највисока опткупна цена во последните шест години.  Од реколтата 2019-та вкупно се  засадени 13.342 хектари тутун и склучени 32.798 договори со девет компании. Вкупното производство на тутун од реколтата 2019-та изнесува над 26.700 тони тутун, што е за 6 отсто повеќе од реколтата 2018-та. Планираната количина за откуп е 26.729 тони. Издадени се 20.933 евидентни листови.Со цел стимулирање на квалитетот, со новиот модел за зголемени субвенции што го воведе Владата на Република Северна Македонија, субвенциите за прва класа тутун се 80 денари за килограм, 70 денари за втора класа, и 60 денари за трета класа и дополнителните класи.фото: Министерство за земјоделство

Македонија | пред 6 години

nikola-jankulovski

Јанкуловски: Формирањето на синдикална организација на универзитетите не е спротивно со ниеден закон

Формирањето на синдикална организација на универзитетите не е спротивно со ниеден закон. Тоа го дозволува и член 220 од Законот за работни односи и неосновани се нападите врз нас ректорите, изјави денеска ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски.-Кога станува збор за прашањето на јавен сектор, потпишувањето на синдикални колективни договори е секогаш меѓу основачот и синдикалната органзиација. Ние ректорите секогаш се трудиме да го подобриме квалитетот во високото образование, да ги подобриме условите за работа и стандарпт на вработените во универзитетите. Формирањето на синдикална организација на универзитетите секако дека не е контраиндицирано со ниеден закон. Тоа го дозволува и член 220 од Законот за работни односи. Неосновани се нападите врз нас ректорите затоа што законот тоа го дозволува да секој основач на јавна установа потпише договор со репрезентативна синдикална организација. Оваа шанса која ни е наведена за покачување на платите од 10 проценти сметаме дека не треба да се пропушти, особено кога се е во рамки на законската регулатива, рече ректорот Јанкуловски на новинарско прашање по потпишувањето Меморандум за соработка со Агенцијата за национална безбедност.-Ние ниту имаме намера, ниту вршиме притисок на некого, како ќе си одлучат тие така ќе работат. Меѓутоа можам да кажам дека ние како Универзитет за само еден ден и половина постигнавме реперезентативност што е за поздравување, рече Јанкуловски.Извор: МИА

Македонија | пред 6 години

Zaev-Z.

(ВИДЕО) Заев: Ги повикувам сите политички субјекти, пратенички групи да преземат одговорност

Носењето на Законот за Јавно обвинителство ја гарантира европската иднина на државата. Тоа е европски успех и успех на правната држава. Од страна на високи претставници на ЕУ се повеќе се нагласува потребата за носење на овој Закон и се поврзува со датумот за отпочнување на преговори со Унијата, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев.Сите демократски капацитети во државата и сите демократски сојузници на нашата држава се залагаат за законско решение кое ќе гарантира дека политичарите и политиката ќе бидат настрана од правосудството и дека политичарите нема да бираат обвинители.За сите актуелни случаи и предмети без разлика на кого се однесуваат, вклучително и сите предмети и случаи на СЈО мора да се гарантира професионална и ефикасна разрешница.Беззаконие и криминал мора да бидат соодветно третирани и професионално разоткривани и  казнувани. Тоа е можно само со обвинителство ослободено од влијанието на политиката.Затоа, ги повикувам сите политички субјекти, сите политички партии, сите пратенички групи и претставници на независните пратенички групи да преземат одговорност и да бидат решавачки фактор кога е во прашање правната држава и европската иднина на нашата земја.Особено, ја повикувам опозицијата да се надмине себеси и со прифаќање на законското решение за јавното обвинителство, да докаже дека е против криминалот и дека е за владеење на правото, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев.видео: СДСМ

Македонија | пред 6 години

Janusev-PRESS-2810-2

Јанушев: Аферата Канабис милиони на Заев покажува инфлација од лиценци на фирми блиски до власта

Како што ветивме пред некој ден, денес ќе имате можност да ја дознаете целата вистина околу омилениот бизнис на фамилијата Заеви. Бизнисот со марихуана која се претвори во рекет машинерија, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.Токму затоа Заеви и СДСМ ревносно се борат во Собранието да се изгласа законот за опојни дроги по нивни терк, за потоа да обвинуваат дека ВМРО-ДПМНЕ го кочи овој закон. Иако во позадина се работи за нешто сосема друго.Овде се работи за милиони и создавање на силна канабис рекет машинерија.Аферата Канабис милионите на Заев покажува инфлација од лиценци на фирми блиски до власта и неконтролирано производство на марихуана.Веднаш да потенцирам и да ги расчистиме дилемите, ВМРО-ДПМНЕ не кочи закони во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ кочи закони кои се од личен интерес на Заеви. ВМРО-ДПМНЕ во 2016-тата година го донесе законот за одгледување на канабис за медицински цели и Република Македонија беше единствена држава во Европа заедно со Холандија, но со јасно дефинирани одредби, и високи критериуми кои мора да се исполнат, а не земјава да се претвори во оаза за канабис за милионите на Заев.Но, како навистина стојат работите.Информациите кои дојдоа до нас говорат дека СДСМ и Заеви практично манипулирајќи ги потенцијалните и заинтересирани производители на канабис, создадоа нова рекет машинерија преку која се собираат пари од бизнисмени кои сакаат да одгледуваат канабис.Во постојниот закон кој е на сила, донесен во 2016 година за одгледување на канабис за медицински цели, јасно е припишано кои се условите кои мора да ги исполнува одредена фирма доколку сака да добие лиценца за одгледување канабис.СДСМ и Заеви, настрана од пропишаните одредби во законот, за само неколку месеци дозволија хипер-продукција на лиценци за канабис. Внимавајте од мај 2016 до мај 2018 година се издадени само 5 лиценци за одгледување на канабис и 2 лиценци за екстракција. Додека пак само во 2019 година Владата има издадено 31 лиценца за одгледување на канабис, а околу 20-тина нови лиценци се во постапка и чекаат одлука од Владата за да ја добијат. Во истиот период исто така се издадени дополнително 2 лиценци за екстракција на канабис. Голем дел од овие фирми што добиле лиценци се поврзани погодувате директно со СДСМ.Што е тука индикативно и сомнително?Еден од условите да се добие лиценца за одгледување канабис е да фирмите апликанти поседуваат елаборат за одгледување на канабис во рок од 5 години како и која е намената на произведеното количество. Ова е еден од најважните документи кои треба да го поседуваат фирмите.Внимавајте, според нашите информации, најголем дел од овие 31 лиценца во 2019 година, се издадени според непостоечки закон, односно се незаконски. Овие фирми имаат елаборати во кои јасно пишува дека ќе извезуваат произведен сув цвет од канабис, што практично и не е возможно согласно постоечкиот закон, каде што извоз на канабис е возможен доколку е завршена екстракција. Според нашите информации, Министерството за здравство не врши воопшто инспекциски надзор колку канабис е одгледан кај голем дел од компаниите, па огромна количина од канабисот се продава на црно за огромни суми на пари, што докажува дека Заеви ја направија Македонија како Колумбија и Лазарат.Канабис милионите на Заеви отвораат сомнеж дека постои и нелегално производство на марихуана.Прашуваме, дали е точно дека Заеви доделувале лиценци на нивни блиски фирми без да поседуваат соодветен елаборат, па практично сега лиценците се незаконски?Втора работа, која кружи низ кулоарите на бизнисмените, е дали е точно дека цената на една лиценца на Владата на СДСМ и на Заев чини околу 300.000 до 500.000 евра кои се плаќаат директно на рака кај луѓе блиски до власта?За се ова институциите молчат и по принципот сврти ја главата на другата страна, се прават како да не се случува бидејќи се под директни инструкции на фамилијата Заеви и СДСМ.Дополнително, документите покажуваат дека до последниот ден како премиер Зоран Заев делел лиценци за производство на марихуана. За само два дена во месец декември, а на неколку дена пред оставката на Заев се доделени 10 нови лиценци за производство на марихуана. Значи 10 нови лиценци, набрзина се доделени на компании кои се поврзуваат токму со Зоран Заев. Набрзина, шверцерски и со огромен сомнеж за милионски криминал. Деталите на компаниите ќе ги чуете во следниот период, но она што е сигурно е дека СДСМ си направија класична рекет машина, каде што овие бизнисмени се принудени да ги купат лиценците од Владата за кеш пари, за сега повторно да се зборува низ кулоарите на бизнисмените дека повторно им се барани кеш пари за да можел СДСМ да остане на власт и да го протурка законот.Времето на СДСМ и криминалците како Заев заврши.Обновата на Македонија доаѓа на 12-ти април. А, Заев и СДСМ ќе понесат одговорност.Заев и СДСМ се виновни за се што се случува сега и Заев и СДСМ никогаш повеќе нема да и се случат на Македонија, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.фото и видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

poplocuvanje

Се поплочуваат краците на „15-ти Корпус“ во Охрид

Екипи на ЈП „Градски гробишта“  деновиве работат на партерно уредување на четири краци од улица „15-ти Корпус“. Бехатон плочки се поставуваат на површина од 400м2.Проектот вреден 350 000 денари е финансиски поддржан од Општина Охрид.фото: Општина Охрид 

Македонија | пред 6 години

nefi

А1ОН: Дивоизградената бетонската база во сопственост на Нефи Усеини, нема да се урива набргу

Дивоизградената бетонската база во сопственост на бизнисменот и советник од Општина Охрид, Нефи Усеини, нема да се урива набргу. Парите што останале во постојниот план, наменети за уривање дивоградби, се премалку за да се отстрани базата, која ниту Усеини нема во план да ја дислоцира, дознава „А1он“. Охрид не може да распише ниту тендер за избор на нова фирма бидејќи во буџетот има останато уште пари за уривање.Усеини ги нема потребните дозволи за базата, кои треба да бидат издадени од Општината, но и од другите надлежни институции. Базата за производство на бетон се наоѓа на стариот пат Охрид – Струга, Објави А1 ОН.Текстот во целост на : А1ОН

Македонија | пред 6 години

lukarevska

(ВИДЕО) Лукаревска: Јадам се, ама полнети пиперки никако

На кој филм најмногу имаш плачено, најголема предрасуда за УЈП и како би изгледал твојот совршен ден се само дел од прашањата на ккои одговара Сања Лукаревска, Директорка на УЈП, во најновото издание на „30 прашања со.“„Најтешко во мојата работа е постојано да се докажуваме дека навистина УЈП е партнер на сите“, вели Лукаревска.Мерка на владата на која Лукаревска е најгорда е субвенционирањето на придонесите за повисоки плати, а како своја мерка со која најмногу се гордее таа го наведе „Мој ДДВ“ и претпополнетата годишна даночна пријава. https://www.facebook.com/SDSMakedonija/videos/1329847270531799/

Македонија | пред 6 години

ojo-1

Поднесено обвинение за загрозување на сигурноста

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за продолжено кривично дело Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 (при вршење семејно насилство) и за едно кривично дело Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 (по пат на информатички систем).Од резултатите на вештачењето спроведено по наредба на јавниот обвинител во текот на истражната постапка произлезе дека обвинетиот ги сторил делата во состојба на битно намалена пресметливост за да го сфати значењето на делото и да управува со своите постапки.Првото дело кое му се става на товар обвинетиот го сторил на начин што со умисла извршил повеќе временски поврзани дејствија кои претставуваат повеќекратно остварување на истото дело, притоа искористувајќи ист траен однос и исти прилики. Тој, како поранешен сопруг на една оштетена, при вршење семејно насилство и ја загрозил сигурноста со сериозна закана дека ќе нападне врз нејзиниот живот и тело и врз животот и телото на нејзино блиско лице – нејзиниот татко.Обвинетиот се товари дека второто дело го сторил на 10 јануари, кога по пат на информатички систем и се заканувал на оштетена дека ќе изврши кривично дело –Убиство за кое е пропишана казна затвор од најмалку пет години. Заканите ги упатувал преку пораки и мобилни апликации, па оштетената се почувствувала дека и е загрозена личната сигурност.Истражната постапка за истото лице беше поведена и за кривично дело – Неизвршување на судска одлука од член 377 став 5, но за ова дело не е поднесено обвинение, бидејќи во текот на постапката се утврди дека Решението на Основниот граѓански суд Скопје со кое била издадена наредба – Привремена мерка за заштита на правата на оштетената од семејно насилство се уште не е правосилно.Исто така, обвинителството ги истражуваше и наводните закани кои лицето ги упатувало кон друга оштетена, но притоа се утврди дека во нив не постојат елементи на кривично дело, туку дека станува збор за клевети и навреди за кои оштетената може да поведе граѓанска постапка.Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави Посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот, ценејќи дека постои реална опасност тој да се даде во бегство за да ја избегне кривичната одговорност.

Македонија | пред 6 години

Dogovor

Република: Шилегов - Би бил нобеловец кога во јуни ќе знам каков снег ќе имаме во 2021 година!

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов склучил договор со фирмата за чистење на снег, без разлика колку ќе падне и дали ќе има. Според овој договор Град Скопје се обврзува да и исплати еден милион евра .Договорот е за период од 15 ноември до 15 март за оваа и наредната зима. Вкупната сума за исплата е 64.900.000,00 денари.Република. мк објави дека во оваа сума се вклучени само 40 часа работа на механизацијата на месечно ниво, а сè над тоа се плаќа дополнително, со што сумата може да расте и неколкукратно.фото: Република.мкизвор: Република.мк

Скопје | пред 6 години

Mumija

(ВИДЕО) Научниците и го вратиле гласот на мумија стара 3,000 години

Научниците со помош на 3Д принт технологија повторно ги креирале гласните жици на мумифициран египетски свештеник кој живееле пред повеќе од 3,000 години и дознале како звучел неговиот глас.Според видеото се слуша само И а...„Звукот кој го слушате го произведуваат неговите гласни жици од положбата во која лежи во саркофагот“, рекол електротехничарот Дејвид Хаурад од лондонскиот универзиет Ројал Халовеј.фото: You tube

Магазин | пред 6 години

49948075_282787959078136_8610624802379530240_n

Попладнево средба на работните групи за законот за ЈО во Собранието

Партиските работни групи за законот за јавно обвинителство попладне во 16:00 часот ќе одржат нова средба во Собранието Република Северна Македонија, потврдија за МИА од Министерството за правда. На средбата се поканети претставници на сите пратенички групи.Лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски вчера ги изразија своите позиции во однос на предложеното законско решение во пресрет на средбата на работните групи.Мицкоски рече дека нема да учествуваат во преговорите за законот за јавно обвинителство доколку не се прифатат нивните забелешки и предлози.Лидерот на СДСМ во однос на најавата на Мицкоски дека нема да учествуваат ако не се прифатат нивните забелешки рече дека тоа е резултат на инструкциите што доаѓаат од Будимпешта.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

policija-123

Малолетник нападнал полицаец откако бил пријавен дека допирал 24-годишна жена

На 23.01.2020 во 14.00 часот, по преземени мерки и активности, во Полициската станица Струмица од слобода бил лишен малолетник од с.Просениково, кој на 22.01.2020 во 22.45 часот физички нападнал полициски службеник кој вршел службени дејствија по претходна пријаваод 24-годишна жена дека ја допирал по телото. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.Фото: Архива

Македонија | пред 6 години

aerodrom-skopje-2

Турчин баран од „Интерпол“ фатен на аеродром во Скопје

На 23.01.2020 околу 20.00 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“ од слобода бил лишен Е.А.(40) од Р.Турција, затоа што при пасошка контрола било констатирано дека се наоѓа на листата со мерка „апси“, по барање на Секторот за меѓународна полицискасоработка - Интерпол.

Скопје | пред 6 години

drogira

Најмладиот корисник на дрога во Македонија е осумгодишно дете

Младите по дрога најчесто посегнуваат од љубопитство, но и под влијание на средината во која што живеат.  Постојано се зголемува бројот на наркозависници, а и се повеќе млади посегнуваат по наркотици. Најмладиот корисник на дрога во Македонија е осумгодишно дете кое користи дрога со инјектирање. Исто така има и многу помали деца кои „дишат“ лепак или други супстанци, објави Скопјеинфо.мк.Порталот уште објави дека два проценти од средношколците на 16 години пробале опијат, покажала студијата направена на територијата на целата држава. Невладините велат, состојбата е алармантна.Текстот во целост на: Скопјеинфо.мкфото: Opušteno.rs 

Македонија | пред 6 години

IMG_4364

ФИТР: Јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи“ објавен по трет пат

Фонд за иновации и технолошки развој по трет пат објавува јавен повик  “Предизвик за млади истражувачи“ чија цел е поттикнување на креативното размислување кај децата и поддршка за истражувачки проекти базирани на научен метод.Повикот е наменет за сите основни и средни училишта, а истражувачките проекти на кои треба да работат деца во тимови од три до седум ученици предводени од ментори, треба да се од областите на природните и техничките науки. Процесот на истражување треба да се заснова на „научен метод“, односно да вклучува формулација, тестирање и потврда/модификација на хипотеза по пат на експеримент и набљудување, а предложените проекти треба да дадат видливи резултати. Предност имаат проектите со интердисциплинарен карактер, кои предвидуваат инклузивен пристап во формирањето на тимовите (имаат еднаква родова застапеност, вклучуваат деца со различна етничка припадност, деца со посебни потреби, деца од различни возрасти и слично) и се поднесени од училишта од рурални средини.Вкупниот буџет за овој предизвик изнесува 6.000.000 (шест милиони) денари. Буџетот на поединечен предлог проект е до 300.000 (триста илјади) денари, односно дополнителни 30.000 денари за  ментори, наменети за обуки, семинари, конференции што би придонеле кон поуспешна реализација на проектот.„Предизвик за млади истражувачи“ се објавува по трет пат. Искуството од минатите две години ни кажува дека успеавме да ги мотивираме учениците да работат на научно- истражувачки проекти. Ова претствува и интелектуален стимул за учениците и шанса да се стекнат и развијат меки вештини, како тимска работа, споделување и делење информации и јавно говорење. До сега имаме поддржано 54 училишта кои работат на вакви проекти а во кој се вклучени околу 500 ученици и професори. Само минатата година имавме стотина пријавени училишта, но оваа година очекуваме таа бројка да се зголеми,“ изјави Николина Стојанова од секторот за спроведување програми на ФИТР.На настанот своите проекти ги презентираа добитните проекти  на основното училиште „Манчу Матак“ од Кривогаштани – „Со природни ресурси до еколошки здрава животна средина“, како и на средното приватно училиште САБА од Скопје – „Систем за детекција на гасовите во воздухот во работни простории“. Учениците кои ги изработија овие  проекти пред ученици од скопските гимназии „Никола Карев“ и  „Орце Николов“, како и основното училиште „Гоце Делчев“ говореа за нивната мотивација и го споделија нивното искуство од реализацијата на проектот и што тоа значи за нивното училиште.„Со овој проект покажавме дека науката може да се примени за да се надминат проблеми со кои се соочуваме во нашето секојдневие. Сите наши соученици сега внимаваат повеќе кога станува збор за животната средина, и сфативме дека ако заеднички работиме на истражувачки проекти, можеме да направиме голема промена таму кај што живееме,“ сподели ученичка од училиштето „Манчу Матак“.Инаку „Предизвик за млади истражувачи“ е јавен повик кој Фондот го спроведува во соработка со Министерство за образование и наука и е дел од концептот кој го развива ФИТР – „Фонд за млади умови“. Оваа национална сеопфатна рамка за поддршка предвидено е да опфати поддршка преку веќе постоечки успешни иницијативи, да понуди нови мерки на поддршка за поттикнување на креативноста, иновативноста и претприемништвото кај младите, како и негување и унапредување на талентите кај децата.Предлог проектите што ќе пристигнат во рамки на јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи“ ќе се оценуваат според квалитетот на проектот, применливост на резултатите од истражувањето, усогласеност на предлог-проектот со целите на јавниот повик и капацитет на проектниот тим.Јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи“ кој ФИТР го објави денес ќе трае до 16.03.2020 година. Условите за аплицирање и критериумите за подобност на предлог проектите и сите дополнителни информации се на www.fitr.mk/predizvikzamladi3.фото: Фонд за иновации

Македонија | пред 6 години

pozarna

Пожар во зоопросторијата на гимназијата „Браќа Миладиновци“

Пожар во зоопросторијата на гимназијата „Браќа Миладиновци“ во скопската населба Драчево. Противпожарните екипи сеуште интервенираат.Од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје за МИА изјавија дека на терен се испратени три возила и оти пожарот е сè уште активен.Пожарот бил пријавен околу 10 часот.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

integra

Ристовски: Ако формираме Влада или имаме силно влијание во Владата, ќе се залагаме за враќање на името Македонија во сите институции

Љупчо Ристовски од „Интегра“, вечерва во „КликПлус“ на ТВ21 рече дека доколку неговата партија добие доволно гласови за да формира Влада или да има силно влијание во Владата, ќе се залага враќање на името Македонија во сите институции.https://www.facebook.com/tv21hd/videos/771532536701243/?v=771532536701243

Македонија | пред 6 години

Davos

Најново истражување: Мнозинството граѓани сакаат владите да преземат мерки за да се намалат стапките на пушење

Филип Морис Интернешнл (ФМИ) на прес конференцијата во Давос го претстави новиот извештај - „Unsmoke Your Mind: Прагматични одговори на тешки прашања за иднина без чад” кој ги истражува предизвикувачките прашања што јавноста ги има за улогата на новите алтернативните производи денес. Тој претставува и продолжување на заложбите на најголемата тутунска компанија во светот за поголема транспарентност, објективно научно истражување и отворена дебата за  создавање правилна регулатива за алтернативи без чад.Извештајот е резултат на независно истражување нарачано од ФМИ и спроведено од Povaddo на примерок од 17.251 испитаници на возраст од 21-74 години во 14 земји,  и истиот го испитува јавното мислења за регулативниот, научниот и корпоративниот пејзаж во време кога ПМИ се фокусира напредните производи без чад што поскоро да ги заменат цигарите. Извештајот покажува дека 9 од 10 испитаници (87 проценти) се согласуваат дека „при изготвување на регулативи, владите, регулаторните тела и одговорните за јавното здравје треба да ја земат предвид тековната наука насочена кон електронските цигари и производи со несогорлив тутун.” За понатамошна поддршка на научните докажувања во оваа категорија се согласија 89 % од испитаниците кои сметаат дека „пред да се воведат електронски цигари и производи со несогорлив тутун, производителите мора да спроведат стабилни научни проценки на своите производи.”„Алтернативите без чад нудат совесен пристап кон јавното здравје. Во време кога довербата во владите и организациите е на ниско ниво, неопходно е донесувањето одлуки да се базира на наука и факти. За PMI, ова истражување ја зајакнува важноста на транспарентноста во споделувањето на науката која стои зад нашите производи без чад, што ја прави отворена за сите – владите, регулаторите, научниците, академиците или пошироката јавност,” изјави Јацек Олжак, главен оперативен директор во PMIИако е најдобро да се откажете од цигарите или никогаш да не започнете со нивно користење, реалноста покажува дека има милиони возрасни пушачи кои, во отсуство на подобра алтернатива, би продолжиле да пушат. Науката и технологијата сега ги создадоа овие подобри алтернативи и потрошувачите треба да имаат пристап до нив. Оневозможувањето на пристап до овие подобри производи засновани на науки значи дека тие ќе продолжат да пушат.Извештајот „Unsmoke Your Mind: Прагматични одговори на тешки прашања за иднина без чад”, можете да го најдете на www.pmi.com/UYMwhitepaper.

Македонија | пред 6 години

Renata-Deskoska-nov-min-za-pravda-1-bg_resize

Прифатена номинација на Дескоска за член на Венецијанската комисија

Владината номинација на министерката за правда Рената Дескоска за член на Венецијанската комисија е прифатена. Веста преку „фејсбук“ ја соопшти министерката.-Прифатена е мојата номинација за член на Венецијанската комисија. Тоа е и потврда дека се исполнети критериумите за членство во комисијата. Благодарам за довербата!, напиша Дескоска.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2591722974440140&set=a.1428625117416604&type=3&theaterЗа нејзината номинација, реагираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој обвини за конфликт на интереси и ја повика Антикорупциската комисија да реагира.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

ilina-arsova

Илина Арсова: Да го зачуваме статусот на УНЕСКО!

ФБ статус на Охрид SOS:На нецела седмица пред посетата на Реактивната мисија на UNESCO во Македонија, Илина Арсова, првата Македонка што ги искачила сите 7 највисоки врвови на 7 континенти и една од само 60 жени во светот кои успеале во овој подвиг има нешто да ни каже на сите:„Мојот апел и порака до сите ваши читатели: Разбудете се и погледнете наоколу, среќата е во убавините околу нас. Нам ни останува да ја чуваме и заштитиме природата која во изворна форма ја имаме, како што сега треба да го заштитиме Охридско Езеро и да го зачуваме статусот на УНЕСКО!“Влада на Република Северна Македонија, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за култура / Ministria e Kulturës, дали се слушаме? ЗАШТИТА, а не прикривање на грешките!фото: Република.мк

Македонија | пред 6 години

solza-770x444

Грчева: Ние сме многу јасни дека бевме против членство во НАТО

Солза Грчева од „Глас за Македонија“ при гостување во „Click plus“ рече дека таа е против членство на земјава во НАТО.-Што се однесува до НАТО,ние сме многу јасни дека бевме против членство во воена алијанса. Дали дека сум жена па нешто не сеум воодушевена од воени сојузи, не знам- рече Грчева.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

diva-svinja

Ловната сезона на диви свињи завршува на 31 јануари

Ловната сезона за  диви свињи, нема да се продолжи, завршува во законскиот термин на 31 јануари. Оваа одлука ја донесе Управниот одбор на Ловечката федерација на Македонија, а во врска со новонастаната состојба со појава на Африканска чума кај свињите во соседна Србија во реонот на Пирот и Димитровград и опасноста од нејзино проширување во потесното опкружувње како и во нашата држава.– Земајќи ги предвид сите информации со кои располагаме како и фактот дека ловната сезона на диви свињи веќе трае шест месеци и е исполнет планираниот годишен застрел и за понатамошен отстрел имаме законска пречка, а пред се поаѓајќи од ловечката етика и морал, не можеме да дозволиме да отстрелуваме бремени женки и да го вознемируваме останатиот дивеч во репродуктивен период, УО на Ловечката федерација на Македонија едногласно зазеде став ловната сезона за лов на диви свињи да заврши во законски предвидениот третман на 31 јануари, однсоно да нема продолжување на ловната сеозна, наведуваат од Ловечката федерација.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

aleksandar-ben

На Александар му треба нова количка, можеме ли да помогнеме?

Алекасандар е момче код Скопје кој со инвалидска количка се движи заедно со својот придружник Бен – куче помошник. Алесандар е и првиот кој со својот другар Бен влегоја во македонското Собрание и присуствуваше на седница во една од собраниските сали. Сега на Александар му е потребна наша помош, објави досие.мк.Дечки, дали може да одвоите 2 минути од вашето време и да се обидеме да му помогнеме на Алекасандар Велевски за да собереме пари и да му се обезбеди нова количка. Нашата цел се 180.000 денари и тоа да донираме на неговата сметка Александар Велевски530500011332467Охридска банка А.Д СкопјеСподели , донирај и помогниМожеме сите ние да бидеме хуманифото:Досие.мк 

Македонија | пред 6 години

kamila

Двогрби камили наскоро ќе пристигнат во скопската зоолошка градина

ФБ статус на директорот на зоолошката градина Скопје Ѓорѓи Галетановски.Двогрби камили наскоро ќе пристигнат во скопската зоолошка градина.-На наша голема радост во текот на вчерашниот ден од секторот за меѓународни односи ме информираа дека две двогрби камили, од расата бактриан, ќе пристигнат следниот месец. Едната пристига од Чешка, а другата од Словенија.фото: Beo Zoo Vrt 

Скопје | пред 6 години

stipjanka

Иванка почина во САД, нејзина последна желба е да биде погребана во Штип

Неколку дена пред нејзиниот 41 роденден, штипјанката Иванка Станојкова ја загуби битката со ракот во Чикаго. Нејзината последна желба беше да биде погребана дома во Штип. Нејзините пријатели од Македонија започнаа акција со која се обидуваат да соберат средства преку „Go fund me“, за да го донесат телото во Македонија. Станојкова во 2002 година имигрирала во САД за да основа семејство. Зад себе ги остава своите две ќерки Софи (16) и Стела (13).Во донаторската акција која ја започнаа нејзините пријатели целта е да се соберат 20.000 долари.Донирањето се одвива тука.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања