Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

Нема фотографија

МВР за грабежот во казино утрово

На 23.01.2020 во 06.27 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино на бул.„Партизански одреди“ пет лица со закана со пушки и пиштоли од вработените ги одзеле парите од дневниот промет, по што избегале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

robert

Вељановски: за СДСМ, Заев и Спасовски, македонскиот јазик може да биде втор или странски јазик во Република Македонија

Поминува осмиот ден како владата молчи за скандалозниот закон со кој македонскиот јазик се третира како втор јазик и како странски јазик во Република Македонија.Со ваквиот понижувачки однос кон македонскиот јазик СДСМ повторно се обидува набрзина да ги заобиколи процедурите, да го прекрши Уставот и да го игнорира крикот на стручната јавност, ставајќи ја политиката над науката и македонските национални интереси, истакна Роберт Вељановски од ВМРО ДПМНЕ.Денес ќе укажеме на уште една недоследност, односно намерно непрецизирање на проблематиката којашто се однесува на топонимите со овој закон. Имено, топонимите во Република Македонија се прогласени за културно наследство и за нив е предвидена заштита од прв степен. Законското решение на Заев, Спасовски и СДСМ не предвидува усогласување на овој дел од Законот за употреба на македонскиот јазик со Законот за културно наследство.Тоа значи дека намерно се остава простор за заобиколување на заштитениот статус на топонимите како културно наследство и се остава простор тие да не се користат во својата изворна форма, односно да се заменуваат со неизворни топоними.Ова е уште еден доказ дека за СДСМ, Заев и Спасовски, македонскиот јазик може да биде втор или странски јазик во Република Македонија, се додека мислат дека со тоа имаат дневнополитичка и теснопартиска корист.СДСМ, Заев и Спасовски мора итно да престанат со прекршување на Уставот и законите и со понижувачкиот однос кон македонскиот јазик и македонските национални интереси.Владата мора да ги слушне и прифати реакциите на 90% од стручната јавност за ова штетно и понижувачко законско решение, и овој закон мора да се донесе во редовна процедура низ три читања, а не на препознатливиот за Заев и СДСМ шверцерски начин.ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротивстави со сите законски и демократски средства на ваквиот штетен и омаловажувачки однос кон македонскиот јазик од страна на СДСМ и ќе работи на негово итно и темелно подобрување.Обновата доаѓа, промените доаѓаат, а со нив и одговорноста за сите кои го прекршиле законот и нанеле штета на македонските национални интереси, истакна Роберт Вељановски од ВМРО ДПМНЕ.фото; ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

Mickoski-PRESS-2301-2

Мицкоски: Хибридниот режим на Заев турка закон за обвинителство за амнестија на криминалот и неправдите.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе достават девет забелешки за Законот за јавно обвинителство. Тој нагласи дека сакаат квалитетен закон а не како што сака хибридниот режим на Заев  закон за за амнестија на криминалот и неправдите. Повторувам, хибридниот режим на Заев турка закон за обвинителство за амнестија на криминалот и неправдите.Затоа ВМРО-ДПМНЕ врз основа на интерно спроведената анализа но и екстерни консултации кои што ги направи со луѓе, кои што се еминентни и се професори на правните факултети ширум Македонија, адвокати, обвинители, и судии со искуства изработи забелешки кон она што сега го предлага СДСМ.Целта е да се направи вистински реформски закон. А, не закон кој што ќе биде заштитник на криминалот и на Зоран Заев по 12-ти април.Повторно предлагаат формирање на посебно обвинителство со енормно високи плати и додатоци на посебна каста на привилегирани обвинители, а на штетата на обвинителите во редовното обвинителство.Предлагаат закон кој што е антиуставен и во спротивност со кривичното право. Со законот се наметнува обврска на Советот на јавните обвинители да ги префрли обвинителите од СЈО во рамките на новото обвинителство за организиран криминал, што е противуставно и противзаконски-објасни Мицкоски.Мицкоски конкретно ги објасни и забешките за споменатиот законНачелото на единственост на јавното обвинителство, утврдено во Уставот, не дозволува основање и укинување на „други паралелни обвинителства“ како што предлага СДСМ. Оттука, членот 24 за формирање на такви обвинителства е противуставен. Се сеќавате оние истите кои што пред неколку недели имаа уста полна за противуставен предлог сега доставуваат во неколку членови токму таков противуставен предлог.Чл. 26, став 2 не води сметка за уставното начело на двостепеност во заштитата на правата на јавните обвинители.Став 5 од членот 26 доведува до нееднаков третман на јавните обвинители. Не се јасни причините зошто Јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и јавните обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција не можат да бидат упатени во друго јавно обвинителство.Ставот 2 го крши принципот на хиерархија кога вели дека Јавното обвинителство без согласност на ЈО при ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција не може да преземе кривично гонење или вршење на одделни работи за кои е надлежно ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција или да овласти друго ЈО со овој став повторно се прави паралелизам во ЈО слично на она како што беше со СЈО, односно ЈО е главен и највисок орган во рамките на државното јавно обвинителство само кога тоа ќе му го дозволи ЈО при ОЈО за организиран криминал?!Изборот на јавен обвинител го врши Собранието како политички орган по предлог на Владата и по прибавено позитивно мислење на Советот на јавни обвинители, па според тоа изборот е политичка проценка и одлука на одредено мнозинство во Собранието. Лицето кое би било предложено треба да е од поширока компетентната правна фела, а за таква треба да се вклучи и научната и стручната универзитетска фела, од редот на редовните професори по право кои се избрани на предмети од правосудна област. Тоа во текот на минатогодишната рунда на преговори односно минато месечните рунди на преговори веќе беше договорено но повторно се враќаат на почетната позиција. Дали од немарност, од невнимание, или воопшто некој не го ни погледнал предлог закон кој што го доставиле.Со решенијата на членовите 63 и 64, пренагласена е улогата на Советот на јавните обвинители во селекцијата на предложените кандидати преку т.н. претходно позитивно мислење за одреден кандидат за да истиот биде предложен од Владата. Односно тоа како би изгледало во пракса, Заев би нарачал, а Јовевски би испорачал. Терминот „мислење“ нема правно обврзувачка сила. Од решенијата, произлегува дека без претходно позитивно мислење, Владата нема да може да предложи кандидат и огласите да се повторуваат до бесконечност, што претставува правна замка од која нема да може да се избере нов Републички обвинител од страна на новото Собрание.Со решението кое СДСМ го предлага доаѓа до неможност новата Влада да предложи, а новото парламентарно мнозинство да го разреши Републичкиот јавен обвинител односно постојните политизирани и компромитирани решенија да бидат зацементирани во иднина. Затоа зборував и во претходната точка.Во поглед на платите, согласно член 102 јавниот обвинител од основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е привилигиран, односно неговата плата е за 5% помала од платата на државниот јавен обвинител, а платата на другите јавни обвинители е како онаа на јавен обвинител на вишото јавно обвинителство. Дополнително, членот 103 остава простор за продолжување на лошата пракса да се доделуваат додатоци како на пример: додаток за посебни услови за работа, додаток за висок ризик и додаток за доверливост, се разбира покрај високите плати на јавните обвинители во кои се вградени и горенаведените ризици. Хипокризија е да се купуваат нештата кои се нормални во вршењето на оваа функција. Практично ќе ни се повтори истото она кое што се случуваше во СЈО, овие обвинители да си делат месечни хонорари по неколку илјади евра или тоа на годишно ниво да биде неколку десетици илјади евра надвор од законот. Односно со овој закон сака да се озакони она кое што како кривично дело беше правено во рамките на СЈО кога се трошеа народните пари.Членовите во преодните и завршните одредби се противуставни и се во директна колизија со законот за кривична постапка од причина што тој закон не го познава незаконското следење на комуникациите, а уште помалку т.н. кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, па оттука невозможно е обвинителството да ги интегрира тие дела во делокругот на својот прогон.Според Мицкоски очигледен е очајничкиот потег на предлагачот да ги озакони незаконските постапки на актуелниот републички јавен обвинител кој незаконски, но фактички ги внесе овие постапки во делокругот на работата на јавното обвинителство.-Со овој закон практично во тек на постапка се сака да се озакони она кое што незаконски беше направено односно преносот на процесите од СЈО во редовното ЈО. Да бидеме на јасно закон со кој што ќе се амнестира криминал ниту преговарам, ниту пак прифаќам.Ова не е закон кој треба да донесе правда, туку закон со кој се сака да се заштити хибридниот режим на Заев. Со ваквиот антиевропски закон со кој не се почитуваат ниту мислењата на релевантните меѓународни тела, впрочем Заев ја оддалечува земјава од европскиот пат-додава лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.Тој убедува дека нема да наседнат на  очајничките обиди на власта во заминување да избегне одговорност.фото и видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

carina-1

(ФОТО) Високо софистицираната опрема за македонската царината

Царинската управа доби високо софистицираната опрема набавена благодарение на Европската комисија преку ИПА програмата.Опремата во вредност од 372.650,00 ЕУР  главно е наменета за анализа на акцизни стоки, производи од хемиската индустрија и други стоки кои се контролираат од аспект на избегнати давачки или подлежат на забрани или ограничувања. Набавени се инструменти и помошна опрема, главно хроматографски техники на кои се испитуваат обележувач во црвена нафта, содржина на алкохол во алкохолни пијалоци, содржина на шеќери и масти  во прехранбени производи и сл.Лабораторијата е важен сегмент за остварување на глобалните цели на Царинската служба преку  утврдување на природата, потеклото и вредноста на стоките, распоредувањето според царинската тарифа, со што се постигнува правилна наплата на царините и даноците, примена на мерките на трговската политика, изедначување на конкурентските услови на пазарот, превенција од недозволена трговија и пренос на стоки, како и заштита на здравјето на граѓаните.Пред присутните и медиумите се обратија г-ѓа Нина Ангеловска - министер за финансии, Н.Е. Самуел Жбогар - Амбасадор, Шеф на Делегацијата на Европската унија и г-дин Ѓоко Танасоски – директорот на Царинската управа.Министерката Ангеловска го изрази своето задоволство за придонесот на Европска Унија за зајакнување на капацитетите на Република Северна Македонија, како идна членка на ЕУ ќе биде способна да ги остварува приоритетите и целите во доменот на спроведување на лабораториските активности, а во согласност со стандардите и законските регулативи на ЕУ.Директорот Танасоски изрази особена благодарност до Делегацијата на Европската унија за воспоставената долгогодишна соработка, поддршката и придонесот кон подобрување и афирмација на царинското работење и истакна дека главни активности во насока нанатамошен развој на царинската лабораторија се активностите насочени кон исполнување на условите за акредитација на царинската лабораторија согласно ИСО 17025:2017.Евроамбасадорот Жбогар истакна дека новата опрема ќе придонесе за сигурноста и безбедноста на производите и здравјето на граѓаните и околината, ќе придонесат да се превенираат измами и кон ефикасна наплата на акцизите и царините.-Оваа опрема, која е сместена во Институтот за хемија покажува дека научните работници и јавните институции заедно можат да работат и да придонесуваат за доброто на граѓаните и општеството во целина - рече Жбогар.

Македонија | пред 6 години

tatko-dete

Охриѓанец го претепал својот малолетен син

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела ,,телесна повреда“ и ,,неизвршување на судска одлука“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 52 годишен жител од охридското село Лескоец.Тој, на 17.12.2019 година во семејниот дом, каде, непочитувајќи го решението од Основниот суд Охрид со изречени привремени мерки на заштита од семејно насилство, физички го нападнал неговиот малолетен син. Притоа, малолетникот се здобил со повреди кои му биле санирани во Општата болница во Охрид.фото: 123RF.com

Македонија | пред 6 години

sud-za-covekovi-prava

Пресуда на ЕСЧП против Македонија поради повреда на правата на осумгодишно дете со посебни потреби

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) донесе пресуда против Северна Македонија поради повреда на правата на осумгодишно дете со посебни потреби сместено во јавна установа и врзано за кревет поради безбедност, јавува дописникот на МИА од Стразбур.Случајот на Л.Р. против Северна Македонија (предмет бр.38067/15) се однесува на Л.Р., дете сместено во јавна установа од возраст од три месеци и наводите за несоодветна и лоша грижа и третман кон него. Една невладина организација дознала за неговата состојба по посетата на Народниот правобранител во центарот каде престојувал во 2013 година и го нашле врзан за неговиот кревет.Во својата пресуда на Судскиот совет 1 на ЕСЧП донесена денеска во овој случај, едногласно, заклучува дека имало повреда на член 3 (забрана за нечовечки или понижувачки третман) од Европската конвенција за човекови права, со образложение дека властите се одговорни за сместување на Л.Р. во установа која ги нема потребните ресурси да ги задоволи неговите потреби, затоа што не ја добил потребната грижа и нечовечките и понижувачки третмани на кои тој беше жртва.Со шест гласови „за“ и еден против, ЕСЧП исто така смета дека имало повреда на член 3 (за истрага) заради недостаток на ефективна истрага.За Судот посебно е загрижувачки што едно толку ранливо лице, како жалителот, осумгодишно дете кое има ментален хендикеп и е глуво и немо, можело да биде често врзувано за неговиот кревет за време на престој во центарот, околу една година и девет месеци, при што центарот не можел да ги исполни неговите потреби. Од оваа установа им било укажано на надлежните дека не може да го сместат детето затоа што биле недоволно квалификувани и неговите вработени немале вештини за да се грижат за него.Судот понатаму смета дека наместо да се размислува за генералниот неуспех на системот да одговори на потребите на Л.Р., истражните органи се обиделе да ја покренат во истрагата кривичната одговорност на вработените во установата, што го навело обвинителството да заклучи дека имало недостаток на намера да наштети и да го затвори случајот.ЕСЧП пресуди Северна Македонија да му плати на жалителот 18.000 евра за морална штета и 1.650 евра за судски трошоци.Станува збор за случај кој бил обелоденет по посетата на Народниот правобранител во неговиот извештај од 2014 година, по што Хелсиншкиот комитет го посети детето во установата и поведе судска постапка.извор: Алсат.мк

Македонија | пред 6 години

tepa-dete

Очув обвинет за малтретирање на едногодишно дете

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против 34-годишен скопјанец за кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот се товари дека го сторил делото на 23.12.2019 година, околу 12 часот, кога неговата вонбрачна партнерка му го оставила нејзиното едногодишно дете за да го однесе кај претходно ангажирана дадилка. Обвинетиот очув, додека бил сам со детето во домот и додека го превезувал во возило, го малтретирал удирајќи го со тупаници во пределот на главата и лицето, при што му нанел телесни повреди изразени во вид на крвни подливи.Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје поднесе и Посебен предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетото лице, проценувајќи дека неговото присуство во текот на кривичната постапка и непреченото водење на постапката не би можеле да се обезбедат со друга мерка.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

katica-2

„Рекет“ повторно одложен, адвокатите на Јанева се на боледување

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева повторно на рочиште за „Рекет“ се појави сама, без нејзините бранители. Дељо Кадиев и Ирена Фрчковска  сеуште биле болни. Тие го информирале судот дека поради здравствени причини не можат да присуствуваат на рочиштето.Судијката Васка Николовска-Масевска вели дека доколку тие не се појават на рочиште во понеделник, Јанева ќе добие бранител по службена должност.„Судот, доколку и во понеделник не се појави одбраната на Јанева, ќе побара од претседателот на Судот да постави бранител по службена должност“, изјави судијката.На ова се произнесе Јанева која рече:„Јас си имам бранители. Само тоа можам да кажам“.фото: Архива  

Македонија | пред 6 години

23012020_PVRSM_Spasovski_sredba_Zdruzenie-na-sudii-2

Спасовски на средбата со Здружението на судии: Низ дијалог и инклузивен процес ќе дојдеме до решенија од интерес на судството

Премиерот  на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски денеска прими Делегација на Здружение на судии предводена од претседателот на здружението д-р Џемали Саити. На средбата присуствуваше и министерката за правда Рената Десковска.Премиерот истакна дека Владата останува посветена на дијалогот со Здружението на судии до постигнувањето на крајната цел – исполнување на нивните барања меѓу кои и зголемувањето на коефициентот на плати на судиите.- Овој процес треба да се води низ дијалог  и партнерство. Врз основа на вашиот предлог за зголемување на платите, потребно е да се направи анализа и во Министерството за финансии и да се утврди динамиката на изготвување законско решение за овие барања – им порача Спасовски на судиите.Претседателот на здружението на судии д-р Џемали Саити изрази задоволство од текот на дијалогот со Владата и од инклузивниот процес кој овозможува решавање на прашањата од интерес на судиите и судството.Претставниците на Здружението истакнаа дека продолжуваат разговорите со Владата и дека е забележан напредок за сите отворени прашања. Разговорите за зголемување на коефициентот на платите продолжуваат и беше потврдено дека за ова прашање веќе е формирана работна група.Претставниците на Здружението на судии изразија оптимизам и од претходната средба со Министерката за правда Рената Десковска.Фото: Влада

Македонија | пред 6 години

MIOA

Отворено писмо до Министерот на МИОА: Го држите јавниот сектор под притисок

Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија испрати отворено писмо до Министерот на МИОА. Во писмото се вели:Почитуван Министер,Во многу наврати изминативе две години низ официјални состаноци разговаравме за моменти во кои не се согласуваме.Немајќи разбирање од Вас се одлучивме да ја информираме целокупната јавност во Македонија за да ја дознае вистината и Вашиот неискрен,  манипулативен однос спрема сите вработени во јавниот сектор.Имено, ветувавте две години дека ќе ги вклучите синдикатите во функционалните анализи.За функционалните анализи е направена методологија преку европски проект со европски средства, но сега негирате и сето тоа го спроведувате преку обични аналитички листови како анкети каде давате можност на именуваните и избраните лица од ваша страна да направат политичка чистка и да го клекнат  јавниот сектор на колена. Само не ни е јасно кого сега излажавте, нас или Европската унија.Едно е јасно, дека го држите јавниот сектор под притисок.Почитуван Министер,Целиот јавен сектор е на доволно високо интелектуално ниво за да можете да си земете за право да не уценувате и манипулирате, па затоа Ви кажуваме и Ве предупредуваме да ги остварите и реализирате вашите ветувања, во спротивно доколку со вашите квази-синдикалци, кои веќе се препознаени од целиот јавен сектор, се обидете да направите упад и не ги спроведете вашите јавно дадени ветувања, ние длабоко ќе се радикализираме за што верувајте само Вие ќе бидете виновни за таквите дејствија во предизборен период.Затоа час поскоро повлечете се од  Вашата нечесна игра и низ конструктивен и фер социјален дијалог и партнерство со сите релевантни фактори, за штозборувате во изминативе години, да изнајдеме конструктивно решение прифатливо за сите.И на крај да Ве запрашаме дали овие секојдневни огласи и вработувања во јавниот сектор ќе бидат предмет на функционалната анализа или пак тие, затоа што се со предзнак непотизам се исклучени од секоја анализа или отказ како што се уценуваат другите вработени во јавниот сектор, а некои си квази-синдикалци за лични интереси го одобруваат сето ТОА, се вели во писмото од Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија.фото: Prtsc 

Македонија | пред 6 години

drisla

Левица: Македонија не е депонија на богатите држави

Додека Македонија се соочува со алармантна стапка на малигни заболувања и додека соседна Бугарија ја тресат скандали за увоз на опасен отпад, координаторите на партиите во Парламентот вчера го одложија усвојувањето на забраната за увоз на отпад. Ваквото однесување е најблаго речено скандалозно, ако се земат во предвид цифрите кои укажуваат дека само од 2014 до 2018 година биле увезени 210 000 тони ОПАСЕН отпад, се вели во соопштението од Левица.Кога светот се соочува со глобална еколошка криза и се поактуелно станува враќањето отпад на богатите западни земји кои се обидуваат да го депонираат во помалку развиените држави, бараме одговор од Јован Митрески, Никола Мицевски, Ејуп Алими, Емилија Александровна и Талат Џафери – која бирократска пречка е повредна од животот на граѓаните? Впрочем, за режимот на власт немаше никакви уставни и законски пречки кога амнестираа криминалци, менуваа име со поткупени пратеници и склучуваа договори спротивно на волјата на народот!Дополнително, скандалозни се податоците кои укажуваат дека над седум милиони тони отпад се увезени само од Бугарија во минатиот период, откако се обелодени дека во синџирот на увоз на отпад е замешан и доскорешниот директор на мултипрофитерскиот бизнис Дрисла, Горан Ангелов. Враќањето на Дрисла под град Скопје е недоволен и задоцнат чекор и истиот претставува обид за замајување на јавноста – додека обвинителката Вилма Рускоска се крие од јавноста и никаде ја нема да покрене постапка против Горан Ангелов и останатите инволвирани соучесници во увозот на отпад!Додека индустријата со увоз на отпад заработува милионски профити годишно, 3500 лица годишно во Македонија умираат од загаден воздух – тогаш чии интереси бранат партиите кои ја одложија забрната за увоз на опасен отпад? Дополнително, Левица се залага за целосна забрана за увоз на отпад, затоа што нашата држава не претставува депонија за отпадот на богатите држави! Крајно време е животот и интересите на граѓаните да бидат на прво место – а не профитот на моќниците и интересите на странските фактори, се вели во соопштението од Левица.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Bojan-Reket

Боки 13: Вкупно 55 пати бев носен на испитувања, не сум експриментален глушец

На денешното судење за случајот „Рекет” Бојан Јовановски се пожали дека не му е подобрена состојбата и дека нема повеќе да оди на дополнителни испитувања.„Вкупно 55 пати бев носен на испитувања. Не сум експриментален глушец, рече Боки 13.Тој нагласи дека се чуствува маргинализиран. Рече дека бил пред состојба на малигнитет и оти обвинителката не ги прифаќа наодите на специјалистите за да каже дека е во добра состојба.фото: Архива  

Македонија | пред 6 години

Foto-6-2

(ФОТО) Средби на претседателот за време на учеството на форумот во Израел по повод Меѓународниот ден за сеќавање на Холокаустот

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во рамки на учеството на форумот во Израел по повод Меѓународниот ден за сеќавање на Холокаустот, оствари средби со неколку шефови на држави учесници на форумот.На средбата со претседателот на Република Финска, Саули Нинисто, претседателот Пендаровски се заблагодари за принципиелната поддршка за нашата европска перспектива за време на изминатото шестмесечно финско претседателство со ЕУ и нагласи дека двете држави градат пријателски односи.Претседателот Пендаровски, на средбата со Никос Анастасијадис, претседател на Република Кипар, изрази задоволство од воспоставените дипломатски односи и истакна дека Северна Македонија е целосно подготвена за заеднички развој на пријателски односи со Кипар во областите од заеднички интерес, особено во културата, трговијата и туризмот.Со претседателката на Грузија Саломе Зурабишвили, беа разменети мислења за билатералните односи меѓу двете држави и можностите за нивно унапредување, при што беше истакната потребата од воспоставување на билатерална правна рамка во сите области од взаемен интерес, како основа за натамошно продлабочување на соработката, особено во областа на економијата.Претседателот Пендаровски на 22 и 23 јануари 2020 година во Ерусалим, Израел учествува на лидерски форум по повод Меѓународниот ден за сеќавање на Холокаустот 27 јануари и 75-годишнината од ослободувањето на нацистичкиот логор на смртта Аушвиц-Биркенау.фото: Кабинет на претседател

Македонија | пред 6 години

atidze-vlada

(ФОТО) Денеска Владата имаше почесен гостин - Хатиџе Муратова

„Денеска Владата имаше почесен гостин. Нашиот кабинет беше посетен од страна на најпозитивната жена која сме ја виделе, Хатиџе Муратова ни го разубави денот со својата посета“, објави на својот профил министерот без ресор задолжен за странски инвестиции, Елвин Хасан. https://www.facebook.com/elvinhasan.85/photos/pcb.2373286052893786/2373285242893867/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Утринава голем оружен грабеж во Порта Влае

Утринава, околу 6.30 часот, петмина маскирани и вооружени разбојници со автоматски пушки ограбиле казино на „Адмирал“ лоцирано во Порта Влае, објави „Слободен печат“.Разбојниците парите ги ставиле во бели вреќи и избегале. Веднаш по грабежот била алармирана полицијата која започнала истрага.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

stefanova-lile-katica-janeva

Обвинителката Лиле Стефанова денеска треба да сведочи за случајот „Рекет“

Обвинителката Лиле Стефанова денеска треба да сведочи за случајот „Рекет“, во кој обвинети се поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева и Бојан Јовановски. Минатото рочиште беше одложено поради болест на адвокатите на Јовановски, Дељо Кадиев и Ирена Фрчковска.По Стефанова, како сведок треба да седне уште еден од тимот на СЈО, обвинителот Бурим Рустеми.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

izvriteli

Фактор.мк: Извршителка наплати 310.000 евра од два инспекторати и општина за смртта на тројцата угледни стружани во 2010

Охридската извршителка Гордана Џутеска на 13 јануари наплатила солидарно  310.000 евра преку 40 трансакции од Државниот пазарен инспекторат за смртта на тројцата угледни струшки граѓани - докторите Јосиф Докоски и Кире Ѓоргоноски, како и финансискиот инспектор Јонче Кувенџиески од струен удар на див шанк во струшко Пливалиште во 2010, објави Фактор.мк.Како што пишува порталот блиските на тројцата познати трагично загинати стружани преку судски одлуки успеале да дојдат до обештетување кое како одговорни за смртта требало да им го исплатат Државниот трудов инспекторат, Државниот пазарен инспекторат и Општина Струга, кои своевремено не делувале превентивно и не ја отстраниле опасноста, односно не го затвориле објектот пред да дојде до несреќата..Државниот пазарен инспекторат одлучил да плати релативно навреме за да не му биде блокирана сметката и ја исплатила солидарно сумата до извршителката Џутеска за сите три субјекти, од кои се бараше сумата на три подеднакви дела. Директорот на пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, за „Фактор“ вели дека сега очекуваат од трудовиот инспекторат и од Општина Струга да им ги вратат парите кои ги уплатиле и за нив.Текстот во Целост на ФАКТОР.МК 

Македонија | пред 6 години

DSC_4851

Макрадули од трибината Агенда Воздух 20-24: Преземаме одговорност, до 2024 година да не постои ниту една институција која загадува

Да не постои ниту една институција која загадува воздух, оваа обврска ја преземаме да ја реализираме до 2024 година, истакна членот на ЦО на СДСМ и заменик министер за животна средина Јани Макрадули на трибината Агенда Воздух 20-24 која во организација на СДСМ вечерва се одржува во Тетово.Ја повикувам и опозицијата заедно со граѓанскиот сектор и академската заедница, да постигнеме договор со кој ќе утврдиме просторен план, ќе постигнеме зелена платформа, рече Макрадули, додавајќи дека заедно сите со национален консензус треба да ја дефинираме државата со јасни подрачја каде ќе може да се градат хидроцентрали, ветерници и слично, а кои подрачја ќе бидат заштитени што и ќе им биде посочено на странските инвеститори во државата.Ако може шведската амбасада во Сараево да повика на примерот на Република Северна Македонија за намалување на загадувањето, тогаш да продолжиме да ги развиваме и натаму и да го постигнеме најдобриот резултат, рече Макрадули.Макрадули истакна дека институциите се во дослух во невладиниот сектор и сите препораки од еколошките здруженија се разгледуваат со голема сериозност.Примерот по кој го решаваме овој проблем не е нов. Земен e од развиените земји како Шведска, Данска, Велика Британија и други каде вродиле со позитивен резултат. Посветени сме на борбата за чист воздух и ќе продолжиме и натаму со силна решителност, заклучи Макрадули.фото: СДСМ

Македонија | пред 6 години

koli

Увозниците на половни автомобили излегоа на протест, бараат враќање на стариопт закон

Замрзнување на новиот правилник и враќање на стариот закон, бараат увозниците на половни возила. Денеска тие излегоа на мирен протест.  Се жалат дека Царинската управа нема слух за нивните барања. Токму поради тоа се одлучиле барањата да ги достават директно во Владата. Според увозниците на половни возила, откако стапил во сила новиот Правилник давачките драстично им се зголемиле поради што увозот на половни возила во првите дваесетина дена од годинава им се намалил за 90 отсто во споредба со истиот перид лани.Од Царинската управа велат дека е рано за да можат да се проценат ефектите од Законот. Повлекување на Законот засега не планираат.„Главната поента на овој закон на оваа уредба е еколошката компонета. Секако ги разгледуваме забелешките се прават анализи сепак треба да бидеме свесни дека нема ни месец дена  откако е донесена уредбата за да се увидат првите резулатаи за да видиме дали може, или не треба да се интервенира“, изјави Ѓоко Танасоски  директор на Царинска управа.Фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

22012020_VRSM_MZSV_koncesija_Ohridsko

(ВИДЕО) Димковски: Раскината концесијата за Охридско езеро, нема да дозволиме никој да го злоупотребува нашето природно богатство

Владата на Република Северна Македонија донесе одлука за раскинување на договорот за концесија за Охридското езеро со концесионерот „Летница-Белвица“. Причината за оваа одлука е поради утврдените нерегуларности од страна на надлежните институции во работата на сегашниот концесионер.Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, денеска во Охрид изјави дека по низата реакции од медиумите, граѓаните и рибарите, МЗШВ во декември минатата година, веднаш побара од Државниот инспекторат за земјоделство и од Агенцијата за храна и ветеринарство да направат вонредни инспекциски контроли. Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ посочи дека веднаш се постапило и спровеле сите контролите на терен, со цел да се утврди дали концесионерот го почитува Договорот за концесија.Димковски потенцираше дека во записникот од ДИЗ е констатирано дека Концесионерот не вршел навремена и целосна физичка заштита на рибите од риболовното подрачје Охридско езеро, што е спротивно на Договорот за концесија.„Во записникот се констатирани нерегуларности и во делот на пријавувањето на вработените и постапките за вработувања, коишто концесионерот ги спроведувал спротивно на Законот за рибарство и аквакултура. Концесионерот не водел точна, навремена и целосна евиденција на уловената риба согласно законските одредби, што исто така е спротивно на Договорот за концесија. Нашите политики и мерки се насочени кон заштита на езерата и рибниот фонд, нема да дозволиме некој да го злоупотребува ова наше природно богатство.. Институциите ќе продолжат да работат во интерес на граѓаните, согласно законите “, изјави министерот Димковски.Откако ќе заврши постапката за раскинување на концесијата, МЗШВ ќе објави нов јавен повик за доделување на концесија за Охридското езеро.При тоа министерот Димковски потсети дека во декември минатата година исто така до МЗШВ е стигнат допис и од Министерството за внатрешни работи - Регионален центар за гранични работи „Запад-Охрид“. Во него се посочува дека постои отсуство на преземени активности од страна на концесионерот на Охридското езеро „Летница-Белвица“, во делот на контролите за откривање и спречување на криминал. И за овој записник согласно надлежностите, МЗШВ веднаш ги извести Државниот инспекторат за земјоделство, Пазарниот и Трудовиот инспекторат, како и Агенцијата за храна и ветеринарство, за да се извршат вонредни инспекциски контроли на терен.

Македонија | пред 6 години

monti-pajton

Почина Тери Џоунс, ѕвездата на „Монти Пајтон“

Тери Џоунс, популарниот британски актер, комичар, режисер и сценарист починал вчера на 77-годишна возраст по борбата со болеста, пренесуваат од Би-би-си. Џоунс е најпознат како еден од членовите на комичарската група „Монти Пајтон“.Зад Џонс останале сопругата Ана Садерстри и децата Сали (46), Бил (44) и Сири (10). Веста беше потврдена и од неговото семејство објавувајќи дека со него биле до последен момент.https://twitter.com/BBCBreaking/status/1219964102484905984?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1219964102484905984&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fzanimlivosti%2F%25d0%25bf%25d0%25be%25d1%2587%25d0%25b8%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d1%2582%25d0%25b5%25d1%2580%25d0%25b8-%25d1%259f%25d0%25be%25d0%25bd%25d1%2581-%25d0%25be%25d1%2581%25d0%25bd%25d0%25be%25d0%25b2%25d0%25b0%25d1%2587%25d0%25be%25d1%2582-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25bc%25d0%25be%25d0%25bd%25d1%2582%25d0%25b8%2Fфото: Euronews 

Магазин | пред 6 години

maz-gori

(ВИДЕО) Се самозапали маж во Кочани - итно пренесен во скопските клиник

Во Трговскиот центар во Кочани точно напладне се самозапали 46-годишен маж. Очевидците на настанот, кои седеле во околните кафулиња велат дека лицето се полеало со бенизин, по што извадило запалка и се запалило.Случајни минувачи се обиделе да му помогнат со противпожарни апарати од дуќаните во трговскиот.Мажот бил пренесен во болница во Кочани по што поради сериозноста на здравствената состојба, итно е префрлен на клиника во Скопје.https://www.facebook.com/111220626921688/videos/566783720540259/?v=566783720540259

Македонија | пред 6 години

22012020_PVRSM_Spasovski_sredba_gradonacalnik_Pustec1

Спасовски се сретна со градоначалникот на Пустец, Колевски и со преставници од македонската заедница во Албанија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, се сретна со градоначалникот на Пустец, Република Албанија, Јани Колевски и со претставници на Македонската алијанса за европски интеграции, партијата на Македонците во Албанија.На средбата е изразена поддршка на Владата, во периодот што претстои да продолжат реформите во државата, за спроведување фер избори и за реализација на стрaтешките цели на државата, интеграцијата во НАТО и исчекор во евроинтеграциите.Претставниците од заедницата на Македонците во Албанија се заблагодарија за отвореноста за соработка сo Владата и за поддршката во изминатите две и пол години, којашто продолжува и денес, а каква што немале, како што е оценето, од ниту една претходна Влада.На состанокот е разговарано за можноста за реализација инфраструктурни и комунални проекти од интерес на луѓето кои живеат во општината Пустец.- „Ја имате поддршката од Владата, за поддршка на принципиелно ниво со цел унапредување на квалитетот на животот на Македонците кои живеат во Албанија“, рече премиерот Спасовски.На средбата е потенцирано дека добрите односи помеѓу нашата држава и Република Албанија се одразуваат позитивно и во релациите помеѓу албанските власти и македонската заедница таму, посебно што за прв пат во албанскиот Парламент има пратеник од македонската заедница, кој има можност отворено да укажува на потребите на Македонците во земјата за изнаоѓање решенија.

Македонија | пред 6 години

krazbi

Притвор за осомничен извршител на тешки кражби во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против лице за кое постои основано сомнение дека извршило шест тешки кражби во Скопје и тоа: пет кривични дела согласно член 236 став 1 точка 1 (со кршење или провалување) и едно кривично дело согласно член 236 став 1 точка 3 (на дрзок начин) од Кривичниот законик.Осомничениот  20-годишник делата ги извршил во периодот од 29.11.2019 до 06.01.2020 година. Притоа, провалувајќи во четири куќи и во еден маркет во Шуто Оризари одзел вредни предмети: мобилен телефон, телевизор, два персиски теписи, цигари и алати. Еден мобилен телефон вреден 45.000 денари одзел и при џепна кражба, исто така во Шуто Оризари.Со оглед на тоа што постојат околности дека осомничениот би можел да се крие или да се даде во бегство, а притоа се работи за лице кое и претходно е осудувано за истото кривично дело, надлежниот јавен обвинител на Судот му предложи да определи мерка притвор за осомниченото лице.фото:  Архива

Скопје | пред 6 години

dete-siluvanje

Инцидент во училиште во Скопје, таткото го држел, а детето тепало соученик

Голем инцидент се случил вчера во Основното училиште „Блаже Конески“ во Општина Аеродром кога родител на второодделенец насилно влегол во објектот и го натерал својот син да истепа друго дете, раскажуваат за Плусинфо извори од училиштето.Според порталот инцидентот започнал откако двајцата второодделенци се степале меѓусебно, а по завршувањето на тепачката, едното дете побарало помош од својот родител.Текстот во целост на: Плусинфо.мк

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања